Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Број 67 од 29.09.2011

БИЗНИС ИНФО

контакт call центар (02) 15015

1

www.mchamber.mk

ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА Стопанската комора на Македонија во Трговско-индустриската комора на Солун ги пренесе намерите на своите членки

СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ НА МЕТА НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

Комората на Халкидики во Стопанската комора на Македонија

ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ПРЕХРАНАТА, ТЕКСТИЛОТ, НЕДВИЖНОСТИТЕ... Групацијата за рибарство со барање за повеќе средства за поттик на рибопроизводството

ЗГОЛЕМЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЈА „МРЕСТАТ“ РИБАТА


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО КОМПАНИИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ ПРЕДНОСТИТЕ НА АРБИТРАЖАТА

за слабиот интерес е и тоа што договорите вообичаено ги склучуваат лица кои не се доволно стручни, па откако ќе се јави спор се бараат можности за негово разрешување. Секако, причина е и тоа што нема традиција за овој вид алтернативно решавање на споровите.

перформанси. Подготвеноста на нашата економија е солидна и е подобра отколку што беше во 2008-ма.

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

ЗАШТИТЕН ЗНАК Е МАКЕДОНСКАТА КУЈНА

“Инекс Горица” е една (М-р Димитар Богов, гувернер на заокружена целина која се Народната банка на Република состои од сместувачки капацитет Македонија) со вкупно 125 соби и апартмани, ресторански дел во кој гостите може да пробаат домашна македонска и интернационална АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА храна, капацитети за одржување „СЕМАФОР“ на конгреси каде во исто време може да учествуваат Преку воведување 700 учесници со сета потребна на таканаречениот “Семафор“, опрема. Секако, тука треба да ние активно ги вклучивме се споменат и услугите што на граѓаните во оценувањето гостите им се достапни во секое на јавната администрација. време, како сауна, масажа, Системот понатаму ќе се тениски терени, трим-патеки, надгради со дополнителни рент-а-кар, комплетно уредена Во периодот на функции и активно ќе влијае врз плажа и други услуги. глобализација во која живееме, економиите се испреплетени, како врзани садови, особено во Европа и во САД. Инвеститоририте реагираат пати Арбитражата се избегнува веднаш на сите случувања од поради тоа што странката двете страни на Атлантикот. однапред знае дека нема да ги исполни обврските од договорот и затоа не сака да договори арбитража. Затоа, се евалуацијата на службеникот од препорачува уште во фазата другата страна на шалтерот. на склучување на договорите Во иднина граѓаните да се предвиди клаузула во ќе можат да ја оценуваат Заштитен знак на договорот во случај на спор да администрацијата и преку кујната на хотелот “Инекс решава арбитража. Многу се Интернет, а истото ќе можат да Горица” се македонските ретки случаите ако претходно не Многу брзо ќе се пренесет го направат и преку апликација јадења. Потоа вегетаријанската е договорена арбитража, откако ефектите од евентуалната криза на своите мобилни уреди. кујна и јадења од многу светски ќе настане спорот странките да во еврозоната и може да се поднебја и сите подготвени успеат да се договорат спорот да прелеат во регионот во кој спаѓа (Иво Ивановски, министер за од вештите раце на нашите го решава арбитража. Односите и Македонија. информатичко општество и готвачи. веќе се нарушени, па тешко се Оценките на нашите администрација) договора арбитража. соговорници се дека Македонија (Анета Бар, генерален директор Една од причините има релативно добри на “Инекс Горица” АД Охрид) Нашата Арбитража е млада институција. Таа постоеше и во поранешна СФРЈ, но само за решавање спорови без странски елемент. Не беше доволно афирмирана. Слабиот интерес за арбитрарно (Д-р Арсен Јаневски, претседател решавање на споровите пред на Постојан избран суд нашата Арбитража се должи на Арбитража) непознавањето на нејзините предности. Мал број фирми и физички лица сериозно ги сфаќаат предностите. Често МАКЕДОНИЈА ПОПОДГОТВЕНА ЗА ЕВЕНТУАЛНА КРИЗА ОД 2008 ГОДИНА!

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2011 година

Покровители

на


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

3

ФОКУСИРАНО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА Најголемите македонски компании во Солун ја ковертираа својата заинтересираност

УЧЕСТВО ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Дестина најголеми македонски компании, преку својата асоцијација Стопанската комора на Македонија, во Трговско-индустриската комора на Солун ја искажаа својата намера да учествуваат во приватизацијата на

Димитриос Бакацелос, претседател на Трговско-индустриската комора на Солун, спомена дека приватизацијата на пристаништето е и обврска која грчката Влада је преземала и пред Европската унија. Тоа е задача којашто мора да се заврши брзо, но се` уште не се знае дали ќе биде тоа во првиот бран на приватизацијата што се подготвува во Грција. Но, во секој случај, трансформацијата на пристаништето мора да заврши до крајот на 2012 година. - Се` уште не е утврдено што ќе се приватизира, дали дел од терминалите или ќе се оди на варијантата на учество на надворешни инвеститори во сопственоста на целото

Солунското пристаниште. Оваа желба на дел од македонското стопанство, Бранко Азески, претседател на најстарата и најбројната деловна асоцијација во Македонија, му ја соопшти на својот домаќин Димитриос Бакацелос на денешната средба во Трговско-индустриската комора во Солун.

- Се работи за најголемите македонски компании кои со децении работат и се клиенти на Солунското пристаниште. На претстојниот Саем за „Транспорт и логистика“ во Скопје ќе се сретнеме и со менаџментот на пристаништето и ќе разговараме на оваа тема, – истакна Бранко Азески. – За нас секоја информација околу претстојната приватизација на пристаништето е значајна и се надеваме дека ќе имаме помош во тој правец и од овдешната комора.

пристаниште, – истакна Бакацелос. – Во секој случај, тендерот што ќе го распише државата ќе биде достапен до сите. Но, сепак, ние им стоиме на располагање на нашите колеги од Стопанската комора на Македонија за сите потребни информации. Во разговорите со своите домаќини во Солун, Бранко Азески го потегна и прашањето на штрајковите на граничните премини и во пристаништето, од кои големи штети трпат и македонските компании, но и грчкиот бизнис кој е многу присутен во Република Македонија. - Грчките фирми кои работат во нашата земја сите без исклучок се членки на Стопанската комора на Македонија. Ние од нив учиме, на нив се потпираме и тие се мостот за меѓусебната соработка, сегашна и во иднина, - додаде Азески. – Меѓусебната соработка е на високо ниво, за што зборува бројката дека меѓусебната

размена во првите седум месеци од 2011 година е зголемена за 15,5 отсто. Бројките покажуваат дека вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција во првите седум месеци од 2011 година достигнала вредност од 422,6 милиони САД $. Притоа, остварен е извоз во вредност од 126,9 милиони САД $ (споредбено минус 17%), додека увозното салдо изнесува 295,7 милиони САД $ (споредбено плус 39%). Евидентиран е негативен биланс на Република Македонија во трговската размена од 168,8 милиони САД $. -Работата на коморите е постојано да лобираат и да се активни кај своите влади за да се отстранат сите пречки кои стојат на патот за слободен проток на капиталот, стоката и луѓето. Деловните асоцијации треба да се уште поупорни во инсистирањето меѓу двете земји да се потпишат сите билатерални договори од областа на економијата што ќе придонесе за уште поголема меѓусебна трговска размена, – додаде Азески. Домаќините споменаа дека Грција поминува тежок период. И покрај тоа што оценуваат дека работниците имаат право да штрајкуваат, сепак, малку тие имаат предвид, како

што напомена Бакацелос, дека предизвикуваат големи штети и на сопствената земја, но и на регионот. - Претстојат тешки месеци за Грција, а се заканува и нова светска економска криза. Ние земјите што сме на периферијата на Европа треба што побргу да ја зајакнеме меѓусебната комуникација и соработка. Компаниите треба што побрзо да се запознаат


БИЗНИС ИНФО

4

ФОКУСИРАНО меѓусебно, постојано да разменуваат информации и што повеќе да се ангажираат на реалиизација на заеднички проекти.Тоа е патот да се појават на немилосрдните пазари во светот и на нив да пласираат стоки заеднички произведени со што помали трошоци, – подвлече Емануил Влахојанис, потпретседател на Трговскоиндустриската комора на Солун. Саво Пејчиновски

пари од фондовите на Европската унија. Наскоро ќе организираме и возвратна средба во Комората на Халкидики со македонска бизнис-делегација, - изјави Јадранка Аризанкоска од Стопанската комора на Македонија. Бизнисмените од Халкидики искажаа заинтересираност за соработка со македонски компании во областа на градежништвото, прехранбената индустрија, земјоделството, текстилот, недвижностите итн. -Не верувам дека грчките инвеститори би се повлекле од

Бизнис-делегација од Комората на Халкидики во работна посета на Стопанската комора на Македонија ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ПРЕХРАНАТА, ТЕКСТИЛОТ, НЕДВИЖНОСТИТЕ... - Веруваме дека постои многу простор за соработка и затоа сме тука со 35 компании. Се сретнавме со домашните компании и веруваме дека од тие средби ќе имаме и добри резултати. Тоа е целта на двете комори, изјави претседателот на Стопанската комора на Халкидики, Јоргос Гилис, на Бизнис- форумот што се одржа во Стопанската комора на Македонија (23.9.2011 година). Бројната бизнис-делегација од Стопанската комора на Халкидики предизвика значаен интерес кај македонските компании, па големата сала во Стопанската комора на Македонија беше преполна од деловни луѓе кои се договараа за воспоставување соработка.

Македонија доколку се влоши состојбата во Грција затоа што сите во мојата земја веруваме дека ќе ги надминеме сегашните проблеми, - ги охрабри бизнисмените од двете земји Јоргос Гилис. - Во последно време

извозот на Грција е зголемен. Од друга страна, Европската банка најави дека ќе продолжи да ги кредитира грчките банки, така што мислам дека нема да постои некој проблем да се соработува и да се прави заеднички бизнис, истакна Гилис.

-Овие средби се резултат на долгогодишната соработка меѓу двете стопански комори. Се надеваме дека меѓусебните разговори на деловните луѓе ќе го трасираат патот на воспоставување на повисоки облици на соработка и реализација на заеднички проекти, во кои може да се користат и

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Битола и со поддршка на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, се реализира посета на претставници на македонски компании на 27. Регионален општ саем на Западна Македонија во Кожани, Република Грција. Делегацијата беше пречекана од Олга Мезериду, економски советник во Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, која изрази задоволство што македонските компании излегоа во пресрет на нивната покана за посета на овој саем. Соработката меѓу Регионалната комора со седиште во Битола и Трговскоиндустриската комора од Кожани, која е организатор на Саемот, постои веќе долго години, а присуството на македонски компании и претставници на бизнис-секторот од пограничниот регион на оваа манифестација е со подолга традиција. Иако годинава како излагачи немаше компании од Република Македонија, сепак, десетина компании од регионите на Скопје, Битола и Прилеп го посетија овој саем. Тие беа во можност да се запознаат со моменталната ситуација и со бизнисклимата во регионот, одблиску да ги скенираат приликите на пазарот, како и да остварат повеќе неформални блиски средби со излагачите.

Македонски компании го посетија општиот регионалнен саем во Кожани, Република Грција ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И КОНТАКТИ ЗА ИДНИ ЗАЕДНИЧКИ БИЗНИСИ Во периодот од 23 до 24 септември 2011 година, во организација

Годинава и покрај влијанието на економската криза кај јужниот сосед, најголем акцент се даде на презентацијата на новите развојни


БИЗНИС ИНФО

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

технологии за обновливи извори на енергија, т.е. соларните панели, како и разните унапредувања во градежништвото, топлинските уреди и развојот на земјоделието во регионот. Од двете страни се изрази желба за натамошен развој на соработката, како

регионална, така и меѓудржавна, со цел компаниите меѓусебно да си помогнат во изнаоѓањето решенија за новите економски предизвици во иднина. Исто така, беше изразено задоволството овој вид саемски манифестации да се организираат и да се посетуваат и во

5

ФОКУСИРАНО иднина, како добар начин на реална комуникација, запознавање и наоѓање бизнис-партнери. Никола Димковски

Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Грција ГОДИНАВА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ РАСТ ОД 15,5 ОТСТО Надворешно-трговската размена со Република Грција, почнувајќи од 1 јуни 2001 година се одвива под условите предвидени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници. Поради овој договор, стабилизирањето на односите меѓу Македонија и Грција и значителните директни инвестиции од Грција во Македонија, извозот во Грција бележи силен раст во последните години. Почнувајќи од 2000 година, извозот во Грција, мерен во американски долари, растел во просек за 28,4% годишно. Реалниот пораст во евра е понизок, но се`уште е забележително голем. Tрговска размена со Република Грција во периодот јануари и јули 2011 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција во првите седум месеци од 2011 година достигна вредност од 422,6 милиони САД $ (споредбено за истиот период од минатата година е зголемена за 15,5%). При тоа, остварен е извоз во вредност од 126,9 милиони САД $ (споредбено – 17%), додека увозното салдо изнесува 295,7 милиони САД $ (споредбено + 39%). Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 168,8 милиони САД $. Tрговска размена со Република Грција во периодот јануари – јули 2011 година Извоз

Увоз

Во САД$ Вкупно

Биланс

количина во кг

сума во САД$

количина во кг

сума во САД$

количина во кг

сума во САД $

125.510.189

126.870.554

294.025.109

295.758.067

419.535.298

422.628.621

-168.888.000

Споредбен приказ на трговката размена во периодот 01-06.2011 / 01-06.2010 Вкупна размена

Извоз

2010

2011

Индекс

311.117.999,00

362.633.360

116,7

2010

Увоз

2011

Индекс

125.760.913 102.463.131

80,9

2010

2011

Индекс

185.357.086 260.170.229

140,5

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Грција во 2010 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција во 2010 година достигна вредност од 693,7 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 245 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 448,6 милиони САД $. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 203,6 милиони САД $. Во 2010 година Грција е наш втор трговски партнер во вкупната размена со светот. Трговска размена со Грција во 2010 година

Во САД $

Извоз

Увоз

Вкупно

количина во кг

сума во САД $

количина во кг

сума во САД$

сума во САД$

242.398.349

245.092.866

529.786.296

448.649.892

693.742.758

Биланс -203.600.000

Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји иако во последните неколку години бележи континуиран раст, сепак во 2009 година евидентирани се негативни тенденции како во извозот, така и во увозното салдо.


БИЗНИС ИНФО

6

ФОКУСИРАНО

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Oбем на трговската соработка (01-06.2006 / 01-06.2011)

Во милиони САД $

01-06 2006

01-06 2007

01-06 2008

01-06 2009

01-06 2010

01-06 2011

Извоз

157.4

239.3

290.8

141.7

125.7

102.4

Увоз

150.9

238.2

253.6

184.2

185.3

260.2

Вкупно

308.3

477.6

544.5

325.9

311.1

362.6

Трг. салдо

+6.5

+1.1

+37.2

-42.5

-43.5

-157,8

Следејќи ги движењата во трговската размена, може да се констатира дека Република Грција е еден од најзначајните трговски партнери на нашата земја, и во последните неколку години го зазема третото место како најбитна извозна дестинација, следејќи ги во чекор Србија и Германија. Слична е состојбата во увозниот биланс каде што Република Грција има високо учество во вкупниот увоз во Република Македонија. Најголем извоз е забележан во 2008 година со вредност од 535 милиони САД $, а најмал во 2000 година со вредност од 83,3 милиони САД $. Најголем увоз е забележан повторно во 2008 година со вредност од 510,8 милиони САД $, додека најмалата вредност од 184,3 милиони САД $ се однесува на 2001 година. Обем на трговската соработка (2000/2010)

Во милиони САД $

2000

2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

Извоз

83.8

101.3

116.0

179.8

228.6

228.7

361.1

420.4

535

290,0

245,0

Увоз

200.1

184.3

236.9

300.2

280.5

282.6

319.8

413.3

510.8

439,2

448,6

Вкупно

283.9

285.7

352.9

480.0

509.2

511.3

680.9

833.7

1.045.8

729,2

693,7

Трг. салдо

-116.3

-83.0

-120.9

-120.4

-51.9

-53.9

+40.3

+7.1

+24.2

-149,2

-203,0

Структура на стоковна размена меѓу Македонија и Грција Стандардно, предмет на трговска размена во 2010 година се следните производи: Извоз: текстилни производи (70 милиони САД $), тутун (24,7 милиони САД $), мермер и травертин (17,8 милиони САД $), овчо месо (5,7 милиони САД $), мекотелци (8,5 милиони САД $), топло и ладно валани производи од железо и челик (34,7 милиони САД $), отпадоци и струганици од железо и челик (11,5 милиони САД $), електрични проточни грејачи за вода (4,4 милиони САД $), свежи домати (4,3 милиони САД $), феросилициум (6,8 милиони САД $) и др. Увоз: нафтени масла и масла од битоменозни минерали (96,8 милиони САД $), примарни форми од железо или челик (34,4 милиони САД $), прехрамбени производи (33,2 милиони САД $), разни видови ткаенини (32,9 милиони САД $), текстилни производи (10,5 милиони САД $), течен бутан (13,6 милиони САД $), топло валани жици (8,6 милиони САД $), битумен од нафта (5,4 милиони САД $), инструменти и апарати за медицина (4,3 милиони САД $), итн... ПРЕГЛЕД на инвестиции од Грција во Република Македонија (1997-2010) Според Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија досега влегле една милијарда евра грчки инвестиции. Најмногу во телекомуникациите, енергетиката, прехранбените производи и во градежништвото, со тенденција во наредните години оваа бројка да се зголеми. Во локалните компании со грчки капитал во земјава, се вработени повеќе од 20.000 работници. меѓу кои Стопанска банка, „Веро“, „Окта“, Цементарницата „Титан“, „Жито Лукс“... Дел од инвестициите повеќе не се во сопстеност на Грција бидејќи се препродадени („Космофон“). Во евра Година

Вкупно ДИ

Година

Вкупно ДИ

Година

Вкупно ДИ

1997

9.736.183

2003

223.016.632

2009

1998

12.771.254

2004

264.104.655

-75.51 милиони евра

1999

20.478.571

2005

279.210.632

2010

2000

105.278.291

2006

320.396.743

10.2 милиони евра

2001

174.205.844

2007

387.135.161

2002

213.018.388

2008

450.695.353

Извор на податоците: Народна банка на Република Македонија


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

7

ФОКУСИРАНО

Грчките инвеститори тивко се повлекуваат од земјава. Освен што има затворања на конфекциските погони кои беа во сопственост на грчки газди, не се реализираат ниту планираните проширувања на инвестициите, а добивката не се реинвестира во Македонија, туку се повлекува. Во делот на текстилот, влијанието на кризата освен во затворањето на грчките погони, бидејќи се согледува дека кај нас и нема некои големи погодности за да останат, евидентен е и проблемот со се` потешкото снабдување со репроматеријали, кои досега се купуваа во Грција и кои ја качуваа бројката на трговска размена меѓу двете соседни земји. „Директните грчки инвестиции на Балканот до 2009 година изнесувале 2,2 милијарди евра во Србија, една милијарда евра во Македонија и 545 милиони евра во Албанија. Околу 40 компании со грчки капитал во Бугарија лани ги затвориле вратите, а во Романија е регистрирано намалување на грчките инвестиции на 400 милиони евра лани, во однос на 600 милиони претходната година“, - пишува „Елефтеротипија“.

БРОЈКИ И ФАКТИ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА Локација:

Јужна Европа, граничи со Јонско Море, Медитеранско Море и Егејско Море, меѓу Албанија и Турција

Површина:

вкупно: 131,957 км вода: 1.310 км земјиште: 130.647 км

Гранични премини:

вкупно: 1.228 км гранични земји: Албанија 282 км, Македонија 246 км, Бугарија 494 км, Турција 206 км.

Природни ресурси:

лигнит, бакар, олово, цинк, петролеум, железна руда, никел,магнезиум, јаглен, мермер,сол, и обработлива земја.

Земја за наводнување: 14.530 км (2003)

БДП - по глава на жител:

29.600 САД $ (2010)

БДП - по сектори:

земјоделие - 3,3% индустрија 17.9% услуги – 78,8% (2010)

Стапка на инфлација:

4,7%(2010)

Работна сила:

5,1 милиони (2010)

Стапка на невработеност:

12,5% (2010)

Стапка на пораст на индустриското производство:

-5,8 (2010)

Индустрија:

Туризам, прехранбена индустрија и тутун, текстил, хемикалии, метална индустрија, рударство, петролеум

Земјоделство:

Пченка, домати, тутун, стока, вино, пченица, сончоглед, маслинки, шеќерна репа, говедско месо.

Извоз:

20,96 милијарди САД долари (2010)

Популација:

10.737.428 (Јули 2009)

Стапка на пораст на популацијата:

0,127% (2009)

Етнички групи:

Грци 93 %, други 7 %

Извозни производи:

Име на земјата:

користена долга форма: Hellenic Republic користена кратка форма: Грција

Храна и пијалаци, текстил, хемиски производи, петролеум, репроматеријали

Извозни партнери:

Германија 11,1 %, Италија 11 %, Бугарија 6,7%, САД 4,9 %, Турција 4,2 % (2009)

Увоз:

66,6 милијарди САД долари (2010)

Увозни производи:

Машини, транспортна опрема, гориво, хемикалии

Увозни партнери:

Италија 12,7%, Германија 13,7%, Кина 7,1%; Холандија 6%, Франција 6,1%, (2009)

Надворешен долг:

532,9 милијарди САД долари (јуни 2010)

Валута:

евро

Устав:

усвоен на 11 јуни 1975 година

Законски систем:

Врховен правен суд, Специјален Врховен Трибунал, сите судии се доживотно наименувани од претседателот, врз претходна консултација со Правниот совет.

