EMSA-Macedonia, Annual report 2010/11

Page 1


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Борислав Манев Претседател на ЕМСА – Македонија 2010/11 Национален координатор Бобан Ѓорѓевски Попретседател за внатрешни афери на ЕМСА – Македонија 2010/11 Момир Дејановиќ Потпретседател за надворешни афери на ЕМСА – Македонија 2010/11 Мануела Манева Генерален секретар на ЕМСА – Македонија2010/11 Радмила Панговска Координатор за Европска интеграција 2010/11 Билјана Кузмановска Координатор за Етика и јавно здравство 2010/11 Сандра Ѓоргова Координатор за Медицинска едукација 2010/11 Гордана Георгиева Координатор за Публикации и медицински информации 2010/11 Ивана Ѓорѓевска Лице за односи со јавноста 2010/11

ЕМСА Македонија е полноправна членка на European Medical Students Associa on Партнери и подржувачи:

Материјално подржани од:

Медицински Факултет – Скопје Студентски Парламент на Медицински Факултет Алкалоид А.Д. Скопје Бајер ДОО Љубљана БИ-МЕК ДОО КРКА Фарма ДООЕЛ Фарма Трејд ДООЕЛ Прим.Д-р.Самарџиски

Комерцијална Банка АД Скопје Фруктал Нестле Плива Calеvita Пелистерка Агроплод Ресен Интеграл Спортекс Кондоми Министерство за Култура Приватна Хирушка Болница Систина Клиника за пластична и рек. Хирургија Клиничка аптека

|2


Содржина: Порака од претседателот За ЕМСА – Македонија

4

Извештаи:

Финансиски извештај Извештај од состанокот на Националните Координатори во Букурешт, Мај 2011 Извештај од првиот European Medical Students Forum во Охрид, Јуни 2011 Извештај од Генерално Собрание на ЕМСА во Лајден, Септември 2011

5-9

Тraining Center of Excellence – Истанбул, Yeditepe, Март 2011 ISCOMS - Groningen, The Netherlands, Јуни 2011 EMSA Summer School Infec ous Diseases in the 21st century – Истанбул, Yeditepe, Јуни 2011 Bologna Process Follow-up Workshop и Medine2 Mee ng 2011- Истанбул, Yeditepe, Јули 2011 ESO – ESMO Oncology Course – Ioannina, Greece, Јули 2011 IFMSA AM – Copenhagen, Denmark, Август 2011 (ICML) Interna onal Congress on Medicine and Law – Истанбул, Yeditepe, Октомври 2011 Zagreb Interna onal Medical Summit - Загреб, Ноември 2011

Активности:

10 - 17

Настани:

Мече болница Movies and Medicine Крводарителски акции Отворен ден Time Management - training

18 - 23

ЕМСА Пикник – с.Волково, Мај 2011 Летна Школа по Ургентна Медицина – Охрид, Јули 2011 Мотивационен Викенд – Пелистер, Битола, Ноември 2011 Ден за борба против ХИВ/СИДА – Декември, 2011 ЕМСА Забави

24 - 27

3|


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Порака од Претседателот Драги пријатели Пред неколку дена, мојот тим, на еден доста уникатен начин, ме потсети на идеологијата: Не сонувај по животот, живеј по сонот. Веднаш сфатив дека успеале во една реченица да кажат толку многу. Токму оваа мисла е наше секојдневие и мотив на нашата организација. Нашиот сон беше она што сме денес, успешен, амбициозен и организиран тим којшто го остваривме со заеднички труд, работа и дружење. Ова европско, а сепак македонско семејство ги обликува нашите денови кое на свој уникатен начин не издигнува во подобри личности. И како што ги обликуваше нашите, сигурен сум декa во годините што следат ќе продолжи да ги менува животите и на многу други млади студенти. Одржувајќи го континуитетот нашата организација и оваа година забележа бројни успеси како на домашно, така и на национално, а особено и на интернационално ниво. Од домашните настани само би ги потенцирал втората летна школа по ургентна медицина која што веќе прераснува во традиција, новата тренинг програма составена од мотивациони викенди и еднодневни тренинзи, како и голем напредок во нашите веќе добро познати проекти. Покрај овие настани, ЕМСА – Македонија беше домаќин на Европскиот Медицински Студентски Форум и домаќин на еден од интернационалните состаноци на бордот на ЕМСА Европа. На национално ниво успеавме да ги поставиме темелите на новиот огранок на ЕМСА Европа односно ЕМСА – Македонија, Штип која активно ќе функционира при медицинскиот факултет на Уневерзитетот Гоце Делчев во Штип. Паралелно на интернационално ниво ги посетивме

редовните настани на ЕМСА - Европа односно Генералното Собрание во Лајден, Холандија и Средбата на Нациoнални Координатори и млади ентузијасти во Варшава, Полска. Покрај овие случувања посетивме уште многу интернационални настани за кои подетално можете да прочитате во овој извештај. Нашата најголема победа оваа година, а верувам и заслужена е позицијата Претседател на ЕМСА – Европа. Благодарение на посветеноста на мојот тим, активноста на сите членови и професионалниот и успешен локален напредок, ме донесе до врвот на оваа интернационална организација. Бенефитот и одговорноста кои доаѓаат со оваа позиција ќе ги почуствуваме во наредните години. Во однос на нашето членство, кое се зголеми двократно од почетокот на оваа година значаен успех постигнавме и во тимското сплотување и тренирање на сите наши членови. Усвоивме нова структура на извршниот одбор на ЕМСА – Македонија со која се надеваме да постигнеме постабилна структура и долговечна сигурност. Во овој извештај ќе погледнете што се ЕМСА – Македонија сработи во овој краток и бурен период благодарение на позитивната енергија и волонтерска работа. Драги пријатели, ве повикувам да продолжите да учестувате во активностите на ЕМСА – Македонија, во сите проекти и забави, а кога тие ќе завршат, да го понесете ЕМСА - духот заедно со вас и да го споделите со вашите пријатели. За крај само гордо ќе повторам дека сите ние заедно навистина ја оправдавме нашата парола: Дела, а не Зборови! Во име на Извршниот Одбор на ЕМСА – Македонија 2010/11 Искрено и со Почит Скопје 26.12.2011 Борислав Манев Претседател на ЕМСА – Македонија 2010/11

