Nina Prlja - Oboeni prikazni (crtezi i raskazi)

Page 1



Графичко уредување и дизајн: Капка дизајн Илустрации: Нина Прља Издавачка куќа Готен www.gotenpublishing.com contact@gotenpublishing.com

CIP - Каталогизација во публикација; Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ПРЉА, Нина Обоени приказни: збирка на цртежи и раскази : 2009-2013 Скопје : Готен, 2013. - 64 стр. : илустр. ; 17 см ISBN 978-608-4625-28-5 COBISS.MK - ID 94107146


Нина Прља

Обоени приказни Збирка на цртежи и раскази 2009-2013

Готен Скопје, 2013


Содржина Први цртежи (3 год.) „Бубачка“, „Луто дете се чеша“, „Цвеќе“ 6 Четка и паста за заби 7 Дете во шише 8 Дете на слон кој изел многу бубачки 9 „Тепалка брка дете“, „Дете се чеша“ 10 Нови хоризонти (4 год.) Весел Мики 12 Лут Мики 13 Страшило 14 Цртеж според Ван Гог 15 Нина и бебето спијат 16 Приказната се роди (5 год.) Детето и дрвото 18 Снешко 19 Како да се симнеш додека стоиш 20 Зелена кола 21 Детето и кучето 22 Вулкан и дожд 23 Марсовци и астронаути 24

Деца без чадор и со чадор 25 Плажа 26 Инспирацијата продолжува (6 год.) Автобус 28 Еден луд научник 29 Белиот тигар на Пикасо 30 Морска приказна 31 Цртеж според Владимир Лукаш 32 Кралицата на цвеќето 33 Лубеницата во црвеното небо 34 Климатизер за планетата 35 Тажното маче 36 Мачето кое шетало насекаде 37 Мравка-пеперутка 38 Крокодилот Кроки 39 Вонземјанин 40 Чудовиште што дава трпнење 41 Нина и Иван 42 Велосипедот на Нина 43 Пирати 44

Продлабочување (7 год.) Домашни животни Зоки Поки и Лидија Човекот и трагите Паста и четка за заби Каубоецот го фатил крадецот Нина и нејзините кучиња Малиот чадор Трите чудни птици Време е за спиење Беше коска, а сега е мевце! Обврски во домот Багерот на Иван Духот кој знаел што ќе се случи Чоколадното и дрвеното дете Ќе научиш еден ден Шареното цвеќе Лубеницата што секој ќе ја јаде

46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62

Белешка за авторката

63


Први цртежи (3 год.)


Бубачка

6

Луто дете се чеша

Цвеќе


Четка и паста за заби 7


8Дете во шише


Дете на слон кој изел многу бубачки9


Тепалка брка дете

10

Дете што се чеша со едната рака, а другото уво му расте (цртеж врз маица)


Нови хоризонти (4 год.)


12

Весел Мики


Лут Мики

13


Страшило

14


(Слика со прсти, инспирирана од сликата „Ѕвездено небо“ на Винсент Ван Гог.)

15


„Јас сум дете Нина и затоа лежам во голем кревет, а бебето лежи во мал кревет и вика „Мама!“ и си замислува нешто и не знае како ќе биде и затоа вика „Мама“ и може да рече „Мама“ (и затоа јас викам три пати „Мама“ за приказната). Бебето замислува топче некој како да фаќа во јаженце, а јас си замислувам две топки, една нога како шутира и едно стапче и откриена сум. Едното око ни е отворено за да се гледаме и дека така си замислуваме.“

16


Приказната се роди (5 год.)


