БОШ 11 фестивал - програма

Page 1

22-25 Aвгуст, 2019 Гевгелија

БОШ 11 РЕХАБ „НЕ СА ЗАМАРИ“

ПРОГРАМА


ЧЕТВРТОК 22.08 19:00 - Народен театар

АРТ РЕЗИДЕНЦИЈА ПАПРАДИШТЕ Kолективна изложба

“Уметничка резиденција Папрадиште“ е органски спој на експерименти во областа на ликовната и музичката уметност. Се одвива во (о)слободен простор на 1000 метри надморска височина. Замислена е како утописка заедница – платформа чија основна цел е поставување на ефикасни модели на самоорганизација и солидарност преку зацврстување на креативното вмрежување во Македонија и регионот. На изложбата ќе бидат претставени уникатни графики создадени низ процес на колективна работа во текот на резиденциите во август 2018 и 2019 година, создадени врз принцип на “сито без хемија“ односно печатење без осветлување, преку техники на планирано и непланирано печатење колажирање и директни интервенции со цртеж. Резиденцијата се случува како резултат соработка на Задруга 5060, ЕК Грин Пауер и Партизанска штампа. 20:00 - Народен театар

ЛЕТНО КИНО

Селекција од кратки филмови „ВОДАТА“ (8’25’’) Краток документарен филм кој е снимен во Пустец, Албанија. Водата е метафоричен поглед на животот во суша на луѓето кои живеат во Пустец, покрај Преспанското езеро. Во филмот покрај OPIUM Film, ко-продуценти се Balkan’s Gate од Албанија, Espectro MX Films од Мексико од каде е актерот Кристо Фернандез кој има носечка улога во филмот и Peak Production од Македонија. Музиката во филмот ја изработи Александар Томевски, звучниот дизајн е на Слободан Трајкоски, а


идејата, режијата и сценариото, камерата и монтажата се на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. „THE WOMAN IN PURPLE“ (20’) Во 2016, Алгин и нејзината екипа започнуваат со снимање на документарниот филм “The Woman in Purple” кој го истражува зголеменото насилство врз жената во Турција, каде секој ден, најмалку две жени го губат својот живот. Ловејќи приказна за жртва на семејно насилство, членовите на екипата самите стануваат жртви уловени во приказната, оставајќи го зад себе само снимениот материјал. Режија: Александра Кардалевска и Onur Ozcan. „ПОСЛЕДНИТЕ КАМБАНИ“ (13’) Последниот преостанат жител, еден изнемоштен старец, на едно старо и напуштено село комуницира со последниот жител на соседното село преку црковната камбана. Повеќекратно наградуван краток филм по светски фестивали, во режија на Николче Поповски, продуцент Гоце Кралевски. „КОГА НÉ НЕМА“ (19’16’’) Кратка драма во продукција на Quasar Film, режија на Стефан Палитов. Што се случува кога во хармонична и креативна семејна атмосфера настапува неочекувана смрт? Борбата која останува кога нé нема, е оставена на оние после нас. Ова е приказна за семејство во кое таткото Борис и малата ќерка Сара се оставени да се соочат со загубата на нивната сопруга и мајка. Тие мораат да си ги најдат улогите во новата состојба и да продолжат со животот… „DISCONNECTED / БЕЗ ВРСКА“ (22’) Раскажува за неочекувана средба помеѓу млад дечко и возрасна жена, средба од која засекогаш ќе се испреплетат нивните животи. Режија и сценарио Радован Петовиќ.


БОНУС ФИЛМ: „ТРАНЗИТ“ (11’) Транзит е филм за борбата на дете медиум кое пробува да се ослободи себе си и својата баба ангел чувар од комплексниот однос што го има со својата депресивна мајка. + „ИСЦЕЛИТЕЛ“ (104’) Исцелител (Secret Ingredient, Тајната состојка) македонски филм, во режија на Ѓорче Ставрески, кој истовремено е сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски. Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови. Една социјална приказна која дава јасна слика за условите во кои живее и работи современиот човек во Македонија. Филмот создаден само заради посветеноста и ентузијазмот на целата екипа, го освои светот, со повеќе од 17 награди за најдобар меѓународен филм.


ПЕТОК 23.08 19:00 - Амам

ОТМЕНИ СВЕЧЕНОСТИ

Амбиентална изложба на Ѓорѓи Митревски Инсталација од звуци и фотографии на Ѓорѓи Митревски, чија цел е да понуди едно поинакво доживување на Амамот во Гевгелија. Некогашната бања повторно ќе вибрира низ сензибилитетот на телата видени низ уникатната перцепција на авторот. Едно поинакво доживување која ќе ги заголицка сите ваши сетила. Амамот како место за опуштање, лекување и обновување на телото со уметност. Ѓорѓи Митревски живее и работи во Скопје и Маврово. 21:00 - Народен театар

ПОСЛЕДНИОТ ПЛАЧ

Изложба на колективот „Le Dernier Cri“ + музички перформанс нa Пакито Болино MONDO DC Le Dernier Cri е работилница за сито печат, креирана во 1993 година од пепелта на француското графичко подземно движење од 1980-тите. Пакито Болино е Мастерот на сито печатот во La Dernier Cri. Со својата полиморфна, мутантна, протејанска и интрузивна независна уредувачка структура, Le Dernier Cri генерираше повеќе од 400 монографии и колективни книги во различни формати (од книга до постер, до кадрирање) во ограничено издание (помеѓу 100 и 1000 примероци). На изложбата ќе биде прикажан опус од 30 графики на различни уметници од целиот свет, а Пакито Болино ќе настапи и со музички перфоманс на СВЕТ ДЦ , своевиден саундрак во живо на видео анимација колаж од 40 уметници (MONDO DC).


22:00 - Народен театар

ЦЕНТРИФУГА КАРАВАН

Групна Изложба + музички концерт + перформанс ГРУПНА ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ ВО СИТО ПЕЧАТ: Ангелес Алакорн (Angeles Alarcon) Оливиа Пилс (Olivia Pils) Вернер Кернебек (Werner Kernebeck) Марко Кројач (Marko Krojac) МУЗИЧКИ КОНЦЕРТИ: Игназби (Ignatzbee) Аранжмани и тонец / полимеханика / невидливост. Бендот именуван за да ја придружува Fake Mistress (The Band to be formed featuring Fake Mistress) Во рамки на JEKAMI традицијата на Czentrifuga, направен е нов бенд, составен од членовите на бендот кој патуваат заедно. „Додека патуваме ќе имаме време за вежбање и ќе собираме звуци и имресии за нашиот сет. Во бандата, има и еден прекрасен глас на Fake Mistress.“ Паднатите ѕвезди (Czentrifuga Fallen Stars) Надреален колектив кој доаѓа од спротивната страна на времето. Во долгите години на долги меѓуѕвездени патувања, патувајќи низ царства на хаосот преку разлилчни созвездија, групата на неколку музичари, танчери и перформери собира звуци, еха, универзални мелодии за да ги измеша заедно. Големиот бенд кој доаѓа од иднината! ДиЏеј Олиас Санхилоу (Dj Olias Sunhillow) Длабок бас од Обединетото Кралство и отаде. ДиЏеј Кројач Прототехно и Индустриски денс класици.


Перформанс Давид & Вернер (David & Werner) Czentrifuga е заедничкото име за простор и уметници, кои работат заедно во рамки на JEKAMI (Jeder Kann Mitmachen! = Everyone Can Join in) односно за работилници, во кои што секој може да се приклучи. Работилници за печатење на сито, работилници за дециклиран декор, костими и перформанс (Gogo Trash), 2D и анимации со глинa. Неговите членови воглавно работат волонтерски и претставуваат микс од сите возрасти, полови и потекла. Овој НАПРАВИ САМ Колектив и индивидуалните уметници во него, бил дел од многу изложби и презентации низ Европа, Балканот, како и Москва и Њујорк. Овие акции и настани играат значајна улога во претставувањето на севкупната работа на менторите, односно презентираат суштествени социоекономски теми пред поголема публика. Форматите се флексибилни и интуитивни за сите креативни идеи. Учесниците се охрабруваат да си помагаат, да разменуваат идеи и вештини во креативна, споделена средина развивајќи заеднички проекти и имајќи збор во процесот. 00:00 - Дискотека De Facto

ТRAP DA FUCK UP - LIVE Trap Da Fuck Up е колектив на артисти кој прерасна во водечко движење за трап музика во Македонија. Почнувајки од 2014 година, колективот стана познат по своите одлични забави на кои успеа, да ги обедини фановите на новиот музички бран, како и трап артистите од републиката. Во изминативе пет години TDFU го остави својот печат на повеќе од 40 настани, со што помогна да се создаде трап сцената во Македонија. Моментално колективот е предводен од артистите Irie Scratch, Druggy и Marsa, но на нивните настапи секогаш можете да видите и гостувања на артисти од новиот трап бран.


