Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ Одобрен GGP проект за фискална 2017 година, имплементација 2018 Донатор: Амбасада на Јапонија

Центарот за развој на Источен плански регион како имплементатор на „Проект за подобрување на болничката средина на ЈЗУ Клиничката болница Штип преку набавка на амбулантни возила“, од грант на Јапонска амбасада обезбеди две амбулантни возила за ЈЗУ Клиничка болница Штип, со цел да се обезбеди соодветен медицински транспорт за пациентите. Промоцијата се оддржа на ден 31.05.2018 година (четврток). Вредноста на донацијата изнесува 40.262 EUR. Набавката на двете амбулантни возила FIAT NEW DOBLO 1.3 Multijet Amb. ќе овозможи обнова на возниот парк на клиниката со соодветни медицински опремени возила. Со тоа целиот процес на транспорт и нега кај пациентот ќе биде на повисоко ниво. Со помош на новите возила ќе се зголеми безбедноста и удобноста на пациентите од Источниот плански регион, особено при транспортот на клиниките во Скопје, но и на специјализираните клиники во Охрид, Битола и Прилеп. ЈЗУ Клиничката болница Штип пружа медицинска нега на жителите од Источниот регион и на дел од жителите кои живеат во Вардарскиот регион. Вкупниот број на потенцијални пациенти изнесува околу 250.000. Транспортот на пациентите во постоечките возила го зголемува ризикот од влошување на нивната состојба, а недостатокот на соодветно греење и ладење во возилата дополнително влијае врз можните компликации за здравјето на пациентот чија состојба е веќе загрозена од здравствени причини. Возилата често се расипуваат на пат, со што транспортот на пациентот се оддолжува дури и до десетина часа по правец. Ризикот од несреќи, повреда и смрт е зголемен пред сè за пациентите, но и за медицинскиот тим кој го придружува пациентот при транспортот во друга клиника. Немањето на соодветна медицинска опрема го усложнува процесот за следење на здравствената состојба на пациентот од страна на медицинскиот тим и пружање итна помош на пат. Возниот парк со амбулантни возила на ЈЗУ Клиничка болница Штип содржи неколку дефектни возила, стари возила кои воопшто не можат поправат и користат и треба да се расходуваат во иднина. Медицинската опрема во нив е или стара и неупотреблива, или воопшто ја нема. Возилата се амортизирани и со километража која ги надминува редовните лимити на овој вид специјализирани возила.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија објавуваат повик за апликации за национална награда во 2018 година за најдобри општествено одговорни практики

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонијa објавуваат повик за апликации за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година во 5 различни категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):  Oднос кон вработените; Eтичко управување; Односи на пазарот кон снабдувачите, потрошувачите или купувачите; Однос кон животната средина; Вложување во заедницата. Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои реализирале општествено одговорни практики или проекти во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година. Во конкуренција на сите апликации од петте категории, ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.  Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија;  Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории;  Големината на инвестицијата во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати;  Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии;  Сите апликации и материјали ќе бидат третирани како доверливи. Апликациите за пријавување, со насоки и критериуми за селекција се достапни на www.economy.gov.mk и www.cbcsr.mk Краен рок за поднесување на пријавите e 3- ти септември 2018 година.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ ЈАВЕН ПОВИК За кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности на мрежите на бизнис ангели во Република Македонија кои се во насока на промовирање на концептот на бизнис ангели како алтернативен инструмент за финансирање на малите и средни претпријатија преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 500.000 денари поединечно за секоја мрежа-барател и тоа за реализација на проекти кои вклучуваат: -

Обуки/тренинг на претприемачи за средба со бизнис ангели; Обуки/тренинг, размена на искуства и стекнување на неопходните вештини на потенцијални инвеститори (бизнис ангели) за водење на постапката на инвестирање; Организирање средби меѓу претприемачи и бизнис ангели за презентирање на бизнис идеи и Промотивни активности за концептот на бизнис ангели.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II област А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 7 - Кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/18) се предвидени средства во вкупен износ од 1.000.000,00 денари. Право на учество на јавниот повик имаат активни претпријатија и фондации и здруженија на граѓани кои работат како мрежи/клубови на бизнис ангели во Република Mакедонија и кои се членки на Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN: The European Trade Association for Business Angels, Seed Funds and Early Stage Market Players ), пред денот на објавување на овој јавен повик. Еден апликант може да аплицира само со еден проект по овој јавен повик. Барањата за кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија. Проектите ќе бидат оценувани согласно горенаведените критериуми по што ќе бидат склучени поединечни Договори за реализација на проект со апликантите чии проекти се одобрени од страна на комисијата. Барањата за кофинансирање на проекти со комплетната документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје заклучно со 18.06.2018 година.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Одлука за влегување во сила на лиценца за вршење на енергетска дејност – производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 79, од 3 мај 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Закон за високото образование. Службен весник на Република Македонија, (www.slvesnik.com.mk)

Број

82,

од

8

мај

2018,

вторник

 Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор. Службен весник на Република Македонија, Број 83, од 8 мај 2018, (www.slvesnik.com.mk)

вторник

 Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор. Службен весник на Република Македонија, Број 83, од 8 мај 2018, (www.slvesnik.com.mk)

вторник

 Закон за изменување и дополнување на Законот за државниот инспекторат за земјоделство. Службен весник на Република Македонија, Број 83, од 8 мај 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 85, од 10 мај 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)  Закон за минимална плата во Република Македонија (Пречистен текст). Службен весник на Република Македонија, Број 90, од 17 мај 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Зaкон за инспекцијата на труд (Пречистен текст). Службен весник на Република Македонија, Број (www.slvesnik.com.mk)

92,

од

18

мај

2018,

петок

 Програма за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 92, од 18 мај 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Закон за енергетика (*). Службен весник на Република Македонија, Број 96, од 28 мај 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 99, од 29 мај 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 100, од 30 мај 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од 1 јуни 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од 1 јуни 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.12 Мај 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот. Обрасци кои се поднесуваат во месец Јули Рок

до 10-ти во месецот

до 25-ти Јули

Образец

Даночен обврзник

Опис

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/7

WWW.INVESTINEASTREGION.MK

е-Билтен Заедно за развој, бр.11  
е-Билтен Заедно за развој, бр.11  
Advertisement