Issuu on Google+

ОКТОМВРИ 2013 • Бр. 60

членско списание

Светска недела на корисничка услуга во АМСМ

Со задоволен вработен, до задоволен корисник KIA CEE'D 1.4 EX

Кореец создаден по европски терк Светско првенство во Формула 1

Круната го чека Фетел 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) м-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

исправно возило, услов за безбеден сообраќај Врнежливото време и влажните коловози ќе бидат честа појава што не ќе можеме да ја избегнеме во наредните есенски денови, а тоа налага дополнително внимание при управувањето со возилата. Но, само со исправно возило може да се исполни еден од условите за безбедност во сообраќајот. Поради тоа, како и вообичаено и оваа година АМСМ ја спроведува акцијата за бесплатна зимска проверка на возилата која ќе трае од 15.11 до 15.12.2013 година. Закажете го вашиот термин, една недела пред почетокот на акцијата, на телефон 3181-181. Во светот на економијата е добро познато правилото дека задоволен корисник на услуга може да се забележи само ако ја добил од задоволен вработен. На повеќето менаџери им е јасно дека стимулирањето на вработените значи уште еден чекор напред, бидејќи покрај финансискиот ефект се добива и лојалноста на корисникот-купувачот на услугата. Движејќи се во насока на ваквите современи трендови и АМСМ организираше Недела на корисничка улога во АМСМ, при што беше потенцирана важноста на корисничките услуги, но и значењето на улогата на вработените, без чиј ангажман и посветеност не би се постигнале значајни резултати. Во овој октомвриски број обезбедивме теми што ќе ви го привлечат вниманието и од кои ќе можете да се информирате, но и нешто да научите. Следното издание на „АМСМ Клуб мобилити“ очекувајте го во ноември, во електронска верзија на вашите меил адреси и на нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk

Лектор: Момент Мал

Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Тираж: 10.000 примероци Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернетизданието на списанието „АМСМ Клуб мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


С ОД Р Ж ИН А

7

НОВОСТИ ПРВИОТ ЕЛЕКТРОМОБИЛ ОД МИНХЕН

СТИЛ 34 БАСНОСЛОВНИ ЦЕНИ ЗА...ЌЕФ

8

НОВИОТ ЛЕКСУС ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

ПОЗНАТИТЕ КАКО ЧЛЕНОВИ НА АМСМ 36 АКТУЕЛНО И ЗАБАВНО, СПАКУВАНО НА УНИКАТЕН И НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАЧИН

АМСМ 12 СО ЗАДОВОЛЕН ВРАБОТЕН, ДО ЗАДОВОЛЕН КОРИСНИК АВТО-МОТО 18 ПРИСТИГНА НЕЈЗИНОТО ВЕЛИЧЕСТВО! 21 кОРЕЕЦ СОЗДАДЕН ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 24 АВТОМОБИЛ НА ТЕМПИРАНА БОМБА ПАТУВАЊА 30 ЦАРСТВО НА МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА

историја 38 НАЈДОБРОТО ОД ШВЕДСКА ПОСЛЕ АББА hi-tech 39 КРЕИРАЊЕ ЕНЕРГИЈА ВО РАЗЛИЧНИ НОВИ ФОРМИ спорт 40 ЕВРОПА Е НОВ ПРЕДИЗВИК 44 КРУНАТА ГО ЧЕКА ФЕТЕЛ 48 ОЖИЕ Е НОВИОТ КРАЛ НА РЕЛИТО

12

18

30

34 44

40 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


новости

АЛБАНИЈА ЗИМСКА ОПРЕМА Нема законскa обврска за користење на зимски гуми, но задолжително е да се поседуваат синџири во возилото, од 01 ноември до 30 април 2013 година. • УНГАРИЈА глоба за прекршоци Минимална и максимална глоба Глобота на лице место може да изнесува од 3,000 HUF до 150,000 HUF. Пример за максимални казни: Пребрзо возење во зона дозволена до 50 km/h 30,000 HUF

- 75-85 km/h

45,000

- 85-95 km/h

60,000

- 95-105 km/h

90,000

- 105-115 km/h

200,000

- 115-135 km/h

300,000

Пребрзо возење во зона дозволена до 90 km/h - за 15 до 30 km/h

30,000

- за 30 до 45 km/h

45,000

- за 45 до 60 km/h

60,000

- за 60 до 75 km/h

90,000

- за 75 до 90 km/h

130,000

- за повеќе од 105 km/h

300,000

ФРАНЦИЈА Поголеми глоби за казни на лице место На странските возачи може да им биде изречена казна до 750 евра, на лице место, од страна на француската полиција. • Унгарија патарина Предупредување Од почетокот на 2013 година, Друштвото за управување со државниот автопат во Унгарија (ААК) постави 6 мобилни мониторинг единици задолжени за одредување на мандатни казни на возачите кои немаат вињета додека возат по автопатиштата. Глобата е 14.875 Hug ако се плати во рок од 30 дена. ААК спроведе студија која покажува дека 78% од возачите без вињета се странски државјани. • Белгија рефлектирачки елек На местото на дефект или несреќа на автопат, на пат за моторни возила, или на пат каде запирање или паркирање е забрането, задолжително е, и дење и ноќе, возачите да носат рефлектирачки елек кога излегуваат од возилото. Паричната казна е 55 евра. • Шведска брзина/правила Кога автобус запира на регуларна станица, а на задниот дел има ознака „30“ возачите кои го одминуваат мораат да ја намалат брзината на 30 км/ч. • 6

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

- 65-75 km/h


новости

Jaguar

Спортски кросовер со мачка на носот

BMW

Првиот електромобил од Минхен

B

MW го претстави првиот електромобил во историјата на марката. Моделот ја носи ознаката i3 и истовремено беше прикажан во три града: Њујорк, Лондон и Пекинг. Дизајнот ги следи смерниците зададени од концептот i3 Concept Coupe со нагласена маска и светла со LED технологија. Шасијата е монокок од карбон-фибер на која се прикачени рамки од алуминиум за механичките компоненти. Електромоторот од 170 КС и 250 Nm се напојува од литиум-јонски батерии со капацитет од 22 kWh кои тежат 200 kg. •

П

рвиот кросовер во историјата на традиционалната британска марка Jaguar е изграден околу првиот алуминиумски монокок во сегментот. Jaguar сака C-X17 да биде најнапредниот, најефикасниот и најрафинираниот спортски кросовер. Под хауба ќе работат четирицилиндрични турбо мотори. Станува збор за модерни изведби на моторите кои работат во Range Rover Evoque. Врвот од понудата е V6 со турбо натполнење и моќност од околу 340 КС. Големата моќност, лесната каросерија и ниското тежиште ќе му овозможат на C-X17 да биде репер во класата. •

Skoda

Произведена 4 милионитата Octavia

Peugeot

Б

Лутина и бес зрачат од 308 R

есната изведба на новиот Peugeot 308 ја носи буквата R која кажува дека станува збор за сериозно навиен автомобил. Моторот е земен на заем од купето RCZ-R кај кого во Peugeot Sport од 1.6 литри извлекле 270 КС и 330 Nm. Менувачот е рачен со 6 степени, а диференцијалот е Torsen и ја подобрува тракцијата. Подвозјето доаѓа од светот на мотоспортот со стегнати пружини и амортизери и го поставува 308 R 26 mm поблиску до подлогата. Воедно ја зголемува трагата за 30 mm, а добива и сопирачки дискови од 380 mm. Peugeot 308 R се уште ѐ концепт, но судбината нема да му заврши на подиумот на светските автосалони. •

Ч

етири милиони автомобили со логото на Octavia се испорачани во светски рамки во периодот меѓу 1996 и 2013 година. Оваа импресивна бројка претставува околу 38% од вкупната продажба на чешката марка. Јубилејниот автомобил од трета генерација на Octavia обоен во боја Race Bluе се симна од производната лента на фабриката во Млада Болеслав како круна на континуиран успех кој поставува стандарди во компактната класа. Новата Octavia нуди квалитети на лимузина по цена на компакт. Таа е првиот комплетно нов модел на Skoda по падот на железната завеса и на пазарот се појави во 1996 година. • 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

7


Новости

Над 1200 посетители на седмиот Октоберфест во Скопје

Н

а 26 септември 2013 година, во дворот на Маккар – BMW, на улица „Скупи“ во Скопје, се одржа седмиот по ред DMWV „Октоберфест Скопје 2013“, чиј генерален спонзор беше Маккар. Овогодинешниот настан организиран од страна на Македонско-германското стопанско здружение и Претставништвото на унијата на германските го отворија Генералниот секретар на Македонско - Германското стопанско здружение, Маријан Малинов, и Амбасадорот на СР Германија во Македонија, г-ѓа Гудрун Штајинакер. Гости од над 400 компании, но и претставници од дипломатскиот кор во Македонија, имаа можност да ја дегустираат големата понуда на баварски колбаси и кулинарски специјалитети, како и седум видови на германски пива, кои беа послужувани од угостителки облечени во автентични баварски носии. Покрај традиционално облечените келнерки, посетителите можеа да си ги насладуваат очите и на BMW и MINI моделите на Маккар кои беа истакнати за оваа прилика. За атмосферата да биде целосна, македонскиот бенд „Деј оф“ приреди петчасовно шоу за присутните гости. Македонско-Германското стопанско здружение и Претставништвото на Германското стопанство во Македонија, заедно со Маккар на крајот на вечерта ги поздравија сите присутни со желба за идна дружба и го најавија следниот „Октоберфест“, во септември 2014. •

Новиот Lexus IS пристигна во Македонија

В

о 1999 година, на пазарот се појави првиот Lexus IS чија задача беше да привлече помлади купувачи преку својот уникатен и моќен дизајн како и спортските перформанси. Во 2005 година, на сцена стапи втората генерација на IS која понуди технички карактеристики и опременост кои до тогаш не биле достапни кај конкурентните модели од премиум сегментот. Третата генерација која сега е достапна и на нашиот пазар е инспирирана од актуелните модели на Lexus, GS и LS, но и од концепт автомобилот LF-CC. Надворешноста се карактеризира со моќен и впечатлив дизајн. Предниот дел на возилото ја запоседува впечатливата голема маска на ладилникот која се простира од хаубата до долниот раб на

8

предниот браник. Спортските пропорции на возилото се потенцирани и преку страничниот дел кои се заоструваат кога се движат кон задниот дел на автомобилот. Внатрешноста е обликувана под влијание на супер автомобилот на Lexus, моделот LFA. Новата внатрешност на IS е фокусирана кон возачот. Ергономски идеална средина за максимално уживање во возните карактеристики. Кабинскиот простор е изведен од високо квалитетни материјали , нудејќи премиум чувство, со врвна изработка и внимание на секој детаљ. Зголемено меѓуоскино растојание пред се оди во корист на зголемување на просторот за седење на задните седишта и зголемување на капацитетот на багажниот простор кој сега и во двете верзии изнесува 450 литри. За европскиот пазар новиот IS ќе биде достапен во две верзии со погон на задните тркала : 2,5 литарскиот, V6 бензински мотор IS 250 располага со 208 КС при 6400 врт/мин и 252 Nm при 4.800 врт/мин Забрзувањето на IS 250 од 0-100 км/ч e за 8,1 сек. со максимална брзина од 225 км/ч. Потрошувачката на гориво изнесува 8.6 л/100 км. Втората верзија е IS 300h, првиот IS со хибриден систем кој ги комбинира моќниот ектричен мотор (143 КС), со ново развиениот 2,5 литарски, четири-цилиндричен бензински мотор (181 КС). Комбинираната моќност изнесува 223 КС. IS 300h забрзува од 0-100 км/ч за 8,3 секунди, од 80-120 км/ч за само 6,2 сек. и има максимална брзина од 200 км/ч. Lexus IS300h е меѓу најекономичните возила во сегментот, со просечна потрошувачка на гориво од 4,3 л/100 км, и водечка во класата CO2 емисија од само 99 г/км.Lexus IS во однос на цената се позиционира во премиум сегментот што со други зборови значи дека за IS 250 треба да се одвојат 39.500 евра додека за хибридната верзија потребни се 1.000 евра помалку. •

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


Новости

Промовирана 11. генерација на Toyota Corolla

T

oyota Corolla, најпродаваниот автомобил на светот, од втората половина на септември е достапна и на македонскиот пазар. Од претставувањето на првата генерација во 1966 година Corolla е продадена во 40 милиони примероци низ целиот свет. Во својата 11 инкарнација, Corolla станува глобален бренд, бидејќи сега се произведува во 16 фабрики и преку 150 земји во светот. Новата генерација на Corolla се одликува со комплетно нов дизајн на надворешноста. Акцентот е ставен на подолгото меѓуоскино растојание и намалената вкупна тежина. Дизајнот е комбинација на чисти линии и врамнотежени пропорции, кои на новата Corolla и даваат префинет изглед и современ имиџ. Предниот дел се карактеризира со максимално заострена и продолжена горна решетка со впечатливи ЛЕД дневни светла, преку кои се нагласува ширината на возилото. Атлетскиот изглед на возилото го следи и страничниот профил се до задните светла и попречната хромирана лајсна на задниот дел од автомобилот кои ја акцентираат ширината на новиот модел. Во внатрешноста е употребен потполно нов дизајн на ентериерот кој на патниците им нуди опкружување од врвен квалитет: Централна конзола со хромирани детали кои се протегаат од едниот до другиот крај на кабината, поголема удобност за патниците на задната клупа , водечки во класата простор за нозе со импозантни 706 мм , поудобни седишта и зголемен капацитет на багажниот простор (452 л). Подобре-

на е и положба за возење, инструментите се поставени ергономски и едноставно, сѐ со цел лесно и интуитивно управување. Со должина од 4620 мм, ширина од 1775 мм и висина од 1465 мм, оваа нова генерација е за 80 мм подолга, 15 мм поширока и 5 мм пониска од својот претходник. Меѓуоскиното растојание е продолжено за цели 100 мм. Целосниот асортиман на мотори на новата Corolla имаат пониска емисија на CO2, најекономична потрошувачка на гориво во класата. Понудата на мотори се состои од 1.4 D-4D турбодизел мотор со моќ од 90 КС и 2 бензинци, помалиот со зафатнина од 1.33 см3 со 99 КС и 1.6 литарскиот агрегат кој располага со 132 КС. Почетната цена во промотивната кампања која подразбира попуст од 1000 евра се движи од 14.590 евра за основниот бензински модел и се искачува до 21.990 евра за најопремената верзија со дизел агрегат. •

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

Уживајте во есенски

Закажете бесплатна зимска проверка на возило навреме. Акцијата трае од 15.11 до 15.12.2013 год. Подгответе го возилото за зимски услови и искористете ја акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, која вклучува: •Замена на антифриз - АМСМ препорачува Wolf антифриз •Замена на масло и филтер за масло •Замена на филтер за воздух, за клима уред и за гориво •Проверка на сопирачки и на глицерин •Проверка на осветлување и на акумулатор •Превентивен технички преглед (проверка на амортизери, предница и на возна постројка) •Проверка на компјутерски грешки во возилото со помош на OBD (On-Board Diagnostics) – само во АМСМ Центар Во рамките на акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, дополнително добивате можност за проверка на геометрија на возило-центрирање на преден и заден трап по специјална цена за АМСМ членови (само во АМСМ сервисот во Скопје-Центар)

Проверката можете да ја направите во: •АМСМ Скопје – Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран веднаш до Станицата за технички преглед •АМСМ Велес •АМД „Ѓорѓи Наумов “- Битола •АМД „Прилепец“ - Прилеп •АМД „Кичево“ - Кичево •АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија •АМД „Струга“ - Струга. Акцијата бесплатна зимска проверка може да ја искористите само со претходно закажување на АМСМ инфолинијата 02/3181-181. •

10

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

акции и новости!

