Лето за млади 2015 - Rapsody Travel & Events

Page 1

ЛЕТО 2015. ТУРЦИЈА / ГРЦИЈА


КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕТО 2015 RAPSODY КАТАЛОГ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс, објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10% купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот. АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација, во согласност со пропишаните правила и прописи. При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај претставникот на агенцијата половина час пред тргнување на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување на саатниците на тргнување или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека патник повеќе од вообичаеното време.

направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција). СМЕСТУВАЊЕ Категоризацијата на хотелите е наведена според националните стандарди на секоја земја поединечно. Поради објективни причини постои можност некои од содржините во хотелите да не се моментално во функција, за што организаторот на патувањето не презема одговорност. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено). ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа Ви препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенција.

БАГАЖ

ФАКУЛТАТИВНИ (НЕЗАДОЛЖИТЕЛНИ) ИЗЛЕТИ

Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови наркотици, хемиски средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се

Цените на сите факултативни излети се изразени во евра или друга локална валута, а уплатите се вршат кај претставникот на агенцијата за време на патувањето. Во цената на секој факултативен излет е вклучена влезница, превоз со автобус и локален водич. Факултативните излети се организираат на минимум 25 пријавени патници. Агенцијата го задржува правото за промена на планираните излети, во зависност од работно време на поединечните локалитети.

ПРЕТСТАВНИК НА АГЕНЦИЈАТА Претставникот на агенцијата е должен за време на пристигнувањето, за време на престојот, како и на заминувањето да им стои на располагање на патниците. Сите важни информации, претставникот на агенцијата ги запишува на инфо табла на хотелот или ги пренесува директно на патниците. Во случај на било каква промена во врска со сместувањето, патниците се должни уште од првиот ден на одморот да го известат претставникот за постоечкиот проблем. Упатствата и инструкциите на претставникот на агенцијата во врска со времето, превозникот, безбедноста, законските прописи и сл. се задолжителни. За непочитување на истите, патникот сам си сносува одговорност. МИНИМУМ ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМОТ Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето. ОСТАНАТИ НАПОМЕНИ • Организатор на патувањето за сите програми наведени во каталогот е агенцијата РАПСОДИ ТРАВЕЛ ДООЕЛ, лиценца А бр. 13_10042/2 • За сите програми важат општите улови за патување на организаторот. • Се молат патниците внимателно да ги прочитаат општите услови за патување кои ќе ги добијат заедно со договорот за патување во агенцијата. • Програмите во каталогот се од информативен карактер. Официјалните програми побарајте ги во нашите простории.

www.rapsodytravel.com.mk

Почитувани патници,

Содржина:

Задоволство ни е, во каталогот Лето 2015, кој во моментов го читате, да Ви претставиме некои од најубавите земји и дестинации во Европа.

Турција

4

Кушадаси

6

Било да се одлучите за широката понуда на грчки дестинации или за незаборавен одмор во Турција, веруваме дека ќе го направите вистинскиот избор. Како специјалисти за овие туристички пазари, Ве водиме да го осетите специфичниот дух и темперамент на Турција, да уживате во вкусот на специјалитетите на турската кујна. Од друга страна, Ве водиме во некои од најпознатите летувалишта во Грција – да ја доживеете топлата медитеранска клима, преубавите песочни плажи и чистото сино море. На Вас е да се одлучите за еден од нашите програми, да си резервирате место на време и да се препуштите во рацете на вистинските професионалци.

Бодрум

10

Грција

13

Крф

15

Закинтос

20

Лефкада

24

Се останато е наша грижа. Со пораката: „ОВА Е ПОЧЕТОК НА ЕДНО ПРЕКРАСНО ЛЕТУВАЊЕ“, Ве очекуваме! Ваш, Rapsody Travel


Турција е со право меѓу најпопуларните дестинации за летување во светот, а тоа и не чуди ако ги имаме во предвид преубавите предели и песочните плажи кои гарантираат незаборавен одмор.

ТУРЦИЈА : СОНЧЕВ РАЈ

.............................................................................................. Турција е природен мост помеѓу Европа и Азија, земја со богато културно наследство и големи контрасти, чие историско богатство води потекло од 13 последователни цивилизации. Опкружена со 4 мориња, 97% од Турција се наоѓа на азискиот, а 3% на европскиот континент. Главен град е Анкара, меѓутоа најголем и најзначаен трговски, туристички и универзитетски центар е Истанбул, единствен град на светот кој се протега на два континента. Турција е позната по маслинките, кожата, широките пространства, масивните планински предели, плодните долини и преубавото крајбрежје. Сонцето сјае повеќе од 325 дена во годината. Преубавиот брег со пространите плажи и кристалното чисто море гарантираат незаборавен одмор. Во исто време почувствувајте го гостопримството на турскиот народ и пробајте ги различните специјалитети од турската кујна.

Кушадаси Бодрум

Анталија

Оваа земја изобилува со историски локалитети и археолошки пронаоѓалишта. На брегот на Медитеранот се наоѓаат добро сочуваните римско - грчки градови, како што се Пергам и Ефес, додека строгата и сурова Малоазиска висорамнина ги крие надреалните бајковити пејсажи на Кападокија. На секој агол во Турција можете да ги затекнете римските водопади, византиските цркви и османлиските џамии и палати. Без разлика кое место во Турција ќе го одберете за вашиот годишен одмор, амбиентот и атмосферата во Турција ќе се погрижат да се чувствувате посебно, а Кушадаси и Бодрум се одлична појдовна точка за откривање на раскошната историја на прекрасната Турција.

4

5


ТУРЦИЈА

КУШАДАСИ

ТУРЦИЈА КУШАДАСИ Името на Кушадаси може да се преведе како „Островот на птиците“. најпопуларното турско летувалиште на Егејското море. До пред 20 години мало рибарско место, Кушадаси денес претставува модерен туристички центар со бројни продавници, необични дуќанчиња, преубаво пристаниште и живописен централен плоштад.

Кушадаси е најстарото одморалиште на јужниот егејски брег. Во минатото било мало село, кое прераснало во град кој има атрактивна туристичка програма. Се наоѓа близу до урнатините на античкиот град Ефес, што го прави идеална база за бродови кои пловат низ Егејот. Атрактивни плажи, луксузни хотели, шопинг-атракции, сето ова го прави Кушадаси едно од најдобрите туристички дестинации на Егејот. Кушадаси е популарен и за крстосувања, па често можат да се забележат огромни бродови кои се всидруваат тука, дозволувајќи им на своите патници да одат на излет до древните урнатини на Ефес. Кушадаси има преку 90 хотели регистрирани во Министерството за туризам, повеќе од 300 хотели регистрирани во самата општина, 250 пансионски објекти, 3 туристички центри и 9 кампови. Речиси секој хотел во градот или на плажата има базен, а некои од нив имаат и свои плажи. Цената за сместување и исхрана се разликува на повеќе места, а таа зависи од бројот на ѕвездите што ги има хотелот. Најчеста понуда во хотелите е шведската маса за појадок, на која се наоѓаат класични турски јадења или поточно - домати, краставици, младо сирење, маслинки, лубеници, чај и кафе. За вечера во понудата е вклучен голем избор на салати, чорба, пилав, полнети тиквички, ќебапчиња, сарма од лозов лист, печен домат и сл. Кушадаси располага со мошне добри хотели, но и со ферибот со кој се поврзува со блиските грчки острови Самос и Миконос. Тука се и прекрасните плажи со кристално бистра вода. Шопингхоличарите, својата потреба за широк избор ќе може да ја задоволат тука – Кушадаси располага со луксузни продавници на брендови. Кушадаси со крајбрежните предели и неколку значајни археолошки локалитети, како што се Милет, Дидим, Пријен, Памуккале, Ефес, Афродијаз и многу други. Во ѕидините на Ефес се наоѓа едно од седумте светски чуда на стариот свет, храмот на Ардемиди. Отспротива на Кушадаси е и грчкиот остров Самос, погоден за убав еднодневен излет. Преубавите плажи, чистото море, националниот парк сето тоа ќе го најдете доколку го посетите ова симпатично турско летувалиште. Барови, кафулиња, пабови, дискотеки, ресторани – не се грижете, сето тоа ви е на располагање.

6

Програм на патувањето:

Цена на аранжманот:

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање во попладневните часови од паркингот на спортската сала на Борис Трајковски, Возење преку Грција со попатни задржувања за пауза и одмор. 2 – 10. ДЕН – КУШАДАСИ Преминување со траект преку протокот Дарданели, каде што се упатуваме на нашата крајна дестинација – неверојатниот Кушадаси! Сместување на групата и запознавање со местото на престој... Бисерот на Егејското море ќе ви пружи совршена комбинација од одмор и забава. Медитеранска клима, бистро сино море, изобилие од плажи и заливи, можност за многубројни излети, традиционална храна и музика... Ви ветуваме одмор од соништата. Голем број на млади секоја година прават фантастична атмосфера благодарение на cocktail, beach, boat, тематски и караоке журки, ќе доживеете незаборавни забави во текот на целиот престој! Покрај тоа, најпознатите дј – ите од нашиот тим ќе допринесат да се чувствувате како дома!

ТЕРМИНИ СМЕСТУВАЊЕ КУШАДАСИ

УСЛУГА

HOTEL SOLEIL

BB

HOTEL ABEM

BB

05.07 - 16.07. (9 ноќевања)

14.07 - 25.07. (9 ноќевања)

23.07 - 03.08. (9 ноќевања)

01.08 - 12.08. (9 ноќевања)

10.08 - 21.08. (9 ноќевања)

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

159 € 169 €

139 € 149 €

209 €

-

239 €

-

229 €

-

209 €

1/3

-

209 €

199 €

219 €

199 €

209 €

189 €

189 €

169 €

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: • Комплетна организација со водич на патувањето • 9 ноќевања со доручек во избраниот хотел во Кушадаси • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: • Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

11. ДЕН – КУШАДАСИ - СКОПЈЕ По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме за Скопје. 12. ДЕН – СКОПЈЕ Пристигнување во вечерните часови.

*

( 1. ТЕРМИН ПО ПРОМО ЦЕНИ ДО 27.06. ПОПУСТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНИТЕ НАВЕДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА)

7


ТУРЦИЈА КУШАДАСИ

ТУРЦИЈА КУШАДАСИ Факултативни излети: AQUA PARK – ADALAND

EFES

Adaland спаѓа во 10те најдобри aqua паркови во светот и претставува едно од најатрактивните места во Кушадаси. Бројни базени, тобогани, трамболини, џакуси, сафари парк, рафтинг се само некои од атракциите кои ве очекуваат. За најхрабрите тука е и спуштање со тобоган на висина од 110 метри. Светот на неограничената забава чека само на вас.

Без разлика дали сте неуморен истражувач кој е постојано во потрага по значајни историски места или сте патник кој сака да си дозволи нов егзотичен излет, Ефес како неизбежна точка на мапата на Турција, сигурно ќе биде доволно добар предизвик. Античкиот град Ефес е вистинското место ако сакате да дознаете и видете нешто повеќе од античкиот свет, од мегалополисот во кој Александар Македонски е наречен „божествен“, родното место на Хераклеа, основачот на современата филозофска мисла. На просторот на денешен Ефес се наоѓаат остатоци од 3 градови од различна епохи, затоа што оригиналната локација е изменета под дејство на уништувањата на грчките, персиските и римските освојувачи, како и природните катастрофи. Остатоците од бурното минато како храмот на Артемида, амфитеатарот, Целзиусовата библиотека, агори и бањи денес привлекуваат милион туристи од целиот свет и претставуваат најбогато археолошко наоѓалиште во Мала Азија.

SOKE SHOPPING CENTAR

Сместување: HOTEL SOLEIL

HOTEL CANKAYA

Локација: Хотел Soleil се наоѓа на 2 км од центарот на градот и 200 м од најпопуларната плажа Ladies Beach.

Локација: Хотел Cankaya се наоѓа во близина на центарот на градот, 300 м од главната пешачка зона, 500 м од Bar Street и на околу 700 м од градската плажа. Пред хотелот има автобуска постројка.

Опис: Во склоп на хотелот се наоѓа базен, градина, бар, ресторан, бесплатен WIFI интернет во лобито и можност за користење на сеф (со доплата). Опис на сместувањето: Некој од собите поседуваат балкон, TWC, клима, телефон и ТВ.

Soke outlet шопинг центар се наоѓа на околу 40 минутно возење надвор од Кушадаси. Шопинг центарот се состои од 4 големи дела, каде може да ги најдете и познатите марки: Quicksilver, Adidas, Nike, Benetton, Billabong, Levis, Collin’s, Collezlone, Mavi Jeans и многу други, а кога ќе се уморите може да направите пауза во Mcdonald’s и Starbucks рестораните. Во овој период од годината има големи попусти.

Опис: Хотелот поседува сопствен базен. Сите соби во хотелот се 1/2 и 1/3.

Крстарење & Boat party Не пропуштајте ја најдобрата летна забава на брод, крстарејќи покрај брегот на Егејското море. За музиката е задолжен нашиот Rapsody - Modena DJ team кои со најновите хитови, преубавото тиркизно море и сонце во предвечерието гарантираат одлична забава. Нашиот аниматорски тим и тричасовната забава е нешто што не смеете да го пропуштите.

8

9


ТУРЦИЈА

БОДРУМ

ТУРЦИЈА Еден од најпознатите полуостови сместен помеѓу Кушадаси и Мармарис. Бодрум е познат по специфичната архитектура која е карактеристична по тоа дека сите објекти се во бела боја, максимум на два спрата; ноќниот живот е атракција по која е познат во целиот свет.

Програм на патувањето:

Цена на аранжманот:

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање во попладневните часови од паркингот на спортската сала на Борис Трајковски, Возење преку Грција со попатни задржувања за пауза и одмор. 2 – 10. ДЕН – БОДРУМ

Бодрум со право важи за најпопуларна туристичка дестинација во Егејот. Неговата комбинација на населбата, плажите, културата, историјата, можностите за шопинг, рестораните и ноќниот живот, привлекуваат илјадници туристи секоја година. Rapsody Travel ова лето ве води во Бодрум, на местото каде што се пресретнуваат Егејското и Средоземното море. Бодрум е шармантна и фасцинантна област, која се наоѓа 270 км јужно од Измир, на егејскиот брег на Турција, во јужниот дел на Бодрумскиот полуостров. Од едната страна го допира грчкиот остров Кос, а од другата влезот на Заливот Гокова. Опкружен е со диви планини, а во својата понуда вклучува убава панорама на историјата, митологијата и спектакуларен поглед. Бодрум или Халикарнас е родното место на Херодот. Тој е важна порта и главен град на царството на Карија. Градот е исто така дом на гробот на Mausolus, едно од седумте светски чуда, кои припаѓаат на третиот век п.н.е. Мавзолејот на Mausolus е изграден во Halicarna-

10

БОДРУМ

ssus Mavsolos, најверојатно во 335 п.н.е. по име на кралот Mausolos од неговата сопруга и неговата сестра Artemisia. Мавзолејот е многу голема гробница која ги спојува грчката и египетската архитектура. Денес е музеј под отворено небо, достапен за посети. Според антички автори, мавзолејот е составен од четири дела. Некои статуи и скулптури на Мавзолејот се изложени и во Британскиот музеј. Мавзолејот е заштитен до 13 век, потоа оваа древна гробница била урната од земјотрес, а нејзините камења биле користени во изградбата на замокот Бодрум.

Интересна е понудата за оние кои сакаат интензивен ноќен живот, но и луксузни хотели. Во градот Гумбет во Бодрум, стационирани се голем број ноќни клубови, ресторани, но и мали хотели. Овој дел на Бодрум е познат по богатиот ноќен живот. На излезот од ова место се стационирани луксузни хотели со ранг од 5 ѕвезди.

И околината на Бодрум има свои значајни и атрактивни историски места. Целиот регион е прекрасен со многу интересни места кои може да се видат, а се наоѓаат на само неколку часа оддалеченост од Бодрум. Посетата на овој дел од Егејот ви овозможува да уживате во традиционалниот живот на впечатливите села на древната Карија. Ако го посетите Бодрум, не пропуштајте ја античката порта позната како „Baltali Kapi“. Таа ја симболизира цивилизацијата на Карија.

Бодрум важи за главна туристичка атракција, првенствено поради неговото убаво крајбрежје, одлична клима и сплетот на историски моменти и природната убавина. Важи за динамично одморалиште кое ги задоволува сите вкусови. Сето горе наведено може да го доживеете единствено со Rapsody Travel по цена од 209 €.

Тургутреис, пак, е идеално место за оние кои сакаат да ги искористат предностите на објектите во центарот на градот, а едновремено да престојуваат во хотел со 5 ѕвезди.

Пристигнување на избраната дестинација. Сместување на групите и запознавање со градот. Овој полуостов ќе ви пружи совршена комбинација на одмор и извонредна забава. Бодрум изобилува со плажи и заливи, чисто сино море, одлични факултативни излети и добра забава гарантираа совршен одмор. Голем број на млади луѓе секоја година го посетуваат Бодрум и прават фантастична атмосфера, а благодарение на тематските забави, одморот ќе ви остане во трајно сеќавање.

ТЕРМИНИ СМЕСТУВАЊЕ БОДРУМ

УСЛУГА

HOTEL MAVI YAKAMOZ

BB

HOTEL L'AMBIANCE

BB

06.07 - 17.07. (9 ноќевања)

15.07 - 26.07. (9 ноќевања)

24.07 - 04.08. (9 ноќевања)

02.08 - 13.08. (9 ноќевања)

11.08 - 22.08. (9 ноќевања)

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

1/3

1/2

1/3

199 € 199 €

189 € 189 €

199 € 199 €

189 € 189 €

259 €

239 €

259 €

239 €

239 €

219 €

259 €

239 €

259 €

239 €

239 €

219 €

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: • Комплетна организација со водич на патувањето • 9 ноќевања со појадок во избраното сместување во Бодрум • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

11. ДЕН – ТУРЦИЈА – ГРЦИЈА Напуштање на собите и слободно време. Тргнување кон Македонија.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

12. ДЕН – МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ

• Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Домаќините велат дека во Бодрум сонцето различно свети, а ноќите траат подолго. А дали е навистина така, уверете се со нас.

*

( 1. И 2. ТЕРМИН ПО ПРОМО ЦЕНИ ДО 27.06. ПОПУСТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНИТЕ НАВЕДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА)

11


ТУРЦИЈА

БОДРУМ

ГРЦИЈА : БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ

Сместување: HOTEL MAVI YAKAMOZ Локација: Хотелот се наоѓа на 300 м од плажата во Гумбет. Улицата каде што се наоѓаат баровите и самиот центар на Гумбет се на само 50 м од хотелот. Од Бодрум е оддалечен 3 км. За гостите на хотелот на располагање е минибус кој вози до центарот на Бодрум на секој 5 мин. Опис на сместувањето: Хотелот поседува отворен базен, ресторан, два бара, wireless интернет, сеф на рецепција. Опис на собите: Сите соби имаат TWC, клима (со доплата), телефон, ТV

12

L’AMBIANCE RESORT HOTEL Локација: Хотелот се наоѓа на 2,5 км оддалечен од центарот на Бодрум, во мирната населба во близина на одмаралиштето Гумбет. Се наоаѓ покрај капијата Миндос. Хотелот е оддалечен 400 м од море. Во близина на хотелот се наоѓаат сите клубови, ресторани, кафулиња и останати туристички агенции во Гумбет. Опис на сместувањето: Хотелот поседува отворен базен, градина, бар и ресторан. Опис на собата: Сите соби се удобни наместени. Собите поседуваат балкон, WC, клима (со доплата), фен, ТV, телефон, мини бар.

13


ГРЦИЈА Широката распространетост на античката и модерна историја дава чувство како да лебдите помеѓу реалноста и фантазијата се додека сето тоа не се усогласи со долгата историја на Грција и она што секој може да го погледне денес. ............................................................................................. Грција претставува лулка на европската цивилизација. Земја со историја стара неколку илјади години, место каде се зачетоците на културата, место на познатите Илијада, Одисеја.... Токму овде преку мудрата мисла се остварени најголемите човечки идеи. Филозофи, архитекти, војсководци (Аристотел, Ахил, Езоп....), легенди, богови, изреки, историски монументи, храмови, Хомер и Одисеј.... Непропустлива е можноста за уживање во природните убавини на оваа земја: небесно сино море, прекрасни песочни плажи, винарски визби, традиционално познатото узо, дегустација на добро познатите грчки маслинки, сиртаки и секако одличен ноќен живот проследен со забава до раните утрински часови...

КРФ

ЛЕФКАДА

ЗАКИНТОС

Грција е земја на најубавите острови и секогаш овозможува одмор повеќе од Вашите очекувања. На еден шармантен начин остава простор за уживање во занимливите антички градби кои „зборуваат“ за минатото на овие простори и присуството на луѓе уште од најраните времиња, продавници преполни со занаетчиски трудови и изработки, населба сместена на самата обала, сафирна боја на морето или одлична таверна која ве привлекува да уживате во чаша добро вино и традиционален звук на грчката музика. Кога размислувате за одличен летен одмор во Грција, секогаш мислите за одлична комбинација на медитеранско – балканска кујна. Волшебната моќ на Грција почнува да делува на Вас веднаш што зачекорите на нејзиното тло. Комбинација од релаксирачко уживање, со добро организиран разглед на местото, овозможува да откриете многу места кои никогаш нема да ги заборавите. Незаборавните спомени кога ќе заврши Вашиот одмор во Грција, засекогаш остануваат пријатни спомени...

14

Името на овој остров е добиено по нимфата Керкири, во која Поседион се заљубил, ја киднапирал и одвел на овој остров. Истоимениот главен град на островот е еден од најубавите градови во Грција, преполн со природни зеленила, прекрасни плоштади, тесни улички во кои преовладува венецијанската и англиска архитектура и добро сочувани знаменитости уште од најстарите освојувања во ова место.

КРФ

Поради топлата клима и високата влажност на воздухот, Крф е еден од седумте Јонски острови, познат по малите заливи, кристалното чисто море, преубавите плажи опкружени со зеленило, ридови покриени со маслинови дрвја, а од поново време луксузни хотели и одличен ноќен живот.

Градот има две тврдини, стара и нова, кои и двете се наоѓаат во централниот дел на градот. Една од најпосетените е Листон улицата, украсена со многубројни фенери кои пружаат посебен поглед во текот на вечерните часови. Во 2007 година островот Крф е прогласен за Светско наследство од страна на УНЕСКО. Исто така во градот Крф се наоѓа и Јонскиот Универзитет. Крф има 107.900 жители и населеност со 182 жители на метар квадратен. Ова е место претставува најсеверниот Јонски остров и најзападен дел од Грција. Островот Крф за време на сувите летни денови, има и бујна вегетација благодарение на врнежливите зими. Има околу 2 милиони стебла со маслинки, чие одгледување доживува експанзија уште пред развивање на туризмот во овие предели, претставувајќи основно занимање на жителите. Островот Крф е посебно популарен кај Британската популација кои на него ги наоѓаат рајските песочни плажи и лудиот провод кој им е главна летна занимација. На Крф ќе имате можност да бидете дел од најмодерните ноќни и дневни забави, луксузни хотели и секако да прошетате низ традиционалните села каде луѓето се занимаваат со одгледување на маслинки, лимони или житарици и каде сеуште главно превозно средство е магарето. 15


ГРЦИЈА

ГРЦИЈА

КРФ

КАВОС – се наоѓа на јужниот дел на островот Крф, а од градот и

СИДАРИ

– град сместен на неколку преубави плажи и на познатиот канал на љубовта. Влијанието на Венецијанската република се чувствува на секој чекор и на секоја градба. Бројни beach - барови, клубови, традиционални ресторани и излети гарантираат незаборавна забава. Затоа препуштете се на вистинската летна авантура и тргнете кон Крф!!!

пристаништето Керкира е оддалечено околу 50 км. Денес е синоним на добрата забава, па на само една улица се сместени повеќе од 80 барови, 4 дискотеки, 30 таверни и ресторани, па затоа е познат и како „Грчката Ибица“. Туристите кои го посетуваат Кавос, во најголем број се млади луѓе од 18 до 35 години, па како резултат на тоа, забавата во Кавос трае 24 часа.

Програм на патувањето:

Програм на патувањето:

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање од Скопје во претпладневните часови. Возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи и одмори. 2 – 10. ДЕН – КАВОС После ноќното возење, следува пристигнување во пристаништето Игуменица и премин со фериброд до градот Лефкими, од каде што се упатуваме кон нашата главна дестинација – неверојатниот Кавос! Сместување на групата и запознавање со СМЕСТУВАЊЕ КАВОС цена по лице во 1/5 апартман

DIMITRA MAISONETTES

MITHOS APARTMENTS

VILA FREESTYLE

16

*

18.07 - 29.07.

27.07 - 07.08.

05.08 - 16.08.

14.08 - 25.08.

154 €

194 €

194 €

194 €

174 €

(9 ноќевања)

(9 ноќевања)

(9 ноќевања)

204 €

204 €

204 €

184 €

174 €

214 €

214 €

214 €

194 €

цена по лице во 1/4 апартман

164 €

204 €

204 €

204 €

184 €

164 €

204 €

204 €

204 €

184 €

174 €

214 €

214 €

214 €

194 €

174 €

214 €

214 €

214 €

194 €

цена по лице во 1/3 студио

OB

цена по лице во 1/2 студио цена по лице во 1/4 студио цена по лице во 1/2 студио

OB OB

цена по лице во 1/5 студио цена по лице во 1/3 студио

OB

цена по лице во 1/2 студио

SUMMER BREEZE

(9 ноќевања)

164 €

OB

цена по лице во 1/6 студио

ISLAND HILL

(9 ноќевања)

09.07 - 20.07.

цена по лице во 1/3 студио

цена по лице во 1/4 апартман

цена по лице во 1/2 студио

SPINIS STUDIOS

местото. Бисерот на Јонското море ќе ви овозможи совршена комбинација на одмор и забава. Благата клима, преубавите плажи, длабокото сино море, мноштвото скриени плажи и заливи, можноста за многубројните излети, традиционалните јадење и грчката музика... ветуваат преубав одмор. Од друга страна, ќе ви биде јасно зошто Кавос е еден од грчките престолнини за луда забава. Голем број на млади луѓе од цело Европа прават секоја година фантастична атмосфера и благодарение на многуте коктел – барови, плажи, бродови, тематски и караоке забави, ќе го искусите врвот ТЕРМИНИ

УСЛУГА

цена по лице во 1/4 студио

OB

164 €

204 €

204 €

КРФ

204 €

-

174 €

214 €

214 €

214 €

-

-

214 €

214 €

214 €

-

-

214 €

214 €

214 €

-

-

214 €

214 €

214 €

-

-

224 €

224 €

224 €

-

-

214 €

214 €

214 €

-

( 1 ТЕРМИН ПО ПРОМО ЦЕНИ ДО 27.06. ПОПУСТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНИТЕ НАВЕДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА)

на забавата за време на Вашиот престој на островот! За овој одмор спремивме и посета на најубавите плажи на целиот остров, Глифада и Палеокастрица, на кои ќе ја пренесеме добрата забава и расположението од Кавос. Здив од забавите ќе земеме при посетата на еден од најдобрите водени паркови во овој дел од Европа, каде што ќе имате можност да ги испробате тобоганите или да уживате во некој од коктелите додека пловите со гума по мрзливата река која тече околу целиот парк. Еден од факултативните излети што не се пропушта во текот на одморот на Крф е посетата на главниот град – Керкира, кој на кратко ќе ве врати назад во историјата, додека пак моментите што ќе ги памтиме од целиот одмор ќе бидат врежани на излетите како крстарењето околу островот, забавата на брод, релаксирањето на дивите и егзотични плажи. 11. ДЕН – КАВОС По напуштањето на собата и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Игуменица и продолжуваме со ноќно возење кон Скопје. 12. ДЕН – СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: • Комплетна организација со водич на патувањето • 9 ноќевања во избраниот хотел во Кавос • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, тв, видео) • Превоз со траект на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: • Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање од Скопје во претпладневните часови. Возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи и одмори. После ноќното возење, следува пристигнување во пристаништето Игуменица и премин со фериброд до главниот град Крф, од каде што се упатуваме кон нашата главна дестинација – неверојатниот Сидари! Сместување на групата и запознавање со местото... 2 – 11. ДЕН – СИДАРИ Бисерот на Јонското Море ќе Ви овозможи совршена комбинација на одмор и забава. Благата клима, преубавите плажи, длабокото сино море, мноштвото скриени плажи и заливи, можноста за многубројни излети, традиционалните јадења и грчката музика... ветуваат преубав одмор. Од друга страна, ќе Ви биде јасно зошто Сидари е еден од грчките престолнини за луда забава. Голем број на млади луѓе од цела Европа прават секоја година фантастична атмосфера и благодарение на многуте коктел – барови, плажи, бродови, тематски и караоке забави, ќе го искусите врвот на забавата за време на Вашиот престој на островот! Освен тоа, DJ – ите од нашата агенција ќе допринесат да се чувствувате како дома! 12. ДЕН – СИДАРИ – ГРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА По напуштањето на собата и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Игуменица и продолжуваме со ноќно возење кон Скопје. 13. ДЕН - СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:

ТЕРМИНИ СМЕСТУВАЊЕ СИДАРИ

KANTARELLIS HOTEL

цена по лице во 1/3 соба

УСЛУГА

OB

KATERINA ALEXIS

VLACHOS STUDIOS

OASIS APP

215 €

• Комплетна организација со водич на патувањето • 10 ноќевања во избраниот хотел во Сидари • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео) • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф - Игуменица

