Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 1

godini


ku

1962 2011

B

u

u

struga 2011


поетска престолнина на светот tekst: Goce Ristovski


константин миладинов Т’ГА ЗА ЈУГ Орелски крилја как да си метнех, и в наши стрни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам, да видам дали с’нце и тамо мрачно угревјат, како и вамо. Ако пак овде с’нце ме стретит, ако пак мрачно с’нцето светит, на п’т далечни ја ќе се стегнам, и в други стрни ќе си побегнам, кде с’нцето светло угревјат, кде небото ѕвезди посевјат. Овде је мрачно, и мрак м’обвива, и темна м’гла земја покрива; мразој, снего и пепелници, силни ветришта и вијулици, околу м’гли и мразој земни, а в гр’ди студој и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам, не, ја не можам мразој да гледам! дајте ми крилја ја да си метнам и в наши стрни да си прелетнам; на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам. Тамо зората греит душата, и с’нце светло зајдвит в гората; тамо дарбите природна сила, со с’та раскош ги растурила: бистро езеро гледаш белеит, или од ветар сино темнеит, поле погледниш, или планина сегде божева је хубавина. Таму по срце в кавал да свирам, с’нце да зајдвит, ја да умирам.


ветената земја поетска „Струга е нешто неверојатно, би рекол иреална стварност, зашто во еден миг пое­зијата станува најважното нешто во светот.“ Така, во само една реченица аме­риканскиот литерат Марк Стренд ги дефинираше поетска Струга и „Струш­ ки­те вечери на поезијата“. Дниве, овде како да се празнува голем ден. И, навистина, за мене е тоа празник на светската поезија. Таков треба да остане - констатира Марио Горини од Ита­лија, изнесувајќи ги своите впечатоци за меѓународниот поетски фестивал, кој, еве, влезе во своjата зрелa доба, одбележувајќи ја својата педесетгодишнина како една од најстарите и најзначајни поетски манифестации во современиот свет. Половина век во Струга владее царството на поезијата. Пет децении расте и се развива Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на пое­зијата“. Педесет години бликаат стихови како сарајски фонтани, летаат ме­тафори, божем јата птици, по сите светски меридијани, низ облаци од грама­ ти­ки од минати и идни времиња. И го заплиснуваат светот со далги охридски, од симболи, епитети и глаголи, и летаат кон ѕвезденото небо, угоре кон Се­ виш­ниот, престорувајќи се во бели пени од какви што настанала и чудесната Афродита. За големата светска поетеса Ненси Морехон од Куба, добитничка на „Зла­тнeн венец“: Македонија е многу убаво и интересно место. Планините тука личат по малку на тие на Карибите, кои се спуштаат до морето. Тука нема море, но топлината со која сум пречекана е нешто многу посебно, Се чувствувам почестена што сум во Македонија. Наградата „Златен венец“ е една од најзначајните поетски награди во Европа и во светот. Кога ми кажаа дека ќе ми биде доделена, тоа го примив како огромна и значајна вест. Голема чест е да се има таа награда. Кога ќе се види списокот на нејзините досегашни до­битници, веднаш се воочува дека само најголемите автори од современиот по­етски свет имале чест да ја добијат. Многу сум благодарна и почестена што сега и јас сум дел од списокот на врвни поети - порача Морехон. Колку што траеле шестотини месечеви промени, оттука, од кај изворите на Дрим, на влезот на неговите проѕирни води во Охридско Езеро и од истекот на Црн Дрим од оваа бела езерска шир, пред очите на струшката, македонската и на светската јавност тече поетска револуција. Повеќепати доаѓам во Струга и при секое доаѓање впечатоците што ги стекну­ вам тука не можам да ги понесам со себе. Уште еднаш велам - пак не сум во состојба сите тие чувства да ги понесам од вашата земја и сето тоа што го носам, всушност, е една љубов. Сите ние овде кон своето творештво, кон својата поезија додаваме нешто ново. Се надевам дека и македонската поезија при вакви средби се среќава со нови сознанија и искуства, кои ќе придонесат маке­ дон­ската поезија да стане уште побогата. Ја подигам оваа чаша во чест на револуционерната улога на „Струшките вечери на поезијата“, со желба за уште потворечко создавање во оваа област - наздрави поетот Емил Лукач од Чешка.


СВП 50 - ГОДИНИ 10

ветената земја поетска Течат стихови во Струга како водите на Дримот.

„За да се зачуваш ти, биди тек! Течење биди ти над нештата. Течење биди ти под поврвноста. Водата, од којашто животот е дојден“ - како што вели во песната, вдахновен од оваа вода во незапирлив тек, бугарскиот поет Љубомир Левчев, добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 2010 година.

ЦРН ДРИМ Изворот ти го бакнувам, Црн Дрим, Облаците - двојници пливаат таму и се молат. Стеблата на легендите растат пругоре и прудолу. И ти си слегуваш од небото, А бликотиш од земјата, Црн Дрим. Како ли да ја приложам твојата замисла неисполнива? Пред да се помолам јас, ти веќе си се влеал Во целокупноста на охридскиот кристал. И само во потсвеста моја единствено на ум Ми бие срцето на Свети Наум. Клокотат изворите студени и темни: - За да се зачуваш ти, биди тек! Течење биди ти над нештата. Течење биди ти под поврвноста. Водата, од којашто животот е дојден. Следата, по којашто смртта е дојдена. Течење биди. Биди сега, биди тогаш, Кога и на котва ако те распнат, Синџирите ти ќе ги прегризеш, проклетството, дното И пак ќе воскреснеш под мостовите на Струга. Сè истиот во една епоха веќе друга. (1993) Љубомир Левчев, Бугарија

Еден таков еминентен собир на поети од разни земји што дојдоа во прекрасната

Струга за да ја искажат својата лирска порака до современиот свет, навистина претставува една од најбитните манифестации за збратимувањето меѓу луѓето. Тоа збратимување во Струга станува по најнепосреден пат - со директно ка­ жување на најинтимните чувства вплетени во стихови. За неколку години, длабоко сум уверен во тоа, Струга ќе стане центар на најголемата поетска манифестација на земјината топка. Сум учествувал на голем број поетски манифестации во светот, но ми се чини дека за Струга најмногу би се оправдал епитетот „Вечен град на поезијата - ќе рече Ѓерѓ Шомљо, поет од Унгарија На струшките мостови се плетат зборовни тантели на многубројни свет­ ски јазици и се бојадисуваат нишките стихови во боите на виножитото, тој волшебен мост меѓу земјата и небото, и се испраќаат со кајчиња книжевни дури

11 СВП 50 - ГОДИНИ

до Сарагското Море, по патот на јагулата. Јагулата е граблива риба со змијулесто тело, долга околу еден и пол метар, има шилеста глава, ситни крлушки во ли­ гавата кожа. Црна е по боја, живее во Охридско Езеро во Бел Дрим и во Црн Дрим. Кога ќе созрее полово, заминува преку Црн Дрим, во близина на Мексиканскиот Залив, каде што ги остава своите ларви. По три години ларвите стигнуваат до европското копно. Женките продолжуваат низводно по реките во внатрешноста на копното, а мажјаците остануваат во морето, кај устијата на реките. По патот на јагулата, како своевидни поетски посланија - за тоа што било, за ова што е и за тоа што ќе биде - патуваат поетските воздишки. Чуден е патот на песната, како и патот на јагулата: од каде тргнува, каде запира и до каде втасува. Од Андите дури до Македонија, Со голем коњ, Испански од Ински Камен, и застанува во Струга, каде што зборува светот на поетскиот јазик, како што испеа Рут Карденас од Боливија, 1994 година, на 32. година на СВП. ОД АНДИТЕ ДО МАКЕДОНИЈА Поканета од тишината слегов од Андите до Македонија. Со голем коњ Испански од Ински камен изминав, изминувајќи се себе, ветар и шума, и застанав во Струга да чујам како зборува светот на поетскиот јазик. Нејзиниот древен јазик од 32 години, најпрвин многузвучно одговара: живот! наместо смртта што ја опколува границата... Заслепена од оваа светлост вечно ореолна - Се соземам себеси Ја тресам од себе Правта од долгото патување, Го топам во Охридско Езеро мојот таинствен плач а веќе гола од сенки, лесна како ништо, поткрепена од саканата рака се сместувам ведра во изрежаните лица на нејзините горди луѓе, уверена дека мојата болка овде ќе биде песна. Струга, 27 август 1994 Рут Карденас, Боливија


СВП 50 - ГОДИНИ 12

ветената земја поетска Досега имав можност само од други поети да слушам

за величествената атмосфера во Струга за време на одр­жувањето на меѓународната поетска манифеста­ ци­ја. Сега, кога и самиот бев учесник на оваа мани­ фес­тација, најискрено можам да истакнам дека со право го носи епитетот: престолнина на поезијата вели поетот Антони Рудолф од Англија Пет децении поетите од светот, во Струга, свет­ ската поетска престолнина, го овенчуваат сво­јот свет­ скиот крал на поетската реч кој господари со поезија­ та, таа земја без граници, устоличен на тро­нот на мостот над збревтаните бели води на Дрим до идното лето. Овде ги доживеав најубавите дни од моето поетско тво­ рештво. Не сум присуствувала на нешто слично како „Струшките вечери на поезијата“. Овде сите за цело време отворено разговаравме за поезијата, за чудо сите едновремено, живееме со новите стихови, им се восхитуваме на граѓаните кои со неиз­мер­на љубов се однесуваат кон убавиот поетски збор. Ова што овде го доживеав, чинам нема да се пов­тори. Поетски ма­ нифестации во Индија пос­то­јат, но ваков празник на поезијата, како што е ваши­от, не постои. Кај нас се вообичаени литературни чи­тања во затворени сали, пред голем број слушатели. Но, читања во природа, крај езеро, река, на мостови не постојат. Токму тие работи ме воодушевија во Струга. Голема работа на вашиот фестивал е што учесниците доаѓаат од разни места од светот, некои од најдалечни, седат на иста маса и си наздравуваат еден на друг. Првпат во Струга дојдов во 1967 година, а Вечерите на мостовите, за мене, влијаат како во бајка - порача поетесата Амрита Притам од далечната Индија. Тука, во Струга, песната на водата и песната на поетот стануваат едно исто непрестајно патување. Како на ендемската станарка во езерските води, змијулестата риба јагула - енхалон. Прво и единствено. Неповторливо за себе, но вечно за родот свој. Патување по непознат пат и со исконска потреба. Пат од кој враќање нема. Дури до Тихиот Океан. И како што ги опеја Струга и „Струшките вече­ ри на поезијата“ Винченцо Бјанки од Италија: „Струга.../...Мал центар на светот.../...каде сите по­ ети.../...како Трите крала.../ ...доаѓаат.../...да ти донесат подарок мал.../..здивот на нивната душа...

13 СВП 50 - ГОДИНИ

...СТРУГА... ...Мал центар на светот... ...каде сите поети... ...како Трите крала... ...доаѓаат... ...да ти донесат подарок мал... ...здивот на нивната душа... ...ритуал на влегување во утробата.. ...на великата мајка... ...вселенски брод да патуваат... ...во недогледот... ...поетите... ...создаваат со своите мисли... ...чунови од хартија... ...ги пуштаат по водите на Дрим... ...кон мориња дални... ...да го усреќат... ...стариот рибар... ...придружник... ...на ѕвездената самотност... ...Струга... ...Квечер кога омајот... ...свеж од езерото... ...го носи со себе превезот на ноќта. ...поетите... ...дишејќи... ...пеат тажалка... ...да ги развеселат твоите соништа., ...Струга велика мајка... ...каде фаќајќи се за рака... ..ги подучуваш поетите... ...да играат маѓесничко оро... ...каде насреде... ...како благословена божица... ...раздаваш подароци среќа... ..Струга велика мајко... ...што по светот испраќаш... ...поклоници свои... ...со среќна мисла... ...да шират... ...Љубов... Винченцо Бјанки, Италија


СВП 50 - ГОДИНИ 14

ветената земја поетска

15 СВП 50 - ГОДИНИ

Пред доаѓањето во Струга не верував дека е можно на едно место да се соберат

ЛЕГЕНДА Секоја година во реката Дрим се буди легендата за Гилгамеш. Ги носи со себе тревките на човечката вечност ги краде змијата, која ја проголтуваат брановите на Дрим. Гилгамеш напишува песна... и умира. Не знае тајната дека ја бара се крие во остатоците од змиската кошула. Остатоците се тука, во реката Дрим, Секоја година во легендарната ноќ изникнува околу бреговите на Дрим шума од луѓе, во потрага по тревката на Гилгамеш. Над мостот, под мостот тече вода. Течат поетски бранови. Потоа исчезнуваат, а поезијата останува. Останува реката Дрим. Останува мостот. Ја чекаат следната година, ги чекаат поетите што ќе дојдат. На двата брега се раѓаат нови деца, нови дрвја. Водата ја чекаат, поетите ги чекаат во идната година...! Скопје 26.август, 1986 Абд ал-Разак Абд ал-Бахед, Ирак

толку познати поетски имиња од целиот свет. Првпат сум во Струга и Ма­ке­ до­нија. Сега, тие симпатии што ги имав од порано, двојно се поголеми и мошне сум среќен што токму преку поетската Струга за првпат се сретнав и се запоз­ нав со вашата земја. Можам да речам дека „Струшките вечери на поезијата“ прет­ставува врвна поетска манифестација во современиот свет. Сум прису­ ству­вал на повеќе поетски манифестации во светот: во Кнокеле-Зунт, Ам­стер­ дам, Лондон, Отава и на други места, но сите тие се во сенка на Струга. Длабоко сум уверен дека поетската атмосфера што се создава на „Струшките вечери на поезијата“ е единствена и незаменлива. За таква атмосфера е потребно да се има прекрасната Струга, еден мост врз чудесните води на Црни Дрим, еден бо­жествен Свети Наум, еден историски Охрид и Света Софија, едно езеро со един­ствена боја на водата на светот и најпосле треба да се има едно големо срце како што имаат луѓето од оваа земја - вели Петер Холм од Норвешка. А за поетот Абд ал-Разак Абд ал-Бахед од Ирак станува збор за легенда што секоја година се буди во реката Дрим.

l

И не би без причина што токму тука во Струга, во Република Македонија, на западниот дел на Охридско Езеро, на 14. километар од древниот град Охрид, на десетина километри од аеродромот Свети Апостол Павле, денес, во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција, поетите прогласија своја ветена земја.


СВП 50 - ГОДИНИ 16

семето на книжевниот словенски збор

17 СВП 50 - ГОДИНИ

ДРИМ

На Борис Вишински

Течи, Дриму, валај го услупно, нашето време. Одново годинава покрај тебе, потпирајќи се врз твојот прв Мост, го гледаме твоето шумно и непрестајно тргнување. Но, вишните изведити тополи Љубовно шуморат крај бреговите твои. Течи, Дриму, течи. Поетите градат мостови заедно со петлите небесни кои летаат без граници, потаму од Охрид. Течи, Дриму, течи. Струга му се радува на братството како што ројот пчели својот лет го добива, ромонливата вода и непорочното зеленило бујно. Течи, Дриму, течи. Хомер високо од Олимп го повикува денес Рафаел Алберти и ликува: „За маж раскажи ми, Музо, многушетан“ Течи, Дриму, течи. Само бистите на партизаните стојат неподвижни под знамињата. Нека ја споменуваат реката од крв и нека заврши со крвта што истекла веќе. Ти, Дриму, течи ја со себе само љубовта вечна. Јанис Гуделис, Грција

Низ Струга тече реката Црн Дрим, која истекува од Охридско Езеро и се влива

во Јадранското Море. Оваа водна жила, оваа незапирлива врска на Охрид, Струга и на Македонија со Медитеранот и со светот воопшто, инспирираше многу светски поети, учесници на „Струшките вечери на поезијата“. Јан Гурец Рошињски, поет од Полска, восхитен од „Струшките вечери на поезијата“ и од духот на македонската култура ќе запише: „Она што човек го доживува крај бистрите води на Дрим е нешто спон­ тано и оригинално, и не само за поетите и учесниците туку и за секој што за миг ќе се најде меѓу нив. Вакво слично доживување досега, не само што не сум имал туку и не сум почувствувал. На вашата стара култура не ми останува ништо друго освен да ў се поклонам.“ Течи, Дриму, течи. Поетите градат мостови заедно со петлите небесни што летаат без граници, потаму од Охрид. Течи, Дриму, течи. Струга му се радува

на братството како што ројот пчели својот лет го добива, ромонливата вода и непорочното зеленило бујно - испеа грчкиот поет Јанис Гуделис. За Марина Струкова од Русија Струга е рајско гратче, каде што сè е проник­ нато со поезијата, природата, музиката и со говорот. На фестивалот, ние поетите си ја одмораме душата, наоѓајки повод за инспи­ рација. Сметам дека во нашето творештво сега ќе се редат нови мотиви, ин­ спирирани од прекрасната Македонија, каде што сретнавме многу пријатели, истомисленици од разни земји. Развојот на креативните заемни односи овде, во Струга, ќе придонесе да се обединат луѓето од разни националности, пра­ вејќи ги духовно побогати. Тоа им е потребно и на нашите читатели, за кои ние ќе ја преведуваме странската поезија. Овде ја откривам современата светска литература. За тоа и за сè друго, им благодарам на организаторите на Фестивалот - додава Марина Струкова.


СВП 50 - ГОДИНИ 18

семето на книжевниот словенски збор

19 СВП 50 - ГОДИНИ

СТРУГА На прасловенската историја е крик, На бликотот пупки бранување силно Низ нив го сјае Охрид својот лик: Со дно песокливо, со небо сино. До што е стебло в зеленило се краси. Само по име Дрим е црн и колнат. Божем од утроба на мајка водата се гласи Низ градот од тули, со кајчиња полна. Плискаат пливките, расфрлаат сили, Шептат, со шурки божилачни, Дека Олимпија не од Филип, Туку од Зевс дете зачнала. И вслушана во таква шумна сладост, Далга на некое пророштво ко да ме допре, Па си приспомнувам: на Инд, кај Кулу-градот Походот Александров е сопрен, Но, ќе се кренат пак прежните знаци До кај небесата на Балканите И античкото сонце со своите краци Пак ќе се вее врз форгулиците на Славјаните. Ирина Ковалева, Русија Првата неолитска населба во Струшко датира од 3000 г. п.н.е. и била ло­виште на риби. Пронајдени се многубројни археолошки предмети што поте­ кну­ваат од младото камено време - разни камени и коскени алатки и оружје. Струга за мене е еден голем сон, кој вечно ќе трае. Овде животот блеска со сиот свој сјај, се изливаат чувства на радост, на задоволство, и не видов натажен чо­век. Многу поголеми и побогати земји во светот треба да учат од Струга, да го сонуваат тој сон, зашто ќе им помогне на нивните народи. Овде сè е поезија - се довери Паоло Гир од Швајцарија. Струга е привлечно туристичко место, каде што се сочувани старите град­би на куќите и старите занаети. Градот Струга со околните места е богат со цркви и манстири, исламски верски објекти и голем број културно-истори­ ски споменици од најстари времиња. Во блиското село Калишта се наоѓа црквата Света Богородица од 14 век, со пештерски ќелии на монаси испосници. Во овој локалитет се држи дел од про­грамата на „Струшките вечери на поезијата“.

На прасловенската историја е крик, На бликотот пупки бранување силно -

Низ нив го сјае Охрид својот лик: Со дно песокливо, со небо Сино - ја овековечи руската поетеса Ирина Ковалева, Струга, столнината на светската поезија, лулка на писменоста и култура низ вековите. Струга и Охридско Езеро ме импресионираа. Успехот на Струшките вечери не е само успех за Македонија и за Балканот, тоа е успех на поезијата од целиот свет. Нека дојдат овде луѓето што зборуваат дека поезијата одумира, и нека се уверат дека тоа што го зборуваат нема никаква вистина - подвлекува Мелих Џевдет Андај од Турција.


СВП 50 - ГОДИНИ 20

семето на книжевниот словенски збор

21 СВП 50 - ГОДИНИ

Античкото сонце со своите краци, во овој воздух здив на луња го вознесоа поетот од Русија Сергеј Главјук за неговата Македонска сказна.

МАКЕДОНСКА СКАЗНА Во овој воздух здив на луња вее Помешано со миск на зрела слива, Крај брегот лозов ластар прашец сее Гушкајќи се со жална врба, ива. Патиштата полегнале на залез, Но, патеки кон исток пак се вишат. И не течат, а бучат реки дални, На Европа дамарите, чуј, дишат.

фото: Александар Ѓоргиев

И овде моќен, личен левент дамна В час пресекол со замав јазол сплеткан Со круната на својот татко пламнат, Опијанет од бујна муза ретка. Тој, посвет што се повалил во прав, Вдахновител на новите империи, Сам загинал во Азија, со став, Бивајќи ек на воени мистерии. Сергеј Главјук, Русија


СВП 50 - ГОДИНИ 22

семето на книжевниот словенски збор

За големиот Ханс Магнус Енцесбергер од Германија, Македонија е толку богата и силна во просториите на својот дух. Тој рече: Доаѓајќи за првпат на „Струшките вечери на поезијата“, се убедив во тоа што можев да го претпоставувам дека Македонија е толку богата и силна во просториите на својот дух што организирајќи ја оваа врвна манифестација дава прекрасен прилог кон запознавањето на литаратурите и на поетите од светот. Го почувствував тоа и на отворањето на манифестацијата кога огромен број публика со големо интересирање го слушаше тој поетски церемонијал на визијата на зборот. Присуството на вистинските луѓе е најголема одбрана на постоењето и на смислата на поезијата Постојат претпоставки дека на крајот на деветтиот век во Охрид се ја­ вуваат словенските просветители и творци на сесловеската писменост Кирил и Методиј. Дали тоа било кога со себе го носеле семето на книжевниот сло­ венски говор, благодарение на кој се развија сите словенски јазици, литератури и култури? Константин, кој подоцна се замонашува и го добива името Кирил, роден е 826 или 827 година. Уште како мал пројавил наклоност кон науката и своето образование го стекнал во Цариград, во прочуената Магнаурска школа. По завршувањето на школувањето станува учител по филозофија, и бидејќи многу се истакнувал го добил епитетот Филозоф. Како високообразована и тален­ тирана личност на Кирил ќе му бидат доделувани многу тешки и одговорни

задачи од страна на византискиот двор. Прво бил испратен во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувала дел од политичката програма на Византија, чијашто основна цел е да ги христијани­ зира Сарацените, Ха­зарите, моравските Словени, Бу­га­рите, Русите и другите народи на исток и север од Византија, и да им ја наметне византиската цр­ ковна власт. Повод за познатата Моравската мисија на Кирил и Методиј било писмото на моравскиот кнез Ростислав до византискиот император Михаило III. Рос­тислав настојувал да ја осамостои и да ја зац­ врсти својата држава, Моравија, на која ў се зака­ нувала опасност од германското свештенство. За да ја отстрани опасноста тој побарал проповедници кои ќе го шират Христовото учење на словенски јазик. Византија ќе ја прифати неговата порака заш­ то гер­манско-бугарскиот сојуз бил опасност и за Моравија и за безбедноста на Византија. Кирил и Методиј ја прифатиле оваа задача, но наишле на многу проблеми, а еден од нив е не­ мањето азбука на која би ги превеле најпотребните книги за богослужба. Константин, помогнат од Методиј, ја создал првата словенска азбука, глаго­ лицата, која содржи 38 букви. Во 863 година прис­ тигнале во Моравија, каде што отвориле голем број училишта и цркви во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле оспособени голем број нови учители. Латинскогерманското свештенство почнало да ги обвинува за ширење ерес, па затоа папата ги повикал во неговиот двор во Рим. На пат за Рим, Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во Панонија, каде што ги удриле темелите на словенската писменост и во оваа земја. Пред да прис­ тигнат во Рим кратко се задржале во Венеција, каде што Константин, кој бил познат како добар филозоф и оратор, спорел со тријазичниците, односно со тие што се застапувале за ширење на Христовото учење само на грчки, еврејски и на латински јазик. Константин ги разбил обвинувањата велејќи дека секој народ има право на свој јазик. Во Рим, во 869 година папата Адријан ги „посветил словенските книги, што значи римската црква официјално ја признала словенската писменост“. Набргу потоа Кирил се разболел и умрел. По неговата смрт Методиј ја продолжил почнатата дејност, но бил постојано напаѓан и клеветен од герман­ ското свештенство и исцрпен од борбите со нив, од затворите и прогонствата умрел во 885 година. Кирил и Методиј врз основа на јазикот на македонските словени од околината на Солун го создале првиот литературен јазик за сите Словени, познат како старословенски или црковнословенски јазик, ја создале првата словенска азбука глаголицата, ги превеле првите книги на словенски јазик и преку ширењето на христијанското учење на словенски јазик ги удриле теме­ лите на словенската писменост и култура.

23 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 24

семето на книжевниот словенски збор Рускиот поет Андреј Вознесенски, овенчан со „Златен

венец“ на СВП во 1984 година во песната Струга, вознесен од Охридско Езеро и од Македонија, пис­ мото кирилица го означи за своја лирска вера, обз­ нанувајќи ја неговата поетска религиозност во по­ етскиот храм во Струга, како пред велелепен духовен наследник и на делото на светите солунски браќа Кирил и Методија.

СТРУГА (Спасибо, Струга, за венчик) Сполај ти, Струго, оти мене Ме награди со „Златен венец“! Сполај ви, браќа, што се одваживте Со песни против трчилажите! Сполај ти, тебе, кирилицо, Што за пишување ми даде сили Тебе те имам за лирска вера Со која светот ќе се поддотера. Кирилицо, низ тебе, чинам, Разбрав: Зборот е Бог, па сега знам Дека си мастилница од глина, Дека си наша почетнина, Дека над ова езеро си древен храм. Поетите - на Зборот вестителите Ко жилки од еден лист ќе се обединат. И не ќе смогнат на светот рушителите Таквиот венец да го скинат. И треба светот во лошиве времиња наши Јавна предупреда да крене: Венецов златен никого не треба да плаши, Бидејќи - тој не прилега на негов надгробен венец. Во Струга, август 1984. Андреј Вознесенски, Русија

25 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 26

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

Константин, кој по замонашувањето го добива името Кирил,

се спомнува и како оригинален автор на различни стихо­ творби. Векови подоцна неговото име ќе го носи и првиот современ македонски лирик Константин Миладинов, еден од големите струшки „Браќа Миладиновци“, во чија чест и слава во 1962 година почнаа да се одржуваат „Струшките ве­чери на поезијата“. Овие духовни великани, Кирил и Методија, придру­ жувани од своите ученици, од светите седмочисленици, меѓу кои превасходна улога имале Климент и Наум, презеле врз себе многу тешка и одговорна задача - да го шират сло­ вото на христијанството и просветата и културата меѓу ед­нородните словенски маси. Преку нивната дејност маке­ донскиот народ прв меѓу Словените организирал Ар­хие­ пи­скопија, а потоа Патријаршија, која го водела низ векови­ те, го чувала од туѓите верско-национални посегнувања и апе­тити и го бодрела и крепела духот на опстојувањето во ве­ковите на ропството. Празникот на свети Климент Ох­ рид­ски се слави на неговиот именден, на 25 ноември (стар стил) осносно осми декември (нов стил). Тој е еден од нај­ познатите македонски светители, чијшто култ трајно се вгнез­дил во народното помнење и во фолклорот, и е заштит­ ник на Охрид. Се родил околу 840 година, според некои ис­торичари во Солун или во неговата околина. Тоа го повр­ зу­ваат со фактот што уште како млад бил повикан од свети­ те браќа Кирил и Методиј во нивната мисија (што значи дека, најверојатно, живеел во нивна близина). Ги придружу­ вал светите браќа за време на нивната мисија во Венеција и во Рим, каде што бил ракоположен за свештеник. По смр­ тта на Методиј, неговите ученици Климент, Горазд, Наум и Ангелариј биле прогонувани и малтретирани од страна на латинското свештенство во Моравија. Прво биле затво­ рени и мачени, а потоа биле прогонети од државата. Така, преку Белград тие дошле кај бугарскиот кнез Борис, кој многу добро ги примил и ги искористил за ширење на пис­ меноста. Во 886 година Климент бил испратен во областа Кут­мичевица во која главни места биле Девол, Главиница и Охрид. Тука Климент останал 23 години и за тоа време го ширел Божјото слово и описменил околу 3.500 луѓе преку Ох­ридскиот универзитет, кој го основал и го водел. Овој Уни­верзитет е еден од првите во Европа и во светот. Во 893 го­дина Свети Климент бил поставен за епископ на ново­ создадената епархија Велика, каде што останал сè до смртта. Пред смртта завештал дел од својот имот на епархијата, а дел на црквата, која ја изградил во Охрид.

27 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 28

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

29 СВП 50 - ГОДИНИ

Тупаницата Самоилова и светите Климент, Горазд, Наум и Јован го ин­ спириаа полскиот поетот Вјеслав Рустецки да испее дека потта на номадите го гризе грлото на споменот. МАКЕДОНИЈА Тука рапавите планини ширит од синчец со шајак ги спојува Македонија Охрид на божилакот со ненаситен ластовичин оркестар ѕуни под нозете на Словенот Тупаницата Самоилова изрежува во пејзажот фреска, небото на пепел истлеано, чичокот се вкаменува под југовината во златниот прав на воздухот и има смирување на потопот за нас. Во устата има вкус на бисер, потта на номадите го гризе грлото на споменот, ја знаат таа горчливост светите Климент, Горазд и Наум, а Јован на стрмниот се одразува брег. Веќе звукот на полскиот збор Слово во форма се ткае. И сите надежи наши под сенката на димискијата паѓаат. Подигни ја раната, патнику, дојдовме со капка синило солена од солзи. Раната на двата Рима пече, потковиците на аварските ковачи во карпестиот оган се кршат. Лицето на сонцето тишина и песна го мијат. Вјеслав Рустецки, Полска


СВП 50 - ГОДИНИ 30

р п а з а т напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ е м с . е т с е т о н п е н м е и в л о К к е м и в и т о х е , н в и д С е в т р с и л ­ и о к о м с д , н о и о кед иза бесед псалмоп ри и н Х г у л с р и у д в с и И а д в о о р п л К с с о н и Г а н в а о н Ј т и с т о е г е е ч в с н , а а во з ц , и к д а о п е р о С Бог тители. е в с ги 31 СВП 50 - ГОДИНИ

Свети Климент се смета за првиот македон­ ски средновековен поет. Тој составил низа беседи, мо­литви, химни, пофални слова и други псалмопо­ добни творби во чест на Господ Исус Христос, света Богородица, свети Јован Крстител и други светите­ ли. Сепак, за негово најзначајно дело некои научни­ ци го сметаат создавањето на кирилицата. Во нау­ ката претежнува дека официјално воведување на ки­рилицата е извршено на Црковнонародниот со­ бор во Преслав во 893 година и дека новата азбука ја има составено Константин Преславски. Таа е ши­ рокоприфатена на дворот на царот Симеон (893927), додека во македонската писменост таа се вдо­ мува постепено бидејќи во најавторитетниот маке­ донски културен центар, Охридскиот, долго доми­ нира глаголицата, воведена и негувана од св. Кли­ мент и св. Наум. Старата кирилица се наложува како до­минантно писмо на македонската писменост дури од 19 в. наваму. Со ова писмо пишуваат неколку де­сетици народи, меѓу кои: Македонците, Бугарите, Ср­бите, Црногорците, Русите, Украинците, Бе­ло­ру­ си­те, Татарите, Чечените, Чувашите, Абхазите, Мол­ дав­ците, Туркменците, Узбеците, Јакутите, Осетите, Ка­захстанците, Гагаузите, Карелците, Киргистанците и други. Постојат голем број преданија и легенди за чудата што ги правел свети Климент, за кои многу е пишувано. Овој светител денес е прифатен како патрон на Македонската православна црква. Огромна е неговата улога во ширењето на христијан­ ството и на писменоста меѓу Македонците, но и пошироко, а неговиот култ извршил големо влија­ ние и во градењето цркви и манастири. Големината на Свети Климент Охридски се гледа и преку него­ вите активности како духовник, мисионер, бесед­ ник, проповедник, богослов, учител, просветител и писател. Свети Наум е еден од најпознатите македон­ ски светители. Воедно тој бил просветител и лекар. Бил современик на свети Климент Охридски и уче­ ник на Светите браќа Кирил и Методиј, кои ги сле­ дел за време на Моравската мисија. Во Рим, свети Наум се прочул со неговата чудотворна моќ и голема ученост. По враќањето од Рим, заедно со свети Кли­ мент Охридски, заминале за Бугарија, каде што со радост биле примени од кнезот Борис Михаил. Свети Наум одредено време престојувал во бугар­ ските престолнини Преслав и Плиска, а подоцна се населил крај брегот на Охридско Езеро. На јужниот брег на езерото основал манастир, кој до денес се наоѓа таму. Тоа е познатиот манастир Свети Наум (кој порано бил посветен на свети Архангели).


СВП 50 - ГОДИНИ 32

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

33 СВП 50 - ГОДИНИ

Во Свети Наум, во манастирскиот комплекс и кај

изворите на Дрим редовно доаѓаат поетите од светот како дел од програмските содржини на СВП.Сон­че­ ви­ната пат ми покажува, на поетот пат по кој струш­ ката поезија овој народ го свикува да им пријде на другарите нејзини по светата причест кај свети Наум - воскликна поетот Џој Боде Крип од Ав­стра­ли­ја.

СВЕТА ПРИЧЕСТ СВЕТИ НАУМ

На Даница Цветановска

Столбови силни - тавани налактени на храмот - пултот распнат свети ореол од златен лач се истура Свети Наум низ музика кога се отвора. Химна на свештеници што напишаа и спасија јазик македонски низ векови владеење на туѓинецот. Ох Ах Ам ммммммммммммммммммм Ла гласови во красно созвучие душата ја земаат за визита при учениците на вербата. Дрвото длабено излижано под прстите мои. Полека постели ми срце на гробот срцето мое удира преку ѕидот со него како капки вода студени Ох Ах Ам ммммммммммммммммммм Ла Освежени за живот во векот 19 една црква мазен мермер под прстите ми а до неа улици калдрми, нерамни под стапалата. Сончевината пат ми покажува, на поетот пат по кој Струшката Поезија овој народ го свикува да им пријде на другарите нејзини по светата причест кај Свети Наум. Ох Ах Ам ммммммммммммммммммм Ла Свети Наум, 25..август, 1984 Џој Боде Крип, Австралија


СВП 50 - ГОДИНИ 34

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

Мнозина монаси од Балканот

доаѓале кај свети Наум за да ги слушаат неговите мудри поуки и проповеди. За време на десетго­ дишниот престој во манастирот, свети Наум се занимавал и со преведувачка дејност на црковни книги. Пред крајот на животот се замонашил и како монах му ја предал својата душа на Исус во 910 година. Неговиот култ како лекар останал и по неговата смрт. Споменот за него се чува во голем број македонски народни преда­ нија и легенди. И денес многуми­ на одат во посета на неговиот гроб, кој се наоѓа во манастирот Свети Наум, каде што се лекуваат од разни болештини, а поетите го даруваат со стихови.

СРЦЕТО НА СВЕТИ НАУМ Имитирајќи ги вистинските верувачи, Гоја си го положува белиот образ врз плочата и го наслушува звукот од живиот светец. Легендата тврди, ако чуеш како му бие с рцето темно ќе живееш засекогаш. Но каков вид на бесмртност, запечатен херметички во камен гроб, би ти била судена? Светецов, кој никогаш не умира, туку дреме во постојана зандана, е подложен на илјада дневни повикувања. А вон ѕидиниве нежни и раскошни, овие црни лебеди на небрежност, низ скрама грди пајажини крај гнил пиреј од ресторанот, кај што собир од поети пијат и пушат и размислуваат за своите природи. Тука е изворот на црната река Дрим, со вода бистра и скоро неподвижна, сигурна како жива. Пред векови, сите што копнееле, доаѓале тука за да си најдат лек за лудоста. Денес, на бреговите од ова засолниште, ако смогнете да се успокоите доста долго, може би проследиле некој тек низ сеќавањето, низ папратта удавена и минати животи, одвај налучкано течение. Преку водите на Охридско Езеро артилериски салви лобуваат од кај Подградец, во Албанија. Со звук на громови. Пред илјада години светецот по име Наум го нашол овој рај. Внатре во гробницата, една фреска од Кирил, Методиј и Климент - иако двајца од нив умреле пред еден век - се присутни на Наумовиот закоп. Тука сè е можно, кај што мрморат тополи, и трепери чисто ветре. Тука можам да ги испитам сите причини за моето сопствено лудило ил очај. Залп на топ: време да се замине. Од некоја друга галаксија ѕвездите испратиле сјајна светлина што никогаш не допира до нас. Тука, како на дното од Дантеовиот пекол, кај што сето движење се преведува во облик, срцето бие во таква мирнотија... а ќерка ми го слуша. Манастир Свети Наум, албанска граница манастир Рила, Бугарија Питер Лиота, САД

35 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 36

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

Големиот светител преподобен Наум Ох­рид­

ски Чудотворец со чудотворната сила на „лекарот над лекарите“ ги кревал луѓето од смртна постела, ете така се памети и се ка­ жува. „Удар на чудесата, гласоци на крв­та“, според поетот Робер Мале од Франција. * * * Ги закопале моштите на светецот во скришната стрмнина. На вишинката над езе­рото, манастирот ги чува. Велат дека тие уште дишат за тие што знаат да го начулат увото.

Крилја затворени во стрмнината

манастирот во својата невидлива крипта крие еден покојник кој ја предизвикува вртоглавицата на ништото Одразот на неговата розова сенка трепери во езерото непослушно Клекнати поклониците со уво врз плочникот ги наслушуваат градите скаменети на тишината Од дното на ноќта затворена се креваат воздишки глуви еден ритам зазбивтан и отсечен веројатноста на едно тело кое дише Тласоците на ветрот тласоците на езерото што ја шибаат карпата удар на чудесата тласоци на крвта Свети Наум, август, 1984 Робер Мале, Франција

Главниот празник на свети Наум

Охридски се одбележува на 23 де­ кември по стар календар или 5 ја­ нуари по нов календар, а 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на све­ тителот. На овој датум колони пок­ лоници од Македонија и од светот доаѓаат во манастирот, кој тој го изградил, за да се поклонат и да го бакнат неговиот гроб, да му оддадат почит и слава. Во манастирот се одржува голем собор на народот. Многу болни доаѓаат (или ги носат) и преку верата и молитвата го до­ биваат излекувањето над неговите мошти. Сесилниот Бог ни остави големо богатство, неизмерно богат­ ство, непроценлив дар, светите мо­ шти на силниот и неуморен Све­ти­ тел, чудотворните мошти кои живо дејствуваат, чесните мошти на чу­ дотворниот лекар, свети Наум Ох­ рид­ски. Многу векови наназад и во векот во кој живееме не само во ох­ ридскиот крај, туку и во цела Ма­ кедонија и пошироко, во целиот христијански свет постои еден сла­ вен лик, еден голем светец, еден мит кој ги зближувал луѓето и во духот на христијанската религија ги учел да се сакаат со љубовта со која Христос го засака светот и се жртву­ ва за него. Вечно живата традиција и споменот кон светите Климент и Наум со векови се одржувал во Струшко и во Охридско и преку именувањето на децата. И денес, на почетокот на 21 век најчести машки имиња во Охрид и во Струга се Климент и Наум, по нив Константин (Кирил), Димитрија и Јован со де­ минутивните изведенки Климе, Номе, Коце, Димче и Јоне.

37 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 38

изворот на христијанството

Како гостин на СВП, во текот на мојот престој крај вол­

шебното Охридско Езеро, имав можност покрај моето интересирање за поезијата да се запознам со древните уба­ вини на Охрид и Струга, да проникнам во богатото кул­ турно наследство и минатото на македонскиот народ. Се носам со идеја сето тоа да го искажам преку една збирка пое­зија - забележа Јудит Херберт од Холандија со восхит не само од природните убавоно туку и од културното и од ис­ториското наследство. Во римскиот период овде минувал патот Виа Егнатија. А Струга била крстопат на многу народи и војски кои низ ис­торијата минувале од север кон југ. Ретко која христијан­ ска црква во источната и во западната хемисфера имала толку многу развиена, активна, вешта и успешна диплома­ тија како Патријаршијата - Прва Јустинијана Охридска. Тоа не е случајно зашто македонските простори биле из­ ворот на христијанството, кое преку Македонија и Виа Ег­натиа се ширело кон Европа и светот. На историската сцена охридската црковна дипломатија се јавила многу одамна, уште во првите векови на Христовата вера, веднаш по создавањето на првите црковни општини на македонска почва, прво во Солун и во Бер, а подоцна во Скопје и во Охрид, кои ги формирал првиот евангелизатор, апостол Павле, заедно со неговите ученици Сила, Тимотеј и Лука, и непрекинато во континуитет суштествувала сè до уки­ нувањето на Охридската патријаршија. По создавањето на Охридската архиепископија (Јустинијана Прима, 535 го­ дина), црковната дипломатија добила нови пошироки ди­ мензии. Нејзините поглавари - Кателијан, Јован I и Леон се покажале како многу вешти и искусни дипломати во поглед на средувањето на прашањата поврзани со грани­ ците на црковните општини и епископии, кои во тоа време биле многу актуелни, и во спречувањето на ширењето на мо­нофизитската ерес во православните средини. Исто така, тие ангажирано работеле и на уредување­ то на меѓуепископските односи, од една, и на односите меѓу епи­скопиите и Архиепископијата од друга страна. Со тоа биле поставени основите на црковниот ред и поредок, на пра­вилата на однесување во меѓусебната комуникација и на соработката во сферата на црковната просвета, култура­ та и образованието. По Климент и Наум, до пред 16 век има податоци само за охридскиот патријарх Јован Дебарски, кој на охридскиот престол дошол со службена грамота из­дадена од византискиот император Василие II Ма­ке­до­ но­убиец. За него се знае дека уживал почит и углед, како кај неговата паства така и во византискиот двор. Бла­го­ дарение на добрите односи со царскиот двор, успеал и во ви­зантиско време да ја зачува автономијата на Охридската пат­ријаршија со нејзиниот чисто македонски словенски дух и карактер.

39 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 40

генијалните струшки браќа

„Струшките вечери на поезијата“ се голе­

ма манифестација која ги собира поетите од сиот свет на брегот на Охридско Езеро, затоа што Македонија верува во идеалната сила на поезијата. Македонија со својата древна тра­ диција и со својот нов темперамент им нуди на поетите и на народите на сиот свет една голема перспектива. „Струшките вечери на поезијата“ се светлина кон која гледаат поетите кога го врват својот тежок креативен пат - така зборуваше Елио Филипо Акрона од Италија. Така зборуваше, а испеа: Полиглотот Наум низ улиците не води/ го преминавме бегло планин­ скиот пурпур/ со силниот мотор „рено“, одиме/ да ги сретнеме потомците на Миладинов/ тага за југ испишана врз плакати/ на безброј јазици песни на река од луѓе.

НИЗ СИТЕ КОНТИЕНТИ Галена од Дрим ѓердан од светлина дај му глас на мостот, Струго, на сто јазици бисер зборови круна ти коват и го шират твоето име низ сите страни, твојот невин лик на југот недопрен како езерската душа на чиј брег се протегаш благо изметкана од дрвја и гостопримни брегови... Полиглотот Наум низ улиците нè води го преминавме бегло планинскиот пурпур со силниот мотор „рено, одиме да ги сретнеме потомците на Миладинов тага за југ испишана врз плакати на безброј јазици песни на река од луѓе помеѓу брегов од неон Водата на Дрим Извира за да потече низ сите континенти. Елио Филипо Акрока, Италија

41 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 42

генијалните струшки браќа

Во Струга, во 19 век се раѓаат истакнатите македонски просветители и културни дејци браќата Димитар, Наум и Константин Миладинови. Постариот брат Димитар бил собирач на македонски народен фоклор и учител на првите поети на македонскиот романтизам. Помладиот брат Константин е основоположник на современата маке­ донска поезија. Во негова чест во 1962 година се почнати „Струшките вечери на поезијата“. Браќата Димитар, Наум и Константин Миладинови, основачите на на­ ционалната преродба во Македонија од средината на 19 век, се родени во се­ мејството на грнчарот Ристе Миладинов и на неговата сопруга Султана Миладинова, од осумте деца, шест синови (Димитрија, Тане, Наум, Мате, Апостол и Константин) и две ќерки Ана и Крста. Браќата завршиле основно училиште, а подоцна и гимназија во Јанина, денешна Република Грција. Средниот брат Наум Миладинов ја завршил Духовната академија на патријаршискиот Универзитет Халки во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Наум во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македонија, додека при собирањето на народните песни ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е првот современ македонски музичар и мелограф. Најмалиот брат, Константин, дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија.

Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде што учителствувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност - собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем зборник. Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Во тој период Македонија била дел од Отоманската Империја. Освен тешкото турско ропство, на народот во Македонија му се заканувала и дена­ ционализација и елинизација преку елинското просветување и црквата, кои биле во власта на грчката Цариградска патријаршија. Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт тој ја напуштил Битола, но и Македонија. Димитар притоа работи како учител во влашкото училиште во влашкото село Трново близу Битола, наследувајќи го дедо си. Во Сремски Карловци и во Нови Сад имал можност да се запознае со животот на Србите под австроунгарска власт, каде што уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на пансловенизмот и со Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил

43 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 44

генијалните струшки браќа братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и на другите народни умотворби и нивно подгот­ вување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петна­ есет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната Т’га за југ, која има 100 препеви на повеќе од 50 јазици, секоја година се отвораат „Струшките вечери на поезијата“. Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмол­ ната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за не­ печатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба. Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

45 СВП 50 - ГОДИНИ

На 24 јуни 1861 година од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб излегол од печат зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци Бугарски народни песни, собрани од „Браќа Миладиновци, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 други (отстапени од фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, сè до печатењето на книгата таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа про­ мена во последен момент е предмет на контроверзи (всушност, насловот Бугарски народни песни за првпат се спомнува во писмо на Чолаков до д-р Фрањо Рачки, кратко пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така, се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го подготвувал, но не го објавил во целост (2.000 збора) поради големината на Зборникот. Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористич­ ките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на пре­ тплатниците на Зборникот. Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград, каде што дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Така, место за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори во 1862 година, под засега неразјаснети околности.


СВП 50 - ГОДИНИ 46

македонија - љубов и судба

Сè тече по својот тек, и судбините на луѓето и песната на поетот, како и Дрим

што тече. Но, нештата се поврзуваат, како жилките во листот, како дел на недофатната космичка хармонија, како стиховите во песната. За „Струшките вечери на поезијата“ имам слушано многу пофални збо­ рови од нашите колеги што присуствувале на Вечерите. Јас мислам дека тие што воделе сметка оваа манифестација да биде одржувана во овој езерски град, одбрале прекрасно и незаменливо место. Но, мене не ми се допаѓа само уба­ вината на овој крај, туку и прекрасната комбинација меѓу древниот карактер на овие места каде што живееле и работеле вашите славни претходници. Овде се зборува за големината на културното минато на овој народ, зашто славата и големината на народот се определуваат, пред сè, од духовните вредности што го содржи неговото минато. Сè се менува, останува само тоа што е создадено за луѓето - посочи поетот Сергеј Орлов од Русија. Значи, славата и големината на народот се определуваат, пред сè од ду­ ховните вредности што го содржи неговото минато. Па, така, ученик на Ди­ мит­рија Миладинов, кој учителствува во Охрид, му бил Григор Ставрев Прличев, (Охрид, 18. 1. 1830 - Охрид, 6. 2. 1893) - најголемото име на македон­ ската литература во 19 век. Овој супериорен литерат, според јазичната при­ падност, е, всушност, тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе специфичните карактеристични доминанти на епохата во која живее и работи; класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Тоа е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб. Тоа е писател со висока самосвест за своите креативни можности и за позивот на кој му служи. Роден е како четврто дете на Марија Ѓокова и на Ставре Прличев, охридски занаетчија. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана (Албанија). Во 1849 година се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-1859 година повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места (Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид) за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата Сердарот, што требало да се предаде најдоцна до 13 2 1860 година на поетски

конкурс. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик - паричен дел и лаворов венец. И токму симболиката на венецот на Прличева се презема од „Струшките вечери на поезијата“. Вратен во Охрид Прличев ја почнува работата врз новиот поетски проект - поемата Скендербег, далеку попретенциозен творечки зафат. Работи како учител во Охрид. Се зафаќа да го научи словенското писмо и четмо во дуќанот на Ангеле Групче, тогашно своевидно читалиште во Охрид. Со Јаким Сапунџиев го почнуваат народниот подвиг во Охрид, т.е. борбата за воведување на на­ родниот јазик во училиштата. Со ова Прличев ја официјализира својата борба против грцизмот во Македонија, особено против фанариотскиот владика Мелетиј, виновникот за смртта на Димитрија Миладинов. Ете ги преплетите на жилките во листот. Извесно време Григор Прличев престојува во Цариград. Има постојани контакти со бугарските културни дејци, а по враќањето во Охрид уште поин­ тензивно се ангажира за популаризирање на словенското писмо во Македонија. Во 1868 година турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана поради клевета од страна на грчкиот охридски владика. По затворскиот период го посетува манастирот Св. Јован Бигорски и е восхитен што во него се служи на старословенски јазик. Во следната 1869 година во Охрид масовно се воведува народниот јазик во училиштата. Истата година се жени и има пет деца. По покана од Редакцијата на цариградското Читалище се зафаќа со пре­ пев на Хомеровата Илијада. Почнува да соработува во бугарските цариградски весници и списанија. Во Белград, а потоа во Читалище во 1872 година ја обја­ вува песната Во илјада седумстотин шездесет и второ лето, подоцна преобјавена и во неговата автобиографија. Во цариградскиот весник Право во 1872 година е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга со песни за деца под наслов Воспитание или 12 нравствени песни. Со заштедени пари од своето учителствување во Струга, и Струга како жилка од листот што ги сврзува нештата, заминува во Бугарија (Софија), каде што мнозина „родољупци“ го канеле да се зафати со каква и да е литературна работа и му ветувале секакви олеснувања и помошти. Во 1883-1890 година учителствува во бугарската машка гимназија во Солун. Во овој период ја пишува

47 СВП 50 - ГОДИНИ


македонија - љубов и судба

СВП 50 - ГОДИНИ 48

својата Автобиографија, објавена по неговата смрт во Сборник за народни умотворения, наука и книжнина. Прличев живее и работи во повеќе балкански културни цен­ три (Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија). Коректно владее повеќе балкански и ев­ ропски јазици. Се занесува со словенофилството и прави обид да создаде граматика на словенско есперанто. Слични примери можат да се сретнат и во другите словенски лите­ ратури. Поетската творба Сердарот (1860) се смета за апсо­ лутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој тво­ рец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се раз­ гледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. За неа авторот во Атина го добива од критиката прозвиштето Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата (1884) и словото-есеј Чувај се себеси (1866). Тоа се комплементарни литературни дела и ја доре­ чуваат на директен начин основната порака на Сердарот. Ете, уште една судбина на исклучителен поет поврзана со Охрид и со Струга. А, Струга денес ја продолжува својата културна традиција. Таа е еден од оснивачите и домаќин на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на по­ езијата“. Струга е мост на меѓусебното запознавање и зближување на литературите и на народите на светот. Или, како што запиша поетесата Флутура Ачка од Албанија, Таму сите чуда се случуваат. СТРУГА Таму во Струга, каде водите бликаат, каде реката душа, од душа извира, каде маглите си се шетаат и гулабите се разонодуваат каде матрицата на езерото и болката боледува, каде лутиот Дрим, каков бескраен лут, таму сите чуда се случуваат. Таму во Струга, во водите блескави стравот го исфрлив плашењето го исфрлив Првпат се разбудив самовила таму каде што дува, а бура нема. Месечината ја оставив заточена една вечер, додека се враќам да си ја најдам месечина. 15 септември 1994 Флутура Ачка, Албанија

49 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 50

спомен на првите гласови на преродбата Во Струга сум ја доживеап чудесната виталност на македонскиот живот и

култура - вели нобеловецот и венценосец Шејмас Хини од Ирска. И токму идеата за продолжувањето на вековната културна традиција на овој град беше непосреден повод за изникнувањето на „Струшките вечери на поезијата“. Непосредниот повод за организирањето на „Струшките вечери на поезијата“, за продолжувањето на вековната културна традиција на овој град, беше лите­ ратурното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот одржан во Струга, на 15 јули 1961 година по повод стогодишнината од излегувањето на Зборникот на народни песни и приказни од македонските културни дејци и преродбеници Браќата Миладиновци. Се дојде на идеја дека постојат сите услови да се организира еден традиционален поетски фестивал кој секоја година ќе се одржува во овој град во чест на Миладиновци, како смотра на поетските остварувања во текот на една година. Ваквата идеја и иницијатива беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на Народна Република Македонија и Народниот одбор на општината Струга. Се формира Фестивалски одбор од неколку членови, чиј претседател беше поетот Ацо Шопов.

Струшките вечери се вистинска голема свченост на поезијата и на секој поет

Името на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ го даде по­

етот Гане Тодоровски. Фестивалскиот одбор изготви програма од четири дена и програмата се реапизира од шести до 10 септември 1962 година Од година во година бројот на учесниците на „Струшките вечери на поезијата“ се зголемуваше. Во 1964 година тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите тогашни републики. А, веќе во нардната 1965 година, кога претседател на Советот на „Струшките вечери на поезијата“ беше Милан Ѓурчинов, фестивалот стана меѓународен на кој наста­ пија поети од неколку земји во светот - се сеќава писателот Јован Стрезовски.

му причинува чест да учествуваа на нив. Такво нешто можел да организира само народ којшто и самиот има голема поезија и знае да го цени поетскиот збор... Во животот сум бил на многу поетски фестивали, но многу од нив голе­ мите градови веќе ги „проголтаа“. Струшките вечери останаа она што сè. Водата и земјата се две сили на македонската поезија, што не можат да се заменат со никакви компјутери - истакнува венценосецот Славко Михалиќ од Хрватска. Во 1969 година „Струшките вечери на поезијата“ прераснаа во институ­ ција, и фестивалот повеќе добиваше во квалитет и во афирмирањето на меѓуна­ ро­ден план како неодминлив светски поетски собир - додава Јован Стрезовски, дол­гогодишен директор на „Струшките вечери на поезијата“. Да се биде во Струга и со Струга за мене беше отсекогаш голема возбуда и ра­дост, неповторливо чувство што воопшто може да го исполни поетот и чо­ ве­кот. Учесник од основањето на „Струшките вечери на поезијата“ со првата ге­нерација македонски поети, со моите врсници и современици, восхитени и вдах­новени од споменот на првите гласови на нашата преродба - учителот Ди­митрија и првиот лиричар на македонскиот јазик - Константин Миладинов, го изодев заедно со нив нивното половина столетие. Возбудата од зборовите на стотиците и илјади поети што ги озарија од мостовите охридските и струшки­ те брегови, н исполнуваше од година во година и н облагородуваше и нас и светот со своето длабоко чувство за убавина, добрина и на човечност. Чест и голема привилегија беше за генерациите поети на ова смачкано племе, како што пееше и тагуваше нашиот венценосец Блаже Конески, племе што минувало и уште минува низ болни премрежија, и на сите „племиња“ на нашава мала Македонија, славејќи ја поезијата, со неа како со единствен клуч и оружје на поетот, да ги отвораат границите на големиот свет, за сите созда­ тели на песната, за сите различности на народите и земјите, на јазиците и поетиките во чие јадро се вградени во трајно единство естетиката, етиката и

51 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 52

спомен на првите гласови на преродбата

човештината. Токму таквиот порив овозможи малиот и скромен собир на македонските и на други поети од тогашна Југославија, одржан во Струга 1961 година, веќе во 1964 да ги отвори прв затвораните и тревожни балкански граници, за да стане потоа средиште во кое се собираат гласовите на конти­ нентите, на сета планета во големо братство на поезијата. Струга, и самата повеќејазична и мултикултурна, Вечерите на поезијата, космо­ политски и универзални по дух, со љубов и почит кон секој глас и збор, иска­ жувајќи се себеси го искажува битието на својот јазик, народ и на заедничкото во човекот, и поетите со својот сензибилитет, со соништата и со својата верба во осамнатиот збор, во совладувањето на самотата и на болката, во одбрана од злото во човекот и од човекот во времево зовриено од спротивности и уг­ рози, во пеењето за животот наспроти ништото, му ги испраќаа и испраќаат на овој свет благородните пораки од соништа и надеж. За мене и за сите, поезијата и Струга беа и се наш остваруван сон и стварност, барем во оние неколку дена, загледани во иднината, во иднината на поезијата, на нашата и на човекот. Среќен сум што заедно со толку големи учители, современици и пријатели кои сиве години со своите стихови ја по­ честуваа и ги честеше Струга, го сонував и остварував, и можам да речам со радост дека го исонував тој убав сон - вели поетот Матеја Матевски, еден од основачите на СВП, прв добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга на македонски јазик, објавена меѓу две Струги. Ќе речам само неколку реченици што сакаат да обноват едно сеќавање од пред педесет години, кога во тоа време, летото 1961 година, се собравме да ја одбе­ лежиме стогодишнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци и направивме едно поетско читање во Струга. Бевме дванаесет македонски поети, во една скромна сала, собрани заедно наспроти сите недоразбирања и разлики што постоеја тогаш помеѓу нас. И Струга беше тогаш едно скромно гратче, и самата приредба беше скромна. Но, потоа, собрани околу една маса, одеднаш некако чудесно зближени, почувствувавме сите дека се наоѓаме на вистинско место и во вистинско време. И тогаш, на крајот од тоа дружење, се сеќавам дека Матеја Матевски беше тој што рече: А, зошто да не се собереме вака секое лето и да направиме од оваа средба еден традиционален собир? Идејата беше родена и фати корен: визијата на „Струшките вечери на пое­ зијата“, денес светски познат меѓународен фестивал, во тој миг веќе затрепери во воздухот - вели академик Влада Урошевиќ.

Во во струшката квечерина својот охридски сон го сонуваше и поетесата Сесилија Алварес од Шпанија.

ОХРИДСКИОТ СОН

На Матеја Матевски

Сонува како море езерото на Охрид дално со води кротки, молчаливи и древни. Приливи сонува ветерот кога снагата му ја гали. Сонува дека е море со тие бранови свои со позлатениот песок на брегот од балсам лек. Се гушка игривото билје во длабочините темни и волшебно шумолење чиниш по езерото мине во струшката квечерина... Се послале облаци рујни во пурпурот на тоа огледало ридјето дур залудно бара место во спокојните води. Умира квечерината во една приспивна нежна закитена сета со убавина и мир во спокојот на соништата. Се чини дека сонцето таму би сакало да почива вечно. Струга, август 1998 Сесилија Алварес, Шпанија

53 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 54

спомен на првите гласови на преродбата

55 СВП 50 - ГОДИНИ

За Роман Лубкивскиј, поет од Украина, кој првпат застана во Струга, а вторпат се роди, Македонија е река во која сите поети си го мијат срцето стежнато од болки. ЖЕЛЕЗНА РУЖА Македонија... Тоа е река на заборавот, посестрима на Лета. Македонија... Тоа е река во која сите поети си го мијат срцето стежнато од болки, од жални трње, од камени мозолки... Македонија! Ај десет букви, се словенски букви, со уста од роса ги бакнува ветрот! Македонија... Над срцето твое, над колепката на Струга, јас првпат стојам, а се раѓам вторпат. Македонија! Роман Лубкивскиј, Украина Пред половина столетие тука во Струга, бевме озарени од Константиновата носталгична зора што ја „греит душата“ и од светлината на муграта, на меч­ таената Рацинова посестрима. Таа светлина и денес блеска. Да си посакаме нам и на сите посветени на завлекот на поетскиот збор, Струшките вечери да продолжат по својот пат на убавината, загледани во сонцето на поезијата што изгрева и никогаш не заоѓа - истакнува Матеја Матевски, добитник на престижното меѓународно поетско признание „Златен венец“ на СВП, 2011 година. Струшките вечери на поезија доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, станаа мост меѓу литературните меридијани на светот. Според Стрезовски, тие претставуваат една значајна трибина од којашто секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година се вистински празник за градот, но и за сите вљубеници на поезијата, СВП стануваат значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ огворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезпјата, во таа земја без граници. Пропагирајќи ја поезијата, нејзините вредности, Струшките вечери имаат

непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме. Овде, на ова прекрасно поднебје, живее и расте до непрегледни височини една голема поезија. А, фестивалот е голема хумана порака до сите поети за мирот во светот. Уверен сум во тоа дека Струга ќе прерасне во светска метропола на поетската реч. Всушност, и сега таа го претставува тоа. Ми останува како задача на моите колеги во нашата земја да им раскажувам долго за незаборав­ ните спомени од далечната Струга крај Охридското Езеро и Дрим - восхитено запиша Баламбарас Махтеме Селасие од Етиопија. Името на „Струшките вечери на поезијата“ е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово озозможено катче е овој град - за­ пиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга. Во овие изминати 50 години, „Струшките вечери на поезијата“ станаа светски симбол на поезијата. Тоа го потврдуваат досегашните богати и разно­ видни фестивалски програмски содржини, присуството на голем број истакнати потски имиња од светот, есеисти и литературни критичари кои учествувале на


СВП 50 - ГОДИНИ 56

спомен на првите гласови на преродбата

фестивалот. Тоа се потврдува и со доделувањето на меѓународното поетско при­ знание, наградата „Златен венец“, која досега ја понесоа 46 најеминентни поети од сите меридијани, меѓу кои и неколку добитници на Нобеловата награда. Секоја година на овој поетски собир во Струга одекнува една прекрасна полифонија на многу јазици во светот на многу поетски остварувања, на многу пораки за поетско зближување, за неделивоста на светот, за мир и за разбирање меѓу народите - запиша Стрезовски. Во живописното градче Струга, расположено на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим, создадено од раскошната природа токму за поезијата се разменуваат поетските искуства и достигнувања. Се слави убавината на пое­ зијата, раскошниот поетски збор и високите човечки идеали: облагородување, љубов и остварување на среќната иднина. Како реномиран светски фестивал, „Струшките вечери на поезијата“ се одржуваат под покровителство на УНЕСКО, при што се доделува и награда на УНЕСКО „Мостови на Струга“ за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс.

Поетскиот фестивал од година во година го продолжува својот успешен континуитет и с повеќе се отвара кон светот и станува домаќин на с побројни земји и побројни истакнати поетски имиња од сите континенти. За Думитру М. Јон од Романија не само што е ова најстар фестивал на светот туку тој е и најдобро организиран. СВП значат поле на кое луѓето од овој домен, та и пошироко, од уметноста, можат да се сретнат и да ко­му­ни­ци­ раат. На овој начин поезијата се шири на сите меридијани. Вие треба да имате пред­ вид дека ние доаѓаме од различни држави. Пишуваме на разни јазици, и дека на крајот на краиштата, не постои помала или поголема поезија, туку само поезија, иако во светот постојат големи и мали држави, големи и мали народи. Годините посветени на македонската литература во светот се само еден мал придонес за спријателување, како и почит кон Струга и кон вашата култура воопшто - вели овој романси поет и преведувач, рекордер по бројот на пре­ ведени македонски поетски книги.

57 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 58

струга е волшебното име на Според евиденцијата на Ј. Стрезовски, досега на „Струшките вечери на пое­

зи­јата“ учествуваа неколку илјади поети, есеисти, литературни критичари и научници од областа на литературата од следните земји: Австралија, Австрија, Азербејџан, Албанија, Алжир, Ангола, Аргентина, Бангладеж, Бахреин, Белгија, Белорусија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Велика Британија, Бугарија, Венецуела, Виетанам, Габон, Гана, Гвинеја, Грција, Германија, Данска, Египет, Ерменија, Естонија, Етиопија, Заир, Зам6ија, Изреал, Индија, Ирак, Иран, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Јордан, Југославија, Јужна Кореја, Казахстан, Кариби, Канада, Кина, Кипар, Колумбија, Конго, Косово, Куба, Кувајт, Латвија, Летонија, Либан, Либија, Луксембург, Малта, Малезија, Мароко, Маурициус, Молдавија, Монголија, Непал, Нигерија, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Палестина, Перу, Полска, Португалија, Порторико, Романија, Русија, САД, Салвадор, Сан Марино, Сенегал, Северна Кореја. Сирија, Панама, Словачка, Словенија, Србија, СССР, Судан, Тајланд, Таџикистан, Тунис, Турција, Украина, Уругвај, Унгарија, Филипини, Финска, Франција, Хаити, Холандија, Хондурас, Хрватска, Црна Гора,Ч ешка, Чиле, Швајцарија, Шведска, Шкотска, Шпанија. Многу поети од овие земји и по неколу пати учествувале на „Струшките вечери на поезијата“. На фестивалот се претставени избори од современата поезија на: Италија, Полска, СССР, Романија, Чиле, САД, ОАР, Финска, Алжир, Палестина, Унгарија, Индија, Грција, Франција, Австрија, Венцуела, Чехословачка, Египет, Кина, Австралија, Шведска, Белгија, Англија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Данска, Албанија, Кореја, Шпанија, Бугарија, Русија, Португалија, Мароко, Индија, Холандија, Изреал, Кариби, Турција, Украина, Норвешка, Азербејџан, Бахреин, Гвинеја, Индонезија, Југославија, Кувајт, Малави, Мексико, Мозамбик, Палестина, Панама, Перу, Тајван, Узбекистан, Чехословачка. Издадени се и посебни антологии на овие поезии на македонски јазик. Меѓународното признание, наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг Мостови на истекот на реката Црн Дрим пред повеќеилјадна публика.

поезијата Откако дојдов првпат во Струга во да­

лечната 1984 година, станав зависник од овој град, како наркоманите од дрога. Секогаш нагласувам дека СВП е најдобар од сите фестивали во светот. Затоа, кога ми рекоа да ја прочитам пораката до све­ тот, имав можност тоа што го чувствував за Македонија да го пренесам и на ваши­ от народ. Реков дека Струга е волшебно­ то име на поезијата - се довери поетот Хусто Хорхе Падрон од Шпанија. При „Струшките вечери на пое­ зијата“ постои Меѓународна поетска библиотека со книги од сите досегашни учесници со нивна посвета на библио­ теката. Фондот на оваа библиотека секоја година се зголемува со подарување дела од учесниците. Струшките вечери на поезијата во текот на овие години создадоа значајна документација за меѓународниот поет­ ски архив: книги, ракописи, фотографии, филмови, магнетофонски ленти што му се достапни на секој научен истражувач во оваа област и на секој љубител на поезијата. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативни книги поезија од добитникот на награ­ дата „Златен венец“ во оригинал и во препев на македонски јазик, како и ан­ тологии на земјите учеснички кои се претставуваат на посебна вечер на фестивалот.

59 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 60

струга е волшебното име на

поезијата Го видов Домот на поезијата, просторите, докумен­

тацијата со книгите и портретите на венцоносците, архивата... Го видов тоа што е создавано во текот на овие 37 години поетска Струга. Знаете, денес има голем број заинтересирани од светот кои специјално би дошле во Струга за да ги проучуваат овие големи поети, да истражуваат, да пишуваат за нив... Тоа е големо богатство на една литература и култура, во­ општо... - истакнува Фернандо Аинса од Франција. Во едицијата Плејади се издава Избори од по­ езијата на истакнати поети од светот. Антологии на поезија од земјите учеснички. Избори од поезијата на наградениот поет со наградата за дебитант „Мостови на Струга“. Избор од поезијата на маке­ донските поети добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ на странски јазици. Зборникот на песни од учесниците Кој е кој. Се изадаваат и други пригодни поетски изданија. Во Струга е изграден и Парк на поезијата во кој добитниците на наградата „Златен венец“ заса­ дуваат дрво. Еве како на почетоците на СВП како поетски фестивал се сеќава хроничарот Јован Стрезовски: Содржината на фестивалската 1962 година, вистин­ скиот почеток на оваа значајна манифестација, беше под знакот на Браќата Миладиновци. Првата вечер им беше посветена на Димитар и на Константин Миладинови со уводно излагање на Ацо Шопов - претседател на Друштвото на писа­ телите на Македонија со читање поетски творби од Константина, како и творби од македонски писатели посветени на првиот наш вистински лирик. Втората вечер, исто така, и беше посветена на македонската преродба. По уводното излагање на Гане Тодоровски, беше одржано литературно читање. Третата вечер ў беше посветена на нашата поезија во НОВ и по неа. Реферат на оваа тема поднесе Блаже Конески, а потоа македонски поети читаа револуционерна пое­зија, а по рефератот на Матеја Матевски, четвр­ тата вечер, се одржа литературно читање на кое на­ ста­пија повеќе поети со свои песни. Покрај овие вечери, во рамките на фестивалот беше организиран разговор на учесниците на тема: ­Актуелни проблеми од областа на современата маке­ дон­ска литература и поезија.

61 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 62

ти си ми езеро икона Во 1963 година „Струшките вечери на поезијата“ ја збогатија својата програма

со нови содржини и се зголеми бројот на учесниците. Фестивалот е одржан од 27 септември до први октомври, со учество на 48 поети и критичари од сите републики на некогашна Југославија. За првпат во програмата беше организирана тематска вечер: Простори и неспокојства на која настапија поети од Македонија со необјавени песни. Организирано е и литературно утро на кое учествуваа писатели за деца од Македонија и од другите републики. На завршната вечер се доделени три награди за најдобри необјавени песни, за првпат прочитани на „Струшките вечери на поезијата“, и една награда на публиката - кажува Стрезовски. Манифестацијата продолжила со настап на учесниците на литератур­ ното читање во разурнатото Скопје, што само два месеца пред одржувањето на СВП беше погодено од катастрофалниот земјотрес, За Скопје во 1963 година Луси Албертини од Франција испеа песна.

ТЕКОВИ

Скопје 1963

Кога земјата се тресе, Часовникот запира Потресот го приковува часот, Земјата се движи, земјата се отвора. Живиот се вкочанува Вон секое траење. Времето испипува И се запира, Облаците во оро, флуиден морски валс, Животот се сонува Животот се пробдејува. А едно утро, Обло или чудно, Во својата граѓа, животот Си го вклучува тресењето. Белеј, 1963 Луси Албертини , Франција

63 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 64

ти си ми езеро икона

65 СВП 50 - ГОДИНИ

Таа, 1963 година, воведена е за првпат и наградата за најдобра поетска збирка од македонски автор, која го доби името „Браќа Миладиновци“ која стана традиционална. Прв добитник беше Матеја Матевски за книгата поезија Рамнодневница. Награда „Браќа Миладиновци“ 1963

МАТЕЈА МАТЕВСКИ

Роден во Истанбул, Турција, 13. 3. 1929 година. Поет, литературен и театарски крити­ чар, есеист, преведувач. Студира во Белград и во Скопје, каде што дипломира на Филолошкиот факултет (1956). Подоцна (1962-1963) на Институтот за театарски студии во Париз го изучува модерниот француски театар и драма. Работел во Радио-телевизија Скопје како нови­ нар (уредник на културните и литературните програми), потоа како главен уредник и дирек­ тор на телевизијата и генерален директор на Радио-телевизија Скопје (1967-1977); ја вршел функцијата претседател на Републичката коми­ сија за културни врски со странство (1977-1986) и член на Претседателството на СРМ (1985-1986). Бил наставник во стручно училиште, уредник во книгоиздателството Кочо Рацин (1961-1962) и редовен професор на Факултетот за драмски уметности по историја на светската драма и театар (1975-1985). Матевски е еден од основачите на „Струшките вечери на поезијата“, на Рациновите средби, на Охридско лето и нивни повеќегодишен претседател. Бил претседател на друштвата за пријателство на Македонија и на Франција, Македонија и Норвешка и Македонија и Турција, претседател на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар (потоа негов почесен претседател), уредник на литературните списанија Млада литература и Разгледи. За дописен член на МАНУ е избран 1979 година, а за редовен во 1983 година. Бил претсе­ дател на МАНУ (2001-2003). Дописен член на Северноамериканската академија на шпанскиот јазик во Њујорк (2002); член на Европската академија за наука и уметност во Салцбург (2003); член на Европското друштво за култура во Венеција (2004); член на Норвешката академија (2005); почесен член на Албанската академија на науките (2006); дописен член на Словенечката ака­ демија на науките и уметностите (2007). Има објавено повеќе книги поезија, литературна и театарска критика и есеистика, како и педесетина книги препеви на поезија и преводи на драмски и прозни текстови од неколку јазици (шпан­ ски, француски, италијански, албански, руски, српски, словенечки). Тој е еден од најпознатите македонски поети во светот. Неговите поетски дела се објавени на сите европски јазици, како и на многу од јазиците на другите континенти. Се смета дека со Дождови (1956) ги поставил темелите на македонската модерна поезија, иако во неа се слушаат трајните поетски резонанции на древноста и вечната префигурација на човечката трагедија во опфатот на смислата на човековиот трагичен опстој на земјата и копнежот по целината на постоењето. Добитник е на голем број награди и признанија. Носител е и на француските одликувања Легија на честа И Уметност и литература. Дела: Дождови (поезија, 1956); Рамноденица (поезија, 1963); Перуника (поезија, 1976); Круг (поезија,

1976); Липа (поезија, 1980); Раѓање на трагедијата (поезија, 1985); Од тради­ цијата кон иднината (критика и есеистика, 1987); Драма и театар (театарска критика и есеистика, 1987); Оддалечување (поезија, 1990); Црна кула (поезија, 1992); Завевање (поезија, 1996); Светлината на зборот (критика и есеистика, 1998); Мртвица (поезија, 1999); Внатрешен предел (поезија, 2000); Искушенијата на идентитетот (критика и есеистика, 2002); Отаде заборавот (поезија, 2003); Копнеж по целина (поезија, 2005). Антологии на шпанската поезија: Шпанската поезија на 20 век (1998) и Десет века на шпанската поезија (2004), како и ан­ тологиите Галициска поезија (1999) и Каталонска поезија (2000). Во 2005 година издадени му се избрани дела во 10 тома.


СВП 50 - ГОДИНИ 66

ти си ми езеро икона

поет на македонските тајнописи Бројот на учесниците во 1964 го­

ЕЗЕРО Ти си ми тоа езеро. Тој цвет од води и небо длапко во снагата на полето птицо во прегработ на ридот Ти ли си тоа старо тоа сонце тој збор од брег до брег од бран до бран што ми иде Те барам долго езеро но каде си ми ти во окото на бранот во грлото на каменот притаена роса врз дланката на планините глас одамна изговорен во пепелта на водите Ти езеро си стројно сјајно крзно од куна волчи заб лист од јасика блеење на ѕвона ти езеро си починка и буна в триста руна кога со снагата од дуња ќе те оплоди она Но никогаш не си ми тука ти карпо растопена од окото на сонцето од издивот на ветерот ти живо сребро на незбиднатите лета ти окосено сено ти булко ти цветање од пена Ти си ми езеро икона одамна што се роди од палетата на сонцето од усните на некој монах ти војник седумгодишен ти печалба си гробна ти невеста ти чекање ти вечно венење во нас Ти си ми тоа езеро. Ти си ми тоа сега. Легнато во тревите во цветот врз карпата чедна но бранот твој е птица без сенката што лета и веќе сè е пена и божило и ветар И секогаш си езеро. Тука си а вечно те нема со еден брег со круг со обрач очите што ми ги стега врз еден врв во едно дно во една грмушка од која ѕверката тајна постојано ми бега Ти си ми тоа езеро. Таа убавина и жена. Песочно пладне. Јарбол со заборавени крила. Мислам дека си присутно. Но, брегот полн е со пена како да не си езеро како да не си ни била А, сепак, ти си езеро издлабена таго во полето преграбу на ридовите сонце постојано само со еден брег со еден обрач со само еден поглед кон себеси загледано како каменот како пламенот. Матеја Матевски

дина се зголемува на 74. Од Ма­ке­ до­нија 61 и 13 од другите тогашни ју­гословенски републики.