02/ 3181-181

Нова прегледна мапа за состојба на патишта Сите најнови информации за состојбата на патиштата по градови, отсега можете да ги најдете прикажани на нова прегледна мапа на веб страницата на АМСМ Службата за помош и инфомации на пат (www.amsmspi.mk) . Избегнете ги гужвите и чекањето, па пред да тргнете било каде проверете на кои патни правци е во тек работа на пат, дали и каде има забрана за тешки товарни возила, каде има потреба од внимателно возење.... и патувајте безгрижно! •

Осигурај до својот дом за само 5 денари дневно Ако сте од оние кои веруваат дека домаќинското осигурување и осигурувањето на имот е нешто што не можете да си го дозволите, тогаш еве понуда која ќе ве разувери... За само 5 денари дневно осигурајте го Вашиот имот и домаќинство од следните основни ризици: •Пожар •Удар на гром •Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација •Бура •Град •Јавни манифестации и демонстрации •Паѓање на воздушни летала •Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации •Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации •Провална кражба и разбојништво, во висина од 30% од сумата на градежниот објект. Повеќе информации за понудата и што таа вклучува можете да добиете на 02/3181-406 или да прочитате тука. Акцијата трае до 30.11.2013 год. •

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


амсм

Светска недела на корисничка услуга во АМСМ

Со задоволен вработен, до задоволен корисник тегиски овска, стравоведува Ирена Мин ја СМ АМ ес менаџер воехнологија во интер ите најноваталсттвото на корисниц на задово

Интернационалното здружение на кориснички услуги во Америка во 1988 година ја воведе Светската недела на кориснички услуги, која се одбележува првата недела од октомври.

ар за Услуги Цент тел на АМСМ ви е ра уп ит а, т ск ос ев ва во дејн Данијела Дон ивно учеству це Возила акт о ли т но ав пр на

Услуги тел на АМСМ ски, управи ува ов ол ир зв Сп до а не ој Благ ички Преглед хн Те за а ка иц че Стан предолго да корисникот

12

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Вработените на СТП, се трудат да ги задоволат интересите на своите корисници

Љу АМСМ


амсм

питен , управител на Ис Никола Ангеловски д-р , : м СМ ти АМ т во ио р ки менаџе Менаџерск новска, стратегис посветен на сно ло це е , Центар, Ирена Ми СМ АМ тар во и, генерален секре олните корисници Димитар Миновск та услуга и задов чка сни ри ко на т квалитето

Искуств от Љупчо П о на управител от на АМ етрески е корисн о за канд СМ Услуги Авто Ш идатит е на Авт кола, о Школа

З

а време на прославата на неделата на корисничка услуга фокусот беше поставен на важноста на корисничката услуга, а оттука и оддавање на почит на вработените чија секојдневна грижа е професионално опслужување, пресретнување на потребите и очекувањата на нашите корисниците, 24 часа, 7 дена во неделата. Со ваквиот пристап во работата АМСМ се вбројува во компаниите кои се целосно посветени на квалитетот на корисничката услуга и задоволните корисници. Светската недела на корисничка

ел на ки, управит убиша Спасов активно се вклучи л ро и М Услуги Пет а на корисниц во неделат

Владо Исјан овски, опер ативен ди на Мобил ректор на осигурит ити Брокер со правил ен избор елно покрит ие за своит е корисниц и

, тел на АМСМ Услуги СПИ Горан Цветанов, управи ени бот вра е на своит секогаш на располагање

услуга беше одбележана преку низа активности: •Работилница на тема „Што можеме да направиме +“ ние за вас (менаџментот за вработените кои работат во директен контакт со корисниците) и вие за нив (вработените кои работат во директен контакт со корисниците за корисниците) •Вклучување во процесот на услужување на корисниците од страна на менаџментот онаму каде што процесот тоа го дозволува •Признание во интерниот Е-весник на колегите кои добиле писмена

пофалба од задоволен корисник •Признание во интерниот Е-весник на колегите кои како тим постигнале извонредни резултати во услужување на корисниците •Симболичен подарок за вработените кои работат во директен контакт со корисниците. • Aна Салтирова Давидовски

Благоја Спир овски, управи тел на АМСМ услуги Стан ица за Технич се грижи за ки Преглед, безбедност Вработените во АМСМ а на корисниц Центар за возила со зад ите оволство го прифатија симболичниот подарок за вработени и ја поздра вија оваа идеја

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

13


амсм

Работна средба со Тери Вилемарк, новиот претседател на ФИА Регија I

Поинтензивна соработка на клубовите од источна Европа ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Вилемарк се информираше за активностите на клубовите, за соработката во давањето патна помош на членовите и на моторизираните туристи, како и за функционирањето на КОФО.

В

о организација на бугарскиот автомобилски клуб СБА во Боровец, Р. Бугарија, се одржа работна средба со новиот претседател на ФИА Регија I, господин Тери Вилемарк. На состанокот присуствуваа претставници на домаќинот под раководство на претседателот на СБА, г. Ѓеорги Јанакиев, како и претставници на романскиот автомобилски клуб АЦР (ACR), чешкиот автомобилски клуб УАМК (UAMK), словачкиот автомобилски клуб САТЦ (SATC) и од АМСМ претседателот проф. д-р Спасе Јовковски и генералниот секретар Димитар Миновски. На оваа средба г. Вилемарк се информираше за активностите на клубовите и за нивната меѓусебна соработка особено во делот на давањето патна помош на членовите и на моторизираните туристи. Неодминлива тема беше и функционирањето на КОФО - координативен форум на автомобилските клубови од Југоисточна Ев-

14

ропа - од аспект на предизвиците и потребата за наоѓање решение што ќе дејствува поттикнувачки, особено за клубовите од земјите на Источна Европа кои се во рана фаза на формирање и активност. На оваа средба се потенцира и

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

заложбата за почести регионални средби, со цел да се овозможи поинтензивна размена на искуства, како и заземање ставови за решавање на специфични ситуации при давањето патна помош. • Димитар Миновски


10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

15


амсм

Јуп Гус, претседател на Меѓународната организација за безбедност на патиштата, во посета на Македонија

РСБСП е успешен во безбедноста на сообраќајот Господинот Јуп Гус при посетата се запозна со состојбите на безбедноста на патиштата, во што Македонија постигнува завидно ниво, како и со капацитетите на Македонија за одржување на светскиот конгрес за безбедност во 2014 година.

Н

а покана на Републичкиот совет за безбедност на патиштата на Република Македонија во неколкудневна посета престојуваше г. Јуп Гус, претседател на Меѓународната организација за безбедност на патиштата - ПРИ (Preventive Rutiere International). Посетата имаше двојна улога: гостинот да се запознае со состојбите на безбедноста на патиштата, во што Македонија има постигнато завидно ниво, како и со капацитетите

на Македонија за одржување на СВЕТСКИОТ КОНГРЕС ЗА БЕЗБЕДНОСТ во 2014 година. Во првиот дел од посетата беше организирана средба во просториите на РСБСП со неговите членови, при што беше запознаен со структурата, составот и работата на комисиите, како и со резултатите постигнати во последните години. Беа презентирани некои од студиите за одредени влијанија врз безбедноста, како што се студијата за

дневно светло, студијата за влијание на високите температури и студијата за возачка дозвола на помлада возраст. Тој изрази задоволство од активната улога на РСБСП во анализата и понудата на решенија во Законот за безбедност на сообраќајот и укажа дека во сите држави каде што има соработка на надлежните министерства со советите и со другите стручни тела се имплементираат најдобрите практики и решенија што ја подобруваат безбедноста.

На средбата во АМСМ присуствуваа д-р Никола Ангеловски, претседател на РСБСП, м-р Ирена Миновска, стратегиски менаџер на АМСМ, Димитар Миновски, генерален секретар на АМСМ, Јуп Гус, претседател на Меѓународна организација за безбедност на патиштата, проф.д-р Миле Димитриевски, претседател на комисија, Љупчо Ставревски, секретар и член на РСБСП

16

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

Претседателот Гус изрази задоволство од активната улога на РСБСП во анализата и понудата на решенија во Законот за безбедност на сообраќајот и укажа дека во сите држави каде што има соработка на надлежните министерства со советите и со другите стручни тела се имплементираат најдобрите практики и решенија што ја подобруваат безбедноста.

Потоа претседателот Јуп Гус, во придружба на претседателот на Советот, д-р Никола Ангеловски, ја посетија Општина Кисела Вода, каде што ги пречека градоначалничката Биљана Беличанец Алексиќ, која ги запозна со проектот 100 обновени пешачки премини за 10.000 побезбедни ученици во општината. Градоначалничката Беличанец објасни дека тоа е донација на општествено договорните компании „Евроинс осигурување“, „Адинг“ АД и „Кодинг“ АД, кои во краток рок ја завршија акцијата во координација на Општина Кисела Вода, МВР и РСБСП, кој беше и иницијатор на акцијата. Таа искажа благодарност и во име на граѓаните кои веднаш ја забележале акцијата и целосно ја поддржуваат. Господин Гус ја поздрави оваа корпо-

ративна одговорност и предложи тоа да биде пример и за другите општини во државата, а воедно вети дека овој позитивен пример ќе биде раскажан и предложен и во други држави како исклучително корисен. Претседателот г. Гус го посети Авто Мото Сојуз на Македонија и се сретна со генералниот секретар г. Димитар Миновски. Беше раскажана кратката историја, состав и дејности на АМСМ, како и неговата улога во безбедноста на сообраќајот на патиштата преку активности во Неделата на пешаците и велосипедистите објавена од Обединетите нации. Проактивната улога на АМСМ се согледува и преку учеството во проектите на ЕУРО РАП и во активностите на ФИА. На последниот конгрес на ПРИ во Киев,

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Украина, е донесена едногласна одлука конгресот во 2014 година да се одржи во Македонија. На господинот Гус му беа презентирани можностите на Охрид и на Скопје, а конечната одлука ќе се донесе од претседателот на РСБСП, во консултација со проф. д-р Миле Димитровски, кој воедно е и претседател на Комитетот за наука во светската организација ПРИ и во зависност од бројот на учесниците и на трудовите од членките на ПРИ. По успешната посета на Македонија, претседателот Јуп Гус со писмо му се заблагодари на РСБСП за успешната работа на полето на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија и за успешно организираната посета на Скопје и на Охрид. • Проф. Д-р Миле Димитриевски

17


АВТО-МОТО

Претставуваме Mercedes S Класа

Достоинствена и верна на своето наследство новата S Класа ги следи формите кои традиционално се врзуваат за неа, Иако носи сосема нов, модерен дизајн кој ја прави уште повпечатлива и полуксузна од своите претходници.

18

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

Пристигна нејзиното височество!

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

19


АВТО-МОТО

З

наменосецот на Mercedes, новата генерација на S Класа е пред нас и плени со својата технологија. Така било од секогаш. Тој е модел кој важи за пионер при воведување нови технологии. Новата генерација и останува верна на традицијата. Најважната иновација во новата S Класа е способноста да го предвиди патот. Системот го скенира патот пред автомобилот, ги детектира нерамнините и дупките и однапред го прилагодува потпирањето според условите на патот. Швабите на премиерата во Хамбург не сокриваа дека очекуваат многу од новиот знаменосец. Лимузината треба да го продолжи патот на своите претходници, но и да ја потполни дупката која се создаде со згаснувањето на Maybach. Стилски го следи новиот дизајнерски јазик на марката. Сребрената ѕвезда која го краси носот е поддржана од масивно количество хром со кое е опточена маската. Хром има и на лајсните под прозорите и на праговите, а од него не успеал да избега ниту задникот. Обликот не е нападен како кај претходникот. Наспроти него новакот е нагл��сено елегантен и делува далеку поблагородно. Светлата ги формираат по 56 светлечки диоди во секој преден фар. Тие се повторуваат и кај задните светла кои ја дополнуваат елегантната фигура на S Класа. Фино извајаната каросерија плени и со напредната аеродинамика со коефициент на отпор на воздух од Cd 0,24 што се смета за најдобар резултат во сегментот. Новата S Класа малку нараснала во димензии, а нејзиниот багажник од 530 литри е за 30 литри помал заради новите задни седишта. Тие се навалуваат многу повеќе и нудат полн комфор и можност за максимално опуштање. Најмногу иновации има во сфера на безбедноста. Копчата на безбедносните ремени е осветлена, ремените на задните седишта во себе имаат воздушна перница, а исто така и опционалните седишта кои се навалуваат. Поголемиот дел од опремата е создадена за да се подобри луксузот на задните седишта. Таму инженерите успеале да го зголемат просторот и дополнително да го „стишат“ импелемнтирајќи нови материјали за изолација.

20

Големо внимание е посветено и на структурните елементи на каросеријата кои ги сведуваат вибрациите на минимум и ја намалуваат тежината. Сега, S Класа, или W222, е полесна од претходникот W221 за 20 kg, но каросеријата и е за 50% поотпорна на усукување. Системот Magic Body Control – MBC кој го скенира патот дополнително го подобрува комфорот што го нуди активното воздушно потпирање и успеава да го елиминира навалувањето на каросеријата во свијоци. Информациите се прикажуваат на огромни екрани од течни кристали од 12,3 инчи. Преку нив се управува и се отчитуваат параметрите од системите на автомобилот. Клима уредот Thermotronic кој филтира, полен, чад, прашина, па дури и вируси го чува воздухот во кабината чист како во сала за хируршки интервенции. Во понуда се и S300 Hybrid каде дизелот од 2.2 литри и електромоторот генерираат 230 КС. Овој модел е најштедлив и најзелен и има најнизок коефициент на отпор на воздух од Cd 0,23. Кому S500 му е преслаб ќе мора да почека и подоцна да го избере S600 во кого битурбото V12 од 5.5 литри ќе испорачува 530 КС. Истиот мотор ќе се вградува и во ултимативните S63 AMG и S65 AMG. Послабиот S63 AMG ќе има погон на задни тркала, додека кај S65 AMG вртежниот момент ќе се пренесува на сите четири тркала преку системот 4Matic. • Љубомир Анастасовски

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Внатрешно ста на авт омобил дизајнерск го след и јазик на от марката и новиот

Новата Мерцедес S кла са делува елегантно и префинето


АВТО-МОТО

Kia Cee’d 1.4 EX

Кореец создаден по европски терк

Со втората генерација компанијата повеќе не сака да биде алтернатива туку смета дека Cee’d во својота втора инкарнација е на ниво кое може да му овозможи равноправна борба со развиканите европски конкуренти.

