БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 241
www.mchamber.mk
29.10.2015
Промена во филозофијата на работењето на Стопанската комора на Македонија
МЕСТО КРИТИКИ - ПОНУДА НА РЕШЕНИЈА ПОДОБРИ ОД ПОСТОЈНИТЕ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Semejna kompanija
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
C
UR
O
НИКО
�
SE
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ПОД ПЕЛИСТЕР Почнавме сами да инвестираме во нашиот прв приоритет - проектот Индустриска Зона - Жабени. Изработивме потполно нов ДУП, а потоа - водоводна мрежа, канализациона мрежа, телефонија, со сопствени средства изградивме и пречистителна станица за потенцијалните 5000 корисници, а Владата на Р. Мкедонија не поддржа со финансиски средства за изградба на голема трафостаница и електрификација на зоната, потоа тампониравме, па еден дел асфалтиравме, а со одлука на Советот во општина Битола донесовме дополнителни поволности за инвеститорите кои би инвестирале во нашата И.З. Предвидовме и стопроцентно ослободување од комуналии за инвеститорите кои ќе одговорат со исполнување на условите според критериумите од одлуката на Советот. Досега таму имаме вложено вкупно околу 5 000 000 евра кои ги донесоа и првите резултати. Резултатот е - инвестиција од над 20 000 000 евра, фабриката Кромберг и Шуберт - фабрика за производство на кабли за електроника за автомобилска индустрија, за БМВ, Ауди, Мерцедес и Мини Купер. Во моментов таму има 2 400 вработувања, до Нова година ќе бидат вкупно 2 500, а потоа се планира проширување на капицетите на фабриката за уште 1 500 нови вработувања. Општината веќе работи на уште еден пристапен пат за влез во фабриката, а Кромберг и Шуберт се подготвуваат за изградба на уште еден објект со капацитет за новите 1 500 вработувања. Идниов период очекуваме таму да има вкупно 4 000 вработени. Следниве неколку месеци очекуваме и нови инвеститори. Две компании ни ги потврдија своите инвестиции, а ние за нив веќе подготвуваме соодветна документација за да ја забрзаме постапката за инвестирање. Се работи за една компанија од Турција и една од Италија. Втор голем приоритет на кој се фокусираме е старата касарна, или сега Златен рид. Со одлука на Владата на РМ касарната се префрли во надлежност на општината. Се работи за површина од 103 хектари. Тоа е едно од најубавите места во Битола. За касарната направивме 3 детални урбанистички плана каде предвидовме населба за околу 5000 жители. Последниве сезони интензивно работиме на средување на инфраструктурата во касарната, а досега интерес покажаа 8 компании кои веќе инвестираат (градат) свои објекти. Старата напуштена касарна денеска е едно големо градилиште. Овие два големи проекта се долгорочни и ќе бидат приоритет на општината и следните неколку градежни сезони. (Владимир Талески, градоначалник на Битола во „Вечер“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПОДВЛЕЧЕНО
ТЕШКО ДО ПОГОЛЕМ РАСТ САМО СО СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
Ако се спореди економската ситуација во Македонија и во Словенија, па и со другите држави во регионот во последните 10 години, може да се рече дека за разлика од другите, Македонија лесно ја помина кризата и беше релативно малку погодена. Веројатно, една од главните причини за тоа беше што другите земји беа многу посилно финансиски зависни и поврзани со меѓународните финансиски пазари, имаа голем раст, па затоа и економскиот пад кај нив многу беше поголем. Вашата земја релативно подобро помина, иако е факт дека сега, како и пред кризата, Македонија има пониски стапки на раст за разлика од другите. Очигледно е дека македонската Влада води агресивна политика за привлекување на странски инвестиции и во таа насока се направени многу реформи. Тоа е добро. Секоја држава сака странски инвестиции и прави напори за нивно привлекување. Но, другите држави беа помалку активни, пред се’ во смисла на давање на државни, специфични бенефиции. Токму затоа Македонија служи како пример во регионот според условите за водење на бизнис. Но, за жал, досега не се забележува дека инвестициите влијаат во голема мера врз економскиот раст. Јас би рекол дека само на база на странски инвестиции тешко е да се планира долгорочен развој на економијата во целина. Тоа е еден значаен елемент, но не и единствен. Најдобро е странските инвестиции да се комбинираат со домашните.
(Проф. д-р Мојмир Мрак од Економскиот факултет во Љубљана во „Утрински весник“)
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
СЕКОЈ ДЕНАР ПОТРОШЕН НА КОМУНИКАЦИЈА ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ! Во Македонија имам впечаток дека компaниите комуникацијата ја поистоветуваат со огласување или advertising. Изборот на комуникациски канали е во голема мерка традиционален и најчесто базиран на електронските медиуми. Полека се освестува потребата за рекламирање и на интернет, посебно социјалните мрежи, но сепак тоа се менаџира на ниско организирано ниво. Компаниите како да немаат доволно знаење или пак воља да ги менаџираат сите допирни точки на марката со корисникот. А тоа е неопходно. Врската со марката и компанијата се гради преку целиот сложен систем на допирни точки во комуникацискиот канал и тоа со доследна комуникација. Не е доволно да се сними спот, да се пушти радио реклама или да се стави на билборд производот или услугата а при тоа да се занемарат продавниците, on line продавниците, интернет страницата, блоговите, социјалните мрежи, итн. Комуникацијата покрај пренос на информации содржи и вишок информации или т.н. шумови. Затоа компаниите мораат да ја намалат количината на шумови во процесот на комуникација, а тоа најлесно се постигнува со доследост на сите нивоа. Најчестата грешка, според мене, е што компаниите немаат развиено и не применуваат интегриран систем на менаџирање на процесот на комуникација. Одлуките се носат интуитивно и само на ниво на допадливост без да се земат предвид сите димензии на процесот. Кај нас и креативните агенции сакаат да ја мерат својата успешност преку добиени награди на фестивали, а не преку квантификација на резултатите од кампањите преку продажба, перформанси на марката, силина на емотивната врска која ја изградиле меѓу марката и корисникот. Интернационалните компании имаат развиено систем за евалуација на ефектите од кампањите и целокупната комуникација но, за жал домашните компании сеуште се водат од личната проценка на сопственикот кој е и најчесто управител. (Весна Кузмановиќ, сопственик и извршен директор на STRATUM R&D во „Иновативност“)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
АКТУЕЛНО
Промотивен настан во Стопанската комора на Македонија на кој беа претставени активностите за наредниот период
Стопанската комора на Македонија организираше Промотивен настан на кој беа промовирани неколку клучни активности во следниот период, насочени кон надградување на институционалните капацитети на Стопанската комора на Македонија, преку поврзување на науката и бизнисот од повеќе аспекти, во областа на научноистражувачката и образовната дејност. Исто така, на настанот беа промовирани компаниитечленки кои се успешни не само во земјата, туку и во странство, и со инвестиции во производни капацитети, и имаат повеќекратно позитивен ефект врз вкупната македонска економија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, посочувајќи го храбриот чекор на домашните компании кои во обид да го зголемат извозот, да ги оптимализираат трошоците и да станат поконкурентни на светските пазари, преземаат инвестициски активности надвор од земјата, уште еднаш потенцираше дека клучниот проблем на регионот е што заедничките бизнис-активности се сведени на минимум. Загрижувачка е ситуацијата дека
ВО СОРАБОТКА СО ВРВНИ СТРАНСКИ ИНСТИТУТИ ЌЕ СЕ НУДАТ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
нема заеднички проекти, ниту се работи интензивно на дефинирање регионални производи. Заради надминување на ваквите слабости, кои се сериозно препознаени речиси во сите земји од регионот, минатата недела во Будва, стопанските комори од регионот, во рамките на неодамна формираниот Коморски инвестициски форум (КИФ) ги дефинираа приоритетите и насоките на делување за наредниот период. Идејата е посебен акцент да биде ставен на изработка на заеднички проекти од регионално значење, со поддршка на различните европски фондови. На денешниот настан во Стопанската комора на Македонија, беа презентирани инвестициските активности на 10-тина македонски компании кои се јавуваат како странски инвеститори во земјите од регионот и пошироко. Во обид секоја наредна година да постигнат подобри економски резултати и со желбата за освојување на нови пазари, овие компании не знаат за гранични бариери. Пречките за настап на пазарите ширум светот, оптимализација на трошоците преку поевтини суровини, како и помали трошоци за транспорт, еден дел од компаниите го премостуваат со отворање фабрики надвор од границите на Македонија. Најчести дестинации се соседните земји, но и другите земји во Европа. Во периодот што следи, работењето на Стопанската комора на Македонија ќе биде насочено кон зајакнување на институционалниот капацитет на Комората преку јакнење на улогата на истражувачките центри во нејзин состав. Во таа насока е и
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
