Skip to main content

Publikacija komora 2016

Page 1

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

94-ГОДИШЕН КОНТИНУИТЕТ


Почитувани, Стопанска комора на Македонија 94-годишен континуитет. Што повеќе би можело да се напише? Денес сме бренд, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот, куќа на бизнисот. Држењето настрана од политиката е наша суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција. Меѓутоа, ние многу добро знаеме дека без консензус помеѓу јавниот и приватниот сектор нема економски напредок.


И упорно работиме на тоа, иако на Балканот признанијата доаѓаат отпосле. За оваа наша годишнина едно големо БЛАГОДАРАМ до сите вас за тоа што ја сочувавте Стопанската комора на Македонија и со тоа докажавте дека и кај нас може да постои континуитет. Живи и здрави да ја дочекаме стогодишнината на Стопанската комора во една поразвиена Македонија.

Бранко Азески

П.С. Ни треба акција. Да бараме нови пазари. И од „петни жили“ да ја развиваме индустријата. Извинете за пропустите. Во иднина ќе бидеме подобри.


СПОЈ НА ИСКУСТВОТО ... Штерјо Наков, „Фершпед“ АД-Скопје; Душан Туџаров, „Реплек“ АД-Скопје; Доне Таневски, „Македонијатурист“ АД-Скопје; Сава Димитрова, „Европа“ АД, Скопје; Симон Наумоски, „Витаминка“ АД-Прилеп; Аце Антевски, „Раде Кончар Сервис“ ДОО-Скопје; Ѓорѓи Јанчевски, „НЛБ Тутунска банка“ АД-Скопје; Трајче Леов, „Леов Компани“-Велес; Гоце Камчев, „КАМ“ ДООЕЛ-Скопје; Александар Цветанов, „Макпрогрес“ АД- Виница; Хари Костов, „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“- Скопје; Николајчо Николов, „БУЧИМ“Радовиш; Мите Николов, „БРИЛИЈАНТ“-Штип; Глигорие Гоговски, „ТЕТЕКС“-Тетово; Трајче Николовски, „ТГС ТЕХНИЧКИ ГАСОВИ“- Скопје; Диомидис Николетопулос, „СТОПАНСКА БАНКА“ АД - Скопје; Добре Иванов, „СИЛЕКС РИК“-Кратово; Максим Прохоров, „РУДНИЦИ САСА“-Македонска Каменица; Шевки Идризи, „РЕНОВА“-Тетово; Златко Симоновски, „ФАКОМ“- Скопје; Милена Перчинкова, „АЛФА БАНКА“- Скопје; Исак Шеху, „КНАУФ РАДИКА“-Дебар; Драги Милошевски, „КИРО ДАНДАРО“-Битола; Ремзи Абдулаи, „ВАРДАР ДОЛОМИТ“-Гостивар; Мирко Велковски, „ХЕМОМЕТАЛ“-Битола; Неџдет Палакчи, „ХАЛКБАНК“ АД - Скопје; Јусуф Миракхмедов, „ФЕНИ ИНДУСТРИ“-Кавадарци; Нешка Поп Димиртијоска, „ДОНИА“-Прилеп; Дејан Нешковиќ, ДГ „БЕТОН“- Скопје; Борис Хрисафов, „ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ“- Скопје; Љупчо Манџуков, „Оаза Угостителство и Трговија“-Штип; Ангел Димитров, „МОДА“-Свети Николе; Јован Дабевски, „МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО“-Босилово; Влатко Ѓорѓиевски, „МИК СВЕТИ НИКОЛЕ“-Свети Николе; Соња Тасевска, „МАКО-МАРКЕТ“- Скопје; Стојанче Стојанов, „БИМ“-Свети Николе; Славчо Јорданов, „КИМ“-Неготино; Мусадик Рустеми, „ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС“-Тетово; Меџит Цапа, „ДЕБАРСКИ БАЊИ – ЦАПА“-Дебар; Орце Давчев, „БРАКО“-Велес; Трајче Трајков, „ХЕМИЈА-КОМЕРЦ“-Велес; Коста Митровски, „УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА“- Скопје; Драгољуб Арсовски, „ТТК БАНКА“ АД - Скопје; Герасим Ванчев, „СЕМОС“- Скопје; Стелиос Грегориадис, „АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА“-Кавадарци; Благој Дончев, „АДИНГ“- Скопје; Андреја Саздов, „АБЦ КОНСАЛТИНГ“- Скопје; Александар Пановски, „ФОД“-Битола; Иванчо Вељановски, „ФАБРИКА ЗА КВАСЕЦ И АЛКОХОЛ“-Битола; Игор Тодоровски, „ТДР “ - Скопје; Гоце Аврамоски, „ТАЈМИШТЕ“-Кичево; Зоран Крстевски, „ТАВ МАКЕДОНИЈА“Скопје; Џовани Беги, „СОКОТАБ“ ДОО-Битола; Бојан Несторовски, „СМЕЛТ-ИНГ“- Скопје; Aјхан Узун, „РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА“- Скопје; Касум Реџепи, „ПЕРПАРИМИ“Кичево; Томе Давков, „ПЕЛАГОНИЈА“ ЗК-Битола; Весна Ѓорчева, „Осигурување МАКЕДОНИЈА“ А.Д. – Скопје; - Виена Иншуренс Груп- Скопје, ; Габриела Павлоска, „ОКИТЕКС“- Скопје; Крсто Исовски, „НАПРЕДОК ПЕЧАТНИЦА“-Тетово; Драган Мартиновски, „МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ“ АД- Скопје; Роберт Водушек, „ЛТХ ЛЕАРНИЦА“-Охрид; Благоја Конески, „Конфекција ХАТРА“-Прилеп; Весна Тулевска, „КОМУНАПРОЕКТ“-Тетово; Раде Христовски, „КАНДИ МАРКЕТ“-Битола; Трајче Димитриев, „ЈУ-КА“-Велес; Сејдин Исени, „ИСЕНИ КОМПАНИ“-Кичево; Митко Пиперкоски, „ИНТЕК СИСТЕМ“- Скопје; Кирил Величковски, „МПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС“Скопје; Златко Најдовски, „ИМБ МЛЕКАРА“-Битола; Јован Илијевски, „ИЗГРАДБА КОМЕРЦ“- Скопје; Марјан Јовевски, „ЗЛАТНА РАКА –М“- Скопје; Наташа Черековиќ, „ЖИТО ЛУКС“- Скопје; Никола Пандев, „ЖИКОЛ“-Струмица; Ацко Филиповски, „ЖЕЛЕЗНИК ЧЕЛИЧЕН ЛИВ И ГРАНУЛАТ“-Демир Хисар; Драган Трајковски, „ЕЛТЕК“- Скопје; Весна Јорданова, „ЕЛИКОСОФТ“- Скопје; Јовко Крстевски, „ЕЛЕМ РЕК“-Битола; Димитар Поповски, „ЕДИНСТВО“-Струмица; Зоран Георгиев, „ДОЈРАН СТИЛ“-Нов Дојран; Мирослав Крстевски, „ДОАЈЕН ДАТА СИСТЕМ“- Скопје; Тоше Лазаровски, „ДИНАМО ХИТ“-Велес; Атанас Киров, „ДИМКО МИТРЕВ“-Велес; Никола Наумов, „ГРАДБА ПРОМЕТ“-Кавадарци; Васко Трпески, ГП „ПЕЛАГОНИЈА“-Гостивар; Михо Јаневски, „ГИМ - ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА“- Скопје; Жанина Димитриевска, „ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР ИНТЕРНЕШНЛ и др.“- Скопје; Ристо Јосифовски, „ВИВАКС“- Скопје; Илија Јанчев, „ВЕНЕЦ АД“-Неготино; Евтимиос Василопулос, „ВАСИДОРА“-Прилеп; Селим Шимбил, „ВАБТЕК МЗТ“- Скопје; Абдулхалим Јашари, „БУНАР ПЕТРОЛ“-Гостивар; Ѓорѓи Тренев, „БОВИН“-Неготино; Ивица Додиќ, „БИАНА ШУС“-Куманово; Владо Јовановски, „Б & К МАРКЕТ“-Битола; Иван Поповиќ, „АЦДЦ ДЦАЦ“- Скопје; Душко Силјановски, „АТВА“-Кичево; Гоце Серафимовски, „АЛФИ БИ КОМПАНИ“-Куманово; Атанас Јошевски, „АГРОТЕХНА“„- Скопје; Новак Лучиќ, Друштво за угостителство, туризам и услуги „МАКОТЕН“ ДООЕЛ (Казино - Хотел Фламинго)-Гевгелија; Слободан Дамјанов, „ПАЛТЕКС“-Делчево; Олгица Стојчевска, „СВИССЛИОН-АГРОПЛОД“-Ресен; Татјана Никова, „НИКОВ“-Струмица; Весна Миладинова, „АЛБАТРОС“-Штип; Магдалена Шимова, „ШТ“ ДОО експорт-импорт -Богданци; Неделин Валчев, „ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА“ АД - Скопје; Владо Мишовски, „ХОТЕЛ МАНАСТИР“Берово; Шасим Османи, „ХИДРИНГ“-Кичево; Јованчо Рајчановски, „ХАТЕКС“-Ресен; Тони Тарунџиоски, „ФУТУРА“-Прилеп; Војчо Нацевски, „ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ“-Куманово ...