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

21


АВТО-МОТО

Р

епутацијата што Kia ја постигна на стариот континент пред сè се должи на моделот Cee’d кој во својата прва генерација од своето претставување во 2006 година па се до пристигнување на наследникот забележа завидни резултати на традиционално конзерватитвниот пазар во Европа. За постигнатиот успех се заслужни неколку фактори од кои најважни се развојот на моделот по европски терк и неговото производство во најмодерната фабрика на компанијата што се наоѓа во Словачка. Благодарение на пониската цена, одличната маркетинг презентација, квалитетната изработка и солидните механички склопови овој модел веднаш се наметна како достојна алтернатива на европските модели кои доминираат во класата.

Модерна спортска елеганција

Со втората генерација компанијата повеќе не сака да биде алтернатива туку смета дека Cee’d во својота втора инкарнација е на ниво кое може да цели кон врвот на класата. Одговорна личност за дизајнот е веќе добро познатиот Питер Шрејер, човекот кој е заслужен за изгледот на сите нови возила што доаѓаат од оваа автомобилска куќа. Новиот изглед на екстериерот е веројатно и неговиот најголем адут кој за разлика од предходникот е делеку понапред, делува свежо,

22

динамично, спортски и пред сè доста привлечно. Атрактивната предница во која е интегрирана новоразвиената корпоративната маска е дополнета со ЛЕД диодите со што е нагласена динамиката и индивидуалноста на моделот. Модерната силуета е пониска и поширока со елегантно заоблени рабови кои изгледаат атрактивно без разлика од кој агол се набљудува автомобилот.

Надпросечно атрактивен и практичен

Атрактивноста на надворешноста продолжува и во кабинскиот простор кој за разлика од некои конкуренти изгледа далеку помодерна и пософистицирана. Дизајнот е во потполна хармонија со квалитетот и употребливоста, сите инструменти се прегледни, а командите се интуитивно распоредени и за нивно употребување нема потреба од долго привикнување. Ентериерот е дизајниран во духот на модерното време, возачката позицијата лесно се пронаоѓа и е одлично позиционирана, видливоста напред и странично е без поголеми замерки, а за возање наназад добро е да се поседуваат паркинг сензори, или како во нашиот случај задна паркинг камера. При

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

креирањето на кабината не е заборавена ниту неговата практична намена, така што во внатрешноста може да се најдат многу прегради за одлагање на ситници и пијалоци кои ги има во вратите, или во просторот помеѓу седиштата. Благодарение на одличното меѓуоскино растојание и паметното креирање на просторот патниците на задната клупа имаат далеку поголем простор за колената во однос на некои директните ривали. Проблем не преставува ни багажниот простор чиј капацитет од 380 литри не е меѓу наголемите во „C“ сегментот, но сепак е во потполност искористив и со конкректни димензии кои ќе ги задоволат потребите на просечно четиричлено семејство.

Основа која задоволува

Во делот на агрегатите Kia кај новиот Cee’d нуди избор од 5 моторни единици, две бензински и три дизелски изведби. Во возилото кое го имавме на неколкудневно користење работеше основната бензинска изведба. Агрегатот од 1.4 ли-


АВТО-МОТО

три ни е добро познат, со него се дружевме во првата генерација на моделот (109 КС), а работеше и под предниот поклопец на тестираната Venga (90 КС). За новата генерација на Cee’d агрегатот претрпе измени поради задоволување на строгите европски норми за намалување на штетните издувни гасови и сега од истата зафатнина развива максимални 100 КС при 5.500 врт/мин. Наведената моќност е сосема доволна при користењето на автомобилот во градски услови и повремени излети на подолги патеки во семејно опкружување каде што брзинските рекорди не се најважниот параметар, за тоа тука е новиот Cee’d GT. Автомобилот во оваа конфигурација потегнува без потешкотии и за возачите кои не бараат спортски перформанси преставува идеален избор. Агрегатот работи во спрега со новоразвиената 6 брзинска трансмисија која се одликува со исклучителна прецизност и релативно краток од при промена на степените. Забрзувањето до 100 км/ч

трае 12.8 секунди што е во рамките на класата, додека потрошувачката според производителот во просек изнесува 6 литри што во реални услови значи дека таа е повисока за речиси 1,5 литри на секој 100 изминати километри. Максималните 182 км/ч не се никаков проблем што е сосема прифатливо за автомобили со овие габарити и мотор од 1.4 литри. За да биде се на страната која го потегнува надворешниот агресивен дизајн се грижи подвозјето кое е сетирано спортски и се грижи возилото да се движи во свијоците како по шини. Како дополнување на оваа теорија доаѓа и изборот на одзивот на управувачот преку системот наречен Flex Steer при што се добива можност да се одбере помеѓу комфор, нормал и спорт опциите на електромеханичкиот серво уред. Како бонус на сите квалитети кои ги поседува новиот Cee’d од неодамна тој и останати возила кои доаѓаат од гамата на Kia поседуваат и 7 годишна гаранција (или 150.000 километри) што дополнително треба да послужи како пример за останатите производители кои сè уште се заглавени некаде на средина кога се во прашање гарантните рокови. • Данчо Здравковски

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Мотор:

Четирицилиндричен, бензинец

Зафатнина:

1396 см3

Моќност:

100 КС При 5.500 врт/мин.

Менувач:

6 Степен мануелен

Погон:

На предните тркала

Потпирање:

Напред: McPherson Назад: Multi Link

Сопирачки:

Напред: Дискови Назад: Дискови

Гуми:

205/55 R16

Маса на возилото:

1.300 кг

Димензии: Д/Ш/В:

4.310 / 1.780 / 1.470 мм

Забрзување од 0 до 100 км/ч:

12.8 секунди

Максимална брзина:

182 км/ч

Потрошувачка просек:

9,3/6,3/7,4 (фабрички податоци)

Цена на тестираниот модел:

15.950 евра

облени рабови т поседува зано без разлика Автомобилоат ив кт ра ат кои изгледа ј агол се набљудува од ко

Багажниот простор е во потполност искористив, со димензии кои ќе ги задоволат потребите на едно семејство

Дизајнот на кабинскио простор е во хармониј со квалитетот и негт а овата употребливо ст 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

23


тестови и совети

Купување стари гуми, да или не?

Автомобил на темпирана бомба На прв поглед половниот пневматик може да ви изгледа дека е во совршена состојба со шара од три до четири милиметри. Надворешно се е во ред, но каква е ситуацијата во внатрешните слоевите од певматикот, никој тоа не може да го знае. Употребуваните пневматици се многукратно поефтини, но истовремено се и потенцијални предизвикувачи на соо��раќајни незгоди

24

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


тестови и совети

С

екoј би сакал да купи пневматици за малку пари и да помине ефтино. Тоа е разбирливо и економски оправдано. Нема ништо лошо во тоа домаќински да се размислува, особено сега кога светот се соочува со економска криза и рецесија. Сепак, едно друго прашање се поставува во оваа филозофија, кога станува збор за купување ефтини пневматици - дали по секоја цена треба да трчаме по ефтини пневматици? Најефтини се сигурно половните пневматици. Четири вредат помалку отколку еден нов. На прв поглед тоа добар и ефтин влог се заштедува многу, но дали така „затворената конструкција“ има позитивни ефекти? Старите пневматици можеби ја имаат потребната минимална длабочина на шарата и на прв поглед ништо не им фали, што значи немаат видливи оштетувања. Ако се има предвид дека пневматиците по пет години или со изминати 40.000 километри, ги губат потребните својства, тогаш лесно се доаѓа до заклучок дека извозените пневматици имаат само едно место - отпад. Втората замка што ја кријат старите автомобилски гуми се скриените дефекти. Површински сè е в ред, но дали и внатрешноста? Невидливите оштетувања можат да бидат кобни за учесниците во

Најсигурно е да ку

пите нови гуми

сообраќајот, не само за тој што ги купил. Тоа е исто како да сте купиле темпирана бомба која не знаете кога ќе експлодира. На никој од нас не би му паднало на памет да си игра со експлозивни средства, но голем дел од нас би купиле половни пневматици. Што ако старите пневматици кријат во себе дефекти, да речеме на каркасата? Секој поголем удар во дупка за пневматикот значи оштетување. Колку е поголем ударот толку и оштетувањето е

се забележуваат. тетувања веднаш е? Надворешните ош нит еш тр вна со е о Но шт 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

поголемо. При овие удари големи се шансите оштетувањата да бидат во внатрешноста на пневматикот, а на површината да нема нити гребнатинка. Токму овие оштетувања, внатрешните, ги поистоветивме со темпираната бомба. При поголеми брзини, внатрешноста на исправниот пневматик трпи рамномерен притисок на целата површина. Доколку притисокот наиде на оштетена површина на тоа место ќе настојува да направи отвор низ кој ќе проструи и притоа ќе се изедначи со надворешниот. Колку брзината е поголема оптоварувањето на оштетеното место станува сè поголемо и некогаш доаѓа до пукање на пневматикот. Може да издише ако возилото се движи со мала брзина, па дури и тогаш може да дојде до распаѓање на пневматикот, но најчесто експлодира и се распаѓа при големи брзини. Да се вози со распаднат пневматик и голема брзина, тоа значи неизбежна сообраќајна незгода. Наша препорака е да купите нови пневматици, затоа што тие ве чуваат вас и останатите учесници во сообраќајот. • Жарко Атанасоски 25


вие прашувате

• Сакам да извршам атест на WV буба од 1974 година која е модифицирана, односно, направена е кабриолет. Ме интересира дали кај вас може да се изврши атест или само на машински факултет. Доколку може која е процедурата и колку би чинело сето тоа? Јован, Скопје АМСМ: Единечно одобрување на преправено возило (познато како атест) може да се изврши во овластена техничка служба за овој вид на преправки. Во Македонија постојат повеќе овластени технички служби за преправени возила, меѓу кои и АМСМ– Центар за возила. Постапката започнува во АМСМ СТП каде се изготвува потребната документација (записник), односно се констатира преправката на возилото, врз основа на кои документи во МВР (Македонска телевизија), во одделот за моторни возила добивате упатница за одобрување на преправено возило. Во овластената техничка служба АМСМ-Центар за возила, се спроведува процедурата согласно законските прописи во РМ. Со добиената Потврда за сообразност од АМСМ-Центар за возила го регистрирате возилото со извршената преправка. За потребната документација и цената подетални информации ќе добиете на тел. 02/2631-181. • Јас сум долгогодишен член на АМСМ и ме интересира што значи АМСМ Партнер програма? Александар, Битола АМСМ: АМСМ партнер програмата подразбира мрежа на деловни партнери каде што АМСМ членовите имаат можност да пазарат и

користат услуги со попуст. Како деловни партнери на АМСМ се реномирани бутици, ресторани, кафе барови, салони за пневматици, салони за бела техника, салони за убавина, продавници за компјутери, музеј и многу други АМСМ партнери на територија на Македонија. Исто така со АМСМ членството наменето за физички лица, Вие може да ги користите и интернационалните попусти во Европа обезбедени со Show your card! програмата. Само со покажување на АМСМ членската картичка на која е прикажано логото на Show your card! програмата, Вие може да ги користите бенифитите кои Ви ги нуди Партнер програмата. За повеќе информации и листата на АМСМ партнери посетете ја нашата страна www.amsm.mk • Кои документи се потребни за да се пријави полагање тестови, полигон и градска? Борјан, Скопје АМСМ: За пријавување за полагање возачки испит е потребно: - наполнети 18 години - доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар) - лекарско уверение за здравствена и психофизичка состојба на кандидатот за возач за управување со моторно возило - потврда за оспособување на кандидатот за возач (36 моточасови) - потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода - потврда за промена на лични податоци (име или презиме, доколку во меѓувреме е променето)

Овие и други податоци може да се добијат и на пријавните места од И.Ц. Скопје како и да се видат во брошурите кои можете да ги добиете на пријавните места. • Низ градските улици изгубив една од табличките на автомобилот. Ве молам, одговорете ми што треба да направам за да добијам нови? Невена, Велес АМСМ: Во случај кога едната табличка не е оригинална, не е валидна и другата. Потребно е да дојдете на шалтерите за технички преглед во АМСМ, Станица за технички преглед во Центар, Чаир или во Велес кадешто ќе Ви се изготви барање за промена на таблички, што чини 260 денари. Потоа треба да одите на шалтерот на МВР, кој е во рамките на станицата, со уплатница од 1.400 денари на сметка на МВР за нови регистарски таблици и 150 денари во готово за издавање нова сообраќајна дозвола. Со ова е завршена процедурата за новите таблички, кои, пак, ќе Ви ги постават во нашата станица за технички преглед. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 26

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

27


28

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Крадачка на книги” од Маркус Зусак

К

нигата е прекрасна. На неверојатно едноставен начин писателот Зусак го опишува животот на девојчето Лизел кое живее во мало место во Ге р м а н и ј а , з а време на Втората светска војна. Лизел краде сѐ и сешто, но најмногу книги

иако не знае да чита. Низ очите на ова прекрасно, храбро, едноставно девојче ја набљудуваме војната и сѐ она што таа го носи несреќа, беда, страв, ужас, смрт, надеж. Надеж, која ја одржува љубовта кога секој нов ден е сон, надеж која не одржува во живот, надеж која ја спречува смртта. Но, живото на ова девојче во предвоена нацистичка Германија, не би бил толку интересен и посебен доколку со приказната не владее еден битен факт - нараторот на дејството на приказната е самата смрт. На прв поглед тоа може да изгледа малку морбидно, но како што се одвива дејствието, така ќе ја запознавате смртта која само „ја работи својата работа” а дури и жали за човечките души кои мора да ги однесе од овој свет. Оваа приказна, фасцинантно блиска, болна и потресна, сигурно ќе ви го смени животот. •

Музика

„Да бидеш сакан“ Мајкл Бабл

О

ва е 7. студиски албум на кандаскиот пејач Мајкл Бабл издаден под наслов „Да бидеш сакан”. Албумот (14 песни) има одлични 4 нови оригинални песни напишани од самиот Мајкл Бабл и неговите соработници како и 10 класици (негови лични класични интерпретации на песните од сите звуци). Филингот на албумот е убав со многу забавен звук на класичен оркестар. Со продажбата на албумите на Мајк Бабл нема никаков проблем, а кога ќе го преслушате и најновиот албум ќе сватите и зошто е тоа така. Мајкл покрива многу стилови, може да звучи како еден од членовите на „Sinatra Rat Pack”, а може да ве разгали со едноставна поп песна. Поради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За Бабл има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. •

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Филм

„Ние сме Милерови“ Режија: Росон Маршал Турбер

К

а к о изгледа с о в р шено, лажно семејство, ќе можете да погледнете во најновиот филм на Росон М а р ш а л Турбер, „Ние сме Милерови”. Дејвид е ситен дилер на опојни дроги, но има еден свој принцип: својата роба никогаш не ја продава на деца. Но, тука започнуваат проблемите. На потежок начин ќе научи дека лошите дела никогаш не остануваат неказнети. За да се поврати од сите проблеми, Дејвид смислува феномеален план - Измислено семејство, во кое за своја измислена жена ја зема својата сосетка... Филмот е извонреден, како и актерската екипа. Што друго и може да се очекува од Џенифер Анистон, одлична глумица која совршено се вклопува во семејството Милерови. Ова е извонредна приказна за тоа како парите можат да не занесат и да заборавиме на некои морални вредности. Но, на крајот ќе се покаже дека сепак пријателството и љубовта се над материјалните добра. Приказната е многу возбудлива со многу смеа, иронија... Жанр: комедија Улоги: Јенифер Анистон, Џејсон Судеикис, Ема Робертс, Ед Хелмс • • Маргита Поповска 29


патувања

Ротердам

Царство на модерната архитектура

Ч

есто ротердамците сакаат да кажат: Парите се заработуваат во Ротердам, се чуваат во Хаг и се трошат во Амстердам. И тоа не е кажано без причина. Всушност, Ротердам е најголемо европско пристаниште и најважен индустриски и трговски центар, но и важна престолнина на културата и уметноста. Се наоѓа во западна Холандија, на вливот на реките Меза и Рајна во Северното Море, а со целата површина лежи под нивото на морето. Според историските податоци, официјално Ротердам постои од 1340 година, кога грофот Вилијам IV од Холандија го прогласил за град, околу кој се граделе брани (dam) на реката Рот (Rotte) за да се заштити, па така го добил и името. 30

Можеби Ротердам не е град кој веднаш ќе ве воодушеви, но секако е место каде што ќе можете непречено да уживате во разновидната кујна и во посетата на многубројни музеи што ќе ве остават без здив

За брзиот развој на малото рибарско место придонела и неговата местоположба, поради што долго време ја носело титулата најпрометно пристаниште во светот, а во 2004 година оваа титула ја презеде Шангај. По наредба на Хитлер, на 14 мај 1940 година Ротердам бил безмилосно бомбардиран, при што центарот на градот бил целосно уништен, а настрадале 900 луѓе и 80.000 жители останале без домовите. Неверојатно звучи фактот дека реконструкцијата на градот била започната само две недели по бомбардирањето, а во 1954 година во центарот на Ротердам е отворена првата шопинг-улица во Европа – „Линбан“ (Lijnbaan). Единствената зграда која не била оштетена во бомбардирањето

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

била Градската куќа, во која денес се наоѓа општината и каде што се организираат важни приеми.

МОДЕРЕН ДУХ

По завршувањето на Втората светска војна започнала обновата на градот, која се одвивала со забрзано темпо, а благодарение на тоа денес Ротердам го нарекуваат град на модерна, често и на експериментална архитектура, со голем број облакодери, тунели и мостови. За туристите е особено интересен големиот бел висечки мост кој ги поврзува деловите на градот што се разделени со реката Меза (Mas). Познат е како Еразмов мост, а името го добил по познатиот теолог и мислител од времето на реформата, Еразмо Ротердамски, кој бил наречен и Лебед


ПАТУВАЊА

Особено популаре н е големиот аквариум „Оке аниум“

Вистинска атракција е „Еуромаст“, највисоката кула во Хол андија

аат коцкести “ претставувед ен столб „Kubuswoningem на т аа ир куќи кои се потп

поради грациозниот изглед. Ротердам е голем град, со широки, чисти улици на кои можат да се сретнат припадници на речиси сите раси и нации, што му дава космополитски шарм, а поради распространетоста на градот ретко може да настане метеж, така што може непречено да се ужива во сите негови убавини шетајќи или користејќи го превозот кој, се разбира, функционира беспрекорно. Иако важи за многу прометно пристаниште и бизнис-центар, сепак, во Ротердам може и многу добро да се забавувате затоа што ноќниот живот е многу интензивен. Некои од популарните клубови се: „Saint-Tropez“, „Club Elit“, „Tiki Bar“, „The VIP Room“, „Cinema“, „BajaBeach Club“, „Off

Corso“, „Rotown“, „Level“… Доколку сакате да купувате, тогаш во Ротердам сте на вистинското место затоа што изборот е огромен, а ние ви советуваме да прошетате по улицата „Линбан“, да го посетите „Александиум шопинг центар“ (Alexandrium Shopping Center), како и огромниот „Зидплејн“ (Zuidplein), каде што можете да купувате со денови. Сепак, важно е да знаете дека речиси сите продавници се затвораат околу 18 часот, освен во некои трговски центри, а голем број од нив не работат во недела. На честата забелешка од туристите дека тоа е премногу рано, одговорот е едноставен – околу 19 часот Холанѓаните задолжително вечераат во кругот на семејството.

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Доколку не ви е укажано гостопримството на домаќините, не грижете се затоа што на секој чекор можете да најдете ресторани со разни интернационални кујни, но никако не пропуштајте да пробате некој карактеристичен холандски специјалитет, како што се супа од грав или грашок, селска кајгана или компир со рузмарин, димена сланина со пире од компир, колачи со фил од карамел (stroopwafels), колачи од јаболко со цимет (speculasima), благосолени црни бонбони (dropjes), солена риба (haring), ситни парчиња чоколада или шеќер што се ставаат над крем на сендвичи (hageslag) и, се разбира, различните видови холандско сирење од кое едноставно никогаш не ви е доволно... Традиционален пијалак е топлата 31


патувања

Ротердам чоколада, како и познатото холандско пиво.

ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ

Една од најубавите зоолошки градини во Европа, Diergaarde Blijdorp, се наоѓа во Ротердам. Особено е популарен големиот аквариум „Океаниум“ во кој можат да се видат и ајкули, а влезницата чини 17,5 евра. Припадниците на посилниот пол и љубителите на фудбал секако ќе се израдуваат на посетата на стадионот на FK Feyenoord, трет најголем клуб во Холандија, со голем број навивачи, а секој натпревар предизвикува блага хистерија во градот затоа што Холанѓаните се големи фанови на овој спорт. Не пропуштајте да ги видите Kubuswoningen, кои се карактеристична појава за Ротердам, а претставуваат коцкести куќи кои се потпираат на еден носечки столб, при што ѕидовите се под агол од 45 степени. Најпознат е комплексот Blaakse Bos кој го осмислил Pit Blom. Негова е идејата во големиот град да се направи некаков вид на село во кое ќе се одвива социјалниот живот. Во низа има 32 такви куќи, а една од нив, Kijk Kubus, е отворена за посетители. Влезницата

чини 2,5 евра. Една од интересните туристички атракции е и хотелот и ресторан „Њујорк“ (New York), кој се наоѓа на брегот. Во периодот од 1880 до 1925 година, емигрантите од Европа оттаму заминувале со бродови за Њујорк (Нов Амстердам) во потрага по подобар живот. Ресторанот е зачуван во изворната форма, а неговите делови потсетуваат на вистински брод. Исто така, атракција претставува и кулата „Еуромаст“ (Euromast), највисока во

Музејот на фото фија поседува над негативи од вогра 4 милион дечки холандски фотографи и

32

Холандија, која се наоѓа во близина на паркот „Хет“ (Het) и пристаништето. Одделете 8 евра за да се искачите на височина од 185 метри и да уживате во прекрасниот поглед на градот и на пристаништето. Ротердамеградсобогатакултурнапрограма. СекојагодинатамусеодржуваМеѓународниот филмски фестивал Ротердам, а во Музејскиот парк има неколку музеи. Во музејот „Boijmans Van Beuningen“ можете да видите исклучителни примероци од областа на културата и уметноста од раниот среден век до денес, а меѓу нив и дела на Рембрант, Ван Гог и Салвадор Дали. Познат е и „Mariteum Museum“, кој ù е посветен на историјата на поморството, на кое Холанѓаните се особено горди затоа што во минатото биле водечка поморска и колонијална сила, а главна атракција е брод од 19 век, кој е закотвен пред музејот. Не треба да се одмине ни „Nederlands Fotomuseum“ – музеј на фотографијата, кој поседува околу 4 милиони негативи од водечки холандски фотографи и ателјеа за фотореставрација. Потребни ви се 6 евра за да влезете. Тука се и Холандскиот институт на архитектурата, Природонаучниот музеј и многу други. Доколку сте расположени за поголема прошетка, тогаш би било најдобро да купите годишен билет, чија цена е многу поповолна отколку повеќе поединечни влезници. Сепак, и покрај сè што е напишано, Ротердам е град кој мора сами да го истражувате и да се внесете во непрегледното море на неговите знаменитости, мириси и вкусови, а тоа што секоја година сè повеќе се развива и се менува со неверојатна брзина, само ќе ве предизвика повторно да го посетите. • Маргита Поповска

та на уживате во дела n Beuiningen“лвќе Va ns ли ma Да oiј ор „B ад от г и Са Во музеј Рембрант, Ван Го 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите во Холандија

Ќе патувам во Ротердам, каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка? Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во SyC! продажното место каде што ќе ја препознаете налепницата со Show your Card! логото на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст. Доколку планирате да ја посетите Холандија, поточно Ротердам, еве неколку наши препораки, каде можете да добиете попуст и да заштедите многу повеќе отколку што чини Вашата АМСМ членска картичка: ANWB (Royal Dutch Automobile Club) Ако одите во Ротердам најдобро би било прво да го ��осетите Холандскиот Авто-мото клуб. Холандскиот автомобилски и туринг клуб нуди низа услуги за странските членови вклучувајќи бесплатни информации, попусти и сл. Покажете ја само Вашата АМСМ членска картичка за да добиете бројни бенефиции и попусти. Повеќе информации на www. anwb.nl BEST WESTERN HOTELS EUROPE Best western хотел ќе најдете секаде! Повеќе од 1300 хотели ширум Европа со универзални стандарди кои ги исполнуваат сите вкусови. Овие хотели Ви нудат 10% попуст или најмалку околу 10 евра попуст по ноќевање во двокреветна соба.

За повеќе информации и резервации на www.bestwestern.com. HOLIDAY INN EXPRESS Со преку 175 хотели низ Европа, Holiday INN Express ви нуди удобен престој со одлични стандарди. Во овој хотел ќе добиете 15% попуст на сместувањето, а можете да букирате на линкот: http://www.ihg.com/ arceurope . SPIDO Уживајте во прекрасното 75 минутно крстарење и убавините на Ротердам. За оваа тура ќе добиете 15% попуст. Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка и добијте попуст! Повеќе информации на www.spido. nl Ова се само неколку партнери каде

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

може да добиете попуст, а има уште многу други SyC! партнер продажни места на територијата на Холандија кои за нашите членови нудат низа попусти и поволности. Сите попусти можете да ги пребарате на www. amsm.mk во делот за Show your Card!- пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

и попустот е Ваш!

Ова се само неколку партнери каде може да добиете попуст, а има уште многу други SyC! партнер продажни места низ територијата на Холандија кои за нашите членови нудат низа попусти и поволности. Сите попусти можете да ги пребарате на www.amsm.mk во делот за Show your Card!- пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

33


стил

Модни додатоци

Маската поскапа од iPad-от, нејзината цена е 700.000 ДОЛАРИ

Баснословни цени за… ќеф Без оглед на тоа што светската економија е во рецесија, за некои луѓе нема зима. Со парите што ги даваат за навидум безначајни работи можат да се нахранат илјадници гладни деца. Но, тие не размислуваат така. Важно им е да си го сторат ќефот, некогаш и од чист каприц. Шест-седум цифрените суми за многумина се очигледно само бројки.

34

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Соработката меѓу Apple и The Natural Sapphire Company, што постои од 1939 година, е крунисана со маска за iPad Mini, целата покриена со вкупно 3.328 сафири од островот Цејлон и 50 дијаманти. Без оглед на тоа што чини 700.000 долари, веќе се продадени неколку, и тоа во Њујорк, а најбројни купувачи се Русите. Поради високата цена, се продава на три еднакви рати, по 233.333 долари. Маската е сина, поради скапоцените каменчиња, а логото на американската мултинационална корпорација е покриено со дијаманти. Самиот iPad Mini е направен од бело злато, осумнаесеткаратно, полирано од врвни мајстори заради висок сјај.


стил

6.200,000 £, за толкава сума е продаден синиот дијамант кој го краси прстенот BVLGARI

Синиот дијамант е нешто што го посакуваат сите колекционери, но малкумина имаат можност да го поседуваат. Тој е најскапоцениот камен, а само неколку јувелирски куќи го продаваат, се разбира, опточен во ѓердан, прстен и слично. Една од нив е BVLGARI. Досега има продадено неколку парчиња накит од нејзините Blue Diamond (Блу Дajмонд) колекции, исклучиво на аукција. Цените воглавно се движеле од 2,3 до 2,9 милиони долари. Оваа јувелирска куќа неодамна продаде уште еден прстен опточен со 5,30-каратен син дијамант, чија цена достигна рекорд. Беше продаден за 6.200,000 £ (9.490,000 $) во Лондон. Купувачот му е познат само на GRAFF.

16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ чини Зелениот мајмун

27.500 $ платил сурфер за штица, на добротворна аукција

Дизајнер на штицата е Џими Левис за кого велат дека е најдобар производител на опрема за сурфање на планетата. Овој вид штица може да се користи и со весло, а неговата цена од 27.500 $ е постигната на аукција која имала добротворни цели. Сурферот што ја купил штицата е вљубеник во спортот кој го развиле Џон и Бери Дени во Палм Бич на Флорида. Всушност, нивното здружение ја организирала добротворната аукција со цел средствата да се наменат за чистење на водата околу градот и приспособување на „теренот” за сурфање бидејќи таму се собираат вљубениците во овој спорт од сите краеви на светот.