|4


ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ 2010/11 Финансиската година на нашата организација за периодот 2010/11, со еден збор би ја опшал како задоволителна. Секако со зголемувањето на финансиите се зголеми и нашата одговорност. Затоа оваа година на нашето Генерално Собрание, за прв пат ја преставивме и имплементиравме идејата за финасова комисија. Оваа комисија формирана од тројца делегати од собранието на ЕМСА – Македонија, кои ќе извршат тотална ревизија на сите транскации извршени во текот на годината. И оваа година на Генералното Собрание буџетот деталано беше презентиран на делегатите, а подоцна на формираната финансова комисија доби пристап до сите банкарски трансакции. И нивната изјава подоцна беше презентирана и усвоена од страна на делгатите на собранието. Секако како и секоја предходна година, ЕМСА – Македонија и оваа година поднесе завршна сметка до Управата за Јавни Приходи и Централниот Регистар на Р. Македонија. Во табелите подолу се презентирани приходите и расходите кои оваа година ги оствари ЕМСА - Македонија. За разлика од предходната година кога членарината преставуваше еден поголем дел од овој финансов колач, оваа година таа изнесува 3,67% од што можам да кажам дека оваа симболична членарина делегатите ја задржаа како гаранција дека нивниот придонес сепак ќе биде оправдан. П РИХОДИ Членарина Деканат на М.Ф. Компании Котизации Лична донација Од Буџет на Р.М. Ректорат Амбасади Грантови Издавачка дејност Вкупно

РАС ХОД И 3,67 % 19,74 % 18,85 % 55,05 % 4,50 % 0 0 0 0 0 100%

Наменски буџет (проекти и активности) Маркетинг Чланарина Патни трошоци Котизации и промо-материјали Администрација и такси Издавачка дејност Вкупно

56,2% 4,12% 1,08% 23,0% 10,39% 4,36% 0 100%

Споредено со финансиската состојба од предходната година можеме да заклучеме дека ЕМСА – Македонија се наоѓа во инерција на зголемување на нашата финансиска моќ, но со зголемување на бројот на проекти, активности и членови исто така се зголемува и потребата од финансии. Како заклучок можам да изнесам дека без константен прилив на финансии неможе да очекуваме значителен напредок на нашата организација. ЕМСА - Македонија напорно работи на финансиско стабилизирање и зајакнување! Борислав Манев

5|


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Na onal Coordinators Mee ng 2011 Дата: 05.05 – 08.05.2011 Место: Варшава, Полска Претставник: Борислав Манев

Средба на Националните Координатри и млади ентузијасти (NCM), полека но сигурно од настан втор по големина и важност го зазема првото место во структурата на ЕМСА. Оваа година овој настан се одржа во периодот од 5-ти до 8-ми Мај во Јаблона, Полска, организиран од страна на ЕМСА – Варшава. Уште на самото отварање, од страна на ректорот на медицинскиот уневерзитет од Варшава и тогашниот претседателот на ЕМСА, Тин Кнежевич беше најавена престојната авантурата и ентузијастичката атмосфера која не очекуваше во наредните неколку дена. Палатата во која се одржуваа предавањата, сесиите и работните групи датираше од петнаесеттиот век изградена за бискупите на Полска, а потоа реновирана во 17ти век од страна на Кралскиот архитек. Самата оваа палата го постави акцентот на овој настан. Вториот ден започна со сесиите на четирите директори на ЕМСА. На полето од Медицинската Етика и Јавно Здравство, Себестијан Шмит ги запозна учесниците со мисијата и визијата на овој одбор. Во истиот тој период Сулејман Јилдиз, директорот за Медицинска Едукација ги презентираше најновите истражувања и резолуции од процесот Болоња и студирањето според ЕКТС. Паралелно Софија Рибеиро, Европска Интеграција, ги презентираше најновите проекти во однос на Европската Интеграција. Ентузијастите за Медицинска Наука и истразување имаа можност од директорот за Медицинска Наука и истражување, Борислав Манев, да се запознаат со начинот на изработка на случај за приказ, што навистина добар случај го карактеризира како добар случај и како да го презентират тој научен труд. Втората сесија беше посветена на медицинските конференции во минатото, денес и дебата за тоа какви ќе бидат во иднина.

|6


Вториот дел од денот беше посветен на тренинзи од областа на: project proposal, public speaking, conflict management, teambuilding, како и посебно припремени тренинзи за некои специфични потреби на ЕМСА. Исто така се одржа и првата сесија на Националните Координатори на која присуствуваа НК на Германија, Турција, Македонија, Холандија, Грузија, Полска, Шпанија, Романија, Хрватска. Третиот ден го одбележа саемот на нови проекти, каде што членовите од секој локален комитет на ЕМСА имаа можност да ги промовираат своите успешни проекти од изминатиот период и да ги промовират идните активности. На овој настан беше промовирана и нашата летната школа по ургентна медицина како и ЕМС Форумот кој се одржа во Охрид оваа година. Во попладневиот ден се разговараше за иднината на ЕМСА, сесија водена од Тин, како и мали работни групи за финансирање и спонзорирање на медицинските лица и организации од страна на фарамацевските компании. Сите активности и резолуции беа детално забележани и споделени по самиот настан со сите членови преку ЕМСА серверот. Последниот ден заврши со разгледување на Варшава, нејзините знаменитости, уникатна архитектура, историски споменици и модерните трговски центри. Овој настан на ЕМСА навистина отвара можност за размена на сите идеи, презентирање на локалните активнсоти на локалните комитети, како и на медицинските факултети, така и на самите индивидуални активности на студентите. Искрено го препорачувам овој настан на секој студент кој сака да ги прошири своите видици и пријателства и има желба за континуирано лично надградување.