ЕКОНОМСКИ ПАРАМЕТРИ БДП:

паритет на куповна моќ – 318,1 милијарди САД долари (2010)

БДП - реална стапка на - 4,5% (2010) пораст:


8

ФОКУСИРАНО ЕКОНОМИЈАТА НА ГРЦИЈА Грција ја постигна својата независност од Отоманската империја во 1829 година. Во втората половина на 19-от и првата половина на 20-от век, се зголеми нејзината територија со соседските острови, популација со грчко говорно подрачје. Грција се приклучи во НАТО во 1952 година. Во 1974 година демократските избори и референдумот ја формираа парламентарната политика и отфрлање на монархијата. Грција се приклучи на Европската заедница во 1981 година, а стана членка во 1992 година, и со тоа стана 12-тиот член на Европската економска и Монетарна унија во 2001 година. Грција има пазарна економија со јавно секторска добивка од околу 40% од БДП и со БДП по жител од 70% од водечките економии на еврозоната. Туризмот обезбедува 15% од вкупниот БДП. Имигрантите се околу една петина од работната сила. Грција е најголемиот корисник на помошта од ЕУ, која е еднаква на околу 3,3% од БДП. Грчката економија расте со околу 4% во последните две години, најмногу поради инвестицискиот бум и инфраструктурнио надградување за Олимписките игри во Атина во 2004

година. И покрај големиот пораст, Грција не ги исполни очекувањата со својот буџетен дефицит од 3% од БДП од 2000 година, јавниот долг, инфлацијата, и стапката на невработеност кои се под просекот на еврозоната. Натамошна реконструкција на економијата ќе треба да вклучи приватизирање на неколку државни претпријатија, преземање на пензиски и други реформи и намалување на бирократската неефикасност. НАЈГОЛЕМА КРИЗА ВО ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ Буџетскиот дефицит на Грција во 2009 година достигна 12,7 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), или повеќе од четири пати од лимитот од три отсто, поставен од ЕУ. Националниот долг на Грција се

БИЗНИС ИНФО очекува да надмине 110 отсто од БДП. Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Грција, поради стравувањата дека државата не ќе може да ги плати своите долгови Грција во 2012 година ќе биде во рецесија четврта година по ред, изјави министерот за финансии Евангелос Венизелос. Намалувањето во економската активност ги надмина прогнозите. Тоа намалување ќе влијае негативно врз постигнувањето на финансиските цели поставени како услов

за помош од меѓународни кредитори. Властите ќе воведат времен данок врз имот за да се компензира недостигот од приходи во буџетот за 2011 година и за 2012 година и да се намали дефицитот оваа година до 7,6 % од БДП. Се очекува мисија на ММФ, ЕУ и ЕЦБ да ги обнови проверките за тоа како државата се справува пред да биде одобрена следната транша од осум милијарди евра без кои Грција во октомври би банкротирала, јавуваат западни медиуми.

ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Република Грција е традиционален партнер на Република Македонија со релативно високото учество во вкупната надворешнотрговска размена. Р. Грција во вкупната размена на Р. Македонија со странство, секогаш е меѓу првите пет места. Република Грција е меѓу првите стратешки инвеститори во Република Македонија. Анализата на грчките инвеститори во Р. Македонија, упатува дека се работи за два вида на фирми: една група се националните водечки фирми и сестринските фирми на мултинационалните компании, со седиште во Р. Грција и другата категорија која се однесува на мали и средни грчки фирми, главно трудоинтензивни со ниска компаративна предност на грчкиот пазар кои наоѓаат интерес да вложуваат во Р. Македонија, водени

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

од евтина работна сила, евтини суровини, инфраструктурата и сл. Овие фирми инвестираат во текстилната и прехранбената индустрија и во трговијата. Првата категорија неопходно носи со себе развој на технологијата, маркентингот и менаџментот, премногу потребен на Р. Македонија, која исто така има потреба од поголем број на инвестиции кои претставуваат hightech. Во изминатиот период не се почувствува соодветна административна поволна клима за поттикнување и прифаќање на инвестирања на македонските фирми во Р. Грција и покрај пројавениот интерес. Според податоците на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, во Македонија има околу 250 компании со грчки капитал и со околу 20000 вработени. Поголемиот дел се од текстилниот и прехранбениот сектор, трговијата, банкарскиот и финансискиот сектор, градежништво, транспорт и промет со нафтени деривати.

На билатералната трговската соработка и инвестиции неповолно влијае и немањето на билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување и взаемна заштита на инвестициите, но и фактот дека меѓу Република Македонија и Грција нема ниту еден билатерален акт со кој се регулирани прашања од економското значење (транспорт, царинската соработка, соработка на инспекцијските служби ....).


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Пристаништето Солун и македонското стопанство И ПОКРАЈ СИТЕ ПРОБЛЕМИ, ЗАСЕГА, БЕЗ РЕЗЕРВИ Од аспект на географската оддалеченост и инфраструктурната поврзаност, Пристаништето Солун за македонските компании претставувало и ќе претставува природен и најблизок пат за превоз на стоки по морски пат. Традиционално гледано, досегашната пракса ја карактеризира воспоставената блиска и успешна меѓусебна соработка на македонските и грчките компании, особено на нашите шпедитери со шпедитерите од Грција и со Управата на Пристаништето Солун, како и на соработката меѓу нашата и грчката железница, во функција на професионално вршење на дејностите. По тие основи, најголемиот дел од македонскиот извоз којшто е поврзан со транспорт преку море, односно со бродскиот превоз, околу 90% ги користи услугите на Пристаништето во Солун. Со бродски транспорт најмногу се превезува: челик, фероникел, производи од црната и обоената металургија и контејнери со разна стока. Најзначајни земји од коишто пристигнува стока со бродски превоз се: Кина, Бразил, Индија, Јапонија и други далечни земји. Според расположивите податоци, низ Пристаништето во Солун просечно годишно транзитираат меѓу 14 и 17 илјади контејнери со македонска стока која или одела во извоз или била увезена од прекуморските земји. За големата користеност на ова пристаниште од страна македонското стопанство говори и податокот според кој секојдневно од Пристаништето Солун се отпремуваат од 400-500 камиони со разна стока, а најмногу со генерални товари (јаглен, руда, црна и обоена металургија и др.). Според расположивите податоци, во текот на 2010 година од транзитираниот обичен товар преку Пристаништето Солун во количина од 4,4 милиони тони, 43,4 % е стока од и за Македонија, што во однос на 2008 година тој процент е зголемен за 34 %. Меѓутоа, во последно време, како резултат на повеќе фактори и влијанија, коишто го намалуваат квалитетот на услугите преку Солунското пристаниште, пред се’, поради перманентните блокади и штрајкови на грчките превозни патишта и гранични премини, потоа поради неизвесноста дали стоката ќе пристигне на време и сл., се забележува појава на намалување на соодносот на обработени контејнери преку Солунското пристаниште

БИЗНИС ИНФО за транзит на стока за Македонија и Косово, во однос на другите превозни правци кон и за другите најблиски морски пристаништа, од 90% на 80 %. Така, од тие причини, се’ повеќе се зголемува процентот на обработени контејнери преку Пристаништето Драч, за коешто е карактеристичен и претовар на контејнерите и во внатрешноста на морето, а не само на самиот брег, за што особено придонесуваат интензивираните активности за подобра техничка опременост и инфраструктурно поврзување на ова пристаниште до корисниците, а посебно со отворањето на новиот пат - тунел Драч - Приштина за дестинации за Косово, како и за дестинации во југозападна Македонија (Охрид, Струга, Битола, Прилеп и Кичево). Според анализите на корисниците на транспортните услуги, транспортните трошоци преку Драч доаѓаат приближно исти како преку Солунското пристаниште, најмногу поради перманентните блокади на патиштата, а тргнувајќи од сигурноста дека контејнерите ќе пристигнат навреме на упатените дестинации, корисниците се’ почесто се одлучуваат да платат и нешто повеќе за избегнување на таквата неизвесност. Некои аспекти во врска со користењето на Пристаништето Солун

9

ФОКУСИРАНО на производство, зголемени трошоци поради преупатување на испораките преку алтернативни превозни правци и сл. Често пати нашите фабрики одат на дневно допремување на стока од Пристаништето Солун, така што во случај на блокади се случува да дојде до гаснење на фабричките печки со предизвикување на огромни трошоци во работењето. Од аспект на трошоците на камионските превозници, ако се знае дека дневната фреквенција на камиони со стока за македонското стопанство, што оди преку Солунското пристаниште во нормални услови е околу 400-500 камиони, при секое дневно задржување на возилата, кое чини од 150-200 евра по камион, ќе се предизвикаат соодветен износ на трошоци во зависност од деновите на застој и од бројот на блокирани камиони, кое паѓа на товар на самите превозници.

Штрајковите и блокадите го ускратуваат и дозволеното слободно време Факторите коишто влијаат на преземање на контејнерите, наместо на ефективноста и рационалноста во нивното време да не се смета бидејќи не е користењето на услугите на Солунското по вина на фирмите-корисници. пристаниште може да се лоцираат на неколку полиња: 2. Соработка на релација 1. Блокади и штрајкови корисници на пристанишни услуги Пристаниште Солун Зачестеното нефункционирање на Пристаништето Солун по разни основи, ги Незапоставувајќи ги напорите погоди сите стопанственици од поширокиот и активностите што новото раководство регион коишто гравитираат кон ова морско на Управата на Солунското пристаниште пристаниште. од средината на минатата година ги Перманентните сообраќајни прави за подобрување на условите кон блокади предизвикани од кунтинуираните корисниците на пристанишните услуги од штрајкови на јавната администрација на организационен и технички аспект, а имајќи Република Грција, како и на одредени ги предвид најавите и ветувањата што организирани штрајкови од незадоволни во таа насока беа истакнати на средбата грчки стопанственици, мошне негативно се со македонските стопансвеници во јуни одразуваат врз економскo-финансиското минатата година во Скопје, користењето работење на македонското стопанство, на услугите на Солунското пристаниште се’ а интензитетот на штетите е различен по уште е обременето со одредени проблеми одделни дејности. од организационен и трошковен аспект, Генерално, штети може да коишто го оптоваруваат економсконастанат по повеќе основи и тоа: застој финансиското работење на фирмитена стоките и камионите на граница или корисници, меѓу кои: во магацин, пенали поради доцнење на работата на одредени испораки, терминални трошоци Пристаништето се’ уште не се одвива на граничните премини, оштетување на во доволен број смени за потребите на производите поради претранспортирање, корисниците, и тоа во попладневните и губење на квалитет на осетливите вечерните часови, а за време на викендот се производи, изгубена добивка, неостварен работи само во првата половина од денот. приход, денгубнина, застој на процесот Поради ваквата состојба се прават големи


10

ФОКУСИРАНО гужви за влез, а посебно за отпрема на контејнерите. За надминување на ваквата состојба потребно е зголемување на времето на отпрема и во попладневните часови, односно воведување на уште една смена, како и да се овозможи нормална отпрема на стоката од пристаништето и во саботите. Со повеќесменското работење ќе се растоварат шпицовите на товарење, а пуштањето на контејнерите во интервали ќе ја избегне гужвата на граница што се прави и од камионите со отпремување на генерални товари. Воведувањето на уште еден работен ден во викендите (сабота), со можност за комплетно завршување на процедурите за прием и отпрема на контејнерите, би ја зголемило ефикасноста и на транспортерите кои би правеле и по 3-4 тури во текот на неделата; во врска со трошоците, складишнините што ги зема Пристаништето, се’ уште се големи, како и агенциските трошоци што ги земаат агентите; просечното време на растоварување на еден контејнер не е на задоволително ниво и не е подобрено. Во периодите на блокади и штрајкови,

времето на растоварување на контејнерите се зголемува и на 10-тина дена, наместо еден ден; бродовите доцнат при доаѓање, затоа што нема место во Пристаништето за навремен прием на истите, поради што доаѓа до преупатување на контејнерите за растоварување во споредни пристаништа. По тој основ возарината е осетно поскапена од 150 до 300 американски долари, што оди на товар на нашите фирми. 3. Односи на релација Пристаниште Солун – Грчки железници Присутни се одредени пропусти во соработка на Пристаништето Солун со Грчката железница, посебно во деновите на блокадите, што резултира со непотребни застои, продолжено време на превоз и големи трошоци. Според укажувањето на стопанствениците, драстично се зголемени трошоците на железничкиот превоз од Пристаништето Солун до

БИЗНИС ИНФО Граничниот премин Идомени. Високите цени на железничките услуги го прават воопшто не атрактивен железничкиот превоз, поради што ориентацијата на компаниите е претежно кон камионскиот превоз, освен за товарите коишто бараат исклучиво железнички превоз. Тоа е една од причините за зголемено користење на камионскиот превоз, што резултира со создавање на гужви и застои на граничните премини. Од друга страна, поради неможноста железницата во целост да ги покрие експлоатационите трошоци, свесно го избегнува давањето на поголем обем на услуги, со цел да се намалат трошоците во работењето. Од тие причини, замислата за што помасовно експлоатирање на маршутниот воз „ноќен скок“ остана само на хартија и недоволно експлоатиран во пракса. 4. Царинска управа на Република Грција – македонски стопанственици Сега поставеното организационо функционирање на царинските служби на Република Грција не е на задоволително ниво и не во функција на македонските компании. Имено, приемот на царински документи во Пристаништето се врши најдоцна до 15:00 часот во текот на работните денови и до тој момент царинските служби не ги обработуваат пристигнатите предмети, или тоа го прават во исклучителни ситуации, така што значаен дел од предметите остануваат за обработка во наредниот ден. Доколку обработката би се вршела веднаш во утринските часови, би се избегнала гужвата што би настанала со вториот налет на корисниците после 12:00 часот. За да биде проблемот уште поизразен, во време на викендот (сабота и недела) и покрај тоа што Пристаништето работи во првиот дел од денот, царинските служби не работат, па така предметите остануваат дури до понеделникот. Во тие денови можно е активирање на царинските служби, но единствено на инцидентен повик, што е поврзано со дополнителни трошоци и не секогаш остварливо. Задржувањето на возилата до завршување на царинските процедури на компаниите им носат дополнителни трошоци за терминали, складишта и сл., што споредено со некои други јадрански пристаништа (Пристаништето Бар), трошоците за складирање во таквите случаи се ослободени од плаќање, на месечно ниво. Како посебен проблем, којшто осетно ги зголемува трошоците претставуваат и непотребните

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

чести контроли на контејнерите во Пристаништето, трошоци кои секогаш паѓаат на товар на примачите. 5. Соработка на институционално и на државно ниво Поврзано со претходно укажаното, останува потребата надлежните државни органи на двете земји поактивно да се вклучат во изнаоѓање на соодветни решенија за надминување на отворените прашања и проблеми коишто ја успоруваат фреквенцијата на меѓусебната економска соработката, а особено за забрзување на протокот на стоките преку Солунското пристаниште и преку граничните премини. Во таа насока, од особено значење е создавање услови за 24-часовно работење како на царинските, така и на инспекциските органи на двете држави. Во созреаните услови за отпочнување на процесот на приватизација на Солунското пристаниште, сосема логично и реално е барањето соодветен приоритетен третман во тој процес да добијат македонските компании - долгогодишни корисници на ова Пристаниште. Тргнувајќи од потребата за надминување на присутните отворени прашања и проблеми во насока на поквалитетно користење на услугите преку Пристаништето Солун, коешто компаниите-корисници без поширока поддршка не се во можност сами да го направат, се апелира и се бара да се даде придонес на сите нивоа за остварување на таа цел, почнувајќи од воспоставување на пооперативна соработка меѓу царинските управи на двете земји, меѓу нивните железнички управи, надлежните државни органи и сл. Стопанствениците, оперативноста во тој правец ја гледаат во одржување перманентни периодични состаноци со претставниците на Пристаништето Солун, како и со другите инволвирани страни во тој процес, со констатација дека корисноста би била обострана. Впрочем, ваквите заложби и препораки се содржани и во завршните документи на сите досега одржани заеднички состаноци на коишто учествувале стопанствениците од двете земји, коишто во форма на декларации се упатувани до владите на земјите од потесното и поширокото регионално опкружување, со цел за подобрување на севкупната билатерална и мултиратерална стопанска соработка. Митко Митевски


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

„Алкалоид“ АД Скопје го прослави дијамантскиот роденден со гламурозна свеченост во „Метрополис арената“

БИЗНИС ИНФО пазари во светот и да ги продаваме нашите производи. Имаме канцеларии во 14 земји, но и една стратегија и визија за ширење

ШЕСТАТА ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА ВО ЈИЕ, ГОДИНАВА СО ОБРТ ОД 105 МИЛИОНИ ЕВРА! Фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје прославува дијаманскиот јубилеј, 75 години од постоењето, а централната свеченост беше одржана на гламурозен начин во „Метрополис арената“ во Скопје. Компанијата датира од далечната 1936 година, а во моментов во неа работат околу 1.300 лица. Присуствуваа голем број бизнис-партнери од земјава и странство, пријатели и почитувачи на квалитетот на оваа компанија, но и голем број музички звезди од земјава и регионов. „Алкалоид“ е шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа, а годинава менаџерскиот тим очекува да ја заврши со вкупен консолидиран обрт од над 105 милиони евра. Според генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, тоа ќе претставува двојно зголемување на продажбите во споредба со нивото кое го имала компанијата пред пет години. Генерации вработени во Алкалоид работеле добро, компанијата се градела, ширела и дојдовме до еден стадиум денеска да сме присутни на 28

уште повеќе кон надворешните пазари вели Живко Мукаетов. Тој смета дека успехот на компанијата се должи на квалитетот на производите, на луѓето кои работат во компанијата, но и на генерациите што својот живот го посветиле на работењето во компанијата. Живко Мукаетов нагласи дека очекува до крајот на годинава да го заокружи бројот на присатност во 30 држави во светот, а од идната година да бидат отворени и нови канцеларии во неколку држави. Стратегијата за развој на компанијата е насочена на уште поагресивен маркетинг, ширење на брендовите и екстензиите на брендовите кои се етаблирани како такви, нови производи, но и позиционирање на нови и

11

ЈУБИЛЕИ нови пазари. Генералниот директор на фармацевтска компанија е задоволен што покрај во регионот се повеќе се позиционираат и на пазарите во бившиот Советски Сојуз, Украина, Ерменија, но и земјите на ЕУ. - Со самото тоа што ги исполнуваме стандардите за пазарите на ЕУ, можеме да се пробиваме пазар по пазар - смета Мукаетов. Тој најавува дека од „Алкалоид“ може да се очекуваат од идната година и нови производи, за што компанијта веќе инвестираше во Институтот за развој и контрола на квалитет, со што полека но сигурно секоја година таму ќе се создаваат се повеќе и повеќе нови производи, особено генерички фармацевски производи. Во овие 75 години Алкалоид успеа да изгради силни брендови “кафетин”, “бекутан”, “Good Nature”, а тие се препознатливи и надвор од границите на Македонија. Како дел од одбележување на јубилејот фармацевската компанија организираше и хуманитарна акција за да му помогне на Одделот на онкологија при Детската клиника во Скопје. Живко Мукаетов воедно е и потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

АМБАСАДОРИ НА КОМОРАТА Претседателот Ѓорги Иванов го одликува маестро Симон Трпчески НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во претседателската вила Водно на пијанистот Симон Трпчески му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“. Ова признание во Република Македонија се доделува првпат. Претседателот Иванов на свеченоста рекол дека Трпчески преку клавијатурата ја прославил Македонија во светот и докажал дека е земја на извонредни уметници. - Прогласувајќи го Трпчески за прв национален уметник, воедно ја искажуваме нашата посветеност кон уметноста и трајните вредности на музиката. Уметноста не препознава поделби и е најголемиот архитект на соживот и заедничката иднина меѓу народите и заедниците. Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, толеранцијата и разбирањето. Низ уметноста тие ги надминуваат сите граници и недоразбирања и невозможното го прават возможно, рекол Иванов, а го цитира МИА. Прогласувајќи го Трпчески за национален уметник, посочил претседателот, ние всушност го праќаме во мисија на поврзување и градење пријателства во Македонија, но и меѓу земјата и светот. - Македонија е мајка која отсекогаш давала големи луѓе кои го менувале светот, кои

просветлувале, создавале и оставале трајни вредности. Горди сме што еден од тие големи синови на Македонија е нашиот драг Симон Трпчески, додал претседателот Иванов.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рекла дека со оваа титула, по примерот на многу држави од Европа и светот, трајно се вреднува и бележи влогот на Трпчески кој остварил врвна комуникација со културните случувања насекаде. - И покрај сите меѓународни успеси и признанија, Симон не ја заборави Македонија, своите македонски корени и својата публика. Тој денеска е дел од музичкиот пантеон на светската пијанистичка интерпретација, а со својата уметност суверено се движи како естетски император чии десет прсти го создаваат клавирскиот бескрај, потенцирала КанческаМилевска. Трпчески наградата ја посвети на своето семејство. Во жешкиот месец август, како што рекол во своето обраќање, бил дома и многу вежбал.

- Колку само пот се излева во таква макотрпна работа за едно уметничко дело да излезе на виделина, пред илјадиници луѓе со голема одговорност, но и гордост. Не беше ни малку лесен мојот пат да стигнам до ова. Низ трње до ѕвездите. Растев во скромно семејство, во топла атмосфера, во многу тесен простор, опкружен со најшироките срца на светот, со многу љубов и песна. Мојот музички талент го наследив од мојот татко, тој беше оној кој најмногу веруваше во мојот успех и од самиот почеток визионерски ги предвидуваше работите. Затоа и со таков жар се трудеше да ми овозможи да напредувам. Храбро, сам и со многу малку пријатели успеав и денес тој би бил најсреќен. Оваа награда всушност би била негова огромна сатисфакција, - рекол Трпчески. Уште од мал, додал, бев воспитуван да му припаѓам на светот, но со мал аманет, пред се` и над се` да знам што сум и од каде сум, бидејќи, рече Трпчески, дрво без корени не може да опстои. - Секаде и на сите континенти јас сум Симон од Република Македонија, горд на своето потекло и преполн со огромно духовно богатство, рече Трпчески, заблагодарувајќи им се на Министерството за култура, Владата и државата што се сетиле на оваа награда. Симон Трпчевски е роден 1979 година во Скопје. Тој завршил основно и средно музичко училиште, а дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Пијанистот во годините наназад успеа да ги наполни европските и светските познати концертни сали. Маестро Трпчевски, воедно, е и амбасадор на Стопанската комора на Македонија.