АКТУЕЛНО иницијативата за формирање Клуб на доктори на науки (замислен да функционира како Истражувачки центар) во рамките на Комората, што во суштина ќе значи и насочување на активностите на Комората кон истражувачки и аналитички проекти, фокусирани на повеќе различни теми кои се од значење за подобрување на деловната клима во Република Македонија на општо ниво, но истовремено, и унапредување на состојбите во различните сектори и дејности, истакна м-р Елена Милевска Штребевска, оперативен директор во Стопанската комора на Македонија. Притоа беше посочено дека основната идеја е непосредно од членките за членките да се овозможи експертите во различни области кои активно придонесуваат во работата на органите и телата на Комората, своите интелектуални, аналитички и творечки капацитети да ги ст ават во функција на подобро остварување на целите на работењето на Комората и на нејзините членки. Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, донесе одлука за зачленување во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, со што се овозможува користење на услугите на Институтот, како што се: извештаи за прогнози, за странски директни инвестиции, прирачник за статистички извештаи и извештаи од истражувања, месечна база на податоци на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. - Сите овие податоци ќе бидат добра основа за подготовка на научно-истражувачки студии, анализи и други проекти, во согласност со барањата, потребите и интересите на Комората и нејзините членки, - посочи проф. д-р Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Официјално како членка во Виенскиот институт, Комората ќе пристапи од 1 јануари 2016 година. -Стопанската комора на Македонија официјално, директно воспостави соработка со Институтот за економска промоција на Австриската федерална комора, WIFI, најголемата и најнапредна образовна институција во Австриската коморска организација, а истовремено и најголем провајдер на стручно образование во Австрија. Значењето на оваа соработка е од голема важност, бидејќи ќе биде првенствено директна поддршка на Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија, но и можност за македонските компании во делот на усовршување на образовниот процес, - посочи д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Даниела Михајловска Василевска
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНА
КОНТИНУИРАНО РАСТЕ БРОЈОТ НА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ КОИ АКТИВНО СОРАБОТУВААТ СО СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИТОРИ
Градење взаемна соработка меѓу странските инвеститори и локалните добавувачи во рамките на регионалните синџири на добавување во регионот на ЦЕФТА
Во рамките на Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија oрганизираше тркалезна маса на тема: „Градење взаемна соработка меѓу странските инвеститори и локалните добавувачи во рамките на регионалните синџири на добавување во регионот на ЦЕФТА” (27.10.2015 година). На настанот претставниците на бизнисзаедницата, странски инвеститори, домашни компании, државни институции, странски институции, претставници на стопанските комори и на амбасадите од регионот отворено дебатираа за модалитетите за развој на регионалните синџири за набавка и за потенцијалите за зајакнување на деловните врски помеѓу странските инвеститори и локалните добавувачи. Општ е впечатокот дека зголеменото ниво на странски инвестиции во регионот е од суштествено значење за економскиот развој на целокупниот ЦЕФТА-регион. Како што истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, клучната улога странските директни инвестиции (СДИ) треба да ја имаат во идната структурална надградба на економскиот раст на регионот, преку надополнување на домашните инвестиции, трансфер на знаење, зголемена вработеност и подобар животен стандард. Според Петер, за странските инвеститори е секогаш од голем интерес да најдат добавувачи на локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други земји, потенцирајќи дека бројот на македонски компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори, континуирано расте. Во моментов, повеќе од 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори. За домашните компании тоа ќе значи повеќе работа, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ТРИБИНА
зголемена конкурентност и можност за извоз на странски пазари. Локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Тие не се директно изложени на глобалните ризици во трговијата, поради близината значајно ги намалуваат транспортните трошоци, а на тој начин се редуцира и факторот на несигурност и непредвидливост при испорака на нарачките. Странските компании на овој начин добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Резултатот е раст на економијата и креирање на работни места. - ЦЕФТА-договорот претставува значаен чекор во развојот на стабилен и економски развиен регион, а воедно нуди и одлична рамка за земјите да се подготват за процесот на пристапување во Европската унија. Согласно таргетите на Стратегијата 2020 на Југоисточна Европа, неопходно е да се зголеми нивото на СДИ од 3,4 милијарди евра на 8,8 милијарди евра. За да се постигне тоа, регионот треба да ги интензивира активностите во насока на засилена интеграција и хармонизација на инвестиционите режими и да се воспостави координирана промоција на заедничките инвестициони потенцијали, - истакна Зорица Смилева, ЦЕФТА национален координатор од Министерството за економија Претставниците на Светска банка се осврнаа на Програмата за развој на интегриран синџир на набавки, конкурентни индустрии и поддршка на иновациите, чија главна цел е зголемување на вијанието на јавните политики за зајакнување на националната економија преку развој на извозно ориентираните сектори со компетитивни предности (производство, земјоделие, туризам) и развој на потребни вештини и иновации. Од друга страна, пристапот на државата во привлекувањето на странските директни инвестиции и ефектите од нивното работење во земјава дава позитивни резултати имајќи го предвид фактот што се` поголем број странски компании одлучуваат да го преселат своето производство во земјава, користејќи ги погодностите што ги пружа државата за инвестирање и водење бизнис во земјава, потенцираше Игор Велевски од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Според Агенцијата голем број познати меѓународни корпорации инвестирале во земјава, во кои се вработени околу 25.000 лица. На настанот се презентираше и процесот на имплементација на олеснувањето на трговијата во ЦЕФТА-регионот на Светската трговска организација, во насока на хармонизација и поедноставување
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНА на меѓународните трговски процедури со цел олеснување на трговијата и протокот на стоки и услуги во глобални рамки од страна на Гордана Тошева од УСАИД Проекот за регионален економски раст. Во оваа насока се одвиваше и дискусијата на претставниците на стопанските комори од Србија, Босна и Херцеговина и Република Турција кои ги презентираа своите искуства во креирањето синергија помеѓу странските инвеститори и локалните добавувачи во процесот на регионалниот синџир на набавки. На тркалезната маса претставниците на странските инвеститори и домашните компании отворија дискусија за предизвиците и потенцијалите за унапредување на соработката и како истата да се интензивира во наредниот период, со цел што повеќе македонски компании да се интегрираат во синџир на набавки на странските инвеститори на локално и на регионално ниво. Заеднички е констатирано дека ефектот на странските инвеститори врз домашниот бизнис-сектор е доста значаен. Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се поребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производи, стандардите, начинот на организација и слично. Сепак, простор за унапредување на соработката се` уште постои и потенцијалите не се докрај искористени. За да се случи тоа, потребна е комуникација и волја за соработка. А, клучниот бенефит од таквата соработка е двостран и значителен. Поврзувањето на странските инвеститори во земјата со домашните компании во функција на нивни добавувачи на производи или услуги, придонесува за помали трошоци за производство, поголема конкурентност, заштеда на време, како и размена на техничко-технолошки и други знаења и вештини. Првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите и понудите на домашните. Со зголемената соработка, нашите компании ќе можат да конкурираат и за работа со други странски компании од регионот. За таа цел потребно е да се креира унифицирана интегрирана база на податоци на домашни компании кои претставуваат потенцијални добавувачи, а воедно и да се идентификуваат потребите на странските инвеститори од видот на производите и услугите што можат да ги добијат од локалните компании. Влатко Стојановски
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ТРЕНДОВИ
Тутунската индустрија во пресрет на откупот на тутун од новата реколта
ПОВРШИНИТЕ И ПРОИЗВОДСТВОТО СЕ НАМАЛУВААТ, НО СЕ ОЧЕКУВА ДОБАР КВАЛИТЕТ И ЦЕНА
С о г л а с н о податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за производната 2015/16 година склучени се 24.854 договори или 6.000 помалку во однос на претходната 2014/15 година (34.445 договори), односно 30% намалување во споредба со 2013 година (42.367). С п о р е д добиените информации од тутунските претпријатија, минатата година беа насеани вкупно 14.030 ха, што е во однос на претходната, 2013 година намалување за 17%, односно на исто ниво во однос на 2012 година. Од овие површини се откупени околу 24.857 тони, или дури за 20% помалку од претходната, 2014 година (откупени 30.997), односно за 11% помалку во споредба со 2013 година (21.024). Со просечно постигнатата откупна цена од околу 117 ден/кг (или 24% пониска од претходната), за да биде во целост откупено овогодинешното производство на суров тутун од реколтата во 2014/15 година (податок заклучно со 17.4.2014 година (24.857 кг х 117 ден/кг ), ќе бидат потребни околу 2.908.269.000,00 денари или 48 милиони евра. Вредноста на субвенциите изнесува 1.452.820.000,00 денари. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Актуелни трендови на тутунската индустрија во пресрет на откупот на тутун од новата реколта“. Пред новинарите на оваа тема се осврна Васко Ристовски, самостоен советник во Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија. Оваа година за прв пат се случува, за новата реколта откупните претпријатија да извршат одредено намалување на бројот на склучени договори за производство на тутун. Ваквата состојба откупните претпријатија ја оправдуваат со намалената побарувачка на ориентални типови тутун на светско ниво.
