Слобода 11

Page 15

ја имаат. Но тоа другари мои е и најголемиот грев тоа е нешто налик како што верските книги го опишуваат ересот направен од првите луѓе на земјава, казната станува твој живот, твое битосување. Исто и тука, борбата станала согласна измеѓу двете спротивставени страни, таа станала антипод на целта. Се прашувам дали се свесни дека со одрекување од револуцијата се ставаат на страната на контрареволуцијата, односно признаваат дека класно поделеното општество е нужност. Дел од овие „анти-системци“ пак за револуционерните потфати знаат да кажат, доста лицемерно, дека за револуција нема сè уште услови, можеби чекаат да робовладетелството се врати официјално со декрет или пак ОН да направат фонд за финансирање на револуционерни дејствија?! Што би рекол еден мој пријател „оди па му га знај“, демек сега не било време за револуција, како да таа е панделка па една сезона е во мода следната више не е! Очигледно за овие луѓе друго хумано општество евентуално е можно ама и не мора, тоа не им е императив, за нив и постоечково е добро само малку треба да се поправи! Иако искажувајки ги моиве забелешки ја имам предвид ситуацијата на левичарските идеи и збидувања во Македонја сепак ова, за жал, важи и пошироко особено за Балканот. Но сепак нашиве имаат некои единствени специфично локални обележја како изигравање политички експерти кои

даваат анализи за решавање на прашања како: спорот за името; меѓуетнички односи; меѓународно диломатски релации и слични општествни сфери на денешницава кои се директна последица на другарувањето на државата и екплоататорскиот економски систем. Притоа некои и се дрзнуваат да се пофалат дека нивните ставови се емпириски поткрепени односно во духот на неолибералната епистемологија која има хегемонија во општесвените науки како бесчуствителен, неидеолошки пристап (што значи неолиберално) и сувопарни. За нив левичарските политички идеи не се ништо повеќе освен привезок, алатка за поправање и критика на дел од проблемите на денешново општество кои, ќе повторам пак, се директна последица од постоење на капитал односот. Опортунизмот и ревизионизмот, другари, се болест според тоа како и секоја болест подобро е да се спречат отколку да се лечат. Досега, во историјата нанесуваа многу штета на револуционерните покрети угушувајќи го, амортизирајќи го и одложувајќи го бунтот на масите. Можеби овие луѓе нанесоа поголема штета на револуцијата отколку и самите декларирани контрареволуционери. И нивното штетно делување постои и денес. Да земеме само пример од нашиве последни случувања, како што беа различните искажувања на отпор од работничките штрајкови, преку инцијативите за мир, полициската бруталност па и

до сега најново поскапување на енергенсите. Може ли да замислите колкав потенцијал за промена имаа тие движења доколку се насочат кон вистинската цел на вистински, револуционерен начин. Само на вториот или третиот протест против полициската бруталност, на кој и јас бев присутен, имаше повеќе од 3 илјади возрасни луге. Тое не само што се доволни за комплетна реорганизација на македонското оштество туку и многу пошироко. За крај во духот на слободата би сакал да истакнам дека како и сите така и нашиве ревизионисти и опортунсти ја имаат слободата да се декларираат како сакаат, но сакам да нагласам, другари мои, дека и нас слободата нужно ни налага да застанеме во одбрана на идеите за кои другари наши пролеале крв и оставиле животи вечни поради чистотата на идеите за организирање на хумана пол. заедница базирана на соработка, заедништво и изворната човекова природа.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.