Во Струга бев и на првата манифес­

тација, кога денешната средна ге­ нерација ја нарекуваа најмлада по­ етска генерација. Сега „Струшките вечери на поезијата“ се најголема и најсериозна поетска манифестација во Европа. За тоа се најзаслужни македонските поети, кои навистина со голем ентузијазам го одгледуваат култот кон поезијата - се сеќаваше Божидар Шуица од Србија, години подоцна.

Првата вечер, по уводниот збор

Местото на македонската поезија во југословенската поетска реч, наста­ пија поети од сите републики. На­ ред­ната вечер, во црквата Св. Софија во Охрид се одржа тематска приред­ ба Создавање на боите што ја подгот­ ви Влада Урошевиќ. Разговорот се одвиваше на тема: Поезија и кому­ никативност. На тематската вечер: Езерото во стиховите на македонски­ те поети во избор на Гане Тодоровски и Томе Момировски, настапија авто­ ри од Македонија. На последната, наградна вечер се доделија наградите за најдобра поетска збирка и најдо­ бри песни прочитани на фестивалот - така запишал педантниот хроничар Ј. Стрезовски, но периодот на одржу­ вање на Фестивалот не го посочува.

67 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 68

поет на македонските тајнописи

69 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1964

Анте Поповски

Роден во Лазарополе, 3.6. 1931 година, а почина во Скопје, 1. 10. 2003 година - поет, есеист, препејувач, публицист, академик. Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се вработува како асистент. Извесно време работи како лекар во Дебар, но од 1955 година, кога од печат му из­ легува првата стихозбирка Одблесоци, ја на­ пушта медицината и исцело се предава на пое­ зијата. Член е на ДПМ (1956) и член на Извршниот совет на Македонија; директор на НИП Нова Македонија и на Вардарфилм во Скопје; потпретседател на Републичката коми­ сија за културни врски со странство; претседател на ДПМ (во два мандата) и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). За редовен член на МАНУ е избран во 2000 година и е член на Светската академија на поезијата (2002). Препеал од разни јазици видни поети од Балканот и од Европа, меѓу нив и библиската Песна над песните’. Застапен е во сите антологии на македонската поезија, како и во Антологијата на светската поезија. Неговата поезија е пре­ ведена на повеќе јазици во светот. Еден е од најзначајните македонски поетски творци. Поет на епот и епопеите, на болните македонски и старословенски тажачки и елегии, поет на македонските тајнописи и родописи, на митскиот поетски говор вкоренет во источната, византиска и христијанска македонска поетска традиција. Македонија и нејзината трагична историска судбина е во средиштето на неговата поезија. Неа тој ја воздигна во мит. Добитник е на високи национални и меѓународни награди и признанија. Дела: Одблесоци (поезија, 1955); Вардар (поезија, 1958); Самуил (поезија, 1963); Непокор (поезија, 1964); Камена (поезија, 1972); Тајнопис (поезија, 1975); Љубопис (поезија, 1980); Родопис (поезија, 1981); Сина песна (поезија, 1984); Глас од дамнината (публикација од литературно-историски и поетолошки ка­ рактер, 1986); Ненасловена (поезија, 1988); Оковано време (статии и коментари, 1991); Меѓу животот и знаците (есеи, 1991); Провиденија (поезија, 1995); Окото, светлините (есеи, 1996); Света песна (2001); Две тишини (2003). Составувач е на Светата земја на зборот (1995), антологија на јидиш поезијата, и на Орфеј и Исус: библиски мотиви во современата македонска поезија (2000).

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Кон Македонија (Одломка) Со разум на маж и здравје на топла земја Дојдов да лутам ноќ и ден, крај вкраја и никој нигде ништо. Се опаметувам, но што? Јас веќе залутав И касно е и за најмало покајување Дојдов со едно тело - со рани за две се враќам На моето чело најцрната клетвае изречена Не проколнувај го душманот и името да ти го носи - И под девет бездни татковината ќе ти ја изнајде. А со разум на маж и здравје на топла земја Дојдов на врела крв моите соништа да врзат И спокојно се обидувам да си го прочитам името На камен од своите гради Македонија што ќе ми го запише. Анте Поповски


СВП 50 - ГОДИНИ 70

мост со мост, ние сите

Во 1965 година фестивалот добива меѓународен

карактер со поети од Бугарија, Полска, Ро­ма­нија, СССР и Чехословачка. На, 26 август, по уводниот збор на д-р Милан Ѓурчинов Пое­зи­ја­та - земја без граници, настапија поети кои читаа свои песни, а вечерта продолжи во салата на хотел Гранд, со чи­ тање песни од поети учесници на струш­ките вечери на поезијата, под наслов: Ноќ без ин­тер­пунк­ција. На 27 август беше прире­ден рецитал во Св. Софија во Охрид: Гласови од темнината на тексто­ ви од старата македонска книжевност. На Саму­ ило­вата тврдина во Охрид беше организиран ве­ черен Ми­тиг на поезија. Во оваа година за првпат е организирана спек­ такуларна­та приредба Мостови. Една од централните приредби на СВП е Ме­ѓу­на­род­ ни­от митинг Мостови, што во програмата се внесе во далечната 1965 го­дина и со својата атрактивност и спектакуларност стана цен­трална приредба на ма­­ни­фес­тацијата. Митингот неколку години го отварав јас со пес­ната на­­пишана за оваа пригода, под на­слов Здра­ вица на мостови, која завршуваше со стихови­те: мост со мост, јас во тебе, мост со мост, ти во мене, мост со мост, ние сите... Да наздравиме, о мос­тови со песна! - се при­сеќава Јован Стре­зов­ски. Во подоцнежните години многу странски поети напишаа песни инспирирани од Мостовите, а меѓу првите беше италијанскиот поет Алберто Марио Морикони.

71 СВП 50 - ГОДИНИ

ПОЕТИТЕ ОД МОСТОТ ВО СТРУГА Врз еден мост, меѓу води на една река и езеро едно, меѓу ѕвезди кажав стихови за љубов на мноштво народ стивнат на двата брега. За друга, зборував, река, далечна, и за двајца истркалани врз ледина љубовници, ту молчат, ги дишат тревата и воздухот месечев; ту го слушаат текот на реката долу, помеѓу калуни и трски. Скротена реката си оди: човекот има насипи и брани и полиња алчни и стоилјади потоци на жед Реката го моли тоа дално море... И другите кажаа на свој идиом, од мостот, на болот и на смртта и таинственост... Да, за ромонот бегол наш како оној на мојата река, или оваа река, во бледилото ѕвездено, кај што јас... Јас ги слушав мноштвото луѓе како дишат како го разбираат мојот јазик и секој друг јазик на мостот: и, на кој и да е род сите, прекрасно, на ист глас распеан, и од еден и ист благ извор од една блага, иако незнајна утока. Тоа беше молебен нов, нова љубов, меѓу тие невидливи брегови и мостот, меѓу водите и трепетот ѕвезден. Алберто Марио Морикони, Италија


СВП 50 - ГОДИНИ 72

мост со мост, ние сите Награда „Браќа Миладиновци“ 1965

Радован Павловски

Роден е во Ниш, Р. Србија, 23. 11. 1937 година - поет, публицист, патописец и колум­ нист. Живеел и творел долги години во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (19821985), а од 1985 година живее и твори во Скопје. Член е на Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија, на Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ, како и на ДПМ (од 1961). Во 1960 година заедно со Богомил Ѓузел го објавуваат мани­ фестот Епското на гласање (1960). Во духот на традициите од европските книжевни движења двајцата поети ја најавија и ја објаснија својата поетика преку манифест - форма. Она што овој поет го направи на својот почеток со својата дебитантска збирка Суша, свадба и селидби (1961), а што многумина пред него не го направија, е комплетното откажување од формите на традиционалниот стих. Така, својата песна ја сведе само на најсуштинското - метафоричноста. Се чини дека толкаво изобилство на фигуративност не познава ниту една друга поезија во македонската книжевност. Но, ова изобилство лесно можеше да го доведе поетот да падне во сопствената стапица. Зашто таквата хиперпродукција на фигури-метафори предизвикува една негација на многузначноста на песната и во тој контекст таа фигуративност се сведува на метафоричен манир. Со збирката Клучеви (1986) почнува да го редуцира својот исказ во смисла на должината на песната зашто пред оваа збирка (особено во Корабија, 1964 и Низ проѕирката на мечот, 1971) се сретнуваме со изразито долги песни, кои критиката ги нарече поеми. Дела: поезија: Суша, свадба и селидби (1961), Корабија (1964), Високо пладне (1966), Боемија на природата (1969), Низ проѕирката на мечот (1971), Сонце за кое змијата не знае (1972), Пир (1973), Зрна (1975), Молњи (1978), Стражи (1980), Чума (1984), Клучеви (1986), Марена (1986), Јавач на звукот (1995), Штит (2001), На едно око (2002). ВЕНЧАЊЕ Ако те заведе свадбеното ехо на поетот Не ќе го најдеш него крај родното огниште пепел да мери Чекорот на поетот е додаден за замореното време Мојава душа маска нема Затоа сè ме прозре и осаменост на душава во далечина ми се навлече Од моиве очи роди очи безболно да го гледаат светот Само една ноќ за нашата душа раѓа сонцето и срце во кое

73 СВП 50 - ГОДИНИ

си ги одмеруваме силите на љубовта Сахарин горчлив е поетот Марија Јас ко гладијатор на државен празник инаку не се собираат луѓето да го слушаат поетот освен сиромашните кои празнуваат со цвет и парола за иднината ним чулата им се запечатени зашто уште една песна за она што им е тајна им треба за да станат пена на животот Јас ним најубав говор за љубовта би им одржал А вака се венчуваме сами Не ни требаат смртни дарови Мираз песната прстенот верноста и страдањата ни се Во ноќта нашите очи отаде ноќта очи на денот стануваат Народот море на копното зборува она што сака да биде Од ниедно бојно поле Историјата што се насмевнува како лутиче во слобода ни парец не му донесе на поетот Марија, ене веслачи на кои веселоста на дното им скапува и веслачите со тажни очи веслаат со нашата свадбена вест по клисурата кон Река а таму Марија по нивчиња осамени и камени убави моми плеват жито од зли треви а Возачот што ги вози болните на времето бесплатно ги вози момите до градот Градот што не ја поднесува свежината на цветот а ко демон тагува за планината Тишино на нашето венчање држи ни го духот во цврста заклетва Олтар на моето дишење со порите на твојата кожа О градови што не ја познавате нашата љубов на векот ви проштеваме Марија ние не сме убави од храна. Од непослушности во детството казнувани Ние сме поубави и од бајка Мускуливе на телото затегнати ми се како жиците на харфа Ставено ни е срцето како камен врз харфата Место подарок за нашето венчање потсмев ќе ни испраќаат и ко богомолки ќе љубоморат Природата потајни мапи има и штом сред некое горчливо скитање ќе треба да го родиш нашиот син со пет прста ќе го довикам морето Првата слика што треба да ја види нашето дете. Радован Павловски


СВП 50 - ГОДИНИ 74

венецот, ах венецот

75 СВП 50 - ГОДИНИ

1966

СВП во 1966 година прераснаа во институција. Во про­ грамата како новина се воведоа приредбите: Стихови и тонови и Ликовно-поетскиот салон. Стихови и тонови се вклопија во про­ грамата, наоѓајќи ги допирните точки на поезијата и на музиката. Всушност, музички творби на познати композитори, инслирирани од поетските текстови на македонски автори. Манифестацијата Мостови го потврди своето значајно место во програмата. На неа, покрај пи­ сателите од Југославија, настапија поети од: Бугарија, Сојузна Република Германија, Италија, Полска, Романија, СССР, Турција, Унгарија, Франција и Чехословачка. Во оваа година за првпат се востанови наградата „Златен венец“ за најдобра песна прочитана на Вечерите. Идејата за доделување награда „Златен венец“,, произлезе од Советот на СВП. Нацртот на Златниот венец го изработи Димче Протуѓер, кој беше член на Советот на СВП, македонски сликар и графичар, еден од основоположниците на македонското сликарство по ослободувањето. 3латниот венец го изработи златарското претпријатие Рубин од Скопје, кое продолжи да го изработува и натаму. Идејата за Венецот беше добитниците на ова признание да понесат со себе нешто што е рачната изработка, некое обележје кое ќе ги потсетува на ма­ке­донското народно творештво, а и со цел овој симбол да асоцира на Ло­во­ ро­виот венец, кој Григор Прличев го добил во Атина за поемата Сердарот. Потоа, по урнекот на „Златниот венец“, се изработи и логото на Струшките ве­чери на поезијата - стилизиран венец со годината на одржувањето во сре­ дината и со написот крај него: Струшки вечери на поезијата, на македонски, англиски, француски и руски јазик, јазици на кои кумуницираат СВП - раска­ жува Јован Стрезовски. Но, Фестивалот, во дадечната 1966 година, додава Стрезовски, се одвиваше во тажна атмосфера поради трагичниот настан: тој ден во водите на езерото животите ги загубија двајцата поети учесници: Блажо Шќепановиќ и Лазар Вуч­ковиќ. Тој трагичен ден, со трепетлив глас се враќа назад во времето писателот Јован Стрезовски, тие двајца заедно со поетите Оскар Давичо (Србија) и Фахрадин Гунга (Косово) откако ручаа во малото ресторанче на брегот на езерото во Струга, решија да прошетаат со кајче по езерото. Но, по извесно време се пронесе потресна вест дека кајчето се превртело и дека Блажо Шќе­ па­новиќ и Лазар Вучковиќ се удавиле, а Оскар Давичо и Фахрадин Гунга се спа­силе, испливувајќи до брегот. Веднаш почна потрага по настраданите поети со неколку рибарски чунови и набргу беа пронајдени телата на Блажо и Лазар, вклештени со прегратки еден во друг. А, сè тој ден како да беше против нив: не сакаа да ги вози рибарот од кого го изнајмија кајчето, туку сакаа сами да веслаат, ненадејно зафати ветер и фатија големи бранови, се возеа со кајчето во делот на езерото што е засолнет со трски, така што не се гледаа од брегот, па во критичните моменти никој не забележа дека им е потребна помош, кај­ чето беше метално и кога се превртело веднаш потонало не давајќи им можност да се држат за него и најкобното - двајцата не знаеле да пливаат.

Трагичниот настан н потресе сите нас, и организатори и учесници и граѓаните на Струга. По одржаната комеморација, нивните тела беа пренесени со авион до нивните родни места. А, на истекот на Дрим од езерото, во близина на Мостот на поезијата, се постави спомен-плоча со нивните имиња. На од­ редени годишнини се обновува сеќавањето на нив. Ден пред трагичниот настан, кога Лазар Вучковиќ допатува во Струга, ја предаде песната што требаше да ја чита на Мостови, а во која има стихови со фатално претчувство: Водо насочена, падот е твоето движење, падот е можност да се живее, па секогаш умираш подалеку од родното место Прости ги сите навреди распалевена како сè што е лекомислено, водо жедна за мене.


СВП 50 - ГОДИНИ 76

1966

златен венец Роберт Рождественски

Роден во Косиха на 10. 2. 1932 годи­ на во Москва, а починал на 3. 6. 1994 година. Руски поет, професионален писател. Со своите стихови пишувани концизно и пре­ цизно предизвикуваал спонтано одушеву­ вање од широкиот аудиториум. Неговите реторични стихови имаат извесен публи­ цистички карактер, полни со ритам и со ентузијазам, инспирирани од книжевната традиција и посебно од Мајаковски. Мошне силен впечаток оставила неговата книга Реквием (1961) со стихови посветени на татковинската војна против фашизмот. На македонски јазик е објавена неговата книга Се роди човек, Мисла, Скопје, 1970.

роберт рождественски СЕ РОДИ ЧОВЕК Дрвја, паднете ничкум потајум! Ровјо непослушна, задави се в шум! Се роди човек. Тој - беден е! Друмник сам на друм! Подајте му на бедникот! Подајте му на бедниот, сега, в мигов кус, од млеко мајчино вкус, и одаа без провев пуст подајте му на бедниот. Со збрани веѓи, гледај, гледа тој, намрштен гледа на светот, со неспокој, и плаче човекот.

Тој бедниот тој! Подајте му на бедниот. Подајте му го најпрвиот чекор, со страст, в уши - од песна лулкина глас. За трите мечиња од сказните, в час, прочитајте му на бедниот. Нека го знае ноќниот мрак, дневниот сјај, нека се привикне на брег без крај. Подајте му азбука, ај, подајте му на бедниот. Нека поверува во добрината, нека проверува како се чека бедата зината. На трудот непојмлив вистината нека ја изучи бедниот. Ке израсне човекот. Тој А вие од земјините колови од очите свои, сета таа земја без граници што стои, дајте му ја на бедниот...! Но, нека сам си најде љубов. Не бива да му се подаде љубов. Само на бедни подаваат љубов. А тој Не, не е беден тој! Роберт Рождественски

77 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 78

79 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1966 година

Богомил Ѓузел

Роден е во Чачак, Србија, 1939 година.

Поет, раскажувач, драмски писател, есеист, пре­ ведувач. Завршил студии на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Ги превел делата на Шекспир, Одн и Елиот. Бил директор на „Струшките вечери на поезијата“. Еден е од основачите на Независните писатели на Македонија. Дела: Медовина 1962, Алхемиска ружа 1963, Мироносци 1965, Одисеј во пеколот 1969, Бунар во времето 1972, Тркало на годината 1977, Стварноста е сè 1980, Опсада, 1981, Празен простор 1982, Мрак и млеко 1986, Рушејќи го ѕидот 1989, Одбрани песни 1991, Гол живот 1994, Хаос 1998, Она 2000; есеи: Историјата како маштеа 1969; проза: Куќа цел свет 1975, Митостории (три драми) 1982, Легенди 1984, Одбрана поезија (19622002), 2002.

МИРОНОСНИЦИ (Одломка) Зборовите што ти ги дадов, дали ја поарчија карпата од која се одвоија со ударот на длетото, со гребаниците нокти ил со постојаното растење внатре во неа, дали нивното ехо во пештерата ја разурна планината-тишина? (Планината зар ја покажасвојата утроба од експлозијата на семињата? Да, во орфејското растење во густежот на гранките што го покрија небото.) Несомнено постоеше удар на длето, а не само растење. Длето, и дури нож на бел ден, спроти срцето со кое разговаравме - зборовите наши сал спроти сета осаменост и тишинана светот. Удар во твоето тело, во плотта и во месата, како што плугот ја удира пролетната бразда. Но, што се случи? Планината секако ја разурнаа и каменот го пренесоа во градиштата вѕидан во фасадите за светлината само потем со него да се игра; каменот така оживе во живо месо, но планината се покри пак со безмолвно мраморно растење. Планината секако истече во грагорот од ерозијата, кога во неа удри громот на грамотната песна - во ерозијата што е своеглаво пеење на елементите во склад со времето и гравитацијата. Зборовите секако се одвоија од месата, оставајќи рани што бргу се залечија, и поставени во градба станаа цврст камен сал свесноста разгорена во јасен пламен со нив да се судира. Навистина, пак и несомнено, остана зад нас по некој збор ко диво месо, ко грба, ко паразитна габа, од бујното растење да се хранат. Но ништо - штом сме каменоресци и љубовници, а не хирурзи. Богомил Ѓузел


многу славни имиња на поетскиот збор

СВП 50 - ГОДИНИ 80

81 СВП 50 - ГОДИНИ

Од сè срце им честитам на поетите и воопшто на македонските писатели, кои

откако лично ги запознав сум присилен да ги почитувам и да ги сакам. Успехот на поетските вечери е целосен зашто тука, во убавата Струга, ни е дадена можност да се сретнеме со многу славни имиња на поетскиот збор, да разме­ ниме мислења и поодблиску да се запознаеме - истакна Стефан Аугуст Доинаш од Романија. На „Струшките вечери на поезијата“ во 1967 година учествуваа 110 литературни творци. Големо интересирање пројавија поети од многу земји во светот: Германската Демократска Република, Етиопија, Индија, Италија, Норвешка, Полска, Романија, СССР, Чехословачка, Турција, Унгарија и Франција. Вечерите почнаа со откривање спомен-плоча на трагично загинатите поети во брановите на езерото, Блажо Шќепановиќ и Лазо Вучковиќ, учесници на СВП во 1966 година. По оддавањето почит на Браќата Миладиновци пред нивниот споменик отворен е ликовно-поетскиот салон, се одржа манифестацијата Песната меѓу две лета, промоција на Езерска земја, мала тематска антологија на македонската поезија и меѓународниот митинг на поезија Мостови, на кој песните од стран­ ските учесници, покрај на оригиналниот, се читаа и во препев на македонски јазик. „Струшките вечери на поезијата“ ми го потврдија верувањето што го добив минатата 1966 година, дека современата македонска поезија навистина заслужува да ја запознаат унгарските читатели - ги оцени СВП Золтан Чука од Унгарија.

1967

златен венец Булат Окуџава

Роден е во Москва, 9. 5. 1924 година, а починал во Кламарт, 12. 6. 1997 година. Истакнат руски поет и кант-автор. Голем дел од своите песни сам ги компонирал и постигнал голем успех во поранешниот Советски Сојуз. Поетскиот стил му е каме­ рен и лирски. Неговата збирка Биди здрав, ученику (1961), ја третира темата за учест­ вото на младите луѓе во Татковинската вој­ на против фашизмот и е преведена на по­ веќе јазици. Автор е на прозни и драмски дела како и на филмски сценарија.

ОЛОВНОТО ВОЈНИЧЕ НА МОЈОТ СИН Под славеи си ѕуни светов, си дрочи земја под мајски дожд. И молчи само војничето од олово - од зарек лош. Се гледа, тажен мајстор в свет го пуштил починка да нема. Го прашаш: - Сè ли е во ред? И тоа на нишан те зема. Си минат делници и сведни во метеж врви век по век, се смеат среќни, плачат бедни, а тоа демне сè на штрек. Го чека врагот, со опул прав, што негде суров поход спрема... - Не ли ти е страв? И тоа на нишан те зема. Си живее, на делби гласник, војничето во својот кат, не тревоги го јаде јасник, па стиска в раце автомат. Си живее мој бранач мал - Да не ти е жал? И тоа на нишан те зема. Булат Окуџава


СВП 50 - ГОДИНИ 82

многу славни имиња на поетскиот збор Награда „Браќа Миладиновци“ 1967

Влада Урошевиќ

Роден во Скопје на 17.10. 1934 година. Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ли­ ковен критичар, есеист, антологичар, преведу­ вач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната Академија Маларме во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ. Се јавува како пасиониран истражувач на противречната феноменологија на литературната и на научната фантастика, на митолошките системи на минатото и на денешнината, на ира­ ционализмите од ониричките доживувања присутни во модерниот и постмо­ дерниот поетски и раскажувачки дискурс, почнувајќи од книгата Мрежа за неуловливото (1980), преку Нишката на Аријадна (1985) и Демони и галаксии (1988), па сè до Астролаб (2000). Затоа, и како автор израснува во поет и раска­ жувач на фантастичното, ониричкото, надреалното. Дебитира со стихозбирката Еден друг град (1959). Првиот негов роман го носи насловот Вкусот на праските (1965), а првата негова збирка раскази Знаци (1969). Урошевиќ ја претставува најкомпетентно т.н. трета генерација македонски поети преку антологискиот избор Црниот бик на летото (1963), а потоа и со есеи и критики собрани под наслов Врсници (1971). ДЕЛА: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967), Знаци (раскази, 1969), Врсници (критики и есеи, 1971), Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Ѕвездена терезија (поезија, 1973), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа на неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Хипнополис (поезија, 1986), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Митската оска на светот (критики и есеи, 1993), Ризиците на занаетот (поезија, 1993), Мојата роднина Емилија (роман, 1994), Паники (поезија, 1995), Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Париски приказни (записи и патописи, 1997), Астролаб (критики и есеи, 2000), Дива лига (роман, 2000); антологии: Француска поезија - 20 век (1972), Црна кула (1976), Современа македонска поезија (на српскохрватски јазик, 1978), Космос в амбар (на хо­ ландски јазик, 1980), Кула (на узбечки јазик, 1981), Големата авантура: фран­ цускиот надреализам (1993), Шуми под море (кратката прозна форма во фран­ цуската литература, 1994), Златна книга на француската поезија (1996), Седум француски поети (2001). Избрани дела (2004).

ЛЕТЕН ДОЖД Дожд врне како жена кога спие, како дете кога учи наизуст песна, дожд врне како бегалец кога се крие, дожд врне како песна прелага на годишните времиња, врне како кога се сака, врне лудо како на сон, како кога рид стрмен се наведнува над нас, врне како чудо, дожд врне како кога се слекува стара кожа, како кога се трча по изабен мост. О, кој ќе го научи наизуст овој дожд, оваа секојдневна изненада, оваа неповторливост? Влада Урошевиќ

83 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 84

струшки вечери на поезијата по шести пат Во 1968 година тематска вечер што се одржа на свеченото отворање на 25 август беше посветена на Илинден со рециталот: Огнови илинденски, во избор на д-р Ѓорѓи Сталев. Чувствувам необјасниво долга традиција. Колку што сум запознат, „Струшките вечери на поезијата“ годинава се одржуваат по шести пат. Но, тоа временски не е многу. Судејќи по она што овој поетски фестивал нуди, човек добива впечаток дека оваа манифестација како да живеела повеќе од сто години изјави Роберт Марто од Франција Во оваа фестивалска година за првпат беше одржана меѓународна средба на млади поети од Југославија и од повеќе земји во светот, организирана од Сојузот на литературните дружини и клубови на Македонија

1968

златен венец Ласло Наѓ

Роден е во Исказ, Унгарија на 17. 8. 1925 година

во Будим, а починал на 30. 1. 1978 годона. Носител на новиот творечки израз во совре­ мената унгарска поезија. Добитник е на нај­ високите унгарски награди. Во 1969 година, врз основа на буквални преводи, препеал и стихови од неколку македонски автори за Антологијата на македонската поезија, обја­ вена во Будимпешта. Дела: Исчезни бол­ ко,1949; Топчијата и ‘ржта, 1951; Свр­ше­ни­ца на сонцето, 1954; Бисерот на неделата, 1965; Мајска слана, 1957; Химна на секое време, 1965; Крадец си во песна што се крие, 1973; Камбаните доаѓаат по мене, 1978. На Ма­ кедонски јазик во 1970 г. во препев на Пас­кал Гилевски, објавна е неговата поетска книга Крадец во песна што се крие.

КРАДЕЦ СИ ВО ПЕСНА ШТО СЕ КРИЕ Крадец си во песна што се крие, од молби, од грижи, од сопствена судба злогласна шума и изѕемнат честар ти создаваш кроце околу себе, притоа ноќ црна, кај што и твојата кошула е развеан свилен призрак, сал пламен од алкохол што се пие, крадец си во песна што се крие, твоите очи, и твоите очи се чудат

како што се шират отворите лисни и се стеснуваат, но пак на друго место, непрестајно намерно, а бесцелно, однадвор глутничав оган и стега, однатре рујни ѕвездички од срна, однатре од крвта твоја, од железото на крвта меѓу азурните окна на твоите опна заслепителен свет е твојот замет и твојот грев, зашто таму денот во сјај се мие, крадец си во песна што се крие, благословено брадесто мајчинство, партизанско мајчинство, со лесна круна, за да не бидеш жив барабан на оној празник на тупаниците во етерот што се движат, за да не ја згазиш смислата на својот бит, зад тие гнили мешунки на смртта, да не ги соберат краците склештени рајските светкавици на твоите сетила, би се смрзнала се, кога камен столб би ја облекол кошулата забревтана твоја, крунисај се со лисја и чувај се од она што бие, крадец си во песна што се крие, тоа си, зашто небесни и земни кругови тлеат и птицата ко пепел паѓа, зашто лудо се врти во траур оној што го донесе тркалото во светот, и плаче на Јаворот пропелерското семе што стана со праидејата изведена од него се отвораат: на смртта момините солзи и се затвора постоењето - зашто и благословот матен е, и зашто се меша слодух со барут, зашто вртејќи им грб на коси од сјај вџашено дете мајчините врати ги удира со тупаница и вчудовидено би истрчала низа од белточини и огромни глутници од планински сртови назад да се скријат во смелите, ситни праќелии, под запалените месечини кај што се спие - крадец си во песна што се крие, врз тебе чизми од мов и населба од мрави, и се потиш од отровите на немирот и судиш меѓу трњето на верноста, а верноста вечно околу тебе, се вие, крадец си во песна што се крие својата ракавица: петпрсната лилија ја фрлаш пред песовите што душкаат, те испитуваат, и се цеди од неа крвта. Ласло Наѓ

85 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 86

струшки вечери на поезијата по шести пат Награда „Браќа Миладиновци“ 1968

Петре М. Андреевски

Роден во с. Слоештица, Демирхисарско, на 25. 6. 1934 година, а почина на 25. 9. 2006 година во Скопје. Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уред­ ник во Македонската радио-телевизија. Бил член на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишува стихови, раскази, рома­ ни, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и маке­ донската критичка свест. Својата вечна преоку­ пација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпрена врз фабулата туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се вели дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот Пиреј македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката Дениција ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината, и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца (Шарам барам и Касни порасни). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и на алузијата, на јазичната игра и носталгичната меди­ тација. ДЕЛА: збирки поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999); збирки раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994); романи: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1997) и Тунел (2003); драми: Време за пеење, Богунемили (1984), Бежанци (2007, постхумно).

ПЕСНА ЗА НЕЈЗИНАТА ПЕСНА Немаше земја кај што не ја сретнав неа, оти без неа бев никој и никој не ме познаваше. По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот. Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко, главата ми се полнеше со запаливи течности, бели и црвени дождови капеа од овошките, житата и шумите ја следеа во групни походи, и с околу неа ја добиваше нејзината форма. Кај што јас влегував таа излегуваше и од отворите ја мразев само нивната празнина. Ме рануваше како невеста, целеше како сестра, блажената ноќ што ја открив во неа. Бев првиот истражувач на таа топла темница неисцрпна како ѕвездите и бесцените камења кои вечно се празнат, а никако да се потрошат. (Каков страв се пребра во допирот со таа кожа што болскаше и заоблуваше како свртено вретено) Огнот и водата добиваа паралелна брзина и во збирот љубовен постојано се одземаа. Сè што се уништуваше заради неа и сè што се обновуваше беше поради неа. Така светот се делеше на видлив и невидлив, на неослободени земји и на земји во развој, но, немаше земја кај што не ја сретнав неа. Петре М. Андреевски

87 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 88

славење во името на поезијата

89 СВП 50 - ГОДИНИ

Првпат сум во вашата прекрасна земја, која по гостољубивоста и непосредноста

на луѓето потсетува на мојата родна Русија. Струга и сето ова славење во името на поезијата е единствена можност творците од разните националности да се сретнат и меѓусебно да се запознаат, зближат и да ги здружат своите мисли и инспирации за нови творечки потфати. Многуте овде прочитани песни, из­ речени мисли, донесени од сите краишта на светот се свидетелство, и покрај многуте разидувања дека светот е единствен, неделив како јаболко на гранка, како природата вткаена во еден здрав извор, дека токму ние, на крајот од кра­ иштата, еднакво сакаме и мразиме, односно дека сите еднакво сакаме мир и љубов меѓу народите, кажана само на многу јазици - рече Виктор Шкловски од Русија. Во програмата во 1969 година што се одржа од 25 до 31 август, пак, најдоа место оние приредби кои во текот на фестивалските години предизвикаа ин­ терес и го потврдија својот квалитет: Песната меѓу две лета и меѓународниот поетски митинг Мостови на кој настапија поети од Југославија и од Белгија, Велика Британија, Иран, Норвешка, ОАР, Полска, Романија, СССР, Турција, Унгарија, Франција и ЧССР. Исто така, во катедралата Света Софија беше приреден музички концерт на Ана Липша-Тофовиќ. Во ликовно-поетскиот салон беа презентирани дела од академскиот скулптор Боро Митриќески и од академскиот сликар Диме Шумка. Ова е третпат да доаѓам во Струга. Овде како да ми се враќа младоста и добивам нови инспирации. Требаше да патувам во Белгија, но одбив поради Струга. Необично ги сакам овие луѓе, а меѓу македонските поети имам голем број пријатели. Сето тоа придонесува извонредно да се чувствувам - се довери поетот Збигњев Бјенковски од Полска.

1969

златен венец Мак Диздар

Роден е во Столац, Босна и Херцеговина на

17.10. 1917 година, а починал во Сараево на 14. 7. 1971 година. Со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на БИХ. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгроб­ ните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал поетски записи од своите видувања за луѓето и историјата, создавајќи истовре­ мено и нов поетски јазик како соодветен одраз на босанскохерцеговската ствар­ ност. Дела: Видополска ноќ, 1936; Жена пливач, 1954; Крутоста на кругот, 1960 и други.

МОДРА РЕКА Не се знае кај е таа малку знајме но е знајно зад гората и зад долот зад седумте зад осумте и подалеч и полошо преку горки преку морни преку глогој преку трње преку жеги преку стеги низ претчувство и низ сомнеж и зад девет и зад десет и подлабно и посилно преку молкот преку мракот кај што петли и не пеат кај не стига глас на рогот и поклето и полудо зад паметта и зад бога има една модра река широка е длабока е за далноста и не сонуј мрак и темност непреболни има една модра река има една модра река ќе мораме преку река Мак Диздар


СВП 50 - ГОДИНИ 90

славење во името на поезијата Награда „Браќа Миладиновци“ 1969

Миле Неделкоски

Роден е на 25, 10. 1935 година во Прилеп. Поет, романсиер, раскажувач, драмски писател. Бил уредник во издавачката куќа Култура. Член на ДПМ. Автор е на книгите: Срце од злато (по­ езија, 1963), Јужно лето (поезија, 1964), Улавиот од Преспа (поема, 1965), Јавачи на ветар (раска­ зи, 1967), Пепелаши (роман, 1968), Еретиконеротикон (поезија, 1969), Трненки (роман, 1972), Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во сти­ хови, 1974), Пандур (роман, 1982), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ис­ лужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983), Недела ден за каење (поезија, 1984), Битпазар стилски вежби, ете... (поезија, 1984), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985), Потковица на смртта и надежта (роман, 1986), Петрафил за вечната земја (роман, 1988), Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988), Огледала на сенките (поезија, 1989), Создателот и старата еми­ грантка - продавачка на разни плодови (роман, 1991), Логоманија (есеи, 1996), Празникот на светите маченици (роман, 1996). Добитник е и на наградите Кочо Рацин, Рациново признание.

91 СВП 50 - ГОДИНИ

„Струшките вечери на поезијата“ добија меѓународно значење. Ма­ке­дон­

ски­те поети ја продолжуваат оваа форма на среќавање на поетите и успешно ја спроведуваат во животот. Многу години нашите поети учествуваат на „Струш­ките вечери на поезијата“ и сето тоа остава длабок впечаток. Учествував во Струга пред пет-шест години, ги видов приредбите и настапите на поетите на Мостови и многубројната публика која отворено ја прима поезијата - рече Ми­хаил Лукоњин од Русија. А Велимир Милошевиќ од Босна и Херцеговина подвлече: „Струшките вечери на поезијата“ за мене значат првенствено средба на пое­тите од целиот свет. Таквите средби ја афирмираат литературата и создаваат мож­ност уште повеќе да се пробива и шири во светот. А, во тоа „Струшките ве­чери на поезијата“ многу придонесуваат. Во 1970 година програмата се збогати со нови содржини. За првпат во про­грамата заокружено беше претставена една од литературите во Југославија и на една од земјите -учеснички на Струшките вечери. Претставена беше широ­ ка панорама на современата хрватска поезија и беше приредена вечер на совре­ ме­ната романска поезија. Исто така, како новина во програмата беше приредена вечер во катедра­ ла­та Света Софија во Охрид, посветена на портретот на францускиот поет Андре Френо. Унгарците и Македонците се слични по тоа што на прво место ја имаат пое­ зи­јата. Тоа е од големо значење и претставува афирмација. Восхитен сум од чи­тањето на Мостови, од големото интересирање на луѓето, не само за македон­ ската туку и за поезијата од другите земји. Иако стиховите сега не се кажуваат напамет како порано, туку се читаат, публиката, сепак, масовно се одзва да ги слушне поетите од светот. Така Иштван Чукаш од Унгарија се произнесе за СВП.

ДРВЕНА ПЕСНА Затоа што ме возбуди едно дрво, оваа песна ја конструирав од дрво. во черепот дрвен и турив мозок од дрво, нозете и ги обув во дрвени чевли и ја пуштив низ мојата крв. чкрип-чкрап, чкрип-чкрап... о како е одбивна, како е грда со својот звук дрвен оваа дрвена песна! зашто може оган да ја вивне а нема ни душа ни срце за да заплаче, подалеку ја чувам од секој оган. така, мислам, ќе остане вечна вечна, од црвје изгризена, бесилка само за срцево мое. Миле Неделкоски

На Мостовите во 1970 година нас­ та­пија 35 поети од сите земји-учеснички на фестивалот, а во таа пригода му беше врачен „Златниот венец“ на Мио­драг Павловиќ кој говорејќи за СВП рече: Струга е секогаш актуелна, луѓето ја сакаат поезијата. Овде како ретко каде на друго место на светот се почитува поезијата.


СВП 50 - ГОДИНИ 92

1970

златен венец Миодраг Павловиќ

93 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1970

Петар Т. Бошковски

КАРАНИЦИ

Роден во Нови Сад на 28. 11. 1928 г. Срп­

с­ ки поет и есеист, продолжувач на традицијата на интелектуалната пое­ зија, со херметички акценти (87 пес­ ни, 1952,Столб на сеќавање, 1953, Ок­тави, 1957, Млеко од искони, 1962, Голема Скитија, 1969). Големо вни­ мание предизвикал како есеист (Ро­ кови на поезијата, 1958, Осум пое­ти, 1964), како антологичар (Ан­то­логија на српската поезија, 1964, Ан­тологија на современата англиска пое­зија, 1956 - во коавторство со С. Бр­киќ). Автор е и на книгите со есеи и лите­ ратурна критика: Дневник на пе­ната (1972), Поезијата и културата (1974). Во препев на Петре М. Ан­дре­евски, на Македонски јазик е об­јавена него­ вата книга Кавги, Скопје, 1970.

Не прашувајте ме зошто скитам на коњ, сам, меѓу карпи, секој ден по еден збор заборавам и сека ноќ по една ѕвезда губам и секое утро низ друга врата од својот дом бегам, бегам од коренот. Зимата и мракот се вкрстија по длабките барам заветрина на дофат на змеови и арслани, снегот до гуша ме досега и коњот ми пропаѓа в понорница, јас сум фитил под оклопа горам на мразот меѓу два мегдана желен за пофалба на кротката мајка. Но на патот никој не запеа, црквите зимуваат на дното езерско, а лутит оган преку ноќ гледам на врв на Велебит и два џелата прсти загреваат сакаат да ме изгорат сиот, до семенка. Гледајте како горат огновите на врвот од брегот ветровит и не прашувајте ме зошто скитам на коњ, сам, и далеку од селото, барам тревки лековити за себе и за многуте ранети браќа. Ќе слезам од стременот и јас штом се јават трубите од белите двори штом стивнат огновите, штом змиите се покајат и штом брат со брат се прегрне во срцето на кременот. Миодраг Павловиќ

ПЕСОТ НА УЖАСОТ Не остана време жив в земја да згинам: се зададе гладен тој натрапник чакал и во мене вперен ме стаписа така што ниту да мрднам ниту пак да зинам. Ми се фрли голем, ми одзеде рака и додека чекам ситост да го затре, тој нови залаци веќе дроби внатре. Над нас црна птица облетува, грака. Но вистина слаб бев додека бев цел: приклештен кон избор само да се борам, ќе сторам се што не повтев да сторам. Најсилен во она што не ми го зел, се одземам, растам и, мавајќи, знам: тој не мора да победи, а јас морам. Петар Т. Бошковски


СВП 50 - ГОДИНИ 94

траен олтар на вечно живиот поетски збор 1971 златен венец

Фестивалската 1971 година беше јубилејна. Оваа манифестација ја славеше

својата десетгодишнина под покровителство на претседателот на Републиката, другарот Јосип Броз-Тито. На 25 август се отвори новиот Дом на поезијата во кој се одржуваа вечерите. Домот го отвори претседателот на Собранието на СР Македонија, другарот Никола Минчев. Домот свечено се отвори во времето кога претседател на Советот на манифестацијата беше Гане Тодоровски. Тоа беше голем настан и радост и за стружани и за учесниците. „Струшките вечери на поезијата“ има свој Дом во чии темели, кога почна да се гради, се стави шише со пергамент на кој пишуваше: Денеска, на 25 август 1968 година, свечано се постави камен-темелник на Домот на поезијата во Струга, каде што никна и се разви меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Нека овој Дом биде траен олтар и симбол на вечно живиот поетски збор. На свеченото отворање пред голем број учесници и посетители се прес­ тави добитникот на „Златниот венец“, американскиот поет Вистан Хју Одн, кој таа година прв го доби венецот за целокупен поетски опус - се сеќава Јован Стрезовски. Во првите години на одржувањето на „Струшките вечери на поезијата“ најголем проблем беше што во Струга немаше хотели за сместување на учес­ ниците. Се сместуваа во Охрид при што организаторот по неколку пати учес­ ниците ги превезуваше со автобуси од Охрид до Струга и назад зашто при­ редбите се одржуваа во Струга, а учесниците се хранеа и ноќеваа во хотелите во Охрид. Но, за „Струшките вечери на поезијата“ беше среќа што барем во Охрид имаше хотели за да се сместат учесниците, особено оние од странство и да се задржи потребното ниво на фестивалот, додека учесниците од Македонија се смес­ туваа по приватни куќи. Проблем претставуваше и местото на одржувањето на манифестацијата. Таа од година во година се селеше: прво, во летната киносала, па во затворената киносала, па под сламената колиба крај истекот на Дрим, па дел од приредбите се одржуваа во хотелите Палас и Славија во Охрид, малиот хотел Гранд во Струга на чие место подоцна се изгради хотелот Дрим, па во зградата на општествените орга­ низации во Струга, како и во хотелот Бисер во Калишта и сè така до изградувањето на Домот на поезијата и хотелот Дрим - додава Јован Стрезовски. Меѓународното признание наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ се доделува од 1966 година, прво за најдобра песна прочитана на фестивалот, а избрана од меѓународна комисија, а од 1971 година се доделува за целокупен опус на еден истакнат поет од светот.

Вистан Хју Одн

Роден во Јорк на 21. 11. 1907 година, а по­ чинал во Виена на 17. 6. 1973 г. Англиски поет; бил во центарот на вниманието со четирите драми напишани заедно со Крис­тофер Ишервуд, кои го користеле ис­куството на епскиот театар на Бертолд Брехт во плакетарското пласирање идеи. Дела: Песни, 1930; Оратори, 1932; Тан­цот на смртта, 1933; Погледај стране­цу, 1936; Шпанија, 1937. Ги напишал пое­мите: Новогодишно писмо; Морето и огледа­ лото; Време на тегобност, објавени во периодот меѓу 1941 и 1948 година.

МОЛБА Татко, ти кој не си човеков непријател, простувајќи се Осем молбата од изопаченост проникната, биди дарежлив: Прати ни сила и светлост, божји допир Што го лечи неподносливиот нервен јадеж, Уморот на отуѓеноста, гушоболката на лажовите И грлењето со срасната чедност. Забрани го строго извежбаниот одговор И постапно поправи ја положбата на страшливецот Навреме со зраци покриј ги оние ништожните, Да, осрамотените, тие се превртуваат иако несреќата беше голема; Разгласи го секој оној кој ги лечи оние во градот што живеат Или во селските куќи на крајот од патиштата; Опустоши ја куќата на мртвите; погледај озарено Новите стилови на архитектурата, менувањето на уверувањето. Вистан Хју Одн

95 СВП 50 - ГОДИНИ


да живее поезијата

СВП 50 - ГОДИНИ 96

Награда „Браќа Миладиновци“ 1971

Петре М. Андреевски

КУШАЧКА Изболи болештино од кошулава морна, истави се од Перевите раце и нозе, од таа уста зорна, од таа светлост зговорна. Кај мразот се кова, кај плачот ничиј не е, кај темни темници во кочии се возат, биди суво дрво со смртта што живее. Биди конец одденат од поглед на мртва жена, кај в мрамор се диплат мраморните води, кај ветрот ги врти своите ладни вретена. Ко урок урочен од своите лоши очи, убиени камења убиено нек те згодат, ко руга недуга зборов да те осирочи. Биди чардак на сеници сенка што те чинат, на врв на туѓа планина ноќта кај што ноќи, да не стои Пере до колена сред вода и месечина. Измини го почудачко, ко патот што е минат за да му ги најдеме ветените моќи, на тој Менкин далјан, на таа Менкина делнина. Петре М. Андреевски

Единаесеттите „Струшки вечери на поезијата“ ги проширија имињата на земјите и бројот на учесниците опфаќајќи преку дваесет земји од сите кон­ тиненти. На поетските настапи во Струга и во градовите низ Македонија зедоа учество преку сто педесет поети, правејќи го мостот меѓу поетските меридијани с поблизок и поцврст. Симпозиумот што се одвиваше на тема: Враќање кон поезијата го водеше познатиот критичар Виктор Шкловски од Советскиот Сојуз. Во црквата Св. Ѓорѓија во Струга се одржа Утро на духовна музика, а членот на скопската опера Георги Божиков исполни четири духовни песни од стружанецот Калистрат Зографски (Крстан Санџак). Во Света Софија беше приреден портрет на чилеанскиот поет Пабло Неруда, добитник на „Златниот венец“, кој поради болест беше спречен да дојде на „Струшките вечери на поезијата“. Се прочита неговата телеграма која гласи: До Симон Дракул, претседател на Советот на „Струшките вечери на поезијата“. Телеграмата Ваша ја примив. Тешки маки ме спречуваат да бидам со вас на празникот на поезијата. Да живее поезијата! Да живее Југославија! Пабло Неруда.

97 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 98

да живее поезијата 1972 златен венец Пабло Неруда

Роден во Парал, 12. 8. 1904 година, починал

во Сантјаго на 23. 9. 1973. Еден од најзначај­ ните латиноамерикански поети, Чилеанец, ле­в оориентиран. Објавил многубројни збир­ки песни, а книжевната дејност ја за­ почнал со љубовна поезија. Но, брзо се ори­ентирал кон социјалната тематика на от­ворен и на борбен израз со нагласени над­реалистички елементи и станал знача­ ен претставник на ангажираната поезија. Поемата Шпанија во срцето (1937) им е по­светена на напредните сили на републи­ канска Шпанија. Најважно му е делото Се­ оп­шта песна (1950). Во него авторот со нај­голем занес пее за минатото и за сегаш­ носта на Јужна Америка и со огорченост над судбината на народот. Во 1970 ја добил Но­беловата награда за литература. Дела: Песни на залезот, 1923; Дваесет песни за љу­бовта и една за очајот, 1924; Сто љубов­ ни сонети, 1960. На Македонски јазик обја­ вена е книгата Поезија, 1972.

99 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1972

Богомил Ѓузел

СРЦЕТО НА СВЕТИ НАУМ Велаш дека напати, коѓа ќе збесни езерото, во црквето под мраморната плоча, сè уште се слуша тупотење.

Едно срце што ги врзува сите врутоци што ги преде сите ветрови едно срце што ги скиселува сите дождови - чука на мојот праг Во бистрата вода ги согледувам длабоките очи на кристалот и плажата на утробата Трската паѓа нацепена од северниот ветер во зелениот оган на струите врз кои како навлажнет трат чади сонцето Го бакнувам синџирот и ‘рѓата ми станува света пијачка Срцето стана пловно а барјаците прокрвавеа од ветрот. Богомил Ѓузел

ПРОКЛЕТСТВО Се колнам: од твојата пресушена уста ќе се вивнат зрната леб, истурено ново класје. Проклети да бидат, проклети, проклети да бидат оние што со секири и змија дојдоа во твојата земска арена, проклети да бидат оние што го дочекаа овој ден, за да му ги отворат на маврот и разбојникот портите на дворецот: Што постигнавте? Донесете, донесете свеќа и гледајте ја влажната земја, гледајте ја црната коска пламења што ја лижат, кошулата на стреланата Шпанија. Пабло Неруда

Имам вонредни впечатоци за „Струшките вечери на поезијата“. За мене лично овој фестивал претставува можност да се запознам не само со поетите од разни земји како личност туку да се запознам можеби и со нивните тенден­ ции и стремежи, иако јазикот ми претставува голема пречка. Феноменот да се слуша поезијата преку забавниот израз и ритмот на различни јазици за мене претставува прекрасно доживување. Поезијата може да се пишува во многу поскромен амбиент и пејзаж отколку што е овој во кој се наоѓаме. Но, да се живее и да пишува поезија во ваков амбиент е голема шанса - изјави Александар Вуазар од Швајцарија кој учествуваше на дванаесттите „Струшки вечери на поезијата“ во 1973 година. Во црквата Св. Софија се одржа поетски портрет на Еуџенио Монтале, добитник на „Златен венец“. За неговиот поетски феномен зборуваше Анте Поповски. Во Домот на поезијата беше презентиран избор на современата полска поезија. Настапија поетите: Јан Зих, Вјеслав Рустецки, Уршула Козол, Вислава Шим­борска, која подоцна ја доби Нобеловата награда, Ернест Брил и Александар Римкјевич.


СВП 50 - ГОДИНИ 100

да живее поезијата 1973 златен венец Еуџенио Монтале

Роден е во Џенова на 12. 10. 1896, а починал

во Милано на 12. 9. 1981. Заедно со Ун­га­ ре­ти, претставува најизразита фигура на ита­лијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство. Пишувал книжевна и музичка кри­ тика. Доживотно бил сенатор на Италија. Ме­дитеранот во неговите песни е издиг­ нат до симбол на хуманистичката цивили­ за­ција. Во 1975 година добил Нобелова на­града за литература. Дела: Коски од си­ па, 1925; Виор и друго, 1956; Сатура, 1971 и Дневник 71 и 72, 1973.

НЕМА СМРТ Се рекло дека не може да се живее без мечот на една митологија Не би било големо зло ако тоа беше секогаш. Последната е најлоша. Древните божества биле утешливи иако биле непријателски. Новите ни подметнуваат една подла благонаклоност, но не ја знаат нашата судбина. Не само што се наоѓаат во темницата на оној што живее, туку остануваат во мракот на самите себе. Сепак, имаат пријателско лице иако убиваат и нема смрт каде никогаш немало раѓање. Еуџенио Монтале

101 СВП 50 - ГОДИНИ


Влада Урошевиќ

СЛОБОДАТА НА СОНУВАЧИТЕ Целта им е далечен остров. Ако викнете не ќе ве чујат. За нив е мошне просто да пловат против струјата. Ги отфрлуваат своите чевли. Го крадат златното руно. Полеани од далечните евли ги хранат птиците од клунот. Ги поттикнува случај. Низ непредвидености бродат. Будењето ги заклучува, сонот им ја отвара слободата. Влада Урошевиќ

ЗБИГЊЕВ БЕНКОВСКИ

ВОИСЛАВ РУСТЕЦКИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1973

КАРИКАТУРИ: КИРО УРДИН 1973

ЈОЗЕФ РИБОК

да живее поезијата

МАКСИМ ТАНК

СВП 50 - ГОДИНИ 102

103 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 104

грандиозен музеј на мирот

105 СВП 50 - ГОДИНИ

Сведоци сме колку многу може поезијата да дејствува и да ги обединува луѓето.

Поезијата се обраќа кон човечките срца и ги побудува најдобрите, најблагодарни чувства кај луѓето. Поезијата е таа што на прво место го става мирот меѓу народите и тоа е, се разбира, најголемото богатство. Дозволете ми да им се заблагодарам на другарите од Скопје, кои градов го направија престолнина на поезијата. Можеби ние сами ќе се обединиме, а поезијата нека ги обедини сите луѓе во светот - порача Евгениј Далматовски од Русија. СВП го продолжуваа својот незаприлив поход со поетска радијација. На тринаесеттите „Струшки вече­ ри на поезијата“ им беше оддадена почит ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО на починатите поети - добитници на „Златниот венец“ на СВП: Пабло Неруда, Огромно предвестувачко око Вистан Хју Одн и Мак Диздар. Делегација Светлина на надежта на учесниците на „Струшките вечери на Е во август езерото поезијата“, Собранието на општината, Врз неговите води се множат Друштвото на писателите на Македонија, Древни текстови Друштвото на писателите на Црна Гора и И песни пишувани на птичји крилја Друштвото на писателите на Косово, по­ Во еден зачеток на спокој ложи венец на спомен-плочата на заги­ Тука ти се чини дека е натите во Струга Лазар Вучковиќ и Блажо Почетокот на светот Шќепановиќ. Во Света Софија во Охрид Дека други во твоите очи откриваат се одржа поетски портрет на добитникот Еден неначнат извор на љубовта на наградата „Златен венец“ турскиот Водите жуборат песни поет Фазил Хисни Дагларџа, а првенката И жените станале статуи на Скопската опера Павлина Апостолова На брегот чекајќи го исполни песни за глас и пијано од Петре Враќањето на поетите. Богданов-Кочко, компонирани според стихови на Дагларџа. Јон Деаконеску, Романија Добитникот на Златниот венец 1974 година, турскиот поет Фазил Хисни Дагларџа, претскажа дека „Струшките вечери на поезијата“ ќе прераснат во грандиозен музеј на мирот изнесувајќи ги своите впечатоци за меѓународниот поетски фестивал: Веќе неколку години учес­ твувам на Струшките вечери на поезијата. Бев сведок на нивното прерасување во голема поетска манифестација. „Струшките вечери на поезијата“, како поетска смотра што ги зближува поетите, народите од светот, секоја година сè повеќе и повеќе ја потврдуваат незаменливата улога на поезијата. Досега сум учествувал на многу слични манифестации што се одржуваат ширум светот, но можам да кажам дека ниедна не може да го замени поетскиот збор што се искажува на „Струшките вечери на поезијата“. Овие средби претста­ вуваат посебно доживување за мене. Убеден сум дека еден ден, во блиска иднина, „Струшките вечери на поезијата“ ќе прераснат во грандиозен музеј на мирот. Струшките вечери на поезијата се единствена манифестација, пред сè, за зближување на луѓето, а потоа манифестација на поетскиот збор. Вакви приредби треба да се поддржуваат, да се чуваат. Воопшто, кога се состануваат писатели, уметници од сите видови, тоа е добро, тоа секогаш е добро. Не е добро кога доста често се состануваат генерали - укажа Јозеф Рибак од Русија. Тука, крај Охридското Езеро ти се чини дека е почетокот на светот - ќе воскликне поетот Јон Деаконеску од Романија, оти, Водите жуборат песни и жените станале статуи на брегот чекајќи го враќањето на поетите.


СВП 50 - ГОДИНИ 106

грандиозен музеј на мирот 1974 златен венец Фазил Хисни Дагларџа

Роден е во Истанбул на 26. 8. 1914, починал

во родниот град на 15. 10. 2008 година. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата пое­ тска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух, со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во се­ која поетска книга внесувал новини. Не припаѓал на ниедна школа. Објавил пет­ наесетина поетски збирки од кои поваж­ ни се: Дете и Бог; Епот за Чакќара; Мајка земја.

ОСАМЕН Не оставај ниедна ѕвезда. Под сонцето и мечтаењето, јас ќе умрам, Поздравувајќи си ги облеките и спомените Во тишината на небото. Моите тивки и отпуштени раце Ќе лежат настрана како што бара судбината. Пеејќи старински песни, На планините јас ќе подигнам огнови. Не оставај ниеден поглед за љубов или вечност. Јас ќе одам низ гробишта рамнодушен и вкочанет. Капејќи се во миризливи води, Јас ќе се сончам во задоволства и во мракот. Фазил Хисни Дагларџа

107 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 108

грандиозен музеј на мирот

109 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1974

Блаже Конески

ЕЛЕН САМАК

Во градот на Миладиновци по примероот на

старите рибари се плетат мрежи од стихови со кои се ловат души искрени, се везат книги лечебни како што се везе ракав на бела не­ вестинска рака, како што во песната Везилка испеа Блаже Конески, кој во 1974 година ја доби наградата „Браќа Миладионовци“.

Мизерни мршојадци му одат по трагите, напрегнато го демнат. Нема да го домамат кон стадото витите кошути со сребрен ѕвон на копитата. Неговите рогови се заплеткуваат во гранки кога повтува да игра, ноќе, и наурез ја гледа месечината за потоа да сети поголема бесмисленост на животот. Тој мора, сепак, да живее и како извор да тече, с дури не го свие тој, не за сон а за смрт, своето десно колено. Блаже Конески


СВП 50 - ГОДИНИ 110

грандиозен музеј на мирот Македонските поети за татковината пролетна пеат. Ја погребаа зимата тие во

жарот на својата песна. Идат од Бели мугри на Рацин Рамноденица на Матеја и со Стрезовски Чекори во времето сеат. Потврдуваат со Ренџов тие дека е постоењето нивно да бидат различие - испеа шпанскиот поет Леополдо де Луис.

ПОЕТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (Los poetas de Macedonia) Македонските поети за татковината пролетна пеат. Ја погребаа зимата тие во жарот на својата песна. Идат од Бели мугри на Рацин Рамноденица на Матеја и со Стрезовски Чекори во времето сеат. Потврдуваат со Ренџов тие дека е постоењето нивно да бидат различие. Нема две исти нешта на светов, ни во Македонија е земјата иста и зрачи како во другите земји, не се полињата нејни како полињата други, иако на ист начин ги газат нив нашите нозе прашни, од бреговите нејни рацете ни се влажни и небесата летаат сино сега над главите наши. Земјата нивна, водата, небата јасни различни се, а поетите ги знаат нивните тајни. Муграта во Македонија е побела, Поаприлска е и секоја пролет цветна, рамноденицата поубаво ги израмнува светлините и сенките ведра а чекорите во времето во согласје се цврсто со оската на планетата, Не, нема две исти нешта на светот и поетите со клучот свој го прават различието. Сето. Леополдо де Луис, Шпанија

Во 1974 година учесниците на Струшките вечери беа сместени во хотелот

Бисер, хотелот Дрим беше изграден подоцна. Дел од програмата на манифес­ тацијата ја одржувавме во хотелот.

111 СВП 50 - ГОДИНИ

Додека ги подготвуваме завршните детали од програмата и организацијата

во хотелот Бисер, каде што тие денови беше сместена дирекцијата на СВП, два дена пред почетокот на фестивалот допатува белгискиот поет Жак Изоар, со намера да има повеќе време за запознавање на убавините на Струга и на Охрид. Изнајми во Струга велосипед и со него вртеше по крајбрежието на езерото. Но, по посетата на селото Радожда продолжил кон кампот Треска и набргу се нашол на албанска територија. Албанските граничари го спровеле во Подградец и го предале во милициската станица каде што го испитувале бидејќи со себе немал никакви лични документи (пасошот му бил оставен на рецепцијата на хотелот Бисер). Им кажал дека е учесник на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“ и дека е сместен во хотелот Бисер, и дека сакал со вело­ сипедот да се прошета покрај езерото. Го задржале цела ноќ за да му го проверат идентитетот и она што го кажувал. Бидејќи не спиел, од возбуда и од страв, му дале книга од Енвер Хоџа на француски да чита. Утредента со џип го донеле на граничниот премин Ќафасан за да го предадат. Нашите граничари по теле­ фон прашале во хотелот Бисер дали таму бил сместен поетот Жак Изоар, за да проверат. На рецепцијата ги провериле пасошите, но такво име не било пријавено. Настанала голема збрка на границата бидејќи нашите граничари не сакале да го примат бидејќи поет со такво име не бил сместен во хотелот, а албанските не сакале да го задржат веројатно мислејќи дека се работи за не­ каква провокација или за шпионажа. Всушност, настанала ситуација, реална преслика на тоа време, на политичките и на општествените околности. Недоразбирањето било во тоа што белгискиот поет од вознемиреност и по непроспиената ноќ бил збунет, па наместо да го каже името кое му било заведено во пасошот, го кажал својот псевдоним, своето поетско име - Жак Изоар. По долги натегања на граничниот премин, нашите граничари го доведоа во Бисер и кога му го проверија пасошот и го идентификуваа, според фотогра­ фијата од него, с се разјасни. А, таа забуна можеше лесно да му донесе и нему и на СВП поголеми неволји - си приспомнува со насмевка некогашниот ди­ ректор на СВП, Јован Стрезовски. Во 1975 година „Струшките вечери на поезијата“ му оддадоа почит на почи­ натиот нобеловец Иво Андриќ за кого зборуваше Анте Поповски, а пригодно беше одбележена и 30-годишнината од победата над фашизмот. Во Света Софија во Охрид се одржа Поетскиот портрет посветен на добитникот на наградата „Златен венец“ сенегалскиот поет Леополд Седар Сенгор. За неговата поезија зборуваше поетот Ацо Шопов, во тоа време амбасадор на СФР Југославија во Сенегал. Таа година „Струшките вечери на поезијата“ се збога­ тија со уште едно искуство - за првпат на СВП беше пречекан не само поет туку и претседател на една земја. Кога во 1962 година Ацо Шопов сатана прв претседател на Фестивалскиот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, ги подготвивме првите програмски прирдеби на Фестивалот чие име „Струшки вечери на поезијата“ го предложи поетот Гане Тодоровски. Приредбите се одржаа од 6 до 9 септември во Градското кино во Струга. Првата вечер им беше посветена на Димитар и на Константин Миладинови, основоположници на македонската поезија, со уводно излагање на Ацо Шопов и со читање на поетски творби од Константин, како и творби од македонски поети посветени на нашиот вистински и модерен лирик.


грандиозен музеј на мирот 1975 златен венец

113 СВП 50 - ГОДИНИ

Таму долу е земјата македонска, зелено цветна, блескоти Леополд Седар Сенгор

СВП 50 - ГОДИНИ 112

Леополд Седар Сенгор

Роден во Жоал на 9. 10. 1906 година, а почи­

нал во Париз на 20. 12. 2001. Сенегалски поет и државник пишувал на француски јазик. Од 1960 година до 1980 бил претсе­ дател на Сенегал. Со своите поетски збир­ ки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобо­ да. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична под влијание на Пол Клодел, Сен-Џон Перс и на трубадурската поезија. Тој придава големо значење на музикал­ носта на стихот, а монотониот ритам, сли­ чен на африканскиот мелос, им дава иск­ лучителен автентичен призвук на негови­ те стихови. Составувач е на антологијата на новата црнечка и малгашка поезија пи­ шувана на француски јазик Цр­ниот Орфеј (1948), за која предговорот го напишал Жан-Пол Сартр. Дела: Песни од темнина­ та (1945), Црни причесни (1948), Ноктурна (1961), Писма од Ивер­на­жот 1972).

2 Го одбрав моето живеалиште крај засолништата пресоздадени од сеќавањето, во вишината на бедемите Си спомнам за Жоал Сенчест, лице на земјата на мојата крв. Го одбрав помеѓу Градот и рамнината, таму каде се подава Градот на првата свежина на шумите и реките. Тагувам за куќарките што крварат на брегот на водите залулани од присноста на шумичките. Мојот скромен такси се тркала и го превртува срцето над високите бранови на Атлантикот И само од една цигара се тетерави како морнар на земја на пат кон пристаништето Кој вели исто толку лошо како и далечен ученик од зафрлени краишта Добар ден, Госпоѓице ... Како сте? Леополд Седар Сенгор

Ох­ридско Езеро. Сонце и замаени блесоци. Сонце и цве­ ќи­ња. Од Италија до Кина, до Сенегал и Сицилија, поети од целиот свет, ќе ги споменеме овие убави денови од сонце и сино небо - испеа Роландо Черта од Италија.

КАРИКАТУРА: ДАР-МАР

АВИОН ПОЛН СО ПОЕТИ Авион полн со поети лета од Белград за Охрид. Поети од целиот свет меѓу облаците една песна, хор од гласови и стихови наближува кон земјата. Таму долу е земјата македонска, Зелено цветна, блескоти Охридско Езеро. Сонце и замаени блесоци. Сонце и цвеќиња. Преживува малку од оваа светлина, ќе ја понесеш со себе во мразните тундри, о бела девојко од Финска. Од Италија до Кина до Сенегал и Сицилија, поети од целиот свет, ќе ги споменеме овие убави денови од сонце и сино небо Моето срце остана таму горе, во тишината и мирот на шумите, фатено меѓу една песна и друга. Можеби овој час патува во некое бротче или јури во воз на пат кон Алжир. Знам, човечкото срце може да мине бескрајни далечини, да биде со нас и далеку од нас и да остане на кое-годе место Нашето срце е чуден орган, Времето за одмор, потоа, ни бега од рака да се засолне кришум во срцето на другите. Роландо Черта, Италија


СВП 50 - ГОДИНИ 114

грандиозен музеј на мирот

115 СВП 50 - ГОДИНИ

или воин, 2003 и Секало, кремен и трат, 2005. II. Литературни записи: Претходниците на Мисирков, 1968; Трактати за сонцељубивите, 1974; Веда Словена, 1979; Антун Густав Матош, 1979; Маѓепсан мегдан, 1979; Подалеку од зане­ сот - поблизу до болот, 1983; Со збор кон збо­ рот, 1985; Поход кон Хеликон, 1987; Неодложни љу­бопитства, 1992; Зборот и непокорот, 1993; Воз­будливиот здив на татковината, 1987; Сиг­ на­ли до потомството, 1992; Слова за делниците, 1995; Заштита на судбината, 1995; Допири, 2000; Решки и шарки под ѕидовите на времето, 2001; Книга за Прличев, 2002; Книга за Џинот, 2003; Допирање на недопреното, 2003; Книга за Вап­ царов, 2006; Книга за Рацин, 2007; Страници за македонофилството, 1994; Книга нашинска си­ реч славјанска, 1994; Избрани дела на Гане То­ до­ровски во десет тома (I и II. Поезија, III, IV и V. Преводи; VI и VII. Македонската литерату­ ра во 19 век; VIII, IX и X), Скопје, 2007.

Награда „Браќа Миладиновци“ 1975

Гане Тодоровски

Роден во Скопје на 11. 5. 1929, а почина во родниот град на 22. 5. 2010 година. Поет, пре­ ведувач, есеист, литературен критичар и исто­ ричар, публицист, антологичар, културолог, редактор, фолклорист, театролог, сценарист, унив. професор, академик, амбасадор. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал на групата за југословенски кни­ жевности (1951). Пред и во текот на студиите работел како новинар. Сиот работен век го по­ минал како наставник на Филолошкиот факул­ тет во Скопје, при Универзитетот Кирил и Методиј (1954-1992). Докторирал на темата Веда Словена и нејзините мистификатори (1965). На Филолошкиот факултет ги предавал предметите нова хрватска литература и македонската литература во 20 век. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1951 г. Бил со по два мандата секретар и претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН-центар. Бил еден од основачите и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1971/72), и прв претседател на МААК (Движење за македонска акција) (1990-1991). Бил прв амбасадор на РМ во Руската Федерација (1994-1998). Член на МАНУ. Автор е на преку 220 на­ слови на книги од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литератур­ ната историја, патописот, литературниот запис, публицистиката, историогра­ фијата, културологијата, препевот, антологичарството. Припаѓа на носечката поетска генерација автори што ја афирмираа современата македонска литера­ тура во светот. Преведен е со 24 одделни изданија на негови книги (главно поезија и есеистика) во повеќе земји низ светот (на албански, англиски, бу­ гарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки и шведски јазик). Самиот тој, како препејувач и преведувач објавил преку 100 одделни изданија на автори што пишувале на албански, англиски, бугарски, грчки, руски, српски, хрватски, словенечки, турски, чешки, полски и украински јазик. Редактирал и издал избори и монографии за К. Миладинов, Рајко Жинзифов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Григор Прличев, Атанас Раздолов, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Димитар Талев, Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Анѓелко Крстиќ и др. Објавил повеќе антологии од словенечката, хрватската, српската, бугарската, руската и албанската поезија на македонски јазик. Како вонсериска, водечка и раздви­ жувачка творечка фигура на македонската литература од втората половина на 20 век, чиишто дела суверено и супериорно се простираат во областа на ли­ тературната уметност и литературната наука, тој е појава со непроценлив и мисионерски придонес во современата културна историја на Македонија, со повеќестран опсег на креативни, научни и културолошки интереси; културен двигател на важни процеси на современата литературна, културна, научна и национална афирмација на Македонија. Дела: I. Збирки поезија: Во утрините, 1951; Тревожни звуци, 1953; Спокоен чекор, 1956; Божилак, 1960; Апотеоза на делникот, 1964; Горчливи голтки непремолк, 1970; Снеубавен ден, 1974; Скопјани, 1981; Неволици, неверици, несоници, 1987; Недостижна, 1995; Орач

НАШИНСКА Да ни е да сме доста колку за да се разбистри небото над Бистрине, Корабине Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено до кај истрајвекот Малцичка сме ли ете па што малцичка божем, а веќе со векови по стопати по севезден не пребројуваат Но ние сме како што сте како што се и покрај сè и покрај сè колку сме толку сме токму сме! Гане Тодоровски


СВП 50 - ГОДИНИ 116

поетски цутови на сите континенти Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на

поезијата“ во 1976 г. се одвиваше во знакот на нејзиниот 15-го­ дишен јубилеј. Организиран под покровителство на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. На свечената седница на Советот и на Меѓународниот комитет на 19 август поднесе излагање Матеја Матевски, претседател на Советот на „Струшките вечери на поезијата“. Во таа пригода Матевски истакна: Пред повеќе од еден век, во екот на доминацијата, среднове­ ковна, на Ото­ман­ската Империја, во овие краишта, малечкото гратче Струга на долговековните патила им додаде уште едно: темнината на цариградските зандани го голтна единствениот поет на Струга Константин Миладинов, што на јазикот на своите сограѓани и на своите предци, растурени по бреговите на езерото и на овие извишени гори, првпат ги испиша првите стихови на новата македонска поезија: романтични, осаменички, полни со љубов за своите луѓе и за прекрасните пејзажи на своето детство и младост. Со него, прогонет поради својата преродбеничка деј­ ност, загина и неговиот брат Димитрија, првиот собирач на ма­ кедрнското народно усмено богатство и воспитувач на генера­ циите учители, поети, борци. Со нивната смрт секна за миг пов­ торно испрекинуваниот конти­нуи­тет на големата традиција на Кирила и Методија, на Климента и Наума, за да се соземе набргу и да бликне во годините што следуваа. Денеска Струга, ма­лото анонимно гратче на отоманската провинција, му се радува на споменот на браќата Миладиновци, што со своето најсакано животот, ја наплатија це­на­та на љубовта, убавината и човечноста. Тоа мало гратче денеска прерасна во еден од големите центри на Југославија и светот, во кој поетите од сите кон­тиненти ја мани­ фестираат и потврдуваат таа љубов, таа убавина, таа човеч­ност. За Македонија, за сета југословенска земја таа стана симбол на поезијата, каде што зборот на поетот се вткајува со зрачните води на Дрим и со ова воз­ви­шено езерско сонце. Петнаесет години трае патот на скромната поетска средба и на македонските писа­ тели, која, инспирирана од љубовта кон традици­јата и иднината на поезијата, од година на година прераснуваше во големо со­ биралиште на поетите на Југославија и на многу поети од светот. Кревката фи­данка од 1962 година денеска ги разви своите цутови на сите континенти во името на поезијата, како еден од врвните изрази на љубовта, надежта и ид­ни­ната на светот. (...) „Струшките вечери на поезијата“, во овие изминати години во текот на че­тирите дена на бреговите на Дрим и езерото и потоа низ другите градови на Ма­кедонија, станаа големо градилиште на поезијата и нејзината голема радост. Тие се празник и работен ден на поезијата зашто основната наша идеја и цел беа и остану­ ваат: кревањето на границата на современоста, убавината на поет­ скиот збор, исполнета со љубовта, со страдањата, со надежта и вербата, со бор­бата на тој свет за својата поубава иднина. Во името на тие принципи Стру­га стана големо собиралиште на братството на пишаниот збор, на големата за­едница на поетите од светот што се борат за неговата убавина и човечност. Таа ги отвори своите гради за светот потврдувајќи ги желбите и напо­

117 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 118

поетски цутови на сите континенти рите на сите југословенски народи и народности за мир, за убавина, за иднина Струш­ките вечери, овоз­можувајќи широко меѓусебно запознавање на поетите и пое­зиите, го дадоа својот дел во афир­ мацијата на поезијата пред нашата јавност и пред јавноста на многу земји. Тие овозможија да запоз­ наеме и засакаме многу поети, многу поезии, тие го даваат својот дел во зближувањето на културите и народите на овој свет на кој тоа му е денес по­ требно повеќе од кога и да било порано. Преку своите вечери на поезијата, преку бројните прево­ ди, преку наградите, преку симпозиумските теми и преку многубројните контакти на поетско збли­ жу­вање и пријателство, Струшките вечери ја афир­ мираат поезијата на современиот свет, а со неа и поезијата на југословенската земја. Македонските поети и Струга се среќни што можеа да бидат дома­ ќини на тоа зближување. Покрај наградите за македонската поетска про­дукција, „Струшките вечери на поезијата“ вове­ доа и свое меѓународно признание „Златен венец“, чи­ишто добитници за своето целокупно творештво се такви имиња како Вистан Хју Одн, Пабло Неруда, Еу­џенио Монтале, Фазли Хисни Дагларџа и Леополд Се­дар Сенгор. Во првите години тоа меѓународно при­знание се доделуваше на конкрус за песна и не­говите добитници беа Булат Окуџава, Ласло Наѓ, Ро­берт Рождественски, Миодраг Павловиќ и Мак Диздар. Јас сум среќен што можам некои од нив Дагларџа, Окуџава и Павловиќ - да ги поздравам на овој наш јубилеј. Посебно сум среќен што меѓу нив можам да го поздравам добитникот на Златниот венец на „Стушките вечери на поезијата“ за оваа година, нашиот драг поет и сотрудник на овие сред­ би, Ежен Гилвик. Драги колеги, пријатели, голема е радоста да се одбележи континуитетот на еден поетски собир со текот на 15 години. Уште поголемо е убедување­ то дека тој континуитет и натаму ќе продолжи. Советот на Струшките вечери и градот-домаќин ќе ги вложат сите напори идните средби да бидат уште поуспешни и попријатни, а овие сончеви бре­ гови уште подраги и поблиски. Во тоа ќе помогне и едно идно меѓународно тело што со своите совети и ангажирање ќе му помогне на Советот во созда­ вањето на идниот лик на Вечерите. Тој лик ќе се збогатува со нови поети, со нови поезии, со рас­ кошот на поетскиот говор. Јас сум среќен што можам на овој свечен со­ бир на сите учесници на Струшките вечери, на овој нивни јубилеј, од името на Советот, да ви заблаго­

119 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 120

поетски цутови на сите континенти дарам за оваа повторна средба. Посебно сум среќен што можам и како учесник на Вечерите, и како припадник на оваа заедница на поетите и како ваш пријател и колега да ви заблагодарам вам и на сите ваши и наши колеги од вашите земји, од нашата земја и од сите земји на светов за нивниот прекрасен придонес за растежот на оваа наша поетска манифестација. Таа сега ги покажува своите плодови, иднината ќе покаже колку сите ние бевме благородни во оствару­ вањето на високите човечки цели на средбите на поетите. На завршната вечер на меѓународниот поетски фестивал Матеја Матевски, како претседател на Советот на СВП одржа здравица. Многу ми е драго што се собравме на оваа маса. Драго ми е како претседател на оваа манифестација, „Струшките вечери на поезијата“, како ваш колега, што се собравме на оваа, последна официјална средба. Меѓутоа, исто така, тажен сум што денеска и утре се разделуваме. Во овие неколку поминати денови бевме заедно, по повод петнаесеттите „Струшки вечери на поезијата“ уште еднаш, како поети, како луѓе на овој современ свет, се собравме да ја искажеме својата љубов и својата загриженост и ангажираност за иднината на поезијата и на светот. Мене ми е навистина многу драго што имавме можнопст уште еднаш да се сретнеме на оваа маса. Имено, на оваа маса има многу наши драги гости од многу земји кои се втор и трет пат тука. Меѓутоа, има многу колеги кои се првпат меѓу нас. На сите македонски поети и на сите поети на Југославија ќе им биде драго повторно да гледаат и среќаваат на „Струшките вечери на пое­ зијата“ и стари и нови другари од светот. Затоа е потребно на овие поетски средби да ги слушаме и уште многупати да ја потврдуваме висината на човеч­ ките пеења и уште многупати да почувствуваме задоволство од тоа. Мислам дека е тоа еден голем израз на нашето задоволство. Ако имавме некои тешкотии во организирањето на вашиот престој, драги пријатели, јас ве молам во името на Советот и во свое лично име, како и во името на нашите колеги од Организациониот одбор, да ги сфатите нашите тешкотии, а идната година фестивалот ќе биде на едно место, на едно место ќе бидеме сите, во еден голем хотел што се гради кај излезот на реката Дрим, од езерото и ќе можеме уште почесто и уште повеќе да се среќаваме. Сакам да ја искажам благодарноста на југословенските поети, благодар­ носта на македонските поети и на македонската поезија за тоа што добивме оваа година со оваа манифестација. Ние вечерва уште еднаш ќе се сретнеме на творечка средба, на Митингот на поезијата што ќе се одржи во Скопје, во новиот град Скопје по земјотресот, и притоа јас ви пожелувам с најубаво, ви пожелувам среќен пат, ви пожелувам многу успеси во вашата творечка работа, во вашата љубов, во вашиот живот и ве молам во името на Советот, во името на сите македонски и југословенски поети, да ги поздравите нашите пријатели од вашите земји и да им ја пренесете сета наша љубов и сето наше пријателство. До гледање идната година. Во јубилејната 1976 година беше оддадена почит на починатите писатели меѓу две Струги: Ристо Крле, Димитар Митрев, Лино Курчи, Михаил Луконин и Зоран Јовановиќ. На свеченото отворање во Домот на поезијата беше презентиран Избор од поезијата на сите дотогашни 11 добитници на наградата „Златен венец“ и на сите дотогашни 14 добитници на наградата „Браќа Миладиновци“. Во Домот на поезијата во Струга беа прикажани филмските портрети во продукција на

Вардар-филм на добитниците на Златниот венец на СВП: Еуџенио Монтале, Ф.Х.Дагларџа и Л.С.Сенгор. Ежен Гилвик, добитникот на „Златен венец“ не одржа говор, испеа песна. Би можел и, најверојатно, би требало да ви кажам дека во модерната академска реч се вели: Би требало да ја изразам својата среќа и своите длабоки чувства и впечатоци од овие неколку изминати денови, во кои бев примен како Јупитер. Но, сите овие денови многу зборував. Ми се чини дека дадов 193 интервјуа и ве молам да ми дозволите сега да не одржувам говор, туку да ви испеам една нова француска шансона. Ве молам да не се восхитувате на певецот, туку на самата песна - појасни Гилвик.

