E-learning Guide in Macedonian

Page 27

Life Long @ Learning 2016-1-MK01-KA204-021684

Квалитет на е-учење Можеме да кажеме дека квалитетот на е-учењето се заснова врз трансформацијата. Квалитетот го опишува зголемувањето на компетентноста или способноста како резултат на процесот на учење, како еден вид на трансформација. Педагошкиот аспект игра најголема улога во смисла на квалитетот. Според една студија (Ulf-Daniel Ehlers, Lutz Goertz, Barbara Hildebrandt, Jan M. Pawlowski, 2005) на Европската опсерваторија за квалитет, некои од барањата дефинитивно мора да бидат земени во предвид во иднина за успешен развој на стандардите за квалитетот: учеството, транспарентноста, познавањето и прифаќањето, отвореноста, соодветноста и приспособливоста, хармонизацијата и интеграцијата, интегрираната методологија, свеста за квалитет, мерливост.

Слика 1 Процеси на референтната рамка за опис на квалитетот на можните пристапи

Комбинирано учење Комбинираното учење (Blended learning) е образовна програма (формална или неформална), која ги комбинира онлајн дигиталните медиуми со традиционалните методи во училницата. Потребно е физичко присуство на наставникот и ученикот, со некои елементи на контрола на ученикот во смисла на време, место или темпо. Додека учениците се уште физички присуствуваат во училиштето и имаат контакт со учителот, практиките во училницата од типот лице-в-лице се во


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.