Не, цената не важи за животното најслично на човекот, од фамилијата цицачи, туку за тркачкиот коњ “colt” кој пред две години, и нешто повеќе, се родил во таканаречената сончева држава, Флорида. Го купи Ирецот Деми О’Бирн со цел да се натпреварува во Дербито во Кентаки, кое се одржува секоја прва сабота од мај. Иако Зелениот мајмун потекнува од два победника на Кентаки дербито , тој никогаш не победил таму, но затоа, пак, беше најбрз во конкуренција на 154 коњи во Цалдер Раце Цоурсе. 16-те милиони долари го направија најскап добиток, а по него е бафалото од Јужна Африка, продадено за цена од 3.250,000 долари. • Игор Ландсберг

Кога налив перото ќе достигне цена од МИЛИОН ДОЛАРИ…

Цените на чевлите растат, достигнаа 500.000 ДОЛАРИ

Очигледно дизајнерите и јувелирите се натпреваруваат кој ќе направи поскапи чевли, иако и тие самите понекогаш се прашуваат дали ќе се продадат. 500.000 долари е налудничаво да дадете за чевли што веројатно ќе ги облечете еднаш, кога ќе ја глумите Пепелашка. Големиот број дијаманти со кои се украсени ги опточи Сара Хатчингс, сопственичката на Orsini Fine Jewellery , а дизајнот е на Катрин Вилсон, обете од Нов Зеланд. Кутијата во кој се чуваат е од плексиглас. Нивната продажба беше јавна и каритативна. Се одржа напролет. Парите отидоа во Ronald McHouse, каде што Катрин Вилсон е амбасадорка.

Веќе ништо не може да ве зачуди, па дури и кога ќе прочитате дека едно налив перо може да се купи за толкава сума пари која, доколку се пренамени за други цели како, на пример, да се нахранат илјадници гладни деца, ќе живеевме во поинаков свет. Но, некои работи се просто несфатливи. Имено, златното перо за кое пишуваме се продава во лимитирачки број. Го дизајнираше жена, за жените. Анита Тан била инспирирана од космосот кога го правела неговиот нацрт, а изработката е доведена до совршенство. Златото од кое е направено има 24 карати, дијамантите што го красат се 48-каратни (нивниот број е 161).

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

35


познатите како членови на амсм

„Таблоид", забавна емисија на Алфа ТВ

Актуелно и забавно, спакувано на уникатен и несекојдневен начин Секој работен ден во 14:55, 20:00 и во 22:35 часот, не информираат за најновите настани на естрадата и забавната сцена, за популарните настани од светот на културата и спортот, како и за она што значи ноќен живот во Скопје и во другите градови во Македонија. • Кој беше иницијаторот за ваков тип на емисија? Бона: После цели 5 години откако сите три заедно работевме на емисијата „Портик", почувствувавме потреба за промена. „Таблоид", дојде во вистинско време и некако се поклопија коцките. Нашиот тим е составен од млади, амбициозни и енергични луѓе, а впрочем таква е и емисијата. Секојдневно ги информираме нашите гледачи за сѐ она што е ново, актуелно и интересно. Ивана: По 5-годишно постоење на „Портик“, сметавме дека е време да направиме забавна емисија која ќе се емитува во вечернитре часови и преку која гледачие ќе имаат можност да се информираат за сите актуелности и случувања кај нас, кога станува збор за нашата македонска музичка естрада, концерти, манифестации и сл. Досега сметаме дека тоа успешно го правиме благодарение на поддршката која ја добиваме од гледачите но и нашата меѓусебна соработка. Иван: Најверојатно колешките, јас дојдов на готово :) Бојана: Алфа ТВ после пет години постоење и одбележување на својот мал љубилеј имаше потреба да внесе дополнително освежување во својата програмска шема, а тоа е „Таблоид“. Иницијативата дојде спонтано јас, Бона, Ивана и Иван да ве информираме за најновите настани на естрадата и забавната сцена, низ прилози, интервјуа, портрети. • Популарните ТВ водителки на Алфа ТВ, Ивана Илиевска, Бона Пауновска и Бојана Тевчева засилени со Иван Дамчевски, по36

силната страна на Таблоид, ја водат оваа емисја, па нешто за вашата соработка.... Бона: Ние три сме дел од Алфа телевизија од нејзиното основање. Цели 5 години работиме заедно и веќе можам да кажам дека функционираме како семејство. Иван ни се приклучи на почетокот на „Таблоид" и одлично се вклопи во тимот. Лесно се договараме и разбираме за сѐ. Бојана: Секој нов работен ден за мене е нов предизвик. Јас навистина сум вљубеник во водителството кое ми овозможува средба со навистина ретки луѓе и притоа се чувствувам збогатена со секоја нова средба. Тимот со кој соработувам е навистина креативен, посветен на заедничката цел да бидеме постојано актуелни, квалитетни и разнообразни. Заедно функционираме доста успешно надминувајки ги сите предизвици кои ни се испречуваат на патот. Ивана: Она што преовладува и што всушност ни помага да издржиме во навистина динамичното работно секојдневие е позитивната енергија, големото разбирање и колегијалноста меѓу нас. Има и интересни и смешни моменти при снимањата, кои не ги криеме од јавноста и дел од нив емитуваме во Таблоид на крајот од месецот. Сите обработуваме различни теми, без ограничувања, а притоа секојдневно ги следиме ак��уелните настани и случувања кај нас. Нашата цел е да

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

ги информираме, расположиме, но и насмееме гледачите кои ни го даваат своето внимание во вечерните часови. • Како изгледа еден ваш ден во подготовка на емисијата, имате ли разбирање , толеранција и од каде го црпите предизвикот за да бидете свои и оргинални? Бона: Секоја недела имаме реадкциски состанок каде ги сумираме резултатите од минатата недела, го следиме рејтингот на емисијата и го правиме планот на снимањата за престојната недела. Нашата работа е многу динамична и бара голема енергија и посветеност. Кога сме на емисија, денот ни се со-


познатите како членови на амсм

стои во селекција на она што ќе се емитува во емисијата тој ден. Секако мораме да се погрижиме и за нашио т

целокупен изглед. Потоа следи монтажа на емисијата заедно со нашите реализатори. Доколку не сме на емисија, следиме сѐ што е интересно и актуелно за снимање тој ден, или, пак, правиме авторски тематски прилози кои се вистинско освежување на секојдневните содржи-

ни надвор од тековните настани. Иван: Колку ли само ме толерираат мене, не смеам да се пожалам од колешките. Како тим одлично соработуваме си помагаме, се договараме и досега сме немале проблем. Обично од вечер го правиме планот за тоа што ќе има следниот ден. Не е секогаш лесно да се биде креативен и да се имаат идеи. Моите се малку поразлични од на колешките, спорт, малку авантура и нешто откачено и тоа е нормално, тие се дами. Бојана: Во создавањето на емисијата сите заеднички учествуваме, апсолутно нема никаква хиреархија, секако сите имаме заедничка цел, а тоа е крајниот производ односно секоја емисија да биде спакувана онака како што треба да биде актуелна и интересна за гледачите. Ивана: До сега не сме соочиле с о

посебни потешкотии при снимањата, генерално во нашата досегашна телевизиска работа имаме доволно искуство со различни соговорници, јавни личности, кога станува збор за нашиот новинарски пристап, притоа почитувајќи ги инивните барања при снимањето. • Како е од другата страна, кога се организира, снима, монтира и реализира емисијата? Колку убавината на овој млад тим ги мотивира луѓето од другата страна да дадат максимум од себе за да сите заедно се издвоите од останатите? Никола Клинчаров – реализатор (или реализација): Со тек на време почнавме за личиме на вистинско семејство. Секој си има своја улога и сите потешкотии околу организирањето и реализацијата на проектот се сведени на минимум. Како тим имаме визија како сакаме да изгледа Табло-

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

ид и секојдневно се бориме да го достигнеме тоа. Забавно е да се работи со млади и мотивирани индивидуи кои несебично се вложуваат во реализацијата на овој проект. Есин Зекир – реализатор (или реализација) : Во нашиот тим, мотивацијата е сосема природна појава, токму поради фактот дека за време на реализација, сета одговорност се претвора во забава. За време на пост – продукцискиот процес, се создава една игра на задоволство, смеа и креативност. За некои луѓе, ова може да звучи многу несериозно, меѓутоа, емисиите од ваков тип, никогаш не би биле успешни доколку се основаат на строги правила и ограничувања. Во текот на работниот ден, сѐ се случува спонтано. Почнуваме со една замисла на посакуваниот проект, но завршуваме со сосема друга. Ниту еден ден не личи на претходниот. што е дополнителна причина за развојот на соработката. Во денешницава загушена од стрес, притисок и негативна енергија, чест е да се работи со позитивни луѓе, кои неуморно даваат се од себе за сето тоа да изгледа онака како што е. • Дали сте корисници на АМСМ? Бона: Да, веќе 12 години сум активен возач и совесен учесник во сообраќајот. Мојата дружба со АМСМ трае 12 години бидејќи токму таму ги земав часовите за возење. Редовно таму го регистрирам автомобилот и користам голем дел од услугите. Ивана: Возач сум точно една година и за сега можам да кажам дека добро се снаоѓам.Секојдневно возам автомобил, неопходно за исполнување на сите обврски кои ги имам во текот на денот. Во АМСМ всушност и научив да возам и таму го полагав испитот за возачка дозвола, имав одлично искуство и навистина сум задоволна. Иван: Секоја година за технички преглед, среќа уште не ме оставило некаде на пат. Бојана: Возач сум веќе 10 години и можам да се пофалам дека одлично се снаоѓам во сообраќајот Мојот автомобил е дел од моето секојдневие. Постојано сум во движење и некогаш на шала знам да кажам дека мојот автомобил е мојот дом бидејќи голем дел од времето го поминувам токму во него брзајќи да стигнам секаде каде што е потребно. • Росана Јанков

37


ИСТОРИЈА

СААБ 99

Најдоброто од Шведска после АББА Кон средината на 60-те години во СААБ дошле на идеја да направат семеен автомобил со луксузни перформанси, нешто што дотогаш се нема појавено на автомобилскиот пазар.

В

о текот на 60-те години, од дизајнерот Сиџтен Сасон создаден е моделот СААБ 99 кој ги исполни сите очекувања на инженерите и дизајнерите на СААБ. На 22 ноември 1967 година, челниците на СААБ во Стокхолм, го претставија својот перјаник во луксузната класа на автомобили. Една година подоцна започна неговото сериско производство. Постоеше изведба со две и четири врати, како и варијанта со три и пет врати комби купе, кои ги користеа следнате палети на мотори: од 1.5, 1.7, 1.8 2.0 см3. Низ годините што следуваат моделот еволуираше со многу пластични детали, како во внатрешноста, така и во надорешниот дел, особено кон крајот на седумдесетите години кога доби задебелени пластични одбој-ници, како и поинакви предни и задни светла. Во 1977 година, на Франкфуртскиот Саем за автомобили, СААБ го претстави моделот СААБ 99 Турбо, кој имаше мотор 2.0

см3, а карактеристично е тоа што се закити со Турбо полнач, кој дотогаш беше реткост во авто-индустријата и се призведуваше се до 1980година. Карактестично за моделот СААБ 99 се неговите успеси на доста светски релија, каде што моделот СААБ 99 Турбо постигна одлични резултати. Американскиот пазар го прифати овој автомобил како доста солиден и цврст како во

изработката, во понатамошната експлоатација и во нивото на опременоста. Во САД најприсутен беше моделот СААБ 99 во Комби купе варијанта, но не беа занемарени и останатите модели. За потребите на американскиот пазар возилата беа опремени со сончев кров, клима уред и автоматик менувач. Овој модел на СААБ се призведуваше од 1968 до 1984 година, при

Сааб 96 Спорт

38

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

што за овој период произведени се вкупно 588.643 примероци, од кои највеќе се продадени во САД, Велика Британија и Шведска. • Андријан Трипунов


hi - tech

Батерии во спреј

Kреирање енергија во различни нови форми Како што тврдат истражувачите од американскиот Универзитет „Рајс“, наскоро ќе можете секоја површина да ја претворите во литиум-јонска батерија со помош на нивниот нов изум – батерии во спреј.

О

вие батерии ќе се продаваат во продавници за бои и лакови, а полнетата батерија е во форма на боја што буквално може да се прска од лименката како автолаковите. Батеријата во спреј, поточно боја, е составена од пет слоеви што ги претставуваат сите компоненти на стандардните батерии и секој од нив се нанесува посебно. Од Универзитетот тврдат дека секоја површина може да се претвори во батерија, дури и ѕидот во собата, доволно е само да се премачка со спреј во пет слоеви. - Ова ќе ни овозможи да се изработуваат батерии на еден сосема нов начин, што претставува флексибилен пристап во дизајнот и интеграција на уредите за чување на енергијата – изјави доктор Ајајан, професор по механичко инженерство и хемиски науки од Универзитетот „Рајс“. Тој додаде дека во последно време се зголемува љубопитноста на луѓето за креирање енергија во различни нови форми. Професорот Ајајан смета дека нивниот изум ќе

биде „голем исчекор во таа насока“. Неговата колешка Нилам Синг и нејзиниот тим поминале многубројни часови во истражување, во создавање формули и во тестирање на секој од петте слоеви боја. Слоевите претставуваат компоненти на новата батерија и се составени од два колектора на струја, по една катода, анода и полимерски сепаратор во средина. Истражувачите ја тестирале бојата во спреј на различни површини, како што се керамички плочки, стакло, нерѓосувачки челик, при што се покажало дека батерија може да се добие од сите наведени. Во еден експеримент поврзале девет керамички плочки и во една од нив вградиле соларна ќелија. Кога батеријата била наполнета со соларна енергија и со електричната енергија, ги напојувала LEDдиодите и обезбедила стабилен напон од 2,4 волти. Тоа овозможило LED-

Секоја површина може да се прет вори во батерија, доволно е да се премачка со спре ј во 5 слоеви

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

диодите да светат дури шест часа. Добра вест е дека батериите се конзистентни во својот капацитет, кој се намалува дури по 60 последователни полнења, но намалувањето на капацитетот е занемарливо, па истражувачите се надеваат дека овој изум ќе помогне и во заштитата на животната средина. Секој од петте слоеви на батеријата е посебна целина, а професорката Нилам Синг вели дека тие се полнат многу лесно. Батериите може да се полнат со мали соларни ќели��, но истовремено и од неколку извори на енергија. Синг истакнала дека во текот на експериментот површините биле рачно боени, со батерија во спреј или со боја, со иста постапка во пет слоеви, но дека индустрискиот автоматизиран процес би можел не само да ја олесни оваа технологија, туку и да ја забрза и унапреди. Истражувачите од „Рајс“ поднеле барање за патентирање на овој изум, а во моментов истражуваат како да го олеснат боењето и експериментираат со можностите за комбинирање на изворите за полнење. • Маргита Поповска

39


СПОРТ

ИНТЕРВЈУ СО ИГОР СТЕФАНОВСКИ – ИЏЕ

Европа е нов предизвик

•Честитки за освоената титула во трките на ридски патеки во шампионатот на ФИА во Централно-европската зона. Може ли да ни ја доловите атмосферата, како е да се биде првиот Македонец со овој трофеј? - Благодарност за честитките, морам да кажам дека овој трофеј е со најголема вредност за мене и нашиот тим пред сè поради тежината на самиот ЦЕЗ шампионат и конкурентите кои ги имавме во оваа сезона, како Бозук Богдан и Барлек Висниквски од Полска. Со самото тоа што има врвни тимови и натпреварувачи од регионот, па и од Европа, атмосферата на овие трки е навистина посебна, каде што публиката е присутна во огромен број. • Да не биде разбрано дека до овој трофеј лесно се стигнува, колку трки имаше сезонава, која беше конкуренцијата и со кои резултати беше освоена титулата? - Се работи за CEZ шампионатот (централно европска зона) во која се вклучени 12 земји меѓу кои и Македонија. Се работи за одлична конкуренција со одлични возила и возачи. Ние настапивме на дел од овие трки,

40

вкупно пет, и што е најважно, на сите го освоивме првото место, а тука секако беа и неколкуте рекорди направени на неколку патеки во својата класа, што беше доволно да се осигура шампионска титула.

