СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 164
www.mchamber.mk
30.01.2014
Mакедонско-ирачки бизнис-форум со компании од Сулејманија, Северен Ирак
ИНИЦИРАНА ПОВТОРНА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА МЕЃУ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ Промовиран Проектот „Претприемништвото – иднината на студентите“ и потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
АКАДЕМСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ УЧАТ И ОД БИЗНИСОТ
2
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПОДВЛЕЧЕНО
ПРОДОЛЖУВА ИНВЕСТИЦИСКИОТ БРАН Факт е дека како ресорно министерство изминатиот период овозможивме исклучително поволна клима за развој на градежништвото со низата мерки што ги презедовме за намалување на процедурите и времето на чекање за градежни дозволи. За ова добивме признание и во извештајот на Светска банка кој ги следи реформаторите во делот на бизнисот, а откако почнавме да го применуваме електронскиот систем за издавање одобренија за градење, повеќе земји од регионов се заинтересирани да го применат истиот, како пример за добра практика. Во следниов период продолжува инвестицискиот бран од над една милијарда евра во инфраструктурни проекти, што значи дека годинава очекувам уште повисок раст на градежништвото, бидејќи ќе започне изградбата на двата нови автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, ќе продолжи изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, исто така ќе се врши изградба, реконструкција или рехабилитација на нови 63 километри патишта меѓу кои и делниците Велес-Катланово и Миладиновци-Куманово, дополнително на ова, ќе се гради магистралната гасоводна линија од Клечовце до Штип, a повеќе од сигурно е дека ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија. Сето тоа укажува дека градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година. (Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски)
ПРИЛЕП СТАНУВА НОВ КУЛТУРЕН И ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ Прилеп навистина во последно време станува еден нов културен и туристички центар на Балканот со бројни манифестации во текот на годината коишто се организираат на многу високо ниво како што се: Карневалот Прочка”, Пиво Фест, Театарските игри, богатото културно лето, Џез фестивалот, новата мотокрос патека и атрактивните екстремни спортови кои се развиваат во Прилеп и неговата околина, новите спортски објекти, големиот број концерти во текот на годината, атрактивните цркви и манастири во градот и околината и археолошките локалитети, патронот Св. Никола, Гинисовите рекорди, убавите огномети, големиот број на музеи и споменици и атрактивни локации во градот... Прилеп веќе го издигнаа на високото 3-то место спрема статистичките податоци на Министерството за економија после Скопје и Охрид во поглед на зголемувањето на посетите од страна на туристите во текот на годината. Минатата година ја добивме наградата од Министерството за економија за Пиво Фест, за најатрактивен туристички настан во текот на годината. Натамошната наша заложба со цел не е само привлекување на туристи туку создавање на услови кои ќе овозможат опстојување на сите луѓе посебно на младите, да останат во својот град и развој на индустриските зони каде би никнале нови фабрики во блиска иднина, со отворање на нови работни места. (Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп)
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ЗЛАТЕН ДАБ Е БРЕНД СО КОЈ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ГОРДЕЕ Извозната стратегија на Прилепска пиварница се гради со побавно темпо од причина што сме повеќе фокусирани на домашниот пазар и на поставување на брендовите онака како што ние сметаме дека треба да биде и во моментов и перспективно гледано. Извозната стратегија на Прилепска пиварница е во континуитет, но не со толку голема динамика. Нашите брендови Златен даб и Газоза ги има на повеќе континенти. Газозата е присутна во Канада, Австралија, Австрија, Србија, Златен даб го има во Албанија. Летово бевме присутни и во Хрватска, на неколку фестивали за пиво. На фестивалот “Карловачки дани пива”, за прв пат се позиционира македонско пиво, Златен даб. На фестивалот имавме штанд и можам да кажам дека реакциите на посетителите беа фантастични. Хрватска е една од земјите во регионот со повисока консумација на пиво по глава на жител и иако таму конкурентноста помеѓу нивните брендови Карловачко и Ожујско е огромна, консументите успеаја да пронајдат нешто во Златен даб што навистина им се допадна. (Сашко Блажевски, директор на продажба на Прилепска Пиварница)
ПРИ ИНВЕСТИРАЊЕТО ВЛЕГУВАМЕ ВО ПАРТНЕРСКИ РЕЛАЦИИ Сите услови и типови на инвестиции се специфични во зависност од самата компанија. Имаме неколку инвестициски критериуми. Она што е најбитно кога гледаме една компанија, прво е индустријата во која делува, затоа што има индустрии што растат и индустрии што опаѓаат. Доколку е брзорастечка или растечка индустрија, тоа е доволно за нас. Од аспект на индустрии, отворени сме за сите индустрии, освен за оние што се забранети според нашите политики и политиките на УСАИД, а тоа се казина и игри на среќа, клиники за абортуси, производство и трговија со оружје, јавни куќи и слично. Вториот критериум е компанијата да нуди производ или услуга на пазарот која е барана, маркетибилна, профитабилна и интересна. Не ни се тагрети големи иновации и слично, затоа што додека да се создаде побарувачка за нив, би поминало многу време и не би можела фирмата да ги оствари очекуваните резултати од страна на фондот. Третиот критериум е сопственичкиот/менаџерскиот тим, кој мора да биде искусен во она што го работи и да има висок степен на интегритет. Сопствениците треба да имаат и желба за партнерство, затоа што при нашето инвестирање, фондот влегува во партнерски релации, како малцински сопственик во компанијата. (Виктор Мешков, заменик директор во СПМГ Капитал)
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПОДВЛЕЧЕНО
БРЕНД НЕ СЕ ПРАВИ ЗА ЕДНА ГОДИНА! Нутини, зрнести производи и Кибелa, земјоделски продукти, зачини и адитиви, се два наши бренда, кои си ги третираме како бебиња, затоа што израснавме многу туѓи бебиња, па си создадовме наши. Овие два бренда за релативно кратко време многу испоровоцираа на пазарот. Нашиот бизнис секогаш бил, како што велам, нискокалоричен, многу конзумиран преку разно разни веќе етаблирани маркети и пакувачи, а ништо не останува за тебе, значи сме работеле со голем обрт, сме финансирале многу туѓи проекти за мал приход, но сепак сме биле анонимуси за потрошувачот. Со цел да покажеме кои сме и што можеме да направиме, пред се за потрошувачот, се појавија нашите brand name производи. Нашиот производ има одлична амбалажа, најдобар квалитет, а ниска цена и затоа имаме проблеми, нели поговорката гласи “се што е евтино, не чини”, но во нашиот случај гласи “поблиску е до изворот”. Но, нас пазарот не ни е за една година, ние сме тука долгорочно и мислам дека малку по малку успеавме. Сепак, бренд не се гради за една година. Сето ова се должи и на тоа што секогаш сме оделе со поскапа технологија. На пример, за Нутини машината е многу софистицирана, дали има такви две машини на Балканот. Сметаме дека Македонија треба да биде на ниво на европски стандарди, сме го вреднувале денарот на потрошувачот и можеби затоа сме успеале. (Виктор Павлов, косопственик на Чеза Комерц)
НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ Е ДА ГО ЗАДРЖИШ ТОА ШТО ГО ИМАШ Најголем предизвик во денешно време е да го задржиш тоа што го имаш, да ја сработиш ланската година, да ја стигнеш и да имаш повторно некој нормален раст. Инаку, генерално, сите компании го имаат истиот проблем, а тоа е наплатата. Се соочуваме со момент да имаме каде да пласираме роба, а да имаме проблем да ја наплатиме. Мораш да наоѓаш политики, да наоѓаш начини како тоа да го изведеш. Ако ја тужиш фирмата, ќе добиеш, ама со тоа веќе си ја затворил вратата и што понатаму? Тоа е единствениот проблем што го имаме, другото е секојдневие. Секогаш постојат идеи и планови за иднината, сега за сега не планираме да започнеме со производство. Но, можеби ќе ја прошириме палетата на производи што ги нудиме. Има многу брендови што во Европа се ултра познати и популарни, а кај нас воопшто не се. Можеби ќе донесеме некој таков бренд во Македонија. Имаме и своја комора, па можеби ќе почнеме да работиме и со замрзната храна. Исто така размислуваме и за сопствен бренд за кој би произведувале други производители, но тоа може да биде и вовед за сопствено производство. (Ванчо Николовски, комерцијален директор на Нимекс)
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и обука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Контакт:
Уписите се во тек!
