Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји

Page 1


Оваа публикација е подготвена за целите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а финансирана од Mastercard. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Mastercard. Издавач: Асоцијација за е-трговија на Македонија Уредници: Нина Ангеловска, Јулијана Ангеловска и Виктор Стојкоски Автори: Нина Ангеловска и Јулијана Ангеловска Дизајн: Искра Мартиновска Рецезенти: Сандра Томановиќ и Дамјан Дано Печат: Винсент Графика Тираж: 100 примероци Бесплатeн/комерцијален примерок CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 339:004.738.5(497.7:4)(047.31)ʺ2021ʺ АНГЕЛОВСКА, Нина Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021 година / [автори Нина Ангеловска и Јулијана Ангеловска]. - Скопје : Асоцијација за е-трговија на Македонија, 2021. - 94 стр. : граф. приказ. ; 28 см Библиографија: стр. 94 ISBN 978-608-66223-7-4 1. Ангеловска, Јулијана [автор] а) Електронска трговија -- Македонија -- Европа -- 2021 -- Истражувања COBISS.MK-ID 55397893


Извештај од анализата на е-трговијата:

“ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ, 2021 ГОДИНА”

Асоцијација за е-трговија на Македонија, АЕТМ Скопје

Автори: Д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ, Амбасадор на UNCTAD на иницијативата Е-трговија за жени Проф. д-р Јулијана Ангеловска, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје Oваа публикација е изработена за потребите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а е поддржана од Mastercard. Објавените сеопфатни анализи на состојбата со е-трговијата во 2018 година, „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Р. Македонија”, и во 2020 година „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година” даваат јасна слика за состојбата со е-трговијата, нeјзиниот раст, развој и прогрес, а содржат и препораки за забрзување на растот и формирање на поволна клима за развој на е-трговијата како клучен сегмент на дигиталната економија и смарт, современо општество. По минатогодишната анализа која стави посебен фокус на COVID-19 влијанието, оваа анализа дава преглед на движењето и колку е задржан растот поттикнат од пандемијата по изминат период од повеќе од една година. Анализата исто така дава генерален осврт на е-трговијата во Република Северна Македонија, го разгледува прогресот на годишно ниво согласно достапните податоци и прави спореба со земјите од регионот, како и со eвропските земји.



ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

ПРЕДГОВОР Како македонска асоцијација која ја претставува и застапува е-трговијата во Република Северна Македонија, заедно со сите засегнати страни се залагаме за трасирање и олеснување на патот кон поголем раст и развој на овој значаен и просперитетен сектор. За таа цел на иницијатива на Aсоцијацијата, а со поддршка од Mastercard се изготвуваат извештаи од анализата за состојбата со е-трговијата во Република Северна Македонија. Извештаите даваат слика за движењата на е-трговијата во земјата, за постигнатиот прогрес, за предизвиците и бариерите кои стојат на патот, и со тоа претставуваат основа за носење информирани одлуки, за запознавање на јавноста и засегнатите страни, за делување, за креирање на политики и преземање на активности и иницијативи од сите засегнати страни со цел понатамошен прогрес и забрзан раст. Извештајот за оваа година опфаќа многу значајна година, непобитно обележана со појавата на пандемијата COVID-19. За разлика од порано, е-трговијата повеќе не претставуваше избор туку неопходност за време на пандемијата. Како продажен канал, е-трговијата одигра исклучително важна улога во општеството, овозможувајќи безбеден пристап на потрошувачите до стоки и услуги во време кога беа воспоставени ограничувања и рестриктивни мерки за заштита на здравјето на луѓето. Истовремено е-трговијата претставуваше основен начин за адаптација на бизнисите со цел да го одржат бизнисот, да компензираат за падот во продажбите на физичките локации и да придобијат нови клиенти. Како резултат на тоа, онлајн продажбата забележа исклучителен раст. Сите иницијативи и проекти кои ги реализира Асоцијацијата за е-трговија се базирани на состојбата, предизвиците, мапираните бариери и потребите на членките и пазарот, а се имплементираат благодарение на одличниот и динамичен тим кој ја дели истата визија и е секогаш подготвен за нови иницијативи кои ќе дадат импакт и ќе бидат сработени со многу енергија и ентузијазам. Сработеното, улогата и придонесот на АЕТМ уште повеќе дојдоа до израз за време на пандемијата. Горди сме на постигнатото, но има уште многу предизвици пред нас. Е-трговијата има навистина голем потенцијал, а кај нас се уште сме на самите почетоци на отклучување на тој потенцијал. Потребно е да се работи на зајакнување и унапредување на дигиталните вештини, едукација на пазарот, кревање на свеста, градење на доверба, намалување на неформалната економија која креира нелојална конкуренција, дигитализирање на процесите, унапредување на доставата и платежните солуции и сл. Имаме многу работа како на страната на побарувачката (населението) така и на страна на понудата (македонските компании) која треба да се унапредува. Екосистемот на е-трговијата е комплексен, ако се стремиме кон побрз напредок и развој на истиот, потребна е интердисциплинарност, холистички пристап и придонес од сите засегнати страни вклучително од владините институции, од компаниите, од сите поврзани сектори, од невладините организации, од донаторите, како и од сите поединци инволвирани во е-трговијата. Денес, нашата способност да мислиме “пост-COVID” и да се подготвиме за свет во кој технологијата и иновациите се подобро искористeни е клучна за да можеме да креираме подобра иднина. По забрзаниот раст предизвикан од COVID-19 пандемијата, предизвикот кој останува е да се задржи овој раст и да се искористи моментумот со цел да се забрза трансформацијата кон дигитално и смарт општество, да се искористат предностите на дигиталната економија и е-трговијата како интегрален дел од истата. Продолжуваме и понатаму посветено и со многу ентузијазам, заедно со сите засегнати страни, да работиме, да го искористиме овој неповторлив период за забрзување на трансформацијата, дигитализацијата и е-трговијата во нашата земја.

Д-р Нина Ангеловска Претседател, Асоцијација за е-трговија на Македонија 5


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

ПРИЗНАНИЈА Извештајот е изработен од д-р Нина Ангеловска и проф. д-р Јулијана Ангеловска, а овозможен благодарение на финансиската поддршка од Mastercard кој ја поддржува работата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија од самите почетоци. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија изразува благодарност на сите членки кои ја препознаваат работата и придонесот на Асоцијацијата кон подобрување на климата за водење е-трговија, кон кревање на свеста за значајноста и потенцијалот на е-трговијата, кон идентификување на бариерите и постојано вложување напори за нивно отстранување, како и кон креирање на содржини и ресурси за информирање и едукација на сите засегнати страни. Благодарност и до интернационалните развојни агенции и донори кои ја препознаа и поддржаа работата на АЕТМ - USAID кои преку нивниот Проект за развој на деловниот екосистем ја поддржаа иницијативата „Е-трговија за сите” (анг. “Ecommerce4All” - www.ecommerce4all.mk) и овозможија да се креира сеопфатна платформа, чија потреба произлезе од мапирањето на бариерите во е-трговија (дел од препораките во Извештајот од анализата на е-трговијата во Република Македонија, 2018 година) која на едно место ги сублимира сите потребни информации за започнување и водење е-трговија во Република Северна Македонија, како и да се организираат обуки т.н Learn-a-thons за зајакнување на вештините на е-трговците и да се отворат 40 нови е-продавници во текот на 2020 година; GIZ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit) кои ќе овозможат ширење на платформата E-commerce4all во CEFTA регионот преку поддршката на новиот проект на АЕТМ т.н „Регионална платформа Е-трговија за сите” (анг. “Regional Ecommerce4all Platform”); IME (Програмата за зголемување на пазарната вработливост) кои ја поддржуваат имплементацијата на иницијативата на АЕТМ креирана да ги зајакне дигиталните вештини на македонските земјоделци и да им отвори можност за раст на нивниот бизнис преку e-трговија (анг. “Agri e-commerce”); како и Swiss EP (Швајцарската програма за претприемништво) коja овозможува поддршка преку поврзување со странски експерти и реализирање едукативни активности за развој на дигиталните вештини; и УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој) и нивнијата иницијатива Е-трговија за жени (анг. “eTrade for Women”) во која Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска е назначена за жена-амбасадор и со која АЕТМ ги ко-организираше регионалните настани за вмрежување и унапредување на дигиталните вештини на жените-претприемачи т.н. “eTrade for Women Masterclasses for the Balkans”. АЕТМ го препознава придонесот кон оваа анализа и на рецезентите г-ѓа Сандра Томановиќ и г-дин Дамјан Дано кои земаа учество со прегледување и давање сугестии на драфт верзијата.

6


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР

5

ПРИЗНАНИЈА

6

КРАТЕНИЦИ

8

ВОВЕД

9

МЕТОДОЛОГИЈА

12

ДЕЛ I - COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: РАСТОТ НА Е-ТРАНСАКЦИИ ПОТТИКНАТИ ОД COVID И ПОНАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ [2020-2021] 17 Користење на платежни картички на интернет места на продажба во 2020 година 17 Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

21

За што се користат платежните картички: кој, каде, како?

23

Анализа на остварените трансакции со платежни картички во првото шестмесечие од 2021 година Број на трговци, продажни места и уреди кои прифаќаат платежни картички

29 36

ДЕЛ II - ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КОРИСНИК И Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ИКТ на домаќинствата, поединците и деловните субјекти

41 42

Aнализа на македонскиот е-купувач и споредба со балканскиот и европскиот

47

Колку купуваат Македонците онлајн?

47

Што купуваат Македонците најмногу онлајн?

48

Каде купуваат македонските е-купувачи?

51

Колку често купуваат Македонците онлајн?

52

Колку трошат Македонците по нарачка?

53

Активности на интернет: Покрај за онлајн купување, за што се користи интернетот во Северна Македонија, соседните земји и Европа? 55 ДЕЛ III - ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА ПРЕКУ РЕЛЕВАНТНИТЕ ИНДЕКСИ И ИНДИКАТОРИ [B2C E-COMMERCE INDEX & NRI] 65 UNCTAD B2C Индекс за е-трговија 65 Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI) ДЕЛ IV- ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Заклучни согледувања Иницијативи на Асоцијација за е-трговија на Македонија за раст и развој на е-трговијата

67 75 75 82

Имплементирани иницијативи и проекти на АЕТМ

83

Тековни проекти и иницијативи на АЕТМ

89

Идни проeкти и иницијативи на АЕТМ за 2022 година

92

БИБЛИОГРАФИЈА

94

7


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

КРАТЕНИЦИ AETM

Асоцијација за е-трговија на Македонија

АТМ

Банкомат

ДЗС

Државен завод за статистика

Е-трговија

Електронска трговија

Е-трговци

Електронски трговци

ЕЦБ

Европска централна банка

ИКТ

Информациско комуникациска технологија

НБРСМ

Народна Банка на Република Северна Македонија

ФЛ

Физички лица

ПЛ

Правни лица

ПОС

Продажно место со физичка локација (POS - point of sale)

ПС

Персонален комјутер

С2C

Потрошувач-кон-Потрошувач е-трговија (Consumer-to-consumer e-commerce)

B2B

Бизнис-кон-Бизнис е-трговија (Business-to-business e-commerce)

B2C

Бизнис-кон-Потрошувач е-трговија (Business-to-consumer e-commerce)

GIZ

Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit

IME

Increasing Market Employability Programme

ITU

Меѓународна телекомуникациска унија (International Telecommunication Union)

LPI

Индекс на логистички перформанси (Logistics Performance Index)

NRI

Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (Networked Readiness Index)

OECD

Организација за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development)

UNCTAD

Конференција за трговија и развој на Обединети Нации (United Nations Conference on Trade and Development)

USAID

United State Agency for International Development

4G

Четврта генерација на безжична мобилна телекомуникациска технологија

8


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

ВОВЕД За донесување правилни одлуки и преземање на понатамошни активности неопходно е да се анализира постигнатото, да се детектираат предизвиците и соодветно да се делува. На иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а поддржана од Mastercard изготвена е публикацијата со наслов: „Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021“, која врз база на достапни податоци го анализира растот и развојот на е-трговијата во Република Северна Македонија во 2020 година и првото шестомесечие од 2021 година, како продолжение на публикуваните извештаи од анализите на е-трговија од претходните години. Изработката на овој преглед претставува продолжение на Извештајот од „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година” изработена претходната година кога на светот му се случи COVID-19 пандемијата. Здравствената криза носеше со себе низа рестриктивни мерки за ограничување на движењето на луѓето со цел спречување на ширењето на заразата, а сите овие ограничувачки мерки на движењето преземени скоро од сите влади придонесоа за поголема побарувачка на производи и услуги директно од својот дом. Во такви услови, за многу жители е-трговијата не беше избор туку неопходност за обезбедување на основни намирници, но исто така затворањето на трговските центри значеше дека е-трговијата беше единствен начин за купување на производи. Пандемијата COVID-19 го забрза растот на е-трговијата на глобално ниво и придонесе кон отклучување на потенцијалот на е-трговијата како дел од дигиталната економија. Во анализата на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година, земени беа за анализа последните податоци за 2019 година, но и првото шестомесечие од 2020 година согласно достапните податоци во споредба со минатите години, но и во споредба со европските земји. Анализата за растот и развојот на е-трговијата во првото шестомесечие од 2020 година покажа значајно придвижување во динамиката на раст по вредност и број на направени трансакции со платежни картички во Република Северна Македонија. Уште позначајно е дека во структурата на местото на купување од голема важност е промената на зголемено учество во онлајн купувањата на Македонците кон домашните е-трговци. Главно прашање на кое се бара одговор не само во Република Северна Македонија туку во глобални рамки е колку овој раст ќе се задржи и дали овие променети навики ќе траат и ќе продолжат и понатаму после ослободување на рестриктивните мерки и ослободување на економијата и враќање во нормала. Така, овој преглед има за цел да продолжи со оценка на влијанието на COVID-19 врз растот на е-трговијата во 2020 година, како и да даде одговор на прашањето дали и со каков интензитет продолжува растот во 2021 година. За таа цел достапни се месечните податоци кои ги објавува Народната банка на Република Северна Македонија за платежна статистика на квартално ниво и податоците од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија на годишно ниво, односно заради споредба со податоците на Еуростат. Во првиот дел се анализира состојбата со е-трговијата во 2020 година и тоа обем и вредност по трансакции, како и по видот на уредот и местото на издавање на картичката и местото на опслужување на уредот преку податоците на НРБСМ. Исто така направена е анализа на податоците за начините на користење на платежните картички за да се согледа промената во навиките за нивно користење. Анализирани се и податоците за отворање на нови е-продавници за да се види растот на страната на понудата. Покрај анализа на податоците за 2020 година направена е анализа и на податоците за првото шестмесечие од 2021 година. Со анализата на податоците за првото 9


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

шестмесечие може да се даде одговор на главното прашање дали и колку растот во е-трговијата како на страната на побарувачката така и на страната на понудата продолжува. Во вториот дел од анализата заради усогласеност и споредливост користени се податоците од Еуростат секако прибрани од ДЗС. При тоа мора да се има предвид методологијата за прибирање на податоците. Државниот завод за статистика согласно методологијата на Еуростат податоците ги прибира по пат на спроведување на прашалник за ИКТ од домаќинствата, поединците и деловните субјекти. Она што е особено значајно за прибирањето на податоците од страна на ДЗС е дека тоа е првиот квартал од годината и одговорите се однесуваат на последните 3 месеци, а тоа е првото тромесечие од годината. Оттука мора да се има во предвид дека пандемијата започна во март 2020 година и податоците за 2020 година не даваат слика за раст на е-трговијата предизвикана од пандемијата, односно од воведените мерки заради заштита од COVID-19 пандемијата. Најнапред во овој дел се анализирани податоците за интернет пристап во домаќинствата и употреба на интернетот од населението на возраст 16-74 години. Анализирани се и податоците за интернет пристап, веб страни, понуда и онлајн продажба на деловните субјекти со над 10 вработени без финансискиот сектор. Со цел да се добие подобра слика за состојбата со ИКТ во домаќинствата и деловните субјекти направена е споредба со европските земји за да се види постигнатото во однос на другите европски земји и ЕУ (27) просекот. За да се направи профил на македонскиот е-купувач направена е детална анализа за онлајн купувањето и тоа колку Македонците купуваат, што купуваат, од каде, колку често и во кој износ. Мора да се има во предвид дека прашалникот на ДЗС е поставен за одговор на нарачани/купени производи онлајн, што значи ја опфаќа е-трговијата во поширока смисла според дефиницијата е-трговија, односно важно е само нарачката да биде направена онлајн, а не задолжително и плаќањето да биде направено онлајн. Во овој дел од анализата покрај направената споредба со европските земји одвоени се и земјите од Западен Балкан за подобра слика за профилот на македонскиот купувач не само во однос на европските земји туку и во однос на нашето опкружување. Ако подетално се разгледа што прават интернет корисниците кога се онлајн се забележува дека постојат заеднички активности како праќање и примање на е-маилови, телефонирање преку интернет/видео повици, онлајн барање на информации, читање на вести и секако учество во социјалните мрежи. Со цел да се види кои активности најмногу ги прави, односно како го користи интернетот македонскиот е-корисник направена е и компаративна анализа за употребата на интернетот од страна на македонските корисници со европските, а посебно со соседите. Во третиот дел се анализира потенцијалот за развој кој може да обезбеди понатамошен раст на е-трговијата, а за таа цел се користени: B2C индексот за е-трговија на UNCTAD (E-commerce B2C Index) и Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index - NRI). B2C индексот за е-трговија на UNCTAD ја мери подготвеноста на една држава за е-трговија и зема предвид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет сервери. Индексот на подготвеност за мрежно поврзување ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко - ги проценува факторите, политиките и институциите што и овозможуваат на земјата целосно да ги искористи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за инклузивен, одржлив раст, конкурентност и благосостојба. Напредокот направен од Република Северна Македонија се анализира преку споредба на индексите и индикаторите кои го сочинуваат во 10


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

споредба со претходните години, но и во споредба со европските земји, со посебен акцент на земјите од нашето окружување. Индексот на логистички перформанси (LPI - Logistic Performance Index) кој ја покажува компаративната предност на земјата во однос на логистичка подршка, а го објавува Светската банка и е исто така важен за е-трговијата и го покажува потенцијалот за вршење на ефикасна достава на нарачаните пратки, особено за развивање на меѓународни нарачки, не е анализиран бидејќи нема понови податоци од истите опфатени со „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година”. Во четвртиот дел се дадени заклучните согледувања, како и преглед на иницијативите за унапредување на е-трговијата преземени од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Претходните објавени анализи во 2018 и 2020 година содржат низа препораки за забрзан раст и натамошен развој на е-трговијата во земјата кои се групирани во три главни групи и тоа препораки насочени кон понудата во е-трговија, кон побарувачката (население) и заеднички препораки кои ги засегаат и понудата и побарувачката. Сите овие групи содржат повеќе сетови на препораки како едукативни мерки, мерки за законската регулатива, мерки за евиденција и следење, мерки за финансиска поддршка, за зголемување на извозот, за финансиската инфраструктура, за намалување на готовината и нелојалната конкуренција, за даночни поттикнувања и промотивни мерки. Препораките кои за прв пат беа објавени како дел од анализата во 2018 година, а кои произлегуваат од спроведената анaлиза и мапираните слабости и бариери претставуваа појдовна основа за преземање дејствија и истите се наменети да им послужат на владините институции, донаторите, невладините организации и сите засегнати кои сакаат да преземаат иницијативи и да имплементираат активности кои ќе придонесат за подобрување и напредок на е-трговијата во земјата. Претходната анализа објавена во 2020 година даде преглед на реализираните препораки и дополнување со нови, со што најголемиот дел од реализираните препораки се од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Со оглед дека согласно сознанијата на АЕТМ во периодот помеѓу објавената минатогодишна анализа и оваа, нема значаен прогрес во започнување или имплементација на препораките кои не се во надлежност или домен на работа на АЕТМ, во оваа анализа даден е осврт на реализираните, тековни и идни иницијативи на Асоцијацијата за е-трговија, а кои се произлезени од препораките содржани во минатогодшната анализа.

