Годишен извештај 2020 - Здружение Ајнштајн

Page 1

н е ш и д о г

20’ 2020 година

ИЗВЕШТАЈ Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

@dyslexia.macedonia

www.disleksija.org.mk


за нас!

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН е непрофитна организација формирана во Декември 2013 година од родители на деца со дислексија и лица со дислексија. Идејата за формирање на здружението произлезе пред се од недостигот на информации за дислексијата. Барајќи решение и помош за тешкотиите со читање кај своите деца, родителите се соочија со неинформираност на институциите и недоволна стручност кај просветните работници. Ние постоиме со цел да помогнеме на илјадници лица кои се соочуваат со проблемот дислексија и истата да ја актуелизираме во нашата држава.

1 2 3

Програмски области на организацијата Програма за унапредување на образовните услови за лицата со потешкотии во учењето

Програма за развивање на јавната свест

Програма за подигнување и јакнење на јавната свест за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии

Програма за млади и младински активизам

Програма против булинг

Програма за институционално јакнење на организацијата

4 5 6


организациска

поставеност

ОСНОВАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Славица Тасевска Николовска Орхидеја Шурбановска Павлина Димоска Лидија Кировска Билјана Младеновиќ

УПРАВЕН ОДБОР Фани Кузмановска – Претседател Давид Стефановски – Член Симона Тодоровска – Член

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Дамјан Николовски НАДЗОРЕН ОДБОР Цветанка Кузмановска – Претседател Сливана Вучевска – Член Бодин Попов – Член

СОБРАНИЕ Собранието го сочинуваат сите регистрирани активни и неактивни членови


ова сме ние!

Дамјан НИКОЛОВСКИ претседател

Славица ТАСЕВСКА

лиценциран тренер за дислексија

Јана ДИМИТРИЕВСКА

психолог

Дарја НИКОЛОВСКА

erasmus+ координатор


4

ПРОЕКТ: МРЕЖА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВ НА МОЗОЦИ Донатор : Фондација Отворено општество Македонија Вредност : 80.000 денари Партнери: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје; Здружение за дислексија Ајнштајн Скопје, Центар за мултидисциплинарен развој ЦМР Процес Скопје; Здружение Младински сојуз Крушево; Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал, Скопје; и Здружение на граѓани Младите можат, Скопје Период на реализација: октомври 2019 – мај 2020 Иселувањето на млади и на високо образовниот кадар од С. Македонија е еден од најголемите предизвици на земјата во последните 15 години. Последните проценки говорат дека 22%

од

вкупната популација на

земјата се има отселено. Од друга страна дури 77% од младите во С. Македонија имаат желба да се отселат

според

истражување

на

последното Центарот

за

истражување и креирање политики. Токму ова беа дел од главните причини

да

се

формира

неформалната мрежа за спречување на одлив на мозоци составена од 7 граѓански организации на кои преку апликантот Здружението ЛЕАД им беше доделен грант во рамки на повикот на Фондацијата Отворено општество Македонија за заеднички акции за анализа, мониторинг и застапување врзани за креирање и/или реализација на студентски и младински политики. Главната цел на проектот и воедно на самата мрежа е креирање поддржувачка средина за самореализација на младите од Северна Македонија и задржување на нивниот потенцијал во земјата.


5 Како дел од проектот се спроведуваа; анализа и мониторинг на досегашната имплементацијата на „Националната Стратегија за вмрежување и соработка со високо образовани и стручни кадри 2013 – 2020“; консултативен процес со сите засегнати страна за генерирање препораки, политики и мерки за намалување на одливот на млади и висококвалитетни кадри од земјата и кампања за подигнување на јавната свесто јавноста за одливот на мозоци. Во рамки на проектот беше организирана јавната дискусија “Повратна, или карта во еден правец?” На настанот свое обраќање имаа: - Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт - Никола Шалваринов, директорот на Агенцијата за иселеништво - Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондација за демократија - Сафет Незири, Министерство за образование и наука кои ги споделија информациите за тоа како државата се справува со ова прашање, но и за практиките на земјите во регионот.


6

ПРОЕКТ “Е-LEARNING ЗА ДИСЛЕКСИЈА!” Донатор : Влада на Република Северна Македонија Вредност : 600.000 денари Период на реализација: октомври 2019 – мај 2020 Целата на проектот беше овозможување на инклузивни образовни услови за учениците со дислексија преку примена на иновативни информатички технологии за едукација од страна на наставнциите. Во проектот беа вклучени над 600 наставници кои имаа можност преку интерактивна веб палатформа да проследат 4 модуларен онлјан курс за дислексија. Во самиот проект беа вклучени 26 основни училишта од 3 општини и тоа Кисела вода, Аеродорм и Карпош.

Четири модуларната онлајн обука се состоеше од следниве поглавја Модул 1: Основи на дислексија Модул 2: Детекција на учениците со дислексија Модул 3: Стратегии за поддршка на учениците со дислексија Модул 4: Психолошка слика на учениците со дислексија По завршувањето на сите 4 модули наставниците полагаа тест за секој од завршените модули што претставуваше пред услов за добивање на сертификат. Како дел од проектот беше предвидена и конференција, меѓутоа поради пандемијата со Ковид 19 истата беше откажана, а средствата пренаменти за курсот да се преведе и на албански јазик.


7

ПРОЕКТ “СОВРЕМЕНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗАВИСНОСТ ИЛИ КОРИСТ” Донатор : Европска унија Вредност : 485.800 мкд Период на реализација: ноември 2018 – септември 2020 Како дел од стратешката определба на Здружението Ајнштајн за подигнување на свеста за штетното влијание во период од ноември 2018 година се до април 2020 година организацијата работи на проектот насловен “Современата технологија корист или зависност?” Идејата за спроведување на овој проект произлезе од влијанието на брзо напредната технологија врз развојот на децата кое бележи големи нарушувања во однос на когнитивните, комуникациските, социјалните функции, моторната активност и однесувањето на детето. Последиците од овие нарушувања се согледуваат во здравствениот, образовниот систем, аутистичен спектар нарушувања, дислексија, доцнење во развојот, задоцнет говор, анксиозност, депресија и нарушување на сонот. А токму свеста кај населението за штетните последици од современите технологии врз развојот на децата е на многу ниско ниво. Од таму произлегува и целта на самиот проект односно подигнување на свеста кај населението во однос на ова прашање преку креирање на првиот веб портал www.sovremenitehnologii.mk технологиите врз развојот надецата.

наменет за влијанието на


8 За остварување на целта на проектот Здружението активно спроведува онлајн кампања преку фејсбук фан страната Хоп Хоп-Остави телефон и лаптоп и инстаграм профилот на иницијативната ostavitelefonilaptop.

Како дел од проектот во 2019 година беа креирани над 100 веб содржини преку кои ја подигнуваме свеста кај населението за влијанието од прекумерното користење на технологиите кај децата и општеството во целина. Покрај проектниот тим во проектот како екстерен соработник е вклучена новинарката Сања Наумовска која е задолжена за креирање на 4 истражувачи стории на спомената тема. Во текот на 2020 година во проектот беа вклучени и голем број на експерти меѓу кои: 

Логопед д-р. сци. Силвана Филипова – Директорка на Завод за рехабилитација на слух говор и глас Скопје

Психолог м-р Ивана Хаџиванова - НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација.

Психијатар проф. д-р. Славица Арсова – Универзитетска клиника за психијатрија

Социолог проф. д-р. Татјана Стојанова Иванова – Институт за социологија при УКИМ

Клинички невропсихолог м-р Тина Васков – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија КОГНИЦИЈА

М-р Бранка Бугариска – Директорка на издаваштво во Арс Ламина

Бојан Кордалов – Експерт за нови медиуми


9

ПРОЕКТ “МЛАДИНСКА ИНФОРМИРАНОСТ ЗА ДИСЛЕКСИЈАТА” Донатор: Европска унија Износ на грант: 390.500 мкд Период на реализација: Јануари 2020 – септември 2020 “Младинска информираност за дислексијата” како проект целеше кон обучување на млади лица, студенти за препознавање на дислексијата, методите за нејзина корекција и ефектите кои таа ги има врз психичкото здравје. Во овој проект беа вклучени и релевантните институции кои се задолжени за креирање на образовните политики и исто така вклучени во процесот на креирање на инклузивно општество за лицата со дислексија. Поради пандемијата сите активности од проектот беа дигитализирани и во рамки на истиот се одржаа 4 интерактивни тренинзи за студентите

од

Филозофскиот

факултет,

Факултетот

за

логопедија,

Факултетот

за

електротехника и информациски технологии и педагошкиот факултет во Скопје.

Како дел од проектот беа организирани и 5 бесплатни предавања наменети за наставници, при што во период од 2 месеци обучивме над 1.000 наставници како да ги препознаат учениците со дислексија но и како да и понудат поддршка на истите. Проектот финишираше со организирање на онлајн конференцијата насловена “Домашната Vs. Меѓународната паракса за дислексија”


10 Свои говори на оваа конференција имаа: •

Проф. м-р Даниела Де Силва– Советник за специфични тешкотии во учењето на Westminster Универзитетот во Лондон Тема: Дислексијата во Обединетото кралство

Проф. д-р Александра Каровска Ристовска – Институт

за

специјална

едукација

и

рехабилитација при УКИМ Тема: Дислексијата во високото образование •

Д-р. сци. Силвана Филипова – Директорка на Завод за рехабилитација на слух говор и глас Тема: Како државните здравствени институции се грижат за учениците со дислексија

Катерина Николовска – дислексија терапевт во QSI International School of Skopje Тема:

Вклученоста

на

стручните

лица

за

дислексија во секојдневниот образовен процес •

Славица

Тасевска

Николовска

Тренер

за

дислексија по методот на Рон Дејвис Тема: Дислексијата низ призма на родителите •

Дамјан Николовски – Претседател на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Тема: Подготвеноста на институциите да ги преземат потребните чекори за учениците со дислексија

Конференцијата беше следна од 500 ученици и истата беше прегледана над 7.000 пати на социјалната мрежа фејсбук. Преку проектот се подготви и публикација со предлог политики за дислексија кои беа доставени до сите институции надлежни за креирање на образовните политики во нашата држава.


11

ПРОЕКТ “КАЖИ НЕ НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВОТО” Донатор : Агенција за млади и спорт Вредност : 270.000 денари Период на реализација: август 2020 – декември 2020 Во текот на спроведувањето на проектот “Кажи НЕ на врсничкото насилство” проектниот тим организираше вкупно 4 интерактивни предавања на кои присуствуваа по 30 ученици од секое од училиштата опфатени во овој проект, а имено СУГС Здравко Цветсковски, СУГС Марија Кири Склодовска, СУГС Кочо Рацин и СУГС Панче Арсовски. Поради кризата со Ковид- 19 проектниот тим одлучи, наместо во самите училишта, предавањата и состаноците со училишното раководство да ги организира онлајн преку платформата zoom.

Четирите предавања беа

водени од страна на психолог, системски и семеен советник, кој на интересен начин им обозможи на учениците да се запознаат со врсничкото насилство, говотот на омраза и алатките за превенција на истите. Учениците кои се пријавија за учество на овие предавања активно и до крај ги следеа истите и покажаа голем интерес кон темата, а ова е показател за остварување на првиот очекуван резултат во овој проект. Четирите средни училишта во кои се спроведоа предавањата, се едни од училиштата каде што врсничкото насилство и ризичното однесување

се најзастапени, а учениците многу ретко

говорат за овој проблем. Токму затоа, на крајот од секое предавање предвидовме дополнително време за дискусија. За време на дискусиите, психологот кој ги водеше предавањата ги поттикна учениците да ги споделат своите искуства поврзани со врсничкото насилство, како и да го кажат своето мислење во однос на темата. Исто така, учениците кои се жртви на врсничко насилство беа поттикнати да се обратат за помош кај сручните служби во училиштата составени од психолог и педагог. Преку ваквиот пристап се отпочна процес каде младите отворено и без страв говорат за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, а се поврзани со врсничкото насилство.


12

ПРОЕКТ “YOUTH DYSLEXIA MOVEMENT” Донатор : Европска комисија / Еразмус плус Партнери на проектот: Be Visible Be YOU - Грција, ASOCIATIA GEYC - Романија, SDRUZENIE AKTIVNO BALGARSKO OBSHTESTVO – Бугарија и Asociacija "Aktyvus jaunimas" – Литванија Вредност : 13.175 еур Период на реализација: октомври 2020 – октомври 2021 Во октомври 2020 година започна проектот Youth Dyslexia Movement финансиран од Европска Комисија преку Еразмус + програмата. Бидејќи целиот проект се однесува на младинска размена на младински работниците истиот е одложен поради пандемијата од ковид 19 се до создавање на позволни услови за учесниците да можат да дојдат во нашата држава. Целта на проектот е да се обединат млади од 5 различни држави и да создадат младинско движење кое во сите држави партнери на проектот заеднички ќе ја подигнува јавната свест за најчестата потешкотија во учењето преку герила акции.


13

ПРОЕКТ “DYSLEXIA ONLINE TEACHING COURSES” -DYSCOURSE Донатор : Европска комисија / Еразмус плус Партнери на проектот: Galileo Progetti – Унгарија, FONDAZIONE HALLGARTENFRANCHETTI CENTRO STUDI VILLA MONTESCA - Италија, Latvijas Disleksijas biedriba Латвија Вредност : 126.676 еур Период на реализација: декември 2020 – август 2022 Здруженеито за дислексија Ајнштајн е добитник на грант од Еразмус плус програмата преку клучната акција КА204 иновации и размена на добри практики со уште три партнерски организации од Италија, Унгарија и Латвија. Целта на проектот е да се креираат отворени образовни ресурси за наставниот кадар од сите држави вклучени во проектот преку креирање на интернационална веб платформа за онлајн учење. Во текот на оваа година како дел од проектот беше креиран и првиот онлајн курс за стратегии за поддршка на учениците со дислексија и се одржа првиот транснационален состанок со партнерските организации. Во проектот како експерти се ангажирани проф. д-р. Александра Каровска Ристовска и м-р Маја Филиповска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет во Скопје.


14

СЕМИНАР “СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА – МЕТОДИ ЗАСНОВАНИ НА ДОКАЗИ” Период на реализација: Февруари 2020 Број на учесници: 162 Семинарот “Специјална едукација и рехабилитација – Методи засновани на докази”

беше

одржан на 15-ти февруари на Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во Скопје во организација на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и Здружението Brain Genius Kids. Семинарот беше наменет за сите оние кои директно работат со учениците со аутизам како што се наставници, психолози, педагози, дефектолози, логопеди, но исто така и за родителите и сите заинтересирани за оваа состојба. Семинарот беше де поделен во два дела каде што предавач ќе биде еден од најистакнатите експерти за аутизам во Република Србија проф.др. Ненад Глумбиќ од Универзитетот за специјална едукација и рехабилитација во Белград и др. Стеван Несторов експерт за образование на ученици со пречки во развојот.


15

СЕМИНАР “ПРАКТИЧНИ МЕТОДИ И АЛАТКИ ПРИ РАБОТА СО УЧЕНИЦИТЕ СО ДИСЛЕКСИЈА - БИТОЛА” Период на реализација: март 2020 Број на учесници: 89 На семинарот “Практични методи и алатки за дислексија и дискалкулија - Битола” учесниците од Битола и околината имаа можност одблиску да се запознаат со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД преку примена на практични алатки за ученици со дислексија и дискалкулија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови. Семинарот беше поделен во два дела и тоа: 1. Практични алатки за помош на деца со дислексија 👉 Како да ја препознаете дислексијата 👉 Стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија 👉 Практични вежби за помош на деца со дислексија 👉 Совладување на азбуката 👉 Ментални алатки за обезбедување на фокусираност 👉 Стратегии за читање за деца со дислексија 2. Практични алатки за помош на деца со дискалкулија 👉 Вовед во дискалкулија 👉 Практични вежби за помош на деца со дискалкулија 👉 Основни математички симболи 👉 Совладување на таблица за множење


16

ONLINE СЕМИНАР - ПРАКТИЧНИ МЕТОДИ ЗА ДИСЛЕКСИЈА И ДИСКАЛКУЛИЈА Период на реализација: Април 2020 Број на учесници: 63 По прогласувањето на пандемијата со Ковид 19 Здружението Ајнштајн целосно ги дигитализираше своите активности започнувајќи со организација на првиот онлајн семинар насловен Практични методи за дислексија и дискалкулија.

На семинарот обучувач беше единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис Славица Тасевска Николовска . Семинарот беше поделен во два дела и тоа: Практични алатки за помош на деца со дислексија 👉 Практични алатки за помош на деца со дискалкулија Семинарот се реализираше од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн во соработка со Центарот за потешкотии во учењето Дислексико.


17

ОНЛАЈН СЕМИНАР ЗА АДХД Период на реализација: мај 2020 Број на учесници: 97 Семинарот за АДХД се одржа на 30-ти мај 2020 година во времетраење од 4 часа. Семинарот беше организиран од страна на Здружението Ајнштајн во соработка со центарот за потешкотии во учењето Дислексико. Предавач на истиот беше Г-ѓа Славица Тасевска Николовска единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија, АДХД и АДД по светски познатиот метод на Рон Дејвис во нашата држава. Семинарот ги вклучи следните подглавја: 👉 Каква состојба е АДХД 👉 Основни карактеристики – невнимание, импулсивнст, хиперактивност 👉 Клучни недостатоци 👉 Каде е коренот на АДХД 👉 Долготрајна дезориентација и клучни животни лекции 👉 Стратегии за помош на деца со АДХД 👉 Четири карактеристики на АДХД во кои треба да се бара причината за неадекватно однесување и тешкотии вo учењето - Хиперактивност - Хипоактивност - Импулсивност - Невнимание Семинарот за АДХД беше наменет за наставници, специјални едукатори, логопеди, психолози, педагози, родители но и за заинтересирани граѓани.


18

Онлајн Семинари за специфични тешкотии во учењето Период на реализација: октомври 2020 Вкупен број на учесници: 348 Здружението Ајнштајн како дел од активностите по повод октомври светскиот месец на дислексијата и потешкотиите во учењето организираше 4 едукативни онлајн семинари и тоа. Онлајн семинар за дисграфија и диспраксија со проф. д-р Александра Каровска Ристовска од институтот за специјална едукација и рехабилитација на 10-ти октомври Онлајн семинар „Дискалкулија практични методи и алатки„ со Славица Тасевска Николовска од центарот за потешкотии во учењето Дислексико на 17 –ти октомври. Онлајн семинар "Дислексија и дисортографија од логопедски аспект" со др. Сци. Силвана Филипова – Директорка на Заводот за Рехабилитација на слух Говор и глас на 24-ти октомври Онлјан семинар за АДХД со Славица Тасевска Николовска од центарот за потешкотии во учењето Дислексико на 31-ви октомври.


19

Бесплатен Вебинар “Разговори за дислексија со Јана и Дамјан” Период на реализација: ноември 2020 Број на учесници: 309 Здружението за дислексија Ајнштајн во ноември на барање на корисниците со организираше бесплатниот вебинар насловен “Разговори за дислексија со Дамјан и Јана”. Учениците на вебинарот имаа можност да се запознаат со следните поглавја Дел I: Препознавање на дислексијата • Што претставува дислексијата • Знаци за препознавање на дислексијата • Адаптација на училишната средина кон потребните на учениците со дислексија Дел II: Психолошки последици кај децата со дислексија • Психолошки влијанија од дислексијата • Што чувствуваат децата со дислексија • Социјален и емоционален фактор кој влијае врз децата со дислексија • Како да се надминат емоционалните потешкотии кај оние кои се соочуваат со дислексијата Предавачи на настанот беа Дамјан Николовски – Претседател на Здружението Ајнштајн и Јана Димитриевска Дипломиран психолог, Семеен и системски советник во Здружението Ајнштајн


20

Вебинар “Социјална комуникација и аутистичен спектар на нарушувања” Период на реализација: декември 2020 Број на учесници: 110 �🎓👩⚕На вебинарот учесниците имаа можност да се стекнат со нови знаења, методи и алатки со кои ќе можат да им помогнат на децата со нарушување во социјалната комуникација и аутистичен спектар на нарушувања, преку предавањето на една од нај истакнатите практичари во нашата држава од областа на логопедијата д-р. сци. Силвана Филипова Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас . На вебинарот беа обработени следните области: • Нарушување во социјалната комуникација • Начини на стимулирање на социјалната комуникација • Воведување на социјални приказни кај децата со нарушување во социјалната комуникација • Аутистичен спектар на нарушувања Вебинарот беше во времетраење од 4 часа


21

Вебинар “Сензомоторен развој и интеграција на рефлекси” Период на реализација: декември 2020 Број на учесници: 103 �🎓👩⚕ На вебинарот учесниците имаа можност да се запознаат со фазите и карактеристиките на типичниот сензомоторен развој кај децата почнувајќи од нивното раѓање, појавата и интеграцијата на примитивните рефлекси, да се стекнат со знаење за рано препознавање на предупредувачките сигнали за дисхармоничен развој во областа на моториката и сензорната интеграцијана, како и примена на многу нови практични методи и вежби за стимулација на оптимален развој и интеграција на рефлексите.

Вебинарот ги опфати следните теми: 👉 моторен развој по месеци и години; 👉 црвени знаменца за моторен развој и скали за проценка; 👉 примитивни рефлекси; 👉 сензорна интеграција; 👉 проблеми во сензорна интеграција; 👉 стимулативни вежби за моторен развој; 👉 вежби за интеграција на примитивни рефлекси; Предавач на истиот беше проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет Скопје.


22

Донаторскиот кружок Период на реализација: декември 2020 Вкупно донирани средства: 137.000 ден Крајот на годината го одбележавме со донаторскиот кружок во организација на Конект каде што голем број на граѓани донираа за 3 доверливи организации и тоа: Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје Доброволното противпожарно друштво Свети Николе Здружение Рурална коалиција Донаторскиот кружок е облик на „crowdfunding“ во живо за донирање во граѓански организации. Кружоците им овозможуваат на граѓаните, компаниите и на семејствата да донираат паметно и заеднички да направат промена во заедницата. Во рамки на донаторскиот кружок за нашата организација беа вкупно донирани 137.000 денари од индивидуални донатори кои ќе бидат искористени за реализирање на иновативната нево-баланс програма за учениците со дислексија.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.