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
М-р Борис Тримчев Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПОСЕТИ Mакедонско-ирачки бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија со компании од Сулејманија, Северен Ирак
ИНИЦИРАНА ПОВТОРНА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА МЕЃУ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговско-индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, организираше Македонско-ирачки бизнис-форум и бизнис-средби со компании од Северен Ирак (28.01.2014 година). На Форумот што се одржа во Стопанската комора на Македонија, учествуваа тринаесетина ирачки компании увозници и дистрибутери на разни видови производи наменети за ирачкиот пазар: сите видови прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам и друго. Како што наведе Љубица Нури, виш советник на УО во Стопанската комора на Македонија, потребно е да се возобноват традиционалните врски и трговските односи со земјите од Блискиот Исток коишто потекнуваат уште од дамнешни времиња, коишто и тоа како се важни алтернативни пазари за македонските производи. -И кај вас и кај нас стопанското милје е изменето. Покрај старите, имаме и нови економски оператори, што значи дека
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
7
ПОСЕТИ приоритет од двете страни треба да биде размената на информации и промоција, - додаде Нури. На Бизнисфорумот се обрати и Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на „Арчелор Митал“ - Скопје. Тој ги повика ирачките компании да ја препознаат Македонија како погодна дестинации за инвестирање и отпочнување бизнис во земјава. -Искрено би ви препорачал да ја проширите соработката со потенцијалните македонски деловни партнери, користејќи ги владините институции. Сигурен сум дека тоа ќе ви го олесни стартот на вашиот бизнис во Македонија. Едноставно речено, јас би сакал да ве охрабрам да ги „тестирате” институциите што се одговорни за реализација на сите ваши барања при инвестирањето. Истовремено, сакам да ја истакнам важноста на Стопанската комора на Македонија во реализацијата на сите контакти со вашите идни и потенцијални деловни партнери, – им порача на гостите Хуан Педро Хименез Наваро. -Во Сулејманија имаме многу малку информации за Македонија затоа сакавме лично да дојдеме и да се дознаеме повеќе за вашата земја, - спомена Јасми Рахим Фарај, прв потпретседател на Трговско-индустриската комора на Сулејманија. Курдистан реализира 17% од вкупниот приход на Ирак. Брои 6,6 милиони жители, има широка автономија и е бесцаринско подрачје, богато со нафта и минерални суровини. - Македонскиот пазар е особено привлечен за нас. Дојдовме тука да ги скенираме деловните можности зашто сме заинтересирани за инвестиции и за трговија во повеќе стопански сектори. Ги испитуваме условите за соработка и со другите земји од регионот. Недостигаат и спогодби кои би ја поттикнале размената, – подвлече Јасми Рахим Фарај. Како што беше речено на форумот, освен визите и дипломатско-конзуларните претставништва, недостасува и размена на информации меѓу двете земји за потенцијалите за унапредување на економските односи и за интензивирање на билатералната трговска размена. Со цел официјално зацврстување на бизнис-контактите и интензивирање на меѓусебните односи, на Бизнис-форумот, меѓу Стопанската комора на Македонија и Трговско-индустриската комора на Сулејманија, беше потпишан Договор за соработка. Претходно делегацијата од Ирак се запозна со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите за водење бизнис, како дел од нивната бизнис-мисија на Балканот. По завршувањето на Македонско-ирачкиот бизнис-форум беа одржани и бројни билатерални средби меѓу деловните луѓе од двете земји. Влатко Стојановски
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ДОСИЕ НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ИРАК Обем на трговската размена со Ирак во периодот јануари – ноември 2013 година Извоз
Во САД долари
Увоз
Вкупно
Количина во кг
Сума во САД$
Количина во кг
Сума во САД$
Количина во кг
Сума во САД$
4.010.779,00
3.428.059,00
67
226
4.010.846,00
3.428.285,00
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Ирак во 2012 година достигна вредност од 4,6 милиони САД $ и тоа единствено преку евидентиран извоз на стоки од Македонија кон Ирак, што претставува пад од 43,7% во однос на истиот период од претходната година. Обем на трговската размена со Ирак во периодот јануари –декември 2012 година Извоз
Во САД долари
Увоз
Вкупно
Количина во кг
Сума во САД$
Количина во кг
Сума во САД$
Количина во кг
Сума во САД$
10.242.769,00
4.465.874,00
0
0
10.242.769,00
4.465.874,00
Во структурата на извозот во 2012 година најзастапени производи се: - Земјоделски и прехрамбени прозводи - 3,4 милиони САД долари (свежи јаболка – 2,4 милиони САД долари); - Цигари – 590 илјади САД долари - Машини за принтање – 305 илјади САД долари
Падот во извозното салдо за 2012 се должи на намалениот извоз на свежи јаболка кој во 2011 година достигна вредност од 6,3 милиони САД долари Подготвила: Сања Николова
ВИДУВАЊА Економијата на Ирак
ДОМИНАЦИЈА НА НАФТЕНИОТ СЕКТОР