... И МЛАДОСТА Ѓорѓи Петрушев, „М-6 СВЕТЛАНА И ОСТАНАТИ“ ДОО- Скопје; Ирена Јакимовска, „КОМФИ АНГЕЛ“-Прилеп; Барзов Наум, „БАРГАЛА“Штип; Искра Ветаџаковска-Муцунска, „ВИТАЛИА“-Скопје; Зоран Милковски, „ГРАНИТ“ АД-Скопје; Игор Гиевски, „ЕВН МАКЕДОНИЈА“Скопје; Николче Петкоски, „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД -Скопје; Златко Леов, „ЛЕОВ КОМПАНИ“-Велес; Благој Христов, „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“-Скопје; Ристо Јаневски, „ОКТА“- Скопје; Александар Пајковски, „ДУНА КОМПЈУТЕРИ“- Скопје; Ненад Крстевски, „МЕПСО“-Скопје; Антонио Аргир, „НЛБ ТУТУНСКА БАНКА“ АД -Скопје; Анатол Кутревски, „ПЕКАБЕСКО“-Скопје; Никола Деребанов, „ПЕРМИНДЕКС“-Градско; Сашко Самарџиоски, „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“-Прилеп; Јованка Јолеска Поповска, „ПРОКРЕДИТ БАНКА“ АД -Скопје; Владимир Ефтимовски, „СТОПАНСКА БАНКА Битола“ АД-Битола; Дејан Бошковски, „ЕЛЕМ Електрани на Македонија“-Скопје; Игор Стојнев, „КАПИТАЛ БАНКА“-Скопје; Горан Анастасовски, „КИБС АД -Скопје; Митко Јанчев, „КОЖУВЧАНКА“-Кавадарци; Маја Стевкова Штериева, „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“-Скопје; Дарко Димитровски, „ЕВРОПА“-Скопје; Влатко Димитровски, „ЕВРОПА 92“Кочани; Игор Соколески, „ЕЛЕМ РЕК ОСЛОМЕЈ“-Кичево; Биљана Доновска – Гечева, Интернационален картичен систем – „КАСИС“ СкопјеСкопје; Александра Дилевска, „ПУБЛИЦИС“ Друштво за маркетинг-Скопје; Иван Туџаров, „РЕПЛЕКФАРМ“-Скопје; Сашо Давитковски, „СКОПСКИ ПАЗАР“-Скопје; Иван Петровски, „ФЕРШПЕД“-Скопје; Симонида Шошолчева-Гианнитсакис, „ИКРП РОКАС И ПАРТНЕРС“Скопје; Југослав Стојановски , „КОСТА АБРАШ“-Охрид; Михаил Солтер, „ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП“-Скопје; Олгица Кржева, „ДС Смит“- Скопје; Марија Костуранова, „ГРОЗД“-Струмица; Ѓино Шкријељ, „ВИКТОРИЈА ШПЕД“- Скопје; Анита Спасовска, „БУЧЕН КОЗЈАК“-Куманово; Тони Златески, „93 ДЕ-НИ-Компани“-Прилеп; Олја Герасимовска, „ДАТАПОНС“-Скопје; Трајче Заев, „ИГМ ЕЛЕНИЦА“-Струмица; Христијан Петрески, „АГРОИНВЕСТ“-Прилеп; Марија Филева Стоев, „БВЦ“-Охрид; Сашо Стоилковски, „БИАНАТРЕЈД“-Куманово; Милан Бичанин, „БИМФООД“ ДОО-Прилеп; Филип Гроздановски, „БУТЕЛ-СПОМЕНИЦИ“ АД-Скопје; Констатинос Теодосиадис, „ВЕРОПУЛОС“-Скопје; Рената Варга Мицева, „ВИНЕР“ АД-Скопје; Гордана Тошевска, „Водостопанство Прилепско поле“Прилеп; Костадин Николовски, „ДАРКОС“-Скопје; Ѓоко Јованов, „ДОМОТЕКС“-Скопје; Елеонора Димова, „ДОШНИЦА“-Неготино; Горан Ангелов, Друштво за депонирање на комунален отпад „ДРИСЛА“-Скопје; Марина Бадаровска Мишевска, Друштво за угостителство, туризам и услуги „МАКОТЕН ДООЕЛ“ (Казино - Хотел Фламинго)-Гевгелија; Димче Панов, „ИНСА-ВОДАИНЖИЊЕРИНГ“-Велес; Александар Илиев, „ИНТ ТРЕЈД“-Кочани; Сашо Илковски, Јавно претпријатие за стопанисување со Индустриска зона „ЖАБЕНИ“ -Битола; Ангел Бојаџиев, ЈКП „Исар“-Штип; Игор Спасовски, ЈКП „СОЛИДАРНОСТ“-Виница; Горан Стојковски, ЈП „ВОДОВОД“ -Куманово; Тони Коталески, ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР“-Охрид; Илија Атанасов, ЈП „КОМУНАЛЕЦ“-Кавадарци; Сашо Стаматов, ЈП „ПАЗАРИ“-Битола; Љупка Козовска , „КИНГ ТРЕЈД КО“-Виница; Ѓорѓи Китаноски, „КРИН КГ“-Прилеп; Јасна Ажиевска Петрушева, „МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ“-Прилеп; Асмедин Јаоски, „ПУЦКО ПЕТРОЛ“-Пласница; Ласко Јованов, „СЛОГА ИНТЕРНАЦИОНАЛ“-Кавадарци; Милош Стокуќа, „СТОКУЌА“-Скопје; Стојанчо Ѓоргиев, „ТРИКОТЕКС-КОМЕРЦ“-Кавадарци ...