7|


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

1st European Medical Students Forum Дата: 01.06 – 05.06.2011 Место: Охрид Претставници: Борислав Манев, Билјана Кузмановска, Тихомир Милев ЕМСА-Македонија е особено горда на овој настан, бидејќи ја имавме честа да бидеме домаќини на Првиот Европски Медицински Студентски Форум, кој што претставува нов ____ на EMSA Europe. Настанот се случуваше во Охрид, во периодот од 1ви до 5ти Јуни, во Хотелот Климетица. Учесници имаше од неколку европски земји: Турција, Хрватска, Португалија, Германија, Словенија и се разбира Македонија. Претставници од нашата земја беа Борислав Манев и Билјана Кузмановска, кои исто така беа и дел од Организациониот Комитет заедно со Тихомир Милев. Темата на форумот беше: The importance of Youth organizaons in Europe. Целта беше да се напише резолуција на оваа тема, за што во првите два дена имавме работилници за да научиме што претставува всушност Resolu on Paper и како се пишува. Во наредните два дена по голем број brainstorming сесии и долги дискусии на темата успеавме да го напишеме документот, кој понатаму ќе биде претставен на останатите партнерски организац ии на EMSA Europe (EPSA, EESTEC, BEST итн), а подоцна откако ќе биде изгласан на Генералното Собрание да биде претставен и на PWG ( Permanent Working Group of European Junior Doctors ). Паралелно со настанот, на истата локација се одржа и 4тиот Face to Face Mee ng на European Execu ve Board. Од членовите на EEB присуствуваа тогашниот Претседател на EMSA Europe Тин Кнежевич, Medical Educa on Director Сулејман Јилдиз, European Integra on Director Софија Рибеиро, Liason Officer towards European Medical Organisaons Елиф Келеш.

|8

Се разбира дека не беше изоставена и социјалната програма. Ги запознавме учесниците со убавините на Охрид, културата и традицијата на нашата земја, а исто така ги посетивме и дел од ноќните клубови во Охрид. Последниот ден, бидејќи времето беше сончево и многу топло, го искористивме да уживаме на една од охридските плажи, а најхрабрите го искористија топлиот ден за да се избањаат во езерото. Се на се, поминавме 5 прекрасни дена исполнети со многу забава, дружење и секако работа. Научивме многу и споделивме нови искуства со нашите европски пријатели, ја претставивме нашата земја и нашиот факултет во одлично светло. Не остана незабележана ни нашата позитивност и срдечност. Можеме слободно да кажеме дека бевме одлични домаќини и дека учесниците беа презадоволни од нашата организација. Се надеваме дека ЕМСА – Македонија во иднина ќе продолжи успешно да организира и други настани на европско ниво.


EMSA – Europe 21st General Assembly 2011 Дата: 01.09 – 04.09.2011 Место: Лајден, Холандија Претставници: Борислав Манев, Гордана Георгиева, Ана Анчевска, Елена Гулевска, Џошкун Керала

Оваа година 21-то Генерално Собрание на ЕМСА се оддржа во градот на Рембрандт, Лајден – Холандија во периодот од 1 до 4 септември, традиционално веднаш после ЕМСА конгресот. Учесници на ова собрание, како највисок орган на самата организација, беа делегати од сите рамноправни членки на ЕМСА односно преставници од 74 факултети од различни земји во Европа меѓу кои: Германија, Португалија, Романија, Турција, Грузија, Бугарија, Хрватска, Холандија и се разбира Македонија. Делегацијата која ја претстави ЕМСА – Македонија активно беа вклучени во донесувањето на сите одлуки и целиот гласачки процес. Благодарение на посветеноста на организациониот комитет успешно беа вклопени собраниските активности со социјалната програма, но сепак она што го одбележа ова собрание беше истрајната, континуирана и плодна работа. Освен тоа што македонскиот тим во најдобро светло ја претстави нашата земја, воспостави контакти за билатерална соработка на повеќе проекти со ЕМСА организациите од другите земји и беше дел од структурите на Генералното собрание: Борислав Манев како член на Финансиската комисија и Гордана Георгиева како член на Изборната комисија. На овогодинешното ГС беа донесени важни одлуки меѓу кои и статутарни промени со 2/3 гласачко мнозинство. ЕМСА – Македонија доста се истакна и настапи со три кандидатури за членови на ЕЕВ: Билјана Кузмановска се кандидираше за местото благајник, Елена Гулевска за позицијата лице за финансирање и Борислав Манев за Претседател на ЕМСА 2011/12. После успешното презентирање македонската делегација го достигна најголемиот успех и нашиот Претседател, Борислав Манев, е избран за Претседател на ЕМСА – Европа. Искуството наречено ЕМСА – Генерално Собрание е само поттик за понатамошно напредување и насочување кон достигнување на високи резултати на сите полиња и успешно интегрирање на ЕМСА – Македонија во европската приказна. Честитки Претседателе! Напред ЕМСА – Македонија!

9|


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

EMSA TCE (Training Center of Excellence) 2011 Дата: 22.03 - 28.03.2011 Место: Yeditepe University – Истанбул, Турција Претставници: Борислав Манев, Гордана Георгиева, Ана Анчевска, Емилија Јовановска, Драгана Костовска, Мануела Манева, Билјана Кузмановска, Фуат Абази, Емел Сејфула, Емилија Микаровска Се собравме сите заедно на 25.03 во прекрасниот Једитепе, фасцинирани од љубезноста и топлината со која не пречекаа. Пред да почнеме со приказната за ЕМСА ТЦЕ 2011, да напоменеме дека Македонија доминираше со бројот на претставници. Првата вечер беше гала свечено отворање на настанот на која што беа доделувани признанија за организаторите, честа ја имаше Тин Кнежевиќ - претседателот на ЕМСА Европа. Откако се запознавме со тренерите и темите на тренинзите, секој требаше да направи избор на кои од нив ќе присуствува предвидени по шест теми за секој ден, поделени во две сесии: претпладневна и попладневна. Наредниот ден веднаш по појадокот започнавме со активностите и тренинзите. Темите на сесиите беа Емоционална Интелегенција, Пишување на предлог проект, Лидерство и други. Вечерта имавме можност да прошетаме на плоштадот Таксим, еден од најпознатите во Истанбул.

| 10

Следниот ден повторно продолживме со работа, овојпат се претставија новите тренери помеѓу кои и нашиот претседател Борислав Манев кои претходните денови поминаа низ напорни тренинзи и обука. Повторно имаше многу што да се научи: Справување со конфликт, Управување со проект, Интерперсонална комуникација и други. Последната вечер или вечерта за збогување свечено го затворивме ЕМСА ТЦЕ на крстарење по Босфор со традиционална турска вечер. Беа доделени дипломи за сите тренинзи низ кои поминавме. Задоволството од времето што го поминавме заедно беше големо, но и тагата бидејќи моравме да заминеме. Последниот ден прошетавме низ Истанбул и ги посетивме најпознатите знаменитости на Турција, меѓу кои и Капали чаршија. Македонската делегација остави голем впечаток, беа разменети и идеи за нови меѓународни проекти. Искуството на ЕМСА ТЦЕ беше преубаво, дружење, забава и едукација беа сплотени заедно, уживавме секој момент и понесовме многу спомени и пријателства кои се надеваме ќе траат долго.


ISCOMS 2011

Дата: 07.06 – 10.06.2011 Место: Гронинген, Холандија Претставник: Борислав Манев Интернационалната Конференција за Медицинска Наука во Лајден денес преставува еден од најдобрите студентски меѓународни конференции. Оваа година овој настан беше посетен од 600 студенти од целиот свет. Како почесни гости на оваа конференција збор зедоа и нобеловците.... Исто така критериумите за учество на овој настан се секогаш на високо ниво со цел обезбедување на најквалитетните трудови од студентите. Просечното одбивање на студентските апликации се движи помеѓу 50 и 70% Во склоп на оваа конференција се одржа и работна сесија на мрежата на европски медицински научни конференции (NEMSC) составена од ЕМСА, ЕСЦ – Берлин и ИСЦОМС. Каде што преставниците на овие организации разговараа за идните активности и проширувањето на оваа мрежа.

11 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

EMSA Summer School: Infec ous diseases in the 21st century 2011

Дата: 23.06 – 28.06.2011 Место: Истанбул, Турција Претставници: Борислав Манев, Марко Ѓорѓиевски, Магдалена Иванова, Стефан Димов.

И ова лето членовите на ЕМСА – Македонија решија да посетат една од летните школи низ Европа и да стекнат нови искуства и пријателства. Одлуката беше лесна: Главниот град на културата на Европа за 2010 – Истанбул. Овој град не само што ги спојува Европа и Азија, Истокот и Западот, старото со новото, традиционалното со модерното, туку ги спои и членовите на ЕМСА кои беа дојдени таму, сите од различни делови на Европа, со ралична позадина, но со заеднички интереси. Пречекот и програмата беа совршено реализирани од страна на организаторите – ЕМСА Једитепе и нивниот претседател Сулејман Јилдиз. Наутро, беа предавањата од истакнатите професори на универзитетот, а попладне се одржуваа практичните вежби со кои се зацврстуваше она што сме го слушале утрото. Секоја вечер на агендата беа и излегувањата за да вистински го запознаеме овој легендарен град. Аја Софија, џамијата Султан Ахмет и Капали чаршијата се само дел од местата кои имавме шанса да ги посетиме. Со наргиле и дама, турски чај и турско кафе навлеговме во духот на турската култура. По седум кратки денови и на ова наше патување му дојде крајот. Збогатени со нови медицински знаења се збогувавме со новите пријатели и прекрасниот тим на ЕМСА – Једитепе и си дадовме ветување за повторно видување.

| 12


Bologna Process Follow-up Workshop 2011 Дата: 18.07 – 23.07.2011 Место: Истанбул, Турција Претставник: Џошкун Керала

Во зедничка организација на EMSA – Europe и IFMSA, се одржа Bologna Process Followup Workshop и Medine2 Mee ng 2011 каде беа присутни 45 учесници од 16 европски држави. Овој настан се одвиваше на универзитетот “Yeditepe” во Истанбул - Турција. Како дел од Организациониот комитет беше и претставникот од ЕМСА – Македонија, Џошкун Керала. Целта на овој состанок беше дискусија помеѓу студентите за тоа како функционира Болоњскиот процес на медицинските факултети на ниво на Европа. Целите на овие работилници беа ориентирани кон запознавање и имплементација на точките од Болоњската Декларација која ги засега европските образовни институции и вкупниот образовен процес на европско ниво. Најбитен плод од оваа соработка беше усвојувањето на две објави за политика врзани околу студентската инволвираност во имплементацијата на овој процес. Првиот, наречен “Accessibility to higher educa on” го претставува здружениот глас на EMSA & IFMSA околу вклучување на студентската мисла во развојните процеси поттикнати и движени од локалните образовни и државни авторитети кои се обидуваат да се вклопат во силното темпо на порастот на побарувачката за високото образование.

На овој начин, студентите имаа можност да си ја исканализираат визијата околу тоа што треба да се направи за развојниот процес да се продлабочи и да ги задоволи нивните потреби. Вториот, “Medical student’s involvement in the educa onal process”, беше засегнат со конкретизација на студентската одговорност во инволвирање и креирање на образовниот процес, како и негово евалуирање, со цел да се поттикне студентската критичка мисла и оригинална идеа, кои се секако незаменливи во прогресот на имплементирање на Болоњската декларација, и уште повеќе – во вкупните европски образовни процеси. Учесниците студенти во овој проект се стекнаа со вредно искуство, самите тие би се вклучиле уште поревносно како советници/ консултанти во европските образовни комисии, а нивниот производ очекува feedback од европските комисии за образование, кои како извор за информација и вреднување на евентуалните реформи, ќе можат да се повикаат на овие два огласа кои ги нудат сите податоци и целиот глас на модерниот европски студент.

13 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

IFMSA AM 2011

Дата: 01.08 – 09.08.2011 Место: Копенхаген, Данска Претставник: Борислав Манев Во периодот од први август до девети август 2011 година, Борислав Манев беше присутен како официјален преставник на Еврпската Медицинска Студентска Асоцијација на “Средбата во август“ на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации (IFMSA AM 2011) која се одржа во главниот град Република Данска, Копенхаген. На самото отварање на настанот воведното предавање го одржа Проф. Д-р. Ханс Рослинг Шведски доктор по медицина, академик, статистичар и познат оратор, познат како основач и претседател на фондацијата Gapminder. Неговото предавање се однесуваше на разликата помеѓу развиените и неразвиените земји и односот на животниот век помеѓу нив. На затварањето на овој настан се појави Данската Принцеза Беатрис. Во текот на оваа недела се одржаа многу интернационални сесии и настани на кој се разгледуват различни тековни репорти, се презентираат нови репорти и се избраа новите членови на “официјалниот тим“ на ИФМСА. Како преставник на ЕМСА, Јас успеав да ги посетам сесијата EuRegMe (European Regional Mee ng) каде што со другите тројца преставници од ЕМСА одржавем презентација за нашата организација. Стапивме во контакт со високи преставници на ИФМСА, како од бордот во заминување така и со штотуку избраниот Претседател и Координатор за Европа. Овој настан беше посетен од страна на повеќе од 1100 студенти по медицина од целиот свет.

| 14


ESO – ESMO Oncology Course 2011 Дата: 23.07 – 29.07. 2011 Место: Ioannina, Грција Претставник: Борислав Манев

Од 23 до 29 јули оваа година се одржа осмиот по ред Курс по Онкологија во организација на ESO (European School of Oncology) и ESMO (European Society for Medical Oncology). Настанот се одвиваше на University of Ioannina, во убавата Јанина, најголемиот град во северозападна Грција. Во текот на петдневната програма беа покриени речиси сите теми од областа на онкологијата меѓу кои: рак на дојката, рак на овариумите, матката и цервиксот, гастроинтестиналните карциноми, лимфомите, белодробниот карциноми и карциномите на урогениталниот тракт. Секојдневно учесниците беа тестирани за нивните поранешни познавања и за стекнатото знаење од новите предавања за клиничката слика, стејџинг, прогностичките фактори, хирургијата и радиотерапијата кај онколошките проблеми. Се разбира најинтересен дел од курикулумот беа презентациите на случаи од овие области. Ова интернационално случување го отвори професорот Павлидис, предавач од универзитетот домаќин, а гости беа познати професори со светско реноме од Велика Британија, Чешка, Шпанија, Грција, Швајцарија и Белгија. Бројот на учесници беше ограничен и доста селективен, а присуствуваа најдобрите студенти од европските земји. Последниот ден, на гала вечерата после доделувањето на наградите за крај на овој курс, јас настапив во улога на предавач за запознавање и презентирање на ЕМСА, нејзиното постоење, мисија и проекти. Освен едукација, не недостигаше ниту добрата забава и дружењето. Домаќините се покажаа како добри организатори и ни овоможија да уживаме во сончевите денови и песочните плажи. Овој курс по онкологија е уште еден настан кој вреди да се посети.

15 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Zagreb Interna onal Medical Summit 2011

Дата: 09.11 – 12.11. 2011 Место: Загреб, Хрватска Претставници: Борислав Манев, Џошкун Керала, Дејан Јакимовски EMSA-Zagreb и студентската секција HLZ го организираа и одржаа годинешниот Zagreb Interna onal Medical Summit ( ZIMS ) кој се одржа во просториите на Ljecnicki Dom, Zagreb од 9-ти до 11-ти Ноември. Со присуство над 150 студенти и млади лекари од многу земји од светот, главно се дискутираше на новите теми во интерната медицина, инфективните болести и хирургијата. Беа презентирани над 50 теми од кои Mакедонија беше претставена со две орални презентации и тоа од страна на Грегор Крстевски и Александар Степановски. Исто така, се одржа и работилница во која учесниците имаа можност да се запознаат со основните техники на шиење и ракување со хируршки прибор. Меѓу официјалните сесии, времето се користеше за меѓусебно запознавање и споделување на лични искуства на теми од медицината. Спознавањето на начинот на работа и начинот на учење и практикување на медицината во други земји е од голема полза за самите учесници на овогодинешниот конгрес. Во склоп на ZIMS 11 беа одржани и неколку состаноци на кои присуствуваше European Execu ve Board. Победник на ZIMS 11 e Jillian Wong од USA со темата “ A pilot study to establish an assay for bullous pemphigoid” и доби награда учество во летната школа на EMSA - Zagreb која ќе се одржи во Дубровник. ЕМСА – Македонија ќе биде голем подржувач на вакви интернационални настани и со задоволство ќе учествува и на наредниот конгрес. Ваквите настани помагаат во добивање на многу драгоцени и потребни информации за можеби организирање на ваков настан и во Македонија. Со вкупно 10 учесници од Македонија и на овој настан бевме најбројна делегација на ЗИМС.

| 16


AEGЕЕ General Assembly 2011

Дата: 27.10 – 30.10.2011 Место: Струга, Македонија Претставници: : Момир Дејановиќ, Александра Кругер, Горан Трајковски, Дарко Јанкуловски, Анета Атанасова, Александра Вангелова и Драган Цибрев. На деновите на случувањето на “АГОРА – Струга“, со мото – “Raise up your hand” кое повикува на моќта на студентскиот глас, организирано од студентското НВО – “Aegee-Скопје“, беше претставувана и ЕМСА - Македонија, од страна на 8 нејзини членови, кои земаа учество на збиднувањето во функција на волонтери и учесници во организациониот тим. Самиот евент АГОРА претставуваше собрание на европско ниво на организацијата Aegee – Europe, каде учество земаа нејзини волонтери, гости, делегати и активни членови од целото европско поднебје, со приближна бројка од 700 учесници, кои партиципираа во тематски работилници каде се разработуваа одбрани социјални вештини, и на заседанија каде делегатите одржуваа гласања околу самата структура на организацијата, нејзиното членство и водство. Престојот беше во хотелот Еуротел во Струга, а активностите се изведуваа во просториите на факултетот ФОН во Струга, а после работниот ден се одржуваа забави во градот каде учесниците имаа можност да ги прошират своите познанства, да го испрактикуваат англискиот јазик и да се забавуваат и уживаат во интензивната атмосфера. На денот на пристигнувањето, заедно со другите волонтери, ни беше дадена должност околу регистрацијата на гостите од странство, која беше организирана како прием, со идентификација, доделување беџови и алки за полесно препознавање. Иако присутните беа од различни европски држави, комуникацијата успешно се одвиваше на англиски јазик и не претставуваше никаква бариера. Сите активности беа неколкучасовни, со пауза за ручек, а по завршетокот, учесниците се враќаа во хотелот за вечера и се спремаа за забава. Исто така се организираше вечер на културна размена, каде секоја држава на својата маса си претставуваше дел од својата специфична кујна и пијалаци. Делегацијата на ЕМСА - Македонија успешно учествуваше и ги исполнуваше работните обврски врзани околу логистиката, регистрирањето на членството, одржувањето на работилниците и заседанијата, но и забавите. Активноста покрај добрата волја за работа, ја покажавме и преку интензивна комуникација со голем број на учесниците од странство и членовите на Aegee – Скопје, со кои најмногу разменувавме искуства околу функционирањето на студентските организации, свеста на студентот, моќта на неговиот активизам и запознавање со понудите за студентски размени, што впрочем беа теми кои делумно беа покриени од работилниците каде што присуствувавме. Покрај зајакнување на комуникацијата и контактите, ги запознававме останатите студенти околу програмата и визијата на функционирањето на ЕМСА.

17 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Мече болница 2011

Координатор: Ана Анчевска Асистент на координаторот: Елена Ѓорчевска Проектот Мече Болница на ЕМСА-Македонија во временскиот период од 22.3.2011 до /.12.2011г ги реализираше следните активности: Обука Обука 1.0/2011 Обука 2.0/2011 Обука 3.0/2011

дата студенти 29.03.2011 47 14.04.2011 23 27.10.2011 26

Обуката ја спроведе: Д-р Биљана Ѓонеска Д-р Биљана Ѓонеска Д-р Татјана Зорчец Афирмација на проектот во 2011 година:

Оваа година беа обучени вкупно 97 нови Мече доктори, а обукуките ги реализираа: Д-р Биљана Ѓонеска, Д-р Татјана Зорчец, кординаторот на проектот Ана Анчевска и помошникот координатор Елена Ѓорчевска. Во текот на 2011 година овој проект опфати 10 градинки на ниво на град Скопје во кои беа вклучени 930 деца од градинките.

• • • • • •

| 18

реализацијата на Мече работилниците доби нова структура - во секоја игрална имаше организирано амбуланта, хирургија и аптека; беа направени нови рецепти и дипломи за децата; беше направен флаер Мече болница со слики од Мече Болница-Македонија; беше организиран Креативен мече ден на кој беа направени креативни постери за здрава исхрана и здрави хигиенски навики; воведено ново правило - доколку најавен студент не дојде на Мече болница без притоа уредно да биде известен тимот, нема право да се пријави на следните две Мече болници; со правото за добивање диплома за Мече болница се стекнува секој член на ЕМСА -Македонија кој присуствувал на обуката за Мече болница и учествувал на 4 Мече болници.


Movies&Medicine 2011

Координатор на проектот: Елена Гулевска Асистент на координаторот: Тамара Василковска Вкупно три проекции Над 260 учесници Овој тим во текот на изминатата година, направи три успешни настани во склоп на проектот. Првиот Мovies&Medicine се одржа на 23 Март 2011година. На наша голема чест, поканата за да биде водач на проектот, беше прифатена од Проф. Д-р. Весна Велиќ Стефановска. Умешно и професионално, како што таа и знае најдобро да го прави тоа, со нејзината способност перфектно да ги води дискусиите, ги навлече сите присутни да дискутираат за темата на филмот, како и за некои други теми во врска со Медицината. Темата на филмот беше од областа на епидемиологијата, специјалност на професорката, епизода од добро познатата серија MD House, насловена како „Maternity”, која е четврта епизода од првата сезона на истоимената серијa. Вториот проект на Movies&Medicine, се одржа на 27 Април, 2011 година, под водство на Проф. Д-р Снежана Марковиќ Темелкова, професор на Клиниката за ендокринологија, која по своја желба го одбра филмот чија тема е многу популарна во ова модерно време помеѓу младите, за која многу се истражува, односно аутизам. Филмот “Temple Grandin”. Третиот проект на Movies&Medicine, се одржа на 2 Ноември 2011година и беше еден од најголемите успеси на Мovies&Medicine, а воедно и на ЕМСА - Македонија. Во присуство на околу 200 студенти во Свечениот амфитеатар на Деканатот на Медицински факултет, под водство на Проф. Д-р. Лилјана Милекова од институтот за хистологија и ембриологија, беше проследен филмот “Human Body - Everyday miracle” во продукција на светски познатата телевизија ВВС. Студентите беа импресионирани од овој настан и беа презадоволни од целокупната организација од страна на нашиот тим на Movies& Medicine како и Професорката Миленкова.

19 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ion

Крводарителска Акција

Координатор: Марија Бундовска 2 крводарителски акции Над 80 учесници Соработката помеѓу ЕМСА – Македонија, Заводот за Трансфузиологија и Д-р Розмари Каламарис и оваа година продолжи. Во изминатава година реализиравме уште две крводарителски акции, едната пролетна, на ден 19.04.2011 и другата есенска, на 22.11.2011 година, секоја во времетраење од 3 до 5 часа. Заинтересираноста и што е најважно желбата од страна на членовите на ЕМСА – Македонија беше на завидно ниво, ја покажаа својата хуманост, а нас како организација и лично и мене како координатор на овој проект, ме прави многу среќна и ми дава мотив за организирање на уште многу наредни крводарителски акции. Оваа година учество земаа 83 студенти при што беа собрани 51 крвна единица. Идејата на овие случувања е да ги поттикнеме студентите и членовите да ја разбудат човечноста во себе и со тоа да спасат нечиј живот. Годинава направивме прогрес и изработивме дата база на крводарители на ЕМСА – Македонија, па така истите можат да бидат повикани секогаш кога ќе има потреба од определена крвна група. Соработката со Заводот за трансфузиологија и Д-р Розмари Каламарис продолжува и во наредната 2012 година. И не заборавајте: НАЈСРЕЌЕН Е ОНОЈ ЧОВЕК КОЈ ДОНЕЛ СРЕЌА НА МНОГУ ЛУЃЕ!

| 20


ЕМСА Отворен ден

Дата: 29.09.2011 (четврток) Место: Институти на Медицински факултет-Скопје Координатор: Ивана Ѓорѓевска, Гордана Георгиева На 29 септември оваа година во просториите на Институтите на Медицински факултет во Скопје се одржа еден од бројните проекти на ЕМСА-Македонија. Проектот со име “Отворен ден” е инспириран од потребата да се информираат студентите што претставува ЕМСАМакедонија,која е нејзината цел и визија, кој се нејзините проекти, каква е нејзината структура, да се посочат соработките со други невладини организации итн. Во 10h истиот ден волонтерите заедно со членовите од ИО кои активно учествуваа во овој проект, поставија штанд на кој беа изложени бројни информативни брошури, со опис на проектите на ЕМСА-Македонија. Исто така посетителите можеа да земат и примерок од официјалните работни книги од првата и втората летна школа, како и портфолио од ЕМСА Европа како би се запознале со работата на ЕМСА на интернационално ниво. На секој заинтересиран студент му беше пружена и шанса да стане член на оваа невладина, непрофитабилна и студентска организација. Волонтерите организирани во неколку смени работеа под надзор на претседателот на ЕМСА-Македонија, Борислав Манев и на координаторите. Смените беа од 10-12h, од 12-14h и од 14-16h. Работата на волонтерите вклучуваше информирање на посетителите за работата на ЕМСА-Македонија, како и делење на флаери и брошури. Студентите кои дотогаш не беа запознаени ги добија сите потребни информации за ЕМСА-Македонија и за можностите кои истата ги нуди на ниво на медицинска едукација, унапредување и доусовршување на знаењата, нивна употреба во секојдневната пракса, практично искуство на полето на хуманоста итн. Истиот ден во вечерните часови се одржи и мала забава во ресторанот Dion со цел да им се посака добредојде на новите членови, да се остварат контакти помеѓу старите и нови членови и

да се споделат искуства. На овој настан се зачленија -------- членови од кои -------активни. Забавата беше со голема посетеност.

21 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

Time management Training

Дата: 28.09.2011 Место: Деканат на Медицински Факултет Тренер: Борислав Манев На ден 28 септември, во просториите во Деканатот на Медицински факултет се одржа тренинг сесија за 14 студенти од сите шест години, членови на ЕМСА - Македонија. Под насловот „Менаџирање на време„ сесијата претставуваше само најава на тренинг системот што ЕМСА – Македонија го подготвува како еден дел од акциониот план за 2012-15 година и ќе биде наменет за сите членови на ЕМСА, студентите при медицинскиот факултет во Скопје како и за студенти од другите факултети кои сакаат да се едуцираат и надградуваат надвор од факултетските клупи. Овој тренинг се содржеше од две сесии и повеќе практични игри. Во првата сесија покрај дефинирање на поимите и неколку интерактивни игри, учесниците ги презентираа своите очекувања и секојдневни проблеми поврзани со организирање на обврските во дваесет и четири часа. Во втората сесија беа презентирани неколку методи и техники за дефинирање на нашите приоритети и системи за борба против натрупување на задачите. Реакциите на присутните беа позитивни, па затоа очекувајте ги следните ЕМСА настани од овој тип.

| 22

ion



ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

ЕМСА Пикник

Дата: 30.04.2011 Место: Куќа во Волково Координатор: Ивана Ѓорѓевска На ден 30.4.2011 (сабота) во организација на ЕМСА-Македонија во скопското село Волково се одржа мал пикник за членовите на организацијата. Истиот беше посетен од околу 30 членови, а главната цел беше дружење надвор од работните обврски и обврските од факултетот. Во пресрет на 1 Мај и како замена за пролетниот ден кој оваа година не се одржа, членовите се дружеа и забавуваa, се играа карти, рагби, се пееше и одмараше. Скарата беше успешно подготвена и многу вкусна. Пикникот траеше до подоцните попладневни часови.

| 24

ion


Мотивационен викенд: Life hacking Дата: 04.11-06.11.2011 Место: хотел Молика, Пелистер Координатор: Емилија Јовановска Сосема намерно, идејата да се запознаат студентите по медицина со техниките на успешно функционирање низ животните предизвици успешно се реализираше. Имено во периодот од 4-ти до 6-ти ноември оваа година на падините на планината Пелистер во топлиот и преубав хотел Молика се одржа Првиот ЕМСА-Мотивационен викенд: Life hacking, под мотото: Start a crusade in your life. Dare to be your best. Учество земаа студенти од медицински, земјоделски и електротехнички факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Тренинзите опфатија: • • •

Team buildings and team dynamics Stress management and burnout, Conflict management Public speaking, Presenta on skills, Self confidence

Сесиите беа предводени од веќе докажани тренери: Борислав Манев (EMSA), Стефан Митески (EESTEK), Ива Илиеска(AEGEE), Тихомир Милев (IFMSA). Тренинзите беа забавни и едукативни, со интересни енергетски игри и многу корисни совети кои ќе им помогнат на младите да се справат со секојдневните проблеми и да бидат поуспешни во се што работат. На еден доста иновативен начин тренерите успеаа да ја разбудат креативноста во учесниците, да ги предизвикаат нивните потенцијали кон докажување и да ги покажат на виделина нивните скриени способности. Дружењето и забавата беа неизоставен дел, кои придонесоа овој Мотивационен викенд да остави преубави спомени кај сите учесници, за новите пријателства кои се родија, за старите што се зацврстија и да остане желба за уште многу други Мотивациски викенди. И за крај, порака од учесниците: Expect problems and eat them for breakfast!

25 |


ciat o s s A e nt s’ d u t S l a c i d Europ e an Me

AIDS day

Дата: 01.12.2011 Место: Рамстор, средни училишта во Скопје Координатор: Момир Дејановиќ Во пресрет на денот посветен на борбата против СИДАта, ЕМСА Македонија зема свое учество со организирање на проект кој опфаќаше неформално образование во средните школи “Орце Николов“ и “Јосип Броз-Тито“, зафаќање на штанд во Рамстор за дневните активности на самиот ден и вечерно организирање на забава во клубот “Make Up“. Координатор на проектот беше Момир Дејановиќ, кој заедно со уште 9 членови ги организираше предавањата во средните училишта, а активностите кои се исполнија на 1ви декември беа покриени со 40 членови. Известувањето за овој настан меѓу членството на ЕМСА се одвиваше преку нејзините страници на Facebooк, а можеше да пристапи секој. Антиципирањето на проектот започна со состанок на 21 ноември од 17ч, во амфитеатар бр.4, кој беше првичен и наменет за запознавање на учесниците со активностите кои би се одржале во средните училишта. Беа давани идеи за како да се сочини престојот во училниците, и како најприфатлив се усвои распоредот кој би почнал со brainstorming, по што би следела презентација за СИДА, подготвена од волонтерите, поделување на анкетни листови за да се види feedback-от и знаењето на средношколците, и делење на презервативи, а како дата за предавање во СУГС“Орце Николов“ беше договорена 24 ноември од 17ч. Во СУГС“Орце Николов“ предавањето се одвиваше во нивната читална/библиотека, во присуство на педесетина ученици со возраст од 18 години, а распоредот идеше по предвидениот план. Вниманието од учениците беше на задоволително ниво, а после извршената анкета учениците беа задржани за да им се укаже на неколку грешки кои беа поврзани околу СИДА-та. На 25 ноември во 16ч, се одржа втор собир за да се соберат впечатоците околу првото предавање и да се договорат дневните активности и забавата кои би се одржиле на 1 декември. Беше започнат список на волонтери кои би се менувале на смени за време на одржување на настанот во Рамстор, како и доделување на работни задачи околу тоа. Меѓу другото, беше започната и соодветна пропратна Facebook промоција.

| 26

ion


На ден 30 ноември во 16.45ч, тимот повторно се собра за да одржи презентација во СУГС“Јосип Броз-Тито“. Предавањето се одржуваше по очекуваниот распоред, во училна со присутност на 30 ученици од IV година, кои ни посветија внимание, беа коректни и ни возвратија со одличен feedback. Околу самиот ден на борбата против СИДА, предвидено беше да се организира од 11 до 15 часот активност која вклучуваше делење кондоми и панделки, поставување прашања и споделување факти околу самата болест со минувачите, со цел да се подигне нивната свест за преносот на вирусот на ХИВ и вршење медиумска промоција. Одзивот беше висок од самото членство на ЕМСА, а исто така дојдоа и поканетите членови на “AISEC Macedonia”, “Младите можат” и “Млади за љубов“. Волонтерите се организираа во две смени од по два часа, при што најголемиот дел беше ангажиран

околу изработување и поделување на панделките и објаснување на значењето на овој ден на минувачите. Вечерта во 21ч беше забавата во Make Up, каде што се појавија голем дел од членството на ЕМСА, посебно најмладите припадници од 1ва година. За на крај, мора и да се спомене околу промоцијата на овој ден и борбата против СИДАта. Момир Дејановиќ и Билјана Кузмановска на 1ви декември учествуваа во утринската емисија на Канал 5 и разговараа за значењето на овој ден. Момир и Ивана Ѓорѓеска снимија прилог околу овој ден за Алфа ТВ, Драган Цибрев изработи статија за во студентското списание “Излез“, а Ивана успеа да изврши и промоција на неколку веб портали. За време на збиднувањата врзани околу овој проект, постојано се вршеше и Facebook промоција, која беше пропратена со висок одѕив.

27 |


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.