121 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 122

1976

поетски цутови на сите континенти златен венец Награда „Браќа Миладиновци“ 1976

Ацо Шопов

ЕЖЕН ГИЛВИК

Роден е на 5. 8. 1907, починал на 19. 3. 1997 година. Еден од најважните францу­ ски поети од втората половина на 20 век. Про­фесионално се претставува само преку своето презиме Гилвик. Роден е во Карнак, Бре­тања. Откако добива диплома по матема­ ти­ка во 1926 година, влегува во администра­ цијата на Азак, а подоцна е дел и од Ми­ни­ стер­ството за финансии и економија. Станува сим­патизер на комунистите уште во текот на Шпан­ската граѓанска војна, поради што од 1942 година станува и активен член на Ко­ му­нистичката партија. Тука се поврзува со Пол Елијар. На партијата ў останува верен с до 1980 година. Во неговото творештво, Гил­ вик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт про­ тив социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на ме­тафизикиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и су­гестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите. Во 1976 година Гилвик ја добива Големата поетска награда на Француската академија, а со национално признание од ваков ка­рактер се здобива во 1984 година. Неговата поезија е тешка, густа и натопена со голема љубов кон луѓето, растенијата, животните, кон основните материи на жи­вотот (оган, светлина, плима и осека). Дела.: 31 сонет, 1954; Карнак, 1961; Сфери, 1963; Водоземни, Град, Евклидиски и др. НАПОРЕДНИ ЛИНИИ Минувате, просторот е голем, Одите напоредно, Сакате да зборувате. Но, она што го раскажувате Другата веќе го знае, Зашто од почетокот Што е избришан, заборавен, Тоа е истата авантура. Во сонот се сретнувате, Се сакате, се дополнувате. Можете да отидете подалеку Само во другите и во себеси. Ежен Гилвик

Роден во Штип на 20. 12. 1923, починал во Скопје на 20. 4. 1982 година. Борец, поет и преведувач, есеист, прв уредник на Млад борец, уредник на повеќе литературни списанија во Македонија, амбасадор во Сенегал (1972-1976), претседател на поранешниот Сојуз на литера­ турните преведувачи на Југославија. Член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ и тоа од неговото основање (1947). Тој е еден од најзаслужните што македонската поезија за ре­ лативно кусо време ги надмина колективистич­ ките и соцреалистичките тонови. Со својот интимизам му ги отвори вратите на македон­ скиот поетски израз кон модернизмот. Критичарите неговото творештво го организираат во четири круга: првиот (1944-1950), кој почнува со неговата прва стихозбирка Песни, а завршува со На Грамос; вториот што го сочинува неговото творештво омеѓено со двете негови збирки Стихови за маката и радоста (1952) и Ветрот носи убаво време (1957); третиот што е главно во знакот на двете најзначајни стихозбирки Небиднина (1963) и Гледач во пепелта (1970) и четвртиот што е одбележан со двете последни книги Песни за црната жена (1976) и Дрво на ридот (1980). Книгата што направи пресвртницане само во творештвото на Шопов туку и во македонската литература воопшто, е збирката Стихови за маката и радоста. Имено, со неа поетски се разнишаа цврстите бедеми на дотогашниот соцреалистички модел на творење. Во таа 1952 година, контроверзната збирка на Шопов ја иницира, а потоа и ја разгоре декадата на конфронтација помеѓу реалистите и модернистите. Тие ќе спорат за природата на реалистичката уметност, за нејзината актуелност и за можноста т.е. неможноста за нејзино обновување во 20 век, за важноста на усвојувањето на уметничките откритија од западноевропските литератури, за светското искуство на авангардизмот и модернизмот. Вистинскиот Шопов како поет, сепак, излегува со стиховите од неговиот трет круг. Поимите небиднина и црно сонце од неговата поетска лексика сè уште ја чуваат својата мистична моќ и не престануваат да бидат предизвик и поттик за најразлични критички судови и дешифрирања. ДЕЛА: поезија: Песни (1944), Пруга на младоста (заедно со С. Јаневски, 1947), На Грамос (1950), Со наши раце (1950), Стихови за маката и радоста (1952), Слеј се со тишината (1955), Ветерот носи убаво време (1957), Небиднина (1963), Јус-универзум (1968), Гледач во пепелта (1970), Песни за црната жена (1976), Дрво на ридот (1980).

123 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 124

креативен подвижник на поетите од целиот свет

125 СВП 50 - ГОДИНИ

ЈАС ПАК ЌЕ ДОЈДАМ ВО СТРУГА Годините си се тркалаат една по друга Повторувајќи го својот поранешен пат... Јае пак ќе дојдам во Струга. Можеби некогаш јас ќе дојдам пак во овој тивок кат...

ЖЕНА ВО ИВЕРНАЖОТ Се прелева чашата во ноќта. Истура пороен дожд. Ноќ и дожд. Дожд и ноќ. Ивернаж. И една жена сама во ноќта и ивернажот Под далечниот татнеж на там-тамите змијулесто се извива на дождот како во прегратки на маж. Една жена во ноќната стара и чкрипава кола, една жена од бучавата на дождот пробудена, една жена од радост излудена танцува во ноќта, на дождот, сама и гола. А, дождот врне како лекување на тешки рани, како ослободување од темни сили и страсти, врие како шепотење, како милување: Стани! Расти! Дожд врие и нема крај на овој ивернаж, додека жената змијулесто се извива на дождот како во прегратка на маж, Дожд врие и чудни приказни плете, како раѓање и плач на прво дете. Ацо Шопов

Кој еднаш дошол во Струга на

„Струш­ките вечери на поезија“, кој во утро рано се измил со езерските води заплиснат од огнената топка што се шета по сртот на планин­ ската убавица Галичица, кој на­пла­ дне ја почувствувал свежината на бе­лите пени на истекот на Дрим од Ох­ридско Езеро, кој барем за миг ги загубил своите човечки неспо­ којства загледан во бескрајната шир на белото езеро и кој навечер стапнал на поетскиот мост - пак ќе дојде. Роберт Рождественски, пр­ виот добитник на „Златниот ве­ нец“ ја напиша сентименталната песна Јас пак ќе дојдам во Струга, каде Весели, поетите ги пишуваат свои­те стихови тажни.

И тогаш ќе се почувствувам пак како нежно-нежно Ми паѓа на дланка да го љубам Оној миг што ми останува навистина и вистински убав... Светлината што ги плиска далечините, На овие простори појавувањето, На оваа земја запознавањето Пронаоѓањето на планините, Оддалечувањето на границите И вечноста на штотуку родените И древноста на ѕидините И пеењето на птиците... Тешко е тоа да се заборави. Тоа И не смее да се заборави!... Туку јас во Струга дали навистина пак ќе дојдам? Најверојатно, тоа ќе биде така: Таму, по уличките мали, тишината веќе зела Да броди по ноќната мрака. Над проѕирниот Црн Дрим Почнала да свети полна Месечина, бела. Таму реката Ги внесува во летото Од ѕвездите Лушпите и латиците влажни. Таму, Весели, поетите Ги пишуваат Своите стихови тажни. Роберт Рождественски, Русија


СВП 50 - ГОДИНИ 126

креативен подвижник на поетите од целиот свет

Со радост доаѓам во Струга, тука е

при­јатно да се сретнеш со досегаш­ ните пријатели и да запознаеш но­ ви, Струга има привлечна моќ, па така поетот кога еднаш ќе дојде, сака секогаш одново да ги проведе де­новите на „Струшките вечери на пое­зијата“. Така своевремено се до­ вери пред јавноста српската поете­ са Мира Алеч­ко­виќ. Франтишек Лип­ка, пак, од Сло­вакија вака ги опеа Струшките ве­чери на пое­зи­ ја­та.

СТРУГА Кој ја боцна зелената страна на ова езеро, кој направи рана, од која тече неговата проѕирна крв? Кој кажа дека е тоа Црни Дрим? Тоа е крвта на ова езеро. И нашите песни нема да ја исцелат неговата рана. Полноќниот ветар ги урива врз површината, немоќни како мушички. Ништо друго не ни преостанува, освен да седиме на терасата од овој хотел. На масата пред нас риби, леб и вино, на секоја лушпа поинаква слика, глава на дете, рака на мајка, нож по бањање, во секоја чаша парче туѓо небо. Креваме чаши Стево, Изет, Дане и јас, столчињата се менуваат за бранови, масата е длабок виор, на неговото дно парче леб блеска како стадо месечини, од височина врз нас се спушта порој вино и студена светлина, ноќта е наеднаш жена пред љубов соголена, оваа ноќ, ноќ, ноќ, што никогаш не завршува. Утрото не буди, макар што не спиеме, ѕунење на ѕвона во нашите черепи и над нашите глави. Над езерото летаат камбани од сите цркви летаат фрески, автомобили, ладилници, магариња, мачки и крави, голи жени, мустаклии старци и сообраќајци с се спушта над облакот Само ние остануваме на оваа земја, браќа поети, повторно да би го населиле овој пуст свет. Креваме чаши. Утринските ѕвезди ни ѕвечат во забите како коцки мраз. Франтишек Липка, Словакија

127 СВП 50 - ГОДИНИ


1977

СВП 50 - ГОДИНИ 128

златен венец

По палењето на фестивалекиот оган и традиционал­

ното рецитирање на лесната Тга за југ во 1977 година во Домот на поезијата беше претствавен изборот: Песни за слободата - песни за Тито во избор на Цане Андреевски на кој настапија југословенски поети. На организираната филмска вечер Вардар-филм прикажа филмски потрети на добитниците на на­ градата „Златен венец“: Еуџенио Монтале, Л.С. Сенгор, Ф.Х.Дагларџа и Ежен Гилвик. Во Света Софија во Охрид беше претставен Поетскиот портрет на добитникот на наградата „Златен венец“, шведскиот поет Артур Лунквист. кој поради болест не допатува во Струга. Подоцна, кога поетот закрепна, во 1979 година, до Советот на Струшките вечери на поезијата ја испрати след­ нава порака: Како поранешен добитник на струшкиот „Златен венец“, дозволете ми овогодишниот фестивал да го поздравам со неколку збора. Со задоволство би се придружил кон написот за интернационализмот на СВП на поетот Анте Поповски, една од најдинамич­ ните личности на фестивалот. Тука се нагласува големата улога на поезијата како противтежа на науката и технологијата, каде што научниците да­ ваат веродостојни одговори и уверувања за сигур­ носта. Наспроти секое секторирање во тесен наци­ онализам, поезијата има задача да комуницира преку границите, да го види она што би требало да биде и она што е. Во најдобар случај поезијата е уметност на трагање со свои сопствени средства и на начин кој не им е достапен на другите инстру­ менти. Поезијата треба да пронајде во што се состои подвижната сила на човекот и тоа да го системати­ зира во однос на надворешните услови: политички, економски и културни. Поезијата, пред сè, се служи со духовните откритија, дури кога, на прв поглед, ги пренесува природните впечатоци или сликите од секојдневниот живот. Јас не мислам дека поезија­ та е, пред сè, прашање на формата: поезијата може да се изрази во класични облици, како и во модер­ нистички, експериментални, исто така и во прозата, поетската проза и текстот во стихови. Поезијата зависи, пред сè, од своето сопствено однесување и создавање на новото во сфаќањето, доживувањето е примената на зборот и креативните јазички мож­ ности. Но, мојата цел овде не е подучувањето, ниту сопствено декларирање, туку, пред сè, да им посакам на Струшките вечери среќа во нивните настојувања кои се за пофалба, со надеж и натаму да бидат кре­ ативен подвижник на поетите од целиот свет.

129 СВП 50 - ГОДИНИ

Артур Лундквист

Роден е во Одерлјунгана 3. 3. 1906 година,

а починал во Стокхолм на 10. 8. 1991 годи­на. Истакнат шведски лиричар, рас­ ка­ж увач и публицист; претседател на Нобеловиот комитет. Напишал повеќе ро­мани, есеистички книги, патописи и ав­тобиографска проза. Дела: Поетски кни­ги: Жар, 1928; Гол живот, 1929; Си­ ни­от човек, 1932; Агадир, 1961; Елегии за Пабло Неруда, 1975; лирски прозни кни­ги: Малинга, 1952; Огледало за денот и ноќта, 1953.

МРАВКИ Го освојуваат светот. Земјата се рони под нозете што им ги газат патеките и кои ќе бидат нападнати. Мравките ги гризат ѕидовите на куќите и тие ќе паднат. Ќе исчезне светлината зашто ќе ги исполнат ламбите. Се пробиваат во оклопот на човечкото тело и го разоруваат како црн оган. Го гледаат од изгризените зеници. Од дрвјата слегуваат врз уморените гради и коњите цели ноќи не можат да се смират. Наутро од чевлите ги тераат само со шмркови. Влегуваат во сефовите и уништуваат се што е вредно. Ги напаѓаат печатниците и застануваат место тастатурата. Ги покриваат колосеците и возовите излегуваат од шините. Ги освојуваат градовите и ги уништуваат складовите. Нема каде да се избега. Нема одбрана од множеството мравки. Умираат во милијарди но не се предаваат за тлото се врзани како со лет-ламба. Се раѓаат со задача. Растат се поголеми и поголеми во оклопи и се поуочливи, Продолжуваат со нападот дури и кога половината од телото ќе ја урнат. Гумата ја јадат како леб, пијат млеко и виски без разлика. Непробојни се како мраз и оган земени заедно. Победуваат се А, можеби се без волја за моќ. Артур Лундквист


СВП 50 - ГОДИНИ 130

креативен подвижник на поетите од целиот свет

131 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1977

Атанас Вангелов

Роден во Богданци, Гевгелиско на 6. 2. 1946, писател - поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, преведувач, публицист, научен работник, универзитетски професор по Теорија на литературата. Дипломирал, магис­ трирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за југославистика. Тема на магистратурата: Артизмот и современата македонска литература (1977), а тема на докторската дисертација му е: Семантичките фигури во македонската народна поезија (1982). Вработен е на Филолошкиот факултет во Скопје како редовен професор по Теорија на литературата. Ги предава уште предметите: Нова хрватска литература, Стилистика, Стилистика и реторика и Историја на југословенските литератури. Бил продекан и декан на Филолошкиот факултет во Скопје; бил претседател на Советот на Струшките вечери и пратеник во Народното собрание на РМ (1994-1998), кога е член и на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Од 2004 година бил амбасадор на РМ во Унгарија. Член е на ДПМ од 1967 година. Престојувал повеќе­ пати во Франција на студиски престој и како лектор по македонски јазик и литература на Парискиот универзитет. За своите заслуги во ширењето на француската култура во РМ е одликуван (1995) од Француската влада со орденот Офицер на универзитетски палми. Дела.: Земјата на цветот, поезија, 1966; Препев на планината, поезија, 1970; Живеалиште, поезија, 1974; Глетки и привиденија, поезија, 1977; Песме/Песни, поезија, 1978; Строго доверливо, поезија, 1985; Траги, поезија, 1991; На безгласје глас, поема, 1994; Гласови и траги, поезија, 1995; Водопад, поезија, 1998; Див занес, роман, 2002; Мистер Порфирие, ТВ-драма, 1971; Неодредени лични заменки, драма, 1986; Артизмот и современата македонска литература, теоретска расправа; Литературни студии, критики, 1983; Решето, критики, 1985; Семантичките фигури во македонската народна лирика, фолклорна студија, 1987; Преписите на Божин Павловски, литературна полемика, 1992; Микрочитања, исказот и стварноста, литературна полемика, 1995; Морфологија на бо(љ)шевизмот, литературна полемика, 1998; Про ет контра - македонизми, 1998; Македонски писатели, критички портрети, 2004. Преводи: Цветан Тодоров, Поетика, 1990; Спроти екстремноста, 2000; Одродениот човек, 2001; Должности и наслади, 2004; Енциклопедиски речник на науките за јазикот од Дикро и Цветан Тодоров, 1994.

ПОСТОЈАТ Постојат толку зборови и толку слогови постојат толку мудри словослагачи и толку предмети кои ги изговараат зборовите што сум ги насетил постојат истражувачи постојат експедиции трајно заведени трајно одведени што ретко се враќаат со траги и одеци и една земја би требало да постои и во неа дождот - единствениот поет ... Знам сè што допирам сето ме допрело и според сето неизречено точно ме разликуваат зашто постоиш и ти со твоето молчење што го ставам на крајот од песната како точка. Атанас Вангелов


СВП 50 - ГОДИНИ 132

креативен подвижник на поетите од целиот свет

Импресиониран сум од првата средба со Ма­ке­

донија. Многу е добро што фестивалот се одр­жу­ ва во Струга. Новото успешно се надоврзува на старото, па Македонија ја прави модерна зем­ја. Поетскиот фестивал нуди откривање на сето она што денес се случува во поезијата на разни ме­ ридијани во светов. Но, покрај тоа, овој меѓуна­ роден фестивал е значаен и на национален план. Тој овозможува запознавање со македонскиот народ, неговата историја, литература и кул­тура - порача Бенкт Ерик Хедин од Шведска. Поетот Абдел ал-Рахим ал-Хусеин од Си­ ри­ја ја нарече Струга убавина незамислива во мно­гу песни испеана... Убавина со зборови теш­ ко опислива.

ПОЗДРАВ ДО СТРУГА Со верност досега невидена убавина незамислива во многу песни испеана Со ретка убавина опишана Убавина со зборови тешко опислива и за најнадарен писател недопирлива Од каде поетот зборови да изнајде прекрасната убавина да ја наслика Ме занесе! Не знам што, всушност, да изнесам планини или долини или луѓе срдечни кои со топлина и добредојде ме дочекаа или Дрим кој од езерските прегратки истекува Се разлева и природата ја опојува птиците ги распејува. Цел живот насмевка ќе сонувам да не си заминам ме запира Ти должам неизмерен долг Трајна и вечна љубов Абдел ал-Рахим ал-Хусеин, Сирија

133 СВП 50 - ГОДИНИ

Фасциниран сум од односите со лу­

ѓе­то. Ми прави впечаток што сте ус­ пеале врз традиционалното успешно да го накалемите модерното. Радосно е што овде човек може да се сретнува со луѓе што првпат ги гледа. Се созда­ ва­ат трајни контакти, а за тоа може­ ме да им бидеме благодарни само на до­маќините - се довери Јо Шулц од Гер­манија. А, околу езерото, на брегот, ог­ ро­мен број мажи, жени и деца во ог­ ром­но оро го играат животот свој, а на разни јазици, слушаш, се раскажу­ ва иста сказна, како што испеа Бруно Ром­би од Италија.

НА ЕЗЕРОТО ДЕНЕС Утринава езерово не трепери додека сонцето не изгрева. Сал еден здив се гледа, како детето на некој бран да сака да направи чекор еден врз спокојната шир. Потоа, одненадеж, на небото ширна светлина дише во лет илјада и повеќе птици во хор од илјада и повеќе гласа. И се околу на брегот во огромно оро мажи, жени и деца го играат животот свој На разни јазици слушаш се раскажува иста сказна и со делови од гласови ту поведри ту потажни ти ја пресоздаваш сказната за нас скитници во Времето. Струга, 26.август.1993 Бруно Ромби, Италија


СВП 50 - ГОДИНИ 134

креативен подвижник на поетите од целиот свет Манифестацијата има свои специфичности што ў даваат посебен белег и

значење во напорите за афирмација на поезијата како една убава форма за комуницирање меѓу луѓето од сите меридијани. Секој што дошол овде и учес­ твувал на поетскиот фестивал е полн со надеж и верување во поезијата на пријателството. Секогаш, кога ќе ми се укаже можност, со задоволство пак би дошол овде. Крај Охридското Езеро, тука во ова живописно поднебје, откривам многу од она што значи живот - говореше восхитено Ежен Гилвик од Франција. Поетска Струга се престори во месечина и серенада, поетско перо во сонот на многу светски поети. Повеќемина пишуваа писма, поетски писма до градот на Миладиновци.

ПИСМО ДО СТРУГА Струга ти си месечината во мојот сон Подигајќи ја главата кон светлата месечина Гледам река што таму спокојно тече Со малечок мост преку неа И Охридското Езеро што се бранува во месечината со кајчиња бели и црвени Што се лизгаат по езерото Струга, ти си местото На кое се задржува мојот сон и по кое копнее мојата душа. Струга Ти си серенада во мојот сон Твојата жуборлива речна вода Е шепот крај мојата перница Зеленото шумско лисје налик на песни треперат на вечерниот ветрец Цвеќиња што послатко мирисаат кога паѓа ноќта Можам да го чујам славејот што пее во шумата крај водата Струга, поетското перо во мојот сон Ти ја испраќа миризбата на кинеската пеонија. Око сум сал око на сонцетоè Што по далечните бранови се движи А моето срце што твори поезија Е свилена буба на пролет Што преде нишки свила што стануваат ленти И ги бележат звуците на твојата жуборлива вода Од поемата на М. Матевски Зоу Дифан, Кина

135 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 136

братството на сите песни на светот

137 СВП 50 - ГОДИНИ

Несопирливо силна е мојата возбуда, денес кога

по вторпат сум во Македонија, во Струга, на „Струш­ките вечери на поезијата“, на тој Олимп на поетскиот збир во светот каде ќе се враќам се­когаш во спомените, во мислата и во непозна­ та­тата иднина, како кон небесна молитва на умет­ничката возвишеност. Ете, така Рафаел Ал­берти ги овековечи Струга и меѓународниот по­етски фестивал. Овој шпански поет при при­ мањето на наградата „Златен венец“ на СВП, на манифестацијата Мостови рече: Вечерва не дојдов тука, во овој град, во оваа свет­ска Струга и на овој мост прочуен низ це­ лиот свет, како оној поет кој живеел прогонат од својата шпанска земја скоро четириесет го­ дини, туку дојдов како еден од шпанските си­ нови кој сега може да влегува и излегува сло­ бодно од својата земја. И затоа вечерва сум тука со Вас, со слободна душа и глас за да го примам „Златниот венец“ којшто Советот на „Струш­ ки­те вечери на поезијата“, ми го понуди еден ден во мојот дом во Рим. Благодарам, драги мои пријатели Анте Поповски и Јован Стре­ зов­ски, кои го претставуваат Советот на „Струш­ки­те вечери на поезијата“; благодарам на сите поети кои дојдоа од странство; ти бла­ годарам и тебе, народе на Македонија, на сите Вас на брегот на реката Дрим, кои во оваа ноќ се собравте околу овој мост за да со љубов и вни­мание уживате во поезијата. Водите на оваа река во своите длабочини го здружуваат брат­ ството на сите песни на светот и ќе го носат да­леку, сеејќи низ полињата, над планините и низ небото на Македонија. Јас, Рафаел Алберти, поет од Шпанија, поет од морето на Андалузиската Гадитана, Ве по­здравувам крунисувајќи го моето срце со овој „Златен венец“, симбол на мирот и слобод­ ната песна на сите народи на овој свет.

Т’ГА ЗА ЈУГ НА ХИНДИ ЈАЗИК


СВП 50 - ГОДИНИ 138

1978

златен венец

139 СВП 50 - ГОДИНИ

Рафаел Алберти

Реоден е во Пуерто де Санта на 16. 12. 1902, почина на 28. 10. 1999 година. Поет, сли­ кар, драмски автор, создава еден од најим­ пресивните и богати лирски опуси на совре­ мената шпанска поезија. Почнува со лириката на неопопуларизмот (Морнар на копно, 1924, Саканата, 1925, Зората на шебоите, 1925, За ангелите, 1928). Неговата поезија подоцна се свртува кон мотивите и темите на социјална­ та и политичката стварноста (песни за ули­ цата и секојдневјето), а во текот на Граѓанската војна, тој е поет и борец на Републиката (пес­ ни за борбата, жртвата и верата). Живеејќи во политичка емиграција (Европа и Латинска Америка), тој пее за чемерната туѓина, лирика полна со носталгија и копнеж. Кога се враќа дома пречекан е како најголем жив поет на Шпанија. Дела: Меѓу каранфилот и мечот, 1945; Плима, 1945; За сликарството, 1948; Враќање на животот далечно, 1954. НА ЗЕМЈАТА МАКЕДОНСКА Како изгнаник беден јас денес не ти идам, земјо од води зрачни, земјо од високи ридја. Земјо измачувана вчера, земјо испожарена сета, земјо со ранети гради, окрвавена и клета. Земјо прогонувана вечно, затворена сета во рани, како јас до вчера, изубен растрган на сите страни. Денеска тебе ти идам, на сонцево што блеска, на јасниот, слободен воздух на твојата убава песна. Исполни ме земјо со песни, со радост и со среќа, Дај ми ја светлината твоја, гранките полни со цвеќа. Со зелен мир, со љубов и со занимања бројни, со водите нежни и тихи на езерата твои. Јас ти ја носам синевината од моите заливи јасни. Пламениот вар селата бели што ми ги краси и мојата песна без темници, без пранги и без мака. Ова е мојот глас: моето срце и рака Рафаел Алберти


СВП 50 - ГОДИНИ 140

братството на сите песни на светот Награда „Браќа Миладиновци“ 1978

Милован Стефановски

Поет, раскажувач, преведувач. Роден на 26. 8. 1952 година во Ресен. Завршил Филолошки фа­култет во Скопје. Професионално се занима­ вал со новинарство. Работел во Нова Македонија, во весникот Република и во Министерството за информации на Македонија. Во периодот од 1987 до 1991 година на универзитетот во Крајова (Романија) и Истанбул (Турција) предавал маке­ дон­ски јазик. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1980 година. Автор е на книгите: Ѕид пред бескрајот (поезија, 1978), Вардач крај Вардар (поезија, 1984), Привремен распоред (поезија, 1991), И паѓањето е лет (роман, 1994), Потонски скали (раскази, 2000), Летот на митската птица (поезија, 2000). Добитник е на повеќе награди.

Поетот Жак Гошрон за „Струшките вечери на поезијата“ вели дека се големо

тво­речко градилиште во кое се замислуваат и остваруваат најзначајни духовни ре­зултати за современиот свет. Овој впечаток може да го добие секој писател од светот што ќе се запознае со искуството на оваа светска манифестација, која се одржува секоја година во Струга, гратче на брегот на Охридско Езеро во Македонија. Оваа поетска средба претставува поетски собир, единствен во со­времената епоха, во кој се сретнуваат поети, критичари и други кои веруваат во поезијата, дојдени од сите светскн меридијани и заинтересирани да се запо­ зна­ваат со највисоките досгигања на поезијата во сиетот, да го почувствуваат неј­зиното светско ниво. и во исто време да ги изложат пред друтите сопствени­ те поетски резултати и најновите истражувања од оваа духова област - запиша поетот. Струга ја опеа и Жарко Малишиќ во истоимената песна.

СТРУГА БЕСКРАЈНА ГРАДБА Ѕидањето понекогаш е чудно ставаме камен на камен до небо ама прозорци сме заборавиле Неуморно ѕидаме понатаму покривот пак бескрајно е далеку од сонцето не може да се види А, што ако има и други сонца Се раѓаме со алатите крај нас и не се буниме за тежината другите што ја носат со векови Многу нешта несвесно испуштаме врз бескрајнава градба што ми личи на тегобна прошетка низ времето Децата ќе продолжат понатаму. Милован Стефановски

На бреговите народ цветови расцутиле во роса мугри на далгите да се роди песна Од езерото испловите во свет да нема црни дупки на Земјата и во вселената полесен на човека да му биде човекот Мостовите им требаат на водите и на планините зборовите - стражари на младите билки да израснат Жарко Малишиќ, Црна Гора

141 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 142

разместени стихови Во 1978 година на словенчкиот поет Едвард Коцбек не му било удоволено на неговата желба да чита на манифестацијата Мостови. Раката на политиката понекоаш се обидува да ги размести стиховите според сопствените сфакања. Но, за среќа, во педесетгодишното постоење СВП го сочуваа достоинството на поезијата без многу дрски упади на политиката, а државата ја респектираше важноста на Струга. За инцидентот со словенечкиот поет Коцбек, набргу по завршувањето на СВП Предраг Матвејевиќ објави текст во словенечкиот дневен весник дело. На тоа реагираше Советот на СВП.

ДО РЕДАКЦИЈАТА НА ВЕСНИКОТ ДЕЛО ЉУБЉАНА Во Вашиот ценет весник од 9. 9. 1978 година е објавен напис под наслов Поезијата и чиновничкиот дух, потпишан од Предраг Матвејевиќ и прокомен­ тиран со додатна белешка на редакацијата, Советот на Струшките вечери на поезијата (понатаму во текстот: СВП) самиот смета за потребно да приложи свое појаснување, што Ви го доставува. Непријатно изненадени од несфатливиот и непријатлив гест на писателот и публицист Предраг Матвејевиќ да излезе пред југословенската јавност во грубо, арогантно и неаргументирано нафрлување врз годинашниве СВП, со посебен акцент врз наводен инцидент на нашата институција со словенечкиот поет Едвард Коцбек, „инцидент исконструиран исклучиво само во свеста на Предраг Матејевиќ, должни сме, од целосен респект кон југословенската јавност, нејзе да ў го соопштиме своето мислење, вчудовидени од секавичната акција со која овој писател и публицист ги поплави југословенските весници“. Советот на СВП цени дека суштината на ова негово јавно обраќање до многубројни весници во земјата не може да биде ниту случаен, ниту - непресме­ тан чин. Наместо, како што тоа го претпоставува востановениот ред, да се обрати со својот напис најпрвин до Советот на СВП, изнесувајќи ги (дури и во најне­ помирлива варијанта) своите критички забелешки на годинашниве СВП, на кои тој, патем речено, бил многу чест гостин, спомнатиов полемичар и пласира на југословенската јавност совршено ненаивни измислици, врз кои се обидува да гради серија заклучоци со многу сериозни културни и политички импли­ кации. Најверојатно, измислиците што ў ги пласира на јавноста се основна пел ва неговиот напис, а исконструираниот инцидент на СВП - требало да послужи само како повод.

143 СВП 50 - ГОДИНИ

Изненадени сме, исто така, и од готовноста на љубљанско Дело да ги прифати безрезервно таканаречените колоритни информации. Всушност апсолутни импровизации, што се квалификувани од страна на редакцијата како начин на лошо однесување со гостите, при што се дошло до фрапантно зачудувачка констатација дека се повикуваат луѓе да зборуваат, а потоа се бара од нив да молчат! Чудно е врз основа на кои податоци редакцијата на Дело го прифаќа како вистински фактот дека Струшкиот фестивалски совет си доз­ волил некакво однесување спрема гостите што ў штети на угледот на оваа наша најзначајна македонска и јутословенска поетска манифестација кај нас и надвор од нашите граници. Мошне одговорно Дело во својот редакциски коментар го одби и осуди политичкиот галиматијас што го изведува Матвејевиќ кога го коментира присуството на Коцбек во контекст на СВП. Но, исто така, сметаме дека ќе беше од корист Дело пред да го објави написот да ги провери нагодите што се изнесени во него бидејќи редакцијата веќе имала мотиви да просуди колку произволно и во каков контекст Матевејевиќ се обидува да измеша с. Можности редакцијата да ги провери овие наводи, бездруго, постојеја, особено ако се има предвид дека Дело мошне авторитетно и одговорно ги следело сите досегашни приредби на нашата манифестација, поради што Советот, и во оваа можност сака да му ја изрази својата благодарност. СВП се меѓународна поетска манифестација која со посебна грижа настојувала и на­ стојува за учесници да поканува истакнати писатели од нашата земја и од светот. Посебна грижа во оваа смисла се водело и се води за застапеноста на претставници од сите литератури на народите и на народностите во СФРЈ. Поаѓајќи од тој факт, почитувајќи го поетското дело и местото што му припаѓа во современата словенечка литература, Советот на СВП оваа година го покани и Едвард Коцбек. Поради тоа, изненадува и мошне паушалната оценка за третманот на словенечката литература на СВП. СВП со должна почит и со нагласен интерес настојувале и настојуваат на оваа манифестација да се пре­ зентираат сите национални литератури, литературите на сите наши народи и народности. Во оваа смисла на СВП досега учествувале околу 30 современи словенечки писатели, а во 1972 година во централната програма на манифес­ тацијата беше презентирана и Вечер на современата словенечка литература, во избор и со воведена реч на Цирил Злобец. Точно поради тоа, Советот на СВП смета дека односот испровоциран во овој напис не можело и не требало да се генерализира како став и однос на СВП кон една национална литература, во конкретниот случај словенечката.


СВП 50 - ГОДИНИ 144

разместени стихови Овдека сметаме дека е потребно веднаш да укажеме на вистините кои, впрочем Матвејевиќ добро ги знае: Во поканите што ги испраќа Советот до учесниците и гостите, раково­ дејќи се од основната програмска ориентација за поканување на истакнати писатели од земјата и од светот, не се предвидуваат никакви претходни обврски за вклучување на авторите во конкретни приредби. Исклучок се прави един­ ствено за оние учесници што се поканети како воведени искажувачи на Симпозиумот или како составувачи и коментатори на поетските избори што се презентираат во текот на вечерите. Според тоа, Советот на СВП не зема никаква претходна обврска да го вклучи сеедно кога на приредбата Мостови. Тоа што на Мостови бил поканет да чита Ервин Фриц, а не Едвард Коцбек (патем: Ервин Фриц беше официјално делегиран од Друштвото на писателите на Словенија), никако не може да биде ниту повод ниту аргумент за изведување заклучоци што претставуваат чиста политичка шпекулација, како што во конкретниов случај тоа го прави загрижениот Предраг Матејевиќ. Што се однесува до програмата на СВП-78, таа беше концепирана така што низ неа беа презентирани избори од поезијата посветена на Илинденското востание, избори од поезијата на Коста Рацин и на Мирлослав Крлежа (по повод нивните јубилеји), избори на современата поезија на СР Германија, современата поезија на Палестина, и уште беше приредена вечер посветена на добитникот на Златниот венец на СВП Рафаел Алберти. На приредбата Мостови беа застапени претставници на сите странски земји и на републиките и покра­ ините на СФРЈ. На Предраг Матвејевиќ совршено добро му е познато дека и годинава, како и во сите претходни години, на Мостови не читале сите пока­ нети поети, а меѓу нив и повеќемина светски извесни и значајни автори. Поради ова, Советот на СВП ги одбива институциите што ги изведува Матвејевиќ повикувајќи се на присуството на Едвард Коцбек на Струшките вечери. Оттука, природно произлегува и прашањето: зошто П. Матвејевиќ токму годинава го констатира невклучувањето на еден поистакнат југословенски автор на приредбата Мостови? Зошто тоа прашање не го поставил и во прет­ ходните години и за други автори? Советот на СВП, како домаќин почестен со присуството на многу зна­ чајни имиња на книжевната мисла денес - и од светот и од Југославија, настоју­ вал и во свое име и во име на поширокиот интерес на нашата земја, во интерес на културите на нашите народи и народности, да биде коректен, трпелив и добар домаќин, и длабоко жали доколку одделни учесници поканата за при­ суство на нашата манифестација не ја сфаќаат како израз на почит кон нив. Советот на СВП, исто така, длабоко жали што љубљанско Дело го превидело во својот коментар фактот дека авторот на написот по пат на произволни конструкции се нафрла не само врз институцијата „Струшки вечери на пое­ зијата“, дисквалификувајќи ја како чиновнички, бирократски организам, иг­ норирајќи ја и демантирајќи ја нејзината естетска функција што толку успешно ја извршува цели 17 години туку и имплицитно се нафрла и врз македонските автори, без причина деградирајќи ги и омаловажувајќи ги, иако знае дека никој освен нив не направил толку многу за оваа манифестација. Советот смета дека ваквото право на Матвејевиќ да суди од кој тој се обидува да суди - никој не му дал. Особено е произволна илузијата за некакви телефони што, наводно, го спречиле настапот на Коцбек бидејќи низ таа алузија се нуди метафора за ди­

145 СВП 50 - ГОДИНИ

ригирање на уметноста кај нас. Во најмала рака, Предраг Матвејевиќ се обидува низ подотворена врата да протури некои свои гледишта за прашања што не се во врска со СВП, и на тој начин невешто да профитира пред југословенската јавност на теми што не се многу умесно избрани. Предавањата што ги одржува и патернализмот што го применува тој ги сметаме за грубо мешање во самоуправните компетенции на телата и на комисиите на СВП! 15.1Х.1978 г. Скопје, Совет на „Струшките вечери на поезијата“ Неколку години подоцна Тит Видмар, уред­ ник на Литературниот прилог во весникот Дело - Љубљана, Словенија, запиша: Првпат сум овде и срам ми е што доаѓам дури по дваесет години. Многу сум читал и слушал за Струшките вечери на поезијата, но она што го доживеав на самото место го надминува сето тоа. Како што гледам, концептот на „Струшките вече­ ри на поезијата“ и натаму се развива и се надевам дека тие ќе имаат уште подобри резултати. Тоа наполно ја оправдува својата смисла и придоне­ сува за се поголем меѓународен углед. Веројатно како и многумина за првпат дој­ дов во Струга на „Струшките вечери на поезијата“. Меѓународниот поетски фестивал со години нај­ силниот белег на овој град. За првпат, велам, бев во Струга кога „Златниот венец“, тоа престижно поетско признание, го понесе големиот шпански поет Рафаел Алберти. И бев восхитен, не само од присуството на знаменитите поети од светот туку и од волшебниот пејзаж на Струга, нејзините град­ би, богата историја, начинот на кој пулсира жи­ вотот во оваа питомина на северниот брег на Охридското Езеро. - Да, возбуден бев уште кога читав за исто­ ријата на Струга како претстолнина на светската поезија. А, мојата возбуда се чини ќе трае додека се вратам од Македонија. И една од главните из­ реки која ќе ја повторувам ќе биде: Бев во Катена Мунди - срцето на светот, таму каде што се среќа­ ваат сите светови и место од каде што води изле­ зот од универзалната осаменост - истакна ки­ нескиот поет Лу Јуан, по неговиот претстој во градот на Браќата Миладиновци на меѓународни­ от поетски фестивал.


СВП 50 - ГОДИНИ 146

песната нема граници „Струшките вечери на поезијата“ веќе имаат 18 години. Со тоа, тие не

само што стекнуваат полнолетство и зрелост туку истовремено тие се во најс­ вечено, чудно време како што се убавиците со 18 години. Со 18 години постоење тие се, колку што ми е познато, најстариот поетски фестивал на светот, но во нивното траење се обновува младоста на убавиот збор - истакна српскиот поет Милан Комнениќ пред повеќе од три децении. Во цветот на својата младост, пак, помладиот брат Константин Миладинов, наоѓајки се во далечна Русија, во своите стихови побара орелски крилја, на наши места да си иде, да види Охрид, Струга да види, во носталгич­ ната песна Тага за југот. За Струга се испеани многу песни од светските поети, во поновата неј­ зина историја. Но, Струга отсекогаш била опејувана. И од народниот гениј. Што ми е мило ем драго, на Струга дуќан да имам, струшките моми да гледам.... Течи Дриму, течи. Хомер високо од Олимп го повикува денес Рафаел Алберти... испеа Јанис Гуделис од Грција, во годината кога и самиот првпат бев во Струга. А токму во таа 1978 година, кога беше овенчан Алберти во Струга се најде и Шејмас Хини, денес нобеловец и лауреат на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“.

147 СВП 50 - ГОДИНИ

Рафаел Алберти беше секогаш насмеан, подвижен, распеан, разигран, комуникативен, даваше изјави, потпишуваше книги, сликаше портрети... Во придружба на млада, убава дама, која со себе го донесе и топлото андалузиско сонце, лауреатот пееше шпански песни, заедно со еден млад гитарист, чиишто жестоки тонови од фламенгото длабеа во сечија душа. Во соседната сала, на западниот дел од хотелот Дрим, организаторите на СВП истата вечер во живо ја претставија убавата македонска народна песна и игра, фолклор и традиција. Младите играорки, во придружба на музиката, се претставија со неколку убави македонски игри. И тука се случи она што малкумина го предвидуваа: Македонија им ги загреа срцата на сите присутни во хотелот. Пискотот на гајдата ја молкнаа гитарата на Андалузија и жестината на фламенгото. Македонија таа топла ав­ густовска ноќ влезе во срцата на сите поети од светските меридијани, сè се претвори во едно големо, долго македоиско оро. Ах, тоа треба да се доживее, да се види! Цел поетски свет се претвори во Македонија. Нурна во длабочната на македонската душа, историја, традиција, фолклор и култура. Ја почувствува милозвучноста на песната и звукот и силниот пискот на гајдата. Уште едно оро, уште една игра! - извика Шејмас Хини, поетот од Ирска. Можеби со ист порив, со иста душевна растрепереност, онака како што големиот поет Бранко Миљковиќ им довикнувал на музичарите од групата Охридски труба­ дури додека ги развеселувале гостите за време на ноќната прошетка со брод


СВП 50 - ГОДИНИ 148

песната нема граници

149 СВП 50 - ГОДИНИ

1979

златен венец Мирослав Крлежа

по белото езеро, а на кои подоцна им ја посветил песната што во тие мигови се раѓала во неговата распламтена душа: Свирете уште, свирете уште... Уште едно оро, уште една игра! - побара тогаш долгокосиот млад Ирец Шејмас Хини. Го викаше пискотот на гајдата. Гајдаџијата Драган Бојаџиевски од ст­ рушкото село Модрич, ја гмечи гајдата, притиска во нејзината душа, таа ожи­ вува, се шири пискотот: диљ, диљ., офна и одново - молкна. И сè така, до доцна во ноќта. Младиот Шејмас Хини се движеше со ритамот на гајдата, бликаше радост во него. Гласот на гајдата го враќаше на старите корени, на неговото келтско духовно наследство, кое остана едно од централните мотиви во него­ вата поезија, како што запиша новинарт Наум Бајо. За време на тие денови и ноќи од 78, кога едвај се трезневме на поетскиот фес­ тивал во Струга, Рафаел Алберти беше почестениот... Таму беа и Ханс Магнус Енценсбергер. Неочекуван, стокмен во панама-шапка... И еден гаталец Данец. Од авангардата, кој ѕирка кон една проѕирка од сводот, со око бистро како водата и дното корално од Охридското Езеро, напиша чудесниот Ирец. Во Домот на поезијата во 1979 година беше прикажан филмскиот портрет на Рафаел Алберти, а во Св. Софија во Охрид за добитникот на Златниот венец, хрватскиот поет Мирослав Крлежа зборуваше Оскар Давичо. На поетскиот митин Мостови се прочита пораката на Мирослав Крлежа, добитник на Златнииот венец кој се заблагодарува на наградата, но поради болест не при­ суствувааше во Струга.

Најсестраниот хрватски кни­ жевник (Загреб, 7. 7. 1893 - Загреб, 29. 12. 1981) со исклучителна творечка актив­ ност беше највлијателната книжевна личност меѓу двете светски војни. По Втората светска војна народен пратеник, академик, директор на Лексикографскиот завод во Загреб. Во своите лирски песни и поеми стилот на Крлежа се движи од импресионизам до експресионизам и сатиричен израз. Во сре­ диштето на творештвото на Крлежа се наоѓа неговата драм­ ска дејност. Обемна и разнолика, таа е трајна потврда на Крлежовата внатрешна потреба да го прикаже својот по­ етски свет во сценски, дијалошки облик, во страстен су­ дир со сопствените противречности. Крлежа е автор на обемен есеистички и полемички опус во кој расправа за теоретските ликовни и книжевни прашања, а води и бескомпромисни полемики со современиците (Мојата пресметка со нив, 1932). Најзрели негови остварувања се драмите од т.н. Глембаевски циклус: Господа Глембаеви, 1929; Во агонија, 1928 и Леда, 1939. Неговата новелистич­ ка и романсиерска дејност најцелосно ја зафатила воената и повоената тематика (Хрватскиот бог Марс, 1922; Враќањето на Филип Латиновиќ, 1932). Посебно место во творештвото на Крлежа и во хрватската книжевност зазе­ маат Баладите на Петрица Керенпух (1936).


СВП 50 - ГОДИНИ 150

песната нема граници

ПЕСНА ЗА ПЕСНАТА Долго веќе, долго, сончевата птица ми ја облетува душата. Вчера преку цел ден ја гонев изморен, и кога мајското пладне со азурни секири ја цепеше Земјата, и кога од крмаци крда риеја тивки прнари, о, јас таа сончева птица, како разболен Пан, ја гонев изморен, и не ја погодив, не, со стрелата на пладневниот стих. А, сега, кога Повик по Мир ропски трубат во двор од жолта касарна, и кога факли се палат и паѓа дожд, сега ранета падна запалената сончева птица во оваа намрштена темнина и јас врз гради ја носам, ранета, крвава, топла. А потем? О, кутриот, што ли? Ротациите кај што лаат деноноќно, таму ќе ја однесам од овој очаен мрак, и таму нејзиниот цвркот и грак ќе згинат во болки. Мирослав Крлежа

151 СВП 50 - ГОДИНИ

е в е ш а в ру оа е в е пот н О о а т а н аш бакн ната те з а дн да. Ја доли свои е с но и чу ш на т во е т и твен ога а о ј х н а с а ј д о с н и т с в в е а а п с од те со тинк запр о нај инат п с Го свои абна да го дел з дол во ата дл е тој своето лзи вр ри сув можеш пред ите со ги пок о г а в е о д ш Н аплак него и шт спо кога ме и з аднаа давајќ и. И Го т поне вата у а И п ро соз лечин лучајо а него акал д езе ите да дека с тига н га би с син исли недос Стру пом што и хрид и тоа тебе О Во


СВП 50 - ГОДИНИ 152

песната нема граници Награда „Браќа Миладиновци“ 1979

Славко Јаневски

Рoден е во Скопје на 11. 1. 1920 и почина во Скопје на 30. 1. 2000 година. Поет, раскажу­ вач, романсиер, есеист, сценарист, сликар. Мо­ шне рано почнал да се занимава со литература и сликарство. Учесник е во НОБ. Како припад­ ник на Третата македонска ударна бригада ги пи­шува стиховите Крвава низа, објавени вед­ наш по Ослободувањето. Од јануари 1945 годи­ на ја уредува првата периодична публикација за деца на македонски јазик Пионер. Бил главен уред­ник на списанијата за литература и умет­ ност Нов ден и Современост, на литературната ревија Хоризонт и на хуморис­ тично-сатиричниот весник Остен. Голем дел од својот живот го поминал како уредник во издавачките куќи Кочо Рацин, Македонска книга и Наша книга. Бил еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија (1947) и негов претседател; претседател на Советот на Струшките вечери и на Рациновите средби, како и еден од основачите на МАНУ. Неговите дела се преведувани на сите јужнословенски и на многу други јазици во светот. Застапуван е во ма­ кедонски, европски и во светски антологии. Автор е на првиот роман и на првата повест во македонската литература и на еден од најобемните опуси во македонската книжевност. Во поезијата најзначајно му е делото Евангелие по Итар Пејо; во детската книжевност трилогијата Пупи Паф (Пупи Паф во Шумшул-град, Пупи Паф гледа од вселената и Пупи Паф господар на соништа­ та); во прозата романсиерскиот опус Кукулино, во кој (во 10 тома) го следи историското ходочастие на Керубиновото племе низ цели 14 столетија, при­ кажано во хаос од пороци и очај, во обезглавеност и аспарченост, со меѓи на недоразбирања и меѓусебна спротиставеност. о неговото творештво роник­ нуваат историјата и митот, еалноста и фантастиката. Атор е на две филмски сценарија на ликовни изложби. Добитник и на високи национални угословен­ ски и други награди и ризнанија од областа на литературата филмот. Дела: Крвава низа (поезија, 1945); Пруга а младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946); Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕерки (поезија за деца, 1946); Распеани укви (поезија за деца 1946); Милиони џинои (поема за деца, 1948); Песни (1948); Улица (повест, 1950); Егејска барутна бајка (поезија, 1950); Лирика (1951); Село зад седумте јасени (роман, 1952); Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952); Кловнови и луѓе (раскази, 1954); Две Марии (роман, 1956); Леб и камен (поезија, 1957); Месечар (роман, 1958); Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959); Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959); Горчливи легенди (патописна проза, 1962); И бол и бес (роман, 1964); Стебла (нова верзија на Село зад се­ думте јасени, роман, 1965); Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966); Црни и жолти (поезија за деца, 1968); Каинавелија (поезија, 1968); Тврдоглави (роман, 1969); Омарнини (раскази, 1972); Ковчег (раскази, 1976); Оковано јаболко (поезија, 1979); Астропеус (поезија, 1980); Змејови за игра (поезија, 1983); Легионите на Свети Адофонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (трилогија под наслов: Миракули на грозомората 1984); Девет Керубинови векови (роман,

153 СВП 50 - ГОДИНИ

1986); Песји шуми (поезија, 1988); Чу­ до­творци (роман, 1988); Рулет со се­ дум бројки (роман, 1989); Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1992); Зад тај­ната врата (раскази, 1993); Палетата на проклетството (поезија,1995); Кон­ ти­нент Кукулино (проза,1996); Пупи Паф во Шумшул - град (книга за деца, 1996); Пупи Паф гледа од вселената (1996); Пупи Паф господар на сони­ штата (1996); Додека спиеја кртовите (пое­зија, 1998). Постхумно објавени: Де­понија (роман, 2000), И петто годи­ шно време (раскази, 2001), Измислена твр­дина(поезија, 2002), како и Галерија уни­верзум и (книга на есеи, огледи, по­лемики).

ПАТЕМ Жилите на кипарисите не бараат под иловица а ние на камен запишани се таиме безимени. Ковачите во черупката занаетот си го заборавиле, стоного чукаре од земја никого не ќе извлече. Гаснат зад свиокон клопотарци увото врз недоречениот се потпира. Славко Јаневски


СВП 50 - ГОДИНИ 154

песната нема граници Да, таков беше и мојот впечаток, кога за првпат ја видов Струга - дека сè што

е возвишено, свртено кон небото, кон вечното и бесконечното, собрано е во Струга. Нејзината извонредна местоположба ў овозможила да биде дел од големите патни врски - Виа Егнатија на поврзницата меѓу двете римски царства. Во античките времиња градот го носел името Енхалон, што во превод значи јагула. Во името е знакот, вели една латинска изрека. Во Енхалон бил знакот на Струга. Од овде, од излезот на Црн Дрим од Охридското Езеро, почнува најдолгиот пат на јагулата кој води до Сарагското Море, до каде патува за да остави пород, да се размножува. Името со времето се променило. Но, се про­ менија и можностите за патот на ретката риба, која живее во слатководните длабочини, а патува заради продолжување на родот, далеку, далеку. Но, тој пат на јагулата, опеан и во многу песни на поеттите што претстојувале во Струга, на престижната светска поетска манифестацијја, веќе е попречен со изградбата на вештачките езера по течението на Дрим - Дебарското Езеро и Глобочица. Деветнаесеттите СВП почнаа со манифестацијата Поетите за Тито. Свои стихови посветени на делото на Тито читаа поетите: Адам Пусловиќ, Љерка Цар Матутиновиќ, Матеја Матевски, Стеван Тонтиќ, Енвер Ѓерѓеку, Милка Павловиќ, Бошко Ивков и Дане Зајц (песни од Жупанчиќ), и Шукри Рамо. Во црквата Света Софија во Охрид се одржа портрет на добитникот на Златниот венец, германскиот поет Х. М. Енценсбергер со концерт со компонирана музика на две песни од Енценсбергер. Песните ги компонираа Сотир Голабовски и Тоше Стојчевски. Благоја Николовски, покрај овие песни исполни уште неколку композиции од германски класици. Деветнаесеттите „Струшки вечери на поезијата“ во целост ја оправдаа сопствената зрелост. Спонтано прераснаа во една од најголемите светски по­ етски манифестации, се здобија со авторитет и углед што се почитува од секој домашен и странски гостин и учесник. Впрочем, за тоа најдобро говорат содр­ жините изнесени на показ во овие четири деноноќија крај истекот на Дрим од Охридското Езеро. Преку тие програмски содржини, Струшките вечери на поезијата ја потврдија својата основна цел и функција да бидат духовен мост за запознавање на поетите, писателите, критичарите, поклониците на пиша­ ниот збор од сите меридијани на нашата планета. Тоа е сребрена стрела од Струга вивната кон светот - како што испеа Марин Соареску од Романија.

155 СВП 50 - ГОДИНИ

ИЗВОРИ Јажиња долги од реки, В длабочини јажиња од песок, Меѓу кои, клокотејќи извираат на површината Облаците од изминатата година. Лебедите во тежок лет Слетуваат крај изворите, Мазнејќи го сјајот На лилјанот за крајната песна. Крај мостот јажињата се испреплетуваат И пенливиот Дрим Се фрла во ширините. Тоа е сребрена стрела од Струга Вивната кон светот. Марин Сореску, Романија


СВП 50 - ГОДИНИ 156

македонија е предел на историски средби Во обраќањето до Советот на „Струшките вечери на

по­е­зијата“ добитникот на „Златниот венец“ Ханс Маг­ нус Енценсбергер истакна: Многу почитувани господа, Вашите двајца делегати, господин Борис Ви­шин­ ски и господин Јован Стрезовски ми соопштија дека имате намера да ми ја доделите овогодишната награда на Струга. Оваа вест ја прифатив со радост и изненаду­ вање и не треба да Ве уверувам колку ја ценам оваа чест. Со задоволство ќе дојдам во месец август оваа го­дина во Струга за да ја примам наградата. Ви ја изразувам мојата благодарност и моето дла­ боко почитување. Во својата порака, пак, лауреатот Ханс Магнус Ен­ ценсбергер по соопштувањето на одлуката за добива­ њето на престижното поетско признание напиаша: Еден е поканет од студените северни градови во кои поезијата веќе одамна не слави празници. Еден ќе дојде од онаму каде што морињата се заматени, а гос­ топримството се вбројува во изумрени работи, ќе дојде во една мала, далечна земја и се чуди. Немаат ли стру­ жаните доволно грижи? Тие не се богати луѓе. Зошто се грижат за странците што пишуваат поезија? Зошто го делат своето вино, лебот, рибите со овие ништожни странци? Зошто секоја година го даруваат еден од нив, го фалат и го одликуваат? Тоа го чуди оној што доаѓа од студените северни градови. Тоа го вчудовидува. И, го радува. Не го заслужил тоа. Не знае како да се за­ благодари. Можеби би морал да стане и да одржи говор. Но тој не е говорник, се двоуми. Не донел ништо друго, освен неколку стихови напишани на неразбирлив јазик. Прочитува неколку стиха. Подзапира. Им се заблаго­ дарува на луѓето од Струга. Добитникот Енценсбергер на меѓународната награ­ дата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезија­ та“ - 1980 година, по вечерта посветена на неговата поезија во црквата Св. Софија, во Охрид изјави: Мислев овие денови дека има предели на земјава што цел свет сакал во текот нз историјата да ги освои. А, Македонија е предел на историски средби не само на културата туку и земја што луѓето откако ја виделе еднаш посакале и да ја имаат. Јас не сум човек кој има стратешки дух и тешко сум разбирзл зошто постоеле апетити да се освои Македонија. Меѓутоа, моето објас­ нување, овој пат не е стратешко, туку се работи за на­ вистина прекрасна земја со чудесни пејзажи. Затоа и впрочем доаѓале сите освојувзчи, да ја исползуваат ва­ шата лоша среќа, борејќи се да ја преземат Македонија. За првпат вие сте свои на својата земја, господари на својот дом.

157 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 158

1980

македонија е предел на историски средби златен венец

159 СВП 50 - ГОДИНИ

Ханс Магнус Енцесбергер

Еден од најпознатите современи ге­рмански писател, Ханс Магнус Ен­ценс­бер­ гер Минхен, роден е на 14 мај 1980. Не­го­вата поезија е окарактеризирана како ал­хе­мија на обичните елементи на говорниот ја­зик. Ханс Магнус Енцебергер (роден на 11. 11. 1928 г. во Кауфбојрен е германски писател и поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Жи­вее во Минхен. Учел литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрај­б ург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 го­дина на тема Поезијата на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како уред­ник во радио во Штудгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Курцбуцх (Распоред). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Дие Андере Библиотхек (Другата библиотека), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот Транс Атлантик. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици. Во најголем дел од неговите песни, Енцесбергер користи саркастичен и ироничен тон. Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, како еден од ретките ле­ воориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР. (Судења од минатото, Глобално ехо.) Награди и призна­ нија: 1963 - Награда Георг Бихнер, 1985, Награда Хајнрих Бел, 1993 - Награда на мирот Ерих Марија Ремарк, 1998 - Награда Ханријх Хајне, 2002 - Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост, 2006 - Награда Д’Ануцио за севкупен опус. Значајни дела: Одбрана на волците, песни, 1957, Политика и криминал, есеи, 1964, Азбука за слепи, 1964; Германија, Германија, меѓу дру­ гото, 1967 Сослушување во Хавана, проза, 1970, Разговори со Маркс и Енгелс, есеи, 1970, Мавзолеј - балади од историјата на прогресот, 1975; Пропаста на Титаник, епска поема, 1978, Музиката на иднината, раскази, 1991, Ќерката на Воздухот, драма, 1992, Каде беше Роберт?, роман, 1998, Ѓаволовиот број, роман, 1999, Раскази 1950-2005, 2006.

РОДЕНДЕНСКО ПИСМО стар си ти: стар: ко лисјето исушен капак слепоочниците мувлосуваат: жедна мов ги уценува ребрата како некое сомневање: лепрата се вовлече низ крвотокот: сунѓерот како несреќа: како печурка од оцет: како срам се надува белата дораснатост во органите: како бобинки тајни: молчејќи како ружа на челото: како лишај во тврдоглавата крв: пожолтено семе: полека: како пепел полека печурката вденува конци низ мозокот: како пајаците што ја покриваат мудроста и зловолната уста скржавост и презир се вовлекуваат во влажната мрежа на жилата: посна земја навлегува во ушите: вар во соништата: се рони кредата: од длабоките пештери срцето чука засипано: старо: во помош: стар: ти си стар си ти: стар. Ханс Магнус Енцебергер


македонија е предел на историски средби

СВП 50 - ГОДИНИ 160

Награда „Браќа Миладиновци“ 1980

Ефтим Клетников

Роден е во Негрево на 6. 11. 1946, поет, есе­ист, критичар, преведувач (Пушкин, Лер­ мон­тов, Расин, Валери). Дипломирал на Фи­ло­ зоф­скиот факултет во Скопје. Бил директор на СВП. Во поезијата на Клетников, пишува В. Уро­ ше­виќ, има многу восхит, празнување, славење на блесокот и сјајот, но зад тоа мноштво од свет­ ли и химнични емоции се наѕира секогаш едно темно претчувство, едно ескалативно навестува­ ње на темнината. Дела: Модер вир, 1977; Зраци и самраци, 1978; Окото на темниот, 1980; Песни за Огнен, 1983; Икра и крило, 1984; Гласови, 1987; Триок, 1989; Магновенија, 1992; Маж и жена со лице спроти ѕвездите, 1994; Прасјај, 1995; Троја, 1996; Живиот камен и др. Автор е и на книгите со есеи и критика Ори­он, 1986; Јатка; Во потрага по целината, како и на неколку антологии на ма­ке­донската поезија. Застапуван е во повеќе антологии на современата маке­ дон­ска поезија.

ОКОТО НА ТЕМНИОТ ГИ ИЗВИДЕ И ГРОБОВИТЕ Окото на Темниот ги извиде сите светлини. Секаде остави црна пукнатина во нив. Ја подотвори и вратата на гробовите, но таму на мртвите, од ништо друго, а од ѕвездата што ги испрати до под снеговите им блескаше нежното пламенче во кандилото. Ѕиркаше, саноќ ѕиркаше Темниот низ подотворената врата на гробовите и премале пред храброста на зракот што ја крепеше тешката планина на ноќта. Од некое соѕвездие пробиваше ветер, но ништо не се измени сред мракот длабок: Спокојни беа лицата на мртвите, полни со ружи од нестварни бавчи. Плискаше пламенчето во темнината, и заспа, близу него, Детето во лулката, а мајката замина по нова рожба да ја потсили, пред зори, Светлината. Ефтим Клетников

161 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 162

пееме ние и водните ѕвезди

163 СВП 50 - ГОДИНИ

Деветнаесеттите СВП наидоа на мошне голе­

мо интересирање во домашните и странските сред­ства за информирање. Голем е бројот на на­пи­сите, информациите, коментарите, изја­ вите, интервјуата на учесниците на СВП, како и бројот на радиотелевизиските емисии во зем­ јата и светот. Одгласите за СВП веќе во тој пе­ ри­од достигнаа бројка од над 1.000 информатив­ ни единици. Преку повеќето програмски блокови, Струш­ките вечери на поезијата настојуваат на еден од најкомуникативните начини за презен­ ти­рање на поетските вредности и дострели жи­вотно кажување на поезијата - да ја презе­ тираат македонската поезија пред странските и домашните учесници на СВП, како и пред мно­губројната публика, вљубеници на поезија­ та, во Домот на поезијата, на велечинствениот по­етски мост на Дрим, во црквата Света Со­ фи­ја во Охрид, насекаде крај бреговите на Ох­ рид­ското Езеро. На деветнаесеттите СВП, македонската по­ езија беше присутна преку антологискиот из­ бор Од Константин Миладинов до денес, вечер посветена на 150-годишнината од раѓањето на основоположникот на македонската лирска песна Константин Миладинов. „Струшките вечери на поезијата“ на­ стојуваат да бидат широко отворени кон све­ тот и кон светските поетски текови. Една од функциите на СВП е приопштувањето на вред­ ностите на националните литератури на од­ делни народи, како и афирмирањето на маке­ донската литература и култура во светот. Но­ се­ше реката гласови од урду, свахили, фламан­ ски и сите тие одблеснуваа на македонски, ја­зикот, на оваа земја, зашто еден камен мост др­жеше поети, кои, спроти текот на реката, им пе­еја на слушателите на брегот - како што ис­ пеа Грејс Шулман од САД.

ИЗВОР Водите на градот не се ко ќилибар, взори се метал. Реката Дрим, бистра, ко сеќавање чисто, истечува од езерото на Охрид. И самото девствено покажува тоа острови од фрагмити, а кадравите треви што на дното му растат на површината се ко спомени. Одејќи по реката кон изворот, небаре ги барав сулфурните мисли на крајот од душата, како ѕвездите на дното од Дантеовиот Пекол, како запуштени духови, израстени во околната широчина, бродев јас кон еден гранитен остров и до еден напуштен манастир, кај што пауни шеткаат меѓу оревови дрвја, видов извор што се влева во езерото на Охрид. Осуден да го прекине текот свој, се бранува во гратчето Струга меѓу бреговите од тополи со зашилени лисје, кај што децата за паричка се спремни да се нурнат. Изворот? Една вечер, живо сребро на изгрејмесечина, носеше реката гласови од урду, свахили, фламански и сите тие одблеснуваа на македонски, јазикот, на оваа земја, зашто еден камен мост држеше поети, кои, спроти текот на реката, им пееја на слушателите на брегот. Песната беше извор. Грејс Шулман, САД


СВП 50 - ГОДИНИ 164

пееме ние и водните ѕвезди Манифестацијата Мостови, една од најспектакуларните поетски вечери и

на деветнаесеттите СВП, ја потврди својата меѓународна улога и мислата дека песната нема граници и дека таа е разбирлива на сите јазици во светот. Струшките вечери на поезијата не се одржуваат само во Струга и во Охрид. Тие продолжуваат во повеќе градови низ нашата република. Така, на деветнаесеттите СВП, сите домашни и странски учесници по Струга настапија во 15 градови во Републиката, на тој начин раширувајќи ја живата комуника­ ција со голем број луѓе. Поетите на Струга слават. Пееме ние и водните ѕвезди во овие тивки, исконски ноќи - испеа Ен Фербарн од САД.

ИЗВОР

(Длабочината на душата е природа, а природа е творечкиот живот - К. Г. Јунг)

Ноќе Охридското Езеро е распеано од светлина. Ова вечно срце на земјата ја доближува својата длабока тишина кон поезијата на ѕвездите. Преродени крај овој длабок и светол извор, поетите на Струга слават. Пееме ние и водните ѕвезди во овие тивки, исконски ноќи. Од замагленото езеро взори, огледална убавина сјае, летните лебеди на Охрид не даруваат со убавина. 6 февруари 1986 Ен Фербарн, САД

165 СВП 50 - ГОДИНИ

СВП во целост ја извршија својата функција на незаменлив поетски собир за комуникација и за зближување на поетите, поезиите и културите на сите народи во светот. Како што испеа и поетот Драган Јовановиќ Данилов од Србија.

ОХРИД За тајната на мојата вера книгата е ненужна. А заправо, страшен е тој џагор на улицата, Лете, кога цути воздухот а не смоквата. Како Александрија е вечен овој мал град Што го осветлуваат купишта лимони и портокали по пазарите И прекрасните господинки пчели разгласени по гроздовите, Имам четириесет години а уште не сум им рекол на небесата; Денес е најубавиот ден на светот. Квечерум, се собираме под сеницата на симпатичната кафеана, ние четиримината - англиската поетеса Во цутот на староста, нејзиниот сопруг, преубавата, млада Индијка и јас. Со напор за пристојност Раскажуваме за нашите мали живеачки, за солзите на нештата. Напати, онаа Индијка се присетува на стихови од Кавафис. Кога се растураме, останувам долго да скитам низ ноќта По уште живите улици, над кои душите се бараат Низ воздухот. И нема ништо, о Богови, освен овие години Од прав! Ова е можеби време кога прска Некоја тајна жила во мраморот и кога се што трепери Вон себе трепери. Тука, на неколку чекори, езерската Вода во која кипарисите се одопаку, светка во ноќта, Не барајќи ништо од моето тело, семоќно и ништотно. Драган Јовановиќ Данилов, Србија.


СВП 50 - ГОДИНИ 166

глосите вишнеат над белите води Поетските фестивали воопшто денес се убава можност, би рекла - незамен­

лива можност, поетите меѓусебно да се запознаат, да се среќаваат стари прија­ тели и да се збогатуваат со искуствата од другите литератури во светот. Дома патувам со впечаток дека во себе носам дел од секој поет, дел од поезија на секој учесник и дел од присутните и жителите на Струга, кои живеат најсреќен живот со спомените и со идните денови на СВП - коментираше Даринка Јевриќ од Србија. По повод Дваесетгодишнината на Струшките вечери беше претставена поезијата на сите дотогашни добитници на наградата „Златен венец“ и пое­ зијата на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“.

167 СВП 50 - ГОДИНИ

1981

златен венец Блаже Конески

Роден е во с. Небрегово, Прилепско, на 19. 12. 1921, почина во на 7. 12. 1993 година. Филолог, поет, универзитетски професор. Најистакната фигура на македонистиката во периодот по ослободувањето на Македонија. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и нејзин најистакнат претставник (составувач на нај­ голем дел од првиот Македонски правопис, 1945, и на проширеното издание Македонски правопис со правописен речник, 1950 годи­ на). Творец на основоположничките трудови на македонскиот јазик (граматиката, речни­ кот, историјата, историската фонологија). Основното образование го почнува во род­ ното село на неполни шест години за да не згасне училиштето поради недоволен број ученици. Откако го завршил првото оддлеление, семејството се преселува во Прилеп, па таму го завршува осумгодишното школување. Средното образо­ вание го продолжува, поради укинувањето на гимназијата во Прилеп, во гим­ назијата во Крагуевац и матурира во 1939 година. Таму се вклучува во лите­ ратурниот живот на гимназијата, станува уредник на училишното списание Подмладак, пишува песни на српски јазик, а веќе во почетокот на 1939 наста­ нува кај него смена на јазикот и почнува да пишува на македонски. Првата песна на македонски му е Писмо до една мајка (по углед на соодветна песна од Мајаковски). По наговор од другарите и желба од родителите, образованието го продолжува на Медицинскиот факултет во Белград. Но, само по еден се­ местар поминато на него сфаќа дека негов интерес не е медицината. Веќе во летниот семестар на 1940 г. се префрла на Филозофскиот факултет, на славис­ тика и избира ретка комбинација: југословенска литература под А, а под Б руска литература и руски јазик. Привлечен од поезијата на некои полски поети (Мицкјевич, Словецки и др.), посетува факултативен курс по полски јазик. Со времето на студиите во Белград се сврзува и неговото откривање на народ­ ното творештво на Марко Цепенков, објавувано во познатиот бугарски Зборник за народни умотворенија. Запознавањето со овој материјал му помага да на­ прави уште како студент нацрт на граматика на македонскиот јазик и опис на прилепскиот говор. Добар дел од овие негови белешки се искористени, по ослободувањето, во оформувањето на неговата Граматика (1952, 1954) и мо­ нографијата Прилепскиот говор (1948). Започнувањето на Втората светска војна на просторите на Југославија во 1941 г. му го оневозможува школувањето во Белград, па е присилен да ги продолжи студиите на Универзитетот во Софија. Тука му се признаени трите семестри од Белград и дипломира во 1944 г. Работејќи на семинарска работа за делото на надежниот славист Димитар Матов, тој доаѓа до значајни податоци за развојот на македонскиот јазик. Меѓу


СВП 50 - ГОДИНИ 168

глосите вишнеат над белите води другото, се запознава со обемната рецензија на Александар Теодоров-Балан за делото на Крсте Мисирков, За македонцките работи. И покрај упорното инсистирање да дојде директно до ова знаменито дело за македонската посеб­ ност, тоа не му се овозможува. Но, мислата да се запознае поподробно со него не го напушта. Го користи првиот можен случај по Ослободувањето, кога општествените услови се изменети, да го побара делото. Во јуни 1945 г. оди во Софија, ја добива книгата, прави белешки и ја објавува веднаш во печатот опширната статија Една македонска книга и со тоа врши прва популаризација на Мисирков кај нас. Есента 1944 г., уште пред целосното ослободување на земјата, тој е веќе во привремениот државен и политички центар на слободната територија во с. Горно Врановци, Велешко. Тука е тој преведувач, коректор и лектор на весниците и другите публикации, тука тој држи пред поширок ау­ диториум културни и општествени дејци неколку предавања за развојот на македонскиот јазик и за неговиот литературен лик. По ослободувањето Конески е назначен за лектор на Македонскиот театар: преведува помали текстови за игра на сцената и пиесата Платон Кречет од Александар Корнејчук, со која на 3 април 1945 г. беше означена дејноста на Драмата на МНТ со целовечерна претстава, а ја пишува и актуелната едночинка Гладна кокошка просо сонуе, со која во Театарот беше пречекана Новата 1945 г. Пред пошироката јавност се претставува во мај 1945 г. со предавањето Македонската литература и ма­ кедонскиот литературен јазик на Народниот универзитет во Скопје. Од про­ летта 1945 г. тој е на работа во Министерството за просвета, учествува во многу акции од областа на просветата и културата, како и во основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Еден е од основачите на Филозофскиот факултет (1946), на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков (1953), на МАНУ (1967, прв претседател), на Друштвото на писателите на Македонија (1947, прв претседател), на Друштвото (Сојузот) за македонски јазик и лите­ ратура (1954), на Македонскиот славистички комитет (1963), на сп. Македонски јазик (1950, прв главен и одговорен уредник) и др. Декан на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (1958-1960). Член на академиите на науките на Хрватска (1962), Србија (1963), Словенија (1963), Босна и Херцеговина (1969), а потоа и на Војводина и на Црна Гора, како и на Австрија и Полска. Почесен доктор на универзитетите во Чикаго (1968), Вроцлав (1970), како и на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Носител е на Његошевата и на Хердеровата награда, на наградите АВНОЈ, Скендер Куленовиќ, Сојузот на писателите на СССР и др. Својот однос кон личноста и делото на Конески, македонската научна и културна јавност го покажа со именувањето на Филолошкиот факултет во Скопје со неговото име и со основањето на Фондацијата за македонски јазик Небрегово. Дела: Граматика на македонскиот литературен јазик (I 1952, II 1954), Речник на македонскиот јазик (I 1961, II 1965, III 1966, редактор), Историја на македонскиот јазик (1965), Историска фонологија на македонскиот јазик (Хајделберг, 1983, на англиски; Скопје, 2001, на македонски). Автор и на многу други значајни трудови: Македонските учебници од 20 век - Еден прилог кон историјата на македонската преродба (1949), Прилепски говор (1949), Македонската литература во 20 век - Краток преглед и текстови (1950), За македонскиот литературен јазик (1952), Вранешнички апостол (1956), Јазикот на македонската народна поезија, (1971), Беседи и огледи (1972), Македонскиот 19 век. Јазични и книжевно-историски прилози (1986), Ликови и теми (1987), Македонски места и имиња (1991). Негови се и стихозбирките: Земјата и љу­ бовта (1948), Песни (1953), Везилка (1955), Стерна (1966), Ракување (1969),

169 СВП 50 - ГОДИНИ

Стари и нови песни (1979), Чешмите (1984), Собрани песни (1987), Средба во рајот (1988), Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989), Црн овен (1993). И препевите: Горски венец од Његош (1947), Лирски интермецо на Х. Хајне (1952), Отело на В. Шекспир (1953), Крштевање на Савица од Ф. Прешерн (1980), како и песни од Александар Блок, Адам Мицкјевич, Владимир Мајаковски, Десанка Максимовиќ и др. АНГЕЛОТ НА СВЕТА СОФИЈА Ти којшто толку време мина под малтерот на ѕидот мрачен, пак слободен си в простор зрачен - о сине тих на мисла сина со живот пак ти гори видот и зори како небо ѕидот Но таа лика што се крие под малтерот на мојте гради и - утеха на дните млади по убост како сестра ти е, не, нема мајстор да ја спаси, со мојот живот ќе се згаси. Блаже Конески


дрвјата и книгите живеат заедно

СВП 50 - ГОДИНИ 170

Награда „Браќа Миладиновци“ 1981

Матеја Матевски

ПОВИК Стани и упати се пополека по плодовите на есента што татни во земни длабини Како бременост на жена како вознемиреност на стадо како истурање на сонцето по оградите Трмката на твојата мисла се рои во пределот. Во него се рони јатото на спомените Ти се движиш во круг по познатите треви а спиралата на времето те влече по нови виделини По кои беспрекин се оди по примките на зборовите Матеја Матевски

Струга нè мами со својата питомост и кроткост, галена од сончевите зраци

преку целиот ден. Во Струга и блиската околина се изградени многу цркви и манастири, џамии и постојат културно-историски споменици од најста­ рите времиња. Во градската црква Свети Ѓорѓи се откреиени вредни икони живописани од 14 до 16 век. Во Калишта, недалеку од Струга, каде со развојот на туризмот се изградени прекрасни хотели, се наоѓа црквата Света Богородица од 14 век, со пештерски ќелии на монаси испосници. А, во модерното време, во времето на СВП и прекрасно место за поетски осаменки и дел од содржините на СВП.

