1 час и 30 минути: деведесетти
161
Еден ден се будам, навистина се будам. Ги собирам сите работи кои што сум ги добил од неа и ги пикам во една ќеса. Без ред, без внимание, само количината е битна, сите да бидат таму, да не остане ништо. По вторно пред вратата. Со најлонска пазарска ќеса. „Здраво. Ова се твоите работи,“ збунета е. Не разбира. „Работите кои си ми ги дала. Ти ги враќам.“ Не ѝ се допаѓа тоа. Не ми е битно, зашто се вртам и не се враќам никогаш повеќе. Кадарот се затвора. ЗЗ топ. Со Вла се зезаме на Екс-Ју песните како неш то од минато време кое што сакаме да го потиснеме и заборавиме. Југославија е тера нон грата, осудена од целата меѓународна заедница, народот е поделен по меѓу тие кои што сакаат да живеат во минатото и тие кои што сакаат да одат напред. Филмовите како Нож218 лично не ме привлекуваат и сведочат за немање жел ба да се тргне понатаму. Првата група. Национали стите. Носталгичарите. Југославија која што прави ет ничко чистење и спречува развој не е мојата држава. Македонија која што прифаќа илјадници бегалци од Косово и на секој можен начин го одржува кревкиот мир е мојата држава. Не го сакам национализмот. Ја сакам уметноста. Го сакам Кјубрик и неговиот после ден филм Очи ширум затворени219, можеби првиот не гов филм којшто сите го сакаат. Затвори очи. Унгарија и Чешка се приклучуваат кон НАТО. За нас нема место. Ние сме најлонската ќеса која што лета но сена од ветрот во Американска убавина220! Еден ден некој 218 Nož (1999) југословенски филм на Miroslav Lekić со Žarko Laušević и Bojana Maljević во главни улоги. 219 Eyes Wide Shut (1999), еротски трилер во режија на Stanley Kubrick со Tom Cruise и Nicole Kidman во главните улоги. 220 American Beauty (1999), американска драма на Sam Mendes со Kevin