Предизвик Групацијата CWS-boco CWS-boco International GmbH со главно седиште во Дуизбург со CWS и boco располага со две успешни традиционални марки за хигиена на пералници, работна облека, текстилни сервисни услуги и патосници. Двете марки настапуваат како сервисни партнери за професионални услуги од едно место. CWS-boco - фирма-ќерка на концернот Haniel - е застапена со сопствени продавници во 17 европски земји, како и во Кина и има 8.000 вработени. Седиштето на CWS-boco Supply AG е во швајцарскиот Бар во кантонот Цуг. Компанијата управува со разни активности за набавка за локалните друштва на групацијата CWS-boco во областа на грижа за пералници. Логистика за дистрибуција за CWS-boco Supply AG CWS-boco бараше компанија која дава логистички услуги за етаблирање на европски централен магацин во Швајцарија. Дополнително кон магацинската логистика, транспортот на испорачувачите е префрлен во централниот магацин (логистика за набавка), а транспортот од централниот магацин е понуден на локалните друштва (логистика за дистрибуција). До летото 2009 година CWS-boco ја спроведуваше логистиката за складирање на 5.000 палети во централниот дистрибутивен центар во Родгау/Јужна Германија. Пред започнување на проектот, предизвик беше дизајнот на магацинот, новото структурирање
на текот на материјалот и имплементацијата на инфраструктурата. А особено специфичностите на разновидните артикли на CWS-boco претставуваа исклучителен предизвик при реализацијата. Производите, како што се течности (течни сапуни), освежувачи на воздух и топови со текстил (пешкири) подлежат на разни одредби за складирање и царина. Исто така требаше да се најде решение за консигнациски магацин за најголемиот испорачувач на CWS-boco, Noventa AG од Диполдзау. Предизвикот за оваа врска помеѓу трите субјекти беше сите вклучени партнери електронски да ги добиваат бараните информации и статистики.