11


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

МЕТОДОЛОГИЈА За изработка на анализата користени се секундарни податоци, како: објавени статистички податоци, интерни податоци, публикации од различни институции и автори, домашна и странска литература и интернет-страници. За подобро разбирање и интерпретација на податоците потребно е да се спознае методологијата за прибирање на податоците. [1] НБРСМ - Податоците на месечна основа во однапред дефинирани рокови преку електронска апликација ги доставуваат сите учесници во платежната статистика како: банки, издавачи на електронски пари, правни лица, посредници при микроплаќањата и останати обезбедувачи на платежни услуги и оператори на платни системи коишто се вклучени во платен систем или вршат други услуги поврзани со плаќањата до Дирекцијата за платни системи при Народната банка на Република Северна Македонија. Податоците од јануари 2005 година до јануари 2016 година се по старата методологија. Методологијата е прилагодена спрема ЕЦБ од март 2016 и податоците за известувачкиот период 2016-2018 год., се ревидирани во март 2019 година. Со новата статистика се отвори можноста за креирање на подетална анализа на состојбата на е-трговијата во Република Северна Македонија и тоа пред се во поглед на тоа колку Македонците купувале онлајн кон домашни трговци, колку нерезиденти купувале од македонски онлајн продавници и колку Македонците купувале онлајн од трговци надвор од земјава. Во новиот извештај за Платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот подетално се содржани следните типови на трансакции: 1.

трансакции на уредите во земјата со картички издадени во земјата;

2. трансакции на уредите во земјата со картички издадени надвор од земјата; 3.

трансакции на уредите надвор од земјата, со картички издадени во земјата.

Податоците за платежна статистика на Народната банка ја опфаќаат дефиницијата во потесна смила на зборот односно само реализираните трансакции со платежни картички. Заради споредливост на податоците анализата е направена во однос на претходните години заклучно со 2016 година. Исто така треба да се истакне дека во виртуелни (интернет) продажни места влегуваат сите виртуелни места кои вршат е-наплата вклучително и платформите на провајдерите на телекомуникациски услуги, електрична енергија, владини услуги и други услуги, што значи дека опфатот вклучува многу повеќе од е-продавници (малопродажба). Тоа значи дека во направените трансакции на виртуелни продажни места вклучени се и плаќањата на сметки, владини услуги и други трансакции реализирани преку овие терминали. [2] Државниот завод за статистика (ДЗС) ја спроведува анкетата за ИКТ од домаќинствата и поединците. За рамка на примерокот се користи пописот на населението, домаќинствата и становите од 2002 година. Метод на собирање: доброволно, самостојна анкета, лице-в-лице интервју. Податоците за деловните субјекти се прибираат со пополнување на прашалник (образец ИКТ.1). До 2014 година, прашалникот до избраните деловни субјекти се испраќаше во хартиена форма (пo пошта), а од 2015 година, тој се пополнува електронски во естат системот. Примерокот е стратифициран случаен примерок. Стратификацијата на примерокот е по групи на дејности и по групи на вработени. Рамката за примерокот е Статистичкиот деловен регистар со состојба на крајот на претходната година. Од 2012 година, како единици на набљудување се исклучени деловните субјекти под 10 вработени. Прикажаните податоци се оценка на добиените одговори од деловните субјекти. Пондерирањето на добиените одговори од деловните субјекти е направено со Хорвиц-Томсоновиот (HT) проценувач на обратни веројатности, по стратуми, при што се користени 12


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

статистички процедури на САС [Stat.gov.mk, 2020]. При тоа во однос на прашањата од прашалникот за е-трговија се однесуваат на нарачани/купени производи што значи ја опфаќа е-трговијата во поширока смисла според дефиницијата на е-трговијата, односно важно е само нарачката да биде направена онлајн, а не задолжително и плаќањето да биде направено онлајн. Она што е особено значајно за прибирањето на податоците од страна на ДЗС е дека тоа е првиот квартал од годината и одговорите се однесуваат на последните 3 месеци, односно на првото тромесечие од годината. Отука мора да се има во предвид дека пандемијата започна во март 2020 година и податоците за 2020 година не даваат слика за раст на е-трговијата предизвикана од пандемијата, односно мерките воведени заради заштита од COVID-19 пандемијата. Методологијата е усогласена со Еуростат и заради споредливост со други земји за анализата се користени податоците на Еуростат [Ec.europa.eu, 2021]. Исто така, во 2020 година Еуростат направи измена на некои индикатори, па истите не можат да се споредат со минатите години. Направена е и промена во просекот на ЕУ односно заради Брегзит просекот се пресметува од 27 земји. [3] UNCTAD - B2C E-commerce index - Индексот за електронска трговија B2C ја мери подготвеноста на економијата да го поддржи купувањето преку интернет. Индексот се состои од четири индикатори кои се тесно поврзани со купувањето преку интернет и за кои има широко покритие од земјата. Степенот до кој луѓето купуваат преку интернет во една земја е во корелација со вредноста на индексот, со прилагодена R квадратна вредност од 0,8. Ова вклучува пристап до интернет од страна на потрошувачот, веб присуство за да се добие нарачката, начин на плаќање и метод на испорака. Второ, статистичката анализа е направена со регресирање на овие показатели за процентот на поединци кои направиле онлајн нарачка. Индексот за 2019 и 2020 година опфаќа 152 земји со сите достапни индикатори за 2017 година или покасно [UNCTAD, 2015, 2017, 2019, 2020]. За потребите на компаративната анализа на овој извештај се земени само европските земји [4] Светски економски форум (World Economic Forum) - создаде посебна непрофитна организација Портуланс Институт (Portulans Institute) за поддршка на истражувањето на индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index - NRI). До 2016 година Извештајот за глобалната информатичка технологија (Global Information Technology Report (GITR)) беше издаван од Светски економски форум, на Универзитетот Корнел (Cornell University и INSEAD). Индексот за 2019 година се одликува со обновена рамка која ги проценува факторите, политиките и институциите што и овозможуваат на земјата целосно да ги искористи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за инклузивен, одржлив раст, конкурентност и благосостојба. Основниот модел на NRI сменет од 2019 година се разликува во неколку аспекти наспроти NRI од 2016 година. Според тоа, резултатите од двете рангирања не се директно споредливи, но сепак постои висока позитивната корелација помеѓу двете рангирања (ρ = 0,97), а и неколку земји се наоѓаат во приближно иста позиција, особено на екстремните позиции на рангирањето. Како главни извори за околу половина од индивидуалните индикатори користени за пресметка на NRI се користени меѓународни организации: Меѓународната унија за телекомуникации (the International Telecommunication Union), УНЕСКО и други агенции на ОН и Светската Банка. Другата половина од индикаторите за NRI се изведени од Анкетата на Светскиот економски форум (World Economic Forum’s Executive Opinion Survey). Истражувањето од анкетата се користи за мерење на концепти кои се квалитативни по природа или за кои не се достапни меѓународно споредливи статистички податоци за доволно земји. [Portulans Institute, 2019]. Во 2020, по втор пат се изготвува индексот според обновената методологија, но техничката советодавна група направи уште една ревизија [Portulans Institute, 2020]. Индексот за подготвеност за мрежно поврзување е повеќедимензионален концепт. NRI затоа е композитен индекс кој е конструиран врз основа на неколку нивоа. Првото ниво се состои од четири столба кои ги сочинуваат основните димензии на подготвеноста на мрежата: технологија, 13


ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА И СПОРЕДБА СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

луѓе, управување и влијание. Секој од овие столбови е поделен на три под-столба кои го сочинуваат второто ниво: ● ● ● ●

Технологија: пристап, содржина, идни технологии Луѓе: поединци, бизниси, влади Управување: доверба, регулација, вклучување Влијание: економија, квалитет на живот, придонес на SDG (цели за одржлив развој)

Третото и последно ниво се состои од индивидуални индикатори кои се дистрибуирани низ различните под-столбови и столбови. Било кој даден индикатор припаѓа на столб и под-столб. Од таа причина, секој индикатор се идентификува со три цифри, каде што првата цифра се однесува на столбот, втората цифра се однесува на под-столбот, а третата цифра го означува индикаторот. На пример, индикаторот 1.2.4 се однесува на третиот индикатор (Развој на мобилни апликации) што е поставен во вториот под-столб (содржина), кој, пак, му припаѓа на првиот столб (технологија). Вкупно 62 индикатори се идентификувани за NRI 2020 година. Од овие индикатори, 40 се квантитативни податоци, 12 се податоци за индекс / композитни индикатори и 10 се податоци од анкетни / квалитативни податоци. Пресметката на целокупниот NRI се добива со последователно агрегирање на резултатите, односно поединечните индикатори се агрегирани за да се добијат резултатите од столбовите, што потоа се комбинираат за да се добијат подиндексите. Подиндексите потоа се комбинираат за да се добие вкупниот NRI резултат на земјата.

14




COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ I - COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: РАСТОТ НА Е-ТРАНСАКЦИИ ПОТТИКНАТИ ОД COVID И ПОНАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ [2020-2021] Во овој дел се анализира состојбата со е-трговијата во 2020 година и тоа обем и вредност по трансакции со податоците на НБРСМ. Исто така направена е анализа на податоците за начините на користење на платежните картички за да се согледа промената во навиките за нивно користење. Анализирани се и податоците за отворање на нови е-продавници за да се види растот на страната на понудата. Покрај анализа на податоците за 2020 година направена е анализа и на податоците за првото шестмесечие на 2021 година. Со анализата на податоците за првото шестмесечие од тековната година, може да се даде одговор на главното прашање дали растот во е-трговијата како на страната на побарувачката така и на страната на понудата продолжува. За да се согледа влијанието на COVID-19, податоците се споредени со претходниот период, и тоа за некои од дадените прегледи земен е период од 2016 до 2020 година. Покрај вкупните трансакции, анализирана е и вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата, вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата и вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата. Исто така направена е анализа на навиките и начините на користење на платежните картички.

Користење на платежни картички на интернет места на продажба во 2020 година Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички во Р.С.Македонија во 2020 година изнесува 14.775,2 милиони денари или 240 милиони евра и има пораст од 36,5% во однос на 2019 година. Притоа доминираат физичките лица со 91% во вкупно направените онлајн трансакции на виртуелни места на продажба, додека во 2019 година учествувале со 80%. Физичките лица бележат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции во 2020 година односно 54,1% за разлика од правните лица каде има пад од 38,1% во однос на 2019 година. Тоа е уште повидливо ако се анализира бројот на направените трансакции кон интернет продажните места кој има пораст од 50,1% во однос на 2019 година и тоа кај физичките лица со 57,3%, додека кај правните лица има пад од 5,7%. Оттука се наметнува и пресметката на просечната вредност на една трансакција која се намалува во 2020 година на 1.470 денари спрема 2019 година кога била 1.610 денари. При тоа падот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде просечната трансакција се намалува за 34,3% и изнесува 1.786 денари (Табела 1.1)

17


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табела 1.1: Вкупни трансакции со платежни картички на интернет продажни места Табела 1.1: Вкупни трансакции со платежни картички на интернет продажни места

2019

Вредност (во мил. ден.)

Број (во мил.)

Вкупно

Вкупно

10,827.8

ФЛ 8755.7

ПЛ 2072.0

6.7

Просечна нарачка (ден.)

ФЛ 5.96

ПЛ 0.76

Вкупно 1609.6

ФЛ 1467.9

ПЛ 2717.9

2020

14,775.2

13,491.8

1,283.3

10.1

9.38

0.72

1462.9

1438.1

1785.5

пораст 20/19

36.46%

54.09%

-38.06%

50.1%

57.3%

-5.7%

-9.11%

-2.03%

-34.31%

Извор: НБРСМ За да го видиме влијанието поттикнато од мерките преземени за спречување на ширењето на COVID-19 направена е споредба на вредноста на направените онлајн трансакции по квартали и споредба со претходната година. Земени се во предвид трансакциите со домашни и странски картички кон домашни и странски виртуелни места на продажба. Од Сликата 1.1 се гледа дека има поголем пораст на вкупната вредност на онлајн трансакции во вториот (29.8%), третиот (26.3%), а најмногу во четвртиот квартал на 2020 година спрема истиот период 2019 година кога порастот изнесува 68,8%. Слика 1.1: Вредност на вкупно реализирани онлајн трансакции (во милион евра) во 2019 и 2020 година по квартали и пораст по квартали

Извор: НБРСМ Понатамошната анализа за направените трансакции кон интернет продавниците ни е овозможена од податоците кои ги делат трансакциите на трансакции кон домашни е-трговци и кон странски, а направени од картички издадени во земјата или од странство. На Слика 1.2 е дадено движењето на вредноста на реализираните трансакции во е-трговијата според потеклото на картичката по месеци во 2020 година, но и според местото на направената трансакција, дома и во странство. Исто така е прикажан уделот по месеци во вкупната вредност реализирана онлајн. Она што се забележува е значајно зголемување на учеството на домашните картички кон домашни е-трговци од месец април, односно со отпочнувањето на пандемијата и 18


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

рестриктивните мерки, кога истото достигнува 65%, за сметка на тоа се намалува учеството на странските картички кон домашни е-трговци на 18%, а опаѓа и учестото на домашните картички кон странски е-трговци. Сепак учеството на странските картички кон домашни е-трговци од мај повторно има пораст, а во 2020 година во просек истото изнесува 31%, додека во 2019 изнесувало во просек 4%. Слика 1.2: Вредност на онлајн трансакции (во милион евра) во 2020г. според потеклото на картичката и трансакцијата и нивно учество во вкупната вредност (по месеци)

Извор: НБРСМ Учеството на вредноста на онлајн трансакции во вкупните трансакции во 2019 изнесувало 39%, додека во 2020 истото е зголемено на 50%. Најголем пад на учеството има кај вредноста реализирана онлајн со домашни картички кон странски трговци кое од 57% во 2019 година опаѓа на 19% во 2020 година.

ПРОМЕНА ВО СТРУКТУРАТА НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ ВО ПОЛЗА НА ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ. 74% ОД ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ ВО 2020 Е РЕАЛИЗИРАНА КОН ДОМАШНИ Е-ТРГОВЦИ, НАСПРОТИ 43% ВО 2019 И 38% ВО 2018. Она што најмногу е забележително како влијание на COVID-19 е менување на структурата на учеството според местото на онлајн купување. Ако во 2017 година од вкупно потрoшената вредност кон домашни е-продавници отпаѓала 35%, во 2018 година 38%, во 2019 година 43% - во 2020 година учеството на трансакциите направени во полза на домашните е-трговци е зголемено на 74%, за сметка на што учеството кон странските е-продавници од 67% во 2019 опаѓа на 36% во 2020 година.

COVID-19 ПАНДЕМИЈАТА ПОТТИКНА ТРИЦИФРЕН РАСТ ВО ВРЕДНОСТА НА РЕАЛИЗИРАНИ ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ КОН ДОМАШНИТЕ Е-ПРОДАВНИЦИ. ОД ВТОРИОТ КВАРТАЛ ВО 2020 ТРАНСАКЦИИТЕ КОН ДОМАШНИ Е-ТРГОВЦИ БЕЛЕЖАТ НАД 160% РАСТ СПОРЕДЕНО СО ИСТИОТ ПЕРИОД 2019 ГОДИНА На Слика 1.3 прикажана е вредноста на онлајн трансакции по квартали реализирана кон домашни и странски е-трговци со домашни и странски картички за 2019 и 2020 година. Јасно се гледа

19


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

драстично зголемувањето на вредноста на онлајн трансакциите кон домашните е-трговци, почнувајќи од вториот квартал и одржување на динамиката во наредните два квартали. Слика 1.3: Вредност (во мил. евра) и пораст (%) на вредноста на онлајн трансакциите остварени кон домашни е-трговци К1-К4 2019 и 2020

Извор: НБРСМ На Слика 1.4 дадено е движењето на вредноста на онлајн трансакциите од 2016 до 2020 година по место на реализација и растот на истата во однос на претходната година. Она што може да се забележи е дека динамиката на пораст на вредноста на реализирани трансакции кон домашни е-трговци (од домашни и странски иматели на картички) во 2020 е особено засилена од пандемијата и во 2020 година има драстичен раст од 135% спрема 2019 година. Вредноста кон странски е-трговци (од македонски иматели на картички) бележи пад од 38% на годишно ниво во 2020 година, а вкупниот раст на реализирани трансакции изнесува 36,5%. Слика 1.4: Вредност на онлајн трансакции (во милион евра) во 2016-2020г. според потеклото на картичката и трансакцијата и нивно учество во вкупната вредност (по месеци)

Извор: НБРСМ

20


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство? Влијанието на пандемијата секако се одрази и на намалување на вредноста и бројот на трансакциите кои Македонците ги оствариле во странство. Македонците потрошиле околу 62,2 милиони евра за купување производи и услуги во странство во 2020 година, што претставува само 26% од вредноста на онлајн трансакциите. Падот од 38% на вредноста на реализираните трансакции во странство од Македонци во однос на 2019 година е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени. Физичките лица учествуваат со 76% во остварената вредност на онлајн купување во странство и имаат помал пад (-34,1%) во однос на правните лица (-46,9%). Бројот на трансакции кои ги направиле Македонците купувајќи онлајн во странство исто така е намален и изнесува 2,8 милиони во 2020 спрема 3,4 мил во 2019 година и има пад од 18%. Заради помалиот пад на бројот на направени трансакции во странство од потрошената вредност во 2020 година и понатаму се намалува износот на просечната трансакција кој од 29,7 евра во 2019 година се намалува на 22,4 евра во 2020 година (Табела 1.2). Кај бројот на остварени трансакции физичките лица учествуваат дури со 94% во вкупниот број и имаат просечна вредност по остварена трансакција од 18,1 евра спрема 91,9 евра остварени од правните лица во 2020 година во странство. Табела 1.2: Трансакции на виртуелни места на продажба (интернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство

Вредност (во мил. евра.)

Број (во мил.)

Вкупно

Вкупно

ФЛ

ПЛ

3.38

ФЛ

ПЛ

2019

100.4

72.0

2020

62.2

47.1

15.05

2.77

2.61

0.16

-38.1%

-34.6%

-46.9%

-17.9%

-17.2%

-3.%

пораст 20/19

28.33

Просечна нарачка (евра)

3.15

0.23

Вкупно 29.7

ФЛ

ПЛ 22.9

124.8

22.4

18.1

91.9

-24.5%

-21.0%

-26.4%

Извор: НБРСМ Дури 74% од вкупниот износ во вредност од 62.2 милиони евра кои Македонците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство и 79% од бројот на вкупно направените трансакции од 2,8 милиони се реализирале во корист на шест земји: Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург, Холандија и остаток од светот. При тоа, од остварената вредност на онлајн трансакции од 46 милиони евра, 23% е остварена во Обединетото кралство, 16% во Унгарија, 15% во Ирска (Слика 1.5). Она што е забележително е зголемувањето на учеството на Ирска во однос на минатата година. Најголемата вредност реализирана од Македонците кон овие три земји е и очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска). Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се 21


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е регистрирана европската филијала на Amazon преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединетото Кралство. За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединетото Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот. Слика 1.5: Удел на земјите во вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон странство во 2020г.

Извор: НБРСМ Од анализата на направените трансакции, по број и вредност на онлајн купување во земјите кои остваруваат 74% од вредноста и 79% од бројот се забележува дека во Обединетото Кралство, Македонците во 2020 година потрошиле најмногу пари, додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (Табела 1.3). Просечната вредност на направена трнсакција во Унгарија изнасува најмногу односно 90,5 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 10,5 евра. Во глобалниот дигитален свет во финансиските текови не може да се одреди вистинското потекло на нарачаниот производ или услуга, односно местото на нарачка/купување не мора да е исто со местото каде парите стигаат при наплата. Така, постои веројатност да плаќањата за нарачаните производи од Кина се вршат во Обединетото Кралство и Луксембург. Реализираните трансакции со повисока просечна вредност најверојатно се должат на уплата на авионски карти во Унгарија (седиштето на Wizzair се наоѓа во Унгарија), резервирање хотелски услуги во Холандија (пр. Booking.com) и сл.

22


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табела 1.3: Трансакции на виртуелни места на продажба (интернет-продажни места) во мил. евра со домашни картички во странство во 2020 година Број на трансакции (илјади) Обединето Кралство

Вредност на трансакции (мил.евра )

Просечна трансакција (евра)

424.28

10.6

24.9

82.06

7.4

9.,5

Ирска

257.22

6.9

26.7

САД

494.79

6.2

12.1

Луксембург

564.71

5.9

10.5

Холандија

178.59

3.0

16.9

Остаток од светот

271.67

6.3

23.0

2,273.34

46.02

20.3

Унгарија

Вкупно

Извор: НБРСМ

За што се користат платежните картички: кој, каде, како? Вредноста на вкупните трансакции (трансакции на домашни и странски картички кон домашни уреди и македонски картички кон странство) со платежни картички во 2020 година изнесува речиси 252 милијарди денари. Во вкупните транскации со платежни картички по уреди опфатени се повлекување и депонирање готовина на АТМ уредите, плаќање на ПОС терминали на физички места на продажба и виртуелни места или интернет продажни места. Картичките во главно биле користени за повлекување пари од АТМ, па потоа за купување од ПОС терминали на физички места на продажба. Во структурата на употреба на картичките по уреди во 2020 година спрема 2019 година има поместување во повлекувањето готовина во корист на купување на интернет места на продажба. Интернет купувањата во 2020 година имаат малку зголемено учество во структурата на вредноста на вкупните трансакции со картички и учествуваат со 6% спрема 4% во 2019 год. (Слика 1.6).