171 СВП 50 - ГОДИНИ


дрвјата и книгите живеат заедно

СВП 50 - ГОДИНИ 172

КАЛИШТАНСКИ ОСАМЕНКИ 1. Не оди, татко, в зори на месечевото поило. Не носи тешка секира. Не оди татко в зори, Тенка сенка. Братот влезе во јаворот. Нема ниедно дрво. Висок е сонот во тебе. Тие ќе дојдат во страв. Не треба да се потпалува Борината. Нивниот пат е кон нашиот дом. 13. Моите пријатели отидоа во своите големи градови. Полни се нивните соби. Нивните деца се весели. Јас очекувам писма од нив. Јас чекам вести за нив. Дали некој се удавил? Дали некој се оженил? Тие ќе ми јават. Ќе пиеме вино на брегот. Ќе ги пееме песните од младоста. Ќе псуеме. Тие сите отишле а само јас ги изговарам Овие кршливи реченици Седете покрај мене. Водата е вода. Ќе ги намокриме нозете. Нема да кажуваме песни. Перо Зубац, Србија

173 СВП 50 - ГОДИНИ

Во Калишта се наоѓаат и прештерските цркви Свети Атанасиј и Свети Петар,

кои потекнуваат од 14 и од 16 век. Во селото Радожда се наоѓа пештерската црква Свети Архангел Михаил од 12 век, а во селото Вишни црквата Свети Спас од 14 век. Што ќе рече поетот – сè е поезија, сè e идеално за поезија, што секако беше пресудно овој македонски град да се престори во колосално поетско градилиште, еве веќе половна столетие. Старата струшка чаршија и струшкиот пазар се ретка етнолошка излож­ ба, со посебно доживување. Тука дише традицијата, а животот носи некое спокојство од дамнешните времиња. Тука Стих по стих течат водите од картите. Еден мост, еден венец, светла, пријатели, милина - како што испеа Фејзи Халиџи од Турција.

ПЕСНИ ЗА СТРУГА Струга е сега песна во мене, Дрим вечна и бескрајна убавина. Го држам последното свежо летно цвеќе, Во лулката на соништата се нишам, се нишам... Стих по стих течат водите од картите Еден мост, еден венец, светла, пријатели, милина. Силно ти ги гушкаат зениците рацете на времето Со бескрајна љубов растат денот и ноќта... Чекори што со тебе на пријателски трпези одат, Убава песна, една голтка вода се сега. Покани очекувани, топли втасуваат, Повторно споделуваш една стара љубов... Сон на еден свет се разделува, слушаш ли? Се множи полека трепетот на душата од листот. На јадицата од песната Струга е сосем водлива, Ти се будам како добро утро од Истанбул... Ти си моја Струга, драга моја убавица, Султан си ми без тајни, тамбура, кавал мои. На твоите крилја прелетувам бескрајни мориња, Месечина полна си што патот ми го осветлува. Фејзи Халиџи, Турција


СВП 50 - ГОДИНИ 174

глосите вишнеат над белите води

На СВП учествувале повеќе илјади мајстори на зборот од сите страни на светот.

А, во срцето на градот, непосредно до домот на поезијата е Паркот на поетите. Тука секој лауреат на Златниот венец засадува дрвце. Така, дрвјата и книгите живеат заедно, се надополнуваат. Кората на дрвјата станува корица на книгите, додека дишат спомените за поетите. Откако дојдов првпат во Струга, во далечната 1984 година, станав зави­ сник од овој град како наркоман од дрога... Струга е волшебно место на пое­ зијата - рече Хусто Хорхе Падрон. Кога помислувам на Струга, помислувам и на прерано починатиот пи­ сател Крсте Чачански. Пред години, по многуте средби со неговата сенка, го запознав Крсте Чачански - лично. Со неколку негови пријатели, писатели и новинари, присутни на СВП, му бевме гости во неговиот дом во струшка Драслајца. Седевме под сенките на лозницата во Едемската градина на Драслајца, облагородувана со рацете на мајсторот на зборот и заробеникот на сонот. Наздравувавме со лута домашна ракија, од бочката на домаќинот, се замивавме со студената вода од пумпата во дворот, и го слушавме спокојниот говор на љубезниот стопан на тоа скровиште на хармонијата меѓу творештвото и жи­ веачката што притиска. И сè уште не знам дали повеќе ми тежеа цитатите на Џојс, Хемероф, што ги изустуваше Чачански, или дрочните гроздови надвиснати над нашите глави. И кога помислувам на Струга бескрајно се сеќавам. Се отвара споменарот на мојата душа. Светската престолнина на поезијата. Струга, Струга, ти фали само пруга. И би била сосем друга. А, како Струга нема друга. Орелски крилја как да си метнам и в наши страни да си прелетнам, на наши места јас да си идам, да видам Охрид, Струга да видам, одекнуваат сти­ ховите на Константина Миладинов од ѕвезденото небо во проѕирните води на

езерото. Струга и Охрид не ги поврзува само езерото туку и големото духовно наследство. Во поезијата на Константин Миладинов, во чија чест се празнува поетската реч во Струга и Григор Прличев, ученикот на Димитрија Миладинов, вториот Хомер, во чија чест престижното светско поетско признание на СВП беше именувано – венец. „Златен венец“, се врзуваат нештата како жилките во листот. А, Миладиновци и Прличев ги поврзува и животот - една друга човечка судбина, едно одрекување од световниот живот во името на возви­ шената љубов. Депа (Деспина) Каваева, собирачка и пејачка на народни песни од времето и од градот на Миладиновци, Струга. Соработувала во подготов­ ките на Зборникот на Браќата Миладиновци. За нејзиниот живот и дело пи­ шувал Петар Чакар. Тој изнесува податоци дека Депа Каваева е внука од помала сестра на Миладиновци, дека околу сто и педесет песни во Зборникот на Миладиновци се собрани од неа, дека му била тајна свршеница на Григор Прличев и дека можеби таа има коавторство во незаборавната песна будница на Прличев Во илјада седумстотин шездесет и второ лето. Била одбрана од природата да памети и да импровизира. Бистроумна и со голема смисла за опсервација, мошне чувствителна и мечтателска природа. На вујковците им помагала во токмењето на епохалниот зборник, па Константин Миладинов во Предговорот кон првото издание на Зборникот од народни песни (Загреб, 1861) соопштува дека најповеќе песни се слушани во Струга, од Депа Каваева. Од нејзината биографија се знае дека се закалуѓерила мошне млада, а како причина се наведува нејзината нереализирана љубов со авторот на Сердарот - Прличев и во монашкиот ред го зела името Касијана. Во 1982-то лето на СВП беше прикажан документарниот филм Мостовисо што овој препознатлив белег на поетска Струга доби и филмско видување.

175 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 176

1982

златен венец Никита Станеску

177 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1982

Михаил Ренџов

Роден е во Плоешти на 7. 5. 1933, по­ чи­нал во Букурешт на 17. 11. 1983 годи­на, ро­мански поет, уредник на списанија. Уште со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поетска книга ги потврдувал новите сти­хови осло­ бодени од товарот на минатото. Дела: Една визија на чувствата (1964), Правото на време (1965), Јајцето и сферата (1967), Црвено вер­ тикално (1967), Незборовите (1969), Во слат­ киот кла­сичен стил (1970), Величината на студот (1972), Јасноста на срцето (1975); Кни­ га за препрочитување (1972).

ТАЖНА ЉУБОВНА ПЕСНА Само мојот живот вистински ќе умре за мене, некогаш. Само тревата и го знае вкусот на земјата. Само мојата крв вистински тагува по моето срце, кога го напушта. Воздухот е висок, ти си висока, висока е и мојата тага. Доаѓа време кога и коњите мреат. Доаѓа време кога и машините стареат. Доаѓа време кога врне ледно и сите жени твојата глава ја носат, и фустаните твои. Доаѓа и една голема птица, бела, која на небото ја несе месечината. Никита Станеску

Роден во Штип на 25. 8.. 1936 г., поет, рас­­кажувач, преведувач, есеист. Член на Ма­ке­ дон­скиот ПЕН центар и на ДПМ (од 1965). Од по­веќето врвни преводи треба да се издвои не­ говиот препев на епот Гилгамеш. За својата един­ствена збирка раскази Захариј и други ра­ скази (2004) ја добива Рациновата награда. Кри­ ти­ката вели дека е поет на сликата и на звукот. Не­говата поезија ја сочинуваат кратки поетски фор­ми. Она што може да се забележи како нови­ на во поетската практика како кај Ренџов така и во современата македонска поезија, особено во неговата поема Тој, е тоа што во функција на стих се поставува само еден збор (модел познат и кај В. Мајаковски и Н. Ј. Вапцаров). Ренџов во својата пое­зија ја спроведува и поетиката на отсутното. Дела: поезија: Иселеник на огнот (1965), Ноќно растење на зборот (1967), Каде од оваа страна (1968), На работ од сонот (1972), Страв (1976), Полноќ (1979), Нерези (1982), Аутодафе (1985), Феникс (сонети, 1987), Земја. Потоп (1991), Тој (лирска поема, 1993, Шпил (1994), Вечната бесконечната (1996), Јас оксиморон (1998), Псалми (2000,), Апокалипса (2002), Галичица (2007). НЕРЕЗИ (Манастир) Заборавени мегдани Од зелено и сино Заборавени игри и чудесии Заборавени искри Од сјајот и мракот Заборавени меки покривки Заборавено езеро на небото Заборавено дно на езерото Заборавени бои и мистрии Заборавени ангели-мајстори Заборавени кули и чардаци Заборавени ѕвонци и конаци Заборавени зурли и тапани Заборавени булки и зумбули Заборавено време Молкум изодено Осветлено. Засводено. Михаил Ренџов


зборот струга се топи на устата

СВП 50 - ГОДИНИ 178

А, требит човек да е духомобдарен за да ги

вос­прими убаините на белото (Охридско) езе­ ро и сите рајски предели наоколу. Да види Ох­ рид, Струга да види! Та и со други дарбини да е награден, јакоже да словит, велелепно слово да кажвит или со рака, со чкртки и бои, да мо­жит со писмо и слика да го овековечит виде­ но­то. Поет да е, писател, может сликар. Затоа гло­сите еве пет децении вишнеат над белите води, а Струга стана епицентар на светската по­етска реч. Ете, така испеа Ги Вагнер од Луксембург во Струга на СВП во 1982-та година.

СТРУГА Дојде повик од дното на езерото и го слушнаа низ сиот свет птиците-селици на зборот ги понесоа своите најубави зборје и дојдоа како ехо на повикот од езерското дно од близини и од далечини еве ги тука се да ги испеат своите најубави зборје од височините и рамнините од градовите и селата од земјата и од небото од водата и од воздухот од огнот од љубовта од животот езерото одговара на нивниот повик со пламенот на својата тишина ехо на неговата историја огледало на неговата душа Ги Вагнер, Луксембург

Релативно за кратко време СВП добија светско реноме. Да престојуваш во ова

место, кое не може да не се вброи во Архимедовите точки на источната историја и култура, над кое лебди нешто како волшебно на едно уште непотполно от­ криено настојување, а само по себе доволен повод за радост. Зборот Струга се топи на устата, тој, пред сè, за странецот има магичен звук што човек би сакал да го слуша во тишината на мислите. Очигледно, луѓето доаѓаат тука од духовни причини, за да се насладуваат од радоста на чистиот воздух, оти токму тоа е поезијата... Да се создаде такво место и можност, каде тоа се остварува, денес, значи многу, мошне многу - говореше Михаил Рес од Германија. За Мануел Скорза од Перу овој фестивал е единствен во светот кој ни допушта да се запознаеме не само со македонските писатели, туку и што поцврсто да се поврземе со многу поети од светот, да се запознаеме со нив, но не само лично, туку и подлабоко да навлеземе во карактеристиките на нивното творештво. А во Охрид, на 27 август 1970 година, ноќ спроти Богородица, големиот пра­ вославен празник, Роберто Санези од Италија, исто така, учесник на СВП ја испеа песната Охридскиот галеб е икона.

ОХРИДСКИОТ ГАЛЕБ Е ИКОНА Што мислел сликарот Михаило, гледајќи низ небесните злата нуркање на галеб во ненадејниот блесок на бранот, допирајќи со треперливи прсти падина стрмна од мртовечки зелени бледила кон крвта од мантијата на маченик или брада нагризана веќе од вековите во нимбот населен од невидливи тела? Шумот на водите се издига полека помеѓу куќите-играчки и макови и бара како куќите-простор над нивните вертикали и како маковите ги разгоруваат сонливите византиски мечтаења. Што мислел сликарот Михаило, слегувајќи внатре во себе во потрага по значењето на тишината? Нимбот што го живееме е овој простор отворен помеѓу две умирања, кај што нуркањето на истиот галеб се повторува но не за мене, не за мене - до недоглед. Роберто Санези, Италија

179 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 180

зборот струга се топи на устата Сите ние го чувствуваме сето ова што го правиме за поезијата, дека овој собир на поетите од целиот свет е еден поттик за натамошно творење, ната­ мошно создавање на поезијата - вели Викторија Теодору од Грција, а поетот Фади Саидин од Египет растајнувајќи го значењето на своето име потенцира: Саидин на арапски јазик значи дека сум среќен. И навистина сум среќен. Среќен што ја видов Струга и пријателите Јован Стрезовски и Матеја Матевски. Охрид, Свети Климент, Самоил, Света Софија ги инспирираа светските поети со своите великодостојности. Така и романскиот поет Јон Хореа го овековечи овој древен македонски град. ОХРИД На порте чукаш, да останеш - крилја ли ти шири? Секаде лимонов цут и од оскоруша мирис. Магариња по улиците талкаат, се качуваат ами Градот за земјата виси, на работ се врами, Со покривите наместени во игра на дете. А на планината, под тврдината Самоил, ете, Со залезот минува кога се затвораат вратите И златниот клуч на Охрид го вкопува во палатите. Под ѕидиштата турски глави лежат, света Софија кај што зрачи, А свети Климент чека во неговиот дом да се качиш Крај овошките од кајсии, по виулестите скали од градината, Ко псалми со кирилско писмо напишани, во каменот, во тишината. Молкнуваш препнувајќи се од плочите пругоре по ридот И чекаш учените да те пречекаат одзади ѕидот. Јон Хореа, Романија

1983

златен венец Сачидананд Хирананд Ватсјајан - агјеј

Роден е во Лакно, Индија, на 7. 5. 1911, починал во Њу Делхи, 8. 3. 1989 година. Нај­ значаен индиски поет на хиндски јазик; во литературата влегува со прекарот Агјеј (не­ знајниот или оној што не може да се долови). Автор е на 15 книги поезија, три рома­ни и повеќе збирки есеи. Бил уредник на спи­санија и автор на антологии. Неговата ли­рика се одликува со длабок интимизам и фи­лозофски проблесоци Дела.: Трепет, Ос­тро­ви во струја­ та, Миг на зелената трева, Гла­сник на поразот, Лудиот ловец, Знаци и мо­лчења. КАПКА ИЗЛЕТА ОД ПЕНАТА Здогледав капка: одненадеж излета од морската пена и блесна за миг во жарот на зајдисонцето. Глеј! - помислив на ѕидот на ништожноста таа единствена успеа да избегне да се престори во ништо! Секое чувство проникнато со светлина ослободување е од дамката на минливоста. Сачидананд Хирананд Ватсјајан - Агјеј

181 СВП 50 - ГОДИНИ


тука, посекаде мириса на поезија

СВП 50 - ГОДИНИ 182

183 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1983

Адем Гајтани

Роден во Подуево, Косово на 21. 8. 1935, починал во Скопје, 19. 3. 1982 г. Тој е поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се зани­ мавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик, бил новинар на весникот Рилиндја и уредник на културната рубрика на в. Флака е Влазлримит. Бил член на ДПМ. Автор е на повеќе збирки поезија на ал­ бански јазик. Преведувал од албански на маке­ донски (И. Кадаре, Р. Кукај и др.) и од македон­ ски и српски и хрватски на албански јазик. Меѓу другото, на албански ги превел: Пустина од Ѓ. Абаџиев, Пасквелија од Ж.Чинго, Години несо­ ница од Т. Момировски и книги со избор од поезијата на М. Матевски. Добитник е на наградата на Струшките вечери на поезијата „Браќа Миладиновци“ (1982, посмртно) за стихозбирката Лебедова песна.Дела: Светлина на срцето (1961); Морска школка (1966); Ниту птица, ниту дрво (1973); В сон песна (1975); Од цвет до цвет (1975); Едно трето време (1977), Морска ѕвезда (1979); Песни (1980); Лебедова песна (1982). Преводи и препеви: Стихови и раскази од пи­ сатели на албанската народност во Македонија (Скопје, 1973, со Александар Поповски); Ти песно, ти далечна песно (Скопје, 1973, со Гане Тодоровски).

И како човек да не се почувствува барем со едниот чевел за тукашен оти над сè не може а да не го возљуби езерото и сиот чудесен предел околу него. Крајбрежно, тргнувајки од запад кон исток, од Радожда, Ливадишта, Елен камен, Калишта, Струга, Подмоље, Охрид, Горица, Елешец, Пештани, Градиште, Трпејца, Заум, Љубаништа до Свети Наум, рајот земски како што го нарече светскиот учен Едгар Морен, учесник на „Струшките вечери на поезијата“. Тие денес припаѓаат во Македонија, а во продолжение кон Подградец е Албанија. И пругоре се пружаат ретки убавини, од сртовите на Јабланица до Галичица: од Белица или можеби Дремвица или, пак, Велица- Велика, каде што претстоју­ вал преподобниот свети Климент и каде врвел патот Виа Егнатија, врската меѓу Западното и Источното Римско Царство, од малите планински езера, па преку Вевчани, славна Дебарца., Лескоец, Косел, Велгошти, Рамне, Велестово, Конско до Елшани. Тука, посекаде мириса на поезија, каде е божја убавина како што својот роден крај го опеа токму Константин Младинов. Парче на синило под мојата клепка - како што испеа Марек Ваваршкиевич од Полска

НА ПАТ ОД ОХРИД ЗА БИТОЛА

КАМЕН Го фрлив каменот во водата сред кругови концентрични небото во кругови се распарча Го сокрив за кула и за мост го сокрив длабоко во таинственоста Можеби ќе ми треба кулите ако се урнат мостојте ако паднат Го фрлив во снегот сред бездни го фрлив во озоните вишни го кријам за тврдината на омразата го кријам за Акрополот на љубовта Можеби ќе ми треба кога огнот граба и гори кога го носи големата вода. Адем Гајтани

Така, како да сум се вратил во детскиот сон - Под небото, во кое сонцето, таа висока кула Со остар зрак ги разделува стихиите - Тече во мене воздухот. А црвеникав е Од таа земја црвена во подножјето на дабјето, А неспокојно е Од ритамот на пејзажот, артериска крв во дробовите. Тука оној сон, од детството, беше глувонем сон. Тука птичјиот пој се впишува во пејзажот, А стаклестите звукови на планинскиот поток, Што тече низ жештината, носат починка. Да, да се сонува - да се патува. И да се откриваат места Издлабени во дамнешен сон, во камен крај патот, Места неочекувани, а сепак познати, Небаре како мека перница во детската соба. Македонија Трага на дланка втисната во карпа, Парче на синило под мојата клепка. Марек Ваваршкиевич, Полска


СВП 50 - ГОДИНИ 184

тука, посекаде мириса на поезија

Охридското Езеро е 695 метри над морето,

со површина од 348,8 квадратни километри, од кои 229,9 ў припаѓаат во Република Ма­ке­ до­нија. Во Пештанската увала езерото е нај­ гло­боко - 287 метри. Најглобоко е на Балканот и јет многу старо. Долго е 30,35 километри и се смета за едно од најубавите тектонски езера во светот. Неговата проѕирност досега 21 ме­ тар, а прекрасната сина боја се протега во не­ доглед. Во него живеет 146 ендемични орга­ низми. Најпозната е охридската пастрмка, ја­гулата, охридскиот сунѓер, единствен во све­ тот. А, со езерото и покрај него со векови виш­ нееле високите духовни стојности на нашиот на­род, а педесет години светското поетско брат­ство го воздигнува своето царство, тука по­крај езерото, покрај Дрим. Орид и езерото ва­ка ги опеа Ханс Ван де Варзенбург од Хо­ лан­дија.

185 СВП 50 - ГОДИНИ

По палењето на фестивалскиот оган 1983 година беше одбележена 80-годиш­

нината на Илинден и 70 години од раѓањето и 40 години од смртта на поетот Кочо Рацин. Хуан Октавио Пренс од Аргентина му посвети песна на Рацина во која испеа дека секоја дипла на неговата кожа е полна со неговиот потиснат и за­ молчуван јазик, неговиот мајчин македонски јазик. МИСЛЕЈЌИ НА КОСТА РАЦИН Еден нежител кој ги крстосува просторите За да ги насели со мугри, На плеќите натовари борба како надеж На секоја граница чувари-ламји ги отвораат неговите товари и бараат да ги најдат оружјето и пораките. Не наоѓаат ништо, но секоја дипла на неговата кожа е полна со неговиот потиснат и замолчуван јазик. Каде и како да му го пронајдат тој јазик, еден ден тој ќе стрела со него. Велес, 1981 Хуан Октавио Пренс, Аргентина

ОХРИД Во описот на езерото водата се искачува и се излева гасејќи го огнот под котелот од железо. Песокот се бои во црно, медот светка од урокливото око. Во описот на езерото одекнува врева и ти отвораш пакет со свинска маст. Молњата ги цепи дрвјата и камењата. Во описот на езерото бродовите ја раскинуваат вечерта и пивото изветрува во бурето. Во описот на езерото саѓи паѓаат од небото. Ханс ван де Варзенбург, Холандија

Џон Фобе, заменик генерален директор на УНЕСКО, импресиониран од „Струш­

ките вечери на поезијата“ рече: Идејата поетите да ги читаат на својата пу­блика свои­те песни, а и меѓусебно, секако е необична Покрај тоа, неформал­ни­те кон­такти, посебно симпозиумот на кој писателите расправаат за тоа зошто пи­шуваат поезија и на крајот за нивната улога во општеството се единствени ка­рактеристики на „Струшките вечери на поезијата“. Тоа ги разликува од слич­ните манифестации. Првпат сум на „Струшките вечери на поезијата“ и прв претставник на својата земја. Тие даваат можност да ја откривам поезијата на народите од многу земји, а особено поезијата и културните богатства на Македонија. Вашиот фолклор ме инспирира. Веќе напишав неколку песни и кога ќе се вратам во својата земја ќе ги објавам. Навистина, Струга стана раскрсница на светот. Во неа можат да се сретнат поети од сите континенти: Азија, Африка, Америка, Европа... Во Стру­га тие ги изнесоа проблемите што ги тиштат нивните земји во доменот на поезијата. Во Струга за мене успешно е завршен еден доста сериозен курс на кој многу научив. Овде се чувствувам како да се наоѓам во природа во која е човек слободен. Тоа е за мене вистинско одушевување, кое ќе ми остане во се­ќавање - изјави Елебе Лисембе од Заир.


СВП 50 - ГОДИНИ 186

господ го создавал светот во близината на охрид Првпат сум во Струга. Пред неколку дена

прис­тигнав овде како учесник на Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Долго ги обиколував овие божествени пре­ дели по својата убавина. Со оглед на тоа што говорам и македонски јазик, среќавав и пра­ шував обични луѓе за Семинарот и за СВП. Не постои ниеден човек, јас не сретнав таков, кој не знае за оваа врвна мани­фе­стација Морам да истакнам дека македонската поезија, која ја запознав во мојот плоден престој во вашата земја, е, според своите ес­ тетски вредности, на светско ниво. Вие имате голема иднина. Јас не сум информиран, но сигурен сум дека не постои манифестација како СВП што собира толку голем број поети што доаѓаат истовремено од Исток и од Запад. Вие сте поетски народ со таква судбина и со таков дух, што чуству­ вам дека ме обврзува да ве пренесам во мо­ ето јужноамериканско поднебје, со сета ав­ тентичност и со сиот колорит - порача Хуан Октавио Пренс од Аргентина. Се велит дека во светот Охридското Езеро е слично со Бајкалското. Постојат појќе преданија како е настанато ова пре­ красно езеро. Вервам, слично како и шпан­ скиот поет Падрон, оти Севишниот, кога го создал светот, возбуден од своето совршено дело, пролеал солзи радосници. Две од ними паднале токму тука. Се слизнале низ Галичица, на двете страни, и така станале Охридското Езеро и Преспанското Езеро. Од сите фестивали што ги познавам, струш­ киот фестивал претставува најинтересна манифестација и по атмосфера и по нејзи­ ната непосредност. Добив целосна слика за македонската поезија. Една од моќните вред­ ности на Вечерите гледам во тоа што меѓу оние поети што доаѓаат од странство има и такви кои ќе се зафатат со преведување на македонската литература. Ако Господ го соз­ давал светот независно од тоа дали бил марксистички или идеалистички бог, тогаш сигурно го создал некаде во близината на Охрид. Но, едно е сигурно - дека имал чув­ ство и дека бил поет - истакна Михаил Спрушински, поет од Полска.

187 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 188

1984

златен венец Андреј Вознесенски

Роден во Москва на 5. 12. 1933 година ка­де и починал на 1. 6. 2010 година. Руски поет, слободен творец. Пишувал експеримен­ тална поезија што секогаш се потпирала врз ра­дицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоци­ ја­ции и асоцијативни низи, гротескна и пара­ до­ксална метафорика, а, исто така, при град­ бата на своите стихови се потпира на архите­ ктурата и сликарството. Дела.: Парабола, 1960; Мозаици, 1960; Триаголна крушка, 1962; Ан­ тисветови, 1964; Ахилово срце, 1966; Сен­ка­та на звукот, 1970; Дабов виолончелов лист, 1975; Соблазна, 1978; Неконтролирано, 1981. БАЛАДА ЗА ТОЧКАТА Балада? За точката? За смртната пилула?! Ај, не правете се улав! Зарем за пушкинскиот куршум не сте чуле! И за оној ветер што фиука, ко низ клапите на кларинетот, во продупчените глави на подобрите поети. Бодејќи ја надуеноста и свинштината со стрели кон потомците се упати траекторијата на тој фиук! И немаше точка. А имаше - почеток, нели? В земја заминуваме ние како во врати на железничка станица. И точката на тунелот е црна, ко топовска цевка ... Во бесмртност ли води таа, во предел ли без граница, ил’ во неизвесност таква што луѓето да не ја знаат?!... Смрт нема. И точка нема. Постои на куршумот патот а тоа е втората проекција на истата права, брате. Во природата, по проценките, не постои точка. Ние ќе бидеме бесмртни. И тоа е - точно! 1958 Андреј Вознесенски

189 СВП 50 - ГОДИНИ


се буди пеењето над водата

СВП 50 - ГОДИНИ 190

Награда „Браќа Миладиновци“ 1984

Тодор Чаловски

Роден во Гостивар на 23. 8. 1945 година. Поет, литературен критичар, есеист и преведу­ вач. Основно образование завршил во Галичник, ги­мназија учел во Скопје и во Гостивар, а дипло­ ми­рал на Филолошкиот факултет на Уни­вер­зи­ те­тот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работел како новинар во весниците Студентски збор, Вечер и Нова Македонија, во Радио Скопје, како уред­ник на Културна редакција и на Секторот за култура, литература и за уметност, а бил и за­меник одговорен уредник на Радио 2000 и уред­ник-коментатор во Македонското радио. Уче­с­твувал во уредувањето на списанијата Бе­ ле­зи и Разгледи. Бил главен уредник на ревијата на ДПМ Стожер, член (од 1969), секретар и претседател на Друштвото на писа­ телите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник. Бил претседател на Собранието на ДПМ. Член е на Ма­ ке­донскиот ПЕН-центар. Дела: Ноќ во која те нема (поезија, 1969), Ноќен ча­ сослов (поезија, 1971), Сердарски болести (поезија, 1975), Ѕвезда во човек (по­ езија, 1981), Јадро (поезија, 1984), Праг (поезија, 1988), Маѓосна меѓа (поезија, 1989), Прониз (поезија, 1994), Дарови (поезија, 1994), Галица (поезија, 1996), Будна куќа (поезија, 1998), Песни (1998), Критички видувања (есеи и критики, 1998), Глас крепител (поезија, 2000), Обден (поезија, 2002). Коавтор е на публика­ ци­јата Литературен преглед (осврти и прикази, 1980-1985). ЈАДРО Прво беше големиот блесок од чиј поник светови никнаа за да можат и сенката своја и гибелта и вечноста нова да ја вратат во ковот нечуен Видете го: тоа полетува не запрело да не заслепува со позлата животна и тресок во се ‘рти недоброј милина повиена со преѓа од висок напон Во него е прагот недосегнат дамарот што крвта ни ја кроти и љубовта ни ја преселува до некои нови хоризонти присутноста да си ја видиме Толку желби низ него минале толку живот од него пронижан со довикот за бескрај човеков во вечниот заграб на подвигот што идното време го отвора До јадрото да стигнеме јадро немеј далек во него да прсне да отнеме стерни вековити возвишено што ќе не преплават со мерата простум недоодна Тодор Чаловски

Овде, на „Струшките вечери на поезијата“ сè е убаво, сè е прекрасно. Пред да

дојдам, често размислував за ова место на поезијата Го споредував со нашето место Закопане, зимска престолнина на Полска. Таму, како и овде, има езеро, но не е толку големо и така убаво како ова. Многу ме инспирира тоа што Струга живее со поезијата - истакна Јан Витан од Полска. А, неговиот сонародникот Збигњев Столарек додава: Немам зборови да го искажам она што го чувствувам. Тоа е манифестација што зближува и облагородува. Овде целото поднебје како да е создадено за поезијата. Ова е можеби единствена манифестација што привлекува толкав број поети од целиот свет - се надоврзува Бенедек Киш од Унгарија. Олджих Рафај од Чехија испеа дека го полева македонското сонце, што спие длабоко во езерото.

ОХРИДСКО СОНЦЕ Охрид не го познавав поинаку отколку полеан со сонце, под незабележливиот трепет на црниците и сивиот прав на камењата крај патот, под жешкото црвенило на стреите, молчеливо бдеејќи во фурните на вековите, под лутата белина на наличените куќи, во дождот на гласовите, на острилото на погледите, во неизречниот миризлив плод на праските. Светците спијат во мојата сенка, зашто јас застанав и се гледам по плодородната земја. Во далечината бдеат очите на езерото, по брановите трчаат девојките, шепотат како ластовици, нивната чудесна младост се исповеда од топлите ноќи, што ги пробдеа. Кроце, сам, во длабокото езеро пливам, слушам некаков бог на неговите раширени раце, се се враќа кон брегот, неговите прсти, без прстени, полеани со вода, го допираат челото на земјата, се буди пеењето над водата, излеано во златни капки, мене ме полева македонското сонце, што спие длабоко во езерото. Охрид, 5 јуни 1985 Олджих Рафај, Чехија

191 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 192

се буди пеењето над водата Се кажвит дека Титаните, кои живееле во Пелагонија, нешто страшно се изна­

лутиле, па почнале прудолу да фрлает со планини. Можит да е при тоа, од паднатите планини, да се сторени длабките за двете езера што сетне се испол­ ниле со вода. Овие кажувања может да се изречет, но, како и да е, со некое големо чудо ќе да се настанати и Охридското Езеро и Преспанското. Василис Папас поет од Грција, учесник на СВП, ја воспеа Преспа. Кој ли ќе ја состави сега тука историјата и како да се разберат мртвите, оние што потонаа во тињата на една љубов, кои изгореа и чиишто мисли станаа пепел или, едноставно, оние на кои им се изгуби трагата - испеа грчкиот поет.

ПРЕСПА Нешто те фаќа тука, пустелијата, мали мигови што шетаат како риби во водата и пливаат во три држави, еден пејзаж што се собира како јазол, со појасот на планините што ги притиска наоколу, и само слободните премини на чувствата знаат како да го пречекорат. Планини и езера над кои плива светлината на скриените сонца. Гледаш со одморен поглед, слушаш, а, една сенка те запречува, едноставно се тркалаш и пристигнуваш како вагонетка што за тебе ги менува сликите наоколу. Местото полно со остатоци и со метафизички молк, слана што паѓа нежно врз расфрлените коски на паметењето. Кој ли ќе ја состави сега тука историјата и како да се разберат мртвите, оние што потонаа во тињата на една љубов кои изгореа и чиишто мисли станаа пепел, или едноставно оние на кои им се изгуби трагата како на чамци што се лизгаат низ водите на оваа последна тишина. Истурени во бескрајноста на времето, парчиња од панорамата што стигнува дотука, тајните нивните се парчиња. Василис Папас, Грција

1985

златен венец Јанис Рицос

Роден е во Монемвасија на 1. 5. 1909 го­дина, а почи­ нал во Атина на 9. 9. 1990 годи­на. Грчки поет кој имал те­жок и мрачен животен пат (минува пат на маченик и про­гоненик, политички затвореник и револуционер). Создал грандиозно дело (80 издадени по­етски книги со над 100.000 стихови) преку кое успеал на својот автентичен та­лент да му да­де белег на величественост и универзалност. Де­битирал со збирката Трактор (1934). Ри­цос е добитник на многу меѓународни награди и признанија, неговите сти­ хо­ви се преведувани на речиси сите јазици во светот, а са­­миот на грчки има преведувано стихови од Блок, Атила Јо­жеф, Хикмет, Мајаковски и при­редил повеќе антологии. Дела: Пирамидите (1935), Епитаф (1936), Песна на мојата сестра (1937), Старата мазурка во ритам на дожд (1942), Мак­ронисос (1949), Несоница (1954), Утринска ѕвезда (1955), Месечева со­ната (1957), Мртвата куќа (1962), Хе­ лен­ството (1966); драмски поеми: Фи­ло­ктет и Орест, Ѕид во огледалото, Сведоштва, Ходник и скалила итн. КОРЕНИТЕ НА СВЕТОТ Малку изгорени трпски под мишката на летото, Малку чубрица, матерка, папрат. Ожеднавме многу. Многу огладневме. Многу пострадавме. Не верувавме никогаш дека луѓето се толку жестоки. Не верувавме никогаш дека е толку издржливо нашево срце. Со парче смрт во нашите џебови - небричени. Каде е класот да го ведне на небото коленото свое? Се стемнува бавно. Сенката не ја сокрива суровоста на каменот. Матарката на мртвиот закопана во песокта. Месечината закотвена на еден друг брег Ја тркала тишината со малото прсте кон кој брег? која тишина? Ожеднавме многу, на работа деноноќна со каменот. Под жедта наша се корените на светот. Јанис Рицос

193 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 194

се буди пеењето над водата Награда „Браќа Миладиновци“ 1985

Лилјана Дирјан

Родена е 1953 година во Скопје. Ди­пло­ ми­рала на Филолошкиот факултет. Била на сту­ диски престој во Париз, како стипендист на фран­цуската Влада и Фондацијата Губелкијан. Ги објвила книгите поезија: Природна појава (Мисла 1980), Жива мера (Наша книга, 1985), Пелин поле (Мисла 1989), Champ d’abisinthe, (на фран­цуски јазик), 1996, кај издавачот Ест Љуест Ин­тернатионалес, Париз и Тешка свила (Матица ма­кедонска 1997). Добитник е на наградите Сту­ ден­тски збор (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985). Преведувана е на повеќе јазици и заста­ пена во бројни антологии на македонската современа поезија. Една од оснива­ чи­те и членка на Независните писатели на Македонија.

СЕГАШНОСТ, ДОКУМЕНТИ Би можела ако сакаш да ме опишеш земајќи ми жива мера ми рече сегашноста би можела да им создадеш вртоглавица во главите да ги изместиш од храмовите, театрите, дворците од крвта-мочуриште да ги поткренеш да пуштиш сирени за узбуна во зачепените уши да длабиш под дебелите меса да ги испотиш и замрзнеш триста жати дневно да се раскашават во својата мрсна чорба до коска да ги заболам (ако тие воопшто освен забоболка знаат што е доа) оти не можам да гледам повеќе како ме преправаат за дневна употреба во гримиорните ме проверуваат за сцена да го заменам на штиците старото лошо минато и новата сјајна иднина Лилјана Дирјан

жив сон голем колку небото „Струшките вечери на поезијата“ во 1986 година се здобија со Меѓународната

поетска библиотека во спомен-домот на Миладиновци. Ја отвори претседателот на Сојузот на писателите на Југославија Цирил Злобец. Во 1986 година „Струшките вечери на поезијата“ ја одбележаа 25-годишнината од своето постоење. Јубилејот беше добра пригода да се подвлече она што во изминатиот четвртина век ја карактеризираше оваа манифестација како крупен и значаен интернационален поетски собир, како широкоприфатена можност за меѓусебно запознавање, зближување и дружење на поетите од сите страни на светот, како афирматор на поетските вредности од сите духовни простори, како место на кое сите овие години се воспоставуваше за натаму да се развива жива и плодна меѓународна поетска и поширока културна соработка, како мост за поврзување и зближување меѓу културите и народите. За успесите постигнати на овие планови со кои се потврдија како манифестација со космополитски дух, „Струшките вечери на поезијата“ по повод нивниот сребрен јубилеј добија многукратни и безрезервни признанија. Претседателството на СФРЈ ги одли­ кува СВП со орден, заслуги за народ со златна ѕвезда. Предавајќи го ова високо одликување, претседателот на Претседателството на СРМ Драгољуб Ставрев на свечената седница на Советот истакна дека работејќи предано и сестрано врз афирмацијата и популаризацијата на поетската реч, Струшките вечери се здобија со углед на врвна уметничка манифестација позната и призната во целиот свет и дека сигурно чекорат кон тоа да бидат вистинска културна олим­ пијада. За посебни заслуги со растежот на „Струшките вечери на поезијата“, од Претседателството на СФРЈ беше одликуван и директорот на СВП Јован Стрезовски со Орден на трудот со „Златен венец“. По повод јубилејот, Деветтиот конгрес на Светската организација на писателите, што се одржа во Фиренца, донесе Резолуција за СВП, во која, истакнувајќи ги потребата и важноста од културна размена меѓу народите и земјите како битен услов за прогресот на човештвото, како и придонесот што за зближувањето на народите го дава поезијата, Конгресот ги поздравува СВП и организаторите, кои со великодуш­ ност и се посветуваат на целта на поезијата и им оддава признание како на афирматор на високите вредности во светското поетско творештво, посебно преку доделувањето на наградата „Златен венец“. Резолуцијата ја прочита истакнатиот поет од Луксембург Мимо Морина, секретар на Светската орга­ низација на поетите. Беше отворен и Архивот на поезијата, кој покрај Меѓународната поетска библиотека, претставува извонреден важен сегмент на Меѓународниот поетски центар во Струга. Како зафат од трајно значење треба да го одбележиме и Паркот на поезијата, чиешто формирање започна 1986 година, со чинот на засадување на спомен-дрвја на добитниците на на­ градата „Златен венец“. Во пораката до венценосецот од СВП Ален Гинзберг истакна: Почестен сум со наградата „Златен венец“ и се надевам дека таа ми се доделува за вредностите што јас се обидувам да ги славам во мојата поезија - еден поглед на овој свет како Свет, свет, како голем простор што е осветен од свеста за нашето смртно присуство, со осознавањето на нашите лични страдања и нашата ранливост на кукли од месо, со признавањето на мекото, нежно присуство на другите луѓе во овој жив сон голем колку небото. Слободата на имагинацијата во по­ етскиот говор нè обединува нас со телото на ова нежно широко присуство.

195 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 196

1986

златен венец Ален Гинзберг

Роден во Њу Џерси на 3. 6. 1926 г. а по­ чинал во Њујорк на 6. 4. 1997 година. Пред да студира на колеџот Колумбија, работел како мијач на садови, морнар, заварувач итн. Со објавувањето на Рев во 1957 година стану­ва духовен водач на младите (бит-генерација) во Америка. Патувал по целиот свет на чита­ња и има играно во два филма. Дела: Сенвички ре­ алности, 1963; Планетарни вести, 1968; Па­дот на Америка, 1972; Празно огледало, 1948; Рев и други песни, 1956; Кадиш, 1960.

197 СВП 50 - ГОДИНИ

дејност. Но, директорот смирено одговори дека поетот е осуден во регуларен судски процес. Но, на тој одговор Гинзберг постави ново прашање: - А, дали неговите книги можат да се купат во книжарниците. - Да, да - одговори со сигурност во гласот директорот. Тој не е забранет поет додаде. Тогаш американскиот поет возврати: - Утрово доаѓајќи од хотелот во вашата редакција во неколку книжарници побарав книги од Котески, но немаше. - Многу се трошат - појасни директорот, не дека се забранети!

Награда „Браќа Миладиновци“ 1986

Влада Урошевиќ

ЗАД СТВАРНОТО Железничко депо во Сан Хозе скитав осамен пред фабрика за тенкови и седнав на клупа до караулата на свртничарот. Еден цвет лежеше на сено на асвалтот од автопатот - страотен сламен цвет од сено помислив - имаше кршливо црно стебленце и круничка со жолтеникави валкани боцки како неколку сантиметри долгата круна на Христос, и калливо исушено памучно перче во центарот како употребена четка за бричење што веќе цела година лежела под гаража. Жолт, жолт цвет, и цвет на индустријата груб трнест грд цвет, а, сепак, цвет, во форма на голема жолта Роза во твојот мозок! Ова е цветот на Светот Сан Хозе, 1954 Ален Гинзберг По завршувањето на меѓународниот поетскиот фестивал во Струга, лауреатот Гинзберг претстојуваше во Скопје и ја посети редакцијата на вес­ никот Нова Македонија. Во еден момент од разговорот што се водеше, на кој присуствуваа новинарите од Културната рубрика и директорот на куќата, Гинзберг запраша: Директоре, што се случува со поетот Јован Котески. Овластен сум да се интере­ сирам за него од неколку меѓународни организации за човекови права? Настана молк. Во тој период Котески беше во затвор. Обвинет и осуден за непријателска

КОСМОГОНИЈА Празнината го родила морскиот полжав. Морскиот полжав - вулканскиот остров. Вулканскиот остров - гуштерицата со кикиришка. Гуштерицата со кикиришка - Молзачот на Облаците. Молзачот на Облаците - Крадачот на Медот. Крадачот на Медот - Градителот на Градовите. Градителот на Градовите - Собирачот на Даноци. Собирачот на Даноци- Разурнувачот на Тврдини. Разурнувачот на Тврдини - дваесет илјади тенкови. Дваесетте илјади тенкови биле неплодни и не можеле ништо да родат. Во нив одново се населила празнината размислувајќи дали вреди се да се почне од почеток. Влада Урошевиќ


СВП 50 - ГОДИНИ 198

сè почнува тука - зборот, дишењето на народот

199 СВП 50 - ГОДИНИ

ОХРИД

Бев на една од првоодржаните манифестации кога се раѓаа СВП. Беше доста

скромно, во секој поглед - и по бројот на гостите и по начинот на одржувањето. Потоа, долго не доаѓав и кога повторно се најдов на Охридското Езеро во последиве две-три години на Вечерите, слободно можам да заклучам дека СВП се главна поетска манифестација. Овде се слушаат јазици од сите меридијани - истакна Стеван Раичковиќ од Србија. Поетската инспирација поначесто и иденетификација во изминатиот половина век на СВП - Охридското Езеро се полни од мноштво извори по целото крајбрежје од кои најпознати се Билјанините, на кои, според народната песна, Билјана го белела платното. Најмногу вода во езерото идет од Дримот, кај Свети Наум. Некои научници сметаат дека тоа се води што излегуваат од Преспанското Езеро кое лежи на повисоко од Охридското. Во овој неповторлив предел, каде што е забрането што било да фати раката човечка, љубопитниците может да прошетает со кајче на веслање. Така пловеа и познатите Наоми Кембел, Ричард Гир, Едгар Морен, мнозина истакнати светски поети, државници... Тука секоја година светските поети во рамките на СВП го слават и хвалат македонското вино и македоското оро. Проѕирната вода е со постојана температура од десет Целзиусови сте­ пени, а додека кајчето се лулее по волшебниот предел од дното ве поздравуваат меурчиња од подводните гејзери. Оние што не го виделе ова богатство на природата се посиромашни за цел еден живот човечки. Токму во овој крај, каде Бог бил неисцрпно дарежлив, на 30 километри од Охрид, на јужната страна на езерото, свети Наум го изградил својот манастир во десеттиот век, а неговите мошти сè уште почиваат во мермерниот саркофаг што се наоѓа внатре во црквата. Според легендата, ако го допрете саркофагот ќе ви се ос­ твари помислената желба. Покрај фресоживописот и иконите во овој манастир е значаен и иконостасот во дрвена резба од почетокот на 18 век. Ханс Урлих Клозе од Германија го опеа светецот Наум во песната Охрид.

Ти, голем Светецу, Ти осамен. Сретнав само еден, еден единствен којшто во тебе веруваше. Замина меѓу Сите свети и ни рече да молчиме, и саркофагот да го допреме. Твоето срце, кое сè уште чука, Да го осетиме како бие, дури и преку каменот. Дали јас го чувствувам? Да, Твоите дамари ги почувствував: моето срце чукаше, моето. Или, сепак, тоа беше твоето срце? Те знам, Ти си голем човек, Ја видов твојата икона и ги чув легендите и не сакам да помислам дека лажеш. Дај некаков знак, кажи: каде посочува? Ако е тоа чудо: како ќе заврши? Дали те радува што ме лазат морници? Ти не кажа ништо, а еден твој молитвеник молкум тргна за да ме задржи божем. Јас, пак, ја кренав раката како да е нешто туѓо и зад грб ја стегнав несигурно во тупаница. Ноември, 1997 Ханс Урлих Клозе


СВП 50 - ГОДИНИ 200

201 СВП 50 - ГОДИНИ

Во античките времиња просторите околу езерото ги

на­селувале десаретите, а градот Охрид се викал Лихнид. Во Охрид и Охридско кај и да копнеш излегвит пока­ зание за живот на разни цивилизации, во разни времи­ ња, на овие пространства. Прекрасното поднебје овоз­ можило уште во најстари времиња луѓе да се населуваат околу езерото. Според една легенда, градот го основал Кадмос, а како Лихнид се споменува и во времето на Фи­лип Втори Македонски. Охрид бил претстолнина и на Самуилковото Царство, а неговите тврдини и денес се издигаат над градот. Охриѓани велет дека од тврди­ ните постоеле подземни тунели по неколку километри по кои царот можел безбедно да се извлече доколку твр­дината паднела во рацете на непријателот. Се покажа дека на врвот над Варош, на местото од Охридската твр­дина, се живеело и пред Самуила. Археологот Паско Кузман токму тука ја пронајде златната маска. Маската е како и светски познатите Требенишки маски. Про­нај­ де­ни во Требеништа, излеани од чисто злато. Но, одне­ сени надвор од Македонија и се чуваат во музеите во Бел­град и во Софија. Потекнуваат од петтиот и од шес­ тиот век пред новата ера, а со нив биле погребувани тре­бенишките кнезови што им припаѓале на античките Ма­кедонци. Езерото младост мечтае: сè почнува тука - зборот, дишењето на народот, така е запишано. И се ро­ди најубавото: поезијата. Така испеа Јан Гурец-Ро­ шињ­ски од Полска.

ОХРИД Почетоку на зборот! многујазично предено што доаѓаш синолико од ридишта проклети. Птиците ја водат зората, потоците зелени пеат, пред портите на Хераклеа времето ја отвора школката на судбината Погледнете! Сончевиот изглед е во очите на вашите девојки. Дождови капат од дланките на мајките што калемат лози. Вишнеат горе чемпресите, синови на врвови и бури. Сивите глави на татковците руно на мудроста, се наведнаа за да ги примат изворите. Езерото младост мечтае: се почнува туказборот, дишењето на народот, така е запишано. И се роди најубавото: поезијата. Јан Гурец-Рошињски, Полска.

Под тврдините, на Плаошник, е новоизградениот (на темелите на стариот) свет храм Свети Климент, а поодолу, во правец на големата вода, е амфитеатрот во кој се одржува фе­стивалот Охридско лето, вклучен во календарот на голе­ мите европски летни културни ма­ни­фе­ста­ции. Охрид го нареквет македонски Ерусалим оти за секој ден од годината Охрид има по една црква. Прошетката низ ста­риот дел на градот убаво е да се почне од кај Горна порта. Од црквата Богородица Перивлепта, по многу нешта един­ ствена во светот. Тука се раѓала ренесансата пред експанзи­ јата во Италија. Светците попримаат човечка лика. Потоа, во Галеријата на иконите наспроти црквата и задолжително треба да се појде на гробот на вториот омир - Григор Пр­ ли­чев. Па на тврдините, на Плаошник и секако на Канео, во една од најстарите цркви посветена на свети Јован, каде што ја раскажуваме судбината на рибарот Климе, прекрасни­ от ­лик на писателот Радослав Петковски.


СВП 50 - ГОДИНИ 202

грчот на растојанието меѓу нас и името Поетот Миодраг Павловиќ, добитник на „Златен венец“ на СВП, го воспеа овој ду­ховен предел посветен на све­ти Јован.

СВЕТИ ЈОВАН КАНЕО Како обликот да е просто нешто Стрела што самата себе Се погаѓа в срце. И чии ли се овие птици? Сакам да знам? Слегнало јато над византиски покриви, Наоколу модрина уловена в мрежа. Црква риболовна. Се случил светски мир Како да е исцеден од дренот И храмот паднал на колена Уште неколку чекори до фокусот, Видот минува преку својот недоглед. Сè можеш да измениш: Утробата на црквата во утроба на ѕверка. Ништо не е грдо во орфејското зреење, Ни смртта Тој облик четвртест и создаден на брегот Под птиците, Каде што секој сака да остане. Миодраг Павловиќ, Србија

Од Канео удолу е малото пештерско црквиче, речиси влезено во езерските води, и потем покрај брегот е катедралата Света Софија, долгогодишното седиште на Охридксата архиепископија. Во оваа велелепна катедрала, каде што може да се слушне трепетот на ти­ шината се одржуваат поетските портрети на добитниците на „Златниот венец“. Стиховите од устите на актерите ги поземаат ангелите од фреските на ѕидовите и ги вишнеат дури до небесата, директно до Бога. Преподобниот Константин Миладинов, поет и преродбеник на родот свој, во текстот Охридска архиепископија вели: В Охрид понапред беше Епископиа. Но, Јустинијан, за да честитит отечеството си ја направи Ариепископиа независима (в 55 после Хр.) Подвластени на неа епархии се споминвет прибрежната Дакиа, втората Македонија, Панониа и Акви, Епархиа од прибрежната Дакиа. Со втора царска грамаота Јустинијан ја потврдува самостојноста и со приклучувањето на епархиите Медитеранија, Рипенсиа, Тривалиа, Дарданиа и Горна Мисиа. Подоцна ох­ ридскиот архиепископ Паиси дал соборна грамота на Тимотеј, митрополит од долна Италиа, Сицилија, Малта и Далматиа. Според Миладинов сите Архиепископи беха четересет и пет, од првиот (535) Катилиан до последниот Иосаф (1767). И, пак Прличев и Константина Миладинов во овој предел на концентри­ра­на духов­ ност од различни епохи и цивилизации, далеку уште пред Христа. Од Света Софија по уличката покрај куќата на Робевци и куќата на Ура­ни­ја се дише од естетика, смиреност, добрнонамерност и традицијата на маке­дон­ската куќа.

203 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 204

грчот на растојанието меѓу нас и името

205 СВП 50 - ГОДИНИ

То јет Охрид, град заштитен од УНЕСКО. За други рабоќе не требит да се кажвит ни за почетници. Сами ќе им се кажет и ќе ги најдет. А, убо каза Оскар Давичо: ох рида тој гребен тој јазик на потеклото. Нека плачат и сијалиците во мракот. Солзите со тупаници. Нека го скршат грчот на растојанието меѓу нас и името. Меѓу аглите и разликите сè уште се крие сонцето. Но, без зна­ миња и без цел. Необединети/ да/ а сепак/ суштество/ ги бие своите илегални битки против пресудите/ на кострешење/ на болки/ на смрт/ како на празниот ѕвон на прекарот/на кој нејќам/да се одзивам. ОХРИД Ох рида тој гребен тој јазик на потеклото кренат како дланка на воден пласт, Над заезерените денови во кружниот забел на врвовите Забодени во долините чиј кратер Ги храни рибарите и орачите не изгледаат трајни А се препуштени на зборовите на скромно свиената врата од далдисаните очи тие немаат пред својата непроѕирност дури и на повратниот пат Кон роднокрајните облаци Оттаму се враќаат во капки навидум на русите Словени Мнозина Ги својатаат но и себе си тие си припаѓаат дури делумно Ох риднеам над вашето ридање и јас лишен од триста шеесетте отпетлани гласови на мојата свест Притисната од разделите на компасот збиени во точката што не ги фаќа изместените агли од зглобот на северот неразделните пајаци на магнетната стрела ни зборовите а ни неа веќе не ја привлекува струјната дојка Го паметиме детството Но сега се парализирани сите противречности


СВП 50 - ГОДИНИ 206

грчот на растојанието меѓу нас и името Меѓу аглите и разликите сè уште се крие сонцето Но, без знамиња и без цел Како ти месечино со згаснати факли Па ридам над работ од гребенот целиот од тресокот на зборовите удавени како црни муви во млекото на јазикот Ридам низ стрмната ливада И тоа се бранови на празните дојки Попусто во браздите им пуштам Млаз од времето семено значи попусто со говорот без одзив се фаќам за векот Тој ржипепли горилежи лижелаже Попусто Го земаат и него Лутите бранови на недовербата во можноста Со еден збор да се опфати изгледот на жлездата и составот на нејните лачевини и обликот на житото и неговиот мирис устата на клучот дури ги одвртува завртките на главата од моторот и моќта на коњските сили зад испуштените матици Вистина е клучевите завршуваат со јадица како скорпии но светлоста не се фаќа за слатката храна на рибите Затоа да ридаме штекери заедно со дводупките Нека плачат и сијалиците во мракот Солзите со тупаници Нека го скршат грчот на растојанието меѓу нас и името Необединети да а сепак суштество ги бие своите илегални битки против пресудите на кострешење на болки на смрт како на празниот ѕвон на прекарот на кој нејќам да се одзивам разделен од себе не јадам

и не спијам со себе си

207 СВП 50 - ГОДИНИ

а живеам слушам пладнето кога свири тревога мирен како фабрика продолжувам да ги калапам кадриците дожд Ја стресам ли од отпечатокот на својата коса Ќе прободинаат ли некогаш оттука жуборите на одговорот на ајгари од смислата Кој рече Чакал Одговор ли е на прашањето тој збор во четири раце И на едниот и на другиот празни ракави двата вон системот на потврдување и одречување освен ако чакалот не е исто што и ѕверот што и збирот во вирот што и давањето на сопствениот страв во своите солзи на начулените уши Некој се движи по глувонемиот мостобран на сенките слепи од раѓање Би им позајмил јазик и очи да ги имам Паднат себе си од обликот во очекување нешто друго во борбата за тоа ридам на карпата изделен украс од руба игличка од школка настрвени апежи на ѕверките што отсекогаш локале од небесата со својот рибји јазик О јавачи на маестралот со што ве има допрено смислата Со перките со пците водни што ги чуваат јагнињата во шума од лимени катарки или со свирежот на векот низ прсти без кажипрстот додека заедно се истечувало низ тесното грло на песочните часовници покрај јазикот на времето Опкружен со својата војска во облека за нуркање и други униформи на подземноста доживеало пораз Непреживеан Го преживеаја победниците од часот кога застана часовникот скрстувајќи им рака на стрелките


СВП 50 - ГОДИНИ 208

грчот на растојанието меѓу нас и името над удавените наредби во општата осмоза Чекаше пратка на нови во контејнерот на другите неизводенети цели Накусо поразен Омлитавен како младеж на сплоснато место времето ги повторува мајчинствата од ампутираното колено во откинатото колено Смртта во продолженија се храни со отпадните води Сè поспоредно станува лицето во фељтонското квипрокво на животот Со тоа се понечујно ѕвечат прапорците на зборовите без значења Тоа како повтор родено се препознава во огледалото на вашата нашата или нивната срцевина се огледува во мелодиите на секој крвотек Оздола е врамен в облаци Озгора во отворените недогледи на ливадите на бескрајот што се сончаат како да постојат божем се лична свест Сепак чувствителен е и пустоиоот сетилното и тоа ништо иако не знае за ралото човеково сокот праскин ладовината на брестот окцата на мрежата иако нема ни скршен грош зборови в џеб ни цеп ни пари в уста ни уста ни испарувања ни потреба за храна Никого ништо не слуша во таа недоодна недоодливост Ниту извршува Ниту напредмаршира ниту леводесничи едендваиде едендва едендва Ох риду тука си без ридање вон крикот вон фантазијата

209 СВП 50 - ГОДИНИ

на која веќе не и се цедат солзи од тесните отвори ни воздишки од пространиот хранопровод затегнат пред ужина во тенко црево како невестите во појасот симнат на бината од масата кај што ќе биде раздевствена до родност што гровта збивта и плеска Ни блесокот на болот го нема веќе во тој сон без сон убавино те препознавам Пак со мени рака под рака блага од нежност и мир Среќа ли е тоа Не ја гледам стапицата ни волчите мамки во лименката на тајната Од ѕвездените дупки опасностите не излегуваат Среќа ли е тоа Нечитливите стари ракописи не одговараат зад очите замачкани од гнојница се пробиваат сведоците на утробата Низ честакот се движат споро или брзо секогаш се кај што треба да бидат секогаш го откриваат и прадамна изгубениот и никогаш непостоечки пат Оскар Давичо, Србија


грчот на растојанието меѓу нас и името

СВП 50 - ГОДИНИ 210

За не многу опитни и не многу уки луѓе, што се вели, за почетници, потребни

се поученија за многу важни работи. За македонските работи, за Македонија, за Македонците, за престижниот меѓународен поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“... Не само за туѓоземјани туку и за наши. Македонија е папокот на светот, лулка на цивилизации. Ако ја немаше ќе беше арно да биде измислена. Но, за среќа, Македонија не е измислена туку е библиска земја. Не многу народи и држави се споменуваат во Бибилијата. Македонија и Македонците - да. Лидија Македонката е првата Европејка што го примила христијанството од Апостол Павле. Тој, според кажувањата во Горна Белица, горе над Струга, во рани утра, на полна месечина, кога малечкавата огнена топка се капе во бистрите води на белото езеро, сè уште со својот дрвен стап се шета по Виа Егнатија. По патот што од памтивека ги поврзува Западот и Истокот, низ атарот на некогашна Кутмичевица, додека од кај Дримот летат роеви глоси. Та си ми толку знајна, Македонијо? - како што испеа Фридон Халваши од Грузија.

МАКЕДОНИЈО! Кај ли сум те видел порано та си ми толку знајна, Македонијо? Во Грузија, среде ридје, ко дете си слушав јас за тебе пораки низ легенди, сказни и слава што свети. Она што ти ми го даде нема ни меѓа ни цена. Летото твое радост, исто ко моето, ене. Може ли да ми се туѓи воздухот сладок и струен, овие клисури, шуми? Како неречени думи пловат во просторот руен. Еве, плускавици бесни, жалта на твоето чело идат од живот со песни и желби за утрето бело. Твојата става е иста како на свето, срце бездоно. Тебе ко љубов те носам со себе, о, Македонијо. Фридон Халваши, Грузија.

Ниедна поетска средба или манифестација немам пропуштено. Сум бил во

Багдад, Триполи, Дамаск, Алжир, Мароко. Кај вас сум за првпат, но не и за последен. Поетскиот фестивал во Струга, навистина, е нешто единствено во светот - вели Нуредин Самуд од Тунис. А, за Евгениј Винокуров од Русија, манифестацијата привлекува со својот интересно замислен облик на постоење и ориентација. Овде сретнав многу познати поети што сум ги запознал на повеќе литературни манифестации во светот. На пример, на Биеналето во Белгија го запознав Ежен Гилвик со полскиот поет Дроздовски и со многу други поети. Мислам дека Струга ги поттикнува пријателствата меѓу поетите: одржувањето на старите и воспоставувањето на новите - запиша тој.

211 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 212

само едно не се менува - духот на струга

1987

златен венец

Добитникот на „Златниот венец“

во 1987 година, полскиот поет Та­ деуш Ружевич, во пораката до Со­ ве­тот на „Струшките вечери на пое­зијата“ напиша: Со радост и со благодарност ја ири­ мив веста дека со најголемата на­ града за поезијата „Златен венец“ сте ме ставиле во редот на најистак­ натите поети на светот. Се гордеам што верувате дека и мојата поезија ў донесува углед на нашата лите­ ратура и на нашата земја. Заедно со другите поети, ви благодарам и јас што го установивте овој голем поетски празник, каде што можеме сите поети на светот пријателски да се погледнеме в очи, да се прегр­ неме, да си го чуеме еден на друг гласот. Мило ми е што на оние што живеат за убавината ќе им ја по­ка­ жеме својата прекрасна земја. Сум бил на многу места, на конгреси на кои се дискутирало за литера­ турата. Но, Струга, во овие дни е нешто повеќе од светски конгрес за поезија - ги изнесе своите впеч­ тоци за СВП Тадеуш Ружевич.

Тадеуш Ружевич

Роден на 9. 10. 1021 г. во Радомско, Полска. Ружевич припаѓа на првата гене­ реација полски поети, родени и едуцирани по полското осамостојување во 1918 годи­ на. Неговите први младешки песни се обја­ вени во 1938 година. Во текот на Втората светска војна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така е поет) е војник во рамките на нелегалната антифашистички ориентирана Армија Крајова. За разлика од Јануш, кој е погубен од Гестапо во 1944 година, Ружевич ја преживува војната и до неговото драмско деби во 1960 година из­ дава дванаесет високоценети збирки пое­ зија. Оттогаш до денес има напишано ре­ чиси педесет драми. Оваа ерупција на дра­ матуршка енергија е придружена со привремени навраќања кон поезијата и кратки излети во светот на прозата. Ружевич се смета за еден од најдобрите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски драматург. Негови најпознати драми се: Картотека, Прекинатиот чин, Наталитет, Гладниот умет­ ник си оди и Бела венчавка.

СРЕДЕ МНОГУТЕ РАБОТИ Среде многуте работи многу ситни заборавив дека треба и да се умре Лакомислен ја занемарував таа должност или ја исполнував немарно од утре сè ќе се измени ќе почнам да умирам грижливо мудро оптимистички без да се губи време Тадеуш Ружевич

213 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 214

само едно не се менува - духот на струга Ретко интересна манифестација, во атмосфера на

Награда „Браќа Миладиновци“ 1987

сонце, езеро, живописност, непосредниот чо­ вечки контакт меѓу поетите од светот што ги има во толкав голем број, се апсолутно неиз­ бришлив и единствен спомен - вели Жак Веруп, Шведска СВП стануваат сè попроширени и порепрезен­ тативни. Сè се менува, па и самата Струга, макар го земале хотелот Дрим во кој се наоѓаме. И гра­ дот надворешно се менува, вредно и моите дру­ гари тука се менуваат, стареат, како и јас. Само едно не се менува - духот на Струга, нејната примена, интересот и љубовта кон поезијата. Така, Роберт Рождественски говореше за СВП. Струшките вечери, поетска Струга се одраз и показ и за Македонија, најголемата им­ перија кога било создадена. Навистина во вре­ миња дамнешни. Идејата за свет без граници произлегла од македонска почва. Сетне, цената за тоа била плаќана и сè уште се плаќа. А и денес, на почетокот на новиот милениум и 21 век од воскреснувањето Христово, Македонија е во поход: го освојува светот со благоугодна реч, со поезија. Педесет години и со поетска Струга. И сија книга посветна духом поетским на големи­ те струшки браќа и меѓународниот поетски фестивал е лечебна и то ест показателно како миро помазателно. Поетот Ангел Думбравеану од Романија, до­ аѓајќи на СВП ја сретна Македонија: Македонијо, плод на светлината, Моево срце те бара во вистината. На една доба без залез - испеа тој.

Петко Дабески

Роден во с. Волковија, Тетовско на 15. 10. 1939 година, електроинженер, поет, антоло­ гичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични цен­ трали. Бил претседател на Општинското собра­ ние на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Дела: Третиот потег, Скопје, 1982; Слободен удар, Скопје, 1983; Четврта кордината, Скопје, 1987; Параболи, Скопје, 1989; Четврта коорди­ ната, Београд, 1989; Невестински ковчег, Скопје, 1991; Минијатури, Скопје, 1996; Надвор од оп­ итот, Скопје, 1996; Нешта над зборовите, Скопје, 1997; Чувари на калето, Скопје, 1998; Покров од зборови, Скопје, 1999; Не е сè хаику, Скопје, 1999 (хаику по­ езија); Наивности, Скопје, 2001 (песни во проза); Каприча за лира и гајде, Скопје, 2002; Антологија на македонската хаику поезија, Скопје, 2003; Сноп параболи, Скопје, 2004. КРУГ И КВАДРАТ Кругот те наведува да излезеш од него Од орото во кое за еден грош си фатен Од бунарот што го копаш и нигде крај му нема Квадратот би требало да потсетува на закрила Кај него е се еднакво право и правилно Прави му се аглите страните еднакво одмерени Глава кај да склонат има за четворица

МАКЕДОНИЈА

Рамка за која можеш и да се придржиш со двете раце додека правиш обиди да погледнеш однадвор или да излезеш однатре

Во рамноденицата на есента, Ја сретнав Македонија. Жена со гради од сонце. На еден брег од сафир, Го чекав утрото Во кое илјадници галеби Со крилја го сонуваа Синилото на Охрид Врз светот. Македонијо, плод на светлината, Моево срце те бара во вистината На една доба без залез.

Кругот како да е миг од двенасочно движење меѓу точката и бесконечноста Периферија и простор исполнети со совршенство Дури кога и незадолжително го замислуваш припаѓаш единствено внатре или надвор Не можеш да се задржиш на периферијата Квадратот е ринг по грешка каде што си најден Кругот еквипотенцијална замка

Ангел Думбравеану, Романија

Со краишта и јазел мечот што не го сече Петко Дабески

215 СВП 50 - ГОДИНИ

Т’ГА ЗА ЈУГ НА АМХАРСКИ ЈАЗИК (ЕТИОПИЈА)


СВП 50 - ГОДИНИ 216

само едно не се менува - духот на струга Со радост и со благодарност ја примив веста дека со најголемата награда за поезијата „Златен венец“ сте ме ставиле во редот на најистакнатите поети на светот. Се гордеам што верувате дека и мојата поезија ў донесува углед на нашата литература и на нашата земја. Заедно со другите поети, ви благодарам и јас што го установивте овој голем поетски празник, каде што можеме сите поети на светот пријателски да се погледнеме в очи, да се прегрнеме, да си го чуеме еден на друг гласот. Мило ми е што на оние кои живеат за убавината, ќе им ја покажеме својата прекрасна земја - порача Десанка Максимовиќ од Србија, добитник на „Златниот венец“ на СВП во 1988 година.

1988

217 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1988

Славко Јаневски

златен венец Десанка Максимовиќ

Родена во Рабровица, Србија, на 16. 5. 1898 година, починала во Белград на 8. 7. 1993 година. Значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден по­ етски опус. Била член на САНУ. Добитник е на повеќе награди и признанија. Дела: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на дет­ ството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробеник на соништата, 1959; Барам помилување, 1964; Зборувај тив­ ко, 1961; Немам повеќе време, 1973; Летопис на Перуновите потомци, 1976; Ничија земја, 1979; Слово за љубовта и Меѓници на сеќа­ вањето, 1983. Раскази: Лудилото на срцето, 1931 и др. Романи: Бунтовниот клас, 1960 и други. Исклучително место зазема како дет­ ски и младински поет (Пајаковата лулашка, Распеани приказни и др.). ТРЕПЕТ Не, не иди близу! Оддалеку нека со љубов ме грее твојот поглед драг. Среќата е среќа се дури се чека, дур од себе лачи само навев благ. Не, не иди близу! Посилно ме зема овој сладок трепет, чекање и страв. Поубаво сè е што уште го нема, и по копнеж само што го запознав.

Не, не иди близу! А и зошто така? Оддалеку само свети ѕвезден зрак; оддалеку само занесно се сака. Не да ми се ближи твојот поглед драг! Десанка Максимовиќ

МАГ

Бош

Вински океан препливал. Да видиме како. Во рог на неодгатливост Венера ја вовлекол. Ја молзе ли ја молзе. На школките проѕирни На јагулите молнородилки на китовите бебиња утрото да им е помеко. Ќе го забуца рогот во папок на неизвесност на него едра ќе распне, ќе плови по ѕвездена бусола. Зад полот на невозможноста вишнов сок во уво ќе си капне да ја слушне иднината. И ќе се види себеси, со континентите на плешки од корал изнурнува. Фортуни. А нема кормило! Славко Јаневски


СВП 50 - ГОДИНИ 218

нобеловецот хини ги виде вевчанските извори Ослободувањето од наметнато мислење тешко оди. Има

едно такво мислење во Македонија што полека се разбива, ама сè уште се држи. А, имено, дека вевчанците, жителите на Вевчани, се малку криво насадени. Кога сите ќе тргнат лево (спотерани како стадо кротки овци, од богати овчари и шарпланинци - кучња чувари) од инает ли, од пркос ли, од многу ум и разум ли, од шегобиј­ ство ли - вевчанците ќе фатат десно. Кога сите ќе затераат десно (поведени од пастири или други световни водачи), вев­чанци тогаш ќе му ја удрат в лево. Кога сите ќе почнат да се качуваат угоре, вевчанци еве ти ги од спротивно - идат удолу. Кога сите ќе удрат право, вевчанци од околу. Вевчанци се такви: ниту од дожд се кријат, ниту од жега под сенка бегаат. Пркосат на сè. И на времето и на прос­торот и на државните системи и режими и на духовни­ ци­те и на религиозните догми. Како палавите дечишта што ги вадат главите низ прозорците од автомобилите за ветрот да им бие в лице, така и вевчанци се истопоруваат пред вио­рот што се токми и се сили да ги однесе. Без страв и страм се. Му ја тераат така по свое од памтивека. И Вевчни неодминливо се поврзани со „Струшките ве­чери на поезијата“. Еве како поетот Богомил Ѓузел се сеќава на вевчанско­ то поетско време.

Вевчани стана познато летото 1988 година, низ цела тогашна

СФР Југославија, да се потсетиме, поради здружениот и ор­ганизиран отпор на севкупното месно население - стари и млади, постојани жители или повремени печалбари - про­ тив намерата на струшката општина да изгради нов водовод, за што беше постигнат начелен договор, но потем изведува­ чи­те беа донеле несразмерно поголеми цевки со кои посто­ еше опасност да се зафати поголемиот дел од водената маса и изворите на Вевчанска Река, на кои вевчанци беа и останаа да бидат самосвесно горди како на свое вековно право и наследство... Отпорот се обиде да го скрши локалната поли­ ци­ја со засилена помош од околните општини, дојде и до кон­кретни судири со локалното население со непримерна употреба на сила, што предизвика револт во поголемиот дел од југословенската јавност и штрајк со глад на младите Вев­чанци, по што изведувачките работи околу новиот водо­ вод беа привремено прекинати или одложени. Беше нор­ мално да се очекува и некоја реакција или поддршка од страна на писателите, и тоа неминовно стана тема на раз­ говор меѓу поетите-учесници на дваесет и седмите „Струшки ве­чери на поезијата“ при крајот на август 1988 година. Но, само неформално, зашто не се појави никаква званична ре­акција ни од Советот на СВП ниту од Друштвото на писа­ те­лите на СРМ.

