Skip to main content

Бизнис ИНФО број 135 од 9 Мај 2013

Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 135

www.mchamber.mk

09.05.2013

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија се залага за итно донесување на законот за зелените пазари

ПРАВИЛАТА ЌЕ ЈА НАМАЛАТ „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА


БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

У

МЕНАЏЕРОТ-ЛИДЕР Е ИСКЛУЧИТЕЛНА ДРАГОЦЕНОСТ ЗА КОМПАНИЈАТА

словите на работење на деловните субјекти кои се под исклучително силно влијание на економската криза во пошироки глобални рамки сe понагласено ги истакнуваат менаџерските способности и вештини. Додека за едни менаџери безизлезноста на ситуацијата е единствената „развојна“ визија, за други таа е нов предизвик за промоција на нивната супериорност и за подигање на пазарната вредност на компанијата над вредноста на нејзината актива. Притоа, би требало да се појде од премисата дека лидерството е способност да се влијае без принуда на своите подредени и на останатите вработени, тие да се инспирираат, да се мотивираат и да се покренат за уривање на стереотипите и за постигнување поголеми остварувања од вообичаените. Значи, лидерот иницира промени и поседува способност за своите идеи да ги приврзе своите соработници и преку нив својата визија да ја трансформира во акција за нивна реализација. Оттаму, секој менаџер не е и лидер, што значи дека неговата формална позиција не му ги обезбедува и лидерските предиспозиции. Но, секој менаџер со посебни способности и со лидерска моќ сам по себе станува исклучителна драгоценост и посебно значаен ресурс на компанијата. Лидерството е онаа насоченост, она влијание на менаџерот врз соработниците и вработените т.е оној процес на насочување на активностите за остварување на посочените цели или промени. За разлика од лидерството, менаџментот го опфаќа поширокиот спектар на оперативни одлуки и активности коишто се однесуваат на реализацијата на тие посочени цели и промени. Од тие причини, иако во основа, менаџментот е комплементарна активност, тој е и покомплексна активност која го опфаќа планирањето во компанијата, организацијата на извршувањето на деловните активности и контролата над нивното извршување.

(Д-р Митко Кочовски, директор за стратешко планирање, финансиски инженеринг, економски истражувања, информации и анализи во Макстил)

ПРАВИМЕ СЕ ДА ИМ ИЗЛЕЗЕМЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИТE

О

д интерес ни е да нема пречки на влезовите во државата, а не некој да чека на граница толку долго што пред очи ќе почне да му се врти целата животна приказна. За да донесеме повеќе туристи, потребно е прво да размислиме зошто доаѓаат во Солун. Туристите од кај вас доаѓаат на шопинг, повремено одат во ноќни клубови и дискотеки, односно на ноќна забава, доаѓаат да јадат во рестораните. Она што ние се обидуваме да го направиме за да им излеземе во пресрет на туристите е да ги држиме продавниците отворени подолго време. Ова се проблеми што ја измачуваат цела Грција, како да им го олесниме што повеќе доаѓањето на туристите, како да помогнеме за надминување на јазичната бариера бидејќи не знае секој англиски или грчки. Потребно ни е да увидиме во кои хотели доаѓаат, дали одат или не во хотели, да ги имаме менијата и инструкциите напишани и на јазик кој ќе им биде разбирлив. Сето ова не е лесна работа. Сега ќе се фокусираме на овој регион, бидејќи досега се занимававме со Турција и Израел. Бевме во Софија, ќе дојдеме и кај вас. Една од причините поради која ќе дојдеме е фактот што Солун во 2014 ќе биде главен град на младите. Сакаме сите младински организации кај вас иод сите други држави, да ги информираме за програмата и да ги поканиме да дојдат тука и да учествуваат во активностите кои ќе се одржуваат во текот на целата година. Втора работа која исто така ни е многу важна е да ги претставиме солунските универзитети и факултети каде може да дојдат и да студираат ваши студенти. Ефтини се, а јас лично сум особено чувствителен за ова прашање. Она што нас особено не’ интересира е да дојдат младите и да студираат во Солун, затоа што оваа размена е добра за врските меѓу двете страни. Подобро го разбираш другиот и другата страна кога живееш тука, во неговиот град.

(Јанис Бутарис, градоначалник на Солун)

Н

УПОРНОСТА И ИСТРАЈНОСТА СЕ НАШИ СОЈУЗНИЦИ

ие произведуваме производ направен согласно македонската жена. Нашите производи се со константен квалитет, можат да одговорат на потребите на голем дијапазон на жени и нудат чуство на „вредност за пари“ кај нашите потрошувачки. Цврсто веруваме дека подобра реклама од типот „од уста на уста“ не постои. Затоа, практикуваме редовно да одржуваме директна комуникација со потрошувачките со цел да ги осознаеме нивните барања, задоволства / незадоволства од нашите производи. Сугестиите од нашите потрошувачи константно ги подобруваат нашите производи и доведуваат до зголемување на нивното задоволство. Збор што би ја опишал нашата фирма и тимот што стои позади неа е ХУЛАХОПКИ со 21% еластин (ликра) – флексибилни, а сепак цврсти, квалитетни и издржливи. Правиме бебешки чекори (мали, но сигурни). Никогаш не се откажуваме од целта и доследни сме на зацртаните планови. Упорноста и истрајноста се наши сојузници. А иновативноста и тежнеењето кон квалитет наместо квантитет ни се врежани од самото основање на комапнијата.

(Љубица Атанасова, директор за маркетинг и продажба на Л-Д Колант ДОО, Струмица)

ДОВЕРБАТА ЈА ОЛЕСНУВА РАБОТАТА

С

набдувачи на компанијата се претежно индивидуалните земјоделци од струмичкиот регион, но вршиме откуп на овошје и зеленчук и од останатите региони во Република Македонија. Пред се нашите снабдувачи се потрудија да ја стекнат нашата доверба во контекст на квалитетот и обемот на производството. Безбедноста на храната станува се поважна и поради таа причина се вршат испитувања и анализи на секој производ. Крајните потрошувачи се сите што конзумираат овошје и зеленчук. Нашите производи се достапни како на домашниот, така и на странскиот пазар. Големата распространетост се должи пред се на високо квалитетните производи. Извезуваме за Русија, Балтичките држави, Скандинавските држави, некои земји од Европската унија, во земјите членки на ЦЕФТА и ЕФТА, а соработуваме и со Турција. Се надеваме дека во блиска иднина ќе се прошириме на глобално ниво. Побарувачката е различна во зависност од понудата на производите, но најбарани производи се зелката и лубеницата. Лидерството е онаа насоченост, она влијание на менаџерот врз соработниците и вработените т.е оној процес на насочување на активностите за остварување на посочените цели или промени. За разлика од лидерството, менаџментот го опфаќа поширокиот спектар на оперативни одлуки и активности коишто се однесуваат на реализацијата на тие посочени цели и промени. Од тие причини, иако во основа, менаџментот е комплементарна активност, тој е и покомплексна активност која го опфаќа планирањето во компанијата, организацијата на извршувањето на деловните активности и контролата над нивното извршување.

(Драгица Цекова, менаџер на продажба во Евромак, Струмица)


БИЗНИС ИНФО

4

АКТУЕЛНО

ПРАВИЛАТА ЌЕ ЈА НАМАЛАТ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

О

четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија се залага за итно донесување на Законот за зелените пазари

рганизаторите на пазари бараат итно да се донесе законот за трговија на зелените пазари, со што ќе се реши, пред се, статусот на тезгаџиите чие работење на пазарите сега е регулирано со склучување на договорите за закуп на тезга. Истовремено, донесувањето на законот, кој се уште е во форма на работен материјал во надлежното министерство за економија, ќе стимулира самовработување на поголем дел од закупците на тезги кои паралелно ќе си го регулираат пензиското и здравственото осигурување, ќе се стави многу подобaр ред на пазарите, а ќе ги регулира и односите на закупците на тезги со занаетчиите, изјави на прес-конференција претседателот на Групацијата наа пазари при Стопанската комора на Македонија, Благој Дивитаров (7.5.2013 година). Носењето на законот ќе треба во голема мера да стави ред и околу пазарите, каде сега продаваат голем број диви продавачи, од кои државата годишно губи 700.000 до 800.000 евра, посочи Дивитаров. На пазарите ширум земјата има околу 20.000 тезги што на оваа дејност и даваат големо значење, пред се, на локално ниво. Претседателот на Групацијата посочи дека зелените пазари се мотор за локалната економија и локалното претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење. Во рамки на решавање на проблемот со дивите тезгаџии, организаторите на пазари на прес конференција посочија дека е потребна координирана активност на локалната власт со инспекциските служби. Не е мал ниту финансискиот бенефит од работата на пазарите. На годишно ниво од 5 до 6 милиони евра се влеваат во државната каса од работата на организаторите на пазари (по основ на ДДВ, придонеси за вработените и други давачки), како и по основ на паушалниот данок што го плаќаат тезгаџиите кон Управата за јавни приходи. Со предлог законот предвидени се неколку форми на организација на закупците на тезги согласно обемот на работа и видот на трговијата што ја вршат. Закупците, пак, кои го продаваат вишокот на количини на зеленчук и овошје првенствено произведени за домашни услови, ќе може еден до два месеци во годината своите вишоци да ги продаваат на пазарите само со потпишување на дневни договори, без да бидат регистрирани како правен субјект. За организаторите на пазари не помалку важен сегмент е и модернизација на пазарите и поголема техничка опременост согласно европските стандарди. Дека пазарите имаат значаен придонес на локално ниво говори и фактот што за локаните избори во сите политички програми е даден значаен акцент на нивна модернизација. Даниела Михајловска Василевска


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

5

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Македонски Телеком и Т-Мобиле Групацијата во првиот квартал од 2013 година оствари нето добивка од 467 милиони денари

Р

СО КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ, ИНОВАЦИИ И НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА ДО ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ

езултати од работењето на Македонски Телеком и Т-Мобиле во првиот квартал 2013 година: • приходите од интернет и од дигиталната телевизија во првиот квартал од 2013 година се зголемени за 2 отсто споредено со истиот период лани; • бројот на интернет-корисниците е зголемен за 9 отсто,. што резултира со 176 илјади DSL корисници на крајот на март 2013 година; • раст во IPTV сегментот за 71 отсто, со што на крајот на март 2013 година се регистрирани 71 илјади MaxTV корисници; • нето-добивката на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Групацијата во првиот квартал од 2013 година изнесува 467 милиони денари и е под силно влијание на конкуренцијата.

Македонски Телеком АД-Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат консолидираните финансиски резултати за првиот квартал од 2013 година, согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Во првите три месеци од 2013 година продолжува трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги, - соопштуваат од Групацијата. Македонски Телеком е на лидерското место со 72 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 54 отсто, согласно со интерните податоци. Приходите од интернет и од дигиталната телевизија во првиот квартал од 2013 година се зголемени за 2 отсто во споредба со истиот период во 2012 година. Бројот на интернет корисниците е зголемен за 9 отсто, како резултат на фокусот на double и triple play пакетите, што резултира со 176 илјади DSL корисници на крајот на март 2013 година. Македонски Телеком постигна исклучителни резултати и во IPTV сегментот. Во првите три месеци од 2013 година, Македонски Телеком бележи зголемување на бројот на IPTV корисници за 71 отсто во споредба со крајот на март 2012 година, при што се регистрирани 71 илјада MaxTV корисници. Зголемувањето на MaxTV корисниците е резултат на ексклузивните содржини, висококвалитетната услуга, интерактивноста, големиот број на канали согласно со потребите на членовите во семејството, како и на единственото ТВ-искуство коешто го овозможува кристално чистата слика во HD резолуција. Во првиот квартал од 2013 година оперативните трошоци се релативно стабилни и се зголемени за 1 отсто споредено со истиот период лани. Во првиот квартал од 2013 година приходите на ниво на Групација се намалени за 9 отсто и изнесуваат 3,1 милијарди денари. Горенаведените движења на страната на приходите и трошоците резултираа со намалување на нето-добивката во првиот квартал од 2013 година за 39 отсто споредено со истиот период лани, што резултира со нето-добивка од 467 милиони денари. -Силната пазарна конкуренција и макроекономските услови имаат големо влијание врз нашето работење. Сепак, резултатите покажуваат дека имаме пораст во интернет и IPTV-сегментот, области преку кои планираме да ги стабилизираме приходите. Голем потенцијал гледаме во податочните услуги и во зголемената примена на cloud-решенијата, коишто претставуваат нови извори на приходи. Иновациите се еден од нашите клучни фокуси во оваа година, како и во иднина. Како резултат на нашите партнерства ќе го прошириме нашиот бизнис со нови иновативни решенија. Се разбира, ќе ја подобриме и нашата ефикасност, сè со цел да ги задоволиме потребите на корисниците и да ги исполниме нашите цели, - вели Тило Куш, главен извршен директор на Македонски Телеком АД -Скопје и претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија. Намалувањето на приходите во мобилната телефонија пред сè е резултат на падот на приходите од говорните малопродажни услуги. Сепак, и покрај острата ценовна војна, со 1,2 милиони корисници на крајот на март 2013 година, Т-Мобиле Македонија е лидер во мобилната телефонија, достигнувајќи удел од 48 отсто согласно со интерните податоци. - Квалитетот на услугите, иновациите и напредната технологија се карактеристики по коишто се издвојуваме на пазарот. Иако конкуренцијата ги користи сите средства за да не` стигне, ние не се откажуваме од нашата визија да останеме предводници на технолошките промени, фокусирајќи се на конвергираните услуги, како силен двигател на пазарот. Мобилниот интернет, подобрените услуги и новите апликации од следната генерација, различните решенија базирани на интернет, како и понудата на најнови паметни телефони, остануваат во нашиот фокус. Корисниците од нас ќе го добијат најдоброто комуникациско решение за забава и олеснување на бизнисот, - вели главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски.


6

Сребрен медал за „Тиквеш“ на меѓународен натпревар во Франција

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

ВРВНО ПРИЗНАНИЕ ЗА „РОЗЕ CLASSIC“ ОД БЕРБАТА 2012 МЕЃУ 1.000 ВИНА

В

иното „Розе Classic“ од бербата 2012 на винарската визба „Тиквеш“ е наградено со сребрен медал на меѓународниот натпревар „Le Mondial du Rosé“, што се одржа по 10. пат во Франција. Виното на „Тиквеш“ ја доби наградата во конкуренција од над 1.000 розе вина. На овој реномиран и високо специјализиран натпревар за розе вина се натпреваруваа винарници од 28 земји од светот, а најбројни беа винарниците од Франција, Шпанија и Италија, како и од Јужна Америка. Квалитетот на вината го оценуваше стручно жири од 65 претставници од 18 различни држави со долга винска традиција. „Тиквеш“ беше единствената винарница од Македонија и регионот која доби награда на ова натпреварување. Од вкупните произведени количини на виното „Розе Classic“ на „Тиквеш“ околу 20 проценти се пласираат на домашниот пазар, а останатите 80 проценти се извезуваат. Во 2012 година продадени се 227.500 шишиња од ова вино. Најновите истражувања на пазарот покажуваат дека розе вината се меѓу „најтрендовските“ вина во светот во последните дваесет години. Во време на криза кога продажбата на вино се намали, сегментот на розе виното остана стабилен и без никакви последици. Три вина на „Тиквеш“ добија и награди на регионалниот вински фестивал „Вино Балканика“, што се одржа во Велико Трново во Бугарија. Во конкуренција на вина од Романија, Турција, Бугарија, Грција и Македонија, виното „Темјаника Special Selection 2012“ беше наградено со злато, а сребрен медал добија црвеното вино „Барово“ 2011 и „Ркацители Special Selection“ 2012.

Прокредит банка годинава ќе го зголеми кредитирањето за 10 отсто

П

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА КРЕДИТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ

рокредит Банка минатата година ја заврши со актива од 245 милиони евра, што е за 13,1 отсто повеќе во однос на 2011 година и депозитна база од 153 милиони евра и пораст од 5,4 отсто. Кај кредитите забележан е пораст од 13,2 отсто. Првиот кваратл од годинава за манџментот на Банката е добар старт. Генералната директорка Јованка Јолеска-Поповска на пресконференција истакна дека од п очетокот на годината се исплатени 2.768 кредити во износ од 39 милиони евра и претставува 13,01 отсто пораст во однос на првиот квартал од 2012 година. Процентот на кредитите кај кои има задоцнување во исплатата над 90 дена во 2012 година, како што рече, Јолеска-Поповска, е 2,74 отсто. Таа додаде дека минатата година 70 отсто од кредитите биле краткорочни, а во 2013 година поголемиот дел се за инвестиции, што значи дека заживува инвестициската активност кај претпријатијата. Посочи дека за оваа година имаат планиран пораст на кредитното портфолио за 10 отсто и дека ќе бидат фокусирани на производствениот сегмент на малите и средни компании, земјоделско и органско производство, како и кредитирање во доменот на енергетско ефикасни инвестиции.


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

Од 8 до 12 мај годинава

В

БИЗНИС ИНФО

ПРОЛЕТЕН ВЕРО ВИНО ФЕСТ ВО СКОПЈЕ

о организација на Веро центарот на 8.5.2013 година почнува фестивалот на виното. До 12 мај, посетителите, освен што ќе имаат можност да запознаат со вкусовите на домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката. - Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесните призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис. Во рамки на фестивалот предвидени се настапи на повеќе актуелни музички бендови , Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Аир Стрингс, Пеперминт,... Во недела, на 12 мај, концерт ќе одржи новосадската акустична сензација Фрајле.

7


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 25април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЗАКОН НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР“ И „ЗАКОН ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ„ 14 мај 2013 година, 9:30-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Поради големиот интерес пројавен од страна на Бизнис Заедницата, а имајќи го во предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската kомора на Македонија на 14 мај 2013 година (вторник) во 10 часот во сала 1 на V кат ќе ,организира еднодневен семинар на тема:“Закон на инспекциски надзор“ и „Закон за Државен пазарен инспекторат„ Целтта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со: права и должности на инспекторите, права и должности на субјектите на надзорот, постапката за вршење на инспекциски надзор. Учесниците на советувањето ќе имаат можности да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се практични искуства во примена на работењето на Државните пазарни испектори. Целна група: лица вработени во секторите за општи и правни работи, финансии, продажба, манаџери, адвокати, како и лица кои со секојдневното работење имаат допирни точки со предметната материја.

П Р О Г Р А М А: 1 Закон за инспекциски надзор Права и должности на инспекторите, .Права и должности на субјектите на надзорот, .Постапка за вршење на инспекциски надзор. .Други прашања кои се однесуваат на инспекциски надзор. 2 Закон за Државен пазарен инспекторат Надлежност ДПИ Постапките на инспекциски надзор. Други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор. Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, Државен пазарен инспектор во Министерството за Економија –Сектор за инспекциски надзор одделение за инспекциски надзор –Скопје. Работно искуство 20 години како државен пазарен инспектор. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 10 мај 2013 година Контакт:

Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 e-mail:beti@mchamber.mk

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 e-mail:anita.mitrevska@mchamber.mk


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

9

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

ПРОБЛЕМАТИКА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ „Колективни договори, утврдени права на работниците со колективен договор и со закон, плата, додатоци на плата, надоместок на плата, работно време, прекувремена работа, менаџерски договор, разлики меѓу менаџерски договор и договор за вработување, посебна заштита на определени категории работници, измени на чл. 102 од ЗРО, откажување на договор за вработување, отстранување од работа, отказ од деловни причини, понуда на нов променет договор за вработување, видови дискриминација, товар на докажување во постапки за мобинг и заштита на работодавачите 16-18 мај 2013 година (четврток-сабота) Хотел “Athos Palace ****”, Калитеа, Халкидики, Грција http://www.athospalace.com Стопанската комора на Македонија од 16 до 18 мај 2013 година во хотелот „Athos Palace“ ****, во Калитеа, Халкидики, Грција http://www.athospalace.com, организира советување на тема: „Колективни договори, утврдени права на работниците со колективен договор и со закон, плата, додатоци на плата, надоместок на плата, работно време, прекувремена работа, менаџерски договор, разлики меѓу менаџерски договор и договор за вработување, посебна заштита на определени категории работници, измени на чл. 102 од ЗРО, откажување на договор за вработување, отстранување од работа, отказ од деловни причини, понуда на нов променет договор за вработување, видови дискриминација, товар на докажување во постапки за мобинг и заштита на работодавачите“. Пријавување до 8 мај 2013 година. Контакт: Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 beti@mchamber.mk

М-р Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk


10

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 17 до 22 мај 2013 година Стопанската комора на Македонија ве поканува на две саемски манифестации во Република Турција

PRINTTEK И IPT ISTANBUL 2013

Printtek 2013 е еден од најквалитетните настани за печатарската индустрија која им обезбедува ефикасна и специјализирана маркетинг платформа на изложувачите во халите наменети за групи производи кои им нудат на посетителите цела палета на продукти и иновации под еден покрив. Во делот на Саемот за печатење посетителите ќе видат: - боја за печатење, дигитален фото апарат, скенери, монитори, принтери, ласерски системи, мултимедијален софтвер, кодирање на софтвер, печатење и систем за печатење, машини за печатење, сублимација, тонер за печатење, синтетички филм и матрица; - машини за пакување, печатарски машини, фолија за машини за печатење, ламинатори, дигитални печатарски машини, електронски печатарски машини, термо трансфер принтер, опрема за ладење, опрема за тестирање, машини за лепење, обврзувачки машини, бар код системи, преработка на хартија, мастила, дигитални мастила, мастила за тампон печатење, хемикалии, лепила, фотографски материјали, печатење на хартија, картони за книга, весник и списанија; -етикети, алтернативни материјали, складирање и логистика, автоматски системи и роботи, клима уреди и влажност на системи, регулатор, генератор, печатени апликации, декоративно осветлување; -канцелариски материјал, компјутери, печатач, скенер маси и др.

Во делот на ИПТ посетителите ќе видат:

- хартија, картон, машини за обработка на картон, машини за производство на хартиени вреќи, фолдинг машини, машини за апликации, помошни материјали, балирање и преси, дизајн, автоматизација, софтвери и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди, две ноќевања со појадок; - трансфер од хотелот до Саемот; - влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900.00 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.4.2013 година. За повеќе информации за PRINTTEK 2013 и IPT ISTANBUL 2013, посетете ги веб-страните www.printtekfair.com , www.iptistanbul.com или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Ванчо Спасевски Тел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vanco@mchamber.mk E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

11

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Ве покануваме од 19 до 23 мај 2013 година со Стопанската Комора на Македонија да ја посетите една од најпрестижните саемски манифестации во Либија и во овој регион

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО ТРИПОЛИ

* Ви обезбедивме повластени услови за посета и билатерални средби со локални компании во соработка со либиската комора!