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
13
ПОДВЛЕЧЕНО ТРЕНДОВИ 1. Откуп Динамиката на откупот на тутунот за последната година соодветно на производството, бележеше намалување со забележителен пад на просечната откупна цена. Во 2013 година има зголемен откуп за 10% повеќе во однос на претходната, 2012 година и просечна цена од 152,6 ден/кг или за 16% помалку во однос на истиот период, додека во 2014 година има намалување на откупот за 22% во однос на 2013 година. 1.Тутун суров лист, неферментиран
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ТРЕНДОВИ - Согласно укажувањата и на производителите и на откупните компании, оваа година нема да биде можно да се постигнат резултатите од претходната реколта, пред се` поради временските неприлики (мраз, потешкотии кај првото орање, помалку засадени површини, прерано цутење, делумно поради слабите агротехнички мерки, но и поради лошата процена по класи од страна на компаниите и сл). Доколку потрае летото, тогаш може да се очекуваат делумно подобри резултати. Се очекува добар квалитет, но и откупните компании ќе мора да обратат повеќе внимание на класите при откупот, истакна Ристровски. Евидентно е намалувањето на површините и на производството, но се очекува добар квалитет, а со тоа и цена. Производство на квалитетен тутун е крајна цел и на производителите и на откупувачите, во спротивно ќе губат и едните и другите. Оваа година најмногу беше откупет тутун од типот ПРИЛЕП - 20.964 тони, ЈАКА - 3.745 тони и БАСМАК 147 тони.
Вкупните остварени финансиски резултати од извозот на тутун и тутунски производи во 2014 година изнесуваа 146.213 милиони САД долари, што претставува намалување од дури 35% во однос на 2013 година, кога изнесуваа 180.876,036 САД долари. Увоз на тутун и тутунски производи
А) Во 2014 година е реализиран извоз на тутун и преработки - 24.720 тони, или намалување од 14% во однос на 2013 година, а 4% во споредба со 2012 година. Извоз на тутун и тутунски производи
Б) Во 2014 година увезени се 3.190 тони тутун и тутунски производи, односно 30% помалку споредено со 2013 година (4.595 тони), односно 45% помалку во однос на 2012 година (6.236 тони). Васко Ристовски
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕГРАЦИИ
ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ ЗАРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА
Дводневна економска конференција за „Ефикасноста во пристапување во ЕУ и унапредување на регионалната конкурентност“ во Будва
Регионот на Западен Балкан мора забрзано да работи на смалување на разликите во развојот кои ги има во однос на развиените земји во Европа.Сите идни инвестиции мора максимално да се стават во функција на покренување на нивото на конкурентноста, што е централен проблем на сите земји во регионот.Во иднина мора максимално да се зголеми и економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан, а за тоа да се направи првенствено е неопходно подобрување на инфраструктура, што е еден од клучните фактори за зголемување и на конкурентноста. Ова беше нагласено на економска конференција во Будва на тема: „Ефикасноста во пристапување во ЕУ и унапредување на регионалната конкурентност“ (22 и 23.10.2015 година). Еден од најголемите регионални собири по петти пат го организираа Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Сојузот на економистите на Србија, а се одржа во хотелот „Сплендид“. На конфернцијата учествуваат 500 претставници од коморите и други деловните асоцијации од регионот, бизнисмени, економисти, членови на разни економски здруженија и претставници од политиката кои се занимаваат со економијата. Конференцијата ја отвори Мило Ѓукановиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора, а на неа учествуваше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, со претставници од бизнисот од земјава. -Земјите од Регионот не ги искористија можностите кои ги дава деловниот амбиент на Западен Балкан, а причината за тоа е недоволната соработка, - истакна Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ од Кавадарци. – Ние би сакале да се споиме во Европската унија, ама никако пред тоа.Зборуваме овде за
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ИНТЕГРАЦИИ спојување за да се одбраниме од конкуренцијата.Ама тоа кај нас го нема, бидејќи сакаме да бидеме цареви на своето буниште, во своите мали економии. Пред се, во нашите седум државички ни недостасуваат иградени цели. На пример, го препознаваме земјоделството како голем потенцијал, ама дали имаме аграрна политика? Не. Значи, потребно е да се изградат цели и тоа низ отворен дијалог. Хрватска и Србија како најголеми економии мораат интензивно да соработуваат и на тој начин да бидат локомотива на развојот на рагионот, на која сите останати можеме да и се приклучиме како вагони. Домаќинот на собирот, претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ, токму затоа потсети дека е многу важно што во Виенската декларација поптисниците се согласија дека постои потреба за структурни секторски реформи, заради унапредување на индустриската структура, деловната клима и трговската интеграција, се со цел да се подобри конкурентноста, вработувањето и да се обезбеди долгорочниот раст на Регионот. -Конкурентноста се поставува како централен проблем на нашите економии и свесни сме дека достигнувањето на одредено ниво на национална стопанска конкурентност е услов за присуство и опстанок на единствениот европски пазар.То бара многу работа и на микро ниво.Нашите компании мора да држат чекор со конкурентите од високо развиените земји и по прашањата на стекнување на нови знаења, воведување на иновации, трансфер на напредни технологии, воведување на стандарди во работењето и слично, - подвлече Велимир Мијушковиќ. Според неговите зборови, без промени во однесувањето на сите економски субјекти: државата, компаниите и вработените, вклучувајќи го обезбедувањњето на реални извори на финансисрање, не е можно остварување на планираните цели.Затоа, сите идни инвестиции мора максимално да бидат ставени во функција на подигнување на конкурентноста. - По остварениот пораст од 0,3 отсто во 2014 година се очекува нешто побрз раст на економиите од Западен Балкан од околу 1,6 отсто годинава, со прогноза за наредните три години од просечни 2,3 отсто. Дефлацијата во неколкуте економии од регионот (конкретно
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
17
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕГРАЦИИ
Косово, Македонија и БиХ) ја чинат сосема реална проекцијата за анемичен економски раст во оваа година. Значи, неопходни се повисоки стапки на економски раст со цел регионот, кој е на само 32 отсто од европскиот просек на развиеност, да ја намали невработеноста (која е преку 20 отсто) и побрзо да го достигне европскиот квалитет на живот, - истакна премиерот Мило Ѓукановиќ во своето уводно излагање. Според него, регионот е во замката на двојниот дефицит - на тековната сметка во просек од 7 отсто и на буџетскиот дефицит во просек од преку 4 отсто. Тоа комбинирано со растечките надворешни и јавни долгови и нефлексибилната монетарна политика, едноставно покажува дека регионот нема макроекономски инструменти, ниту снага за значајно забрзување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата преку големи развојни проекти. Сето тоа го чини регионот на Западен Балкан економски, политички и социјално ранлив, и на тој начин ја ослабува неговата отпорност на екстерните шокови и на движењата на светската економија. Основниот излез за регионот од ваквата состојба, како и за динамизирање на неговиот раст, се наоѓа во јакнење на макроекономската стабилност и јакнењето на конкурентноста. Но, конкурентноста на економиите на Западен Балкан според последните извештаи на Светскиот економски форум за 2015 и 2016 година слабо се подобрува. Просечната позиција на државите од регионот, како што напомена Ѓукановиќ, во индексот на глобалната конкурентност за 2005 година била 87, а во последниот извештај за 2015 година – 86. Во овој децениски период најголем напредок направиле Црна Гора и Македонија со скок од 15 места. Во однос на минатата година само Македонија ја поправила својата позиција и се наоѓа на 60-то место од 140 рангирани земји. Црна Гора сега е на 70-то место, Албанија на 93-то, Србија на 94-то, а БиХ е на 11-то место. - За да се зголеми конкурентноста на регионот потребно е значително поголемо поврзување внатре во регионот. Едно од клучните ограничувања е недоволно развиената инфраструктура. Квалитетната сообраќајна, енергетска и телекомуникациска инфраструктура е предуслов за порамномерен развој внатре во регионот, како и за квалитетно економско поврзување помеѓу економиите на Западен Балкан. Европските интеграции и Берлинскиот процес би можеле да станат важен поттикнувач за заедничките инфраструктурни проекти на земјите од Западен Балкан во функција на пораст на нивната конкурентност, - порача Ѓукановиќ. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во Струга одржана работилница за „Значењето на имплементацијата на НАССР-системот во угостителските објекти и примена на Правилникот за информации поврзани со храната во угостителската дејност“
ДЕТАЛНО ЗА ОБВРСКИТЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ СОГЛАСНО НОВИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ
Во Хотелот „Изгрев“ во Струга се одржа работилница во заедничка организација на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, на тема: „Значењето на имплементацијата на НАССР-системот во угостителските објекти и примена на Правилникот за информации поврзани со храната во угостителската дејност“ (28.10.2015). На работилницата присуствуваа претставници од бизниссекторот од регионите на Струга и Кичево. Целта на оваа работилница беше фирмите да се информираат за обврските кои произлегуваат од Закoнот за безбедност на храната, кој ќе се применува од 13 ноември 2015 година. На работилницата беа претставени темите кои се од интерес за угостителските објекти. Имено, беше елаборирано значењето на имплементацијата на НАССР-системот во угостителските објекти. За оваа намена беше промовиран и прирачникот за НАССР-принципите, за операторите со храна во угостителската дејност. Воедно, беше презентиран и Правилникот за информации поврзани со храната во угостителската дејност, кој стапи на сила од 9 септември 2015 година, а детално беа објаснети и обврските на угостителите согласно новите измени на Законот за безбедност на храна, со примена од 13 ноември 2015 година. Угостителите во менијата треба да ги евидентираат производите кои содржат алергогени супстанци, а воедно да се приспособат и на другите обврски кои произлегуваат од Законот. Предавачи на оваа работилница беа примариус д-р Ленче Јовановска и примариус д-р Лидија Дамевска од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои што на присутните им ги појаснија определените барања согласно националната регулатива. Борис Тримчев