219 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 220

нобеловецот хини ги виде вевчанските извори

Бев еден од иницијаторите да го посетиме Вевчани приватно (и надвор од ре­

довната програма на СВП) за лично да се запознаеме со тамошната ситуација од прва рака, штом сме веќе во истата општина. Но, на закажаниот термин попладнето од претпоследниот ден на фестивалот се одзваа уште само тројца од поетите-учесници, што не беше причина - се разбира - да не се качиме на локалниот автобус за Вевчани, па макар и со двајца униформисани полицајци меѓу другите ретки патници. Но, кога слеговме од автобусот сретсело во Вевчани, заедно со двајцата полицајци, еден од предниот другиот од задниот излез, видовме дека и околу паркчето пред училиштето кајшто беа распнати шаторите на штрајкувачите со глад имаше дискретно распореден кордон од униформисани милицајци, па седнавме под сенката од едно од кафулињата отспротива да се договориме што потаму... Но, тогаш се здаде некоја свадбена поворка од мажи, жени и деца, што спонтано почнаа да им викаат Уааа! на милицајците, кои се повлекоа и набргу некаде исчезнаа, па ние тоа го иско­ ристивме за непречено да влеземе во паркчето меѓу младинците што лежеа под шаторите. Всушност, таму за првпат го видов и се запознав со Василе Радиновски, кој од името на Оборот на штрајкувачите со глад, во чија книга за поддршка се потпишавме и ние четворица, го чукаше на машина последното соопштение до јавноста за окончување на триесетдневниот штрајк... Ова веројатно ќе останеше да биде дел од моите лични спомени да не се случија две клучни нешта во следните преостанати денови од фестивалот, што одекнаа во јавноста како своевидни скандали. Првин, на меѓународното читање Мостови, словенечкиот поет (и еден од четворицата посетители на Вевчани) Дане Зајц, место своја песна ја прочита телеграмата/порака од име на Друштвото на словенечките писатели (како негов претседател), со која недвосмислено се даваше поддршка на граѓанскиот отпор на Вевчанци и се осудуваше преку­ мерната употреба на сила од страна на општинската и на републичката поли­ ција. Второ, и веднаш потоа, претседателот на Советот на СВП претходниот настан го нарече во званично соопштение до јавноста нечуен скандал и дури плукање врз домашниот леб на добредојде од страна на претставникот на словенечките писатели. Но, само неколку месеци потоа Дане Зајц беше поканет да биде главен и почесен гостин на Василичарските вечери и на традиционалниот вевчански маскенбал, па тој заедно со својот колега Милан Јесих (сегашниот актуелен претседател на Друштвото на словенечките писатели), јас и Лилјана Дирјан, за време на тие три деноноќија не можевме да кренеме глава од локалната гостопримливост - не само со домашниот леб на добредојде туку и со сите домашни специјалитети и барем со чаша вино во гостинската соба од секоја куќа во која бевме поканети... Нејсе - тоа додатно ми се впиша во моето полициско досие, и јас пак сум се нашол на некоја црна листа, без да знам, но дополнително дознав дека затоа ми е одбиена поддршката од Комисијата на културна соработка со странство за изборот од мојата поезија што требаше да се објави на француски... Сеедно што веќе следната година зад протестите на Вевчанци застана и другарот Васил Тупурковски, нашиот републички член во Претседателството на СФРЈ и зва­ нично беше укината потамошната изградба на водоводот, а на следната СВП беше организирано и посебно поетско читање во Вевчани во рамките на зва­ ничната програма (со мое доброволно не-учество)... Десет години потоа, веќе во рамките на независна Република Македонија, от­ кога Вевчани се избори да биде своја и самостојна општина, а Васил Радиновски

221 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 222

свп ги откриваат пријателствата од крв и месо

стана првиот градоначалник со двоен изборен мандат и кога јас бев назначен да бидам в.д. директор на СВП, беше - чинам - неминовно во дел од официјалната програма на фестивалот да се најде и посета на Вевчани и изворите, што токму тогаш беа уредени како туристичко шеталиште со магично вечерно осветлување. Во 2000 година Дирекцијата и Одборот на СВП издејствуваа во рамките на програмата традиционалниот Симпозиум да биде издвоен и да му се даде посебен ден, и со тоа фестивалот да почне ден порано. И тогаш му предложив на г-ин Радиновски истата вечер поетите на фестивалот и учес­ ниците на Симпозиумот да го посетат Вевчани, со тоа што тој како домаќин за добредојде ќе им организира прошетка кај изворите со некоја пригодна закуска и домашно вино. Предлогот беше широкоградо прифатен и така таа, и следните две години - додека истраја тој издвоен ден за Симпозиумот со слободната прва вечер во фестивалската програма - поетите/учесници ја запознаваа убавината на Македонија (и меѓусебно се дружеа) во тој волшебен амбиент на вевчанските извори. Тоа, за чудо, се повтори и следната 2001 година, година кога поради познатата криза што се реши со фамозниот Охридски договор, ни беше сугерирано од некои безбедносни кругови програмата да ја сведеме во што пократки роковни рамки. Но, кога заедно со добитникот на „Златниот венец“, нобеловецот Шејмас Хини, допатува и ирскиот амбасадор во ОБСЕ како наш гостин, ни стана јасно дека безбедноста на фестивалот е ставена под многу поширока и посигурна капа, па ете, можевме да си дозволиме и вечерен излет до Вевчани! Се случи дури Шејмас да дојде со втората тура од другите поети зашто бил да ги види уште еднаш изворите кај Св. Наум (па задоцнил со хеликоптерот на ОБСЕ), но јавно се забла­ годари што му се дала можноста да види уште едно природно чудо - Вевчанските извори! (Дури отпосле видов дека таа прилика тогаш ни ја обезбедувале и локалните стражари/ позорникари, кои дискретно ѕиркаа од шумскиот честак наоколу...) Поради тоа што венценосецот требаше да замине ден пред крајот на фестивалот, „Златниот венец“ му беше врачен на отворањето по првото меѓународно читање во Домот на поезијата во Струга (пак од мене, како што тоа се случи и со В.Х.Одн во 1971), а таа година ќе остане запаметена и по тоа што поезијата на Шејмас Хини беше претставена во предворје­ то на манастирот и пред црквата Св. Богородица во Калишта, поради реконструкцијата во црквата Св.Софија во Охрид, но наводно со еднаква атрактивност во ТВ-преносот. Конечно - да, таа јубилејна година од 50-годишнината на СВП ќе се памети и по тоа што завршниот пикник не се одржа кај изворите на Свети Наум туку, поради упорното настојување на тогашниот струшки градоначалник, на една ливада пред едно ганц ново црквиче во струшкото село Мороишта... И бргу-бргу се заборави!

223 СВП 50 - ГОДИНИ

Низ Македонија врвеле војски и освојувачи.

Делеле, парчеле, но, пак ја има. Како тревата пиреј што расте посекаде под ова сонце што нè грее, е Македонија. Корни ја, куби ја, од­ ново ќе се зафати. Ќе пркне! И биле прем­ режја страшни и голготи и времиња јунач­ ки. Може затоа денот и ноќта, светлината и мра­кот се менуваат над Македонија како по­братими кои сопствената грижа си ја ме­ нуваат. Сопствената скрб и утеха. Да не би погрешно да бидам разбран, и од некого на­ мразен за безпотребно, Македонија е книга глобока. Колку езерото Глобочица може е. И треба за Македонија да се кажува. А, има што. Кажа и поетот Јосиф Нонешвили од Гру­зи­ја во неговата песна.

ЉУБОВ Македонијо, Македонијо, многустрадална, измачена од времиња на пат, иако првпат те видов неодамначувствувам небаре од памтивекне сум се сретил со роден брат. Македонијо, Македонијо! Еве ги преградов и песнава моја. Охридското Езеро е како огледало и голема иднина твоја гледам во тоа огледало. Во него и убавици гледам што по саноќ ги сонувам. Зошто ли толку доцна среден дојдов овдека, Македонијо? Македонијо, Македонијо! Ти го зачува пламенот на душата како кандило во црква врз карпа што се крева. Погледни ја во мене сушата што од се ова се шири и брева. Македонијо, Македонијо! Со тој жар како со јатаган на судбината е раздробено и моево тело. Јосиф Нонешвили, Грузија


СВП 50 - ГОДИНИ 224

свп ги откриваат пријателствата од крв и месо 1989 златен венец

225 СВП 50 - ГОДИНИ

Во Струга доаѓам по третпат и се чувству­

вам повикан од тајните на поезијата да учествувам на Струшките вечери онолку пати колку што ќе бидам поканет. Поезијата во ова време низ кое минуваме се открива како најуниверзален феномен, коегзис­ тенција која засекогаш не збратимува рече д-р Мохамед Лахбаби од Мароко. Пјер Гамара од Франција смета дека СВП подаруваат можност да ги откриеме и да ги пронајдеме лицата, гласовите, пријателствата од крв и месо. Често, дури премногу често, луѓето на перото и хар­ тијата, се познаваме благодарение на хар­ тијата. Секако дека пишувањето е едно од најдобрите откритија, но со него не може да се замени вистината на живиот збор на непосредниот контакт. Прекрасните „Струшки вечери на пое­ зијата“ ни подаруваат можност да ги от­ криеме и да ги пронајдеме лицата, гласо­ вите, пријателствата од крв и месо. А, овие средби, во рамките на прекрасната природа, гостопримството и вниманието на македонските пријатели и нивната постојана желба да ў служат на културата низ живи контакти, стануваат уште пов­ печатливи - истакна тој. Јас сум една дамка крв која зборувакако што испеа големиот поет, венценосецот Никита Станеску.

Томас Шапкот

Роден во Ипсвич, Австралија, на 6. 9. 1935 година, еден од најзначајните совре­ мени австралиски поети. Со голем успех пишувал и романи, како Белиот елен на про­ гонот (преведен и на македонски јазик). Првите стихови почнал да ги објавува во 1954 г. Во 1987 г. во Скопје излегла Антологија на современата австралиска поезија во негов избор и предговор. Дела: Одбрани песни (1978), Добредојде (1983) и Патувачки коцки (1987).

УШТЕ ЕДНА ПРОЛЕТ Сонце на столот крај прозорецот, зуење на муви што удираат на тврдото стакло. Уште една пролет. Силум тропам по стаклото, ќе видам ли што има надвор - препознавам светлина, облик и боја доволно верни да ги дофатам, годишно време вистинско и присутно. Стаклото не се крши, не постои отвор. Штом гневот стивнува, секој инсект умира Утре е лето. Од скршеното стакло поголема жештина, неуништлива светлина. Мојот тесен кафез, ме затресува. Меѓутоа, кој ќе ги заборави ветувањата? Напорот мора да вроди некоја надокнада. Тогаш пак. Ај да пеам: дур и брмчењето на мувите ја одредува пролетта. Томас Шапкот


СВП 50 - ГОДИНИ 226

свп ги откриваат пријателствата од крв и месо

227 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1989

Катица Ќулавкова

Родена во Велес на 11. 12. 1951 година, поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и ли­ тературна наука. Има завршено Филозофскоисториски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: Одлики на лириката. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература на ИНАЛКО во Париз. Била претседател на Македонскиот ПЕН-центар. Во есејот Пред поезијата на Катица Ќулавкова, акад. М. Матевски сублимно за­ бележува: Носејќи во себе импресивен квантум на информации, знаења и сознанија од една богата лектира во широк интелектуален и мисловен исто­ риско-географски и културен распон, со сигурни фундаменти во естетиката, поетиката и лингвистиката, врз разградениот стандарден јазик, синтакса и структура на песната Катица Ќулавкова не продолжува да урива и брише, туку ја остварува и потврдува својата концепција на лиризмот, својата творечка постапка, своето начело на еден говор на созвучност, на виша речитост во која кореспондираат звукот и значењето..., својата лична и нетипична претстава на светот и човекот. Дела.: Благовести, поезија, 1975; Акт, поезија, 1978; Нашиот согласник, поезија, 1981; Нова пот, поезија, 1984; Фигуративниот говор и ма­ кедонската поезија, студии, 1984; Невралгични места - Неуралгич на места, двојазично издание, Вршац, поезија, 1986; Стапка и отстапка, огледи и критики, 1987; Дива мисла, поезија, избор, 1989; Жедби, престапни песни, поезија, 1989; Друго време, поетска проза, 1989; Копнеж по систем, студии и критики, 1992; Домино, поезија, 1993; Потход и исход, критики, 1996; Изгон на злото, поезија, 1997; Камен искушител, критики, 1997; Теорија на книжевноста, 1999; Македонскиот есеј, 2000; Меѓусвет, поезија, 2000; Херменевтика и поетика, хрестоматија, 2003.

ЦРНА МЕСЕЧИНА Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налудничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун,бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое. Катица Ќулавкова


СВП 50 - ГОДИНИ 228

незаменливоста на поезијата

За првпат сум на „Струшките вечери на поезијата“. Тоа е голема идеја, на брегот

на Охридското Езеро, во Македонија да се организира оваа средба на поети од сите континенти, би рекол на поетската инспирација на светот. Пејзажот е полн со незбришливите синтези на поезијата и на историјата. Средбите на денешните поети се секогаш многу свечени дури и кога поетите се среќаваат без да си кажат ниеден збор. Овдека почнав да пишувам една голема песна за свеченоста на тишината што ја видов во очите на поетите дојдени од толку далечните меридијани во Струга - порача Марин Сореску од Романија. За Клаус Коњецки од Германија во светот не постои манифестација којашто би можела по својата оригиналност да се спореди со „Струшките вечери на поезијата“. Тврдам дека тие се единствени, дека во нивниот крвотек течат ска­ поцени духовни содржини кои ги зближуваат поетите од сиот свет. Веќе неколку години, по најразлични патишта, слушам и читам импресии за овој грандиозен поетски фестивал, а минатата година, со оглед на тоа што беше претставена поезијата на Германија, бев сведок на воодушевувањето од „Струшките вечери на поезијата“, во впечатоците на моите пријатели, германските поети. Велам, единствена поетска манифестација друга од ваков вид не постои во светот.

А, Думитру М. Јон од Романија порача: Ништо подобро нема отколку со сродните души да се најдеш на една ваква

импозантна ревија на поетите на речиси целиот свет и да се увериш во неза­ менливоста на поезијата. Слушајќи ја поезијата, човек се облагородува, ситните нешта добиваат сосем друг изглед и кон нив се пристапува со посебна нежност, со религиозно почитување. Ваква Струга во мене ќе живее до крајот на моето постоење. Ќе живеам од она што го слушав, а уверен сум дека со успех ќе ги пласирам моите впечатоци од оваа средба по враќањето во мојата земја Официјалната вест за доделувањето на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 1990 година, ми пристигна со писмо од претседателот

229 СВП 50 - ГОДИНИ

на Советот на „Струшките вечери на поезијата“, Веле Смилевски и од директорот на истите, Јован Стрезовски. Оваа повластица ме исполнува со радост и го претставува можеби најзначајниот поттик во мојот живот целосно посветен на поезијата. Ја прифаќам со гордост и со длабока возбуда. Сигурен сум дека ова признание ќе ги зацврсти уште повеќе моите братски врски со народот на Македонија, со неговата богата култура и силината на големата поезија. Честа што ми е доделена ќе ја носам во себе низ целиот мој живот како крвна врска, како вечна солидарна обврска кон Македонија, земја која првпатја посетив во 1984 година при одржувањето на 23. „Струшки вечери на поезијата“. Оттогаш, не само што имав среќа да бидам поканет на петте наредни СВП туку и да при­ суствувам на промоциите на моите книги, преведени на блескавиот македонски јазик од големиот поет Матеја Матевски, кој сигурно ги направил уште поубави овие песни што му припаѓаат на еден универзален јазик, шпанскиот, со кого се гордеам што можам да го користам во својата креативна работа. Освен офи­ цијалните патувања во Македонија, реализирав уште многу други, мотивирани од желбата да ги продлабочам своите сознанија и да навлезам во исконските извори на овој народ. Во овие петнаесетина наврати го збогатив моето искуство за Македонија до таа мера што се почувствував целосно закоренет во неа. Судбината не ми овозможи да се родам на оваа единствена земја, но барем можам отворено да признаам дека веќе ја сакам како вистински Македонец. Благодарам, драги пријатели, за оваа неспоредлива радост што ми ја донесовте и која се надевам ќе ја заслужувам секој ден од мојот живот. Ви благодарам што ме избравте како најмлад поет од досега наградените со овој „Златен ве­ нец“. Оваа награда ми пристигнува во оној период од животот кога сè уште емоцијата од вакво признание ги исполнува моите најубави мечтаења за пое­ зијата. Би сакал, оттука, да Ви го изразам на сите лично моето најдлабоко чувство на солидарност и љубов, Вам што го претставувате тоа име кое со самото изговарање не растреперува: МАКЕДОНИЈА - напиша Хусто Хорхе Падрон од Шпанија.


СВП 50 - ГОДИНИ 230

незаменливоста на поезијата 1990 златен венец Хусто Хорхе Падрон

Роден е во Лас Палмас на 1. 1. 1943 го­дина, поет, преведувач, есеист, со раско­ шен и со префинет јазик и со нагласени ху­ манистички пораки во кои се постига склад на спонтаноста, имагинацијата и мислата. Тој е најпреведуваниот повоен шпански поет, а неговата апокалиптич на, кошмарна и космогониски визионерска книга Круговите на пеколот (1976) е објавена на повеќе од 20 јазици. Неговата лирика се движи од дожи­ вувања на родниот крај и меланхолични на­ враќања во детството до апокалиптични визии на деструкцијата и злото. Добитник е на национални и меѓународни награди, Дела.: Темните огнови (1971), Бреза во пламен (1978), Дарбите на земјата (1984), Умира сал раката што ти пишува (1989), Лицата што ги слушам (1989), Сјајот на омразата, (1993) и др.

231 СВП 50 - ГОДИНИ

ШЕСТИОТ ДЕН

Почит кон Македонија

Кога го создаваше Господ нашиот свет и го заврши својот последен ден, го погледна сè уште недовршеното дело и со љубопитство на уметник мина по Европа со рацете свои и ги обиколи со гордост и сила рамнините и пороите на Шпанија. Ги погали убавите предели на Франција, родни како виното и меланхолијата. Посака тој да ги меша изненадата и складот во врвовите и во грубите линии на пејзажите на Хелвеција. И кладе снег, пламена таинственост и брези блескотни во тишините темни на скандинавскиот ветер. Се спушти радосно по Бохемија и Италија и наближувајќи до Балканот си рече: Ми остана овој предел поубав од најубавото. Светлината живее тука, најсреќна и чиста. И како восхитено дете ја допре географијата што ја имала со столетија Југославија. Таму занесено се запре па со раката по бреговите мина на Јадран небесни, со наслада ги вдиша проѕирните и прекрасни шуми на Србија, а потоа понајуг еден заслепувачки блен, еден дијамант брусен од илјадни ветриња, долго, една оаза што блика од сончевите води: таму пулсираше во светлина земјата Македонија. Тогаш Господ се замечта и стана двапати Господ. Имиња нежни се јавуваа на неговите усни: Скопје, Прилеп, Наум, Охрид, Струга. При изговорот на овие имиња кристални се родија птици и се населија в крошни а планетата наша за да ја заштити ги создаде облаците бели, тие кораби вишни. Господ восхитено седна зашто не веруваше веќе во своите сопствени чуда. Ја бакна потоа сувата длабнатинка тогаш на долината на Охрид. Не можеше тој да го запре сјајот во своите очи и заплака пред своето дело најсвидна И паднаа неговите солзи врз долината на Охрид езеро создавајќи што ги покри сините далечини. И Господ помисли дека случајот понекогаш го довршува тоа што и недостига на неговата уметност и викна: Во тебе Охрид и Струга би сакал да се преобратам! Скопје, 17. мај 1987 Хусто Хорхе Падрон


СВП 50 - ГОДИНИ 232

незаменливоста на поезијата

233 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1990

Раде Силјан ТОА НИ БИЛО ПИШАНО Ни било речено да сонуваме ѕвезди крајот на играта да го врзуваме вудве-вутри на сон да се препознаваме со безимените змиски очи да бараме во нашите пријатели Ни било речено будни да сонуваме. Ни било судено зборот за поглед да го менуваме темелите да ги поткопуваме пред да ги доѕидаме темни вилаети да ў подариме на иднината нашите села да ги именуваме со лоши спомени децата ќе не проколнат за нашата алчност ни било судено од сенките свои да бегаме Ни било речено крај река жедни да умираме изворите да ги прекопуваме на сон да се пребаруваме далечни се времињата за оплодување на семињата веќе не знаеме што ни носи утрото се делиме од децата без зборови ни било пишано од сенките свои да страдаме Ни било речено да сонуваме ѕвезди зборот за поглед да го менуваме од сенките свои да бегаме крај река жедни да умираме ни било пишано од сенките свои да страдаме Поука за неродените не даваме За нас и слободата е претешка задача Раде Силјан

Поет, есеист, критичар, преведувач. Ро­ ден е на 16 април 1950 година во Жван, Демир­ хи­сарско. Завршил Филолошки факултет - јуж­ но­словенска книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач и гла­вен уредник на „Матица македонска“ од Ско­п­је. Прет­седател е на Друштвото на писате­ли­те на Македонија. Автор е на книгите: „Третиот лик на вре­ мето“ (поезија, 1975), „Сенки на јавето“ (пое­ зија, 1980), „Пронајден облик“ (критики и есеи, 1986), „Дијалог со времето“ (критики и есеи, 1988), „Гласник“ (избор,1989), „Заѕидување на сенката“ (поезија, 1990), „Магијата на зборот“ (критики и есеи, 1991), „Осамен поглед“ (избор од поезијата, 1996), „Пресликано време“ (поезија, 1999), „Прилози за наставата по литература“ во пет книги (крити­ ки, 2000), „Гласот на предците“ (поезија, 2001), „Романтизам“ (преглед, 2003), „Провев во татковината“ (избор од поезијата, 2004), „Горчлив вилает“ (пое­ зија, 2006), „Македонски писатели и дела“ (критики и есеи, 2006, прва кни­ га), „Сенки на татковината“ (поезија, 2007), „Македонски писатели и дела“ (критики и есеи, втора книга, 2008), „Кругови“ (поезија, 2009), „На мегдан со татковината“ (поезија, 2010), „Завештанија“ (поезија, 2010), „Молитвење“ (поезија, 2011). Коавтор е на петтомната едиција „Македонската книжевност во книжевната критика“ (1973/74). Составувач е на антологиите: „Македон­ ска драма“ (1990) „Македонската поезија во XIX и XX век“ (1990), „Сто годи­ ни македонска драма“ (1992), „Нова и современа македонска поезија“ (1996), „Модерна македонска поезија“ (1997), „Забранета одаја“ (избор од македон­ скиот расказ, 2004), „Македонија пее“ (избор од македонска поезија, 2008), „Македонски раскази“ (2008), „Македонската литературна критика“ (2008). Објавил Избрани дела во шест томови (Матица македонска, 2010). Негови книги се преведени и објавени на: англиски, руски, турски, гр­ чки, албански, бугарски, српски, словенечки, француски, италијански, пол­ ски, украински, романски и латински јазик. Застапуван е во панорамски и антологиски избор на македонската поезија, објавувани во Р. Македонија и во странство. Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Студентски збор“, „Браќа Ми­ ладиновци“, „Ацо Шопов“, „Гоцева повелба“ „Димитар Митрев“, Ваља кути­ ја“, „Кочиќево перо“ (Бања Лука), „Златна фортуна“ (Киев) „Арџесис“ (Буку­ решт), „Поет на спокојот“ (Трст) и „Михај Еминеску“ (Крајова).


СВП 50 - ГОДИНИ 234

додека ја има светлината - ја има и струга!

Јубилејните 30. „Струшки вечери на поезијата“ се одржаа од 22 до 26 август, 1991 година. На чинот на свеченото отворање на манифестацијата, арген­ тинскиот поет Хуан Октавио Пренс испрати поетско послание од Струга до поетите во светот. Драго ми е што повторно сум тука. Иницијативата за ваквиот фес­ тивал е одлична, а најбитно е што таа дава шанси за меѓусебни контакти меѓу поетите од светот и за евентуално преведување на повеќе јазици и во повеќе литератури. Прилично тешко е да ги изразам личните чувства за Фестивалот. Кога ќе се вратам во Виена своите впечатоци од општото добро расположение и атмосфера ќе им го пренесам на своите колеги - изјави Херберт Кунер, поет од САД. А, Виџајадевнарајан Сахи од Индија надополнува: Среќа е да се биде во Струга, зашто во светов е реткост толку поети од многу земји да се сретну­ ваат во еден град. Вашиов фестивал ме потсетува на мојата земја, каде со векови се одржуваат традиционални собири, на кои доаѓаат луѓе и од по­ далечните градови и да слушаат поетските искажувања. Она што ме тера да се чувствувам како дома, тоа се вашите народни игри и песни што се сродни на индиските. Инаку, јас се насладувам и ми е драго што сум овде. Ќе се потрудам од Македонија да понесам што повеќе од вашата поезија, што ќе се обидам да ја преведам и објавам во Индија - рече тој. „Струшките вечери на поезијата“ во 1991 година одбележаа 30-годи­ шен јубилеј. По тој повод, Петре Бакевски, тогашен претседател на Управниот одбор на СВП, напиша: Додека ја има светлината - ја има и Струга! Еве, се соочуваме со непобитниот факт: триесет години на „Струшките вечери на поезијата“. Многу ли се или, пак, малку овие години на постоење на една манифестација, која по сите свои карактеристики е навистина свет­ ска? Впрочем, во овој миг, децидниот одговор и не ни е толку битен! За нас, за сегашнава генерација македонски писатели, броењето на триесетте години

на „Струшките вечери на поезијата“, во овој миг, значи меѓник, една плодоносна изодена етапа, своевидна зрелост, еден буен и пламнат развој, широко отворање кон светот и суптилно, духовно комуницирање и проткајување на творечките вредности. „Струшките вечери на побзијата“ исцело, темелито, широко разг­ рането и со голема духовна широчина, треба да нагласиме, ги создадоа исклу­ чиво македонските писатели. Пред триесет години оваа манифестација го оз­ начи својот почеток по еден исклучителен повод - одбележувањето на 100-го­ дишнината на Зборникот на македонски народни песни на знаменитите струшки браќа, Димитрие и Константин Миладинови, со што, по едновековно притаено молчење, повторно беше воспоставен духовниот континуитет на една стамена, многувековна литература која својот логичен развој го продолжи во плодните генерации на современите македонски писатели. Од тогаш, па сè до овој август во летото 1991, во ова ретко плодно лето, македонските писатели со голем занес, со широка емоција и со искрено чувство за висок културен и естетски чин, го развиваа, го прошируваа и го разграни­ чуваа извонредно оригиналниот и автентичен концепт на „Струшките вечери на поезијата“. На македонскиот писател и на големите експлозивни творечки потреби, на македонската поезија да воспостави духовна и вредносна комуникација со европските и светски духовни простори, Струга им се покажа како единствен мост, голем духовен вентил, извонредно благороден поетски простор. Процесите за отворена комуникација со светот се одвиваа со забрзано темпо, но по многу непосреден и природен пат. Но, тоа забрзано темпо на „Струшките вечери на поезијата“ беше директна потреба на еден силен творечки набој, на еден неверојатен творечки темперамент на една национална поетика, па во поширока смисла и на една национална култура, која инспиративните врутоци ги најде во напластените вековни рожби на македонското народно творештво, на едни здрави темели, но и поетика која брзо воспостави дијалог со совреме­ носта, со современите европски поетски текови. И уште нешто, во овој контекст, нешто што е многу важно, нешто што е непобитен факт, нешто што македонската современа поезија ја вивна во европските чуда и преку „Струшките вечери на поезијата“ Европа ја откри

235 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 236

бев принуден на бис да читам до замалување

како нешто што е оригинално и автентично. Станува збор за јазикот, за македонскиот литературен јазик, за еден од најмладите европски кни­ жевни јазици, значи за еден од најнеистрошените поетски јазици во кој македонската современа поезија полувековно инспиративно е втурната и низ гласовите на тој јазик пламна една вдеална поетска хармонија и убавина со нова вдахновеност што за европските книжевни сознанија сето тоа беше и ново и свежо, но и оригинално и автентично. Бројни се македонските поети и нивните книги кои од едно до друго лето, значи од една до друга Струга, созреваа и сè повеќе отворено, со силата на своите вредности, ў пркосеа на европската поезија. Македонскиот поет во својот полувековен слободен израз на јазикот на своите мајки и татко­ вци, на јазикот на својот народ, мораше да извршува и нешто што само судбината го наградува или го обврзува. Македонскиот поет во овие го­ дини на број, мораше преку својата стамена песна, да го разгласи принуд­ ниот вековен молк на својот народ, мораше испрекинатите духовни текови и големите глуви историски простори, уште од времето на Климента, да ги пополни со дела што само нему му беа предодредени да ги создаде во судбинските текови на својот народ. Оттаму и големиот творечки темпе­ рамент, оттаму доаѓа и природната изворност, оригиналност и автентич­ ност на македонскиот поет и на македонската современа поезија. Македонскиот поет мораше да го создава она за што претходните, несреќни генерации се бореа да го создаваат, но секогаш под оружје и со сила беа спречувани и замолчувани, бришани од светската мапа на постоењето. Ете зошто македонскиот современ поет ја создаде Струга, ете зошто пред триесет години почна како природна потреба, најнапред да ја оддаде нужната почит на Златната книга на македонскиот народ, на тие даровити струшки браќа, но истовремено и да означи еден нов, современ духовен поход кон светот таков каков што постои и се создава, опстојува и се бори да биде подобар. Нека не биде сфатено како патетика за јубилејот, но треба да го изречеме: Струга израсна во најголема светска поетска метропола, Струга стана синоним за поезијата во светот! Летниот август на Дрим, на Охридското Езеро и ова наше мало градче Струга - на светската мапа си зазедоа чудесно место! Па, ете, зарем треба поубаво чувство, истовремено и поубави збо­ рови на почит и признание за македонските писатели кои ја создадоа Струга! Ние преку Струга се обраќаме на светот, но светот, знаеме извон­ редно одушевувачки ја прифати Струга, искрено ја прифати македонската творечка интелигенција, во неа почувствува искрен партнер и нова по­ литичка сила за да се направат светот и животот поубави. Паметиме, нели, колку пати во изминативе триесет години е речено дека поетите и поезијата не го менуваат светот, но можат да го направат поубав! Па, нека биде пак така и во оваа и во идните Струги, довека, додека трае силата на зборот, зашто никогаш досега Струга, како и пое­ зијата воопшто, не останале без силен, инспиративен мотив. Мнозина загрижено прашуваат дали Струга, „Струшките вечери на пое­ зијата“, и натаму ќе опстанат такви какви што се. Светот се менува надвор од волјата на поетите, па може, нели, и Струга да се измени надвор од волјата и потребите на поетите од светот!

Па, има само еден одговор: зарем ќе се изменат сонцето и водите! Зарем ќе исчезнат јазиците! Зарем некоја неввдлива сила ќе ја згасне светлината! Струга чудесно опстојуваше и уште почудесно ќе продолжи да опстојува. Погледнете го само овој Летопис на изминативе триесет години на Струшките вечери на поезијата. Гледате, што се во него не е запишано! Но, пак, што сè уште не е запишано што од Струга се носи со полно срце и богата душа, тоа останува само во срцата и душите на оние што Струга вистински ја доживеале и уште иовистински ја сакаат.

Ми се допаѓа фестивалот затоа што не е изнасилен. Можеби за организаторите е тешко да

го направат, но успеале во тоа. Особено сум импресиониран од тоа што во вашата поезија е присутен субјективниот израз што поезијата ја прави модерна и богата - вели Паул Вир од Германија. Мартине Гарсон, пак, од весникот Иманите од Франција е воодушевен од Струга, овој македонски град кој живее со поезијата: Кај нас во Франција многу тешко е да се со­ берат толку луѓе, освен на претставите на поп-музиката, каде се собираат млади. Ова по­ кажува дека тука, кај вас, постои интересирање и желба да се чита и слуша поезија и не само за еден ден. Гледам дека овој град живее со песната, работи постојано за песната, а не само во текот на фестивалот. Со песната живее и народот. Изет Сарајлиќ од Босна и Херцеговина им се обрати на учесници на „Струшките вечери на поезијата“ со добрамисла, длабоко хумана: Ветете дека до следната Струга ќе напишете барем пет љубовни поеми. Ветете дека до следната Струга нема да загинете во некоја светска војна. Ветете дека до следната Струга ќе бидете за една година помлади. Јас ветувам.

237 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 238

бев принуден на бис да читам до замалување 1991 златен венец

239 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 1991

Ристо Василевски

Јосиф Бродски

Роден е во Санк Петербург на 24. 5. 1940 годи­ на, а починал во Њујорк, 28. 1. 1996 г. Руски поет, но­беловец. Со поезија и превод се занимава од 1963. Ис­тата година бил обвинет за паразитизам, а неговите сти­хови биле опишани како мешавина од декаденција, пе­симизам, модернизам и чисто дрдорење. Поради тоа бил осуден на пет години прогонство и принудна ра­бота, па по една година бил помилуван. Тогаш во по­веќе земји се појавиле преводи од неговите песни, а на руски јазик во Њујорк излегла книгата Песни и поеми (1965). Потоа излегува и Станица во пустината (1970). Во 1976 во Америка ја објавил книгата Вид го­вор. Во 1987 добил Нобелова награда. Дела: Крај на пре­красната епоха, 1977; Уранија, 1987 и др. Најпозната есе­истичка книга му е Помалку од едно, 1986.

Роден е во с. Наколец, Преспа, на 31. 1. 1943 г. Поет, есеист, критичар, антологичар, пре­ ве­д увач. Завршил средно стручно училиште. Жи­вее и работи во Смедерево, Србија. Член на ДПМ. Дела: Шепоти (поезија, 1968), Временија (поезија, 1970), Толкување на патот (поезија, 1973), Големи и други работи (поезија за деца, 1974), Од плитари до фасади (монографија, 1974), Давање облици (поезија, 1981), Пре­ли­с­ ту­вање на времињата (поема, 1984), Житието на Коле Ф. (поезија, 1984), Болна куќа (поезија, 1984), Големи и други работи (поезија за деца, 1990), Плодород (поезија, 1991), Чудбината на едно ќесе (роман за деца во стихови, 1991), Пофалба на адот (поезија, 1993), Играње со главата (поезија, 1997), Паричникова судбина (ро­ман за деца во стихови, 1998), Огледала (поезија, 1998), Ткаенка на злото (пое­зија, 1999), Игри и пофалби (поезија, 2000), Храм, сепак, храм (поезија, 2002).

ДЕЛ ОД ГОВОРОТ *** ... и при зборот иднина глувци рој истрчуваат од рускиот јазик и од вкусното парче на помнењето загризуваат, како од издупчено сирење залче. По сиве овие зими сеедно е што или кој во аголот стои зад завесите во осој, и во мозокот не одекнува неземното до, туку шушкањето нејзино. Животот, кој, како подарен предмет, не се гледа во штрбел, при секоја средба устата ја полни со гргот. Од сиот човек ви останува дел од говорот. Дел од говорот воопшто. Дел од говорот. *** Не дека со умот си летнав, но летово ме замори. По кошула од комодата посегнувам, и денот си бега. Камо среќа да е зима и снегот да ги стори сиве градови и луѓе прекриени, но најпрвин тоа прилега за зеленилово. Облечен би спиел или читал в немар туѓа книга, дур остатоков од годинава, како пес што избегал од слеп господар, преку асфалтот на одредено место минува. Слобода е кога го забораваш тирановото презиме и име, а слинката во устата послатка ти е од алвата од Шираз, и иако мозокот ти е свиен како на овенон роговине, од синото око не капнува ништо низ образ. (1975- 1976) Јосиф Бродски

БЛИЗНАЦИ од еден корен никнаа две стебла со еднакви врвови со еднаква сила со еднакви шари на прстењата треба едното да се пресече да му се направи простор на другото да се размавне со гранките да заживее со вистински живот ако го пресечам првото не ќе го пресечам ли она што природата го одредила да цути и раѓа?

ако го пресечам другото не ќе и го одземам ли на природата правото на слобода и идна убавина? се врткам околу стеблата и никако да го земам законот в раце најпосле се решавам да ги оставам коренот и неговата природна мудрост сами да одлучат меѓу плодоредот и можната убавина Ристо Василевски


СВП 50 - ГОДИНИ 240

бев принуден на бис да читам до замалување На „Струшките вечери на поезијата“ во 1992 италијанскиот поет Бруно Ромби испрати Поетско послание од Струга до поетите во светот. Добитникот на „Златниот венец“ засади дрво во Паркот на поезијата. Пред отворањето на манифестацијата учесниците го посетија Охрид. Лауреатот Ференц Јухас, од името на учесниците на СВП му предаде апел на претседателот Киро Глигоров упатен до Мировната организација во Лондон за признавање на Македонија.

1992

златен венец Ференц Јухас

Роден во Биа, Унгарија, на 16. 8. 1928 г. Еден од најголемите унгарски и европски поети на 20 век. Првата поетска збирка Крилатиот пастув ја објавил во 1949, а потоа Татко ми (1950) и Расипничка држава (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на Вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома Момчето што се преобрази во елен (1971) и Порта на тајната (1972). Книгата Златниот меч на спа­ сот е објавена во 1973. Дела: Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985); Црниот орелски крал (1988); Враќањето на покојникот (1988) и Подземна лилија (1991).

ОХРИДСКИТЕ ИЗВОРИ (фрагмент) Каде сте поети, пријатели мои? Каде сте вие поети смерни? Другари обвиснати за гривата на песната, собирачи на сината пепел на елегиите во чабури златни, и вие каде сте бескрилни летачи, избирачи на црниот цветен прашец на депресиите и на страстите во зеленобенкавата корушка на птичји јајца, на мовлестото чело од песната, во коренот на пипалците, во мовлестиот венец на пипалците, ко жива круна од трње, со румена шепа, со нокти бели, со стуткани мрежести капи, со прсти како големи свитоци од папируси, потпирачи на зората со златни столбови, со крвави плочки што го залепувате залезот! Онаа охридска зора, оној охридски залез! А не шуми со зелена стаклена уста високото магливо езеро, о, отворени врати низ кои влегува празнината како провев со снежење од подземниот свет, о, затворени врати зад кои стои летото, забраната на наврапитоста, чадорести цвеќиња, а во меѓувреме ми растат мустаците и брадата, ми растат ноктите, на нозете и на рацете, расте длабочината на ружината градина на напуштеноста, височината од мириси, вирот од цутови среде мегданот од тишина, каде сте поети, пријатели мои, вие со презимиња на ски зашто златниот член на вашите презимиња е на ски, балкански скити, Антевци, Петревци, Ганевци, Тодоровци

241 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 242

бев принуден на бис да читам до замалување Награда „Браќа Миладиновци“ 1992

Јордан Даниловски и ти наследник на името на филозофот Паскал: каде сте, вие кои јаздите врз жолтите нишки на шуплината на црната лилија, како врз жолти жирафи, жолти трубести риби, жолти сабјести риби, врз копјести риби, врз ждребести, со жолти лаворики и петлести перја, врз жолтопрашни драгови со црни шилци, вие што висите на внатрешните златни јарболи на цутењето, на драговите од едрата на создавањето, на половите ребра од празните румени гради на лалето, лепејќи се прилежно за заљубената прашна тиква, а наоколу парливата леснина на кадравите и вкочанети растителни чашки: оклести пеперуги, пеперуги на очите лефтерни, призрачни бубалки на леќите, златногаќести маѓесници на виножита од зборови и како во очите на кафеава збирка од точки на мозаиче залез син жарест јадеж на начичкани очи на полутопчестото габесто поле, во црна маска јајцето божилачно на бисерното ѓузлеме и внатре поделениот и во решеткаст вид собран друг свет, надворешниот несреќен заплет, а внатре, во длабот на очите збирната осама на зрачна среќа од растреперените кристални китки на виножитни бунари. Каде сте поети, пријатели мои? кои лебдеете на жолтите прашни нишки на космичкиот цвет на постоењето и создавањето, како деца на лулашка од штица, како на бескрајни копјести сопи како на лесен лажен мост од растителни влакна над зачудената бездна, а долу во зелен и син и црн теснец од карпи бучи, се пени, се истура водата и грми водата и ѕвечи, ко целофански брод во ветрот, како бегањето лумно на белогривите пастуви во камена пустина, небаре стадо кентаури тупотат со долги руси бајрак-коси, со бели штитести бради до колена, со жолта грива од Млечен пат, со кафеави и белодамчести влакна, со клепки како од мумија и со копита црни, со долги опашки во воздухот влечејќи ги зад себе, како поројни планети, како митови од варвари, о, вие, што цедите ѕвездена роса од трагите на Пегазот, зашто крв блика од каменот и од земјата кај што поезијата ита. Ференц Јухас

Роден во Дебар на 15. 1. 1957 г. Новинар, поет, критичар, есеист и романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Културната редакција и бил заменик дирек­ тор на Македонската телевизија. Член е на ДПМ. Тој е еден од основачите на сп. Стожер и на кни­ жевната манифестација Празник на липите. Дела: Голтач на пламен, Скопје, 1982; Движење, простор и време, Скопје, 1984 (поезија); Внатрешен говор, Скопје, 1986 (поезија); Лудото легло, Скопје, 1988 (поема); Множење на тиши­ ната, Скопје, 1989 (поезија); Симона и приказ­ ните, Скопје, 1991 (поезија за деца); Коба, Скопје, 1992 (поезија); Симона е златниче, Скопје, 1992 (поезија за деца); Вев, Скопје, 1993; Гачки, закачки, Скопје, 1994 (брзозборки); Здрач, Скопје, 1994; Онамона до Симона, Скопје, 1994 (поезија за деца); Книга тма, Скопје, 1996 (поезија); Лудото легло, Скопје, 1998; Мистик, Скопје, 1999; Вдув, Скопје, 2001 (роман); Александар Македонски од аголот идеален збор, Скопје, 2001; Книга нави, Скопје, 2002; Книга ом, Скопје, 2004; Пошепотена, Скопје, 2006 (поезија). ПОЛНОЌЕН ЧАСОВНИК Двајца сме Но Еден Полноќен часовник носи. Броењето морно не опфаќа И секој шум не враќа Во откоси неразбирлива смеа Се лачи темна непроѕирна пареа По голите тела. Велам - Вода Ноќ застоена Без остаток што зема. Вели - Се распрснувам. Бев сама. Немој да ги превртуваш книгите Тоа е темна работа. Ноќ е Броењето морно двои Вев и шамак Но веќе двајца сме и Еден Полноќен часовник носи Се лачи темна непроѕирна пареа И секој шум од стрелката не враќа Во откоси неразбирлива смеа. Јордан Даниловски

243 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 244

магијата на зборовите Имав можности да разговарам со мнозина поети ширум светот. И сите знаеја

каде е Струга. Благодарејќи на „Струшките вечери на поезијата“, едно мало место на југот на Македонија, стори повеќе да се знае за Македонија од што било друго. А поетите се тоа што се и затоа што се зборлести, што го соопш­ туваат она што го знаат, што се - како што велат модерните пропагандисти мултипликатори. На земјописната карта на поезијата Струга е една од светските метрополи - рече Иван Ивањи од Србија. Неколку пати сум тука. Секој пат сè повеќе и повеќе се потврдува мојот впе­ чаток дека е тоа вистинскиот начин за зближување меѓу народите. За тоа збо­ рува и податокот дека угледот на оваа манифестација е сè поголем во земјите во кои се зборува и пишува на шпански јазик. Според она што ми кажаа, до­ аѓаат поети од Шпанија. Ми го спомнаа и името на Васкез Монтаблен, кој е најголем писател на шпански јазик во денешно време. Неговото присуство е потврда на она што го реков. За наградата „Златен венец“, би рекол дека во времето кога многу Нобелови награди за литература се дискутабилни, оваа награда добива сè поголемо меѓународно признание затоа што се доделува без компромиси, а квалитетот на делата на добитниците претставуваат вистински книжевни вредности - порача Хуан Октавио Пренс од Аргентина Она што ми се случи во Струга досега никаде не сум го доживеал. Сметам дека оваа манифестација докажува оти поезијата, наспроти мислењата дека ја губи својата актуелност во овој свет на техника, токму сега е најактуелна. Преполната сала со гости од целиот свет и одушевеноста од магичноста на поезијата, потврдува дека ваквите средби не се само мост на пријателство, туку и очовечување на човекот до совршенството. Мојот пример најилустрирано покажува колку се почитува песната. Бев принуден на бис да читам до зама­ лување. Така ги оцени СВП Изет Сарајлиќ од Босна и Херцеговина. Чувствувам огромно задоволство што учествувам на Струшките вечери на поезијата. Тука поетите од цел свет ја пеат песната на заедништвото и мирот. Еден турски поет вели: Сакаме, а убавината на нашиот живот е во тоа. Овој стих, кој е кажан пред 7 века, всушност, во Струга го почувствував - порача Фејзи Халиџи, Турција Според Гопал Кршн Адига од Индија, „Струшките вечери на поезијата“ се кул­ турен настан во светот и тој нестрпливо очекува да учествува на „Струшките вечери на поезијата“. Сега кога сум овде, во Струга, уживам во сите програми, а уште повеќе во топлото и срдечно гостопримство, кое ни е нам пружено. Се чувствувам како да сум во некој индиски крај, уживајќи во музикалниот дија­ лект, кој мене многу ме радува, иако не го разбирам тој јазик - додаде тој.

Во некои писанија ќе најдете дека Струга значи ловиште. По една бескрајна

ноќ на поетскиот фестивал, што ја минав во друштво со големиот Генадиј Ајги и тогаш помладите, но исто така афирмирани поети - Јоан Флора и Славе Ѓорѓо Димоски, сега претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на по­ езијата“, го заушив образложението на Ајги дека Струга значи речно корито. По смртта на Генадиј Ајги поетот Славе Ѓорѓо Димоски објави текст со наслов: Маларме од крај Волга.

245 СВП 50 - ГОДИНИ

Објавената вест дека починал поетот Генадиј Ајги ми ги врати сеќавањата на

една средба со него и на една непреспана ноќ во кафезот во хотелот Дрим на едни „Струшки вечери на поезијата“, неколку години пред да го добие „Златниот венец“, значи некаде 1989/90 година. Само година-две пред тоа поетот првапат излегол во Европа, првото патување надвор од црвената империја му било во Будимпешта, летото 1988 година, а на дванаесетти декември истата година во Париз ја одржал и својата прва поетска вечер на Запад. Неговите книги во преводи на повеќе светски јазици многу поодамна го имаа прошетано светот. Неговото доаѓање во Струга беше настан и своевидно откритие на чудниот поет кој сопствената поезија ја сфаќаше како поднесување извештај на самиот себе во одреден период од животот, така, што од возбуда, што од интересното човече ноќта лесно течеше сè додека не се претопи во мамурливо утро. На масата беа уште поетот Јоан Флора (и тој веќе починат) кој упорно тврдеше дека Ајги е негово откритие и дека низ Москва го носел дигнат на едното рамо (бидејќи Флора беше крупен маж) за московјани да го видат генијалниот поет и Гоце Ристовски, тогаш новинар на Нова Македонија. Ајги беш симпатичен човек, со кратка и бела брада, во народна чувашка носија; седи и се смее, и постојано нарачува црвено вино. Говори живо и загрижено за новите постапки на Горбачов; не му се допаѓа со неговата претерана демократија. Тоа ќе прерасне во анархизам, вели. Тоа го покажуваат новите настани во Азербејџан, вели и нарачува бокалче со црвено вино. Потоа разговорот го префла на поезијата, зборува за чувашката народна поезија, постојано го споменува Пастернак поради него и почнал да пишува на руски, и (живо зборува и пие црвено вино сред ноќната августовска жештина) за тоа, зошто повеќе е познат на Запад отколку во Русија. Тоа од подалечно сеќавање. Ајги е голем поет на дваесеттиот век. Роман Јакобскон рекол дека е најголем жив руски поет, иако за својот живот повеќе беше познат во Европа. Антун Витез го нарекол апсолутрен поет и Маларме од крај Волга истакнувајќи дека најмногу е европски од сите чу­ вашки поети. Питер Франс, професор на Единбуршкиот универзитет забележал дека Ајгиевите стихови повеќе личат на шушкање на лисје отколку на декла­ рација на еден поет. Полскиот критичар Анджеј Дравич ќе збележи дека Ајги ја користи магијата на зборовите, односно магичната формула на зборовите ја претвора во сложени хиероглифи, разместувајќи ги во асоцијативно-сми­ словно просторанство, а американскиот славист Пералд Јанчек ќе рече дека Ајгиевите зборови не се доволни да го изразат нужното и дека неговото дело е над зборовите. Ете вака се зборуваше во изминатите неколку децении низ светот за поезијата на Генадиј Ајги, наспроти СССР-ското молчење; овие ква­ лификативи го наредија и во најтесната група потенцијални добитници на Нобеловата награда, а му го донесоа и нашиот „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 1993 година. А самиот Ајги ќе рече: Живот - Книга; еден Живот - една Книга. Сега животот е завршен, остана книгата, Шифрирана белина, далечен, запомнат од детството, чувашки колорит, архаична и митолошка импулсивност, шамизам, дишење на полето, бесконечно именување на предметите, времиња и тишини кои се вкрстуваат и преплетуваат, ветарот преку кој комуницира Бог, зашто зборовите им ги оставил на човекот, сон - бидејќи ако се разбудиш ќе се најдеш на местото на казната - сè ова е таа огромна Ајгиева Книга која сега веќе е


СВП 50 - ГОДИНИ 246

магијата на зборовите оставена во наследство на Човекот, кој истовремо ја наследува и обврската да ја дешифрира. Според професорот Леон Робел, неговиот преведувач на француски јазик, поезијата на Генадиј Ајги е ор­ ганска синтеза од три различни традиции: руската поетска живописна авангарда (Маљевич), совре­ мената француска поезија и чувашката традиција и тоа го прави различен од познатиот поетски свет во Русија, но и оригинален бидејќи на кри­ тичарите никако не им успева да го свртат во некој познат модел, неговата поезија не им припаѓа на ниеден поетски вид, таа е некако безжанровска. Околу овие размислувања самиот Ајги ќе рече: На човекот му преостанува да се задлабочи во јазикот, да прави синтеза на едно исто нешто така што и нешто најмало може да стане модел на све­ тот. Во мојов случај песната е модел на светот. И која била песна се стреми да стане модел на светот, на разни начини... Кога поезијата премногу ќе се рафинира станува реторика, таа е игра, таа се од­ војува од животот. Неговата поезија се квалифи­ кува со исклучителен модерен сензибилитет, со нему својствено мислење во јазикот, во ритамот на јазикот, во неговата свртеност кон идеите и нештата: Во мојата поезија единството е во суди­ рот на човекот со нештата, со природата. Најдобро човекот природата ја памети, не кога ќе се сети, туку кога работи и кога е во допир со нештата. Ете таков е мојот однос кон нешата, кон светот: допир со природата, не можам да речам борба против неа ниту пријателство со неа, туку за време на работа. И тука ќе се јави огромен свет на нешта, доживеани нешта, кои не се симболи туку реални предмети. При ова потсетување и размислување за Ајги, сега кога неговото име е само книжевен факт, пак ми доаѓа една слика од минатото, но сега од 1993 година, кога, заради неговото испланира­ но време како лауреат, не можеше ноншалантно да се седи во познатиот кафез во струшкиот хотел, како го подига златниот венец на Мостот, кој на­ еднаш се претвора во ореол над неговата подбе­ лена глава за да издиши: Рехмет! (На чувашки: благодарам)

1993

златен венец Генадиј Ајги

Роден во Зајмурзин, Руска Фе­де­ра­ ци­ја, 31. 8. 1934 починал на 21.2. 2006 г. Поет, есеист и преведувач, по националност е Чу­ ваш; од 1960 г. се определува да пишува на руски јазик (до тогаш пишува на родниот чу­вашки). Неговите книги се објавувани во по­веќе европски земји. Во 1993 г. е добитник на „Златен венец“ на СВП. Дела: На чувашки јазик објавил седум книги: Музика за цел живот, 1962; Од името на татковците, 1958; Че­кор, 1964; Расветлување, 1971; Јазол, 1975; Песни, 1980; Тестамент, 1988; Полиња близ­ наци, 1987; Три поеми за Малевич, 1989 и Сега постојано снег. ПАТ кога никој не нè сака почнуваме да ги сакаме мајките кога никој не ни пишува се сеќаваме на старите другари и речта ја изговараме само затоа што молчењето ни е страшно а движењата опасни на крајот - во случајни запуштени паркови плачеме од жолтите труби на осамените оркестри Генадиј Ајги

247 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 248

поезијата ги надминува разликите и недоразбирањата во јазикот Награда „Браќа Миладиновци“ 1993

Бранко Цветкоски

Роден е во с. Слатино, Охридско, на 21. 6. 1954 г. Поет, литературен критичар, есеист, пре­ведувач, новинар, издавач. Повеќе години ра­ботел во културната рубрика на в. Нова Ма­ ке­донија. Бил главен уредник во издавачката ку­ќа Култура, редактор на литературното списа­ ние Стремеж од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа Макавеј, Скопје, управник на Македонскиот народен театар, директор на градската библиотека Браќа Миладиновци. Цветкоски е добитник, за видни заслуги и по­ стигнувања во развитокот на светската литера­ тура, на орденот Владимир Мајаковски, што го доделува Сојузот на писателите на Русија. Дела: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985; Пластови и глас, критики, 1989; Пресна пепел, поезија, 1990; Возбудени македонски дијалози, интервјуа, 1990; Подарена сол, избрана поезија, 1991; Обетки од ѕвезди, поезија за деца, 1991; Дела и доблести, критики и есеи, 1992; Молитвен веј, поезија, 1993; Критички загледувања, критики и есеи, 1996; Повисоко од животот, критики и есеи,1997; Синори, поезија, 1998; Ек и одек, критики и есеи, 1999; Името, Родот, Имотот, поема, 2000; Скрб, поезија, 2002; Имиња и теми, критики, 2003. МОЛИТВЕН ВЕЈ Дувни оваа ноќ Откорни ја коронката од фитилот Зборот да остане сам Во тишината Да си го најде запишувачот нем И црната буква што дрочи Во боските на темнината Отвори очи Демону зад пламенчињата Овојпат нема да се разминеме Незнаен лику мој Ни останаа малку години За галеж За татнеж Ајде во оваа глува планина Без припек Без ладнина Повисоко крени го пердето Влези Во мојот молк - виделина Бранко Цветкоски

Во текот на одржувањето на „Струшки ве­

чери на поезијата“ во 1994 г. почина рускиот поет Владимир Бурич. По коме­ морацијатра на која за неговото тво­ рештво зборуваше Јован Павловски, од името на Советот на СВП на закопот во Москва присуствуваше Веле Смилевски. Поетско послание од Струга до по­ етите во светот упати поетот Жорж Асталос. Доделувањето на наградата „Златен ве­ нец“ и поканата за учество на „Струшките вечери на поезијата“ 1994 година ми при­ чинуваат огромна чест и затоа од сè срце ги прифаќам. Извонредно сум свесен дека големата привлечност на овој фестивал со светско реноме лежи во неговата улога како симболичен настан. Суштествена е намерата на поезијата да ги надмине раз­ ликите и недоразбирањата во јазикот, да допре до едно заедничко чувство и заемно разбирање што се наоѓаат многу подла­ боко во нас. Во нашево време на поделби и патила, овој голем фестивал во малеч­ ката Република Македонија ў ја враќа на поезијата сета сериозност што се содржи во нејзиното изразување и потврдување на природните квалитети на човекот, во исправањето на недоразбирањата, во над­ минувањето на поделбите и воспоставу­ вањето на мирот. Затоа уште еднаш ја изразувам големата благодарност за честа што ми ја укажавте со поканата да учест­ вувам на него - порача од Норт Тотон, Англија, поетот Тед Хјуз.

249 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 250

поезијата ги надминува разликите и недоразбирањата во јазикот 1994 златен венец Награда „Браќа Миладиновци“ 1994

Петре Бакевски

Тед Хјуз

Роден во Јокшир, 17. 8. 1930, а почи­ нал на 28. 10. 1998 г. Англиски поет, бил оже­ нет со популарната поетеса Силвија Плат која се самоубила. Заедно со Даниел Вајсборт во Лондон го уредувал книжевното списание Модерна поезија во превод во кое ги претста­ вувале најпознатите модерни писатели на 20 в. Врз неговото творештво најсилно влија­ ние има делото Птици, животни, цвеќиња од Д. Х. Лоренс. Фасциниран е од животните и ја изразува суштината на живите суштест­ ва. Автор е на поетските книги: Сокол на дожд (1957), Луперкалии (1960), Гавран (1970), Гаудете (1977), Пештерски птици (1978), Остатоци од Елмет (1979) и др. РЕЛИКВИЈА Ја најдов оваа челуст на работ морски; Сред ракови и риби дрчни, згмечени од таласи или фрлени Да рипкаат за кратко и лушпа да се сторат Почетокот да го продолжат. Јанѕа се длабочините: Во мракот нивен другарство нема; Ни сожалување пак има, само грабеж и алчност незасита. И челуста, пред да ја смири гладта и намерата зината Да и шласне, станува коска, изглодана и гола. Челуста Што јала изедена е и само вилица е сега фрлена на брегот: На морето е тоа дело; сред школки, ‘Рбети, штипалки, коруби, черупки. Времето во морето опашката си ја јаде, се гои, и фрла се Несварливо што е, кобилици од намери Потонати в длабочина. Никој во морето Богат не е. Оваа извиличена вилица за смеа не знаела Само грабала, грабала и сега е споменик на смртта. Тед Хјуз

Роден е во Кавадарци, 5. 1. 1947 г. Поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски кри­ тичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот Вечер и директор и главен уредник на книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Уредник во весни­ кот Македонија денес. Член на ДПМ. Бил претсе­ дател на Советот на СВП. Дела.: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината мапа (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија,1990), Терра Магица (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000), Црвен ветар (2001), Тешки облаци (2002), Зајазлен камен (2002), Скрб (записи, 2003), Мојата Итака (поезија, 2003), Еден гавран (раскази, 2002), Два гаврана (раскази 2002), Јато (повести, 2003), Црно јагне, див Балкан (роман, 2004). Автор е на неколку драми. ПРЕД ПОРТАТА НА БОГОВИТЕ (одломка) Уште еден одминат поход - да се објасни смислата на бесконечноста, Победата се одбележува според невидливите патеки на птиците, Во јато, со ширни крилја, Со запалени огнови во очите, Со усвитени копја кон сонцето, - Да се застане пред Портата на боговите! Скаменето ли е времето на острилото на мечот, По магијата на молкот - коњите не ‘рзнуваат пред големото исчекување на светлината, Полето е стишано во тишината на прашината, Времето се менува, се менува, се менува Додека трае мигот, Додека трае мигот, Дишењето на воините е застанато во точката на историјата Петре Бакевски

251 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 252

на поезијата не и се потребни дивизии Во современиот свет, во кој доминираат полити­

чарите лишени од мечта, средбата на поетите ја враќа вербата во постоењето на поезијата како нуж­ на душевна сила на нашата мачна современост. Благодарен сум им на домаќините што ни овозмо­ жија на сите нас да ја видиме таа вистина - порача Кшиштоф Новицки од Полска. Во 1995 година Послание до поетите во светот испрати поетот Радован Павловски. Среќен сум и горд што сум добитник на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 1995 година. Тоа е најскапоцена награда што ми ја дава една земја толку слична по дух со мојата. Награда што доаѓа од мала земја со голема култура. Културата на поезијата е основа на сите култури. Во мојата ев­ рејска традиција таа оди наназад сè до времето на Библијата. Во македонската традиција таа допира сè до древните класични времиња. Во обете наши кул­ тури Поезијата е во вистинска смисла жива и неоп­ ходна. Поезијата е најстарата уметност на човекот и истовремено најпрогресивната, како и самата душа човекова. Поезијата ја нема потребата постојано да се приспособува на медиумите како што се телеви­ зијата, филмот итн. Поезијата е секогаш актуелна и жива. Единствената разлика меѓу Песната над пе­ сните во Библијата и модерната Љубовна песна е промената во споредбите и метафорите. Оттука следи класичното прашање: со колку дивизии располага Поезијата? На Поезијата не ў се потребни дивизии. Нејзината моќ е во истрајноста и затоа таа секогаш победува. На нашите два народа Поезијата им е неопходна во нивната постојана бор­ ба за опстанок. Поезијата е молитва, а молитвата Поезија. Религиите се меѓусебно различни, но мо­ литвите остануваат исти. Поезијата мора да ја содр­ жи и моќта на исцелување без да ја отфрла ствар­ носта. Доколку не го чини тоа, таа ќе е како лекар којшто поставува дијагноза на болеста, но не може со ништо да ја излечи. Струшкиот поетски фестивал е едно од мес­ тата каде што се среќаваат културите и јазиците. Тој, исто така, е мост над бездната на човечкото страдање. Струшкиот фестивал е еден од моторите што ги напојува со енергија човечките култури и вредности. Затоа, од сè срце сум ви благодарен на голе­ мата чест што ми ја укажавте со доделувањето на „Злат­ниот венец“ - истакна во својата порака до СВП лауреатот на Златниот венец од Јехуда Амихај од Ерусалим.

253 СВП 50 - ГОДИНИ

1995

златен венец Јехуда Амихај

Роден во Вирцбург, Германија, 2. 6. 1924, починал во Ерусалим, 1. 10. 2000 г. Еден од првите израелски поети што својата по­ езија ја пишувал на хебрејски јазик. Објавил 13 книги поезија на хебрејски, десетина из­ бори на англиски јазик (од кои четири се издадени двојазично), потоа два романа, од кои романот Не од ова време, не од ова место (1963) е еден од најчитаните во Израел, една збирка раскази, три книги за деца и една збирка со драми. Неговите поетски книги доживуваат огромни тиражи. Преведен е над дваесет светски јазици. Добитник е на многу награди за литература (Израел), а станува и прв поет од странство што ја добил наградата Книжевен лав (Њујоршка библиотека). Дела: Песни (19481962), Ерусалим, 1963; Поезија, СВП, Струга, 1995. БРЗ И ГОРЧЛИВ Крајот беше брз и горчлив. Лесен и сладок беше денот над нас Слатки и лесни беа темнините Кога моите шепи не се ловеа една со друга Во очај, туку во љубовта на твоето тело Кое се покажуваше меѓу нив. И кога продирав во тебе Се чинеше дека големата среќа Би можела да биде измерена со прецизноста на Остриот бол. Брз и горчлив. Лесни и слатки беа темнините. А сега горчливи и остри како песок Да бидеме свесни и слични пцости. И колку помалку се љубиме, Повеќе зборуваме. Кажуваме зборови, реченици, долги, уредни. Да останевме заедно Можевме да станеме тишина. Јехуда Амихај


духовен мост меѓу народите и културите

СВП 50 - ГОДИНИ 254

Во 1996 година СВП се одржаа под покровителство на претсе­

Награда „Браќа Миладиновци“ 1995

Анте Поповски

КАДЕ БИ СЕ УМИРАЛО? Кога надоаѓаат знаците на крајот тој сè уште не ги чувствува ѕвездите под своите стапала. Сè уште стои камењето околу него, цврсто враснато во овие сурови но писмени ридишта од коски, вино и темјан. Си мислам: кога не би било ова парче проколната земја јас знам каде би се живеело - но, не знам каде би се умирало... Анте Поповски

Оваа поетска меѓународна средба во Струга е посебна можност за мене, како

и за сите поети, тоа е моќност да се дискутира за разни поетски проблеми кои се поставуваат сега, како и за да се знае нивното искуство. „Струшките вечери на поезијата“ од 1981 година остануваат за мене како голем спомен што не ќе можам никогаш да го заборавам и штом ќе стигнам во мојата алжирска земја, ќе зборувам и ќе пишувам за овие сјајни Вечери, се довери Зетили Мохамеџ од Алжир. А, посакувајќи и здравје на поезијата Маријан Гжешчак од Полска по­ тенцираше: Меѓу Македонците, меѓу нивната поезија и нивните пејзажи е толку убаво што, всушност, нема што повеќе да се каже. На домаќините им пожелувам да можеме сите ние во Струга да ја поздравиме 2000 година, исто толку топло и во исто светско пријателство. Здравје на поезијата! Можно ли е да има повеќе Струги во светот, се прашувате? Од една страна, би сакал да има повеќе Струги во светот, толку луѓе од сите културни средини да се состануваат во една ваква гостоприемлива средина. Од друга страна, би бил многу против тоа да се прават повеќе Струги, затоа што Струга и езерото се единствени и неповторливи - одговара Александар Спасиќ од Србија. И Абдулатиф Арнаути од Сирија не го криеше воодушевувањето од Струга и СВП: Пред неколку години поетите од мојата земја што учествуваа на „Струшките вечери на поезијата“ ми ги кажуваа своите впечатоци и веќе имав имагинарна претстава за тоа како би изгледал еден ваков собир на поети. Најмногу ме радува тоа што имав можност да се сретнам и да се запознаам со поетите од Македонија кои јас лично сум ги преведувал за Антологијата на македонската поезија. Она што ме обврзува за понатаму тоа е македонската поезија да им ја доближам на љубителите на поезијата во мојата земја. Толку сум навлегол во сржта на македонската поезија што уште со првите чекори во овој регион се чувствував како да сум овдешен жител.

дателот на Република Македонија, Киро Глигоров. Поетското послание до поетите во светот го испрати францускиот поет Лионел Реј. На Соломон Маркус му беше врачена Повелба за високи дострели во критиката и литературата. На полноќниот настап во хотелот Дрим, насловен Струшка лира за првпат беше доделена истоимена награда на поетесата од Чешка, Божена Справцова. Макото Оока, од Токио во мај 1996 година до СВП ја упати следната порака: Драги македонски колеги, драги членови на Одборот за доделување на наградата „Златен венец“ и членови на Советот на „Струшките вечери на поезијата“. Бескрајно сум ви благодарен дека сте одлучиле годи­ нава мене да ми го доделите „Златниот венец“ на вашиот поетски фестивал што е прославен во светот и кој веќе има зад себе богата и прекрасна историја. Веста за ваквата одлука за мене претставуваше големо и пријатно изненадување, па ја примив со огромна радост, знаејќи притоа дека сум првиот јапонски поет што е почес­ тен со оваа мошне значајна награда. Јапонија се наоѓа далеку од Македонија и далеку од неа се јапонскиот јазик и јапонската поезија. Во таа смисла нашиот јазик и поезија за македонскиот народ секако претставуваат нешто што повеќе им припаѓа на мечтите и соништата. По некоја среќна околност моите песни, есеи и проз­ ни текстови се веќе преведени на повеќе јазици и им станале достапни и блиски на народите од разни земји, а сега, како најголема радост за мене, мојата поезија се крунисува со наградата на „Струшките вечери на поезијата“. Уверен сум дека одлуката да му припадне оваа награда на поет од да­ лечна земја е силна потврда за искреното пријателство и доблест на македонската култура, градејќи истовремено духовен мост меѓу народите и културите на светот, а во овој случај духовен мост меѓу две големи култури, македонската и јапонската, кои имаат богати културни традиции во сво­ ите истории. За мене претставува голема чест тоа што прв ќе минам преку тој духовен мост и верувам дека потоа ќе следуваат уште многу други поети и писатели од двете стра­ ни кои ќе минуваат преку него. Ние пишуваме песни слу­ жејќи се со зборови, но поточно би било да речам дека, всушност, нашите битија се тој јазик. Впрочем, силен и здрав е фактот дека нашиот јазик и нашите зборови се жива материја. Тоа значи дека ние, со сето свое битие, сме живи во здрава и силна состојба, зашто ние сме самиот јазик. Од името на тој јазик и од името на вечниот дух на Поезијата, јас од длабочината на своето срце ви ја изразувам својата благодарност. Алигато!

255 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 256

1996

духовен мост меѓу народите и културите златен венец Награда „Браќа Миладиновци“ 1996

Макото Оока

Роден во Мишима, 16. 2. 1931 г. Нај­ зна­чаен современ јапонски поет; неговите сти­хови се објавени во превод на повеќе ја­ зици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радиодрами и телевизиски дра­ми и филмски сценарија, како и повеќе кни­ги со литературна критика и есеи. Автор е на книгите: Споменот и сегашноста (1956), Неј­зината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Прес­тол­ни­ ната на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во То­кио излегоа неговите Собрани дела во 15 тома.

Светлана Христова-Јоциќ

Родена е во Ресен на 27. 2. 1941 г. Поет, прозаист, пи­ сател за деца и есеист. По основното училиште во Охрид и Учителската школа во Битола, дипломирала на Катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1967) и, по четиригодишната учителска дејност во охридските села, ра­ боти како педагог на Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје (1960- 1970), а потоа до пензионирањето како новинар во Образовната програма на Радио Скопје (1970-1995). Член е на ДПМ, негов секретар и претседател, претседател на Собранието на ДПМ и член на Македонскиот ПЕН центар. Иницијатор и прв главен и од­ говорен уредник на органот на ДПМ Стожер и идеен творец на поетската манифестација Празник на липите (1996). Соосновач и претседател на Меѓународната манифестација за уметничка и научна дејност Македонски духовни конаци (1999) и главен и одговорен уредник на нејзниот гласник Портал (од 2000). Учесник на повеќе поетски манифестации во земјата и во странство. Дела: поезија: Калесница (1970), Скришен ковчег (1974), Сињо (1980), Еа (1984), Зачатие (1990), Поетски устав (1992), Самечка ќелија (1993), С. Бесмртна (1996), Големата молитва (2000); поезија за деца: Алка за нишалка (1981); проза: Стровиште (1994); проза за деца и млади: Последната битка (1980), Македонска царица (1992), Гусларот (1993), Крста и мо­ нистрото (2003), Македонската царица и бисерот (2004); критичко-есеистичк книги: Кажано од троножец (2005), 111 прашања за Луан Старова (1908); избори: Душница (1993), Направи едно чудо (2008); антологии: Сонцето во македонската поезија (2003), Сто без една песна (2006), Александар Македонски во науката и свеста на потомците (2008).

КАМЕН И СКУЛПТОР Камените скулптури викаат низ сиот свет:

(одломка)

Дајте ни живот што гние со времето; дајте ни го занесот на згинувањето.

б. С. свиснала!

Камените гради не треперат тие се склопени очи, зимска медитација.

Се слелеа слеметоголемата греда, небеската. С. слелека!

Скулпторот полева вода врз една грамада, ја кани трепетната светлина да слезе од небо и кревајќи си го тешкиот чекан џбара по мозокот и папокот на каменот. Ова го прави само зашто сака да ја чуе онаа страсна молба: Дај ни живот што гние со времето; дај ни го занесот на згинувањето. Макото Оока

Над сламка, сламка наддавам. Сламка: столб, столба, столбец, столбица, столп, столија, Столбиште сламка наддадена, слепена:

С. и С. С. со С. С. во С. С. над С. Свишена, слетана сламка скраја скрај небеса, за небески дамар потпораНебото да не пречука! С. над С. Со С. самонаддадена Сламка. Се кренала! Светлан Христова Јоциќ

257 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 258

поезијата на македонскиот народ е како извор во планините Првпат сум на ваква манифестација и импресиони­

ран сум што луѓето од еден олку мал град присуству­ ваат во толкав број на поетските манифестации. Тоа ме прави оптимист затоа што на Запад луѓето не се интересираат многу за поезијата. А, сето тоа се слу­ чува во амбиент кој е извонреден - најубав - запиша Шарл Добжински, главен уредник на ревијата Европа што излегува во Париз, Франција. Според Нуретин Оздемир од Турција, фестивалот е одлично организиран. Посебно ме радува фактот што е по­ стигнат виден успех во користењето на поезијата, на таа уметност на сите можни убавини како сред­ ство за пријателско, братско живеење на поетите кои доаѓаат од разни средини на светот, обременет со многу проблеми, недоразбирања Да се продолжи овој возвишен напор дваесет години по пат на ми­ рољубивите езерски бранувања е за секаква почит. Можам слободно да речам дека резултатот е натчо­ вечки - рече тој

Можам да кажам дека оваа средба ме радува затоа

што ми дава можност да разберам нешто ново и корисно за поезијата и за песните, и што дава мож­ ност поетите од различни земји меѓусебно да се зближуваат. Поезијата на македонскиот народ е како извор во планините. Самиот говор! - оцени Кхалид Али Мустафа од Ирак Божица Јелушиќ од Хрватска смета дека овде се потврдува дека поезијата е универзален јазик. Мислам дека со кој било мотив човек да дојде, сепак, од овде заминува многу побогат. За мене СВП се капитал кој на човека му овозможува да живее по­ натаму. Но, сето тоа не може да се дефинира, тоа мора да се чувствува – вели таа. За Ив Бонфоа од Франција сите средби и впе­ чатоци ќе живеат во него. Ова прекрасно Охридско Езеро, оваа синевина, оваа чистота на водата. И, како може човек при ваква убавина да не пишува поезија?! Верувам дека ќе се вратам со нов стих, кој веќе длабоко во мене се создава. Во Струга го видов најубавото заоѓање на сонцето во целиот мој живот. Овие прекрасни предели ме враќаат назад во мојта Прованса - се исповеда поетот.

Хамид Гулјам од Узбекистан го опеа пло­ ве­њето со струшкиот кораб на поезијата. ПЛОВИМЕ СО КОРАБОТ НА ПОЕЗИЈАТА Капетан ни е Анте Поповски,* Ние сме морнари нови во овој кораб со курсот на пријателството што плови. Крал на поезијата денес Рафаел Алберти стана, На челото со Златниот венец тој блеска на секоја страна. А сите сме амбасадори на зборот од повеќе земји на светот, коработ Дрим како дворец плови по струшково лето. Чашата од која сега се пие ова пријателско Езеро е. Сега Македонија ја пееме ние, за неа песната ни блика. А сите сме рамноправни тука граѓани на оваа земја Слобода што се вика. Та ние сме поети на општото братство што му пишуваат Ода. Чекориме кон Утрето што свети но ги паметиме и импулсите од Вчера такви што смогнаа да не родат. Не обединува Денес со поезија свечена Музата - Струшки вечери наречена. Хамид Гулјам, Узбекистан

*) Во годината, кога е напишана песнава, А. Поповски беше претседател на СВП.

259 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 260

поезијата на македонскиот народ е како извор во планините 1997 златен венец Во 1997 година Поетекото послание до поетите во светот испрати Федерико Мајор, генерален директор на УНЕСКО. Во пораката до СВП, испратена од Принстон поетот Адонис напиша: Би сакал да ви ја изразам својата најсрдечна благодарност за честа што ми ја направивте со доделувањето на Златниот венец, награда на вашиот поетски фестивал. Трогнат сум од признанието што ми го укажавте со вашата определба за моето поетско дело. Таа определба ја удостојува арапската поезија и ги чествува пријателството и соработката меѓу вашата и нашата поезија, меѓу арапските народи и македонскиот народ. Поезијата е, без сомнение, изразна форма која се вкоренува најдлабоко во човечкото битие. Некои други изразни форми, како што се науката и фи­ лозофијата, се карактеризираат со отстранувања кои можат да поттикнат делби меѓу народите. Со поезијата тоа не е случај. Поезијата е нишка со цврста смисла, реч на моето јас населено од другиот, единствениот израз на човекот кој себеси се наоѓа само ако возникне во друг. Токму тоа е основниот карактер на пое­ зијата. Поетската творба е говор на човештвото обединето со себе и покрај различните јазици, земји и народи. Поезијата не создава врска само меѓу луѓето, таа им го осветлува патот и го отвора пред нив бескрајниот хоризонт. Поезијата е инкарнација на еднак­ воста, знак дека поезијата не е ничија ексклузивна сопственост. Вистината е заедничка усилба што се состои од истражување и откритија. Уште еднаш ви ја изразувам својата радост и благодарност.

Али Ахмад Саид Есбер Адонис

Роден е во Касабина, 1. 1 1930 г. Поет и есеист, роден е во Сирија, а подоцна стану­ ва либански државјанин. Тој е најголем со­ вре­­мен арапски поет. Неговото творештво прет­ставува сјајна лирска синтеза на Исток и на Запад, едно ново литературно изразу­ вање и толкување. Дела: Песни на Мијар Да­маскинецот, 1961; Книга на метаморфо­ зите и селидбата во пределите на денот и ноќ­та, 1965; Театарот и огледалата, 1968; Време меѓу пеплиштата и розите, 1970; Ед­ ни­на во форма на множина, 1977; Книга на оп­кружувањето, 1985; Похота што напира во мапите на материјата, 1987; Светлосни све­чености, 1988; Втор алфабет, 1994. Автор е и на повеќе есеистички книги.

КРАЛОТ НА ВЕТРОВИТЕ Моето знаме е крајната граница без братства и без средби Крајната граница е мојата песна Еве како ја кревам војската на цвеќињата како прогласувам тревога помеѓу дрвјата Ги развивам бојните редови на небото и така, живеам, се раѓам сред моите зборови Еве како ги повикувам на бунт пеперутките под знамето на утрото правејќи да бабрат плодовите престојувајќи со дождот во облаците и во нивните ѕвона во мориња Еве како ги пуштам ѕвездите да пловат фрлајќи го сидрото и прогласувајќи се за крал на ветровите Адонис

261 СВП 50 - ГОДИНИ


преку мостот на добрата волја

СВП 50 - ГОДИНИ 262

Награда „Браќа Миладиновци“ 1997

Глигор Стојковски

ВО КРУНАТА НА ДРВОТО Никогаш денот не го завршувај со поглед престрог ниту со тон остар ни со замор во чекорот додека доаѓаш да ја провериш крепоста на нашите очекувања таму не може да се влезе со правот од разговорите водени во старите кревети ниту со прекршена снага од пречестото веднење над трагите по секое исчезнато лето не суди престрого и за огнот надвор што гори и кон него што не влече оти топлината не исчезнува таа се слева во градите ги чува срцата додека со напор одиме низ планината барајќи го Големото дрво во неговата круна да провериме колку тежел твојот замислен изглед додека растевме во твоите раце се досега кога под ѕвездите застануваме до палавите ластари на огнот што без прекин и противречи на ноќта Глигор Стојковски

Роден е во Волковија, Гостиварско, на 7.

8. 1952 г. Новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски кни­ жевности) го завршил во Скопје. Работел во Нова Македонија (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот Лик (1985-1998), новинар во Утрински весник (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на Култура. Денес основач и директор на издавачката куќа „Зеница“. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика. Преведуван е на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.: Починка во чисти честички (1979), Пајак (1984), Очно дно (1990), Искрвавени мугри - како за­ гина Кочо Рацин (1992), Студена минута (1993), Зад билката, молк (1995), Земјата сама ќе се от­ вори (избор) (1996), Заборавено око на небото (1997), Капката оловна вода (избор) (2008).

Струшкиот поетски фестивал е незаменлив во светот и треба да се негува -

смета Ив Бержере од Франција. А, Дите Стенсбале од Данска додава: Ние чувствуваме дека сме добредојдени во Струга, сите се љубезни, луѓето се пре­ красни. На овој фестивал и сретнав многу поети од различни земји. Не сум првпат во Македонија. Сево ова ми е многу блиско. Бев на еден фестивал во Романија, беше многу убаво, но ова е нешто друго, нешто што се чувствува со самото доаѓање во Струга - вели Николај К’нчев од Бугарија Не сум многу зборлив човек. Фрапиран сум од вонредната посета на поетските читања. Во мојата земја, за жал, има малку поетски читања, при што во малите градови посетата е поголема. Дали и овде е така? Прекрасно е што во Струга се сретнуваат поетите од светов. Тоа на Струга ў дава светски глас и живот - се надоврзува Волфганг Бехлер од Германија.

Во 1998 г. на истекот на Дрим е откриена биста на Адам Мицкиејевич, по повод

200-годишнината од неговото раѓање. На 18 март истата година од Пекинг, НР Кина поетот Лу Јуан ја упати следната порака: Почувствував бескрајна возбуда кога слушнав за вашата одлука да ми ја до­ делите наградата „Златен венец“ на реномираните и со долга традиција „Струшки вечери на поезијата“. Како прв кинески поет кој добил такво високо признание за своето творештво, за мене претставува чест пар екселанс да ја прифатам оваа скапоцена награда од светски глас. Бидејќи меѓу сите критериуми треба предност да му се даде на универ­ залното чувство за уметничка креативност, јас навистина верувам во иденти­ тетот на критичкиот приод на вистинските познавачи на поезијата, независно на кој народ таа му припаѓа. Така, наспроти оддалеченоста меѓу Кина и Македонија и разликите во нашите културни традиции, јас навистина сум многу среќен за да извикам едно еурека поради сродноста на она за што се залагав во мојата поезија со вашиот поетски идеал и естетски вкус. Самиот факт што „Златен венец“ ми е доделен мене, на еден поет чија национална инспирација изгледа сосема поинаква од вашата, наполно ја потврдува дели­ катноста на вашето чувство за поетски мирис, како и искреноста на пријател­ ството меѓу народите на нашите две древни, а истовремено и млади земји. Преку Мостот на Добрата волја на „Струшките вечери на поезијата“, вие за народите од целиот свет изградивте едно хармонично преплетување на кинеските и на македонските древни и плодни културни традиции, што, според мое мислење, може да се види со несомнена сигурност. Инспириран од вечниот дух на поезијата што е вечно инкарниран во Цју Јуан и Ли По на исток и Пиндар и Теокрит на западниот свет, јас би сакал тука да цитирам два стиха од Ван Бо, еден од нашите славни лирски поети од династијата Тан: ... Ако во овој свет жиеее еден пријател што ве разбира, тогаш краевите на земјата изгледа како да се до вашиот праг. И најпосле, ценети колеги, дозволете ми да ги повторам изразите на мојата длабока благодарност кон вас на мојот мајчин дијалект: Сие, Сие.

263 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 264

1998

златен венец Лу Јуан

Роден е во Вухан, провинција Хубеи, 3. 7. 1922 г. Еден од најзначајните современи кинески поети. По излегувањето на неговите Из­брани дела, кога станал и добитник на Го­ лемата национална награда за поезија за сти­ хозбирката Друга песна, бил прогласен за најголем жив кинески поет. Тој е и еден од најголемите кинески преведувачи (Гете, Рилке, Хегел и др.). Дела: Нов почеток; Со­сре­ до­то­чување; Поема за човекот; Страк трева; Недогорена книга.

РАЦЕ Со чеканот Тие ги садат шајките Со српот Тие го сечат златото на класјата Со пушката Тие се борат против врагот Со допир Тие откриваат жестоки знаци Ораце Што се не правите вие Раце отворени за пријателство Раце заздравени за борба и за работа Земјата што малку по малку Се појавува од бездната Е сврзана со дланката на рацете (1948) Лу Јуан

преку мостот на добрата волја Награда „Браќа Миладиновци“ 1998

Гордана Михаилова Бошнаковска

Родена е во Битола на 1. 9. 1940 година. За­вршила средно образование. Била уредник во Македонската телевизија. Автор е на книгите: Вре­мето го нема (поезија, 1965), Писма (поезија, 1974), Влегување во Делта (поезија, 1981), Бос­ форско лето (раскази, 1984), Нордиски љубов­ ници (поезија, 1993), Њујорксон (поезија, 1993), Пла­нини од картонски кутии (поезија, 1997). СЛИКАТА НА ЈАПОНСКИОТ СЛИКАР Тој влезе во непознатиот простор во кој пред тоа можеби и сме биле, но не сме знаеле дека низ него може да се движи свирежот на ослободената стрела. Тој нè внесе во непознатиот простор во кој пред тоа можеби се случувале слични нешта невидливи. Скаменети стоевме од неверување, во таа срча со притаен блесок на сиво и сè проѕирно. Тој ни покажа во непознатиот простор во кој пред тоа можеби и се случиле слични случки но сигурно не вакви: ја оптегна сликарската стрела во воздухот кристален и таа го означи со кардиограм својот живот, во еден и во друг правец, за повторно да се врати до него, /во неговата рака/ топла и готова за стрелба, за друга нова слика. Гордана Михаилова Бошнаковска

265 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 266

поезијата не познава граници

Јас сум мошне трогнат поради при­

знанието со кое ме почестија поетите од Македонија. Тоа, впрочем, не го при­ мам само како лично пот­тикнување, туку со задоволство гледам дека ќе соз­ даде поголема врска меѓу нашите две земји кои очигледно се определени за под­лабоко меѓусебно проникнување. Од еден мој дамнешен краток престој во Македонија, јас го зачував впечато­ кот дека нашите две кул­т ури беа соз­ дадени за да се разберат меѓу себе, и дека тоа беше особено потврдено на пла­нот на егзистенционалните случу­ вања, на едноставните животни вис­ тини, а поези­јата е создадена за да ги истражува и да ги из­разува. Се надевам дека наградата што ќе имам чест да ја примам за време на поетските де­нови во Струга, ќе ми овозможи подобро да ја запознаам македонската поезија. Јас ја ко­ристам оваа убава можност за да кажам колку го ценам придонесот на

овие поетски де­нови во Струга, не само за иднината на пое­зијата, туку и за едно подобро разбирање меѓу народите на Европа и на светот. Пое­зи­ја­та не по­ знава граници и она што таа го со­др­жи како универзален елемент, тоа е факто­ рот на зближувањето и на единството што за среќа толку успешно го потти­ кнуваат сред­бите од таков вид - порача од Париз, на 24. 2. 1999 година поетот Ив Бонфоа. Сите средби и впечатоци ќе живеат во мене. Ова прекрасно Охридско Езеро, оваа синеви­на, оваа чистота на водата. И, како може човек при ваква убавина да не пишува поезија?! Верувам дека ќе се вратам со нов стих, кој веќе длабоко во мене се создава. Во Струга го видов најубавото заоѓање на сонцето во це­ лиот мој живот. Овие прекрасни пре­ дели ме враќаат назад во мојта Прованса - истакна во Струга венценосецот Ив Бонфоа

1999

златен венец Ив Бонфоа

Роден е во Тур на 24. 6. 1923 г. Поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на Шекспир. Како поет деби­ тирал во 1953 со поетската книга За дви­ жењето и мирувањето на Дува.Дела: АнтиПлатон, 1947; Испишан камен, 1959; Сенка што дише, 1963; Во стапицата на прагот, 1975; Почеток и крај на снегот, 1991; Подалеку, побрзо, 1996 и други.

ПАТИШТА Патишта низ Материјата на дрвјата. Богови Низ грмушките на оваа неуморна на птиците песна, и сета твоја крв под сонливта рака свиткана, О, близок, о, мој потполн ден. Ти што го собра ’Рѓосаното железо, меѓу високата трева, не заборави Дека во металните грутки светлината може Да ја земе и да ја јаде солта на сомнежот и на смртта. Ив Бонфоа

267 СВП 50 - ГОДИНИ


струга како една убава можност на животот

СВП 50 - ГОДИНИ 268

Награда „Браќа Миладиновци“ 1999

Јован Котески

Роден е во с. Присовјани, Струшко, на 14. 1. 1932, а почина во Скопје на 12. 7. 2001г. Поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ (1958). Дела: Насмевка пред зорите (1958), Земја и страст (1958), Злодоба (1963), Тежина (1965), Пеплосија (1966), Сенки (1972), Зелени порти (1975), Хераклеја (1978), Поморија (1981), Бденија и сновиденија (1982), Полилеј (1983), Плодови (1984), Тапија (1985), Живожарица (1990), Сончева белегија (1990), Морници(1991), Глувчето со двоглед (поезија за деца, 1991), Ралица (1992), Злодоба (1992), Лелејка (1994), Самотија (1994), Празник (библи­ офилско издание во ракопис, 1995), Трагач (поема, 1995), Решетки (1996), Приќе (1997), Разор (1999), Картечница(2000). КАМЕН Камен азил бара во себе. Висам, вели, пакосен сон ми тежи со гол, а до бол, несеан песок. Насип в далеж клопот носам јас, гледај, пламен јурев кон матичен шум на Пантеон! И тони бела пламница ми дава и лути, лути, мраз ко мартов сомот. Веруј, не ракам по дол плод од блесок, ај! и риса да повлечам, реков, а пука гранат лапорец во домот и се ежи циничен бигор... и влажи... Немак мрамор Латин чинел в липок сарај клај, а тој камен мател рамче на слика до пресвета Мона Лиза! Мој камен има и под тап агол на кривата кула, во Пиза... Ај, Во кошара е втиснат каде што блее јалова ѕвиска (уште!) не мркана, камен в гробница (о, Нефретете!) на Адам, пред Тутанкамон, камене вѕидан до корен од јаболко, каде се ткае хармонија збркана... Јован Котески

Реномето на Струга одамна е влезено во литературниот живот на мојата земја.

Се­га открив и нешто повеќе. Се уверив дека ова е земја на поезија! Ма­ни­фес­ та­цијата во Струга е можност поезијата да ги победи политичарите и да ја одигра својата историска улога во воспоставувањето на мирот во светот. Зарем не е единствена задача на писателот да создава подобар свет? - запраша Кор­ не­лиу Стурзу од Романија. Марсија Теофило од Бразил кога за првпат беше во Струга и во Македонија по­сака контактот со поетите да продолжи. Оваа поетска манифестација е вис­ тин­ски одраз на отвореноста на оваа земја кон светот, што придонесува за за­познавање со овдешната литература, и со предностите на традициите на сите поети од оваа убава земја. Посебно во трајно сеќавање ќе ми останат уба­ ви­ните на Струга, пријателствата што ги стекнав и запознавањето на поетите - претставници од сите меридијани - изјави таа.

Драги пријатели од Македонија, За мене претставува голема чест и голема радост да бидам добитник на вашиот „Златен венец“ на поезијата во 2000 година. Токму во 2000 година јас прославувам 70 години од својот живот и половина век литературна активност. Дозволете ми да потсетам дека поетскиот венец претставува еден голем вграден во симболиката на западната традиција и еден, речиси универзален архетип, најопстоен и најпосакуван од сите видови кралски обележја. Дотолку повеќе што јас ў припаѓам на италијанската традиција која, меѓу своите први и највозвишени поетски учители го имаше Данте, прогнаникот од родниот крај кој не престана да сонува еден ден да биде овенчан како поет во својата Фиренца или, пак, Петрарка, кој имаше подобра судбина и доживеа да го добие својот поетски венец во Рим.

269 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 270

струга како една убава можност на животот 2000 златен венец

271 СВП 50 - ГОДИНИ

Сум го имал задоволството веќе двапати да учествувам на „Струшките

вечери на поезијата“, така што ми е добро познато, од лично искуство, зна­ чењето на овие братски книжевни среќавања. Патувајќи од Скопје за Охрид ја имав можноста да запознаам некои од вашите најголеми културни споменици и уметнички богатства, да се напојувам од вашите природни убавини, како и да уживам во срдечната гостољубивост на македонскиот народ. Деновите поминати во Струга за мене беа денови на вистинска интелектуална радост, бидејќи вашиот фестивал, како што е веќе одамна познато, направи овој мал град да прерасне во една од најславните престолнини на меѓународната поезија и да стане крстопат од бројни културни искуства, кои, дојдени од сите делови на светот, се среќаваат и се судираат токму покрај брегот на реката Дрим. Сигурен сум дека во овој штотуку започнат милениум Македонија ќе го по­ тврди и ќе го оправда ова високо место, благодарение на својата голема љубов за поетската уметност, во ова време кое тежнее кон сè потесни врски и сè побогата размена меѓу различните јазици и народи во светот. Златниот венец што ў е доделен на мојата поезија претставува уште една јасна потврда, но и дополнителен поттик за натамошен развој на македонско-италијанските кул­ турни односи, како и сведоштво за топлата симпатија што ги поврзува нашите два народа. До скоро видување, искрено ваш Едоардо Сангвинети, Џенова. Таква порака на 14 февруари 2000 упати поетот Сангвинети. А, по примањето на венецот во Струга изјави: Посетувам многу фестивали во светот, но таму не се доделуваат награди. Струшкиот фестивал е поинаков, кога дојдов го доживеав како фестивал. Никогаш не сум помислил дека еден ден ќе се вратам од Струга со награда! Со престижната награда „Златен венец“... Да бидам искрен: ја доживувам Струга како една убава прилика на животот. Во Струга сè е поезија.

Едоардо Сангвинети

Роден е во Џенова на 9. 12. 1930, а починал на 18. 5. 2010 г. Писател, општественик и универзитетски про­ фесор. Полемички е настроен спрема херметизмот во поезијата. Дела: Ги објавил поетските книги: Лаборинтус (1956), Опус метрикум (1960), Катамерон (1974), Разгледници (1978), Бележник (1981), Најновиот завет (1985), Конечни заклучоци (1997), Нешта (1999) и др. Негови најзначајни критичко-есеистички книги се: Три студии за Данте (1961), Алберто Моравија (1962), Идеологијата и јазикот (1965), Мисијата на критичарот (1987) и др. Ја приредил антологијата Италијанската по­ езија на 20 век и превел голем број дела од грчките и римските класични автори (Есхил, Софокле, Еврипид, Аристофан, Сенека, Петрониј). БАЛАДА ЗА ЖЕНИТЕ кога ќе помислам, дека времето мина старите мајки што не носеле, потоа девојките, љубов што беа, а потоа жените и ќерките и снаите, жена помислувам, ако помислам радост: помислам ли маж, на здодевност мислам:

кога ќе помислам, дека времето дојде, на партизанката што тука се борела, таа погодена, ранета еднаш и мртвата што ја погребавме, жена помислувам, ако помислам мир: помислам ли маж, не сакам да мислам: кога ќе помислам, дека времето се враќа, дека доаѓа денот дека денот се мугри, помислувам дека утробата на жена е лулка, и дом е утробата што здолница држи, и утробата е каса што доаѓа кон крајот, дека доаѓа денот кога на спиење се оди: зашто жената не е небо, земја е, земјена плод што не сака војна: е оваа земја, што јас ја посеав, живот живеев што внатре посадив, туку топлина барам што срцето нè сеќава долгата ноќ кога станувам ништо: жена помислувам, ако помислам човечност: придружничке моја, те земам за рака. Едоардо Сангвинети


поезијата секогаш победува

СВП 50 - ГОДИНИ 272

273 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 2000

Славе Ѓорго Димоски

Роден е во с. Велестово, Охридско, во 1959 г. Поет, есеист, преве­ду­вач. Гимназија завр­ шил во Охрид, а Филолошки фа­култет во Скопје. Ра­боти како професор по ли­­тература. Поетската реч на Славе Ѓорго Ди­мо­ски се одликува со рази­ гра­на имагинација и пре­финетост на раздипле­ ната мисла, со допад­ли­ва анимација на фантази­ јата за раскошна слобода на експресијата. При­ мер е на творец со животворен допир до збо­рот. Фе­номен е на природно пеење и мис­ле­ње. Прет­ се­дател е на Уп­рав­ниот одбор на СВП. Дела: Сти­ хо­збирки: Гра­ви­ри, 1979; Проект, 1982; Студен по­рив, 1985; Последните ракописи, 1988; Спо­ ре­ден пат, 1991; Предмети и аргументи, 1994; Форми на страста, 1999; Темно место, 1999; Мерач на зборовите, 2007; книги за деца: Алиса, 1989; Кристален сон, 1990; Збороигри, 1991; Стихотека, 2000; избори: Брод од пареа, 1991 и Мај­ чин јазик (на руски, Москва, 1996).

ТЕМНО МЕСТО Слегов Долу. Долу е темно место. Господине, имате ли Пламен! Госпоѓо, имате ли Ветар! Долу е Господ. Дреме како буф. Господине, имате ли Господ! А Вие Госпоѓо - Девица Марија! Слегов меѓу Овидие и Данте. Господине, Вие ли сте Река! Госпоѓо, имате ли Вода! Ја изгубив сопствената ноќ. Господине, имате ли Планина! Госпоѓо, донесете ми Коњ! Славе Ѓорго Димоски

Во 1976 година дојдов првпат во Струга и сум многу импресиониран од важноста која

им се дава на поетите. Пред да дојдам во Струга, бев навикнат да бидам затворен, повлечен поет. Струга значеше пресвртница во мојот живот. Сум се обидел да ја по­ пуларизирам Струга на најразлични начини и на разни поетски манифестации и фестивали во светот. Сега работам на пет македонски поети и раскажувачи, што ќе ги претставам во посебен број на списанието Град - Куртурал Ревиев, посветен на СВП, а заедно со Томе Момировски подготвувам обемна и сеопфатна антологија на маке­ донската литература - се пофали Стенли Баркан од САД Она што некогаш беше несопирлива желба, веќе е стварност. Дојдов во градот на поезијата да го прочитам она што како поет го чувствувам, кон човекот воопшто. Прочитав песна на волшебниот мост на поезијата и се најдов над брановите на Дрим што пенливо тече во сите води на светот за да ја разнесе пораката на оваа зближувачка манифестација на сите народи на светот. Мошне сум импресиониран од љубезноста на граѓаните и од срдечноста на новите пријатели. Се уверив дека во деновите на СВП оваа убава земја живее со овие поетски средби. Моите впечатоци остануваат длабоко всадени во моето постоење - се исповеда полскиот поетот Мирон Бјалошевски. „Струшките вечери на поезијата“ во 2001 година одбележаа 40-годишен јубилеј. По тој повод, Братислав Ташковски, претседател на Управниот одбор на СВП напиша:

Со сигурност, временскиот период стегнат во четирите децении е мал за освојување

на иднината, но за Македонија, македонскиот народ, јазик и култура, ова е можеби најважниот дел од нејзиното етаблирање како држава и култура меѓу државите и кул­ турите. Се покажа дека литературата како стратешка гранка од македонската култура е спасителка на нашето постоење како дух и творечки гениј. Поезијата особено, бидејќи, таа на себе ја презеде најголемата тежина. Убеден сум дека иднината на нашата култура, токму на поезијата ќе ў отстапи најголем простор во идното оформување на македон­ ската Златна книга на постоењето. Токму на тие релации, токму во таа возвишеност, денес се сеќаваме на херојските почетоци на „Струшките вечери на поезијата“ и должни сме да им изразиме голема почит и благодарност на оние македонски поети кои во


поезијата секогаш победува

СВП 50 - ГОДИНИ 274

далечната 1961 година го иницираа постоењето на СВП, за да го започнат од 1962 година неговото редовно одржување, еве до денешен ден. А, поводот беше возвишен - одбележување на јубилејот по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. На овие наши аргонаути, голема благодарност за прекрасниот подарок. Тие остануваат како гранитно обележје во нашата ис­ торија. Нивните дела и иницијативи се дел од колективната меморија на фести­ валот. Невозможно е да се зборува за смислата и значењето на „Струшките вечери на поезијата“, а тоа да не се спои со развојот и зацврстувањето на Македонија како државен субјект. Ако ја погледнеме историјата на фестивалот, ќе забележиме дека во ниеден миг не можеме да говориме за површност и импровизација. Туку сосема спротивно - ќе видиме како СВП од година в година ги следела актуелните книжевни текови и претставувала своевиден филтер за восприемање на најквалитетното од светската поезија. Во тој процес, поетите, македонската култура и книжевноста воопшто, се незаменливите постулати за градењето на нашата идна пирамида на литературата и естетиката. Се разбира, во тој историски приод ќе забележиме и страшни пасажи на по­ литичко отстапување од светоста на поезијата, но верувајќи во минливоста и менливоста на нештата, можеме да кажеме дека денес тие пасажи се простори на пораз. Поезијата секогаш победува. Можеби не на време, но секогаш! (...) Значи, поезијата на овие респектирани литератури во Македонија доживеа помакедончување како знак на вечност. Што да се каже по една ваква импо­ зантна листа бесмртници, освен дека Македонија на полето на поезијата е навистина една од најсреќните земји на светот. Овие бесмртници се нашите тврдини во светската литература. Преку нив успеавме да допреме и до недо­ пирливото, често далечно, непознато и на мигови пуританско. Со нивното освојување, пред сè, се освоивме себеси како дел од таа прекрасна и вечна поетска планета. Не знам дали ќе звучам претенциозно, но „Струшките вечери на поезијата“ во многу нешта се претходник на она што во изминатите десет години го доживуваме како независна држава. „Струшките вечери на поезија­ та“ секогаш претставувале одвоена поетска енклава, строго македонска и не­ одминливо национална. Во контекст на ова, мораме да ја потенцираме голе­ мината на македонската поезија и нејзиното учество во зацврстувањето на овој меѓународен фестивал. Без неа ништо не можеше да се случи. Таа беше и останува душата на „Струшките вечери на поезијата“. Едноставно, богатството на духот на Миладиновци нашите поети успеаја да го мултиплицираат до совршенство. (...)Времето во кое живееме ни наметнува посебни системи на однесување и комуникација. Тоа со сигурност не оддалечува од основната и

девствена порака на поезијата. Но, движејќи се во чекор со времето, можеме да констатираме дека „Струшките вечери на поезијата“ секогаш претставувале висок стандард, но и предизвик за надминување на таквите состојби, неодр­ жливите догми и, се разбира, лажните вредности. Таа нагорна линија на СВП претставува најголемо оправдување на многупати кажаното - дека СВП се и натаму најдостоен репрезент на македонската литература во светот. Ниедно одбележување не може да помине без посебното акцентирање на вербата и поддршката на градот Струга и неговите граѓани во поезијата. Таа верба е можеби најголемиот крепител, бидејќи се покажа дека во изминаите 40 години граѓаните на Струга беа најголемите поддржувачи на овој Фестивал. Тие ве­ руваа во поезијата, поетите и, се разбира, во пораката на бесмртните Миладиновци, како патрони на СВП. Виктор Шкловски пред неговото зами­ нување од Струга и вознесен од големината на „Струшките вечери на поезијата“ ќе рече: ... Многуте овде прочитани песни, изречени мисли и инспирации, донесени од сите краишта на светот, сведителство се, и покрај многуте рази­ дувања дека светот е единствен, неделив како плод од јаболко на гранка, како природата вткаена во еден здрав извор, дека токму ние, на крајот на краиштата, еднакво сакаме и мразиме, односно дека сите еднакво сакаме мир и љубов меѓу народите, речена само на многу јазици. Токму така, љубовта меѓу народите и натаму нека биде мотивот за нашето одржување. Тоа е дефинитивниот пат кон успехот. Голема чест е да се биде награден со „Златниот венец“ и да се биде гостин на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“. Добивањето на таква награда секогаш е потврда, но за мене ова одликување има уште една димензија, бидејќи јас сум бил порано во Струга и сум ја доживеал чудесната виталност на маке­ донскиот живот и култура. Моите денови и ноќи во Струга во 1978, беа крајно незаборавни. Поетите од Македонија им дадоа на посетителите величествен пречек и ние се вративме во своите земји со една обновена доверба во вред­ носта на поезијата. Сè што се случуваше ја докажа вистината на идејата дека начинот на кој поезијата работи однатре во животот на поединецот и заедни­ цата, може да се спореди со начинот на кој системот за имунитет работи внатре во човечкото тело: тоа е постојана сила за доброто, дури и да не може секогаш да ги спречи лошите нешта да се случат. Шкотскиот поет Хју Мак Дармид еднаш ја дефинира поезијата како човечко постоење што е оживеано. Никаде тоа не е поживо во нашето време, одошто на мостот во Струга. И јас многу посакувам наскоро да бидам пак таму - напиша нобеловецот и венценосец Шејмас Хини на 16 февруари, 2001 година.

275 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 276

2001

златен венец

поезијата секогаш победува

Шејмас Хини Во Белград си го најдов својот запад-на-исток.

Роден е во Мосбон, Северна Ирска, на 8. 7. 1939 г. Ирски поет, есеист и преведу­ вач, добитник на Нобеловата награда за ли­ тература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на при­ родословецот (1966). Тој во поезијата ги ве­ лича секојдневните чуда на животот. Дру­ги книги: Врата кон темнината (1969), Пре­зи­ му­вање (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987) и Привиденија (1991). Пишувал и есеи. СВЕТОТ ПОЗНАТ Нема проблема!Врисна македонскиот Такси-возач и таксито врисна на уште Еден неограден свиок од преминот, Па потем забрза. Берија! Берија! Берија Врискаше Владимир Чупески, секојпат Штом ќе смачкаше чаша водка и ќе си туреше друга За време тие денови и ноќи од ‘78 Кога одвај се трезневме на поетскиот Фестивал во Струга. Рафаел Алберти Беше почестениот, а Кај Вестербург, Како фински Хамлет во црн сомот, Се потеше од принцип (или тоа ми беше сал Проекција на упорноста да носам твид од север?). Таму беа и: Ханс Магнус Енценсбергер. Неочекуван. Стокмен во панама-шапка, Натакната врз еден спортски крем костум. Но Баш му е гајле. И еден гаталец Данец Од авангардата, кој ѕирка кон една проѕирка Од сводот, со око бистро како водата и дното корално Од Охридското Езеро. Најпрвин ми се обрна со: Зар ова не си ти, овие мозаици и мадони? Ти си југ. Твоите мочуришта се летни.

Мојата ирска меланхолија во препродавачки дуќани И мали излози. Бајат леб, конзерви грашок, А и ирски провинциски старци по улиците. Црни шалови, прав од, око на штрек, броеници. Па видов мажи во фесови и го напуштив светот познат На краткотрајното и слатко калиште од кафе. На мирниот центар од сите четири страни Ни висеше од кујнскиот плафон лента леплива за муви. Меден траг и смртен трап, јачменов сладест свиок Од ситост и гнаса... Во некоја година од педесеттите На железни печки и слични предмети на право место, И шир летните патишта. А сега бегалците Идат натоварени на тракторски блатобрани И селски коли, на приколки, притурки, рачни И детски колички, врз бастуни, патерици и раменици, И пак го гледам тој свиток, како сируп на Стикс, Стар златен синџир што го држи светот да не падне Во облакот-вриеж од леќите на некоја камера. Зар не бевме создадени за лето, сенка и ладовина Да сме загледани низ вратата отворена во залезот? По рајот загубен? Зар тоа беше на што ме учеа? Тоа старо чувство на трагедија што продолжува Неразбрана, на самиот раб од она Што е обично, не ме напушти никогаш ниеднаш... Жал ми е што тогаш не ја знаев (заради Кај) Алегоријата на Хиго Зимберг за Финска, Онаа во која двајца селски момоци го носат Ранетиот ангел преку некое отворено поле: Мочуриште, светилник на устие и брег далечен Со фабрички оџаци. Триесеттите ли години социјалистички Или само шкрилци, згура и глибземја од некоја повреда? На прва причесна ангелот со големи бели крилја И бел завој околу челото, со бели цвеќиња во рака, Се држи исправено врз носилка привремена Меѓу момчакот број еден од округла мека шапка И момчакот број два во кожен елек И гумени чизми можеби од татка си. Алегорија, велам, но кој е тој што би знаел Да ја чита жалта исправно, или воопшто?

277 СВП 50 - ГОДИНИ


поезијата секогаш победува

СВП 50 - ГОДИНИ 278

Отворена врата, прозорски рамки, изабено седло И стварен гранит на плочата од прагот. Влегува еден друг ангел, здрав како и секогаш, И минува крај секој праг нашлакан со српска куќа Како вистинското нешто влегува во измисленото? Прашајте ме нешто полесно. Но волку барем знам: Таксистот, и покрај сета брзина, задоцни За поетското читање што требаше да го дадеме Во некоја фабрика за цемент негде во планините. Па така течниот ручек со другарите директори Заврши со дремка и замелушени будења Токму пред зајдисонце. Потем, како што ми кажува Бележникот: Луѓе во движење, поле полно народ. Коњи товарни со кошови, угоре туркаат цели Семејства, бескрајна врвулица од ходочасници. Денеска е работнички празник во сеќавање На Генералниот Штрајк. А исто и православна Богородица. Следевме некоја суводолица, Ѕвекот од камења, потулен од толпата мрморечка На стемнување. Минавме еден благословувач со вода На својата карпа скраја, Ел Греко - испиен и опојасен (Маѓесник, рече Владимир), што мафташе со крстот Над лимени кутии и лончиња подигнати Потем на сртот планински, вон една црква, Се носеа икони, свеќи запалени, цвеќиња И босилок во изобилие, нешто како миса Се служеше и славеше зад иконостасот, Се нишаше и одеше кадилница низ толпата. Сум бил таму и порано, го знаев ова, но уште Ме следеше тоа како дух и сон неодгатнат. Распродажба на свети предмети. Малите групи Што пешачеле цел ден се собираа во кругови, Допуштајќи си да вкусат сопствен леб и маслинки. Додека внатрешноста од Боингот се тресеше, а ние Полетувавме во чистите ведрина и протоколите Од Воздушната Прометна Контрола, во служба на Луфтханза, Си го задржав појасот врзан како што ми рекоа. Запалив цигара во минута штом згасна знакот Но Смокинг И си го зедов долгот кога се послужуваше вино Со лесно кимање на главата со слушалки на ушите. Нема проблема. Ја. Сите системи служат. Мај 1998 Шејмас Хини

Награда „Браќа Миладиновци“ 2001

Санде Стојчевски

Роден е во с. Студена Бара, Куманово, на 16. 9. 1948 г. Поет, есеист, литературен кри­ тичар, преведувач. Бил новинар, а потоа уред­ ник на Образовната редакција на Радио Скопје, гла­вен уредник и директор на кни­го­из­да­тел­ ство­то Македонска книга, главен уредник на при­лепското списание Стремеж и на поновото скоп­ско гласило АКТ. Коавтор е на петтомната еди­ција Македонската книжевност во книжевна­ та критика (1973). Како поет настојува да ги соедини архаичните (дијалектните) и модерни­ те изразни модели и тоа од првообјавената збирка Кралот на лебедите (1972) до последната (осумнаесетта) Узда од ѕвезда (2009). Неговата поезија се реа­ лизира низ при­мената на трите принципи: принци­пот на ар­хаичноста, прин­ ципот на ин­тер­полацијата и принципот текст – тест. Автор е на поетскиот манифест За песна деспот. Се занимава и со херменевтички толкувања на лирски песни. Неговата поезија е преведена на голем број јазици. Застапуван е во голем број антологии и избори од современата македонска поезија. Во 2011 година излегоа од печат негови Избрани дела во шест тома. Награди: Кочо Рацин (1972, за поезија); Григор Прличев (1998, за поема); Димитар Митрев (1999, за критика); меѓународна награда во Варна, Сребрено летечко перо (2009, за поезија); државна награда Св. Климент Охридски (2010, за животно дело). СКАЛД Се подзасени брчка на небото наизлегум зимата, израз тромо што се распростира, неподатлив за опфат, за реч и за толкување. Можеби закана втисната беше над нас, кон прастаро движење неодложно што нè подистиснува, подразместува по суви патеки. Чекавме да задремеш, да отпочнеш подвиг во ритчеста пустара, ловот да го приведеш кон крај, да здивнеш. Зрачат твоите прсти, во облаците зафатени, додека светот опасно кон трајна отсутност се наведнува. Санде Стојчевски

279 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 280

тоа не може да се случи на друго 2002 место златен венец

„Струшките вечери на поезијата“ се традијација

на поезијата од Македонија во целиот свет, и да живее таа поетска традијација на убавина и дружба меѓу сите народи. Покрај сите други многубројни досто­ инства, „Струшките вечери на поезијата“ се посебен маг­нетизам. Јас го познавам Коста Рацин преку пре­ водите. За мене тој е како Петефи, Бајрон, тој беше ле­генда, и дури кога го посетив Велес, бев во неговиот дом, во домот на Коста Рацин, добро го запознав. На­вистина, народ што родил таков поет е бесмртен. Да живее македонскиот народ, мажествен, мудар и не­жен - наздрави Борис Олејник од Русија. Присуствував на најдобрата поетска манифес­ тација на светов. Првпат овде бев во 1974 година и од тогаш до денес многу е направено да напредне фес­ ти­валот. Тоа е патот по кој треба да оди овој фестивал - изјави Али Скали, Мароко. А, за Јанис Куцохерас од Грција „Струшките ве­чери на поезијата“ се неверојатна пријатна можност на едно вакво место да се сретнат поетите од целиот свет. Тоа не може да се случи на друго место. Ако би требало да говорам за манифестациите од свет­ски карактер, тогаш Струга е на првото место до­дава Пи­вос Ставридис од Кипар. Ако е поетот глас и совест на своето време, должни сме да знаеме да го слушнеме неговиот говор. Тој ни вели дека некоја непријатност, некој вид заду­ шувење се развило насекаде - во еден свет на сомне­ вања, глад и војни веќе никој не се осудува да рече душата ни е своја. Родени се концентрациски опш­ тества, фанатизми - пламени или студени - ги освоју­ ваат просторите секојдневно. Зајадливци, навреду­ вачи, екстремисти, самоубијци, многумина поети во сиот свет живеат и зборуваат во сенката на зла про­ коба. Дури ни на своите рајски острови малиот бог Каирос, богот на среќните мигови, дури ни Каирос веќе не се јавува - напиша Пјер Сегерс во еден осврт за добитникот на Златниот венец - Славко Михаилиќ во списанието Поезија, што излегува во Париз во 1985 година. „Струшките вечери на поезијата“ секогаш се ос­ вежување, надеж во поетскиот збор, надеж во пое­ зијата на младиот човек. Драга ми е средбата со ма­ кедонските поети, средба со еден дел од нашата земја, кој е поетичен и вистински рај за поетите. Се радувам и на средбите со другите поети од останатите репу­ блики на нашата земја, како и со странските поети. Тоа е место каде што гледаме кој што работи и се уве­ ру­ваме дека не сме престанале да пишуваме - истакна ве­нценосецот Славко Михалиќ.

Славко Михалиќ

Роден е во Карловац на 16. 3. 1928 година, а починал на 5. 2. 2007 г. Најистакната поетска личност во современата хрватска поезија, која со богат поетски речник, со нова метафорика и со уверливи зборови го­ вори за непосредните проблеми на секој­ днев­јето. Искрен е и уверлив кога пее за лич­ните и за социјалните мотиви, исто како и кога третира сложени филозофски теми. Дела: Камерна музика, 1954; Пат во непос­ тоење, 1956; Дарежливо прогонство, 1959; Го­дишно време, 1961; Последната вечера, 1969; Тивки клади, 1985; Кадифена жена, 1993; Акордеон, 2000.

МЕТАМОРФОЗА Би сакал да знам од каде ли доаѓа оваа празнина, такашто си се престорувам во некое проѕирно езеро, кому можете дното да му го видите, ама без риби. Ама без школки, ракови, без подводни растенија кои барем таат некое име, а јас сум денес безимен. Дури по малку ме нема. И така, зборувајќи за празнината, ја помрднувам водата во езерото, таа ја расфрла песокта и некои ситни честички легнати по дното. Ми иде мачнина. Врвам по улицата со наведната глава слично на некое друго езеро, темно пред сè, потем и отровно; и не зборуваме за тие одбивни суштества кои ползат по дното, такашто сега самиот на себе си баздам. Славко Михалиќ

281 СВП 50 - ГОДИНИ


со нетрпение очекувам пак да ја видам струга

СВП 50 - ГОДИНИ 282

Награда „Браќа Миладиновци“ 2002

Радован Павловски

ЗАШТИТНА ПОВЕЛБА Поезијата своја природа има Она што е од судбина На срце го носам И во кое време да се најдам Во мене време и народ има Семето невидливо Со мене слеано Во невидлив обрач се врти Незаштитеното Мене незаштитен ме штити Меѓу животот и смртта Како меѓу две татковини Најтешко е со штитот Да се пробиеш Низ сопствената одбрана А јас се пробив Радован Павловски

Трогната сум од љубезноста и гостопримството на кое наидов

во Охрид и во Струга. Носам убави впечатоци од вашите луѓе. Иако Швајцарија има богата културна средина, сепак, не се од­ војуваат средства за ваква манифестација како што се „Струшките вечери на поезијата“, која секоја година го потврдува своето реноме. Самото присуство на оваа средба е од големо значење - рече Елизабет Мејланд од Швајцарија. Според Џон Окаи од Гана, целта на сите манифестации треба да ја искачат нашата љубезност на највисоката планина на која ние треба конечно да разбереме дека сме човечки суш­ тества. „Струшките вечери на поезијата“, се една од таквите манифестации каде творечките индивидуи израснуваат во един­ ствен идеал и цел. Сватив дека СВП навистина служат на својата голема цел. И секогаш ќе речам да живеат СВП - извика тој. Илјадната публика која со големо интересирање ги следеше сите манифестации во текот на одржувањето на СВП, не уверија дека денес поезијата има многу свои поклоници. Не можам да го заборавам настанот кога многу млади луѓе ми приоѓаа и по­ сакуваа да се потпишам на моите збирки. Инаку, во Струга се запознав со поети од повеќе земји за кои досега само сум читал и сум се воодушевувал од нивните поетски достигања - изјави воодушениот Миливој Славичек од Хрватска.

Во 2003 година беше откриена спомен-биста на еден од осново­

положниците на СВП, поетот Ацо Шопов во Алеата на поетите на истекот на Дрим. Томас Транстромер до „Струшките вечери на поезијата“ ја упати следнава порака: Чувствувам дека ми се укажува огромна чест со изборот да ја понесам наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2003 година и со нетрпение очекувам пак да ја видам Струга. Македонија и Струга во мене будат ведри спомени уште од 1979 година. За првпат тогаш ја поведов мојата сопруга Моника на еден поетски фестивал, а сега, кога погледнуваме наназад во животот, тие денови ни се враќаат преполни со содр­ жина. Учесниците беа млади (барем така се сеќаваме!), полни со ентузијазам, заинтересирани за песните на колегите, а раз­ говорите траеја до доцна во ноќта. Навистина сеќавањето го освежува животот. Кога веќе му заблагодарувам на Одборот за доделување на „Златниот венец“, би сакал истовремено да се заблагодарам и за преводот на македонски јазик. Ние што до­ аѓаме од мали јазични подрачја знаеме колку сме зависни од меѓусебното преведување при што мотивот не е во некаква еко­ номска добивка туку во квалитетите на текстот, или можеби, наједноставно искажано, во љубовта кон прочитаните песни. Благодарам од сè срце!

283 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 284

2003

златен венец

со нетрпение очекувам пак да ја видам струга

Томас Транстромер

Роден е во 1931 година во Стокхолм. Уште во втората година на класичното гимназиско образова­ ние Транстромер објавува песни во училишното спи­ сание. Коментарите на неговиот професор по латин­ ски јазик се дека момчето пишува неразбирливи мо­ дернистички чкртаници. Транстромер дебитира на 23 години, за време на неговите студии по историја на религиите на Универзитетот во Стокхолм. Неговата прва збирка 17 песни доживува успех промовирајќи го силниот талент на поетот и уметничката вредност на песните. Студиите ги завршува на Психо-техничкиот институт во Стокхолм во 1956 година, а потем работи во истиот Институт до 1960 година. Потем се врабо­ тува како психолог во Институтот за пазар на работна рака во Вестерос, во 1960 година. Паралено пишува и поезија. Неговите збирки се релативно мали по обем, но според неговите познавачи, зад секоја од нив стои повеќегодишна работа. До деведе­ сеттите години добива повеќе награди за поезија, како во татковината така и во странство. Преведен на повеќе од четириесет јазици. Во 1990 година страда од излив на крв во мозокот, при што десната страна му останува неподвижна, а драстично му се намалува и способноста за говор. И покрај оваа несреќа, Транстромер продолжува со пишување и со свирење пијано, со левата рака. Живее во Стокхолм со сопругата Моника.

ПРЕЛУДИУМ Будењето е скок со падобран од сонот. Ослободен од задушувачкиот вир, тоне патникот кон зелената зона на утрото. Нештата се разгоруваат. Ги чувствува - во трепет на чучулига моќните коренски системи на дрвјата подземните ламби што се клатат. Но над земјата стои - во тропски тек - зеленилото, со дигнати раце, слушајќи го ритмот на некоја невидлива пумпа. А тоа тоне кон летото, се спушта кон неговиот заслепувачки кратер, надолу низ шахта од зелено-влажни векови што треперат под сончевата турбина. Така се запира ова вертикално патување низ мигот и крилјата се шират до одморот на орелот рибојадец над водата што тече.

Звукот на трубата од бронзено доба ставен надвор од законот виси над бездната. Во првите часови на денот свеста може да го опфати светот како што рака на сонце граби загреан камен. Патникот стои под дрвото. Дали, по падот низ смртоносниот вир, ќе се развие големо светло врз неговата глава? Томас Транстромер Награда „Браќа Миладиновци“ 2003

Ефтим Клетников

СТОМНА ПЛАНИНСКА ВОДА (Запис од Лазарополе)

Си заспал цврсто, како да те поклопила планината. Наеднаш - тресок во сонот. Стомната се скршила, летаат глинените парчиња, водата се разлева, шуми и те префаќа до грло; расне водениот лик на шумскиот дух. Осамен, вреснуваш и веднаш се разбудуваш. Вратата на твојата соба е отворена, стомната е во аголот, на старото место, полна со вода. Само слушаш; некаде среде шумата клокоти изворот, и водениот дух повторно се радува што ипобегнал на твојата мрачна стомна. Ефтим Клетников

285 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 286

политичко единство на европа врз нејзината културна димензија Со учеството на годинашните „Струшки вечери на поезијата“, ми беше овоз­

можено првпат да ја видам Македонија, како и Кочани, за кој сум слушнал дека е познат како град на оризот. Пред да дојдам во Македонија, за неа и за маке­ донскиот народ и слушав и читав многу работи. Симпатиите од страна на мојот народ се посебни кон Македонија зашто судбините на овие два народа се слични. Не се разликуваат многу и по менталитетот и културата. Македонија претставува еден извор од кој постојано живее и се развива македонската песна, земја со богато фолклорно творештво, кое се пренесува од колено на колено, постојано се обновува и е доста присутно меѓу широките народни маси. Од ова навистина многу се изненадив, зашто кај нас во Унгарија е сосема поинаку... Моите впечатоци за оваа убава земја се големи и би можел само да ги опишам во некоја моја песна, како многумина странски писатели што ја опишале убавината на Македонија и гостољубивоста на македонскиот народ. да пронајде во што се состои подвижната сила на човекот и тоа да го систематизира во однос на надворешните услови: политички, економски и културни. Поезијата, пред сè, се служи со духовните откритија, дури кога, на прв поглед, ги пренесува природните впечатоци или сликите од секојдневниот живот. Јас не мислам дека поезијата е, првенствено, прашање на формата: поезијата може да се изрази во класични облици, како и во модернистички и експериментални, исто така, и во прозата, поетската проза и текстот во сти­ хови. Поезијата зависи, пред се, од своето сопствено однесување и создавање на новото во сфаќањето, доживувањето, примената на зборот и креативните јазички можности. Но, мојата цел овде не е подучувањето, ниту сопствено декларирање, туку, пред сè, да им посакам на Струшките вечери среќа во нив­ ните настојувања кои се за пофалба, со надеж и натаму да бидат креативен стимула на поетите од целиот свет - порача Миклош Вереш од Унгарија. Во својата порака до СВП во 2004 Васко Граса Моура истакна: Наградата ги зајакнува врските меѓу две далечни култури од една иста Европа. Се чувствувам длабоко почестен поради доделувањето на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и би сакал да им се обратам на Управниот одбор и на македонската јавност со зборовите дека оваа награда ги зајакнува врските меѓу две географски далечни култури од една иста Европа, но всушност не ги промовира: нашата национална поема објавена уште во 1572 година, Лусиадите од Луис де Камоеш, завршува со алузија на Александар Македонски кого го споменува неколкупати и која исто така содржи посебна географска референца за Македонија. Имајќи предвид дека поезијата претставува многу важна димензија на европската цивилизација, како и суштествена примена на креативната слобода во процесот на приближувањето меѓу луѓето и земјите, не само што се чувс­ твувам длабоко почестен со оваа величествена награда, туку исто така сметам дека вклучувањето на еден претставник од португалскиот јазик и литература во долгата листа добитници на Златниот венец придонесува во создавање појасна и посилна слика за мноштвото идентитети од кои се состои Европа. Во сегашниов миг таа слика треба да станува се поефективна, бидејќи без таа сериозно да се земе предвид, ќе биде се потешко Европа понатаму да се гради. Во таа смисла, би рекол дека заедничкиот потфат на Португалија и Македонија

може да стане добар симбол; имено, да се постават во заедничка врска колев­ ката на нашата цивилизација и авангардата што ја изнесе таа цивилизацијата во другите делови од светот во текот на 15 и 16 век, и тоа сега кога сите чув­ ствуваме дека секоја трајна идеја за политичко единство на демократска Европа мора да се заснова врз нејзината културна димензија. Рускиот поет Анатолиј Парпара во Струга, 1993 година, со поетско претчувство, ја напиша истоимента песна, загрижен за својот малечок. СТРУГА Вознемирен, се траќаш преку ноќта, Го гаснеш мојот едвај фатен сон. Трпеливо се јас поднесувам И ти ги разбирам каприците. Бисерот на спокојот во рамка го ставам, Нежниот збор среде грубостите на светот. Жеднееш за внимание, Како млад поет... О, што ли правиш ти во оваа минутка, Мој малечок! Анатолиј Парпара, Русија

„Струшките вечери на поезијата“ во 2004 година за првпат од своето по­

етоење место во Струга се одржаа во Скопје. Причината беше што со новата територијална поделба на општините во Република Македонија на општината Струга ў се одзеде дотогашниот статуст што го имаше и кон неа се припоија и другите општини од Струшко, кои дотогаш беа самостојни, со што се смени и националната структура на населението. „Струшките вечери на поезијата“ алтернативно се одржуваа во Скопје и во Охрид откако Кризниот штаб за опстанок на Струга одлучи дека во градот не постојат услови за одржување на оваа поетска манифестација, поради донесувањето на новиот Закон за тери­ торијална организација, со кој кон Струга се припојуваат неколку помали општини со што таа стана општина со доминантно албанско население. „Струшките вечери на поезијата“ што ги организира Кризниот штаб за опста­ нок на Струга во манастирот Света Богородица во Калишта организираа по­ етско читање, а поетите и гостите присуствуваа на богослужба. Во Паркот на поезијата во Струга, исто така, се одржа читање на песни од поети кои учест­ вуваат на оваа манифестација. Струга не го прифаќаше новиот статус и вршеше отпор кон централната власт да ја измени новата реонизација на општините. Во тој отпор се настоју­ ваше и „Струшките вечери на поезијата“ да не се одржат. Поради тоа, СВП се одржаа во Скопје, а во Струга се одржа митинг Мостови, кој го организира

287 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 288

политичко единство на европа врз нејзината културна димензија 2004 златен венец

Струга и на кој настапија поети од Македонија во знак на поддршка на Струга. Она што беше завршен дел во Струга беше продолжение на она што се случуваше претходние денови. Почна со собирот на стружани пред Домот на по­ езијата кога со свеќи во рацете, фестивалскиот оган и Т’га за југ го означија почетокот на фестивалот. Имаше поетски читања и митинзи, но се дебатираше и на тема Струга, от­ пор, поезија. Она што беше дел од официјалната верзија на СВП кои во своето 43. издание се случуваа во Скопје и Охрид беше традиционалното чествување на добитникот на „Златниот венец“ на СВП во катедралната црква Св. Софија во Охрид каде што се одржа портретот на лауреатот, пор­ тугалскиот поет Васко Граса Моура. Средба со лауреатот Васко Граса Моура се одржа во хотелот Инекс Горица во Охрид и чествување за Пабло Неруда, по повод 100-годиш­ нината од раѓањето, во галеријата Уранија во Охрид. Меѓународниот поетски митинг Мостови се одржа на Камениот мост во Скопје, каде беа врачени наградите „Златен венец“, на Васко Граса Моура и наградата „Мостови на Струга“ на Ангело В. Суарез од Филипини, што се додели за првпат. Како резултат на иницијативата што произлегува од заедничката коминике помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и УНЕСКО, потпишано во 2003 година, меѓу другото е востановена и нова награда „Мостови на Струга“. Оваа награда се доделува за најдобра дебитант­ ска книга на млад поет од целиот свет. Наградата се доделува по јавен конкурс што го распишуваат СВП, и кој е дистри­ буиран преку националните комисии на УНЕСКО во земји­ те членки. Избор од поезијата на добитникот на наградата, како на сите учесници на конкурсот се објавуваат во посеб­ ниот поетски избор Мостови, што се објавува мултилинг­ вално: на мајчиниот јазик на поетот, на македонски јазик и на еден светски јазик. Веројатно единствената вистинита работа што може да се каже за поезијата е дека секогаш имплицира вид интимност со неш­ то друго. Нешто тешко описливо, но може да се смета како различна форма на спознанието на животот и на смртта; на мис­теријата над нив; Зона на самракот на човековата состојба која не може поинаку да се допре или изрази. Да, знаеме дека и усмената и пишаната поезија можат да постојат низ секакви околности: војна и мир, мистицизам и размисла, живот и смрт, страст и љубов, презир и омраза, бајки, дури и детски песни - рече Васко Граса Моура по добивањето на венецот. Ќе кажам само две-три реченици што се малку повеќе опти­ мистички. Имено, таа вавилонска победа не може лесно да се добие. Затоа, мислам дека поетите мораат и натаму да се состануваат на „Струшките вечери на поезијата“ за да биде целосна таа победа - потенцира венценосецот Миодраг Павловиќ од Србија.

Васко Граса Моура

Роден е во Порто на 3. 1. 1942 година, а живеел во Фоз до Доуро до 1954, кога неговото семејство се сели и останува да живее во Матозињос. Студирал на колеџот Бротеро и дипломирал право во 1966 година, за потоа да работи како адвокат во своето родно место во текот на неколку години. Поет, раскажувач, есеист, дра­матург, хроничар, преведувач. Во својство на Др­ жа­вен секретар, бил дел од IV и VI преодна влада (1975). Бил директор на програмите на РТП (1978), ад­министратор и одговорен уредник на националната куќа на печатот - Каза да Моеда (1979-1988), комесар на Португалија за Универзалната изложба на Севилја 92 (1988), генерален комесар за Прославите на португалските откритија (1988-1995) и директор на Одделот библиотеки и унапредување на читањето на фондацијата Гулбенкјан (1999). Како поет, ќе прослави со книгата Модус што ќе менува (1963), по која следеа, меѓу остана­ тите, Англиска седмица (1965), Декември и други песни (1976), Рецитативи (1911), Инструменти за меланхолијата (1980), Концерт во поле (1993), Семејни сонети (1995), Песни со личности (1997), Тестамент на вгм (2001). Како раска­ жувач ги објавил: Четири последни песни (1987), Бродолом на Сепулведа (1988), Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993), Смртта на Никој (1998), Љубов моја, ноќе беше (2001). Како есеист, ги објавил книгите: Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980), Повеќе гласови (1987), Портрети на Изабел у други обиди (1994). Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наредникот (2001). Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Волтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година.

289 СВП 50 - ГОДИНИ


политичко единство на европа врз нејзината културна димензија

СЛУШАЈ ЈА ОВАА МУЗИКА... слушај ја оваа музика, оваа трајна потрага : таа оди таму каде што корењата це длабоко всадени во срцето заради понижување. квечерината порано пристигна и таа ќе ти треба. не ќе има веќе рози во летот на зборовите, само чудни нешта, градини за дожд, и има во куќата на битието крв и пот, неколку остатоци од една тревога, тешко учење во тивкиот преграб. грижата на совест на предметите це отелотворува, и неговата ерупција е искривена во нашите најголеми длабочини, нам на колебливците, кои толку долго чекаа и што ја оттргнаа од нашата меморија нивната вистинска слика и толку многу неизвесниот мир кој ќе бара во раната на една тажна тишина. многу научив. треба ли сега да применувам одбрана против забраните? или пак спокојот е толку тежок, што само тој може да го допре растревоженото срце? како ноќта да беше жезол без змии или во мигови беше бура, сакам да ги видам знаците на судбината, нивниот галоп што разорува, да ги видам овде знаците кои це врежуваат во осамата. овде го сакам каменот на расветленото сонце, дишејќи како портокал на табличката на судбината, или пак пресечено на порцеланско тло; ги сакам разбеснетите ѕверови, најдрагоцените и најмилите звуци, без грешка и покајание во зениците. во ноќта демнее рисот на заборавот и треба да ги избегнеш белите негови очи. ах, слушај ја оваа музика, незјините заспани кобили, се додека живеам, или откога ќе умрам, квечерината е тука и таа ти треба. Васко Граса Моура

Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2004

СВП 50 - ГОДИНИ 290

291 СВП 50 - ГОДИНИ

Ангело В. Суарез - Филипини

Роден е на 26. 8. 1984 година. Студирал литера­ тура на Универзитетот Сан Томас. Добитник на повеќе награди и признанија на различни литературни кон­ курси и работилници. Неговата поезија е објавувана во многубројни списанија и антологии. Првата книга поезија Нимфата од МТВ ја објавил во 2003 година.

КРАЈБРЕЖЈЕ Како ли ветрот го однел затишјето на мојата рака преку невидот на сонот, ѕвездите сведоци на тихо будење. Под вџашената тежина на мојата дланка, што ли сум сонувал? Тогаш имав осум години. Беше лето. Можеби она што не го разбрав беше истоста во нашата крв, или танцот на брановите во каденците на ветрот, како тропски ритуал, а ние врз песокот испружени, цела педа и век раздвоени. Сестро, пред дванаесет години последен пат дланката моја сети траги од раскошот на твоето време, и сè уште понекогаш гледам како во абоносовите сенки на ноќта телото твое го барам, во сребрениот прстен на луната папокот твој. Ангело В. Суарез


културното зближување може да нè спаси

СВП 50 - ГОДИНИ 292

Награда „Браќа Миладиновци“ 2004

Петко Дабески

ПРАГ Можеби мислат дека е тоа којзнае каков праг Парче штица од варена буковина Не е чудо под него да престојува куќната влакнеста змија Не сечило на сабја туку штит над кревките глави Куќниот праг со врата подотворена за гостите И кога влегува злото ненадејно и непрашано не шепотите ништо Зашто е тоа глуво за се кога треба да се смилува Не велите ниту дека ќе го запрете И ако се обидувате Раздрлувајќи ги сопствените гради И ако како последна брана ја подставате вратната жила преку прагот Петко Дабески

Во светот има луѓе што имаат доста панталони, но малку пријатели.

Тука најдов луѓе што имаат помалку панталони, а повеќе пријатели. Јас овде искинав едни панталони, но најдов многу пријатели. Затоа ви благодарам - порача Ханс Алфред од Германија Неизречливо е моето задоволство што можев да присуствувам на „Струшките вечери на поезијата“ и што во вашата убава Македонија се прават огромни напори да биде претставена поезијата на мојата земја. Срдечниот прием на публиката беше гест, што длабоко ме трогна. Стиховите што овде ги запишав во мојот нотес секогаш ќе ми го обновуваат сеќавањето на Струга, езерото и поезијата - се надоврзува Мордак Абделмалек од Алжир. Берт Ширбек од Холандија ја спореди Струга со поетскиот фестивал во Ротердам. Морам да кажам дека овдека поетите имаат многу повеќе време и многу пооригинални услови за воспоставување меѓусебни контакти. Струга ме освојува со својата река, со мож­ носта да ги зближи поетите од целиот свет - рече тој. Во ова сурово време кога на светот постојано му се заканува униш­ тување, само културното зближување може да нè спаси. Му благо­ дарам на ова мало гратче, кое има така големо поетско срце, што дава можност целиот свет да се зближи, нудејќи пример на сите други мали и големи средишта на културата - истакна Шјораџ Синг Џен од Индија. Учесниците на СВП во 2005 г. го посетија с. Вевчани. Таа година беа поставени склуптурите - портретите на Славко Јаневски и на Анте Поповски во Алеата на поетите на истекот на Дрим. Во спомен-домот на Миладиновци се одржа чествување за Јосип Јурај Штросмајер. Во своето обраќање до СВП Вилијам С. Мервин од Хаику на Хаваи во февруари 2005 напиша: Кога во јануари оваа година Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ ме извести за одлуката да ми ја додели наградата „Златен венец“, тоа за мене беше големо изненадување, но и задо­ волство и особено чест, чест што е уште поголема заради звучните имиња на поетите кои ја имаат добиено оваа награда во минатото. Пред триесетина години, кога живеев во Франција, неколкупати бев поканет да учествувам на „Струшките вечери на поезијата“, што и се случи во годината кога наградата му беше доделена на В.Х. Одн - кој ја прими во пантофли. Оттогаш носам многу пријатни спомени за фестивалот и за сето она што го видов во Македонија, нејзините древни градови и објекти, нејзината прекрасна природа и нејзиното познато гостопримство. Во себе сè уште носам длабока благодарност што фестивалот ми даде можност да се сретнам со поети кои инаку никогаш не ќе можев да ги сретнам, затоа ме прави особено среќен можноста повторно да го посетам овој богато обдарен, култивиран и кралски благороден и дарежлив дел од светот, како и можноста што по толку многу години пак ќе можам да го изразам мојот восхит од љубовта кон поезијата во Македонија, која, всушност, и го создаде фестивалот и којз успеа да го одржи во живот и покрај тегобните времиња и години. Многу е важно и во овој миг да се потсетиме дека и покрај разликите во јазикот и културата, љубовта кон пое­

293 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 294

зијата и кон нејзините извори, како и односот кон неа и потре­ бата од неа, не се ниту од национален, ниту од етнички карактер, туку се длабоко вкоренети во нашата заедничка природа. Особено е утешно да се потсетиме на тоа во времиња какви што се овие исполнети со насилство, омраза и обезличување на на­ шата самопочит. Јазикот на поезијата е составен од љубов, из­ блици на восхит, загуба и болка, што на сите заедно и на секој посебно ни се многу добро познати. Никаде на светот не сум видел толку длабока, толку безусловна и природна љубов кон поезијата како во Македонија, без оглед дали на неа се гледа како на литература или како на имагинативен тек, чувство или страст. Тој спомен по сите овие години уште повеќе го ценам и е нешто за што сакам да ви се заблагодарам, најдлабоко и најискрено. Верувам дека ако не успееме да ја цениме и да ја почитуваме таа дарба што ја носиме во себеси, тој имагинативен тек и нашиот однос кон него што нè тера да се радуваме и да тагуваме, да сочувствуваме со другите луѓе и со другите облици на живот, тогаш не ќе можеме да се оправдаме ни пред себеси и ќе станеме помалку од она што сме, помалку човечни. Вилијам Блејк на еден свој пријател му напишал: Ако се плашиме да постапиме како што ни наложуваат нашите Ангели... ако го погребевме нашиот Талент во Земјата... секој во Вечноста ќе нè напушти, згрозен од Човекот кој бил крунисан со слава и чест од своите браќа, а го предал нивното дело на непријателите... Ако повеќе не ни е грижа за тагата на сопругата на Хектор, за љубовта на Јулија, за замелушеноста на китовите од звукот на сонарот или за добродетелта и страдањето на животните и луѓе­ то насекаде во светот, тогаш сме сигурно помалку човечни, а опитот со нашиот род, без оглед на тоа колку технолошки на­ преднати сме станале на крајот ќе се претвори во неуспех и ќе стане сосема неважен. Грижата за поезијата во вистинска смисла на зборот, грижата врз која, пред сè, се изгради овој фестивал и од која тој сè уште го црпи својот живот во ова време на прем­ режиња, продолжува да ни дава надеж, а за тоа не можам да најдам соодветни зборови на благодарност. По доаѓањето во Струга големиот американски поет истакна: Почестен сум и среќен што поминав долг пат да ја примав на­ градата „Златен венец“, која многу ми значи. Присуствував на „Струшките вечери на поезијата“ пред повеќе од триесет го­ дини, кога за лауреат беше прогласен В.Х. Одн. Овојпат со мене ја поведов и сопругата за да ја види оваа убава земја. Таа нико­ гаш не ги видела Струга ниту Охрид, кои се прекрасни места низ кои прошетките се вистинско задоволство. Многу ми е мило што повторно доаѓам во земја во која чувствата за пое­ зијата се древни, стари и сè уште траат. Ова е земја во која луѓето се грижат за поезијата. „Струшките вечери на поезијата“ за мене се единствено место каде што се чувствува исконската љубов кон поезијата - истакна овој поет од САД.

културното зближување може да нè спаси 2005 златен венец Вилијам Стенли Мервин

Роден е 1927 г. во Њујорк, САД. Еден од во­ дечките поети во Америка. Во неговата поетска ка­ риера што се протега низ повеќе од пет децении, има објавено огромен број наслови меѓу кои се збирките: Склопување на стените, Звукот на реката, Цвет и рака и Зеница, а пролетта 2005 излегоа од печат и неговите Избрани песни 1951-2001. Во 1949 година, на 22-го­ дишна возраст, доаѓа во Европа каде во текот на след­ ните седум години работи како тутор и воодушевено ја проучува и преведува европската поетска традиција (од француски, шпански, португалски и латински јазик). Живеел во Франција, Португалија и на Мајорка. За време на престојот во Европа и по неговото враќање во САД ги објавува првите поетски збирки Маска за Јанус (1952, избрана за најквалитетна дебитантска збирка од американски автор од страна на В. Х. Одн), Мечки што танцуваат (1954), Зелено со ѕверови (1956), кои веднаш го исфрлаат во преден план како еден од најталентираните и најоригиналните млади аме­ рикански поети чија необична поезија во себе вклучува експерименти што дотогаш не се видени и прочитани во современата американска поетска тра­ диција. По првите книги следуваат и Пијан во печката (1960), Подвижна цел (1963), Вошки (1957), Носач на скали (1970), за која е награден со престижната Пулицерова награда за литература, Бледите деца на рударот (1970, куса поетска проза), Записи за недовршена музичка придружба (1973), Цветот компас (1977), Куќи и патници (1977, куса поетска проза) и други. За својот поетски опус ги има добиено уште и престижните американски награди: Танинг, Болинген, наградата на Американската поетска академија (1974), Рут Лили и Ланан за животно дело. На крајот од 1970-те Мервин се сели на Хаваите каде ја надгра­ дува својата поезија со нови искуства и слики како резултат на што се појаву­ ваат збирките Откривање на островите (1982), Отворање на дланката (1983), Дожд во дрвајата (1987), Патувања (1993), како и збирка куси прозни и есеис­ тички записи Неврамени оригинали (1982). Покрај тоа што е извонредно пло­ ден поет, Мервин е и неуморен преведувач, за што го има добиено највисокото признание за превод во САД на американскиот ПЕН клуб (1979).

295 СВП 50 - ГОДИНИ


културното зближување може да нè спаси

ЛЕДЕН БРЕГ Не воздухот околу него, туку нашиот ужас Не замрзнува. Најтешко од се за верување е Дека дури и еден таков разурнувач може да е Мртов, со сите светилки што во него се движат, Со морето наоколу стежнато Од неговото присуство. Небаре дури сега Ги сфаќаме длабочините на водите, Бездната над која пловиме сред облаците. И сè уште не го разбираме студенилото На сета таа стројност, па дури да е и Со толку голем и бездушен сјај Пред нас, зјапаме, уловени од привлечноста На големата тишина, мислиме: ова е ужасот Што не може да се премери, ова е само мал Дел од него. И си спомнуваме колку Морнари, гледајќи го залезот, ги виделе Овие врвови на хоризонтот и едреле Низ темнината кон острови што не им ги ветила Ниту една мапа, што плутааат благословено Кон запад. Тие ќе мора да се стопат Пред на нив пак да растат јаболкници.

Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2005

СВП 50 - ГОДИНИ 296

297 СВП 50 - ГОДИНИ

Андреа Коте - Колумбија

Родена е во 1984 година во Баран­ка­ бер­меха, Колумбија. Нејзина поезија е објаве­ на во повеќе антологии во Колумбија, Мек­ си­ко, Перу и Никарагва. Учесник е на неколку по­етски фестивали во Јужна Америка. Студи­ ра­ла литература на Андскиот универзитет, и е коорганизатор на поетски фестивал во род­ ниот град. Работи како доцент по литература на Андскиот универзитет.

Мервин УШТЕ ЕДНАШ Времето е за знакот на шумот во чевлите твои, на пристигањето на чекорите што му претходат на долгово твое пристигање без тебе чекање што е. Доаѓаш да го предадеш телото твое додека јас ја изложувам новината на тукушто измиеното рамо како убава вест. Чевлите пред вратата си ги оставаш а времето е тоа што го користам јас да ја размрсам твојата снага од плотта моја и да ја разбијам срамливоста, уште еднаш, да не бројам, уште еднашка, да не те молам да ми кажуваш колкумина сме ние. Андреа Коте


СВП 50 - ГОДИНИ 298

културното зближување може да нè спаси

299 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 2005

Петар Т. Бошковски

Роден е во с. Острилци, Крушевско на 9. 1. 1936, а почина во Скопје на 13. 7. 2006 г. Поет, романсиер, есеист, крититичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Бил уредник во Македонското радио и уредник на сп. Разгледи. Неговиот модерен поетски сензибил­ тет понира длабоко во мислата и смислата на индивидуалното и негово вкоренување во ко­ лективното меморирање. Дела: стихозбирки: Суводолица, 1962; Постела од трње, 1970; Небесен камен, 1985; Бел ветер, 1991; Вториот источен грев, 1994; Вратика, 2005; критики и есеи: Огледи и критики, 1978; Критички одѕиви, 1986; Премрежето на критиката, 2003; романи: Црниот бик, 1995; Никаде место, 1996; Лилјаци, 1998; Ѕвезди на пладне, 2001; драма: Александар на исток, 1994.

ВТОРИОТ ИСТОЧЕН ГРЕВ Каснат е плодот од Дрвото на сознанието и, по божја казна, настанаа мачните науки за да може човекот сам да си го пробива патот. Но прогонетите од рајот, на излегување, скришно, од инает, ко луѓе, скинале плод и од Дрвото на животот од кој се родија божеските уметности, од кој се јави спасот од смртта. Да не беше епот на Гилгамеш зар ќе ни беше денеска толку драг гостин дома првиот познат трагач по тајната на бесмртноста? Да: сторен е и вториот источен грев. Можеби од страв тој не се признава јавно макар што е на дело од искони. Затоа, естетичари, не заменувајте го во своите умни системи вистинското дрво на уметноста, Дрвото на бесмртноста. Нема друго со такви плодови. Петар Т. Бошковски

„Струшките вечери на поезијата“ претставуваат врвна поетска манифес­

тација во современиот свет. За секој поет, без разлика на кој меридијан од земјината топка тој ги создава своите стихови, претставува посебно задовол­ ство, а би рекол и голема чест, кон крајот на август да се најде во прекрасната Струга, на брегот на Охридското Езеро и чудесниот Дрим. Што за еден поет претставува учеството на „Струшките вечери на поезијата“? Најдобро ќе илустрирам со податокот дека на СВП учествував првпат минатата година и сторив сè и годинава да допатувам во Струга. Имено, во Сојузот на писателите во Куба сите знаеја колкава е мојата желба повторно да се најдам на струшкиот поетски собир и едноставно, речиси, моите колеги ги ставив, како што се вели, пред свршен чин. И годинава СВП се одвиваат во свечена и импозантна атмосфера. Сите приредби и презентации имаа свои особености и специфики. Импресиониран сум од луѓето што живеат на езерскиот брег. Тие ја сакаат поезијата, ги сакаат поетите - рече Роберто Бранли од Куба. Иако зборовите и јазикот одат заедно со личната и националната историја, длабоко сум сигурна дека оваа порака што ја пишувам во наплив на ненадејна возбуда, не ќе може никогаш да ја изрази големата чест и радост што ја по­ чувствував откако ја примив веста дека сум промовирана во поет-лауреат на 45. издание на „Струшките вечери на поезијата“ и на Република Македонија. Исто така, длабока е емоцијата да се знае дека, според древните традиции, јас ќе го примам „Златниот венец“, главната поетска награда на фестивалот и на Македонија, на свеченоста што по тој повод ќе се одржи за време на фестивалот во Струга. Вашата награда, која е една од најстарите и најголемите поетски награди во западната хемисфера, истовремено е и симболичен оган на поетското писмо во ова наше време, Доволно е човек да ја погледне долгата листа поети кои биле почестени со неа пред мене и да го обземе возбуда, бидејќи таа листа со имињата на наградените поети зрачи со прекрасна енер­ гија, со движечка сила меѓу различни култури, традиции и човечки суштества. Без оглед на тоа кој јазик го говорите, поезијата минува низ него, Низ секој од нас поединечно, учејќи ги сите читатели, вклучително и нас, поетите, дека поезијата може најмногу да придонесе за подобро разбирање меѓу сите на­ роди, меѓу сите поети. Ве молам, дозволете ми да ја изразам мојата благодар­ ност кон вашата поетска традиција, која несебично им дава едно толку големо признание на поетите, но, исто така, и на традицијата од која јас потекнувам: традицијата на мојот љубен остров Куба, пулсот на Карибите, сончогледот на латиноамериканската поезија што цвета во една нова ера. Токму овие традиции овозможија оваа значајна награда да ми биде доделена мене - на­ пиша Ненси Морехон од Хавана, Куба во јануари, 2006 година. Ненси Морехон е водечки кубански автор и врвен современ карипски поет на шпански јазик. Таа го препознава и го оживува гласот на кубанската, карипската и на латиноамериканската жена во својата поезија како моќен и сеприсутен глас што го следи низ неговото макотрпно повеќевековно созда­ вање - стои во образложението за наградата на Управниот одбор на СВП.


