Sloboda 10

Page 12

Урбана работна акција

В

о вториот број на Слобода веќе ги објаснивме основите на сквотирањето, што е сквотирање и во какви форми тоа се јавува. Но интересното е тоа што и во Македонија веќе се јавуваат првите никулци, односно првите обиди да се сквотираат одредени простори. Конкретно во ситуацијава станува збор за движењето Урбана работна акција кое има за цел да сквотира напуштени простории кои никој не ги користи. Од веќе споменатите форми на сквотирање, она на Урбана работна акција спаѓа во сквотирање од убедување. Имено, УРА сака да ги претвори тие руинирани и напуштени простории во културни центри кои ќе се користат за развој на локалните иницијативи и пред се комуникација помеѓу граѓаните со цел развивање на свесност за значењето на заедничкото живеење, меѓусебна толеранција и разбирање. Освен тоа, ќе се користат за личен раст и развој и создавање на ликовна, театарска, филмска и музичка уметност, како и книжевност и литература, промовирање на здрава храна и животна средина, современи и традиционални дисциплини за одржување на ментално и физичко здравје, како и креативни работилници во сите горенаведени области. До сега се одржани две културни манифестации во дворот на напуштената урбана месна заедница, која се

наоѓа во Карпош позади основното училиште Коменски. На овие настани имаше најразни активности тргнувајќи од ликовна работилница за деца, па преку свирки, дискусии и собиранки, до танго работилница, презентација на разни боречки вештини, за кои исто имаше и мало предавање. Целта на овие настани е да се анимира што поголем број на активисти, да се зближат оние кои веќе се активни, како и да се приближи идејата до локалното население на кое ќе им се укаже дека ние не сме насилници и наркомани, туку сме обични луѓе како и сите други. Вакви настани се планираат уште многу, а наскоро најверојатно ќе се почне и со фактичко сквотирање.

Едукација

Со оглед на околностите, активизмот во Македонија е во голема мера сведен на едукација. Студентското движење, како и анархистичкото и движењето за социјална правда активно работат на тоа. Еден од начините на ширење едукација всушност е преку проекција на филмови. Кино Револуција е најактуелниот проект на движењето за социјална правда – Ленка. Всушност тоа е збир од проекции на повеќе филмови низ поголем период кои се од слична тематика – социјална, политичка, реалистичка и активистичка. Во последниов период беа проектирани филмовите

„Manifactured Landscapes“, „The Yes Men“, „Capitalism is the crisis“, „Tears of Gaza“, „RSAnimate – проекција на кратки анимирани филмови“, и слични. Можеби најбитниот сегмент од овие проекции се всушност дискусиите кои се водат после секој филм. Во тие дискусии се споделуваат мислења, се гради колективен заклучок, се дебатира за одредени филозофски гледишта во филмовите, за можности да се имплементираат позитивните, или спречат негативните работи од филмот во реалноста и слично. Всушност секое прогресивно активистичко движење зависи од вакви дискусии. Колку повеќе и почесто се прават – толку е тоа подобро за самото движење. Понатаму, друг начин за ширење на едукација е преку текстови, есеи и книги и нивна промоција. Со вакви активности најмногу се занимава анархистичкото движење кое помалку или повеќе низ целиот период активно преведува и ги промовира преведените дела. Додека моментално не постои библиотека во која можат да се изнајмуваат книги (иако ќе се отвори истата во скоро време), сепак на крајот од весникот Слобода има контакти преку кои може да се дојде до Анархистички фронт од каде би можеле да се набави таа литература.

11


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.