bsi.
БИЗНИС ИНФО
ISO 900
Quali Mana
bsi. НА МАКЕДОНИ СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА
FS 549
Osnovana 1922
ISO 9001
goodini
Quality Management
192
2 - 2016
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
БИЗНИС ИНФО Founded 1922
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 261
www.mchamber.mk
31.3.2016
Очекувањата во тутунската индустрија по завршениот откуп на тутунот
ВИСОКАТА ОТКУПНА ЦЕНА ГО СТАБИЛИЗИРА ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
АВСТРИЈЦИТЕ РАЗМИСЛУВААТ 30 ГОДИНИ ОДНАПРЕД, А МАКЕДОНЦИТЕ? Во Австрија голем дел од луѓето имаат повеќе од едно животно осигурување и често пати сумите што ги осигуруваат се доста високи во однос на нивните приходи. Во Македонија пак, според сите податоци на осигурителните компании, овој процент е релативно мал, иако бројот на склучени договори расте секоја година. Еден од главните фактори за ова е фактот што Македонците многу малку сакаат да размислуваат за негативните работи кои можат да им се случат во животот. Иако не ги негираат лошите работи, тие се уверени дека баш нив тоа нема да им се случи. Но фактот што ние не сакаме да размислуваме за лошите работи што може да ни се случат, тоа не значи дека може да ги спречиме. Затоа е важно да бидеме свесни за реалноста дека се може да се случи и добро е во таков случај да бидеме подготвени. Постои верување кај луѓето тука дека доколку се случи нешто лошо или пак се најдат во криза, тие можат да се потпрат на нивните пријатели и семејство за помош и поддршка. Овде на овие простори тоа е сосема нормално. Во Австрија работите се поразлични, целото општество е многу повеќе индивидуализирано, вие не можете така едноставно да ги замолите пријателите за помош кога сте во криза. Луѓето овде не се научени да размислуваат долгорочно.За разлика од Австрија, каде луѓето се подготвени да размислуваат 30 години однапред. Со тоа тие покажуваат доверба дека парите ќе им бидат исплатени и свесност дека за 30 години се може да се случи и тие треба да бидат подготвени. Во Македонија тоа не е случај. Доста често како причина за тоа што не сакаат да склучат договор за животно осигурување се користи недовербата во компанијата која им го продава животното осигурување. (Бернд Ахац, член на Управниот одбор на Винер лајф компанијата за животно осигурување за порталот МКД.МК)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПОДВЛЕЧЕНО
ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ МОЖАТ ЕДНАКВО ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО ДЕЛОВНАТА СРЕДИНА
Жените и мажите можат еднакво да придонесат за подобрување на родовата еднаквост во деловната средина. Родовата нерамнотежа која ја гледаме денес е претежно резултат на културата во која улогите се утврдени онака како што се. Токму затоа, подобрувањето на родовата еднаквост е процес во кој предрасудите треба да
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО останат зад нас. Она што е важно е квалитетот на личноста. Без оглед на полот, во процесот на селекција, за секој работодавач се најважни вештините, компетенциите и општествената интелигенција која е во согласност со компаниската култура. Сè почнува од тука. Мило ми е што во тој поглед се чини дека има доста добар напредок. Компаниите денес се заинтересирани единствено за успех и ги избираат најдобрите кандидати, без оглед на нивниот пол. Како глобална компанија, HEINEKEN е одличен пример за промоција на овој начин на размислување. Од компанија во која пред десетина години доминираа, првенствено, мажи, денес прерасна во компанија во која има голем број успешни жени сениор-лидери кои се наоѓаат на клучни позиции насекаде низ светот. За да го постигне тоа, HEINEKEN се заложи во глобалната стратегија активно да работи на различноста и развојот на таленти. Меѓутоа, структурни промени се потребни во она што се случува во општеството и особено во семејната средина. Како што споменав и претходно, за жал, од жените се очекува да изберат: да го посветат животот на семејството или да изберат кариера. Токму затоа компаниите, јавноста и владините институции треба да се стимулираат со цел да постават свои цели за родова еднаквост. Важно е да се изврши приспособување на законодавството со цел мажите да имаат своја улога во семејството (на пример, татковско отсуство, боледување во случај на болно дете итн.). (Бранка Славеска, извршен директор во HEINEKEN Хрватска во „Полна Чаша“)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕЗЕНТАЦИИ Актуелните трендови во меѓународната трговска арбитража и очекувањата на корисниците од арбитражните институции
ЕФИКАСНОСТ, БРЗИНА И ПРЕДВИДЛИВОСТ НА ТРОШОЦИТЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ На покана на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, на 24.3.2016 година, д-р Александар Пече (Alexander Petsche) пред компании-членки на Комората, претставници на адвокатската фела, научната и стручната јавност, одржа презентација на тема:„Актуелните трендови во меѓународната трговска арбитража и очекувањата на корисниците од арбитражните институции“.
Д-р Александар Пече е раководител на Одделот за решавање спорови во „Baker & McKenzie“ за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка и е член на Претседателството на Виенскиот меѓународен арбитражен центар. Д-р Пече има долгогодишно искуство во застапување клиенти во меѓународни арбитражни
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕЗЕНТАЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО
постапки поведени според Правилата на Виенскиот меѓународен арбитражен центар (Vienna Rules), Арбитражните правила на Меѓународната трговска комора (ICC Rules), Правилата на Арбитражната институција на Швајцарските комори (Swiss Rules), Правилата на Арбитражниот институт на Стокхолмската стопанска комора (Stockholm Rules) и Правилата на Лондонскиот суд за меѓународна арбитража (LCIA Rules). Д-р Александар Пече накратко се осврна на основните карактеристики на арбитражниот начин на решавање на спорови наспроти постапка пред државните судови, кога станува збор за решавање на спорови од меѓународен карактер. Во својата презентација тој истакна дека арбитражните институции треба да се стремат да ги исполнуваат очекувањата на странките во постапката, кои се насочени пред се` кон поголема ефикасност во решавањето на споровите, побрзо завршување на постапката и предвидливост на трошоците на таа постапка. Д-р Пече особено се осврна на актуелните трендови во меѓународната трговска арбитража, вклучувајќи ги прашањата за управувањето со постапката од страна на арбитражниот суд, можностите за уредување на посебни забрзани арбитражни постапки и именување на посебен арбитер за определување на привремени мерки во итна постапка, можностите за спроведување на повеќестрана арбитража и спојување на арбитражни постапки, доверливоста на арбитражните постапки и можноста за објавување на арбитражни одлуки, како и можностите за редуцирање на трошоците на постапката.
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕЗЕНТАЦИИ Основната предност на арбитражното решавање спорови, како што појасни Печe, е тоа што и двете странки можат да изберат стручњаци кои ќе работат на спорот. Ако одите во државен суд вие не знаете какво искуство има и во кои области е стручен судијата кој ќе биде назначен за вашиот случај. Не ретко, се случува некој случај кога се носи пред државен суд да биде изгубен заради тоа што странките не успеваат да се снајдат во сложените правила за постапката. - Се надевам дека арбитражата како начин на решавање спорови во Македонија ќе стане популарна како за домашни, така и за спорови со меѓународен карактер, изјави Александар Печe.
Според претседателот на Постојниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, проф. д-р Арсен Јаневски, во Македонија во последните години интензивно се работи на промоција на арбитражата со странски елемент затоа што нашите фирми главно досега договарале арбитража со странски елемнет надвор од државата. - Последните неколку години откако е востановено претседателството и новите органи и правила на арбитражите бројот на предметите се зголемува. Но, се` уште не сме задоволни со бројот иако имаме предмети кои се со многу поголема вредност, што бргу ги завршивме, изјави Јаневски, посочувајќи дека е најважно што сите пресуди
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
9
ПРЕЗЕНТАЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО
што се донесени досега се извршени. Во тек се постапки за четири-пет предмети што верува дека ќе се завршат за кратко време. Просекот на времетраење на предметите се движи од шест до девет месеци, а најдолго до година. Станува збор претежно за трговски спорови со странски елемент, должничко-доверителски односи, неисполнување на договорни обврски. На крајот од својата презентација, д-р Пече се осврна и на последните измени на Арбитражните правила на Виенскиот меѓународен арбитражен центар (VIAC). Настанот беше искористен за унапредување на соработката на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со реномираните светски арбитражни институции и понатамошна промоција на арбитражата како метод за решавање на спорови. М-р Татјана Штерјова
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ФОКУСИРАНО
ГОЛЕМ НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ НА КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ХОТЕЛ „РУСИЈА“ - SKY BAR
Клубот на менаџери-претприемачи на 24.3.2016 година организираше уште еден голем настан во рамките на предвидената годишна агенда, поточно, настан за вмрежување кој се одржа во Хотел „Русија“ – Sky Bar, како одлична можност за дополнителна промоција на членките на Клубот во неформална и релаксирана атмосфера со бројни изненадувања. Со цел поттикнување размена на контакти и
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
11
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО создавање можности за бизнис-соработка, покрај членовите на Клубот на менаџерипретприемачи на настанот присуствуваа и претставници од други компании, воедно и од органите и телата на Стопанската комора на Македонија. Настанот го отвори специјалниот гостин Клубко, најмалиот член на семејството на Клубот на менаџери-претприемачи, кој ги поздрави гостите и ја најави д-р Јелисавета Георгиева, иницијаторот за формирање на Клубот, која пред присутните ги презентираше уникатната мрежа на Клубот, активностите кои ги опфаќа и услугите кои ги нуди за своите членки.
Како дел од бројните изненадувања за вечерта, дел од членките на Клубот на менаџери-претприемачи доделија награди за присутните, меѓу кои: „Кожувчанка“ ДОО - Кавадарци, „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје, „МџРобин“ ДОО - Гостивар, „Албатрос“ - Штип, „Б-ВОЧ“ ДОО - Скопје, „Комфи Ангел“ ДОО - Прилеп, Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андревски“ – Скопје, „Нипром – МП“ ДООЕЛ - Струмица, Хотел „Русија“ како членка и домаќин на настанот, како и „Веропулос“ ДООЕЛ - Скопје како ценет и долгогодишен покровител на Стопанската комора на Македонија. Менаџерите имаа можност накратко да ги претстават своите компании пред присутните, да промовираат нова услуга или производ или пак да споделат искуства од членувањето во Клубот. Клубот на менаџери-претприемачи продолжува со своите активности, едукативни настани кои се организираат во посебно опремената бутик-сала „Дуна компјутери“ која се наоѓа во Стопанската комора на Македонија, како и со team-budiling активностите во Македонија, но и надвор. Симона Ристоска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ФОКУСИРАНО
Интервју на д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанска комора на Македонија за „Утрински весник“
ЕДУКАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ НА ФИРМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКИ КЛУБ „Нашите членови имаат можност да се приклучат во мрежата и да споделат искуства, знаење преку едукација и контакти со фирмите и институциите“, вели д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанска комора на Македонија Стопанската комора на Македонија, следејќи ги трендовите во европските
земји, креираше нова алатка со која ќе им помага на бизнисите за нивен постојан раст. Формиравте Клуб на менаџери кој има веќе 40 членки, и на овие фирми им ставате на располагање логистика, знаење, професионалност, поддршка од домашните институции со цел нивна поддршка, развивање, напредок и поврзување со домашни и странски партнери. Овој клуб веќе почна да функционира, на кој начин се врши поврзувањето, односно вмрежувањето на компаниите?
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
13
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за членување во мрежа на растечки мали и средни компании. Нашите членови имаат можност да се приклучат во мрежата и да споделат искуства, контакти и знаење со цел остварување на континуиран раст и поддршка на бизнисот, преку постојана едукација и контакти со фирмите и потребните институции. Целта на Клубот е да овозможи учење преку релаксирана, но продуктивна атмосфера во насока на остварување раст за бизнисот на конструктивен начин. Членовите имаат можност да следат едукативни настани во текот на целата година, со однапред предвидена програма која вклучува повеќе настани месечно, зависно од избраното ниво на едукацијата и програмата за секое лице посебно. Секако на вмрежувањата има претприемачи од големи компании кои ги споделуваат нивните искуства за успех, но и можностите за соработка со другите. Фирмите меѓусебно ќе споделуваат знаења, дали се очекувате да произлезат и партнерства на конкретна соработка меѓу компаниите? Бројните едукативни програми и обуки кои се нудат на пазарот им овозможуваат на менаџерите да го поттикнат стручниот и професионалниот развој на своите вработени, но она што е предност за нашиот Клуб е конструктивната програма и мрежа наменета за повеќе нивоа на менаџмент во компаниите. Од таа причина, Клубот на менаџери-претприемачи организира настани и нуди програми кои во крајна линија треба да придонесат за споделување знаење и искуство со цел долгорочна поддршка на компаниите и создавање нови можности за раст и поврзување со саканите партнери. Што опфаќаат едукативните настани, и кои се’ ќе бидат предавачи, дали вработени, менаџери од самите компании или и надворешни експерти, професори од земјава и од странство? Едукативните настани опфаќаат обуки наменети за развој на „меки“ вештини потребни за секоја дејност, но и професионални, стручни обуки во рамките на кои компаниите ќе стекнуваат познавања од различни области важни за тековното функционирање на секоја компанија. Дополнително, во рамките на секое ниво, постојат еднодневни семинари на теми од различни области во делот на ИСОстандардите, финансиите, човечките ресурси, а особено теми во делот на законските измени и следење на сите новини. Стопанската комора на Македонија соработува со врвни предавачи и тренери од Македонија и од регионот. Членовите на Клубот имаат можност да се запознаат и да споделат искуства и знаење не само со тие предавачи туку и со многу еминентни гости- менаџери или експерти од повеќе нивоа од домашните
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ФОКУСИРАНО компании кои на практичен начин го споделуваат своето искуство, што овозможува ширење на мрежата и креирање на бизнис-можности. За компаниите организираме и едукации во нивните седишта и на теми од нивно барање, а постојано правиме посети со цел осознавање на нивните потреби, проблеми со кои се соочуваат при секојдневното работење и давање на стручна поддршка. Кои привилегии освен едукативните настани ги нуди Клубот на менаџери претприемачи? Членовите на Клубот добиваат ексклузивни можности, понуди, попусти и соработка со покровителите на Стопанската комора на Македонија кои во моментот ги има над 40. Привилегии од Советот на странски инвеститори. Во овој Совет членуваат повеќе од 115 странски компании од различни земји и сектори, кои имаат значаен придонес во бруто-домашниот производ и севкупната вработеност на населението во земјата. За членовите на Клубот на менаџери -претприемачи привилегиите значат можност за создавање на нови партнерски релации, особено во делот на развивање на ланци на добавувачи. Стопанската комора има воспоставено соработка со Виенскиот институт за меѓународни економски студии што ќе значи обезбедување стручни анализи, истражувања и студии за различни дејности во согласност со потребите на стопанството од корист за нивниот бизнис. Клучните бенефиции од членството на Комората во ЕЕН мрежата - Ентерпраис Европа нетворк се во насока на подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, интензивирање на бизнисрелациите и трансфер на технологија. Дали фирмите покрај нивната меѓусебна комуникација, ќе можат да го користат, што се вели, членството на Стопанската комора во повеќе меѓународни организации, но и поддршка во насока на организирање на саеми, конкурирање за ЕУ фондовите, па дури и помош при решавање на нивните спорови, што ги имаат меѓу себе фирмите? Точно така, фирмите ќе можат да користат многу услуги, една од нив е услугата Екселлент СМЕ, односно да добијат сертификат за деловно работење кој Стопанската комора на Македонија го издава во соработка со позната агенција за кредитен рејтинг од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот, добрите бизнис-практики
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
15
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО и да се зголеми пазарната транспарентност. Членките на Клубот ќе имаат информации за активностите од регионалната и меѓународната бизнис мрежа со што нашите бизниси можат со квалитетите со кои располагаат да излезат надвор и организирано и поддржано од нас да ги презентираат своите можности. Фирмите ќе добијат поддршка и во организирање на Б2Б средби, саеми, презентации, форуми во Македонија и на меѓународно ниво, во делот на апликации за ЕУ проекти и фондовите, консултации, споделување на бизнис информации. Фирмите ќе имаат и привилегии од постојан суд -Арбитража при Стопанската комора на Македонија, надлежна за арбитражно решавање на домашни спорови и на спорови со меѓународен елемент, спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Оваа институција која е во палетата на услуги кои постојано ги нудиме на членките на клубот е погодна за мали спорови, за наплата на побарувањата како и за ефикасно и брзо завршување на стопанските предмети кои договорно ја предвидуваат арбитражата со арбитражна клаузула. („Утрински весник“)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
СОГЛЕДУВАЊА
Очекувањата во тутунската индустрија по завршениот откуп на тутунот
ВИСОКАТА ОТКУПНА ЦЕНА ГО СТАБИЛИЗИРА ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за производната 2015/16 година склучени се 24.854 договори за откуп на тутун или 6.000 помалку во однос на претходната 2014/15 година (34.445 договори) односно 14.000 (30%) намалување во споредба со 2013 година (42,367). Според добиените информации од тутунските претпријатија, оваа година беа насеани вкупно 14.127 или на приближно исто ниво како претходната година (14.030 ха), а што е во однос на претходната, 2013 година намалување за 17%. Од овие површини се откупени околу 19.000 тони или 24% помалку од претходната година (24.857 тони) или дури за 35% помалку од претходната, 2014 година (откупени 30.997).
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
17
СОГЛЕДУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО Со просечно постигнатата откупна цена од околу 185 ден по кг (или 58% повисока од претходната), за да биде во целост откупено овогодинешното производство на суров тутун од реколтата во 2015/16 година (податок заклучно со 15.3.2016 година (19,000 кг. х 185 ден/кг ) ќе бидат потребни околу 3.515.000.000 денари или 57 милиони евра. Вредноста на субвенциите изнесува 2.154.695.000,00 денари. Ова беше нагласено на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Очекувањата во тутунската индустрија по завршениот откуп на тутунот“.На оваа тема зборуваше Васко Ристовски, експерт во Стопанската комора на Македонија. Оваа година за прв пат се случува за новата реколта, откупните претпријатија да извршат одредено намалување на бројот на склучени договори за производство на тутун. Ваквата состојба откупните претпријатија ја оправдуваат со намалената побарувачка на ориентални типови тутун на светско ниво. Година 1991 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Број на договори 37 543 33 000 54 661 43 622 34 254 33 906 26 971 27 343 38 493 39 028 29 230 29 771 30 519 38 710 40.743 33.234 29.090 42.367 34.445 28.454
Насади -ха20 818 16 890 21 657 19 947 22 785 20 074 20 615 15 017 15 204 15 808 15 072 16 870 17 185 16 212 18 846 15.677 14.609 19.806 14.030
Откуптони25 452 20 880 32 398 28 122 20 097 22 500 23 000 19 839 23 196 23 083 19 680 16 280 23 196 26 393 21 024 27.993 30.997 24,857 19.000
Просеч-на цена дн/кг
Субвенција
118,1 140,6 167,4 191,9 136,6 164,8 180,2 152.6 117 185
295.215.000,00 488.700.000,00 725.670.000,00 1.393.300.440,00 1.583.580.000,00 1.261.440.000,00 1.679.580.000,00 1.859.820.000,00 1.452.820.000.00 2,154,695,000,00
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
СОГЛЕДУВАЊА 1. Откуп Се откупи целата ланска реколта тутун до крајниот законски рок 15 март 2016 година. Во земјава се откупени вкупно 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм, на задоволство и на тутунарите и на откупувачите. Иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 насто. Наместо 25.700 тони колку што откупувачите пријавија во Министерството за земјоделство, се откупија 19.000 тони. На ниските приноси, главно влијаеја три фактори: проблеми со расадопроизводството, поради пролетните обилни дождови не се обработија површините да се засадат со тутун, како и големите жештини летоска кои не дозволија тутунот да има повеќе листови. Наспроти малата колича, ланската реколта е квалитетна и тутунарите постигнаа добра просечна цена. Тутунарите, заедно со субвенциите од државата вкупно добија во просек по 4 евра за килограм тутун, што е добро и за тутунарите и за новата реколта тутун. Во моментов им се исплаќаат субвенциите на тутунарите кои, пак, паралелно ги прават подготовките за новата реколта. Настојувањата се и годинава да се задржи истиот број тутунопроизводители. Постојаните тутунопроизводители може да ги зголемат површините под тутун. Веќе 40 насто од леите со тутунски расад се посеани. Овој месец откупните компании, кои годинава се 10, заедно со грчката „Секе“, до Сојузот ги доставуваат предлог-договорите за новата реколта тутун. Сојузот бара и повисоки откупни цени, пред се`, за втора и трета класа. Од десетте, пет откупни фирми ги доставија предлог-договорите со новите цени кои нешто се зголемени. Тутунарите бараат зголемување на цената за третата класа од 145 на 150 денари за килограм, и на 195 денари за втората класа. Не бараме некое големо покачување на првата класа, зашто тутунот, главно, се проценува во втора и трета класа, па затоа најмногу одговара на интересите на тутунарите. Динамиката на откупот на тутунот за последната година соодветно на производството, бележеше намалување со забележителен раст на просечната откупна цена. Во 2015 година намален е откупот за 24% во однос на претходната година, додека просечната откупна цена беше зголемена за 58% споредено со 2014 година, односно 21% во однос на 2013 година. 1.Тутун суров лист, неферментиран
1998
2002
2004
2005
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
Количина (тони)
20.880
21.401
19.839
23.196
23.196
26.158
21.024
27.993
30.997
24,854
19.000
-Вредност во милиони денари
2.725
2 636
2.718
2.910
4.453
3.583
3.511
5.039
4.730
2,908
3,515
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
19
СОГЛЕДУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО -Просечна цена ден/кг
130,5
123,2
137
125.4
192
137
167
180
152
117
185
Оваа година најмногу беше откупет тутун од типот ПРИЛЕП -16.683 тони, ЈАКА2.149 тони и БАСМАК 76 тони. Единич-на мера
1998
2002
2004
2005
2008
2010
2011
2012
2013
2014
2015
Тони
14.612
17.378
15.248
15.117
19,305
16.546
21.495
22.462
25.444
22.558
22,493
Фер-мен-тиран тутун
Просеч-на цена САД $/кг
3,39
3,28
3,7
3,8
5,03
5,7
5,5
5,3
6.1
5.6
4.2
Цига-ри
Тони
3.760
3.000
2.317
2.315
2.547
3.7523
4.431
3,057
3,032
2.160
1,478
Просеч-на цена САД $/кг
8,20
6,36
6,34
6,34
10,07
7.5
7.9
7,8
9,2
8,3
7,5
Производ
А) Извозот на тутун и преработки во 2015 година изнесува 23.971 тони, што претставува благо намалување од 4% во однос на 2014 година кога беше реализиран извоз од 24.720 тони или намалување од 14% во однос на 2013 година, односно 4% во споредба со 2012 година. Вкупните остварени финансиски резултати од извозот на тутун и тутунски производи во 2015 година изнесуваат 106.700 милиони САД $, односно 28% помалку споредено со 2014 година (146.213 милиони САД$) или 40% помалку во однос на 2013 година (180.876,036 САД $). Б) Увезени се 3.480 тони тутун и тутунски производи или 9% повеќе во однос на претходната година (3,190 тони) односно 25% помалку споредено со 2013 година (4.595 тони). Увоз на тутун и тутунски производи Производ Ферментиран тутун Цигари
Един. мера
1998
2002
2004
2005
2008
2010
2011
2012
2013
2014
2015
Тони
6.665
3.381
4.125
2.683
3.260
2,911
3,625
4,968
3,197
1,463
1,216
Просечна цена САД$/ кг
2,35
2,48
2,04
3,04
3,22
4.67
4,09
4,52
5,4
5,3
4,8
Тони
400
502
266
266
619
724
980
1,268
1,398
1,724
2,260
Просечна цена САД$/кг
6,67
5,80
13,8
13,8
9,49
10,8
11,06
10,4
12,1
13,7
7,84
Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
АКТУЕЛНО
Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите
НА ЗАЕДНИЧКА МАСА СО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСПЕКЦИСКИ ИНСТИТУЦИИ Во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на 30.3.2016 година, во Комората се одржа состанок, на кој покрај членките, присуствуваа и претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Царинската управа и Инспекцискиот совет на РМ. Темата на состанокот беше што нуди новиот Закон за градежни производи, како и кои документи треба да ги подготви производителот, односно увозникот за пласман на производот на пазарот? Како што истакна претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, овој состанок е свикан на барање на членките на Здружението, од причина што досега многу
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
21
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
пати е разговарано на оваа тема, но без присуство на институциите кои се надлежни за инспекциски надзор. Покрај расправите на седници на Здружението, како што истакна Марија Петроска од Комората, повеќе пати беа одржувани и едукативни семинари на кои се дискутираше за законските решенија кои мора да се почитуваат од страна на производителите и увозниците на градежни материјали. Последниот семинар насловен како „Најновите измени во законската регулатива за градежни производи“, беше одржан во ноември 2015 година на кој интерес искажаа компаниите кои сепак имаат познавање на законската регулатива и подзаконските акти, но и европските стандардите кои треба да се имплементираат во производството. На состанокот беа изнесени и податоци за градежната индустрија, посебно за суровинската база. Согласно Законот за минерални суровини, заклучно со март 2016 година во Македонија се доделени вкупно 376 концесии. Една фирма може да има и повеќе концесии за која и да било минерална суровина. Од вкупните концесии, 28,5% или 107 локации се концесии за варовници, 6,9% (26 локации) за кварц и кварцити, 24% (24 локации) за песок и чакал (овде не се вбројуваат компаниите кои имаат решенија за регулирање на речните корита, како и така наречени диви копачи), 3,2% (12 локации) за метали и околу 55% (207 локации) за
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
АКТУЕЛНО
останати минерални суровини (мермери, фелспад, гипс, минерални води и други). Од страна на м-р Соња Черепналковска од ИСРМ беа презентирани одредби во Законот за градежни производи кои се однесуваат за условите за пуштање на производот на пазар, означување на „СЕ“ ознака, обврски на економските оператори, надзорот и контролата на пазарот и друго. Посебно внимание и интерес предизвикаа изјавата за својства, како и техничките упатства кои се составен дел на изјавата за својства. Исто така, беа презентирани различни примери на изјавите за својства, меѓутоа, како што беше нагласено, содржината е пропишана согласно Законот. Од страна на Златко Илиевски од Градежниот институт „Македонија“ беа презентирани Системите за оценка и проверка на постојаност на својства 1, 1+ и 2+, како и 3 и 4. Во излагањето беше истакнато што треба да се бара од при проверката, односно дали производителот/увозникот има изјава за својства, кога е издадена, дали е во согласност со техничката спецификација, дали ознаката на производот, датата и бројот соодветствуваат со тие на Изјавата за својства. Беше презентиран и пристапот до Нотификационото тело, проверка на валидноста на Изјавата, посебно за производи кои се увезуваат во РМ. Во обемната дискусија беше потенцирано задоволството што за прв пат, заедно на една маса се седнати сите надлежни инспекциски органи, заедно со директорката на
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
23
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Инспекцискиот совет, како и претставници на членките на Здружението кои ја покренаа оваа иницијатива. Се поставуваа прашања и се предложи да се направи измена и дополнување на членот 51 од Законот, заради вклучување и давање ингеренции на градежните надзорни инженери и за објекти од втора категорија. На крајот се заклучи дека вакви состаноци се неопходни, заради координираност на сите субјекти вклучени од експлоатацијата на суровините, производството и вградувањето на градежните материјали во објектите. Крајната цел, како што беше истакнато, е уште поквалитетна градба, од причина што градежништвото во овој период бележи зголемување на ангажираноста. За таа цел е потребно прво едуцирање на инспекторите, за што ќе се направат листи, во кои ќе биде опишано што е потребно да се бара за проверка на производството. Здружението и понатаму ќе продолжи со своите зацртани цели, а како што беше договорено, следна средба е со каменоломите, кои имаат добиено 107 концесии за варовник. Заеднички инспекциите и Здружението ќе настапуваат паралелно во едукација, како на самите инспектори, така и на сопствениците на каменоломите.
Марија Петроска
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Со кампањата „Шанса за живот“ на ОКТА
ОПРЕМЕН ИНТЕНЗИВНИОТ ОДДЕЛ НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ Со кампањата „Шанса за живот“ на ОКТА, Интензивниот оддел на Клиника за Детски болести во Скопје доби нова опрема. Последната од неколкуте донации што се спроведоа во рамките на кампањата се состои од апарат за фототерапија кај бебињата, комплети за нормално дишење на новороденчињата, вакуум аспиратори и сонди за пулсоксиметари. За време на кампањата што траеше речиси две години беа набавени и нов инкубатор и бебји терм, а беше извршено сервисирање на три постоечки инкубатори, аспиратори и перфусори. Донираната медицинска опрема значајно придонесе кон подобрување на состојбата на Интензивниот оддел, а со тоа и зголемување на капацитетот за прием на новороденчиња кои се раѓаат со компликации. -Пред две години започнавме кампања со која сакавме да помогнеме онаму каде помошта беше најпотребна. Кампања која има за цел постигнување на корисни решенија за целата заедница. Денес, судејќи според бројот на граѓани, компании и организации кои активно ни ја дадоа својата поддршка, убедени сме дека иницијатива што решивме да ја преземеме, навистина направи разлика. Можам да кажам дека благодарение на поддршката од целата јавност, успеавме да направиме видлива, позитивна промена и со тоа дадеме вистинска шанса на новороденчињата од одделот за Интензивна нега. Би сакал да се заблагодарам на сите кои веруваа во нашата цел, бидејќи без придонесот на секој еден од вас, кампањата „Шанса за Живот” немаше да биде толку успешно спроведена. Особена благодарност упатувам и до директорката на Клиниката за детски болести, г-ѓа Аспазија Софијанова и нејзиниот тим за довербата, како и одличната соработка која ја имавме изминатиов период, - изјави главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос. Со оваа последна донација завршуваат и активностите поврзани со кампањата. Во изминатите две години „Шанса за живот“ доби голема поддршка од медиумите во земјава додека над 50 јавни личности се приклучија и повикуваа на акција. Кампањата ја следеа над 17.000 граѓани на социјалните мрежи, а 20-тина компании со сопствени донации се придружија во остварувањето на оваа цел. (OKTA)
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
25
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА Роберт Паркер во своето списание „Wine Advocate“ го „верифицира“ квалитетот на производите на најголемата винарија во Југоисточна Европа
НОВИ ВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА СЕДУМ ВРВНИ ВИНА ОД „ТИКВЕШ“ Роберт Паркер, најпознатиот светски вински критичар и една од највлијателните личности во светот на виното воопшто, во своето специјализирано списание „Wine Advocate“ објави нови високи оценки за седум врвни вина од винарската визба „Тиквеш“, членка на Стопанската комора на Македонија. Тимот на Паркер и овојпат ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“, потврдувајќи го своето високо мислење што почна да го гради пред пет години, со високата оценка на „Бела вода“ од бербата 2010. - Со овие оценки, „Тиквеш“ и македонската винска индустрија се издвојуваат како водечки од целиот овој регион зашто не постои друг производител од овие краеви кој добил вакви и толку многу оценки за своите вина. Тоа јасно зборува за квалитетот, но и за винскиот потенцијал на земјата од каде потекнуваат овие вина, - рече светски познатиот енолог и вински консултант Филип Камби на средба со новинарите. Според Камби, добриот глас на Паркер се шири многу брзо и многу далеку и тоа сигурно ќе донесе добри резултати, особено во однос на извозот на вино од Македонија. Генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски е горд што вината повторно го потврдија местото на листата најдобри во светот. - Посебно радува фактот што добиваме високи оценки за вина произведени во неколку последователни години, вклучувајќи ја и 2014-та која беше исклучително неповолна винска година, што јасно покажува дка „Тиквеш“ може и знае како, во континуитет, да го задржи високото ниво на квалитет, - истакна Илиевски. Првата оценка на Паркер за вино од„Тиквеш“ произведено во 2011 година придонесе за зголемување на извозот во САД и за проширување на пласманот на други висококонкурентни пазари како што се британскиот и скандинавскиот. (МИА)
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Цементарница „УСЈЕ“ со Програма за зголемување на вработувањето на младите
ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ Цементарницата „УСЈЕ“ започна Програмата за обука за поттикнување на вработување и професионален развој на млади високообразовани лица, иницирана од Групацијата „ТИТАН“. Во рамките на оваа програма, Цементарница „УСЈЕ“, почнувајќи од овој месец, по пат на оглас, ангажираше млади инженери и студенти од завршните години од техничките факултети за обука и развој во областa безбедност и здравје при работа. Платената обука при работа ќе трае од шест месеци до една година. Во тој временски период, според Програмата, младите инженери ќе имаат можност да ги збогатат своите знаења и да се здобијат со практични вештини кои ќе им помогнат во нивното стручно усовршување со што полесно ќе можат да најдат трајно вработување. Сите практиканти ќе добијат потврда за обученост во соодветната област и ќе бидат земени предвид при идни вработувања. - Една од стратешките определби на Цементраница „УСЈЕ“ е поддршката на заедницата преку придонес во развојот на неколку значајни области. Една од нив секако е поддршката на младите талентирани луѓе и нивниот професионален развој. Горди сме што се вклучуваме во овој проект кој убеден сум дека придонесе за отворање на нови перспективи за младите, област во која сите ние треба континуирано да вложуваме, - изјави главниот извршен директор на Цементарница „УСЈЕ“, Борис Хрисафов. Групацијата „ТИТАН“, од која е дел и Цементарница „УСЈЕ“, во ноември 2015 година го потпиша Европскиот „Пакт за млади“ („Pact for Youth”), предложен од Европската комисија, преку Европската бизнис мрежа за корпоративна општествена одговорност (CSR Europe). Целта на оваа иницијатива е натамошно јакнење на партнерството меѓу компаниите и образованието заради зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
27
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
- Ние веруваме во потребата за поинклузивна и одржлива Европа. За да го постигнеме тоа ние мораме да ја зајакнеме соработката меѓу јавниот и приватниот сектор во градењето на нови вештини и компетенции. Ние ќе го дадеме нашиот максимум во остварувањето на оваа цел, - изјави главниот извршен директор на Групацијата„ТИТАН“, Димитри Папалексопулос по повод потпишувањето на Европскиот „Пакт за млади“. Цементарница „УСЈЕ“ има долга традиција во реализација на партнерски проекти и иницијативи наменети за поддршка на заедницата. Една од тие иницијативи од која придобивки имаат младите луѓе е Проектот за практична обука и стекнување вештини на ученици од техничките струки од средните училишта, што се спроведува веќе неколку години. Исто така, „УСЈЕ“ веќе десет години по ред обезбедува стипендии за постдипломски студии за талентирани студенти, а во соработка со факултетите и студентските организации, редовно нуди можност за практична работа на голем број странски и домашни студенти. ( Цементарница „УСЈЕ“)
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Коста Митровски, претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија за „Капитал“
ПРОФИТИТЕ НА БАНКИТЕ СЕ РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНОТО РЕОРГАНИЗИРАЊЕ, А НЕ НА ВИСОКИТЕ КАМАТИ Коста Митровски неодамна беше избран за нов претседател на Здружението за банкарство. Во интервју за „Капитал“ тој зборува кои се неговите планови како да се подобри работењето на ова банкарско здружение со цел гласот на банките погласно да се слушне и да се подобри нивното работење. “Ова функција за мене значи огромна одговорност, воедно и престиж и поттик да дадам свој придонес со помош од страна на сите членки, и да предложам одредени новини кој ќе придонесат да нашето дружење таму го подигнам на еден повисок квалитет, посебно со присуство на членовите на Управните одбори кога ќе се разговара за значајни прашања од делокругот на нашето заедничко дејствување”, вели Митровски. * Неодамна бевте избрани за претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора. Што за Вас значи оваа нова функција ? Кој и да беше избран на оваа функција,мислам на колегите, председатели на Управните одбори од сите петнаесет банки кои стопанисуваат во Република Македонија, подеднакво ќе се носат со оваа функција и достојно ќе ги претставуваа интересите на банкарскиот сектор. Подолго време се заговараше дека после завршување на мандатот на Ѓорѓи Јанчевски треба да се промени досегашната практика Здружението за банкарство да избира Претседател само од редовите на големите банки, и дека наредниот Претседател треба да се избере од редот на средните банки. Моето име како потенцијален кандидат во банкарските кругови се вртеше подолго време. Се направија две консултативни состаноци на кој присуствуваа големите банки и се донесе заклучок дека ќе поддржат кандидат од средните банки. Потоа се испрати писмо со мојата номинација на кое се потпишаа скоро сите банки и на закажаниот состанок за избор на Претседател, сите банки гласа за предлогот во наредниот цетригодишен мандат да бидам Претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Република Македонија. Ова функција за мене значи огромна одговорност, воедно и престиж и поттик да дадам свој придонес со помош од страна на сите членки, да предложам одредени новини кој ќе придонесат да нашето дружење таму го подигнам на еден повисок квалитет, посебно со присуство на членовите
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
29
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО
на Управните одбори кога ќе се разговара за значајни прашања од делокругот на нашето заедничко дејствување. * Кои се вашите планови, како ќе ја извршувате оваа функција со цел да се подобри работењето на банкарскиот сектор? Најпрвин ќе пристапиме кон донесување на целосно нов деловник за работа на Здружението за банкарство. Досегашниот деловник е застарен и не е во духот на времето во кое стопанисуваме. Неколку пати досега е менуван и дополнуван, но сметам дека целосно нов правилник за работа на Здружението на банкарство ќе даде нов имулс во неговото работење. Новина која сакам да ја воведам во работата на Здружението на банкарство е во текот на годината, покрај редовните соостаноци на кој присуствуваат претставници од банките и одговорните лица на пооделните комисии што се формирани во истото, барм три до четири пати годишно да закажам средби само со Претседателите и членовите на Управните одбори на банките на кои ќе се дискутираат прашања што претходно ќе ги договориме за дискусија.
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕНЕСЕНО * Колку како банкар сте задоволни од тоа колку се слуша гласот на банките во Македонија и од соработката со Народната банка и Министеството за финансии и како планирате таа да се подобри? Генерално, Здружението за банкарство е задоволно од досегашната сооработка и со Народната банка на Република Македонија и со Министерството за финансии. И двете институции имаат големо разбирање за нашите предлози, забелешки и слично, за што во оваа прилика јас како нов Претседател им изразувам голема благодарност. И во наредниот период оваа добра и плодна соработка ќе ја негуваме и уште повеќе ќе ја продлабочуваме. Посебно ќе инсистираме да бидеме вклучени на почеток при подготовката на секој закон кои го допира делокругот на нашето работење, за да можеме со наши сугестии да придонесеме при донесување на истите. ПРОФИТИТЕ НА БАНКИТЕ СЕ ЗАРАДИ ДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
*Во изминатиот период има тренд на забавено кредитирање на Како што знаете каматите по компаниите заради тоа што тие се кредитите се на историско најниско поризични за банките. Како може ниво од осамостојување на државата па да се зголеми кредитирањето на наваму. Каматата од 5% за кредити беше фирмите? Може ли приватните незамислива пред неколку години, а сега е тоа реалност, па дури веќе и помалку од фирми да очекуваат повеќе кредити? тоа. Така да не може да се каже дека ете Банките постојат и опстојуваат да сега банките прават прават профити на ја извршуваат својата основна функција, сметка на некакви високи камати. Сето тоа а тоа е да кредитираат. се должи како што кажав на едно добро Кој колку ќе кредитира, кои фирми осмислено домаќинско работење, каде што се води сметка сите чинители и банките и ќе ги кредитира, зависи индивидуално кредитокорисниците да бидат подеднакво од секоја банка, од нивните можности, задоволни. од нивните зацртани планови во годишните буџети, од нивните проценки на ризикот и слично. Она што треба сите да го знаат е дека нема банка која не сака да кредитира, затоа што од тоа зависи и нејзината профитабилност, а со тоа и нејзиното опстојување на банкарскиот пазар. *Банкарскиот сектор минатата година оствари рекордно најдобри финансиски резултати – профит од 75,4 милиони евра, а профитабилноста е највисока од 2008 година наваму. Како банките во услови на економска и политичка криза останаа имуни на проблемите и какви се очекувањата за работењето годинава?
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
31
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО И банките во услови на економска и политичка криза нитy можат да бидат имуни, ВКЛУЧЕНИ ВО ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИТЕ ниту беа имуни. Според моето мислење, банките веднаш пристапија кон внатрешна реорганизација на сопствените трошоци, што се Банките мора да бидат вели го стегнаа каишот, почна да се анализира вклучени во подготовка на законите. секој внатрешен трошок на кој порано можеби и Посебно ќе инсистираме да бидеме вклучени на почеток при не се обрнуваше толкаво внимание, но сега тоа подготовката на секој закон кои беше нужно да се направи. го допира делокругот на нашето Со еден збор домаќинското работење работење, за да можеме со наши придонесе во голем дел, место да се прикажат сугестии да придонесеме при трошоци целото тоа да се заштеди и да се донесување на истите. прикаже како приход. Како што знаете каматите по кредитите се на историско најниско ниво од осамостојување на државата па наваму. Каматата од 5% за кредити беше незамислива пред неколку години, а сега е тоа реалност, па дури веќе и помалку од тоа. Така да не може да се каже дека ете сега банките прават прават профити на сметка на некакви високи камати. Сето тоа се должи како што кажав на едно добро осмислено домаќинско работење, каде што се води сметка сите чинители и банките и кредитокорисниците да бидат подеднакво задоволни. *Колку мерките од Народната банка до банките да прикочат со потрошувачките кредити за граѓаните и на местoто за да ги насочат парите кон фирмите ќе дадат ефект? Народната банка воведува мерки за ограничување на долгорочните потрошувачки кредити преку изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот. Mерките се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици за наплата од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно да се влијае превентивно не само за квалитетот на кредитното портфолио на банките, туку и за нивото на задолженост на населението. Со мерката се зголемува капиталното барање за банките за долгорочните потрошувачки кредити со рок еднаков или подолг од осум години. За да не се предизвикаат поголеми потреси на пазарот на потрошувачкото кредитирање, а сепак стапките на раст да се сведат на умерено ниво, оваа мерка е насочена само кон новоодобрените долгорочни потрошувачки кредити, односно кредитите со рок еднаков или подолг од осум години одобрени од јануари оваа година. Оваа мерка не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на Народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити.(Капитал)
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Маја Стевкова-Штериева, главен финансиски директор во Комерцијална банка за „Утрински весник“
ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ПРОФИТОТ, НО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ „Профит од 8,5 милиони евра е под вистинскиот потенцијал, но тој е објективно условен од долгогодишната определба на банката да биде најголем поддржувач на големите компании“, вели Маја Стевкова-Штериева, главен финансиски директор во Комерцијална банка, членка на Стопанската комора на Македонија * Комерцијална банка минатата година ја заврши со добивка од 8,5 милиони евра, што е фантастичен раст во однос на 2014 година, кога профитот изнесуваше 1,5 милиони. На што се должи овој пораст на профитот и дали како банка сте задоволни од овој резултат? Најпрво би се заблагодарила на комплиментот„фантастичен раст“, кој иако упатува на повеќекратно поголем профит од претходната година, сепак е под она што менаџментот, вработените и акционерите на банката го посакуваат и знаат дека би можело да се оствари. Профит од 8,5 милиони евра е под вистинскиот оперативен потенцијал на банката, но тој е објективно условен од долгогодишната стратегиска определба на банката да биде најголем поддржувач на големите македонски компании. Значи, ако кажеме дека сме задоволни од овој резултат, би биле неамбициозни и неискрени, но ако кажеме дека сме незадоволни би биле необјективни, имајќи ги предвид тешкотиите со кои се судираат компаниите и вонредните напори кои се прават во банката за наплата на проблематичните побарувања и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио. *Според податоците, финансиските резултати во претходниот период беа послаби поради резервации за одредени нефункционални кредити на банката. Дали со минатогодишниот одличен раст на профитот можеме да сметаме дека овој тип на проблеми се надминати? Во делот на кредитниот ризик, кога се работи со големи компании и проекти, проблемите никогаш не може да бидат целосно надминати. Постојат компании кои биле во одлична кондиција пред 5-10 години, а сега се мачат да обезбедат доволно финансиски средства за да платат рата и камата, дури и во услови кога активните каматни стапки се историски гледано, на незапаметено ниски нивоа. Ако тоа е некоја поголема кредитна изложеност од неколку милиони евра, тогаш почнувате постепено и паралелно со засилениот надзор над клиентот да ја влошувате класификацијата, па како секоја година станува полошо неговото сервисирање на обврската, тогаш секоја година вршите и соодветна
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
33
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО
исправка, односно резервација. Ова е само поедноставена илустрација, ако имате повеќе големи клиенти, кај кои има најразлични причини за проблеми во работењето, ќе ви бидат потребни неколку години да исчистите се’. Па, дури и тогаш, во економии како нашата нема да бидете сигурни дека е крај на проблематичните кредити. Тука не постои крај и целосно исчистео портфолио, особено ако се работи со големи компании и големи кредити. *Ако се погледнат резултатите на целиот банкарски сектор во земјава, но и на некои од големите банки, се добива впечаток дека минатогодишниот профит на Комерцијална банка, како што рековте, можеби е помал од нејзините потенцијали. Какви се Вашите планови за следниот период? Како што веќе објавивме, за 2016 година планираме добивка од околу 15,8 милиони евра, што е двојно поголема од остварената добивка во 2015 година. Банката врши реструктурирање на портфолиото во поглед на застапеност на кредитите за правни и физички лица, води рестриктивна политика на кредитирање со која би се намалило нивото на ризик и во иднина би се избегнало позначајно влошување на кредитите. Исто така презема и засилени активности за продажба на преземениот имот. Сепак, остануваат многубројни проблеми на ниво на банкарски систем што треба да се надминат и за кои е потребно да се вложи многу напор во изнаоѓање прифатливи решенија. Такви се, на пример, континуираното намалување на каматните стапки на меѓународните пазари, наспроти каматните стапки
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПРЕНЕСЕНО кои ги исплатуваме на девизните депозити и кои генерираат каматна загуба во овој сегмент. Исто така, тука влегува интензивираната трка по зголемено пазарно учество, манифестирана преку намалување на каматните стапки на кредитите на ниво што ни од далеку не кореспондира со општото ниво на ризик на пазарот и речиси не ја содржи премијата за кредитен ризик, како и оперативните тешкотии кои ги создава постојаната промена на регулативата. *Деновиве Комерцијална банка одржа Собрание на акционери, на кое беше донесена одлука акционерите да добијат дивиденда на износ од 125 денари за една обична акција. Дали сметате дека тоа ќе биде добра вест за сопствениците на акции на Комерцијална банка? Секако дека ова претставува одлична вест. Банката не исплати дивиденда две години по ред, за 2013 и за 2014 година, што беше прекин на долгогодишната традиција на солидна дивидендна историја. Поради тоа, овогодишната дивиденда не само што е за 25 отсто поголема од последната исплатена, туку е и потврда дека банката се враќа во својата кондиција. Дивидендниот принос со последниот трговски ден, како сооднос меѓу дивидендата и пазарната цена изнесува 5,4 отсто, што е неспоредливо повеќе од која било пазарна каматна стапка во моментот. Значајно е да се спомене дека акцијата на Комерцијална банка е и најликвидна хартија од вредност во Република Македонија, која може да се продаде во секој момент. За оваа акција постои континуирана побарувачка. Ако се погледне прегледот на наликвидни акции, што е објавен на веб-страницата на берзата од почетокот на годината, акцијата на Комерцијална банка е најтргувана акција. Според сите три параметри таа е на врвот на списокот, и тоа со реализирани 448 трансакции, со вкупно 71.202 истргувани акции и со вкупна вредност од 157 милиони денари. *На Собранието на акционери беа избрани нови членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, а беа усвоени и многу други одлуки. Што би издвоиле како најзначајна новина од Собранието на акционери? Изборот на нови членови на Надзорниот одбор е најзначајната новина од овогодишното Собрание на акционери. Таа промена е одраз на квалитетното корпоративно управување што се спроведува во Комерцијална банка, како и на политиката на акционерите за унапредување на управувачките структури, односно на надзорната функција. Членовите кои заминуваат се професионалци со долгогодишно искуство, но сепак се тие пензионирани лица, кои е нормално да бидат заменети со помлади наследници. Двајца од новоизбраните членови се докажани стопанственици кои водат две исклучително успешни македонски компании, додека третиот член е универзитетски професор со потврдено реноме во земјата и странство. Очекуваме дека ќе дадат квалитетен придонес во работата на Надзорниот одбор на банката. („Утрински весник“)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија.
Модули на доживотно учење
• Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.
Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Стопанска комора на Македонија Контакт Центар (02) 15015 ул. „Димитрие Чуповски“ 13,: Скопје тел: :E-адреса: (02) 3244000,beti@mchamber.mk факс: (02) 3244088
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Што има лошо во нееднаквоста?
ПРЕГОЛЕМИТЕ РАЗЛИКИ СЕ ШТЕТНИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА!? * Расправата за континуираното исчезнување на еднаквите шанси за сите ги возбудува духовите во германската јавност. Големо внимание им се посветува на оние кои гледаат сѐ поголем јаз меѓу богатите и сиромашните. Со право? Прашањето за нееднаквост во Германија е постојано на дневен ред. Во моментов, повторно има голем број нови публикации.„Франкфуртер алгеманјне цајтунг“ (ФАЦ) започна цела низа прилози, од кои некои се контроврезни, околу фундаменталното прашање: што е морално да се осуди кај нееднаквоста? Меѓу нив е и изводот од новата книга „Борба за распределба на богатството“ од Марсел Фрачер, шеф на Германскиот институт за економски истражувања. За него, преубавата слика за Германија како држава на благостојба, не е ништо повеќе од илузија.
„Шпигел“ речиси истовремено со излегувањето на оваа книга објави ударна приказна на тема: Економската теорија по која нееднаквоста е својствена за природата на функционалната пазарна економија, започна да се ниша. Иако економистите и натаму сметаат оти одредениот простор меѓу врвот и дното на општеството е предуслов за мотивација и со тоа за напредок, економскиот раст и
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
37
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ иновации, сега многу стручњаци признаваат дека преголемата нееднаквост е штетна за економијата. Намалување на благосостојбата поради нееднаквост Прво, ММФ во студијата која опфати стотина развиени земји и земји во развој, истакна дека „растот на нееднаквост е поврзан со намалување на растот на производство“. Потоа,Организацијата за еконономска соработка и развој пресмета оти зголемената нееднаквост во Германија довела до пад на брутодомашниот производ (БДП) од 6 насто. Овие студии не останаа без коментар. Така, Институтот за германска економија (ИВ), близок до работодавачите, во посебна студија заклучи дека материјалот е „премногу сложен за едноставна вистина“. Иако анализата покажува оти нееднаквоста може да има негативно влијание на растот, тоа не важи генерално, туку само во земјите со слаба економија. Како репер е земена земја со БДП од само 9.000 долари по глава на жител, бидејќи во тие земји сиромашните групи од населението се обично исклучени од образование, а општествениот систем во целина е прилично нестабилен. Во индустриските земји, како што е Германија, односот помеѓу нееднаквоста и растот е, меѓутоа, повеќе позитивен, бидејќи нееднаквоста го зголемува поттикот за претприемаштво и иновации. Тоа барем важи додека нееднаквоста не стане прекумерна. Останува отворено кога доаѓа до момент кога нееднаквоста станува прекумерна. Стандарден коефициент на економска благосотојба Во овој момент за заинтересираниот лаик материјата станува апстрактна, бидејќи ИВ воведува Џини (ГИНИ) индекс или Џини коефициент. Тоа во економијата на благосотојба е стандарден коефициент со кој се опишува степенот на еднаквост или нееднаквост во рапределба на средствата или приходите, наречен по италијанскиот статистичар Корадо Џини. ИВ сега пресмета дека ако Џини коефициентот е поголем од 0,35 нееднаквоста има тенденција да го задуши економскиот раст. Објаснување: вредноста 0 значи дека сите имаат исти приходи, значи владее апсолутна еднаквост. Вредноста 1 значи дека еден човек поседува се’- што е апсолутна нееднаквост. Во индустриските земји просекот на Џини коефициентот е 0,32, а во Германија 0,29. Во САД тој изнесува 0,40 и таму ситуацијата навистина е толку розова. Предупредување против популизмот Ларс. П. Фелд и Кристоф М. Шмит се економски експерти и велат дека постојаното тематизирање на се поголемата нееднаквост во Германија е само „скандализирање на нешто целосно неспектакуларно, провиден, но безопасен маркетинг трик“. Меѓутоа, на тој начин на јавноста- понекогаш сигурно намернои’ се одвлекува внимание од проблемите во државата која има се’ помалку сила да обезбеди идните економски делувања во државата да имаат висок просперитет“. Поради тоа, тие предупредуваат: „На тоа не би требало да се уловиме.“(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
38
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Патишта, железница, енергетика... соработката стабилно напредува
БАЛКАНОТ ГИ „ЖНЕЕ“ КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ * Патишта, железница, енергетика - големите проекти за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа стабилно напредуваат Интензивната соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), поттикната од страна на Иницијативата за економска соработка и инфраструктура, донесе богати плодови во големи области, кои се движат од инфраструктура до енергија во 16 земји во Централна и Источна Европа. Централна и Источна Европа е важна компонента во Иницијативата, бидејќи четвртина од земјите по должината на рутата се во регионот. Сите 16 земји од ЦИЕ се на патот посочен од Иницијативата, која беше предложена од страна на кинескиот претседател Ши Џинпинг во 2013 година, со цел градење на трговска и инфраструктурна мрежа која ќе ги поврзува Азија и Европа и Африка. Импулсот кој се гради околу Иницијативата им донесе корист на земјите по должина на патот, и земјите од ЦИЕ станаа една од најзначајните компоненти на овој механизам за соработка. Големите проекти за соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ стабилно напредуваат. Ова е преглед на некои од проектите. Поради својата географска важност, Централна и Источна Европа претставува значајна алка во иницијативата за развој на кинескиот Пат на свилата, а поврзаноста за возврат помага во подобрување на инфраструктурата на овие земји и го зајакнува нивниот економски раст. Воспоставен во 2012 година механизмот „16+1“ на соработка, кој ги вклучува Кина и 16 земји од ЦИЕ, дадоа нов поттик за изградба на директни врски меѓу Кина и Европа. Првата директна железничка товарна линија меѓу Кина и Полска стартуваше во 2013 година. Потребни се 15 дена за да се отпатува од Ченгду во југозападниот дел на Кина до Лоѓ, трет по големина град во Полска. Оваа железничка товарна линија ја зголеми трговската размена меѓу Кина и Полска. Директната воздушна врска меѓу Прага и Пекинг официјално почна со работа на 23 септември 2015 година. Новата воздушна рута во голема мера ќе ги зголеми врските меѓу двете земји и ќе доведе до поинтензивна соработка во полето на трговијата, инвестициите, туризмот и здравствената заштита. Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека го смета ова за „многу добра вест“ за Чешката Република. Покрај поблиските трговски односи благодарение на механизмот 16+1, кинеските компании ги проширија своите инвестиции во земјите од ЦИЕ, кои беа желни за капитал за да ја модернизираат својата инфраструктура. Во Србија, мостот Земун-Борча, новоименуваниот „Пупинов“ мост, беше завршен и отворен во 2014 година, како прв мост изграден во Европа од кинеска компанија.
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
39
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Освен тоа, проектот за модернизација на железничката пруга Белград-Будимпешта првично беше договорен на состанокот на лидерите од Кина-ЦИЕ во 2013 година што се одржа во Букурешт, Романија, додека на минатогодишниот самит во Белград, Србија, беше потпишан Меморандумот за разбирање од страна на Кина, Унгарија и Србија. Планот за соработка за изградба за железничка линија беше потпишан во 2015 година во Белград, на состанокот на Трилатералната група од Кина, Унгарија и Србија за сообраќајна и инфраструктурна соработка, каде што се утврдија роковите за одредени фази на проектот. На Кина-ЦИЕ самитот во ноември 2015 година, во Сужу, Кина, трите земји потпишаа договори за изградба и надградба на железницата, во насока на создавање на брза линија за трговска размена меѓу Кина и Европа. Железничката делница во должина од 370 километри меѓу Белград и Будимпешта значително ќе го подобри транспортот на патници и стоки меѓу двете земји, бидејќи ќе се намали времето за патување од осум на помалку од три часа. Во Македонија, два од главните нови автопати, исто така, се изградени за вкупно околу 580 милиони евра (713 милиони американски долари), средства обезбедени од страна на кинеската банка Ексим. Автопатот Миладиновци-Штип во должина од 50 км ќе го поврзува главниот град на Македонија, Скопје со Штип, важен економски центар во источниот дел на земјата. Во меѓувреме, изграден е автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 км во западниот дел на Македонија, подобрувајќи ја комуникацијата со туристичкиот центар Охрид. Проектите ќе бидат изградени од„Синохидро корп.“ од Кина, но и македонските градежни компании, кои ангажираат голема работна сила како подизведувачи, ќе имаат корист од соработката. Исто така, Кина и Романија остварија плодна практична соработка во рамките на механизмот 16+1, и се направени важни достигнувања особено во енергетскиот сектор, вклучувајќи ги тука и нуклеарната енергија, термоелектрани и хидроцентрали. Меѓу енергетските проекти, романската електроцентрала „Ровинари“ - нова 600 МВ електрана, која согорува јаглен - е рангирана како најсовремена. На 31 октомври 2014 година, кинеската „Хуадијан инженеринг цо.“ и романската „Олтенија енерџи холдинг“ потпишаа договор за изградба на електрана, со инвестиција од околу една милијарда долари. Се верува дека проектот ќе донесе предности за целокупната економија за околу 25 години. На 10 ноември 2015 година „Чајна џенерал нуклеар“ потпиша Меморандум за разбирање со романската Национална нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ за развој, изградба и активирање на единиците 3 и 4 на нуклеарната централа „Чернавода“. Според „Нуклеарелектрика“, изградбата на две единици ќе го удвои производствениот капацитетот на романската нуклеарна централа, а како резултат на тоа емисиите од околу 12 милиони тони јаглероден диоксид ќе се намалуваат секоја година. Друг пример за енергетска соработка е проектот „Костолац“ во Србија, во кој „Чајна машинери енд инженеринг корпорејшн“ помогна во ревитализација на два блока од термоцентралата „Костолац“ во Србија, кои ќе го продолжат животниот век на електраната за повеќе од две децении, како прва фаза на проектот. Втората фаза е изградбата на нов блок од 350 МВ, прв нов енергетски објект во речиси три децении. (КСИНХУА)
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Како дел од празникот Велигден може да стане успешен бизнис
ШАРЕНИ ЈАЈЦА - ПРЕКУ ЦЕЛА ГОДИНА *Обоените јајца во Германија се дел од празникот Велигден. Oколу 30 фабрики за бои се „одговорни“ за шарените велигденски јајца. Тие почнуваат со работа кратко по Божик, а некои не престануваат ни по Велигден Јустина Затуска со молскавична брзина ги сортира јајцата врз палетите. Ниедно не и‘ паѓа на брзата пакерка од раце. Полската сезонска работничка веќе четврта година работи во фабриката за боење јајца, сопственост на Удо Баумајстер во Брекерфелд. Претпријатието пред Велигден вари, обојува и пакува до 600.000 јајца дневно. Шарени јајца, во различни бои: црвени, сини, зелени, портокалови, розови па дури и во златна боја.
„Шарката виножито е најомилената“, ни открива Фолкер Ригенберг. Т.н. мајстор за бои овде е од пред 35 години. Пред него белите јајца исчезнуваат во машината за на другата страна да се појават како обоени. Шприцевите испуштаат различни бои за да постигнат соодветни шари. „Ги употребуваме истите ’пиштоли’ кои се користат и при лакирањето автомобили“, објаснува Ригенберг: „само што овде користиме лак за прехранбени производи.“ Ригенберг е веќе пензионер, но во временските шпицеви доаѓа да помогне. Еден месец пред Велигден погоните работата во три смени, а Баумајстер ангажира сезонски работници, дневно и до 60 луѓе. Со тоа ова претпријатие спаѓа меѓу најголемите во браншата. Развивање на бизнисот
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
41
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Пред повеќе од 40 години, таткото на денешниот сопственик на фирмата почнал да работи со бои и заедно со машинопроизводителот Бергмајер ја создале првата машина за оваа намена. Дотогаш луѓето сами ги боеле јајцата дома или ги потопувале во садови со хемиски или растителни екстракти. Баумајстер сениор презентирал обоени јајца пред стоковната куќа во Хаген, соседниот поголем град. „Така се развил бизнисот“, вели неговиот син Удо. Според Здружението германски јајца, постојат 10 поголеми и 20 помали фабрики за боење јајца во Германија, при што и некои други претендираат на титулата најстари во браншата. Ниедна од средноголемите фирми не може да живее само од оваа работа: тие одгледуваат сопствени кокошки, имаат погони за пакување или произведуваат тестенини и слично. Боење на јајца се врши и во Австрија, Швајцарија и Холандија. Одвреме-навреме Баумајстер добива порачки и од Бугарија, од азиските земји или дури и од Абу Даби. „Странците се одушевени, но не можат да го пренесат ова и кај нив, зашто не постои таква традиција, па нема ни пазар“, смета тој. Црно-црвено-златни јајца за Европското фудбалско првенство Од другастрана, германскиот пазар во меѓувреме „се откачи“ од обичајот: по празникот Велигден Баумајстер продолжува со боењето јајца, навистина само во една смена, но преку целата година. Поводи има доволно: карневал, натпревари на германската фудбалска лига, деловни прослави, партиски собири. Со помош на модерната техника за шприцање, јајцата може да се обојат во соодветен дизајн. Само за Европското фудбалско првенство Баумајстер ќе украси стотици илјади, ако не и милиони јајца со црноцрвено-златни пруги или во „фудбалски дизајн“ со црни петтоаголници врз бела основа. Германците радо лупат понекое шарено јајце преку цела година. Имено, сосем практично е наместо човек сам да вари јајца, да купи готови варени. Секое 18 продадено јајце во Германија, значи 474 милиони, во 2015 година, било обоено, констатира Маркт инфо. Притоа, бојата не и‘ служи само на традицијата или на естетиката: таа ги запечатува порите и ја продолжува употребливоста за повеќе недели. Жиг за квалитет за шарените јајца За обојување се погодни само перфектните јајца со цврста и мазна површина. Процесот е непогоден за кршливите јајца: прво тие 20 минути се тркалаат низ врела пареа, зашто загревањето спречува пукање на лушпата. Потоа јајцата поминуваат низ зовриена вода. Сензорите сигнализираат аларм при пад на температирата за 2 степена Целзиусови или ако нивото на водата падне за половина сантиметар. Валјаци за боење има практично секое претпријатие. Јајцата се движат преку подвижните, со боја натопени прачки и добиваат типична мермерна шарка. Машината за лакирање со шприц-пиштоли е веќе нешто посебно, таа може да произведе повеќе мустри. Критичарите се сомневаат дека зад индустриското боење јајца се крие метода за на потрошувачите да им се подметнат јајца од кокошки кои се чуваат во тесно збиени кафези, зашто со бојата исчезнува задолжителниот жиг со кој се идентификува потеклото на јајцето. Жигот на Здружението за контролирани алтернативни форми на одгледување животни КАТ гарантира потекло на јајцата од живина одгледувана на земја, во слободен простор или биолошки услови. За оваа цел Организацијата за квалитет на шарените јајца КуБЕ со производителите разработи стандарди, па ознаките за рокот на употреба на боените јајца и составот на боите се ставени на амбалажата.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
42
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12 април 2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар: НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ
12
(„Службен весник на РМ“, бр. 44/15; 129/15; 217/15; 226/15, 30/16, 31/16 и 39/16)
Програма на семинарот: - Закон за градење; - Учесници во изградбата; - Најнови измени на Законот за градење 2015/2016; - Проектна документација; - Програми за објекти за кои не е потребно одобрение за градење; - Градење - надградба согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и - Проблеми на кои наидуваат инвеститорите. Предавач: - Дивна Анастасова, дипл.инж.арх., пом. раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:
ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?
Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел„Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)
Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs
Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
44
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 15 април 2016 година Мeѓународен саем за градежништво, Р. Словачка
„TATRA EXPO CONSTRUCTION AND LIVING 2016“ ВО ПОПРАД
15
Стопанската комора на Македонија посетата на саемот ја организира во соработка со Словачката бизнис агенција. Овогодинешниот саем ќе се одржи во просториите на спортската сала „Арена“ во Попрад, Р. Словачка. Меѓународниот саем за градежништво секоја година на едно место ги носи новите трендови во градежништвото и архитектурата. Таму под еден покрив можете да најдете се што ви е потребно доколку сте дел од градежниот сектор: од градежни материјали и прозорци, врати, покриви, вентилација, електрични инсталации, сауни, гаражни врати и градинарска опрема. Понудата е надополнета со револуционерни нови материјали кои обезбедуваат енергетска ефикасност. Главен акцент ќе биде ставен на: • билатерални средби и разговори; • презентации на партнерски понуди; • тендери; • презентација на достапни производни капацитети, како и • пронаоѓање партнери за меѓународна соработка на полето на градежништвото, енергетиката, греењето, климатизацијата, како и инвестирањето во градежната индустрија и производството на материјали за мебел и ентериер. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 27 до 31 март 2016 година
БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски
МАРТ
производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
46
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 21 април 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународен конгрес и саем за паметните мрежи и за градовите во Република Турција
„ICSG ISTANBUL 2016“ ВО ИСТАНБУЛ
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ICSG Istanbul 2016 “. Оваа манифестација е посветена на иновациите во полето на паметното организирање на дистрибуцијата на електрчна енергија, гас и вода. На овогодишниот саем се очекуваат повеќе од 5000 посетители кои ќе можат да посетат повеќе од 150 штандови од 39 земји од светот. На овогодинешното издание на „ICSG Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • паметна дистрибуција на електрична енергија; • паметна дистрибуција на гас; • паметна дистрибуција на вода; • паметен начин на градење на градови и технологии за постигнување на тоа. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking).
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија најдоцна до 3.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјална веб- страна на саемот: http://www.icsgistanbul.com/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: sanja@mchamber.mk
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена
Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
САЕМ ЗА ХРАНА ВО БУДВА
Од 21 до 23 април 2016 година во Р. Црна Гора
Стопанската комора на Македонија постетата ја организира во соработка со Јадранскиот саем од Будва. Овој 42. Саем за храна е место каде што се поврзуваат стратешките економски гранки на земјоделството и туризмот, и каде што се дава можност за промоција на квалитетот на производите и воедно да се подобрат сите бизнис-можности. Паралелно со Саемот за храна ќе се организира и 25. Саем за туризам, хотелска опрема и кетеринг, што им дава можност на учесниците да ги спојат овие два настана и да оставарат голем број нови контакти и потенцијални можности за соработка. Саемот за храна има за цел на едно место да ги собере: • индустријата за храна; • земјоделството; • одгледувачите на лозје; • производителите на вино; • производителите на алкохолни и безалкохолни пијалаци; • медитеранската култура; • индустријата за кафе; • производителите на маслиново масло; • органско производство на храна; • производсво на риба; • производство на слатки; • амбалажа; • производители на машини за преработка на храна; • увозници и дистрибутери на механизација за земјоделството и сл. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
50
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 25 до 28 април 2016 година во Шпанија
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО БАРСЕЛОНА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • греење; • ладење; • климатирирање и вентилација; • конструкторство; • енергетика; • прочистување на вода; • инсталација на пумпи; • соларна енергија; • производство на механизација и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.
„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
53
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-ФОРУМ ВО САРАЕВО
На 4 и 5 мај 2016 година во Република Босна и Херцеговина
Бизнис-форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 30 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање на можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис-форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. Бизнис-форум во Сараево на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на: • енергетиката; • инфраструктурата; • земјоделието; • ИТ-секторот; • туризмот; • здравата храна; • образованието. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 25.4.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
54
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
55
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнис-заедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози. Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија. Детална програма за тренингот Модул 1: Корпоративни финансии (14-16 април 2016 година и финансиско известување * Содржина на модулот: * Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; * Управување со ризик и методи за плаќање; * Транспортни документи, сертификати; * Меѓународни финансиски инструменти
Максимилијан Фоедингер)
Модул 2: Управување со резултати (5-7 мај 2016 година Маргит Венделбергер) во меѓународните активности * Содржина на модулот:
56
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ * - Европски пазар; * - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; * - Управување со ризик; * - Анализа на резултати; * - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство (9-11 јуни 2016 година Александра Веселиновиќ) * Содржина на модулот: * - Системи за управување со човечки ресурси; * - Видови на човечки ресурси; * - Управување со работа во тимови; * - Мотивација; * - Компанија, лидери, вработени. * Деталната агенда и содржината на секој од модулите можете да ја погледнете во прилог на овој документ. Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнис-заедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
57
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 24.3.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
58
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора
САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА
Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО
60
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
61
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
62
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија
„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА
Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
63
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
64
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
65
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
66
БИЗНИС ИНФО
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Интернационална компанија од Белгија, заинтересирана е за набавка на мрежа од стаклени влакна (фиберглас мрежа), ленти (самолепливи, армирани, ленти од неткаен материјал), ПВЦ аголна перфорирана лајсна, алатки за изведба на градежни работи со гипс-картон (ѕидови, тавани, обложување). Валидност до 3.6.2016 година. Холдинг компанија од Украина која се занимава со трговија на големо, складирање и преработка на жито, маслодајни култури и нивни деривати, транспорт и шпедиција, бара компании од Р. Македонија за свинско месо, трговија со жито, маслодајни растенија, соработка. нивни деривати и др. бара Валидност до 27.5.2016 година. заинтересирани компании од Р. Холдинг компанија од Украина бара Македонија за соработка. Валидност до 31.5.2016 година. инвеститори за проширување и зголемување на производните и преработувачките капацитети на
Холдинг компанија од Украиа која покрај другите дејности се
четврток, 31 март 2016, Бр. 261
БИЗНИС ИНФО
67
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
занимава со изградба и поправка на бродови и чамци од сите видови, класи и за различни потреби, врши инсталација на опрема за бродови и други на индустриски производи, бара компании заинтересирани за соработка од Р. Македонија. Валидност до 3.6.2016 година.
подвижни платформи за разни намени (ветерници, гаражи, хотели, ресторани, магацини, складови, платформи за дупчење), бара компании заинтересирани за соработка од Р. Македонија. Валидност до 3.6.2016 година.
Украинска компанија една од најголемите компании во светот за иградба на пристаништа, пловечки објекти, понтони од армиран бетон и челик, како и кејови и
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088