културното зближување може да нè спаси 2006 златен венец Ненси Морехон

Родена е во 1944 година во Хавана, Куба. Дипломирала на 18-годишна возраст на Универзитетот во Хавана. Студирала ев­ ропска, карипска и кубанска литература, а по­тоа специјализирала и француска литера­ тура. Работела како новинар, пишувала теа­ тар­ска критика, драмски сценарија, а објави­ ла и голем број преводи од литературата на фран­цуски јазик. Својата прва поетска збир­ ка ја објавила во 1962 година, во чии стихови бил откриен нов поетски глас во кој се споју­ ваат шпанската и африканската култура. Об­јавила 12 поетски збирки, за кои добила уг­ледни кубански награди. Нејзината поези­ ја е преведена на англиски, португалски, фран­цуски, италијански, руски, германски, полски и на холандски јазик. Сти­ хо­ви од Морехон се застапени и во голем број книжевни списанија и антологии на светската поезија. За нејзиното творештво позитивни критики кажале голем број книжевници од САД и од Велика Британија, земји во кои книгите на Мо­ ре­хон биле преведени во големи антологиски збирки. Иако добивала покани за работа во угледни европски и американски универзитети, Морехон работи како раководител на Институтот за карипски студии во Хавана. МИСИСИПИ Во спомен на Николас Гиљен Змијата од вода лази и се мати. Со своето тело на мрежа висалка, се лелее. Каравели, духови, изгорени кожи исцртани врз листовите на врбите. Змија од вода до самоти врбите. Змија од вода. Змијата од вода полека ја крева главата со расчатален и милениумски јазик. Парче од јазикот паѓа врз Заливот. Другиот, проголтува стотици лотки. Змија од вода До самоти врбите, змија од вода. Змијата од вода расте и напредува и полека ги отвора своите грла: непокајни, бледи, лакоми; нејзините златни прстени, својственото нишање. Змија од вода, до самоти врбите. Змија од вода. Ненси Морехон

Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2006

СВП 50 - ГОДИНИ 300

301 СВП 50 - ГОДИНИ

Маријана Гејде - Руска Федерација

Родена е во 1980 година во Москва. Поет, прозаист, преведувач. Завршила Фи­ло­ зоф­ски факултет. На разни конкурси има до­ биено повеќе награди за млади. Збирката песни Време за бришење прав, објавена 2005 година, ў е прва книга. Подготвува книга проза.

Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на вратот помала си од тригодипша јаболкница, понечујна од шум на глушец, јас ќе дојдам, а ти не ме мисли мене. Зошто да го мислиш оној што и не знае друго, освен да го следи твојот срамежлив поглед. Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на усни. Зошто да го мислиш оној кој и онака што мисли, тоа и го зборува, зошто да го мислиш оној што не мисли на твојот спокој, оној кој и самиот се што знае, секогаш ќе ти го каже, повисока си од клучалката, потанка од пајакова мрежа. Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на чело - ти си голема. Маријана Гејде


осаменоста не е судбина на поетот

СВП 50 - ГОДИНИ 302

Награда „Браќа Миладиновци“ 2006

Братислав Ташковски

Роден е во Скопје, 1960 г. Поет, раскажу­ вач, публицист, новинар, редактор на Маке­дон­ ско дело и на литературниот месечник АКТ и Фо­рум плус. Студирал новинарство на скоп­ скиот Универзитет Кирил и Методиј. Бил прет­ се­дател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Дела.: Прсти во облаците (1987), Бикови во мо­ јот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ан­ ге­лот и жената муза (1994), Демоника, Мојот ки­нески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006).

ОКОТО НА АНГЕЛОТ (Аја Софија - Истамбул)

Арабеската го крие окото на Ангелот. Тој е можеби првата жртва по падот на градот. Денес освојувачот го ослободува со длето На лицето има малтер на гнев И мирис на јајце од гајгур Но убавината, Ни туѓа молитва, ни омразата не ја допреле. Ова око секое утро го милувало олтарот. Тоа во суштина гледало и во мракот. Боже каква љубов било тоа. Тогаш ја отворам книгата и читам: Радувај се благодатна! Господ е со тебе, Благословена си ти меѓу жените! Одеднаш зеленото се претвори во црвено И видов како ангелот мрда по сводот, Бегајќи од остриот шилец на ослободителот. Тогаш падна во раката на Богородица, Таму каде спијат сите ангели И заедно со нашиот од Курбиново Го благословија плодот на нејзината утроба. Братислав Ташковски

Доаѓам од земја што е гостољубива, во друга земја што е

многу погостољубива, од земја која е убава, во земја која е уште поубава, од земја каде луѓето ја сакаат народната поезија, во земја каде не може да се замисли поезија без народни извори. Од сите овие три уточнувања, особено последното се чувствува во сите разговори со поетите од Македонија. Токму затоа, во Струга се чувствувам, не како да сум во Полска, туку како да сум во своето родно село, каде што живо се пее на отворен простор, се тан­ цува, се остава маса на отворен простор, околу која се собираат пријателите и пријатни луѓе. Поради тоа разго­ ворите со поетите и со колегите од Западна Европа, имаат словенски карактер. Нема недоразбирања, нема проблеми од политичка или економска природа, што не би можеле да си ги кажеме. Тоа е најубавото што го гледам на овие поетски вечери - се довери Тадеуш Нотак од Полска. Овде кај вас се чувствувам како дома. Македонија е на југ, а јас, пак, потекнувам од јужниот дел на Соединетите Американски Држави и, веќе и тоа нешто само за себе зборува. На „Струшките вечери на поезијата“ дојдов по вторпат и пак ми е исто толку убаво како и во 1975 година. Воодушевен сум од степенот на концентрацијата врз по­ езијата што на овој фестивал се постигнува спонтано. Овде може да се почувствува вистинската вредност на поезијата - додава Вилијам Џеј Смит од САД. За „Струшките вечери на поезијата“, веќе со години на ред слушав најубави искажувања од моите колеги што веќе учествувале на СВП, меѓу кои Андре Френо, Жан Русло, Едмонд Имо, веќе покојниот Жан Фолен, Гилвик, Жан Луј Депјерис и уште многу други. Се разбира, со мојот престој во Струга јас, ќе се најдам во редот на оние што насекаде само најпофално ќе зборуваат за СВП зашто и јас сум опсенет и восхитен од оваа, по многу каракте­ ристични белези, единствена поетска манифестација, која од година во година доживува постојан подем - не ги штедеше зборовите Рубен Мелик од Франција. Бев изненаден откако ја добив веста дека Комитетот на Струшките вечери одлучил да ме награди. Ми беше многу драго за таа одлука, зашто со тоа ми е дадена чест да се придружам во листата на големите поети што ја добиле наградата „Златен венец“, а од кои некои беа и мои, така да ги наречам, учители во моето поетско создавање. Струшките вечери ја поврзуваат поезијата од целиот свет и тие со својата голема меѓународна репутација се еден од главните поетски фестивали во светот. Голема чест е да се присуствува тука, каде што има можности да се сретнат поети од разни земји, да се разменат идеи, иску­ ства. За позитивните одлики на фестивалот секако при­ донесува и убавината на вашата земја - истакна венце­ носецот Махмуд Давриш од Палестина

303 СВП 50 - ГОДИНИ


осаменоста не е судбина на поетот 2007 златен венец

СВП 50 - ГОДИНИ 304

Махмуд Дарвиш

Бев Ваш гостин пред триесет години, кога Рафаел Ал­

бер­ти ја имаше честа да го прими „Златниот венец“. И то­гаш се вљубив во Вашата земја: во езерото, во розите и во читателите и слушателите на поетскиот збор кои ни докажаа дека осаменоста не е судбина на поетот. Тогаш бев млад, со големи соништа. Како повозрасен сфатив дека поезијата е тешка, но, сепак, возможна работа, но работа што не може да го смени светот. Наместо тоа, поезијата може да размести кандилца во мракот. Точно е дека поезијата е нешто кревко, но таа ја има силата на свилените нишки, густината на медот. Поетите треба само да веруваат во ефикасноста на нејзината кревкост. Колку е потежок ударот на бруталноста, омразата и вој­ ната, толку е поголема и потребата за средство против нив: поетскиот збор... за да ја засили нашата перцептив­ ност и свеста за човештвото и човештината и со упорносг да го продолжи нашиот сон за слобода и мир, како и нашата верба за човечкото заедништво. Бев Ваш гостин пред триесетина години заедно со поети од голем број земји и јазици: избрани цветови во една единствена от­ ворена градина, без средиште и периферија. Сфаќањето за универзална поезија се дефинира врз разноликоста од гласови и референтни точки. Вистинскиот идентитет на поезијата се базира врз човечноста и јасната естетика, како и врз нејзината пособност слободно да патува меѓу културите и јазиците: неа никој не може да ја затвори во строги национални ѕидишта. Меѓутоа, поезијата е таа што дава придонес во развитокот на културниот иден­ титет на еден народ врз кој се врши атака, таа се спро­ тивставува на сè што стои на патот на самоизразувањето и особеноста на тој народ. Поетот не може да побегае од овде и сега во некое друго време или простор. Ми при­ чинува огромно задоволство да се вратам во Вашата убава земја, како и чест лично да го примам изразот на Вашата висока оценка за мене и за тоа што јас го прет­ ста­вувам, Вашето благородно внимание за тоа што е пре­плетување на личното и колективното, на моето по­ етско искуство. Никогаш не сонував дека ќе ја примам оваа чест, Вашата бесценета награда „Златниот венец“, со која ме вклучувате во листата на поети кои биле мои ментори. Вашата награда ја сметам и како оддавање при­ знание на Арапската поезија, како и израз на поддршка на правата на мојата земја, Палестина, да се вклучи во семејството на слбодни и независни нации - изјави ла­ уреатот на „Златниот венец“.

Роден е 1942. во селото Барвех во Галилеја. Најпознатиот палестински поет почина во САД во 2008 г. За својата политичка активност тој бил повеќе пати затворан и ставан во домашен притвор. Бил уред­ ник на весникот Итихад пред да замине 1971. на едно­ го­дишни студии во СССР. Потем оди во Египет; во Каи­ро работи за весникот Ал-Ахрам, оди во Бејрут, Ли­бан, каде што е уредник на списанието Палестински из­данија, а бил и директор на Палестинскиот истражу­ вач­ки центар. До своето враќање во Палестина во 1996 година бил член на Извршниот одбор на Палестинска ослободителна организација (ПЛО) и живеел во про­ гонство меѓу Бејрут и Париз. Песните му се добро познати низ сиот арапски свет, а некои од нив се ком­ понирани и како песни за пеење. Со годините поезија­ та му се здобила и со меѓународна слава, па некои од нив - од објавените 30 поетски и прозни збирки - се преведени на 35 јазици. Ос­новач и главен и одговорен уредник е на престижното книжевно списание Ал Кармел, обновено во 1997 од центарот Сакакини, во кое е почесен член. Најпознати поетски книги му се: збирката Постела на странец (1998), поемата Мурал (2000), Опсадна состојба (2002). Во 1997 за него е снимен документарец за француската ТВ. ШТО ЌЕ ОСТАНЕ? Што ќе оетане од овој облак бел? - Од бозел еден цвет. Што ли ќе остане од маглата на сгаиот бран? - На времето ритмот. Што ќе остане од крварењето на зелената идеја? - Водата во вените на дабот. Што ли ќе остане од љубовните солзи? - Тетовирање благо врз црвенилото. Што ќе остане од прашината на барањето смисла? - Патот на занесот. Што ќе остане од врвицата на патувањето големо кон непознатото? Песната на патникот што јава. Што ќе остане од видението на сонот? Небесните знаци врз виолината. Што ќе остане од средбата на едно нешто со ништо? - Чувството на сигурност на божественото. Што ќе остане од зборовите на арапскиот поет? Бездна... и една нитка чад. Што ќе остане од зборовите твои, од тебе? Еден заборав нужен за помнењето на пределот. Махмуд Дарвиш

305 СВП 50 - ГОДИНИ


осаменоста не е судбина на поетот

Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2007

СВП 50 - ГОДИНИ 306

Мануа Рима - Белгија

Родена е 1975 година во Лувен, Бел­ги­ ја. Средно училиште и факултет за економи­ја и јазици завршила во родниот град. По ди­п­ ло­мирањето во 1996 година, патува на Мар­ ти­ник. По враќањето во Белгија работи во ад­министрацијата на неколку мултинацио­ нални компании за телекомуникации. Потоа сле­дуваат патувања по светот: во Египет 1997, Сенегал 1998 и во Русија, Бугарија и Романија 1999 и 2000. Во 2005 и 2006 Рима патува во Ав­стралија и во Нов Зеланд, збогатувајќи ја својата душа со ново искуство и спознанија за универзалните вредности на животот и човекот. Својата прва книга Букет човечност ја објавила во 2006 година на француски јазик.

БРАНУВАЊЕ НА СУДБИНАТА Има денови што се толку празни што во нив исчезнува секоја животна сметка; сонот се губи во своите јазли а телото, уморно, нуди бедна глетка. Ветрецот на очајот ги лулее благо млаките вкусови што секоја сласт ја ништат. Лажните знаци на болеста ни стојат на прагот и чекаат да не понесат кон болките што тиштат. Но, токму во тој миг, патот кон прашања нови не влече; тие се блескави, светат како злато, и не водат, малку по малку, кон животот вечен. Од поделеностите вистинскиот став се учи. Слушнатото и реалноста во амалгам се топат; меѓу мудреците такви се односите клучни, смислата се открива случајно и попат. Знаците, исправени, не упатуваат кон превал. Преобразбата прави да станеме друг некој. Една натрешна револуција одеднаш се крева: кон очуднувањето тоа е уште еден чекор. Мануа Рима

Награда „Браќа Миладиновци“ 2007

Никола Маџиров

Роден е 27. 10. 1973 год. во Струмица ма­кедонски поет, есеист и преведувач. Дела: За­клучени во градот (поезија, 1999), Некаде ни­ ка­де (поезија, 1999), Асфалт, но небо (поезија, 2003), Преместен камен (поезија, 2007). До­бит­ ник е наградите Студентски збор, Ацо Кара­ма­ нов, „Браќа Миладиновци“ и европската награ­ да за млад поет Хуберт Бурда, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Ев­ ропа. Неговата поезија е преведена на повеќе ја­зици и објавувана е во неколку избори и ан­ тологии на македонската поезија. Координатор е за Македонија на меѓународната поетска мре­ жа Lyrikline. Бил учесник на повеќе меѓународ­ ни поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (In­ter­na­ cio­nal Writing Program ot University od Iowa; Kui­ ltur Kontakt in Vienna; Internationales Haus der Autoren Graz; Litereatur Haus НÖ).

СЕНКИТЕ НЕ ОДМИНУВААТ Еден ден ќе се сретнеме, како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. Немирот на светот ќе биде со нас. Со дланките ќе го помрачиме сонцето и со фенер ќе се доближуваме. Еден ден ветрот нема да го промени правецот. Брезата ќе испрати лисја во нашите чевли пред прагот. Волците ќе тргнат по нашата невиност. Пеперутките ќе го остават својот прав врз нашите образи. Никола Маџиров

307 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 308

волшебниот збор од врутоците на душата и крвта Првпат сум кај вас, во пријателска земја, за која

доста знам. И ме радува секој миг што овде го доживеав. А таа чудесна поетска Струга, за мене кој еве првпат ја осознавам, е прекрасен сон, за новиот човек, за поезијата без граници, за луѓе­ то кои се разбираат, за Мостот меѓу народите... - истакна Вишво Нат Тевари од Индија. Не само Струга, туку и цела низа книжевни манифестации на кои учествуваат писателите од други земји, со својата практика ја докажу­ ваат функцијата за чувањето на говорот. Симпозиумот, на пример, на Струшките вечери на поезијата, (посветен на темите како што се Поезијата и комуникацијата или Поезијата и традицијата), само се составни делови на еден поширок склоп на настани, Факт е дека луѓето од разни краишта на светот се состануваат и почнуваат да зборуваат нешто што е во сушти­ на еден јазик (треба тоа секако да се сфати доста условно). Таквите средби оставаат зад себе трај­ ни траги; не веднаш, не непосредно - смета Иван В. Лалиќ од Србија.

На „Струшксите вечери на поезијата“

почнав да доаѓам одамна, пред петнаесеттина години. Тој факт дека доаѓам толку долго, всуш­ ност, кажува каков е мојот став за оваа мани­ фестација. Сè на сè, и кога се подналутиме по­ некогаш поради некои пропусти, должни сме да дадеме поддршка, зашто Доброто, барем овде, е поголемо од Лошото - искрен е Горан Бабиќ. Чувствувам дека станува збор за оригинален фестивал на меѓународната скала. Некои ак­ тивности ги носат поетите од целиот свет за да се дружат. Поетите и поезијата ги учат луѓето како да се сакаат и како да комуницираат меѓу себе, и како да градат врски на толеранција рече Ук Зенел Бучпапај од Албанија. Восхитен од големата радост и возбуда, во овој миг, кога треба да Ви се обратам, тешко ми е да го изразам моето убаво чувство и да ја најдам вистинската метафора на здравицата. Впрочем,

309 СВП 50 - ГОДИНИ

отсекогаш, на поетите потешко им е да ја изра­ зат својата радост, отколку својата болка. Но, ним не им е тешко да се разберат меѓу себе, да ја разберат радоста и тагата на своите браќа по перото. Зашто, еден единствен е јазикот на по­ етите: јазик на соѕвездието што ги зближува и ги поврзува луѓето и нивните судбини во све­ тот. Затоа, јас, и во овој миг, мојата радост ја споделувам со нив, зашто, само така се возви­ шуваат поезијата и моќта на зборот, на оној волшебниот збор што извира од врутоците на душата и крвта. Ви благодарам што овојпат се одлучивте моето име да се вброи меѓу добитниците на највисокото признание на „Струшките вечери на поезијата“ за 2008 година. Тоа е чест за мене, за мојот јазик и за мојата нација, но и добра можност мојата поезија да биде дел од тој вол­ шебен спектар на вистинската поезија и на неј­ зината силна моќ што ја имала таа низ сите времиња и простори. Драги пријатели, Оваа признание што ми го доделува Управниот одбор на „Струшките вечери на по­ езијата“, Република Македонија и нејзините поети, на овој редок фестивал што се одржува крај прекрасното езеро, во мене побудува една молчалива тага што сум ја носел како гламна на патеките на мојот живот, а и во моите пое­ тски мечтаења. За мене како поет, Охридското Езеро е претворено во една убава солза, во еден симбол на пријателството и во една магична глетка, која завршува во бисерен стих. Токму во оваа волшебна глетка, лебди охридскиот ле­ бед кој го открива соѕвездието што пламти таму некаде во дното на езерото. Свети се мостовите што ги гради пое­зи­ ја­та! Јас сум многу среќен и благодарен што ми ја приредивте оваа возбуда! Нека овладее поезијата со светот! - ис­ такна Фатос Арапи.


2008

волшебниот збор од врутоците на душата и крвта златен венец Фатос Арапи

Роден е 1930 година, студирал еко­ номија во Бугарија, а во Тирана работел како новинар и лектор на модерната албанска литература. Неговиот творечки опус се со­ стои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во да­ лечнте 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија Поетски патеки и Поеми и стихови. Со тие збирки внел еле­ менти од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни спи­ санија неговата поезија е опишана како хар­ монија во која се спојуваат морските брано­ ви и идеите за ослободување на индивидуата од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради проме­ ните што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија. По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Тој сè уште е една од водечките фигури во пое­ тското творештво во тој дел од Европа.

ВЕЧЕРВА Вечерва, ѕвездите, можеби, не и се потребни на ноќта колку ти мене. Светлината, можеби, не им е потребна на ѕвездите колку ти мене. Вечерва, мирисот на телото на оваа вечер ме опива... и сите парчиња љубов, што ги оставив низ патиштата на животот доаѓаат и воскреснуваат во тебе, - како искршени парчиња од мермер во обид на обнова на статуата. Фатос Арапи

Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2008

СВП 50 - ГОДИНИ 310

311 СВП 50 - ГОДИНИ

Антонија Новаковиќ - Хрватска

Родена е 1979 година во Загреб. Освен на наградата Мостови (2008), добитничка е и на наградата за поети-дебитанти Горан (2008), која се доделува во рамките на фести­ валот Горанова пролет во Хрватска. Лесно ми е да бидам полоша е нејзина прва книга. Прет­ ход­но нема објавувано. Живее и работи во Загреб.

*** понекогаш размислувам со што ли се занимава билетарката во тушканац понекогаш мислам дека го адаптира мишима за сценска изведба, понекогаш дека во старечкиот дом им го мери притисокот на старците и ги храни со пире од компир понекогаш немам доволно фантазија за ништо па ја гледам како зад стаклото ги кине билетите. често доаѓам тука, почесто сама отколку со некого (полесно ми е да мислам дека луѓето не го сакаат филмот, отколку дека не ме сакаат мене) се гаснат светлата и заборавам дека надвор, неколку метри од излезот, се лизга земјиштето, а дека малку подолу е бедната тезга со пуканки (само н. сè уште ги купува, а ни неа долго не сум ја видела) кратко се тресат завесите додека влегуваат оние што задоцниле, потоа се смирувам во дното од гледалиштето чекам кинооператорот нешто да преземе Антонија Новаковиќ


народ со најголем слух за поезија во светот

СВП 50 - ГОДИНИ 312

Награда „Браќа Миладиновци“ 2008

Ристо Лазаров

Роден е во Штип на 3. 10. 1949 г. Поет, кри­тичар, преведувач, Директор на скопската те­левизиска куќа Телма. Завршува Филолошки фа­култет во Скопје. Работи како долгогодишен но­винар во низа редакции. Своевремено прв чо­век на агенцијата ТАНЈУГ. Член на Ма­ке­дон­ ски­от ПЕН-центар, а од 1972 г. член и на ДПМ. ДЕЛА: стихозбирки: Ноќна птица во паркот(1972), Јана (1980), Грозен кикот (1982), Кап­ки кисела вистина (1985), Лето преку океа­ нот (1988), Точка на вриење (1990), Одвајнадежна (1993), Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), Историа бо­лезни (1996), Јаве (1996), Хераклеа (1999), Колумбо (2000), Тројца за префе­ ранс (2001), Одмолчена (2003), Чехопек (2006); поезија за деца: Горјан во Дојран (1988) и Од Битола појдов (1990); публицистика: Прво лице еднина (интервјуа) и Лист по лист. ТИРКИЗНА ПЕСНА под тиркизот две ритки треперат како глас на славеј два езерски брана во две тврди лејки среде млечниот пат двe јајца лебедови под две изгор сонца испилуваат нова надеж две капки медовина ем лудо растат ем се јазат кон нов јазик две жолти дуњи и порој од стрвни лиги среде летната жега два збора и два молка два јазли на љубовта два бескраја во градите твои под тиркизот две дланки се лизгаат кон ритките замелушени како риба од мамка. Ристо Лазаров

Во 2009 година за првпат дел од содржините на СВП беа прене­

сени на нов локалитет. Имено, во Заливот на коските, новоиз­ градениот Музеј на вода во Градиште, во величествен амбиент и безмалку еуфорично расположение, беше претставена совреме­ ната норвешка поезија, со учество на поети од оваа земја. Ваквата тенденција е дел од концептот на СВП, содржините на фестивалот да се шират по крајбрежјето на Охридското Езеро, поезијата да се устоличува во прекрасните предели покрај Големата Вода. Едноставно сакам да ў се заблагодарам на оваа земја за најдо­ брите мигови. Се враќам во мојата земја збогатен и со посебно чувство за поезијата и ќе се обидам колку што можам повеќе да пренесам од оваа прекрасна лепеза, која ќе биде вистински модел за многу земји - истакна Теодор Вајс од САД. - Драги и почитувани пријатели, Длабоко сум почестен и многу нешта се отвораат пред мене по веста дека со вашата награда ме рангирате во плејадата на големите живи светски поети. Вие Македонците, народ со најго­ лем слух за поезија во светот, со вашата широкоградост, ми овоз­ можувавте да создавам и да преживеам како поет уште во дамни времиња. Многупати бев ваш гостин, уште како многу млад и за многумина бев чуден, неразбирлив и проблематичен, но вие целосно ме прифативте, со сета отвореност, со легендарна гос­ тољубивост и широчина. Уште како студент по историја на умет­ носта, пред воопшто некогаш да помислам дека ќе ме снајде по­ езија, на екскурзија им се восхитував на вашите цркви, манасти­ ри, природата и луѓето. Корзото. Тоа што како на медитеранец на одреден начин ми припаѓаше, но ми беше одземено затоа што кај нас тоа веќе беше замрено. Т’га за југ. Тука ја доживував сло­ бодата и неизмерната желба за митски простори. Никогаш не заборавив дека среде 70-тите години, кога во моја Словенија, иако само кратко време, бев под неподнослив политички при­ тисок, ме примивте како некој во кој - затоа што е поет - можете да имате целосна доверба на сите нивоа, во рака му ставивте микрофон и го овластивте за вашата телевизија да прави интер­ вјуа со колегите. Меѓу нас поетите е кристално јасно дека токму Македонија, дека токму „Струшките вечери на поезијата“ веќе речиси педесет години се центар, жив извор и чувар на достоин­ ството на нашата професија. За поезијата, всушност, не знам ништо. Ги прочитав сите книги и заборавив сè. Од Дерида (не негирам дека неговите први текстови сосем ме потресоа) избегав во Америка каде што среќавав млади поети кои при ракување се претставуваа како поети како што кај нас во Европа велиме сто­ лар или забар. Тоа ми се чинеше бесконечно свежо. Зборовите ме посетуваат, брзаат низ мене или, пак, ме разјадуваат и изне­ надуваат, јас им се препуштам. На речениците што ги препозна­ вам им ја оставам сета слобода, дури и ужас. И мрзеливост. Сите можни работи. И целосни глупости, ако тие се расположени за глупости затоа што сето тоа се случува во еден заштитен простор на непознато, старо и ново. А приори е таков, ако го препознаам како поетски, иако не знам дали станува збор само за мојата

313 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 314

народ со најголем слух за поезија во светот 2009 златен венец

имагинација, игра или само за радост. Ужасно сум неодговорен но, имам доверба. Постои повисок ум што ме чува. Тука, кај вас, учев, сонував, читав на мостот и растев. Тука среќавав пријатели, колеги од генерацијата и помлади и им се восхи­ тував на лауреатите: Окуџава, Дагларџа, Сенгор, Гилвик, Станеску, Гинзберг и Јухас (толкупати бев ваш гостин!) кои со профинето чувство, мир и сувереност ги избиравте. Како Словенец, припадник на мал народ за кој исто така поетите претставуваа поддршка и моќ за преживување, од мојата лична историја знам што значи непочитување на името. На мојот дедо, Словенец од Трст, фашизмот му се заканувал со промена на името и тој беше принуден да емигрира. И како тогаш да не станам пријател на вашиот голем поет Богомил Гузел, со кој се запознавме во Ајова, во Америка? Токму сега пред мене стои фотографијата на нашите две ќерки, кои како пријателки, дечиња, скокаат на каучот во далечната 1972 година. Како да не ми останат живо пред очите нашите разговори во гради­ ната, меѓу верверички, за Дане Зајц, мојот поетски татко, идол и пријател на Богомил кој, да беше жив, наградата би ја заслу­ жил пред мене? Ние поетите постоиме за да го чуваме досто­ инството на живите тела на луѓето, на нивните имиња, на нивните конкретни и симболни простори. Ублажуваме, сми­ руваме и го продлабочуваме разбирањето, иако и низ болки и рани. Без оглед на се ја запазуваме рамнотежата и принесу­ ваме светлина. А Струшките вечери, зачувувањето на нивните амбиции и димензии, се стабилна и мудра државничка одлука на вашиот народ за сите народи. Фактот што ние поетите све­ тот го обиколуваме како некакви пчелички донесува мед за сето човештво. Ние сме капсули на слободата и на меморијата и вие тоа постојано го овозможувате и негувате. Драги пријатели, длабоко, длабоко сум ви благодарен. За сè. Томаж Шаламун Така напиша во својата порака поетот венценосец Шаламун во 2009-та година. Струшките вечери на поезијата, Струга и Македонија се мојот дом. Ова е многу значаен миг во мојот живот и ова е најубавата книга што сум ја видел во мојот живот, рече лауре­ атот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата Томаж Шаламун за ексклузивното издание со избор од него­ вата поезија што го подготви поетската манифестација. Кога бев млад знаев што правам, дека ми е дадено да пишувам песни, а сега кога јазикот се продлабочува во мене и бега од стварноста, всушност, ме прави блажен, постојан. Имам чувство дека мојата дарба се продлабочува. Ноќеска сонував дека станувам пчела што слета на отворен цвет, а тоа е Струга, мојот дом - рече Шаламун. „Струшките вечери на поезијата“, според лауреатот, се најголем светски настан за поетската уметност и тие, како што вели, се најзаслужни што неговите песни се објавени во 70 земји.

Томаж Шаламун

Роден 1941 година во Загреб, Хр­ват­ ска, а израснал во Копар, крајбрежен град во Словенија, јужно од Трст. Тој се смета за еден од големите повоени поети од пентрал­ на Европа. Во 1966 година дипломирал исто­ ри­ја на уметност на Универзитетот во Љуб­ ља­на, но една средба со словенечкиот поет Дане Зајц го насочил по патот на поетското тво­рештво. Шаламун бнл водечка личност во словенечката поетска авангарда во 60-те и 70-те години од дваесеттиот век. Во 60-ти­ те години учествувал во различни студент­ ски движења; во 1964 година бил затворен по­ради напис во ревнјата Перспективи, во кој ја критикувал културната политика на то­гашниот режим. Бил ослободен по неколку дена, благодарение на протестот на неколку значајни словенечки интелектуалци од тоа време. Истовремено, се запознал и со поетот и поли­ тичкиот дисидент Едвард Коцбек, кој извршш влијание врз него во поглед на потрагата по сопствен поетски израз. Во раннте 70-ти поминал две години во Ајова во рамките на Меѓународната про­грама за писатели, тогаш повремено живее и во САД. Шаламун работел како визитинг професор на универзитетите во Алабама. Тенеси, Џорџија, Ма­ са­чусетс, Питсбург и Ричмонд. Во 1996 година бил аташе за култура во слове­ нечкиот конзулат во Њујорк, каде поминал неколку години на фунцијата. Објавил 37 збирки поезија на словенечки. Неговата поезија е преведена на петнаесет различни јазипи. и е застапена во многубројни антологии. Девет негови поетски книги се објавени на англиски, Во 2007 година ја добил Европската награда во Мунстер во Германија. Две негови книги се преведени на македонски јазик: Амбер (2004) и Глаголи на сонцето (2008). Ja добил и наградата Нова Македонија. Во своите почетоци, Шаламун бил под влијание на модерната словенечка поезија (Едвард Коцбек, Дане Зајц и Сречко Косовел), на францускиот сим­ болизам и српскиот надреализам (Васко Попа). На почетокот на 70-те, му се доближил на поетскиот израз на американската Бит генерациј а и њујоршката поетска школа. Читањето на Борхес, заедно со мексиканското искуство (живеел во Мексико од 1979 до 1981 година) го довеле Шаламун поблиску до латинскоамериканската и до шпанската традиција; за него било многу значајно откри­ вањето на творештвото на перуанскиот поет Сезар Ваљехо, како и на мисти­ цизмот на барокот, претставен преку Сан Хуан де ла Круз. И 80-те години претставуваат пресвртница, окарактеризирана со при­ ближувањето кон деконструкцпјата. Сепак, во средината на 80-те, во поезијата на Шаламун се враќа влијанието на мистицизмот и на барокот, овојпат моди­

315 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 316

народ со најголем слух за поезија во светот ДА СЕ ЧИТА:ДА СЕ ЉУБИ фицирано низ едно Лаканово толкување. Во овој период, поетот почнува да покажува интерес за Кабалата, хебрејскиот мистицизам на Гершом Шолем и за персискиот поет Руми. Благодарение на поетското богатство на своето творештво, Шаламун се смета за еден од најголемите претставници на современата словенечка поезија; има значително влијание врз младите генерации поети, како словенечки, така и оние во САД и Средна Европа.

Кога те читам, пливам. Како мече со своите шепи ме поттурнуваш во блаженство. Лежиш врз мене, ти кој ме разори. Смртно те возљубив, прв меѓу родените. Во само еден миг станав твој ѓурѓовденски оган. Безбеден сум како никогаш. Ти си конечното чувство на задоволството: да се знае потеклото на копнежот. Во тебе сум како во мек гроб. Ги сечеш и разгоруваш сите слоеви. Времето пламнува и исчезнува, слушам химни кога те гледам. Строг си, стварен, многу бараш. И не можам да зборувам. Знам дека копнеам по тебе, тврдо сиво железо. За еден твој допир давам сè. Гледај, доцното сонце удира од ѕидовите на дворот во Урбино. Умрев по тебе. Те чувствувам, ми требаш. Ме мачиш. Ме растргнуваш и спалуваш во секое време. А во просторите што си ги уништил тече рајот.

317 СВП 50 - ГОДИНИ


Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2009

СВП 50 - ГОДИНИ 318

народ со најголем слух за поезија во светот Усман Сар Сарус - СЕНЕГАЛ

Роден во Дакар во 1980 г. Поет и про­ заист кој пишува на француски јазик. Студент е по современи уметности и филозофија на Уни­верзитетот Париз 7. Поранешен шампион на Сенегал и млад африкански франкофонски елитен играч на јазичната игра Скребл (Scrab­ ble). Бил почесен Специјален советник на по­ ранешниот градоначалник на неговиот роден град, пред да замине за Париз каде го продол­ жил своето образование по завршувањето на средното училиште во 1999 го­ дина. Неговата прва книга поезија е со наслов Ритамот на бра­но­вите.

ЈАС СУМ МЛАД, значи, пристигнувам, и доаѓам кога кон првата ѕвезда поетот ја фиксира и ја запира таа слика на својот чун што носи минлива среќа и самиот им вели на сите дека само еден ќе биде веслач. Доаѓам кај вас како Предвесник во зорите на злото и ретките добродетели доаѓам кај вас во зората на огновите и сеништа на радоста сиот растреперен од ретките зборови и ке се вратам сам да ви кажам, вам, на младите од сите континенти, дека и вие треба да веслате кон Мирот, како овие стихови што ползат кон тој предвесник на иднината, кој инаку во спротивно може да умре зарди тоа Усман Сар Сарус

Награда „Браќа Миладиновци“ 2009

Весна Ацевска

Родена е во Скопје на 10. 11. 1952 г. Поет, рас­кажувач и преведувач. Завршила Филолошки фа­к ултет во Скопје. Работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преве­ дување. Ги препеала финскиот еп Калевала и нордискиот спев Стара еда, за кои поединечно ја добла на­градата за препев Григор Прличев (2000). Во сво­ите стихови Ацевска се против­ ставува на тра­дицијата на женското пеење и на феминизираниот лиризам во кој доминира една исповедна и субјективна интонација. Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици. Застапена е во голем број антологии во земјава и надвор. Дела: збирки поезија: Подготовки за претстава (1985), Карпа за скок (1991), Котва за Ное (1994), Неред во огле­да­лото (1996), Кула во зборот (2005), Столисник (2008), Мартинки (2008); романи: Лавиринт (1992), Рок видри (1993) и Скалила во зелени­ло­то (1994).

НОЌ Ех ноќ. Гладна, пуста ноќ. Црн превез врз црни зеници пред усвитен зрачен растрел, построен да покосува ден. Секој ден. Ех ден. Црн ден. Одбројувањето се одбива од еластичните мембрани и се згуснува во звучен јарбол. Ноќта е црно гусарско знаме на граблива семирска галија, која плови низ тихиот океан полн со блескотни облици во неотворените ковчези. Ех ноќ. Глува, тешка ноќ. Но не се буди ништо додека не се пробуди зборот. Весна Ацевска

319 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 320

македонија е република на поезијата

„Струшките вечери на позијата“ во 2010 година му доделија специјална почесна Повелба на амерки­ нанекиот поет и музичар Боб Дилан, за неговиот при­ донес во светската поезија. Повелбата му ја врачи претседателот на држава­та Ѓорѓе Иванов. Таа година се одржа Поетки омаж за починатите лауреати на „Златниот ве­нец“: Андреј Вознесенски и Едуардо Сангвинети, и се претстави Сим Керим (Ес­ тонија) добитник на наградата „Мостови на Струга“.

Во својата Порака бугарскиотпоет Љубомир Левчев истакна: Драги пријатепи, Возбуден сум од вашиот поетски поздрав. Сум се замајувал неброени часови во магијата со којашто светиот Охрид и светата Струга на тукушто родениот Дрим му допуштаат да премине низ светото Езерото, да го сочува својот речен тек и својата изговорена мис­ла, да воскресне на другиот брег. Можеби тоа е ис­тата онаа магија која ў дава сила и на поезијата да по­мине низ животот и него да го пресоздаде во леген­ да или во историја. Во историската судбина на Ма­ке­ до­нија се вградени сенките на многу знајни и незнајни по­ети. Но, дали има друга земја која толку многу им дол­жи на своите живи поети? Македонија е република на поезијата! Веќе почна вториот век откако таа со струшки­ от „Златен венец“ на поезијата ја удостојува најголе­ мата и најнадарената плејада светски создатели на нај­суптилната уметност - поезијата. Не можам, а да не го примам со благодарност ова ваше достоинствено про­гласување. Се поклонувам на охридскиот храм Св.Софија. Од не­говото историско величие извира таинствена уба­ вина. Од неговиот спокој се раѓа човековата возбуда.

Ако светото Охридско Езеро потсетува на земно око, вперено во небесната височина, Св. Софија е зеницата на вечноста, пред која поминуваат нашите минливи сенки. Храмот е место за молитва, за исповед и за проповед, а, исто така, и за благодарност. Според старата тради­ ција, вообичаено е во храмот да се споменуваат имиња­ та на почитуваните луѓе кои веќе не се на овој свет, затоа што сè додека ги извикувам нивните имиња тие се живи. Затоа се обраќам кон споменот на Славко Ја­невски, Блаже Конески, Анте Поповски... И на крајот, кон мојот прв македонски пријател, кој ме преведе за прв­пат каде било и кога било - Гане Тодоровски. За сре­ќа, многубројни се имињата на моите живи маке­ донски пријатели - талентирани и прекрасни. Веќе реков дека Македонија е република на поезијата. Мо­ же­би е наивно, но јас сè уште верувам дека како што поезијата има потереба од животот така и животот има потреба од поезијата. И, ако тоа е вистина ќе треба ди си признаам дека јас од живоот многу повеќе сум до­бил отколку што сум дал. Македонската земја и ма­ кедонското небо ми овозможија да ја досегнам нивната творечка магија и гордото слободољубие. А, за воз­ врат, јас сум ја дал само својата чиста бугарска љубов и почит. Таа порамнета сметка на должник ме прину­ дува да се чувствувам поблизок до децата, отколку до старците. Бидејќи мудроста е знаење минато низ ср­ цето венецот од зборови, кој што ми го дадовте тука, ќе го чувам во срцето каде што му е местото. Што се од­несува да познатиот „Златен венец“ на „Струшките ве­чери“, тој е поважен и позначаен од мене. Затоа би са­кал и јас да направам едно успешно волшебство - да го престорам во уште еден мост како струшките кој ќе ги поврзува нашите народи, мост по кој ќе поми­ нуваат само љубовта, вистината и разбирањето. Тоа е мо­јата надеж. Со неа уште еднаш ви се заблагодарувам на сите - истакна венценосецот Левчев во неговата бе­седа во Света Софија во Охрид.

321 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 322

2010

македонија е република на поезијата златен венец

323 СВП 50 - ГОДИНИ

Љубомир Левчев

Роден е на 27. 4. 1935 година во Тро­ јан. Завршил филозофско-историски факул­ тет на Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија. Бил уредник и главен уредник на вес­никот Литературен фронт (1961-1971), прв заменик-министер за култура на Бу­га­ ри­ја (1975-1979), претседател на Сојузот на бу­гарските писатели (1979-1989). Од 1991 го­дина е уредник и сопственик на издавач­ ката куќа Орфеј и на истоименото меѓуна­ родно списание. Неговата прва поетска кни­ га Ѕвездите се мои излегува во 1957 година. Во 2007 година ја публикува поетската збир­ ка Последни поеми. Во тој период од 50 го­ дини објавил повеќе од 30 книги поезија, како и романите Убиј го Бугаринот! (1988) и Ти си следниот (1998). Во 2008 година излегува од печат седмиот и последен том од неговите Избрани дела со наслов Опасна слобода. Поетското дело на Левчев е објавувано во 34 земји со 70 одделни книги. Тој е заслужен деец на културата (1997), почесен доктор на науките на Бугарскиот сло­боден универзитет, редовен член на Европската академија за уметност, наука и култура од Париз, член- основач на Европската академија за поезија од Луксембург, член на меѓународниот дом на поезијата во Брисел, член на Ме­ѓународниот литературен фонд од Москва и почесен член на Каза национал де поезија од Лима.

БЕЛИОТ БЕЛЕГ Бев млад. Црнокос бев. Оној бев, којшто сè уште не може да лета, но веќе, веќе знае дека е бела врана. Тоа го сфатив од клуновите црни, од црните крилја, од црните проклетија: За белата врана - бела смрт! Можеби тие толку осамени крилја поминувале низ секоја душа... А во мојата - останаа. Стихиите на боите ме отфрлаа, ме прегрнуваа, ме здушуваа. Но, да ме променет? Не можеа! Дури и моите грешки не успеаја. Денес знам во секоја боја се крие знаме. Но белиот знак не ми се допаѓа. Знам да се кревам. Знам да лебдам. Знам... Но знаме не сакам да ставам. Во бојата пропаѓам. И во бојата излетувам. Лавините и облаците ми се браќа... На вас наликувам. Но и смртно се разликувам. Љубомир Левчев


Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2010

СВП 50 - ГОДИНИ 324

македонија е република на поезијата Сим Кера - Естонија

Роден е 1989 година во мало гратче во јужниот дел на Естонија, Вастселина. Жи­вее и студира во Тарту. Не­говата прва книга е обја­ вена во 2009 год. Во неа тој пи­шува за љубовта и смрт­ та, како и за сè она што тој го смета за интересно. Има об­јавувано поезија и кратки рас­кази во најразлични спи­ санија и весници. Сим Кера пишува и музички осврти, за едно од најпознатите спи­ санија во Естонија.

СИТЕ НИЕ СМЕ ПЕСНИ сите ние сме песни на полупразни страници на правливи полици чекаме некој да ги сфати оние стилски фигури оние метафори што многу често ни самите ние не ги разбираме те молам не врти ја страницата Сим Кера

Награда „Браќа Миладиновци“ 2010

Владимир Мартиновски

Роден е во Скопје во 1974 г. Есеист, поет и прозаист. Дипломирал на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема Ин­тер­фе­ рен­ции меѓу македонската современа поезија и ликовните умет­ности. Докторирал на Универзитетот Париз III - Sorbone Nouvelle во Франција на тема Екфрасис. Мартиновски е до­ цент по предметите Компаративни поетики (Хеленската кни­жевност во компаративен контекст, Римската книжев­ ност во компаративен контекст, Поетика на ренесансата, Пое­тика на класицизмот, Книжевноста и ликовните уметнос­ ти) на катедрата за Општа и компаративна книжевност при Фи­лолошкиот факултет Блаже Конески на универзитетот Свети Кирил и Методиј - Скопје. Дела: Од слика до песна: интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните умет­ности, 2003, Морска месечина - хаику и танка ,2003; Скриени песни - хаику, 2005; И вода и земја и оган и воздух - хаику, 2006; Споредбени триптиси - студии и есеи, 2007; Ехо од бранови - хаибуни, 2009; Слики за читање: аспекти на екфразиската поезија - студија, 2009; Квартети за читање, гледање, пеење и слушање - визуелна поезија ,2009. Составувач е на неколку антологии. Преводи: Анри Мишо, Во земјата на магијата, 2004, Максанс Фер­ мин, Снег, 2005, Поетски дела на Владимир Мартиновски се објавени на албански, англиски, грч­ки, јапонски, полски, словенечки и српски јазик. ПРЕОБРАЗБИ Кога те нема се претворам за час во сончоглед без сонце, во книга без букви, во дом без врати, во дожд без капки, во контрабас без жици, во тротинет без предно колце, во часовник без стрелки, во стих без антички сташси, во чоколадо без какао, во гаавен град без булевар, во жирафа без врат, во оркестар без диригент, во кондор без перја, во улица без тротоар, во скултура без глава и без постамент. Кога те нема станувам орев без јатка, пчела без ронка мед или себичен скакулец без виолина в рака. А кога сум со тебе сум обичен човек кој знае да крие вешто дека порано бил се и сешто. Владимир Мартиновски

325 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 326

2011

македонија е република на поезијата златен венец Матеја Матевски

Милне Холтон, професор на Уни­вер­

ЗАЛЕЗ Румено. Румено. Румено. Како занесена песна во синото море на горите тоне залезот. Од тревите до кавалот од стадото до облакот сè е бујно запалено. Од градите до песната од чекорот до чешмата сè е чудно разгалено. Стадо в кавал заљубено ѕвоно в песна изгубено око в божур залудено Румено. Румено. Румено. Матеја Матевски

зи­те­тот Мериленд во САД во кни­ жевниот портрет, есеј за Матеја Ма­ тев­ски, во делот за триптихонот Дож­ ­дови (1955) ис­так­нува: Живата сликовитост на песна­ та не е нетипична за поезијата што се пишува во 60-тите и 70-тите годи­ ни во Ма­ке­до­ни­ја... Но, грижата на Ма­тевски за конструкцијата, него­ вата интелектуална и структурна контрола на метафората (тоа подо­ цна се среќава и во неговите подоц­ неж­ни песни, -како Липа) е можеби един­ствена, тоа е нешто невообича­ ено за поезија пишувана на еден нов кни­жевен јазик. Нема дилема дека пое­зијата од овој вид во прва збирка ў ветуваше многу на македонската пое­зија што дури сега, со втората ге­ не­рација претставува живо присус­ тво во европската литература.

Поезијата на Матеја Матевски заслужи значајно место не само во јужносло­

венската туку и во европската поезија. Неговото чувство за поетски ред и контрола, неговата остра перцепција, неговото длабоко чувство, неговата чиста приемчивост и неговата вештина им служат како мерило на неговите совре­ меници и наследници во Македонија и надвор од неа. Но, што е можеби најзна­ чајно за неговата литература, и повторно, токму за неговата поезија, сведочи за тоа дека, како што би рекол Хенри Џемс, тука имаме една личност кај која не е ништо испуштено - напиша Милне Холтон, по разгледувањето на книгите, заклучно со Раѓање на трагедијата Рационалната економична структура на интелектуалната поезија на Матеја Матевски не е пречка за звучната асоцијативност на неговите Ѕвона, за префинета сликовитост на неговата Трева, Топола, каде што живата и неживата, втора природа како да ги менуваат местата: нерамната / висока / разбранета ливада на куќите ја гледа тополата, тој зелен водоскок што балансира на ветерот, а тревата - малата полјанка на туѓите убави надежи залутала во пејсажот од же­лезо цреп и бетон. Матевски е мајстор на повеќеслојниот стих. Така, Празнична ро­манса, - тоа е слика на еден ден и на еден живот со виножитни надежи на ут­рото, младоста, и со рингот на пладнето, и со страшните метаморфози на ста­роста - квечерината, горчината на еден пораз тих... Идејата на метаморфозата кај / Матевски се доживува како симбол на непостојаноста на животот и духот во нашиов бурен, бременит со глобални катастрофи век. Но, и како возбудливо прет­чувство на благите промени, како вечен императив на мислата:

327 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 328

македонија е република на поезијата Веслото дамна ти зрее во некоја далечна шума а ленот го ткае едрото на твоите сини ветрови. - истакна Владимир Огњев, Русија, 1988 г. (во предговорот на антологијата на македонската поезија - Корни и ѕвезди, на руски јазик.) Погледот на Матевски полека се продлабочува, ја достига со полна свест до темниот почеток на крвта и, иако секогаш контролиран, се обојува со тра­ гична жестокост преку една балканска историја веќе добро окрвавена... за да стаса до античкиот фатализам (Епидаурус), или уште поопшто, до големиот театар на светот што продолжува да гледа како публиката и аплаудира на смртта, во една неверојатна и парадоксална несвесност - оцени Реиналдо Валињо Алварес, Бразил, 1998 год. по повод Циклус за светулките објавено во списанието на Постојаниот семинар за компаративна литература (бр.7) на Филолошкиот факултет Рио де Жанеиро.

329 СВП 50 - ГОДИНИ


Меѓународна награда „Мостови на Струга“ 2011

СВП 50 - ГОДИНИ 330

македонија е република на поезијата Хироши Таниучи - Јапонија

Поет и преведувач, роден е на 19. 2. 1976. Дип­ло­мирал на Катедрата за фран­цуски култура на Уни­вер­зи­ те­тот во Осака Пре­фек­т ура. Член на Асо­ци­ја­ци­јата на јапонски поети, уни­­верзално поетско здружение Кан­ саи, уредник на меѓународната јапон­ ски пу­б­ликацијата Поетски мост: Ама Хасхи. Да си ги пуштиш корените оттука е сосема доволно Паѓав кон дното. Кога погледнав нагоре сфатив дека Небото е многу високо. Дождот паѓа кон земјата. Кога погледнав надолу сфатив дека Да си ги пуштиш корените оттука е сосема доволно. Тоа е најкраткиот пат оттука до срцето на земјата. Хироши Таниучи

331 СВП 50 - ГОДИНИ


СВП 50 - ГОДИНИ 332

што може позијата, што можат поетите?

333 СВП 50 - ГОДИНИ

Што може позијата, што можат поетите? Можат ли да го променат све­ тот тие страдалници, слични по оптит како подовигот Христосов. Поезија ќе пи­шуваат сите, како што предвидуваше големиот поет Бранко Миљковиќ, автор на песната посветена на Охридските трубадури. Поетите можат да ни ја заблажат душата да ни го загорчат здивот. Многумина светски поети и пос­ ветија песни на Македонија, на Скопје, Битола, Крушево, Прилеп....Најмногу мо­жеби на поетската престолнина Струга и на Охрид. Адам Пуслоиќ од Србија им се обрати на македонские колеги. До македонските поети Под тешкиот поглед на Вапцаров Од македонските пријатели добив чудна, тешка фотографија: поетот Вап­царов те гледа (рамно) в очи. Дали е тоа поглед со кој ги видел своите убијци? Фотографијата е напра­ вена на 23 јули 1942 год. На денот на поетовото стрелање од бугарските фашис­ ти. Гледајте: Тешко ми е. Никола, да бидам Горен од твоите очи, спроти тебе Каде што стојам сега, а стоеја тие Јули е дваесет и трети, во самрак Меѓу браќата си, а не си Жив си Сега засекогаш! Ќе живее твоето чело. И нема мисла која може да те убива. Во прегратка на смртта засолнет, ти си Македонија ставена на нозе, на тело. Вратена на бистрината, можеш да и се нагледаш. Дури и кога би морал се со смртта да платам Тој живот со челични шепи груби... Беше тоа твој диктат, единствена твоја уцена. се знаевте ли од порано, смртта и ти? Го играте тешкото, рамо до рамо. Зошто јас да стојам тука кај што стојам? нека стојат тие! Под тешкиот поглед твој Да се видат себеси во лицето - твое! Насетиш ли убиец во мене, тоа е Потрагата по точното место, кај е - кој е. Јас не сум; не можам да бидам! Јас твој сум Поглед возвратен, строг, не зол. Кога смртта се гледа в лице се се знае. И никогаш не ќе те заборави окото на убиецот, Ниту браќата што ќе дојдат, а ќе дојдат - потоа. Во твојот дом. Пристигнуваме! Излези брате Никола, Излези на портата - на Македонија. Адам Пуслоиќ


што може позијата, што можат поетите?

СВП 50 - ГОДИНИ 334

Истакнатиот француски поет Ежен Гилвик, знаменито име и на светс­ката поезија, добитник на „Злат­ниот венец“ на „Струшките ве­чери на поезијата“ во 1976 годи­ на, истакна: Не само што мислам туку и пот­врдувам дека сите историчари згре­шиле. Рајот на земјата, тоа е Ма­ ке­донија. И сега гледаме што остана­ ло од тоа. Никаде нема толку добри, тол­ку пријатни, толку добродушни, тол­к у великодушни како што се Маке­донците. Ги бакнувам сите и со нив сите нивни пријатели. И Шандор Вереш од Унгарија ја опеа Македонија.

СТРУШКИ СПОМЕН Цел свет знае колку страдала Македонија, па, сепак, оваа земја е вечно млада и вечно убава мајка. 27 август 1969 Шандор Вереш, Унгарија

335 СВП 50 - ГОДИНИ

А Хорија Зилиеру од Романија во Песна за Македонија испеа: Дома ко гостин ти дојдов Тебе, Ти зборам со праведен јазик и вишен Ко ѕвезда во бескрајно небе - Место што наоѓа светлост да дише. Срцево крв пулсира и темјан И ја добива твојата чиста лика, Со планини, вода, воздух и земја - В цркви одекнува од ѕвона блика. Леб ти кршам и ронка ми паѓа, Ко селанец го посолувам со сол. Дури солза во зборот се раѓа, Во каменот гледаш чемери и бол. Вино ти пијам и истурам капка За предците в гробови помен, Оти им сеќавам и здив и стапка Во разговор како си думаат спомен. Со љубов ми ги стисна моиве раце - свршувачка со човечност древна Празнику меѓу смев и плач од зраци, Земјава пламти во вечноста земна. Научените зборови чинам Од волшебна птица се испеан сон, А вљубените за бакнеж што зинат Морскиот брег ли ги носи од некој ѕвон. Да, тука Боговите не именуваат по име И ние ги викаме толку едноставно Додека нашите предци Сонуваат вечни патувања Кон душата на родот наш. Сонце, вода, светлина И една вселена од знаци Во секого што ја раѓа Вечноста. Хорија Зилиеру, Романија


СВП 50 - ГОДИНИ 336

што може позијата, што можат поетите?

337 СВП 50 - ГОДИНИ

Поезијата ги зближува луѓето, „Струшките вечери на поезијата“ се потврда за тоа веќе половина столетие. Рита Буми-Папа од Грција посвети песна на обичниот македонски човек, ословувајќи го со Македонец. ПЕСНА ЗА МАКЕДОНЕЦОТ На обичниот македонски човек В срце те носам и песна ти слагам плод на искрена љубов. Облечен во оклопот на времиња нови верен печат на старите нежен како денот што доаѓа како денот што си оди добар, скромен, осмислен, жилав со решавачкиот марш на Иднината на твоето лице. Во земјата твоја се собра светлината сета блескаш блеска се наоколу со ора, со песни и музика зборува народот твој. Каков стремеж ти требаше да ја научиш азбуката мој вчерашен овчар орач номад упорно наведнат врз еден кодекс го дешифрира сето словено-македонско чудо. Красноречиво, со спокоен глас му го пренесуваш на странскиот гостин По патот на предците, долг и облеан со крв неуморен, чиниш тркало сигнализатор светлосен зелен молчелива готовност

воздржана насмевка упорен ученик на великиот Климент јуначка ќелија на социјализмот Господар гордост на победата негова преданост на аловата ѕвезда. Во дебрите на поетите изненадувачки џбун во нивниот собир во Струга восторжен поздрав, сенко брза во водите на Охридското Езеро на реката Дрим на Вардар татко. Ја зголемуваш ти реколтата и го знаеш ти тоа достојно работиш и владееш заедно мал небесен одблесок твојот искрен смев во сесветлите дворци што не домуваш пред чудесните што им припаѓаат на сите Твоите другари маченици Вардариј, Евгениј, Оресиј,* те поздравуваат од висините поетот те вика војник на Иднината и јас, Македонецу, капка нежна врз стариот мермер мој. Рита Буми-Папа, Грција *

Според поетесата: имиња на христијански маченици од територијата на денешна Македонија.


СВП 50 - ГОДИНИ 338

што може позијата, што можат поетите?

Црногорскиот поет Сретен Перовиќ повика: Стру­ га во својот живот на многумина од нас ни помага­ла да се запознаеме меѓусебно, да создадеме трајни при­ја­ телства и да послужиме не само за афирмација на свои­ те национални литератури туку и на хуманистичките идеи во целина. Ве повикувам да се сетиме на мис­лата на Његош, мислата на големиот црногорски поет од 19 век, чии идеи сè уште и денес зрачат со модерна мис­ла, да се сетиме дека треба да се настојува човештвото кое оди напред да не оди со главата свртена наназад. Сре­тен Перовиќ, пак, испеа:

МАКЕДОНИЈА ЕКУМЕНА Ehaudi Domine

Да те видам да прогледам за да не би да превидам од шашлива ѕвезда вишна над остриот врв на Ловќен од зората непримерна на страдната Црна Гора да те отмам од гнездото сето полно со медузи дури ти ги напаѓаат старите ти твои лузни на лицето испосничко со аскетска милост света Македонијо ти мајко на солзи што венец плетат Macedonia erudita Macedonia elevata Macedonia efemerida Macedonia efeminata Macedonia ekumena Macedonia errata\ Macedonia enalogena Macedonia eliderata Стебло високо со изглодано лисје молњо во грлото на божилакот скитник на огнот тишино, звуку дамна сакан се топи ли таа измрзната рака? Macedonia egiada Macedonia ehudata Macedonia elodea Macedonia ehuliziata Жална мајко на солзите што во тебе тонат чисто те глода ли уште стрвно насилничка туѓа глава? Те креваат ли нагоре на крст исто како Христа со силата на огнот ли молитвата ти ја дават?

Makedonija ateknija Makedonija anfolmija Makedonija aksenija Makedonija atelika Makedonija eudomena Разбуди ги о Севишен од секаква злоба лишен! Таа клетва што моите сега мене ми ја нудат како мелем за раната што страдање пално раѓа и мислите од несони утринум ги грижно нуди врз главата на душманот везден силно нека паѓа: Ти душману да препукнеш од својата тешка мака Песја душа по севезден низ светот да носиш! И со слуден лик за навек ти сегде да акаш! Од крвникот леб насушен дај боже да просиш! Луѓе божји - и смрт твоја да ти презираат! Macedonia adjustata Macedonia aboliata Macedonia beata Амин! Сретен Перовиќ

339 СВП 50 - ГОДИНИ


ПРИЛОЗИ


343 СВП 50 - ГОДИНИ

Добитница на награди на СВП Наградите како признание и како стимул за поетско творештво се во­ ведоа вп 1963 г. и тоа „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на ма­кедонски автор, објавена меѓу два фестивали, три награди за најдобри песни про­читани за првпат на СВП, а во 1964 г. се воведе и наградата на РТС за нај­ добра книга за деца објавена меѓу два фестивали. Во 1970 г. се воведе наградата Григор Прличев за најдобар препев на пое­зија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 г. оваа награда му се от­стапи на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија.

НАГРАДА „ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ“ Во 1966 година се востанови наградата „Златен венец“ за најдобра необ­ја­ вена песна прочитана во Струга. Златниот венец за најдобра песна добиле: l 1966 г. Роберт Рождественски (Русија) за песната Се роди човек. l 1967 г. Булат Окуџава (Русија), за песната Оловното војниче намојотсин. l 1968 г. Ласло Наѓ (Унгарија) за песната Крадец си во песна што се криеш. l 1969 г. Мак Диздар (Босна и Херцеговина), за песната Сина река. l 1970 г. Миодраг Павловиќ (Србија), за песната Караници.

„ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ“ за целокупен поетски опус. l 1971 г. Вистан Хју Одн (САД) l 1972 г. Пабло Неруда (Чиле)

l 1973 г. Еуџенио Монтале (Италија)

l 1974 г. Фазил Хисни Дагларџа (Турција)

l 1975 г. Леополд Седар Сенгор (Сенегал) l 1976 г. Ежен Гилвик (Франција)

l 1977 г. Артур Лундквист (Шведска) l 1978 г. Рафаел Алберти (Шпанија)

l 1979 г. Мирослав Крлежа (Хрватска)

l 1980 г. Ханс Магнус Енценсбергер (Германија) l 1981 г. Блаже Конески (Македонија) l 1982 г. Никита Станеску (Романија)

l 1983 г. Сачидананд Хирананд Ватсјајн - Агјеј (Индија) l 1984 г. Андреј Вознесенски (Русија) l 1985 г. Јанис Рицос (Грција)

l 1986 г. Ален Гинзберг (САД)

l 1987 г. Тадеуш Ружевич (Полска)

l 1988 г. Десанка Максимовиќ (Србија) l 1989 г. Томас Шапкот (Австралија)

l 1990 г. Хусто Хорхе Падрон (Шпанија)


СВП 50 - ГОДИНИ 344

345 СВП 50 - ГОДИНИ l 1991 г. Јосиф Бродски (САД)

l 1992 г. Ференц Јухас (Унгарија)

l 1993 г. Генадиј Ајги (Чувашка република, Русија) l 1994 г.Тед Хјуз (Велика Британија) l 1995 г. Јехуда Амихај (Израел)

l 1996 г. Макото Оока (Јапонија)

l 1997 г. Адонис (Сирија) l 1998 г. Лу Јуан (Кина)

l 1999 г. Ив Бонфоа (Франција)

l 2000 г. Едоардо Сангвинети (Италија) l 2001 г. Шејмас Хини (Ирска)

l 2002 г. Славко Михалиќ (Хрватска)

l 2003 г. Томас Транстормер (Шведсла)

l 2004 г. Васко Граса Моура (Португалија) l 2005 г. Вилијам. С. Мервин (САД) l 2006 г. Ненси Морехон (Куба)

l 2007 г. Махмуд Дарвиш (Палестина) l 2008 г. Фатос Арапи (Албанија)

l 2009 г. Томаж Шаламун (Словенија) l 2010 г. Љубомир Левчев (Бугарија)

l 2011 г. Матеја Матевски (Македонија)

НАГРАДА „МОСТОВИ НА СТРУГА“ за најдобра дебитантска книга по пат на меѓународен конкурс l 2004 г. Ангело В. Суарез (Филипини) l 2005 г. Андреа Коте (Колумбија)

l 2006 г. Маријана Гејде (Русија) l 2007 г. Мануа Рима (Белгија)

l 2008 г. Антонија Новаковиќ (Хрватска) l 2009 г. Усман Сар Сарус (Сенегал)

l 2010 г. Сим Кера (Естонија)

l 2011г. Хироши Таниучи (Јапонија)

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЗНАНИЈА l 1996 г. Соломон Маркус - Повелба за високи дострели во крити­ ката и литературата l 1996 г. Божена Справцова, Чешка - награда Струшка лира l 1998 г. Тери Иглтон - Повелба за високи дострели во критиката и литературата l 2010 г. Боб Дилан, амеркинански поет и музичар – „Струшките вечери на позијата“ му доделија специјална почесна Повелба за неговиот придонес во светската поезија. Повелбата му ја врачи претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов.

НАГРАДА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

l 1963 г. Матеја Матевски Рамноденица l 1964 г. Анте Поповски Непокор

l 1965 г. Радован Павловски Корабија l 1966 г. Богомил Ѓузел Миросници

l 1967 г. Влада Урошевиќ Летен дожд

l 1965 г. Петре М. Андреевски Дениција

l 1969 г. Миле Неделкоски Еретикон-Еротикон l 1970 г. Петар Т. Бошковски Постела од трње

l 1971 г. Петре М. Андреевски Дални наковални l 1972 г. Богомил Ѓузел Бунар во времето

l 1973 г. Влада Урошевиќ Ѕвезда на терезија l 1974 г. Блаже Конески Записи

l 1975 г. Гане Тодоровски Снеубавен ден

l 1976 г. Ацо Шопов Песна за црната жена

l 1977 г. Атанас Вангелов Глетки и привиденија

l 1978 г. Милован Стефановски Ѕид пред бескрајот l 1979 г. Славко Јаневски Оковано јаболко

l 1980 г. Ефтим Клетников Окото на темниот l 1981 г. Матеја Матевски Липа

l 1982 г. Михаил Ренџов Нерези

l 1983 г. Адем Гајтани Лебедова песна l 1984 г. Тодор Чаловски Јадро

l 1985 г. Лилјана Дирјан Жива мера

l 1986 г. Влада Урошевиќ Хипнополис

l 1987 г. Петко Дабески Четврта координата l 1988 г. Славко Јаневски Песји шуми l 1989 г. Катица Ќулавкова Жедби

l 1990 г. Раде Силјан Заѕидување на сенката l 1991 г. Ристо Василевски Плодоред l 1992 г. Јордан Даниловски Коба

l 1993 г. Бранко Цветкоски Молитвен веј

l 1994 г. Петре Бакевски Низ златниот прстен на сонцето l 1995 г. АнтеПоповски Привиденија

l 1996 г. Светлана Христова Јоциќ С.бесмртна

l 1997 г. Глигор Стојковски Заборавено око на небото

l 1998 г. Гордана Михаилова Бошнакоска Планиниод картонски кутии l 1999 г. Јован Котески Разор

l 2000 г. Славе Ѓорѓо Димоски Темно место l 2001 г. Санде Стојчевски Тримка

l 2002 г. Радован Павловски Штит

l 2003 г. Ефтим Клетников Живиот камен l 2004 г. Петко Дабески Сноп параболи l 2005 г. Петар Т. Бошковски Вратика


СВП 50 - ГОДИНИ 346

347 СВП 50 - ГОДИНИ l 2006 г. Братислав Ташковски Големат љубовна песна

l 1982 г. Јован Павловски за На сите светски страни само Ани, само

l 2008 г. Ристо Лазаров Среде

l Во 1983 г. Милутин Бебековски за Дренов цут.

l 2007 г. Никола Маџиров Преместен камен l 2009 г. Весна Ацевска Столисник

l 2010 г. Владимир Мартиновски Квартети

НАГРАДА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ l 1970 г. Гане Тодоровски за препев поезија од Едгар Алан По l 1971 г. Слободан Мицковиќ за препев поезија од Мајаковски l 1972 г. Богомил Гузел за препевот на Крал Лир од Шекспир l 1973 г. Пеги и Греам Рид за препевот на Сердарот од Г. Прличев l 1974 г. Влада Урошевиќ за препев на книгата Поезија на Ш.Бодлер и Георги Сталев за препев на Поезија од М.Ј.Љермонтов l 1975 г. Матеја Матевски за препев на поезија од Лорка l 1976 г. Адем Гајтани за препев на поетската книга Балада за времето од Матеја Матевски l 1977 г. Душко Томовски за препев на Фауст од Гете Наградата Григор Прличев се отстапи на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија. НАГРАДА НА РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА СКОПЈЕ l 1964 г. Јован Стрезовски за книгата Дружината братско стебло и Бошко Смаќоски за книгата Еден багрем и четири деца l 1965 г. Србо Ивановски за Сончево око l 1966 г. Оливера Николова за Земјата во која никогаш не се стигнува l 1967 г. Волче Наумчевски за Светулки l 1968 г. Славко Јаневски за Црни и жолти l 1969 г. Глигор Поповски за Што има зад тополите и Александар Поповски за Еден ден војна l 1970 г. Стојан Тарапуза за Дамбара думбара l 1971 г. Видое Видически за Голема шума и Тихо Најдоски за Солзи l 1972 г. Јован Павловски за Мишо, ишо, шо l 1973 г. Глигор Поповски за Испит l 1974 г. Видое Подгорец за Бигорна љубов l 1975 г. Оливера Николова за Пријателите Бон и Бона и Стојан Тарапуза за Деновирки l 1976 г. Цане Андреевски за Планета од пепел и Хасан Мерџан за Улица на слепиот ага l 1977 г. Јован Павловски за Значка и Абдулазис Исљами за Курирчето Артан Арта. l 1978 г. Оливера Николова за Мојот звук. l 1979 г. Стојан Тарапуза за Седум брода. l 1980 г. Глигор Поповски за Испит. l 1981 г. Александар Поповски за Разлетување.

Ани и Петре М. Андреевски за Шарам барам.

l 1984 г. Тихо Најдовски за И така се расте и Звонко

Стојановиќ за Децата сакаат до сонцето. l 1985 г. Генади Болиноски за Растење. l 1986 г. Велко Неделковски за Пролетни авантури. l 1987 г. Томе Момировски за Бела. l 1988 г. Ристо Лазаров за книгата Горјан во Дојран. l 1989 г. Ванчо Полазаревски за Смејалиште.

НАГРАДА НА ДЕТСКА РАДОСТ Од 1990 година наградата за најдобра книга за деца објавена меѓу две Струги ја доделува издавачката куќа Детска радост, Скопје. Таа година наградата ја доби Михо Атанасовски за книгата Зад девет гори зелени НАГРАДА ЗА ПЕСНА Од 1963 до 1967 година се доделува награда за најдобра песна прочита­ на на фестивалот. Наградата ја добиле: Матија Бечковиќ, Бошко Смаќоски, Влада Урошевиќ, Лазо Каровски, Јован Котевски, Милан Терзовски, Ѓоре Напески, Михаил Ренџов, Драган Кулунџија. НАГРАДА НОВА МАКЕДОНИЈА 1989 година се воведува награда НоваМакедонија за најдобра песна прочитана на Струшките вечери на поезијата. Добитници на оваа награда се: l 1989 година Хусто Хорхе Падрон (Шпанија) l 1990 година Викторија Теодору (Грција) l 1991 г. Ентони Твејд (Велика Британија) l 1992 г. Томаж Шаламун (Словенија) l 1993 г. Димитру М. Јон (Романија) l 1994 г. Аниз Колц (Луксембург) l 1995 г. Серге ван Дајховен (Холандија) l 1996 г. Анатолиј Парпара (Русија) l 1997 г. Гаетано Лонго (Италија) l 1998 г. Паоло Гир (Швајцарија) ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТОТ И УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВП l Ацо Шопов (1962 и 1969) l Коце Солунски (1963) l Милан Ѓурчинов (1964 и 1965) l Анте Поповски (1966, 1967, 1978 и 1979) l Славко Јаневски (1968) l Гане Тодоровски (1970 и 1971)


СВП 50 - ГОДИНИ 348

349 СВП 50 - ГОДИНИ l Симон Дракул (1972 и 1973)

l 1991: Современа швајцарска поезија

l Благоја Иванов (1980)

l 1993: Современа италијанска поезија

l Матеја Матевски (1974, 1975, 1976 и 1977) l Јован Котески (1981 и 1982)

l Слободан Мицковиќ (1983 и 1984) l Петар Т. Бошковски (1985 и 1986) l Трајан Патровски (1987 и 1988) l Веле Смилевски (1989)

l Петре Бакевски (1990, 1991, 1992 и 1993) l Атанас Вангелов (1994)

l Паскал Гилевски (1995, 1996, 1997 и 1998) l Братислав Ташковски (1999, 2000 и 2001)

l Зоран Анчевски (2003, 2004, 2005, 2006 и 2007) l Илијаз Османи (2008)

l Славе Ѓорѓо Димоски (2009, 2010, 2011)

ДИРЕКТОРИ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА l Петар Чакар, директор од 1967 до 1970 г. l Јован Стрезовски, директор од 1971 до 1993 г. l Богомил Ѓузел, уметнички директор 1971 и 1972 и директор 1999, 2000 и 2001 l Ефтим Клетников (2004, 2005, 2006 и 2007) l Данило Коцевски (2008, 2009, 2010, 2011) АНТОЛОГИИ НА СТРАНСКИ ПОЕЗИИ ОБЈАВЕНИ НА СВП l 1971: Современа италијанска поезија l 1972: Современа советска поезија и антологија на романската поезија l 1973: Современа полска поезија l 1974: Современа чилеанска поезија l 1976: Финска поезија l 1977: Современа поезија на Алжир l 1978: Современа палестинска поезија и Германска поезија на 20 век l 1979: Модерна американска поезија l 1980: Нова унгарска поезија, Современа индиска поезија l 1981: Современа грчка поезија l 1982: Австриска поезија на 20 век l 1983: Современа поезија на Венецуела и Современа поезија на Чехословачка l 1984: Современа поезија на Египет l 1985: Нова кинеска поезија l 1987: Современа австралиска поезија l 1988: Современа шведска поезија l 1989: Современа белгиска поезија l 1990: Современа британска поезија

l 1992: Современа луксембуршка поезија l 1994: Современа германска поезија l 1995: Современа данска поезија

l 1996: Современа поезија на Албанија l 1997: Современа корејска поезија l 1998: Шпанска поезија на 20 век

l 1999: Современа бугарска поезија l 2000: Современа руска поезија

ИЗДАНИЈА ПЛЕЈАДИ 1999 г. Вежби по пеење и мислење - Вјечеслав Купријанов (Русија) Далечна земја - Маркос Месос (Грција) Лузни - Блага Димитрова (Бугарија) Ден со тага - Фатос Арапи (Албанија) Година на црните јаболка - Славко Михалиќ (Хрватска) 2000 г. Поезија - Рајне Кунце (Германија) Цветен сон - Иштван Аг (Унгарија) Раната на светот - Вено Тауфер (Словенија) Давејќи се дишам чиста вода - Амир Ор (Израел) Лицето на стравот - Ездемир Инџе (Турција) Љубовта љубов бара - Јан Твардовски (Полска) Кога светулките расцутуваат во вселената - Томас Транстромер (Шведска) Патувањата низ талкачките мугри - Кенет Вајт(Велика Британија) 2001 г. Јубилеј - Жан Ложие (Франција) Катадневен јубилеј - Милан Руфус (Словачка) Оттука не си оди никој - Леополд де Луис (Шпанија) Метафизика на самракот - Радмила Лазиќ (Србија и Црна Гора) Дарот на празнината - Мохамед Бенис (Мароко) 2002 г. Гласови и сенки - Катарина Фростенсон (Шведска) Наследство - Том Пецинис (Австралија) 2003 г. Светлини и сенки - Елен Дорион (Канада) Жртвеник - Павло Мовчан (Украина) Полска коњица - Марко Вешовиќ (Босна и Херцеговина) Внатрешен прогон - Анастасис Вистонитис (Грција) Прва и последна - Сафа Фати (Египет)


СВП 50 - ГОДИНИ 350

351 СВП 50 - ГОДИНИ

Со јака од камен воденички камен - Николај К’нчев (Бугарија) Поразот на Лек Дукаѓини - Дритеро Аголи (Албанија) 2004 г. Басна или шума - Филип Џонс (Белгија) Сол и сеќавања - Абдел Кадер Ел Џанаби (Ирак) Игра на птицата и кафезот - Артуро Коркуера (Перу) Архангел во саѓи - Ана Бландијана (Романија) Почвата на Александар - Шудип Сен (Индија) Тестамент на болката - Џон Ф. Дин (Ирска) Постела од несоници - Беи Дао (Кина) 2005 г. Дреболии - Шунтаро Таникава (Јапонија) Време воено и скудно - Брејтен Брејтенбах (Јужна Африка) Украдено време - Рита Дав (САД) Слогови од песок - Лионел Ре (Франција) Да учиш за човек - Лез Мари (Австралија) Камен поголем од небото - Тарек Елтајеб (Судан) Струга - Еди Бурауи (Канада) 2006 г. Несигурно тело - Хозе Луис Реина Палазон (Шпанија) Да се сочува трагата - Александар Воазар (Швајцарија) Љубовта, смртта и други пороци - Казимиро де Брито (Португалија) Миса и други песни - Кнут Едегорд (Норвешка) Параболи и каприча - Петко Дабески (Македонија) Одбрани песни - Петар Т. Бошковски (Македонија) Имагинарни крави - Селима Хил (Велика Британија) 2007 г. Окото на пат - Џевахир Спахиу(Албанија) Белези на галежот - Пиа Тафдруп (Данска) Тука и сега - Лулјан Вутерс (Белгија) Асгрономија на гладниот - Сјон (Исланд) Син час - Каролин Форше (САД) Ослободени зборови - Бернард Видер (Австрија) 2008 г. Небесна и земна - Иван Гранитцки (Бугарија) Светлина - Марек Ваваршкиевич (Полска) The Ese of the Angel - Братислав Ташковски (Македонија) Спротивно - Рима Казакова (Русија)

2009 г. Книги преводи на англиски јазик од поезијата на македонските поети: Анте Поповски, Гане Тодоровски,Влада Урошевиќ, Блаже Конески, Петре М. Андреевски,Миле Неделковски, Радован Павловски, Никола Маџиров, Богомил Ѓузел, Адем Гајтани. Старата монета - Сергеј Главјук (Русија) Камен во погрешни раце -Срба Игњатовиќ (Србија) 2010 г. Книги преводи на англиски јазик од поезијата на македонските поети: Михаил Ренџов, Петре Бакевски, Атанас Вангелов, Славко Јаневски, Ефтим Клетников, Лилјана Дирјан, Тодор Чаловски, Раде Силјан, Ацо Шопов, Милован Стефановски, Ристо Василевски. Човекот во срцето на светот - Жан Пиер Симеон (Франција) Ангелот со црни перја - Милан Рихтер (Словачка) Глава од ебановина - Родолфо Хеслер (Шапанија) ТЕМАТСКИ ИЗБОРИ ОД СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА l 1999 г. На крај од милениумот l 2000 г. Орфеј и Исус (Библиски мотиви) l 2001 г. Песноносници (Антологија на добитници на наградата „Браќа Миладиновци“) l 2002 г. Тело и струна (Љубовни и еротски мотиви) l 2003 г. Течно сонце (Водата - Сушата) l 2004 г. Куќа цел свет (Куќата - Прагот) l 2005 г. Тишината меѓу два збора (Арс Поетица) l 2006 г. It pictura poesis (Поезијата во дијалог со ликовните уметности) l 2007 г. Кафез од брчки (Поезијата и детството) l 2006 г. Песната меѓу две лета l 2009 г. Песната меѓу две лета Млада македонска поезија l 2010 г. Песната меѓу две лета ПОЕТСКИ АНТОЛОГИИ ОД ЗЕМЈИТЕ УЧЕСНИЧКИ l 1971 г. Современа италијанска поезија l 1972 г. Современа советска поезија; Антологија на романската поезија l 1973 г. Современа полска поезија l 1974 г. Современа чилеанска поезија l 1976 г. Финска поезија l 1977 г. Современа алжирска поезија l 1978 г. Современа палестинска поезија; Германска поезија на 20 век l 1979 г. Модерна американска поезија l 1980 г. Нова унгарска поезија; Современа индиска поезија l 1981 г. Современа грчка поезија l 1982 г. Австриска поезија на 20 век


СВП 50 - ГОДИНИ 352

353 СВП 50 - ГОДИНИ l 1983 г. Современа венецуелска поезија; Современа поезија на

Чехословачка l 1984 г. Современа египетска поезија l 1985 г. Нова кинеска поезија l 1987 г.Современа австралиска поезија l 1988 г. Современа шведска поезија l 1989 г. Современа белгиска поезија l 1990 г. Современа британска поезија l 1991 г. Современа швајцарска поезија l 1992 г. Современа поезија на Луксембург l 1993 г. Современа италијанска поезија l 1994 г. Современа германска поезија l 1995 г. Современа данска поезија l 1996 г. Современа албанска поезија l 1997 г. Современа корејска поезија l 1998 г. Шпанска поезија на 20 век l 1999 г. Современа бугарска поезија l 2000 г. Современа руска поезија l 2001 г. Современа португалска поезија l 2002 г. Современа поезија на Мароко l 2003 г. Современа индиска поезија напишана на англиски l 2004 г. Современа холандска поезија l 2005 г. Современа израелска поезија l 2006 г. Современа карипска поезија l 2007 г. Современа турска поезија l 2007 г. Современа украинска поезија l 2008 г. Современа норвешка поезија l 2009 г. Современа азербејџанска поезија

СИМПОЗИУМ (теми) l 1962: Поезијата и традицијата l 1963: (не се одржа поради земјотресот во Скопје) l 1964: Поезијата и нејзината комуникативност l 1965: Одговорност на поетот пред себеси и пред светот l 1966: Можности и видови на поетското остварување денес l 1967: Дијалог за поезијата и иднината l 1968: Минатото на поетските светови денес l 1969: Ангажирана поезија, што е тоа? l 1970: Локалната боја и универзалното значење на поезијата l 1971: Поезија и современост l 1972: Враќање кон поезијата l 1973: Актуелните тенденции на поезијата l 1974: Поезијата- втора реалност l 1975: Поезијата низ отпорот, револуцијата и слободата

l 1976: Искушението на поетот пред иднината

l 1977: Актуелните текови на поезијата на земјите-учеснички l 1978: Поезијата и критиката

l 1979: Јазикот на поезијата во одбрана на човековиот говор l 1980: Што може поезијата?

l 1981: Поетската авангарда денес

l 1982: Толкување на поезијата денес

l 1983: Поезијата меѓу сонот и реалноста l 1984: Поезијата и времето

l 1985: Руралното и урбаното во поезијата

l 1986: Поезијата - дијалог меѓу културите и цивилизациите l 1987: Поезијата и јазикот

l 1988: Вечнии современи поетски предизвици l 1989: Поезијата меѓу звукот и знакот l 1990: Поезијата и крајот на векот l 1991: Поезијата и светите книги

l 1992: Националното и универзалното во поезијата l 1993: Генеза на поезијата

l 1994: Поезијата и тишината

l 1995: Поезијата и светлината l 1996: Вечното во поезијата

l 1997: Мојата земја, мојата поетика l 1998: Поетиката на 20 век l 1999: Номадизам

l 2000: Поезија и религија (2000 г. од Христијанството) l 2001: Поезијата на промените и премините l 2002: 3атемнатата муза

l 2003: Исток/запад: Медитеранот како поетски палимпсест. l 2004: Куќа.Праг

l 2005: Арс поетика l 2006: Песна/слика

l 2007: Поетски номадизам.Егзил

l 2008: Јазикот, поезијата и идентитетот l 2009: Поезија и музика

l 2010: Поезијата и мас-медиумите

УЧЕСНИЦИ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА АВСТРАЛИЈА Томас Шапкот, Ана Фарбарн, Линдон Роз, Марџори О’Ди, Лес А. Мареј, Марк О’Конор, Дејвид Малуф, Филип Мартин, Дороти Грин, Ален Голд, Џој Крипс, Ален Верн, Вики Ремон, Филип Салом, Кетрин Галагер, Том Пецинис, Иван Трпковски, Душан Ристевски, Борис Лозановски, Димче Џајковски, Васка


СВП 50 - ГОДИНИ 354

355 СВП 50 - ГОДИНИ

Дреновска, Бранко Наумовски, Том Гранд, Перо Дамевски, Греам Хендерсон, Лидиа Шимкус, Бошко Рајчески Пелистерски, Питер Бојл. АВСТРИЈА Ина Јун Брода, Хаиде Патаки, Макс Деметар Рејфус, Петер Хениш, Алојз Хергут, Фрич Рихтер, Дорис Мухрингер, Андре Кокот, Маргарет Херцеле, Јанко Меснер, Петер Паул Виплингер, Петер Тиран, Георг Јонке, Јанко Ферк, Ерих Рихтер, Кристијан Лојд, Ханс Рајмунд, Зоран Константиновиќ, Бернард Видер, Бебрард Питер, Ана Утлер, Џоана Фидерстон, Лојзе Висер. АЛБАНИЈА Дритеро Аголи, Илинден Спасе, Фатос Арапи, Спасе Мазенкоски, Џеваир Спахију, Ндоци Гејта, Анди Бајтја, Илка Мујо, Мекси Мира, Висар Жити, Рита Филипи, Бијар Худри, Моиакам Зеќо, Фљутра Ачка, Бардул Лондро, Јорго Браци, Адријатик Каљули, Дори Кирјази, Перикли Јоргони, Кимет Фетаху, Агим Шеху, Ук Зенел Бучпапај, Енела Сафети, Антон Пплека, Бесим Мучо, Наташа Љако, Димитер Појанаку, Керим Ујкани, Преч Зогај, Рајмонда Мојсиу, Сивиа Фатиме Кули, Агрон Туфа, Екрем Баша, Мимоза Сали, Елда Коконеши. АЛЖИР Абу ел-Касем Камер, Бауд Мохамед Салах, Мортад Абдел Малек, Хамри Бахри, Зетили Мохамед, Хамди Абдулах, Џемаил Амрант, Акилал Мохамед Ел Хасан, Азедин Нихуби, Камар Мохамед Белкасем, Слиман Дежуади, Мохамед Саихи, Абдел Али Резаки, Хамди Ахмед. АНГОЛА Фернандо Коста Андраде, Жоао Маимона, Руи Дуарте де Карвало, Мануел Руи, Ј. Маимона. АРГЕНТИНА Хуан Октави Пренс, Александар Јовановиќ, Герардо Марио Голобоф, Хорхе Мадрасо, А. Кравиќ, Роберто ди Пасквале, Саул Јуркевич, Марија Инес Гриварело Отадо, Тереза Палацо Конти, Мерцедес Руфе, Марија Ланезе. АЗЕРБЕЈЏАН Акиф Ахмрдгил, Елчин Искендерзаде БАНГЛАДЕШ Абдул Хусан, Ашраф Сидикуи, Аладин Ал Асад. БЕЛГИЈА Андре Шмит, Роберт Гафин, Паул Снук, Жак Изоар, Еди ван Флит, Ежен Савицкаја, Шарл Морис, Франк де Критс, Клаире Ана Мањес, Андре Домс, Делиј Ханки, Виле Верхаге, Жан Криклон, Жак Волф, Берт Декарте, Вилем Рогеман, Дирк Кристианс, Гаспер Онс, Марсел Вотер, Роланд Јоркс, Леон Сомвил, Филип Деволф, Артур Оло, Мариам ван Хи, Ламбреси Вернер, Ротчилд Ане, Гофет Ги, Лук Груве, Дирк ван Бастлар, Шарл Моас, Франк Криц, Роб Госвин, Жан Криклон, Том Ланој, Стефан Хермес, Морис ван Линдекарк, Тони Ромбоутс,

Здравко Лубриќ, Жермен Дрогенборд, Филип Џонс, Лилијан Вутерс, Филип Мерсман, Даниел Билие, Лук Звенепел, Герман Гругенбруд, Мануа Рима. БЕЛОРУСИЈА Алес Разанов, Владимир Павлов. БОЛИВИЈА Рут Карденас, Вадим Барон. БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Мак Диздар, Анѓелко Вулетиќ, Саит Ораховац, Рајко Петров Ного, Дара Секулиќ, Ќамил Сијариќ, Душко Трифуновски, Зоран Јовановиќ, Изет Сарајлиќ, Велимир Милошевиќ, Ахмет Хромаџиќ, Хусеин Тахмишчиќ, Никола Павловиќ, Касим Прохиќ, Стеван Тонтиќ, Љубомир Цветиќ, Воислав Максимовиќ, Крешимир Шего, Славко Шантиќ, Ружица Комар, Мубера Мујагиќ, Јаков Јуришиќ, Чедо Кисиќ, Јосип Ости, Миодраг Богичевиќ, Веселко Короман, Владимир Настиќ, Насиха Капиџиќ-Хаџиќ, Миљко Шиндиќ, Кемал Мехмедефендиќ, Злата Ерика Артуковиќ, Иван Ловреновиќ, Ненад Радановиќ, Абдула Сидран, Ахмед Имамовиќ, Џемалудин Алиќ, Мирко Марјановиќ, Ханифа Капиџиќ-Османагиќ, Владо Пуљиќ, Миле Пешорда, Сафет Сариќ, Авдо Мујкиќ, Јусуф Бегиќ, Бисера Аликадиќ, Марио Сушко, Бранко Чучак, Радован Караџиќ, Љуба Јандриќ, Сеад Фетахагиќ, Владимир Павловиќ, Слободан Благојевиќ, Ферида Дурковиќ, Ајша Захировиќ, Коља Миќевиќ, Ранко Рисојевиќ, Јасна Шамиќ, Иван Ловреновиќ, Мирослав Тохољ, Ѓорѓо Сладоје, Миле Стојиќ, Миленко Јерговиќ, Стефка Козиќ-Прерадовиќ, Младен Шукало, Горан Самарџиќ, Жељко Ивановиќ, Егуен Вербер, Слободан Зубановиќ, Милан Орлиќ, Вукман Оташевиќ, Александар Јерков, Недељко Радојчиќ, Гојко Челебиќ, Димитрије Миленковиќ, Војка Смиљаниќ-Џикиќ, Јованка Стојчиновиќ-Николиќ, Марко Вешовиќ, Хаџем Хајдаровиќ, Емир Соколовиќ, Никола Вуколиќ, Горан Сариќ. БРАЗИЛ Пауло Бонсин, Марсиа Теофило, Карлос Фереира, Камила ди Јаси, Герардо Мело Мауро, Рејналдо Велињо Алварез, Гулиен Родригез де Сива, Хорасо Коста БУГАРИЈА Евтим Евтимов, Л. Мартинов-Ламар, Николај Марангозов, Георги Џагаров, Веселин Андреев, Валентина Радинска, Љубомир Левчев, Петар Караангов, Нино Николов, Марија Македонска, Јордан Евтимов, Марин Георгиев, Кирил Кадиски, Николај Снчев, Бојко Ламбовски, Румен Леонидов, Миглена Николчина, Кристјо Станишев, Иван Матанов, Петко Братинов, Рада Александрова, Кољо Георгиев, Јавор Чучков, Ангел Жаров, Драгомир Петров, Катја Ерменкова, Рада Панчевска, Златим Златанов, Георги Богданов, Валентина Радинска, Емил Рахнев, Дммитар Христов, Георги Борисов, Екатерина Јосифова, Георги Константинов, Љубомир Николов, Иван Гранитски, Иван Странџев, Роман Кисјов. ВЕЛС Тони Кертис


СВП 50 - ГОДИНИ 356

357 СВП 50 - ГОДИНИ

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Вистан Хју Одн, Тед Хјуз, Ана Пенингтон, Брнард Џонсон, Џирџ Магбет, А.Макс Кинон, Мајкел Скамел, Даниел Вајсборг, Ален Џексон, Антони Рудолф, Томас Гвин, Џон Силкин, Мајкл Хамбергер, Дени Епс, Џон Ормонд, Гавин Еверт, Елајне Феинстеин, Ентони Твејт, Даглас Дан, Џени Џосеф, Брајан Валтерс, Робин Бел, Евал Озерс, Бренда Волкер, Карол Румненс, Види Коп, Ален Јанкис, Руф Фенлајт, Ален Силајтоу, Ричард Бернсм, Дејвид Харсит, Пол Малдун, Евалт Лајбери, Мајкл Марч, Александар Блок, Меја Гукијан, Греам Рид, Пеги Рид, Симон Армитаж, Мик Имлах, Ален Браунџон, Тери Иглтон, Томас Даферн, Џон Бернс, Чарлс Брен, Ивона Бернс, Белинда Бартон, Џон Ширтес, Роџер Мек Граф, Бријан Патен, Амадо Хаци, Керон Ен Лафи, Тој Рејвард, Род Менгам, Гвинет Луис, Кен Смит, Фиона Сампсон, Катерина Пирпоинт, Питер Во, Едвард Луси-Смит, Глин Максвил, Џајлс Гудланд. ВЕНЕЦУЕЛА Хајме Фело, Луис Пастори, Мигуел Отеро Силва, Беатрич Мендоза Сагарцазу, Педро Франциско, Лисардо Хосе Рамона Медина, Вилиам Осуна. ВИЕТНАМ Виен Че Лан, Бју Хиен, Нгуен Ши-Трунг. ГАБОН Куетин Ноумба Нагчанга, Кентинг Бен Монгарија. ГАНА Кофи Анидого, Квеси Брев, Атуква Окаи. ГВАЈАНА Мартин Картер. ГВИНЕЈА Абдуле, Фание Туре, Сикхе Камара, Роже Гото Зому, Ибрахим Калид Диара, Абдул Туре, Чарлс Толно, Фоде Намине Туре, Мамоду Дијало. ГРЦИЈА Јанис Рицос, Никос Папас, Рита Буми Папа, Никифор Вретакос, Георгис Сарантис, Викторија Теодору, Костас Валетас, Жан Куцохерас, Јанис Гуделис, Тереза Рували, Хектор Каканаватос, Андонис Коливас, Маја Русу, Ирина Спандулаки, Георгио Сасајанис, Христос Самоилидис, Илиас Лефусис, Георгиос Стојанидис, Анестис Евангелу, Панос Таситис, Петрос Папасарандополус, Макис Апостолатис, Константин Папагеоргиу, Лела Пападопулу, Такис Варвациотис, Констас Маврудис, Елени Фортуни, Димитрос Варвациотис, Панос Мисерлис, Маркос Мескос, Панос Панајотунис, Василие Папас, Георгија Блика, Костас Мавридис, Тодорос Гонис, Петрос Папастру, Костас Лантавос, Анастосис Вистонитис, Димитрис Хулајракис, Анастасиос Сакис Серефас, Харис Влавијанос, Димитрис П.Краниотис, Јоргос Коропулис, Мимие Суљотис

ГЕРМАНИЈА Хана Магнус Енцерзбергер, Паул Винс, Јенс Герлах, Вилф Кристен, Кито Роренц, Герт Егерс, Гизела Штајнеркет, Јоаким Рихмер, Ева Штритматер, Рајхард Вајсбах, Зара Кирш, Јо Шулц, Валтер Вернер, Гинтер Дајкојнд, Манфред Штројбел, Хајнс Калау, Курт Штајнигер, Герд Адолф, Манфред Јеникен, Хелмут Прајслер, Ерика Пик, Кристиан Пех, Јенс Хаген, Ута Маусбергер, Штефан Штајн, Анерозе Кихнер, Хана Краце, Роштраут Фицман, Ралф Гринеберг, Гизела Крафт, Хеинер Бастиан, Рудолф Хателшанг, Петер Урбан, Бастиан Хајнер, Николас Борн, Ролф Хаувс, Волфганг Бехлер, Георг Ниблинг, Хајнц Рид, Паул Вир, Кристин Колер, Елизабет Ендрес, Матијас Брониш, Оливер Бенсен, Јоаким Фурман, Јоханес Шенк, Ралф Тениер, Лудвиг Фелс, Михаил Рес, Валтер Хелмут Фриц, Хорст Ердман, Волфганг Игне, Едит Хофман, Ханс Јирге Хејзе, Алфред Бехренс, Јирген Теобалди, Фредерике Рот, Вернер Дирсон, Ана Реинсберг, Јенс Хаген, Маргот Шродер, Хенрике Леонард, Хари Оберландер, Валтер Неумен, Гастон Салваторе, Мартин Пол, Ренета Акст, Јосип Матешиќ, Јута Зауер, Захид Шеик, Ервин Фишер, Оскар Ансул, Маргот Шредер, Роман Ритер, Кристоф Дершау, Хилдегард Волгемут, Волфган Верт, Дороте Незерке, Хенрик Береска, Новосел Балов, Урсула Хаас, Рајне Кунце, Рихард Пипрас, Ханс Кристов Бух, Етна Ренате Руф, Јохен Винтер, Моника Ринк, Алма Папамихали, Јан Вагнер, Улјана Волф, Урсула Хас. ДАНСКА Ван Стин, Уфе Хардер, Хорскјаер Ерик, Бирте Арибак, Ерик Стинус, Клаус Рифбенг, Мариан Ларсен, Ажер Шнак, Морти Вицки, Кнуд Соренсен, Нилс Хав, Јанс Асјерн Захузен, Ирген Кристенсен, Томас Слант, Корстен Хоег, Мариана Ларсен, Ерик Тригер, Олесен, Кристјан Грогард, Карен Марие Еделфенд, Сара Матаи Стинус, Дите Стенсбале, Ане Мари Денисен, Јоханес Нилсен, Мортен Нилс Лингсо, Пиа Тафдруп, Агнар Артувертин, Томас Боберг. ЕГИПЕТ Фади Саид, Салах Абдел Сабур, Мустафа Али Рахман, Ез Елдин Исамаил, Гамал Абдел Азиз, Мохамед Ибрахим Абу Сена, Саад Дарвиш, Фарук Суша, Ахмед Суслам, Ахмед Севелем, Вафа Вагди, Салва ел-Анани, Мухамед Аб алМенеим ал-Ансари, Махмуд Хасан Исмаили, Ревија Ел Килини, Салах Сабуре, Махмуд Хасан Исмаил, Сафа Фати, Саед Гоуда, Ахмед Ал Шахави. ЕРМЕНИЈА Виолет Грегоријан, Мариане Петросијан. ЕТИОПИЈА Ата Обера Самбере, Баламбарас Мехтеме, Селасие, Метхим Гебре Тсегае, Кесе Кермиас Кебеде. ЕСТОНИЈА Андрес Ехин, Сим Кера.


СВП 50 - ГОДИНИ 358

359 СВП 50 - ГОДИНИ

ЗАИР Елебе Лисембе. ЗАМБИЈА Пату Симоко, Винар Кекиембо, Гатсон Мбао, Вестонен Бова, Паривел Мунатамба. ИЗРАЕЛ Јехуда Амихај, Давид Авидан, Рони Сомек, Амир Ор, Орна Рав-Хон, Натан Јонатан, Маја Берано, Салман Масалха, Нурит Зарки, Ашер Рајх, Шарон Ницан, Моаен Шлабиа, Уша Акела, Јаел Глоберман, Ана Сузхата Матан, Аги Мишол, Тал Ницан. ИНДИЈА Сачидананд Хирананд Ватсјајан Агјеј, Вансан Бапат, Плгумиј Падмарају, Гур Бакш Синг, Амрита Притам, Арвинд Кришна Мерорта, В.Д.Н. Сахи, Ликипат Батак, Ајапа Паникер, Сатакант Махапатра, Арун Клаткар, Рашна Мани, Шоаеџ Синг Џен, Балдев Мирза, Шанкар Кокаши Пунекар, Нилмани Пукар, Кеки Дарувала,Сунил Гангопадјај, О.Н. Куруп, Л. Л. Маротра, Нареш Махта, Наваканта Баруа, Амал Госе, Франко Лаица, Наравана Реди, Шадип Сен,Текил Најдар,Тачам Поил Раџиван, Мина Александер, Рукмини Баја Наир, Хошанг Мерчант, Рати Саксена, Уша Акела, Ана Суџхата ИНДОНЕЗИЈА Лаксми Памунтак ИРАК Али ел-Хали, Саад Јусуф, Абдул Ваит, Јаун Таха Хафиз, Али Јафар, АлАлак, Халиб Али Мустафа, Мохамед Ради Али, Абдул Разек Вахед, Луан Хаки Хусеин, Нафан Акрави, Јадолах Роуан, Али Јафа ал-Алаков, Мунијам Алфакер, Абдул Кадер ал-Џанаби. ИРАН Јадолах Ројаи, Шабани Самхабади Реза. ИРСКА Џон Монтегју, Пол Дуркан, Дездемон Еган, Шејмас Хини, Мајкел Лонглеј, Џон Ф.Дин, Пат Боран, Денис О’ Дрискал, Габриел Росенсток, Џек Харте, Мери О’Мели. ИТАЛИЈА Еуџенио Монтале, Едоардо Сангвинети, Марио Сократе, Нино Ерне, Марио Гордини, Луиџи Фиорентино, Џорџо Нуриџани, Ели Филипо Акора, Џанкарло Вигорели, Роберто Санези, Лино Курчи, Марио Морикони, Карло Ричи, Данте Мафија, Марија Луиза Спациани, Џовани Џуга, Августо Фонсека, Гачинто Спањолети, Гаетано Лонго, Роналдо Черта, Нуло Миниси, Лучио Клобас, Алсено Прегаре, Луиџи Колива, Марцела Бачи, Карло Вила, Јоланта Журовска, Марила Батилана, Фулвија Дал Сото, Антонио Контилијано, Лаура

Минели, Доменико Спацијали, Карло Бугати, Армандо Њуши, Умберто Мангани, Карло Пиреа, Винченцо Бјанки, Бруно Ромби, Клаудио Поцани, Герхард Кофлер, Луиџи Манци, Лбредана Пјетрифеса, Иво Петковшек, Клаудио Поцана, Умберто Мангани, Антоанета Џони, Лука Бенаси, Силвано Галон, Вилма Д’алео Константини. ИСЛАНД Сигурдур Палсон, Сигурјон Биргир Сигурдсон (Сјон) ЈАПОНИЈА Макото Оока, Миамото Кен, Каузо Танака, Такаши Арима, Ташико Футиска, Џунго Такахаши, Казуми Фукушима, Јашимаса Уеда, Шунтаро Таникава, Јасухиро Јоцумото, Кае Мории, Нарико Мизусаки, Марико Сумикура, Кјонг-Ми Парк. ЈОРДАН Калид Махадин, Абдулах Менсур, Хајдар Махмуд, Најер Абу Обиед, Џамил Алуш Калид. КАЗАХСТАН Сантаџан Сахајев. КАНАДА Сузан Мак Грејв, Луис Гаро де Боа, Јоже Хорват, Мирјам Ведигтон, Роланд Жигер, Леона Гром, Ги Жерве, Кети Кембел, Денис Буше, Петриша Јанг, Петре Гиновски, Перса Гиновска, Андре Руа, Рада Видиноска, Никола Белчески, Блага Дафовска, Алексо Лозановски, Неда Лозановска, Димитар Цунев, Гастон Белморе, Иванка Петровска, Бернард Позне, Хеди Бурауи, Алин Апостолска, Никол Бросар. КАРИБИ Жоан Аним-Адо. КИНА Лу Јуан, Си Ин Чен, Веј Чилин, Зоу Ди Фан, Јианг Јумглинг, Луо Вен, Леи Шиан, Теријан Елиот, Ге Јанг, Ге Ванг, Знег Зухо, Банг Чендонг, Лиуе Шае, Ван Хонгие, Канг Жузо, Луо Ван, Жанг Канкан, Хие Шуан, Ван Мек, Денг Јоумин, Џанг Џими, Лиу Шаотанг, Јин Тао, Чен Шиси, Јан Деџоу, Минг Гуо Ченг, Гонг Јие, Ли Сиуен, Џанг Тонгву, Ли Сун Тао, Њу Баогуо, Лис Сианпинг, Менг Цангци Јан, Гао Пинг, Ши Тај-Жуј, Ху Јуи Хуан, Ли Гуо - Ји, Шан Шјао Иан, Је Јанбан, Лао Ханчао, Ли Цјангјуе, Ниу Баогуо, Бреди Дао, Жао Лихонг, Тианкси Чан (Хон Конг), Маурус Јанг, Хај Ан, Беи Линг, Минди Жанг, Пан Вуји. КИПАР Пивос Ставридис, Дина Кипури, Костас Никајлидис, Теодосис Николау, Клитос Јанидис, Фросула Каласјату, Минилис Пацардис, Неше Вашин, Мехмед Кансу, Сезан Сариоглу, Георгиус Молексис, Савлиду Теодору, Ники Марангу, Наса Натапиу, Исмаил Бозкурт, Харид Федаи, Мехди Акрив, Бесте Сакали, Ариф Али Ајбарјак.


СВП 50 - ГОДИНИ 360

361 СВП 50 - ГОДИНИ

КОЛУМБИЈА Јота Марио Арбелазес, Фернандо Сото Апарисио, Луис Едуардо Рендон, Габриел Хоиме Франко, Дарли Рохас Касанеда, Анџела Гарција, Андреа Коте. КОНГО Кама Каманда, Чикаја Утамси, Чичаја У Тамаши. КОРЕА(Северна и Јужна) Пак Се Ок, Чои Донг Сон, Им Јанг Парк, Гони Банг, Ох Сен Јанг, Хеон Ју Ву, Бок Хи Ким, Чанг Хи Мун, Хие Сенли, Се Фуншин, Бјунг-Хва Чо, Чангхо Шин, Еул-Жу Жин, Бјунг- Хун Ли, Кун- Ил Ким, Ан-Сук Жунг, Ми-Сун Ким, Јео-Ок Ким, Се-Хи Сонг, Мјунг-Ок, Хјун-Мин Ли, Сук-Ли Жеом, Лак Се Ок КОСОВО Флора Бровина, Осман Бајмак, Мехил Велај, Агим Ѓакова, Али Подримја. КУБА Феликс Родригез, Нелсон Ерера Исла, Алекс Флеитес, Ненси Морехон, Родолфо Хефнер, Вергилио Лопез Лемус, Мерлин Бобес, Роберто Браили, Роберт Барули, Жоен Меса, Марија Елена Бланко, Раул Луис, Роберто Пахес Лендиан. КУВАЈТ Абдула Санан Мухамед, Јакуб Јусуф ал-Субеи, Халил ал-Заид. ЛАТВИЈА Дагнија Дрејка, Кнуц Скујениекс, Леонс Бриедис, Јанис Рокпелинис, Аманда Аизпуриете, Ханан Ад. ЛИБАН Адонис, Мишел Сулејман., Фуад Рифка, Хијам Јаред, Ханан Ад. ЛИБИЈА Али Сахти, Мухамед Салтамија. ЛИТВАНИЈА Аманда Аизпуриете, Нерига Абритите, Кастутис Навакас, Корнелијус Плателис, Кери Шон Кејс, Соната Палиулите, Томас Венцлова, Еугенијус Алишанка, Илијат Аузин. ЛУКСЕМБУРГ Роберт Штефан, Пол Грејш, Николас Вагнер, Рене Клес, Нико Хелмингер, Леон Риналдети, Роман Франсоа, Ламберт Шлехтер, Аниз Колц, Ник Клекер, Рене Велтер, Михел Раус, Жан Портант. МАКЕДОНИЈА Блаже Конески, Адем Абдулахи, Авни Абдулах, Душко Аврамов, Ариф Аго, Ајдени Халит, Георги Ајановски, Ацо Алексиев, Али Алиу, Линдита Алиу,

Ештреф Алиу, Фахри Али, Миле Ангеловски, Венко Андоновски, Петре М. Андреевски, Цане Андреевски, 3оран Анчевски, Олга Адбуљевска, Георги Арсовски, Славка Арсова, Томе Арсовски, Тамара Арсовска, Михо Атанасовски, Октај Ахмед, Линдита Ахмети, Весна Ацевска, Есад Бајрам, Дерим Бајрами, Петре Бакевски, Ангелина Бановиќ- Марковска, Славе Банар, Ѓорѓи Барбаровски, Екрем Баша, Димитар Башевски, Летар Башевски, Милутин Бебековски, Сеада Бегановиќ, Лилјана Белева, Вјолца Бериша, Ирфан Бељур, Бобан Богатиновски, Фејзи Бојку, Генади Болиновски, Виолета Бончаноска. Јован Бошковски, Петар Т. Бошковски, Сашо Гигов-Гиш, Гордана Михајлова- Бошнаковска, Кирил Бујуклиев, Атанас Вангелов, Бранко Варошлија, Ристо Василевски, Видое Видически, Агим Винца, Нухи Винца, Борис Вишински, Јадранка Владова, Џевад Гега, Ташко Георгиевски, Христо Георгиевски, Паскал Гилевски, Аполон Гилевски, Љубомир Груевски, Ристо Давчески, Петко Дабевски, Лидија Димковска, Јордан Данаиловски, Олег Деметиенко, Александра Димитрова,Славе Ѓорго Димовски, Димо Димчев, Лилјана Дирјан, Нусрет Дишо Улку, Јордан Добревски, Иван Додевски, Петко Домазетовски, Киро Донев, Симон Дракул, Лидија Капушевска-Дракулевска, Миодраг Друговац, Димитрие Дурацоски, Богомил Ѓузел, Милан Ѓурчинов, Александар Ежов, Елмаки Фердани, Авни Енѓулу, Неџати Зекирија, Халил Зендели, Пунторие Зиба,Саме Жерновски, Мишо Живковски, Благоја Иванов, Гого Ивановски, Иван Ивановски, Арбен Ибрахими, Србо Ивановски, Јован Ивањи, Васил Икономов, Бранко Илиевски, Тоде Илиевски, Душица Илин, Илхами Емин, Деим Иљази, Игор Исаковски, Мурат Исаку, Абдулазис Исљами, Биба Исмаил, Чедо Јакимовски, Славко Јаневски, Драган Јаневски, Ристо Јачев, Мето Јовановски, Рајко Јовчески, Сабит Јусуф, Селман Јусуфи, Фахри Каја, Камбери Аљуши, Илија Карајанов, Лазо Каровски, Евтим Клетников, Мирче Клечкароски, Алдо Климан, Елена Кожухарова, Саво Костадиновски, Кемал Комина, Јован Котески, Данило Коцевски, Ристо Крле, Глигор Крстевски, Трајче Крстевски, Разме Кумбаровеки, Марија Кукубајска, Васил Куновски, Ристо Лазаров, Благоја Лактински, Мустафа Лачи, Јордан Леов, Нуам Лимаи, Милош Линдро, Јелена Лужина, Владо Малески, Иван Мазев, Ефтим Манев, Славе Македонски, Миле Маневски, Коле Мангов, Лазар Манчевски, Цветко Мартиновски, Матеја Матевски, Никола Маџиров, Блаже Миневски, Бистрица Миркулоска, Ката Мисиркова-Руменова, Александар Митевски, Димитар Митрев, Слободан Мицковиќ, Томе Момировски, Марина Мустафа, Ферид Мухиќ, Ѓорѓија Најдовски, Тихо Најдовски, Драгица Најческа, Петар Наковски, Душко Наневски, Ѓоре Напевскц, Волче Наумчески, Велко Неделковски, Миле Неделкоски, Ванчо Николески, Мирче Нешоски, Оливера Николова, Мери Николова, Александра Николова, Васо Николовски, Кристина Николовска, Илијаз Османи, Божин Павловски, Јован Павловски, Радован Павловски, Димитар Пандев, Доне Пановски, Муртеза Пеза, Бранко Пендовски, Христо Петревски, Митко Петров, Трајан Петровски, Горјан Петровски, Марко Петрушевски, Јордан Плевнеш, Видое Погорец, Ванчо Полазаровски, Анте Поповски, Александар Попоски, Глигор Поповски, Георги Сталев-Поповски, Петар Поповски, Миле Поповски, 3ага Тодоровска -Присаѓанец, Александар Прокопиев, Васил Пујовски, Неџат Пустина, Шукри Рамо, Науме Радически, Зејнепе Алила Реџепи, Михаил Ренџов, Душан Ристевски, Гоце Ристовски, Душко Родев, Благој Самоников, Ремзи Салих, Салајдин Салиху, Тоде Мали Саздовски, Стефан Санџаковски, Фахими Селиме, Раде Силјан, Арслан Селмани, Ислам Селмани, Љупчо Силјановски, Флора Кастрати Сеља, Бошко Смаќоски, Веле Смилевски, Димитар Солев, Коце Солунски, Драган Спасески -Охридски, Нехас Сопај, Александар Спасов,


СВП 50 - ГОДИНИ 362

363 СВП 50 - ГОДИНИ

Сузана В. Спасовска, Мустафа Спахију, Георги Старделов, Луан Старова, Милован Стефановски, Тришо Стојановски, Емилија Стојановиќ, Мирјана Стојановска, Глигор Стојковски, Гордана Стојковска, Љупчо Стојменски, Санде Стојчевски, Јован Стрезовски, Звонко Таневски, Стефан Таневски, Јовица Тасевски- Етернијан, Стојан Тарапуза, Алаетин Тахир, Љубен Ташковски, Братислав Ташковски, Милан Терзовски, Гане Тодоровски, Кочо Топузовски, Душко Томовски, Љерка Наумова Тот, Ренета Треневска, Васил Тоциновски, Иван Точко, Иван Трпковски, Радмила Трифуноска, Катица Ќулавкова, Анасатас Ќушковски, Влада Урошевиќ, Фаризи Арлин, Методија Фотев, Флора Хајрадини, Џеврие Хоти, Лулзим Хазари, Џеми Хајрадини, Авни Халили, Светлана Христова-Јоциќ, Александар Христовски, Бранко Цветковски, Радован П. Цветковски, Љубе Цветановски, Саве Цветановски, Афредите Чајани, Вера Чејковска, Лилјана Чаловска, Тодор Чаловски, Иван Чаповски, Крсте Чачански, Коле Чашуле, Ивица Челиковиќ, Нафи Чергани, Живко Чинго, Ненад Џамбазов, Иван Џепаеровски, Илјаз Шазов, Елизабета Шелева, Рејсул Шабани, Емира Шабани, Петко Шипинкаровски, Ташко Ширилов, Ацо Шопов, Владимир Шопов, Јасмина Шопова, Евгенија Шуплинова. МАЛАВИ Стенли Кенани МАЛТА Оливер Фриџери, Виктор Фенеч МАЛЕЗИЈА Ахмед Камал Абдулах, Абдул Гафол Ибрахим, Анвар Ридван, Ахмед Јусуф, Исмаил Замзам, Лиу Кар Вуи. МАРОКО Кемал Зебди, Хусеин Али Сакали, Мохамед Лахбаби, Муберак Раби, Мохамед Бенис, Абделкарим Табал, Абделатив Лааби, Мехди Акрив, Мустафа Нисабури, Мехмед ал-Ашари, Јафа Ламбрани, Бенаиса Бухмала, Фатима Захра Бенис, Мохамед Милоуд Гарафи. МАУРИЦИУС Едуард Моник МЕКСИКО Хомеро Ариѓис, Ритаде Гонзалез, Еугенио Агире Рамирез, Хуго Гутиерис Вега, Марија Аурора Саведра, Фернандо Родригез, Роберто Лопез Морено, Антонио Леал, Хорхе Фернандез Гранадос. МОЛДАВИЈА Валериј Матеј. МОНГОЛИЈА Дорж Гарма, Делантаин Тарва, Хусан Лусандамбин, Њамаа Долгорин, Дулма Шагарин, Гомбожавиин Менд-Оојо, Гун Аажавин Ајурзана.

МОЗАМБИК Едуардо Вајт. НЕПАЛ Туласи Даваса. НИГЕРИЈА Чибо Онјеџи, Ихеначо Џорџ Чидиееребе, Џумаке Верисимо НОВ ЗЕЛАНД Амада Џејн Исон, Розмари Мензиес. НОРВЕШКА Марија Таквам, Тор Обрестат, Ејнард Окланд, Арон Ежен, Авид Трофели, Петер Холм, Астрид Андерсен, Клеј Виндорн, Кал Федерик Приц, Дрол Твеуит, Кари Карасен, Марит Монсен, Поал Хаге Хауген, Терје Јохансон, Олаф Ангел, Арне Русте, Даг Ларсен, Ерлиг Кителсон, Харалд Сврдуп, Лив Лундберг, Рауни Нага Лукари, Кнут Едегорд, Зугмунд Меко, Пал Бреке, Кал Ерик Ванторн, Лив Ламбер, Ендре Русет, Јан Ерик Волд, Одвиг Клив, Марте Хуке, Стајнер Опстад. ОАР Фарук Суса, Ел Килини, Хусеин Али Сакали, Елдим Исмаил. ПАЛЕСТИНА Махмуд Дарвиш, Рана Камбани, Ахмед Дахбур, Муин Бисасо, Шауки О’Мари, Ханан Авад, Тари Ал Ахмад ПАНАМА Консуело Т.Фицџералд. ПЕРУ Антонио, Синерос, Хосе Давеидо, Мадуел Скорза, Артуро Коркуера, Адријан Аријас. ПОЛСКА Тадеуш Ружевич, 3бигњев Бјенковски, Сеафан Флуковски, Марија Траческа, Малгожата Хилер, Јан Гочол, Тимотеуш Карповуч, Ришард Матушевски, Јан Гурец Рушински, Анжеј Франчич, Јалу Курек, Вателав Кубатски, Вјеслав Рустецки, Зигмунд Стоберски, Јан Озог, Јан Зух, Лудмила Марјанска, Збигњев Херберт, Халина Калита, Михаил Спрушински, Уршула Козол, Вислава Шимборска, Ернес Брил, Александар Рамкијевиќ, Кшиштов Гоншоровски, Дртур Сандауер, Јозеф Ратајчак, Марјан Пјехал, Јежи Гужањски, Јан Витан, 3бигњев Столарек, Богдан Дроздовски, Марек Вавжкиевич, Богдан Остомецки,Тадеуш Кионка, Јозеф Баранм, Вилјам Шчек, Мирон Белошевски, Тадеуш Новак, Ева Липска, Тадеуш Шљивак, Марјан Гжешчак, Анжеј Качмарек, Кшиштов Новицки, Јозеф Вицков, Анжеј Плаушевски, Зигмунд Стоберски, Анжеј Бискупски, Војчех Ковински, Божена Гоголевска, Лилјана Урсу, Титус Вижеу, Божана Новак, Данута Ќирлич, Никос Хаџиниколау, Себастијан Ленард,


СВП 50 - ГОДИНИ 364

365 СВП 50 - ГОДИНИ

Кшиштов Бошковски, Анжеј Зањевски, Елизабета Лешиа, Гжегсок Латушевски, Ева Закаткиевич, Јан Бродницки, Марија Стемковска, 3бигњев Лончаревски, Потеј Грбовска, Јоланда Новак Веклерова, Ставомир Криеска, Алиција Грабовска, Луцина Скомпска, Кристина Шлага, Болеслав Лубош, Феликс Нец, Андреј Шуба, Адријана Шимањска, Михаил Војакиевич, Анжеј Тужевски, Јулија Конхаусер, Ришард Собиешчански, Мачеј Число, Пјотор Матвијетцки, Вацлав Ошајца, Башлов Ошанса, Кристина Радовска, Зофија Бесчинска, Марјан Гжечак, Александар Навроцки, Јулиуш Еразм Болек, ПОРТОРИКО: Мајрим Круз-Бернал. ПОРТУГАЛИЈА: Васко Граса Моура, Ернесто Мануело де Мело Кастро, Алваро Гуера, Александра О’Нил, Еуџенио де Амдраде, Егито Гозалес, Филомена Кабјал, Луис Филипо Сараменто, Марија Годиња, Роза Алис Бранко, Пауло Тешеира, Ана Хатерли, Педро Тамен, Казимиро де Брите. РОМАНИЈА Никита Станеску, Ѓелу Наум, Стефан Доинаш, Вероника Парумбаку, Виргил Теодореску, Хорије Зилијеру, Виолета Замфиреску, Раду Крнечи, Донстанца Буза, Леонид Димов, Лајош Маџари, Јон Карајон, Марија Бануш, Николае Тауту, Лоренцо Чобану, Јон Грингелеану, Габриела Малинеску Теодореску, Жоржета Хордика, Нина Касијан, Ета Бореу, Ради Кусин, Николај Иона, Киш Јенодрису Даскалу, Чезар Балтак, Аурел Гургурјану, Дијана Салажан, Дину Фламинд, Николае Туртуријану, Јиана Дијаконеску, Иван Мунтеан, Василие Игне, Балахур Добрескупавел, Саркели Геза, Корнелиу Попеску, Хорие Зилиеру, Корнелиу Стурзу, Луцијан Валеа, Мугор Форин, Александру Капрариу, Виктор Фелеа, Дину Фламинд, Марин Сореску, Ангеп Думбровеану, Георге Албау, Нанцули Прилепчану, Марин Алмажан, Јон Александру, Младен Фортунеску, Мариус Робеску, Јанки Бела, Цезар Иванеску, Доина Флора. Думитру Раду Попеску, Думитру М. Јон, Каролина Илика, Џорце Балаица, Адријан Попеску, Николае Јоана, Александру Андрицају, Георге Томазеј, Александру Жебељану, Николае Бервенгер, Сорин Димитреску, Марин Минку, Дојана Урикариу, Константин Абалуца, Лилјана Урсу, Титус Вижеј, Дојана Четеа, Ирина Григореску, Славомир Гроздановиќ, Петре Ѓелмез, Хорие Бадеску, Дан Лаурентиу, Мирчеа Чобану, Аурел Рау, Јон Мирчеа, Мирчеа Динеску, Николае Драгош, Виктор Фелеа, Јоанид Романеску, Михаил Урсаќи, Соломон Маркус, Валентин Ташку, Савијана Станеску, Јоланда Маламен, Кристијан Симонеску, Никита Данилов, Штефан Домиан, Јустин Панца, Николае Стелеа, Дениза Команеску, Нора Југа, Даниел Банулеску, Паул Полидор, Ана Блондијана, Валериј Станку, Симона Попеску. РУСИЈА (по 1991) Анатолиј Парпара, Сергеј Главјук, Вјечеслав Купријанов, Георги Гачев, Едуард Балашев, Ирина Ермакова, Татјана Шчербина, Ирина Ковалева, Викторија Ветрова, Владимир Бурич, Владимир Костов, Владимир Соколов, Иван Белокрилов, Марина Струкова, Марјана Роговскаја, Николај Беседин, Марјана Соколова, Потоцкаја, Владимир Керјохин, Анжелина Полонскаја, Иван Голубничиј, Сергеј Бирјуков, Маријана Гејде, Олга Панкина, Максим Замшев, Владимир Бојаринов, Владимир Штокман.

САЛВАДОР Карлос Ернесто Гарсија. СЛОВАЧКА Дона Падрацка, Јарослав Резник, Станислава Хорбакова, Милан Рихтер, Павло Мовчан, Јан Замбор, Франтишек Липка. САД Вистан Хју Одн, Ален Гинзберг, Јосиф Бродски, Вилјам С. Мервин, Вилијам Мередит, Филип Епелман, Лајман Ендрус, Каролин Кајзер, Џемс Рајт, Милне Холтион, Чарлс Симиќ, Херберт Кунер, Вилјам Смит, Каренс Мајџер, Стенли Баркан, Ѓорѓе Јовановиќ, Грејс Шулман, Питер Евервајн, Марк Стренд, Чарлс Рајт, Стенли Кунц, Ховар Хени, Рут Грубер, С. Трузеј, Рејмон Петерсон, Теодор Вајс, Јаша Кеслер, М. Розентал, Џудит Шервин, Мајкл Линч, Нат Скамата, Ана Паолучи, Макс Шварц, Едмунд Кили, Бети Пари, Хуг Пари, Мерџори Епелман, Ерика Јонг, Дајана Ваковски, Мајкл Шпорер, Сузан Лудвигстон, Ката Полит, Џон Енгелс, Алан Алсен, Стефан Тејлор, Лора Бос, Дејвид Акселрод, Џоан Хенд, Клер Николас Вајт, Марија Мециоти-Гилјан, Питер Лиота, Клод Фримен, Паул Клифтон, Јосеп Линглад, Дик Холмс, Луј Симсон, Вилјам Пит Рут, Питер Маинки, Вилијам Џеј Смит, Памела Јушчак, Ричард Џексон, Дејвид Холер, Бредли Страхан, Кристофер Мерил, Дора Виер, Ли Јонг Ли, Фредерик Ферил Гудвин, Кори Маркс, Диарди О’Конор, Алисија Е. Сталингс, Каролин Форше, Вилис Барстоун. САН МАРИНО Џовани Балачи. СЛОВЕНИЈА Томаж Шаламун, Франц Загоричник, Марко Кравос, Дане Зајц, Иван Минати, Вено Тауфер, Цирил Злобец. Франце Филипи, Јанез Менарт, Тоне Павчек, Бранко Жужек, Мирослав Кошута, Звонимир Мајдак, Јанез Овсен, Лојзе Крајер, Тоне Кутнер, Светлана Марковиќ, Бено Зупанчич, Богдан Погачник, Мира Михалиќ, Франце Приберник, Едвард Коцбек, Ервин Фриц, Бранко Шемен, Нико Графенауер, Франце Форстнерич, Матјаж Коцбек, Денис Пониж, Јанез Мушич, Андреј Брвнар, Тарас Кермаунер, Славко Југ, Милан Јасих, Миха Аванзо, Алексиј Прегарц, Јуре Потокар, Нежа Мауер, Јосип Ости, Изток Осојник, Златко Зајц, Винко Модерндорфер, Примож Репар, Јуриј Худолин, Есад Бабачиќ, Барбара Корун, Маја Видмар, Петер Семолич, Алеш Мустар, Мети Кушор, Борис Новак, Таја Карамбергер, Тоне Шкрајнец. СЕНЕГАЛ Леополд Седар Сенгор, Малик Фал, Ламине Диакарте, Ибрахим Сали, Абдул Анта, Амадо Лемин Сал, Мбаи Кебе, Фату Н’дијај Соу, Хенри Сенгор, Усман Сар Сарус. СИРИЈА Абдел Абу Шанат, Сабер Фал Хут, Абдул Латиф Арнаут, Абдул Мајид Тајер, Јусуф Ел Катиб, Шавки Багдади, Адел ал-Хевси, Али ел-Џунди, Марам ал-Масари, Хедер Салфиј ал-Хедер.


СВП 50 - ГОДИНИ 366

367 СВП 50 - ГОДИНИ

СРБИЈА (до одвојувањето на Косово) Десанка Максимовиќ, Миодраг Павловиќ, Оскар Давичо, Васко Попа, Милован Данојлиќ, Радован Вешовиќ, Мира Алечковиќ, Милан Комнениќ, Вук Крњевиќ, Слободан Марковиќ, Мирослав Марковиќ, Ристо Тошовиќ, Добри Димитриевиќ, Добрица Ериќ, Бранко Каракаш, Младен Ољача, Драган Јеремиќ, Стеван Раичковиќ, Божидар Шуица, Танасие Младеновиќ, Зоран Мишиќ, Љубомир Симовиќ, Душко Новаковиќ, Божидар Тимотијевиќ, Петар Џаџиќ, Света Лукиќ, Брана Петровиќ, Матија Бечковиќ, Блажо Шќепановиќ. Драган Кулинџија, Бранко Лазревиќ, Антоније Исаковиќ, Радивоје Пешиќ, Јован Христиќ, Мирослав Максимови, Радомир Андриќ, Љубиша Ѓидиќ, Ване Мариновиќ, Радоица Таутовиќ, Мирјана Стефановиќ, Радомир Ивановиќ, Воислав М. Илиќ, Богдан А. Поповиќ, Мирољуб Тодоровиќ, Миша Станислављевиќ, Иван В. Лалиќ, Адам Пуслојиќ, Драгомир Брајковиќ, Милорад Блечиќ, Славко Вукосављевиќ, Вота Марковиќ, Никола Цинцар Поповски, Слободан Ракетиќ, Зоран Гавриловиќ, Раша Ливада, Гојко Ѓого, Александар Секулиќ, Мирко Стојановиќ, Добривоја Јевтиќ, Милан Ненадиќ, Виктор Шеќеровски, Душица Илин, Раде Вујовиќ, Иван Ивањи, Светлана Јанковиќ Велмар, Милан Лалиќ, Слободан Зубановиќ, Синиша Паунпвиќ, Бодан Јовановиќ, Огнен Лакиќевиќ, Драган Биорац, Иван Гаѓански, Гроздана Олуиќ, Милан Ѓорѓевиќ, Никола Милиошевиќ, Симон Симоновиќ, Мирослав Славко Пешиќ, Миодраг Булатовиќ, Саша Петров, Миодраг Перишиќ, Драган Лакиќевиќ, Милисав Чавиќ, Светозар Бркиќ, Бранислав Боиќ, Радмила Лазиќ, Слободан Павичвиќ, Алек Вукадиновиќ, Ѓоко Стоичиќ, Тања Крагујевиќ, Бранислав Прелевиќ, Марко Недиќ, Милан Орлиќ, Ристо Василевски, Горан Бабиќ, Нада Шербан, Миљурко Вукадиновиќ, Драган Јовановиќ Данилов, Миќо Цвјетиќ, Јовица Тишма, Цвета Котевска, Милутин Петровиќ, Александар Јерков, Војислав Карановиќ, Силвије Монрос, Павле Поповиќ, Драшко Реџеп, Ференц Фехер, Каталин Ладик, Јасна Милвингер, Раде Томиќ, Карол Ач, Славко Алмажан, Иштван Домокош, Раде Обреновиќ, Перо Зубац, Оливера Шијачки, Мирослав Антиќ, Паљо Бохуш, Калман Фехер, Томислав Кетиг, Јован Дунѓин, Јован Зивлак, Ото Толнаи, Ференц Дејак, Гојко Јањушевиќ, Вујица Рашин Туциќ, Викезослав Хроњец, Карол Силаѓи, Флорика Штефан, Бошко Ивков, Петар Милосављевиќ, Ѓура Папхархаји, Јозеф Паф, Јудита Шлафо, Раде Томиќ, Петко Војнич Пурчар, Миро Вуксановиќ, Бошко Перовиќ, Радивој Шејтинац, Петру Крду, Ненад Грујичиќ, Селимир Радуловиќ, Пал Бендер, Слободан Бркиќ, Владимир Копцл, Милорад Грујиќ, Тибор Секељ, Војислав Деспотов, Рахман Дедај, Енвер Ѓерѓеку, Азем Шкрели, Марк Красниќи, Вехаб Шита, Хасан Мекули, Али Подримја, Фрахрадин Гунга, Бесим Башки, Даринка Јевриќ, Флора Бровина, Мухарем Крвеши, Ариф Бозаџи, Раде Златановиќ, Али Јакши, Беќи Муслиу, Љуба Поповиќ, Назими Рахман, Ибрахим Ругова, Сабри Хамити. Бајрам Ибрахими, Есад Мекули, Дин Мехмети, Хасан Мерџан, Хусни Хоџа, Али Алиу, Ибрахим Кадриу, Искендер Музбег, Абдула Коњушевци, Слободан Костиќ, Миленко Јевтовиќ, Агим Маља, Агим Винца, Басеи Чарапуќи, Лазар Вучковиќ, Осман Бајмак, Ана Ристовиќ, Милосав Тешиќ, Марија Шимонковиќ, Миодраг Јакшиќ, Срба Игњатовиќ. СССР (до 1991) Андреј Вознесенски, Булат Окуџава, Роберт Рождественски, Генадиј Ајги, Сергеј Закоњиков, Марина Тарасова, Рума Казакова, Евгениј Евтушенко, Расул Риза, Андреј Лисенко, Јулија Белајева, Александар Ромањенко, Аркадиј Визберг,

Петро Дорошко, Јуриј Левитански, Михаил Лукоњин, ДимеТоловски, Џибан Мулдагалиев, С.Харитонов, Сејмон Кирсанов, Витолиј Коротич, Касиј Кулев, Александар Межиков, Карло Кападзе, Паул Румо, Константин Симонов, Ата Атаџанов, Дебора Веранди, Павел Боцу, Леонард Лавлински, Валантин Леднев, Јустинас Марценкијевич, Никола Нагнибеда, Виктор Шкловски, Едуард Вежелајтис, Станислав Куњајев, Томаж Чиладзе, Маро Маркорјан, Георги Чичешвили, Дмитро Павличко, Рамиз Бабаџан, Метаксе Погојан, Кирил Ковалџи, Валентин Леднев, Илијат Аузин, Евгениј Винокуров, Лариса Василева,Сундбај Ералиев, Јосип Ноношвили, Алгимантас Балтакис, Фридан Халваши, Оља Лисовска, Силвија Капуткијан, Хамид Гулјам, Вацис Рејмерис, Петар Перебијанос, Борис Олејник, Хуанта Гагуа, Владимир Цибан, Бучис Алгемантас, Евгениј Далматовски, Петро Скунц, Абдула Арипов, Роман Лупкиевски, Татјана Попова, Мажирков, Васиљ Зујанов, Анатолиј Преловски, Матс Траат, Арутјук Карапетјан, Јанис Готрис, Михаил Дудин, Сабит Мадалиев, Јуриј Кузњецов, Сергеј Баруздиндјан Каалеп, Шалва Порчхизде, Леонард Горлач, Борис Шешаев, Андреј Денијен, Иван Драч, Лариса Шушкова, Ерик Вахидов, Сергеј Бобков, Константин Скворцов, Усман Азимов, Александар Јудахин, Владимир Огнев, Димитро Белоус, Григорие Виреу, Едуард Балашов, Ситијан Санабаев. СУДАН Мустафа Санад, Тарек Елтаеб, Мохамед Елфатих. ТАЈВАН Гуанг Гуанг ТАЈЛАНД Наварат Панг Пајбун, Чиранан Питприча. ТАЏИХИСТАН Џелалудин. ТУНИС Гафар Магет, Мохедин Хариф, Нуредин Самуд, Абделазис Касем, Садок Шараф, Абдул Халим, Муада ал-Бадар ал-Мегри, Мохамед Шариф, Ферси Мустафа, Рашид Дрис, Сулипи Бужема. ТУРЦИЈА Фазил Хисни Дагларџа, Оздемир Асаф, Мехмед Џеведет, Андај Јашар Наби, Неџати Џумајли, Илхам Берк, Улку Тамер, Тасин Сарач, Тургут Ујар, Огуз Акан, Беџет Неџатигил, Саит Маден, Џентис Бекташ, Томрис Ухар, Бекир Алдиз, Метин Еоглу, Незват Устин, Рауф Мутлај, Омер Топлак, Јонуз Бакилер, Елме Томер, Ќемал Бајрам, Аднан Узјалинер, Исмаил Генчутурк, Сенур Сезар, Ќемал Озер, Гултен Акен, Хасан Изетин Динамо, Тарик Дурсун Бакинч, Мехмед Херманџи, Јавуз Булнет, Арив Дамар, Метин Демиргаш, Октај Акбал, Атаол Бехрамоглу, Мехмед Чинарли, Февзи Халиџу, Нијази Укалдирим, Геч Османоглу, Ирфан Насрадиноглу, Нуретин Оздемир, Венџи Јерман, Нецат Евлија, Јил Ајдин Ердин, Умут Огузџан, Гултекин Саманоглу, Доган Хилзан, Мустафа Илхам Гечер, Мустафа Карер, Коскун Ертеоинер, Јахја Акенгин, Шикран Курдакл, Иналди Џумали, Ахмед Турфан Шентур, Јуксел Пазакаја, Атила Марош, Бахадин


СВП 50 - ГОДИНИ 368

369 СВП 50 - ГОДИНИ

Каракоу, Намик Кемал, Зејбек Абубекир Ероглу, Бекир Ајвазоглу, Тахир Куцул Макал, Сефедин Куштимир, Талад Саид Халман, Дилавер Џебеи, Анатал Бахрамоглу, Камил Угурлу, Ајан Инал, Сарар Исмаил, Ариф Ај, Низет Ерман Таниол, Надим Ѓурсел, Музафер Туфај, Ерол Туфак, Џенгис Бекташ, Ездемир Инче, Гувен Туран, Бедретин Ајкин, Арифе Календар, Јахја Акетинг, Кемал Угурлу, Атаол Бехрамоглу, Аднан Озер, Ариф Арслан, Али Џингискан, Мелиса Ѓурпинар, Јашар Мирачјургул Танјол, Шенер Аксу, Јесим Агаоглу, Лале Мулдур, Аднан Узер, Ердал Алова, Кучук Искендер. УЗБЕКИСТАН Јадгор Обид, Хамид Гилиа. УКРАИНА Роман Лубкиевскиј, Виктор Кордун, Тодорка Ивановна, Дмитро Павличко, Оавло Мовчан, Алексеј Довгиј, Сергеј Грабар, Иља Камински, Ана Багрјана, Јуриј Завгородниј, Валериј Гужва, Виктор Баранов, Павло Шчирица, Сергиј Боршчевски. УНГАРИЈА Ласло Наѓ, Ференц Јухас, Габот Гараи, Калман Дудаш, Ами Карол, Маргит Сечи, Ингрит Велики, Золтан Чука, Шандор Вереш, Јозеф Ратко, Лениер Балаш, Агнеш Немеш Наѓ, Даниел Хатвани, Иштван Чукаш, Јозеф Утаси, Андреаш Мези, Елмер Тибор, Михаил Ладањи, Иштван Ероеи, Бенедек Киш, Јозеф Торнаи, Миклош Вереш, Тибор Ѓурковин, Ласло Берток, Магда Секеј, Иштван Бела, Енде Вези, Иштван Аг, Ана Киш, Ѓула Урбан, Јан Домокош, Ферец Меѓаш, Гашпар Наѓ, Ласло Бенке, Ференц Берани, Ева Тот, Балин Тот, Карол Јоваѓ, Иштван Ерши, Петер Кантор, Жужа Картал, Жужа Раб, Ана Беде, Габор Чардаш, Тибор Залан, Марио Пап, Белинт Тот, Корнел Добрентеи, Балаш Нилаш, Ѓерѓ Шомљо, Ана Јокаи, Иштван Пака, Габор Ерчен, Иштван Турци, Петар Литван. УРУГВАЈ Петралија Агуире, Херберт Абиморат, Тереза Ами, Хорхе Палма. ФИЛИПИНИ Мара Ланот, Ангело В.Суарез. ФИНСКА Ману Микела, Ласли Нуми, Јарко Лајне, Пека Лонела, Аила Меилото, Петри Нименен, Мајриц Милунд, Арто Виртанен, Кај Вистернбергер, Еира Стенберг, Панти Саариковски, Миа Бернер, Арто Китехонка, Јуани Пелтонен, Ристо Ахти, Кристи Симонсури, Хану Никландер, Пека Саиранен, Јатинен Еила, Пенти Халапа, Ани Сумари. ФРАНЦИЈА Ежен Гилвик, Ив Бонфоа, Роберт Марто, Жан Луј Деперис, Андре Фено, Жан Фолен, Жан Русо, Серж Фушеро, Едмонд Имо, Жак Гошрон, Елизабет Рудинеско, Андри Делуи, Рафаел Жанмари, Хелијаз Жекез, Пјер Беарн, Пјер Гамара, Жан Роне, Кристијан Федерик, Жаклин Биле,Тамара

Сузан, Жан Кутрие, Рубен Мелик, Лиси Албертини, Шарл Добжински, Ален Ланс, Роберт Сабатје, Лионел Ре, Анри Мешоник, Бернард Варгафтих, Пол Луј Роси, Мишел Деги, Серж Брендо, Жан Ланселм, Франсоа де Виландери, Вера Федер, Оливие Жан, Андре Верде, Жак Рубо, Жан Бретон, Мари Клор Банкар, Роберт Мале, Ив Булоњ, Доменик Грандмонд, Жан Жубер, Ерве Пјер Ламбер, Жан Клод Ренар, Емануел Олкар, Жан Пјер Фе, Жан Ложие, Жорж Емануел Клансје, Алан Сауд, Едгар Морен, Филип Далау, Жерар Нуаре, Фернадо Аинса, Ив Бержере, Емануел Мозес, Кулиер Клемент, Марк де Лис, Роже Лае, Клауди Хелет, Арлет Шморсег, Фредерик Мајдр, Харита Вибрадес, Жан Мишел Малпоа, Клодин Елф, Емануел Леке, Жан Пјер Симеон, Франсис Комбе, Лук де Гоустин, Иг Лабрис, Клодин Елф, Лора Камбо, Патрик Лепети. ХАИТИ Жан Бриер. ХОЛАНДИЈА Полет Сибрен, Ханс Ван Де Врсенбург, Данс Вартхатен, Јудит Ферберг, Јана Беранова, Берт Шрберк, Ханс Февери, Стеин Роберт, Мартин Реинц. Виел Кустерц, Мартин Мои, Едгард Каиро, Петер Зандерланд, Ханс Стен Берге, Ханс Танае, Жерар Ербериш, Копкенс Мануел, Нелтје Марија Мин, Вилем Ван Торн, Хестер Книбе, Роуке Ван Дер Хук, Серге Ван Дајховен, Жермен Дрогенброд, Ерик Менквелдјан Бааке, Хагер Петерс, Албертина Супбур, Мустафа Стиу, Ајрен Дуникер, Гери Ван Дер Линден, Цеад Бруња. ХРВАТСКА Мирослав Крлежа, Славко Михалиќ, Антонија Новаковиќ, Владо Готовац, Горан Бабиќ, Даниел Драгојевиќ, Ната Лабус, Ѓакомо Скоти, Миливој Слчавичек, Далибор Цвитан, Весна Парун, Анте Стамаќ, Матин Франичевиќ, Петар Шегедин, Дубравко Хорватиќ, Јосип Пупачи, Шиме Вучетиќ, Звонко Маковиќ, 3латко Горјан, Р.П.Марковиќ, Златко Горјан, Лука Паљетак, Тито Билопавловиќ, Соња Манојлиќ, Бранимир Донат, Владимир Реинхофер, Лејза Јереб, Алојз Мојстиќ, Бранко Бошњак, Предраг Матвеевиќ, Бранислав Глумац, Иван Крталиќ, Кемал Мујичиќ, Томислав Билосниќ, Албин Хорватичек, Јуре Каштелан, Љерка Цар Матутиновик, Дарко Дамјановиќ, Јосип Север, Божица Јелушиќ, Веселко Тенџера, Мирослав Маџер, Никица Петрак, Звонимир Голоб, Иван Роги Нехајев, Милан Раковац, Бруно Поповиќ, Перо Квесиќ, Вишња Стахуљак, Ернес Фишер, Лоредана Богулин, Љубомир Стефановиќ, Весна Крмпотиќ, 3латко Крамариќ, Сибила Петлески, Андријана Шкунца, Миранда Блажевиќ, Дражан Катунариќ. Дијана Делавиќ, Дијана Брозер, Бранко Чегец, Весна Бига, Петар Опачиќ, Предраг Лучиќ, Рената Боретиќ, Здравко Лубуриќ, Звонко Маковиќ, Борислав Павловски. ЦРНА ГОРА Сретен Перовиќ, Мило Краљ, Јеврем Брковиќ, Петар Ѓурановиќ, Јанко Ѓоновиќ, Светозр Пилетиќ, Радослав Ротковиќ, Вукашин Оташевиќ, Вукман Оташевиќ, Гојко Дапчевиќ, Милка Павловиќ, Сретен Асановиќ, Душан Ѓуришиќ, Мирослав Ѓуровиќ, Вукалица Милутиновиќ- Ѓедо, Хусеин Башиќ, Босилка Пушиќ, Мишо Трипковиќ, Младен Ломпар, Слободан Вукмановиќ, Радомир Уљаревиќ, Миодраг Милошевиќ, Војислав Вулановиќ, Коста Радовиќ, Чедомор Вукичевиќ, Бранка Радисимовиќ, Иван Цековиќ, Душан Костиќ, Жарко


СВП 50 - ГОДИНИ 370

371 СВП 50 - ГОДИНИ

Малешиќ, Јован Дујовиќ, Фехим Кајевиќ, Спасое Благојевиќ, Момир Војводиќ, Милорад Поповиќ, Миодраг Раичковиќ, Љубомир Ѓурковиќ, Игор Ремс, Жељко Миловиќ, Сретен Вујовиќ. ЧЕХОСЛОВАЧКА (до 1993) Јиржи Хаек, Иван Доровски, Јан Сирацки, Мирослав Флоријан, Ирена Венингова, Јиржи Осташ, Јуриј Падо, Јиржи Шолота, Пандо Колевски, Никифор Робовски, Јан Костра, Иван Верниш, Јозеф Рибак, Јан Поничен, Јозеф Јелен, Арно Краус, Лидија Ванкрети- Гаворникова, Франтишек Липка, Милан Краус, Донат Шајнер, Владимир Брет, Властимир Брдучек, Вилем Завада, Емил Лукач, Павел Бојар, Рудолф Чизмарек, Светопулк Ржегак, Владимир Реисел, Јарослав Чајки, Милан Лајчек, Михаил Худа, Штефан Страшај, Војтех Михалик, Јан Бузаши, Јан Пиларж, Вацлав Сухи, Карел Боушек, Јан Замбор, Владимир Брет, Властимир Ковачик, Јон Шимонович, Милан Блахинка, Михаил Черник, Флата Куфнерова, Камил Мержик, Ференц Кешели, Иво Одехнал, Јиржи Рулф, Хуле Мирослав, Карол Чмел. ЧЕШКА(од 1993) Јиржи Рулф, Божена Спрацова, Јан Цимиски. ЧИЛЕ Пабло Неруда, Серхио Марцијас, Серџо Бадиља Кастиљо, Сесилија Валдез. ШВЕДСКА Артур Лунквист, Томас Транстромер, Гунар Хердинг, Ленард Фрик, Бенк Ерик Хедин, Јон Милош, Жак Веруп, Кар Магнус Вонсенд, Вили Јасефсон, Нил Розембург, Ролф Агестам, Ларс Бакстрем, Бернт Роземгрен, Питер Ортман, Кел Есмарк, Никлас Рострем, Анета Плејел, Карстин Квинт, Ернес Брунер, Сун Апексон, Ерик Бекман. Фолке Исаксон, Ларс Форсер, Елса Граве,Томи Улафсон, Ингела Странберг, Ролф Агестам, Петер Курман, Ласе Седемберг, Карин Белман, Биргита Троциг, Дарин Ленц, Миодраг Станковиќ, Борче Андоновски, Бравингер, Леонард Гавелин, Бенгт Емил Јонсон, Бенгт Берк, Боел Ченлаер, Ивица Челиковиќ, Александар Милошевиќ. ШВАЈЦАРИЈА Александар Воазар, Елизабет Мејлан, Моник Ледераш, Вае Годел, Феликс Бесингер, Роже Луј - Жино, Лисет Жино, Фриц Гафнер, Јанине Масарт, Магдалена Фогел, Паоло Гир, Жан-Пјер Валотон, Леонардо Зениер, Кристин Цвигман, Хари Вилкенс, Рејмонд Чуми, Хенри Жак Мејлан, Рут Елизабет Кобел, Илма Ракуза. ШКОТСКА Чарлс Бенс, Џон Бернс, Ивон Бернс, Елеонор Ливингстон. ШРИ ЛАНКА Манел Абхаиранте

ШПАНИЈА Рафаел Апберти, Хусто Хорхе Падрон, Хуан Калеро, Ана Рабентос, Рамон Анпоста, Фернандо Куињонес, Васкес Монтаблан, Хуан Мануел Касадо, Антонио Колинас, Луис Антонио Гарсија, Пабло Гарсија Баена, Ангел Гонзалес, Хосе Мигуел Уљар, Луис Бурн де ла Пелиа, Ана Марија, Хосе Херардо, Монрике де Лара, Леополдо де Луис Фернандс, Пино Охеда, Карлос Мурцијано, Ѓорди Вираљонга, Педро Родригез Пачеко, Хосе Коредор Матеос, Сесилија Алварес Гонзалес, Антонио Порпета, Хосе Сеон, Мануел Клериго, Луис Аппера, Анчо Фернандез Окампо, Педро де ла Пења, Хорди Вирилонга, Урсула Хејнце, Хосе Луис Реина Паласон, Жермен Другенбург, Илма Ракуза, Хозе Рамон Рипол, Марта Лопез Луачес, Жоан Аним-Адо (Гранада), Алисија Гонзалес.


СОДРЖИНА

Т’га за југ.........................................................................................................7 Ветената земја поетска...............................................................................9 Семето на книжевниот словенски збор............................................. 16 Напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ......................................................................................... 26 Изворот на христијанството................................................................. 38 Генијалните струшки браќа................................................................... 40 Македонија - љубов и судба................................................................... 46 Спомен на првите гласови на преродбата......................................... 50 Струга е волшебното име на поезијата.............................................. 58 Ти си ми езеро икона................................................................................ 62 Поет на македонските тајнописи......................................................... 67 Мост со мост, ние сите............................................................................ 70 Венецот, ах венецот.................................................................................. 74 Многу славни имиња на поетскиот збор........................................... 80 Струшки вечери на поезијата по шести пат..................................... 84 Славење во името на поезијата............................................................. 88 Траен олтар на вечно живиот поетски збор..................................... 94 Да живее поезијата................................................................................... 97 Грандиозен музеј на мирот.................................................................. 104 Поетски цутови на сите континенти ............................................... 116 Креативен подвижник на поетите од целиот свет....................... 124 Братството на сите песни на светот.................................................. 136 Разместени стихови................................................................................ 140 Песната нема граници........................................................................... 146 Македонија е предел на историски средби..................................... 157 Пееме ние и водните ѕвезди . .............................................................. 162 Глосите вишнеат над белите води...................................................... 166 Дрвјата и книгите живеат заедно....................................................... 170 Зборот Струга се топи на устата......................................................... 178


СВП 50 - ГОДИНИ 374

Тука, посекаде мириса на поезија...................................................... 183 Господ го создавал светот во близината на Охрид....................... 187 Се буди пеењето над водата................................................................. 191 Жив сон голем колку небото............................................................... 195 Сè почнува тука - зборот, дишењето на народот.......................... 198 Грчот на растојанието меѓу нас и името........................................... 202 Само едно не се менува - духот на Струга....................................... 212 Нобеловецот Хини ги виде Вевчанските извори.......................... 218 СВП ги откриваат пријателствата од крв и месо........................... 222 Незаменливоста на поезијата............................................................. 228 Додека ја има светлината - ја има и Струга..................................... 234 Бев принуден на бис да читам до замалување............................... 236 Магијата на зборовите........................................................................... 244 Поезијата ги надминува разликите и недоразбирањата во јазикот............................................................ 248

Издавач Струшки вечери на поезијата За издавачот Данило Коцевски, директор Главен и одговорен уредник Славе Ѓорѓо Димоски Редакција Маре Савеска Џеми Хајредини Стефан Томановски Љавдрим Елмази Ликовен уредник Кочо Фиданоски Компјутерска подготовка Бранислав Галиќ

Духовен мост меѓу народите и културите....................................... 255

Печати ГЦ Југореклам - Скопје 2011

Поезијата на македонскиот народ е како извор во планините................................................................... 258

Тираж 500

На поезијата не и се потребни дивизии........................................... 252

Преку мостот на добрата волја........................................................... 263 Поезијата не познава граници............................................................ 266 Струга како една убава можност на животот................................ 269 Поезијата секогаш победува................................................................ 273

Монографијата 50-години Струшки вечери на поезијата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија

Тоа не може да се случи на друго место........................................... 280 Со нетрпение очекувам пак да ја видам Струга............................ 283 Политичко единство на Европа врз нејзината културна димензија..................................................... 286 Културното зближување може да не спаси..................................... 293 Осаменоста не е судбина на поетот................................................... 303 Волшебниот збор од врутоците на душта и крвта........................ 308

CIP –Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 82-1:7.079”1961/2010”(497.772)(082.2) 821-1(082.2)

Македонија е република на поезијата............................................... 320

ПЕДЕСЕТ 50 години Струшки вечери на поезијата / [главен и одговорен уредник Славе Ѓорго Димоски]. - Струга : Струшки вечери на поезијата, 2011 (Скопје : Југореклам). - 375 стр. : илустр. ; 28 см

Што може позијата, што можат поетите?....................................... 333

Слики и белешки за застапените автори. - Содржи и: Прилози

Прилози..................................................................................................... 341

а) Струшки вечери на поезијата - 1961-2010 - Зборници

Народ со најголем слух за поезија во светот.................................. 313

ISBN 978-9989-193-53-8 COBISS.MK-ID 89059082


МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГЕНЕРАЛЕН МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛ

УНЕСКО

АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА

ГРАД СТРУГА

ТВ ЕРА

ГРАД СКОПЈЕ

ТВ КОБРА

АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТВ ЗДРАВКИН ВЕЛЕС

K

K

Т-ХОУМ

ТОЧКА

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ

ИДИВИДИ

ЕЛЕМ

РАДИО МК


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.