23


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слика 1.6: Структура на вредноста на вкупните трансaкции со платежни картички во 2019 и 2020 год.

Извор: НБРСМ

ГОДИШЕН РАСТ ОД 3,8% НА ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ТРАНСАКЦИИ СО КАРТИЧКИ ВО 2020 ГОДИНА - НАЈГОЛЕМ РАСТ БЕЛЕЖАТ ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ СО РАСТ ОД 36.5% На Слика 1.7 прикажани се вкупните трансакции по уреди збирно и тоа: трансакциите на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата, трансакциите на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и направени трансакции од домашни картички кон странски уреди и тоа направени од правни и физички лица. Слика 1.7: Вредност (во мил. евра) на направени вкупни трансакции по уреди и раст/пад (%) во вредноста по уреди во 2020 споредено со 2019 год.

Извор: НБРСМ

24


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Вкупната вредност на реализирани трансакции со платежни картички во 2020 година изнесува 4.1 милијарди евра, a споредено со 2019 година има раст од 3,8% и изнесуваше 3.96 милијарди денари. Гледано по уреди во 2020 година најголем пораст на вредноста се забележува кај трансакциите на интернет продажби места или 36.5% повеќе споредено со 2019. Повлекувањето на готовина има незначителен раст од 1.7%, додека депонирањето готовина на банкомати пораснало за 23.5% на годишна основа. Трансакциите на физички продажни места бележат исто така незначителен раст од 1.6%.

ПРОМЕНА ВО СТРУКТУРАТА НА ТРАНСАКЦИИ ПО УРЕДИ: РАСТ НА УЧЕСТВО НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ ВО ВКУПНО РЕАЛИЗИРАНИТЕ ТРАНСАКЦИИ ДОМА СО ДОМАШНИ КАРТИЧКИ. Во 2019 година онлајн трансакциите учествувале со само 2% во вкупната вредност на реализирани трансакции дома со домашни картички, додека во 2020 нивното учество изнесува 5%. Повлекувањето готовина на банкомати иако има тенденција на опаѓање, односно во 2017 година било 72%, потоа 68% во 2019 година и 63% во 2020, сепак се уште е доминантно во вкупната вредност реализирана во земјата со платежни картички, што значи дека Македонците се уште најмногу ги користат картичките за повлекување готовина од банкомати. Слика 1.8: Удел на уредите во вкупната вредност на остварени трансакции со македонски картички на домашни уреди во 2019 и 2020 год.

Извор: НБРСМ

СТРАНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ ЗА 29% ПОМАЛКУ СО НИВНИТЕ КАРТИЧКИ ВО 2020 ГОДИНА ВО СПОРЕДБА СО 2019 ГОДИНА. Странците во Република Северна Македонија направиле трансакции со картички во вредност од 297 милиони евра или за 120 милиони евра помалку (29%) од 2019 година кога реализирале трансакции вредни 416 милиони евра, Ако пред COVID-19 пандемијата се забележуваше годишен раст во вредноста која ја трошат странците, во 2020 година падот е очекуван со оглед на природата на пандемијата (затворање на границите, забрани за патувања и сл). Што се однесува до структурата, иако вкупната потрошена вредност е значајно намалена има пораст на учеството на интернет продажни места од 2% во 2019 на 4% во 2020 година. Пад во учеството забележуваме кај трансакциите на физички продажни места од 45% во 2019 на 35% во 2020 година, додека учеството на повлекувањето готовина е зголемено од 54% во 2019 година на 61% во 2020 година, што укажува дека иако вкупната вредност е опадната, однесувањето на 25


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

имателите на странски картички е променето и тоа во полза на готовината наспроти плаќање на ПОС терминалите. Слика 1.9: Удел на уредите во вкупната вредност на остварени трансакции со странски картички на домашни уреди во 2019 и 2020 год.

Извор: НБРСМ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТРАНСТВО ВО 2020 ПОТРОШИЛЕ ЗА 42% ПОМАЛКУ ОД 2019 ГОДИНА. ДВОЈНО ПОМАЛКУ, ИЛИ 102% ПОМАЛКУ ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА СО КАРТИЧКИ ВО СТРАНСТВО НА ФИЗИЧКИ ПРОДАЖНИ МЕСТА И 61% ПОМАЛКУ НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖНИ МЕСТА ВО 2020 ГОДИНА. Македонците во странство во 2019 година потрошиле 288 милиони евра, додека во 2020 година 166 милиони евра (пад од 42%). Иако вредноста потрошена на физички продажни места (ПОС терминали) е падната за 102% споредено до 2019 година, истата има најголемо учество во вкупно потрошената вредност со картички или 57%. И покрај рестриктивните мерки и неможност за патувања износот на повлечени средства од банкомати останува и е незначително помал во 2020 година (22.9 милиони евра) споредено со 2019 година (23.8 милиони евра). Реализираните трансакции на интернет продажни места со картички изнесуваат 62.3 милиони евра во 2020 година, додека во 2019 изнесувале 100.4 милиони евра или бележат пад од 61%, кој најверојатно во најголема мера е резултат на пад во купувањето на авио-билети и резервации за хотели и патувања поради рестрикциите и неможноста за патувања (Слика 1.10).

26


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слика 1.10: Вредност на вкупни трансакции со домашни картички кон странство и споредба на 2020 со 2019 година

Извор: НБРСМ

Платежни картички и нивно користење На крајот на 2020 година во Република Северна Македонија 1.844.001 депоненти поседуваат вкупно 3.818.317 сметки. Од нив, 95% припаѓаат на физички лица. Од Табела 1.4 се гледа дека најмногу сметки имало на крајот од 2019 година, а во 2020 година бројот на сметки е помал отколку бројот на сметки на крајот на 2016 година. Истата тенденција се забележува и кај активните1 трансакциски сметки кои на крајот на 2020 година изнесуваат 3.595.929, од кои 96% се поседувани од физички лица. Бројот на активни депоненти има континуиран пораст од 2016 година и на крајот на 2020 година изнесува 1.740.087, од кои 95% се поседувани од физички лица. Во просек еден активен депонент поседува две активни трансакциски сметки. Табела 1.4: Сметки за вршење на плаќања на крајот на годината во период 2016-2020год Вкупен број на сметки

Активни трансакциски сметки

Активни депоненти

Вкупно

ФЛ

ПЛ

Вкупно

ФЛ

ПЛ

Вкупно

ФЛ

ПЛ

2016

3.866.918

3.673.823

193.095

3.621.430

3.481.991

139.439

1.608.289

1.524.841

83.448

2017

3.860.229

3.671.611

188.618

3.624.713

3.481.526

143.187

1.641.130

1.555.082

86.048

2018

3.952.690

3.765.106

187.584

3.715.829

3.571.508

144.321

1.670.148

1.583.607

86.541

2019

3.965.436

3.778.485

186.951

3.733.451

3.587.220

146.231

1.700.088

1.612.027

88.061

2020

3.818.317

3.633.806

184.511

3.595.929

3.449.795

146.134

1.740.875

1.651.494

89.381

Извор: НБРСМ

1

Активни трансакциски сметки се трансакциски сметки коишто се во сопственост на физички и правни лица и се користат за вршење на плаќањата во денари.

27


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во декември 2020 година, 40% од вкупниот број на трансакциски сметки имале пристап преку ПС или друг уред за извештаи, за разлика од декември 2019 година кога 31% се сметки достапни преку ПС или друг уред за извештаи (Табела 1.5). Притоа 37% од овие сметки имаат и опција за плаќање на крајот на 2020 година. Табела 1.5: Сметки достапни на ПС на крајот на годината во период 2016-2020год Сметки достапни преку ПС или друг уред само за извештаи

Kако дел од „Трансакциски сметки“ (во проценти)

Вкупно

ФЛ

ПЛ

Вкупно

ФЛ

ПЛ

2016

855.339

772.021

83.318

22%

21%

43%

2017

978.227

889.212

89.015

25%

24%

47%

2018

1.101.689

1.005.185

96.504

28%

27%

51%

2019

1.228.877

1.127.340

101.537

31%

30%

54%

2020

1.508.879

1.400.955

107.924

40%

39%

58%

Извор: НБРСМ Бројот на платежни картички во циркулација во декември 2020 година изнесува 2.114.133 со платежна функција и претставува 99% од вкупно издадените картички со функција за повлекување/депонирање на готовина. При тоа 98% се во сопственост на физички лица. Дебитна функција имаат 83% од издадените платежни картички во декември 2020 година, а 17% имаат кредитна функција. Од издадените платежни картички најзастапени се брендовите Виза и Мастеркард, со учество од 55% и 42% на крајот на 2020 година (НБРСМ). Бројот на издадени платежни картички е еден индикатор кој укажува на исполнувањето на првиот предуслов за вршење на онлајн трансакција, но многу поважен индикатор е активното користење на платежните картички односно колку имателите на картичките ги користат за вршење на плаќања. За да се согледаат навиките на населението во однос на користење на дигитални начини на плаќање значајно е и согледувањето на начинот на кој се одвиваат кредитните трансфери2. Во 2020 година вредноста на вкупните кредитни трансфери забележува намалување од 5% во однос на 2019 година како резултат на пандемијата, но учеството на кредитните трансфери иницирани електронски се зголемува на 55% во вкупните кредитни трансфери. Ако се има предвид дека ова учество не беше променето од 2017 година кога 50% од вкупните кредитни трансфери се иницирани електронски, oва укажува дека навиките за употреба на современите дигитални начини на иницирање на плаќањата во време на пандемија се придвижуваат позитивно во корист на електронско иницираните трансфери.

2

Кредитните трансфери се безготовински трансфери иницирани со платен налог во земјата и во однос на начинот на кој можат да бидат иницирани се делат во две категории: иницирани во хaртиена форма и иницирани електронски.

28


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Од анализата на уредите од кои електронски се иницирале кредитни трансфери се забележува понатамошен напредок во користењето на мобилните уреди кај населението и кај деловните субјекти (Табела 1.6). Табела 1.6: Вредност на електронски иницирани кредитни трансфери по уреди на иницирање 2019

2020

пораст 2020/19

вкупно мобилен телефон

14.957.642.197

22.922.493.798

53,25%

вкупно банкомати (ФЛ)

228.306.905

245.822.210

7,67%

2.023.137.390.038

2.043.329.385.185

1,00%

ФЛ мобилен телефон

6.465.936.206

11.141.035.637

72,30%

ФЛ персонален компјутер

29.262.844.275

35,416,255,961

21,03%

ПЛ мобилен телефон

8.491.705.991

11.781.458.161

38,74%

1.993.874.545.763

2.007.913.129.224

0,70%

вкупно персонален компјутер

ПЛ персонален компјутер

Извор: НБРСМ Големиот пораст на употребата на мобилен телефон при иницирање на кредитни трансфери во 2019 година продолжува и понатаму и се менува структурата на учество на уредите за електронско иницирање на кредитни трансфери. Кај физичките лица учеството на персоналниот компјутер за иницирање на електронски трансфери во 2020 година е намалено (24%) во корист на мобилните трансфери (76%).

Анализа на остварените трансакции со платежни картички во првото шестмесечие од 2021 година Главно прашање е дали постигнатите резултати во однос на менување на навиките на населението како и адаптирање од страна на компаниите како одговор на предизвиците настанати со наложените мерки од страна на државата, земајќи ги предвид и препораките за заштита на своето здравје ќе траат и луѓето и понатаму ќе продолжат да купуваат онлајн, да плаќаат сметки онлајн, а компаниите ќе продолжат со зголемување на понудата. За да се согледа дали трендот ќе продолжи официјални податоци достапни за согледување на влијанието на COVID-19 врз растот на е-трговијата во Република Северна Македонија во 2021 година се податоците за вредноста и бројот на направените трансакции на НРБСМ за првите шест месеци од 2021 година. Анализирани се податоците за првото шестмесечие во периодот од 2016 до 2021 година, за вредноста на направените трансакции со платежни картички по уреди и направениот пораст во однос на истиот период во претходната година. Покрај вкупните трансакции, анализирана е и вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата, вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата и вредноста на трансакции на уреди опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата.

29


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

140,24 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2021, 23.5% РАСТ ВО ОДНОС НА 2020. Вредноста на вкупните трансакции (трансакции на домашни и странски картички кон домашни уреди и македонски картички кон странство) со платежни картички во првите шест месеци од 2021 година изнесува 140,24 милијарди денари и е за 23,5% повеќе отколку во истиот период 2020 година. Динамиката на раст на вкупните трансакции кои минатата година под влијание на здравствената криза имаа намалена активност на плаќање, во 2021 година забележуваат значителен пораст во однос на претходната година и најголем во последните 5 години. Во вкупните транскации со платежни картички по уреди опфатени се повлекување и депонирање готовина на АТМ уредите, плаќање на ПОС терминали на физички места на продажба и виртуелни места или интернет продажни места. Анализирајќи ја динамиката на движење на вредноста на трансакциите по уреди се гледа дека најголем пораст има кај депонирање на готовина (70,6%), користењето на картичките за интернет купување (61,4%), а и користењето за купување од ПОС терминали на физички места на продажба (31,3%), што покажува дека трендот на промена на навиките на користење на платежните картички продолжува (Табела 1.7) Табела 1.7: Вредност на вкупни трансакции со платежни картички според типот на уредот во милиони денари за прво шестмесечие 2016-2021 година 2016 Вкупно

86,850 Пораст во однос на претходно шестмесечие

Повлекување готовина на банкомати (ATM)

60,421

Пораст во однос на претходно шестмесечие Депонирање готовина на банкомати (ATM)

2,614

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

21,007

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на виртуелни места на продажба (итернет-продажни места) Пораст во однос на претходно шестмесечие

2,807

2017

2018

2019

2020

2021

96,918

105,608

113,156

113,572

140,237

11.6%

9.0%

7.2%

0.4%

23.5%

65,017

69,030

71,266

70,398

80,439

7.6%

6.2%

3.2%

-1.2%

14.3%

3,410

3,111

2,879

3,028

5,166

30.4%

-8.8%

-7.5%

5.2%

70.6%

25,091

29,358

33,840

33,718

44,257

19.4%

17.0%

15.3%

-0.4%

31.3%

3,401

4,109

5,172

6,428

10,375

21.1%

20.8%

25.9%

24.3%

61.4%

Извор: НБРСМ 30


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Македонските иматели на картички во првото шестмесечие од 2021 година направиле за 23,5% повеќе трансакции отколку во првите шест месеци од 2020 година на домашите уреди. Во Табела 1.8 дадени се вредноста на трансакциите по уреди направени од иматели на домашни картички кон дома во првите шест месеци во период од 2016 година до 2021 година во милиони денари и направениот пораст во однос на претходната година.

РАСТОТ ПОТТИКНАТ ОД COVID-19 ПРОДОЛЖУВА И ПОНАТАМУ. 77% РАСТ ВО ВРЕДНОСТА НА ТРАНСАКЦИИ КОИ МАКЕДОНЦИТЕ ГИ РЕАЛИЗИРАЛЕ КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2021 СПОРЕДЕНО СО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ 2020 ГОДИНА. Она што може да се забележи од вредноста на направените трансакции e дека влијанието на COVID-19 кој минатата година се гледаше во најголемиот, односно троцифрен раст на трансакциите направени на виртуелни места на продажба и понатаму продолжува. Македонците во првите шест месеци од 2021 година направиле 7,6 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот спрема истиот период 2020 година изнесува 77,2%. Депонирањето на готовина има пораст од 70,6%. Трансакциите на физичките места на продажба или на ПОС терминалите имаат исто така поголем пораст (29,4%) и отстапува од вообичаената динамика. (Табела 1.8).

31


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табела 1.8: Вредност на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени во земјата во милиони денари за прво шестмесечие 2016-2021 година 2016 Вкупно

75,366 Пораст во однос на претходно шестмесечие

Повлекување готовина на банкомати (ATM)

55,851

Пораст во однос на претходно шестмесечие Депонирање готовина на банкомати (ATM)

2,614

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

16,015

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на виртуелни места на продажба (итернет-продажни места) Пораст во однос на претходно шестмесечие

887

2017

2018

2019

2020

2021

82,876

89,423

94,840

100,713

100,858

10.0%

7.9%

6.1%

6.2%

23.5%

59,741

63,339

65,330

65,177

73,592

7.0%

6.0%

3.1%

-0.2%

12.9

3,410

3,111

2,879

3,028

5,166

30.4%

-8.8%

-7.5%

5.2%

70.6%

18,563

21,502

24,633

28,238

36,534

15.9%

15.8%

14.6%

14.6%

29.4%

1,162

1,472

1,998

4,270

7,567

31.1%

26.6%

35.7%

113.8%

77.2%

Извор: НБРСМ Странците во Република Северна Македонија направиле трансакции со картички во вредност од 11,1 милијарди денари во првите шест месеци од 2021 година, што претставува раст од 44,5% во однос на истиот период минатата година кога вредноста изнесувала 7,7 милијарди денари. Она што е забележително во минатата година како влијание на COVID-19 е дека странци со платежни картички воопшто помалку трошеле освен купување на интернет продажните места каде имаше пораст од 21,4% спрема истиот период во 2019 година. Оваа динамика во 2021 година се смени и кај сите уреди има значително поголеми трошења, а најголем пораст од 75,1% забележува интернет купувањето. Исто така поголемиот број на странски туристи се забележува со пораст од 57% на ПОС терминалите на физичките места на продажба (Табела 1.9).

32


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табела 1.9: Вредност на трансакции на уреди опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата во милиони денари за прво шестмесечие 2016-2021 година 2016 Вкупно

6,390 Пораст во однос на претходно шестмесечие

Повлекување готовина на банкомати (ATM)

3,855

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

2,477

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на виртуелни места на продажба (итернет-продажни места) Пораст во однос на претходно шестмесечие

59

2017

2018

2019

2020

2021

7,645

8,953

9,950

7,655

11,065

19.6%

17.1%

11.1%

-23.1%

44.5%

4,546

4,983

5,244

4,586

6,198

19.9%

9.6%

5.2%

-12.6%

35.2%

3,011

3,838

4,484

2,801

4,397

21.6%

21.5%

16.8%

-37.6%

57%

88

132

221

269

470,4

49.2%

50.3%

68.0%

21.4%

75.1%

Извор: НБРСМ Македонците како резултат на COVID-19 кризата и неможноста да патуваат во странство во првите шест месеци од минатата година направија помалку трансакции за скоро 38% во однос на 2019 година во истиот период. Во првите шест месеци од 2021 година олеснетите мерки и можноста за патување овозможија зголемување на вредноста на направените трансакции со домашни платежни картички во странство за 21,3%. При тоа плаќањата на пос терминалите има најголем пораст (24,1%), а потоа онлајн трансакциите во странство со пораст од 23,8% (Табела 1.10).

33


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табела 1.10: Вредност на трансакции на уреди опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата во милиони денари за прво шестмесечие 2016-2021 година 2016 Вкупно

5,093 Пораст во однос на претходно шестмесечие

Повлекување готовина на банкомати (ATM)

715

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на физички места на продажба (ПОС)

2,516

Пораст во однос на претходно шестмесечие Трансакции на виртуелни места на продажба (итернет-продажни места) Пораст во однос на претходно шестмесечие

1,862

2017

2018

2019

2020

2021

6,397

7,231

8,367

5,205

6,314

25.6%

13.0%

15.7%

-37.8%

21.3%

729

708

691

636

649

1.9%

-2.9%

-2.4%

-8.0%

2.1%

3,517

4,018

4,723

2,680

3,327

39.8%

14.2%

17.6%

-43.3%

24.1%

2,151

2,505

2,953

1,889

2,338

15.5%

16.5%

17.9%

-36.2%

23.8%

Извор: НБРСМ На Сликите 1.11, 1.12 и 1.13 дадени се движењата на вредноста на реализираните трансакции во е-трговијата според потеклото на картичката по месеци во првото тромесечие од 2020 и 2021 година, но и според местото на направената трансакција, дома и во странство. Она што се забележува е дека трендот кој започна во март минатата година со пандемијата продолжува, и Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат повеќе од домашните е-трговци. Се забележува промена во структурата на учеството на купување во странство од страна на Македонците во јуни 2021, со оглед на отварање на границите и возможност за патување во странство.

34


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слика 1.11: Вредност на онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци во милиони евра за период јануари-јуни 2020 и 2021 година

Извор: НБРСМ

Слика 1.12: Вредност на онлајн трансакции со домашни картички кон странски е-трговци во милиони евра за период јануари-јуни 2020 и 2021 година

Извор: НБРСМ

35


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слика 1.13: Вредност на онлајн трансакции со странски картички кон домашни е-трговци во милиони евра за период јануари-јуни 2020 и 2021 година

Извор: НБРСМ

Број на трговци, продажни места и уреди кои прифаќаат платежни картички Според податоците објавени во извештаите на НБРСМ за бројот на уреди кои што прифаќаат платежни картички, на крајот на 2020 година во Македонија имало 13.256 деловни субјекти (трговци) кои прифаќаат платежни картички (независно од функцијата на картичката) (НБРСМ, 2020). Од вкупно 73.061 деловни субјекти во 2020 година (ДЗС), 18% прифаќале плаќања со картички. Во Табела 1.11 се прикажани вкупниот број на трговци во земјата кои се клиенти на обезбедувачот на платежни услуги кои прифаќаат картички независно од функцијата на картичката (на физички места на продажба), бројот на трговци кои прифаќаат плаќања на уреди на виртуелни места на продажба, како и бројот на трговците коишто прифаќаат плаќања на останати уреди. Бројот на трговци кои прифаќаат картички во 2020 година бележи раст во однос на 2019 година од 7,2%. Забележителен пораст бележи бројот на трговци кои прифаќаат онлајн плаќања (виртуелни места на продажба) и тоа за 45% и го зголемуваат учеството во вкупниот број на трговци кои прифаќаат картички од 7,1% во 2019 година на 9,6% во 2020 година. Табела 1.11: Број на трговци кои прифаќаат платежни картички 2019

Број на трговци кои прифаќаат картички

12,366

2020

13,256

Пораст 20/19

Удел во вкупно за 2019

Удел во вкупно за 2020

7.2%

ПОС

11,491

11,987

4.3%

92.9%

90.4%

виртуелни места на продажба

875

1,269

45%

7.1%

9.6%

Извор: НБРСМ 36


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Табелата 1.12 ги вклучува податоците за сите уреди коишто прифаќаат платежни картички поставени од домашните обезбедувачи на платежни услуги (банкомати, уреди на физички места на продажба (ПОС терминали), уреди за самостојно вршење плаќања, уреди на виртуелни места на продажба, уреди за картички со електронски пари и останати уреди за прифаќање на плаќањата). Бројот на уредите на виртуелните места на продажба (интернет-продажни места) ги вклучува уредите на виртуелни места на продажба коишто овозможуваат купување производи и услуги преку интернет, преку виртуелните продавници во земјата. Еден трговец може да има повеќе продажни места и повеќе уреди на едно и повеќе продажни места од повеќе различни банки. Кај виртуелните места на продажба ова значи дека еден трговец може истиот “payment gateway” да го користи на повеќе веб страни со што еден трговец може да има повеќе виртуелни продажни места (веб страни). На крајот на 2020 година се зголемува бројот на виртуелни продажни места за 43% во однос на 2019 година. И во структурата на вкупно уреди кои прифаќаат платежни картички се зголемува учеството на виртуелни места на продажба од 2,9% на крајот на 2019 година на 4% на крајот на 2020 година на сметка на намалување на учеството на останатите уреди за прифаќање на платежни картички. Табела 1.12: Број на уреди кои прифаќаат платежни картички 2019

2020

Пораст 20/19

Удел во вкупно за 2019

Удел во вкупно за 2020

Вкупен број на уреди кои прифаќаат картички

34,834

36,270

4.1%

АТМ

1,040

1,001

-3.8%

2.98%

2.8%

ПОС

32,660

33,746

3.3%

93.8%

93%

од кои бесконтактни

21,035

24,446

16.3%

66.4%

67.5%

Виртуелни места на продажба

1,020

1,459

43%

2.90%

4%

Останати уреди

114

64

-43.9%

0.3%

0.2%

Извор: НБРСМ Во првото шестмечие од 2021 година и понатаму продолжува трендот на зголемување на бројот на уреди кои примаат платежни картички на виртуелни места на продажба и на ПОС терминалите. Во јуни 2021 година има 1661 односно 202 нови уреди за виртуелна продажба што преставува раст од 14% во однос на декември 2020 година. Особено е забележителен порастот на виртуелните места на продажба од вториот квартал 2020 година и тој тренд продолжува (Слика 1.14). Истиот тренд на зголемување го следи и бројот на ПОС терминали за физички локации. Во јуни 2021 година има 34.650 односно 1,8% повеќе отколку во декември 2020 година.

37


COVID-19 ПОТТИКОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слика 1.14: Месечно движење на бројот на уреди на физички места и уреди на виртуелни места во период: јануари 2019 г. до јуни 2021 г.

Извор: НБРСМ

38




ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

ДЕЛ II - ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КОРИСНИК И Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ Во вториот дел од анализата заради усогласеност и споредливост користени се податоците од Еуростат секако прибрани од ДЗС. Притоа мора да се има предвид методологијата за прибирање на податоците. Државниот завод за статистика согласно методологијата на Еуростат податоците ги прибира по пат на спроведување на прашалник за ИКТ од домаќинствата, поединците и деловните субјекти. Она што е особено значајно за прибирањето на податоците од страна на ДЗС е дека тоа е првиот квартал од годината и одговорите се однесуваат на последните 3 месеци, односно првото тромесечие од годината. Оттука мора да се има во предвид дека пандемијата започна во март 2020 година и податоците за 2020 година не даваат слика за раст на е-трговијата предизвикана од пандемијата, односно од воведените мерки заради заштита од COVID-19 пандемијата. Најнапред во овој дел се анализирани податоците за интернет пристап во домаќинствата и употреба на интернетот од населението на возраст 16-74 години. Анализирани се и податоците за интернет пристап, веб страни, понуда и онлајн продажба на деловните субјекти со над 10 вработени без финансискиот сектор. Со цел да се добие подобра слика за состојбата со ИКТ во домаќинствата и деловните субјекти направена е споредба со европските земји за да се види постигнатото во однос на другите европски земји и ЕУ (27) просекот. За да се направи профил на македонскиот е-купувач направена е детална анализа за онлајн купувањето и тоа колку Македонците купуваат, што купуваат, од каде, колку често и во кој износ. Мора да се има во предвид дека прашалникот на ДЗС е поставен за одговор на нарачани/купени производи онлајн, што значи ја опфаќа е-трговијата во поширока смисла според дефиницијата е-трговија, односно важно е само нарачката да биде направена онлајн, а незадолжително и плаќањето да биде направено онлајн. Во овој дел од анализата покрај направената споредба со европските земји одвоени се и земјите од Западен Балкан за подобра слика за профилот на македонскиот купувач, не само во однос на европските земји туку и во однос на нашето опкружување. Ако подетално се разгледа што прават интернет корисниците кога се онлајн се забележува дека постојат заеднички активности како праќање и примање на е-маилови, телефонирање преку интернет/видео повици, онлајн барање на информации, читање на вести и секако учество во социјалните мрежи. Со цел да се види кои активности најмногу ги прави односно како го користи интернетот македонскиот е-корисник направена е и компаративна анализа за употребата на интернетот од страна на македонските корисници со европските, а посебно со соседите.

41


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

ИКТ на домаќинствата, поединците и деловните субјекти Домаќинства и поединци Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, 79.9% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е намалување во однос на 2019 година кога 82% од домаќинствата во Република Северна Македонија имаат интернет пристап. Според податоците на Еуростат процентот на домаќинства со интернет пристап е заокружен на 79% и Република Северна Македонија е на дното во споредба со европските земји, подобра само од Босна и Херцеговина (Слика 2.1).

ПОМАЛКУ ДОМАЌИНСТВА ИМАЛЕ ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП ВО 2020 ГОДИНА (79%) СПОРЕДЕНО СО 2019 ГОДИНА (82%). СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО ПРОЦЕНТ НА ДОМАЌИНСТВА СО ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП. Слика 2.1: Процент од домаќинствата со интернет пристап во европските земји 2019 и 2020г.

Извор: Eurostat Забелешка: ЕУ просекот од 2020 година се пресметува за 27 земји (без УК)

ОД 70% ВО 2019 НА 83% ВО 2020 ГОДИНА ПОРАСНАЛ БРОЈОТ НА ДОМАЌИНСТВА СО МОБИЛНО ШИРОКОПОЈАСНО ПОВРЗУВАЊЕ. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства со интернет пристап изнесува 87.8%, спрема 86% во 2019 година. Што се однесува до мобилното широкопојасно поврзување, во Република Северна Македонија во 2020 година поврзани се 83% од домаќинствата со интернет пристап спрема 70% во 2019 година.

81% ОД НАСЕЛЕНИЕТО НА ВОЗРАСТ ОД 16-74 ГОДИНИ КОРИСТИ ИНТЕРНЕТ ВО 2020, ШТО Е ИСТО КАКО 2019 ГОДИНА. КАЈ РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ НАД 95% ОД НАСЕЛЕНИЕТО ИМА ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО КОСОВО (96%).

42


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Употребата на интернет според методологијата на Еуростат се пресметува како процент од вкупното население на возраст од 16 до 74 години. Во првото тримесечје од 2020 година, интернет користеле 81.4%, исто како и во 2019 година. На Слика 2.2 се гледа дека според употребата на интернет. Република Северна Македонија е подобро рангирана споредено со европските земји отколку на Сликата 2.1 за интернет пристап на домаќинствата. Сепак имајќи ја потребата од интернет и скоро целосна употреба од населението на возраст 16-74 во развиените земји ова не е доволно. За одбележување е употребата на интернет во Косово која изнесува 96% од населението на возраст 16-74 години. Слика 2.2: Употреба на интернет како процент на населението на возраст од 16-74 години во европските земји во 2020г.

Извор: Еurostat

МАЖИТЕ ПОВЕЌЕ НАСПРОТИ 79%.

КОРИСТАТ

ИНТЕРНЕТ

ОД

ЖЕНИТЕ,

ОДНОСНО

83%

Што се однесува до разликата на родова употреба на интернет во Република Северна Македонија мажите повеќе го користат интернетот и тоа 83% од машката популација на возраст 16-74, наспороти 79% од женската популација на иста возраст. Тоа не е случај во сите земји и на Слика 2.3 прикажана е споредбата со европските земји. На ниво на ЕУ (27) разликата е 1% односно 88% мажи и 87% жени користеле интернет. Во Исланд 100% од женското население на возраст 16-74 години користи интернет.

43


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Слика 2.3: Употреба на интернет како процент на население на возраст од 16-74 години во европските земји по пол во 2020г.

Извор: Eurostat Во 2020 година 71% од македонските интернет корисници го користеле секој ден или речиси секој ден, спрема 73% во 2019 година, и тоа 73% од мажите и 69% од жените. Она што е забележително е дека опаѓа интернет употребата на дневно ниво во 2020 година што не е случај во ниту една европска земја освен Србија (Слика 2.4). На сликата се гледа дека има осум земји кај кои се забележува дека помал дел од населението користи интернет на дневна база од Република Северна Македонија. Слика 2.4: Употреба на интернет на дневно ниво како процент на населението на возраст од 16-74 години во европските земји во 2019 и 2020г.

Извор: Eurostat

Деловни субјекти Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година во Република С. Македонија 96,9% од компаниите (10 или повеќе вработени) се поврзани на интернет спрема 96% во 2019 година. Секако најголем процент од компаниите кои се поврзани на интернет имаат фиксно широко 44


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

појасно поврзување односно 91,6% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени спрема 86% во 2019 година. Република Северна Македонија во 2020 година е на ниво на Европскиот просек (27) од 97%. Притоа Романија има најнизок процент на интернет пристап во деловните субјекти со над 10 вработени од 83%, а во многу европски земји тој процент е 100. Од деловните субјекти со 10 и повеќе вработени, 97,3% имаат компјутер во 2020 година, спрема 96% во 2019 година.

97% ОД КОМПАНИИТЕ СО 10+ ВРАБОТЕНИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВРЗАНИ НА ИНТЕРНЕТ ШТО Е НА НИВО НА ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК. СЕПАК САМО 55% ИМААТ ВЕБ СТРАНА ШТО ЈА ПОЗИЦИОНИРА С. МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ ЗЕМЈИ СО НАЈНИЗОК ПРОЦЕНТ НА КОМПАНИИ СО ВЕБ СТРАНА. Но она што е уште поважно е дали компаниите имаат веб страна и нејзините функционалности. Од вкупниот број на деловни субјекти во 2020 година, 54.5% имале веб-страница или почетна страница (анг. landing page). Во споредба со европските земји овој процент ја става Република Северна Македонија на дното, подобра само од Турција, Бугарија и Романија, а е далeку од европскиот просек кој изнесува 77% од компаниите (Слика 2.5). Слика 2.5: Процент на компании (10+ вработени без финансиски сектор) со веб страна во европските земји во 2020г.

Извор: Eurostat

САМО 39% ОД КОМПАНИИТЕ ИМААТ ВЕБ СТРАНА КОЈА НУДИ КАТАЛОГ НА УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ И ЦЕНОВНИЦИ (ПРОСЕКОТ ВО ЕУ Е 61%) И САМО 12% ИМААТ МОЖНОСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И НАРАЧКИ (анг. Shopping cart). Од компаниите со над 10 вработени 39% имаат веб страна која обезбедува опис на производите и услугите и ценовник, додека Европскиот просек изнесува 61%. Она што уште повеќе е важно за е-трговијата е процентот на компании кои обезбедуваат на нивната веб страна онлајн резервација или букирање (кошничка за купување). Во Република Северна Македонија само 12% од компаниите со над 10 вработени имаат ваква функционалност на својата веб страна. На Слика 2.6 прикажан е рангот на европските земји и Република Северна Македонија е подобра само од Кипар, Португалија и Турција. Србија е над европскиот просек, а подобра од С.Македонија е и Босна и Херцеговина.

45


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Слика 2.6: Процент на компании (10+ вработени без финансиски сектор) кои на веб страната обезбедуваат онлајн резервации или букирање (кошничка за купување) во европските земји во 2020г.

Извор: Eurostat

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е НА ПОСЛЕДНО МЕСТО ПО КОМПАНИИ КОИ ПРИМИЛЕ ОНЛАЈН НАРАЧКИ (Е-ПРОДАЖБА) ВО 2020 ГОДИНА ИЛИ САМО 6%, ДОДЕКА ПРОСЕКОТ ВО ЕВРОПА Е 21%. Во однос на е-трговијата, 6,2% од деловните субјекти со e-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи. Во споредба со европските земји каде ЕУ (27) просекот е 21%. Република Северна Македонија е на последно место (Слика 2.7). Србија со 26% од компаниите со е-продажба е далеку пред Македонија и е над европскиот просек, а исто така Босна и Херцеговина со 19% е приближно на европскиот просек. Преку веб-продажба само 5,5% од деловните субјекти во Република Северна Македонија во 2020 година примиле нарачки за стоки или услуги. Слика 2.7: Процент на компании (10+ вработени) без финансиски сектор) кои имале е-продажба во европските земји во 2020г.

Извор: Eurostat

46


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Aнализа на македонскиот е-купувач и споредба со балканскиот и европскиот Во овој дел се анализира колку, што, колку често, од каде и во колкав износ купувало населението во Република Северна Македонија во 2020 година во споредба со европските земји но и со балканскиот е-купувач.

Колку купуваат Македонците онлајн? Во Република Северна Македонија и во 2020 година има пораст во онлајн купувањето мерено како процент од поединците кои имаат интернет пристап. Влијанието од COVID-19 пандемијата врз онлајн купувањето согласно методологијата на Еуростат ќе се види со податоците од 2021 година кога веројатно ќе може да се забележи значаен раст кај делот на население кое купува онлајн. Во 2020 година 40% од населението со интернет пристап направило нарачка онлајн во последната година спрема 36% во 2019 година. На сликата 2.8 може да се забележи дека Република Северна Македонија и компаративно со другите земји бележи назадување. Ако во 2019 година покрај Црна Гора подобро е рангирана и од Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија во онлајн купување, во 2020 година ја влошува позицијата и пак е рангирана подобро само од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Како што се гледа од сликата Србија и Косово го зголемуваат местото во ранкингот на европските земји во однос на минатите години. Од сликата може да се зебележи дека земјите од Западен Балкан се меѓу последните европски земји во процент на население кое купува онлајн.

СПОРЕДЕНО СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПОСЛЕ СРБИЈА И КОСОВО, А ПРЕД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ЦРНА ГОРА ВО ПРОЦЕНТ НА НАСЕЛЕНИЕ КОЕ КУПУВА ОНЛАЈН. Слика 2.8: Онлајн купување во последните 12 месеци како процент од поединци со интернет пристап во 2020 година во европските земји

Извор: Еurostat

47


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Што купуваат Македонците најмногу онлајн? Македонците кои купувале онлајн, и во 2020 година најмногу купувале облека (вклучително и спортска облека, чевли и додатоци), односно 57% како процент од тие што купиле онлајн во последните 3 месеци, додека Европјаните купувале 63% од овие производи. Спортска опрема купиле 15% од Македонците, потоа други производи 12%. Многу помал процент од македонските онлајн купувачи купиле или направиле нарачки за останатите категории во споредба со европскиот просек (Слика 2.9) . Слика 2.9: Што купувале Македонците во последните 3 месеци споредено со ЕУ (27) просекот изразено како % од тие што порачале услуги/производи во последните 3 месеци во 2020г.

Извор: Еurostat Заради споредбена анализа на купувањето на производи и услуги како процент на интернет купувањето, на графиците подолу прикажани се избрани категории на производи и услуги, во 2020 година споредено со европските и балканските земји.

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОНЛАЈН. ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК Е 63%. СПОРЕДЕНО СО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ, КОСОВО Е НА ПРВО МЕСТО ВО ЕВРОПА ИЛИ 77% ОД ОНЛАЈН КУПУВАЧИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА, ПОТОА ЦРНА ГОРА 71%, ДОДЕКА ПОД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК СЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 57%, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА СО 56% И СРБИЈА СО 52% Иако Македонците онлајн купувале најмногу облека (вклучително и спортска), чевли и додатоци како на пр. чанти или накит на Сликата 2.10 се гледа дека купувањето облека како процент од вкупното купување во последната година (57%) е помало од просекот на Европската Унија (27) од 63%, но е пред повеќе земји. Исто така може да се забележи во споредбениот график дека Косово 48


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

е лидер во купување облека, а од земјите од Западен Балкан исто така Црна Гора е во горниот дел на ранкингот со 71%. Босна и Херцеговина и Србија помалку купуваат облека и од Република Северна Македонија и од европскиот просек. Слика 2.10: Купување облека (вклучително и спортска облека), чевли и додатоци онлајн во последните 3 месеци [како % од тие што порачале производи/услуги во посл. 3 месеци] во 2020

Извор: Еurostat

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМАЛКУ КУПУВААТ СПОРТСКА СПОРЕДЕНО СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН.

ОПРЕМА

И

МЕБЕЛ

Освен облека, од вкупните онлајн купувања во последните 3 месеци 18% од македонските е-купувачи купувале спортска опрема, додека eвропскиот просек е 21%. Инаку Македонците најмалку купуваат спортска опрема споредено со земјите од Западен Балкан (Слика 2.11). Слика 2.11: Купување спортска опрема (без облека) онлајн во последните 3 месеци [како % од тие што порачале производи/услуги преку интернет во последните 3 месеци] во 2020

Извор: Еurostat Македонците се на дното после Романија во купување на мебел, додатоци за дома (на пр. теписи или завеси) или производи за градинарство (на пр. алатки), растенија со 9% од направените 49


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

купувања во последните 3 месеци спрема европскиот просек кој изнесува 29%, а најмалку купиле и во споредба со балканските земји (Слика 2.12). Од нашите соседи, Косово најмногу купиле од оваа категорија на производи онлајн, потоа Србија и Црна Гора. Слика 2.12: Купување мебел, додатоци за дома или градинарски производи онлајн во последните 3 месеци [како % од тие што порачале производи/услуги во посл. 3 месеци] во 2020г.

Извор: Еurostat

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НА ДНОТО ВО ЕВРОПА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ОНЛАЈН НАРАЧУВАЊЕ ХРАНА, ИЛИ САМО 5% СПОРЕДЕНО СО ЕУ ПРОСЕКОТ ОД 28%. ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЦРНА ГОРА 26% НАРАЧУВАЛЕ ХРАНА ОНЛАЈН, ПОТОА 13% ВО КОСОВО, 11% ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И 8% ВО СРБИЈА. Македонците најмалку нарачувале/купувале од ресторани, брза храна и угостителски услуги и се на последно место во рамки на европските земји односно само 5% добиле испорака во 2020 година. Просекот во ЕУ (27) изнесува 28% (Слика 2.13). Од земјите во регионот, Црногорците најмногу нарачувале храна, потоа Косоварите, Босанците и Србите. Слика 2.13: Испорака од ресторани, брза храна, угостителски услуги онлајн во последните 3 месеци [како % од тие што порачале производи/услуги во последните 3 месеци] во 2020 год.

Извор: Еurostat 50


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Каде купуваат македонските е-купувачи? Од оние кои нарачале/купиле производи или услуги на интернет во Република Северна Македонија во последните 3 месеци се забележува позитивен тренд на зголемување на купување од домашни е-трговци во 2020 година. 73% од оние кои направиле нарачка или купиле онлајн во последните 3 месеци3 тоа го направиле од домашни добавувачи што иако претставува зголемување поради сменета методологија на пресметка од страна на Еуростат направена е споредба со европските земји за да се види состојбата на напредокот во однос на другите земји. На Слика 2.14 прикажано е учеството на нарачките/купувањата направени според земјата на потекло како процент од вкупните нарачки/купувања направени во последните 3 месеци на ниво на европските земји во 2020 година. За одбележување се земјите каде над 90% од купувањата се направени од домашни продавачи како Турција, Косово, Романија, Холандија, Германија, Полска, Грција, Шведска, Бугарија, Шпанија. Од сликата може да се види дека Република Северна Македонија е под европскиот просек (27) кој изнесува 88%. Покрај Косово рангиран на врвот после Турција, Србија исто така е над европскиот просек, Црна Гора е подобра од Северна Македонија, а на дното е Босна и Херцеговина.

73% ОД МАКЕДОНСКИТЕ Е-КУПУВАЧИ КУПУВАЛЕ ОД ДОМАШНИ Е-ПРОДАВНИЦИ. ИАКО ПОСТОИ ТРЕНД НА ПОРАСТ, СПОРЕДЕНО СО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ САМО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ПОМАЛКУ НАРАЧУВАЛЕ ОД НАЦИОНАЛНИ ПРОДАВАЧИ ДОДЕКА КОСОВО Е НА ВРВОТ НА ЕВРОПА СО 98% Е-КУПУВАЧИ КОИ НАРАЧУВААТ ОД ДОМАШНИ ПРОДАВАЧИ. На сметка на зголеменото учество во купувањето онлајн од домашни е-трговци, покрај намалувањето на учеството од продавачи од Европа (16%), Македонците го намалиле и учеството на купувањето од продавачи од другиот дел на светот на 20% во 2020 година, а од непознати земји направени се само 3% нарачки купувања во истиот период. Слика 2.14: Купиле/нарачале производи/услуги според земја на потекло во последните 3 месеци [како % од оние кои нарачале/купиле преку интернет во последните 3 месеци]

Извор: Еurostat

3

26% од интернет корисниците направиле нарачки во последните 3 месеци

51


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Колку често купуваат Македонците онлајн? Најголем процент од тие што купиле производ или услуга во последните 3 месеци (26%) во Република Северна Македонија тоа го направиле само еднаш до два пати или 72% во 2020 година спрема 64% во 2019 година. Во споредба со 2019 година се намалува учеството на купувањето од 3 до 5 пати на 20%, спрема 27% во 2019 година односно тоа е на ниво од 2017 година. Слика 2.15 ја покажува фреквенцијата на купување онлајн на европските земји и Република Северна Македонија е повторно на прво место во најретко онлајн пазарење или еднаш до два пати. Од балканските земји најдобро е рангирано Косово, па Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Слика 2.15: Фреквенција на купување во последните 3 месеци, % од оние кои купиле во истиот период во 2020г.

Извор: Еurostat

52


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Колку трошат Македонците по нарачка? Најголем дел од Македонците направиле нарачки во вредност до 50 евра. Но, во учеството на купување онлајн по вредност во 2020 година направените нарачки до 50 евра имаат намален процент од 51% наспроти 64% во 2019 година. На Слика 2.16 прикажани се онлајн купувањата во последните 3 месеци по вредност на потрошени евра како процент од направените онлајн купувања/нарачки во последните 3 месеци во рамки на европските земји. Република Северна Македонија после Србија најмногу прави нарачки/купувања во мали вредности под 50 евра. Истото рангирање го има и за купување во вредност од 100 до 499 евра, но обратно, после Србија прави најмалку нарачки во рамки на оваа сума. Над 500 евра прават 1% од онлајн купувачите, а над 1.000 евра нема податоци за Република Северна Македонија. Другите соседни земји за кои има податоци се на дното во рангирање на европските земји, но пред Северна Македонија. Слика 2.16: Онлајн купување во последните 3 месеци според вредност на потрошени пари [како % од оние кои купиле нешто во последните 3 месеци во 2020г.]

Извор: Еurostat 53


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

КАКОВ Е ПРОСЕЧНИОТ МАКЕДОНСКИ Е-КУПУВАЧ? Од направениот статистички приказ и компаративна анализа може да се направи профил на македонскиот онлајн купувач (е-купувач). Македонецот купува најмногу облека и спортска опрема, прави нарачка во вредност до 50 евра еднаш до два пати во 3 месеци и купува онлајн најмногу од домашни е-трговци. КОЈ Е “НАЈДОБАР” Е-КУПУВАЧ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН? 47% од интернет корисниците во Косово купуваат онлајн. Споредено со соседните земји тие најмногу купуваат од домашни продавачи (98%), имаат највисок дел од е-купувачи кои купуваат 3 до 5 пати (15%) и највисок процент во нарачки од 100 до 499 евра (22%). Србите (48%) и Косоварите (47%) најмногу купуваат онлајн во последните 12 месеци како процент од интернет корисниците, споредено со другите земји од Западен Балкан. Косоварите исто така и најчесто купуваат, односно најмногу купуваат од 3 до 5 пати, потоа исто така најмногу купуваат од домашни добавувачи, а Босанците од продавачи од ЕУ и од другиот дел на светот. Србите и Македонците најмногу купуваат до 50 евра, а Косоварите од 100 до 499 евра.

54


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Активности на интернет: Покрај за онлајн купување, за што се користи интернетот во Северна Македонија, соседните земји и Европа? Ако подетално се разгледа што прават интернет корисниците кога се онлајн се забележува дека постојат заеднички активности како праќање и примање на е-маилови, телефонирање преку интернет/видео повици, онлајн барање на информации, читање на онлајн вести и секако учество во социјалните мрежи. Компаративна анализа за употребата на интернетот од страна на корисниците на Северна Македонија и просекот на Европската Унија (27) е направена за 2020 година според податоците на Еуростат. Активностите на интернет во последните 3 месеци како процент од оние кои користеле интернет во истиот период во 2020 година во Република Северна Македонија и просекот на ЕУ (27) се прикажани на Слика 2.17

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ГО КОРИСТАТ ИНТЕРНЕТОТ ЗА ТЕЛЕФОНИРАЊЕ И ВИДЕО ПОВИЦИ, ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНО КРЕИРАНА СОДРЖИНА И ЗА УЧЕСТВО ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И СЕ НАД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК ЗА ОВИЕ АКТИВНОСТИ. ПОМАЛКУ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ ГО КОРИСТАТ ИНТЕРНЕТОТ ЗА ПРАЌАЊЕ МАИЛ, НАОЃАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДИ, Е-БАНКАРСТВО. Македонците во 2020 година се значително над европскиот просек во користење на интернетот за телефонирање и видео повици, за разменување на инстант пораки по Skype, Messenger, Whatsapp, Viber, за споделување на лично креирана содржина на веб и за учество во социјални мрежи. Дури 91% од корсниците на интернет телефонираат преку интернет, 87% споделуваат лично креирана содржина и 86% учествуваат во социјалните мрежи. Значително под европскиот просек, Македонците го користат интернетот за праќање меил, наоѓање информации за производи и услуги, гледање видео содржини, интернет банкарство, продажба на производи и услуги и др. Слика 2.17: Активности на интернет во последните 3 месеци [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци] во Р.С. Македонија и ЕУ (27) во 2020г.

Извор: Еurostat

55


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Дури 91% од македонските корисници на интернет во 2020 година го користат за телефонирање и видео повици спрема 80% во 2019 година. Во 2020 година рангот на ниво на Европа е повисок (Слика 2.18). Просекот на Европската Унија (27) е покачен на 71% во 2020 година спрема 60% во 2019 година. Во споредба со балканските земји има сличности со Косово кој е лидер во Европа по користење на интернетот за телефонирање (99%) и Црна Гора (94%) додека Србија помалку (80%) го користи интернетот за оваа категорија услуги. Слика 2.18: Употреба на интернет за телефонирање или видео повици [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци*]

Извор: Еurostat

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НА ПРВО МЕСТО ВО КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНО КРЕИРАНИ СОДРЖИНИ (СЛИКИ, ТЕКСТ И СЛ.) НА АПЛИКАЦИИИ ИЛИ ВЕБ СТРАНИЦИ. Македонците се на прво место во Европа во споделување на лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници или апликации со 87%, додека европскиот просек е 39% (Слика 2.19). Оваа категорија од индикаторот активности на интернет се прибира од 2020 година и нема податок за 2019. Косоварите ги следат Македонците и се блиску во користењето на оваа категорија на услуги (62%), додека Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се во долниот дел на рангирањето на европските земји.

56


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Слика 2.19: Употреба на интернет за споделување на лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци.]

Извор: Еurostat За учество на социјални мрежи 86% од македонските интернет корисниците го користат, додека просекот на ЕУ (27) изнесува 65% (Слика 2.20). Од балканските земји во оваа категорија на интернет услуги слично се однесуваат Црногорците и Косоварите (87%), додека Србија и Босна и Херцеговина се на долниот дел на рангирање на европските земји. Слика 2.20: Употреба на интернет за учество на социјални мрежи [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци]

Извор: Еurostat Во Република Северна Македонија и во 2020 година малку се користи интернетот за праќање и примање на е-маил односно само 56% од интернет корисниците кои употребиле интернет во последните 3 месеци. Во развиените земји скоро сите корисници на интернет комуницирале со е-маилови односно над 96% од корисниците во Холандија, Данска, Финска, Исланд и Норвешка. Помалку праќале е-маилови Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и Косово од Република Северна Македонија во 2020 година (Слика 2.21). Просекот за употреба на интернет за праќање и

57


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

примање е-маилови во Европската Унија (27) е 85%. Од нашите соседи подобра во користење на оваа категорија на услуги е само Црна Гора со 68%. Слика 2.21: Употреба на интернет за праќање/примање на е-маил-ови [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци .]

Извор: Еurostat Во 2020 година 10% од македонските интернет корисници продаваат производи и услуги онлајн спрема 6% во 2019 година. Иако има мало поместување сепак е далеку од европскиот просек (22%). Во рамки на европските земји (Слика 2.22) Република Северна Македонија има ист ранкинг со Бугарија и Косово, а е подобра од Ирска, Србија, Црна Гора, Грција, Романија и Кипар во 2020 година. Слика 2.22: Употреба на интернет за продавање производи и услуги [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци]

Извор: Еurostat

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО СО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ Е НА ДНОТО ПО КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКАРСТВО (Е-БАНКАРСТВО). ДОДЕКА 66% ОД ЕВРОПЈАНИТЕ ГО КОРИСТАТ ИНТЕРНЕТОТ ЗА Е-БАНКАРСТВО, 58


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

САМО 20% ВО СРБИЈА, 19% ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 17% ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, 10% ВО ЦРНА ГОРА И 9% ВО КОСОВО. Во 2020 година има незначително поместување во користењето на интернетот за е-банкарство, и тоа само за 1 процентен поен односно 19% од корисниците на интернет го користеле за е-банкарство во 2020 година спрема 18% во 2019 година. Македонците се далеку од европскиот просек од 66% во 2020 година во практикување на е-банкарството (Слика 2.23). Од балканските земји само Србија е незначително подобра во користење на оваа категорија на интернет услуги од Северна Македонија. Слика 2.23: Употреба на интернет за интернет банкарство [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци ]

Извор: Еurostat

МАЖИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ ГО КОРИСТАТ ИНТЕРНЕТОТ ЗА РЕЧИСИ СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИНТЕРНЕТ, СЛИЧНО КАКО И ЕВРОПЈАНИТЕ, СО ИСКЛУЧОК НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ - ВО ЕВРОПА ЖЕНИТЕ ГО КОРИСТАТ ПОВЕЌЕ ЗА УЧЕСТВО НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ДОДЕКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МАЖИТЕ. ЖЕНИТЕ СЕ ПОАКТИВНИ КОРИСНИЦИ ОД МАЖИТЕ ВО С.МАКЕДОНИЈА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ТЕЛЕФОНИРАЊЕ, ВИДЕО ПОВИЦИ И БАРАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВЈЕ. На Слика 2.24 прикажани се активностите на интернет по пол во Република Северна Македонија и европскиот просек (27). Активностите на мажите и жените во Република Северна Македонија се слични со европскиот просек. Мажите речиси кај сите активности имаат поголемо учество. Исклучок е кај телефонирање и видео повици и барање информации за здравје каде жените имаат поголемо учество. Исклучок од сличностите е учеството во социјални мрежи каде мажите во Република Северна Македонија имаат поголемо учество од жените, што е различно од европскиот просек.

59


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

Слика 2.24: Активности на интернет во последните 3 месеци [како процент од оние кои користеле интернет во последните 3 месеци] во Република Северна Македонија и ЕУ (27) по пол во 2020г.

Извор: Еurostat КОЈ Е ПРОФИЛОТ НА МАКЕДОНСКИ Е-КОРИСНИК? Од направениот статистички приказ и компаративна анализа може да се направи профил на македонскиот корисник на интернет услуги (е-корисник) според активностите на употребата. Македонците дефинитивно кога се на интернет споделуваат - односно споделуваат лично креирана содржина како: текст, слики, музика, видеа, софтвери итн. на веб-страници и не само што се први во регионот, туку се и први на европско ниво во користење на интернет за овие активности. Спрема европскиот просек исто така се значително над во користењето на интернетот за телефонирање и видео повици, за разменување на инстант пораки по Skype, Messenger, Whatsapp, Viber и за учество во социјални мрежи, а се со слично учество во овие активности со соседите. Дури 91% од корисниците на интернет телефонираат преку интернет, 87% споделуваат лично креирана содржина и 86% учествуваат во социјалните мрежи. Но кога станува збор за користење на интернетот за праќање мејл, наоѓање информации за производи и услуги, гледање видео содржини, интернет банкарство, продажба на производи и услуги и др. Македонците се значително под европскиот просек.

60


ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е-КУПУВАЧ И СПОРЕДБА СО БАЛКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ

КОЈ Е-КОРИСНИК ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Е “НАЈДОБАР” ВО КОЈА АКТИВНОСТ? Косоварите најмногу го користат интернетот и се над европскиот просек во горното рангирање со најразвиените земји, додека во долното рангирање се земјите од Западен Балкан, а Македонците се подобри од 9 земји. Што се однесува до активностите на интернет кои ги прават интернет корисниците од Западен Балкан во последните 3 месеци споредбено може да се забележи дека Косоварите најмногу телефонираат, слушаат музика, бараат информации за производи и услуги, гледаат тв, играат, закажуваат лекар онлајн, но и учат онлајн, а исто така заедно со Македонците, најмногу учествуваат на социјалните мрежи и читаат онлајн. Црногорците пак најмногу во споредба со соседите од Западен Балкан праќаат е-мејлови, додека Србите најмногу бараат информации поврзани со здравје и користат интернет банкарство.

61





ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

ДЕЛ III - ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА ПРЕКУ РЕЛЕВАНТНИТЕ ИНДЕКСИ И ИНДИКАТОРИ [B2C E-COMMERCE INDEX & NRI] Во овој дел се анализира потенцијалот за развој кој може да обезбеди понатамошен раст на е-трговијата, а за таа цел се користени: B2C индексот за е-трговија на UNCTAD (E-commerce B2C Index) и Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index - NRI). B2C индексот за е-трговија на UNCTAD ја мери подготвеноста на една држава за е-трговија и зема предвид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет сервери. Индексот на подготвеност за мрежно поврзување ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко, ги проценува факторите, политиките и институциите што и овозможуваат на земјата целосно да ги искористи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за инклузивен, одржлив раст, конкурентност и благосостојба. Напредокот направен од Република Северна Македонија се анализра преку споредба на индексите и индикаторите кои го сочинуваат индексот во 2020 година, со претходните години, но и во споредба со европските земји, со посебен акцент на земјите од нашето окружување. Индексот на логистички перформанси (LPI - logistic performance index) кој ја покажува компаративната предност на земјата во однос на логистичка подршка, а го објавува Светската банка и е исто така важен за е-трговијата за обединување на потенцијалот за вршење на ефикасна достава на нарачаните пратки, особено за развивање на меѓународни нарачки не е анализиран бидејќи нема понови податоци од истите опфатени со „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година”.

UNCTAD B2C Индекс за е-трговија Почнувајќи од 2015 година, UNCTAD подготвеноста на една држава за е-трговија ја мери со т.н Бизнис-кон-Потрошувач индекс на електронска трговија (E-commerce B2C Index). Индексот зема во превид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет сервери (UNCTAD, 2015). Република Северна Македонија во 2020 година има пад во индексот за подготвеноста за е-трговија во однос на 2019 година [UNCTAD, 2020]. При тоа и понатаму има пад кај индикаторите: покриеност со поштенска испорака и безбедносни сервери на еден милион жители. Рангирањето е намаленo на 52 место од 152 земји. Забележителен е напредокот на Србија и во 2020 година е пред Република Северна Македонија, за разлика од 2015 година кога беше после Македонија. Од соседните земји кои се земени во листата за пресметка на овој индекс после Македонија се Црна Гора и Албанија во рангирањето според овој индекс. (Слика 3.1).

65


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

Слика 3.1: UNCTAD B2C e-commerce индекс за Европа, 2020г.

Извор: UNCTAD 2020 Во Табелата 3.1 се прикажани вредностите на 4-те индикатори кои го сочинуваат B2C Индексот во 2020 година во споредба со 2019 и 2015 кога Република Северна Македонија беше рангирана многу повисоко во подготвеноста за обавување на е-трговија. Како што може да се забележи падот во вредностите на индикаторите поштенска доверливост и безбедносни сервери го детерминираат и падот на вкупниот B2C Индекс.

Табела 3.1: Вредности за параметрите од B2C Индексот за е-трговија за Р. Македонија 2015 2020г. 2015

2019

2020

Интернет пенетрација

68%

79%**

81%

Покриеност со поштенска испорака; UPU поштенскa доверливост

83%

81%

73%

Дел од населението кое поседува платежна картичка (15+)

72%

77%

77%

Безбедносни сервери на 1 милион луѓе (нормализирана вредност)

68

55

54

B2C Индекс за е-трговија

60

73

71.1

45/137

51/146

52/152

Ранг

Извор: UNCTAD, 2015, 2019, 2020 *податокот е за 2018

66


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

Индекс на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index NRI) Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index - NRI), ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко, а индексот за 2019 година се одликува со обновена рамка која ги проценува факторите, политиките и институциите што и овозможуваат на земјата целосно да ги искористи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за инклузивен, одржлив раст, конкурентност и благосостојба [Portulans Institute, 2019]. Во 2020 година вредноста на NRI индексот за Република Северна Македонија е 48,28 и е рангиран на 67 место на светско ниво (134 земји) што е на пониско ниво од минатата година кога вредноста на NRI индексот беше 48,97 со ранг од 65 место од 121 земја. Индексот на подготвеност за мрежно поврзување за Република Северна Македoнија забележува и понатаму уназадување во однос на 2016 година кога рангот на земјата беше на 46 место од 139 земји. На Сликата 3.2 е покажан рангот на Република Северна Македонија во 2020 година во однос на Европските земји според кој на повисоко ниво е само од Молдавија, Албанија и Босна и Херцеговина. Слика 3.2: Вредности за параметрите од NRI Индексот за 2020г.

Извор: Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Washington D.C., USA. И според NRI индексот Србија во 2016 година е далеку после С.Македонија, додека во 2020 година има водечко место во споредба со земјите од регионот на Западен Балкан. На следните слики (3.3 до 3.6) се прикажани рангирањата на европско ниво според вредностите во 4-те основни столба кои го сочинуваат NRI индексот, со посебен акцент на земјите од Западен Балкан. Србија е на водечко место освен кај столбот „Технологија” каде Црна Гора е пред Србија. Република Северна Македонија најдобро е рангирана кај столбот „Управување”, а најлошо кај столбот „Луѓе”.

67


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

Слика 3.3: Вредности за столбот ТЕХНОЛОГИЈА од NRI Индексот за 2020г.

Извор: Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Washington D.C., USA. Слика 3.4: Вредности за столбот ЛУЃЕ од NRI Индексот за 2020г.

Извор: Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Washington D.C., USA.

68


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

Слика 3.5: Вредности за столбот УПРАВУВАЊЕ од NRI Индексот за 2020г.

Извор: Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Washington D.C., USA. Слика 3.6: Вредности за столбот ВЛИЈАНИЕ од NRI Индексот за 2020г.

Извор: Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Washington D.C., USA. Комплетната структура на NRI со вредностите како и рангирањето на сите индикатори на потстолбовите кои ги формираат столбовите на индексот за Република Северна Македонија се прикажани во Табела 3.2. Во првиот столб - “Tехнологија” (65) најлошо е рангиран подстолбот “Идни технологии” и тоа индикаторот “Инвестиции на компанијата во најнови технологии” (ранг 123). Во вториот столб “Луѓе” (70), најлошо е рангиран подстолбот “Влади” (80), индикатор “Владини промоции за инвестирање во најнови технологии” (95). При тоа во подстолбот “Бизниси” забележително е рангирањето на индикаторот “Употреба на дигитални алатки во бизнис” на 103 место. За одбележување е и лошото рангирање на индикаторот „ИКТ вештини“ (101) од подстолбот „Поединци“. Во третиот столб - “Управување” (60), најлошо е рангиран подстолбот “Регулатива” (68) и тоа индикаторот: “Прилагодливост на правната рамка кон најновите технологии” (91). Кај четвртиот столб - “Влијание” (78), најлошо е рангиран подстолбот “Економија” (81) со индикаторот “Високо-технолошки извоз“ (88). Кај овој столб за одбележување е и лошото рангирање на 69


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

индикаторот “Слобода да се прават избори во животот” (101) и “Среќа” (94) од подстолбот „Квалитет на живот“. Индикаторот „Родовата нееднаквост“ од потстолбот „Придонес кон одржливи развојни цели” исто така е е лошо рангиран (86). Она што може да се забележи и каде треба да се делува е дека потребно е инвестирање во технологија и нејзина употреба, за што се потребни дигитални вештини. Табела 3.2: Индикатори на Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Р.С. Македoнија (2020) ранг/134 Прв столб: ТЕХНОЛОГИЈА Прв под-столб: Пристап

вредност

65

40.09 61

67,73

1.1.1 Тарифи за мобилни телефони

77

57.19

1.1.2 Цени на слушалките

78

39.32

1.1.3 Интернет пристап

68

69.08

1.1.4 Опфат на 4G мобилна мрежа

18

99.53

1.1.5 Претплати со фиксен широкопојасен интернет

49

78.06

1.1.6 Интернационален опсег на Интернет

91

63.23

n/a

n/a

49

37.01

1.2.1 GitHub commits

53

7.82

1.2.2 Едитирање на Википедија

45

64.39

-

-

54

68.39

120

15.52

96

32.55

123

17.45

1.3.3 Апликации за патенти за ИКТ ПКТ

82

0,00

1.3.4 Трошоци за компјутерски софтвер

80

12.09

1.3.5 Густина на роботи

n/a

n/a

Втор столб: ЛУЃЕ

70

46.07

Прв под-столб: Поединци

74

53.54

1.1.7 Интернет пристап во училиштата Втор под-столб: Содржина

1.2.3 Регистрација на Интернет домеини 1.2.4 Развој на мобилни апликации Трет под-столб: Идни технологии 1.3.1 Усвојување на најновите технологии 1.3.2 Инвестиции на компанијата во најновите технологии

70


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

2.1.1 Корисници на Интернет

43

78.88

2.1.2 Активни претплати за мобилен широкопојасен интернет

79

25.79

2.1.3 Користење на виртуелни социјални мрежи

68

52.58

2.1.4 Терциерно запишување

68

30.66

2.1.5 Стапка на писменост за возрасни

33

97.20

2.1.6 ИКТ вештини

101

36.16

60

46.08

2.2.1 Фирми со веб-страница

50

62.69

2.2.2 Олеснување за обавување бизнис

16

89.36

2.2.3 Професионалци

47

35.33

2.2.4 Техничари и соработнички професионалци

50

43.15

103

43.13

62

2.84

80

38.57

2.3.1 Владини онлајн услуги

57

73.34

2.3.2 Објавување и употреба на отворени податоци

49

32.58

2.3.3 Владини промоции за инвестирање во најнови технологии

95

27.25

2.3.4 Трошоци за истражување и развој од страна на владите и високото образование

73

21.11

Трет столб: УПРАВУВАЊЕ

60

57.72

Прв под-столб: Доверба

64

44.10

3.1.1 Безбедни Интернет-сервери

68

52.16

3.1.2 Сајбер безбедност

36

85.81

3.1.3 Онлајн пристап до финасиски сметки

88

16,85

3.1.4 Интернет купување

56

21.59

68

65.75

3.2.1 Квалитет на регулативата

43

62.98

3.2.2 ИКТ регулација

46

89.03

3.2.3 Прилагодливост на правната рамка кон најновите технологии

91

28.51

Втор под-столб: Бизниси

2.2.5 Употреба на дигитални алатки во бизнис 2.2.6 Трошоци за истражување и развој од страна на деловните субјекти Трет под-столб: Влади

Втор под-столб: Регулатива

71


ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА СПОРЕДЕНО СО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА

3.2.4 Законодавство за електронска трговија

77

75.00

3.2.5 Заштита на приватноста со закон

36

74.21

66

63.31

3.3.1 Е-учество

38

82.71

3.3.2 Социо-економски јаз во користењето на дигиталните плаќања

72

62.80

3.3.3 Достапност на локална содржина на Интернет

80

52.34

3.3.4 Родов јаз во користењето на Интернет

55

59.18

3.3.5 Рурален јаз во користењето на дигиталните плаќања

80

59.52

Четврт столб: ВЛИЈАНИЕ

78

49.25

Прв под-столб: Економија

81

20.68

4.1.1 Средна и високотехнолошка индустрија

65

29.24

4.1.2 Високо-технолошки извоз

88

8.00

4.1.3 ПСТ апликации за патенти

55

0.81

4.1.4 Продуктивност на трудот по вработен

67

40.36

4,15 Доминација на економија на обем

67

40.36

80

62.21

4.2.1 Среќа

94

45.65

4.2.2 Слобода да се прават избори во животот

101

59.47

4.2.3 Нееднаквост во приходите

46

74.23

4.2.4 Здрав животен век при раѓање

51

69.51

76

64.84

4.3.1 SDG 3 Добро здравје и благосостојба

65

72.13

4.3.2 SDG 4 Квалитетно образование

67

26.04

4.3.3 SDG 5 Родова еднаквост

86

6745

4.3.4 SDG 7 Достапна и чиста енергија

56

81.50

4.3.5 SDG 11 Одржливи градови и заедници

43

77.07

Трет под-столб: Вклучување

Втор под-столб: Квалитет на живот

Трет под-столб: Придонес на SDG (одржливи развојни цели)

72




ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ IV- ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Заклучни согледувања Анализата на состојбата со е-трговијата во Република Северна Македонија сублимирана во оваа публикација со наслов: „Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021“, изработена на иницијатива на Асоцијацијата за e-трговија на Македонија, а поддржана од Mastercard опфаќа многу значајна година, непобитно обележана со појавата на пандемијата COVID-19. Е-трговијата како канал за продажба одигра исклучително важна улога во општеството, обезбедувајќи им пристап на потрошувачите до стоки и услуги во време кога беа воспоставени сериозни ограничувања и рестрикции со цел заштита на здравјето на луѓето. Воедно на страната на понудата, е-трговијата, односно отворањето на нов канал за продажба онлајн или подобрување на постојниот беше главен начин за адаптација на компаниите на ситуацијата со цел да ги пласираат нивните производи до потрошувачите и со тоа да компензираат за падот на продажбите на физичките локации и да го амортизираат ударот. Како резултат на тоа, 2020 година е одбележана како година кога е забележан исклучителен раст во онлајн продажбата на производи главно предизвикан од мерките за ограничување на движењето (полицискиот час, прогласена вонредна состојба и карантин). Овие случувања се рефлектираа во овогодинешните наоди, кои покажуваат дека во Република Северна Македонија е забележана забрзана динамика на раст на вредноста и бројот на направените онлајн трансакции односно купување од виртуелните продавници. _____________________________________ Во првиот дел од извештајот се анализираат податоците на Народната банка за платежна статистика за 2020 година и за првото полугодие од 2021 година. Преглед на онлајн трансакциите во 2020 година Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци кон дома и кон странство, како и од иматели на странски картички во Р.С.Македонија во 2020 година изнесува 14,775,2 милиони денари или 240 милиони евра и има пораст од 36,5% во однос на 2019 година. Тоа е уште повидливо ако се анлизира бројот на направените трансакции кон интернет продажните места кој има пораст од 50,1% во однос на 2019 година. Згoлемената динамика на пораст на бројот на направените трансакции спрема вредноста на истите доведува како производ намалена просечна транскација за 9,11% и истата во 2020 година изнесува 1463 денари. Она што е значајно да се истакне за да се покаже влијанието на ограничувачките мерки воведени со појавата на пандемијата во март е 2020 година е забележаниот поголем пораст на вкупната вредност на

75


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

онлајн трансакции во вториот (29.8%), третиот (26.3%), а најмногу во четвртиот квартал на 2020 година споредено со истиот период 2019 година кога порастот изнесува 68,8%. Се забележува значајно зголемување на учеството на домашните картички кон домашни е-трговци од месец април кога истото достигнува 65%, а кое исто така може да се протолкува како последица на отпочнувањето на пандемијата и рестриктивните мерки. Секако, како последица има намалување на учеството на странските картички кон домашни е-трговци на 18%, а опаѓа и учестото на домашните картички кон странски е-трговци. Така учеството на вредноста реализирана кон домашни е-трговци во вкупната вредност на онлајн трансакции во 2020 година е 74%, наспроти 43% во 2019 и 38% во 2018. COVID-19 пандемијата поттикна трицифрен раст во вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашните е-продавници. Од вториот квартал во 2020 трансакциите кон домашни е-трговци бележат над 160% раст споредено со истиот период 2019 година. Вредноста кон странски е-трговци (од иматели на картички издадени од домашните банки) бележи пад од 38% на годишно ниво во 2020 година. Македонците потрошиле 62,2 милиони евра за купување производи и услуги во странство во 2020 година, што претставува само 26% од вредноста на реализираните онлајн трансакциите. Падот од 38% на вредноста на реализираните трансакции во странство од Македонците во однос на 2019 година е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени. Дури 74% од вкупниот износ во вредност од 62,2 милиони евра кои Македонците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство и 79% од бројот на вкупно направените трансакции од 2,8 милиони се реализирале во корист на 6 земји: Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург, Холандија и остаток од светот. Преглед на вкупни трансакции со платежни картички во 2020 година Вредноста на вкупните трансакции (трансакции со домашни и странски картички кон домашни уреди и со македонски картички кон странство) со платежни картички во 2020 година изнесува речиси 252 милијарди денари. Во вкупните транскации со платежни картички по уреди опфатени се повлекување и депонирање готовина на АТМ уредите, плаќање на ПОС терминали на физички места на продажба и виртуелни места или интернет продажни места. Картичките најчесто биле користени за повлекување пари од АТМ, потоа за трансакции на ПОС терминали на физички места на продажба. Во структурата на употреба на картичките по уреди во 2020 година спрема 2019 година има поместување во повлекувањето готовина во корист на купување на интернет места на продажба. Интернет купувањата во 2020 година бележат зголемено учество во структурата на вредноста на вкупните трансакции со картички и учествуваат со 6% спрема 4% во 2019 година. Гледано по уреди во 2020 година најголем пораст на вредноста се забележува кај трансакциите на интернет продажни места или 36.5% повеќе споредено со 2019. Повлекувањето на готовина има незначителен раст од 1.7%, додека депонирањето готовина на банкомати пораснало за 23.5% на годишна основа. Трансакциите на физички продажни места бележат исто така незначителен раст од 1.6%. Во 2019 година онлајн трансакциите учествувале со само 2% во вкупната вредност на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни уреди, додека во 2020 нивното учество изнесува 5%. Повлекувањето готовина на банкомати иако има тенденција на опаѓање, односно во 2017 76


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

година било 72%, потоа 68% во 2019 година и 63% во 2020, сепак се уште е доминантно во вкупната вредност реализирана во земјата со платежни картички, што значи дека Македонците се уште најмногу ги користат картичките за повлекување готовина од банкомати. На крајот на 2020 година во Република Северна Македонија 1.844.001 депоненти поседуваат вкупно 3.818.317 сметки, а од нив 95% припаѓаат на физички лица. Во декември 2020 година, 40% од вкупниот број на трансакциските сметки имале пристап преку ПС или друг уред за извештаи, за разлика од декември 2019 година кога 31% се сметки достапни преку ПС или друг уред за извештаи. Притоа 37% од овие сметки имале и опција за плаќање на крајот на 2020 година. Бројот на платежни картички во циркулација во декември 2020 година изнесува 2.114.133 со платежна функција и претставува 99% од вкупно издадените картички со функција за повлекување/депонирање на готовина. Во 2020 година вредноста на вкупните кредитни трансфери забележува намалување од 5% во однос на 2019 година како резултат на пандемијата, но учеството на кредитните трансфери иницирани електронски се зголемува на 55% во вкупните кредитни трансфери. Ако се има предвид дека ова учество не беше сменето од 2017 година кога 50% од вкупните кредитни трансфери се иницирани електронски, oва укажува дека навиките за употреба на современите дигитални начини на иницирање на плаќањата во време на пандемија се придвижуваат позитивно во корист на електронско иницираните трансфери. Кај физичките лица учеството на персоналниот компјутер за иницирање на електронски трансфери во 2020 година е намалено (24%) во корист на мобилните трансфери (76%). Преглед на трансакциите во првото полугодие од 2021 - Дали и со која динамика се задржува растот предизвикан од COVID-19 пандемијата? Минатата година предизвика многу промени во сите општества и економии, бизнисите требаше брзо да се адаптираат за да одговорат на брзото менување на реалноста и да ја забрзаат својата дигитална трансформација. Компаниите кои претходно работеа само преку традиционалните продажни канали, почнаа да развиваат дигитално присуство и да отвораат нов продажен канал-онлајн. Се случија значајни промени во 2020 година како на страната на купувачите (побарувачката), така и на страната на понудата насекаде во светот како и во С.Македонија, но главното прашање кое се поставува е дали и колку ќе се задржат промените и динамиката на растот и понатаму. За таа цел направена е анализа на достапните податоци од НБРСМ за направената вредност и број на трансакции со платежни картички. Вредноста на вкупните трансакции (трансакции на домашни и странски картички кон домашни уреди и македонски картички кон странство) со платежни картички во првите шест месеци од 2021 година изнесува 140,24 милијарди денари и е за 23,5% повеќе отколку во истиот период 2020 година. Динамиката на раст на вкупните трансакции кои минатата година под влијание на здравствената криза имаа намалена активност на плаќање, во 2021 година забележуваат значителен пораст во однос на претходната година и најголем во последните 5 години. При тоа најголем пораст има кај депонирање на готовина (70,6%), користењето на картичките за интернет купување (61,4%), а и користењето за купување од ПОС терминали на физички места на продажба (31,3%), што покажува дека трендот продолжува.

77


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

Она што може да се забележи од вредноста на направените трансакции e дека влијанието на COVID-19 кој минатата година се отслика во трицифрен раст на трансакциите направени на виртуелни места на продажба продолжува. Македонците во првите шест месеци од 2021 година направиле 7,6 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет трговци и растот спрема истиот период во 2020 година изнаесува 77,2%. Странците во Република Северна Македонија направиле трансакции со картички во вредност од 11,1 милијарди денари во првите шест месеци од 2021 година, што претставува раст од 44,5% во однос на истиот период минатата година кога вредноста изнесувала 7,7 милијарди денари. Она што е забележително, поради влијанието на COVID-19, е дека странците воопшто помалку трошеле со платежни картички, освен купување на интернет продажните места каде е забележан пораст од 21,4% спрема истиот период во 2019 година. Оваа динамика во 2021 година се смени и кај сите уреди има значително поголеми трошења, а најголем пораст од 75,1% забележува интернет купувањето. Исто така поголемиот број на странски туристи се забележува со пораст од 57% на вредноста на трансакциите на ПОС терминалите на физичките места на продажба. Во првите шест месеци од 2021 година олеснетите мерки и можноста за патување овозможија зголемување на вредноста на направените трансакции со домашни платежни картички во странство за 21,3%. При тоа плаќањата на ПОС терминалите имаат најголем пораст (24,1%), а потоа онлајн трансакциите во странство со пораст од 23,8% Трендот кој започна во март минатата година со пандемијата продолжува и Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат повеќе од домашните е-трговци. Се забележува промена во структурата на учеството на купување во странство од страна на Македонците во јуни 2021, со оглед на отварањето на границите и можноста за патување во странство. Уреди кои прифаќаат плаќање со картички на физички и виртуелни места на продажба Што се однесува до понудата, на крајот на 2020 година во Македонија имало 13.256 деловни субјекти (трговци) кои прифаќаат платежни картички (независно од функцијата на картичката). Од вкупно 73.061 деловни субјекти во 2020 година (ДЗС), 18% прифаќале плаќања со картички. Бројот на трговци кои прифаќаат картички во 2020 година бележи раст во однос на 2019 година од 7,2%. Забележителен пораст бележи бројот на трговци кои прифаќаат онлајн плаќања (виртуелни места на продажба) и тоа за 45% и го зголемуваат учеството во вкупниот број на трговци кои прифаќаат картички од 7,1% во 2019 година на 9,6% во 2020 година. Во првото шестмесечие од 2021 година и понатаму продолжува трендот на зголемување на бројот на уреди кои примаат платежни картички на виртуелни места на продажба и на ПОС терминалите. Во јуни 2021 година има 1.661 уреди за виртуелна продажба, односно 202 нови уреди што преставува раст од 14% во однос на декември 2020 година. Особено е забележителен порастот на виртуелните места на продажба од вториот квартал 2020 година и тој тренд продолжува. Истиот тренд на зголемување го следи и бројот на ПОС терминали за физички локации. Во јуни 2021 година има 34.650 односно 1,8% повеќе отколку во декември 2020 година. _____________________________________ Вториот дел од извештајот прави анализа на податоците од ДЗС односно за споредливост користени се податоците на Еуростат и се однесуваат според методологијата на прибирање на првото тромесечие од годината и не даваат слика за влијанието на пандемијата на промената во 78


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

онлајн купувањето, но дава слика за профилот на македонскиот е-купувач (купување онлајн: колку, што, колку често, во која вредност и од каде) и е-корисник (користење на интернет: колку се користи, колку често и за што). За да видиме што значат тие проценти мора да се споредиме со другите земји со посебен акцент на земјите соседи од Западен Балкан, но и со европскиот просек. Интернет поврзаност на население Во првото тримесечје од 2020 година, 79.9% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е намалување во однос на 2019 година кога 82% од домаќинствата во Република Северна Македонија имаат интернет пристап. Во првото тримесечје од 2020 година, интернет користеле 81.4%, исто како и во 2019 година. Mажите повеќе го користат интернетот и тоа 83% од машката популација на возраст 16-74 години, наспроти 79% од женската популација на иста возраст. Во 2020 година 71% од македонските интернет корисниците го користеле секој ден или речиси секој ден, спрема 73% во 2019 година, и тоа 73% од мажите и 69% од жените. Она што е забележително е дека опаѓа интернет употребата на дневно ниво во 2020 година што не е случај во ниту една европска земја освен Србија. Интернет поврзаност, веб страни и онлајн продажба на деловни субјекти 97% од компаниите со 10+ вработени во Северна Македонија се поврзани на интернет што е на ниво на европскиот просек. Сепак, само 55% имаат веб страна што ја позиционира Северна Македонија меѓу последните земји со најнизок процент на компании со веб страна. Само 39% од компаниите имаат веб страна која нуди каталог на услуги и производи и ценовници (просекот во ЕУ е 61%) и само 12% имаат можност за резервации и нарачки. Северна Македонија е на последно место по компании кои примиле оналјн нарачки (е-продажба) во 2020 година или само 6%, додека просекот во европа е 21%. Онлајн купување: колку, што и од каде? Во 2020 година 40% од населението со интернет пристап направило нарачка онлајн во последната година спрема 36% во 2019 година. Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е на третото место, после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население со интернет пристап кое купува онлајн. Македонците кои купувале онлајн и во 2020 година најмногу купувале облека (вклучително и спортска облека, чевли и додатоци, односно 57% како процент од тие што купиле онлајн во последните 3 месеци, додека Европјаните купвале 63% од овие производи). Спортска опрема купиле 15% од Македонците, потоа други производи 12%. Многу помал процент од македонските онлајн купувачи купиле или направиле нарачки за останатите категории во споредба со европскиот просек. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77% од онлајн купувачите купуваат облека, потоа Црна Гора 71%, додека под европскиот просек се Северна Македонија со 57%, Босна и Херцеговина со 56% и Србија со 52%. Македонците најмалку купуваат спортска опрема споредено со земјите од Западен Балкан (18% од македонските е-купувачи купувале спортска опрема, додека европскиот просек е 21%). Исто така Македонците се речиси последни (освен Романија која е зад С.Македонија) во купување на мебел, додатоци за дома (на пр. теписи или завеси) или производи за градинарство (на пр. алатки, растенија) со 9% од направените купувања во последните 3 месеци спрема европскиот просек кој изнесува 29%, а најмалку купиле и во споредба 79


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

со балканските земји. Од нашите соседи, во Косово најмногу купувале од оваа категорија на производи онлајн, потоа Србија и Црна Гора. Македонците исто така најмалку нарачувале/купувале од ресторани, брза храна и угостителски услуги и се на последно место во рамки на европските земји односно само 5% добиле испорака во 2020 година. Просекот во ЕУ (27) изнесува 28%. Од нашите соседи Црногорците најмногу нарачувале храна, потоа Косоварите, Босанците и Србите. 73% од оние кои направиле нарачка или купиле онлајн во последните 3 месеци тоа го направиле од домашни добавувачи. Република Северна Македонија е под европскиот просек (27) кој изнесува 88%. Покрај Косово рангиран на врвот после Турција, Србија исто така е над европскиот просек, Црна Гора е подобра од Северна Македонија, а на дното е Босна и Херцеговина. 72% од тие што купиле производ или услуга во последните 3 месеци во 2020 година во Република Северна Македонија тоа го направиле само еднаш до два пати. Во споредба со 2019 година се намалува учеството на купувањето од 3 до 5 пати на 20%. Во споредба со европските земји, Република Северна Македонија е на прво место во најретко онлајн пазарење или еднаш до два пати. Од Балканските земји најдобро е рангирано Косово, па Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. 51% од Македонците направиле нарачки во вредност до 50 евра. Република Северна Македонија после Србија најмногу прави нарачки/купувања во мали вредности под 50 евра. Истото рангирање го има и за купување во вредност од 100 до 499 евра, но обратно после Србија прави најмалку нарачки во рамки на оваа сума. Над 500 евра прават 1% од онлајн купувачите, а над 1.000 евра нема податоци за Република Северна Македонија. Другите соседни земји за кои има податоци се на дното во рангирањето на европските земји, но пред Северна Македонија. Активности на интернет Што се однесува до активностите на интернет, Македонците најмногу го користат за телефонирање и видео повици, за разменување пораки и за учество во социјалните мрежи и се над европскиот просек за овие активности. Помалку од Европјаните го користат интернетот за праќање маилови, наоѓање информации за производи, е-банкарство и сл. Македонците се на прво место во користење на интернетот за споделување лично креирани содржини (слики, текст и сл.) на апликациии или веб страници. Северна Македонија заедно со соседните земји е на дното по користење на интернетот за интернет банкрство (е-банкарство). Додека 66% од Европјаните го користат за е-банкарство, само 20% во Србија, 19% во Северна Македонија, 17% во Босна и Херцеговина, 10% во Црна Гора и 9% во Косово. Мажите во Северна Македонија повеќе го користат интернетот за речиси сите активности на интернет, слично како и Европјаните, со исклучок на социјалните мрежи - во Европа жените го користат повеќе за учество на социајлни медиуми, додека во Северна Македонија мажите. Жените се поактивни корисници од мажите во Северна Македонија кога станува збор за телефонирање, видео повици и барање информации за здравје.

80


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

_____________________________________ Во третиот дел се анализира потенцијалот за развој кој може да обезбеди понатамошен раст на е-трговијата, а за таа цел се користени: B2C индексот за е-трговија на UNCTAD (E-commerce B2C Index) и Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index - NRI). Подготвеност за развој на е-трговија според B2C Индексот за е-трговија на UNCTAD B2C индексот за е-трговија на UNCTAD ја мери подготвеноста на една држава за е-трговија и зема превид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет сервери. Република Северна Македонија во 2020 година има пад во индексот за подготвеноста за е-трговија во однос на 2019 година (UNCTAD, 2020). При тоа и понатаму има пад кај индикаторите: покриеност со поштенска испорака и безбедноосни сервери на еден милион жители. Рангирањето е намалено на 52 место од 152 земји. Забележителен е напредокот на Србија која и во 2020 година е пред Република Северна Македонија додека во 2015 година беше зад С.Македонија, што укажува дека остварила побрз прогрес. Од соседните земји кои се земени во листата за пресметка на овој индекс после С.Македонија се Црна Гора и Албанија во рангирањето според овој индекс. Подготвеност за искористување на придобивките од новите технлогии според Индексот за подготвеност на мрежно поврзување (NRI - Network Readiness Index) Индексот на подготвеност за мрежно поврзување ја оценува подготвеноста на земјите за искористување на придобивките од новите технологии и за капитализирање на можностите што ги претставува дигиталната револуција и пошироко, ги проценува факторите, политиките и институциите што и овозможуваат на земјата целосно да ги искористи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за инклузивен, одржлив раст, конкурентност и благосостојба. Напредокот направен од Република Северна Македонија се анализира преку споредба на составните индекси и индикаторите со претходните години, но и во споредба со европските земји, со посебен акцент на земјите од нашето окружување. Во 2020 година вредноста на NRI индексот за Република Северна Македонија е 48,28 и е рангиран на 67 место на светско ниво (134 земји) што е на пониско ниво од минатата година кога вредноста на NRI индексот беше 48,97 со ранг од 65 место од 121 земја. Индексот за подготвеност за мрежно поврзување за Република Северна Македoнија забележува и понатаму уназадување во однос на 2016 година кога рангот на земјата беше на 46 место од 139 земји. Според вредностите во 4те основни столба кои го сочинуваат NRI индексот (технологија, управување, луѓе, влијание), споредени со европските земји, но со посебен акцент на земјите од Западен Балкан може да се види дека Србија е на водечко место освен кај столбот “Tехнологија” каде Црна Гора е пред Србија. Република Северна Македонија најдобро е рангирана кај столбот “Управување”, а најлошо кај столбот “Луѓе”. Во првиот столб “Tехнологија” (65) најлошо е рангиран под-столбот “Идни технологии” и тоа индикаторот “Инвестиции на компанијата во најнови технологии” (ранг 123). Во вториот столб “Луѓе” (70), најлошо е рангиран под-столбот “Влади” (80), и тоа индикаторот “Владини промоции за инвестирање во најнови технологии” (ранг 95). При тоа во под-столбот “Бизниси” забележителен е ранкингот на индикаторот “Употреба на дигитални алатки во бизнис” на 81


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

103 место. За одбележување е и лошото рангирање на индикаторот “ИКТ вештини“ (101) од под-столбот “Подеинци“, Во третиот столб “Управување” (60), најлошо е рангиран подстолбот “Регулатива” (68) и тоа индикаторот: “Прилагодливост на правната рамка кон најновите технологии” (91). Кај четвртиот столб - “Влијание” (78), најлошо е рангиран подстолбот “Економија” (81) со индикаторот “Високо-технолошки извоз“ (88). Кај овој столб за одбележување е и лошиот ранг на индикаторот “Слобода да се прават избори во животот” (101) и “Среќа” (94) од подстолбот „Квалитет на живот“. Индикаторот „Родовата нееднаквост“ од потстолбот „Придонес кон одржливи развојни цели” исто така е е лошо рангиран (86).

Иницијативи на Асоцијација за е-трговија на Македонија за раст и развој на е-трговијата Претходните објавени анализи во 20184 и 20205 година содржат низа препораки за забрзан раст и натамошен развој на е-трговијата во земјата. Препораките се резултат на сеопфатна анализа, спроведеното мапирање на состојбата, бариерите и предизвиците кои постојат на пазарот и истите беа категоризирани во две главни групи, и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението). Дополнително беа дадени препораки кои се заеднички за двете страни како трета група на препораки. Сите овие групи содржат повеќе сетови на препораки како: едукативни мерки, мерки за законската регулатива, мерки за евиденција и следење, мерки за финансиска поддршка, за зголемување на извозот, за финансиската инфраструктура, за намалување на готовината и нелојалната конкуренција, за даночни поттикнувања и промотивни мерки. Препораките кои за прв пат беа објавени како дел од анализата во 2018 година, а кои произлегуваат од спроведената анализа и мапираните слабости и барирери претставуваа појдовна основа за преземање дејствија и истите се наменети да им послужат како насока за делување на владините институции, невладините организации, меѓународни институции/донори и фондови и други клучни стеикхолдери кои се дел од синџирот на е-трговија и/или кои имаат волја и можност да придонесат за елиминирање на бариерите, креирање на поволна околина за развој на е-трговијата и забрзување на растот на е-трговијата. Претходната анализа објавена во 2020 година даде преглед на реализираните препораки и дополнување со нови препораки со што најголемиот дел од реализираните препораки се од страна на Асоцијацијата за е-трговија. Со оглед дека согласно сознанијата на АЕТМ во периодот помеѓу објавената минатогодишна анализа и оваа, нема значаен прогрес во започнување или имплементација на препораките кои не во надлежност или домен на работа на АЕТМ, во овој дел даден е осврт на реализираните, тековни и идни иницијативи и проекти на Асоцијацијата за е-трговија, а кои се произлезени од препораките содржани во минатогодишната анализа.

4

„Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Р. Македонија” (2018) 5 „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година” (2020) 82


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија за своите членки во текот на годината организира бројни едукативни настани и сесии, го застапува интересот на членките и ја промовира нивната работа. Годишната програма на активности се состои од бројни иницијативи и проекти зависно мапираните бариери и потребите на членките. Во продолжение се издвоени поголемите проекти и иницијативи, имплементирани од Асоцијацијата за е-трговија. За секоја иницијатива даден е краток опис, периодот на имплементација, како и постигнатите или очекуваните резултати од истата. Бидејќи секоја иницијатива е дизајнирана како одговор на мапираните слабости и бариери кои стојат на патот на развојот, дадени се информации и за бариерите кој ги адресира,, како и индикативната акција како што е содржата во листата со препораки во минатогодишната Анализата на е-трговијата (2020).

Имплементирани иницијативи и проекти на АЕТМ ПРОЕКТ: Е-ТРОВИЈА ЗА СИТЕ (E-COMMERCE FOR ALL) Мапирани бариери:

Недоволна свест за потенцијалот на е-трговијата; мала понуда во е-трговија; ниско ниво на дигитални вештини; нелојална конкуренција во е-трговија

Препораки:

Опфатени 3 индикативни акции/препораки:

(Индикативни акциии содржани во листата со препораки дел од Анализата за е-тровија 2018 и 2020 година)

Креирање на платформа за е-трговија (заедница на е-трговци); Промоција на успешни приказни во е-трговија (e-commerce role models); Воведување на регистар на е-трговци (платформа на македонски е-трговци) Организирање едукативни настани и работилници во соработка со Универзитите и центрите за едукација Конкурс за изработка на стратегија за унапредување на каналот за е-трговија на одбрани 10 ММСП; Стимулирање на претприемништво во е-трговија преку натпревари, доделување на грантови и менторска програма за поддршка на бизнис развој

Период на имплементација:

февруари 2020 - мај 2021 година

Реализирано со поддршка од:

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

Иницијативата „Ecommerce4All” која се реализираше од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во текот на 2020 и првата половина на 2021 година се реализираше како одговор на мапираните бариери за раст и развој на е-трговијата во Република С. Македонија во Извештајот за анализа на е-трговија од 2018 година. Иницијативата се состоеше од три главни компоненти и тоа: (1) развој на веб платформа www.ecommerce4all.mk; (2) одржување на learn-a-thon тренинзи за унапредување на дигиталните вештини на постоечките е-трговци на различни релевантни теми поврзани со е-трговија; и (3) поддршка на 40 ММСП да отворат дополнителен канал за продажба - своја е-продавница во рамки на локална маркетплејс платформа или самостојно. Дополнително, во рамки 83


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

на проектот беа развиени и лансирани и (4) првиот регистар на е-трговци во Северна Македонија во соработка со петте банки кои нудат е-трговија и (5) беџот за верификуван е-трговец. Со оваа иницијатива АЕТМ поддржа над 315 мали и средни компании и се вклучи во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја. (1) Развој на веб платформа www.ecommerce4all.mk, - Креираната веб платформата има за цел на детален, лесно разбирлив и интерактивен начин да ги презентира клучните аспекти во синџирот на е-трговијата: регулатива, испорака и плаќање. Покрај овие три модули платформата содржи уште два модули од кои едниот насочен на промовирање на успешни приказни од областа на е-трговијата од нашата земја со цел охрабрување на други компании и претприемачи и другиот насочен кон кревање на свеста и едукација за штетните последици од сивата економија во е-трговија. До сега има над 500 регистрирани компании на веб платформата. (2) Одржување на 5 learn-a-thon тренинзи за развој на дигиталните вештини на постоечките е-трговци - Со одржаните пет едукативни learn-a-thon тренинзи беа опфатени следните теми: менаџмент на социјални медиуми, креирање на емаил кампањи, управување со грижа на корисници, дигитална трансформација на бизнисите и маркетинг воден на база на клучни индикатори за зголемување на дигиталните вештини кај ММСП. На овие тренинзи т.н learn-a-thons земаа учество над 160 учесници од над 140 компании од земјава. Тренинзите имаа за цел да ги унапредат дигиталните вештини на учесниците кои доаѓаат од веќе постоечки бизниси со е-трговија, кои подоцна можат да ги аплицираат стекнатите вештини при работењето, за да остварат побрз раст и рзвој на компаниите. (3) Поддршка на 40 ММСП да отворат дополнителен канал за продажба - Со оваа инцијатива АЕТМ директно влијаеше и во зголемување на понудата на е-трговијата, со што со беше овозможена финансиска и советодавна поддршка на 40 ММСП да отворат своја е-продавница и во време на пандемијата и брзо да се прилагодат на промените отворајќи нов канал за продажба. (4) Беџот за верификуван е-трговец претставува визуелна ознака која се поставува на веб страниците на домашните е-продавници, која им помага на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија. Заинтересираните е-трговци аплицираат преку пополнување на онлајн апликација (формулар), а потоа согласно воспоставена процедура и правилници се врши проверка дали се исполнети минималните услови за доделување на беџ за верификуван е-трговец. Беџот беше лансиран во јануари 2021 година, а до сега 75 е-трговци ја имаат поминато постапката за верификација кои се стекнаа со беџ за верификуван е-трговец. (5) Регистарот на е-трговци ги прикажува сите регистрирани е-трговци кои се регистрирани за вршење е-трговија кај една од петте домашни банки кои нудат е-трговија и тоа: Халк Банка, Стопанска Банка Скопје, Комерцијална Банка, НЛБ Банка и Уни Банка. Купувачите може да го користат регистарот со цел да проверат дали некоја веб страна која ја посетуваат е регистрирана со што се влијае на довербата, но и истовремено на справување со нелојалната конкуренција и сивата економија во е-трговија која генерално е застапена преку продажба на социјални медиуми од нерегистрирани субјекти. Постигнати резулати со проектот Е-трговија за сите

40 нови отворени е-продавници 500 регистрирани компании на ecommerce4all.mk платформата Унапредени дигитални вештини кај 160 вработени од 140 компании 75 верификувани е-трговци со стекнат беџ

84


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА https://www.ecommerceconference.mk/ Мапирани бариери:

Ниска свест за потенцијалот на е-трговијата, недоволно развиен пазар на е-трговија и отсуство на годишен настан за дискустирање и промоција на е-трговијата

Препорака:

Организирање на годишна конференција за е-трговија со присуство на сите засегнати страни6

Период на имплементација:

Редовен годишен настан кој се организира почнувајќи од 2018 година (конференцијата вообичаено се одржува на крајот на октомври или почетокот на ноември)

Реализирано со поддршка од приватниот сектор:

Мастеркард, А1 Македонија, Касис, Халк Банка, Хаселт, Евролинк Осигурување, Иуте Кредит, Еко Логистик, Спорт М, Серафимов Груп, Пејтен, Пивара Скопје, Кара5, Комерцијална Банка, ЕВН Македонија, Ред Бул Македонија, ИВМ Нетворк, Групер, ДХЛ Експрес и многу други партнери

Идејата за организирање на првата конференција за е-трговија пред четири години се роди поради потребата на индустријата да се собере на едно место и да почне да го крева гласот за потенцијалот на е-трговијата во Северна Македонија, бариерите што го попречуваат нејзиниот раст, како и потребата да се разговара за најдобрите практики и стратегии за раст на бизнисите за е-трговија. Следејќи ги и учејќи од водечките конференции и настани за е-трговија во развиените земји, АЕТМ ја организирше првата конференција за е-трговија во 2018 година, која за кратко време прерасна во препознатилив настан за е-трговија во земјата и во регионот привлекувајќи учесници и од други земји. Годишната конференција за е-трговија секоја година ги носи сите засегнати страни на едно место, обезбедува квалитетна програма и говорници и всушност претставува настан на годината за е-трговијата. Темата на конференцијата, програмата и изборот на говорниците секоја година се креираат внимателно согласно потребите на пазарот, очекувањата на учесниците и актуелните трендови. По успешното прво издание во 2018 година кое го носеше насловот “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, на кое присуствуваа над 350 уесници, второто издадение привлече околу 500 учесници, а темата гласеше “Grow with e-commerce”. Третата годишна конференција се одржа во виртуелно издание и беше посветена на COVID-19 со наслов “E-commerce & COVID-19: Challenges and Opportunities!, a присуствуваа околу 350 учесници. Четвртата годишна конференција е на тема “Ready, Set, Grow!”. COVID-19 условите и зголемената побарувачка за е-трговија направи компаниите да се адаптираат на новите услови со цел да го одржат нивниот бизнис. Денес компаниите се повеќе подготвени (READY) и поставени (SET) за раст на нивниот бизнис (GROW) со побрзо темпо. Постигнати резулати со иницијативата

над 1.000 учесници, од над 500 компании, институции, невладини организации од С.Македонија и регионот. Над 90 експерти говорници од над 20 земји земаа учество на досегашните конференции

6

(Индикативна акциија содржана во листата со препораки дел од Анализата за е-тровија 2018 и 2020 година) 85


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

РЕГИОНАЛЕН МАСТЕРКЛАС ЗА ЖЕНИ ВО Е-ТРГОВИЈА - “UNCTAD E-TRADE FOR WOMEN MASTERCLASS FOR THE BALKANS” Мапирани бариери:

Недоволна застапеност на жените во е-трговијата и дигиталната економија

Препорака:

Зголемување на свеста и капацитетите за е-трговија кај ММСП преку промотивни кампањи, едукативни настани, семинари, тренинзи, работилници и менторски програми

(Индикативна акциија содржана во листата со препораки дел од Анализата за е-тровија 2018 и 2020 година) Период на имплементација:

октомври 2019 година и јуни 2021 година

Реализирано во соработка со:

Конференцијата за трговија и развој на Обединетите Нации (УНКТАД) под водство на д-р Нина Ангеловска како еден од назначените глобални амбасадори на иницијативата УНКТАД т.н E-трговија за жени (E-trade for Women)

Мастеркласот за жени од е-трговија на Балканот е дел од серијата на Мастерклас настани кои се организираат низ целиот свет, во рамки на “eTrade for Women” иницијативата на УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој). Мастеркласот се организира со цел да се забрза развојот на е-трговијата во земјите во регионот и да се поддржи инклузивно проширување на претприемништвото во дигиталната економија за жените и воопшто учеството на жените во креирањето на клима за раст и развој на е-трговијата. Матеркласите се организираат од назначените жени-амбасадори за е-трговија. УНКТАД, со поддршка од АЕТМ организираше два регионални Мастеркласови за жени од е-трговија на Балканот во 2019 и 2021 година, на кои главен домаќин беше УНКТАД Амбасадорот за е-трговија на Балканот – Нина Ангеловска. Присутните дигитални претприемачи од Балканот имаа можност да се инспирираат и да научат нови работи за релевантни теми за е-трговија од регионални експерти, како и да ги споделат нивните искуства со другите учесници, со цел да се креира заедница која ќе овозможи да се изгради просперитетна и инклузивна дигитална економија на Балканот. Постигнати резулати со иницијативата

Зајакнати дигитални вештини и поврзување. На првиот мастерклас земаа учество 40 жени- дигитални претприемачи, додека на вториот 90 (учесничките доаѓаа од Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија)

86


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ИНИЦИЈАТИВА: ОНЛАЈН СТУДЕНТСКИ ХАКАТОН „ХАКИРАJ JА СИВАТА ЕКОНОМИJА ВО Е-ТРГОВИЈА” Мапирани бариери:

Сива економија во е-трговија која креира нелојална конкуренција за регистрираните е-трговци и ја поткопува довербата во онлајн купувањето кај е-купувачите

Препорака: (Мерка содржана во Акцискиот план за сузбивање на сивата економија 2020-2021 на Министерство за Финансии и органи во состав)

Мерка 4.2: Едукативна кампања за подигнување на свеста за сивата економија и јакнење на даночен морал Активност: 4.2.1 Организирање на хакатон за изработка на креативни предлози и стратегија за национална кампања за подигнување на свеста за сивата економија и јакнeње на даночниот морал

Период на имплементација:

мај 2021 година

Реализирано со поддршка од приватниот сектор:

Мастеркард, Касис, НЛБ Банка, А1 Македонија, Хаселт, Ендава, Ред Бул, КликниЈади и Национална агенција за образовни програми и мобилност

Реализирано во соработка со:

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Економски факултет Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Една од бариерите за развој на е-трговијата, посочена од е-трговците која креира нелојална конкуренција за регистрираните бизниси и влијае врз довербата за онлајн купување е сивата економија. Со пандемијата уште повеќе се зголеми продажбата преку социјални медиуми од нерегистрирани субјекти, како најчеста појава на сива економија во е-трговија. За да влијае врз намалувањето на сивата економија во е-трговијата АЕТМ го организираше првиот студентски хакатон за изнаоѓање на решенија за намалување на сивата економија во е-трговијата како 48 часовен виртуелен настан. Десет тимови составени од студенти од Економскиот факултет, Скопје и ФИНКИ работеа на концепти за креативни решенија одговарајќи на еден од двата предизвици „Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Тимовите кои беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор, од академијата, како и од јавните институции, ги презентираа своите решенија пред комисијата за евалуација која се состоеше од три члена. Трите победнички тимови беа наградени со цел да ги имплементираат решенијата во пракса и со тоа да придонесат во борбата со сивата економија во е-трговија. Победничките решенија беа: веб платформа со можност за рецензии за е-трговци и пријавување на нерегуларности; веб платформа за брза и лесна проверка на регистрирани е-трговци при онлајн купување и надградување на регистарот на е-трговци со рејтинзи и категоризација на е-трговците, како и веб екстензија со автоматски систем за проверка на легитимноста на е-трговците. Постигнати резулати со иницијативата

50 студенти земаа учество и имаат зајакната свест за штетноста од сивата економија за развојот на општеството; 13 студенти од три тимови ги имплементираат решенијата во пракса со помош на АЕТМ со што ќе придонесат кон адресирање на сивата економија во е-трговијата

87


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ИНИЦИЈАТИВА „ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ЗА СИТЕ” Мапирани бариери:

Ниска свест за онлајн купување и користење на дигитални услуги

Препорака:

Кампањи и промотивни активности за кревање на свеста за придобивките од онлајн купување и воопшто користењето на е-услуги

(Индикативна акциија содржана во листата со препораки дел од Анализата за е-тровија 2018 и 2020 година) Период на имплементација:

мај - јуни 2020 година

Реализирано со поддршка од:

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) - Јавен повик „Креатон” објавен за време на пандемијата

Како одговор на објавениот јавен повик од ФИТР по прогласената пандемија кој имаше за цел прибирање на апликации за креирање на дигитални или други алатки и решенија наменети за различни старосни групи и категории на граѓани за побезбедно и поквалитетно справување со околностите по прогласената COVID-19 пандемија, ја креираше веб платформата „Дигитални услуги за сите”. Веб платформата „Дигитални услуги за сите“ беше наменета за полесно справување со тековната здравствена криза во Северна Македонија, презентирајќи ги предностите кои со себе ги носи дигитализацијата. Веб платформата содржи три различни видови на дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието. Првиот дел од платформата се состои од бесплатните алатки достапни за сите граѓани, кои нудат можност за едукација, онлајн работење, следење културни настани, но и забава - категоризирани во неколку сегменти: Е-учење, Култура и уметност, Настани, Работа од дома и Спортски активности. Вториот дел од веб платформата беше наменет за сите оние кои сакаат да купуваат онлајн прикажувајќи ги речиси сите е-продавници во земјава. Третиот дел се однесуваше на онлајн плаќањето на сметки за струја, вода, греење, телефонски и интернет услуги и останати режиски трошоци на брз, лесен и едноставен начин. Платформата на едно место прикажа најголем дел од бесплатните алатки и дигитални услуги кои компаниите ги нудеа за време на COVID-19, сервисите за онлајн плаќање на сметки, како и голем дел од регистрираните е-продавници. Лансирањето на платформата беше проследена со промотивна кампања за бенефитите од користење на е-услуги и онлајн купување. Постигнати резулати со иницијативата

Веб платформата наиде на одличен фидбек од корисниците и доби над 20.000 посети за само 10 денови од лансирањето, како и видливост и позитивни коментари од корисниците и медиумите.

88


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

Тековни проекти и иницијативи на АЕТМ ПРОЕКT „AGRI E-COMMERCE” Мапирани бариери:

Недоволна понуда на локални агро производи на веб платформите, недоволна свест за бенефитите од е-трговијата и ниско ниво на дигитални вештини

Препорака:

Зголемување на свеста и капацитетите за е-трговија кај ММСП преку промотивни кампањи, едукативни настани, семинари, тренинзи, работилници и менторски програми

(Индикативна акциија содржана во листата со препораки дел од Анализата за е-тровија 2018 и 2020 година)

Зголемување на понудата во е-трговија, зајакнување на дигиталните вештини

Период на имплементација:

август 2020 - март 2021

Реализирано со поддршка од:

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Преку едукативни активности за зголемување на дигиталните вештини, поврзување и олеснување на соработката помеѓу платформите за е-трговија и агро-производителите (земјоделците) иницијативата има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните земјоделски производители да ги продаваат своите производи преку Интернет. Агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи за онлајн продажба преку популарните домашни платформи за е-трговија, аплицираат на објавениот Јавен повик. Одбраните апликанти треба активно да ги следат обуките за развој на дигиталните вештини во времетрање од еден месец, како и насоките на тимот на АЕТМ кој ќе ги води низ процесот за поврзување со домашните платформи за е-трговија. Целта на иницијативата е агро-производителите да се запознаат со можностите кои ги нуди е-трговијата, да се мотивираат да ги зголемат своите дигитални вештини и да ја искористат е-трговијата како дополнителен продажен канал на своите производи, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство. Со оваа иницијатива, АЕТМ се вклучува во напорите за подигнување на свеста за бенефитите од е-трговијата и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја. Очекувани резулати со иницијативата

Зголемени дигитални вештини на 15 агро-производители; Зголемена понуда на домашни агро-производи на локалните веб платформи за е-трговија преку пласман на дел од производите на агро-производителите; Реализирани онлајн продажби на дел од производите на агро-производителите;

89


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКT „РЕГИОНАЛНА ПЛАТФОРМА E-ТРГОВИЈА ЗА СИТЕ” ЗА ЦЕФТА РЕГИОНОТ - REGIONAL ECOMMERCE FOR ALL PLATFORM FOR THE CEFTA COUNTRIES Мапирани бариери и придонес на прокетот:

Непостоење на едно место за информации за започнување и водење на бизнис во е-трговија во земјите од ЦЕФТА регионот; нееднаква регионална регулатива за е-трговија. Важен услов во процесот на приближување кон ЕУ е имплементацијата на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Целта на договорот е да се намалат тарифните и нетарифните бариери во трговијата меѓу земјите што ќе доведе до зголемување на меѓу-граничната трговија. Во ноември 2020 година, лидерите на Западен Балкан 6 усвоија Заеднички Регионален Акциски План 2021-2024 (Common Regional Market Action Plan 2021-2024)7 како клучна регулаторна рамка за регионална економска интеграција. Овој проект ќе придонесе за полесно запознавање на компаниите за клучните аспекти за работење со е-трговија на нивните локални пазари како и за другите земји во кои потенцијално би можеле да го шират нивниот бизнис.

Период на имплементација:

ноември 2021 - април 2023

Поддржан од:

Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ)

По успешниот развој и имплементација на платформата „Ecommerce4All“ во Република С. Македонија, АЕТМ ќе работи на ширење на платформата за ЦЕФТА регионот со што истата ќе биде достапна во сите седум земји. Регионалната “Е-трговија за сите” платформа ќе претставува центар со ресурси и информации за воспоставување и водење на бизнис со е-трговија. Истата на лесен и разбирлив начин ќе ги презентира клучните аспекти за секоја земја како правната рамка во е-трговија, плаќање и испорака. Компаниите ќе можат да ги најдат информациите за својата земја како и за другите земји од регионот со што ќе им помогне при потенцијално ширење на нивните бизниси во другите ЦЕФТА земји. Покрај тоа платформата ќе презентира клучни податоци и индикатори за е-трговијата за земјите давајќи слика за степенот на развој и состојбата во секоја земја и споредено со останатите. Исто така на платфомрата ќе бидат презентирани успешни приказни во е-трговија од ЦЕТФА земјите со цел да се даде пример и да се охрабри претприемништвото и воведувањето е-трговија кај постојните бизниси. Вредноста на платформата и нејзиното влијание врз развојот на е-трговија не само што ќе бидат корисни за секоја од земјите одделно обезбедувајќи ресурси и информации за локалните бизниси, туку исто така ќе ја поттикне прекуграничната е-трговија овозможувајќи им на компаниите лесно да ги најдат сите информации за соседните земји доколку сакаат да го прошират и развијат својот бизнис во другите земји во регионот.

7

https://cefta.int/wp-content/uploads/2020/11/Common-Regional-Market-2021-2024-Action-Plan.pdf 90


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ НА GIZ ЗА ПОДДРШКА НА РЕГИОНАЛНАТА Е-ТРГОВИЈА ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - Надворешна трговија (ORF FT) Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH обезбедува наменски, економични и ефективни услуги за одржлив развој. Како давател на услуги во областа на меѓународната соработка за одржлив развој и меѓународна образовна работа, GIZ е посветен на обликување на иднина која е вредна за живеење. Има повеќе од 50 години искуство во широк спектар на области, вклучувајќи економски развој и промоција на вработување, енергија, животна средина, мир и безбедност. Во име на германското Министерство за економска соработка и развој и на Европската Унија, GIZ го спроведува проектот „Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа Надворешна трговија”. Проектот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот, во согласност со барањата од процесот на приближување кон ЕУ и со крајна цел - создавање заеднички регионален пазар. Проектот во различни аспекти им помага на владините агенции, претпријатијата, старт-апите и организациите за е-трговија во земјите од ЦЕФТА регионот. Поддршка на регионалната е-трговија во ЦЕФТА регионот Вредноста на е-трговијата, како еден од клучните двигатели на економскиот развој, постојано расте во регионот и затоа претставува една од клучните интервентни области за подлабока регионална интеграција и соработка. Регионалната е-трговија носи огромни можности за економски и социјален развој преку поттикнување иновации, воведување нови трговски модели, потрошувачки трендови и создавање нови можности за работа. За да се отклучи потенцијалот на е-трговијата во регионот и да се задоволи зголемената побарувачка за регионална е-трговија, земјите од ЦЕФТА се согласија да соработуваат за подобрување на рамковните услови за регионална е-трговија. Со цел да се поддржи овој процес, се спроведува под-проект за е-трговија во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа - Надворешна трговија (ORF FT). Под-проектот се однесува на предизвиците на ниво на регулаторните рамки, како и на предизвиците со кој се соочува приватниот сектор. Во првата област, тој го поддржува усогласувањето на клучните правила и процедури во рамките на ЦЕФТА регионот со ЕУ, додека во втората ги охрабрува компаниите да се вклучат во регионални активности за е-трговија. Клучна активност во првата област беше анализа за нивото на усогласеност на ЦЕФТА земјите со европската директива за е-трговија и за заштита на потрошувачите. Врз основа на ова е подготвена одлука на ЦЕФТА за изработка на регионални стандарди за усогласување со ЕУ. По усвојувањето, проектот ќе ја поддржи неговата имплементација во избрани клучни области. Слична проценка се спроведува и во делот на испорака на пакети кој треба да доведе до договори за регионално подобрување и усогласување на меѓународната испорака на пакети. Понатаму, тековните царински постапки ќе се оценуваат со фокус на олеснување на меѓуграничната е-трговија, вклучувајќи предлози за усогласување на

91


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

соодветните царински постапки. Дополнително, ќе бидат овозможени мерки за градење капацитети за да се олесни преводот на новите законски рамки и договори. Во втората област, активностите се спроведуваат заеднички со приватниот сектор, а проектот ги поддржува е-трговците да се вклучат во регионалната е-трговија. Ова опфаќа поддршка за воспоставување на регионална платформа за е-трговија, за да се направат достапни сите информации за е-трговија на е-трговците и на други заинтересирани компании. Регионалните механизми за градење доверба, засновани на најдобрите практики на ЕУ за зајакнување на довербата на потрошувачите кај е-трговците, се имплементираат со користење на Lab of Tomorrow (LOT), инструмент кој практикува design thinking методологија за да развие иновативни решенија за постоечките предизвици. Дополнително, со проектот ќе бидат поддржани мерките за подигање на свеста кај бизнисите за регионалните можности за е-трговија, како и соработката помеѓу Асоцијациите за е-трговија од регионот.

Идни проeкти и иницијативи на АЕТМ за 2022 година Во текот на 2022 година Асоцијацијата за е-трговија ќе работи на имплементација на новите започнати проекти во 2021 година, односно проектот за е-трговија за земјоделци т.н “Agri e-commerce”, поддржан од IME и проектот за воспоставување на регионална платформа за е-трговија за земјите во ЦЕФТА регионот т.н “Regional E-commerce4all Platform”, поддржан од GIZ. Дополнително, покрај традиционалните иницијативи и активности кои се дел од годишната програма на Асоцијацијата за е-трговија како што се: организацијата на Годишната конференција за е-трговија, изработката на годишната Анализа на е-трговијата во Република Северна Македонија, бројните едукативни настани и настани за поврзување (networking) како дел од годишната програма се и неколку нови иницијативи. Во продолжение е даден краток опис за секоја од нив. Иницијатива:

Краток опис

Македонски награди за е-трговија

Организирањето на новата иницијатива „Македонски награди за е-трговија” (анг. “Мacedonian E-commerce Awards“) чија главна цел е промовирање на е-трговијата, истакнување на најдобрите домашни е-трговци и подигнување на свеста кај јавноста е дел од препораките на Извештаите за анализа на е-трговија од 2018 и 2020 година.

(анг. Мacedonian E-commerce Awards)

Учејќи од успешните иницијативи кои се организираат во развиените европски земји, а со соодветно прилагодување и концепт за македонскиот пазар, АЕТМ ќе ги организира првите „Hагради за е-трговија”, кои се планира да станат дел од редовните годишни активности во годишниот план и програма на АЕТМ. Преку добро дизајнирана методологија и процес, иницијативата за награди за е-трговија ќе ги избере и награди најдобрите е-трговци и компании за е-трговија во неколку категории. Оваа иницијатива ќе придонесе за подигнување на свеста на населението (сегашните и идните е-купувачи), владите, бизнисите и целиот екосистем воопшто и јавно ќе ги

92


ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ИНИЦИЈАТИВИ НА АЕТМ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

препознае и награди најдобрите бизниси во е-трговијата за другите да се стремат да ја подобрат својата работа. Наградите ќе ја зголемат конкурентноста меѓу бизнисите со е-трговија и ќе придонесат за понатамошен развој на секторот во земјата. Тркалезна маса за борба против сивата економија во е-трговијата во Северна Македонија

За да придонесе во намалувањето на сивата економија во е-трговијата, да ја подигне свеста и да ги поддржи интересите на регистрираните бизниси за е-трговија, АЕТМ има намера да започне нова иницијатива која ќе опфати (1) подготовка и организирање на тркалезна маса, вклучувајќи ги сите клучни засегнати страни, со цел да се олеснат и координираат нивните напори за преземање конкретни активности; (2) формирање на насоки за делување и следни чекори; и (3) креирање и спроведување на медиумска кампања за зголемување на свеста за негативните ефекти од сивата економија во е-трговијата.

Алијанса за родова еднаквост на работното место

Помеѓу целите на Асоцијацијата за е-трговија е и залагањето за инклузивен и одржлив раст кој претпоставува не-дискриминација и еднакви права и можности за сите, како и промовирање на важноста на родовата еднаквост на работно место за поголема конкуретност, диверзитет и подобри бизнис резултати на компаниите, со фокус на улогата на еднаквоста во дигиталната економија, технoлогиите, дигитализацијата и е-трговијата. Новата иницијатива на АЕТМ наречена „Алијанса за родова еднаквост на работното место“ во соработка со т.н “компании-шампиони” (Champions) ќе се залага за унапредување на родовата еднаквост на работното место. Трите столба на Алијансата ќе бидат: Еднакви можности, Еднаква плата и Еднаква застапеност. За остварување на овие заложби Асоцијацијата ќе формира посебно тело. Иницијативата ќе се залага и да го поттикне дијалогот помеѓу приватниот и јавниот сектор по однос на прашањето за родова еднаквост на работното место и да добие поддршка од интернационалните развојни организации. Покрај локално, стремејќи се да делува регионално, АЕТМ за оваа иницијатива ќе соработува со Српската асоцијација за афирмација на жените (АФА), која во 2019 година, заедно со ИКЕА ја основаа иницијативата насловена „CEO Алијанса за родова еднаквост“, поддржана од Амбасадата на Шведска во Србија. Така, Алијансата ќе се стреми да прерасне во препознатилива регионална иницијатива која ќе реализира бројни проекти и активности и ќе даде придонес кон Целта за одржлив развој на ОН #5 - Родова Еднаквост (анг. SDG #5 - Gender Equality).

93


БИБЛИОГРАФИЈА

БИБЛИОГРАФИЈА Portulans Institute (2019): Network Readiness Index. 2019, Washington D.C., USA. Portulans Institute (2020): Network Readiness Index. 2020, Accelerating Digital Transformation in a post-COVID Global Economy. Washington D.C., USA. UNCTAD (2015). Information Economy Report: Unlocking the potential of E-commerce for Developing Counties. UNCTAD (2016). B2C E-COMMERCE INDEX 2016, Technical Notes on ICT for Development, N˚7. UNCTAD (2017). Information Economy Report 2017: Digitalization, Trade and Development UNCTAD (2019). B2C E-COMMERCE INDEX 2019, Technical Notes on ICT for Development, N˚14. UNCTAD (2020) The UNCTAD B2C E-commerce Index 2020 Spotlight on Latin America and the Caribbean. N˚17. Ангеловска, Н. и Ангеловска Ј. (2018). Изветашј од анализата на е-трговијата: Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба,бариери и прпораки во Р.Македонија, АЕТМ. ISBN 978-608-66223-9-8 а) Електронска трговија - Македонија – Извештаи, COBISS.MK-ID 107522826 Ангеловска, Н. и Ангеловска Ј. (2020). Извештај од „Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година”. АЕТМ. ISBN 978-608-66223-9-8. Електронска трговија - Македонија – Извештаи, COBISS.MK-ID 107522826 ДЗС (2020). Државен завод за статистика, Информатичко општество. НБРСМ (2021). Народна Банка на Република Македонија, Извештаи за платежна статистика.

Веб страни Eurostat, http://ec.europa.eu/eurostat/data/database НБРСМ, http://www.nbrm.mk/platiezhna_statistika.nspx ДЗС, http://www.stat.gov.mk/

94


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.