НАША ВИЗИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ

Вработени со титула Д-р и М-р


Коморите во секоја развиена демократија секогаш биле значаен фактор во државата. Според многумина аналитичари, местото на коморите е веднаш до најрепрезентативните државни институции - Парламентот и Владата. Бидејќи станува збор за почитувани субјекти, тие се многу одговорни чинители на економскиот развој. Коморите се природен партнер на јавниот сектор и единствено во партнерство можат да ја постигнат заедничката цел - економски просперитет. Нашата визија е да имаме што поголем број Центар за ЕУ-ПРОЕКТИ конкурентни членки коишто ќе работат глобално. Комората работи во функција на нејзините членки со цел тие да направат поголем профит. Процесите на регионалното, европското и глобалното интегрирање се динамични категории кои бараат постојано набљудување, стратешко приспособување и брза реакција, институционален капацитет на јавниот и на приватниот сектор и претприемнички нерв. Она што за Македонија сега е надворешен пазар, набргу ќе стане Координатор за квалитет внатрешен пазар.


СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Е ПРВА СЕРТИФИЦИРАНА КОМОРА СО СЕРТИФИКАТ ISO:9001

ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ Стопанската комора на Македонија е прва деловна асоцијација во Република Македонија која поседува Сертификат за имплементирање на европските стандарди. Процесот на воведување на ИСО 9001:2008 во Комората започна во септември 2008 година, а сертификацијата заврши во јуни 2009 година од страна на Британскиот институт за стандардизација (БСИ). Со тоа Стопанската комора ја потврди заложбата за примена на европските стандарди во своето работење и ги промовира стандардите за квалитет и кај своите фирми-членки.

Certificate of Registration QUALITY MANAGEMENT SYSTEM - ISO 9001:2008 This is to certify that:

Economic Chamber of Macedonia Dimitrie Cuposki 13 Skopje 1000 Macedonia

Holds Certificate No:

FS 549642

and operates a Quality Management System which complies with the requirements of ISO 9001:2008 for the following scope: Realization of services related to the users and members of the chamber as association of the companies.

For and on behalf of BSI: Frank Lee, EMEA Compliance & Risk Director Original Registration Date: 01/07/2009

Effective Date: 26/05/2015

Latest Revision Date: 26/05/2015

Expiry Date: 25/05/2018 Page: 1 of 1

This certificate was issued electronically and remains the property of BSI and is bound by the conditions of contract. An electronic certificate can be authenticated online. Printed copies can be validated at www.bsi-global.com/ClientDirectory or telephone +971 (4) 3364917. Information and Contact: BSI, Kitemark Court, Davy Avenue, Knowlhill, Milton Keynes MK5 8PP. Tel: + 44 845 080 9000 BSI Assurance UK Limited, registered in England under number 7805321 at 389 Chiswick High Road, London W4 4AL, UK.


ПОКРОВИТЕЛИ БРИЛИЈАНТ Покровител

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

SE

C

UR

O

НИКО

�

ЊЕ ВА

�

Б

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

СИЛВЕР Покровители


НАГРАДИ


ФАКТИ И БРОЈКИ 4.389

- редовни состаноци на здруженија и групации, презентации, семинари, обуки одржани настани

117.268

претставници на фирми присуствувале на настани во на

Стопанската комора

Македонија

954

сопственици или менаџери се дел од органите на управување на

Комората


Периодот од 2005 до 2015 година низ бројки

911

234

бизнис-форуми, контакти со меѓународни

домашен и од меѓународен карактер одржани

асоцијации во земјата и во странство, саемски

во

организирани меѓународни активности,

манифестации, презентации на домашни и на странски компании

121

Комората

120.736 во

Комората

104

протоколи и меморандуми за соработка се потпишани со домашни и странски институции и асоцијации

Вашата Бизнис Канцеларија

79

на храната

ХАССП, а нa 27

компании им

воведовме систем за менаџмент со животната средина согласно

ИСО 14001

239

компании се стекнаа со сертификат

сертифицирани компании во соработка со

British Standard Institution (BSI) за системи за менаџмент со квалитетот согласно ИСО 9001, и континуирани проверки на веќе воведениот менаџмент во

Систем за менаџмент со квалитетот согласно ИСО 9001, на 57 компанија се стекна со

компании им воведовме систем за безбедност

документи се издадени

посета од дипломатско-конзуларни претставници во

иницирани трибини и проектни активности од

91

390 веќе сертифицирани фирми

SME Excellent

433

печатени и електронски изданија на брошури и периодични публикации


ПОРАКИ ШАНСАТА СЕ ВИКА – ЗДРУЖЕН НАСТАП Со години се обидувам да обединам компании и бизнисмени од регионот и со многу труд и со визија која ја поставив и мислам дека тоа е можно. Времето ќе покаже колку тоа ќе биде успешно, но ако имате квалитетни соработници на тој пат, успехот е неизбежен. Нашата визија е да направиме синергија на компании од регионот во индустријата на вино, ракија и пиво и затоа гледам потенцијал за спојување на „Тиквеш“ со „Бадел“ во Хрватска и со „БИП“ во Србија. „Тиквеш“, „Бадел“ и „БИП“ имаат компатибилни портфолија на производи што ќе овозможи здружен настап на пазарот, заедничка дистрибуција, материјални и човечки ресурси, промоција и продажба, што значително ќе ја подобри конкурентноста. Крајна визија е создавање на компанија која ќе има врвни производи, лидерска позиција во регионот и тоа ќе биде одлична платформа за пласирање на производите на трети пазари.

(Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗАСЛУЖЕНО МЕСТО ЗА ЗНАЧАЈНАТА ИНДУСТРИЈА Македонија е единствената земја во која челичната индустрија е исфрлена од националниот енергетски систем. Ние плаќаме двапати поскап транспорт и најскап гас. Ние сме земја во која со закон се забрани откупот на суровина за челичната индустрија, а еколошките проблеми државата ги решава со одлуки за затворање на компаниите. Тоа е апсурд што го нема никаде во светот, особено не кога се работи за индустрија со толкав огромен придонес како во финансискиот дел, така и во делот на вработувањата. Затоа по примерот на поразвиените економии бараме оваа индустрија да си го добие заслуженото место во целокупната економија. Конкретно, во Македонија треба драстично да се зголеми поддршката на државата кон овој сектор за таа да добие само нормален, а не привилегиран третман каков што го има во многу држави.

(Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Бордот на директори на „Макстил“)


ПОРАКИ МЕНАЏЕРИТЕ МОРА ДА БИДАТ ПОДГОТВЕНИ ДА НОСАТ ОДЛУКА Треба да ја сакате компанијата и цел живот да се посветите на тоа да бидете добар професионалец. Менаџерството бара многу работа, многу ризици и многу жртви. Но, има задоволство кога ќе успеете да оставите свој белег во успехот на една компанија. Менаџерите мора да бидат подготвени да носат одлука. Луѓето кои не можат да донесуваат одлуки, не можат да бидат менаџери. За да донесете одлука мора да бидете информирани за се` што се случува. Во тоа практично е успешноста на еден менаџер. За тоа треба ген, искуство и едукација. Ако тоа го имате, тогаш многу полесно се носат одлуките. Менаџерството не го прават машините, туку луѓето и начинот на размислување. За тоа треба време, врски, многу комуникација, многу ум, многу тактика, многу стрпливост. Треба многу голтање и умешност и кога те понижуваат да се смееш, и кога зборуваат глупости да викаш „да, тоа е така“. Затоа што крајниот таргет на менаџерот е успех на компанијата.

(Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Управниот одбор на „Гранит“ АД - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ОДГОВОРНО КРЕДИТИРАЊЕ НА СИТЕ ПОТРЕБИ НА КЛИЕНТОТ

Кредитирањето ќе го вршиме на одговорен начин и со нашата професионалност ќе ги советуваме клиентите кои соништа и желби можат да си ги дозволат и позајмените средства да ги вратат, а кои желби се надвор од нивните реални можности и ќе водат кон личен банкрот или банкрот на бизнисот. Кажано со речникот на банкарите, Шпаркасе Банка ќе го презема оној ризик кај компаниите и населението, што е вграден во цената, и доколку клиентите се соочат со потешкотии, банката има доволно резервации и капитал таквиот ризик да го апсорбира без банкротство на компанијата или потрошувачот. Таквиот однос да бидеме таму каде што се клиентите, да ги задоволиме нивните потреби, е осознаено од економските субјекти во Македонија. Тоа ни овозможи во сите сегменти од своето работење да раснеме двојно побрзо од просекот на банкарството во Македонија.

(Д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“ АД - Скопје)


ПОРАКИ УСПЕХ БАЗИРАН НА МЛАДИ И ИНОВАТИВНИ ВРАБОТЕНИ „ИГМ-ТРЕЈД“ денес е најголема гринфилд инвестиција во Македонија. Годишното производство на „ИГМ-ТРЕЈД“ изнесува 120.000 тони заварени цевки профили, од кое производство само 10% се пласира на домашниот пазар, а 90% од производството се извезува. Компанијата е пазарно ориентирана и модерно високотехнолошки опремена, со континуирана насоченост кон постојани вработувања на млади и иновативни луѓе, како и постојан тренинг и обучување на својот кадар во земјата и во странство. Компанијата е бонитетна, солвентна, финансиски стабилна и ликвидна; силни таргети се: извоз, инвестиции, вработувања и профит; основна цел е реинвестирање на профитот; според постигнатите резултати „ИГМ-ТРЕЈД“ е меѓу 10-те топ компании во Македонија и 6-ти извозник во Македонија, 15-ти по вкупен приход.

(Илија Гечев, , потпретседател на Стопанската комора на Македонија, генерален директор на „ИГМ-ТРЕЈД“ АД - Кавадарци)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ВРВЕН КВАЛИТЕТ И СОВРШЕНСТВО ВО СЕКОЈ СЕГМЕНТ ОД РАБОТЕЊЕТО Фармацијата е прилично динамична дејност, кај која конкурентноста е практично условена од инвестициите. Вложувањата во опрема, капацитети, знаење, следење на светските трендови и иновации, обучен кадар и софтвер кој ќе ги поддржува операциите се неминовност. Во 2016 година планираме да пуштиме во работа уште еден значаен инвестициски проект: Центарот за квалитет на „Алкалоид“ АД - Скопје, инвестиција вредна близу 5,3 милиони евра кој покрај Институтот за развој и контрола на квалитет во базата во Скопје и новата Хемиска лабораторија во Љубљана треба значително да го зајакне нашиот капацитет во сегментот на истражување и развој за кој инвестираме близу 3% од вкупниот годишен обрт. Во годината на одбележување на нашиот 80-годишен јубилеј ќе останеме доследни на нашата цврста определба за врвен квалитет и совршенство во секој сегмент од работењето.

(Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД - Скопје)


ПОРАКИ ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРАВАТ И ГОЛЕМИ И МАЛИ ЕЛЕКТРАНИ Искуството покажува дека бенефитот од малите електрани е поголем и за државата и за приватните стопанственици. Големите електрани како „Света Петка“ и „Козјак“ заедно чинеа некаде околу 350-400 милиони евра. Значи, државата прво даде банкарска гаранција, странски фирми беа изведувачи, а нашите македонски компании беа подизведувачи. И, што е најважно, цената на произведената електрична енергија од овие капацитети е 135 до 150 евра по мегават час, кога ќе ги вкалкулирате сите инвестиции во производната цена на електрична енергија. На другата страна имате мали хидроелектрани каде што државата не дава никакви гаранции, напротив, досега зема концесиски надоместоци во износ од дваесет милиони евра. Домашни инвеститори и домашни градежни компании се инвеститори и изведувачи, што значи дека 70% од парите остануваат во Македонија. Дополнително, цената на електричната енергија е некаде 75 до 80 евра по мегават час.

(Проф. д-р Кочо Анѓушев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, главен извршен директор на „Феро Инвест“ ДОО - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ВО БИЗНИСОТ НЕМА СЛУЧАЈНОСТИ Успехот се должи на посветеноста на сите во „Витаминка“ во спроведување на стратегијата за развој на компанијата. Нема случајности во бизнисот, морате да испланирате се` до последен детал. Тоа е нашата стратегија - внимателно планирање на идните чекори, одлично позиционирање и креирање на нови производи. Јас сум сигурен дека токму во време на криза креативноста треба да биде најмногу изразена. Таа ни дозволува да излеземе од секојдневната шема, да направиме нешто надвор од очекувањата. Таа креативност ни дозволи одлични резултати на компанијата. Ние сме една од ретките компании во Македонија коишто покажаа дека и во време на криза со вистински потези може да направите одлични резултати, затоа што стратегијата ни е насочена кон потрошувачите, кон нивните потреби, кон креирањето на нови производи.

(Сашо Наумоски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, генерален директор на ПИ „Витаминка“ - Прилеп)


ПОРАКИ СИНЕРГИЈА МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ЛОКАЛНИТЕ КОМПАНИИ Домашните компании заработиле 30 милиони евра од активностите кои ги направиле за странските инвеститори. Соработката на домашните компании со странските инвеститори има мултиплицирачки ефекти преку генерирање на поголем економски раст, придонес кон вработувањата и трансфер на знаења и технологии кон македонскиот бизнис-сектор. Ова е еден вид синергија меѓу странските инвеститори и локалните компании. Странските компании нудат работа, а во исто време создаваат можност локалните добавувачи да вработат нова домашна работна сила. Со тоа се зголемува искористувањето на потенцијалите на македонската индустрија.

(Дипл. инженер Штефан Петер, МБА, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ АД – Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ ВО ДИЈАЛОГ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

Образовните програми треба да се прават во отворен дијалог со бизнис-заедницата и преку брзи процедури на измени постојано да се усогласуваат со потребите на бизнисот. Постои високо ниво на согласност меѓу бизнис-заедницата и наставниот кадар дека треба уште во основното образование да се насочат децата, односно да се ориентираат според нивните интереси и способностите, за тоа каде да го продолжат образованието. Во вакви услови, универзитетите треба да ги приспособат своите критериуми за упис, со ефикасна селекција и избор на квалитетни кандидати кои во текот на образованието покажале особен успех и интерес за учење и кои се талентирани за определени области. Тоа го потврдиле со учество на натпревари, проекти и други активности. За да се стимулира запишувањето во средните стручни училишта, можеби треба да се размислува и за воведување посебни уписни квоти на државните универзитети за ученици кои доаѓаат од стручни училишта.

(Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, претседател на Бордот на „Ултра/Унет групација на компании“ - Скопје)


ПОРАКИ СТИМУЛИРАЊЕ НА БИЗНИСОТ ВО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ За да се стимулираат бизнисот и претприемништвото потребно е да се преземат неколку работи. Првиот чекор - намалување на каматите што е веќе направено. Второ, треба да се направи некоја институција што ќе финансира стартапи, и тоа не со 3000, 5000 евра, туку со посериозни суми. Банките никаде во светот не финансираат стартапи, така што ако државата сака да го стимулира претприемништвото, мора да стимулира некакви механизми, фондови, бизнис-ангели и сл., кои што ќе влезат во поголем ризик, финансирајќи стартапи. Трето, Владата мора да обезбеди стабилна енергетска, патна и железничка инфраструктура. Четврто, и многу важно, е создавањето на бизнис-стратегија, заедничка програма помеѓу државата и бизнис-заедницата, и тоа краткорочна - на една година, среднорочна - на пет години и долгорочна на десет години. И не е битно која Влада ќе биде, таа програма да мора да се спроведува.

(Д-р Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, директор на „Рафајловски Консалтинг“ - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА БРЕНДОВИТЕ ГИ „ОТКЛУЧУВААТ“ СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ „Макпрогрес“ денес е семејство со преку 500 вработени, еден од двигателите на македонската економија и водечки извозник од прехранбената индустрија во земјава веќе две години по ред. Нашите производи ги продаваме на пазарите во над 50 држави во светот. Ваквиот дострел е резултат на фактот што дури 93% од целиот извоз е под наши регистрирани трговски марки, а само 7% од извозот е под приватни марки на наши купувачи.

(Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ АД - Виница)


ПОРАКИ ПРИОРИТЕТ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ Неопходно е изнаоѓање решенија за заштита и за поголем ангажман на домашните компании преку можност за учество на тендери што се однесуваат за домашниот пазар. Државата може да помогне и со вградување на правила: во проектите да бидат вклучени домашни компании, и тоа во делот на консултантски услуги, производители на материјали и изведувачи, подизведувачи... Потребно е да се направат измени и во тендерските услови каде што цената не треба да претставува единствен критериум за добивање на работата, туку да биде квалитетот и референцата на компаниите.

(Радомир Карангелески, директор за развој на „ГЕИНГ“ - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ПОЛОВИНАTA СТРУЈА СЕ (РАС)ФРЛА ПО ДОМОВИТЕ Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупно потрошената електрична енергија во земјава, најголем дел за греење. Наш фокус ќе биде да најдеме алтернативи и да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија за греење преку гасификација и инвестиции во енергетските извори. Одржлив развој на енергетскиот сектор подразбира обезбедување на квалитативна и квантитативна количина на енергенси потребни за развој на стопанството, а за тоа се неопходни инвестиции во модернизирање на постојните енергетски објекти и мрежи.

(Д-р Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, „ОКТА“ АД - Скопје)


ПОРАКИ АКЦЕНТ НА ПОДОЛГОРОЧНИ ОБЛИЦИ НА СОРАБОТКА Во Република Полска силно се развива приватниот сектор што привлекува и голем обем странски инвестиции. „Раде Кончар ТЕП“ веќе 10 години успешно соработува со полски компании кои се високософистицирани и успешни не само во Полска туку и во другите земјите во Европа. Можностите за соработка на македонската со полската економија се големи, а според анкетите што се направени од Стопанската комора на Македонија, соработката може особено да се зголеми во прехранбената, текстилната, електро и ИТ-индустријата, туризмот... Истовремено компаниите од двете земји можат со заеднички проекти да учествуваат во користење на ЕУфондовите.

(М-р Горан Антевски, претседател на Македонско-полскиот бизнис-клуб, генерален директор на „Раде Кончар - ТЕП“ - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ПО УРНЕК НА РАЗВИЕНИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ ПАЗАРИ И покрај добрите трендови на раст, македонскиот осигурителен пазар се` уште е неразвиен и ориентиран кон моторните осигурителни продукти. Осигурителните компании во Македонија полека но сигурно фаќаат чекор со трендовите на развиените осигурителни пазари и подготвени се да им понудат на граѓаните и на реалниот сектор широка палета на осигурителни услуги. Со тоа и годинава осигурителната индустрија ќе го даде својот придонес како заштитен механизам.

(Ило Ристовски, главен оперативен директор на „Сава осигурување“ АД - Скопје)


ПОРАКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ КЛУЧНА Е ВРСКАТА МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ И СТОПАНСТВОТО Врската меѓу Универзитетот, стопанството и едукацијата на високопрофесионални кадри, претставува значаен развоен фактор не само за Универзитетот, туку и за државата. Доколку сакаме нашата држава еден ден да ја видиме економски развиена, со силно стопанство и високи технолошки стандарди, овој универзитетски потенцијал мора максимално да се ангажира, да се стимулира и да се стави во функција на трансферот на нови знаења и технологии, во функција на развојот на сопствената наука и во функција на севкупниот развој.

(Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ДИЗАЈНИРАМЕ ГРУПИ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ Меморандумот за соработка меѓу Машинскиот факултет во Скопје и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија е основа за воспоставување соработка со странски инвеститори, со што ќе се овозможи практична работа за студентите во овие компании. Досега не се случило наш студент да биде вратен од компаниите во и надвор од Македонија. Сите студиски групи се дизајнирани според потребите на компаниите, а кадрите кои излегуваат од Факултетот се барани. Само во учебната 2013/2014 година 74% од студентите кои апсолвираа веќе беа вработени. Од нив, од 12 до 15% се вработени во странските компании кои имаат капацитети во Македонија. Голем број наши студенти се дообучуваат на странски универзитети и искрено се надевам дека тие ќе се вратат и своето знаење ќе го споделат во сопствената земја.

(Проф. д-р Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје)


ПОРАКИ КОРИСТЕЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ТУРСКИОТ БИЗНИС Турскиот бизнис има воспоставено инфраструктура и деловни врски и има долгогодишни искуства од настапот на пазарот на Африка. Колкави се можностите од „стапнувањето“ на бизнисот на овој пазар зборува бројката дека континентот има 52 држави и преку 1 милијарда жители. Подготвени сме да им помогнеме на македонските компании заедно со турските компании да пласираат свои стоки на овој брзорастечки пазар. Ова е само почеток на соработката, а следниот чекор ќе биде организирање деловна средба за македонските деловни луѓе во Турција со претставници на турски компании кои веќе подолго време тргуваат и остваруваат деловни потфати во Африка.