САБОТА 24.08 19:00 - Ракометно игралиште

БОШ АЛТЕРНАТИВНО КАТЧЕ САЕМ НА АЛТЕРНАТИВНИ ИЗДАВАЧКИ ПРОДУКЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ Обид за децентрализација на алтернативната продукција. На мегдан. Во средина на градот на казината. Да засјае, да блесне, она што се било скрило. На еден куп неколку алтернативни дејци, многу бои, храбри луѓе и колективи кои создаваат на пркос на униформноста, идентичноста. Уметност која нема да ве остави рамнодушни ниту во својот формат, стил, израз, а најмалку во својот наратив. Сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне, а можеби ќе најдете и нешто што нема да ви се допадне. Партизанска штампа Алтернативен колектив за сито печат. Мајка Мајка Матријаршија, Татковци: Марко Кројач, Миле Ничевски, Пакито Болино. Арт Еквилибриум Изваваштво кое соработува со различни колективи во областа на музиката, графиката и поезијата. Матријаршија Самоодржлив организам, автономен алтернативен културен центар, ФИЈУК дистрибутивна мрежа и издаваштво во рамки на ТУРБОСТРИП. PMG Recordings Независна дискографска куќа која во изминативе години е значаен фактор во домашните музички превирања, голем поддржувач на новата алтернативна музичка сцена и на бендовите од новата генерација.


Out Design Автономен концепт во областа на применетиот дизајн базиран врз принципите на ефикасност, интимност, убавина и атмосфера кој за осветлувањето алтернативното катче на БОШ 11 ќе изразботи уникатна едиција од бетон. СловоКулт::Литератур/а SlovoKult::Literatur/a (СловоКулт::Литератур/а:: www. slovokult.eu) е двојазично онлајн списание за избрана современа и незаборавна поезија, проза, критика, превод и уметност со седиште во Берлин и од 2015 досега има реализирано две колекционерски изданија. Од 2018 SK::L започна и со реализацијата на биеналниот фестивал SlovoKult::literARTour::. На саемот ќе ви понуди квалитетни преводи на прозни дела од германското говорно подрачје, кои биле издадени за Блесок меѓу 2009 и 2015 година. Александар Дениќ Уметник кој слика, црта и пее самостојно и во рамки на неколку колективи од Белград, Србија. Современо – традиционален визуелен интерпретатор на локалните поп култури, создава слики кои предизвикуваат лавина коментари од публиката. На што ли ќе го инспирира нашата локална култура? Центрифуга Колективот Центрифуга освен саемското изложување ќе постави и работилница во која СИТЕ СЕ ПОКАНЕТИ да експериментираат во областа на музиката и сито печатот. „Примери“ – работилница за стрип со БОШ Фестивал Примери е стрип, концепт, начин на живот. Бесконечен наратив низ стрип. Поставена по принципот на СТУДИОСТРИП со машина што печати, копира и принта можеме да додадеме уште страници на веќе постоечките прототипови. Да ги надополниме со наративи од БОШ


фестивал, низ цртање, лепење, монтирање да направиме примери во „Примери“. Tома Димовски Уметникот Тома, ќе ни се претстави со своите музички склуптури рачно изработени од дрво. Истите ќе бидат поставени во просторот и слободни за експериментирање, создавање, музицирање и творење во соработка со авторот. Уникатно музичко – експериментално доживување. БОШ компилација – слушачка промоција Компилација лансирана како производ и заокружување на десетгодишното постоење на Бош фестивалот. Интернационална компилација составена од десет нумери од бендови кои настапувале на Бош фестивалот во изминатите десет години. 20:00 - Амам

ИЗЛОЖБИ Наташа Великчовска ЕСТЕТИКА НА СЕКОЈДНЕВИЕТО Изложба на фотографии Наташа Величковска е набљудувач и прераскажувач односно собирач на приказни. Нејзините фотографии го бележат духот на современото живеење и латентните задоволства на секојдневието. Фотографиите на концептот „Естетика на секојдневието“ постојат со двоен живот, приказната на субјектот и ненаметливото романтично толкување на објективот, преку кое го гледаме и односот на авторката кон медиумот – искрен и идеализиран. Низ три целини на концептот: портрет, улична фотографија и наративна фотографија, односно фото есеј, изложбата го става во преден план „случајниот минувач“ од која било драма.