12

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Стопанска банка АД – Скопје ПРОМОТИВНИТЕ КАМАТНИ СТАПКИ ПРОДОЛЖЕНИ ДО 25 НОЕМВРИ ГОДИНАВА Стопанска банка АД – Скопје продолжува да нуди промотивни каматни стапки од 7,45% до 12,50% годишно, во зависност од производот и од приходите на правното лице, со што овие кредити стануваат достапни за сите компании фокусирани на развој и унапредување на својот бизнис.

Промотивните каматни стапки ќе бидат валидни за кредитни барања доставени во периодот од 26.9.2011 до 25.11.2011 година. За повеќе информации поврзани со производите заинтересираните клиенти може да ги консултираат советниците за мали компании во сите филијали на Банката.

БИЗНИС ИНФО Малите и микро компании се најбројни во секоја економија и претставуваат извор на идеи, прогресивност, претприемништво и развој на целокупната економија. Покрај тоа што нудат поддршка за големите компании со своите специјализирани услуги, овие компании воведуваат побрзо и полесно иновативни производи и услуги со кои се задоволуваат разновидни потреби во општеството. Токму затоа, Стопанска банка АД – Скопје постојано работи на унапредувањето на финансиската поддршка што ја обезбедува за овие компании. Секако, Банката првенствено нуди советување во изработката на кредитната документација и успешното образложување на бизниспланот, како и евалуација на квалитетот на проектот за кој се бара кредитот. Оваа помош е драгоцена за нашите клиенти кои најчесто управуваат со фамилијарен, мал бизнис во кој недостасува експертиза за управување на финансиите. „Кнауф Радика“ од Дебар во 2011 година ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА Фабриката за гипс и гипсени производи „Кнауф Радика“, во Дебар, годинава, планира да инвестира во производството над 1,5 милиони евра кои веќе се почнати со реализиација, изјавил директорот на „Кнауф“ за Западен Балкан,

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Тодор Деловски. Поранешниот Комбинат за гипс и гипсени префабрикати „Радика“ германската компанија „Кнауф“ ја приватизираше во 1997 година и до сега во осовременувањето и проширувањето на производните капацитети има инвестирано над 30 милиони евра. Дебарската фабрика е една од над 150-те кои „Кнауф“ ги има во 40 држави во Европа, Азија, северна и јужна Америка. „Кнауф Радика“ е една од најуспешните странски инвестиции во Македонија.

Поради поволната клима за инвестиции, за што потврда е и работата на оваа компанија, од Македонскогерманското стопанско здружение најавија нови германски инвестиции во Македонија.

СУГЕСТИИ Барања на Групацијата за рибарство при Стопанската комора на Македонија ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА РИБОПРОИЗВОДСТВО И ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА АКВАКУЛТУРА Групацијата за рибарство оценува дека финансиските средства за поттикнување на рибарството, во 2010 и 2011 година, беа на задоволително ниво, што се потврдува со постигнатите резултати. Но, поради зголемениот број на регистрирани рибници (само регистриран рибник може да користи средства според Програмата за финансиска поддршка на земјоделството), потребно е соодветно зголемување на нивото на поддршка во програмата за 2012 година. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Субвенции во функција на развој на рибарството“ ( 26.9.2011 година). Сашо Дранго, претседател на Групацијата за рибарство, ги информира присутните новинари дека во делот на законската регулатива се иницира барањето за донесување на посебен Закон за аквакултура, бидејќи истата во актуелнава правна регулатива е третирана во Законот за рибарство. Наведеното барање е во согласност со ЕУ-регулативата и истото е согласно потребата од нејзино

соодветно уредување. Во Македонија областите за риболов опфаќаат околу 56.000 хектари, од кои 83% се природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско), 11 % се вештачки езера, 4% се реки и 1% се рибници. Вкупниот лов на риба од отворени води постојано се намалува, додека производството на риба во вештачките езера и во рибниците бележи пораст (од 868 тони во 2005 година, во 2010 година достигна 1.665 тони).

Порастот на производството на риба во рибниците, го покри недостигот на риба на пазарот, кој резултираше од забранетиот улов на риба од природните езера. Вкупниот увоз на риба и рибни производи во периодот од 2000 година наваму бележеше постојан пораст, но во последниве пет години се одржува на исто ниво, согласно поголемата понуда од

домашните рибници, и покрај намалениот улов од природните езера. Така, увозот на риба во 2010 година достигна 5.000 тони, што е на нивото од 2005 година, кога беа увезени 5.400 тони риба. Поголемиот дел од увозна риба и рибни производи е замрзната морска риба со околу 50% од вкупната вредност на увозот; потоа конзервирана риба (цела или во делови) со околу 30% и свежа риба со околу 10%%. Останатите 10% ги сочинуваат рибно филе, школки, мекотели, чадена риба и друго. Најголем дел од вредноста на увозните рибни производи се увезува од Аргентина , потоа Хрватска , Шпанија и Грција, Тајланд и други. Тоа е главниот позитивен ефект од системската поддршка на рибарството, покрај останатите - користење на расположиви ресурси, развој на руралните средини, вработувања итн.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Во 2005 година вкупната сума исплатена за овој сектор беше само 4,65 милиони МКД , а со аргументите на производителите на риба во 2010 година достигна 25 милиони денари, а за годинава 64,5 милиони денари. Финансиската поддршка за 2011 година е во рамките на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, со средства од 20 милиони денари, како и во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој - со средства од 44,5 милиони денари. ПРОЕКТИ ОЕЦД работи на стандардизирана рамка за мониторинг на трговијата меѓу ЦЕФТАземјите ПРОЦЕНКА НА РИЗИК И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕТАРИФНИТЕ БАРИЕРИ

БИЗНИС ИНФО извештај ќе биде објавен во втората половина на октомври 2011 година. ИРИ е мониторинг инструмент за мерење на степенот на инвестициони реформи и се заснова на податоци и информации од страна на владини институции, независни експерти и бизниссекторот во секоја од земјите од регионот на Југоисточна Европа. Извештајот ИРИ е главна публикација на ОЕЦД - Повелба за инвестиции за Југоисточна Европа. Целта на ОЕЦД преку ИРИ е независна и точна проценка на политиките и реформите поврзани со инвестициите на земјите во регионот на ЈИЕ, наспроти најдобрите меѓународни практики и давање препораки за развој, реформи и зголемување на квалитетот на политиките, со цел привлекување повеќе и поквалитетни странски директни инвестиции.

УСОГЛАСУВАЊА

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) одржа состанок со претставници на Стопанската комора на Македонија со цел да ги согледа нивните искуства од начинот на одвивањето на трговската размена во ЦЕФТА-зоната. ОЕЦД работи на изготвување на рамка за проценка на ризик и елиминација на нетарифните бариери во рамките на ЦЕФТА-регионот во која се разгледуваат девет димензии од јавните политики кои влијаат врз слободниот проток на стоки и услуги, а Македонија е една од земјите во која се спроведува анкетата. Целта на студијата е да го спореди направениот напредок во Македонија и земјите во регионот со најдобрите меѓународни практики, преку собирање

информации да даде насоки за реформи во политиките во иднина, како и да создаде база за натамошни преговори во процесот на елиминација на нетарифните бариери. Најголем акцент е ставен на спроведените мерки за намалување и отстранување на техничките бариери, санитарните и фитосанитарните мерки и административните мерки во трговијата со ЦЕФТА-земјите. Методологијата и рамката за евиденција на преземените реформи е базирана на принципите на Индексот на ивестициони реформи (ИРИ) чиј финален

Советодавното тело расправаше заедно со државните инспекциски органи КОНТРОЛИТЕ ОСТАНУВААТ НА ГРАНИЦА, ЌЕ СЕ ТЕЖИ КОН ДЕНОНОЌНА ПОКРИЕНОСТ Во просториите на Царинската управа на Република Македонија, на 23 септември 2011 година, се одржа редовниот состанок на Советодавното тело, на кој покрај неговите членови (Царинската управа, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Американската стопанска комора во Македонија, Текстилниот кластер, Групацијата на шпедитери и логистички оператори - МИФА, СИЗ „Македонија собраќај“ – АМЕРИТ, МАКАМТРАНС и МАСИТ), заради обработување на специфични теми, присуствуваа и претставници од Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделие и Агенцијата за храна и ветеринарство. На состанокот со инспекциските служби беше констатирано следното: - нема да има промена во начинот на контрола од инспекциските служби (Агенцијата за џрана и Санитарната инспекција), тие и понатаму ќе се одвиваат исклучиво на граница, поради строго пропишаните законски одредби; - инспекциските служби ќе се трудат да ја унапредат службата, со покривање на 24-часовно присуство на ударните гранични премини; - премините Аеродром, Блаце и Трубарево и натаму ќе се покриваат само со еден инспектор од Дирекцијата за храна, од причина што во просек има само 4 предмети дневно за сите 3 испостави. Бидејќи ова беше една од главните забелешки, ќе се објави јавно листа со контакт-телефони, како и можноста за поплаки на нивната работа;

13

СУГЕСТИИ - забелешка од страна на инспекциските служби е дека во иднина на граничните премини како посредници мора да се јавуваат исклучиво шпедитерите, а не како што се случува во овој момент тоа да бидат возачите на камиони. Една од точките на состанокот се однесуваше на начинот на спроведување на Законот за надзор на пазарот и Законот за безбедност на производите, како и обврската на компаниите да поседуваат сертификат за безбедност и квалитет (ознака CE) за одредени производи кои се пуштаат на пазарот во Република Македонија. Претставниците на деловната заедница беа информирани дека во организација на Координативното тело за надзор на пазарот е одржана обука на царинските работници за примената на овие закони и правилници кои произлегуваат од истите и дека во најблиска иднина ќе се организираат вакви обуки и за деловната заедница, со цел надминување на тешкотиите кои произлегоа од досегашната имплементација на Законот за надзор на пазарот и Законот за безбедност на производите. Една од главните промени е дека производите ќе се делат во две групи, и тоа опасни производи (за кои е задолжително потребно CEсертификат) и помалку опасни производи (кои може да се царинат и со изјава за сообразност, која ја дава производителот (од странство) или увозникот. Оригиналот останува во матичната евиденција на фирмата-увозник, додека копија ќе се дава

на царинските службеници. Содржината ќе треба да произлезе од законите на оваа изјава за сообразност. Со ова ќе се надмине проблемот на повеќедневно чекање на царинските терминали во случај на непоседување на CE-сертификат при увоз на стоки во Република Македонија. Ова ќе се применува наскоро, односно по излегувањето на новото упатство. Јасното разграничување меѓу опасни и помалку опасни производи ќе биде објаснето во самите правилници. Претставник на Проектот за поддршка во управувањето со имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем (NCTS), одржа презентација за воведувањето на NCTS во Република Македонија и бенефитите кои ќе се добијат со станувањето на Република Македонија полноправен член на Конвенцијата за заеднички транзит на ЕУ и ЕФТА-замјите. Билјана Пеева Ѓуриќ


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Светската банка на Македонија ќе и` додели финансиска помош ОВАА И СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ 155 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Светската банка ќе и` даде на Македонија финансиска поддршка оваа и следните две години во износ од 155 милиони САД долари за реализација на неколку крупни проекти. ММФ и Светската банка ја оценија Македонија како земја со здрави економски политики. Остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот се клучните три работи позитивно оценети.

Ова во изјава за МИА го соопштил вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески. Тој воедно посочил дека поддршката од Светската банка ќе биде во делот на енергетиката. - Во текот на 2012 година ќе започне реализацијата на проектот „Луково Поле“, проект поддржан со средства од Светската банка. Уште во текот на оваа година ќе започне реализацијата на проектот за изградба на далекувод од Штип до Ниш спроведен од страна на АД МЕПСО. Покрај тоа, ќе добиеме и средства за поддршка на инфраструктурни проекти за општините, проект со којшто десетици општини во Република Македонија, пред се` од посиромашните региони, ќе добијат пари за реализација на инвестициски проекти во делот на реконструкција на улици и улично осветлување, набавка на возила за јавните комунални претпријатија и слично, - изјавил вицепремиерот Ставрески. По повод Светскиот ден на туризмот наградени најуспешните туристички агенции, хотели и настани БРОЈОТ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ ЗГОЛЕМЕН ЗА ЧЕТВРТИНА „Фибула“ - Скопје, „Адриатик Маврово“ и „Генерал турист“ - Скопје се агенциите кои биле најуспешни

во привлекување туристи, а најдобри хотели „Принцес рамада“ - Гевгелија, „Инкес Горица“ - Охрид и „Дрим“ - Струга. Награда за најуспешен туристички настани во 2011 година добија авторите на кампањата „Истражи ја Македонија“ и на манифестациите „Св. Трифун“ во Демир Капија и „Денови на Старата скопска чаршија“. По повод Светскиот ден на туризмот што годинава се одбележува под мотото „Туризамот - поврзување на културите“ Министерството за економија им додели награди во три категории: на најуспешни туристички агенции што донеле странски туристи во Македонија, како и на најуспешните хотели и туристички настани (27.9.2011 година). Со внимателни одлуки, голема посветеност и активно вклучување на сите чинители во туризмот Македонија веќе бележи раст на бројот на туристите и приходите, оценил министерот за економија Ваљон Сараќини на доделувањето на наградите пред туристички работници, а пренесува МИА. Активностите на Министерството за економија и на Владата во изминатиот период, навел министерот, придонеле вкупниот број туристи да се зголеми за 9,1 проценти, при што бројот на странски туристи бележи пораст за 25 проценти. Според Сараќини, Министерството за економија со поддршка на приватниот сектор треба да работи на конкретни стимулативни мерки, активности и проекти за развој на туризмот. Досега, потсетил министерот, се преземени повеќе активности за развој на туризмот, како субвенционирање на организираниот туристички промет, намалувањето на ДДВ за туристички услуги од 18 на пет проценти, поставените нови знаци за обележување туристички места, зголемениот фонд на промотивни материјали на повеќе светски јазици, ревидираната Национална стратегија за развој на туризмот, модернизираните аеродроми... Македонија, нагласил Сараќини, има што да понуди од

своите туристички потенцијали, како што е и пораката од мотото „Туризмот - поврзување на културите“. - Годинава треба да биде посветена на туризмот, а Македонија е на врвот на светските мапи што мора да се посетат од повеќе причини затоа што се стремиме да бидеме врвна туристичка дестинација и затоа што туризмот е најбрзо растечка гранка во светот во генерирање профит и отворање работни места, - истакнал Сараќини. Светскиот ден на туризмот се одбележува од 1980 година од страна на Светската туристичка организација при Обединетите нации со цел разивање на свеста на меѓународната заедница за важноста на туризмот и неговите општествени, политички и економски вредности. Во октомври петти јавен повик за доставување барања за користење средства од 5. компонента на ИПАРД ДОСЕГА СКЛУЧЕНИ 103 ДОГОВОРИ ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА Во втората половина на месец октомври 2011 година ќе се објави петтиот јавен повик за доставување барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД Програма за периодот 20072013). Како што соопшти Владата и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиските средства од овој јавен повик се наменети за следните мерки: Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, Мерка 103 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, и Мерка 302 Диверзификација и развој на руралните економски активности. Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе бидат ажурирани и објавени на вебстраната на Агенцијата во периодот до објавување на јавниот повик.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

15

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенцијата, во телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. Информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (контакт-листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб-страните на надлежните институции). Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, врз основа на објавените три јавни повици за користење на средства од ИПАРД Програмата досега склучи 103 договори со вкупна вредност на прифатливи инвестиции од над 12 милиони евра, односно очекуван вкупен износ за кофинансирање од над 6 милиони евра. Исто така, во тек е исплатата на средства за корисниците кои успешно ги реализираа своите инвестиции согласно склучените договори за користење средства од ИПАРД Програмата. На четвртиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата пристигнаа 60 барања, од кои 30 барања се за Мерката 101, 11 барања за Мерката 103 и 19 барања за Мерката 302, а во тек е обработката на пристигнатите барања. Министерството за транспорт и врски ги извести транспортерите за 2012 година НА РАСПОЛАГАЊЕ 1.188 ГОДИШНИ И 900 МЕСЕЧНИ ЦЕМТ-ДОЗВОЛИ Транспортерите за 2012 година ќе имаат на располагање 1.188 годишни и 900 месечни ЦЕМТдозволи, соопштува Министерството за транспорт и врски. За ова се информирани и повеќе од 250 превозници - членки на Асоцијацијата на независни синдикати на камионските транпортери (МАКАМТРАНС) на средбата со претставници од Секторот за патен сообраќај и инфраструктура. - Со оглед на тоа дека во

последните 12 месеци во Република Македонија се купени повеќе од 250 возила со Еуро 5 стандард и вкупно

во моментот има околу 1.210 вакви возила, како и 133 возила со Еуро 4 стандард, согласно фондот на дозволи со кои располага Република Македонија, во распределбата за 2012 година првенствена можност за аплицирање за годишни ЦЕМТ-дозволи ќе има за возилата со највисока категорија, односно возилата кои се со Еуро 4 и Еуро 5 стандарди. Месечните ЦЕМТ-дозволи ќе бидат наменети за возилата со Еуро 3 стандард и за нив ќе може електронски да се аплицира во текот 2012 година, се наведува во соопштението. Аплицирањето за годишните ЦЕМТ-дозволи ќе биде од 10 до 15 октомври 2011 година, по што ќе се одржи јавна електронска распределба.

Македонско кредитно биро СТАРТУВАШЕ ПРОЕКТОТ „РАБОТИ И ЖИВЕЈ ПОДОБРО“ Македонското кредитно биро почна со реализација на посебна Програма за комуникација и едукација „Работи и живеј подобро“, која ќе опфати повеќе едукативни настани и активности за правните и физичките лица. За едукација и интеракција со помладите граѓани, кои се активни на социјалните мрежи, Македонското кредитно биро веќе отвори свој фејсбук-профил. Целта е запознавање на пошироката јавност со функционирањето на оваа нова институција, која почна со оперативно работење и издавање извештаи за обврските на правните и физичките лица од јануари оваа година. Програмата официјално почна со одржување „Јавен час“ за граѓаните. На Плоштад Македонија претставници од Македонското кредитно биро во

лична комуникација со граѓаните ги информираа за улогата и функциите на институцијата. Македонското кредитно биро ќе ја продолжи комуникацијата со граѓаните на редовни месечни семинари. Првиот семинар ќе се одржи на 7 октомври 2011 година во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 12:00 часот. На овој семинар, и на оние што ќе следат, граѓаните ќе имаат можност да се информираат кои податоци за нив се водат во Кредитното биро и како да остварат увид во нив, како да си помогнат за да ја унапредат личната евиденција и контролата врз финансиската состојба и да спречат евентуално презадолжување или доцнење во измирувањето на обврските. Истовремено, ќе се информираат зошто е важно и како да се заштитат од измами и кражба на

идентитет и да добијат одговор на едно особено важно прашање какви мерки презема Македонското кредитно биро за заштита на тајноста на личните податоци и доверливост на субјектите на податоци. Граѓаните, како што појаснуваат од Македонското кредитно биро, на овие семинари ќе можат да научат за нивните придобивки од услугите на Кредитното биро за да остварат подобар квалитет на живеење. Македонското кредитно биро ќе одржува редовни месечни семинари и за правните лица. Првиот ќе се одржи на 21 октомври 2011 година во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 12:00 часот.


16

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

БИЗНИС ИНФО

Државата продава повеќе локации за изградба на винарници во Кавадарци, Неготино и во Росоман ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1 ЕВРО ЗА МЕТАР КВАДРАТЕН Државата преку електронско јавно наддавање нуди на продажба повеќе парцели со градежно неизградено земјиште во Кавадарци, Росоман и во Неготино, наменети за изградба на винарници. Преку повик на Министерството за транспорт и врски се огласени 12 парцели во Кавадарци, 21 парцела во Неготино и осум во Росоман, по почетна цена од евро за метар квадратен. Пријавите за наддавањата во

Кавадарци може да се достават до 26 октомври, за во Росоман до 27 октомври, а за Неготоино до 28 октомври годинава, сите во Министерството за транспорт и врски. Наддавањето за парцелите во Кавадарци ќе се одржи на 4 ноември, а за тие во Неготино и во Росоман на 8 ноември годинава.

посетеност, како спа-центри, бањи, алтернативни лекувалишта, за што терените на дојранско имаат свои предиспозиции со постоењето на топлите подземни води во месноста Топлец. - Меѓу ризиците за остварување на овој плански документ е недостигот од инвестиции, несовесното уништување на природата, губењето на специфичните видови, потребата од нова инфраструктура. За сето тоа е потребна соработка и заеднички слух како на државно, така и на локално ниво за да се реализираат планските цели, изјавила Магдалена Кречева, советник за туризам при општината, а ја цитира МИА. Ние, нагласила, ќе побараме поддршка од министерствата и од меѓународни фондации, но воедно се надевам дека комуникацијата меѓу општината и Советот ќе се подобри. Акцискиот план за развој на туризмот во Дојран уследи по едномесечната едукација во градот Сапоро, на островот Хокаидо во Јапонија, каде единствен претставник од Македонија беше советникот за туризам од општината Дојран, Магдалена Кречева.

Промовиран акциски план за развој на туризмот во општина Дојран СПА-ЦЕНТРИ, БАЊИ, АЛТЕРНАТИВНИ ЛЕТУВАЛИШТА...

Продажба на државно градежно неизградено земјиште во општина Карбинци ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ НА 9 НОЕМВРИ

Акцискиот план за развој на туризмот на општината Дојран изготвен во рамките на меѓународната соработка со Јапонската интернационална кооперативна агенција (ЈИЦА) беше презентиран пред членовите на локалната самоуправа, граѓаните и медиумските претставници. Планот претставува промотивен документ кој со предвидените етапи на инвестициски, едукативни и медиумски зафати треба да анимира повеќе сегменти од државно, локално и невладино ниво за да се постигне развој на еко-туризмот, поголема посетеност на Дојранското Езеро и создавање на хармонија со природата. Со Акцискиот план се предлагаат мерки и активности со кои Дојран до 2022 година би прераснал во позната екотуристичка дестинација во регионални рамки, преку мапирање на еко-места во општината, промоција на специјалните локални брендови, промоција на лековитите алги и нивната употреба во гастрономијата, традиционален начин на рибарење со грип, континуирана едукација на вработените во секторот туризам, обучување на локални туристички водичи, зголемено самовработување во туристичкиот сектор. На среден рок предвидено е, освен езерскиот, туристичкиот развој да се насочи и кон специфични форми на туристичка

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на стопански објекти. Станува збор за 12 локации кои се наоѓаат во општина Карбинци. - Градежните парцели кои се предмет на јавно наддавање се со површина од 732 до 2.685 метри квадратни. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар за метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 31 октомври годинава, соопштува Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање ќе биде електронско и ќе се одржи на 9 ноември годинава во 11 часот на интернет-страицата

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

www.gradezno-zemjiste.mk . Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави-членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави-членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија). Брвеница и турската општина Јенимахал потпишаа Меморандум за соработка ВО КОРИСТ НА ЕКОНОМИИТЕ НА ДВЕТЕ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ Меморандум за меѓусебна соработка потпишаа градоначалните на тетовска Брвеница и турската општина Јенимахал, Енвер Пајазити и Фетхи Јашар. Со Меморандумот двете општини ќе ги зајакнат досега поставените релации преку заеднички проекти, како и продлабочување на билатералната соработка во сферата на социјалата, културата, инфраструктурата и животната средина.

Турскиот градоначалник Фетхи Јашар најави одредени донации во регионот, како изградба на парк во општина Брвеница и комплетно обезбедување инвентар за училиштето во Челопек. - Во Турција има голем број Албанци, како и печалбари од Македонија кои работат во Анкара и живеат таму. Тие се многу добри работници. И тие што се во нашата општина се многу добри жители на Јенимахал. Тие ги негуваат старите традиции кои во еден дел ги имаме попримено и ние, особено албанската кујна, рекол Јашар, а пренесува МИА. Градоначалникот на општина Брвеница Пајазити изразил подготвеност за соработка со турската општина. Најави учество во проекти од областа на културата, размена на искуства во полето на инфраструктурата, како и поттикнување инвестиции важни за развојот на економијата во двете општини.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Бруто-домашен производ ВО ВТОРОТО ТРОМЕСЕЧЈЕ ПОРАСТ ОД 5,3 ОТСТО Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2011 година изнесува 5,3%. Во второто тримесечје од 2011 година е забележан пораст во повеќето сектори, а најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 26,0% и секторите Е - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 18,0% и В, Г и Д - Вадење на руди и камен; Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 12,8%. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2010 година, номинално расте за 12,5%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 75,1%. За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 25,5%, а увозот на стоки и на услуги номинално порасна за 15,6%. Пресметките на расходните компоненти на бруто-домашниот производ за периодот од 2004 година наваму на референтна 2005 година ќе бидат објавени заедно со годишното соопштение за 2010 година.

БИЗНИС ИНФО Дејности во врска со недвижен имот (13.7%) и Транспорт и складирање (11.8%). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (29.4%), Административни и помошни услужни дејности (5.1%) и Рударство и вадење на камен (5.1%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2011 изнесува 30 528 денари. Во јули 2011 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Нето-плата по вработен Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 102.5. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (41.4%), Транспорт и складирање (13.0%) и Стручни, научни и технички дејности (12.4%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (31.1%), Рударство и вадење на камен (4.8%) и Административни и помошни услужни дејности (4.7%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2011 изнесува 20 813 денари. Во јули 2011 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата. **********

Деловни тенденции во преработувачката индустрија РАСТОТ НА ПОРАЧКИТЕ СОЗДАВА ОПТИМИЗАМ Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во август 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на август 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во август 2011

година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во август 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во август 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2011 година изнесува 62,2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во август 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,9%, недоволната домашна побарувачка со 19,0%,финансиските проблеми со 12,0% и неизвесното економско опкружување со 8,6%. Бруто и нето – плата КАЈ ИНФОРМАЦИИТЕ И КОМУНИКАЦИИТЕ БРУТОТО ПОНИСКО ДУРИ ЗА 29,4 ОТСТО Бруто-плата по вработен Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 102.4. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (38.1%),

Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената бруто и нето - плата. Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

17

СТАТИСТИКА Технологија на радиофреквенциска идентификација - RFID имале 7,5% од деловните субјекти, која најмногу се употребувала за идентификација на лица или контрола на пристап. Сопствена веб-страница (website/homepage) имале 58,9% од деловните субјекти, а кај 10,4% веб-страницата овозможувала он-лине нарачување. Во текот на 2010 година, 6,9% од деловните субјекти со најмалку 10 вработени, имале веб-продажба, односно примиле нарачки за стоки/услуги преку вебстраница, додека 7,1% испратиле нарачки за купување стоки/ услуги преку веб-страница. Најчесто користени услуги на е-влада, во текот на 2010 година, од деловните субјекти со пристап на интернет, биле добивањето формулари (78,2%) и добивањето разни информации (76,8%) од веб-страниците на јавната власт, додека најзастапени административни процедури реализирани електронски (по пат на електронско враќање на пополнети формулари) биле пријавите за социјални придонеси на вработените (28,1%). Околу 24% од деловните субјекти со пристап на интернет, во 2010 година поднесувале понуди за стоки/услуги во електронски систем за јавни набавки во земјава. Во јануари 2011, половината од деловните субјекти со најмалку 10 вработени, имале политики за употреба на телефон, веб, видеоконференција наместо физичко патување, а 31,4% имале обезбедено далечински пристап на вработените до ресурсите на деловниот субјект (е-пошта, документи, апликации) што овозможува работење надвор од просториите на деловниот субјект. Во светот има 2,1 милијарда интернет-корисници СЕКОЈ ВТОР МАКЕДОНЕЦ СО ИНТЕРНЕТ Во Македонија интернет користат околу 1.100.000 луѓе или 51 процент од населението, а 878.300 се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб-сајт „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат Словенците (64,9%) и Србите (56,2%), а помалку граѓаните на Хрватска (50,1%), Бугарија (47,9%), Грција (46,2%), Црна Гора (45,9%), Албанија (43,4%), БиХ (31,2%) и Косово (20,7%). Во Европа интернет користат 476 милиони луѓе, а „Фејсбук“ 209 милиони. Глобалната он-лајн мрежа најмногу ја користат жителите на Исланд, Монако и Норвешка, околу 97 отсто. Според Интернет ворлд стат, во светот има 2,1 милијарди интернет корисници или 30,2 проценти од вкупната светска популација.

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти ПРИСТАП ДО ИНТЕРНЕТ ДУРИ ЗА 88,6 ОТСТО ОД ФИРМИТЕ СО НАД 10 ВРАБОТЕНИ Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2011 година, 93,0% од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор со десет или повеќе вработени биле опремени со компјутери. Во јануари 2011 година, 88,6% од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени имале пристап на интернет. DSL (Digital Subscriber Line) технологиите (како АДСЛ и др.) сé уште се најзастапен тип на интернет поврзување (74,6%) кај деловните субјекти со пристап на интернет. Електронски пренос на податоци погоден за автоматско процесирање, односно примање и/или испраќање на податоци преку која било компјутерска мрежа (интернет или други компјутерски мрежи), до/од системите надвор од деловниот субјект, во договорен или стандарден формат кој овозможува нивна автоматска обработка (на пр.: EDI, EDIFACT, XML) вршеле 37,4% од деловните субјекти. Е-фактури соодветни за автоматска обработка деловните субјекти повеќе примале (9,3% од деловните субјекти), отколку што испраќале (6,0%). Електронското и автоматското споделување на податоци меѓу различните функционални целини во рамките на деловниот субјект било застапено кај 47,0% од деловните субјекти.

Низ ГП Богородица годинава извезени над 12 милиони килограми земјоделски производи НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ НАЈМНОГУ „ПАТУВАЛЕ“ ДОМАТИТЕ Од почетокот на годината до крајот на август низ граничниот премин Богородица извезени се над 12 милиони килограми земјоделски производи со потекло од јужниот регион. Најголема извозна реализација има кај доматите со извезени близу осум милиони килограми сезонски домати. Потоа следува кромидот со извезени 2.114 тони, што воедно значи пораст од 51 одсто во споредба со истиот период од минатата година. На меѓународните пазари завршија и 1.176 тони краставици и близу 430 тони пипер, од кои 11,8 тони смрзнат пипер. Забележителен пораст во извозната реализација има и кај шумските плодови, како на пример со 6,2 тони извезената боровинка, што е трикратен пораст споредено со истиот период 2010 година, или 153 тони извезен плод од шипка, што е за 139 одсто повеќе од минатата година. Во извозните остварувања од годинава спаѓаат и 97,6 тони тутун и 52.220 парчиња режано цвеќе.


18

РЕГИОН На црно во Србија работат меѓу половина милион и милион луѓе „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА МУ ЈАДЕ НА БУЏЕТОТ МИЛИЈАРДА ЕВРА Сивата економија е еден од најголемите проблеми во Србија и таа битка државата се повеќе ја губи бидејќи во нелегални текови работат меѓу половина милион и милион луѓе, а буџетот годишно губи околу милијарда евра заради неплатени даноци и придонеси, беше речено на тркалезната маса за реформи на инспекциските служби. Потпретседателката на Владата Верица Калановиќ предурпеди дека поради тоа мора да се зголеми ефикасноста на инспекциските органи и да се спроведат реформи како и да се донесат законски регулативи.

Калановиќ додаде дека луѓето кои работат во сивата зона денес немаат здравствена заштита, а нема да имаат ниту пензии. Таа најави формирање координациско тело за реформа на инспекциските служби.

БИЗНИС ИНФО Албанските емигранти за првите шест месеци во татковината испратиле 47 милиони евра помалку од лани ДОЗНАКИ СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 342 МИЛИОНИ ЕВРА Албанските емигранти во првата половина од годинава на своите роднини во татковината им испратиле депозити во вкупна вредност од 342 милиони евра, што е за 47 милиони евра, односно за 13,7 отсто помалку споредено со истиот период лани. Како што јавува дописникот на МИА од Тирана, според податоците на Централна банка на Албанија, испратената сума во спомнатиот период е дури за 149 милиони евра помала од истото полугодине во 2007-та, годината пред избувнувањето на глобалната економска криза. Поради кризата, од 2009 година депозитите на албанските емигранти се во постојан пад, пред се затоа што земјите каде што престојуваат најголемиот број од албанските емигранти, Грција и Италија, се соочуваат со сериозна криза. Е к о н о м с к и т е експертите предупредуваат на понатамошно намалување на депозитите и поради интеграцијата на емигрантите во земјите каде што работат, при што од работници кои ги хранеа нивните семејства во Албанија, се претвораат во жители на овие земји заедно со семејствата. Експертите исто

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

така стравуваат дека освен депозитите кризата може да го погоди и приливот на дирекните странски инвестиции во Албанија, кои последниве години во најголем дел доаѓаа од грчки и италијански комапнии. Во првите шест месеци од годинава дирекните странски инвестиции во Албанија изнесува 302 милини евра, што е за 7,6 отсто помалку споредено со истиот период лани. Во Хрватска работодавачите “влегоа“ во Кривичниот законик НЕИСПЛАТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ КРИВИЧНО ДЕЛО Со измените на Кривичниот закон работодавачите во Хрватска ќе бидат казнувани доколку на вработените не им ја исплатат платата или дел од заработката, бидејќи тоа ќе се смета за кривично дело. Но, тоа нема да се однесува на работодавачите кои не можат да ги исплатата работниците поради нарушеното работење на нивните фирми. Според последите податоци, во мај во Хрватска на 13.500 работници не им биле редовно исплаќани платите,

пред се во фирмите кои прогласиле стечај. Измените на Кривичниот закон, со кои неисплатувањето на платите ќе стане кривично дело ќе бидат усогласени до крајот на неделата, а Владата би ги усвоила до крајот на идната недела и би ги испратила во Саборот на усвојување.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

ЕУ со одговор на Арапската пролет НОВ ПАКЕТ ЗА ПОДДРШКА ЗА СЕВЕРНА АФРИКА И БЛИСКИОТ ИСТОК Европската комисија на 27.9.2011 година ги усвои новите одлуки за своето сососедство – програми кои ќе ја поддржат демократијата, економскиот раст, отворањето на нови работни места, микрофинансирањето и високото образование. - Европската унија со новите мерки, како дополнување на донесените во мај оваа година, само ги потврдува своите амбиции во однос на Северна Африка и Блискиот Исток. Тоа се длабоки и одржливи промени во имплементацијата на демократијата и економското закрепнување, - истакна Кетрин Ештон, високиот претставник за надворешни односи и безбедност и потпретседател на Европската комисија. Штефан Фуле, ЕУ-комесар за проширување и европската соседска политика, по повод Одлуката на Европската комисија додава: - Оваа одлука ја потврдува силната посветеност кон нашите партнери од соседството. Преку отворање на нови работни места, подобрување на условите на живеење, универзитетски партнерства и промоција на засилен глас на граѓанското општество, на дело го потврдуваме целосниот ангажман на ЕУ во обезбедувањето на посакуваната демократска транзиција во регионот.

ЕУ преку Програмата „Пролет“, за секоја земја има креирано програми за поддршка на институционалното зајакнување, демократската транзиција и економскиот раст, во вкупна вредност 350 милиони евра. Тие ќе се реализираат во 2011 и 2012 година. Посебна поддршка е предвидена за најсиромашните области на Тунис, во вредност од 20 милиони евра, со цел забрзување на вработеноста. На 23 септември 2011 година е донесена одлука со која се овозможува учество на овие земји во Erasmus Mundus-програмата со цел запознавање на ЕУ и на академската заедница од Регионот преку размена, во вредност од 66 милиони евра. На 20 септември 2011 година, креирана е Програмата „Услови за развој на соседското граѓанско општество“ со цел зајакнување на капацитетот на цивилниот сектор, за да се оспособи да ги промовира реформите и да ја зголеми одговорноста на општеството во тие земји. За оваа цел се

БИЗНИС ИНФО одвоени 22 милиони евра. Програмите ќе ги реализира невладиниот сектор и веќе се најавени слични суми за 2012 и 2013 година. Љубица Нури Должничка криза и` се заканува на Полска ИНВЕСТИТОРИТЕ ГУБАТ ДОВЕРБА ВО „СИГУРНОТО ПРИСТАНИШТЕ“ Инвеститори губат доверба во Полска стравувајќи дека должничката криза би можела да се прошири на економијата со најбрз раст во Европа. Полската национална валута во изминатите три месеци ослабе за 16,3 отсто во однос на американскиот долар и 9,8 отсто во однос на еврото, што е најлош показател меѓу европските валути. Меѓународната бизнис-заедница стравува дека полскиот премиер Доналд Туск нема да има сила да го намали буџетскиот дефицит до ветените три отсто БДП во 2012 година. Централната банка на Полска мораше да интервенира на девизниот пазар за првпат од 2000 година, но и покрај напорите националната валута е изложена на курсни осцилации повеќе од останатите валути во европските држави во развој. Пред три години Полска беше симбол за стабилност со флексибилната економска политика и единствена економија од ЕУ која успеа да ја избегне рецесијата по кризата во 2008 година. Централната банка тогаш ги насочи рекордните суми во откуп на државни обврзниции, додека странски инвеститори продолжија со вложување во економијата. Статусот „сигурно пристаниште“ обезбеди прилив од 80,3 милијарди злоти (24,5 милијарди евра) во изминатите две години. Намалувањето на даноците и зголемување на државните расходи стимулираа економски раст од 4,4 отсто во 2008 година во однос на просечниот раст во ЕУ од 0,1 отсто таа година. Растот на БДП во второто тримесечје се забави на годишно ниво од 4,3 отсто по 4,5 отсто во првиот квартал, а според прогноза на аналитичари ќе продолжи да се намалува.

ЕК излезе со прогноза за раст од 4,0 отсто во оваа година за Полска додека ММФ со проекција од 3,8 отсто во оваа фаза и 3 отсто во 2012 година поради стравување

19

ЕВРОПСКА УНИЈА од развој на должничката криза. Се зголеми и државниот долг на 52,8 отсто БДП што е највисоко ниво во изминатите 20 години. Буџетскиот дефицит од 2007 година досега е зголемен на 7,9 отсто БДП во изминатата година, што е најлош показател од 1996 година. Експертите засега не очекуваат драстични промени во економијата на Полска. Бугарија остро ќе се справува со шверцот преку граничните премини ЦАРИНИЦИ ОТСЕГА ЌЕ МОЖАТ ДА АПСАТ Бугарскиот Парламент ги усвои амандманите на Законот за царина, со кои на царинските работници им се дозволува да приведуваат осомничени и да ги држат во притвор 24 часа.

Исто така, им се дозволува на царинските инспектори да истражуваат царински и девизни прекршоци, на што опозицијата жестоко се спротивстави. Бугарските цариници одсега ќе можат да им изрекуваат мерки притвор не подолго од 24 часа на осомничените за шверц на стока без акцизни маркици и други криминални дела. Банката на Англија ќе внесе поголемо количество готовина за „спасување“ на економијата ОБИД ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ВРАЌАЊЕТО НА РЕЦЕСИЈАТА Банката на Англија, која ја има улогата на британска централна банка, во наредните неколку недели ќе внесе поголемо количество готовина, за да се зајакне подзабавената економија на Велика Британија, јавува дописникот на МИА од Лондон. Ваквото решение на банката, според проценките на финансиските и економските експерти во лондонски Сити, е неопходно за да се спречи натамошно ширење на „назадниот процес“ во домашната економија и враќање на рецесијата, од која земјата се извлече најтешко и најдоцна, во споредба со другите економии на најразвиените држави во светот.


20

ЕВРОПСКА УНИЈА Најавата за внесување готовина на пазарот, како во месеците по кредитниот удар од есента 2008 година и финансиската криза што се прошири потоа, доаѓа по последното предупредување на Меѓународниот монетарен фонд од избувнување на нова криза во светската економија и враќање на рецесијата. ММФ во својата најнова прогноза и` препорача на британската Влада да ја

БИЗНИС ИНФО Сепак од друга страна Европејците сметаат дека од единствениот пазар корист имаат само големите фирми, но не и сиромашните и обасправени граѓани. Со ваквиот став се согласуваат 52 отсто од анкетираните. Речиси една третина од Европејците, односно 28 проценти, размислуваат за барање работа во странство. Интересно од анкетата не Евробарометар е и тоа штоа многу Европејци не се свесни за предностите кои ги нуди единствениот пазар. Секој Германец во просек должи по околу 25.000 евра ДОСЕГА НАЈГОЛЕМО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ

одложи својата започната програма на строго скратување на буџетската потрошувачка, затоа што постои опасност од забрзана инфлација во земјата. Домашната опозиција од почетокот на промоцијата на планот на Владата, побара од министрите да се откажат од „суровото кратење на буџетот“, сугерирајќи тој план да оди позабавено и во помал обем. Британски експерти сугерираат нов план „Б“, како замена за сегашните мерки, но засега Владата ги отфрла таквите сугестии. ОЕЦД во својата последна прогноза, смета дека британската економија до крајот на годината нема да оствари никаков раст. Испитување на Евробарометар ЕВРОПЕЈЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР Европските граѓани генерално се задоволни од можностите што ги нуди единствениот европски пазар, првенствено затоа што тој нуди поголем избор на производи, покажува анкетата на Евробарометар.

Вкупниот долг на Германија, нејзините покраини и општини и државните фондови за социјално осигурување во 2010 година изнесуваше 2,035 билиони евра, што значи дека на секој германски државјанин во просек отпаѓа долг по околу 25.000 евра. Коментирајќи ги ваквите податоци

на Сојузниот завод за статистика, германските медиуми оценуваат дека ова е досега најголемо задолжување по глава на жител во Германија. Гледано по структурата на долгот, најголем должник е државата со вкупно задолжување од 16.048 евра по глава на жител, потоа следат покраините со 7.339, па општините со 1.628 евра долг по „глава на Германец“. Во 2009 година вкупниот германски државен долг изнесуваше 1,8 билиони евра. Чешка и САД најавија заедничка програма СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, дури 74 отсто од анкетираните граѓани на ЕУ како главна причина за позитивниот однос кон единствениот европски пазар, го навеле токму поголемиот избор на производи. Како втора причина за позитивниот однос кон единствениот европски пазар граѓаните ги навеле повеќето отворени работни места.

Претставници на Чешка и САД во Прага објавија дека ќе соработуваат во истражување на заеднички проекти и партнерства во научни програми, со цел да се развие мирновременска употреба на нуклеарната енергија, јавува дописникот на МИА од чешкиот главен град. - Ние сакаме да најавиме значаен чекор напред во нашето партнерство за развојот на граѓанската атомска програма во 21. век, изјави на прес-конференција американскиот амбасадор во Чешка, Норман

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Елсен.

Тој истакна дека овие новости се надоврзуваат на декларацијата која минатата година при посетата на САД ја потпиша чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Коцоурек. Елсен спомена и дека еден од трите кандидати за доградба на атомската електрана „Темелин“ е американската фирма „Вестингхаус“. - Американските и чешките експерти заедно ќе работат за да се здобијат со нови знаења за мирно користење на нуклеарната енергија, изјави заменик министерот за енергетика на САД, Даниел Понеман, кој потенцираше пет области на кои се однесува американско-чешкото партнерство. - Веруваме дека новата соработка ќе се надоврзе на претходните неформални контакти и ќе трае и во иднина, изјави директорот на чешкиот Институт за нуклеарно истражување, Мирослав Хорак. Бугарија бара ново одложување на изградбата на нуклеарката „Белене“ ИНИЦИРАНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ЧЕТРИНАЕСЕТТИ АНЕКС ДОГОВОР!? Бугарскиот министер за економија, енергетика и туризам Трајчо Трајков изјавил дека Бугарија ќе побара ново одложување на имплементацијата на Договорот меѓу бугарската Национална електрична компанија (НЕК) и рускиот „Атомстројекспорт“ во врска со изградбата на нуклеарката „Белене“. Трајков истакна дека бугарската страна ќе иницира потпишување на нов анекс на Договорот за изградба на атомската централа „Белене“, кој е потпишан во 2006 година во Софија. Бугарската НЕК и рускиот „Атомстројекспорт“, кој победи на тендерот за изградба на втора бугарска нуклеарка, во изминатиот период потпишаа дури 13 анекси на Договорот, а последниот се однесува на одложување на преговорите за реализација на проектот за три месеци, односно до 30 септември оваа година. Првичната цена за изградба изнесуваше повеќе од 3,9 милијарди евра, но во меѓувреме се зголеми. Според планот, атомската централа „Белене“, која ќе има два реактора со јачина од по 1.000 мегавати, ќе биде изградена во истоименото место, во северниот дел на Бугарија на реката Дунав. Русите понудија реактори од 3+ генерацијата, за кои тврдат дека се најбезбедни на светот. Бугарија, која веќе ја има нуклеарката „Козлодуј“, од безбедносни причини ги затвори првите четири од шест реактори на оваа атомска централа, непосредно пред членството во ЕУ.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Порака на Барак Обама: Кризата во еврозоната е закана за светот НЕДОВОЛНО БРЗО ДО РЕШЕНИЕ Американскиот претседател Барак Обама изјави дека должничката криза во Европа претставува закана за светот и оти лидерите од еврозоната не работат доволно брзо за решавање на ова прашање. Според Обама, обновувањето на американската економија оваа година се соочува со потешкотии поради проблемите во целиот свет, во таа смисла и поради арапската пролет, кои доведоа до зголемување на цените на енергијата и стравувања за финанисиската стабилност на европските држави. - Тие не закрепнаа целосно од кризата во 2007 година и не се справија целосно со сите предизвици, со кои се судри нивниот банкарски систем. Сето тоа повеќе се влошува поради случувањата во Грција, рече Обама на средбата во Маунтин вју, во Калифорнија. - Во моментот тие преживуваат финансиска криза, која претставува закана за светот и се обидуваат да преземат одговорни чекори, но тие чекори не се толку брзи, колку

што навистина е потребно да бидат, - рече американскиот претседател. Обама кој се наоѓа на западниот брег на САД, каде собира средства за кампањата за реизборот на изборите во 2012 година, бележи пад на рејтингот поради континуираното високо ниво на невработеност од над девет проценти и стравувањата дека САД можат повторно да западнат во рецесија. Извештај на Светската банка и ИФЦ за „Жените, бизнисот и правото 2012: Отстранување на препреките кон економско вклучување“ СЕ` УШТЕ ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ВО СПОРЕДБА СО „ПОСИЛНИОТ ПОЛ“ Жените во светот се` уште се соочуваат со правни и регулаторни пречки за нивно целосно учество во економијата, наведува новиот извештај, кој го објавија Светската банка и ИФЦ. Во Извештајот „Жените, бизнисот и правото 2012: Отстранување на препреките кон економско вклучување“ стои дека иако во 36 економии се намалени правните разлики меѓу мажите и жените, 103 економии од 141

БИЗНИС ИНФО колку што биле предмет на истражување и натаму наметнуваат правни разлики врз основа на полова припадност во најмалку еден од главните индикатори во Извештајот. Извештајот, исто така, препознава 41 правни и регулаторни реформи спроведени меѓу јуни 2009 и март 2011 година, кои можат да ги зголемат економските можности за жените. На глобално ниво, жените претставуаат 49,6 проценти од населението, но само 40,8 проценти од работната сила во формалниот сектор. Ова несогласување може да се објасни со правните разлики меѓу мажите и жените. Извештајот покажува дека економиите, во кои со законите се прават поголеми разлики меѓу мажите и жените, имаат во просек, помала женска партиципација во формалниот сектор. - Конкурентноста и продуктивноста во многу се поврзани со ефикасната распределба на ресурси, вклучувајќи ги човечките ресурси, рече Аугусто Лопез – Кларос, директор за глобални индикатори и анализи, во Групацијата Светска банка. Извештајот ги мери и работите како што се можностите на жената да склучува договори, патување во странство, управување со имот, и да соработува со јавни органи на власт и приватниот сектор. Во сите економии, жените во брак се соочуваат со повеќе правни разлики отколу тие кои не се во брак. Во 23 економии, жените во брак не можат по закон да изберат каде ќе живеат, а во 29 економии по закон тие не можат да бидат признаени како носители на домаќинството. Секој регион вклучува економии со нееднакви правила за мажите и жените, иако во однос на степенот на нееднаквост постојат големи разлики. Во просек, разликите се помали во високо развиените економии отколку средно развиените и ниско развиените економии. Блискиот Исток и северна Африка имаат најмногу правни разлики меѓу мажите и жените, а по нив следуваат јужна Азија и Африка. Во Африка, исклучок е Кенија, која глобално е лидер со најмногу спроведени реформи за полова еднаквост во последните две години. На регионално ниво, најголеми подобрувања во половата еднаквост се остварени во Латинска Америка и Карибите, Европа и централна Азија. Економиите на источна Европа и централна Азија не наметнуваат бројни законски ограничувања на жените. Ниедна од овие економии не ја ограничува можноста на жената да склучува договори, отвора банкарски сметки, патува во странство или да управува со имот. Во овие економии разликата меѓу половите се прави само во работно-правните прописи. Меѓутоа, различна старосна граница за пензионирање за мажите и жените постои скоро во целиот регион. Од 23 економии во регионот, само Ерменија, Босна и Херцеговина, Косово и Летонија немаат различна старосна граница за мажите и жените. Во овој регион исто така постои поголема веројатност за подобар

21

СВЕТ пристап до правосудството низ судови за побарување на мали вредности и подобар пристап до кредитирањето, преку кредитни бироа и регистри кои имаат поголема покриеност, во овој регион, каде живее најмалку 0,1 отсто возрасно население, само Таџикистан нема кредитно биро, односно регистар. Во седум економии на источна Европа и централна Азија, односно Албанија, Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Летонија, Молдавија и Романија во последните година и половина се спроведени промени кои влијаеле на показателите од извештајот „Жените, бизнисот и правото“. Во рамките на проектот извршено е мерење на кој начин прописите и институциите прават разлика меѓу жените и мажите, така што тоа може да влијае на поттикнување и способност на жената да работи, односно да основаат и да водат свои компании. Во рамките на проектот „Жените, бизнисот и правото“ извршено е објективно мерење на овие законски разлики меѓу половите во 141 економија во светот, кое опфати шест области: пристап до институциите, користење имот, вработување, добивање поттик за работа, задолжување и пристап

до правосудството. Иако проектот дава јасна слика за разликите меѓу половите во секоја економија кои потекнуваат од разликите пропишани со закон, тој претставува едноставна претстава на ситуацијата со која се мери само законското диференцирање меѓу половите. Тој не ги отсликува разликите меѓу половите во целосен обем ниту ја наведува релативната важност на секој од обработените аспекти. Најбогати Американци според „Форбс“ БИЛ ГЕЈТС ПО 18 ПАТ НА ВРВОТ Бил Гејтс 18-та година по ред ја предводи листата на „Форбс“ на 400-те најбогати Американци со лично богатство од 59 милијарди долари. Коосновачот на „Мајкрософт“ го зголемил своето лично богатство за пет милијарди долари во однос на минатата година. Втор на листата е инвеститорот Ворен Бафет со 39 милијарди долари, што е за шест милијарди долари помалку од неговата финансиска состојба минатата година. Трет е коосновачот на „Оракл“, Лари Елисон со 33 милијарди долари, кој своето богатство го зголемил за шест милијарди


22

СВЕТ

БИЗНИС ИНФО

долари во споредба со лани. Прв пат во првите десетмина влегува Џорџ Сорос, кој е на седмото место со 22 милијарди долари, што е зголемување за 7,8 милијарди долари во однос на лани. Четвртти и петти се поддржувачите на движењето „Чајна забава“, браќата Дејвид и Чарлс Кох од конгломератот „Кох индустрис“ со по 25 милијарди долари. Наследниците на основачот на ланецот продавници „Волмарт“, Сем Волтон, се поместени на шесттото, деветтото и десетото место. МААЕ ќе го надгледува акциониот план за нуклеарна безбедност ВО ОКТОМВРИ ИЗВЕШТАЈ Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) воспостави посебен тим за надзор за примена на новиот акционен план за зголемување на нуклеарната безбедност.

Акциониот план неодамна го усвоија повеќе од 150 држави-членки како реакција на нуклеарната катастрофа во Јапонија. Генералниот секретар на МААЕ, Јукио Амано нагласи дека сака да го „набљудува“ развојот на акциониот план и покрај слабостите што ги содржи. Во октомври Амано ќе поднесе извештај за тоа. - Дотогаш сметам на сите интересни групи, пред се, на владите, регулаторните тела и операторите, дека ќе заземат проактивен став, за да ја преземат одговорноста во рамките на Акциониот план, истакна Амано. По нуклеарната катастрофа во Јапонија, МААЕ се договори со земјитечленки за дванаесетина цели, меѓу кои и построги безбедносни насоки, стрес-тестови и почести безбедносни контроли од страна на инспекторите на МААЕ. - МААЕ сака до октомври да развие методи за стрес-тест, кои ќе вклучуваат и елементарни непогоди како што се земјотресите и цунамите, наведе Амано. ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ ОЕЦД и ИЛО стравуваат од структурна невработеност во Г-20 РИЗИК ОД РАСТ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЗДАВАЊЕ ЗДРАВСТВЕНИ И ОБРАЗОВНИ ПРОБЛЕМИ

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Структурната невработеност претставува неусогласеност меѓу понудата и побарувачката на соодветна работна сила. Ваква форма на невработеност може да се јави и во услови кога бројот на слободни работни места и бројот на лица кои бараат работа е еднаков, но сепак невработените немаат соодветна вештина и знаење за работните места кои се слободни или пак не живеат во делот на земјата каде што има работа.

Забавениот економски раст во развиените земји претставува закана од трансформација на високата долготрајна невработеност во структурна невработеност, се предупредува во заедничката студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Големиот раст на долготрајната невработеност е особено загрижувачки бидејќи расте заканата голем број работници да станат трајно невработени, се наведува во студијата. Двете организации потсетуваат дека во претходните случаи на рецесија долготрајната невработеност во многу развиени земји се трансформираше во постојано висока стапка на невработеност. Во документот се посочува дека во првиот квартал во 2011 година околу 40 проценти од невработените во Франција, Шпанија и Јапонија биле без работа повеќе од една година, а таков случај бил и со 47,3 проценти од лицата без работа во Германија, 50 отсто во Италија и 68,3 проценти во Јужноафриканската Република. Меѓу земјите-членки на Групата 20 најразвиени земји и држави со забрзан економски развој (Г-20), за кои постојат податоци, долготрајната невработеност најмногу е зголемена во Канада, Шпанија и Велика Британија. Во САД процентот на долготрајната невработеност на почетокот на 2011 година е зголемен тројно и достигна највисоко ниво во историјата, се наведува во студијата. ОЕЦД и ИЛО нагласуваат дека зголемувањето на долготрајната невработеност го зголемува и ризикот од раст на сиромаштијата, создавање здравствени проблеми и отсуство од образовниот систем на децата од семејствата погодени од кризата. Бројката на невработени лица во членките на Г-20 на почетокот на 2011 година била за 20 милиони поголема отколку пред глобалната економска криза во 2008 година. Во студијата не се наведени конкретни предлози за справување со ваквиот проблем, освен што се апелира до лидерите на Г-20 да инвестираат во програмите за отворање нови работни места, што би требало да стане главен макроекономски приоритет на овие земји.

Еврото ќе ги издржи и преживее потресите во еврозоната, смета агенцијата „Фич“ ПО „ТРЕТ ПАТ“ ЗА СПАС Единствената европска валута ќе опстои и ќе продолжи да постои дури и да има продлабочување на сегашната криза со државните обврзници на земјите од еврозоната и можниот банкрот на Грција. До овој став стигнаа аналитичарите на меѓународната рејинг агенција Фич во извештајот што беше објавен во лондонското Сити (21.9.2011 година) и цитиран од светските агенции.

-Стравувањата за можниот крах на еврозоната се преувеличени. Има и „трет пат“, во кој еврото ќе се зачува дири и без создавање на единствен даночен простор и единствено министерството за финансии на еврозоната. Ситуацијата во еврозоната може да се стабилизира со посилни контролни и регулаторни органи, кои ќе имаат надлежности да ги координираат економските политики на земјите членки, посочуваат експертите од Фич. Во својот извештај агенцијата не ја исклучува варијантата за банкрот на Грција за нејзиниот долг, но според аналитичарите тоа не би довело до излез на Атина од еврозоната. Чешка е фаворит за титулата „Швајцарија на Источна Европа“ ЛЕСНА ЗАМЕНА ЗА ВИСОКИОТ ФРАНК Според американската телевизиска станица Си-Ен-Би-Си, Чешка е кандидат за титулата „Швајцарија на Источна Европа“, пренесуваат чешките медиуми. За ова, како што јавува дописникот на МИА од Прага, придонесува интересот на инвеститорите


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

кои се во потрага по нови засолништа, откако Швајцарија поради нивниот голем интерес постави висока граница за зајакнување на својата национална валута - франкот. Чешка, која има силна економија и стабилна валута, лесно може да ја замени Швајцарија, констатираат експертите за американската телевизија, според чии мислења земјата е прилично безбедна, поради пониската каматна стапка од централните банки и релативно стабилната валута.

БИЗНИС ИНФО Потпретседателот на Светската банка за Источна Европа и Централна Азија Филип Ле Веру, изјави дека според прогнозите на меѓународната финансиска институција просечниот економски раст на државите од регионот оваа година ќе биде 4,3 проценти. - Според тој показател Источна Европа и Централна Азија ќе ги претекнат развиените земји, но се на едно од последните места меѓу развиените региони, истакна Ле Веру. - Можно е бавното обновување во регионот да води до воспоставување на нова „нормална положба“ на пониски нивоа на економски раст во многу држави, додаде потпретседателот на Светската банка. Намалената деловна активност на преработувачкиот сектор во Кина ја урива цената на бакарот НАЈНИСКА ВРЕДНОСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 12 МЕСЕЦИ

Си-Ен-Би-Си потсетува дека Чешка, за разлика од другите земји во Централна и Источна Европа, не треба да се грижи дека цените ќе се зголемуваат. Инфлацијата во земјата во август се намали на 1,7 проценти. Експертите кои ги контактирала телевизијата констатираат дека економскиот раст на Чешка може да го забави нејзиниот главен стопански партнер, Германија, поради заостанувањето на нејзината економија. Аналитичарите заклучуваат дека за Чешка нема да биде позитивно доколку инвеститорите вистински почнат да ја сметаат за „Швајцарија“ поради што би дошло до јакнење на круната. Тоа би довело до проблеми за компаниите кои извезуваат и Чешка тогаш ќе биде доведена во ситуација како и Швајцарија да ги решава проблемите со растот на националната валута.

Цената на бакарот на Лондонската берза на метали деновиве падна на најниско ниво во последниве 12 месеци, како последица на податоците за намалената деловна активност на преработувачкиот сектор во Кина. Бакарот за испорака во период од три месеци поевтини за 5,2 отсто на 7.865 САД долари за тон, што е најниска цена на овој метал од 28 септември минатата година. Од 15 февруари, кога бакарот достигна највисока цена, па досега, вредноста на металот е намалена за 22 проценти.

Предупредувања на Светската банка КРИЗАТА ВО ЕВРОЗОНАТА НОСИ РИЗИЦИ ЗА ИСТОЧНА ЕВРОПА Економската обнова во Источна Европа и Цетрална Азија е побавна во споредба со други региони, но тие на истиот начин се изложени на ризик од кризата во еврозоната, предупреди висок претставник на Светската банка.

Експертите предвидуваат дека во текот на 2011 година светската потрошувачка на бакар ќе порасне за 3,9 отсто во однос на лани, со што на пазарот би се појавил недостиг од околу 639.000 тони од овој метал. Напоредно со поевтинувањето на бакарот, на Берзата во Лондон се намалија и цените на калајот и тоа за 7,6 проценти на 20.000 САД долари за тон, на алуминиумот за 1,6 отсто на 2.282 САД долари за тон, на никелот за 3,9 отсто на 19.619 САД долари за тон, на оловото за 2,8 проценти на 2.160 САД долари за тон и на цинкот за три проценти на 42.014 САД долари за тон.

23

СВЕТ Прогнозиран извоз на руската пченица до 22 милиони тони во 2011 година ЖЕТВА ОД 90 МИЛИОНИ ТОНИ ПЧЕНИЦА Рускиот извоз на жито би можел оваа година да биде меѓу 20 и 22 милиони тони, изјавил заменик-министерот за земјоделство на Русија, Иља Шестаков. Изгледа дека се остваруваат претходните прогнози на жетва од 90 милиони тони, рекол Шестаков.

Меѓутоа, земајќи ги предвид залихите на пченица (кои на 1 јули изнесуваа 22,4 милиони тони), како и домашната побарувачка од 70 до 71 милиони тони, Шестаков верува дека прогнозата на извозот би можела да опфати од 20 до 22 милиони тони. Министерот за земјоделство на Русија, Елена Скриник, прогнозираше во почетокот на септември извоз на пченица до 20 милиони тони. Централната банка на Словачка ја намали прогнозата за економски раст ПОСЛАБИОТ ИЗВОЗ ГИ РАСИПА СМЕТКИТЕ Централната банка на Словачка ја намали прогнозата за економскиот раст во 2011-2013 година поради слаба побарувачка за извоз, главниот двигател на словачката економија заснована на извоз на автомобили и електронски уреди како и поради стагнација на домашната побарувачка. Банката сега очекува словачката економија оваа година да зајакне за 3,4 отсто во споредба со растот од 3,6 отсто проектиран во јуни. - Банката исто така ја намали прогнозата за 2012 година за речиси еден

процентен поен на 3,8 отсто, додека во 2013 година се очекува раст од 5,1 отсто, изјави гувернерот Јозеф Макуч. БДП во Словачка во 2010 година оствари закрепнување и забележа раст од четири отсто.


24

КОРПОРАЦИИ Можно е „Пежо–Цитроен“ да отпушти 10.000 работници ДАНОК НА НАМАЛЕНАТА ПОБАРУВАЧКА НА ВОЗИЛА Француската автомобилска групација „Пежо-Цитроен“ (ПСА) можно е да ги намали бројот на своите вработени во Франција за 10 проценти, како последица на намалувањето на побарувачката на возила на европскиот пазар, пишуваат двата специјализирани француски дневни весници за економија „Еко“ и „Трибун“, повикувајќи се на синдикални извори. Според пишувањето на двата весници, како што јавува дописникот на МИА од Париз, прво во Олне-су-Буа во парискиот регион ќе бидат укинати 115 работни места на доброволна основа, а 300 договори на одредено време нема да бидат обновени, додека во фабриката во Мелан-Сенар ќе бидат учинати 180 работни места. Во овој погон се произведува „Цитроен Ц3“, чија

иднина по 2014 година не е гарантирана. На долгорочен план загрозени се околу 10.000 работници во Франција, односно околу 10 проценти од вкупната работан сила на ПСА. Портпаролот на овој најголем француски производител на автомобили смета дека е прерано да се потврди оваа вест на весниците. На состанокот на раководството на претпријатието, што се одржа вчера, до 31 декември 2012 беше продолжен договорот за раководење со човечките ресурси и компетенциите, потпишан во април 2010 со синдикалните организации. Дирекцијата на групата идентификувала 980 работни места кои треба да бидат укинати и заклучила дека треба да се рализира планот за намалувањето на бројот на вработен во фабриката во Олне. На минатонеделниот саем на автомобили во Франкфурт, генералниот директор на ПСА Филип Варин најави намалување на трошоците преку намалување на работните места со договор на определен рок, поради несигурниот економски контекст во Европа. Создавачот на „Изи Џет“ формира нова конкурентска нискобуџетна авионска компанија „ФАСТ ЏЕТ“ КОНТРА КОМПАНИЈА!? Создавачот на британскиот нискобуџетен авиопревозник „Изи Џет“,

БИЗНИС ИНФО Стелиос Папајоану одлучи да формира нова авиокомпанија што ќе биде директна конкуренција на првата, која го прослави во светот на бизнисот и му донесе меѓудругото и британско одликување, јавува дописникот на МИА од Лондон. Новата компанија ќе се вика „Фаст Џет“, па управата на „Изи Џет“, што тој ја содаде пред повеќе години и која сега е еден од најуспешните меѓу нискобуџетните авиопревозници, најави денеска тужба против Папајоану во обид да ги заштити своите права.

Претставник на „Изи Џет“ изјави дека создавањето на контра-компанија е нелоајлен и нефер потег, затоа што компанијата „Изи Груп Холдинг“ на Папајоану има потпишано договор со „Изи Џет“ околу заштитата на бројни права што билатерално се усогласени. Ваквото невообичаено и контроверзно решение на британскиот бизнисмен со кипарско потекло се објаснува со долгото недоразбирање што постои меѓу него и членовите на управниот одбор на авионската компанија која успешно работи и има бројни линии низ европскиот континент и во реонот на Медитеранот. Папајоану ја создаде „Изи Џет“, па потоа откако неговата холдинг група почна да се проширува од авионскиот бизнис и во други сектори, тој се повлече од раководството, останувајќи само директор во Бордот на директори во авионската компанија, без извршни функции. Тој нодамна јавно го обвини раководството на „Изи Џет“ за прекршување на меѓусебниот договор. „Епл“ го намалува производството на „ајпад 2“ ПРАВЕЊЕ МЕСТО ЗА „АЈПАД 3“ Американскиот производител „Епл“ во четвртото тримесечје од оваа година би можел да го намали производството на својот таблет уред „ајпад 2“ за 25 проценти. Поголем дел од соработниците на „Епл“ за изработка на неговиот производ потврдија дека во текот на изминатите две недели се информирани за планот за намалување на производството за една четвртина.

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Една од многубројните претпоставки поврзани со намалувањето на производството на „ајпад 2“ е на тој начин да се подготви лансирањето на „ајпад 3“. Според медиумите, конференцијата на која ќе биде претставен новиот „Епл“ телефон „Ајфон“ ќе биде одржана на 4. октомври во просториите на компанијата во Купертин, а не во Сан Франциско. Новиот телефон „Ајфон 5“ ќе содржи двојадрен процесор А5 сличен на процесорот инсталиран во „ајпад 2“ и камера со осум мегапиксели. „Шкода“ го претстави новиот модел „Ситиго“ ОСНОВЕН СТОЛБ ЗА РАЗВОЈ НА КОМПАНИЈАТА Најголемата чешка автомобилска индустрија „Шкода Ауто“ го претстави новиот модел на автомобил „Шкода Ситиго“, јавува дописникот на МИА од Прага. „Ситиго“ е мал автомобил наменет за градско возење и на чешкиот пазар ќе се појави кон крајот на годинава, додека продажбата во Европа се очекува да почне на почетокот на летото во 2012 година. - „Ситиго“ е основен столб на нашата стратегија за развој и на нашиот бренд ќе му го отвори патот до многу ветувачки сегмент, изјави претседателот на „Шкода“ Винфрид Вахланд.

Моделот има странични воздушни перничиња за заштита на главите на возачот и совозачот. Кај него има ласерски сензор за регистрација на судир и функција на нагло сопирање. Просечната потрошувачка е од 4,2 литри на 100 километри, односно 4,3 л/100 километри. Со должина од 3,56 метри, широчина од 1,65 метри и 1,48 метри височина овој автомобил се очекува да ги привлече младите возачи и семејствата на кои им е потребен втор или трет автомобил во домаќинството. Цената ќе изнесува околу 7.500 евра.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

25

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Ѓорѓи Јанчевски, прв директор на НЛБ Тутинска банка и претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија за „Вечер“

БАНКИТЕ ВЛЕГОА ВО ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, СТАРТУВАМЕ ВО ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА!

Иницијативата која ја покрена Владата за зголемување на станбеното кредитирање преку проектот “Купи куќа, купи стан,”, е одлична и добредојдена. Ние сме вклучени во заедничкото осмислување на концептот од самиот почеток и очекуваме проектот да започне од јануари 2012 година. Каматната маржа за банките ќе биде минимална, но за нас Проектот има пошироко општествено значење. Со него ќе им се помогне на граѓаните кои имаат пониски примања, а особено на младите луѓе и младите брачни парови да дојдат до покрив над главата и полесно да се одлучат да формираат семејства

* Неодамна Народната банка на Македонија донесе мерки со кои направи промени во делот на задолжителната резерва и во управувањето со ликвидносниот ризик. Колку овие мерки се поволни за Вас банкарите и дали тие ќе влијаат врз намалувањето на каматните стапки на банкарските кредити? - Мерката на НБМ е за поздравување. Тоа на некој начин значи големо релаксирање на монетарната политика. Тоа би ни ја подобрило профитабилноста. Исто така, би значело повеќе ослободени средства кај банките. За таа цел, во банкарскиот сектор би се ослободиле нешто помалку од 200 милиони евра. Тоа, пак, значи дека еден од оние услови за поголемо кредитирање на стопанството ќе се оствари, а други услови се, нормално, деловните политики на банките, способноста на фирмите да добијат кредити... Во секој случај, се работи за позитивна мерка на НБМ и за ослободување поголеми износи средства во банкарските канали. Каматите, пак, зависат од понудата и од побарувачката, од цената на изворите на банките, што значи дека доколку сега ги намалиме цените на депозитите, сигурно ќе се намалат и цените на кредитите. Во моментов не се очекува промена на каматите, ситуацијата е стабилна. Евентуално промена може да има кај денарските камати по Нова година, доколку НБМ на 31.12.2011 година ја смени референтната камата на благајничките записи, но дали и каква ќе биде промената ќе зависи од монетарната политика, а банките ќе се усогласат со неа. Сепак, ќе напоменам, споредено со банкарските сектори од соседните земји и земјите на Балканот, Република Македонија во моментов има најниски камати на кредитите (освен Словенија)

и највисоки камати за депозитите. Тука секако не ја споредуваме Република Србија каде каматните стапки се под притисок на високата инфлација. * На светот му се заканува нова рецесија. Како и дали случувањата во САД и кризата во Европа би можеле да влијаат на нашиот финансиски и банкарски систем? - Кризата во Европа и САД нема директно влијание врз стабилноста на банкарскиот сектор во Република Македонија, но индиректно негативно ќе влијае преку реалниот сектор. Околу 60% од извозот на македонските компании е

на 2007 година, кога во регионот беа атрактивни кредитите со клаузула во швајцарски франци поради евтиниот франк (37,22 МКД/ЦХФ) швајцарскиот франк апрецираше за цели 58%. Само во 2011 година, швајцарскиот франк апрецираше 20% во однос на денарот (во август ја достигна највисоката точка од 58,85 МКД/ ЦХФ) поради што од почетокот на годината граѓаните поинтензивно прават конверзија на кредитите од швајцарски франци во евро клаузула сметајќи дека еврото ќе биде постабилно. За среќа, вкупните средства на банкарскиот сектор во швајцарски франци изнесуваат само 0,5% (26 милиони евра) од вкупната актива на секторот. Точен податок за кредитите со оваа валута на ниво на банкарски сектор немаме, но ако зборуваме за НЛБ Тутунска банка износот на кредити со “швајцарци” е 3,3 милиони евра или 1,3% од кредитите на населението. * Во која валута македонските граѓани во најголем процент ги чуваат парите во банките?

на европскиот пазар, па секоја поголема криза во европските економии ќе влијае негативно на нивното работење, а со тоа и на влошување на квалитетот на кредитното портфолио на нашиот банкарски сектор и зголемување на нефункционалните и ненаплатливи кредити. * Се чувствува ли вознемиреност кај штедачите со падот на швајцарскиот франк и дали има зголемена побарувачка за конвертирање на кредитите во друга валута? - Ако споредиме со почетокот

- Граѓаните најголем дел или 59%од депозитите ги чуваат во странска валута, додека 41% се во денари и нема промена во соодносот од минатата година. Но, ако се следи трендот, на пример, пет години наназад кога само 29% од депозитите на населението беа во денари, може да се каже дека стабилноста на денарот во изминатите десет години ја врати довербата на граѓаните во домашната економија и финансискиот сектор. *Едни чуваат, други должат. Колку во моментов е вкупниот долг на граѓаните кон банките по основ на кредити? - По основ на кредити граѓаните кај банките должат 1.297 милиони евра, што претставува 52% од депозитите кои граѓаните ги имаат кај банките. Тоа значи дека граѓаните го немаат искористено


26

ПРЕНЕСЕНО вкупниот потенцијал за кредитирање. Од вкупните кредити на населението на ниво на банкарскиот сектор, најголем дел 44% се потрошувачки кредити, 24% се станбени кредити, 18% кредити на картички, 6% се дозволени негативни салда на тековни сметки, 4% автомобилски и 3% останати кредити. * Во просек, колку должи секој Македонец во банка? - По глава на жител задолжувањето изнесува околу 650 евра, додека по вработен (категорија која е најголем корисник на кредитите) задолжувањето изнесува околу 1.995 евра. Ако се спореди со земјите од регионот, каде задолжувањето се движи од 800 до 4.600 евра по глава жител, нашите граѓани се најмалку задолжени кај банките. * Со оглед на економската криза која го зафати светот, последователно и Македонија, дали гледано низ бројки се чувствува неможноста на граѓаните да ги враќаат кредитите? - Од вкупните кредити на населението на ниво на банкарски сектор 7,94% се нефункционални кредити. Во 2010 година овој процент изнесуваше 8,23%. Ако се направи споредба со минатата година ситуацијата не е влошена. Имено, од почетокот на годината до јули 2011, вкупните кредити на населението се зголемени за 71 милион евра, додека нефункционалните кредити се зголемени за само 1,9 мил. евра. Во 2010 година, вкупните кредити на население се зголемија за 60 милиони, додека нефункционалните кредити за 5,9 милиони евра. Засега ситуацијата кај населението е стабилна. * Дали наплатата на побарувањата преку извршители функционира и колку банките се задоволни од таквата наплата? - Што се однесува до наплатата преку извршители таа функционира одлично и за разлика од претходно, постапките кои тие ги водат сега се брзи, а посебно може да ги издвоиме извршителите од подрачјето на Основен суд Скопје. Друг е проблемот со успешноста на реализација на продажбите, бидејќи за залозите кои се продаваат нема купувачи, а банките ги авансираат трошоците за водење на постапките, така што дополнително растат трошоците на банките.

БИЗНИС ИНФО * По се изгледа дека банките почнаа да продаваат се и сешто по основ на заплена од должниците. Имавте интересна продажба. Дали успеавте како Банка да ги продадете брилијантите и дијамантите од еден ваш должник? - Продажбата на накитот и скапоцените камења побуди навистина голем интерес, со оглед на вредноста и на скапоценоста на камењата, што е невообичаено за нашата земја. Досега се одржаа неколку јавни продажби, а последната беше во јуни годинава. Продажбата е отворена за сите, па доколку има заинтересирани купувачи банката ќе ги разгледа сите понуди. Станува збор за накит кој се состои од полудраги и драги камења, вградени

во рамки од 18-каратно злато. Во накитот има 12 модели, кои според проценката на проценителите се со различни пазарни вредности - ѓердан “колие” со дијаманти во вредност од 12.954 евра, прстен со дијамант во вредност од 15.474 евра, нараквица со дијамант во вредност од 15.978 евра, ѓердан со дијаманти и смарагд, со приврзок во форма на срце, во вредност од 24.660 евра... * Дали должничката криза се чувствува кај фирмите. Колку тие должат на банките? - Должничката криза во ЕУ повеќе се чувствува кај фирмите, отколку кај граѓаните, со оглед дека извозот претставува 41% од БДП, така што стабилноста на пазарите на Германија, Италија и другите земји од ЕУ директно влијае на нарачките. Вкупната кредитна задолженост на фирмите кај банките изнесува 1.984 милиони евра од кои 39% се во странска

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

валута, 25% се во девизна клаузула, а само 36% се во денари. Од вкупните кредити на претпријатија на ниво на банкарски сектор 10,44% се нефункционални кредити. Во 2010 година овој процент изнесуваше 9,64%, што укажува на тоа дека фирмите имаат потешкотии. До јули 2011 година вкупните кредити на претпријатија се зголемија за 119 милиони евра, додека нефункционалните кредити 27 милиони евра. Во 2010 година вкупните кредити на фирмите беа зголемени за 146 милиони евра, додека нефункционалните кредити за 19 милиони евра. Сето ова укажува дека се уште има проблеми и дека голема е неизвесноста за нашите претпријатија од развојот на кризата во ЕУ. * Владата најавува градежен бум од јануари 2012. Како го оценувате проектот “Купи куќа, купи стан” и дали банките ќе се вклучат во овој проект? - Иницијативата која ја покрена Владата за зголемување на станбеното кредитирање преку проектот “Купи куќа, купи стан” е одлична и добредојдена. Ние сме вклучени во заедничко осмислување на концептот од самиот почеток и очекуваме Проектот да започне од јануари 2012 година. Според она како е замислен концептот на Проектот, каматната маржа за банките ќе биде минимална, но за нас Проектот има пошироко општествено значење бидејќи со него ќе се помогне на граѓаните кои имаат пониски примања, а особено на младите луѓе и младите брачни парови да дојдат до покрив над главата и полесно да се одлучат да формираат семејства. Реализацијата на овој Проект, со себе повлекува дополнителни позитивни ефекти за градежните претпријатија, за индустријата на мебел, за производството и продажбата на покуќнина и за сите индустриски и услужни гранки кои се поврзани со домувањето. Позитивни ефекти ќе има и за државата која финансира дел од Проектот, а која освен што на овој начин го зголемува стандардот на населението, ќе има повратен приход преку идниот данок на имот и ДДВ-то од промет на добра. Како споредба, во ЕУ кредитите за домување изнесуваат 72% од вкупните кредити на населението, додека во Република Македонија тие се само 24%. Тоа е целта кон која треба долгорочно да работиме.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Судбината на европската валута СКАПА ЗАБЛУДА

* Иако поради должничката криза еврото губи вредност дури и во однос на динарот, малкумина во Србија размислуваат да штедат во некоја друга валута. Поради тоа за 12 месеци граѓаните реално изгубиле од 700 до 800 милиони евра. Граѓаните на Србија очигледно повеќе веруваат во еврото отколку жителите во еврозоната. Подобар доказ за ова тврдење нема од податокот дека уделот на девизната во вкупната заштеда секогаш е поголем од 98 отсто и не се променил многу во последната година, откако кулминира должничката криза прво во Грција, а потоа и во некои други држави на еврозоната. Мал е бројот на граѓаните на Србија кои воопшто размислуваат за тоа дали е дојдено времето заштедата во евра да ја претворат во некоја друга валута. Се чини дека некои мирно ќе седат и ќе чекаат укинување на еврото и дури потоа ќе почнат да размислуваат за тоа што да прават. Оваа инертност веќе ги чинеше скапо, вкупно во последната година од 700 до 800 милиони евра. Толку реално изгубија поради тоа што лавовскиот дел од заштедата ја чуваа во европска валута и тоа во време кога дури и заштедата во динари многу повеќе се исплатеше. За што се работи? Пресметката на НИН покажува дека граѓаните на Србија, кои изминатата година штеделе во евра, изгубиле 13,5 отсто од реалната вредност на своите влогови. За стока која пред една година чинела 10.000 динари, сега мора да се издвојат 11.500 динари, бидејќи во меѓувреме, потрошувачките цени, според официјалните податоци, пораснале за 10,5 отсто. Ако пак некој се одлучил купувањето да го одложи за една година и во меѓувреме да заштеди и тоа во девизи, во септември 2010 година за 10.000 динари, според среден курс на НБС, можел да купи околу 95 евра. Дури и ако тој износ е орочен со камата од 6 отсто годишно, за 12 месеци влогот би пораснал на нешто повеќе од 100 евра, за кои сега не можат да се добијат повеќе од 10.153 динари. Тоа значи дека во овој момент за купување на истата количина стока недостасуваат околу 1.350 динари. Значи, излегува дека девизните штедачи во Србија се една од најголемите колатерални жртви од кризата во еврозоната. А, пред помалку од 10 години, кога еврото за прв пат почна да се користи за готовинско плаќање, кој можеше да претпостави дека новата европска валута ќе падне толку ниско. Еврото падна толку ниско што мораше да го спасува Централната банка на Швајцарија, со одлука дека на секого за едно евро ќе плати најмалку 1,2 швајцарски франци.

БИЗНИС ИНФО И додека некогаш најголемите оптимисти размислуваа само за тоа кога еврото ќе го потисне доларот како резервна светска валута, дојде до тоа властите во Нигерија една од најголемите извознички на нафта во САД, да најават дека дел од своите девизни резерви, наместо во долари, ќе ги чуваат во кинески јуани! Тоа и не е никакво изненадување ако се имаат предвид се погласните шпекулации дека проектот на заедничката европска валута може да доживее вистински распад. Наспроти пораките на водечките европски политичари дека ќе направат се да го спасат еврото, некои експерти предупредуваат дека дури и ако ја преживее оваа и идната година, еврото и понатаму ќе биде извор на политичка, економска и финансиска нестабилност, не само за еврозоната, туку и за целиот свет. Евроскептик е и поранешниот гувернер на американските Федерални резерви Ален Гринспен, кој тврди дека еврото „се распаѓа“ и дека тоа, меѓу другото, е последица на преголемите разлики внатре во еврозоната. Бидејќи, вели Гринспен, додека некои земји на север како што се Германија и Финска, негуваат цврста буџетска дисциплина, некои држави на југот пред сите Грција, постојано трошат повеќе од што произведуваат и така наталожуваат долгови. Кумулираните буџетски долгови на некои земји во еврозоната беа иницијална каписла, која го бутна еврото на историски минимум. Пред еден месец европската валута падна на најниско ниво од воведувањето и во еден момент речиси се изедначи со швајцарскиот франк, додека пред пет години за 100 евра можеше да се добијат околу 160 швајцарски франци. Останува да се види дали зачестените состаноци на водечките лидери во ЕУ ќе резултираат со договор за конкретни мерки да се спречи пропаста на еврото, или се работи само за „затишје пред бурата“. Имено, се повеќе критичари сметаат дека на некои држави не им е местото во еврозоната. Нобеловецот Џозеф Штиглиц смета дека во

тој случај би било пологично од еврозоната да истапи економски најсилната Германија, отколку Грција која е оптоварена со преголем долг, за која Кенет Ероу смета дека „ќе мора да банкротира“. Меѓутоа, се поставува прашањето дали воопшто би имало смисла да се инсистира на опстанок на еврото, ако Германија ја напушти еврозоната? Уште повеќе со тоа што аналитичарите на КфW уверуваат дека враќањето на „дојче марката“ би го уништило германското стопанство и дека спасувањето на еврото би било корисно

27

СТРАНСКИ ПЕЧАТ за сите земји на еврозоната. Се стекнува впечаток дека граѓаните на Србија веќе се подготвени за двете сценарија. И новостарата германска валута „дојче марката“ веднаш ќе им стане фаворит. (НИН – Белград) Европската област на алармантни економии СЕНКАТА НА РЕЦЕСИЈАТА: НЕДОВОЛНИОТ РАСТ ЌЕ ЈА ЗАБРЗА КРИЗАТА

Лоши вест за областа на еврото сега доаѓаат од сите страни. Европските министри за финансии во полскиоот град Вроцлав, на 16 и 17 септември издејствуваа тешки одлуки во борбата со должничките кризи и наместо решение преовладуваше идејата за даночење на финасиските трансакции. Кредитниот рејтинг на Италија неделава беше намален од Стандард енд пурс. Во Атина, грчката влада и тројката од меѓународните институции кои ја надгледуваат програмата за опоравување се натегнуваа околу тоа што друго треба Грција да стори за да ја добие следната рата од 8 милијарди евра од прорамата за помош. Евангелос Вениѕелос, грчкиот министер за финансии, се пожали дека Грција била „уценувана и понижена“, и немала друг избор освен да потклекне: на 21 септември таа ги најави мерките за зголемување на даноците, да го забрза отпуштањето на луѓе од јавниот сектор и да ги намали некои од пензиите. Одлуката за траншата од финансиската помош се очекува во октомври. Уште една струја на самракот, поспора од должничката криза но исто толку опасна, е исто така и целосниот проток на пари. Изгледот на областа на евро економијата брзо се менува, што е предвестување за болест во обидите да се стават и финасиите на незадолжените земји под контрола. Во најдобар случај ќе има тешко успорување; во најлош, влетување во рецесија. На почетокот на годинава, ветувачкото опоравување предводено од Германија, беше една од причинте да веруваме дека еврозоната ќе ја издржи должничката криза. Вториот квартал беше разочарувачки, со успорување на БНП во еврозоната од 0,8 на 0,2 проценти, и од 1,3 до 0,1 во Германија. Новите официјални предвидувања појаснуваат дека пролетното успорување не


28

СТРАНСКИ ПЕЧАТ беше лажна тревога. На 20 септември, ММФ ги објави своите предвидувања за растот во еврозоната годинава, кој е паднат од 1,6 на 1,1 проценти. Неколку дена претходно, Европската комисија забележа дека растот успори скоро до виртуелно застанување, со пораст на БНП во еврозоната од 0,2 проценти во третиот кватал и само 0,1 во четвртиот. Отежнатите преспективи на јужна Европа одат кон депресија. Без изненадување најлошо е во Грција, чија економија може да се извлече само по четири успешни години. По намалувањето во 2009 од 2 проценти и 4,4 во 2010, нејзниот БНП годинава ќе биде намален за 5 проценти, и 2 проценти во 2012, според новите предвидувања на ММФ објавени во јули. Фондот превиде враќање кон скромен раст во 2012. Португалија исто така се соочува со сиромашна година: фондот предвидува пад на БНП на 1,8 проценти, по падот од 2,2 во 2011. Иако Италијанската економија најмалку барем ќе успее да се извлече, тоа нема да се почусвтува. ММФ мисли дека италијанскиот БНП ќе порасне за само 0,3 проценти во 2012, помалку за еден процентен поен од предвидените во јуни 1,3 проценти.

Болката ќе биде најинтензивна во јужна Европа, каде притисокот за банкрот е најголем, но и централноевропските економии може да бидат повредени. Германскот раст ќе успори од годинешниот 2,7 на 1,3 проценти во 2012, велат од ММФ. Краткорочниот исход може да биде уште полош. Последното истражување на ЗЕВ од анализираните очекување за германската економија во период од шест месеци, навестува дека оди кон намалување. Холгер Шмиединг, економист во банката Беренберг, смета дека изгубената доверба ќе ја турне германската економија во блага рецесија на крајот на 2011 или на почетокот на 2012. Злобниот повратен удар помеѓу растот, загриженоста од долгот на државите и банкарските хирови, се веќе тргнати на пат. СиП ги наведува ослабените предвидувања на раст како круцијална причина зошто го намалија кредитниот рејтинг на Италија: во како полжав бавна екомонија, на владата ќе и биде потешко да се достигнат фискалните цели. Нараснатиот ризик од рецесија ќе го оштети кршливиот банкарски сектор, кој веќе се сочува со потенцијален загуби од околу 200 милијарди евра поттикнат од повисокиот ризик на државните долгови, се вели во пресметките на ММФ. И ако германската економија застане, ќе биде уште потешко на Ангела Меркел да им објасни на нејзините даночни обврзници дека ќе мора да завлечат подлабоко во нивните џепови за да го спасат

БИЗНИС ИНФО еврото. Справувањето со должничката криза изгледа дека само станува се потешко и потешко. (Економист – Лондон) Мигрантите - поголеми бизнисмени од Германците ТУРСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ПРЕД ОСТАНАТИТЕ

*Луѓето со странско потекло кои живеат во Германија многу почесто с т а н у в а а т самостојни претприемачи, отколку што тоа го прават самите Ге р м а н ц и . Најголемиот дел од претприемачите со години го сочинуваат Турците Во изминатите три и пол години околу 7 проценти од вкупно 15 милиони луѓе со странско потекло основале сопствена фирма. Ова го покажа студија на Институтот за истражување на пазарот на труд и различните професии, накратко ИАБ. Само за споредба: кај Германците без странско потекло оваа бројка изнесува помалку од пет проценти. Странските претприемачи особено се раширени во услужната дејност, вели професорката Елизабет Милер од Високото училиште за финасии и менаџмент од Франкфурт. Таа е главниот научник во најновата студија што беше објавена неодамна, а се правеше по налог на Центарот за европско истражување на стопанството (ЗЕВ): „Факт е дека мигрантите се осамостојуваат пред се’ во гастрономијата и трговијата. Таков е случајот на пример со италијанскиот ресторан од соседството или пак сендвичарите за донер и малата продавничка за прехранбени производи зад аголот”, објаснува Милер. Една од причините поради што мигрантите се осамостојуваат е невработеноста Стапката на невработени кај мигрантите е многу поголема, отколку кај германските државјани. „Генерално невработеноста кај мигрантите е повисока и затоа поголемиот број од сопствениците на фирмите се невработени лица. Но, притоа мора да се каже дека фирмите од невработените не се толку успешни, како оние на лица што веќе работат”. Наталиа Шварц е Шпанка и никогаш не била невработена. Таа пред 20 години дошла во Германија и отворила своја кројачница. Како домаќинка и мајка сакала повторно да работи. Со оглед на тоа што била кројачка по професија се одлучила да го направи големиот чекор со сопствен бизнис. На почетокот соседите и пријателите ја советувале да се откаже, бидејќи ризикот со сопствен дуќан е многу голем. Меѓутоа, кројачките во тоа време биле барани. И до ден денес тоа не се сменило и покрај тоа

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

што луѓето многу повеќе внимаваат на тоа за што ги даваат парите, вели Наталиа. Имено, шиењето и кроењето се работат рачно. А, тоа, пак, има своја цена: “Пред 5,6,7 години работата во дуќанот одеше добро, потоа почна се’ повеќе да се намалува. Работам сама, понекогаш ми помагаат и децата. Ова е семеен бизнис. Јас сакам многу да шијам, затоа и работам.” Германските граѓани, што се однесува до сопствен бизнис, се песимисти Германците не сакаат да влегуваат во ризици за разлика од граѓаните од другите земји. Мигрантите многу често имаат пријатели кои веќе се самостојни претприемачи или како во случајот со Наталиа им помага семејството во бизнисот. Само мал број мигранти во Германија работат професии каде се бара поинтензиво знаење. Како на пример, во информатичката бранша, правото и медиумите, вели професорката Елизабет Милер: „Ова е така, бидејќи успехот на мигрантите од завршеното училиште или студиите е многу полош. Тоа значи, дека квотата на мигранти со академска квалификација е речиси двојно помал од онаа кај Германците”. Заболекарот Мехди Тагдиши студирал во Германија. Веќе осум години тој има своја стоматолошка ординација. Секој почеток, вели Мехди, инаку Ирачанец по потекло, е тежок, но за странците е особено тежок. Тие не само што треба да ги надминат јазичните бариери, туку и менталитетот игра важна улога во оваа професија. Понекогаш има и предрасуди, вели Тагдиши: „Кога ја презедов ординацијата околу една четвртина или една третина од пациентите си заминаа уште пред да се уверат во моите способности. Но, со текот на времето истите пациенти се вратија. Тие слушнале од родинините или соседите дека и јас можам добро да работам, како и германскиот колега и решија да се вратат”. Голем број мигранти со само мал почетен капитал одлучуваат да се осамостојат Но, како што покажуваат некои истражувања, банките се малку скептични доколку се работи за финасирање на некоја донер-сендвичара или некаков друг мал бизнис. За отворање на стоматолошка ординација работата е поинаква, потврдува доктор Тагдиши: „Во Германија се’ е регулирано така, банките да учествуваат во се’, затоа што знаат дека мојата професија е сигурна и ризикот е мал”. Во Германија по турската, најголема мигрантска заедница се италијанската и полската. Според податоци на турско-германската стопанска комора во Келн, има околу 70.000 претприемачи со турско потекло во Германија, кои според проценките отвориле 260.000 нови работни места.


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

Еврото жртвувано поради банките „ЧАДОРОТ ЗЕМЕН КОГА ВРНЕ“!

Американскиот поет Роберт Фрост пред речиси сто години заклучи дека „банките се место каде ти изнајмуваат чадор кога времето е сончево, а ќе ти го земат кога ќе почне да врне“. На тие негови познати поговорки можат да се потсетат многу граѓани на Европската унија, ако се реализираат лошите прогнози за пропаст на еврото, т.е. за распад на монетарната унија која би била извесна последица од падот на заедничката европска валута. Се проценува дека распадот на еврозоната, само во првата година државитечленки ќе ги чини 25-50 отсто од нивниот БДП, а тој трошок низ нивните даноци идните години ќе ги сносат граѓаните, компаниите и самите државни влади – всушност сите освен тие кои најмногу придонесоа за таа криза. Секако, се работи за големите деловни банки кои со години игнорирајќи ги ризиците и предупредувањата, позајмуваа стотици милијарди евра на презадолжените европски држави како Грција. Кога должниците, под притисок на глобалната рецесија, не можеа да ги отплатат тие долгови, како и секогаш помош пружи политиката. Европските политички лидери во последните две години потрошија повеќе од 1.000 милијарди евра од даночните обврзници со образложение дека ќе го спречат банкротот на Грција, Португалија и Ирска, а така и пропаста на заедничката европска валута. Што добија за возврат даночните обврзници се гледа од минатонеделните информации за тоа како германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле подготвува сценарио за контролиран банкрот на Грција. Многу е нејасно како се мисли тоа да се изведе, но ако Грција наскоро објави дека не е способна да ги отплатува достигнатите долгови, тешко може да се верува дека некој ќе биде заинтересиран за купување на обврзници, на пример, на Португалија, Ирска, па дури и Шпанија, кои се во иста тешка финансиска состојба. Таквата верижна реакција – токму таа што европските политичари на чело со Ангела Меркел, барем декларативно сакаа да ја спречат – може да има само еден исход – распад на монетарната унија. Потрошените милијарди не ја спасија монетарната Унија, како што се тврдеше, но затоа во добра мера го подобрија билансот на деловните банки, т.е. на тие со чии пари тие банки оперираа. Најголемите странски кредитори на Грција беа токму германските банки. Кон крајот на 2010 година тие поседуваа грчки државни обврзници вредни над 22,7 милијарди евра. Ако на тоа се додадат и пласманите на германските банки во Португалија, Ирска и Италија, збирот надминува 100 милијарди евра. Поради тоа разбирливо беше инсистирањето на Германија на тоа Грција да не смее да банкротира, бидејќи тоа би донело големи

БИЗНИС ИНФО загуби на нејзините банки. Сепак, што се промени од тогаш, што сега таквото сценарио за Германија е прифатливо, барем колку што може да се заклучи врз основ на изјавите на Ангела Меркел и нејзините соработници? Дел од одговорот секако е во промената на политичката состојба. Финансиската помош за Грција во значителна мера ја намали популарноста на владата на Ангела Меркел. Бидејќи на 17 септември беа локални избори во Берлин, а идната година и парламентарни избори, германската канцеларка очигледно процени дека е време да заземе поцврст став кон Грција и така да се обиде да го поправи својот изборен рејтинг. Од друга страна, сметајќи дека поради неодамнешната одлука на германскиот уставен суд, секоја идна одлука за пакети помош на паднатите европски држави ќе мора да биде потврдена во парламентот, а либералите, клучни коалициски партнери на демохристијаните на Ангела Меркел, се противат на идна помош, очигледно е дека германската канцеларка сака да ги избегне судирите околу тие прашања.

Сепак, клучни причини за наглата промена на германската политика кон Грција, се од економска природа. Така „Фајнаншел Тајмс“ пред еден месец објави дека Дојче банка, најголема германска деловна банка, во првата половина од оваа година ја намали изложеноста кон Грција, Португалија, Италија, Ирска и Шпанија за 70 отсто. Само во Италија има 8 милијарди евра побарувања од крајот на 2010 година, а до 1 јуни ги намали на 997 милиони. Поедноставно кажано, додека германските политичари од своите, но и од граѓаните на другите држави на еврозоната побараа да потрошат свои пари за купување на еврообврзници и спас за Грција, Португалија и Ирска, „Дојче банк“ и други германски банки масовно ги продаваа тие исти обврзници. Тоа откритие предизвика многу критики од некои европски економски аналитичари кои тврдеа дека Германија, користејќи ја својата политичка моќ, загубите на своите банки сака да ги подели со останатите држави, кои немаат такви проблеми. Токму поради тоа, повеќе пати се бараше и самите банки да учествуваат во помош на Грција и Португалија, т.е. да отпишат дел од своите побарувања, но водечките европски политичари тие предлози ги одбиваа. Се тврдеше дека така би била уништена довербата кај инвеститорите дека никој во иднина не би бил заинтересиран за купување на обврзници поради ризик дека дел од своите инвестиции во иднина ќе

29

СТРАНСКИ ПЕЧАТ мора да ги отпишат. Сепак, кога притисокот од јавноста стана премногу силен, последниот пакет помош на Грција, вреден 108 милијарди евра, беше донесен во договор со инвеститорите, главно банките и инвестициските фондови, износот на долгот за враќање да се намали за 21 отсто. Тој договор, кој го предводеа Ангела Меркел и претседателот на Франција Никола Саркози, во јавноста беше претставен како голем успех, но се повеќе економски експерти се сомневаат во тоа. Како што неодамна забележа швајцарскиот економист Харалд Хау, во состојба кога обврзниците на Грција и Португалија се продаваат со попуст од 50 отсто на оригиналната вредност, тој договор не значи дека банките изгубиле 21 отсто од своите побарувања, туку добиле 29 отсто повеќе отколку што би добиле на пазарот. Тие 29 отсто ќе ги платат европските даночни обврзници. Бидејќи најголемиот дел од тој долг ќе падне на грбот на самите Германци, на некого ќе му се причини логична таа трансакција во која тие ги санираат загубите на своите банки, т.е. спречуваат загуба на своите заштеди. Сепак, состојбата е нешто поинаква. Како што покажа истражувањето на американскиот економист Едуард Волф, еден отсто најбогати во САД поседуваат вкупно 60 отсто од сите банкарски депозити и инвестиции на населението. Ако се претпостави дека дистрибуцијата на богатството во Европа е дури пет пати порамномерна од таа во САД, реален е заклучокот дека најголемиот дел од ризичните пласмани на западноевропските банки во паднатите европски држави би бил во сопственост на тесен дел на популацијата, не поголем од 10 отсто. Во случај на банкрот на тие држави, тие се тие што ќе претрпат најголема загуба, но тоа сценарио е спречено со финансиската помош од државните буџети. Поедноставено, загубата на неколкумина распоредена е на сите – со парите на сите граѓани санирани се загубите на банките кои се во сопственост на тесен круг на најбогатите. На такво сценарио уште во мај минатата година предупреди поранешниот гувернер на германската централна банка Карл Ото Пол. Во интервју за „Шпигел“, прашан да ја коментира изјавата на Ангела Меркел дека помошта на Грција била потребна за спречување на ширење на кризата на други држави, Похл изјави: „Не верувам во тоа. Целта беше да се заштитат германски и француски банки од отпис на долговите. На денот кога беше договорен пакетот за помош, цената на акциите на француските банки порасна за 24 отсто. Кога ќе го видите тој податок, ќе ви стане јасно која беше смислата на сето тоа – конкретно спасување на банките и на богатите Грци“. Пол и многу други економисти се залагаа за целосно поинаков пристап во решавањето на кризата. Тие тврдеа дека, наместо давање на финансиска помош на паднатите држави, секоја држава требаше да ги санира загубите на своите банки, кои настанаа поради тие проблеми.


30

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Банките ќе го зајакнеа својот биланс со продажба на нестратешки имот и државна докапитализација, а државите за возврат би го презеле уделот во сопственост. Сепак, таквите предлози никогаш не се разгледуваа. Се пристапи на санација со буџетски пари или преку ЕЦБ која почна да купува големи количини на обврзници на паднатите држави. Ако тие обврзници во иднина се покажат ненаплатливи, банката секогаш има можност да ги подмири со печатење на пари, но конечната сметка на крај, низ зголемена инфлација, повторно ќе ја платат граѓаните на државите членки на еврозоната. Во таква состојба наглата германска промена на политиката сигурно ќе предизвика многу негативни реакции, посебно меѓу паднататите држави. Посебна причина за гнев ќе имаат Ирците, кои западнаа во проблеми бидејќи државата издаде гаранција за сите банкарски депозити во тамошните многу развиени банки, сакајќи да го стабилизираат пазарот и да спречат ескалација на банкарска криза на ниво на цела Европа. Кога тие гаранции се претворија во огромни долгови, ирската влада се соочи со остри барања од Германија, во замена за финансиска помош да покрене големи резови на јавната потрошувачка. Таквата политика тамошната економија буквално ја доведе во депресија од која нема да излезе со години. Сличен е проблемот во Грција, која на инсистирање на Германија се обврза да ја намали јавната потрошувачка за 16 отсто од БДП во следните три години. Тоа е најстрога програма за намалување на потрошувачката во модерната економска историја, а поради неа грчката економија падна во криза, поради која уште барем неколку години нема да може да оствари стопански раст, дури и повторно ако ја воведат националната валута со низок курс. Сите тие држави се согласија на германските барања, пред се бидејќи сметаа дека на тој начин ќе обезбедат долготрајна поддршка и помош од Германија. Ако се покаже дека таа помош траела само толку колку што им требаше на германските банки да се решат од повеќето ризични побарувања во тие држави, иднината на еврозоната сериозно ќе биде загрозена, без оглед на судбината на еврото. (Национал – Загреб) Хрватска и Црна Гора најзависни од увоз на енергија МАКЕДОНИЈА СО НАЈНИСКА ЦЕНА ВО РЕГИОНОТ

Во земјите на југоисточна Европа за да се произведе единица БДП, треба да се вложат дури 1,7 до 3,9 пати повеќе енергија во однос на просекот на ЕУ – заклучок е на регионалната студија која со ангажман на независни енергетски експерти, го подготвија здруженија на граѓанско општество од Албанија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово.

БИЗНИС ИНФО Студијата под името „Поправедно, почисто, побезбедно“, дава преглед на состојбата во енергетскиот сектор во југоисточна Европа, како и препораки за во иднина, а меѓу другото покажува дека регионот има значајни потенцијали за користење на обновливи извори на енергија и високо ниво на јавна поддршка, но во пракса обновливите извори не се користат. Според законската и друга регулатива, се заклучува во студијата, Хрватска е во најдобра позиција од останатите земји – имаме разработена енергетска политика и законодавни рамки, поставени национални цели за обновливи извори (20 отсто од вкупната потрошувачка до 2020 година мора да дојдат од обновливи извори, а општата потрошувачка на енергија до тогаш мора да се намали за 10 отсто). Меѓутоа, се наведува дека енергетската регулаторна агенција „не ни е на место“, а наспроти тоа што на хартија имаме целосно либерализиран енергетски пазар, со него сеуште „жарат и палат“ монополисти. Развојот на производната енергија од обновливи извори го кочи преголемата бирократија, на пазарот нема доволен поттик, но и премала контрола. Хрватска со најмали загуби Кога се во прашање загубите во електромрежите, Хрватска стои многу добро, ако се земе предвид тоа дека ХЕП загубите ги сведе на „подносливи“ 2,5 отсто, за разлика од загубите на пример во албанската национална мрежа, кои изнесуваат неверојатни 35 отсто, или уште полошо 39 отсто на Косово, при што 20 отсто се однесуваат всушност на неовластена потрошувачка, т.е. на крадење на струја и неплаќачи, се вели во студијата. Податоците за 2008 година велат дека во целиот регион се произведени вкупно 23 Мтое (еквиваленти нафта во милиони тони) примарна енергија, во што јагленот учествувал со 63 отсто, обновливите извори благодарение на големите хидроелектрани со 18 отсто, гасот со околу 10 отсто, а нафтата со 9 отсто. Зависноста од увоз на енергија изнесува дури 43 отсто, при што најмалку увезува БиХ, во која една четвртина од бруто потрошената енергија доаѓа од увоз, додека Хрватска и Црна Гора за увозот се најзависни држави во регионот од увоз на енергија (60 отсто увоз за Хрватска, 50 отсто увоз за Црна Гора). Србија е прва според сопственото производство, таа произведува 9,4 Мтое примарна енергија, а најмалку Црна Гора со само 0,6 Мтое. Во споредба со 27 земји на ЕУ, потрошувачката на јаглен во југоисточна Европа е дупло поголема од потрошувачката во ЕУ (18 отсто), додека гасот во вкупната потрошувачка во регионот учествува со 13 отсто, наспроти 24 отсто во ЕУ. Од друга страна, земјите на југоисточна Европа трошат многу помалку енергија по глава на жител, во споредба со државите на ЕУ. Албанија троши 1.372 кwh годишно по жител, БиХ 2.385, Хрватска 3.497,

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

а Србија 3.751. Просекот на југоисточна Европа изнесува 2.917, а на ЕУ-27 5.731 кwh електрична енергија. Цените на енергијата во регионот се и до 234 отсто пониски во однос на просекот на ЕУ. Македонците плаќаат најмалку – 5 евра за 100 кwh часови струја, за разлика од 16,7 евра, колку што кwh (просек) чини во 27 земји на ЕУ. Во Албанија истата количина е 6,8 евра, во БиХ 7,4, во Србија на пример 6,6 евра, а во Хрватска 12 евра за 100 кwh. (Глас Славонијe – Осијек) Србија по „Јат“ ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ ГЛАСОВИ, ГРАЃАНИТЕ ПАРИ На „Јат“ му остана само времето. За жал, време до стечај. Никој не гледа друг излез за таа компанија, освен Владата која на уште еден тендер се надева на чудо. Сто отсто се во право тие кои тврдат дека некој нов сопственик нема што да добие со „Јат“ освен проблеми. Затоа нудењето на стара девојка на секој кој ќе помине низ Белград, делува тажно, а уште потажно е кога тоа ни го претставуваат како голема заинтересираност за купување. ОК, тоа е политика. Но, зошто се чекаше десет години? За цела деценија прашањето за реформите е само спомнато со неколку социјални програми. На секој од шесте диктатори им беше препуштено да водат своја политика, да поставуваат свои „стручни“ тимови, да прават некои свои пресврти. Без конструктивна политика се се сведе на тоа дека ниту еден од тие волшебни планови не донесе некој посебен напредок. Теориите можат да одат до тоа дека „Јат“ никогаш не дошол на ред, некој од врвот на власта сериозно да се позанимава со таа компанија, па се до тоа, дека свесно е оставена да изумре поради нечии интереси. Теоретски, „Јат“ може да се спаси. Државата може да остане без некој мост или пат и парите да ги пренасочи во набавка на авиони, да го намали бројот на работниците и да донесе професионален менаџмент. Тоа ќе биде скапо, поскапо од тоа да се мислеше порано за компанијата, но тоа за Србија и не е некоја новост. Новост би била некој да одговара што не презел ништо. Во случај на пропаст на тендерот сосема е извесно дека ќе се покрене таа поскапа варијанта, бидејќи исчезнувањето на „Јат“ е политички скапо. На многумина во оваа земја сеуште им затреперува срцето на помислата дека постои некоја национална гордост. Каква е таа земја без национална авионска компанија, објаснуваа некои политичари. Пропаста на „Јат“ партиите на власт ќе ги чини гласови, а граѓаните може да ги чини пари. Ако државата дозволи гасење на „Јат“, на некои линии ќе настанат монополи. Во Европа ќе можеме да патуваме само по една цена – секако повисока. (Блиц – Белград)


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

31

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Црна Гора - Подгорица: Физибилити студија

Референца

EIBZ69346

Финансиска референца.

2011/S 180-293494

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

ЕИБ

Земја

Црна Гора

Објавено на

20.9.2011 година

Краен рок за апликација

28.10. 2011 година

Сектори

Животна средина Управување со програми Транспорт

Опис на Проектот

Барање за изразување на интерес за подготовка на SEETO план за инвестирање во патиштата на Црна Гора

Контакти Влада на Црна Гора, Министерство за транспорт и поморство За Ангелина Живковиќ, Римски Трг. 46, “Вектра”зграда Подгорица, Tel +382 20482189 +382 20482189 , Fax. No. 20234062 / 20234331, E-mail:angelina.zivkovic@msp.gov.me. Назив на Проектот

Република Хрватска - Загреб: Изградба и реконструкција на патишта

Контакт Hrvatske ceste d.o.o., Procurement Department. Address: Voncinina 3, 10000, Zagreb, Croa�a. Tel.: +0+385-1-4722-510; Fax: ++385-1-4722-511.

Контакт Билјана Здравева, раководител на железнички транспорт Министерство за транспорт и врски 1000 Скопје Република Македонија

Назив на Проектот

Назив на Проектот

Брисел: DCI — ETS Летен универзитет Дополнување

Референца

EuropeAid/131933/ C/SER/ZW

Референца

Приштина: Рамковен договор за испорака на високо видливи производи No 3 Дополнување EuropeAid/131737/ D/SUP/XK

Финансиска референца Вид на набавка

Испорака

Финансиер

Европска комисија

Земја

Косово

Објавено на

20.9.2011 година

Краен рок за апликација

22.11. 2011 година

Сектори

Општествени услуги

Опис на Проектот

LOT 1. PPIO високо видливи производи. LOT 2. беретки LOT 3. гривни LOT 4. знамиња LOT 5. пендреци

Контакт EULEX, Procurement Sec�on, Main Warehouse Compound, Zona Industriale Veternik (opposite Gorenje Hotel, next to fuel sta�on), 10000 Pris�na, KOSOVO

Финансиска референца. Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја Algeria, An�gua and Barbuda, Argen�na, Bahamas, Bahrain, Barbados, Belize, Bolivia, Brazil, Brunei Darussalam, Burundi, Cambodia, Cameroon, Chad, Chile, Colombia, Comoros, Congo, Democra�c Republic of the, Costa Rica, Croa�a, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Ethiopia, Gabon, Grenada, Guatemala, Guyana, Hai�, Honduras, Iceland, Indonesia, Israel, Jamaica, Jordan, Kenya, Kuwait, Laos, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Mauri�us, Mexico, Montenegro, Morocco, Mozambique, Myanmar, Nicaragua, Oman, Panama, Paraguay, Peru, Philippines, Qatar, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Saudi Arabia, Seychelles, Singapore, Somalia, Suriname, Tanzania, Thailand, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Uganda, United Arab Emirates, Uruguay, Venezuela, Vietnam, Zambia, Zimbabwe Објавено на

20.9.2011 година

Назив на Проектот

Коридор 8 железнички проект

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори

Информатичка технологија Образование Животна средина

Опис на Проектот

Се менува местото на одржување во Брисел

Референца

EIBZ69347

Финансиска референца

2011/S 180-293493

Референца

EBRDZ69328

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиска референца

6494-GPN-42921

Финансиер

ЕИБ

Вид на набавка

Земја

Хрватска

Услуги, испорака, изведбени работи

Објавено на

20.9.2011 година

Финансиер

ЕБРД

Краен рок за апликација

8.11. 2011 година

Земја

Македонија

Контакт

Објавено на

20.9.2011 година

Сектори

Градежништво - инженеринг Транспорт

Краен рок за апликација

18.9. 2012 година

European Union, represented by the European Commission, Brussels, BELGIUM.

Опис на Проектот

Работите ќе се изведуваат на државниот пат D43, Секција 18: Иванич Град во должина од 7,44 km

Сектори

Градежништво - инженеринг Транспорт

Опис на Проектот

Обнова на пруга во должина од 30,8 km на секцијата КумановоБељаковце во вредност од 54,3 милиони евра

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 29 септември 2011 година семинар во Стопанската комора на Македонија “СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ И БЕНЕФИТИТЕ ОД ИСТИТЕ” BSI (Bri�sh Strandards Ins�tu�on) -Системи за управување со квалитет и бенефити, заедно со Стопанската комора на Македонија како долгогодишни партнери на полето на имплементација и сертификација на стандардите во Република Македонија и на Балканот, ве покануваат да присуствувате на конференцијата - семинар што ќе се одржи на 29 септември 2011 година (четврток), во Стопанската комора на Македонија.

Настанот ќе биде од два дела и ќе се одржува од 9:30 до 18:00 часот. На првиот дел кој е наменет за осигурителната и ИТ- индустрија (со учество на осигурителни компании, осигурително-брокерски друштва и ИТ-компании) претставници на BSI ќе имаат презентација за стандардите кои ги покриваат горенаведените области, претставниците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе ја претстават легислативата во осигурителната индустрија во РМ, додека претседателот на Здружението на осигурувањето ќе се задржи на придобивките и бенефитите од стандардите, а ќе има презентација на успешен пример во ИТ-индустријата. Во вториот дел кој е наменет за електро и металната индустрија ќе има презентација од претставници од BSI за стандардите, од Министерството за економија на РМ за регулативата во енергетскиот сектор, презентација од Здружението за заштита при работа. На конференцијата ќе има претставување на законодавствата на секторите кои се тема на истата, потоа од BSI ќе има кратка презентација за бенефитите од имплементацијата на стандардите и на крајот ќе има презентација на компанија која има имплементирано стандарди со цел размена на најдобро искуство со останатите учесници. Контакт: М-р Јелисавета Георгиева Тел: (02) 3244030 Факс:(02) 3244088 Jelisaveta@mchamber.mk Call Центар : (02) 15015

Од 4 до 9 oктомври 2011 година, во Зеница, Босна и Херцеговина МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА МЕТАЛИ „ZEPS INTERMETAL“

На саемската манифестација ќе учествуваат производители на руда и суровини за производство на метали, опрема за рударство, металуршки машини и опрема, полупроизводи од метали, машини, опрема и алати за обработка на метали, опрема за контрола на квалитетот на материјали, заштита на животната средина и др. Во рамките на Меѓународниот саем ќе се одржат традиционалниот Форум на металците на БиХ на тема: „Актуелната проблематика во работењето, со порака за подобрување на амбиентот во работењето“. Подетални информации за профилот на излагачите и за условите за учество на оваа саемска манифестација можат да се добијат кај организаторот: DD POSLOVNI SISTEM RMK, тел. +38732247774; Факс +38732247773; е-адреса: intermetal@zeps.com; project@zeps.com . Контакт: Војкан Николовски Тел: 3244068; Факс: 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk

Од 6 до 9.10.2011 година бизнис-средби на компании од информатичко-комуникациските технологии во Република Турција “CeBIT BILISIM EUROASIA” ВО ИСТАНБУЛ Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија организира учество на софистицирани средби за време на „CeBIT Bilisim Euroasia”, во Истанбул портата на евроазискиот ИКТ-свет. „CeBIT Bilisim Euroasia” претставува најважниот саем на ИКТ-секторот во цела Евроазија и меѓународен центар за поголем број ИКТ-пазари на Турција, Југоисточна Европа, Средниот Исток и регионот на Црно Море. Минатата година на „CeBIT Bilisim Euroasia” изложуваа 1066

компании, а настанот го посетија над 130.000 посетители од целиот свет. Вкупно 10 изложбени сали со вкупна површина од 26.000 метри квадратни на саемот Tüyap веќе се распродадени, со што е создаден најголем пазар на тесно поврзаните сектори ИКТ, радиодифузија и сателитска комуникација. На „CeBIT Bilisim Euroasia” учествуваат излагачи и посетители, кои се активни во следниве области: - телекомуникаци, комуникациски и интернет-услуги, автоматизација на канцеларија, картичка технологија, системски софтвер услуги; потрошувачка електроника (комуникациска технологија, РФИДтехнологија, мобилни картички системи, GPS и навигација, управување со сообраќајоот); - Webcity / Е-здравје; дигитален живот (мобилни комуникациски и HDсветот); телевизија, радиодифузија и сателитски комуникациски услуги и опрема (видео, аудио и осветлување, кабли, радиокомуникациски системи, комуникациски услуги).

Бизнис-средбите се бесплатни. Регистрација и профили за соработка: h�p://www.een-b2b.org/ cebit2011 Подетални информации за саемот можат да се најдат на: h�p:// www.cebitbilisim.com/index.html Настанот е наменет за компании од областа на: информатичка технологија, електроника, микроелектроника, обработка на информации, информациони системи, телекомуникации. Контакт: Здружение на информатичкокомуникациски технологии Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 6 до 8.10.2011 годна, во Букурешт РОМАНСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИСФОРУМ Официјална посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, со бизнис-делегација Од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информирани сме дека во рамките на претстојната официјална посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Романија, планирано е истата да биде реализирана со придружба на стопанска делегација.

Во рамките на посетата планирано е одржување на Романскомакедонски бизнис-форум во Букурешт. Во зависност од интересот на македонските фирми за соработка со Романија, соодветно би се организирале билатерални средби во рамки на бизнис-форум, што ќе се одржи на 6 октомври 2011 година. Целокупната логистика ќе биде дополнително дефинирана, во зависност од интересот на македонските компании. Ве молиме, за Вашиот интерес за учество на најавениот бизнисфорум, да не` известите најдоцна до 1.10.2011 година, преку пополнување на анкетниот лист даден во прилог, со цел навремено да го информираме организаторот на оваа средба. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Од 15 до 19.10.2011 година, саем во Република Турција „WOOD PROCESSING MACHINERY 2011“ И „INTERMOB 2011“ *Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување! Во периодот од 15 до 19 октомври 2011 година, во Истанбул , Република Турција, ќе се одржи 24. Меѓународен саем за преработка на дрво, алати за сечење и рачни алати „WOOD PROCESSING MACHINERY 2011“ и 14. Меѓународен саем за мебел, шумарство и технологија за дрво „INTERMOB 2011“. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат: -машини и техничка опрема во шумарството; -машини и техничка опрема за полуготови производи; -машини и техничка опрема за пакување; -машини и постројки за посебни процеси; -преносливи машини за обработка на дрво и пластика, производство за опрема на машини, употреба на остатокот дрво (прашина, огревно дрво, кора од дрво) за производство на енергија и греење и др.

На саемот ќе учествуваат ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, каде што ќе се претстават со своите најдобри производи. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-19 октомври 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се бесплатно

сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30.9.2011 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Од 19 до 23.10.2011 година Меѓународен саем за мебел и внатрешно уредување во Република Хрватска „АМБИЕНТА 2011“ ВО ЗАГРЕБ *Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот Во периодот од 19 до 23 октомври 2011 година, во Загреб, Република Хрватска, ќе се одржи 38. Меѓународен саем за мебел и внатрешно уредување „Амбиента 2011“, на којшто минатата година учествуваа над 700 реномирани излагачи од преку 30 земји од Европа. „AMБИЕНТА“ е атрактивна и водечка меѓународна саемска манифестација за мебел во овој дел на Европа. „АМБИЕНТА“ е важно место за средба на производителите и трговците на мебел, деловните луѓе, професионалците и медиумите - место за целосна понуда и побарувачка, со силно промотивно влијание. Долго години, освен за хрватскиот, ова е важен настан и за пазарите на Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, како и за италијанскиот, полскиот, унгарскиот, австрискиот и германскиот пазар. Стопанската комора на Македонија, преку Партнерскиот


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ проект ЦЕФТА - ДИХК ќе земе учество на Саемот на заеднички ЦЕФТА-штанд со коморите од регионот. На овој штанд македонските компании можат да се претстават преку промотивни материјали, брошури и каталози.

Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот во Загреб за македонските компании во периодот од 18 до 21 октомври 2011 година (3 ноќевања). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација или да достават промотивни материјали за изложување на штандот најдоцна до 5 октомври 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk Контакт: Ванчо Спасески Тел: (02) 3244095 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vanco@mchamber.mk Од 26 до 29 октомври 2011 година во Приштина, Косово САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „АГРОКОС 2011“ Учествувајте на најзначајниот настан од областа на агробизнисот во Република Косово! Од 26 до 29 октомври 2011 година, во Младинскиот центар во

Приштина ќе се одржи најголемиот Саем за земјоделие, храна и пијалаци „АГРОКОС“. Тоа е едно од најважните економски случувања од областа на агробизнисот во регионот. На површина од 20.000 метри квадратни, ќе учествуваат компании од преку 20 земји, кои ќе се претстават со светски најпознати компании од областа на агробизнисот. „АГРОКОС“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на свежо овошје и зеленчук, месо и сувомесни производи, зачини, морски производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе и чај, апарати за производство на пијалаци и амбалажа. Воедно, во рамките на Саемот, ќе се одржи и фестивал на пивото. За времетраењето на Саемот ќе се организираат бизниссредби, агробизнис инвестициона конференција, тркалезни маси, интерактивни панел-дебати кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересирани за учество како излагачи. Комората обезбедува 15% попуст на саемскиот аранжман и бесплатен каталог, како и бесплатни влезници. Компаниите својот интерес за посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 30.9.2011 година. Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Од 26 – 30 октомври 2011 година, во Загреб, Република Хрватска МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА РУРАЛНИ ПОДРАЧЈА „ЕКО ЕТНО ХРВАТСКА“ Стопанската комора на Македонија во соработка со Хрватски „Фармер“ од Загреб за македонските компании, кои сакаат да земат учество на Меѓународниот саем за производи

и услуги на руралните подрачја „ЕКО ЕТНО ХРВАТСКА“ обезбеди 100 метри квадратни заеднички штанд, со 50% попуст за квадратен метар. Меѓународниот саем „Еко Етно Хрватска“ (www.ekoetnosajam.com) ќе се одржи од 26 до 30 октомври 2011 година во Загреб, на атрактивниот простор во новиот деловно-трговски центар „ГРЕЕН ГОЛД“. Во центарот на сите деловни случувања, Меѓународниот саем „ЕКО ЕТНО“ настојува да се прилагоди на модерните струења и трендови на урбаниот живот и претставува значаен мултимедиски проект, како значајна врска меѓу урбаното и руралното.

Саемот се состои од три саемски проекти: - 9. Саем за производи и услуги на руралните подрачја во Хрватска „Еко Етно Хрватска“; - 3. Саем на производи и услуги на руралните подрачја и традиции на европските држави „Еко Етно Европа“ и - 3. Саем на руралниот туризам и традиции „Еко Етно Туризам“. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании, да го пријават своето учество на Саемот, најдоцна до 5.10.2011 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 27 - 30.10.2011 година, саем во Истанбул, Република Турција „PLAST EURASIA ISTANBUL 2011“ И „CHEMISTRY EURASIA 2011“ Во периодот од 27-30.10.2011 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Саем за пластика и хемикалии. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. На овој саем посетителите ќе имаат можност да видат: машини за производство на пластична фолија, пластични цевки, пластична амбалажа, флексо-машини за печатење, миксирмашини, машини за вајарство на пластика и друго во делот на пластиката. Од областа на хемикалиите може да се видат: инженеринг, пластика, ПВЦ-додатоци, гумени хемикалии, ПВЦ-соединенија, термопластични еластомери, масла, мастила за печатење, полиетилен, пигменти и др. На Саемот можат да се видат и помошни машини за индустријата и тоа: четка машини, разладни кули, хопер фенови, цевки за климатизери, сензори, индикатори, полимер-пластично мерна опрема, прецизна вага, статична опрема, резистори, хидраулични системи, компресори за воздух, силос системи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 27-30 октомври 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари

за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува заинтересираните компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30.9.2011 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

пластика); конзервирана храна; природна минерална и изворска вода; безалкохолни и енергетски пијалаци; сокови, сирупи и екстрати; пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; вина од сите винарски земји и региони; вински и овошни ликери, овошни и други ракии; јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; опрема и машини за винарство.

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН Од 4-13 ноември 2011 година во Пајерн - Швајцарија, се одржува 6та традиционална регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 6-та традиционална регионална саемска манифестација за храна и пијалаци во Пајерн - Швајцарија, на која нашата земја учествува како земја-партнер. Просторот за излагачите од Македонија ќе биде бесплатен, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите (80-100 метри квадрати, стандарден штанд, струја, интернет и паркинг). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: месо и месни производи, опрема за месна индустрија и месарници; млеко и млечни производи; риба; какао, бонбони, чоколади, сладолед; брашно и производи од брашно; диетална, макробиотичка храна; производители на здрава, био и органска храна; пакување (хартија, фолија,

Програмата на „ COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци , нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и можност за наоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехраната. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 5.10.2011 година. Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 Venera@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 29 септември 2011, Бр. 67

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Германска компанија бара дистрибутерво Република Македонија за пласман на современи аудио-апарати и опрема. Валидност до: 20.01.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни видови скалила и безбедносни системи за скалила. Валидност до: 25.11.2011 година

Компанија од Германија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на компјутеризирани машини за шиење и везење. Валидност до: 20.12.2011 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за соработка со македонски компании кои прозведуваат фил за полнење од чоколадо, вишни, праски и сливи, наменет за пекарската индустрија, Валидност до: 25.11.2011 година

Германска компанија бара соработка со производители на обувки во Република Македонија за пласман на разни видови конци со различна јачина, боја и дизајн. Валидност до: 20.4.2012 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за автоматско етикетирање и машински линии за полнење на кечап. Валидност до: 21.12.2011 година Хрватска туристичка агенција заинтересирана е за воспоставување контакти со македонски агенции за соработка и размена на туристички понуди. Валидност до: 21.12.2011 година Романска компанија бара дистрибутер во Република Mакедонија за женска, машка и детска облека и работна облека наменета за авијација, воена и преработувачка индустрија. Валидност до: 21.12.2011 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чевли, кожни додатоци, чанти, паричници, ремени и др. Валидност до: 21.12.2011 година Во врска со претстојното 37-мо издание на Меѓународниот специјализиран саем ТЕХНОМА, бугарската компанија EnviroChemie, подружница на германската компанија EnviroChemie GmbH, ги повикува македонските компании да го посетат нивниот штанд 204, хала 2, од 18 до 22 октомври 2011 година на Скопски саем, каде што ќе бидат во можност да ги претстават своите најнови технолошки решенија за третирање на водата и индустриската отпадна вода. Валидност до: 23.10.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски шпорети, вградени шпорети, шпорети на плин, аспиратори со италјански дизајн. Валидност до: 21.01.2012 година Романска компанија е заинтересирана за идна соработка со македонски компании кои работат на полето на електричната енергија (производство, транспорт, дистрибуција ) и др. Валидност до: 22.12.2011 година Компанија од Полска бара заедничка соработка со производители на енергетски пијалаци во Република Македонија или дистрибутери кои би ги пласирале нивните пијалаци. Валидност до: 23.12.2011 година Компанија од Турција бара партнер за соработка за пласман на ПВЦ-гранули во Република Македонија. Валидност до: 23.11.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пречистителни станици за домашен третман на отпадни води, системи за собирање дождовница, бетонски шахти, делови на шахти и специјални делови. Валидност до: 24.12.2011 година

Компанија од Германија бара соработка со фирми од Република Македонија во областа на третман на отпадни води и нуди пречистителни станици, септички јами наменети за домаќинства со 40-50 луѓе. Валидност до: 25.11.2011 година Koмпанија од Германија бара соработка во областа на обновлива енергија во Република Македонија и нуди системи за соларна енергија, соларни системи, електрични инсталации, кровни работи, одржување и сервис, како и монтажа на фотоволтаични системи. Валидност до: 15.11.2011 година Компанија од Германија заинтересирана е да пласира машини за ферментација на ѓубриво во Република Македонија. Валидност до: 26.12.2011 Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија кои се заинтересирани за разни решенија и услуги во следните области: рекламирање, организирање настани, организирање свечености, менаџирање со трговски центри, кино комплекс, организирање на големи настани (концерти, стадиони и сл.), маркетинг-услуги. Валидност до: 26.11.2011 година Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за наводнување и опрема за утилизација. Валидност до: 29.12.2011 година Компанија од Чешка бара застапник во Република Македонија за пласман на санитарна опрема. Валидност до: 29.12.2011 година Компанија од Германија бара соработка со фирми во областа на земјоделието во Република Македонија за пласман на машини за жетва и постројки за вештачки дожд. Валидност до: 1.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мембрански цевки за вентилација со оптимален дизајн за индустрики отпадни води. Валидност до: 1.12.2011 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на растеглива фолија. Валидност до: 1.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за мелење на дрво и печки за дрво. Валидност до: 1.12.2011 година Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични орманчиња за струја. Валидност до: 1.12.2011 година Компанија од Англија бара соработка со производители на бакарни цевки во Република Македонија. Валидност до: 2.12.2011 година

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Турција бара застапник во Република Македонија за пласман на декоративни платна. Валидност до: 2.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брановидни цевки. Валидност до: 5.12.2011 година Компанија од Република Македонија издава или продава кафетерија ЕГО во строгиот центар на град Скопје. Подетални информации можете да добиете на е-адреса: info@egobar.com.mk Валидност до: 5.12.2011 година Компанија од Црна Гора бара да откупува хидрирана вар од Република Македонија. Валидност до: 5.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни машини и опрема, посебно машини за мелење и дисперзија. Валидност до: 6.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на инструменти за анализа на квалитетот на воздухот, водата, како и издувните гасови. Валидност до: 6.12.2011 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални машини за изработка на контејнери и силоси од лим. Валидност до: 12.12.2011 година Компанија од Република Македонија ги нуди следните услуги: писмен и усмен (консекутивен и симултан) превод од англиски, германски, француски, албански, италијански, унгарски, грчки, словенечки, руски, српски и други светски јазици на македонски јазик и обратно, лектура и обработка на текстови на англиски и македонски јазик, заверка на документи со печат од овластен судски преведувач, курсеви за странски јазици (англиски, германски, француски, албански, италијански, унгарски и др.) и македонски јазик за странци. За членките на Стопанската комора на Македонија нуди плаќање во рок од 60 дена. Валидност до: 12.9.2012 година Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хируршки, забни и инструменти за ветеринарство. Валидност до: 12.12.2011 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на трајножаречки печки. Валидност до: 12.12.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk

Бизнис ИНФО број 67 од 29.09.2011 година  

Неделен бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you