_Voveden del - verzija 3

Page 54

Национално-ослободителна борба

Никола Карев (1877-1905), претседател на Крушевската Република на 26-годишна возраст Nikola Karev, (1877-1905), President of Krushevo Republic at age of 26

Христо Чернопеев (1868-1915) со Штабот, активен во Струмичкомалешевскиот округ за време на востанието Hristo Chernopeev (1868-1915) with the Headquarters, active during the Uprising in Strumica-Maleshevo region

ма провала во ТМОРО. Во текот на своето егзистирање. Организацијата се соочила со голем број провали и афери. 1902 - Аферата Мис Стон, според времетраењето, спектакуларноста, добиените финансиски средства и афирмацијата на македонското револуционерно дело на меѓународен план,

СОЛУНСКИ АТЕНТАТИ

Од 28 април до 1 мај 1903 во Солун биле извршени серија бомбашки напади од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група. Целта била да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Од динамитот на Гемиџиите настрадале францускиот брод Гвадалкивир, Отоманската банка, гасоводните цевки, Гранд Хотел Солун, кафеаните Ал Xамбра и Ноја и Бошнак-ан. Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната Египет, како и неколку други локали, а била извршена и диверзија на телеграфската станица. Гемиџиите успеале да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време.

6 2 . 5 0 0 г од и н и И С ТО Р И Ј А Н А М А К Е ДО Н И Ј А

Повик за објавување на востанието со печат на Битолскиот револуционерен округ

Call for Uprising Publication by stamp of Bitola revolutionary district

претставува најголемата афера во историјата на Организацијата. Ја организирале Јане Сандански, Христо Чернопеев, Крсто Асенов. Грабнатата мис Елен Стон била првиот американски граѓанин киднапиран надвор од територијата на САД. јануари 1903 - Солунски конгрес на Организацијата, на кој било донесено решение за кревање востание. 2-7 мај 1903 - Во Смилево се одржал конгрес, на кој било донесено решение за кревање востание на 2 август 1903 во II Битолски револуционерен округ на ТМОРО. Конгресот избрал Главен востанички штаб и востанички штабови во десетте реони на округот. Членови на Главниот востанички штаб биле Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. 4 мај 1903 - Во Баница, Серско бил убиен Гоце Делчев, еден од најистакнатите раководители на ТМОРО.

Гоце Делчев (1872-1903), срцето на револуционерна Македонија, организатор и водач на МРО Goce Delchev (1872-1903), the heart of revolutionary Macedonia, organizer and leader of MRO

Четата на Питу Гули, последниот бранител на Републиката, фотографирана кај селото Бирино

Guard of Pitu Guli, the last defender of the Republic, made near village of Birino

Илинденско востание 2 август 1903 - На повик на Штабот, во Битолскиот револуционерен округ било кренато Илинденското востание. Целосно било ослободено Крушево и била прогласена република. Биле формирани Градско собрание од

КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ

За време на Илинденското востание, револуционерната власт во Крушево го објавила Крушевскиот манифест. Бил напишан на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени извори го наведуваат Никола Карев. Напишан на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа преведен на турски, бил испратен во 17 примероци до околните села со муслиманско население, кое братски се повикувало да ја поддржи и помогне борбата. Наидува на добар прием, а кметот на селото Алданци возвратил со порака за разбирање на востаничките мотиви. Текстот на Манифестот првпат бил објавен во драмата Илинден на Никола Киров Мајски во 1923 година.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.