Доследни се заедно, ширејќи атмосфера како на среќа која тлее во мирно летно попладне. Љубица Делиманова СКРИЕНИ СВЕТОВИ Изложба на цртежи Интензивно и отворено Љубица Делиманова преку цртеж ја разкажува својата внатрешност, она што неможе да се види со голо око, но и она што авторите може да го доживеат само кога ќе успеат вистински да се вознесат во длабочините на сопственото јас. Ако погледнете убаво ќе видите и нешто од себе си, од длабокото колективно несвесно, она што не поврзува и ни дава извор за живот, а можеби и ќе се охрабрите да цртате, затоа што цртањето не е само дар за боговите, туку неопходна алатка за поквалитетен живот со себе. Љубица Делиманова е родена и живее во Гевгелија. На изложбата ќе бидат претставени цртежи во различни техники (дрвени бои, фломастер и водени бои). Марко Кројач СПОМЕНИЦИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА Изложба на фотографии печатени во сито техника Марко Кројач (во анаграфот Marc Schneider, 1968), кој живее и работи во Берлин, е постариот брат на независната сцена: слободен уметник, активист, сквотер, музичар, ди-џеј и хроничар. Повеќе од 15 години, посветено ги документира монументалните споменици на НОБ на просторите на поранешна Југославија. Денес е дел од мултимедијалниот колектив Центрифуга од Берлин, каде активно музицира и работи со сито печат. Изложувал во Токио, Женева, Белград, Берлин, Париз... Неговата изложба на фотографии печатени во сито техника под наслов „Споменици на Револуцијата“, ги архивира партизанските споменици од бивша Југославија и покажува како се менувале културните сеќавања и


концептите на идентитетот на балканските простори од Првата светска војна до денес. Изложбата, чиј фокус се спомениците во Македонија, не соочува со реалната состојба на овие ремек дела, некои од нив реконфигурирани, напуштени или заборавени, но се’ уште живи централни места на сеќавањата, историјата и комеморацијата. 21:30 - Ракометно игралиште

КОНЦЕРТИ НАРДИС - LIVE Инструментално дуо. Гитара, контрабас, игра, хармонија, движење, џез. Филип Динев и Пенче Кралев. ФОЛТИН - LIVE Битолскиот бенд чија музика е тешко да се дефинира, обично се опишува како надреална, старасна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, со примеси на повеќе жанрови. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрнтско кабаре и често нивните концерти се претвараат во вистински перформанс. Бендот има настапувано на многу музички и театарски фестивали и повеќекратно бил наградуван за својата работа. МАРС - DJ СЕТ Александар Сандревски познат како Dj Марсо е роден во 103јка. Пораснат во Скопје, натурализиран гевгеличанец, по убедување марсовец. Ќе ви пушта музика за утринска гимнастика и разгибавање. Чувајте коските, ќе ви требаат. VJ СЕТ – ВИДЕО ПОДГОРЕЦ


НЕДЕЛА 25.08 12:00 - Сифулајка

BOSH RECHARGEABLE Целодневен настан и плажирање на Сифулајските острови. BOSH RECHARGEABLE е точка-репетиција на секој БОШ. Toa е точка која се случува сама од себе со само мал физички напор за залет удолу кон планинската река Сифулајка. - Потребно за понесување со себе: Акумулирани замор и жештина за потопување во rechargeable студената вода и дух за дружба. - Потребно (незадолжително) за понесување со себе: Купачи костимчич, пешкир и тепалка за коњски муви. + FAT KITCHEN Нашето ново омилено шоу за готвење со Никола Исаиловски a.k.a. Fat Cacko! 21:00 -

Народен театар

ЦРНИЛА РЕМИКС

театарска претстава (МКЦ продукција) „Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад Аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата. Идеја и режија: Јордан Симонов Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“)


Улоги: Луков – Стефан Вујисиќ Фезлиев – Александар Михајловски Хонда Иван – Владимир Петровиќ Методи – Горан Ников Младичот – Ненад Анѓелковиќ Неда – Сања Арсовска Христов – Павле Димковски Асистент на режија: Виктор Рубен Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска Видео: Милан Блажевски, Борис Таковски Дизајнер на тон: Симон Кипровски Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски 22:00 - Народен театар

DJ PERESITO - DJ СЕТ

Со радост ја поканивме Johanna Peresito, пријателка на Бош, да царува со нумери и траки, да не згрее и размрда, да не отвори за нови видици и нови потези за да можеме видиме и чуеме, но и да се мрднеме повеќе со музиче од исток па се до запад директно на југ.


ОРГАНИЗАТОР:

ПАРТНЕР:

ПОДДРЖУВАЧИ:

Министерство за култура на Р. Северна Македонија

СПОНЗОРИ:

BERIN

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛ:


http://www.boshfest.com


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.