Skip to main content

Informator broj21 cmyk

Page 1

ИНФОРМАТОР закони технологии тендери понуди •

•

•

Број 21

Во овој број Арбитражата во ЦЕФТАрегионот ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија ИНСИСТИРАМЕ СТОПАНСТВОТО ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД НЕДАНОЧНИ И ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА

Oтсекогаш сум сакала да ги споделувам сите убавини што ни ги нуди животот. А тука спаѓаат и вкусната храна и доброто вино. Нормално, од таа моја желба создадов бизнис!

Соседи ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Маја Симоновска, сопственик на Majesty & Company LTD во Јапонија, добитник на јапонската Награда за вино „Сакура 2014“, наменета за жени

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

goodini

192

2 - 2014


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

14.

36.

Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на „Арчелор Митал“ Скопје

РУДНИЦИТЕ ОДЛИЧНО РАБОТАТ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

39.

42.

Макпрогрес“ од Виница со „НАТУРА“

Стандарди: ISO 50001 ПОБЕДИ ГО ПРЕДИЗВИКОТ НА ЕНЕРГИЈАТА!

Издавач: Стопанска комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје Главен и одговорен уредник: Саво Пејчиновски

TРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА - ПРИРОДАТА ВО ЧИНИЈА СЕКОЈ ДЕН!

ИНФОРМАТОР закони технологии понуди тендери •

Директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка Софче Јовановска E-адреса: ic@mchamber.mk www.mchamber.mk

•

•

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

goodini

192

2 - 2014

Founded 1922

Лектoр: Станка Дамјановска Дизајн и графичко уредување: Стево Серафимов

СОДРЖИНА

„Саса“ во Македoнска Kаменица и „Бучим“ во Радовиш

Печати

„ДАТАПОНС“ АД Скопје

ISSN 1857- 792X Носител на материјалните права е издавачот. Забрането е препечатување, копирање и умножување на написите или на нивните делови без претходна согласност од издавачот.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

3


КОНФЕРЕНЦИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ТРИБИНА

„Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој”

БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН, НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со финансиска поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија, ја организираа меѓународна конференција на тема „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој” (18.02.2014 година). На конференцијата, која се одржа во скопскиот хотел „Александар Палас“, присуствуваа повеќе од 200 правници, адвокати, економисти, претставници на бизнис-секторот, судии, како и домашни и странски

4

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

експерти од областа на арбитражното право. Со оглед дека ЦЕФТАдоговорот се залага за создавање на зона на слободна трговија, функционирањето на арбитражата е од битно значење за брзо, ефикасно, едноставно и поевтино решавање на трговските спорови меѓу компаниите на земјите-членки на ЦЕФТА. -Во 2011 година, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија беше подложен на организациски и нормативни промени, кои беа проследени со интензивирани активности насочени

кон промовирање на неговата работа. Беше усвоен нов сет на нормативни акти кои се насочени кон зајакнување на Арбитражата и постигнување на нејзина поголема автономија. Постојаното зголемување на бројот на предмети пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, брзото и ефикасно завршување на поведените постапки и големата стапка на доброволно извршување на донесените одлуки од страна на самите странки, говорат за високиот квалитет на постапките, стручноста и објективноста на арбитрите, како и


КОНФЕРЕНЦИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ТРИБИНА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

за погодноста на арбитражата како метод на решавање спорови кои произлегуваат од меѓународната трговија, - истакна д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражниот суд при Постојаниот избран суд - Арбитража е надлежен за решавање на одреден спор доколку странките тоа го договориле – со вметнување на арбитражна клаузула во главниот договор што го склучуваат странките, со склучување на арбитражен компромис, но во практиката се` почесто и со размена на тужба и одговор на тужба во кои едната странка го наведува постоењето на арбитражната спогодба, а другата странка не го негира тоа. Сите спорови чија вредност на предметот на спорот не надминува 30.000 евра ги решава арбитер-поединец, додека за споровите чија вредност го надминува износот од 30.000 евра е предвидена надлежност на арбитражен совет составен од тројца арбитри, освен

ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот изречно не се договориле за спротивното. -Сите одлуки на Постојаниот избран суд - Арбитража во Република Македонија се досега извршени. Лани имавме 5-6 предмети, а успеавме да завршиме и трговски спор кој „тежеше“ 9 милиони евра и тоа за неполна година дена. Ваквата ефикасност во решавањето на предметите на странките им овозможува заштеда на време, со оглед што ваков спор кај редовните судови би траел сигурно 5 до 6 години и што е уште позначајно – трошоците за целата постапка се значително пониски, - нагласи д-р Арсен Јаневски. Според д-р Михајло Дика, претседател на Постојниот Арбитражен суд при Стопанската комора на Хрватска, неопходно е во регионот да се прошири арбитражната култура, бидејќи користењето на нејзините услуги се` уште е на ниско ниво.

-Всушност, се работи за организирање на приватно судење, на кое странките сами избираат кој ќе им го реши спорот. Во просек, имаме од 30 до 110 спорови годишно, а просечната цена на споровите изнесувала од 40 до 130 милиони евра. Само за илустрација, во хрватските судови седат заглавени трговски спорови во вредност од 10 милијарди евра заради спорото одлучување. Нивната разрешница би била сосема подруга кога странките би ја користеле арбитражата, – подвлече д-р Михајло Дика, кој важи за еден од најголемите стручњаци за арбитража во регионот. – Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите, само доколку ја зголемиме меѓусебната соработка и го форсираме знаењето. Гостинот од Хрватска спомена дека е потребно да се зголеми арбитрабилноста сегде каде што е тоа можно, на пример, на имотно- правните, работните и потрошувачките спорови. Го посочи примерот на Владата на Хрватска

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

5


КОНФЕРЕНЦИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ТРИБИНА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

која препорачала сите институции кои се поврзани со државата да ги користат услугите на Арбитражата или на Центарот за медијација при Стопанската комора на Хрватска.

во наредниот период посебно да се поведе сметка.

-Одличен потег би бил отворањетро на можност за брзо решавање на споровите, што би се рекло - забрзана арбитража, за спорови со ниска вредност, - подвлече Дика.

-Тоа директно влијае и на приливот на странските директни инвестиции. Ниту една посериозна компанија од странство нема да дојде да инвестира, доколку утврди дека не функционира арбитражата. Едноставно, тие сакаат да имаат дискретност во решавањето на споровите, - забележа Касуми.

М-р Ахмет Касуми, претседател на Постојниот арбитражен трибунал при Стопанската комора на Косово, смета дека нема доволна медиумска покриеност на делувањето на арбитражите во регионот, на што мора

Црногорското искуство во областа на арбитражата зборува дека дури 90 отсто од споровите во кои се користеле нејзините услуги биле со странски елемент. Тоа значи дека само еден од 10 случаи е со

домашни правни лица. Затоа, и Веско Божовиќ, претседател на Надворешно-трговската арбитража и на Постојаниот избран суд при Стопанската комора на Црна Гора, спомена дека треба да се работи на нови прописи со кои ќе се иновира арбитражата согласно меѓународните искуства, постојана едукација, промоција и – агресивен маркетинг. Тоа би требало да биде патот кон зголемување на користењето на нејзините услуги. Д-р Алеш Галиќ, член на Претседателството на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Словенија, спомена дел од новите светски трендови во областа на арбитражата: натамошно зајакнување на делувањето на арбитражните институции, зголемена ефикасност, акцент на тешки случаи, арбитражна експедитивност... -Битно е да не се копираат обврзувачки правила. Детализирањето може лесно арбитражата да ја доближи до редовните судови, – нагласи д-р Алеш Галиќ. Саво Пејчиновски

6

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


ИНТЕРВЈУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

ИНСИСТИРАМЕ СТОПАНСТВОТО ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД НЕДАНОЧНИ И ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ * Градежништвото ја извлече економијата во 2013 година. Кој ќе бидe моторот годинава? Градежништвото во последните две-три години има зголемување на учеството во БДП и тоа од 5,6% во 2010 година, од 6,5% во 2011 година и од 6,8% во 2012 година. Проценките говорат дека во 2013 година ова учество достигна и до 7,0%. Тој тренд сигурно ќе продолжи и оваа година. Покрај ова, оценуваме дека значаен инпулс на зголемување на стопанската активност ќе дадат странските инвестиции кои даваат значајни поместувања во производната и извозната понуда на нашето стопанство. Моделот на стопанскиот раст на Македонија треба да се фокусира на извозот, што беше еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија од 2010 година, во функција на ширењето и диверзификацијата на извозната основа кои се неопходни за да се остварат посакуваните инвестиции, а со нив да се постигне одржлив стопански раст преку постепено намалување на диспаритетот меѓу производството и потрошувачката, извозот и увозот, вработеното и издржуваното население, а пред се` постепено ослободувајќи го делот на економскиот простор од државниот во приватниот сектор.Санацијата на индустриското производство е срцето на економската платформа, а економските цели мора регионално да се постават.

* Има ли оптимизам после месец и половина поминати од годинава, какви се очекувањата? Во 2014 година, согласно проценките на нашето членство, позитивните тенденции ќе продолжат. Тој оптимизам е заснован на неколку клучни работи. Пред се`, се очекува постепено зајакнување на странската побарувачка. Според проекциите на Меѓународниот монетарен фонд од октомври минатата година, во 2014 година се очекува глобален раст на економските активности од 3,6%. Во ЕУ се предвидува раст од 1,3%, а во еврозоната од 1,0%. Одделно по земји со кои имаме највисока трговска размена растот би изнесувал: Германија +1,4; Грција +0,6; Србија +2,0; Италија +0,7; Бугарија +1,6%; Турција +3,5%; Хрватска +1,5%. Значајно е што државниот инвестициски стимул, кој во буџетот

за 2014 година е проектиран на износ од 22,4 милијарди денари, е со раст од 20% во однос на минатата година. Тој раст, кој е насочен во инфраструктурата, всушност, е позитивен одговор на нашето барање од 2010 година - за раст на капитални инвестиции во функција на модерната инфраструктура на земјата. Според нас, реални се предвидувањата на проектиран економски раст од 3,2%, раст на индустријата во распон од 3,8 до 5%, на градежништвото од 7% на реална основа, на земјоделството од 3% и услужниот сектор со просечна стапка на раст од 3,4% во 2014 година. Извозот на стоки и услуги би требало да порасне за 6,5%. Сето ова би требало да доведе до зголемување на стапката на вработеност од 42,8% и намалување на стапката на невработеност на 26,5%. Очекуваме и инфлацијата да се одржи на ниско ниво од 3,3%.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

7


ИНТЕРВЈУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

* Уштe малку влегуваме во предизборен период. Ќе го искористите ли овој период за исполнување на дел од барањата на бизнисмените? Предизборните активности за избор на претседател на државата по својот карактер не очекуваме дека можат да имаат негативно влијание на интензитетот на реализација на нашите барања, бидејќи очекуваме Владата нормално да функционира. Комората ќе го искористи тој период за интензивни контакти со своите членки за согледување на актуелните проблеми со кои се соочуваат и посебно внимание ќе посветиме на анализа и подготовка на конкретни предлози во делот на системската регулатива. Всушност, нам не ни сметаат изборите. Наш проблем се долгите предизборни кампањи во кој се дебатира за се и сешто, само не за економијата.И секако, сакаме систем во кој Владата после изборите во понеделникот нормално ќе функционира.

инвеститори и истите да се поттикнат да инвестираат во индустриските зони во единиците на локалната самоуправа, а според наше сознание такви индустриски зони има во многу единици на локалната самоуправа. За реализација во овој дел потребна е подготвеност на локалната власт да ги следи тие инвестиции со поттикнувачки мерки од нивен домен. Мојата проценка е дека за ова прашање во моментов постои општествен консензус и убеден сум дека во првата половина на оваа година ќе имаме конкретни решенија. * Бизнисмените се задоволни од ниските даноци, но постојано реагираат дека имаат многу скриени трошоци кои ги оптоваруваат. Готова ли е анализата за тоа кои се тие парафискални давачки кои го кочат бизнисот?

опфаќајќи компании од различни стопански дејности и од различни општини.Повод за преземените анкетни активности претставува карактерот на даночниот систем во Македонија кој оставил неограничен простор со разни секторски закони, подзаконски акти, локални одлуки, одлуки на управните одбори на агенциите или одбори на јавни претпријатија, да се воведуваат разни давачки кои тешко се контролираат.

Стопанската комора на Македонија, со цел посеопфатно согледување на финансиското оптоварување на стопанските субјекти со трошоци што ги плаќаат по основ на таканаречените неданочни и парафискални давачки, на почетокот на 2014 година спроведе анкета

осветлување; радиодифузна такса; комунална такса за истакнување на фирма, односно назив на деловна просторија; други комунални, судски и административни такси и др.

Од првичната анализа на добиените податоци може да се извлечат следните констатации за најчесто застапени неданочни и парафискални давачки кои се плаќаат и коишто се јавуваат кај најголемиот дел од анкетирани фирми: надоместокот за заштита на животната средина за управување со индустриски неопасен отпад; надоместоци за користење вода; комунални такси за улично

* За еден од главните приоритети на Комората за годинава се најавуваше домашните и странските инвеститори да бидат изедначени при инвестирање во слободните економски зони. До каде е процесот, со оглед на тоа што за ова прашање имавте најави од Владата дека ќе се преточи во конкретни решенија? Точно е дека имаме соодветни предлози за изедначување на домашните со странските инвеститори во државата. Со нашите предлози запознаена е Владата. Секако дека инвестирањето во слободните економски зони е од посебен интерес за државата и во таа функција треба да се поттикнува и разработи и евентуалното вклучување на домашните инвеститори. Но значајно е да се пристапи кон подготовка на други системски мерки за домашните

8

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

По завршување на комплетните аналитички согледувања кои се во


ИНТЕРВЈУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

тек, мерките што ќе бидат предложени од Комората, ќе одат во насока на намалување или укинување на истите, таму каде што ќе се оцени дека тие неоправдано постојат или се превисоки, што ќе биде во функција на подобрување на условите за стопанисување. Целта со оваа активност ни е да помогнеме и да се воспостави соодветен регистер на неданочни и парафискални давачки.

години. Секоја најавена инвестиција во инфраструктурата ја поддржуваме и поздравуваме, поаѓајќи од фактот дека сите глобални истражувања констатираат дека тврдата инфраструктура (патишта, железница, пристаништа, аеродроми, енергетика) има најголемо влијание врз развојот на трговијата. Тоа значи дека растот на трговијата, извозот и привлекувањето на инвестиции директно зависат и од развиеноста на инфраструктурата.

* Законот за финансиска дисциплина ќе почне да се применува од јуни. Како сметате дека тоа ќе се одрази врз стопанството и дали се подготвени компаниите?

Од страна на Владата најавена е реализација на трите најголеми инфрастуктурни проекти во земјава, изградбата на автопатиштата Демир Капија - Смоквица, Миладиновци

Комората веќе неколку години ја промовираше потребата од подобрување на системската регулатива во делот на зајакнување на финансиската дисциплина. Нашето барање го прифати Владата и го преточи во Законот за финансиска дисциплина. Во изминатиот период Комората одржа повеќе состаноци со своите членки и го образложуваше концептот на законското решение за подобрување на финансиската дисциплина. Затоа мислам дека нашите членки се подготвени за имплементацијата на ова законско решение и очекуваме дека во периодот на имплементацијата ќе имаме конструктивна соработка со Министерството за финансии и со Управата за јавни приходи. * За оваа година се најавуваат многу инвестиции во делот на инфраструктурата. Колку тие ќе ги размрдаат македонските фирми, со оглед на тоа што тие само индиректно ќе учествуваат. Дали верувате дека најавените инвестиции ќе се реализираат со оглед на тоа што доаѓаат избори? Прашањето за потребата од инвестиции во инфраструктурата е прашање на кое Стопанската комора на Македонија инсистира долги

- Свети Николе - Штип и Кичево – Охрид, во вкупна должина од 132 километра. Колку побрзо се изградат овие автопатишта, кои се дел од паневропските коридори 8 и 10, толку побргу ќе можеме да ги почувствуваме раздвижувањата во економијата, а воедно и ефектот од нашата централна позиција на Балканот. Ангажирањето на македонските компании на проектите во инфраструктурата, сигурно ќе има позитивни ефекти, ако се има предвид дека во градежништвото најчесто се користат домашни ресурси, односно градежните материјали, како и

Деведесет и две години со македонскиот бизнис

КОМОРА НА НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ Стопанската комора на Македонија ја одбележува 92годишнината од своето постоење. Јавноста „милува“ да не` нарекува Комора на големите компании. Точно. Кај нас членуваат најголемите, најуспешните и најпрофитабилните компании со домашен и странски капитал. Токму оние кои се гордост на нашиот извоз, којшто 70 отсто се остварува во Европската унија – пазар кој се смета за еден од најпробирливите во светот. Тоа се, всушност, компании на кои се темели македонската економија. Меѓу нив се и сите, буквално сите странски инвеститори во Република Македонија. На сите нив денес им порачувам да бидат горди и да им претставува чест што се членки на најстарата, најбројната и секако најзначајната бизнис-заедница во земјава! Нашата стратегија на делување е базирана на партнерски однос со сите битни чинители на економската политика, висока професионалност и истрајност во реализирање на нашите барања. Притоа, изразуваме и висока почит и респект кон сите компании, нивните менаџерски тимови и вработени без разлика дали се наши членки, или се мали или големи. Таков е нашиот однос заради тоа што сметаме дека сите наши потреби, проблеми и успеси се исти, со еден збор речено – заеднички и заемно поврзани. Ние сме свесни дека коморскиот плурализам во земјава стана реалност и затоа мора постојано да го надградуваме. Коморите се природен партнер на јавниот сектор и единствено со партнерство можат да ја постигнат својата основна цел. Свесни сме дека дијалогот и упорноста се нашите единствени алатки и затоа и понатаму максимално ќе ги користиме, упорно и доследно како и досега. Се разбира, во интерес на нашите членки и заради постигнување на општествен консензус за темелните прашања на нашата иднина!

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

9


ИНТЕРВЈУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

на тој начин да го подигне нивото на животниот стандард на сопствените граѓани. А, основниот услов за наше интегрирање во ЕУ е регионалниот пристап. Значи „паднавме“ на првата препрека, не се осмеливме да ја прескокнеме плашејќи се од последици. Најавената средба на балканските премиери на 24.02.2014 година во Лондон, чиј организатор е Европската банка за обнова и развој е одлична можност да се направи пресврт во досегашните политики.

ангажирањето на домашни градежни компании со кадровскиот потенцијал, но и механизација и опрема. И покрај моментот на избори, очекувањата на бизнис-заедницата се дека планираните инфраструктурни активности треба да продолжат согласно предвидената динамика. Ова е обврска и спрема кредиторот, но и согласно насоките од Стратегијата за комуникативна Европа 2020. * Вие бевте еден од иницијаторите за учество на регионот во приватизација на Солунското пристаниште. Што се случи со таа идеја? Приватизацијата на Солунското пристаниште е „тест“ и прв обид бизнисот од Македонија и околните држави да делуваат регионално. Оваа иницијатива на Стопанската комора на Македонија најпрво се дочека со неверување и изненадување. Но, тоа нас не не` обесхрабри, бидејќи зад оваа иницијатива стојат бројки. Дури со 43,80 отсто од конвенционалниот транспорт и 11,38 отсто од контејнерскиот транспорт регионот учествува во вкупните транспортни операции на Пристаништето. Бројките зборуваат дека 1.528.305 тони конвенционален транспорт и 25.008 контејнерски единици поминале од регионот за 10

10

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

месеци минатата година. Зарем тоа не е доволно да се оствари некакво учество во управувањето со овој регионален транспортен центар? Ние ќе продолжиме да ги анимираме и навремено да ги информираме нашите и компаниите од регионот кои гравитираат кон ова пристаниште за целиот процес. Сега на Атинската берза се во слободна продажба 25 отсто од акциите. Очекуваме двата нови пакета од 23,1 отсто и 23,3 отсто да бидат објавени во втората половина од оваа година. * Каква поука може да се извлече од актуелните случувања во Босна и Херцеговина? Бавниот процес на транзиција на Балканот предизвикува драстичен економски застој. Деиндустријализацијата, високата стапка на невработеност, јавниот долг, „сивата“ економија, станаа генератори на нестабилност на регионот. Во балканските земји се` уште приливот на девизи по основ на странските инвестиции е помал од профитот кој го изнесуваат компаниите во матичните земји. Во некои држави, како што е Босна и Херцеговина платите на јавната администрација изнесуваат 15 отсто од БДП. Во изминатиот период Балканот не успеа да изгради заеднички конкурентски производ, да пронајде нови пазари и

* Најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава подолго време најавува дека во своето делување ќе се потпре и на лобирање. До каде е процесот на создавање лоби групи? Држењето настрана од политиката е наша суштинска потреба за наше најоптимално извршување на коморската функција. Но, што станува со „лобирањето“ како моќна алатка? Кај нас се` уште се смета дека „лобирањето“ е нешто недозволено, криминално, коруптивно. Ние сакаме тоа да го прекинеме. Во Собранието каде што се донесуваат законите кои нас не` засегаат седат голем број пратеници кои биле, се` уште се или ќе бидат бизнисмени, иако притоа се претставници на различни политички партии. Зашто тие не можат да бидат лоби група на бизнисот во Република Македонија? Нашите интереси се исти - правење поголем профит. Или, земете ги нашите бизнис-партнери во светот. Има ли поголем лобист од оној кој направил успешен бизнис со нашите компании? Да не зборуваме за медиумите кои се нашата најголема лоби група! Не знам ниту една редакција која не поддржала успешна компанија или не застанала зад успешна бизнис-идеја. Време е тоа конечно да се систематизира и да се стави во функција на развој на нашата економија. Наскоро тие идеи ќе излезат во јавност од Стопанската комора на Македонија. (С.П.)


ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа деловна средба „ Бизнисповрзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, чиј иницијатор беше Владата на Република Македонија заедно со трите стопански комори (17.02.2014 година). На оваа средба пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обрати првиот економски тим на Владата, предводен од премиерот м-р Никола Груевски, заедно со м-р Зоран Ставревски, потпретседател и министер за

финансии, м-р Владимир Пешевски, потпретседател задолжен за економски прашања, како и Ваљон Сараќини, министер за економија. Следствено на нашите политики за интензивно подобрување на бизнис-условите почна да расте бројот на странски директни инвестиции и компании, но степенот на нивната деловна соработка со македонските е незадоволителен и постои простор за унапредување. За да се случи тоа, потребна е комуникација и волја за соработка. А, клучниот бенефит од таквата соработка ќе биде двостран и огромен, а ќе придонесе за помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема

МОЖНОСТИ

Направен е првиот чекор во бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи

конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање, - истакна м-р Никола Груевски пред присутните деловни луѓе. – Од тие причини македонските компании треба со сите сили да се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава. Од претставниците на Владата беа истакнати многу причини поради кои е потребно да се воспостават поблиски релации и деловни партнерства меѓу странските и домашните компании. -Првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

11


ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

МОЖНОСТИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

12

и понудите на домашните. Македонија ќе биде домаќин и поддржувач на ваквиот процес. Остануваме доследни на заложбите за отвореност кон бизнис-заедницата. Нашата мисија останува иста – водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности, напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува во државава, - подвлече Груевски, најавувајќи во тој правец и ангажирање на странска консултантска агенција. Според м-р Зоран Ставрески, целта на привлекувањето на странските директни инвестиции е остварување на одредени макроекономски ефекти, но и нивно преточување на микро план. Странските и домашните компании треба да бидат компатибилни, а не да си конкурираат. - Има и позитивни примери во тој правец. Белгиската компанија „Ван Хул“ за изработка на ентериерите на своите автобуси користи делови и

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

материјали произведени во Македонија, посочи Ставрески. – Тој пример треба да го следат и останатите. Минатата година 50 милиони евра се реализирани од услугите на македонските компании кон странските што е сериозна и охрабрувачка бројка. Во оваа комуникација треба да се вклучат и банките и финансиските институции, бидејќи во таков случај пласманот на парите е далеку посигурен. Колку таа синергија е значајна покажува и фактот дека до 2015 година бројот на вработени во странските фирми

кои работат во слободните зони, од очекуваните годинешни 6.500 да се удвои и да достигне околу 13.000. М-р Владимир Пешевски, посебно порача дека соработката на домашните компании со странските вложувачи во земјава е всушност замена на извозот. Затоа, тие треба да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании кои работат во земјава. Заедно со нив можат да остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. .А, кога еднаш


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

МОЖНОСТИ

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари. - Природно е дека целиот тој процес веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, а тоа е да се воспостави таа сорабортка со странската компанија, – издвои Пешевски. Ваљон Сарачини истакна дека економскиот раст не значи ништо ако обичниот човек не ги почуствува придобивките, а токму тоа е целта на Владата. На пристурните деловни луѓе, актуелниот министер без ресор на Република Македонија, задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, им ги презентираа потребите на дел од странските компании кои работат во земјава. По завршувањето на официјалниот дел на средбата, се одржаа билатерални средби на кои се разговараше и се договараше за идната деловна соработка. Саво Пејчиновски

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

13


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ИНТЕРВЈУ

Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на „Арчелор Митал“ Скопје

Додека извезуваш - постоиш !

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА * Неодамна бевте избран за нов претседател на Советот за странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија. На оваа позиција доаѓате по заминувањето од должноста на Даниел Сас, поранешен директор на „Македонски телеком“. Кои ќе бидат Вашите приоритети во наредниот период? Пред сè, би сакал да му се заблагодарам на господинот Сас за неговите напори и успесите за време на неговото претседателство. Што се однесува до приоритетите во наредниот период, како прв би сакал да го издвојам комплетирањето на „Белата книга“, која треба да биде достапна за сите засегнати страни. Исто така, ќе продолжиме да одржуваме редовни состаноци со членовите на Советот за странски инвеститори во различни градови низ територијата на Македонија со цел подобро да ги разбереме гледиштата на различните сектори во македонското стопанство кои ние ги претставуваме. * Како мултинационална компанија, како се адаптиравте и како ги совладувате предизвиците на економската криза во САД и во Европа? Дали во амортизацијата на нејзините последици ви помогнаа пазарите на растечките економии на Далечниот Исток? Металуршката индустрија се соочува со една од најголемите кризи во својата историја. Токму таа криза е причина целата индустрија да се приспособи на глобализацијата и на

14

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

Совет на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

СИЛЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Советот на странските инвеститори е основан на 27.02.2006 година со Одлука за формирање Совет на странските инвеститори донесена од претседателот на Стопанската комора на Македонија. Формиран е заради обезбедување консултативни и советодавни мислења и предлози во остварувањето на целите и задачите на Стопанската комора на Македонија, нејзините органи и тела и се занимава со најзначајните прашања од економската сфера, особено за прашањата за поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство. Мисија на Советот на странски инвеститори е да ги застапува интресите на сегашните и идните странски инвеститори преку подобра комуникација со релевантните државни институции, промовирање на добра бизнис-етика и преку позитивна контрибуција во македонската легислатива.


ИНТЕРВЈУ

• • • •

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Целите на Советот на страснки инвеститори се во корелација со: унапредување на инвестиционата и бизнис-климата во Македонија преку воспоставување на јавно-приватен дијалог; размена на искуство од државите каде компаниите-членки доаѓаат покажувајќи како да се надминат бизнис-бариерите; размена на знаење меѓу компаниите-членки на Советот и промоција на добри бизнис-принципи; кооперација со останати совети на странски инвеститори во регионот.

Овие цели ќе се остварат преку активностите на Советот кои се сконцентрирани во пет работни групи кои се однесуваат на: • Човечки ресурси; • Имотни прашања; • Право и администрација; • Даночна политика и финансиски прашања; • Генерални проблеми на странските инвеститори во државата. Советот како целина и неговите членови, како истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, користејќи ги своите знаења, искуства и согледувања за работењето во стопанствата на земјите од каде доаѓаат, како и за функционирањето на коморите во овие земји и нивното место и улога и релациите со државните органи по прашања од интерес за стопанстото, изградува и предлага, односно иницира до соодветните органи, облици на организирање и работење и телата на Комората, решенија за кои оценува дека ќе дадат најсоодветни резултати за поттикнување на странските инвестиции и воопшто во работењето и развојот на македонското стопанство. Во советот членуваат 93 компании со странски капитал во Република Македонија. Структурата на компаниите-членки во Советот е пред се` сконцентрирана во банкарскиот, осигурителниот, градежниот, метално-преработувачкиот и текстилниот сектор. Меѓу нив, најголем број на компании се со капитал од: Грција (15), Турција (10), Австрија (9), Словенија (9), Германија (9), Обединетото Кралство (7) и од 1 до 3 од Хрватска, Соединетите Американски Држави, Шведска, Русија, Швајцарија, Унгарија, Франција, Италија, Бугарија и Србија. Со цел поголема видливост во работата се одржува и интернетпортал каде може да се добијат детални информации за секојдневните активности на Советот на странски инвеститори. www.fic.mk . Основен акт за работа е Принципи и начин на работа на Советот на странските инвеститори. Согласно овој акт, работата на Советот ја организира и координира претседател со двајца потпретседатели. На последната седница, одржана на 19.11.2013 година, за претседател на Советот на странски инвеститори е избран господин Хуан Педро Хименез Наваро, извршен директор на „Арцелор Митал“ АД - Скопје, додека пак дотогашните потпретседатели ги задржаа своите функции, господин Вернер Хенгс, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ и господин Џатин Такрар, извршен директор на „Џонсон Мети катализатори Македонија“. Во интерес на ефикасно работење и делување, Советот воспостави и применува флексибилна организациска структура и избра 11 членови на Управниот одбор, тело кое има за цел да ги утврдува стратешките одлуки на Советот.

новите побарувања на пазарот. Така, сите засегнати страни во индустријата работат на преструктурирање. Покрај тоа, во овој процес на преструктурирање, политиките на одговорните лица, на оние кои што донесуваат одлуки, може да влијаат врз тоа кој ќе опстане на пазарот, а кој ќе исчезне. Затоа, потребни се одлуки со кои ќе се избегне дополнителен притисок во овој критичен период. * Како големите светски производители на метали во услови на либерализација на трговијата ќе се позиционираат на меѓународните пазари? Колку кризта ве принудува на рационализација на производните капацитетите и работната сила, дали отпуштавте и каков соцјален пакет понудивте за нив?

ПОГЛЕДИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Понудата на челик во Европа мораше да се приспособи на реалноста на пазарот во криза во изминатите години. Ако земеме предвид дека во последниве неколку години побарувачката падна за 25%, вообичаено се очекува производителите на челик да ги заштитат домашните, односно клучните пазари, но истовремено да го прифатат предизвикот да истражуваат нови пазари каде што имаат компаративна предност. Преголемиот капацитет и понатаму ќе остане проблем поради бавното закрепнување на пазарот. Во моментов, искористеноста на капацитетот во Европа е 80%, поради што сите чинители мораат да го приспособат производството на побарувачката. Ако на сè ова го додадеме и фактот дека постојано ја оптимизираме нашата работна сила во согласност со нивоата на сите капацитети на„Арчелор Митал Груп“, ние отпочнавме програма за доброволен прекин на работното место со соодветна отпремнина, за која досега се пријавија отприлика 100 вработени.

М-р Снежана Камиловска

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

15


ИНТЕРВЈУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОГЛЕДИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

* Дали Владината економска политика и мерки Ви овозможуваат витална конкурентност на странските пазари? Кои се погодностите и пречките што треба да се отстранат за привлекување на нови странски инвеститори и инвестиции во Македонија? Како гледате на анализите дека металната и челична индустрија не создаваат доволно акумулација и додатна вредност што отвора нови работни места? Економските политики и мерки што ги спроведува Владата создаваат одржлива конкурентност за привлекување странски инвеститори, но сепак сè уште има место за подобрување и работи кои треба да се завршат. Така, приоритетот на нашиот Совет е да работи заедно со Владата, да ја зголеми конкурентноста и да го подобри процесот на оние места каде што е потребно подобрување. Не се согласувам со гледиштето дека акумулацијата и додадената вредност се основните двигатели за отворање работни места. Зголемениот обем на прометот и новите производствени линии играат поголема улога во создавањето работни места. Главните теми на кои треба да работиме заедно со администрацијата се во областа на:

16

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

• • •

човечки ресурси; имотни прашања; даночна структура и финансиски прашања; • административни и правни работи. Во Советот веќе дискутиравме на овие теми и во оваа фаза треба нашите заклучоци да ги продискутираме со Владата. * Какви мерки се потребни за развој на индустријата и дали се потценува нејзиниот удел во совладувањето на економската рецесија? Колку „Арчерол Митал“ инвестираше во модернизација на капацитетите во Скопје и запазување на европските еко-стандарди? Географската позиција на земјата е предност за да се покријат

пазарите на Балканот. Покрај тоа, лесниот пристап до Пристаништето во Солун е нашата порта до светскиот пазар. Од друга страна, транспортните трошоци се високи и се предизвик за нашето проширување на некои балкански пазари. Покрај тоа, голем процент од трошоците за преструктурирање на производствените фирми се поврзани со цената на енергијата. Секоја нејзина промена директно влијае на нашата конкурентност. Така, стабилната цена на енергијата треба да биде клучниот резултат од соработката меѓу Владата и приватните фирми со цел да се гарантира конкурентноста на целото стопанство. И покрај тоа што цената на гасот се подобри во последниве неколку месеци, сепак е повисока во споредба со цената во соседните земји во кои работат нашите конкуренти.


ИНТЕРВЈУ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

стручни лица од земјава, а од нив две се жени. Економските политики и мерки што ги спроведува Владата создаваат одржлива конкурентност за привлекување странски инвеститори, но сепак сè уште има место за подобрување и работи кои треба да се завршат. Така, приоритетот на нашиот Совет е да работи заедно со Владата, да ја зголеми конкурентноста и да го подобри процесот на оние места каде што е потребно подобрување. Не се согласувам со гледиштето дека акумулацијата и додадената вредност се основните двигатели за отворање работни места. Зголемениот обем на прометот и новите производствени линии играат поголема улога во создавањето работни места.

* Во Македонија се навестува влез на уште една индиска мултинационална компанија. Дали Југоисточна Европа и Балканот се доволно провокативни пазари за инвеститорите од БРИКС ? Според мене, сите макроекономски показатели за Македонија покажуваат дека одлуките кои се донеле се во вистинскиот правец. Така, се согласувам со тоа дека пазарите на Југоисточна Европа, вклучително и на Балканот, се атрактивни. Ова е поради очекуваниот пазарен раст и развој. Тоа е единствениот пат: пазарите треба да се развиваат и да ја следат Западна Европа во сите области, вклучително и челичната индустрија. „Арчелор Митал“ е присутен во регионот со намера и очекување за заеднички раст.

ПОГЛЕДИ

Голем процент од нашето производство, односно 87% е наменето за извоз, па неопходно е да има високо ниво на услуга, за што е потребна добра соработка со македонската администрација. Секојдневно работиме со цел да го подобриме системот. На пример, неодамна го имплементиравме увозот за облагородување со помош на одличната соработка со Царинската управа на Македонија, што навистина ја зголеми нашата конкурентност. Во 2014 година нашите инвестиции ќе се фокусираат на три области: безбедност, заштита на животната средина и активности за унапредување на односите со клиентите. Ова ќе го постигнеме преку воведување соодветни транспортни рути, изградба на пречистителна станица за вода и обновување на електричната опрема на нашата валалница. Постојано инвестираме во модернизација на постројката и работиме во согласност со македонските и европските стандарди.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Горазд Чомовски

* Дали Македонија има кадри за иновативна технологија и производство, успешен менаџмент и какви се вашите искуства во миксирањето на домашните човечки ресурси и менаџерите кои ги бирате и поставувате во бордот на компанијата во Македонија? Македонија има потенцијал за иновативна технологија и кадар за производство. Еден од предизвиците во врска со кадарот за нас е недостигот на стручни лица на пазарот на трудот, поради што имаме меѓународни програми на коишто се потпираме кога е неопходно. Во однос на успехот на менаџментот, во „Арчелор Митал“ Скопје се залагаме за локализирање на менаџментот со помош на програми за здружување и менторство за меѓународни и локални стручњаци и унапредување на еднаквата застапеност на мажите и жените во менаџерскиот тим. Во моментов, Управниот одбор на „Арчелор Митал“ - Скопје има шест члена, од кои три се

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

17


НОВИ ПАЗАРИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОСЕТИ

Mакедонско-ирачки бизнис-форум со компании од Сулејманија, Северен Ирак

ЗАЕМНА ЖЕЛБА ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговско-индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, организираше Македонско-ирачки бизнис-форум и бизнис-средби со компании од Северен Ирак (28.01.2014 година).

на Македонија, потребно е да се возобноват традиционалните врски и трговските односи со земјите од Блискиот Исток коишто потекнуваат уште од дамнешни времиња, коишто и тоа како се важни алтернативни пазари за македонските производи.

Учествуваа тринаесетина ирачки компании увозници и дистрибутери на разни видови производи наменети за ирачкиот пазар: сите видови прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам и друго.

-И кај вас и кај нас стопанското милје е изменето. Покрај старите, имаме и нови економски оператори, што значи дека приоритет од двете страни треба да биде размената на информации и промоција, - додаде Нури.

Како што наведе Љубица Нури, виш советник на УО во Стопанската комора

18

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

На Бизнис-форумот се обрати и Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на „Арчелор Митал“ - Скопје. Тој ги повика ирачките компании да ја препознаат Македонија како погодна дестинации за инвестирање и отпочнување

бизнис во земјава. -Искрено би ви препорачал да ја проширите соработката со потенцијалните македонски деловни партнери, користејќи ги владините институции. Сигурен сум дека тоа ќе ви го олесни стартот на вашиот бизнис во Македонија. Едноставно речено, јас би сакал да ве охрабрам да ги „тестирате” институциите што се одговорни за реализација на сите ваши барања при инвестирањето. Истовремено, сакам да ја истакнам важноста на Стопанската комора на Македонија во реализацијата на сите контакти со вашите идни и потенцијални деловни партнери, – им порача на гостите Хуан Педро Хименез Наваро. -Во Сулејманија имаме многу малку информации за Македонија


затоа сакавме лично да дојдеме и да се дознаеме повеќе за вашата земја, - спомена Јасми Рахим Фарај, прв потпретседател на Трговскоиндустриската комора на Сулејманија. Курдистан реализира 17% од вкупниот приход на Ирак. Брои 6,6 милиони жители, има широка автономија и е бесцаринско подрачје, богато со нафта и минерални суровини. - Македонскиот пазар е особено привлечен за нас. Дојдовме да ги скенираме деловните можности зашто сме заинтересирани за инвестиции и за трговија во повеќе стопански сектори. Ги испитуваме условите за соработка и со другите земји од регионот. Недостигаат и спогодби кои би ја поттикнале размената, – подвлече Јасми Рахим Фарај. Како што беше речено на форумот, освен визите и дипломатскоконзуларните претставништва, недостасува и размена на информации меѓу двете земји за потенцијалите за унапредување на економските односи и за интензивирање на билатералната трговска размена. Со цел официјално зацврстување на бизнис-контактите и интензивирање на меѓусебните односи, на Бизнисфорумот, меѓу Стопанската комора на Македонија и Трговско-индустриската комора на Сулејманија, беше потпишан Договор за соработка. Претходно делегацијата од Ирак се запозна со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите за водење бизнис, како дел од нивната бизнис-мисија на Балканот. По завршувањето на Македонско-ирачкиот бизнис-форум беа одржани и бројни билатерални средби меѓу деловните луѓе од двете земји. Влатко Стојановски

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Бизнисмени од Охрид и Ирак ги согледуваа можностите за меѓусебна економска соработка

ЗAИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ОТВАРАЊЕ ОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ Делегацијата од Трговско- индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак престојуваше и во Охрид (31.1.2014 година). На средбата во Општина Охрид присуствуваа компании од Охридско- струшкиот регион заинтересирани за соработка и интензивирање на релациите со компаниите од Ирак.

ПОСЕТИ

НОВИ ПАЗАРИ

Претставниците на Општина Охрид ги презентираа можностите за инвестирање и поволностите за соработка и разменија искуства и информации во интерес на понатамошно интензивирање на трговските можности. По завршувањето на официјалниот дел раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој при 0пштина Охрид, Ѓоко Апостолов резимираше: - Локалната самоуправа им понуди на Ирачаните неколку локации како можност каде би можеле да се изградат откупно- дистрибутивни центри со оглед на тоа што посочените локации се блиску и до Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, како и поврзани со магистралните патишта. Интерес постои, а во овој момент проблем кој се наметнува е во потешкотиите за добивање виза, односно за да стигнат во Македонија најпрво треба да одат во Истанбул од каде што од нашиот конзулат обезбедуваат визи за Македонија. Но оваа делегација беше во посета на неколку министерства и сметам дека овој проблем ќе се надмине и реши на повисоко ниво. За нас особено значајно е што на овој состанок поканивме голем број претставници на бизнис секторот од Охрид, тие разменија контакти со ирачките бизнисмени, а по завршувањето на деловните средби очекуваме нивна непосредна соработка. Борис Тримчев

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

19


НОВИ ПАЗАРИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Ирак

ДОСИЕ

РЕЛАЦИИ СВЕДЕНИ САМО НА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Ирак речиси без исклучок се одвива преку македонскиот извоз во Ирак. За 11 месеци од 2013 година размената достигна вредност од 3,4 милиони САД $, што претставува пад од 15% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 3,4 милиони САД $ или пад од 15%, додека увозното салдо изнесува само 226 долари. Евидентиран е позитивен биланс во трговската размена од 3,4 милиони САД $.

Обем на трговската размена со Иран во периодот јануари – ноември 2013 година Извоз

Увоз

Во САД $

Вкупно

Кол. во кг

Сума во САД$

Кол. во кг

Сума во САД$

Кол. во кг

Сума во САД$

4.010.779,00

3.428.059,00

67

226

4.010.846,00

3.428.285,00

Надворешно-трговска размена Меѓу Република Македонија и Ирак во 2012 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Ирак во 2012 година достигна вредност од 4,6 милиони САД $ и тоа единствено преку евидентиран извоз на стоки од Македонија кон Ирак, што претставува пад од 43,7% во однос на истиот период од претходната година.

Обем на трговската размена со Иран во периодот јануари –декември 2012 година Извоз

Увоз

Во САД $

Вкупно

Кол. во кг

Сума во САД$

Кол. во кг

Сума во САД$

Кол. во кг

Сума во САД$

10.242.769,00

4.465.874,00

0

0

10.242.769,00

4.465.874,00

Во структурата на извозот во 2012 година најзастапени производи се: - Земјоделски и прехрамбени прозводи - 3,4 милиони САД долари (свежи јаболка – 2,4 милиони САД долари); - Цигари – 590 илјади САД долари - Машини за принтање – 305 илјади САД долари

Падот во извозното салдо за 2012 се должи на намалениот извоз на свежи јаболка кој во 2011 година достигна вредност од 6,3 милиони САД долари

20

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


ОД МОЈ АГОЛ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

КОЈ ПРВ ЌЕ СТИГНЕ – ТОЈ ЌЕ ОСТАНЕ ВО БИЗНИСОТ!

Пишува: Љубица Нури Првата асоцијација на зборот Курд глобално е врзана за тероризам. Првата асоцијација на зборот Курдистан, кај многумина, предизвикува недоумица – што е тоа? Каде е? Со помош на контактот, поранешниот македонски студент, некогаш вработен во „Треска“ и македонскиот зет, со потекло од Сулејманија, втор град по големина (1,7 милиони население) во Курдистан, Северен Ирак, се воспостави комуникацијата со тамошната Трговско-индустриска комора и почна да се преговара за посета на нивна делегација на Стопанската комора на Македонија. Договорот меѓу деловните асоцијации како по обичај брзо беше постигнат и набрзо беа организирани средби со нашите компании. Во заднината на сега веќе извесно успешните бизнис-контакти, сепак, многумина коментираа “Од кај сега па тој Курдистан – таму е несигурно!?“. Тој Курдистан или, (за)сега, официјално Северен Ирак, Регион Курдистан, каков што статус доби по промените во Ирак, има целосна автономија, своја влада и парламент, целосно отворена економија без царини, со 6,6 милиони жители и површина што одговара на една Швајцарија или Холандија. Со истражувањата од 2006 година, во 2016 година се очекува експлоатација

од над 1 милион барели сурова нафта во тој регион, што е количество поголемо од експлоатацијата во Азербејџан и Еквадор во моментов! Оваа експлоатација треба да му донесе на регионот над 35 милијарди американски долари годишно по сегашните цени на нафтата и со перспектива тој да стане дел од системот НАБУКО. Сегашниот буџет на Курдистан изнесува 12 милијарди САД долари. Тоа е индикација дека нафтата и гасот во Курдистан се основа за движечка и интензивна економија во иднина. Но, сега, тој не може да се пофали со развиена индустрија или аграр.. Индустријата учествува во националниот БДП со 22 отсто, пред се` како резултат на нафтената индустрија. Од вкупната надворешна трговија на Курдистан, 85 отсто е увоз. Вкупната трговска размена, на пример, меѓу Турција и Ирак, во 2012 година изнесуваше 13,2 милијарди САД долари, од кои 8,9 милијарди САД долари бил нивниот извоз во оваа земја, но 70 отсто токму реализиран во Курдистан. Во тој регион моментално функционираат 1300 турски компании. Звучи неверојатно, но Курдите од

Северен Ирак не јадат сопствено овошје и зеленчук, туку целосно го увезуваат од Иран и Турција. Едноставно, засега, ни оддалеку не можат да ги задоволат растечките потреби со сопствено производство на населението чиј БДП по жител е над 5000 САД долари со тенденција на раст. Во овој момент 11.300 Курди во регионот „тежат” секој по повеќе од 5 милиони САД долари. Владата на регионот Курдистан во својата стратегија, покрај нафтената индустрија, стратешки ќе ги поддржува развој на аграрот, лесната индустрија и туризмот, а и интензивно ќе работи на привлекување на странски инвестиции. Економските експерти предвидуваат во наредните 6 години ирачкиот пазар да биде најрастечки во светот, а Курдистан може да послужи како порта за влез на целата територија на Ирак! Земјите од Заливот веќе го препознаа тоа и му дадоа име на регионот „Дубаи на Ирак”. Каков е интернационалниот интерес за Курдистан покажува фактот дека 58 земји отворија канцеларии со дипломатско-конзуларни и функции на трговски претставништва во главниот град - Ербил.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

КОЛУМНА

Чуму ти е Курдистан?

21


ОД МОЈ АГОЛ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

КОЛУМНА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

22

И сега се враќаме на прашањето - зошто Курдистан и што покажа седумдневниот престој на десетчлената бизнис-делегација, претежно членови на највисокото тело на Комората на Сулејманија, на чело со првиот потпретседател Јасин Рахим Фарај. Сулејманската комора за трговија и индустрија е тесно поврзана со нивното Министерство за економија и има широки јавни овластувања, како што се регистрација на компании, издавање земјишни дозволи, одобрување странски инвестиции... Нивната мисија во Македонија беше купувачка и истражувачка. Имаа голем интерес да запознаат производители во аграрот и индустријата, со цел непосредно да се запознаат со нивото на нашите технологии и капацитети, деловната логика и деловната клима. После се` што видоа, не` препознаа како идни партнери, луѓе и земја со кредибилитет за долгорочна соработка, но и со не многу различен менталитет. За тоа придонесоа триесетината македонски компании, од кои половината од нив им ја отворија вратата за посета. И што е посебно значајно, веќе четири фирми склучиле преддоговори, меѓу кои и за извоз на јаболко. Истовремено повеќе фирми очекуваат во наредните неколку недели да си ги финализираат зделките. Засега, актуелни се виното, сирењето, зеленчукот, овошјето, низа прехранбени производи, како и производи од областа на

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

електроиндустријата. Гостите потврдија дека ќе му предложат на Управниот одбор на Комората и на Министерството за економија, стратешки да го пренасочат увозот на земјоделски производи од Иран кон Македонија. Првиот чекор е направен, двете комори ќе ги следат и ќе ги поддржуваат компаниите во започнатото со очекување дека интересот ќе се прошири. Сферата на едукацијата, туризмот и здравствените услуги овој пат останаа недопрени и останаа за наредната средба, на веќе извесно идните добри бизниспартнери. Каков епилог може да се извлече од оваа средба? Информираноста и отвореноста несомнено се двигатели на развојот. Со капацитет за деловен ризик можат да се направат чуда и – обратно. Без комуникација и доверба нема ништо. Во таканаречените „трети пазари” се` уште постои биолошко паметење за компаниите од нашиот регион, и тоа како за индустријата од тоа време, која не е иста со таа денес, но и за луѓе со кои во некогашните времиња се водел бизнис. Многумина завршиле студии на нашите универзитети, работеле во земјава и создале семејства. На пример, министерот за просторно планирање на Ирак е поранешен студент од нашиот образовен систем. Ова е нашата многу значајна компаративна предност, на што може да се додаде и недовербата на луѓето во тие земји кон западните

и далекоисточните партнерства, како резултат на политичките случувања во последните години. Тој „капитал“ компаниите од земјава треба да го искористат. Доколку ова биолошко паметење не го преточиме во активност и не го пренесеме на младите генерации, ќе мораме во иднина да чекориме макотрпно по патиштата за повторно претставување и стекнување доверба. Ама, при тоа, нашата реална индустрија и аграрна конкурентност нема да биде во можност да го издржи реалниот трговски натпревар со далеку поразвиените земји. Иницијативите на приватниот бизнис, артикулирани преку Комората, во однос на земјите со кои немаме уредени билатерални односи (со некои земји дури немаме воспоставено ни дипломатски односи), бараат ветер во грбот од Владата за да можеме заедно да ги рашириме едрата! При посетата на коморската делегација на иранската комора минатата година во ова време, претседателот на тамошната Комора (патем сегашниот шеф на Кабинетот на претседателот Роухани) порача „кој ќе дојде сега, тој ќе остане и понатаму”. А освен Ирак и Курдистан, потенцијалните партнерства не` чекаат и во земјите во Северна Африка, Заливот, Блискиот Исток, кавкаските и централноазиските земји. Кој не пробал, не може ниту да знае дали имал или ја испуштил шансата? Ете, затоа во ова време и – Курдистан!


bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

Непознавањето на законите е најскапо ! ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ 1. Предлог на закон за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија 2. Предлог на закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини 3. Предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за вработување и работа на странци 4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита 5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања 6. Предлог на закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај 7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство 8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва 9. Дополнет предлог на закон за електронските комуникации 10. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта 11. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност 12. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште 13. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита 14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик 15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

23


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

24

РЕГУЛАТИВА

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост 17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација 18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи 19. Предлог на закон за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи 20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри 21. Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот 22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност 23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови 24. Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија 25. Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги 26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење 27. Предлог-закон за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување 28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала 29. Дополнет предлог на закон за кoристење на податоците од јавниот сектор 30. Дополнет предлог на закон за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата 31. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните 32. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење 33. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки 34. Дополнет предлог на закон за изменување на Кривичниот законик 35. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности 36. Предлог на закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка 37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка 38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постака 39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, по скратена постапка 40. Предлог на закон за изменување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, по скратена постапка 41. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, по скратена постапка

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (во владина процедура)

ИНТЕРВЕНЦИИ ВО УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ НА ИМЕНУВАЊЕ НА ДИРЕКТОР Со предлогот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки се интервенира во условите и начинот на именување на директор на Бирото за јавни набавки на начин што се утврдува Владата на РМ да има обврска да распише јавен конкурс во најмалку два дневни весника. Исто така, се предвидени и дополнителни услови во однос на познавањето англиски јазик и полагањето тест за интегритет и психолошки тест. Се предлага и измени во условите и начинот на именување на членови на Советот за јавни набавки со предвидување на дополнителни услови во однос на познавањето англиски јазик и полагањето тест за интегритет и психолошки тест. Исто така, се конкретизира дека јавниот конкурс треба да се објави во најмалку два дневни весника. Истите овие услови се предлагаат и за начинот на именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

РЕГУЛАТИВА

Предлог- закон за услуги (во владина процедура)

УСОГЛАСУВАЊЕ СО ДИРЕКТИВАТА 2006/123/ЕЗ Целта на овој закон е усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ со што ќе се реализираат предвидените активности утврдени во Националната програма на Република Македонија за усогласување со законодавството на ЕУ. Со Предлог-законот се уредуваат општите начела и принципи за слободата на основање и постапките на одобрување пристап на пазарот на услуги, како и слободата на вршење услужни дејности во Република Македонија. Се уредуваат предметот, делокругот на примена на законот, дефинициите на одредени изрази употребени во законот и поврзаноста на законот со посебните прописи во услужните дејности. Понатаму, содржани се одредби за начелата на административните постапки за одобрување пристап на пазарот на услуги со кои се овозможува поедноставување на истите. Регулирани се и одредбите за слободата на основање на вршителите на услужни дејности во кои се опфатени начелата и принципите за олеснување на постапките за основање, како и барања кои не треба да ги содржат постапките на одобрување. Уредени се и одредбите за правата на примателите на услуги со кои се овозможува слобода на користење услуги без дискриминаторски барања. Поглавјето содржи и одредби за информациите кои примателите на услуги можат да ги добијат преку Единствената точка за контакт или од надлежните органи или тела. Исто така, содржани се одредбите за административната соработка со држави на ЕУ и ЕЕП, во кои се опфатени обврските на надлежните органи и тела и на Единствената точка за контакт за обезбедување на слободно движење на услугите во рамки на единствениот внатрешен пазар на ЕУ, преку вклучувањето во Информативниот систем на внатрешниот пазар на ЕУ. Прекршочните одредби се дел од овој предлог на закон. Се предвидува и преоден период во кој надлежните органи и тела ќе ги усогласат одредбите со предложените решенија,а одредени одредби ќе влезат во сила по влегување на Македонија во членство на ЕУ.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

25


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РЕГУЛАТИВА

Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (во владина процедура)

И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА МОЖЕ ДА ДОДЕЛУВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ Со предвидените измени и дополнувања се постапува согласно укажувањата на Секретаријатот за законодавство во однос на давање правна основа Националната стратегија за развој на воздухопловството во РМ да ја донесува Владата на Република Македонија. Понатаму,се врши дообјаснување во делот на општите и посебните услови за избор на директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и се дава правна основа за да можат и единиците на локалната самоуправа да доделуваат финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници. Со измените во Законот за воздухопловство ќе се овозможи утврдувањето на здравствената способност (физичка и психичка) на другиот стручен персонал да биде согласно Законот за безбдност и здравје при работа. Додека утврдувањето на здравствената способност (физичка и психичка) на воздухопловниот персонал ќе остане под ингеренции на регулаторното тело (Агенцијата за цивилно воздухопловство). Со измените и дополнувањата во Законот за воздухопловство ќе се постапи согласно препораките од Советот за радиодифузија во однос на воведување прекршочна одредба за несоодветна употреба на безбедносните информации собрани при техничкото истражување на несреќи, сериозни инциденти или инциденти.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (во владина процедура)

КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ И БРИШЕЊЕ НА ОНИЕ ФИРМИ КОИ НЕ ДОСТАВУВААТ ГОДИШНИ СМЕТКИ ВО УТВРДЕНИОТ ЗАКОНСКИ РОК Со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва се врши допрецизирање и доуредување на законската одредба со предлагање на конкретни решенија заради нејзино подоследно применување и надминување на проблемите со субјектите по однос на воведување конкретни решенија за субјектите кои се регистрирани во единствениот трговски регистар. Се предлагаат казнени одредби и бришење на оние фирми кои не доставуваат годишни сметки во утврдениот законски рок, кои немаат деловна активност, кои по однос на квалитетот на податоците се несоодветни, односно неусогласени тие што се доставени во УЈП во однос на тие што се доставени во ЦРМ, потоа пријавување на промена на седиште на фирма, како и регулирање на статусот на овие субјекти. Се прецизира дека пријавата за упис на трговец-поединец во трговскиот регистар се поднесува исклучиво во електронска форма потпишана со електронски потпис согласно со системот за е-регистрација. Понатаму, се прецизира дека трговско друштво не можат да основаат и содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои согласно овој закон е започната постапка за бришење додека трае таа постапка и во период од 3 години од денот на објавата на бришењето на друштвото на веб-страницата на Централниот регистар. Се предвидува дека лицата од трговските друштва чија сметка е отворена кај кој било носител на платниот промет

26

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

е блокирана и лицата кои се членови на органот на управување, органот на надзор, односно се управители на тие друштва, сè додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над истото не се отвори постапка на ликвидација или стечај; и лица кои се членови на органот на управување, органот на надзор, односно се управители на трговски друштва на кои во постапка пропишана со закон им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, сè додека трае забраната, не можат да бидат управители, членови на орган на управување и орган на надзор на трговско друштво се` додека кај нив постојат овие ограничувања, а лицата од денот на отпочнување на постапка за бришење и во период од 3 години од денот на објавата на бришењето на друштвото на веб-странатат на ЦРМ. Се пропишува дека постапкатат за упис во трговскиот регистар се поведува со поднесување пријава на пропишан образец во којашто е содржано барањето за упис. Истата се поднесува во писмена или во електронска форма, освен за упис на ДОО и ДООЕЛ за кои пријавата се поднесува иклучиво во електронска форма со елекронски потпис согласно системот за е-регистрација. Во делот на постапката за одобрување на зделка со заинтересирана страна кај акционерските друштва чии хартии од вредност котираат на овластена берза, согласно препораките на Duing Business 2014 за напредокот 2013 година и по барање на Комисијата за хартии од вредност за да се врши усогласување со Законот за хартии од вредност и се определува вредноста на зделката да изнесува 10% и повеќе од активата на друштвото. Се воведува обврска за доставување годишни сметки и финансиски извештај со податоци на пропишан образец да поднесуваат и трговци поединци и трговски друштва кои не вршееле никаква трговска дјност, односно дејност која може да се смета за трговска. Доколку ТП и ТД не достават годишна сметка дека не биле активни, ќе бидат бришани од единствениот трговски регистар. Годишнатат сметка и финансискиот извештај се доставуваат со претходно извршена ревизија од овластен ревизор. Се прецизира дека доколку УЈП во постапка на утврдување на статус на неактивен субјект со Решение го задолжува субјектот во рок од 30 дена за пресметковната година повторно да достави до ЦРМ годишна сметка и финансиски извештај со претходно извршена ревизија од овластен ревизор. Ако се утврди дека постојат отстапувања во делот на податоците доставени до ЦРМ, во однос на податоците доставени до УЈП, со решение го задолжува субјектот во рок од 30 дна за пресметковната година повторно да достави до ЦРМ годишна сметка и фнансиски извештај со претходно извршена ревизија од овластен ревизор. За ова електронски се известува ЦРМ. Доколку субјектот не достави во определен рок годишна сметка и финансиски извештај, се брише од трговскиот регистар. Се прецизираат случаите кога се брише од трговскиот регистар трговецот поединец и трговското друштво. Тоа се случаите на недоставување на годишна сметка и финансиски извештај за последната пресметковна година до последниот работен ден во тековната година, и кога субјектот не пријавил адреса на електронско сандаче за прием на писмена. Се уредува дека при вршење надзор, инспекциските служби задолжително поднесуваат предлог за поведување на прекршочна постапка, додколку е сторен прекршок во врска со одредбите на овој закон. И како новина се воведува дека прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува ЦРМ по сопствен предлог или по предлог на инспекциските служби. Се врши групирање на одредбите од законот кои ќе се применуваат од денот на влегување во сила на законот и одредбите кои имаат одложена примена од 01.01.2015 година.

ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

РЕГУЛАТИВА

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (во собраниска процедура)

НАДВОРЕШНА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ЛАБОРАТОРИСКИТЕ УСЛУГИ Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита се воведува дефиниција за поимот „нови здравствени методи и/или постапки“. Понатаму, се проширува овластувањето на Министерството за здравство да дава претходно одобрување и на секое воведување на нови методи или постапки, покрај тоа што има такво овластување за секое воведување на нова здравствена технологија и опрема во здравствените установи во мрежата, како и се прецизира надлежноста на министерот за здравство да ги утврдува стручните упатства за медицина заснована на докази, како и да ги утврдува протоколите согласно кои се врши здравствената дејност

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

27


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РЕГУЛАТИВА

во здравствените установи од организациски аспект. Се воведува можноста пациентот кој не може да го оствари правото на здравствена заштита на примарно ниво во местото на живеење, правото на здравствена заштита на примарно ниво да го оствари во здравствен дом во кој се врши здравствена дејност на примарно ниво и кој има седиште во географското подрачје во кое е опфатена општината во која се наоѓа местото на живеење на пациентот. Се предвидува задолжително формирање на стручни комисии за разгледување на случаи на пациенти болни од канцер, како и задолжително одобрување на плановите за хирушките интервенции од страна на стручниот колегиум на јавната здравствена установа на секундарно и терцијарно ниво кои вршат болничка здравствена дејност од областа на хирургијата пред изведувањето на хирушката интервенција, а заради спроведување на соодветна хирушка интервенција и давање на препораки за начинот на спроведување на хирушката интервенција . Се пропишува законска обврска за надворешна контрола на квалитетот на лабораториските услуги на медицинските дијагностички лаборатории.

Закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 29/2014)

ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ КОЈ ИМОТ ВЛЕГУВА ВО СТЕЧАЈНАТА МАСА Во Законот за стечај се додава одредба која гласи: Доколку стечајниот должник е носител на право на градба врз основа на договор за соинвеститорство или заедничка градба склучен пред отворањето на стечајната постапка, а објектот не е изграден, стечајниот управник е должен истиот да го евидентира како имот кој влегува во стечајната маса. Понатаму, се утврдува дека при спроведување на постапката за утврдување на правен статус на имотот на стечајниот должник за кој не е утврден правен статус пред отворање на стечајната постапка и негов упис во соодветните јавни книги во Агенцијата за катастар на недвижности, како и при продажба на правото на градба на неизграден објект кој влегува во стечајната маса соодветно се применуваат одредбите од Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај.

Предлог-закон за извршување (во владина процедура)

ДОНЕСУВАЊЕ НА ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ Се предлага донесување на целосно нов закон за извршување согласно кој се уредуваат правилата според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено. Одредбите на овој закон ќе се применуваат и врз присилно извршување на одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено, како и врз присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон. Одредбите на овој закон ќе се применуваат и на извршување на брод и на воздухоплов. Нацрт на законот за извршување има за цел прецизирање на досегашните одредби од постојниот закон, пополнување на правните празнини, номотехничко и содржинско преуредување на структурата на законот, проширување на надлежноста на извршителите со воведување на вонсудска наплата на долгови врз основа на веродостојна исправа, воведување на електронско полагање на испитот за извршители, допрецизирање на одредбите за дисциплинската постапка, дисциплинските повреди и дисциплинските мерки, како и допрецизирање на одредбите кои доведуваа до различна примена од страна на извршителите при спроведување на извршувањето.

28

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


Јавни набавки- предности и недостатоци во македонското законодавство

ДО ДРЖАВНИ ПАРИ СО СЛОБОДНА И ФЕР КОНКУРЕНЦИЈА

Пишува: М-р Снежана Камиловска Актуелизирањето на темата за јавните набавки се должи пред се` на се` поголемата потреба на граѓаните да знаат на кој начин државата ги распределува парите што тие ги слеваат во државниот буџет. Токму од државниот буџет се обезбедуваат и набавките на стоки, услуги и работи. Трошоците за оваа ставка од година во година се зголемуваат, согласно зголемените потреби и на самото општество. Всушност, преку јавните набавки, државата треба јасно да покаже дека ги почитува основните принципи на пазарната економија, односно ја остварува добро осмислената функција на гарант за непречено функционирање на слободната и фер конкуренција. Оваа област во Р. Македонија ја добива својата популарност од потребата за усогласување на домашната легислатива со правото на Европската унија, во кое приоритет е создавање на единствен пазар. Потребата за анализирање на процесот на јавна набавка се увидува и преку можноста секој учесник во истата да придонесе за создавање добра деловна пракса, тргнувајќи од фактот дека не постојат универзални и идентични ситуации во примената, бидејќи не може секоја ситуација да се предвиди и пропише во законските прописи.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Македонската легислатива во областа на јавните набавки има релативно кратка историја. Актуелниот закон е донесен во 2007 година и во текот на изминатите години има воспоставено неколкупати измени и дополнувања на истиот. Согласно Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2013 година се заклучува дека во моментов е постигнат добар напредок во областа на јавните набавки. Постои среднорочна стратегија за системот за јавни набавки. Врз основа на овој заклучок може да се каже дека Република Македонија е на добар пат да го трасира своето законодавство солгасно европското во делот на создавање на единствен пазар. Но, се` уште постојат сегменти кои треба или да бидат дорегулирани или пак треба да бидат правилно и целосно толкувани од надлежните институции. Согласно Извештајот од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија за првиот квартал во 2013 година, објавен од страна на Центарот за граѓански комуникации, произлегуваат одредени проблеми кај системот на јавни набавки кои бараат свое внимание кај јавноста. Имено, секој четврти договор за јавна набавка е склучен преку тендер во кој учествувала само една фирма. Овој податок претставува факт за непостоење на соодветен натпревар меѓу компаниите, како и отсуство на гаранција дека вложените пари во набавката се потрошени на квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени. Друга слабост е и тоа што роковите за плаќање и роковите за испорака или изградба не само што се користат за избор на најповолна понуда, туку се избегнува и нивно јавно читање при отворањето на понудите. Евидентирани се и низа други слабости во начинот на бодување на понудите на фирмите. Проблем кој произлегува во системот на јавни набавки е и високиот процент на поништувањето на тендерите од 26%. Иако причините за овој податок се различни, сепак битен е и податокот дека практика е многу почесто да се поништуваат големи тендери, наспроти помалите. Друга негативна референца за системот на јавни набавки е тоа дека вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 изнесува 11 милиони евра. Токму од овие причини, потребно е да се воведат неколку начела во Законот за јавни набавки. Прво начело е начелото на транспарентност и отчетност преку кое ќе се обезбеди поголема ценовна конкуренција, односно колку е поголем бројот на економските оператори кои имаат информација за намерата на договорниот орган да изврши одредена набавка, автоматски се јавува елемент на конкуренцијата. Државните институции доколку ги споделат со јавноста сите информации околу постапката за одредена јавна набавка ќе претставува гарант дека во изборот на најповолната понуда

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

КОЛУМНА

ОД МОЈ АГОЛ

29


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

КОЛУМНА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

30

се почитуваат правилата и дека парите на граѓаните се трошат наменски, ефикасни и рационално. Понатаму, потребно е да се внесе систем на висока банкарска гаранција заради заштита на државниот орган од учество на несериозни понудувачи или од доделување договор за јавна набавка на понудувач кој ќе манипулира и ќе отстапува од она што е утврдено во договорот за јавна набавка. Ваквата гаранција на понудата претставуваат повратни средства кои ги плаќаат понудувачите како гаранција дека ако бидат избрани ќе пристапат кон потпишување на договорот. Други утврдени полиња на доуредување согласно Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2013 година е и создавање на листата на негативни референци која се` уште не е усогласена со Случајот C-465/11 од Судот на правдата на ЕУ. Директивата на ЕУ за набавки во областа на одбраната и безбедноста сè уште не е транспонирана. Утврдено е и дека е потребно Министерството за економија да формира регистар на склучени договори. Сè уште постои загриженост во однос на транспарентноста, доверливоста и еднаквоста на е-аукциите. Во е-аукциите широко се користи критериумот „најниска цена“, што може да доведе до понизок квалитет во однос на вредноста на парите, додека претходното јавно отворање на понудите доведува до ризик на манипулативно однесување. Потребно е да се поттикне конкуренцијата која е на мало ниво во дадениов момент. За да може да се оствари, потребно е постапките за доделување на договори за јавни набавки да бидат конципирани така што ќе поттикнуваат конкуренција меѓу економските оператори. Малиот број на фирми кои учествувале во постапките за јавни набавки, а со тоа и намалената конкуренција претставуваат индикатор за сериозни слабости на овој процес и отсуство на практична примена на предвидените принципи на јавните набавки. Согласно објавените податоци за 2012 година, Република Македонија има потрешено 0,9 милијарди евра за јавни набавки, што претставува учество од 12% во БДП на Македонија. Понатаму, уделот на Македонија на раходите за јавните набавни во однос на вкупните буџетски расходи е 37%, што претставува дека околу една третина од расходите отпаѓаат на јавните набавки и околу 11% од БДП се прераспределуваат преку државните купувања. Паралелно, треба да се нагласи дека податоците за буџетските заштеди од задолжителната употреба на е-аукции покажуваат заштеди од 13%. Со цел надминување на утврдените недостатоци на Законот за јавни набавки, Собранието на РМ на крајот од 2013 година ги изгласа измените и дополнувањата на овој закон со кои се предвидуваат многубројни новини. Па така, договорните органи ќе мора да направат анализа на пазарот и да ја утврдат конкуренцијата и бројот на можните понудувачи, пред да спроведат постапка за јавна набавка. Притоа, доколку договорните органи се сомневаат дека во тендерската постапка нема да успеат да обезбедат доволен број на понудувачи, ќе бидат должни да побараат

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

ОД МОЈ АГОЛ

согласност за спроведување на тендерот од Советот за јавни набавки што ќе биде формиран во рамките на Бирото за јавни набавки. Овој совет ќе има за цел и да одредува дали ќе може да се воспостават и други критериуми кај јавната набавка освен единствениот предвиден „најниска цена“. Тоа би значело дека од мај 2014 година, кога ќе влезат во сила овие измени, доколку државниот орган сака да внесе критериум економски најповолна понуда ќе мора да побара дозвола од Советот за јавни набавки. Понатаму, за прв пат во овој закон се предвидуваат и казнени одредби со што се предвидуваат и затворски казни од 1 до 5 години за оние кои нема да ja следат процедурата и ќе се обидат да ја ограничат конкуренцијата. Многу е важен начинот на кој договорните органи го концентрираат своето внимание кон големиот број разлики меѓу јавниот и приватниот сектор. Приватните институции треба да бидат вклучени во донесувањето на одлуките што имаат јавно влијание. Договорните органи со почитување на ставовите и мислењата на приватниот сектор ќе бидат многу порелевантни пред произведувачите и претприемачите и со тоа ќе изразат почитување на правата, а ќе бидат и многу повеќе самоуверени пред претприемачите, со што ќе си ги реализираат целите.

Битно е да се нагласи дека не е возможно се` да се опфати во еден системски закон, ниту пак да се очекува дека тој ќе ги исполни во целост своите очекувања. Потребно е да се следат и анализираат постојано економските и општествените цели и според тоа и да се максимизираат целите што се поврзани со транспарентноста, интегритетот и конкуренцијата што, на долг рок, ќе дадат очекувани резултати. Дали критериумот најниска цена ќе биде доволен за да се обезбеди квалитетна јавна набавка? Дали е потребно сите јавни набавки да се одвиваат преку електронска аукција? Доколку се обезбеди транспарентост, отчетност, конкуренција и пред се` целосна информација за граѓаните на што се потрошени нивните пари, овие прашања ќе имаат позитивен одговор. Додека ги очекуваме реформите да влезат во сила, останува да ги анализираме долгорочните цели кои се утврдени во областа на јавните набавки.


КОЛУМНИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

„МАКЕДОНСКАТА ТАЈНА“ НА ЈАПОНСКИОТ ПАЗАР Пишува: Маја Симоновска, сопственик на Majesty&Company LTD во Јапонија Можете да ги прашате моите блиски пријатели, семејството, па дури и деловните соработници: не е тајна дека отсекогаш сум сакал да ги споделувам сите убавини што ни ги нуди животот. А таму спаѓаат и добрата храна и вкусното вино. Нормално, од таа моја желба создадов бизнис.

ИСКУСТВА

„Голема желба ми е да ги споделувам убавите работи во животот... Така, од таа моја желба создадов фирма и започнав бизнис.“

Долго време живеев во Јапонија и научив што мислат Јапонците за животот, а особено што мислат за храната. Ова само ми ја зголеми потребата да ја споделам мојата култура со луѓе од целиот свет. Јапонците обожуваат храна, но сакаат и да „откриваат“ необична храна и обичаи. А по некоја случајност, Македонија е голема тајна за многу Јапонци. Ја основавме фирмата „Majesty & Company“ со цел богатствата на мојата земја да и` ги претставиме на Јапонија. Започнавме со вино, се разбира поради тоа што виното е една од најголемите македонски тајни. Од маркетиншка гледна точка, за нас состојбата е поволна бидејќи македонските вина се многу вкусни. Сè што треба да направиме е да го понудиме тој добар вкус. Исто така, имавме среќа да станеме единствен дистрибутер на вината на винарницата „Шато Камник“ за Јапонија.

По првичните дегустации и испитувања, заклучивме дека вината од сортата „Темјаника“ и „Вранец“ се најпопуларни во Јапонија. Нашата задача во моментов е да ги информираме јапонските потрошувачи, но и јапонските патници, за Македонија. Се разбира, љубителите на виното веќе знаат по нешто за земјата, на пример, дека традицијата за производство на вино е меѓу најстарите во светот. Но

нашата цел е и да ги информираме меѓународните потрошувачи за винската култура во земјата и техниките кои се негувале за време на Отоманската империја. Во иднина, „Majesty & Company“ ќе нуди и низа други производи, храна и услуги од регионот, но планира да организира и патувања за дегустација на вино. Се радуваме што на Јапонија, покрај вкусот, ќе и` овозможиме и да ја запознае македонската традиција.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

31


ПОСЕТИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

КОМОРСКИ СРЕДБИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Делегација на стопански комори, асоцијации и здруженија од Албанија беше во посета на Стопанската комора на Македонија

ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Голема делегација на стопанските комори, асоцијации и здруженија од Албанија ја посетија Стопанската комора на Македонија со цел да се интензивира економската соработка на компаниите од двете земји (10.02.2014 година). Оваа посета е продолжување на позитивната практика меѓу двете држави за поддршка во реализирање на поинтензивна економска соработка. -Во иднина економската соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија треба да се интензивира уште повеќе, особено во земјоделскиот сектор, туризмот, енергетиката, инфратруктурата и трговијата, - порача м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

32

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

ТРЕНД НА ПОСТОЈАН СУФИЦИТ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Албанија во 2013 година достигна вредност од 107.087.139, 00 САД $, што претставува раст од 4,4% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 71.360.163,00 САД $ или раст од 2,2%, додека увозното салдо изнесува 35.726.976,00 САД $ или зголемување од 8,8 % споредбено со 2012 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Албанија, за 2013 година остварен е суфицит од 35.6 милиони САД$. Република Албанија е дваесет и втори трговски партнер на Република Македонија за 2013 година.


ПОСЕТИ

Продолжувањето на позитивната практика меѓу двете држави е неопходна не само поради развој на економијата и поинтензивна трговска размена, туку и за реализација на крупни инфраструктурни проекти, за европските и евро-атлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се значајна стратешка определба на двете земји, - додаде м-р Георгиева. Претставниците на повеќе албански комори, кои што беа во составот на делегацијата, сметаат дека двете влади мора да направат поголеми напори за интензивирање на условите за соработка и инвестиции во поголеми инфраструктурни проекти. Илир Жила, претседател на Сојузот на стопански комори на Албанија, посочи дека само со заеднички конкретни активности компаниите ќе можат здружено да настапуваат на европскиот и на трети пазари. Исто така, тој побара порационално користење на ЕУ-фондовите преку

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

заеднички проекти на коишто компаниите треба да аплицираат преку партнерства. Николин Јака, претседател на Комората за трговија и индустрија на Тирана, смета дека има големи можности за соработка, но истите не се искористени доволно. - Нашата заедничка молба до двете влади е да инвестираат повеќе во изградба на Коридорот 8 што ги поврзува двете земји. Од значење за бизнисот е доброто инфраструктурно поврзување од Македонија кон Тирана и Драч. Важен е и патот од Дебар кон Тирана, кој би го скратил патувањето за еден час, - наведе Јака. Ардит Колаку, директор на Агенцијата за развој на инвестиции на Албанија, смета дека компаниите треба да имаат заеднички настап и промоција на саемски менифестации, како и да се воспостави билатерална и трилатерална соработка со европските земји и со земјите во регионот. Соработката меѓу четирите држави - Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, е предност со оглед дека е пазар од околу 10 милиони жители.

Присутните имаа можност да проследат и презентации за можностите на туризмот и земјоделството во Република Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Албанија во 2013 година достигна вредност од 107 милиони САД $, што претставува раст од 4,4% во однос на истиот период од претходната година. -Податоците сами по себе не се импресивни. Но, факт е дека во овие глобално тешки времиња, кога размената расте, бројките укажуваат дека двете стопанства се на извесен начин стабилни и дека ги сервисираат условите за раст, - резимираше м-р Јелисавета Георгиева.

КОМОРСКИ СРЕДБИ

- Подготвени сме оваа соработка да се интензивира и на полето на реализација на заеднички проекти со реализација на конкретни идеи за заеднички развој.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Инаку, Стопанската комора на Македонија веќе има потпишано меморандуми за соработка со Сојузот на стопански комори на Албанија и со Комората за трговија и индустрија на Тирана. Ирена Мојсовска

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

33


ПОСЕТИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

КОМОРСКИ СРЕДБИ

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Албанија

ТРЕНД НА ПОСТОЈАН СУФИЦИТ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Албанија во 2013 година достигна вредност од 107.087.139, 00 САД $, што претставува раст од 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Албанија во периодот јануари-декември 2013 година Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

162.904.093,00

71.360.163,00

279.932.708,00

35.726.976,00

442.836.801,00

107.087.139,00

При тоа, остварен е извоз во вредност од 71.360.163,00 САД $ или раст од 2,2%, додека увозното салдо изнесува 35.726.976,00 САД $ или зголемување од 8,8 % споредбено со 2012 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Албанија, за 2013 година остварен е суфицит од 35.6 милиони САД$. Република Албанија е дваесет и втори трговски партнер на Република Македонија за 2013 година. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Албанија во 2012 година Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

133.239.906,00

69.783.879,00

204.736.346,00

32.550.545,00

337.976.252,00

102.334.424,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Албанија во 2012 година достигна вредност од 102.334.424,00 САД $ што претставува пад од 14,09% во однос на 2011 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 69.783.879 САД $ или пад од 14,06 % во однос на 2011 година, додека увозното салдо изнесува 32.550.545 САД $ или пад од 14,14 % споредбено со 2011 година. Структура на извозот во 2013 година: • Други отпадоци и остатоци од железо - 12.833.755,00 САД $ • Рафинирано сончогледово масло и негови фракции -6.362.051,00 САД$ • Вода (вклучувајќи минерална и газирана) со додаток на шеќер или други средства за засладување или ароматизација, останати безалкохолни пијалаци- 4.197.198,00 САД$ • Лекови, подготвени во измерени дози, или пакувања за малопродажба - 3.925.178,00 САД $ • Производи од гипс и од мешавини на база на гипс - 3.847.676,00 САД $ • Цевки и црева, крути - 2.726.063,00 САД $ • Активен квасец и други препарати - 2.650.876,00 САД $

Во увозното салдо за 2013 година, учество имаат: • Шипки и прачки од железо и нелегиран челик- 11.834.918,00 САД $ • Портланд цемент - 10.385.537,00 САД $ • Руди на никел и концентрати - 2.998.827,00 САД $ • Санитарни крпи и тампони, салфетки и пелени за бебиња и сл.санитарни предмети од хартија, целулозна вата или од листови или трака од целулозни влакна - 1.178.694,00 САД $

СТОКОВНА РАЗМЕНА (2004/2013) Извоз

Во САД долари

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

19.6

19.6

35.6

66.8

84.8

50.9

65.3

79.6

69.7

71.3

Увоз

5.6

5.6

10.7

17.7

32.5

20.6

20.9

37.1

32.5

35.7

Вкупно

25.3

25.3

46.3

84.6

117.4

71.6

86.3

116.7

102.3

107.0

Трг. салдо

+14.0

+13.9

+24.8

+49.0

+52.2

+30.3

+44.4

+42.4

+37.2

+35.6

Подготвила: Сања Николова

34

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


МОЖНОСТИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА На иницијатива на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, a во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола на 13 и 14 . 2.2014 година се одржаа работни средби во Тирана и Драч.Притоа, се водеа разговори со амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, со претседателот на Трговско-индустриската комора на Драч, Андреа Џавара, со директорот на Пристаништето во Драч, Селим Белортаја и со градоначалникот на Општина Драч, Ванѓуш Дако. Повеќечлената делегација беше предводена од страна на претседателите на Регионалните комори од Прилеп и Битола, Симон Наумоски и Мирко Велкоски, во придружба на градоначалниците Марјан Ристески од Прилеп и Ѓоко Стрезоски од Ресен. Целта на работната посета беше да се интезивира економската соработка на компаниите од двата региони, да се зголеми искористување на услугите на пристаништето од Драч и се презентираат условите за инвестирање во Пелагониски-Преспанскиот регион. На 13.02.2014 во Тирана се одржа работна средба со нашиот амбасадор Стојан Карајанов, кој ги информираше присутните членови на делегацијата за економската соработка и трговска размена меѓу двете земји, како и за можностите за нејзино зголемување. Тој посебно нагласи дека од албанска страна постои голем интерес за соработка со Македонија на база добрите политички односи и географската местоположба, истакнувајќи дека од страна на

албанските компании постои тенденција голем дел од италијанските производи кои се присутни на албанскиот пазар да се заменат со производи од Македонија.

тесно да соработува со регионалните комори од Прилеп и Битола. Договорено е за кратко време да се потпише и Меморандуми за соработка.

Од страна на претседателите на регионалните комори, амбасадорот беше информиран за конкретната соработка на повеќе компании од овие региони, како што се „Витаминка“,Прилепска пивара, Мермерен комбинат и „Дониа“ од Прилеп, печатницата „Киро Дандаро“, млекарата „Би-Милк“ и квасарата од Битола и „Свислион-Агроплод“ од Ресен.

На средбата со директорот на пристаништето Драч, Селим Белортаја делегацијата од земјава беше опширно информирана за инвестиционите зафати во пристаништето и модернизација на истото со можност за кратко време да го приспособат и за прием на бродови со тешки товари. Тој изрази желба до крајот на овој месец да биде извршена презентација на услугите на пристаништето пред македонските компании во Стопанската комора на Македонија.

На 14.02.2014 година во Драч се одржа работна средба со претседателот на Трговско-Индустриската комора, Андреа Џавара, а компаниите имаа и билатерални на кои се договараа за идната соработка. Андреа Џавара се заблагодари за посетата на регионалната делегација и изрази големо задоволство за неговиот краток престој во Македонија и средбата во Стопанската комора на Македонија која се остварила на ден 10.02.2014 година. Тој укажа дека Трговско-индустриската комора од Драч поради местоположбата на градот и услугите од пристаништето, претсатвува најактивна, највлијателна комора во Албанија и изрази голема желба

СОСЕДИ

Во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола посета на Трговско-индустриската комора на Драч во Албанија

На средбата со градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако, градоначалниците на Прилеп и Ресен имаа опширно излагање за своите општини, како и за економските потенцијали и природни ресурси со кои тие располагаат.Договорена е наредна средба меѓу градоначалниците да се одржи во Македонја со цел да се прошири соработката, не само на економски, туку и на културен и спортски план. Ристо Најдоски

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

35


НА САМОТО МЕСТО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОСЕТИ

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во „Саса“ и „Бучим“

РУДНИЦИТЕ ОДЛИЧНО РАБОТАТ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески на 21.02.2014 година ги посети рудниците „Саса“ во Македoнска Kаменица и „Бучим“ во Радовиш. Придружуван од членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Азески се сретна со генералниот директор нa „Саса“, Александр Раков. - При посета на Источно-планскиот регион, неизбежна точка на посета е компанијата „Саса“, којашто е гордост на македонскиот извоз. Можам да изразам задоволство дека компанија е првата компанија во Македонија во областа на рударството која ја доби А-интегрираната еколошка дозвола во рок предвиден со Законот. Тоа е добар пример за останатите, - истакна Азески. При посетата се разговараше и за давањето концесии од страна на ресорните министерства, што

36

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

„Бучим“ – Радовиш ЦЕЛОТО ПРОИЗВОДСТВО ЗА ИЗВОЗ Рудникот „Бучим“ – Радовиш, за прв пат е отворен со работа во 1979 година, но, по затворањето во 2001 година, повторно е рестартиран со работа во 2005 година, со ангажман на странски инвеститор, кога е започнато со експлоатирање на руда на бакар од околу 2,5 милиони тони. Во изминатите осум години експлоатацијата, односно производството има континуиран пораст и достигнува преку 4,6 милиони тони руда на годишно ниво. Само во 2013 година од експлоатираната бакарна руда со преработката се добиени 46.677 тони концентрат на бакар, како полупроизвод. „Бучим“ – Радовиш има континуирано вложување во производството, заштита на животната средина, но и во новата фабрика за лужење и производство на катоден бакар (11 милиони американски долари), наменет за извоз како готов производ, кој се јавува за прв пат во Македонија. Во 2013 година е произведено околу 9.000 тони бакар од флотацијата и 2,0 тони од лужењето, како и 400 кг злато.


НА САМОТО МЕСТО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Во „Бучим“ се вработени 640 работници, но заедно до другите две фирми за исхрана и обезбедување, вкупно се вработени околу 700 работници. Плановите кои се зацртани до 2020 година, но и понатаму, се насочени кон деталните геолошки истражувања кои продолжуваат на локалитетот Кадиица, каде се очекува во наредниот период да се отвори нов рудник, со нова современа механизација и технологија, која ќе биде единствена во Европа. Вложувањата во деталните геолошки истражувања се приоритет на компанијата, со цел да се продолжи работењето на рудникот, експлоатацијата на рудата, и покрај тоа што таа е една од посиромашните руди кои се експлоатираат.

Заштитата на животната средина е приоритет во работењето на „Бучим“, при што веќе се видливи и резултатите од реализирањето на проектот за прочистување на отпадните води од Бучимски и Јасенов Дол, со што се завршува, односно е решено таканареченото историско загадување. Водите во околните реки се потполно чисти и во нив по долги години, повторно се враќаат рибите. Подготвила: Марија Петроска

ПОСЕТИ

Целото производство на „Бучим“ – Радовиш е наменето за извоз.

е од значење за перспективите на рудникот до 2027 година. Со концесиите за коишто се извршени еколошките истражувања ќе се постигне една стабилна извозна и финансиска ситуација и ќе се обезбедат нови вработувања. -Може да изразам големо задоволство од работењето на рудникот „Саса“. Со нашето работење го поддржуваме развојот на Македонија, особено на нејзиниот источен дел, што се потврдува со резултатите кои ги имаме постигнато. Особено водиме грижа на зголемување на безбедноста при работењето, на одржувањето на нивото и осовременувањето на производството. Се надеваме дека поддршката која до сега ја имавме од сите надлежни државни институции ќе продолжи, а ние ќе одговориме со добри резултати во наредните години и децении, - истакна Раков. И во рудникот „Бучим“ беа водени разговори за извозните позиции на комбинатот. За време на средбата со заменик-генералниот директор на „Бучим“ Николајчо Николов, претседателот на Комората рече дека е „задоволен што компанијата нема проблеми со извозот и дека одлично ја пребродила економската криза“. Тоа го покажува билансот од минатата година кој е подобар од очекувањата. Извозот на „Бучим“ лани изнесуваше

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

37


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОСЕТИ

60 милиони евра, што е многу значајна ставка за македонската економија. -Значаен е фактот што странските инвеститори во овие рудници планираат да останат на македонскиот пазар во наредните 20-30 години. Но, за тоа треба да се обезбедат услови преку концесии за експлоатација и да се вршат и дополнителни геолошки истражувања, - смета Азески. И покрај тешката економска состојба во

НА САМОТО МЕСТО

“САСА” – Македонска Каменица ПРВ РУДНИК СО А ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Рудникот “САСА” од Македонска Каменица има почнато со работа во 1966 година, со годишен капацитет за преработка од околу 300.000 тони. Максималното годишно производство е остварено во периодот од 1970 и 1980 година, при што е експлоатирано и произведено околу 625.000 тони влажна руда. Со процесот на флотација се добива оловен и цинков концентрат. Во 2003 година, рудникот е затворен. Со рестартирање на рудникот “САСА” – Македонска Каменица во 2006 година од страна на руски инвеститор, вложувањата во рудникот се, пред се’, во капиталните објекти, машините и опремата, кои придонесуваат за зголемување на експлоатацијата и преработката на рудата од преку 750.000 тони руда. Произведениот концентрат на олово содржи 73% олово, додека концентратот на цинк, содржи 50% цинк. Произведените концентрати се наменети за извоз. Досегашните вложувања во рудникот изнесуваат преку 50 милиони евра. Во рудникот “САСА” се вработени околу 700 работници, но, исто така треба да се истакне дека во работењето на “САСА” се вклучени околу 200 вработени од други компании, кои имаат континуирана

2013 година, сепак, за „Бучим“ таа беше една од најуспешните во историјата од работењето. - Во моментов „Бучим“ има утврдени резерви за до 2020 година, кога и завршува експлоатацијата на рудата во овој регион, изјави Николајчо Николов.

соработка со овој рудник. Во изминатиот период во рудникот “САСА” има пораст на производството, со најголеми позитивни осцилации во 2008 година и 2009 година, кога настана кризата во металниот сектор, а потоа се стабилизира. Во вкупното производство на концентрати на олово и на цинк, на ниво на земјата, производството на рудникот “САСА” изнесува од околу 75% до 80%. Во рудникот “САСА”, посебно внимание се посветува и на заштитата на животната средина, а овој рудник доби А интегрираната дозвола, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно законската регулатива.

Горазд Чомовски

38

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


ПРОМОЦИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРИРОДАТА ВО ЧИНИЈА СЕКОЈ ДЕН! Македонската компанија „Макпрогрес“ на 20.02.2014 година ја презентирараше најновата инвестиција вредна над 3 милиони евра. На заедничката прес-конференција со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, генералниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов го најави и пуштањето во продажба на нова палета прoизводи од брендот „Натура“. -Денес „Макпрогрес“ е една од водечките компании во прехрабената индустрија со над 400 вработени. Се работи за компанија која главно е извозно ориентираната. На производите „Натура“ работевме повеќе од една година. Тие веќе се достапни во делот на малопродажните објекти. Нашите планови се овие наши нови производи да се најдат и на странските пазари секаде каде што

имаме наши дистрибутери. Во 2013 година инвестиравме во два нови производни погона за кондиторски производи во Виница и производи во делот на здравата исхрана во Скопје, а реализираме и 80 нови вработувања , - нагласи Глигор Цветанов. Производите „Натура“ веќе се номинирани за добивање на наградата „Рекпак 2014 година“ која

ИНВЕСТИЦИИ

„Макпрогрес“ од Виница со нова палета производи „НАТУРА“

се доделува за најдобар дизајн на амбалажа на производи од регионот. Целта на компанијата е да стане лидер во регионот и прв избор на потрошувачите. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, 364 милиони американски долари е вкупниот македонски извоз во прехранбената индустрија во 2013

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

39


ПРОМОЦИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ИНВЕСТИЦИИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

година, а 4,2 отсто од тоа отпаѓа на „Макпрогрес“. Вкупниот извоз на кондиторски производи во 2013 година е 40 милиони евра, а 38 отсто од тоа припаѓа на „Макпрогрес“ од Виница. Континуирано компанијата го зголемува извозот за 15 проценти секоја година, константно инвестирајќи во отворање по една фабрика на секои две години. - Горд сум што „Макпрогрес“ од Виница е членка на Стопанската комора на Македонија. Тоа е компанија за почит која почна да се развива од 1999 година и направи исклучителен прогрес.

40

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

Таа е и на врвот на македонскиот извоз по бројот на земји каде што ги пласира своите производи. Извезува во 42 земји со тенденција да ја достигне бројката од 60 држави, - нагласи Бранко Азески. - Самиот факт што 70 проценти од нашето производство се извезува во земјите од ЕУ, доволно зборува дека во Македонија постои сериозна извозна структура којашто треба ние да ја поддржиме и да овозможиме нејзин раст, затоа што тоа е во интерес на развојот на Македoнија,- потенцираше Азески.

„Макпрогрес“ годишно произведува над 10.000 тони готови кондиторски производи, со асортиман од над 200 разновидни прехранбени производи, од коишто 70% се извезуваат во над 42 земји. По 20 години од основањето, „Макпрогрес“ е сопственик на две фабрики со пет линии за производство на кондиторски производи и една фабрика за земјоделски зрнести производи, со 400 вработени. Горазд Чомовски


ТЕХНОЛОГИЈА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ЗА СЕКОЈ КОРИСНИК Македонски Телеком го префрли и последниот корисник на новата ИПмрежа со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернетпротокол (АЛЛ ИП). Со инвестиција од 13 милиони евра, во тек на изминатите 25 месеци, се овозможи мигрирање во новата мрежа на 290.000 линии. - Резултатот е значително намалено време на пласирање на производите од една до две години, на две недели, некогаш и неколку дена, а исто така и значително намалување на трошоците. Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услуги, истакнува Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија. Клаудија Немат наведува дека нивната инвестиција била во подобрување на корисничкото искуство. - Не станува збор за пониски цени, туку апсолутно за подобро корисничко искуство. Во овој случај, потребни се дури и дополнителни

инвстиции во информатичката технологија и за креирање нови процеси коишто ќе овозможат беспрекорно функционирање на мрежата, - вели Немат. Придобивката за деловните корисници, појасни, е тоа што со ИПтрансформацијата може да се нарача широкопојасен интернет на барање со брз и лесен пристап до него. Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком, истакна дека преку новата ИП-платформа, буквално секој нивен корисник ќе може да ги користи услугите на новата генерација, брзо, квалитетно и ефикасно.

ДОСТИГНУВАЊА

Македонски Телеком стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет-протокол (АЛЛ ИП)

- А тоа е и нашата цел, преку вложување во новите технологии, да овозможиме најдобро корисничко искуство. ИП ги брише географските граници и е основа за сите идни услуги, а Македонски Телеком е многу напред, не само во регионот, туку и во рамките на Европа, и горди сме заради тоа, - рече Маиерхофер. ИП-технологијата користи интернетпротокол за пренос на говор, што овозможува користење услуги од новата генерација. ИП-мрежната технологија овозможи воведување Интернет по потреба, целосно нов концепт кој им овозможува на корисниците онлајн да нарачаат пристап на интернет со голема брзина секогаш кога им е потребен со само еден клик.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

41


СТАНДАРДИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ISO 50001

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОБЕДИ ГО ПРЕДИЗВИКОТ НА ЕНЕРГИЈАТА ISO 50001 - Што е тоа? • ISO 50001:2011 систем за управување со енергија - барања со упатства за употреба, е доброволен меѓународен стандард, развиен од страна на ISO (Меѓународната организација за стандардизација). • ISO 50001 на организациите им ги предочува барањата за системот за управување со енергија (EnMS). • ISO 50001 им обезбедува бенефиции на малите и големите организации од јавниот и приватниот сектор, во производството и услугите, од сите региони на светот. • ISO 50001 воспоставува рамка за управување со енергијата од страна на индустриските, комерцијалните, институционалните и владините објекти. • ISO 50001 покажувајќи широка применливост во сите национални економски сектори, се проценува дека би можел да влијае и до 60% во светската потрошувачка на енергија.

42

но тие можат да го подобрат начинот на кој ќе управуваат со енергијата во ова време. Подобрувањето на енергетската ефикасност може брзо да обезбеди бенефиции за самата организација преку зголемена употреба на енергетските извори и нејзините средства, намалувајќи го при тоа трошокот за енергијата, како и нејзината потрошувачка. Организацијата исто така, може да даде свој придонес во поглед на намалувањето и осиромашувањето на енергетските ресурси, како и во ублажувањето на ефектите од употребата на енергија, како што е на пример глобалното затоплување. ISO 50001 е во основа модел на систем за управување, кој е веќе добро разбран и имплементиран од страна на организации низ целиот свет и може да покаже позитивна разлика меѓу разнородни дејности на организациите кои даваат поддршка и напори насочени кон подобрување на енергетските технологии во блиска иднина.

ISO 50001 - Зошто е значаен ?

ISO 50001 - Што ќе направи?

Енергијата е од клучно значење за оперативата и може да биде голем трошок за организациите, без оглед на нивната дејност. Може да се добие идеја водејќи сметка за употребата на енергија преку синџирот на снабдување во бизнисот, почнувајќи од суровините, па до нивното рециклирање. Во прилог на економските трошоци за енергијата на една организација, енергијата може да наметне еколошки и социјални трошоци преку исцрпување на ресурсите и да придонесе за појава на проблеми, насочени кон климатските промени. Развојот и употребата на технологии за нови и обновливи извори на енергија, може да потрае подолго време. Индивидуалните организации не можат да ја контролираат цената на енергијата, владините политики или глобалната економија,

ISO 50001 ќе им обезбеди на организациите од јавниот и приватниот сектор, да управуваат со стратегиите насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, намалување на трошоците и подобрување на енергетските перформанси. Стандардот е со намера да им обезбеди на организациите призната рамка за интегрирање на енергетските перформанси во нивните практики на управување. Мултинационалните организации ќе имаат пристап до еден, хармонизиран стандард со логички доследна методологија на идентификување и имплементирање на подобрувањата.

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

Стандардот е наменет да даде свој придонес и да го постигне следново:

• помагање на организациите во подобра употреба на нивните постоечки енергетско консумирачки средства; • креирање на транспарентност и олеснување во комуникацијата на управувањето со енергетските ресурси; •промовирање на управувањето во најдобрите практики со енергијата и зајакнување на управувањето со доброто однесување кон енергијата; • помагање при оценувањето и давањето приоритети во реализацијата на нови енергетски ефикасни технологии; • обезбедување рамка за унапредување на енергетската ефикасност во текот на синџирот на снабдување; • олеснување при управување со енергетските подобрувања на проектите за намалување на емисиите на стакленички гасови; • дозволување интеграција со други организациски системи за управување, како што се оние за животната средина и здравјето и безбедноста при работа. ISO 50001 - Како функционира? ISO 50001 е всушност модел на систем за управување, познат на повеќе од еден милион организации во светот во кои се имплементираат стандардите како што се ISO 9001 (управување со квалитет), ISO 14001 (управување со животната средина), ISO 22000 (управување со безбедноста на храната), ISO / IEC 27001 (управување со безбедносни информации). Во основа, ISO 50001 го следи процесот на Plan-Dо - Check- Act, односно континуирано подобрување на системот за управување со енергија. Овие карактеристики им овозможуваат на организациите да го интегрираат


СТАНДАРДИ

ISO 50001 дава рамка на барања кои им овозможуваат на организациите: • да ја развиваат политиката за поефикасно користење на енергијата; • да ги подобрат целите и таргетите за да ја реализираат политиката; • да користат податоци за да се разберат подобро и да се донесат одлуки во врска со енергетската употреба и потрошувачка; • да ги мерат резултатите; • да ја прегледаат ефективноста на политиката; • постојано да го подобрувааат управувањето со енергија. ISO 50001 може да се спроведе самостојно или интегрирано со други стандарди, односно системи на управување. ISO 50001 - Кој може да има корист? Како и сите стандарди, односно системи на управување, ISO 50001 е дизајниран за имплементирање од страна на некоја организација, без оглед на нејзината големина или дејност, без разлика дали е од јавниот или од приватниот сектор, без оглед на нејзината географска местоположба. ISO 50001 не ги подобрува/поправа целите за подобрување со енергетската ефикасност, што зависи од корисникот/ организацијата, или пак од регулаторните тела. Која било организација, без оглед на својата успешност во управувањето со енергијата, може да го имплементира ISO 50001 за да воспостави основа, а потоа и да се подобри во истото во ритмот соодветен на контекстот и капацитетите. ISO 50001 - Да се сертифицира и или не? ISO 50001 може да се имплементира исклучиво за внатрешна и надворешна придобивка на организацијата и заинтересираните страни. Сертификацијата од независен проверувач за усогласеност на системот за управување со енергија, не е услов на стандардот сам по себе. Да се сертифицира или не, е одлука на ISO 50001 корисникот, освен ако не е наметнат од страна на соодветна регулатива. Алтернатива на независната сертификација од трета страна е да се покани клиентот од страна на организацијата, за да може тој да ја

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

верификува имплементацијата на ISO 50001 во согласност со стандардот (верификација од втора страна) или пак организацијата да ја самопрогласи согласноста со истиот. ISO 50001 – Структура на стандардот 1 Опсег 2 Нормативни референци 3 Термини и дефиниции 4 Барања за систем за управување со енергија 4.1 Општи барања 4.2 Одговорност на раководство 4.2.1 Врвно раководство 4.2.2 Претставник на раководството 4.3 Политика за енергија 4.4 Планирање на енергија 4.4.1 Општо 4.4.2 Правни и други барања 4.4.3 Енергетска ревизија 4.4.4 Енергетска основа 4.4.5 Индикатори за енергетски перформанси 4.4.6 Енергетски цели, енергетски таргети и акциони планови за управување со енергијата 4.5 Имплементација и оператива 4.5.1 Општо 4.5.2 Надлежност, обука и свесност 4.5.3 Комуникација 4.5.4 Документација 4.5.5 Оперативна контрола 4.5.6 Развој/Дизајн 4.5.7 Набавка на енергетски услуги, производи, опрема и енергија 4.6 Проверка 4.6.1 Следење, мерење и анализа 4.6.2 Проценка на законските барања и другите барања 4.6.3 Интерна проверка на EnMS 4.6.4Неусогласености, корекција, корективни и превентивни мерки 4.6.5 Контрола на записи 4,7 Преглед од раководство 4.7.1 Општо 4.7.2 Влезни елементи во преглед од раководството 4.7.3 Излезни елементи од преглед од раководството Како што е погоре наведено, овој Меѓународен стандард во основа го има процесот на Plan-Do-Check-Act, односно континуирано подобрување во управувањето со енергијата во секојдневните организациски практики. Овој пристап може да се опише накратко вака: • Plan: се спроведува ревизија на енергијата и се воспоставува основната линија, индикаторите на енергетските перформанси (EnPIs), целите, таргетите и акционите планови потребни да дадат резултати во согласност со можностите

за подобрување на енергетските перформанси и енергетската политика на организацијата. • Do: се спроведува управувањето со енергијата преку акционите планови. • Check : се следат и се мерат процесите и клучните карактеристики на операциите со кои се утврдуваат енергетските перформанси во однос на енергетската политика и целите и се дава извештај за резултатите. • Act: се преземаат активности за континуирано подобрување на енергетската ефикасност. ISO 50001 - Како се разви? Барањето за развој на овој меѓународен стандард за управување со енергија, дојде од UNIDO - организацијата за индустриски развој при Обединетите нации, која ја препозна потребата на индустријата да даде ефикасен одговор на глобалните климатски промени и да го зголеми бројот на национални стандарди за управување со енергија .

ISO 50001

управувањето со енергијата во нивните севкупни напори за подобрување на квалитетот, управувањето со животната средина и другите предизвици генерирани од страна на нивните менаџмент системи.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ISO (меѓународна организација за стандардизација) пак за возврат, го идентификува управувањето со енергијата, како една од петте области за развој на меѓународни стандарди и во 2008 година, создаде проект комитет ISO/PC 242, управување со енергија, кој ќе биде носител на конкретната задача. ISO/PC 242 комитетот беше предводен од страна на ISO членови од Соединетите Американски Држави (Американскиот национален институт за стандарди - ANSI ) и Бразил ( Associação Brasileira де Normas Técnicas - ABNT ). Експерти од органите на националните тела за стандардизација на 44 ISO земји-членки учествуваа во работата на Комитетот ISO/PC 242 во развојот на ISO 50001, со други 14 земји набљудувачи. Стандардот исто така е потпомогнат со учеството на UNIDO - Организацијата за индустриски развој при Обединетите нации, како и Светскиот енергетски совет (W ЕС ). ISO 50001 беше во можност да подготви бројни национални или регионални стандарди за управување со енергија, спецификации и прописи, вклучувајќи ги и оние развиени во Кина, Данска, Ирска, Јапонија, Република Кореја, Холандија, Шведска, Тајланд, САД и Европската унија.

Контакт: Емилија Тодоровска Тел: (02) 3244047, Факс: (02) 3244088 Е-адреса: emilija@mchamber.mk

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

43


СТАТИСТИКА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ИНОВАЦИИ

Иновациските активности на деловните субјекти

ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА РАЗВОЈ За успешна реализација на политиката за развој на конкурентни и успешно ориентирани мали и средни претпријатија, од особено значење е следење на нивниот потенцијал за воведување иновации. Со тоа се овозможува да се согледа реалниот однос на деловните субјекти кон иновациите и подобрување на информираноста за потребата и ефектите од иновациската активност на деловните субјекти. Државниот завод за статистика, врз основа на Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија” бр. 54/ 97, 21/07, 51/11 и 104/13) и Петгодишната програма за работа на ДЗС, 2013-

44

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/ 2013) го спроведува Статистичкото истражување за иновации со цел добивање податоци за иновациите и иновациските активности во производството на производи, стоки и услуги, односно добивање податоци за: бројот на претпријатијата кои се вклучени во процес или/и продукт иновации во анализираниот период (2010-2012 година), претпријатија со тековни/незавршени или, пак, напуштени иновациски активности и претпријатија со маркетинг и организациски иновации. Добивањето на податоци за тоа колку средства се инвестираат

во иновациски активности, за соработката со други претпријатија, институции и добавувачи за развојот на иновациите, ефектите од иновациските активности, како и податоците за бројот на иновативни претпријатија и остварениот промет како резултат на воведувањето на иновации, се од огромно значење за деловните субјекти во земјата, но и во странство, а имаат и особено значење во процесот на креирање на политиките за развој, планирањата и насочувањата на средствата што можат да се искористат. Извештајни единици во статистичкото истражување за иновациски активности се економски активните


СТАТИСТИКА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Извештајните единици кои се вклучени во истражувањето, се претпријатија со најмалку 10 вработени лица и според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) спаѓаат во следните сектори и оддели: • B/Б Рударство и вадење на камен (05-09) • C/В Преработувачка индустрија (10-33) • D/Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (35) • Е/Д Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (36-39) • Трговија на големо, освен со моторни возила и мотоцикли (46) • H/Ж Транспорт и складирање (49-53) • Издавачка дејност (58) • Телекомуникации (61) • Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (62) • Информативни услужни дејности (63) • К/И Финансиски дејности и дејности на осигурување (64-66) • Архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа (71) Според бројот на вработени, претпријатијата се поделени во три класи: • мали претпријатија, кои имаат 10-49 вработени; • средни претпријатија, кои имаат 50-249 вработени и • големи претпријатија, кои имаат 250 и повеќе вработени. Иновациите вклучуваат воведување на нови или, пак, значително подобрени стоки, услуги или процеси. Иновацијата се спроведува кога се воведува на пазарот како производ иновација или, пак, кога се користи во

ИНОВАЦИИ

деловни субјекти, одбрани по пат на репрезентативен примерок од Статистичкиот деловен регистар.

процесот (процес иновации). Иновациите вклучуваат голем број на научни, технолошки, организациски, финансиски и економски активности.

спецификации, компоненти и материјали, софтвер, употребливост или други функционални карактеристики.

Иновативно претпријатие е претпријатие кое во набљудуваниот период има воведено нов или, пак, значајно подобрен производ или процес.

Иновациите на производи се однесуваат на стоки или услуги што се целосно нови за претпријатието или нови за пазарот на претпријатието, или стоки или услуги што се значително подобрени.

Во истражувањето се опфатени 4 вида на иновации: • иновации на производи (стоки и услуги); • иновации на процеси; • организациски иновации; • маркетинг-иновации. Иновација на производ претставува воведување на нова или значитело подобрена стока или услуга, во однос на карактеристиките и можностите на стоката или услугата, нивната употребливост, составните делови и потсистемите. На пример, усовршување на софтверот, неговите компоненти или потсистеми. Иновациите на производи опфаќаат стоки и услуги кои имаат намена или карактеристики што во голема мера се разликуваат од претходните производи (стоки и услуги) што претпријатието ги произведувало. Овде се вклучени нови или значително подобрени технички

Иновација на процес претставува примена на нов или значително подобрен процес на производство, начин на дистрибуција или помошна активност. Иновациите на процеси се случуваат и во услужните и во производствените сектори и вклучуваат нови или подобрени методи на производство, логистика, системи за испорака и дистрибуција, како и помошни активности, како што се одржување, набавки и сметководствени операции. Тие вклучуваат значителни промени во специфични техники, опрема и/или софтвер, со намера да се подобри квалитетот, ефикасноста или флексибилноста на производството или набавките, или намалување на опасноста по животната средина и безбедноста. Организациска иновација опфаќа воведување на нови методи на организација во деловното работење,

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

45


СТАТИСТИКА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ИНОВАЦИИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

нови методи на организирање на работните обврски и донесување на одлуки и нови методи на организирање на надворешните односи со други претпријатија и јавни институции. Организациските иновации подразбираат спроведување на значајни промени во деловните практики, организацијата на работните обврски и донесувањето одлуки, што вклучува обука или едукација за зголемување на вештините и одговорностите на вработените и организацијата на надворешните односи со други претпријатија или јавни институции.

Маркетинг иновација претставува примена на нови маркетинг концепти или стратегии што значајно се разликуваат од веќе постојните употребувани методи во претпријатието. Маркетинг иновација претставува воведување на значајни промени во дизајнот или пакувањето на производот. Маркетинг иновацијата, исто така, вклучува и воведување на нови техники на промоција на производите и нови методи на пласман на производите и канали за продажба. Покрај тоа, вклучува и нови политики за формирање на цените на стоките и услугите. Маркетинг иновациите опфаќаат значителни промени во

начинот на кој претпријатието ги продава своите стоки и услуги, вклучувајќи ги и промените на дизајнот и пакувањето. Голем дел од нив мора да бидат употребени првпат од страна на претпријатието. На пример, првиот пласман на една производна линија на интернет претставува иновација, но вториот пласман на интернет на друга линија на производи или за друг географски пазар, не е иновација. Подетални информации и појаснувања околу видовите на иновации, може да се добијат на следниов линк: http://www.stat.gov.mk/Inov_mk.aspx.

Законска обврска да доставуваат податоци до Државниот завод за статистика

ПОДАТОЦИ БЕЗ НАДОМЕСТ Податоците што се прибираат со ова статистичко истражување, како и со другите статистички истражувања на Државниот завод за статистика, претставуваат индивидуални податоци што се заштитени со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија" бр.54/97, 21/07, 51/11 и 104/13 ), од каде што произлегува обврската за нивна заштита при прибирањето, обработката и објавувањето на податоците кои ќе се користат само за статистички цели и како поединечни нема да се даваат ниту да се објавуваат. Извештајните единици вклучени во статистичките истражувања имаат законска обврска да доставуваат податоци до Државниот завод за статистика. Имено, со најновите измени и дополнувања на Законот за државната статистика, кои стапија во сила во август 2013 година („Службен весник на РМ“ бр.54/97,21/07и 51/11), правните лица и органите на државната власт кои се извештајни единици се должни податоците што треба да ги обезбедат за статистичките истражувања кои ги спроведува Заводот, да ги дадат во определен формат, во согласност со Програмата, без надомест (член 26). Правните лица и органите на државната власт кои се извештајни единици, според Програмата, имаат обврска на Заводот и на овластените носители да им ги достават бараните податоци во утврдените рокови и да им достават целосни и точни податоци. Доколку податоците не се достават, не се достават во утврдените рокови или не се достават целосни и точни податоци, извештајните единици се должни да ги достават

46

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

или дополнат во определен рок по писменото известување од страна на Заводот и на овластените носители. Писменото известување, Заводот и овластените носители го доставуваат до извештајната единица во рок од десет дена од денот на утврдувањето дека примените податоци не се доставени, не се доставени во утврдените рокови или не се доставени целосни и точни податоци. Доколку извештајната единица не постапи по писменото известување во определениот рок, Заводот, во рок од 15 дена, ќе поведе постапка на надзор на извештајната единица (член 30). Со најновите измени целосно се воведува нова надлежност на Државниот завод за статистика која се состои во правото да врши надзор врз извештајните единици во однос на обврската за доставување на податоци, како и на обврската за доставување на навремени и точни податоци (член 53-а-53-е). Измените опфаќаат и заострување на казнената политика во однос на прекршувањето на одредбите на Законот од страна на извештајните единици. Имено, се воведува принципот на утврдување на глобите во процент од вкупниот приход (во апсолутен износ) остварен во годината која му претходи на сторениот прекршок (член 54- 58). Во зависност од сторениот прекршок, процентот може да изнесува од 1 до 4%. Повеќе информаци на оваа тема може да се најдат на веб-страницата на Државнниот завод за статистика www.stat.gov.mk .


EEN МРЕЖА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИ МИСИИ ЗА РАСТ ВО БЕЛГИЈА, ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА

МИСИИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Мисиите за раст претставуваат иницијатива на Европската комисија организирани со цел да се поттикне растот и конкурентноста на европската индустрија, како и интернационализацијата на малите и средни претпријатија (МСП). Мисиите вклучуваат политички и бизнис-средби, како и дискусии од заеднички интерес од областа на претприемништвото и индустријата. Учеството во мисиите нуди можност за воспоставување контакти со бројни претпријатија од различни земји, како и со високи политички претставници од Европската комисија и локалните власти. Како комесар за индустрија и претприемништво, потпретседателот на Европската комисија Антонио Таџани континуирано работи на промовирање на европската индустрија и МСП со цел полесно да ги надминат последиците од економската криза. Во мисиите за раст реализирани во периодот 2011-2013 година предводени од еврокомесарот Таџани учествуваа 607 претставници од 425 претпријатија/деловни асоцијации од 26 европски земји. Европската комисија го објави календарот на планираните мисии за 2014 година, фокусирани на неколку европски земји: • Атина, Грција – 10-11 март 2014 година (храна, прехранбена индустрија, биотехнологија, енергетика, туризам); • Неапол, Италија – 13-14 март 2014 година (екоградби, биотехнологија, енергетика, автомобилска индустрија, храна, туризам); • Палермо, Италија – 27-28 март 2014 година (храна, интелигентна енергија, ИКТ, градежништво и еко-градби, креативни индустрии); • Севилја и Мерида, Шпанија – 3 - 4 април 2014 година (подетални информации се очекуваат наскоро). Повеќе информации околу програмата на наведените мисии, можностите за деловни средби, како и за приоритетните бизнис-сектори може да се најдат на следниот линк: http://ec.europa.eu/enterprise/initiatives/mission-growth/missions-for-growth/antonio-tajani/europe/index_en.htm За подетални информации околу учеството на претпријатија/претставници на деловни здруженија и останати организации од Македонија задолжен е Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ). Контакт: Габриела Костовска Богоеска, gabriela@mir.org.mk (02 3077 008).

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

47


ЗА ВАШОТ БИЗНИС

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОНУДА ПОБАРУВАЧКА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

RS00000037303 Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за печатење, со овластен сервис, обезбедени резервни делови за машините, како и потрошен материјал за истите. Име на компанија: CENTROPAPIR PLUS D.O.O. Адреса: Strazilovska 45 Град: 21205 Sremski Karlovci Држава: Србија Телефон: +381 21 884 488 Факс: +381 21 884 333 Е-маил: nikola@centropapir.rs Web страна: www.centropapir.rs www. tamponmasine.com Раководител: Nikola Depalo BE00000037246 Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични делови во медицинската и автомобилската индустрија. Име на компанија: Europlasma NV Адреса: De Bruwaan 5d, Град: 9700 Oudenaarde Држава: Белгија Телефон: +32(0) 55 30 32 05 Факс: +32(0) 55 31 87 53 Е-маил: info@Europlasma.be

48

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

Web страна: www.europlasma.be Раководител: Peter Martens DE00000037402 Компанија од Германија нуди услуги за изградба на биогас-постројки во Република Македонија. Име на компанија: Okotec - Anlagenbau GmbH Адреса: Bahnhofstraße 13 Град: 04808 Thallwitz Држава: Германија Телефон: +4903425/85658-0 Факс: +4903425/85658-58 Е-маил: info@oekotec-anlagenbau.de Web: www.oekotec-anlagenbau.de Раководител: Gerhard Wilhelm TR00000037391 Компанија од Турција бара увозници и дистрибутери за пласман на македонскиот пазар на системи за наводнување капка по капка, како и соларни панели, уреди за греење и ладење, компресори, вентилација, системи за гаснење пожар. Соработка со фирми посебно во делот на агробизнисот и сточарството, соларна енергија, вентилација. Име на компанија: CANYILDIZ SAC SIVAMA VE ELK.MLZ.VE AYD.MAM.SAN. TİC.LTD.ŞTİ.

DE00000036865 Компанија од Германија бара соработка со фирми во областа на земјоделието во Република Македонија за пласман на машини за жетва и постројки за вештачки дожд. Име на компанија: OGZ Адреса: Raiffeisen str.2 Град: 64347 Grieshelm Држава: Германија Телефон: +49615583980 Факс: +496155839822 Е-маил: info@ogz.de Web страна: www.ogz.de Адреса: 615/1 SK. NO : 13 – 15 ÇAMDİBİ Град: Izmir Држава: Турција Телефон: +900232 433 82 71 Факс: +900232 433 22 80 Е-маил: info@canyildizltd.com Web страна: www.canyildizltd.com Раководител: MUSTAFA CAN DE00000036864 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мембрански цевки за вентилација со оптимален дизајн за


ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

EG00000037576 Компанија од Египет бара да увезува од Република Македонија компјутерска галантерија, маси и столици за компјутери и разни видови лесен мебел. Име на компанија: EL HELAL FOR EXTERNAL TRADE Адреса: 91 Abbasia St. Abdo Pasha Sq Град: Cairo Држава: Египет Телефон: +202 02 26834849 Факс: +202 02 24823587 Е-маил: roubi@link.net Web страна: www.elhelal.net Раководител: Sherief Farag El Roubi DE00000039432 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни гумени ракавици за употреба во индустријата. Име на компанија: Asmus GmbH Адреса: Am Weißen Bach 4 Град: 37619 Hehlen Држава: Германија Телефон: +49 5533 2576 Web страна: www.asmus-gmbh.de IN00000039405 Компанија од Индија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индиски чај. Име на компанија: New Tea Company Limited Адреса: 4 Chittaranjan Avenue Град: Kolkata- 700 072 Држава: Индија Телефон: +91 33 2212 6753 Факс: +91 33 2212 9696 Е-маил: info@newteaco.com Web страна: www.new-tea.com Раководител: BINOD KUMAR BANSAL

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

HR00000039433 Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделска механизација, алатки и средства за заштита на растенијата. Име на компанија: Pinova d.o.o. Адреса: Bana Josipa Jelačića 22c Град: 40000 Čakovec Држава: Хрватска Телефон: +385 (0)40 499 425 Е-маил: pinova@pinova.hr Web страна: www.pinova.hr CN00000039435 Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични калапи, опрема за леење со вбризгување и пластични делови. Име на компанија: Wishsino International Group, Ltd Адреса: 2/F,Blg4,Lane3,Jiangwei New Village, Fumin Град: Shenzhen Guangdong 518110 Држава: Кина Телефон: +86-755-28010887 Е-маил: markj@wishsino.com Раководител: Mark Jiang IT00000038080 Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со градежни компании, архитектонски бироа во Република Македонија за пласман на мебел за продавници, хотели, јавни места, одморалишта, приватни вили, канцеларии итн. Принцип клуч на рака. Име на компанија: SGF SPA Адреса: viale della Regione Veneto, 31 Град: 35127 Camin - Padova Држава: Италија Телефон: +0498702804 Факс: +0498702293 Е-маил: giada@sgf.it Web страна: www.sgf.it BG00000038084 Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сончогледово масло. Име на компанија: KRIS OIL 97 LTD Адреса: 27 Nikola Vaptcarov Град: Kaspitchan

Држава: Бугарија Телефон: +35905327/6011 Е-маил: office@krisoil.net HR00000038099 Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ПВЦ прозорци, врати и ролетни. Име на компанија: GIGANT Адреса: Vladimira Nazora 40 Град: Budancevica Држава: Хрватска Телефон: +38548816100 Факс: +385992446766 Е-маил: info@gigant-stolarija.hr Web страна: www.gigant-stolarija.hr Раководител: Igor Selj

ПОНУДА ПОБАРУВАЧКА

индустриски отпадни води. Име на компанија: OTT System GmbH & Co Адреса: Frankenring 21 Град: 30855 Langenhagen Држава: Германија Телефон: +49 (0)511 78631 0 Факс: +49 (0)511 78631 40 Е-маил: info@ott-group.com Web страна: www.ott-system.de

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

DE00000038121 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лекови, репроматеријали за стоматологија, производи за хигиена и медицински средства за дезинфекција и чистење. Име на компанија: MERZ PHARMA Gmbh Адреса: Eckenheimer Landstrabe 100 Град: 60318 Frankfurt am Main Држава: Германија Телефон: +49-(0)-69-1503-1 Факс: +49 (0) 7971 - 252 35 Е-маил: sophia.noelp@merz.de Web страна: www.merz.de PL00000038126 Компанија од Полска заинтересирана е да пласира во Република Македонија производи од хартија, кеси, украсна хартија, хартиени чаши и тањири и други производи. Име на компанија: PAKOS Zbigniew Supinski Адреса: ul. Handlowa 6H Град: 15-399 Białystok Држава: Полска Телефон: +48 85 745 50 00 Е-маил: opakowania.pakos@gmail.com Web страна: www.opakowania-pakos.pl Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244035 Е-адреса: mirjana@mchamber.mk

49

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди


ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Полска, Забрзе – Безбедносни услуги Poland-Zabrze: Security services Име на организација : Urząd Skarbowy w Zabrzu Главни активности : Најбитен критериум : Најниска цена Краен рок за аплицирање : 8 април 2014 година – 09:30 Тендерот се однесува на : Безбедносни услуги/ Поправка и услуги за одржување на видео опрема/ Поправка и услуги за одржување на безбедносна опрема./ Телефонскa централа

Контакт : Mariusz Stefaniak, Ziomek Krzysztof, Jałowiecka Małgorzata Contact: Urząd Skarbowy w Zabrzu, pok. 510 Urząd Skarbowy w Zabrzu ul. Bytomska 2, Zabrze 41-800, POLAND Email: us2433_ol_1@sl.mofnet.gov.pl Tel: +48 322777600, Fax: +48 322777666

Полска, Варшава: Градежни работи кои се однесуваат на железничкиот сообраќај Poland-Warsaw: Construction work for buildings relating to railway transport Име на организација : PKP Polskie Linie Kolejowe S.A. Идентификациски број : 2014/S 37-61699 Најбитен критериум : Цена Краен рок за аплицирање : 1 април 2014 година – 12:00 Тендерот се однесува на : Градежни работи/железничка сигнализација/подготовка на мапи/градежни изведби за цевки за автопати

Контакт : PKP Polskie Linie Kolejowe SA Centrum Realizacji Inwestycji Oddział Południowy PKP Polskie Linie Kolejowe S.A. Targowa 74, Warszawa 03-734 POLAND Email: maciej.jaworski@plk-sa.pl Tel: +48 123931596 Fax: +48 123933455

Република Чешка – Прага (набавка на јакни) Czech Republic-Prague: Jackets Име на организација : Česká republika – Ministerstvo obrany Идентификациски број : 2014/S 35-56959 Најбитен критериум : Најниска цена Краен рок за аплицирање : 9 април 2014 година 10:00 Тендерот се однесува на : Набавка на јакни, наменети за министерство за одбрана (производител)

Контакт : Národní úřad pro vyzbrojování, OLogZP Ing. Oldřich Štěpánek 160 01 Praha 6 CZECH REPUBLIC +420 973215087 maria.hubnerova@army.cz +420 973214685

Белгија, Брисел: капи Belgium-Brussels: Caps Име на организација : Police fédérale direction des achats Идентификациски број : 2014/S 35-56894 Најбитен критериум : Најниска цена Краен рок за аплицирање : 13 мај 2014 година 11:00 Тендерот се однесува на : Набавка на капи Контакт : Police fédérale direction des achats

avenue de la Couronne 145b Bruxelles, 1050 BELGIUM Email: purchase.gpi@gmail.com Tel: +32 25544194 Fax: +32 26426604

Германија-Келн: градежни работи Germany-Cologne: Track construction works Име на организација : Kölner Verkehrs-Betriebe AG Активности : железнички, трамвајски, тролејбус, автобус Најбитен критериум : Најниска цена Краен рок за аплицирање : 7 април 2014 година 00:00 Тендерот се однесува на : Градежни работи / патишта

50

ИНФОРМАТОР закони•технологии•тендери•понуди

Контакт : For the attention of: Herrn Neumann Kölner Verkehrs-Betriebe AG Materialwirtschaft - 33 - Scheidtweilerstraße 38 Köln 50933 GERMANY Fax: +49 2215473648


A

Веб-сертификат D CE ON EXCELLENT SME

IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

M

Скенирај и дознај повеќе

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУдирективите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија. • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Informator broj21 cmyk by Economic Chamber of Macedonia - Issuu