Стопанската комора на Македонија и ATEX - Меѓународниот саем во Триполи, Либија, организираат заедничка посета на саемската манифестација за градежништво и инфраструктура, што ќе се одржи во периодот од 19 -23 мај 2013 година во Триполи, Либија. Саемот за инфраструктура во Либија е рангиран како најдобар глобален градежно-инфраструктурен трговски настан во Либија, со околу 700 компании изложувачи, од кои 400 се странски, а 300 компании се локални. Настанот е наменет за постојано подобрување и надградување на инфраструктурата, транспортот, градежништвото, обновливите извори на енергијата, системите за одвод и довод, како и трговскиот сектор на Либија, заедно со другите критични зони на националната економија кои претставуваат предизвик за многу балкански и европски земји за соработка. Настанот нуди доволно простор за претставување на извозниците од секторот на инфраструктурата со цел да се оствари заедничка соработка во профитабилно заедничко вложување со странски компании. Трансферот на технологии е едно од клучните прашања и интереси, маркетиншките стратешки искуства и алатки, додека обуката и развојот за персонал од овие индустрии претставува основа на оваа манифестација. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток во следниве области: • климатизација и ладење; • бања и санитарна опрема; • градење и изградба; • алатки за изградба и апликации; • врати и прозорци; • инженеринг и консалтинг; • подни и ѕидни облоги; • материјали за изолација; • лифтови и механички системи; • машини и тешка опрема; • бои и пасти; • електрични системи; • системи за вода и канализација. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни инфраструктурни решенија, дизајн, опрема и услуги од наведените сектори. Обезбедени се: - бесплатни влезници за саемската манифестација за пријавените посетители преку Комората; - Обезбедени се Б2Б средби во либиската комора со либиски компании. Посетителот ги покрива трошоците за пат и за хотелско сместување. Цена по лице: 995 евра / 61.690 мкд , во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4* на база 4 ноќевања со појадок (од 19 до 23.5.2013 година) во двокреветна/трокреветна соба; - авиобилет: SKOPJE – ISTANBUL 19 MAY 2013 BR. LET TK 1004 09.05 - 11.35 ISTANBUL - TRIPOLI 19 MAY 2013 BR. LET TK 637 16.30 - 18.25 TRIPOLI - ISTANBUL 23 MAY 2013 BR. LE TK 636 10.20 - 14.10 ISTANBUL - SKOPJE 23 MAY 2013 BR. LET TK 1005 19.10 - 19.40 ( плус доплата за аеродромските такси од 157 евра / 9.734,00 мкд); - трансфер од аеродром до хотел и обратно; - трансфер секој ден од хотел до саем и обратно; - хотелско сместување во хотел со 4*, во еднокреветна соба на база 4 ноќевања со појадок ( од 19 -23.5.2013 година е 1278 евра / 79.236 мкд).

Оваа цена е за група од минимум 10 патници.

Исто така, се плаќаат и административни трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората). Напомена: Доколку групата е помала од 10 патници, тогаш дадените цени на аранжманот ќе се зголемат за 20-30 % во зависност од конечната бројка на пријавени.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 24 мај 2013 година во Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И БРОКЕРСКИ НАСТАН ВО НОВИ САД Новосадскиот саем, Стопанската комора на Војводина, Enterprise Europe Network - Србија и Стопанската комора на Србија ве покануваат да бидете дел од најголемиот брокерски настап во област на земјоделството, што ќе биде во рамките на Саемот за земјоделие, што ќе се одржи во Нови Сад, Република Србија. На меѓународната манифестација за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со: • производство на големи машини за механизација во земјоделството; • мали машини за механизација; • машини и опрема за прехранбената индустрија; • механизација и опрема за индустијата за преработка на храна. Присутните ќе имаат и одлична можност да се запознаат со најновите производи како лабораториски препарати и опрема за заштита на растенијата и семенските култури. ЗА САЕМОТ Со присуство на претставници од повеќе од 50 земји, овој меѓународен саем претставува еден од водечките меѓународни саеми во областа на земјоделието, не само во Србија, туку и во цела Европа. Главни области на кои ќе се базира овој настан ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани производство и трговија на земјоделски култури. “80 Agricultural Fair Novi Sad“ е место каде што се сретнуваат производители и трговци од целиот свет, се создаваат нови партнерства и се споделуваат последните технолошки достигнувања. Покрај тоа, оваа манифестација на учесниците ќе им овозможи да се создадат нови бизнис-контакти и потпишување на нови договори. Неколку причини зошто не треба да ја испуштите можноста да бидете дел од оваа манифестација: • водечка манифестација во Србија во областа на земјоделието; • универзална B2B платформа – Можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи на производи; • место каде што се дисткутираат и решаваат актуелните индустриски проблеми; • место каде што се дискутираат најновите технолошки достигнувања; • можност за евалуација и истражување на земјоделските култури; • илјадници производи кои покриваат сите потреби на индустријата; • професионална национална и интернационална промоција на активностите. Главни области: • земјоделски машини и опрема; • хемиски производи за земјоделството; • пакување; • обновливите извори на енергија; • обработка и стакленичка опрема; • применета наука и истражување. ЗА БРОКЕРСКИОТ НАСТАН Брокерскиот настан претставува највисока форма на Б2Б вмрежувањето кој стана составен дел на скоро сите меѓународни конференции. Тоа претставува најбрзиот и најефикасниот начин за претставување на вашиот бизнис пред потенцијалните партнери и пазари. На овој брокерси настан обезбедува дополнителна поддршка за компаниите да најдат странски партнер за време на Саемот. На учесниците им се дава можност да го одберат својот потенцијален партнер согласно нивните потреби и информациите дадени за партнерот кој го бараат, како и за типот на соработка за која се заинтересирани. Од сето ова се прави листа на состаноци што се одржуваат на определено место и во точно определено време. Секој учесник добива листа специјално изготвена за него најдоцна еден ден пред почетокот на состаноците. Главни предности: • совршена атмосфера за меѓународен развој на бизнисот; • помош при планирање на вашите состаноци; • портал за балканските региони и индустрии. Зошто треба да бидете дел од овој настан? • Настанот Ви дава висок степен на публицитет. • Можност да го пронајдете Вашиот иден партнер, можност за поединечни средби. • Вашиот партнер за состанок можете да го определите од дома. • Организаторот нуд поддршка пред, по настанот и за време на настанот за креирање информациски профил за соработка. Пријавување до 10 мај 2013 година. Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ognen@mchamber.mk


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 24 мај 2013 година во Измир, Турција ќе се одржи годишна конференција на ИНСМЕ и средба на тема

“ВЛАДЕЕЊЕТО НА ИНОВАЦИИТЕ – ГРАДЕЊЕ НА ИНОВАТИНИ ЕКО-СИСТЕМИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА” Целта на оваа меѓународна манифестација е промовирање и интернационализација на националните иновативни системи.

На оваа годишна конференција ќе се најдат: - членови на асоцијацијаците ИНСМЕ и ИЗКА и партнери од целиот свет; - министерства, владини тела од цел свет кои се занимаваат со проблематиката на малите и средните претрпијатија, претприемништвото, иновативност и политики на конкурентност; - меѓународни финансиски институции, владини организации, таргетирани мали и средни претрпијатија; - меѓународни невладини организации и здруженија кои ќе ги споделуваат нивните мисии и визии; - индивидувални посредници; - организации за деловна поддршка; - центри за иновации и трансфер на технологии; - индивидуални експерти, научници, истражувачи, иноватори и практичари од секоја област. Пријавување до 10 мај 2013 година. Контакт лицa: Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

14

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 24 мај 2013 година посета на Саемот за греење, вентилација, климатизација и санитарија

SODEX ANKARA 2013, HVAC ВО ТУРЦИЈА *Посета на Саемот со Стопанската комора на Македонија по исклучително поволни услови Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, каде ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Водечките компании во секторот ќе се сретнат професионалци и инвеститори од овие дејности во Анкара. Стопанската комора на Македонија, во соработка Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува на организирани Б2Б деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот посетителите ќе може да го видат следното: - системи за греење и опрема (разни видови грејни тела), котли, внатрешни болјери и котли, сидни котли и болјери, алтернативна и обновлива енергија, котли за жешка вода, системи и компоненти за ладење, електрични грејачи, разладни кули, течни кола на разладните ситеми, системи и опрема за вентилација и климатизација, климатик единици, противпожарни инсталациони компоненти, филтри за воздух, воздушни канали, топлински пумпи, ТНГ и ЛНГ системи, опрема за бањи, санитарни производи и опрема, WC-опрема, додатоци и опрема за бањи, опрема за базени, опрема за сауни, солариум, радијатори, цевки, вентили, бустери, инсталација од арматура, мерни уреди и индикатори, канистри за вода, фитинзи, прочистување на вода, пречистителни системи и опрема, скалдирање и чување во магацини, славини со инфрацрвена зона, апарати и системи за одводнување, улични/градски системи за одводнување, системи за реупотреба на дождовницата и потрошната вода, цевководни фитинзи за водоснабдување во згради и имоти,фитинзи за греење и филтри за вода за пиење, фитинзи за гас, сервисирање, совети, механичка инсталација, дизајн и апликација и многу други иновативни процеси на едно место. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен учесник се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 30 април 2013 година. За повеќе информации за SODEX ANKARA 2013, посетете ја веб-страната: http://www.hmsf.com/ankarasodex/eng/index.asp, или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 23 мај 2013 година бизнис форум во Пекинг, Кина

“2013 ASIA-EU MATCHMAKING EVENT BEIJING”

Стопанската комора на Македонија во соработка со ЕЕН Мрежата за мали и средни претпријатија (ЕЕN Enterprise Europe Network), ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан што ќе се одржи од 21-23 мај 2013 година во Пекинг, Народна Република Кина. Организатори на настанот се Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија во соработка со ЕЕН за централна Кина, а коорганизатор е Европскиот институт (EЕН Шведска), Оддел за наука и технологии.

Главни области на овој настан: - електронски информации и комуникации; - модерно инженерство и производство; - нови материјали, нови извори на енергија; - модерно земјоделство и зелена технологија; - биоинженерство и фармација.

Контакт лице Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk Подетални информации:може да видите : www.b2bmatchmakingbeijing2013.com


БИЗНИС ИНФО

16

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 29 до 31 мај 2013 година во Софија, Република Бугарија

BULCONTROLA & WATER SOFIA

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот Интер Експо Центар, со Бугарското здружение за вода (BWA) и Агенцијата WASSER BERLIN, организираат седма година по ред посета на настанот WATER SOFIA, специјализирана изложба што ќе се одржи во периодот од 29-31 мај 2013 година во Софија, Р. Бугарија. На оваа саемска манифестација во ист период ќе се претстават 2 изложби: 1. BULCONTROLA – контрола и мерни уреди, лабораториска опрема; 2. WATER SOFIA – набавка на вода, обработка и пречистување на вода и отпадни води, контрола на загадувањето и тек на подземните води и заштита на животната средина, опрема за контрола за спречување на поплави и подземни води, опрема и технологија за одржување и чистење на базени, канализација, технологија за производство, полнење во шишиња и дистрибуција на вода за пиење. На специјализираната изложба WATER SOFIA ќе има колективно претставување на повеќе компании од Австрија и од Чешка како изложувачи, што преминува и во една традиционална активност од година во година на овој настан со тенденција за зголемување. Во 2012 година настаните уживаа голема посетеност од посетители од централна и Југоисточна Европа, како и од Блискиот Исток, Индија и Кина. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; - Б2Б средби со изложувачите на барање на компанија која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; - работен состанок со Асоцијацијата за вода и нивните партнери; -пречек од страна на менаџментот на организаторите на саемската манифестација. Посетителот ги покрива патните тошоци во износ од 145 евра / 8990.00 денари зе сместување во двокреветна соба по лице, додека за сместување во еднокреветна соба цената изнесува 198 евра / 12.276.00 денари. Во истите е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во хотел со 4*; - автобуски превоз; - трансфери од хотел до саем и обратно.

Доколку посетителот користи сопствен превоз, цената се намалува за 1.850 денари.

Напомена: Понудата важи за група од минимум 18 патници.

Доколку групата е помала од 18 патници, цената за превозот повлекува зголемување од 20-30 % во зависност од бројот на патниците. Исто така, посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората) За повеќе информации посетете го сајтот: http://iec.bg/en/events Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Стопанската комора на Македонија од 29 до 31 мај 2013 година ве носи на три саемски манифестации од областа на текстилот во Република Турција

INTERNATIONAL İSTANBUL YARN FAIR 2013, ITM TEXPO EURASIA 2013 И HIGHTEX 2013.

Посета по исклучително поволни услови на: * Меѓународен саем за памук, волна, синтетика, природни влакна -10th INTERNATIONAL İSTANBUL YARN FAIR 2013, * Меѓународен Саем за текстил, ткаење,предење, плетење, везење, машини за трикотажа, индустриски машини и хемикалии - ITM TEXPO EURASIA 2013 и * Саем за Технички текстил - HIGHTEX 2013.

до 31 мај 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании.Водечките компании во секторот ќе се сретнат професионалци и инвеститори на текстилниот сектор во Tüyap – Истанбул. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 29

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 22 до 26 мај 2013 година, Република Молдавија

САЕМ ЗА ХРАНА ВО КИШИЊЕВ *20. Меѓународен специјализиран саем за прехранбени производи и суровини за нивно производство *18. Меѓународен специјализиран саем за амбалажа, пакување, материјали за пакување и технологии за нивно производство *20. Меѓународен специјализиран саем на опрема и технологии за преработка на храна Стопанската комора на Македонија во соработка со Меѓународниот изложбен центар„MOLDEXPO“ организираат посета на 3 специјализирани саемски манифестации за храна, пијалаци, пакување, опрема, технологии, што ќе се одржат во периодот од 22 - 26 мај 2013 година во Кишињев, Република Молдавија. Меѓународниот изложбен центар “Moldexpo” е водечка компанија во саемската индустрија во Република Молдавија. Историјата на “Moldexpo “ со 50-годишно искуство и постоење е доказ за неговата активност и актуелност. Поради се` поголемото значење на производството и квалитетот на храната, пијалаците, технологиите за храна и пијалаци, како и пакувањето, чувањето и складирањето на истите, Молдавија утврди стратегија за развој на храна и храна за обработка, која е силно поткрепена и од Владата на Молдавија. На сите саемски изложби за храна посетителите ќе имаат можност да видат разни производи.

Во делот на прехранбени производи: • месо, месни производи, конзервирано месо; • млеко и млечни производи, сирење; • брашно - мелење и производи од жито, снегулки; • пекарници и тестенини; • растително масло; • производство на слаткарски производи, шеќер, мед; • риба и рибни производи; • конзервирани производи, сосови, кечап, зачини; • чај, кафе, какао; • полуготови и замрзнати производи; • сокови, минерална вода, безалкохолни пијалаци; • сув појадок и закуски, сушено овошје, ореви; • деликатесни производи, производи од премиум класата - готови производи; • храна за бебиња; • здрава храна и др.

Во делот на пакување на прехранбени производи: • опрема и машини за производство и мерење на тежина на амбалажата за пакување од полиетилен, полиестер, полипропилен, калај, копјутерски и мануелно, стаклени предмети, брановидни и микро-брановидни статии и др.; • машни за пакување, дозирање, пломбирање, завиткување, вакумирање, лепење, перење и др.; • суровини и полуготови материјали за производство/пакување за лепила, лакови, печатење со мастило, полиетилен и др.; • материјали за пакување од хартија, картон, пергамент, флексибилни материјали за пакување, повеќеслојни материјали, алуминиумска фолија, материјали за транспортно пакување и др.; • тегли, шишиња, конзерви, потрошен материјал, вреќи, кеси, очила, кутии, помошни материјали за пакување како капи, капаци, ленти, тапи и др.; • производство на етикети; • опрема за пакување стоки и аранжман: машини за полиграф, кодирање, означување, обележување, преси за печатење и др.;


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • рециклирање: опрема и технологии на пакување и технички отпад, обработка на техничкиот отпад; • опрема за пренос на готови производи: товарачи, коли, кранови, вилушкари, влечни макари, дигалки, транспортери и др.; • контрола - банкомати и опрема за тежината; • транспорт: меѓународен транспорт и експрес превоз; • магацински: магацински услуги, акции за отпадоци и системи за складирање и чистење и хигиена на капацитетите.

Во делот на технологијата за прехранбени производи: • салон на технологии и опрема за прехранбената индустрија: млечна и месна индустрија, слатки, тестенини, пекарници, подготовка на вино, масла и масти, конзервирани храна и др.; • салон со опрема за ладење, климатизација, компресија и греење; • специјализирана опрема за производство на храна за бебиња; • опрема за трговски и јавни угостителски претпријатија; • контролна - мерна опрема, стандардизација на технолошките процеси; •лабораториска опрема и материјали за контрола на квалитетот на прехранбените производи; • монтажа, упатства, приспособување и ракување со опрема; • еколошки иновативни технологии во прехранбената индустрија; •комплекс на компјутеризирани системи за ажурирање на модерна прехранбена индустрија, компјутеризирани системи за трговија и инвентар.

Во 2012 година настаните уживаа голема посетеност од посетители од централна и Југоисточна Европа, како и од Блискиот Исток, Индија и Кина. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - Б2Б средби со компании од други дејности по претходно искажан интерес од македонски компании. Посетителот ги покрива трошоците за пат и за хотелско сместување. Цена по лице: 899 евра / 55.740 мкд, во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4* на база 4 ноќевања со појадок (од 22 - 26.5.2013 година) во двокреветна/ трикреветна соба; - хотелско сместување во хотел со 4*, во еднокреветна соба на база 4 ноќевања со појадок ( од 22 -23.5.2013 година е 1150 евра / 71.300 мкд), кои вклучваат: - авиобилет: SKOPJE – VIENA 22 MAY 2013 BR. LET OS 776 04.30 - 06.05 VIENA - CHISHINAU 22 MAY 2013 BR. LET OS 655 12.30 - 15.10 CHISHINAU - VIENA 26 MAY 2013 BR. LE OS 656 15.50 - 16.45 VIENA - SKOPJE 26 MAY 2013 BR. LET OS 775 22.30 - 00.05 +1 (плус доплата за аеродромските такси од 157 евра / 9.734,00 мкд); - трансфер од аеродром до хотел и обратно; - трансфер секој ден од хотел до саем и обратно. Напомена: Понудата важи за група од минимум 10 патници. Доколку групата е помала од 10 патници, цената за превозот повлекува зголемување од 20-30 % во зависност од бројот на патниците. Исто така, посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората). Пријавување до 29.4.2013 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://en.moldexpo.md/about Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4 до 7 јуни 2013 година Меѓународен саем за сточарство, добиток, млеко и млечни производи и опрема во Турција

ANIMALIA 2013 ВО ИСТАНБУЛ

Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбсадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува на организирани Б2Б деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот ќе може да се видат: - Млечни и сточарски интегрирани објекти; - Опрема за производство и дистрибуција на стока и добиток; - Суровини и фабрики за сточна храна; - Додатоци за храна за добиток; - Системи за хранење и наводнување; - Ветеринарна медицина, биолошки производи , лаборатории и иструменти; - Производители на храна и семе за стока и добиток; - Лабораториски и дијагностички уреди; - Компании за изградба и инфраструктура за сточарство; - Прехранбената индустрија и комплементарни производи дистрибутери; - Компании за хигиена и санитарии; - Генетика и најнови технологии; - Млеко и млечни производи.

На саемската манифестација ќе се одржуваат и неколку панели, работни сесии и презентации на брендирани компании од овие дејности за разменена на искуства и пренесување на знаење стекнато од работењето. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 22 мај 2013 година. За повеќе информации за ANIMALIA и SEAEXPO 2013, посетете ја веб-страната http://www.animaliaistanbul.com/en/index.html или контактирајте не`.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникации и информатичка технологија; - енергетска ефикасност и управување; - животна средина (вода и ѓубре); - транспорт и мобилност; - здравство; - изградба и реновирање на згради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт:

Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk

Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 sofce@mchamber.m


БИЗНИС ИНФО

22

четврток,25 април 2013, Бр. 133

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088 ic@mchamber.mk


bsi.

ISO 9001

18 - 19 Јуни 2013 БИЗНИС Бизнис ИНФО средби

Quality Management

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБИКА

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION Интелигентно-одржлив град, Ница,

Јуни 2013 година година

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите: Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач •Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; •Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; •Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок; • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците; • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници;

За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 e-mail: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 e-mail: simona@mchamber.mk

стр. 1


четврток, 9 мај 2013, Бр. 135

БИЗНИС ИНФО

24

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Ерменија заинтересирана е да пласира стерилни течни лекови во Република Македонија. Валидност дo: 18.6.2013 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски и гаражни врати, како и логистиката опрема за ракување - рампи, платформи, приклучни засолништа, врати, огноотпорни врати, врати за ладилници. Валидност дo: 19.6.2013 година Компанија од Грција бара соработка со туристички агенции и туроператори во Република Македонија. Валидност дo: 19.6.2013 година Компанија од Русија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема, возила и машини за работа во зимски услови.

Валидност дo: 19.6.2013 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на производство и трговија со вино во Република Македонија. Валидност дo: 19.6.2013 година Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маслинови садници. Валидност дo: 19.6.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на термостати за радијатори со чија помош се штедат милиони тони нафта или кубни метри природен гас и придонесуваат кон намалување на емисиите на СО2. Валидност дo: 22.6.2013 година

пласман на вино. Валидност дo: 22.6.2013 година Компанија од Грција заинтересирана е да увезе јагнешко месо од Република Македонија. Валидност дo: 22.6.2013 година Компанија од Романија заинтересирана е да инвестира во термоцентрала во Република Македонија на гасен погон, за производство на елeктрична и топлинска енергија. Валидност дo: 23.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со државни институции, трговија, индустрија и услужни дејности за пласман на безбедносни етикети и ленти, налепници, плакети за возила, книшки и лични документи, како и производи со бренд заштита Компанија од Германија бара во Република Македонија. заедничка соработка со македонски Валидност дo: 23.7.2013 година винарници за производство и


25

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на производство на грејни котли на дрво и течни горива во Република Македонија. Валидност дo: 23.7.2013 година Компанија од Турција бара да откупи од Република Македонија кожи од крупен добиток, машински обработени, една кожа од 25-35 кг, без глави и опашки. Кожите да бидат во помал број од женски животни по EУ-стандарди, а побарувачката да биде најмалку од 1000 тони. Валидност дo: 23.6.2013 година Тенискиот клуб „Александар Палас“ Ви нуди место за спорт, дружење, бизнис и пријателство. Кафе-барот со капацитет за 250 лица е сместен во прекрасна зелена околина која нуди уникатна атмосфера за уживање и социјализирање, особено во летниот и пролетниот период. Во тој контекст, доколку сте спремни задоволството меѓу спортот и уживањето да го делиме заедно, Ве повикуваме да закупите свој рекламен простор на тениските терени по следнава спецификација: - истакнување на Вашиот бренд на самите тениски терени по цена од 300 евра по терен за времетраење од 1 месец. Вкупно има 4 терени (plexi cussion подлога) и може да се брендираат со Ваши платна на секој терен. Димензиите на платната се 9м х 3м (висина). Платната мора да бидат мешперфорирани. Изработката на едно платно изнесува околу 20.000,00 денари без ДДВ. Сезоната на Тенискиот клуб „Александар Палас“ трае 6 месеци, притоа платната се поставуваат во месец мај и се демонтираат во

месец октомври. Валидност дo: 23.6.2013 година Компанија од Белгија бара пласман на стакло, специјални производи од стакло наменети за бањи и фасади во разни бои и дебелина од 10 см со висок квалитет во Република Македонија. Валидност дo: 24.7.2013 година Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плсаман на гумени прстени. Валидност дo: 24.8.2013 година Компанија од Хрватска бара да соработува со компании во Република Македонија за проширување на својот бизнис во областа на отпадоци од челик и железо. Валидност дo: 24.8.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Мкедонија за пласман на машини за жнеење и чистење на шеќерна репка. Валидност дo: 24.7.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на CocaCola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето.

Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251 со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП-заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60 м3. Сите објекти имаат три силни аргументи за инвестирање во нив: -имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци; -поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловен простор; -близина до главниот автопат E75 (15км).

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО КОМОРА СТОПАНСКА

НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 135 од 9 Мај 2013 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu