1 час и 30 минути (2016)

Page 46

1 час и 30 минути: осумдесетти

45

пес­на се слушаат од секоја зграда. Учам една работа од овој филм - авионите се нешто од што треба да се плашиш. Стравот се менува во моментот кога детето почнува да станува возрасен и мора да се докажува во светот, има одговорности пред себе, наместо неод­ре­ дена беско­нечност на играта. Гледам долу од врвот на 18-катницата на тетка ми. Пред мене е жолто-кафената река Миљацка, зад неа ри­ дови, а под мене луѓе, мали како мравки. Помеѓу мене и нив тенка и ниска 'рѓосана ограда која што се чини ќе пукне во секој миг. Ми се пресекуваат нозете и се повле­ кувам поназад кон тетка ми која што простира алишта. Со братучед ми се возиме со стариот лифт кон вто­ риот кат каде што живеат тетка ми и тетин ми. Лиф­тот нема внат­решни врати и сѐ што се гледа се зе­ле­ни­те врати од катовите кои поминуваат пред нас, а по­меѓу нив сту­дените сиви бетонски плочи извалкани од вре­ мето и ис­чкрт­ани од непослушни деца. „Едно дете,“ како да ми ги чита мислите братучед ми „пикнало рака во процепот и лифтот му ја собрал цела, останал без рака.“ Ме совла­дува бран на хорор. Лифтот застанува над ни­вото на катот и вратата не сака да се отвори. Хо­ро­ рот расте. Братучед ми скока и лифтот се по­мес­тува. Успе­ва да ја отвори вратата. „Последен пат вле­гувам во таа смртна стапица,“ си ветувам. На машините не мо­же да им се верува. Секако, со исклучок на Робокоп53. Киното „Први мај“ заблескува со невидена светлина дотогаш, а ние учи­ ме за иднината во која што машината и човекот ќе ста­ Valdez со Lou Diamond Phillips во главната улога. 53 RoboCop (1987), американски киберпанк акциски филм на Paul Verho­ even со Peter Weller.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.