• Логично е да се бара нов предизвик во повисока категорија на трки, а тоа после ЦЕЗ е Европското првенство. Може ли да се направи споредба меѓу овие две натпреварувања? - Европско првенство е најсилното натреварување од типот на ридски натревари, тоа е едно скалило погоре од ЦЕЗ шампионатот. Европскиот шампионат е сериозно натреварување, тоа е напорен и тежок шампионат кој се вози низ цела Европа, има 13 трки во годината, а тоа бара добра подготвеност и добра логистика на тимот. Само за пример, има трки во Шпанија и Португалија, на кои ќе треба да се патува околу 3.500 километри во еден правец, а и другите трки не се поблиску од 1.500 км.

• Годинава имаше два настапи на трки од Европското првенство, како се снајде во таа конкуренција? 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Македонскиот пилот Игор Стефановски во интервјуто за „Клуб Мобилити“ открива дека сака да ја подигне кариерата на повисоко ниво, па откако освои се што можеше да се освои во Македонија, во текот на 2013 година ја обезбеди и шампионската титула на ридски патеки во Централно европската зона на ФИА. Европското првенство е неговиот нов предизвик.

- Мислам дека на тие трки поминавме повеќе од одлично, со оглед на тоа дека ова ни е прва сезона со ова возило. Нормално е уште да се привикнуваме на него, како јас, така и мојот тим, сепак овој автомобил е права тркачка направа. Мислам дека добро поминуваме во „пробната сезона", за да можеме следната подготвени да се спротиставиме на сите предизвици.

• На последната настап во Бузет (трка за ЕП) го избори второто место, со најдобро време на денот при второто возење, но беше дисквалификуван. Што се вели во решението на техничката комисија која донесе одлука за дисквалификација? - Нема што да кажам освен една лоша игра од страна на Хрватите. По натпреварот ни беше даден приговор на возилото и тоа на ПЕРКА ЗА КЛИМА УРЕД, при што странските делегати ја потврдија одлуката дека не треба тркачко возило да поседува перка за клима, но по 2 часа хрватскиот делегат ја смени одлуката и не дисквалификува само за нивниот натпреварувач да профитира и да стигне до 3 место.


СПОРТ

• Твоето возило Мицубиши Лансер Ево IX лани го возеше Словакот Петар Јурена, кој беше европски првак во 2007 година. Со идентичен автомобил настапи и Томислав Мухвиќ, кој победи на Бузет и стана нов европски шампион, па ме интересира дали си запознаен како тие го имаат решено овој проблем со перката на клима уредот? - Морам да кажам дека ова возило е подготвувано во една од најдобрите фирми кои се занимаваат со подготовки на тркачки автомобили. Минатиот сопственик Петар Јурена бил европски шампион токму со ова возило и доколку би требало да поседува перка за клима, сигуно би ја имало.

• Што е потребно да направиш во оваа меѓусезона за добро да се подготвиш за идните настапи во Европското првенство? Дали автомобилот сам по себе е доволен за да се впуштиш во оваа авантура? - Возилото ќе оди во Чешка на детален преглед и репарација на потребните делови, секако таму ќе оди и дел од мојот тим и мојте механичари за подобо усовршување околу возилото. Тука се и подготовките на мојот тим околу другите работи околу подготовката за наредната сезона. Сега имаме и повеќе време да им се посветиме на нашите партнери кои ме пратат низ сезоните, а тоа се „Витаминка“, „Лпр-Мак“, „Мотоцентар“, маслото за автомобили Волф, „АМСМ“, „Линк Медија“, „Скопје Сити Мол“, „КС графика“. Благодарение на нив можеме да учествуваме на овие натпревари. Нам ни останува да ја спремиме финанскиската конструкција, да ги направиме сите планови, сите логистички работи, за да можеме да сме спремни, сепак се работи за трки што се возат низ цела Европа. Се надеваме дека добро ќе се подготвиме за сите предизвици.

•Запознај не подетално со твоето Мицубиши. Знаеме дека настапуваш во групата N +3000, кои се другите карактеристики на возилото? - Се работи за возило Мицубиши Лансер Ево IX, група N, спремано во најдобрата работилница за тркачки возила во Чешка, „Racing Charouz“. Има мотор зафатнина од 2000 кубни сантиметри, но поради турбо полначот се води како +3000, моќност од 430 коњски сили, погон на сите 4 тркала, тежи 1350 кг, Рејгер амортизери, Брембо сопирачки, троши тркчако гориво 102 октани кое чини 8.5 евра по литар, а забрзувањето од 0 до 100 е за неполни 3 секунди. Крајната брзина не е голема, до 220 – 230 километри на час, но за ридскобрзинските трки таа не игра голема улога, побитно е забрзувањето.

• Во отсуство на трки од првенството на Македонија, дали ти е полесно или потешко што се посвети на меѓународната кариера? - Македонија не ја заборавивме и никогаш нема. Едноставно овој спорт застана во место. Нема трки, нема возила, нема нови дечки спремни за возење трки, сетоа тоа се должи на немањето средства. Трките се најскапиот спорт. Со самото тоа возилото нема конкуренција во Македонија и се бараат нови предизвици надвор во Европа. И како возач кој се одлучил за овој спорт, сакам кариерата да ја подигнам на повисоко ниво и затоа возам на патеките од европските шампионати.

• Каква екипа е потребно да се има за овие меѓународни настапи? Кои се луѓето што се во сенка, механичарите, спортските „ментори“ и луѓето кои ти помагаа со своите знаења? - За се ова што го постигнав морав да ја имам најдобрата екипа. Се работи за одбрани луѓе кои се со мене и се дел од мене од самиот почеток. Екипата е составена од механичари, менаџери, луѓе задолжени за логистика, со еден збор најдобрите, тоа е мојот тим, победничкиот тим. Ми недостига уште личен фитнес тренер, за да се подготвувам како пилотите од Формула 1, (ха,ха).

•Очекуваш ли дека и други возачи од

• ФИА на светско ниво спроведува

Македонија би можеле да тргнат по твојот пример? Или можеби се надеваш на повторно рестарт на државниот шампионат? - Сето тоа зависи од спонзорите колку ќе ги потпомогнат возачите. Сам како поединец тешко е да се финансираш. Добро е и други да возат што повеќе трки низ Европа, со тоа ќе се подигне свеста за овој спорт кај граѓаните, а воедно и кај спонзорите. Добро е да се има јак шампионат во Македонија, духот за натпреварување го имаме, имаме одлични патеки за ридски трки. Но, многу работи сепак зависат од спонзорите.

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

кампањи за безбедност во сообраќајот и за поеколошки автомобили, а тркачките пилоти се нивни најголеми промотери. Кои се твоите искуства, колку ти и другите наши возачи сте примерни во сообраќајот или се грижите за природата? - Нормално, се трудиме да бидеме коректни кога возиме во сообраќајот, а со самото тоа што сум член и шампион под капата на ФИА, должен сум да ја спроведувам кампањата за безбедност на патиштата.

• Александар Табаковски

41


СПОРТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МОТОЦИКЛИЗАМ

Маркез не се симнува од подиумот Иако е дебитант во елитното друштво, Марк Маркез демонстрираше вонсериски перформанси и стабилност во резултатите, кои го етаблираа како лидер во првенството и најголем кандидат за освојување на титулата рација пред стартот

Марк Маркез-концент

Д

а се биде дел од Репсол Хонда значи многу за секој мотоциклист, бидејќи фабричкиот тим на јапонската фирма години наназад бележи успеси и важи за одлична адреса за секој со шампионски амбиции во светот на мотоциклизмот. Марк Маркез на најдобар начин го користи овој потенцијал борејќи се за насловот светски првак во својата прва сезона како возач во „кралската класа“. О��како успеа да направи четири победи во низа во средината на сезоната кои го исфорсираа како предводник кај возачите, бидејќи токму во тој период од сезоната Лоренцо и Педроса имаа проблеми со повредите, во текот на септември младиот Шпанец рамноправно се носеше со ривалите. Лоренцо нанижа две победи во Силверстоун и во Мизано, најавувајќи дека нема без борба да ја предаде титулата во туѓи раце, но Маркез и во двата наврати финишираше како втор и притоа влегуваше во дуел со повозрасниот сонародник демонстрирајќи воља за натпреварување. Токму на трката во Англија, обајцата си ги сменија позициите

42

во водство, вклучувајќи ја тука и измената во последниот круг, а на крајот Лоренцо прв ја мина целта со предност од само 81 илјадити дел од секундата. На следната трка во Сан Марино, Јамаха го претстави унапредениот менувач и забележа нова победа за самодоверба на Лоренцо во финишот на сезоната. - Беше важно да се победи, бидејќи надополнуваме разлика, а овој пат тоа се само пет поени, исто како на Силверстоун. Не прави голема разлика на табелата, но среќен сум за оваа победа бидејќи имавме проблеми во текот на викендот, особено со сопирачките. Направивме некои промени во суспензијата на моторот при утринското загревање и тоа ги подобри перформансите. Одлучив да одам со истата стратегија како на претходните трки и да поведам од самиот старт. Трката беше тешка од физички аспект, бидејќи Дани и Марк не се предаваа, а нивната брзина беше константна. Навистина сакам да му се заблагодарам на тимот за оваа победа, бидејќи многу го унапреди моторот за оваа трка,- рече победникот Лоренцо 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

во Арагон


СПОРТ

Маркез и Лоренцо - поб едата е извојувана во директен дуел со кон курентот за титулат

а

по третата едноподруго победа на патеката во Мизано. Последната извозена трка беше за Големата награда на шпанската провинција Арагон, а Маркез ја демонстрираше своја посветеност да стигне до победата, откако на претходните две трки на домашно тло победија конкурентите: Педроса во Херез, а Лоренцо во Барселона. Трката беше обележана од уште еден изедначен дуел, каде што Маркез од третата позиција се впушти во борба за победата. Најпрвин го нападна тимскиот колега, но преголемата желба доведе до закаснето сопирање од негова страна и допир со мотоциклот на Педроса, што пак предизвика дефект (скинат кабел од контролата на тракцијата), по што и двајцата се најдоа во небрано. Маркез отиде прешироко во свиокот и му дозволи на Лоренцо да се одвои, додека Педроса полета во воздух и на непријатен начин ја дозна информацијата за техничката аномалија како резултат од допирот на двата мотоцикла, по што фуриозно го обвини помладиот колега за погрешен пристап. За разлика од ова, Лоренцо беше победен без конфликт (иако имаше судир и со него пред неколку трки, во Херез), за што секако нема подобар момент: ем пред домашната публика, ем во пресрет на трите трки кои се возат во финишот

на сезоната на Далечниот Исток. Но, таму нема да патува само предноста од 39 бода во однос на Лоренцо, туку и со покана за сослушување од стјуардите на трката „за да се востановат точните детали“, бидејќи беше посочен како преагресивен. - Би сакал да знаеме каде е границата, бидејќи и јас можам да возам агресивно и преку лимитот. Правилата треба да важат за сите. Односите секогаш ни биле во ред, а најтешко е кога ваквите нешта ти се случуваат со тимскиот колега. Можам само да кажам дека јас бев во право, па штета е дека оној што бил во право го извлекува подебелиот крај,- рече Педроса за Би-Би-Си. Маркез има два казнени поена од тренинзите на Силверстоун, кога не ги почитувал жолтите знамиња, па ако добие уште два, ќе мора да стартува од последното место на следната трка. Во моментов, тој е лидер со 278 бода, Лоренцо има 239, а Педроса остана на 219 поени откако не финишираше на последната трка. Финалето на сезоната започнува со трката во Малезија на 13 октомври, по што во период од две седмици следуваат уште две трки (на секои седум дена) во Австралија и Јапонија, а завесата ќе биде спуштена на 10 ноември во Валенсија.

•Александар Табаковски

МОТО ГП 1.

Маркез (Хонда)

278

2.

Лоренцо (Јамаха)

239

3.

Педроса (Хонда)

219

4.

Роси (Јамаха)

185

5.

Крачлоу (Јамаха)

156

6.

Брадл (Хонда)

135

7.

Баутиста (Хонда)

125

8.

Довициозо (Дукати)

112

9.

Хејден (Дукати)

102

10.

Смит (Јамаха)

80

ТАБЕЛА

првак Маркез -деветкратниот Валентино Роси и Марк диот шпанец мла на л идо е му и ниш со 146 подиум фи 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА 1

Круната го чека Фетел Со четири победи во низа, Себастијан Фетел ја „збриша“ конкуренцијата во борбата за светската титула.

Фетел на подиум во Кореа 2013

З

а разлика од првото „полугодие“, кое ни донесе возбудувања и диверзитет како на подиумот, така и во резултатите, вториот дел од сезоната на Формула 1 се претвори во процесија предводена од актуелните шампиони, Себастијан Фетел и Ред Бул. Иако првата победа во Белгија ја оценија како изненадување и за самите нив, успехот го повторија и на легендарната Монца, во трката за Големата награда на Италија, со што нивното возило ги собра ловориките и на сосема поинаков тип на патеки од претходно, каде што се цени крајната брзина и издржливоста на моторот, наспроти добрата аеродинамика и техничкиот сет ап за свиокливите автодроми. На разочарување на тифозите, Ферари не можеше да се избори за дуел во борбата за победа, иако Алонсо по стартот од седмото место успеа да се пробие до втората позиција. Шпанецот се обиде да оди подолго во првиот стинт, за да биде сигурен дека ќе има само еден пит стоп, надевајќи се дека можеби Ред Бул ќе има потреба од втор, но тоа не се случи. На 44

крајот, публиката го награди Алонсо со овации, додека Фетел беше исвиркан, откако тоа претходно му се случи и во Англија. - На крај на денот се чуствувате убаво, бидејќи сте ги победиле „црвените“ и ние сме горди на тоа. Имав искуство во 2008 година кое тотално ме „одлепи“, кога победив со италијанска екипа (Торо Росо – з.а.) и атмосферата беше фантастична. Во 2011 бев изненаден од свиркањето, но оваа година беше очекувано. Не ги обвинувам, тие го сакаат Ферари и тоа е нешто специјално,- рече победникот за моментите на пиедесталот. - Брилијантна тимска работа! Најпрвин на почетокот имавме проблеми со предната десна гума на Фетел, а потоа почнаа и проблемите со менувачот кај Марк, бидејќи вибрациите од него се чувствуваа на целиот болид,- изјави Хорнер за Скај Спорт. - Освен блокирањето на тркалата во првиот свиок, тој возеше брилијантно и ја контролираше трката. Што се однесува до исвиркувањето, мислам дека тоа го мотивира, тоа е нешто што е очекувано 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

во земјата на Ферари. Сепак, мислам дека тоа го зацврстува неговиот карактер,- додаде тимскиот шеф, Кристијан Хорнер. Во меѓу-периодот до трката во Сингапур, Ферари објави дека ќе го замени Фелипе Маса со Кими Раиконен. Шпекулациите за таквиот расплет на настаните беа повеќепати објавувани, но Ферари ги отфрлаше со индигнација и официјално соопштение во кои главната поента беше дека нема потреба од таква конкуренција во тимот. Оттука, единствените можни објаснувања се дека или завршила трпеливоста кон Маса, или се сменил пристапот и сега екипата сака да има втор силен возач покрај Алонсо, особено по неодамнешните критики од Шпанецот и шпекулации дека можеби ќе го напушти Маранело по истекот на договорот. - Не гледам зошто не би функционирало. Доволно сме возрасни да знаеме што правиме. Доколку има нешто, сигурен сум дека можеме да го разговараме. Не сме 20-годишни момчиња. Можеби грешам, но прилично сум убеден дека се ќе биде во ред,- изјави секогаш смирениот Финец,


СПОРТ

кој го носи прекарот „леден човек“. Трката во Сингапур сама по себе донесе тотална доминација на Фетел, а Алонсо повторно успеа од средината да стигне до второто место, овој пат благодарение на одлуката да направи пит стоп во средината на трката кога останатите фаворити ја одбија таа шанса со појавувањето на возилото за безбедност. На тој начин тој го ризикуваше тогаш веќе запоседнатото трето место, паѓајќи две позиции подоле, но беше јасно дека фаворитите ќе мора да влезат уште еднаш до крајот, а тој со вистински менаџмент на пневматиците тогаш успеа да издржи и повторно беше втор. Иако публиката во Сингапур повторно го исвирка Фетел, главната вест во медиумите беа обвинувањата од поранешниот тимски шеф, Џанкарло Минарди, кој се појави во Сингапур, а се

однесуваа на можна нелегалност на болидот на Ред Бул. - Не ми е намера да го девалвирам Фетел, кој секогаш го управува болидот на најдобар начин. Сакам само да кажам што забележав за време на тридневниот настан,- вели 66-годишниот Минарди, кој тврди дека причините за доминација не се јасни, како и дека болидот на Фетел се однесувал поинаку од другите, вклучувајќи го и оној на тимскиот колега Вебер, бидејќи успевал да влезе во првата шикана без да прави корекции. - Неговото време во третиот сектор беше забележително, а тоа е делот каде што има најголема концентрација на свиоци. На истото место, Себастијан беше во можност да додаде гас 50 метри пред другите. Најмногу ме изненади звукот на неговиот мо��ор. Беше поинаков од

ца Алонсо зад Фетел на старт во Мон

сите други на Рено, вклучувајќи го и оној на Марк. Звучеше како во минатото кога беше дозволена контрола на тракцијата. Тој звук беше само кога Фетел имаше извонредни перформанси, како на пример откако се повлече возилото за безбедност. Во тие моменти звучеше помоќно од сите други. Би сакал некои одговори. Не сакам да обвинувам никого, само сакам да се расчисти, - напиша Италијанецот на личниот веб сајт. Ова повлече со себе лавина од дискусии, за во епилогот да биде демантирана секаква нелегалност, а посочените перформанси да се етикетираат како софтверска придобивка од таканареченото „мапирање на моторот“. Вака „оладениот“ старт на следната трка во Кореа не придонесе за големо внимание на оваа не многу популарна трка од календарот,

2013

ФОРМУЛА 1 1.

Фетел (Ред Бул)

272

2.

Алонсо (Ферари)

195

3.

Раиконен (Лотус)

167

4.

Хамилтон (Мерцедес)

161

5.

Вебер (Ред Бул)

130

* ТАБЕЛА ВОЗАЧИ

ФОРМУЛА 1 1.

Ред Бул Рејсинг

402

2.

Ферари

284

3.

Mерцедес

283

4.

Лотус Рено

239

5.

Мекларен

81

* ТАБЕЛА КОНСТРУКТОРИ

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

45


СПОРТ

СПОРТ

Колумна: „Своерачно“ која во 2014 година ќе се вози во пролетниот дел од сезоната. Иако на тренинзите Хамилтон даде надеж дека Мерцедес може да се врати во игра за високите позиции, во трката изненадувањата ги направија возачите на Лотус Рено. Поради двете аплицирања на возилото за безбедност, се создаде слика дека тие се мошне блиску до Фетел и Ред Бул, чија што предност беше во два наврати пресечена, за на крајот единственото возбудување да биде престигнувањето за второто место, кое што Раиконен го приграби од Грожан. - Квалификациите беа мошне лоши за мене, но тешко е да се каже дали подобрата стартна позиција ќе направеше разлика. Себастијан беше побрз од нас во финишот, не за многу, но тоа заедно со фактот дека имаше посвежи гуми прави да мислам дека ќе беше тешко да го стигнам во секој случај. Бевме поблиску до Ред Бул отколку што бевме на некои трки, но не доволно блиску,- посочи Финецот, кому ова му беше осми пласман на подиумот оваа сезона. - Беше добро што бевме блиску до Ред Бул. За моја несреќа, а за среќа на Кими, кога беше аплицирано возилото за безбедност моравме во исто време во бокс. Сакавме да имаме предност, но јас направив мала грешка и тоа е моја вина. Потоа Кими ме престигна, а следуваа развеани жолти знамиња, па не можев да користам ДРС. Се обидов да притискам на крајот, но сепак добро е да си назад на подиумот,- помирливо заклучи Грожан за своето трето место во Кореа. До крајот на сезоната има уште пет трки, а титулата веќе „ѕирка“ од џебот на Фетел, поради предноста од 77 поени во однос на Алонсо. Микс од „класиците“ како Сузука и Интерлагос и „новаците“ како Индија и Тексас ги очекуваат пилотите во последните трки сезонава, со што ќе биде ставен крај на последната година со атмосферски мотори, а ќе се отвори ново поглавје за спортот со воведување на турбо технологијата и еколошките извори на енергија. •Александар Табаковски

Кими Раиконен се враќа во Ферари од 2014

46

Разделби и нови предизвици Ако се оди наназад, во деведесеттите години од минатиот век, можеме да дојдеме до заклучок дека Рос Браун и Адријан Њуи од 1992 до денес ги имаат меѓу себе сите титули, со исклучок на 2005/2006 и доминацијата на Рено, како и 2007/2008 кога ја менуваа работната средина.

Н

е толку одамна, во 2006 година, Рос Браун го напушти Ферари заедно со Михаел Шумахер, откако Жан Тод беше унапреден во генерален менаџер, а тој не ја доби довербата да го наследи како тимски шеф. Дотогашниот технички директор имаше храброст да му се заблагодари на Ферари и да им покаже дека понекогаш унапредувањата се прашање на чест. Браун имаше кредибилитет и портфолио од резултати во различни средини за да покаже што знае и умее, па оттука логично беше да има и самодоверба дека може да си го заработи лебот на друго место, притоа земајќи си една година одмор за да оди на риболов. Некако истовремено, неговиот најголем ривал на страна на инженерите, Адријан Њуи, од Мекларен се пресели во Ред Бул, кој се формираше во 2005 година со откупување на дотогашната екипа Јагуар. Би можело да се констатира речиси истата ситуација: главниот инженер се повлече од големата екипата, побара предизвик во мал тим со голем буџет, доволен да ја следи неговата креативност и знаење. Од тогаш наваму, Ферари освои само една титула, онаа во 2007 година, благодарение на двобојот што го имаа Алонсо и Хамилтон, додека Мекларен, исто така, со еден трофеј од 2008 година веќе е подзаборавен од фановите. Рос Браун првобитно го презема тимот на Хонда, а кога јапонската фабрика реши да се повлече од спортот, тој ја откупи екипата и ја реименуваше во Браун ГП. Како на филм, ја започна сезоната во 2009 година со 1-2 победа и на крајот Џенсон Батон ја однесе титулата. Тоа беше доволен показател и шамар за Ферари. На крајот од годината, тимот беше купен од Мерцедес. Потоа следуваше време за Адријан Њуи, од 2010 10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

година, Ред Бул стана велесила во спортот, освојувајќи три двојни круни, возачка и конструкторска, а четвртата веќе им се насмевнува. Ако се оди наназад, во деведесеттите години од минатиот век, можеме да дојдеме до заклучок дека овие двајца инженери од 1992 до денес ги имаат меѓу себе сите титули, со исклучок на 2005/2006 и доминацијата на Рено, како и споменатите 2007/2008 кога ја менуваа работната средина. Обајцата се со еден полувек зад себе, ја живеат шестата деценија, но нивното влијание во спортот е енормно. Тоа се луѓето кои создаваат чуда. И легенди. Ферари еднаш си го дозволи луксузот да го загуби Рос Браун, па речиси е непојмливо дека денеска некој би можел со идентична леснотија да си дозволи таква одлука. Мерцедес е на прагот да се збогува со овој инженер, откако претходно во своите редови ги вброи оние што ги освоија споменатите 4 титули кои не се ниту на Браун, ниту на Њуи: Боб Бел од Рено, Алдо Коста од Ферари и Педи Лоу од Мекларен. Дискутабилно е дали сега е вистинскиот момент. Вистина е дека светот останува на младите, но Мерцедес има нагорна линија во своите перформанси и се добива впечаток дека Браун одлично си ја врши работата. Мерцедес има нов менаџмент, кој очигледно сака да ја осигура долгорочната иднина, па го ангажираше целиот расположив кадар со шампионски ков. Засега, во Ред Бул нема ни трага ни глас од можноста да се бара наследник за Њуи. Дали Мерцедес ќе се одлучи да ризикува и да создаде потенцијален трет ривал, бидејќи повеќе од очекувано би било Браун да биде понуден со нов ангажман? Долгорочно, нивната одлука може да биде коректна, но исто како што формираше шампионска средина во Бенетон, па во Ферари, па во Хонда/ Браун/Мерцедес, за очекување е дека Англичанецот пред да се пензионира може да стисне заби и уште еднаш да покаже што значи нов предизвик за еден искусен волк од негов калибар. Би бил изненаден ако не е така! • Своерачно, Александар Табаковски


10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

WRC - Рели Франција

Ожие е новиот крал на релито На две релија пред крајот на сезоната Себастијан Ожие прикажа извонредни перформанси, се закити со седмата победа во годинешниот шампионат и воедно на две релија пред крајот на сезоната со својата прва шампионска титула

Н

ема двојби дека Себастијан Ожие успеа да ги надвози своите конкуренти на непредвидливите асфалтни патеки на cевероисточниот дел на Франција. Борбата за победа на последното асфалтно рели од сезоната беше борба на титани каде во последниот ден од релито дури четворица возачи влегоа со изедначени ремиња и со подеднаква шанса за победа. Покрај Ожие во битката за победа влегоа и неговиот тимски другар Даниел Сордо, потоа изненадувањето на сезоната Тери Нувил и деветкратниот светски шампион Себастијан Лоеб на кого ова му беше последен настап во светот на релито и кој очекуваше

48

да го запечати со својата 79. победа во Хагену. И покрај очекувањата Лоеб неславно го заврши својот последен настан во WRC. На еден километар во првиот брзинец на последниот ден Лоеб загуби контрола над својот Citroen DS3, се сврте и заврши во ендек. Нувил загуби премногу време заради дупната гума, додека Сордо и покрај силниот отпор неможеше да го издржи налетот на Ожие и мораше да се задоволи со второто место. Трет заврши Јари-Мати Латвала, додека Нувил пристигна на четвртото место. Ожие ја однесе победата и на

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

претходното рели кое се возеше на Јужната земјина полутопка во Австралија, додека Сордо славеше на настанот пред него, на релито во Германија каде ја оствари првата победа во сезоната. Откако Ожие ја освои титулата на само две релија до крајот на сезоната во преостанатиот дел од шампионатот ќе се води жестока борба за втората позиција. За сега за местото вицешампион предничи Нувил со 143 бода, но тесно е следен од Латвала со 125 бода и Сордо со 117 бода. Од борбата не треба

да се исклучи ниту Хирвонен кој со своите 111 бода се наоѓа на петото место во шампионатот. И додека кај возачите се е јасно, кај конструкторите приказната сè уште не е завршена. Иако Volkswagen убедливо води со своите 339 бода, второпласираниот тим на Citroen со 259 бода сè уште има теоретски шанси да стигне до титула. Следно��о рели се вози во Шпанија на мешана подлога, на асфалт и чакал која е вистински предизвик и за возачите и за тимовите. • Љубомир Анастасовски

Ожие го освои ре

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

лито во Франци

ја

49


членство

Испланирајте ги своите активности

Есенски задоволства за малку пари Кој вели дека есента не може да биде интересна. Ви требаат само неколку добри идеи за тмурните денови да ги претворите во активни и поразлични од есенското секојдневие. А се станува уште поинтересно кога овие идеи можете да ги реализирате и притоа како АМСМ членови да заштедите. Еве неколку наши предлози кои веруваме дека ќе ве направат посреќни и поисполнети, а со АМСМ Партнер попустите ќе Ви овозможат и да заштедите.

1. Подобрете ја физичката кондиција... Искористете го АМСМ Партнер попустот од 10% попуст на спортска опрема во „DELTA SPORT-NIKE“ и опремете се за редовно есенско искачување на Водно. 2. Дружете се... Јавете им се на пријателите со кои веќе подолго време не сте се виделе и организирајте неделно дружење со 15% попуст во ресторан „ГАЛИЈА-ФУФО“. 3. Направете нешто кое одамна го планирате... Исполнете ги празните рамки за фотографии во домот со убави моменти во фотостудио „ДЕСО“ со 30% попуст. 4. Почестете се... Уживајте во мали слатки задоволства со 15% попуст во слаткарница „О ЛА ЛА“ 5. Читајте... Исклучете го телевизорот и најдете време за добра книга со 10% попуст во „КЛУБ МАТИЦА“.

Ако некоја од предложените активности особено Ви се допадна, тогаш можете да ја практикувате и почесто, бидејќи попустите во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги искористите неограничен број пати, но само со покажување на Ваша валидна АМСМ членска картичка. Сите АМСМ Партнер продажни места во кои како АМСМ член добивате попусти и поволности, можете да ги најдете на www.amsm.mk или преку бесплатната АМСМ мобилна апликација за iOS и Android базирани телефони. Штедете безгрижно со АМСМ членската картичка!

Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

50

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

10/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk

Партнер на месецот октомври

козме тички тоале Casyo тни пр епара p e ти и су Veron a -20% венир 1 0% и Укра

сни п

редм

ети, с у

венир

и -10 %

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 1


Содржина 2

АМСМ Партнер програма

12

ГЕВГЕЛИЈА

3

АМСМ Членство

13

БИТОЛА

3

АМСМ Попусти

13

КИЧЕВО

4

СКОПЈЕ

14

ШТИП

7

ОХРИД

14

велес

8

СТРУМИЦА

14

кавадарци

10

КУМАНОВО

15

струга

10

ПРИЛЕП

15

маврово

11

КРУШЕВО

16

Автомото друштва

11

ТЕТОВО

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си!

АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија!

2

Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери која, заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.


амсм членство Чувството да бидеш дел од семејството Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте. AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Услуги

рентакар

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 3


СКОПЈЕ Пицерија „Фуфо Галија“ 15% попуст ул. Водњанска тел. 02/ 3112-486

РЕСТОРАНИ Ланџ Ресторан Арабеска 15% попуст на сметката Ул. Никола Вапцаров бр.7 Ресторан „СКАЛА“ 10% попуст ул. „Наум Наумовски-Борче“ 88б (Градски парк) тел. 02/ 3127-095

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250 Клуб ресторан „ГАРНИ“ КАФУЛИЊА

Ресторан „МАРАКАНА“ 10% попуст Градски парк бб тел. 02/ 3221-541, 3223-226

Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666 www.deninok.com.mk

Кафе-бар „ЧАО“ 10% попуст ГТЦ анекс 3 лок. 6 Кафетерија Мое Кафе 20% попуст ТЦ Зебра тел. 078 394 958

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.com.mk

„СТАР КАФЕ“ 10% попуст кај Католичка црква

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk

„Кафе ди Рома“ 20% попуст ул. „Македонија“ бб www.ilcaffediroma.com

Ресторан „Мирко 919“ 5% попуст на свадби ул. „Гаврил Константиновиќ“ бр. 76 населба Лисиче - Аеродром тел. 02/ 2439-157 Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215 Ресторан „Балканика“ 10% попуст Градски парк тел. 02/ 3073-713 Ресторан „Венето“ 10% попуст Сити Мол 2 спрат тел. 02/ 3086-660 YoGOOD - frozen yogurt 20% попуст Сити Мол 2 кат, (food corner) O LA LA - pastry shop 15% попуст Кеј 13 ноември 8/1-1 , ГТЦ www.olala.mk 4

10% попуст ул. „Ленинова“ (спроти Драгстор Бети)

Пивница „КРИГЛА“ 10% попуст бул. „Св. Климент Охридски“ бб тел. 02/ 3117-869 Кафе-бар „СУПЕРФЛАЈ“ 10% попуст Дебар Маало Кафе-бар „КУЛТ КАФЕ“

10% попуст Дебар Маало Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје

ХОТели Хотел „АЛЕКСАНДАР“ 10% попуст ул. „Востаничка“ бр. 24 тел. 02 2707-806 www.hotelaleksandar.com.mk Хотел Викториа Ул. Славе Деловски бр. 18 10% попуст на семстување по соба Тел. 02 3107 600 www.hotelvictoria.com.mk


СКОПЈЕ ШОПинг

Салон за пневматици и фелни „Мултибренд“ 25% попуст Јужен булевар б.б. - Триангла тел. 02 3112 100

„ОЛИМПИКО“ Гуми 20% попуст Бул. „8-ми септември“ бр.38 спроти Хубо Маркет тел. 02 3064-689 www.olimpiko.com.mk

накит „Асос Дајмонд“ 10% попуст Сити Мол (прв кат) тел. 02 3052 955

Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.technomarket.com.mk

„НИКО Компјутери“ 5% попуст, продавници: Скопје, ГТЦ, Драчево, Куманово и Битола тел. 02/ 3223-080 www.nikocomputers.com Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 „iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери 10 % на акцесоари Сити Мол ,приземје 02 3096 985 www.istyle.mk Ист Комерц дооел 5% попуст Бул. Кочо Рацин бб сек. 9 тел. 02/ 3113-122 www.sanda.com.mk Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Бутик „СОРБИНО“ 10% попуст, ГТЦ 2 кат продавница за накит

Bohemia Jewlery ,Swarovski

10 % и подарок за над 20 000 ден. Веро Центар

Книжарница „КЛУБ МАТИЦА“ 10% попуст бул. „Климент Охридски“ бр. 23 тел. 02 3221-138 www.matica.com.mk

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 Бутик „AUTENTIC“ Салон за чевли „ЕКСКЛУЗИВ“

10% попуст ГТЦ приземје 10% попуст ГТЦ 2 кат и ул. „Македонија“ бр.21 ул. „11-ти Октомври“ 6/1-3 Бутик за чевли„ДЕНИ ШУС“ 10% попуст ТЦ „Беверли Хилс“ приземје Оптикара „ОПТИКА диоптра“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 02 3231 660 бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија Фото „Десо“ 30% попуст Бул. Партизански одреди 17-3/15 (спроти Соборен храм) тел. 02 3128 386, 02 3221 072 „НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk Бутик за кошули „Ла Камичерија“ 10% попуст, „Веро Центар“ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 5


СКОПЈЕ Игротека „Ен2три“ 15% попуст на роденденски пакет ул. „Ленинградска“ 102г (позади QBE) Тел: 075 749 309 Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974 Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628 „МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086 Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Железничка“ бр. 6 тел. 075 426-220

Вода сервис „Фам. ЈАНЕВСКИ“ 10% попуст на апаратите за плаќање во готово тел. 070 285-754 Играчки „АДРИЈАНО“ 20% попуст, ТЦ „Бисер“ тел. 02 2451-103 www.adrijano.com.mk Рачна изработка на модни додатоци 20% попуст Рамстор приземје „Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“) Бутик Quiksilver/Roxy 15% попуст ГТЦ приземје

здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcentar.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk 6

Студио „СИКРЕТ“ 10% - 50% попуст ул. „Маркс и Енгелс“ бр. 3 тел. 02 3232-223 www.studiosecret.com.mk Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст нас. Аеродром тел. 070 398-829 Стоматолошка ординација „ПЕТКОВИ“ 20% попуст, ул. „Емил Зола“ бр.6 тел. 02 2782-100 www.drpetkovi.com.mk Фризерски салон „Бубе Студио ИН“ 10% попуст ул. „Никола Тримпаре“ бр.10 тел. 02 3126-126 Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562 Фризерски салон „КУЛ КАТ“ 10% попуст бул. „Октомвриска револуција“ бр. 8 лок. 6-11 тел. 02 3067-366 www.coolcut.com.mk Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст Њу Делхиска 4 лок.11 тел. 075 471-947 Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk


СКОПЈЕ кина, фестивали, настани...

хемиско чистење и водено перење

Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75

Хемиско „Fresh Day“ 10% попуст „Супер Тинекс“ („Перо Наков“ бб) и „Супер Тинекс“ („Трета Македонска Бригада“ бб)

тел. 070 396-952 проектирање и дизајн

Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055

Сервис за перење и достава „ПЕРИ НОСИ“ 10% попуст ул. „Мечкин Камен“ бр. 47 www.perinosi.com.mk тел. 070 274 814 наем на возило

„ПИРИН ЕКСПОРТ“ -Сауни и спа 10% попуст ул. „Багдадска“ бр.26 тел. 02/ 3092-275; 070 254-321 www.pirinexport.com.mk „КАРАПАНЧЕВСКИ КОМПАНИ“ 5% попуст тел. 02 3074-474 www.karapancevski.com.mk „Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk

europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

рентакар „СЕТКОМ РЕНТ А КАР“ 15% попуст хотел „Континентал“ ул. „Александар Македонски“ бб тел. 02/3298-392, 3298393, 3298-394

ОХРИД РЕСТОРАНИ Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

Ресторан „БЕЛВЕДЕРЕ“ - Билјанини Извори 10% попуст ул. „Наум Охридски“ бб тел. 046 266-816 www.hotelbelvedere.com.mk

Ресторан „БЕЛВЕДЕРЕ“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр. 2 тел. 046 231-520 www.hotelbelvedere.com.mk

Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 7


ОХРИД КАФУЛИЊА Плажа „КАДМО“ Плажа-ресторан „ПОТПЕШ“ - Канео

5% попуст Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

10% попуст тел. 070 751-305

ХОТели

Хотел „гранит“ 10% попуст Св. Стефан тел. 046 207-100, 207-141 www.hotelgranit.com.mk

Хотел „БЕЛВЕДЕРЕ“ 10% попуст Св. Стефан тел. 046 277-710, 277-720 www.hotelbelvedere.com.mk Вила „Бисера“

10% попуст нас. Лагадин тел. 046 277-710, 277-720 www.hotelbelvedere.com.mk Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk

здравје и убавина Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ Рибен ресторан „Пиликатник“ 5% попуст тел. 034 331-926

Ресторан „Србаков“ 5% попуст ул. „Јанко Цветинов“ бр.31 Ресторан „МЕДИТЕРАН“ 10% попуст бул.„Климент Охридски“ бр.110 тел. 070 387-288 Ресторан „АРОМА“ 10% попуст ул. „Младинска“ бр. 40 тел. 078 222-123 Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 8

Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670 ХОТели Хотел „404“ 10% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.13 тел. 034 345-404 Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица 10% попуст ТЦ „Глобал“ тел. 070 259-123

Мотел-ресторан „Дардо“ 10% попуст „Климент Охридски“ бр.105 тел. 034 344-241 ресторан: 070 214-805 071 345-075

Оптикара „ОПТИКА диоптра“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ тел. 034 328 729

КАФУЛИЊА

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Завеси и теписи„ПРЕЗИДЕНТ“ 5% попуст 1. ул. „Јанко Цветинов“ бр.42 тел. 034/346-053 2. ул. „Васил Сурчев“ бр. 3 тел. 034/345-053 3. бул. „Климент Охриски“ бб тел. 034/343-053 www.prezidentdoo.com.mk

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

ШОПинг

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

„З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш „Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234

Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211 Салон за чевли „Невадос“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ 1 кат Бутик „Плаза“

10% попуст ТЦ „Глобал“

Бутик „Рекорд“

5% попуст ТЦ „Глобал“ 43/1

Козметичко студио „ЗВЕЗДА“

5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 тел. 078 452-867

ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „Мега Принт“ - печатење и изработка на светлечки реклами 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бб тел. 034 340-988 www.megaprint.com.mk „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ Бутик „Гето“ 15% попуст ул. „Илинденска“ бр.46

Хотел-ресторан „Рим-Париз“ 10% попуст „3-МУБ“ бб тел. 031 415-800 www.hotelrimparis.com.mk

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

Национален ресторан „Батко Ѓорѓија“ 10% попуст „3-МУБ“ бб тел. 031 415-800

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

Комплекс „Етно село“ 10% попуст освен во недела и празници тел. 031 497-749 тел. 075 497-749 с. Младо Нагоричане www.etnoselo.com.mk

Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“

10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

ШОПинг

Бутик „Стал“

10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Бутик „МагониЈа“

10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.40

Бутик „Фобо - Ивани“

10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

Салон за чевли „Помпа“

5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

здравје и убавина „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

„Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

прилеп ХОТели

РЕСТОРАНИ Ресторан „Ескалибур“ 10% попуст ул. „Кузман Јосифоски“ бр.2 тел. 048 430-100 тел. 075 353-580 Ресторан „Лидер“

10

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk


ШОПинг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст Бижутерија „Колосеум Ексклузив“- наспроти градскиот саат 10% попуст тел. 078 403 673

здравје и убавина Фризерско студио „Грејс“ 40% попуст кеј „1 Мај“ 53г тел. 048 426-427

„Роман“ - превоз во земјата и во странство 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово „Авто Чајка“ 10% попуст на лимарофарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk

РЕСТОРАНИ Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111 Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554 Ресторан „Александрија“

10% попуст ул. „Димо Гавровски - Кара��� бр.59, лок.6

ШОПинг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507 „Даре промет“ бои и лакови

10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 11


„Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078

Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760

ТП „Ацко КВ Транс“ - организиран превоз на патници за меѓународен и внатрешен сообраќај 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661

Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708

„Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила

гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267 ШОПинг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „Бест компјутери“ - компјутери и компјутерска опрема 3% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „Бест оффис“ - опрема и канцелариски материјал 10% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „Бест скул“ - курс по компјутери и странски јазици 20% попуст тел. 034 215-665 ул. „Ристо Фршaнин“ бр.20 www.best.com.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Авто школа „СТИЛ“ Бутик за машка гардероба „ДИНО“ 12

Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156

Бутик за машка гардероба „КАН“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ - шеталиште

Бутик за чевли „Моделс шус“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.155

10% попуст Бутик за спортска опрема „Моделс спорт“ ул. „Маршал Тито“ бр.156 Автоделови „ИВИ“

5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34 Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872

Бутик „РОСИ“

10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323

Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591 ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци


БИТОЛА ШОПинг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

Бутик за долна облека „Велисиа“

„Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53 5% попуст Бутик „ВОГ“ ул. „Ордан Николов“ бр. 49

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986 Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496 5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Јосиф Јосифовски“ бб тел. 047 237 496

Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900

кичево РЕСТОРАНИ - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

КАФУЛИЊА - Кичево

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699

Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст ШОПинг - Кичево „Ваше Такси“

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 13


штип РЕСТОРАНИ - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

ШОПинг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес 10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

РЕСТОРАНИ и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 Студио „АРТ-Дигитал“

5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830

Бутик „ИН“

10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци РЕСТОРАНИ Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

ШОПинг „ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550 14

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930


струга ХОТели

РЕСТОРАНИ

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

ШОПинг

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 Парфимерија „Елит“

10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468

маврово ХОТел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМД „Велес“ - Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Klub Mobiliti (oktomvri 2013)