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
19
ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ
ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ КОМПАНИИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ЗАРАДИ ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ
Бизнис-средби на македонски и српски компании од областа на текстилната и кожарската индустрија
На иницијатива на стопанските комори на Македонија и на Србија, на 28.10.2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржаа бизнис-средби на коишто присуствуваа околу 20 компании од текстилната и кожарско-преработувачката индустрија на двете земји. Претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, Ангел Димитров, им посака добредојде на учесниците на овие значајни бизнис- средби, од кои средби се надева дека ќе произлезат активности за развој на текстилната и кожарската индустрија помеѓу двете земји. Ваквите бизнис-средби се корисна алатка за согледување на потенцијалите за настап на одредени пазари, кои овозможуваат да се развиваат нови деловни партнерства, како и да се поттикне поголема економска соработка меѓу земјите. Текстилната и кожарската индустрија се едни од водечките преработувачки индустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот, каде што релативно повеќе доаѓаат до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците. Процесот на глобализацијата и се` поголемото вклучување во меѓународната економија поставуваат голем број предизвици пред овие индустрии како за националната економија, така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги даваат за порамномерен регионален развој се карактеристики на овие индустрии, бидејќи со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската унија и на селење на дел од нивното производство во други земји поволно
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПОСЕТИ
се одрази на Република Македонија, со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за „ЛОН“-аранжманите. Една од специфичностите на текстилната и кожарската индустрија е високата застапеност на „ЛОН“производството - околу 93%, а само 7% отпаѓа на класичното производство. Оттаму, овие дејности се со висок степен на зависност од случувањата, односно порачките за производство од странство. - Вкупниот извоз на текстилната индустрија од година во година вредносно се зголемува, така што од 405 милиони САД долари во 1998 година достигнал до 766 милиони САД долари во 2008 година, во 2014 година изнесува 748,4 милиони САД долари, а во првите 8 месеци од 2015 година изнесува 357,5 милиони САД долари и, во просек, претставува околу 16-18% од вкупниот извоз на државата, - истакна Ангел Димитров. Секако, најголем партнер на македонските текстилни компании е СР Германија, каде што се извезува најголем дел од производството и само во 2014 година извозот на производи во оваа земја изнесува околу 420 милиони САД долари, што е 56 % од вкупниот извоз на оваа дејност. После СР Германија, следуваат Холандија со 40,3 милиони САД долари, Австрија со 21,2 милиони САД долари, Италија 21,8 милиони САД долари. Истото е и во првите 8 месеци од 2015 година, така што извозот во СР Германија изнесува е околу 201,3 милиони САД долари или 59,3% од вкупониот извоз на производи од текстилната индустрија. Увозот на текстилни производи во последните 10 години нагло се зголемува. Во 2007 и 2008 година увозот на текстилни предива и ткаенини е значително зголемен; во 2013 година изнесува дури 553,4 милиони САД долари, а во првите 8 месеци од 2015 година изнесува 282,9 милиони САД долари, што значи се работи за увоз на репроматеријали кои се доработуваат во земјава и потоа се извезуваат како облека. Земјите како Германија, Грција, Италија, Холандија, кои се јавуваат како најголеми во остварувањето на „ЛОН“-извозот на облека, се јавуваат кај нас како земји од кои најмногу се увезува текстил, односно репроматеријали. Кај производите од кожа и обувки извозот во 2014 година изнесува 75 милиони САД долари, увозот на истите производи изнесува 84,5 милиони САД долари, додека во првите 8 месеци од 2015 година извозот изнесува 41,2 милиона САД долари, а увозот изнесува 46,2 милиона САД долари. Исто така, беше истакнато дека надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Србија во овие индустрии, во подолг период не бележи суштински резултати и покрај потенцијалите кои
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
21
ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ постојат на двете страни. Статистиката покажува дека стопанската размена во оваа дејност помеѓу Србија и Македонија е исклучително во мал обем како по вредност, така и по видови на производи. Во 2014 година таа изнесувала околу 6,7 милиони САД долари, од кои извозот на Македонија во Србија изнесува 4,9 милиони САД долари, а увозот 1,8 милиони САД долари. Најмногу во вредност се извезувале памучни ткаенини и кујнски чаршафи и крпи 1,5 милион САД долари, санитарни крпи, и слично од вата, текстилни влакна 1 милион САД долари и вреќи и вреќички за пакување 1,1 милион САД долари, а најмногу се увезувале вреќи и вреќички за пакување 1,09 милион САД долари и теписи и слично во вредност од 430 илјади САД долари. Иста тенденција на незначително мала размена има и во првите 8 месеци од 2015 година, размената изнесува 3,7 милиони САД долари, од кои извезуваме само 2,2 милиона САД долари, а увезуваме 1,5 милиони САД долари. Кај кожарската индустрија извезуваме кожа за понатамошна обработка после штавење во износ од 198 илјади САД долари, а од истиот производ увезуваме 111 илјади САД долари. Свое излагање имаше и секретарот на Здружението на текстилната индустрија, облека, кожа и обувки при Стопанската комора на Србија, Милорад Васиљевиќ, кој истакна дека е неопходно поврзување помеѓу компаниите од двете земји, со цел заеднички да извезуваме на пазарите на ЕУ. Србија во 2014 година извезуваат 1,2 милијарди евра текстилни и кожарски производи, а увезуваат 1,4 милијарди евра. Во Србија само 20% од производството е „ЛОН“-производство, а најмногу извезуваат чорапи во износ од 250 милиони евра. Традиционално извезуваат во Русија, Германија, Италија и во сите поранешни југословенски држави. Општ заклучок кој може да се извлече од наведените податоци е дека соработката на македонските со српските компании и вкупната трговска размена во оваа дејност не задоволуваат и затоа е неопходна поголема маркетиншка и промотивна активност на компаниите од двете земји, заедничко промовирање и настап на трети пазари, од каде што ќе произлезе нашата претенциозност и убеденост дека преку соработката на компаниите од двете земји ќе можеме да придонесеме за реализирањето на нивните потреби. Сашо Деспотовски
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ИНИЦИЈАТИВИ
Тркалезна маса на Македонската енергетска асоцијација со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент
ПОДОБРОТО УПРАВУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНТНОСТА
Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, организираше тркалезна маса на којашто се дискутираше како домашните компании можат да ја подобрат својата конкурентност преку подобрување на управувањето на потрошувачката на енергија. Со воведување на систематски пристап во управувањето со потрошувачката на енергија во индустрискиот сектор - базиран на ИСО 50001 стандардот - Проектот ја подобрува конкурентноста и енергетската сигурност во земјата, ја намалува емисијата на стакленички гасови и ги поддржува инвестициите во чиста енергија. Проектот за индустриски менаџмент им помага на компаниите во подготовката на проекти за енергетска ефикасност прифатливи за финансиските институции, врши обуки на домашни инженерски компании за проектирање, инсталирање и одржување на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, а воедно и организира работилници за индустриските компании на теми поврзани со најдобрите практики за енергетската ефикасност. - Енергијата е значителен трошок во работата секоја компанија, па затоа и малите заштеди значат големи придобивки во намалувањето на трошоците, со што се подобрува конкурентноста. Токму енергијата е единствената ставка каде можеме да заштедиме ако паметно работиме, бидејќи немаме многу простор каде да ги намалиме трошоците на други места, бидејќи ресурсите имаат берзанска цена, а трошоците за транспорт се на високо ниво заради немањето пристап на море. Намалувањето на трошоците за енергенси може да биде во два правца, од
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
23
ИНИЦИЈАТИВИ ПОДВЛЕЧЕНО кои првиот е нивната цена да се намали, а вториот е паметно и рационално да се користат, - рече д-р Кочо Анѓушев, претседател на МЕА. - Преку учење и реплицирање на резултатите од Проектот и искуствените стратегии од компаниитекорисници на системите за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, се надеваме дека се` поголем број на компании во иднина ќе го увидат потенцијалот за воведување на систематски и континуиран пристап за рационално користење на енергијата во производствените процеси. Сведоци сме на тоа дека успешната реализација на овие системи и усогласеноста со практиките на управување со енергија генерираат дополнителен капитал, кој пак ја подобрува конкурентната положба на компаниите и ги поттикнува идните инвестиции во нив, - изјави Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија. Директорот на Проектот за индустриски менаџмент, Драган Блажев, истакна дека со организациски мерки кои не се трошок, односно со промена на навиките и начините на управување, компаниите може да постигнат заштеди од 5 до 15 отсто. За поголеми заштеди потребни се инвестиции во нова технолошка енергетски поефикасна опрема, со која преку системите за мониторниг ќе можат рационално да ја следат и да управуваат со потрошувачката на енергија. Претставниците од компаниите „СВИСЛИОН“ АД - Скопје; „ДС Смит“ АД – Скопје и „Џонсон Мети“ ги истакнаа нивните придобивки од имплементирањето на системот за управување со енергијата, додека фирмата „Филбис“ ДОО ја претстави Студијата за енергетска ефикасност на фирмата „Нова Рефрактори“ од Пехчево, која покажува дека со примена на решенијата ќе се заштеди голем процент на енергија и ќе има брз поврат на инвестицијата. Седумнаесетте фирми кои учествуваа во Проектот и имплементираа систем за мониторинг на потрошувачката на енергија ги осознаваат придобивките на системот и ги намалуваат трошоците за енергија. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ИНИЦИЈАТИВИ
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
25
ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ
НАЈДОБАР РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
„Алкалоид“ со престижна награда
Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење овој пат беа наградени со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“. Проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство - Фармација“, финансиран од Програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), беше награден во категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во следните држави од регионот: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со кредитните линии на WeBSEFFI и на WeBSEFF II, и тоа: три проекти на локалитетите во Скопје и еден во Србија. ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Првиот проект се однесуваше на пренамена на дел од Фабриката за козметички производи во високорегален магацин. Истовремено со овој капитален проект во 2013 година се реализираше и инвестициска активност во Белград, во Фабриката за лекови. Согласно со параметрите изработени од консултантите за овие два проекта, вкупната заштеда на енергија беше поголема од 20 отсто, со што значително се надминаа параметрите на ЕБОР (Европската банка за обнова и развој) за оценување на подобноста. Третиот проект се реализираше минатата година и се однесува на надворешна реконструкција на објектот за производство - Фармација и во овој дел заштедата на енергија се движи околу 37 отсто, додека емисијата на јаглерод диоксид е намалена за цели 30 отсто. Четвртиот проект е во тек, а се однесува на реконструкција и пренамена на постојни објект во Контрола на квалитет – Фармација. „Алкалоид“ ја прифати можностa за реализирање на одредени инвестициски проекти преку кредитната линија на ЕБОР и на Европската комисија, наменета за одржлива енергија за земјите од ЈИЕ. Притоа, предложените проекти мора да ги исполнуваат техничките услови во поглед на значително намалување на потрошувачката на енергија или на користење обновливи извори на енергија. Со ваквиот пристап се потврдува квалитетот на изведувањето на новите инвестициски активности во компанијата, како и континуираната грижа за еколошкиот аспект на работењето преку намалување на емисијата на штетни гасови.(„Алакалоид“ АД - Скопје) Општествено одговорната компанија „Жито Лукс“ донираше дел од своите производи
Excellent
Small & Medium Enterprises
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА И Општествено одговорната компанија „Жито Лукс“ донираше дел од своите производи
„ХРАНА ПОДАРЕНА ОД СРЦЕ“ ВО ПОУ „ЗЛАТАН СРЕМЕЦ“
Како дел од кампањата „Храна подарена од срце, специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згрижени деца или граѓани од социјално ранливи категории, компанијата „Жито Лукс“ донираше дел од своите производи и во ПОУ „Златан Сремец“. Оваа кампања е уште една демонстрација на својата грижа за заедницата спроведена од страна на најголемиот производител на леб, „Жито Лукс“. Кампањата „Храна подарена од срце“ се одвива во континуитет при што компанијата избира различни институции и установи каде што помошта е најнеопходна. Со ваквиот ангажман, „Жито Лукс“ воедно придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на деловните субјекти во општествено хуманитарни активности.( „Жито Лукс“ )
„Рамстор Мол“ го посветува 10-тиот роденден на своите купувачи со три проекти
РЕНОВИРАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА, РЕБРЕНДИРАЊЕ И ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА
Тековната 2015-та година е дефинитивно година на „Рамстор Мол“. Концерти, донации, работилници, свадби, модни ревии и многу проекти се случија во „Рамстор Мол“, кои ги поместија критериумите и стандардите на работење на трговските центри во Македонија. Не случајно токму оваа година трговскиот воведе низа новини, инвестиции и проекти. Имено, токму 2015-та е јубилејна година за трговскиот и ја означува 10-годишнината од влезот на „Рамстор“ во Македонија. Јубилејот „Рамстор“ ќе го одбележи преку 3 проекти: првиот е комплетирањето на реновирањето на „Рамстор“ – инвестиција вредна 2,5 милионА евра, вториот е ребрендирањето на „Рамстор“, односно менување на визуелниот изглед на логото кој го симболизира новиот модерен и персонализиран концепт на „Рамстор“ и третиот, централен проект е наградната игра „Од срце Ауди Q3 – Ваш Рамстор Мол“. Преку оваа двомесечна, досега најголема и најдостапна наградна игра ќе се доделат 100 вредни награди една највредна Audi Q3. Наградната игра ќе трае до 15-ти декември, а главното извлекување е на 18 декември 2015 година. Учеството е лесно и достапно за секого: потенцијален добитник на Audi Q3 или една од 100-те вредни награди се станува со сметка над 1000 денари во било која од продавниците во „Рамстор Мол“. Покрај наградите, „Рамстор“ најавува роденденски проекти кои ќе траат до Нова година: саем на слатки, концерти со познати имиња од Македонија и од странство, готвење во живо и уште многу проекти со кои трговскиот уште еднаш докажува дека е многу повеќе од само трговски центар, туку тој е центар на пазарувања, вкусови и забава. („Рамстор“)
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
27
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО
МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е ЖИЛАВА, НО ЗА СЕ’ ИМА ГРАНИЦИ
Интервју на Ѓорги Јанчевски, претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на банкарството за „Утрински весник“
Банката почна пред 30 години како интерна банка на тутунската индустрија, денес е трета најголема и најпрофитабилна банка во Македонија, вели Ѓорги Јанчевски, претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка По речиси две децении на кормилото на НЛБ Тутунска банка, кон крајот на годинава заминувате во пензија, заокружувајќи плодна кариера. Како се чувствувате и што ќе му порачате на Вашиот наследник? Се чувствувам многу убаво, бидејќи нашиот тим направи успешна приказна која трае 30 години, модерна банка што беспрекорно функционира и што внесе новини и позитивна енергија во македонскиот банкарски систем. На мојот наследник нема многу да му давам препораки, бидејќи е човек што израснал во банката и си ја знае работата. Сигурно е дека секоја личност треба да остави печат во работењето на банката, и секако, да ја продолжи традицијата на 30-годишно успешно работење. Како искусен банкар, какви се Вашите оценки за нашиот банкарски сектор, кои се најзначајни придобивки, а каде има простор за подобрување? Веројатно најголемите придобивки може да се видат во обезбедување на стабилноста на финансискиот систем и домашната валута во изминатите 18 години. Со самото тоа што банките во Македонија не создадоа вештачки пораст на билансите, немаа шпекулативни активности, ниту, пак, подлегнаа на понудите за влез во структурирани, високоризични инвестиции, како што беше примерот со многу банки од Европската унија и САД, во Македонија избегнавме системски кризи, немаше крахови на банки и релативно добро ја поминавме глобалната финансиска криза. Инаку, можност за подобрување секогаш постои, и во начинот на управување со банките (правилно поставени стратегии, функционални системи за управување со ризици, подобра контрола на работењето, подобра трошочна ефикасност) и во понудата за клиентите, која мора да биде иновативна, поатрактивна и издиференцирана, со цел секоја банка да може да најде свој дел од пазарот што ќе го покрива. Дали сте задоволен од тоа во каква кондиција ја оставате НЛБ Тутунска банка? Секако дека сум задоволен. НЛБ Тутунска банка почна пред триесет години како интерна банка на тутунската индустрија, денес е трета најголема и најпрофитабилна банка во Македонија, со над една милијарда евра, со над 600 илјади клиенти, 50 експозитури низ сите градови во државата, над 800 вработени, богато продуктно портфолио, пазарен удел
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПРЕНЕСЕНО
од 15 до 40 отсто во различни пазарни сегменти, со позитивни резултати од основањето до денес и многу признанија и награди дома и во странство. Тоа се импресивни резултати кои ги постигнавме за релативно кратко време, ако се споредуваме со банки кои постојат повеќе стотици години, и верувам дека банката ќе продолжи по истата развојна линија. Дали конечно бизнис-секторот е задоволен од кредитирањето од домашните банки, или вие банкарите се’ уште стоите на ставот дека за добрите проекти немало и нема да има проблем за кредитирање? Кредитирањето зависи од тоа какви проекти се нудат на пазарот. Ние како банки се финансираме главно од депозитите на граѓаните и носиме голема одговорност каде ќе ги пласираме тие средства. Многу пати сме потенцирале дека пари за добри и профитабилни проекти има и ние сме спремни за клиентите кои имаат добра бизнис-идеја да ја поддржиме и финансиски и советодавно. Загрижувачки ли е процентот на лошите кредити во земјава, околу 11,6 отсто од вкупното портфолио. И, зошто нивото на проблематични заеми е многу повисоко кај компаниите? Уделот од 11,6 на нефункционалните кредити во Македонија не е мал, но и не е драматичен ако се има предвид дека во земјите на Европската унија и регионот, истиот е на слично или на повисоко ниво. Овој процент, како и кај повеќето земји, се зголеми по глобалната економска криза и е одраз на проблемите кои ги имаат компаниите поради падот на економската активност, кој на глобално ниво трае предолго. Компаниите, кои главно се финансираат преку кредитно задолжување, во услови на недоволна побарувачка и пласман се соочија со неможност да ги вратат овие кредити и тоа е основната причина поради која кредитните портфолија на банките се наполнија со нефункционални кредити, а уделот достигна 16 отсто. Спротивно од ова, населението е постабилно, имајќи предвид дека дисперзијата на ризикот во овој сектор е поголема (мала поединечна кредитна изложеност) поради што уделот на нефункционалните кредити кај овој сектор се движи околу 6 отсто.
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
29
ПРЕНЕСЕНО Банките во последниве неколку години, заедно со фондовите, многу штедро ја кредитираат државата. Дали на овој начин не ги врзуваат парите што инаку би можеле да завршат кај компаниите? Многу пати сме дискутирале на оваа тема и повторно ќе кажам дека парите одат таму каде што има потенцијал за вложување и принос. Ако на пазарот во Македонија имаше проекти кои ќе го апсорбираат вишокот на ликвидност што се создаде во секторот, тие средства ќе беа пласирани во проекти. Во недостаток на такви можности нормално е и банките и фондовите да бараат начин како да ги пласираат тие средства со профит, бидејќи за истите имаат трошок односно плаќаат камата. Ситуацијата е слична и кај другите земји од регионот. Банкарите често се обвинувани дека на грбот на граѓанството и компаниите ги „билдаат“ своите профити и за нив нема зима дури и кога целото стопанство е во лоша позиција. Се согласувате ли со овие наводи? Не, воопшто не се согласувам. Банките, имаат висока општествена одговорност да ги чуваат заштедите на клиентите и да ја финансираат економската активност, поради што се исклучително строго регулирани, а тоа значи дека мора да имаат добри системи за рано предвидување и мониторинг на ризиците, и да чуваат значителни резерви за справување со нив. Ваквата поставеност на банките наспроти ризикот им овозможува и во услови на криза да работат ликвидно и солвентно и да остварат профит. Политичката криза во земјава изгледа како да нема разрешница, дали очекувате дека има излез од оваа ситуација? Излез мора да има бидејќи кога политиката е во криза и кога тоа трае предолго, трпат граѓаните и фирмите. Ние зборуваме за недостаток на економска активност и недоволна потрошувачка која во нормални политички услови би повлекла поголемо производство кај компаниите и поголемо кредитирање. Мораме да бидеме свесни дека за да може приватниот сектор да создава нова вредност, политичкиот амбиент е неопходно да биде релаксиран. Тоа е систем на сврзани садови: ако постојат релаксирани економски и политички услови, фирмите ќе создаваат повеќе, а тогаш и јавните приходи ќе бидат повисоки, ќе има пари за повеќе инфраструктурни проекти и повисок стандард. Верувате ли дека македонската економија е навистина толку жилава и дека ќе успее да исплива со што помалку штети од сегашните, а и идни можни политички турбуленции? Македонската економија е жилава, тоа се покажа низ многу политички и безбедносни турбуленции до сега, но се’ има граници на толеранција. Човечкиот живот на еден граѓанин е прекраток за да му помине во расправии меѓу политичките елити. Мора да сфатиме дека бизнисот е тој што создава додатна вредност, а не политиката. Фокусот на младите не смее да биде како да се вработат во јавната администрација, туку на пазарот. Младите мора да го следат пазарот, кај нив да се развива претприемачката идеја, да се поттикнуваат иновациите, тие мора многу да учат и да бидат конкурентни со нивните врсници во странство, за да може да создаваат производи и услуги кои ќе ги пласираат не само на домашниот, туку и на светскиот пазар. Само така ќе успееме да го подигнеме националниот стандард и да овозможиме стабилна и економски силна држава. („Утрински весник“)
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Дојче банк
РАДИКАЛНА ТЕРАПИЈА СО НЕИЗВЕСЕН ИСХОД
*Новиот шеф на Дојче банка преку радикални преструктуирања сака најголемата германска банка повторно да ја врати на патеките на успехот. Неговиот курс е храбар, но и ризичен, смета Хенрик Беме.
Џон Крајен не сакаше долго да чека. Всушност, за крајот на октомври беше најавена конференција за новинари на која 54-годишниот Британец сакаше да ги претстави своите планови за реструктуирање на германската парична куќа број 1. Но, најважните одлуки се веќе познати, а Надзорниот одбор ги поддржа на двочасовната седница во неделата, 18.10. Кадровскиот карусел се движи со толку запрепастувачка брзина, што центрифугалната сила веќе исфрли некои личности од нивните фотелји. Цели две страници од вкупно четири од соопштението за медиуми беа полни со нови имиња и надлежности. Имиња на оние кои доаѓаат и оние кои си одат (или мора да си заминат). Првенствено, на оние топ-менаџери кои на било каков начин беа вмешани во скандали во минатото.
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
31
СВЕТСКИ ПЕЧАТ 100 дена тешка работа Крајен, кој на должноста директор е од 1 јули оваа година, очигледно се фрлил на работа со многу елан. Или подобро речено, се впуштил во расчистување. Тој сфатил дека нему, кој нема силна база во „кулите близначки“ во франкфуртскиот финансиски кварт, му се потребни нови луѓе за да може да ги оствари своите цели. Неговиот претходник Аншу Џаин, заедно со ко-шефот Јирген Фичен, се надеваше некако да се снајде низ тешките времиња обележани со судски процеси и казни во милијардски износи, како и исцрпувачките Хенрик Беме судири со надзорните тела. Тоа беше повеќе од јасно на собирот на акционери во мај. Кратко потоа, на почетокот на јуни, Џаин поднесе оставка. Фитчен остана уште некое време, но нов шеф стана Џон Крајен. „Отсега веќе не се сметаат зборовите, туку делата“, тоа беше се‘ што можеше да се чуе од неговата уста. И практично, во првите 100 дена на новата должност од него не се чу ништо, немаше настапи во јавност. А потоа уследија две „бомби“ за помалку од две недели. Прво, најавата за рекордна загуба од 6,2 милијарди евра во третиот квартал на 2015 година и сега, конкретни планови за реструктуирање на финансиската институција. И тоа какви планови. Без гаранција за успех Новиот водечки тим, кој околу себе го собира Крајен, би требало да го отежне функционирањето на старите врски и познанства. Уште поважно од сите кадровски одлуки е новото структурно позиционирање на банката. Така, се истакнува првенствено новата позиција на инвестиционото банкарство. Секторот кој под водството на Аншу Џаин, за волја на вистината, произведуваше профит за Дојче банк, но и кој на оваа институција и‘ ги подари најголемите проблеми. Крајен диктира запрепастувачко темпо. Ќе биде потребна голема уметност во тој процес на огромни реформи да ги придобие вработените и да не искрши премногу порцелан. Јасно е и тоа-кадровскиот карусел тукушто започна да се врти. Тоа што почна да се случува на рамништето на топ-менаџментот, наскоро би можело да се пресели и неколку скали пониско. Загрозени се илјадници работни места. Како Џон Крајен во таква ситусација сака да одржи висока доза мотивација на вработените во банката и да постигне тие да го следат на патот на планираните промени? Конференцијата на 29 октомври сепак ќе биде одржана. На неа Џон Крајен сака првпат да и‘ се презентира на јавноста и да ги објасни своите планови. Можна е претпоставката да се чуе нова „бомба“. Сепак, без оглед на целокупниот елан на новиот шеф на Дојче банк, засега се‘ е во најави. Акционерите се‘уште аплаудираат. Но, тие сакаат наскоро да видат успеси. А таа гаранција Џон Крајен не може да им ја даде.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
СВЕТСКИ ПЕЧАТ/ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ
Искуства од Бангладеш
НАПРАВЕН Е ПРВИОТ ЧЕКОР
*Сојузот за текстил, инициран од германското министерство за развојна помош, за една година постигна подобрувања на состојбата на текстилните работници во Бангладеш. Но, има уште многу да се стори , смета Санџив Бурман. Светот на глобализираната трговија е неправеден. Банани, кафе, производи од кожа и текстил - многу работи во продавниците на Западот потекнуваат од земји во развој, во кои социолошките и еколошките стандарди се тешко сфатливи според европски мерила и немаат речиси ништо зедничко со работното секојдневие на најголемиот дел од овдешните луѓе. Работниците таму заработуваат најчесто многу малку и имаат многу ниско образование.
Текстилните работнички во Бангладеш, на пример, работат седум дена во неделата - значи без ден за одмор, и тоа по 14 часови секој ден! За тоа заработуваат одвај колку за да преживеат. Тие не знаат за сигурно работно место - немаат заштита од отказ и можат во секое време да бидат заменети, оти илјадници други млади, неучени жени се подготвени да ги прифатат ослободените работни места. Една од причините е дека фабриките, како и лиферантите, се под притисок. Цените паѓаат, а производните трошоци растат. Ни фирмите што ги продаваат стоките на Западот немаат голем маневарски простор. И меѓу понудувачите на еввтини производи во Германија се води огорчена ценовна борба.
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
33
СВЕТСКИ ПЕЧАТ/ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ Историјата се повторува Феноменот, домашните индустрии да бидат уништени од увозот од странство, не е нов. Во германската историја има примери кои потсетуваат на сегашната состојба во Бангладеш. Востанието на ткајачите од Аугсбург во 1784/85 е еден од многубројните примери на протести на занаетчии во прединдустриска Германија. Тогаш беше во прашање судбината на ткајачите кои се’ повеќе страдаа од конкуренцијата на евтините понудувачи од Источна Индија. Нивната ситуација почна постепено се4 повеќе да се подобрува дури по повеќе децении. Денес на Западот очекуваат земјите во развој како Бангладеш, под меѓународен притисок, да го спроведат тој процес во брза постапка. Без ефикасна помош од надвор тие земји тешко можат да излезат на крај против силите на глобализацијата. Еволуција во развојната политика Но, сега има знаци дека се случува промена во гледиштата во развојната политика, првенствено во Германија. Крајно време беше. Во минатото развојнополитичкиот пристап на Западот во Третиот свет постојано предизвикуваше незадоволство. Прво требаше на Третиот свет да му се делат лекции, потоа дојде фазата на конструктивен ангажман со мотото „помош за самиот да си помогнеш“. Сега почнува да се сфаќа дека не може само на „тие во Третиот свет“ да им се префрлува одговорноста за катастрофалната ситуација. Денес виновници не се бараат само во земјите во развој, туку и во индустриските, на раководните нивоа на мултинационалните претпријатија, кои ги внесуваат стоките во Западна Европа и ги продаваат по мизерни цени - па дури и кај оние, кои ги купуваат таквите стоки. Сите тие, се вели, придонесуваат за тоа, текстилните работнички во Бангладеш, на пример, да не можат да водат живот достоен за човек. Сојузот за одржливо текстилно производство, основан на 16. октомври минатата година, инициран од Германија, има за цел трајно да ја подобри ситуацијата на текстилните работници. За да се постигне тоа треба сите учесници во синџирот на производството и лиферувањето да се обврзат да преземат мали, прегледни и доказливи подобрувања, за етапно да може да се постигнува напредок кај ситуацијата на текстилните работници во фабриките. За тоа се врзува надеж дека ќе може да се спречи повторување на катастрофи како уривањето на фабриката во Бангладеш во 2013. година. Фирмите што ќе учествуваат во тој Сојуз за одржливо производство ќе добијат печат за квалитет, па германските купувачи ќе можат без грижа на совест да купуваат маички или кошули „мејд ин Бангладеш“. Така би требало да настане вин-вин ситуација (ситуација во која сите добиваат, н.з.). По една година веќе се забележливи првите позитивни последици во местата каде се одвива производството. Во текстилните фабрики кои учествуваат во Сојузот веќе сериозно им се приоѓа на теми како безбедност на објектите, еколошка подобност на работните процеси или некој вид работничко организирање. Веќе се донесени и спроведени првите мерки. Со поддршка на германската влада е воведено и осигурување од несреќи. Примена и во други бранши и земји Сево ова може да се смета само како капка врз врел камен. Одредена скепса е оправдана и затоа што повеќе фирми во Бангладеш се на лош глас поради поранешни маневри на измами. Сопствениците се богати луѓе, тесно поврзани со политиката. Но, напредокот во изминатите месеци охрабрува. Сепак, дури и ако текстилните работнички во Бангладеш во наредните години битно профитираат од оваа иницијатива, ситуацијата на работниците во други брани, како во штавилници, и натаму е мизерна. Затоа од Сојузот за текстил би морал да прерасне во Сојуз за сите бранши во Бангладеш и да се прошири и на други земји во кои владеат слични околности. За да се постигне тоа потребна е концентрирана акција од страна на Западот. Работата на германската влада врз тоа штотуку започна.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар
„ШТО УРЕДУВА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ?“
(„Службен весник на РМ“, бр. 104/2015) 4 ноември 2015 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Новиот Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 104/2015) е донесен со цел да се изврши транспонирање на новата Регулатива 305/2011 на Европската унија во областа на градежните производи во нашето законодавство. Регулатива 305/2011 ја замени Директивата на ЕУ 89/106 ЕЕС. Правилата во овој Закон директно влијаат врз условите за градежните производи. Овие услови постепено се одразуваат на националните стандарди за производи, националните технички одобренија и технички спецификации кои се поврзани со градежните производи. Овие правила не се однесуваат само на безбедност на градбите и на градежните работи, туку и на здравјето, издржливоста, заштеда на енергија и заштита на животната средина. Со одредбите на Законот точно се уредуваат обврските на економските оператори, односно на: овластениот застапник, увозникот, дистрибутерот. Посебно се регулираат обврските на производителот, кога знакот „СЕ“ е обврзувачки, каде и како се поставува, кои документи се неопходни за пласман на производот на пазарот. Различни производи различно придонесуваат за безбедноста на објектот. Законот предвидува 5 различни системи за оцена (1+,1,2+,3,4) и тоа за: бетон и бетонски префабрикати, агрегати, цементи, малтери, вар, термоизолациони материјали, хидроизолациони материјали, подни облоги, камен, керамички производи, врати и прозорци, дрво и производи на база на дрво, геотехнички, подлоги и завршни слоеви кај патиштата, плочи и производи на база на гипс,..... итн. Имплементацијата на Законот, се очекува да придонесе за поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на именување на телата и се во функција на зголемена ефикасност за контрола и спречување на сите технички и трговски бариери во оваа област.
Обучувач на семинарот ќе биде м-р Соња Черепналковска, дипл. град. инж.
Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1931&bet=1
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“
На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка
(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.
- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.
Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите
Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.
http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1881&bet=17
*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Аплицирај електронски / on-line
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 11 до 14 ноември 2015 година, Саем за хотели, ресторани и угостителство во Република Турција
„COHO CONTRACT HOTEL EXPO BURSA“ ВО БУРСА
Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании, како и компании од целиот свет, и нуди можности за размена на искуства и нови приоди во сферата на хотелиерството. На Саемот посетителите ќе имаат можност да видат: • хотелски текстил: бањарки, папучи, униформи, чаршави, завеси, декоративен текстил; • угостителска и услужна опрема, кетеринг служба, машини за тесто, прибори за јадење; • индустриски машини за перење и пеглање, хемиско чистење, машини за чистење дамки; • мебел за хотели: канцелариски мебел, мебел за бања, кревети, кујни, мебел за ресторани, кафе-бар, декоративен мебел; • спа-центри, базени, сауни и опрема; • опрема на хотелска соба, мини бар, мини фрижидер, додатоци за бања; • осветлување, безбедносни системи, визуелни технологии, систем за заклучување, телевизии; • друга опрема за хотели и ресторани. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на овие саемски манифестации од 11 до 13 ноември 2015 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.
За таа цел обезбедени се: • бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) пријавување од 12:00 до 14:00 часот; • локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и • бесплатни влезници за Саемот. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз, како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората, со вклучен ДДВ). Организаторот посредува за обезбедување авионски билет чија цена зависи од моментот на резервацијата. Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемските манифестации најдоцна до 16.10.2015 година. Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: http://www.contracthotelexpo.com/en/katilimcilar/ katilimci+profili.html или контактирајте не`. Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 12 до 14 ноември 2015 година Хотел „Парк“ – Белград, Р. Србија /www.hotelparkbeograd.rs
Советување: „МОЖНОСТИ И НАЧИНИ НА НАПЛАТА НА СПОРНИТЕ ПОБАРУВАЊА ОД ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ“
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето: - Договарање соработка на домашниот и на странски пазари; - Можности за препознавање партнери кои ги извршуваат обврските; - Причини за настанување на спорни побарувања, внатрешни причини на должникот, надворешни причини, опструкции од страна на должникот; - Реструктуирање на финансиите во компаниите, стечај, ликвидација, извршна постапка, неуспешни приватизации; - Реорганизација и реструктуирање на финансиите во компаниите како начин на наплата на побарувањата; - Значење на благовремена идентификација на спорно побарување од домашни и странски партнери; - Преговори со должникот и договарање за наплата на средствата; - Максимално обезбедување во домашниот и меѓународниот бизнис; - Проблеми во праксата и решенија за наплата на домашните и странските побарувања; - Реални примери од пракса. Програма: - Познавање на состојбите на пазарот, познавање на вообичаеното однесување на должникот, сопственост над капиталот и плаќањето на долговите; статусни промени; значењето на благовременото утврдување на спорните побарувања; промени во однесувањето на должникот и околности кои одлучувачки влијаат на работењето на должникот; интерни причини и екстерни причиниза кои го оневозможуваат плаќањето на побарувањата; - Проверка на расположливите јавни податоци; отворање постапка за ликвидација, стечај, располагање со имотот; реструктуирање на компаниите, положбата на доверител во постапката за реструктуирање; планови за реорганизација во стечај и однапред подготвени планови за реорганизација; репрограмирање на однапред подготвен план за реорганизација во стечај; - Извршна постапка, средства за обезбедување - добри и лоши страни; меница, хипотека, залог на движен имот и права, банкарска гаранција, кауција; преговарање со должникот, договори со други поверители, заедничко настапување на поверителите; блокада на сметка и можни последици, идентификувани проблеми на наплата на спорни побарувања во пракса; преговори, значење на наплатата на побарувањето и задржување на клиентот, правна поддршка во наплата на спорни побарувања и др. Предавач: * Д-р Лилјана Рајновиќ, експерт за бизнис и финасиско право, консултант во процесот на реструктуирање, статусни промени, приватизација, фузија и аквизација, берза и хартии од вредност, ликвидација на трговски друштва, застапување на странски арбитражи.
Сместување: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел „Парк“ – Белград на ваша електронска пошта) Превоз - Цена за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник 2.400,00 денари. (тргнување на 12 ноември 2015 година, во 6:00 часот и враќање на 14 номеври 2015 година во попладневните часови) Котизација за семинар: - Котизацијата за дводневно советување изнесува 4.900 денари + 18% ДДВ (5.782 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Рок за пријавување: 26 октомври 2015 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на советувањето. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„Бизнис-делегација од Република Македонија во посета на Стопанската комора на Ленинградска област
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ КОМПАНИИ
18 ноември 2015 година Санкт-Петербург, Руска Федерација (Стопанска комора на Ленинградска област)
Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и нивниот економски промотер во Санкт-Петербург. При посетата, покрај инвестициите, ќе се посвети внимание и на промоцијата на извозните можности на Република Македонија во Руската Федерација. На настанот ќе бидат организирани и билатерални деловни средби со компании од областа на прехранбената индустрија, при што ќе бидат присутни претставници од седум големи синџири на супермаркети кои оперираат во Северозападната област на Русија и тоа: „Азбука вкуса“; „Торговый Дом - ЛЭНД“; „X5 Retail Group“ (лидер на рускиот пазар на трговија на мало, сопственици на 3 синџири на супермаркети: „Пятерочка“, „Перекресток“ и „Карусель“); „Лента“; „Prizma“; „7я семья“ и „Metro C&C“. Покрај претставниците на големите синџири на супермаркети, на средбите присуство најавија и увозници и дистрибутери на овошје, зеленчук и на алкохолни пијалаци. Учество на настанот можат да пријават сите извозно ориентирани компании од областа на прехранбената индустрија, вклучувајќи: • извозници на свежо овошје и зеленчук; • винарници; • претставници на конзервната индустрија; • производители на замрзната храна; • производители на алкохолни пијалаци и др. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 11 ноември 2015 година (среда), за да можат да се обезбедат соодветни партнери. За подетални информации заинтересираните компании ќе бидат дополнително информирани. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 25 до 28 ноември 2015 година Меѓународен саем за храна, пијалаци и опрема во Р. Србија
„ЕТНО ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ 2015“ ВО БЕЛГРАД
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Белградкиот саем, ве покануваат да бидете дел од оваа манифестација на Белградскиот саем, со интересна и разновидна програма наменета за сите посетители и излагачи од прехранбениот сектор.
синџири на супер маркети; • сопственици на ресторани, хотели; • увозници и д и с т р и б у те р и Саемот „Етно храна и пијалаци“ е специјализиран на прехранбени настан на кој ќе имаат можност да се претстават производи; производители на одредени производи, изработени • медиуми и др. на традиционален начин и според традиционални рецепти, главно од органски одгледувани суровини Стопанската комора и во ограничени количини. на Македонија на компаниите им Во изминатите години, Саемот има голем удел во овозможува: формирањето пазари за овие специфични производи • бесплатни билети за со висока вредност, кои успеаја да го најдат својот влез на Саемот; пат до домашните, но и до странските потрошувачи. • специјални цени за Главна цел на Саемот и понатаму останува промоција компании коишто сакаат на традиционални производи и рецепти, како и нивно да земат учество на пласиранје на пазарот, што придонесува за нивно Саемот како излагачи; зачувување и подигање на свеста кај населението за • специјални цени за националната култура и наследство. заеднички штанд на којшто можат да бидат Како дел од програмата, организаторите за оваа претставени повеќе македонски компании заедно; година имаат предвидено и стручен работен дел, што • за сите заинтересирани компании коишто сакаат да ќе ги покрива темите како што се: земат учество на Саемот како излагачи, задолжително е • Заштита на производи со географско потекло; пополнувањето на пријавниот лист и дополнителниот • Патентирање рецепти; образец доставен од страна на организаторот. • Воведување системи и сертификати за квалитет; • Правна заштита; Стопанската комора на Македонија ги поканува сите • Унапредување на амабалажата и пакувањето и заинтересирани компании да се пријават за учество • Нови методи на продажба. на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.11.2015 година (понеделник). Овогодинешниот Саем „Етно храна и пијалаци“ е наменет за сите компании од прехранбената Аплицирај електронски / on-line индустрија, особено за: • произведители на традиционални прехранбени Контакт: Сања Николова производи, со регистрирано производство; Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 • производители на машини и опрема за производство Контакт Центар : (02) 15015 и пакување на традиционални производи; E-адреса: sanja@mchamber.mk • сопственици на мали специјализирани и големи
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС ИНФО
44
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран
“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)
Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.
Пријавување до 17 ноември 2015 година.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА гуми и се заинтересирани истите да ги рециклираат и разлагаат во нивните основни материјали/ компоненти. Валидност дo 3.12.2015 годинa. Компанија од Кина заинтересирана е за пласман на водоотпорни конектори во Република Македонија. Валидност дo 3.12.2015 годинa. Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на жица, шајки и други метални производи. Валидност дo 3.12.2015 годинa. Компанија од Чешка заинтересирана е за пласман на контејнери за пренос на стока во Република Македонија. Валидност дo 3.12.2015 годинa. Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јаткасти плодови (лешници, ореви) и суво овошје. Валидност дo 3.12.2015 годинa. Компнија од Бугарија бара дистрибутер во Република Компанија од Виетнам која нуди разни сорти ориз Македонија за пласман на женски, машки и детски (јасмин ориз, бел ориз со долго зрно, ориз за чорапи. суши/јапоника) заинтересирани се за соработка со Валидност дo 4.12.2015 годинa. купувачи од Република Македонија. Компанија од Австрија заинтересирана е да пласира Валидност дo 2.12.2015 годинa. опрема за видео надзор наменети за банки и Компанија од Германија заинтересирана е да осигурителни куќи во Република Македонија. соработува со производители на мед во Република Валидност дo 4.12.2015 годинa. Македонија за набавка на суровини. Валидност дo 2.12.2015 годинa.
Компанија од Романија бара дистрибутер за пласман на сигурносни системи за видео надзор во Република Компанија од Кина бара дистрибуери во Република Македонија. Македонија за пласман на машини за пакување на Валидност дo 4.12.2015 годинa. прехранбени производи. Компанија од Велика Британија бара дистрибутери Валидност дo 2.12.2015 годинa. во Република Македонија за пласман на постелнина Компанија од Австрија бара партнери од Република и облека изработени од 100% памук. Македонија кои се занимаваат со откуп на половни Валидност дo 4.12.2015 годинa.
четврток, 29 октомври 2015, Бр. 241
БИЗНИС ИНФО
49
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Компанија од Кина заинтереисрана е за соработка Македонија за пласман на електрични апарати. со текстилни фабрики во Република Македонија за Валидност дo 4.12.2015 годинa. пласман на предиво од полиестер, акрил, вискоза и памук. Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Валидност дo 9.12.2015 годинa. Република Македонија за пласман на апарати за дијализа наменети за здравствени установи. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Валидност дo 7.12.2015 годинa. Македонија за пласман на мермерни и гранитни плочи. Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер Валидност дo 9.12.2015 годинa. за пласман на зачини во Република Македонија. Валидност дo 7.12.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сите модели надворешни Компанија од Турција бара дистрибутер во Република и внатрешни ролетни, тенди, ветроотпорни паноа, Македонија за пласман на земјоделски машини, алуминиумски и ПВЦ програма, мрежи против прскалки, пумпи за наводнување и резервни инсекти, гаражни врати. делови. Валидност дo 10.12.2015 годинa. Валидност дo 7.12.2015 годинa. Компанија од Чешка бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на панел плочи. Валидност дo 9.12.2015 годинa.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088