Детето и дрвото. Еднаш детето шеташе надвор. Шеташе, шеташе и виде едно дрво како шета по патот и му рече „Еј, здраво дрво, што правиш?“

18

Дрвото се зачуди и се спријателија детето и дрвото и така секој ден кога детето тргнуваше накај школо мајка му мислеше дека тргнало накај школо, а тоа детето тргнало накај дрвото да го сретне. И се сретнаа и двајцата и потоа дрвото му кажа на детето „Веќе долго време сме другари, до кога ќе бидеме?“

„Секогаш!“ детето му одговори на дрвото, а дрвото се насмеа и двајцата си играа долго време сѐ додека не му дојде на детето мајка му која му кажа „Еј, дете што правиш, јас мислев дека си во школо!?“ „Отсега само кога ќе заврши времето од школо ќе се сретнувам со моето другарче дрво.“ „Другарче дрво? Тоа е смешно да имаш другарче

дрво.“ „Е јас имам и тоа е вистина.“ „Добро, ти поверувам, ама само ако ми го покажеш многу ќе ти верувам.“ „Еве, дрвце дојди!“ Ама дрвото не се појави. И потоа мајка му на детето му рече „Ете гледаш, можеби тргнало во некој друг град?“ Тргнаа накај бродот и го видоа. „Чао дете, имам еден пријател во друг град, што живее на море. Ќе се вратам само овој ден да поседам таму.“ Мајка му на детето му поверува многу сега и така кога се врати дрвото си играа и мајката на детето и детето и дрвото, сите.


Детето само што заврши со играње и се враќа дома, а неговиот снешко стои. Детето си вика: „Колку е убаво да бидеш надвор на снег.“ Снешкото го слушна и тој шепна „Можеби е поубаво да стојам и да бидам мирен.“ Снешкото намигна и потоа детето кога стигна дома го ѕирна малку снешкото и му кажа: „Чао снешко, ние ќе те ѕирнеме утре!“ Снешкото се насмеа и тргна да спие. Толку...

19


20

Едно куче кое вика: „Еј зошто мене ме кренавте, гледате дека сум кучечовек? Сакам да се симнам назад, на четири нозе.“ „Ќе се симнеш додека стоиш, куче“ викал чуварот негов, а кучето вика: „Зошто морам да се симнам додека стојам, тоа е смешно!“ Чуварот му вика: „Не е смешно ако јас го кажев.“ Кучето се лути и додека стои се симнува на четири нозе. Толку.


Зелена кола (цртеж со фломастер на салфетка)

21


Кучето сака да го дупне балонот со забите.

22


Вулкан и дожд, пријатели што работат во исто време

23


Марсовци, астронаути и една ракета врзана за еден чуден Марс.

24


Деца без чадор и со чадор на дожд и недожд.

25


26

Детето со другите луѓе и куче на плажа.


Инспирацијата продолжува (6 год.)

27


Еден возач на автобус многу возел доцна и си заспал. Автобусот одел сааамо право, насекаде. Така се разденило. Луѓето застанале на автобуска станица, ама автобусот им избегал. „Еј, врати се, а баш на тебе не ти плаќаааав!“ викнала една. На сите им бегал тој автобусот и „вууууу“ во една бандера. Дури тогаш се разбудил возачот. А патниците спиеле. „Еј, што се случува, не тргнав со патници, тргнав со никој. Не се сеќавам,“ кажал.

28

На крај сите се качиле во автобусот и го чекале да тргне. „Ајде, ајде, тргнувај, ајде бе! Нема да те чекам илјада саати,“ викале. И тргнал „оуу-оуу“ возел лудо. Едно бебе плачело „ауу-ауу“, цело време без престан. Вратите од автобусот биле бели. Патниците мислеле прво дека е без врати, дека е дупнат, во магла. И кога се доближил од илјада километри од нив, виделе дека тој има врати, само не се гледале сѐ уште. Тие само си оделе право и „буф!“ се мавнале во вратата.

„Еј, што се случува? Бебето ми избега! Врати се!“ викнал еден човек, зошто тој автобус се викал Бебе, дека има многу бебиња во него. А автобусот забегал, нагоре-нагоре и застанал. Сите си отишле дома на сред возење, на улица сите му титкале, „тит-тит“, титкале, дека си отишол возачот на сред возење и не можеле да поминат и ништо не можеле да прават, а имало две ленти, а тој стоел на двете и морале да одат на тротоар, а таму сите пешаци „Еј, еј, ти зошто минуваш на пешачки.“ Пешаците имале беља, зошто им поминувале на тротоар и ги газеле. И така цело време додека не се вратил возачот и го избркале во затвор, а автобусот си го земало кучето кое никогаш не спиело.


... еден луд научник возел ролерки и паднал со рацете во црвена боја.

29


(Интервенција врз фотографија)

30

Пикасо си имал еден бел тигар кој му избегал. Си кажал „Еј, имам манго да му дадам зашто многу сака манго?“ Му дал, тигарот дошол, го пробал. „Ау, многу гадно манго си ми набрал, многу е со кал и со гадна течност! Можеби треба да го смениш, да го измиеш и да го продадеш? Така ќе добиеш пари и ќе си го направиш ќеифот.“ Пикасо направил така, земал пари, му ги дал на тигарот кој си купил џемперче. Остатокот од парите го потрошил за манго. И пак неубаво! И пак истото и сѐ така, додека не го земал најубавото манго.


Двајца се заљубиле на море, а мравката во купаќи ги гледала и викала: „Еј, срамота!“

31


32

Интевенции врз цртеж на Владимир Лукаш (колаж)


Кралицата која сакала многу цвеќиња фустанот го украсила со цвеќиња и на круната ставила цвеќиња. Не ги сакала пчелите зашто не сака портокалова боја и зашто боцкале многу!

33


34

Си била една лубеница што летала во црвено небо со облаците и така нејзината коса станала сина.


Нина објаснува како би било времето да се стоплува и лади со помош на голем бојлер.

35


Мачето е тажно зашто отишло на пат без мајка му и сега сака да се врати дома, да ја земе мајка му и пак да оди. Ама не може, зашто долг е патот, една цела ноќ. Неговата мајка била баба на неговите деца.

36


Си било едно маче и тоа си шетало насекаде. И мачето мало си почнало да се качува по планина и му било тешко, но потоа му текнало да се качи од дрво на дрво. По малку, по малку, од едно на друго дрво и по малку стигнало до врвот. Кога стигнало таму, се пуштило од дрвата и така си играло горе. Но, дошло време за спиење и тоа се чудело како ќе дојде дома на време. Скокало по дрва-по дрва и дошло девет ипол, а сѐ уште не било дома. На крај стигнало и си влегло дома. Мајката го искарала зашто не дошло на време. Мачето објаснило сѐ и така си завршило се добро.

37


Си била една мравка пеперутка. Таа си летала и собирала разни работи за јадење. Наеднаш, некој ја фатил и ја заврзал за шолјата за да си пие. Ама што било тоа не знела таа. Се мислела и ѝ текнало и почнала да пие. За женско

38

да, за машко не, пишувало. Таа била машко и „Упс! извинете, јас сум машко.“ Нема врска, за машки мравки може. Откако го испила кажале дека може да оди каде сака.


Крокодилот Кроки сакал да јаде моркови. На копно е, но сепак ќе се извалка и ќе се измие во водата. Нешто му фрлило кал на лицето и тој се вратил да се мие. И пак истото цело време, ваму-таму, ваму-таму одел. И веќе му досадило. И тој си јадел додека некој му фрла и некој му фрлил во устата кал. И тој одел да се мие во длабокиот дел со сунѓер. Се измил и

скришно-најскришно украл четири моркови. Зајакот му излегол „Еј, ти, што ми крадеш моркови? Тие се мои, не се твои!“ Крокодилот кажал „Мои се! Не се твои, веќе ги изедов.“ Плукплук! и му ги исплукал листовите. И после им здосадило да се караат и станале пријатели. Од карање пријатели, како така? Лесно без мака! Така без мака!

39


40

„Ало-ало-чудовиште мало!“ му кажувале на телефон за да се јави. Толку.


Има три чудовишта што даваат трпнење. Еден под када, еден под кауч и еден позади кутијата за кондури. Понекогаш не е чудовиштето, може да биде и самата рака или нога, како кога седиш на нив.

41


42

Јас и брат ми Иван сме се шетале и сме оделе во продавница. Иван си купил комплет за маскенбал да се облече како каубоец. А јас сум земала да се облечам како цвеќиња. Сум скинала многу цвеќиња и сум ги ставила на блузата, Сонцето веќе било таму. А Иван носел блуза со слика од каубоец со пиштоли во вис и слика од кола на главата. И сме се вратиле дома. Откако сме се разбудиле утрото сме ги облекле костумите и сме отишле на маскенбал.


Еден точак си бил жив и си возел секаде, но потоа видел „куиик-куиик“ - дрво извиткано! Сите се плашеле од него, Сонцето посебно, но потоа му текнало дека и тоа е живо, но во реалноста не е живо и така дознало дека и точакот може да биде жив. И така сѐ било.

43


44

Еден пират, на кој капата му била врзана за едрото за да не му избега, си пловел и си пловел, сѐ повеќе и повеќе. Дошла ноќ. Пиратите си влегле во нивните соби и спиеле. Кога се разбудил главниот пират, на кого капата му стоела надвор и летала додека пловеле, видел дека морето е црвено и се чудел.


Продлабочување (7 год.)

45


46

Животни и птици домашни


47


Човекот кој не знаел од каде се трагите, а пред него е доказот!

48


Пастата и четката за заби кои што се бањаат.

49


Храната е награда на кучето кое го гризнало и го фатило крадецот, а каубоецот го врзал за дрво. Коњот пасе трева и го чува крадецот за да не избега.

50


Нина и нејзините кучиња

51


Зошто малиот чадор има другарчиња јадења?

52


Трите чудни птици Првата птица сакала да лета на небото, да фати неколку ѕвезди и да ужива на месечината. Другата птица до неа не сакала многу високо да лета зашто се плашела од високо. Си викала дека еден ден ќе летне високо, иако не сака, но нема да гледа надолу. Последната птица многу сакала да си игра со сите деца и некој да ја чува дома. Сите птици заедно сакале да бидат другарчиња кои што ќе си играат и ќе доаѓаат кај детето кое ќе ја чува последната птица, а потоа сите ќе дојдат на Месечината и ќе уживаат. Тоа е нивната заедничка цел.

53


Ноќ е. Сите куќи во селото ги изгасиле нивните свеќи, само едно дете го вклучило неговото светло, зашто му ги немало свеќите. Затоа еден дедо му чукнал на вратата и го прашал зошто го вклучил светлото. Детето кажало дека нема свеќи и затоа дедото му дал неколку. Детето ги исклучило сите светла и потоа и свеќата ја дувнало. Тие луѓе свеќите ги вклучувале ноќе за да не трошат струја, зашто немале толку многу пари, а струјата била скапа.

54


55 Решение: Сред ноќ некој човек го нашол местото каде што била коската и тој, бидејќи имал куче за кое не можел да најде коска, ја земал коската и му ставил месо на другото куче.


56


Брат ми Иван имал еден багер. Една вечер Иван легнал да спие и кога се разбудил го немало багерот. Kога го носеле во градинка поминале покрај еден багер и Иван помислил дека човекот внатре му го земал багерот и го зголемил. Иван не сакал да оди во градинка и го земале со плачење, но кога донеле

некое друго детенце да прашаат нешто, оставиле отворена врата и Иван истрчал надвор. Го нашол багерот и се качил, ама никој немало внатре. И така Иван почнал да управува.

57


Во една стара куќа имало еден дух. Никој не верувал дека во таква 58убава куќа може да има дух.

Едно дете влегло и внатре изгледало старо. Тоа го видело духот и истрчало надвор, а тој се натажил.

„Значи, тоа ќе се случи!“ кажал духот, а тој само барал некој да се поигра.


59



61


62


Белешка за авторката

Веројатно не е случајно што Нина Прља е родена на 27.06.2005, во првиот работен ден од неделата. Нина нема време за губење и не сака да одмара и спие, таа сака да работи и создава. Наутро не стигнува ни да си ги протрие очите и веднаш се фаќа за молив, фломастер, ножици, хартија, што и да е најблиску, подготвена да ги пренесе своите идеи во материјална форма.

Едно од првите нешта кои Нина му ги соопшти на светот откако научи да комуницира со зборови е дека кога ќе порасне ќе стане „познат уметник“. Еден ден можеби таа ќе рече дека знае многу подобро да црта отколку сега, но верувам дека нема да се сомнева во вистинитоста, упорноста и искреноста на она што го правела. Бранко Прља




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.