_Voveden del SODRZINA i impresum

Page 6

ЗА МАКЕДОНИЈА ПРЕДГОВОР ОД ИЗДАВАЧОТ - ИДБЦ

затоа што затоа што

Во рамките на издавачката програма на ИДБЦ отсекогаш постоеше предизвик за реализација на ваков обемен проект - монографско издание, кое преку современ методолошки и научнопопуларен пристап ќе ги презентира и афирмира природните убавини во Република Македонија и нејзините културно-историски знаменитости. Република Македонија е ризница на многу истражени, но и неистражени природни реткости и културно-историски споменици од антиката до денес. Нејзината територија изобилува со природна убавина изразена преку бројни планини, котлини, полиња, клисури, пештери, како и извори, реки, водопади, езера. Развојот на цивилизациите и интеркултурната комуникација на овие простори оставиле неизбришливи траги, за кои денес сведочат културноисториските споменици, етнографските вредности, музеите и галериите, а кои се изразуваат преку разните современи манифестациски туристички вредности. Со цел привлекување на домашни и странски гости, на кои ќе им бидат понудени и алтернативните форми на туризмот како актуелен тренд на светскиот туристички пазар, но и за остварување на побрз и поуспешен развој на туризмот, потребна е поддршка и развој на сите ресурси на туристичкото стопанство - хотели, мотели, ресторани, кампови, туристички агенции, транспорт, винарии и производство. Оваа монографија има илустриран и енциклопедиски концепт, во кој текстот е содржински богат и напишан на македонски и англиски јазик, а фотографскиот материјал е грижливо одбран и сеопфатен. Со тоа му овозможува на читателот непосреден пристап до сите нејзини содржини и одлична можност подобро да ја запознае Република Македонија со севкупното нејзино богатство и потенцијал, како и со туроператорите и угостителите. Паралелно со печатеното издание, соодветно е востановен и веб-портал базиран на истиот содржински концепт. Дел од овие содржини се соодветно адаптирани и веќе функционираат како посебен сегмент во рамките на проектот Македонија - туристички бисер, кој ќе продолжи да се развива во насока на промоција на туристичките потенцијали на Македонија. Изразуваме голема благодарност на институциите и поединците кои непосредно и посредно беа вклучени во концепцијата и реализацијата на ова дело, за кое се надеваме дека на секој читател ќе му овозможи информации и запознавање со туристичките вредности на Република Македонија и ќе биде инспирација за туристичка и рекреативна посета на локалитетите и објектите.

www.makedonskibiser.com.mk

VI М а кед о н и ј а - т у р и с т и ч к и б и с е р

генерален менаџер на проектот и главен и одговорен уредник инж. Крсте Савевски


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.