MACEDONIA BUSINESS CATALOG 2020

Page 31

Енергeтика

Интервју со Даниела Китанова, менаџер на Електродистрибуција

ИнформатИчар заробен од адреналИнот

на енергетИката МАРИЛИ: Вие сте менаџер во Електродистрибуција, фирма во сопственост на ЕВН Македонија. Кажете ни поконкретно на која позиција сте и кои се Вашите обврски? КИТАНОВА: Во мојата 23-годишна кариера сум имала различни работни позиции, единствено во оваа компанија, која помина низ повеќе трансформации, но со носечки дејности дистрибуција и снабдување со електрична енергија. Значи, со иста проблематика се соочувам од првиот работен ден, но секогаш е различен начинот на кој се организирам, ги остварувам и лично ги доживувам целите и искуствата. Причината за тоа се динамичноста на професијата и организацијата на работата. Секоја промена во мојот кариерен развој ја примам со благодарност и во секоја позиција наоѓам поле каде што можам стопроцентно да се дадам. Започнав како информатичар во Одделот за развој и инвестиции, по некое време станав раководител на Одделот за автоматска обработка на податоци во Електродистрибуција - Струмица (во поранешното ЕСМ), а по неколку години бев назначена за директор на оваа Подружница. Мојата професионална приказна продолжи со приватизацијата на ЕСМ, доаѓањето на ЕВН од Австрија и промената на сопственоста од државна во приватна, кога бев назначена за еден од четирите регионални координатори, при што го покривав Југоисточниот Регион. По извесен период бев назначена за раководител на Центарот за корисници во Ѓорче Петров - Скопје. Моментно сум раководител на Корисничкиот центар – Гевгелија. Во оваа организациона единица, покрај оваа функција, одговорна сум и за групата за опслужување на корисници, што само по себе подразбира интензивна комуникација со оперативниот персонал електромонтери и со клиенти. Сето ова подразбира интензивна дневна динамика и многу честа непредвидливост на настаните што, за мене, и по толку години претставува огромен предизвик.

>> ЕВН е компанија што

исклучително добро ги вреднува вработените и им овозможува напредок и развивање во сите области, компанија во која дејноста, процесите и процедурите се уредени до најситни детали со чисти и логични правила, во интерес на вработените и на клиентите

Бизнис каталог 2020

29


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook

Articles inside

КУЛТУРА Националната галерија е стожер во културата и во уметноста кај нас

19min
pages 89-96

АВИОСООБРАЌАЈ На предизвиците во авиобизнисот мора да се одговори брзо и со висок квалитет

9min
pages 65-68

БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМАШТВО Основната финансиска писменост е најважен дел од сечиј живот

17min
pages 69-74

ПРЕТПРИЕМАШТВО Успех е кога знате дека има ЈАС и НИЕ и нивното место во животот

19min
pages 83-88

МУЗИКА Кога ја видов харфата – тоа беше љубов на прв поглед

16min
pages 97-108

МОДА Денес не постои мода, само стил на облекување

23min
pages 75-82

ГРАДЕЖНИШТВО „Циклама инжинеринг“ ЗНАЕ КАКО со секој градежен проблем

12min
pages 51-56

ВОВЕД

29min
pages 9-18

БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМАШТВО ДОГАН – над 60 години искуство со разладна опрема и климатизација

16min
pages 57-64

БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМАШТВО Diners Club е картичка за секого, го подобрува квалитетот на живот

10min
pages 37-42

АВИОСООБРАЌАЈ Следна цел ни е да го пречекаме три-милионитиот патник на скопскиот аеродром

14min
pages 19-24

ЕКОНОМИЈА „Кромберг и Шуберт“ - пионери во поставувањето нови стандарди за работа

20min
pages 25-30

ЕНЕРГЕТИКА Информатичар заробен од адреналинот на енергетиката

15min
pages 31-36

БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМАШТВО „Comodita Home“ - бренд посветен на квалитетот и на потребите на клиентите

15min
pages 43-50
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.