215 € -

210 €

210 €

210 €

210 €

цена по лице во 1/2 студио

-

210 €

цена по лице во 1/3 студио

-

180 €

-

180 €

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

-

200 €

цена по лице во 1/3 студио

-

200 €

цена по лице во 1/4 апартман

-

200 €

• Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

-

200 €

-

210 €

210 €

210 €

цена по лице во 1/4 апартман цена по лице во 1/3 студио

цена по лице во 1/5 апартман цена по лице во 1/3 студио/ апартман

цена по лице во 1/3 студио

OB

OB

OB

OB

цена по лице во 1/5 апартман цена по лице во 1/3 студио

OB

цена по лице во 1/2 студио

MARIA APP

215 €

ЦЕНАТА ВКУЛУВА:

215 €

цена по лице во 1/2 студио

DAMIANOS APP

29.07 - 10.08. (10 ноќевања)

200 €

цена по лице во 1/2 соба цена по лице во 1/5 апартман

KATERINA APP

19.07 - 31.07. (10 ноќевања)

цена по лице во 1/4 апартман цена по лице во 1/2 студио

OB

210 €

210 €

220 €

220 €

210 €

210 €

220 €

220 €

17


ГРЦИЈА

ГРЦИЈА

КРФ

КРФ

Факултативни излети Aqualand Единствено водено искуство. Голем број на водени атракции, aquagani, тобогани, ќе ви го направат денот совршен.

Сместување КАВОС DIMITRA MAISONETTES

ВИЛА FREESTYLE

ISLAND HILL

Локација: Dimitra Masionettes се наоѓа на 600 м од центарот на Кавос, 50 м од плажата. Опис на сместувањето: Сите соби поседуваат бања и балкон. 1/4 соби се на два спрата. На првиот спрат има два кревета, а на вториот спрат - софа на развлекување. Секој спрат поседува тоалет. Поголем дел од собите се климатизирани (со доплата), мини кујна и фрижидер.

Локација: Вила Freestyle се наоѓа на 100 м од плажа и 50 м од центарот на градот. Опис на сместувањето: Комплетно опремена вила која располага со 1/2 студија и 1/4 апартмани. Во склоп на вилата се наоѓа голем двор и паркинг. Опис на собата: Сите студија и апартмани поседуваат кујна, фрижидер, бања и тераса.

Апартманите се наоѓаат на 300 метри од центарот на Кавос и 400 метри од плажа. Апартманите поседуваат сопствен базен и бар. Сместувањето поседува двокреветни студија, трокреветни студија, петокреветни и шестокреветни апартмани со тоалет и балкон. Студијата и апартманите имаат мини кујна, фрижидер и ТВ, како и интернет на рецепција.

SPINIS STUDIOS

MYTHOS STUDIOS

SUMMER BREEZE

Локација: Spinis studios се наоѓа на самиот центар во Кавос, на само 150 м од песочната плажа. Опис на сместувањето: Сите студија располагаат со кујна, купатило, тв, тераса и клима (со доплата).

Локација: Mythos studios се наоѓа на 300 м од центарот на Кавос, 300 м од плажа. Опис на сместувањето: Вилата поседува базен. Студијата и апартманите располагаат со купатило, балкон, мини кујна и фрижидер.

Апартманите се наоѓаат на 150 метри од центарот на Кавос. Апартманите поседуваат сопствен базен и бар. Апартманите се 1/4 креветни со тоалет и балкон во кој се наоѓаат мини кујна, фрижидер, ТВ, како и интернет на рецепција.

ГРАДОТ КРФ И ОСТРОВОТ ВИДО

Сместување СИДАРИ KATERINA APP

KANTARELLIS HOTEL

Локација: Апартманите се оддалечени 150 м од морето. Во близина се наоѓаат 2 хотели со базени, лежалки и чадори за сонце (бесплатно користење од страна на гостите од овој хотел. Опис на сместувањето: Се наоѓаат во мирната област на Сидари, изолирани од сообраќајниот метеж. Опис на собата: Сите соби имаат кујна (шпорет, фрижидер, маса за јадење, бања (туш), клима уред (со доплата). 1/3 студијата и 1/5 апартмани се со помошен кревет.

Локација: Hotel Kantarellis се наоѓа на околу 5 минутно одеше пеш од главната улица, во близина на центарот на Сидари. Опис на хотелот: Хотелот поседува сопствен базен, простор за деца, пространа тераса со бесплатни лежалки и чадори за сонце, snack – bar. Опис на собата: Хотелот е на три спрата, удобен и поседува 1/2 соби и 1/3 (помошен кревет). Секоја соба поседува тоалет (туш кабина), балкон или тераса.

VLACHOS STUDIOS Локација: Апартманите се наоѓаат на 800 метри од плажата и центарот на Сидари. Опис на хотелот: Вилата поседува сопствен базен. Опис на собата: Сите соби се 1/3 и 1/4 (помошен кревет) со тоалет, балкон или тераса. Сите соби поседуваат клима (со доплата), мини кујна и фрижидер.

18

KATERINA ALEXIS APP Локација: Апартманите се наоѓаат во мирниот дел од областа Сидари, од центарот се оддалечени 2,5 км, а од Каналот на љубовта и плажата 1,6 км. Опис на хотелот: Хотелот поседува сопствен базен. Опис на собата: Секоја соба има кујна, сопствена бања (туш), тераса, клима (со доплата), сеф на рецепција (со доплата).

OASIS APP

Посетете го еден од најдобро сочуваните стари градови во овој дел од Европа, поради што е и ставен под UNESCO заштита. Ќе ја посетиме градската тврдина, црквата Св. Спиридон - заштитник на градот, најголем плоштад на Балканот - Eslanada, ќе прошетаме по старите улици на Крф и ќе дознаеме колку островот Крф бил значаен во периодот на Првата светска војна.

КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ КРФ На островот Крф, природата се потрудила да направи вистински рај за очите. На ова крстарење покрај бањањето и сончањето на брод, ќе имате прилика да ги обиколите неистражените плажи, заливи, гребени на источниот брег на Крф. Вистински релаксирачки целодневен излет кој не смеете да го пропуштите!!!

Локација: Овие апартмани се сместени во мирната зона во Сидари. Се наоѓаат на 500 метри од центарот на Сидари. Во близина се наоѓаат маркети и таверни. Опис на апартманот: Секоја соба поседува фрижидер, мини кујна и тоалет. MARIA APP Локација: Апартманите се наоѓаат на 10 метри од плажата, во самиот центар на Сидари. Опис на сместувањето: Сите соби се 1/2 и 1/4. Поседуваат тоалет, балкон или тераса, сите соби се климатизирани (со доплата), мини кујна и фрижидер. DAMIANOS APP Локација: Апартманите се наоѓаат на 20 м од плажа и 400 м од центарот на Сидари. Опис на сместувањето: Сите соби се 1/2, 1/3 и 1/5 со тоалет, балкон или тераса. Сите соби поседуваат клима (со доплата), мини кујна и фрижидер.

19


ГРЦИЈА

ГРЦИЈА

ЗАКИНТОС

Ј А!

T PA R

А

ЦИ

Y

Т С ИН Е Д

Најпознатата плажа на островот Закинтос е Navagio (Shipwreck), со чист бел песок, тиркизно море и познатиот заринкан гусарски брод, кој е заштитен знак на Закинтос. На север, исток и југ се сместени голем број на плажи, додека на западната страна се наоѓаат голем број на пештери и заливи, од која најпозната е сината пештера на северо-западниот дел на островот.

Закинтос или Занте, како што сеуште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. До Закинтос се стига со траект (90 мин) од пристаништето Килини. Пристигнувате во главниот град Занте, навистина прекрасно место, кое со тесните и мали улички, полштадот, потсетува на Италија. Заштитник на градот (островот) е Св. Дионисиос. Над градот се наоѓа Bochali, од каде има прекрасна глетка на целиот остров. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Спортови на вода, преубави песочни плажи со карпести формации, заливи, пештери. Се е возможно на Закинтос... Уживајте!

20

ЗАКИНТОС

ЛАГАНАС

– Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

Програм на патувањето:

Цена на аранжманот:

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото... 2 – 10. ДЕН – ЛАГАНАС Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна... го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ–и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!

ТЕРМИНИ СМЕСТУВАЊЕ ЗАКИНТОС

07.07 - 16.07. (7 ноќевања)

УСЛУГА

14.07 - 25.07. (9 ноќевања)

23.07 - 03.08. (9 ноќевања)

1/2

1/3

1/4

1/2

1/3

1/4

1/2

1/3

1/4

BISSVARDIS

OB

169 €

149 €

-

209 €

189 €

-

229 €

189 €

-

ASTORIA

OB

-

159 €

-

-

225 €

-

-

205 €

-

ANGELA

OB

175 €

-

-

219 €

-

229 €

WHITE HOUSE

OB

-

175 €

-

-

229 €

-

-

219 €

-

MAJESTIC

AI

-

-

-

699 €

519 €

429 €

699 €

519 €

429 €

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

• • • •

• Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

Комплетна организација со водич на патувањето 7 или 9 ноќевања во избраниот хотел во Лаганас Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео) Превоз со траект на релација Килини – Закинтос - Килини

-

11. ДЕН – ЛАГАНАС - СКОПЈЕ По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење. 12. ДЕН – СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. 21


ГРЦИЈА

ГРЦИЈА

ЗАКИНТОС

ЗАКИНТОС

Факултативни излети

Сместување:

ПЛАЖА ЗАКИНТОС

ОБИКОЛКА НА ОСТРОВОТ

Вкупната должина на островот Закинтос изнесува 123 км и ја сочинуваат голем број на уредени крајбрежни региони. Искористете ја можноста и посетете некој од најатрактивните регии, како плажите St. Nicholas, Banana Beach, Azzuro Bech, Porto Zoro, Argassi, Porto Roma, Porto Vromi... Секој излет има посебна тематска забава: Игри без граници, Sunset Party, Beach Party, натпревар по фудбал и одбојка на плажа.

Не пропуштајте да го посетите главниот град на островот Закинтос, Занте. Градот во кој венециската култура е присутен на секој чекор. Посета на видиковец од каде ќе може да уживате во панорамата на островот и да направите преубави фотографии. Во продолжение следи посета на традиционална грчка винарија и дегустација на домашни вина и специјалитети, а на крајот на обиколката ќе отидеме и до место од кое може да ја видите најпознатата плажа Navajo beach (Shipwreck). Излетот го завршуваме на beach барот Cubaneros на главната плажа во Лаганас.

HOTEL MAJESTIC BISVARDIS Апартманите Bissvardis се наоѓаат на самата плажа во Лаганас и се со поглед на море, а од главната улица во Лаганас се оддалечени 80 метри. Во склоп на апартманите се наоѓа и бар, а во непосредна близина има и добро опремен супер маркет. Апартманите се опремени со мини кујна (фрижидер, решо, основен прибор за готвење и јадење), посебен тоалет и туш во секоја соба, клима која не е вклучена во цената и опремена тераса. Од главниот град Занте е оддалечена 7км, а од аеродромот 6 км.

22

ASTORIA STUDIOS Апартманите Astoria Studios се наоѓаат на самата плажа и на 300 метри од главната улица во Лаганас и се со поглед на море. Апартамните се опремени со мини кујна (фрижидер, решо, основен прибор за готвење и јадење), посебен тоалет и туш во секоја соба, клима која не е вклучена во цената и опремена тераса. Во непосредна близина на апартманите се наоѓа добро опремен супермаркет. Од главниот град Занте е оддалечена 7 км, а од аеродромот 6 км.

ANGELA

WHITE HOUSE

Апартманите Angela се наоѓаат на 20 метри од плажата и на 60 метри од главната улица во Лаганас. Апартманите се опремени со мини кујна (фрижидер, решо, основен прибор потребен за готвење и јадење), посебен тоалет и туш во секоја соба, клима која не е вклучена во цената и опремена тераса. Во непосредна близина на апартманите се наоѓа добро опремен супермаркет. Од главниот град Занте е оддалечена 7 км, а од аеродромот 6 км.

Апартманите White House се наоѓаат во строгиот центар на Лаганас, на самата главна улица и на 30 метри од градската плажа. Апартманите се опремени со мини кујна (фрижидер, решо, основе прибор потребен за готвење и јадење), посебен тоалет и туш во секоја соба, клима која е вклучена во цената и опремена тераса. Во непосредна близина на апартманите се наоѓа добро опремен супермаркет. Од главниот град Занте е оддалечена 7 км, а од аеродромот 6 км.

Хотел Majestic се наоѓа во центарот на Лаганас, на главната улица, на 400 м од градската плажа. Majestic е модерен хотел кој се состои од 5 згради, со по 3 спрата, лифт и пространи ходници. Во својот состав има вкупно 140 соби. Хотелот е потполно реновиран во 2008 година. Во склоп на хотелот има рецепција, ресторан, интернет, коктел, кафе бар, snack bar, тенис, билијард, отворен базен со лежалки.

КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ ОСТРОВОТ

Hotel Majestic поседува и сопствен Spa центар кој нуди дополнителни услуги како користење на внатрешен базен, џакузи и сауна. Сите соби се пространи и комфорни, клима (со доплата), сеф (со доплата), SAT TV, телефони, интернет пристап (на рецепција - со доплата), фрижидер и балкон. All inclusive подразбира - појадок, ручек и вечера, дополнителна попладневна конзумација (чај, филтер кафе, млеко, топло чоколадо, сендвич), домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

BOAT PARTY Не пропуштајте ја вистинската летна забава на брод со стотина млади луѓе од целата групација. Најдобрите странски и домашни хитови, сонце, преубаво тиркизно море, Ви гарантираат совршена атмосфера. Нашиот анимациски тим организира разни натпревари и наградни игри така да со сигурност нема да ви биде досадно....

Природата се потрудила од островот Закинтос да направи рај за очите на посетителите. Во текот на целодневниот излет околу овој Јонски остров ќе ги видите најатрактивните пејзажи на Закинтос, ќе ги посетите познатите „сини пештери“ – Blue caves, неистражените заливи и секако симболот на островот – плажата Navajo, со заринканиот гусарски брод – Shipwreck. Одличен излет кој не смеете да го пропуштите!!!

ZANTE BY NIGHT

CARETTA – CARETTA Caretta - Caretta е тип на желки кои живеат само на Закинтос и може да ги видите на некоја од плажите или во некој од заливите на овој преубав остров. Бродовите кои испловуваат од Лаганас се идеално превозно средство кое ќе ви овозможи да се приближите на овие единствени врсти желки и да направите најубаво фотографии од ова лето.

Возење со автобус до главниот град на островот. Во вечерните часови, пред излегување во диско на некоја од нашите забави, прошетајте се низ главниот град - Занте, и запзнајте ја другата страна на Закинтос. Преубави кафулиња и ресторани, можност за купување на препознатливи сувенири кој ќе ви останат како убав спомен од ова патување.

ГРЧКА ВЕЧЕР Почувствувајте го духот на Грција низ традиционална игра, песна и добро познатите звуци на гитара и бузуки. Уживајте во традиционалната атмосфера со сиртаки и разни специјалитети од грчката кујна, како и одличното домашно вино. Професионални танчери и забавувачи низ интерактивна програма ќе придонесе оваа грчка вечера да ви остане во незаборавен спомен.

23


ГРЦИЈА

ЛЕФКАДА

ГРЦИЈА Позната по имресивните плажи, ртови и заливи кои служат како природни пристаништа, Лефкада уште ја нарекуваат и остров на боите: белата боја на карпите,камењата и песокот по кој островот го добил и името (лефко - бело) и нијансите сина боја на морето, кое може да се спореди со морињата на далечните, егзотични дестинации.

Лефкада е еден од островите во Јонското море, и припаѓа на групата острови Ептинаса. Се наоѓа измеѓу Крф и Кефалонија, а во близина на западниот брег на Грција. Од местото Акарнанија на копното, островот е поврзан со подвижен мост, долг 50 метри. ’Ртот на самиот југ од Лефкада, со високи карпи, е местото од кое што поетесата Сапфо си го одзела својот живот заради невозвратената љубов, па по тоа и градот го добил името. Островот е голем 330km2. Од едниот до другиот крај на островот можете да стигнете за еден час, а за два часа да го заобиколите целиот остров, со умерено возење по магистрален пат. Островот го красат 62 плажи, кои се протегаат на преку 117 км плажа, така што се сите достапни заради нивната близина. Со пуштањето во употреба на аеродромот Превека, Лефкада стана едно од најпопуларните и најпосетени грчки одморалишта, а оваа година се наоѓа и во понудата на агенцијата Рапсоди травел. На источниот брег масовно се градат хотели, особено околу областа Нидри. Оваа област е омилено место за вкотвување на скапите јахти на богатите сопственици. Западниот брег кој е сочинет од камени плажи и карпи е совршено место за авантуристите. Најпознатите плажи, Катисма и Порто Катсики, се наоѓаат на западниот брег. Плажата Порто Катсики веќе неколку пати е прогласена за најубава плажа во Европа, и поседува признание – сино знаме. Од друга страна, на југот од островот, местото Василики е светски познат сурфинг центар.

24

ЛЕФКАДА

Масовниот туризам многу го промени овој остров, но сеуште може да се пронајдат делови со недопрена природа. Секако, Лефкада е многу атрактивна и за оние кои бараат нешто помодерен амбиент. Покрај природните убавини, островот изобилува и со културни и забавни содржини, на кои можете да присуствувате во склоп на факултативните излети кои ги нуди агенцијата Rapsody Travel. Ноќните клубови, главно се стационирани во главниот град Лефкада, но одлично може да се забавувате и во Нидри и Василики. Се нуди широк спектар на барови, избор на разни типови музика, забави во баровите на плажа – оваа година во организација на младиот тим од агенцијата. ТОП 5 МЕСТА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ ДОКОЛКУ ОДИТЕ НА ЛЕКАДА СЕ: ПЛАЖАТА ЕГРЕМНИ, ПОРТО КАТСИКИ, ПЛАЖАТА АГИОФИЛИ, ВОДОПАДИТЕ ДИМСОАРИ, ОДНОСНО ГРАТЧЕТО АГИОС НИКИТАС. Климата е типично медитеранска, со топли, сончеви денови во текот на целата година, со умерени врнежливи зими и топли, но пријатни лета. Најголемиот дел од островот(70%) го сочинуваат планини. Ако Ве привлекуваат преубави, тиркизни плажи, помалку дива убавина на островот, автентична архитектура, а притоа сте со авантуристички дух, тогаш Лефкада е вистинското место за Вас. Пејзажите на островот се речиси неверојатни. Нијансите на зелено, сино, тиркизно, модро се прелеваат една во друга, додека вашите очи уживаат во овој празничен огномет кој природата го создала.

Програм на патувањето:

Цена на аранжманот:

1. ДЕН – СКОПЈЕ Поаѓање од Скопје во раните утрински часови. Возење преку Грција со попатни задржувања за пауза и одмор. 2 – 11. ДЕН – НИДРИ Пристигнување на Лефкада во попладневните часови. Бисерот на Јонското море ќе ви пружи совршена комбинација на одмор и забава. Она што островот Лефкада го прави единствен во однос на многуте грчки острови е секако сочуваната автентичност и дискретност. Благодарение на тоа, природната убавина на овој остров ќе ве остави без здив и ќе направи да ова биде едно незаборавно летување. Секако, тука е и добрата забава која е составен дел од нашите патувања. Благодарение на многубројните coctail, beach, boat, тематски и караоке журки, ќе доживеете врвна забава за време на вашиот престој на островот!

ТЕРМИНИ СМЕСТУВАЊЕ ЛЕФКАДА

УСЛУГА

1/3 AGGELINA

OB

ARION

OB

BILLY

OB

CHRISTOS

OB

ELENI ROOMS

OB

HELENA

OB

THEO HOUSE

OB

VERYKIOS

OB

HOTEL NISAKIA

OB

HOTEL MADOURI

OB

ALEXANDRA

OB

12. ДЕН – НИДРИ - СКОПЈЕ По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, заминуваме назад кон Скопје. 13. ДЕН – СКОПЈЕ Пристигнување во утринските часови.

08.07 - 19.07. (9 ноќевања) 1/4

1/5

150 € 165 € 165 € -

17.07 - 28.07. (9 ноќевања)

26.07 - 06.08. (9 ноќевања)

1/2

1/3

1/4

1/5

1/6

1/2

1/3

1/4

1/5

-

235 €

235 €

220 €

-

-

-

-

230 €

1/6 -

-

235 €

235 €

-

220 €

-

245 €

245 €

-

230 €

-

-

-

-

-

-

-

-

-

-

255 €

235 €

-

-

-

265 €

245 €

-

-

-

-

235 €

-

-

-

-

245 €

-

-

-

255 €

235 €

235 €

-

-

265 €

245 €

245 €

-

-

255 €

-

-

-

220 €

265 €

-

-

-

230 €

255 €

235 €

-

220 €

-

265 €

245 €

-

230 €

-

255 €

-

-

-

-

265 €

-

-

-

-

-

235 €

235 €

220 €

-

-

-

-

-

-

-

-

-

220 €

-

-

-

-

-

-

ЦЕНАТА ВКУЧУВА: • Комплетна организација со водич на патувањето • 9 ноќевања во избраното сместување во Лефкада • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео) ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: • Факултативни излети • Патничко и здравствено осигурување

*

( 1 ТЕРМИН ПО ПРОМО ЦЕНИ ДО 27.06. ПОПУСТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНИТЕ НАВЕДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА)

25


ГРЦИЈА

ГРЦИЈА

ЛЕФКАДА

ЛЕФКАДА

Факултативни излети КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ ОСТРОВОТ – НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ НА ЛЕФКАДА

Сместување: HOTEL MADOURI Хотел Madouri Beach е сместен на самата плажа во Нидри, на влезот на градот од страната на главниот град Лефкас. Собите се пространи и преубаво уредени, од нив некој се со поглед на море. Сите соби поседуваат балкон, ТВ, клима (со доплата), тоалет, фрижидер, ТВ. Хотелот поседува 1/3, 1/4 и 1/5 студија. Хотелот поседува: рецепција, паркинг, room service, бар на плажа, Wi Fi интернет.

ПРОШЕТКА НА ОСТРОВОТ И ПЛАЖАТА PEFKOULIA HOTEL NISAKIA

ARION STUDIOS / APARTMENTS

Локација: Хотелот Nisakia се наоѓа во мирната зона на околу 300-500 метри од плажа и на околу 1,5 км од центарот на Нидри. Опис на сместувањето: Хотелот поседува сопствен паркинг. Половина од капацитети имаат поглед на море. Опис на собата: Сите соби поседуваат балкон, ТВ, клима (со доплата), тоалет (туш кабина), фрижидер. Двокреветните соби поседуваат два одвоени кревети. Трокреветните соби поседуваат еден брачен кревет и еден поединечен кревет.

Локација: Сместувањето се наоѓа на преубава локација со поглед на Scorpions островот. Плажата Периагли е одалечена 250 метри од сместувањето, а центарот Нидри на 1 км. Опис на сместувањето: Во близина се наоѓаат таверни, пекари, супермаркети и паркинг. Опис на собата: Сите соби поседуваат клима (со доплата), ТВ, WIFI (со доплата), балкон со поглед на море, кујна и бања.

HELENA STUDIOS / APARTMENTS

ALEXANDRA APARTMENTS Апартманите се наоѓаат во мирната зона на Нидри, на 250 м од плажа и 250 м од центарот. Во близина на сместувањето се наоѓаат маркети и таверни. Секој апартман се состои од две одвоени соби и поседува клима (со доплата), мини кујна, тоалет, балкон.

BILLY STUDIOS Локација: Billy студио се сместени во мирната зона во Нидри. Се наоѓа на 1.2 км од плажата Нидри, 500 метри од марини и 1 км од центарот на градот. Опис на сместувањето: Во близина се наоѓаат таверни, пекари, супермаркети. Опис на собата: Секое студио поседува тоалет, кујна, ТВ, клима (со доплата) и балкон.

CHRISTOS STUDIOS Локација: Се наоѓа во мирната зона на Нидри, 900 метри од плажа и 600 метри од центарот. Опис на сместувањето: Во близината се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и супермаркети. Опис на собата: Секоја соба има бања, мини кујна, фрижидер, балкон, клима (со доплата) и ТВ. 1/2 соби имаат 2 одвоени кревети.

VERYKIOS STUDIOS / APARTMENTS THEO HOUSE Локација: Сместувањето се наоѓа на 70 метри од плажата Нидри, а 500 метри од центарот на Нидри. Опис на сместувањето: Во близина има таверни, ресторани и супермаркети. Опис на собата: Секоја од собите поседува купатило, кујна, балкон, клима (со доплата).

26

+

Локација: Студијата и апартманите се наоѓаат во градот Нидри, 100 метри од плажа, 100 метри од центарот на Нидри и 200 метри од пристаниште. Опис на сместување: Студијата поседуваат и сопствен паркинг, а во околината се наоѓаат и супермаркети и ресторани. Опис на собата: Секое студио/апартман поседува: балкон, кујна, бања, тв, клима (со доплата).

Локација: Сместувањето се наоѓа на 600 метри од плажа, а 450 метри од центарот на Нидри. Опис на сместувањето: Во близина има таверни, ресторани и супермаркети. Во склоп на комплексот се наоѓа и паркинг. Опис на собата: Студијата и апартманите имаат бања, балкон, мини кујна, клима (со доплата), ТВ. Секоја од собите има 2 спални соби (брачен кревет и 2 одвоена кревети), како и одвоена кујна.

Крстарењето околу островот е единствениот начин за комплетно запознавање со островот, менталитетот, културата и обичаите на жителите. На овој излет ќе имате можност да за запознавање со главниот град на островот, посета на познатиот манастир Фенеромени, каде се наоѓа и еден од најдобрите видиковци од каде се гледаат неверојатните природни убавини и тиркизната боја на морето. Со овој излет обезбедена е можноста и за посета на јужниот дел од островот – местото Василики, кое претставува рај за сите љубители на сурфањето. Предвидена е пауза за капење на плажата Pefkoulia, каде ќе имате можност за посета на еден од баровите на плажа, традиционалите ресторани и секако едно прекрасно уживање на самиот брег на песочната плажа. На враќање од овој излет следува посета на најпознатата и најдобра винерија на островот, каде преку презентација за изработката на виното ќе имате и можност за одлично освежување со најдоброто островско вино.

Преку овој излет, крстарење со брод околу островот, ќе имате можност да ги видите прекрасните шумски предели и најубавите плажи на овој остров. Предвидена е пауза за капење од еден час на една од најмирните плажи Агиофили. Крстарењето продолжува југо западно по островот каде следи посета на Cape Lefkatas, кој е направен од преубав бел камен. На ова место се наоѓа и древниот Аполонов храм. Исто така, на западната обала на Лефкада не очекува прекрасната плажа Porto Katsiki со кристално – тиркизна вода – прекрасно место за нуркање, пливање и релаксација.

NIGHT BOAT TRIP - островот MEGANIISI ELENI ROOMS Локација: Eleni rooms се наоѓаат во строгиот центар во Нидри, на околу 500 метри од плажа. Опис на сместувањето: Во околината се наоѓаат супермаркети и таверни. Опис на собата: Сите соби поседуваат фрижидер, тоалет, клима (со доплата) и балкон. 1/3 соби имаат трет помошен кревет.

AGGELINA APARTMENTS Локација: Aggelina Appartments се наоѓаат на 150 м од центарот на Нидри. Опис на сместувањето: Вилата поседува сопствен базен. Опис на собата: Собите се 1/3 или 1/5. Сите соби се климатизирани (со доплата), мини - кујна, фрижидер и тв.

Поаѓањето за овој факултативен излет – посета на островот Меганиси и прекрасното пристаниште Vathi, е од пристаништето Нидри, со еден од нашите бродови „Nikolaos“ или „Makedonia Palace“. Следна станица за посета е познатиот приватен остров на семејството Onazis – островот на шкорпиите. По завршувањето на прошетката на островот на шкорпиите, ноќното крстарење се продолжува до прекрасната песочна плажа Gerakas каде следува ноќно капење, добра музика, забава и подготовка на вкусна скара. На ова ноќно крстарење ќе имате единствена прилика за посета на островите на принцезите Sparti, Scorpidi, Madouri, Scorpios и Meganisi уживајки на отворено небо исполнето со ѕвезди.

LEFKADA BY NIGHT Во вечерните часови пред одличната забава која не очекува во club Capital, имате можност да прошетате низ главниот град на островот запознавајќи ја другата страна на Лефкада. Прекрасни кафе барови, ресторани и секако време за купување за некој сувенир кој ќе ви остане во сеќавање од прекрасната прошетка низ Лефкада. По завршување на прошетката започнува ноќната журка во најдобриот клуб на Лефкада - club Capital. KEFALONIA – ITAKA BOAT TRIP Со прекрасен голем брод крстариме по јужната обала на Лефкада каде се поминува низ прекрасни заливи, плажи за сурфање и селото Василики – сето ова со можност за уживање во пливањето на делфините кои се секојдневие во овој предел од морето. Крстарењето продолжува во Фискардо во Кефалонија, единственото село кое не е уништено по големиот земјотрес кој го има погодено Јонското море во 1953 година. На ова место е предвидено време за одмор, прошетка, пијачка во некои од баровите.... Следна станица за посета е островот Itaka, за кое се смета дека е родното место на Одисеј, каде доколку сакате имате можност за посета на музејот, традиционален ручек или уживање и релаксација на плажата. На патот за назада се посетува и мистериозната пештера Papanikolis, каде капетанот на бродот овозможува влегување во истата со бродот. Оваа пештера претставува една од местата за сокривање на подморници за време на Втората Светска војна. Како крај на овој факултативен излет е островот на шкорпиите уште познат како приватен остров на фамилијата Onazis, каде ќе имате можност да ја слушнете трагичната историја на ова семејство. Следува и можност за последно капење пред враќањето за назад.

27


RAPSODY TRAVEL МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ, ТЕОДОСИЈ ГОЛГАНОВ 28 078.399.853 / 02.6091.717 collegiummkd@gmail.com

www.rapsodytravel.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.