(Хасан Хошбен, копретседател на Турско-македонскиот деловен совет)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА СОВЕТИ КОИ ШТЕДАТ ПАРИ Каква е улогата на коморите во јавните набавки? Од пред една деценија во германските покраини почнаа да се формираат агенции за советодавна поддршка на малите и средни претпријатија. Со тоа на малите и средни бизниси им се помага за учесто во постапките на јавните набавки. На пример, услугата на таквата Агенција во покраината Хесен, која е непрофитна организација, вклучува 10 индустриски и три занаетчиски комори. Во нив се слеваат сите податоци за јавните набавки, се прави постапка на сертификација, се организираат семинари и се остваруваат и низа други функции. И што е најбитно - трошоците за малите и средни претпријатија за учество на тендерите се значително намалени и поедноставени. За примена на таквото искуство и во земјите-членки на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) треба да се размислува.

(Едвард Шварц, долгогодишен експерт при Партнерскиот проект меѓу ДИХК и стопанските комори од ЦЕФТА-земјите)


ПОРАКИ ПОСТАПКИТЕ СЕ ЗАВРШУВААТ И СЕ ИЗВРШУВААТ Споровите пред арбитражата не траат долго, од шест до 12 месеци. И она што е најважно, сите одлуки што досега ги донела нашата арбитража се извршени. Во однос на судските процеси, предноста на арбитражата е и во можноста да се спроведува на друг јазик, да се договори примената на одредено право кое се познава и да се изберат арбитрите. Одлуките што ги носи нашата арбитража се правосилни и можат да се извршуваат и во странство бидејќи сме потписници на Њујоршката конвенција што ја имаат ратификувано повеќе од 150 држави во светот.

(Проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА НЕ ТРЧАЈТЕ ПО СВЕТОТ И НЕ ПРАВЕТЕ НЕПОТРЕБНИ ТРОШОЦИ Постои светски арбитражен пазар и на него владее голема конкуренција. Затоа треба да се направи што повеќе да се користи домашната арбитража, која е значително поевтина и со квалитет како и во големите арбитражни центри во Париз, во Виена, во Стокхолм, во Њујорк... За да се случи тоа, треба да се допре до оние кои одлучуваат во компаниите – генералните и комерцијалните директори.

Во регионов е неопходно да се потпишат спогодби за соработка меѓу арбитражите од сите држави. На тој начин ќе се овозможи споровите меѓу компаниите да се решаваат овде, а не да се трча по светот и да се прават непотребни трошоци.

(Проф. д-р Михајло Дика, претседател на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Хрватска)


ПОРАКИ ВОСПОСТАВЕНА ДИРЕКТНА СОРАБОТКА СО АВСТРИСКИ WIFI Стопанската комора на Македонија официјално, директно воспостави соработка со Институтот за економска промоција на Австриската федерална комора, WIFI, најголемата и најнапредна образовна институција во австриската коморска организација, а истовремено и најголем провајдер на стручно образование во Австрија. Oваа соработка ќе биде директна поддршка на Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија, но и можност за македонските компании во делот на усовршување на образовниот процес.

(Д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ Предложените решенија од Стопанската комора на Македонија не се во насока на критика на Законот и на институциите кои го применуваат, туку предлагање конкретни решенија за проблемите поврзани со примената на законите во практиката. Целта е создавање на ефикасна, применлива регулатива, во која ќе бидат почитувани начелата на еднаквост и рамноправност на сите субјекти пред законот. Поради наведеното, Стопанската комора на Македонија предложи со решенијата во Законот за извршување да се надмине нееднаквоста со која се соочуваат доверителите, односно приватните субјекти, наспроти субјектите на јавното право, како и да се обезбеди подобрување на ликвидноста на деловниот сектор, и на тој начин да се придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Република Македонија. Се предлага во членот 211 да се додаде нов став 3 кој ќе гласи: „(3) За предмети и права во смисла на ставот 1 од овој член не се сметаат паричните средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет и врз нив може да се спроведува извршување без никакво ограничување.“

(М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија)


ПОРАКИ ПОТРЕБНИ СЕ ГОЛЕМИ ВЛОЖУВАЊА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА Поради нецелосната реализација на потребните инвестиции во железничката инфраструктура, се` уште не се решени прашањата поврзани со висината на цената на извршениот железнички превоз. Истата се одржува долго време на повисоко ниво, со што камионскиот транспорт чини 4 евра по тон помалку во однос на железничкиот. Ова доведува до апсурдна ситуација кога станува збор за превоз на стоки со железница, а на ваквите состојби се надополнува и непостоењето на соодветна алтернатива за Пристаништето во Солун, како се` уште најдобра опција за поморски транспорт на домашните производи.

(Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија)


ОД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА БИЗНИСОТ Е ЕДИНСТВЕНА КОХЕЗИОНА СИЛА НА БАЛКАНОТ Бизнисот е единствена кохезиона сила на Балканот. Во Коморскиот инвестициски форум гледам инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Балканот. Ние веќе 25 години не сме ја сфатиле пораката на ЕУ дека мора да работиме регионално. Токму формирањето на Коморскиот инвестициски форум претставува форма преку која ќе можеме да ги предлагаме и конкретизираме заедничките инвестициски проекти.

(Софче Јовановска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија)


НАЈГОЛЕМ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР НА БИЗНИСОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Во рамките на Стопанската комора на Македонија од 2009 година функционира Центарот за едукација и развој на човечки ресурси кој се занимава со организација на едукативни настани на различни теми, во соработка со релевантни институции и експерти. Препознавајќи ја потребата на компаниите од дополнителна едукација, Центарот организира семинари, обуки, презентации, советувања и работилници. До 2015 година се организирани повеќе од 300 едукативни настани, а истите ги посетиле повеќе од 6.800 учесници, претставници од компании од сите индустрии. Клубот на менаџери-претприемачи, формиран Менаџер за едукација во 2015 година, претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и институциите кои се вклучени во истиот. Членовите имаат можност да се приклучат и да споделат искуства, контакти и знаење со цел остварување на континуиран раст и поддршка на бизнисот, преку постојана едукација и контакти со фирмите и потребните институции. Една од активностите на Стопанската комора на Македонија во наредниот период е во правец на воведување дуален систем на средно стручно образование. Со оваа иницијатива, Комората во наредниот период ќе продолжи со активностите за обезбедување релевантни идеи, концепти, можности и аргументи коишто би ја поддржале рационалната дискусија за изводливоста и модалитетите на реформите на актуелниот систем на средното стручно образование во Македонија, а сето тоа да биде во согласност со потребите на бизнис-заедницата.


ЕДУКАЦИЈА Стопанската комора на Македонија во 2015 година воспостави директна соработка со Институтот за економска промоција на Австриската федерална комора - WIFI, кој претставува реномиран партнер на полето на едукација и развој на човечки ресурси во Австрија и современа организација со свои претставништва во повеќе европски земји. Соработката е од огромно значење бидејќи претставува директна поддршка на Центарот за едукација и нуди подобри можности за македонските компании во делот на усовршување преку обуки, тренинзи, трансфер на know-how и меѓународни искуства. Стопанската комора на Македонија во 2012 година го формираше Бизнис центарот Директор на за тренинг и обука, прв приватен провајдер на обуки за образование на возрасни Бизнис центар со цел директно да се вклучи во поврзување на компаниите и невработените лица преку обезбедување на обуки за преквалификација и доквалификација на стручен кадар. Бизнис центарот нуди вкупно 15 верифицирани програми од различни области кои покриваат побарувани занимања на пазарот на труд. Во изминатите години успешно беа реализирани вкупно 8 различни обуки, а повеќе од 70 учесници се стекнаа со сертификат признат од Министерството за образование и наука. Центар за едукација


Зборно место секој понеделник во 11:00 часот во Стопанската комора на Македонија

Прес-конференции Стопанската комора на Македонија е препознатлива по организација на најпосетените прес-конферeнции, преку кои секој понеделник, редовно ги информира сите печатени и електронски медиуми за ставовите и иницијативите на бизнис-секторот со цел подобрување на деловната клима. Нуди информации за нови предлог-закони, аргументи за измени и дополнувања на постојните, како и презентирање на актуелни состојби и пречки за економското делување на одредени сектори, со предлог-мерки за надминувања на истите. Новинарите како докажан партнер на Стопанската комора на Македонија со нетрпение ги очекуваат прес-конференциите секој понеделник за да можат да ја информираат јавноста за економските случувања во земјата, преку материјали кои се стручно и аргументирано подготвени од страна на Комората.


ПРЕД МЕДИУМИТЕ ЗА ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ, ИДЕИ, ДОСТИГНУВАЊА...


Зборно место секој понеделник во 11:00 часот во Стопанската комора на Македонија


ПРЕД МЕДИУМИТЕ ЗА ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ, ИДЕИ, ДОСТИГНУВАЊА...


ВЕБ-портал

www.mchamber.mk

goodini

192

2 - 2016


Веб-порталот е ризница на информации за активностите на органите, телата и облиците на организирање на Стопанската комора на Македонија и на корпоративниот сектор во земјава. Едноставно, посетителите со еден „клик“ доаѓаат до комплетна слика за случувањата во реалниот сектор, до информации од светската економија, а воедно, во секој момент се „на линија“ со случувањата во нивната асоцијација. Од 2005 година, до денес, веб-порталот на Комората низ призмата на статистиката:

Повеќе од

Во просек посетител посетува околу

4.500.000

4 страници

посетени коморски веб-страници, со преку

1.000.000

и се задржува на сајтот околу 4 минути

Електронски поврзани над

5.650 македонски со странски компании

посетители

Објавени податоци за Објавени повеќе од

15.000 понуди на македонски компании

12.000

Регистарот на македонски компании на веб-порталот содржи податоци за повеќе од

100 земји

15.000

странски компании од

членки во Комората


ИЗДАВАШТВО REVIEW laws•technologies•tenders•offers Number 10 November 2012

ИНФОРМАТОР ИНФОРМАТОР закони технологии тендери понуди закони технологии тендери понуди •

•

•

•

•

•

Број 13 Февруари 2013

Број 19 Октомври 2013

Во овој број Регулатива ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

„Страст да се креираат нови и подобри работи“

Форум БАНКЕКСПО 2013 Нови пазари Р. ЛИТВАНИЈА Р. ЕСТОНИЈА

Systematic measures are needed in order the insurance to activate its potentials and to acquire its rightful place in the financial sector in the country Aleksandra Nakeva Ruzin “Eurolink osiguruvanje”

ADOPTED AND LAW IN PROCEDURES TOP 10 TRADE PARTNERS OF MACEDONIA REPUBLIC OF BULGARIA

GRADUAL REDUCTION OF POLLUTION WITH ISO 14001:2004

Александра Дилеска, директор на „Публицис“, друштво за маркетинг и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија

Во комората на Пела, Р. Грција ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА БЕЗ ПОЛИТИЧКИ СТЕГИ Успешниот бизнис е идеална комбинација од максимална посветеност на вработените, иновирање на процесите и континуирано инвестирање, се во фукција на задоволување на неговото височество – клиентот!

Стопанска комора на Македонија 91 година ПРИЗНАНИЈА ЗА ХРАБРИТЕ МЕНАЏЕРИ ВО КРИЗНИ ВРЕМИЊА

Фросина Мешкова, генерален извршен директор на „Свислион“ од Скопје

УСВОЕНИ ЗАКОНИ И ЗАКОНИ ВО ПРОЦЕДУРА BSI

BSI

Нови пазари ОСВОЈУВАЊЕ НА КАВКАЗ СО ЛОГИСТИКА ОД ТУРСКИ КОМПАНИИ OHSAS 18001 АКЦЕНТ НА ПРЕВЕНТИВАТА

TM

TM

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 11922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 ISO 9001:2008 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 1 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 ISO 9001:2008 FS 549642


Публикации

ИНФОРМАТОР закони те ендери понуди •

•

ИНФОРМАТОР закони технологии тендери понуди •

•

•

Број 16 Мај 2013

Број 12 Јануари 2012

„Големите брендови ги создавaат луѓето. Македонски бренд со светски квалитет е приказната што ја создадовме заедно за Витаминка со потрошувачите“

Во земјава е неопходно да се зголеми бројот на жени кои носат одлуки, како и да се подобри положбата на жените-претприемачи во компаниската хиерархија! Мирјана Марковска,

Наташа Стојковска, директор на сектор за набавка „Витаминка“ АД Прилеп

Адвокатска канцеларија „Марковска & Андревски“, член на УO на Асоцијацијата на македонските жени-претприемачи „Жени бизнис-лидери“ при Стопанската комора на Македонија

УСВОЕНИ ЗАКОНИ И ЗАКОНИ ВО ПРОЦЕДУРА

ISO 9001 ДОБРО ОТПОЧНАТ ПРОЦЕС ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ

НОВИ ПАЗАРИ ИСЛАМСКА РЕПУБЛИКА ИРАН

КОМПАНИИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ДВИЖАТ НАПРЕД НА ПАТОТ КОН ЕУ

УСВОЕНИ ЗАКОНИ И ЗАКОНИ ВО ПРОЦЕДУРА

ПАРАЛЕЛИ Коморското организирање на Далечниот Исток - Кина и Јапонија

Генерално собрание на Асоцијацијата на Балкански Комори

Нови пазари ДРЖАВА КУВАЈТ

BSI

TM

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 1 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 ISO 9001:2008 FS 549642

BSI

TM

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 ISO 9001:2008 FS 549642


ВАШИТЕ БРЕНДОВИ НАША ГРИЖА


ПОВЕЛЕТЕ, ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ БРЕНД-ПРОИЗВОДИ ВО КОМОРАТА Стопанската комора на Македонија се грижи за промоција на брендовите и достигнувањата на нејзините членки. „Макпрогрес“ од Виница ја презентираше својата нова инвестиција и палета производи „Натура“. Оваа компанија од областа на кондиторската индустрија со повеќе од 500 вработени ги извезува своите производи во преку 50 земји во светот. „Леов компани“ од Велес го промовирашe својот најнов производ, болјерот со смарт термостат. Овој производ е прв од ваков вид не само во Македонија, туку и во Европа и спаѓа во групата на енергетски „зелени“ производи. Притоа, комплетниот производ - болјерот, контролорот и софтверот се македонски производ. „Кожувчанка“ од Кавадарци изврши презентација на новиот македонски производ „НАШЕ МАКЕДОНСКО пиво“. Компанијата го најави новиот бренд на домашниот пазар со капацитет од 5 милиони литри пиво годишно, но со план производството да се зголеми петкратно. Една од најголемите градежни компании - „Бетон“ АД - Скопје, го прослави шестдеценискиот јубилеј токму во Стопанската комора на Македонија, соопштувајќи пред бројниот аудиториум за своите нови големи планови во иднина. Манифестацијата беше искористена и за промоција на новиот спот и краток рекламен филм за создавањето и растот на „Бетон“, при што можеше да се слушнат сеќавања за почетоците, за ентузијазмот со кој е создавана фирмата, за првите настапи во странство, но и за работата денес, во ова ново време во кое „Бетон“ успешно ги следи модерните текови на современото градежништво.


МЕЃУНАРОДНА МРЕЖА Моќта на EUROCHAMBRES:

АСОЦИЈАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ (АБК) (1998)

- 1.700 регионални и локални комори-членки;

- 20.000.000 компании;

Националните комори на балканските земји - Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Македонија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора и Романија ја основаа Асоцијацијата на балканските комори (АБК) во 1998 година со крајна цел - создавање слободна трговска зона на Балканот.

- 120 милиони вработени.

Активностите на АБК се насочени кон:

- 45 национални комори; - 990 комори на земјите-членки на ЕУ; - 710 комори на земји што не се членки на ЕУ;

∙ ревитализација и унапредување на стопанската соработка во регионот; ∙ либерализација на трговијата во регионот; ∙ отстранување на нетарифни пречки во меѓусебните трговски односи; ∙ поттикнување на интраинтеграција; ∙ забрзување на интегративните процеси кон ЕУ; ∙ промовирање на арбитражно решавање на споровите во трговијата; ∙ промовирање на деловната етика; ∙ коморско институционално зајакнување.


КОМОРАТА - ПОРТА ЗА ВАШИОТ ИЗВОЗ

Стопанската комора на Македонија има потпишано повеќе од 180 договори за соработка со меѓународни институции и организации, меѓу кои и со:

Менаџер за извоз

- International Chamber of Commerce - ICC (1994); - Eurochambres - Association of European Chambers of Commerce (2003); - Association of Balkan Chambers - ABC (1998); - Balkan Center for Trade Promotion - BCTP (1998); - South East European Centre for Entrepreneurial Learning ( SEE CEL) (2015); - Central European Initiative – CEI; - IBCC/ATA International Guarantee Chain; - Central European Chamber of Commerce Initiative (CECCI); - South Eastern Cooperation Initiative – SECI; - Western Balkan Chamber Investment Forum (2015); - Central European Free Trade Agreement CEFTA (2006); - China CEEC Business Council (2015).


МЕЃУНАРОДНА МРЕЖА


КОМОРАТА - ПОРТА ЗА ВАШИОТ ИЗВОЗ ЦЕФТА-ДОГОВОР (2006 година)

на интелектуална сопственост согласно меѓународните стандарди;

Договорот за изменување и пристапување во ЦЕФТА, наречен ЦЕФТА 2006, потпишан е на • да воведе хармонизација на трговските 19 декември 2006 година во Букурешт одредби согласно современите политики; од страна на Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Босна • да се преземаат јасни и ефективни постапки за и Херцеговина, Р. Хрватска, Р. Молдавија, Р. Црна решавање спорови; Гора, Р. Србија и УНМИК за територијата на Косово. • да го помага постепеното воведување на зона Договорот се стреми: за дијагонална кумулација на потекло меѓу ЕУ • да ја зголеми размената на стоки и услуги и земјите од Западен Балкан. помеѓу земјите-потписнички; Договорот целосно е усогласен со правилата и • да поттикне инвестиции со помош на постапките предвидени од страна на СТО и со правични, стабилни и предвидливи правила; регулативите на ЕУ. Целосното спроведување на овој договор нуди одлична рамка за земјите• да ги отстрани пречките за трговска размена потписнички, со којашто тие би се подготвиле за меѓу земјите-потписнички; пристапување кон ЕУ, а со тоа би се задржала и • да обезбеди соодветна заштита на правата суштината на оригиналниот ЦЕФТА-Договор.


ИСТОРИЈАТ 14 јули 1922 година Co закон е основана Трговскоиндустриската комора со седиште во Скопје, како професионална организација - претставничко тело за заштита на професионалните стопански интереси на своите членки. Овој датум се смета за зачеток на коморското организирање на територијата на Македонија.

1931 година Co Законот за претпријатија коморите се трансформираат во советодавен и помошен орган на државната власт. Тие преземаат одредени јавно-правни функции, како што се: издавање дозволи, уверенија, легитимации, арбитражно судство, именување вешти лица и слично... Функциите на Комората се подредуваат на интересите на државата и на тој начин се губат основите на коморското организирање.

18 февруари 1945 година Co Повелба на Президиумот на АСНОМ формирана е единствена Трговскоиндустриска комора со надлежност на територијата на тогашната македонска федерална единица. Од тогаш започнува интензивниот развој на стопанството и на коморското организирање. Тоа е најтешкиот, но истовремено и најзначајниот период на коморската активност во Македонија - санирање на уништените стопански објекти, организирање на индустриското производство и спроведување на аграрната политика.

1962 година Co закон е формирана единствена Стопанска комора на Македонија. До тогаш делувале неколку разгрането организирани комори.


Декември 2004 година Co Законот за Стопанската комора на Македонија, таа како деловно-стручна асоцијација стана институција од приватно-правен карактер на доброволна основа што ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членки. Во Комората доброволно се здружуваат правни лица со седиште во Република Македонија кои вршат стопанска дејност и се запишани во Трговскиот регистар. Во Комората може да се здружуваат и други субјекти кои со својата дејност придонесуваат за развојот на стопанството и унапредување на работењето.

Февруари 2011 година Со Законот за стопанските комори се воведе воедначен режим за коморско организирање во Република Македонија, при што стопанска комора може да се основа од страна на стопанските субјекти на територијата на Република Македонија заради унапредување на стручните и деловни обичаи и норми, како и за застапување и заштита на интересите. Комората е независна и самостојна организација со својство на правно лице, која е организирана како непрофитна организација.

НАШИ ВРСНИЦИ ...


Трансформација


Комора на сите Основна цел на трансформацијата на Комората што беше направена во 2005 година беше да се смени односот кон членките на тој начин што ќе се врати нивната доверба кон Комората. Co реформите сакавме да ја постигнеме целта - членките во Стопанската комора на Македонија да го идентификуваат својот: - економски информатор; - комуникатор; - помошник; - партнер; - советник; - промотор во земјата и во странство. Успешните финансиски показатели на Комората во услови на доброволно членство, е најголемото признание за стабилна и сигурна институција. Таа создава нови вредности преку креирање нови услуги за нејзините членки.


КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ


РЕГИОНАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ


СТРУЧНА СЛУЖБА

Издавач: Стопанска комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје

Главен и одговорен уредник: Софче Јовановска

Дизајн и графичко уредување: Стево Серафимов

Лектoр: Станка Дамјановска

Печати: Печатница „ЕВРОПА 92“ ДОО - Кочани


CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

334.788(497.7)(069.91) ДЕВЕДЕСЕТ и четири 94-годишен континуитет - Скопје : Стопанска комора на Македонија, 2016. - 64 стр. : илустр. ; 30 см

ISBN 978-608-65934-0-7 1. Гл. ств. насл. а) Стопанска комора на Македонија - Јубилеи COBISS.MK-ID 100521994


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Publikacija komora 2016 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu