Сатанистичка Библија - Антон Шандор ЛаВеј

Page 27

Другиот исклучок од правилото го опфаќа справувањето со мазохистите. Мазохистот добива задоволство додека е повредуван; па одречувањето на неговото задоволство од болка, го боли повеќе одошто физичката болка немазохистот. Приказната за вистински суров садист ја доловува поентата: Мазохистот му вели на садистот, “удри ме.“ На ова немилосрдниот садист одговара:“НЕ!“ Доколку некој сака да биде повредуван и ужива во страдањето, нема причина да не му биде дозволено да се насладува во она што го сака.Терминот “садист“ во популарна употреба опишува некој кој добива задоволство од индискриминирачка бруталност.

САТАНСКИ СЕКС

Многу контраверзии се подигнаа околу

Сатанистичките погледи на “слободната љубов“. Често е велено дека сексуалните активности се најважниот фактор на Сатанистичката религија, и дека волноста да се партиципира во секс оргии е предуслов за да се постане Сатанист. Ништо не може да биде подалеку од вистината! Всушност, секој опортунистот кој нема подлабоки интереси од сексуалните аспекти, ќе биде антипатично обесхрабрен.

Вистинскиот садист е селективен. Тој внимателно избира од мноштвото најпогодна жртва, и добива огромна наслада од оние кои од страдањето стекнуваат исполнување на нивните желби. “Доброподесен“ садист е епикурејски настроен при одбирањето на оние чија енергија може да биде добро употребена! Доколку некој е доволно здрав да се прогласи за мазохист и да ужива во измачувањето и камшикувањето, на вистинскиот садист ќе му биде чест да помогне! Покрај наведените исклучоци, Сатанистот нема намера да повреди други злоупотребувајќи ги нивните сексуални права. Доколку пробате да ги изнасилите своите сексуални желби врз накој кај кого не се добредојдени, ја оспорувате неговата сексуална слобода. Исто така, Сатанизамот не стои во одбрана на силување, злоупотреба на деца, општење со животни или друга форма на сексуална активност која вклучува неволност, несогласување, или невиност и наивност која која ќе предизвика да бидат застрашени или заблудени против своја воља.

Сатанизамот стои во одбрана на сексуалната слобода, но само во вистинската смисла на зборот. Слободна љубов, во Сатанистичкиот концепт, значи точно тоа – слобода да се биде верен на една личност или да се задоволат сексуалните желби со повеќе други колку што се смета дека се потребни да ги задоволат твоите лични потреби. Сатанизамот не ги охрабрува оргијастичните активности,или вонбрачните афери кај оние каде што овие не дошле природно. За многумина е многу неприродно и штетно да се биде неверен на избраните партнери. За други пак, би било фрустрирачки да бидат врзани сексуално за само една личност. Секоја личност мора да одлучи за себеси, која форма на сексуална активност најмногу одговара на неговите лични потреби.

Доколку сите инволвирани странки се зрели адулти кои ја преземаат целата одговорност за своите постапки и доброволно пристапуваат во било каква форма на сексуално изразување – дури и ако генерално е сметана за табу – тогаш не постои причина да ги потиснуваат своите сексуални склоности.

Себеодрекувањето форсира некои луѓе да бидат прељубници или пак, некои да имаат сексуални партнери уште невенчани, само за да им покажат на другите (или уште полошо, себеси) дека се еманципирани од ексуалната вина. Сево ова според Сатанистичките стандарди е лошо колку и оставањето некоја сексуална потреба неисполнета заради вкоренетото чувство на вина.

Доколку си свесен за сите импликации, придобивки и губитоци, и си сигурен дека твоите постапки нема да повредат некој кого немаш желба или кој не заслужува да биде повреден, немаш причина да ги потиснуваш своите сексуални приоритети. Како што не постојат двајца луѓе со ист избор на диета, или кои имаат ист капацитет на консумација на храна, сексуалниот вкус и апетит се разликуваат од личност до личност. Ниеден човек или општество има право да постави ограничувања во сексуалните стандарди или фрекфентноста на саксуалните активности. Правилната сексуална употреба може да биде судена во контекст на индивидуалната сиуација. Оттаму, она што одредена личност го смета за сексуално исправно и морално, може да биде фрустрирачко за друг. Важи и обратното; една личност може да има огромна сексуална храброст, но таа не е прикладна за некој чиј сексуален капацитет не е рамен на неговиот, па безобзирно да биде наметнат над таков, на пр.

Многумина од оние кои константно се преокупирани со еманципацијата од својата сексуална вина, во реалност, всушност се ограничени повеќе од оние кои едноставно го прифаќаат сексуалниот чин како природен дел од животот, без да имаат зацртани ДА СЕ НАПРАВИ цели, без да креваат непотребна врева околу својата сексуална слобода. На пример, познат факт е дека нимфоманијакот (сон на секој маж за девојка или хероина од црвените новели) не е сексуално слободен, ами е всушност фригидна личност, и оди од човек до човек од причина што е ограничена да го пронајде своето потполно сексуално ослободување.

САТАНИСТИЧКА БИБЛИЈА – АНТОН ШАНДОР ЛАВЕЈ

27


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.