Сè побезбедното опкружување и странските инвестиции помагаат да се поттикне стопанската активност, особено во енергетскиот, градежниот и малопродажниот сектор. Поширокиот економски развој, долгорочната фискална стабилност и постојаниот раст на животниот стандард сè уште зависат од политиките за реформи кои ги спроведува Владата. Економијата на Ирак во голема мера е водена од државата, а во неа доминира нафтениот сектор, од кој се добиваат над 90% од владините приходи и 80% од вкупниот девизен прилив. Во 2012 година извозот на нафта од Ирак достигна 2,6 милиони барели дневно, што претставува најголема стапка на извоз во последните 30 години, но и значителен пораст од просечниот дневен извоз на нафта во 2011 година, кој изнесувал 2,2 милиона барели. Врските кои Ирак ги има воспоставено со најголемите нафтени компании се и потенцијал за натамошно зголемување на извозот на нафта и профитот, но Ирак ќе треба да работи и на подобрување на процесите за преработка на нафтата, цевководите и извозната инфраструктура, со цел да обезбеди услови за реализација на овој потенцијал. Автономната регионална влада на Курдистан во ирачкиот регион Курдистан (ИРК) усвои свој Закон за нафта во 2007 година и има потпишано околу 50 директни договори за развој на енергетските резерви во ИРК. Федералната влада ја оспорува правната надлежност на ИРК да ги склучува овие договори, од кои некои се однесуваат на нерешени административни прашања меѓу федералната и регионалната влада. Ирак бавно напредува во донесувањето закони и развојот на институциите кои се потребни за спроведување на економската политика, а потребни се и политички реформи за да се отстрани загриженоста на инвеститорите во врска со деловната клима, која беше делумно нарушена со кризата во односите меѓу Багдад и Ербил и отстранувањето на гувернерот на централната банка во октомври 2012 година.
Ирачката влада сака да привлече дополнителни странски директни инвестиции, но се соочува со бројни пречки, меѓу кои се и кревкиот политички систем и загриженоста поради безбедноста и општествената стабилност. Раширената корупција, несоодветната инфраструктура, недостатокот на основни услуги и стручна работна сила, како и застарените трговски закони ги попречуваат инвестициите и развојот на приватниот сектор и бизнисите кои не се поврзани со нафта. Ирак планира да донесе пакет закони со цел да воспостави современа правна рамка за нафтениот сектор и механизам за еднаква распределба на приходите од нафта низ државата, иако овие реформи сè уште се во фаза на спорни и нередовни преговори. Според ирачкиот Устав, некои надлежности битни за целокупната инвестициона клима или се поделени меѓу федералната влада и регионите или целосно им припаѓаат на регионите. Инвестициите во ИРК се во согласност со Законот за инвестиции во регионот Курдистан (Закон 4 од 2006 година) и Курдистанскиот одбор на инвеститори, чија цел е да го поттикне економскиот развој во области под надлежност на ИРК. Од 2006 година инфлацијата е под контрола поради подобрената безбедносна ситуација. Сепак, ирачките водачи се под притисок макроекономските придобивки да ги преточат во подобар животен стандард за ирачкото население. Невработеноста и понатаму е проблем на целата територија на Ирак и покрај големиот административен сектор. Приватното претприемништво би можело да се поттикне со помош на либерализација, а тоа би го олеснило и отворањето нови фирми од страна на граѓаните на Ирак и странските инвеститори. Важни чекори во оваа насока се и искоренувањето на корупцијата и спроведувањето на реформи, односно преструктурирањето на банките и развојот на приватниот сектор.
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
9
СОРАБОТКА Промовиран Проектот „Претприемништвото – иднината на студентите“ и потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
АКАДЕМСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ УЧАТ И ОД БИЗНИСОТ Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум во насока на воспоставување соработка и размена на знаења и искуства, како и заради поттикнување и овозможување заедничко спроведување на проекти и други форми на соработка (27.01.2014 година). Меморандумот е поврзан со новиот Проект: „Претприемништвото - иднината на студентите“, што ќе овозможи подобра соработка меѓу бизнис-секторот и студентската организација и заедничко реализирање и имплементирање на натамошни проекти. Пред потпишувањето на Меморандумот се обратија м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор во Стопанската комора на Македонија и Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент при УКИМ, кои ја изразија својата подготвеност за натамошно учество и реализација на проекти кои ќе придонесат за подобра соработка меѓу бизнис-секторот и студентите. За овој проект се пријавија 100 студенти, од кои беа селектирани 50 кои ќе имаат можност да присуствуваат на обуките кои ќе ги организираат Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент во соработка со предавачи од бизнис-секторот и банките и тоа на теми кои ќе им помогнат полесно да се приспособат на барањата на пазарот на трудот. Обуките опфаќаат теми од областа на пишување бизниспланови, јавно говорење, презентирање, маркетинг трикови и промоција на производи преку социјални медиуми, како и потребни информации за кредити за самовработување и развој на мали претпријатија. Студентите од сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, аплицираа за Проектот со кратки бизнис-идеи кои беа критериум за избор на најдобрите десет со претприемнички дух и кои ќе можат да продолжат во натамошната фаза на Проектот после завршувањето на обуките. Најдобрите десет идеи беа презентирани по потпишувањето на Меморандумот за соработка. Втората фаза е менторството, повторно во соработка со бизнис-секторот и банките во времетраење од три недели. На финална средба меѓу студентите и менторите ќе се изготват препораки за сите студенти и компании со цел зближување на бизнис-секторот и студентите, но и развој на претприемништвото. По потпишувањето на Меморандумот свое обраќање имаа и м-р Нина Фити Неделковска, директор на Дирекцијата за организација, човечки ресурси и плати при Комерцијална банка АД - Скопје и Александра Петровска, дипломиран арх. Инженер, претставник од „Адинг“ АД – Скопје, кои ја изразија својата поддршка за Проектот. Симона Ристеска
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
АКТИВНОСТИ
ЗАЕДНИЧКИ ПОЛЕСНО ДО СПРАВУВАЊЕ СО НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА
Конституирана Групација на сува градба
