EIICM Network News

Page 3

Новата он-лајн алатка е-Ти водич ги објаснува конкретните права на европските потрошувачи при пребарување на интернет и он-лајн купување. Исто така, кога се он-лајн, европските потрошувачи имаат право на: • Јасни информации за цените и условите пред да се случи купувањето; • Одлука дали и како нивните лични податоци се третираат; • Испорака на купениот производ во рок од 30 дена по купувањето; • Период на премислување од најмалку 7 работни дена по купувањето, период во кој може да се откаже нарачката; • Минимум 2-годишна гаранција на купените производи; • Заштита од лажни добавувачи, нечесни договорни услови и комерцијална пракса. Потрошувачите можат да бидат сигурни дека сите нивни права ќе бидат заштитени со посетата на сите веб-страници со екстензија eu. За разлика од веб-страниците со екстензии com или net , веб-страната со екстензија eu, мора да биде регистрирана од страна на физичко лице или фирма основана во една од 27-те земји на Европската унија и да е подложна на законите на Унијата. За повеќе информации : http://ec.europa.eu/eyouguide

Објава на повик за набавка на прехранбени производи Краток опис на предметот на набавката: Општина Брегово, Република Бугарија, објавува повик за доставување понуди од компании за набавка на прехранбени производи и пијалаци, и тоа: месо и месни производи, риба, овошје и зеленчук (преработени и конзервирани), млеко и млечни производи и други прехранбени производи. Јавниот повик за набавка е објавен на 25.06.2009 година

Податоци за набавувачот: Општина Брегово, пл. „Централен“ БГ-3790 Брегово Лице за контакт: Кремена Стефчова Гогорицова Тел. +359 93122373 Факс: +359 93122433. E-mail: ob_bregovo@b-trust.org

Предмет на отворениот повик: Набавка, согласно општите услови за набавка Централно место за реализација на предметот на набавката: Општина Брегово Рок за достава на понудите: 17.8.2009 - 17:00 часот Јазик на кој треба да се достават понудите: бугарски


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.