Повеќе компании кои работат во дејноста на сува градба, беа иницијатори за повторно конституирање на Групацијата за сува градба при Стопанската комора на Македонија. Притиснати од проблемите со кои се соочуваат во работењето, се` почестата, пред се’, нелојална конкуренција oд физички лица кои се вклучуваат во монтажа на гипсени производи, но и залагање за донесување на нормативи за оваа дејност, ги формираа почетните чекори за работењето на Групацијата. На седницата одржана на 28.01.2014 година, беше избран Управен одбор, составен од седум члена. За претседател беше избран Иван Слафкоски од „Лимпинг”, а за потпретседател Коле Битровски од „Омега” и двете фирми од Скопје. На седницата беа усвоени повеќе документи, како што се: Правилата за организација и начин на работа на Групацијата за сува градба, Кодексот на етичко однесување во работењето на правните субјекти од дејноста на сува градба и други. За Кодексот беше договорено, забелешките од страна на присутните да бидат доставени до Комората, а на наредната седница на Управниот одбор, закажана за 4 февруари 2014 година, да се разгледаат и доколку има потреба да се вградат во текстот. На седницата, меѓу другото, беше констатирано дека има потреба од заеднички седници барем еднаш месечно, при што Управниот одбор ќе го предлага дневниот ред, дополнет и со барање на членките. Приоритет на Групацијата на сува градба во наредниот период ќе биде и анимирање и зајакнување на членството, запознавање со активностите кои ќе престојат, како и иницијативите кои ќе се покренуваат до надлежните институции за заокружување на регулативата, со посебно внимание при донесување на техничките нормативи за сува градба. Марија Петроска
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
11
ФОКУСИРАНО
НЕДОСТАСУВААТ ОБУЧЕНИ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЦИ
Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески во посета на модната конфекција „Моника“
Претставници на Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески ја посетија модната конфекција „Моника“ од Прилеп (28.01.2014 година). Таа постои од 1978 година и е препознатлива по модната џинс конфекција „Блу Петрол“ која се произведува на високо автоматизирана технологија за шиење, перење, сушење и боење на секаков вид џинс производи. Модната конфекција „Моника“ моментално вработува 100 конфекциски работници, со намера да вработи уште толку под услов да најде обучени работници, кои во моментов се дефицитарни во регионот. Високиот квалитет на производи оваа компанија го докажува со тоа што веќе многу години работи со голем успех за реномираните светски брендови како што се: JUST KAVALI; ROBERTO KAVALI; VERSACE; DONA KARA; DOLCE&CABANA и други компании. Компанијата „Моника“ покрај производството има и своја трговска мрежа за пласман на своите производи – модни салони препознатливи под името „Блу Петрол“. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
12
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПРЕЗЕНТАЦИИ
НЕОПХОДЕН СТРУЧЕН КАДАР СОГЛАСНО НОВИТЕ БАРАЊА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД На 27 јануари 2014 година во Скопје, во организација на Светската банка се одржа презентација на Извештајот „Раст со работни места во Европа и Централна Азија“. На презентацијата присуствуваа, покрај претставниците на Светската банка, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претставници на академската заедница, на приватниот сектор и претставници на разни државни органи. Целта на овој извештај е да помогне на анализираните земји да продолжат со реформите во правец на подобрување на деловната клима, за реформирање на регулативите, за намалување на даноците на трудот, особено за работниците со ниски плати, за подобрување на системите за социјална заштита, да се направат системите за образование и за обука поприемчиви за сигналите од пазарот, да се отстранат бариерите за работа и да се поттикнат социјални норми кои се поприфатливи за пазарот на труд. Во случајот со Република Македонија, овој извештај треба да придонесе и за подобро дефинирање на политиките во делот на вработувањето кои ќе бидат составен дел на Стратегијата на Светската банка кон Македонија за идниот период, која е во фаза на подготовка. На презентацијата се обрати и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој укажа на податоците од Глобалниот индекс на конкурентност за 2014 година: - во Македонија, од 16 најпроблематични фактори за водење бизнис, на трето место е несоодветната образована работна сила; - според индикаторот за ефикасност на пазарот на работна сила нашата држава се наоѓа на 79-то место со 4,2 поени од можни 7; - според индикаторот за капацитетот на државата да ги задржи талентираните кадри, се наоѓаме на 123-то место со 2,6 поени; - според индикаторот за капацитетот на државата да ги привлече талентите се наоѓаме на 134-то место со 2,1 поен. Тој, исто така, посочи дека фирмите од реалниот сектор бараат квалитетни обучени кадри кои по завршувањето на образовниот процес побрзо и поефективно ќе се вклучат во производните и услужните процеси со помали трошоци. Фирмите укажуваат дека лицата кои аплицираат за работа не се доволно обучени за соодветните
Извештај на Светската банка „Раст со работни места во Европа и Централна Азија“
занимања и дека им треба дополнителна обука за стекнување соодветни знаења и вештини, што нормално ги оптоварува со нови трошоци. Тоа го аргументираше и со податоци од спроведената анкета на Стопанската комора на Македонија за потребите од стручен кадар во металната индустрија, електроиндустријата и прехранбената индистрија. Имено, и покрај големата невработеност, фирмите од овие гранки укажуваат на недостаток на соодветен стручен кадар кој треба
да се изградува низ образовниот систем, согласно со новите барања на пазарот на труд. Образовниот систем треба да понуди поразновидни и флексибилни можности за стекнување знаење и вештини кои ќе им бидат потребни на младите луѓе за нивниот кариерен развој и кои ќе стимулираат претприемнички дух.
Исто така, тој посебно упати барање до надлежните органи да ја дефинираат правната регулатива во делот на заштита на вложувањата на работодавачите инвестирани во стручното усовршување на своите вработени. М-р Ацо Спасовски
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
13
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Брендовите кои ја надживеаја некогашната СФРЈ
БЕКУТАН НА „АЛКАЛОИД“ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ ВО РЕГИОНОТ
Бекутан, Бамби плазма бисквитите , мотоциклите Томос, вегетата на Подравка и домашните апарати на Горење, се брендови кои се востановени во поранешна Југославија, а опстојуваат и до денес. Во анализата што ја направи „Ал Џезира“ наведува дека за време на поранешна Југославија многу брендови изградија имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Меѓутоа во процесот на транзиција одредени компании наидоа на многу проблеми во понатамошно функционирање, што ги натера да ја променат стратегијата на работење. Подравкината вегета е создадена на крајот на педесетите години, а денес се продава во 40 земји во светот. Српскиот бренд Бамби во 1970 година произведувал 16 милиони кутии бисквити, додека денес произведува 70 милиони. Македонскиот Бекутан, чиј рецепт се чува како најголема деловна тајна, е еден од најголемите брендови во регионот. Бекутан постои 36 години, а се проценува дека до сега се продадени над 45 милиони креми. Горење почнува со работа со околу 11 вработени. Денеска работи и на азискиот пазар, а планира и понатаму експанзија на други континенти. (Ал Џезеира)
Винер-Виена Иншуранс Груп во 2013 година
РАСТ НА ПРИХОДИТЕ ОД ОСУМ ОТСТО
Винер – Виена Иншуренс Груп во деловната 2013 година забележа раст на приходите и профитот за осум проценти. Како што соопштуваат од компанијата на домашниот осигурителен пазар во изминатата година со полисирана премија од 1 милијарда и 414 милиони денари, Виена Иншуренс Груп останува лидер според пазарниот удел во Република Македонија. Бројките и резултатите се одлични, како и натфрлените норми по сите параметри кои се вреднуваат како суштествен успех и основа за долгорочна стабилност, вели Зоран Нарашанов, генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп. Виена Иншуренс Груп е присутна присутна во 25 земји со над 50 компании, со годишни приходи од речиси 10 милијарди евра. Групацијата е присутна во Македонија преку Винер Осигурување од 2009-та година. (МИА)
БИЗНИС ИНФО
14
ДОКУМЕНТИ
ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СИТЕ НЕДАНОЧНИ И ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ОПТОВАРЕНОСТА НА ФИРМИТЕ
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
Мислење по Нацрт Претпристапната економска програма за периодот од 20142016 година
Во врска со Барањето за мислењето од страна на Министерството за финансии за Претпристапната економска програма за периодот 2014 -2016 година, Стручната служба на Стопанската комора на Македонија ја разгледа Нацрт Претпристапната економска програма за периодот 2014-2016 година и во консултации со дел од своето членство изнесе МИСЛЕЊЕ. Стопанската комора на Македонија, генерално, дава подршка на содржината на Нацрт bsi. ISO 9001 Претпристапната економска програма за периодот 2014-2016, подготвена од Министерството за финансии. FS 549642 Во неа реално се прикажани остварените макро www.mchamber.mk економски движења, како основа за определување на насоките и мерките во наредниот среднорочен период. Стопанската комора на Македонија ги подржува и наведените мерки на економската политика кои треба да се преземаат во идниот период, а се во функција на реализација на стратешките цели и тоа: интензивирање на стопанскиот раст, продолжување со спроведувањето на реформите, подобрување на бизнис климата и привлекување на странските инвестиции, намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард. Посебно ја истакнуваме и ја подржуваме определбата за продолжување со интензивни капитални инвестиции во инфраструктурата.
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Quality Management
Но, имајќи ги предвид потенцијалните ризици кои можат да се јават од интерни или екстерни причини, напоменуваме дека Предпристапната економска програма треба да провејува со умерен оптимизам во поглед на нејзините предвидувања дека со реализација на овие мерки стопанството целосно ќе заздрави. Проблемите на нашето стопанство се структурни и реално не може да се очекува дека стопанството за кратко време целосно ќе се опорави од негативните влијанија кои ги предизвика светската економска криза.
Во исто време, со цел истата пореално да ги инкорпорира барањата на стопанството, ги даваме и следните конкретни предлози:
1. Во планираните реформски активности да се предвиди мерка во 2014 година за преиспитување на сите неданочни и парафискални давачки во функција на намалување на оптовареноста на фирмите по разни основи. Паралелно со оваа мерка треба да отпочнат активности за востановување на посебен регистер на сите овие давачки; 2. Во делот на регулаторните реформи треба да се предвидат активности и мерки за постојана консултација на бизнис заедницата при подготовката на законските и подзаконските прописи. Стопанската комора на Македонија постојано укажува на овој проблем, бидејќи имаме реакции од нашите членки на чести измени и дополнувања на овие прописи, бидејќи истите, најчесто, се донесуваат по итна постапка, без спроведување јавна расправа или пак со спроведување консултации со дел од засегнатите страни и во многу кратки рокови. Во таа насока укажуваме дека треба да се предвидат мерки и активности за подобрување на функционалноста на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР. Во практиката има многу недоречености. Имено, рокот оставен од 30 дена за коментирање по одреден пропис често не се почитува и се случува во рок од 3 дена од објавен пропис истиот да биде изгласан од страна на Владата на РМ. Има примери кога напишани коментари не се објавуваат веднаш по нивното пристигнување туку после еден месец кога законот е веќе изгласан и објавен во службеното гласило „Службен весник на РМ“. Паралелно, нема ни одговор на доставените коментари односно дали се истите прифатени или не. Се уште има примери каде не се поставуваат сите потребни документи поврзани со одреден пропис или пак не се поставува најбитниот документ, предлогот на законот. Во иднина и подзаконските акти треба да бидат поставувани на ЕНЕР со што ќе се зголеми транспарентноста во донесување на целосната правна регулатива во државата; 3. Во делот на судските реформи треба да се предвидат дополнителни мерки кои ќе ја гарантираат правната сигурност за водење бизнис во Македонија и за владеење на правото и почитување на договорите. На овој план состојбата се оценува како незадоволителна, а тоа го потврдуваат и оценките на Doing business, како и согледувањата на глобалниот индекс на конкурентност од Светскиот економски форум; 4. Стопанската комора на Македонија ги подржува мерките за реформа на јавната администрација во функција на рационализација и обезбедување ефикасни јавни административни услуги. Тоа претставува процес кој секогаш може да се усовршува и надградува, а тоа во голема мера може да придонесе за побрзо и поефикасно завршување на административно-правните работи за потребите на бизнисот, што всушност
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
15
ДОКУМЕНТИ овозможува администрацијата да работи за потребите на бизнисот, а не обратно, и тоа во крајна линија, секако доведува до подобрување на деловната клима во државата. Посебно внимание треба да се посвети на еднакво применување на регулативата од страна на јавната администрација во рамки на самите јавни институции, помеѓу нив и на ниво на локалната самоуправа. Тоа подразбира постојано иновирање на знаењето и практиката на јавната администрација; 5. Во делот на мерки за подобрување на бизнис климата треба да се интензивираат активностите за примена на едношалтерски систем на работење за правните лица. Тоа го предлагаме со цел за надминување на состојбата со долгите административни процедури за добивање оперативни дозволи и решенија (еколошки, градежни, урбанистички и др.) кои претставуваат кочница во реализирање на инвестиционите проекти на компании за ревитализација и модернизирање на производните капацитети (пр. во одредени случаи на компаниите им се потребни речиси две години за обезбедување на сите потребни дозволи за реализација на зафатот); 6. Стопанската комора на Македонија укажува дека во Претпристапната економска програма посебно внимание треба да се посвети на мерките кои се однесуваат на квалитетот на образовниот систем, односно усогласувањето на образовните кадри кои што системот ги произведува и нивното апсорбирање во македонскиот пазар на труд. Според истражувањата на Светска банка, лицата со високо образование се единствената група која се соочила со зголемување на стапките на невработеност од 2007 година (иако значително пониски од стапките на невработеност на лицата со средно или пониско ниво на образование). Тоа значи дека оние кои стекнуваат високо образование имаат потешкотии да најдат соодветно вработување додека пак истовремено локалните компании тешко наоѓаат вешти работници. Согледувајќи ги овие проблеми, се наметнува потребата високо образованите луѓе да се насочат кон обезбедување на вистинските вештини за вработување и продуктивност како и градење на широки вештини кои лесно можат да се пренесат од едно занимање во друго. Конкретните решенија за овој проблем, односно полесно прилагодување на студентите на потребите на пазарот на трудот, се поврзани со соработката помеѓу самите образовни институции и компаниите. Задолжителната практична настава во изминатите години се покажа како добар почеток во инволвирање на студентите во реалниот сектор и со тоа стекнување на работно искуство, а, Комората ги поддржува и напорите за воведување на клиничка настава која дополнително би ја зголемила комуникацијата и соработката меѓу претставниците на пазарот на трудот и нивните идни вработени; 7. Европската Унија на Република Македонија, како земја кандидат за членство, и дава можности за поголемо користење на средства од европските фондови во идниот период. Затоа, од аспект на бизнис заедницата, предлагаме во Претпристапната економска програма посебно место да заземат мерки и активности кои треба да се преземат со цел обука на стручни лица, и во надлежните институции и кај компаниите, за поголемо искористување на расположивите средства од Европската Унија, бидејќи досегашниот степен на искористеност на ваквите средства е незадоволителен; 8. И покрај перманентното зголемување на обемот на средствата што државата по разни основи ги пласира во земјоделството, остварувањата во оваа област не кореспондираат со интензитетот на донациите, а остварениот негативен раст од 0,5% по трите квартали во 2013 година во однос на истиот период од претходната година укажува на потребата од преиспитување на пристапот за постигнување на саканите ефекти. Во оваа насока за одбележување е премногу бавната можност за користење на средства од ИПАРД програмата, чија реализација се ефектуира дури по година-две; 9. Развивањето на јавно-приватното партнерство, во сите сегменти од стопанскиот живот, е значаен фактор за позитивен економски раст, на што носителот на економската политика во државата треба да му даде максимално внимание преку креирањето на мерките на економската политика. (Стопанска комора на Македонија)
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
СТРАНСКИ ПЕЧАТ
MADE IN GERMANY ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО УПОТРЕБА
Колку светот верува на германските производи?
Назнаката Произведено во Германија или Made in Germany, се уште е на добар глас. Но, германските производители на тоа не смеат да се потпираат. Назнаката не е важна, туку квалитетот – покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение. - Германската назнака за земјата на потекло Made in Germany треба да остане во употреба – порачуваат од Брисел политичари и претседатели на разни здруженија од Германија. Имено, во Брисел се размислува назнаката за земјата на потекло да се усогласи со царинските прописи. Критичарите наведуваат дека тоа е опасност за добрата позиција која во светот ја имаат германските производи. На назнаките Made in Germany, долги години веруваат не само 70 отсто германски потрошувачи, туку и купувачите ширум светот. Агенцијата за пружање на услуги која е во државна сопственост, Germany Trade & Invest (GTAI), поранешна сојузна Агенција за информации за надворешна трговија, сака точно да знае колку вреди таа назнака. Таа агенција, покрај другото, ги информира германските компании за пазарите во странство и ги следи странските претприемачи при отворање на свои компании или погони во Германија. GTAI така наведува дека германските производи во Русија биле ценети уште од времето на царска Русија. Бернд Хонес од GTAI вели дека една германска машина е доволна руските претприемачи на своите купувачи да гарантираат квалитет. Тој вели дека угостителските објекти се тркаат во тоа кој пречекал познат германски гостин. – На интернет потрошувачите за германските производи имаат само пофални зборови. Во Русија под назнаката Made in Germany се подразбира квалитет и верување во него – вели Хонес. Добри вести доаѓаат и од Велика Британија. – Реномето на производите и услугите од Германија во Велика Британија е непроменето. Тоа е добро – вели Штефен Ехнингер од канцеларијата GTAI во Лондон. – Врската на Британците со германските производи и услуги трае повеќе од 100 години и според истражувањата на јавното мнение, таа врска во последно време е уште посилна – вели Ехнингер. Самата назнака не е доволна Сепак, оценките што доаѓаат од Москва и Лондон во меѓувреме се исклучок. - Made in Germany во Бразил се уште е гаранција за доверба, трајност и квалитет – вели Оливер Дене од GTAI од Сан Паоло. – Меѓутоа, опаѓа подготвеноста тоа да се плати. Германските фирми мораат повеќе да инвестираат во комуникацијата и сервисот. Исто така, треба повеќе да се приближат до купувачите, значи да одржуваат контакт со купувачите и откако ќе го купат производот. Во добростоечките слоеви на општествата, германските производи се омилени, додека во средниот слој за нив знаат малкумина – вели Дене. Made in Germany во Народна Република Кина, како и порано, е доста добар аргумент за купување. Меѓутоа, тоа не води до успех – вели Штефани Шмит, претставничка на GTAI во Пекинг. Конкуренцијата на сите полиња значајно е зголемена. Фирмите кои произведуваат во Кина на купувачите мора да објаснат дека производите често се само дизајнирани и проектирани во Германија. Поради тоа Шмит препорачува дека не треба повеќе да се потпираме на стариот печат: - Иднината е во изградба на сопствена марка. Само техника, но не и стил на живот - Германските производи во Индија се на добар глас. Меѓутоа, тоа не важи за сите бранши – вели Катрин Пасвантис, претставничка на GTAI од Њу Делхи. – Германските производи се сметаат за квалитетни. Без оглед на тоа што Индијците се воодушевени од германските производи и пред се од техниката, високите цени ги плашат потрошувачите. - Германскиот дизајн и животниот стил не се претерано омилени, за разлика од машините, автомобилите или кујните – вели Пасвантис. Во САД повикувањето на германското потекло во многу бранши сеуште е аргумент за добра продажба. Мартин Викерт, репортер од Вашингтон, вели дека во САД германските производи се сметаат за квалитетни, прецизни и доверливи. – Од друга страна, тоа е несакана конкуренција за производите Made in the USA. Кога се работи за Јапонија, германските производи исто така се доста ценети, пред се автомобилите и машините. Меѓутоа, таквото реноме постојано мора повторно да се докажува – јавува претставникот на GTAI во Токио, Детлеф Рен. Инаку, назнаката Made in Germany таму не е ограничена само на производите. Тоа го покажаа Октоберфест или божикните саеми во Јапонија. (Дојче веле - Бон)
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
Веб-сертификат EXCELLENT SME Што претставува сертификатот Excellent SME?
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СЕМИНАР: „НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА И КРИВИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПРАВНИТЕ ЛИЦА“
5.02.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА “НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА” I. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА; 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Пресумпција на невиност II. ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Права и обврски на јавниот обвинител 2. Надлежност на јавниот обвинител 3. Раководна улога на јавниот обвинител во предистражната постапка 4. Откажување на јавниот обвинител од кривично гонење 5. Условно одлагање на кривичното гонење 6. Непреземање на кривично гонење III. Истражни центри на јавното обвинителство -ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Должности на правосудната полиција 2. Овластувања на Управата за финансиска полиција и Царинската управа 3. Состав на правосудната полиција 4. Службеници доделени на јавниот обвинител по потреба 5. Функционално располагање со правосудната полиција IV. ОБВИНЕТ И БРАНИТЕЛ 1. Права на лице повикано, приведено или лишено од слобода 2. Права на обвинетиот 3. Право на бранител 4. Заеднички бранител за повеќе обвинети и повеќе бранители за еден обвинет V. Kривично дело и кривична одговорност кај правните субјекти 1. Услови за кривична одговорност на правно лице 2. Граници на одговорноста на правното лице 3. Одговорност во случај на стечај и промена на статусот на правното лице VI. Заклучоци Предавачи: 1. Наум Паноски, Јавен обвинител (Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција) 2. Доц. Д-р Атанас Козарев, професор на факултетот на правни науки-катедра за казнено право
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 3.02.2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СОВЕТУВАЊЕ: „РЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА ПЛАСМАНИТЕ И ОПОРАВУВАЊЕ НА МСП И НА КОРПОРАТИВНИТЕ КЛИЕНТИ“ (перспектива на менаџмент на ризик) ПРОГРАМА: Прв ден • Вовед во моменталната тековна, економска и пазарна состојба и влијанието врз кредитирањето на банките и наплатата на долговите • Терминолошко појаснување – Работна и дистерсна репрограма на побарувањата – Реструктуирање на побарувањата и работењето – Опоравување на должниците – Регулаторска преферирана терминологија - резервациски третман на различни типови на финансиски репрограми • Предвидување на реструктурирањето – Деловен циклус и циклус на обртен капитал – Потребите од податоци и анализа на клучните финансиски показатели – Динамиката на рејтингот во рамките на кредитното портфолио – Процес од анализата на финансиските извештаи до собирање на потребните податоци од терен – Идентификација на реалната и финансиската состојба на должникот – EWS и предвидување на реструктурирањето – како да се започне навремено Втор ден • Управување со реструктурирањето • Финансискиот аспект на реструктурирањето – Анализа на клучните работни процеси – да се разбере од каде и како настануваат финансиските податоци – Предлози како да се воспостави усогласеност во билансот – Реструктурирање на билансот на успех • Менаџерски апсект на реструктурирањето – Важноста на воспоставувањето дијалог со сите стејкхолдери – Наплата на побарувањата и одредување на оптимално ниво на вклученост во процесот на преструктурирање со работа со клиентот • Оптимална структура на на реконструкција на побарувањата – Потенцијални примарни и секундарни извори за наплата – Од контрола на планот за работењето до активната асистенција при изработка на план за наредниот период – Воспоставување на ефективен надзор за наменско трошење на средства • Реалната состојба од реструктурирање на кредитите (примери од моменталната состојба во Хрватска)
6-8.02.2014 (четврток-петок) Хотел „Парк” Белград hotelparkbeograd.rs
• Лекции од досега иницираните предстечајни спогодби • Зголемените кредитни стандарди и успешност од реструктурирањето во моменталната пазарна и економска состојба • Од менување на дел од долгот во сопственички удел до отпишување на долгот • Рехабилитација на должникот • Евалуација на рејтингот на клиентот • Промени во капиталните пондери и динамика на ослободување на резерви • Оптимална организациска поддршка за рехабилитација на должникот ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство . Работен јазик на семинарот: хрватски. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 9.990 + ДДВ (11.788 денари) Во цената на аранжманот вклучено е: - превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 6 февруари 2014 година во 6:00 часот и враќање на 8 февруари во попладневните часови); - 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. * Пријавување до 25 јануари 2014 година. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СЕМИНАР: РАБОТНИ ОДНОСИ
11.02.2014 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
„Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа, одлагање од извршување на конечна одлукадо донесување на судска одлука, празници, слободни денови, исплата на дневници и службени патувања, остварување на правата кај работодавачот, објавување на слободни работни места, спогодбен престанок на работниот однос, посебни договори согласно ЗРО, синдикално организирање на вработените во трговските друштва, основни обврски на работодавачот согласно Законот за безбедност и здравје при работа и остварување на правото на жалба согласно законски измени’’ ПРОГРАМА: - Суспензија на работник до конечна судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници за службени патувања; - Остварување на правата кај работодавачот (член 181); - Огласување на слободни работни места; - Спогодбен престанок на работниот однос; - Посебни договори согласно ЗРО (член 252); - Синдикално организирање на вработените во трговските друштва; - Основни обврски на работодавачот согласно Законот за БЗР; - Правото на жалба согласно законските измени. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Злате Стојановски, раководител на Одделение за работни односи при Државниот инспекторат за труд. За сите учесници на семинарот обезбедено е: - работен материјал и - сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 10.02.2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 26.02 до 2.03 2014 година во Република Турција ќе се одржат значајни саемски манифестации
UNICERA 2014, KITCHEN WORLD 2014 и GARDEN WORLD 2014 ВО ИСТАНБУЛ
Керамика: • мозаик, плочки за купатила и кујни; • кади, џакузи, туш кабини; • мебел за бањи; • сауни, турски бањи и нивна опрема; • хидро масажери; • керамички плочи и машини за нивна обработка; • хемикалии, лепила; • печки за керамика; • мебел за кујни, вградени апарати и апарати за кујна. Мебел за градини: • мебел за градина од дрво, ковано железо; • градинарски декорации; • нишалки, вештачки езера, водопади; • скари, саксии, клупи; • природни камења, мермер, гранит, вештачки карпи; • градинарски цвеќиња, природни и вештачки тревници; • косилки и базени. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 26.02 до 02.03 2014, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.
Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.
Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).
Пријавување до 14.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: http://www.unicera.com.tr/ или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Марија Петроска тел.02 3244 017 факс:02 3244 088 marija@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“
На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска
Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година. Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори. Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори: -тур-оператори и агенти; - хотели, мотели и кампување; -здравје и спа-центри; -агро и екотуризам; -активен туризам; -сообраќај (автобус, железнички и воздушен); -осигурување и финансирање; -инвестирање во туризмот; -угостителски објекти: храна и пијалаци; - понуда и побарувачка на гастрономски производи; -интернет-туризам и др. Придобивки за Вашата компанија: -идентификација на нови потенцијални партнери пред регистрација за да се обезбеди ефикасност; - да се зголеми бројот на нови контакти преку претходно закажани деловни средби; -да се запознаат нови потенцијални партнери и да се развијат идни партнерства; -добивање поддршка од Enterprise Europe Network; -слободен влез за „ГАСТ“; -учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски Европски информативен и иновативен центар Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 5 до 7 март 2014 година, Саем за готов мебел и декорација на мебел и украси, во Република Турција
„MODEKS 2014“ ВО БУРСА
Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании. Истиот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. На површина од 45.000 м2 во 6 хали, ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, ќе се претстават со своите производи: • модерен мебел; • мебел за дневни соби; • спални соби; • трпезарии, маси, столици; • класичен мебел, софи, фотелји; • ткаенини за мебел; • украси за мебел; • постелнини; • осветлување; • дизајнери; • здруженија за мебел; • детски соби и за тинејџери со стандард кревети; • медицински / ортопедски кревети и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5 до 7 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 23.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Сашо Деспотоски тел.02 3244 089 факс:02 3244 088 saso@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„WINDOW 2014“, „GLASS EXPO 2014“ И „DOOR EXPO 2014“ ВО ИСТАНБУЛ
Од 12 до 15 март 2014 година, Саем за прозори, стакло и врати во Република Турција
Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на саемот ќе имаат можност да ги видат разните видови изложени производи.
од 12 до 14 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.
Прозори: Прозорски профили, ПВЦ профили, алуминиски профили, дрвени профили; механизми и рачки за профили; шарки за прозори, лизгачки системи, безбедносни системи за прозори; машини за заварување и за обработка; пневматски системи, прозорски системи; вентилација за прозорци; ролетни; материјал за изолации за прозорци, лепила, фасадни системи, изолации за топло, за вода, звук и пожар.
Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2014 година. За повеќе информации за ISTANBUL WINDOW 2014 -посетете ја веб страната http://www.istanbulwindowfair.com/ или контактирајте не`.
Врати: Врати; ПВЦ врати; челични врати; стаклени врати; дрвени врати; врата за гаражи; ротациона врата; панел врата; врата од ковано железо; индустриски врати; секциска врата; блиндирана врата; хидраулична и пневматска врата; врати за болници; лизгачка врата; врати за возила; рамки за врата; автоматска врата; електронски систем за врата; механизам за автоматска врата Стакло: Рамно, повеќе слојно, темперирано стакло, стакло за автомобил, стакло отпорно на пожар, витраж, стакло за огледало, матирано, медицинско стакло; кристал и рачно изработено стакло, лабораториско стакло, оптичко стакло, декоративни стаклени предмети, конкавно стакло; машини за обработка; за сечење на стакло; материјал за изолација на стакло; завртки; резервни делови, хемикалии, лепило, двоено застаклување, калциум оксид, молекуларни сита, полупроизводи, бои за стакло, сода, течни стакла.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Перо Авакумовски тел.02 3244 048 факс:02 3244 088 pero@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација
МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговскоиндустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнисодноси меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизниссоработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст.
На 24 април 2014 година во Киев, Украина
Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина. Пријавување до 7 февруари 2014 година. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
БИЗНИС ИНФО
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
www.mchamber.mk Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на дрво. Валидност дo: 10.02.2014 година Компанија од Италија бара соработка со производители на мебел во Република Македонија за изработка на мебел по нарачка. Валидност дo: 10.3.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на сигурносни врати во Република Македонија. Валидност дo: 10.3.2014 година
Германска компанија е заинтересирана да соработува во Република Македонија во областа на давање услужни дејности во тешката индустрија и енергија од ветер. Валидност дo: 10.3.2014 година Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на современи аудио апарати и опрема. Валидност дo: 11.3.2014 година Хрватска компанија бара соработка со депониите во Република Македонија за пласман на возила
за собирање отпад и одржување на депониите. Валидност дo: 11.4.2014 година Компанија од Естонија заинтересирана е да пласира противпожарна опрема во Република Македонија. Валидност дo: 11.4.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на безбедносни и сигурносни системи. Валидност дo: 11.02.2014 година Компанија од Грција бара соработка со градежни
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
БИЗНИС ИНФО
27
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании и трговци на градежни материјали во Република Македонија за пласман на армирани бетонски ѕидови со термичка и сеизмичка заштита на објектите, како и водена и звучна изолација. Валидност дo: 11.3.2014 година Компанија од Грција нуди ИТ-решенија за банкарскиот и автомобилскиот сектор во Република Македонија. Валидност дo: 12.02.2014 година
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на адитиви за бетон. Валидност дo: 12.3.2014 година
Компанија од Тајван заинтересирана е за пласман на стетоскопи во Република Македонија. Валидност дo: 12.3.2014 година
Компанија од Турција бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за пласман на метални копчиња и дрикери и метални токи. Валидност дo: 12.4.2014 година
Компанија од Словачка заинтересирана е за пласман на заштитни средства и средства за премачкување на чевли. Валидност дo: 13.02.2014 година
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за справување со Компанија од Бугарија бара штетници. дистрибутери во Република Валидност дo: 12.3.2014 Македонија за пласман на година органски природни чаеви. Валидност дo: 12.3.2014 година
Компанија од Грција заинтересирана е да откупува кондисторски производи во Република Македонија, посебно мастики за џвакање. Валидност дo: 13.02.2014 година
Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 30 Јануари 2014, Бр. 164
ПОВИК
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании
МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk М-р. Александар Кедиоски тел: : (02) 3244052, aleksandar@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОКРОВИТЕЛИ
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia