БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
FS 549642
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 208
www.mchamber.mk
29.01.2015
Делегација на Нингбо во Стопанската комора на Македонија со повик до македонските компании да го посетат еден од најголемите кинески саеми
ШАНСА ЗА ДЕЛОВНИ КОНТАКТИ И ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ОКТА Е СТОЛБОТ НА ИНДУСТРИСКАТА И ЕКОНОМСКАТА СИЛА НА ЗЕМЈАТА! Ситуацијата во нафтената индустрија е драматично променета во последниве години и како што самите приметувате продолжува да се менува на најнепредвидливи начини. Сведоци сме на многу затворања на рафинерии во Европа и за очекување е дека тоа ќе продолжи. Сведоци сме на голема достапност на нафтени деривати во овој регион, за разлика од суровата нафта, што им донесе предност на трговците со нафтени деривати, а на сметка на рафинериите. Сведоци сме на замена на потрошувачката на мазут и бензин, со дизел и ТНГ, што пак ги доведе во неповолна ситуација рафинериите со стари технологии. Сите овие, како и многу други случувања нé доведоа до ситуацијата да го преиспитаме оперативниот модел на ОКТА, земајќи го предвид долгорочното постоење на компанијата како и потребата да се обезбеди континуирано снабдување на земјата со нафтени деривати. Со оглед на сите овие околности, одговорот на ситуацијата беше едноставен и неспорен. Во моментов може да опстанат само технолошки напредни рафинерии и оние со пристап до море или до поевтини извори на сурова нафта. ОКТА нема пристап до море, користи веќе застарена технологија и во голема мера произведува мазут, што веќе не може да биде искористен целосно во нашиот регион. Релативно малиот капацитет на рафинеријата и ограничената големина на соседните пазари покажаа дека нема економска оправданост да се инвестира во надградба и модернизација на преработувачките капацитети во ОКТА. Кога нашите пазари се отворија на конкуренцијата од надвор, ОКТА се најде во неповолна ситуација, почна да го губи пазарниот удел и стана целосно неекономична. Во јануари 2013 година, последниот месец на производство, ОКТА губеше повеќе од 70 американски долари за секој тон произведено гориво. Повеќе од очигледно беше дека задржувањето на оваа состојба е невозможно, ставајќи го во ризик сигурното снабдување со гориво на цела земја. Следејќи ги промените на нашиот оперативен модел и нашата организација, сега со сигурност можеме да тврдиме дека ОКТА е главен гарант за снабдување на земјава со гориво. Во исто време планираме да ја задржиме нашата флексибилност за да одговараме на понатамошните пазарни промени. Во моментов земјава ужива најголема сигурност во снабдување со гориво со доста конкурентна цена. Инфраструктурата на ОКТА со 350 милиони литри капацитет за складирање дава сигурност дека ќе има доволно гориво за економијата да се движи и во случаи на непредвидливи прекини во снабдувањето. Развивме врвен логистички систем што ни дозволува да имаме 100 камиони и неколку вагони на пат во секое време, притоа обезбедувајќи постојани проверки на квалитетот, како и контрола на секоја фаза од транспортот, истоварот и складирањето. (Виктор Папаконстантиноу , главен извршен директор на ОКТА за „Фактор“)
ОТПАДОТ ВООПШТО НЕ Е НЕШТО БЕЗВРЕДНО Бидејќи за нас календарската година се’ уште не е завршена, очекуваме финално да лиценцираме над 40.000 тони, а да организираме рециклирање за околу 11.000 тони амбалажен отпад, што е количина што ги исполнува и оправдува нашите очекувања. Меѓутоа, проблемите со управувањето со амбалажниот отпад не се еднакво и рамномерно изразени во сите делови од нашата држава. Активностите поврзани со законот за отпад од пакување се’ уште не се спроведуваат со ист интензитет во сите компании. Ваков некохерентен систем не може адекватно да функционира и да ги дава очекуваните резултати, па од тие причини сметаме дека овие процеси треба да бидат под поголема супервизија и поддршка од државата и од државниот инспекторат. Отпадот не е безвреден. Од него може да се произведат многу корисни нешта и неговата вредност да се обновува, да биде во постојана употреба. Затоа и околните држави ја спроведоа оваа иницијатива за рециклажни или еко-острови со помош на кои значително се олеснува физичкото, термичкото, хемиското и биолошкото селектирање на отпадот и секако неговиот понатамошен третман. Овие острови се една од мерките и иницијативите на кои работиме. За 2015 година планираме да ги зголемиме и унапредиме нашите активности за собирање на амбалажен отпад од стакло и да продолжиме со проектите за едукација и подигнување на јавната свест на кои веќе работиме. И секако, да организираме собирање и рециклирање на најмалку 14.000 тони амбалажен отпад. Нашата долгорочна цел е да промовираме одржлив систем на управување со амбалажниот отпад, поефикасно користење на ресурсите, унапредување на квалитетот на животот, спречување на загадувањето и зачувување на биодиверзитетот и во тој контекст да ги задоволиме потребите на сегашните, но да не ги загрозиме правата на идните генерации. (Ико Брдароски , менаџер во „Пакомак“ во „Утрински весник“)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ПОДВЛЕЧЕНО
ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ТЕШКО ЌЕ ГИ ПОСТИГНЕ ОЧЕКУВАНИТЕ ЕФЕКТИ Односот на доларот и еврото е рефлексија на состојбата во која се наоѓаат двете економии, на САД и на еврозоната. САД постабилно тргна по патеката на заздравувањето, додека такви знаци во еврозоната главно отсуствуваат. Економијата на еврозоната се соочува со опаѓачки цени, што е знак дека економијата забавува, наместо да забрзува. Оттука, доларот зајакна, а еврото ослабна. Дополнително, врз ваквите движења влијаат и геополитичките случувања и движењето на цената на нафтата која е инверзно поврзана со курсот на доларот. Иако ова придвижување на доларот во себе содржи структурни елементи, сепак, неговиот однос со еврото најмногу ќе зависи од тоа како финансиските пазари ќе го перципираат потегот на Европската централна банка (ЕЦБ). Во моментот, постои доста скепса дека квантитативното олеснување, односно купувањето државни обврзници од страна на ЕЦБ ќе ги постигне посакуваните ефекти. Доларот може да ја погоди негативно секоја компанија која има нето-должничка позиција во долари, односно ако нејзините обврски во долари се поголеми од нејзините побарувања во долари. Во банкарскиот систем, само мал дел од активата и пасивата се деноминирани во валути кои не се евро. На крајот од 2014 година, 6,8 отсто и 7,4 отсто од активата и пасивата со валутна компонента, соодветно, биле деноминирани во долари, што покажува дека какви и да се движењата на доларот или на другите не-евро валути, поголемо влијание врз банкарскиот систем нема да има. Во поглед на фирмите, не постои агрегиран показател за нивната девизна позиција, меѓутоа, најголем дел од фирмите тргуваат со европските земји или земјите од окружувањето, па најголем дел од нивните трансакции се деноминирани во евра. Доколку има доларски изложености кај фирмите, претпоставувам дека се само изолирани случаи. (Марјан Петрески, професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во „Утрински весник“)
ЗА ПАЗАРИТЕ НА КАПИТАЛ МИНАТАТА ГОДИНА БЕШЕ ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ! Ланската година во однос на пазарите на капитал, беше една од најдобрите во последните неколку години. Најголемите централни банки генерално дејствуваа во иста насока и со “разлабавување” на монетарните политики го поттикнаа економскиот развој. Во таа насока веќе можеме со сигурност да говориме дека финансиската криза и нејзините последици се надминати особено во Америка. Таа беше своевиден двигател на економскиот раст и глобалното закрепнување. Закрепнувањето може да се согледа во неколку параметри. Имаме пад на невработеноста од највисоки 10% во време на економската криза на 5,8% што е спвоевиден просек. Голем дел од компаниите влегоа во процес на раздолжување и значително се намалени нивните кредитни обврски а ликвидноста им е значително подобрена. Инфлацијата беше во рамките на очекувањата и изнесуваше 1,6%. Севкупните параметри влијаеа на раст на довербата кај инвеститорите што допополително допринесе на зголемување на вредноста на доларот во однос на другите валути. За разлика од Американската економија, Европската економија во 2014 година беше под очекувањата. Испорача ниско ниво на раст и инфлација која беше околу нулата. Дополнителното намалување на цената на нафтата влијаеше во декември да има негативна стапка на инфлација.Стапката на невработеност во ЕУ во 2014 остана висока на околу 10%. Разлика помеѓу јадрото и европската периферија сеуште е изразено, но со тоа што во втората половина од 2014 Германската економија потфрли во очекувањата а Шпанија имаше посолидни резултати. Конфликтот во Украина и санкциите во Русија во најголема мера ја погодија европската економија. Природно географски соработката на Европските земји со Русија беше најголема и оваа состојба представувше масло на огнот на ионака кревката европска економија. Поради ова за очекување се споредување на фискални и монетарни мерки а Европската централна банка е исправена пред предизвиците да го поттикне економскиот раст и да ја донесе стапката на инфлација во проектираните рамки. Европските банки добро го поминаа стрест тестот, што покажа дека тие се адекватно капитилизирани. Во оваа насока се очекува да се вратат на својата основна дејност, кредитирање на населението и компаниите. Во делот на компаниите се бележи намалувања на задолженоста. Во вакви економски услови се очекува да се зголемат профитните марживпри ист обемот на работа. Намалената вредност на еврото и пониските цени на суровините и нафтата ќе им го овозможат тоа. Најголема непознаница остануваат структурните реформи во Франција и Италија и евентуално новите случуувања во Грција. Забавување на глобалната трговија имаше негативно влијание врз извозно ориентирани економии на земјите во развој (Азија, Централна и Источна Европа). И покрајфактот што во земјите во развој се фокусираа на проширување на домашната потрошувачка и развојот на локални услуги, се уште не е во можност целосно да се компензира за загубата на приходите од извозот. Под зголемен притисок се најдоа земјите чија економска структура се базира на извозот на суровини и енергија (Латинска Америка,Русија). (Лазе Камчев, од КД Фондови за „Фактор“ )
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ПОСЕТИ
Делегација од кинескиот град Нингбо во посета на Стопанската комора на Македонија и на Региналните комори со седиште во Битола и Охрид Во Стопанска комора на Македонија повик до македонските компании да го посетат саемот и да учествуваат на бизнисфорумот во Нингбо
ШАНСА ЗА ДЕЛОВНИ КОНТАКТИ И ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА
Шестчлена делегација од кинескиот град Нингбо, предводена од Динг Хаибин, заменик-генерален секретар на општинската народна Влада и Ли Џијанхуа, потпретседател на Комората на Нингбо, беа во работна посета на Стопанската комора на Македонија (23.01.2015 година). М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, поздравувајќи ја кинеската делегација изрази надеж дека средбата ќе придонесе за промовирање на бизнис-интересите на двете страни и ќе овозможи подобрување на економската соработка. За гостите беше направена и кратка видео-презентација на Стопанската комора на Македонија. Господинот Динг Хаибин истакна дека главната цел на посетата на кинеската делегација од Нингбо во Македонија е да се поттикне инвестирањето и промоција на можностите на стопанствата. Домаќините посебно беа информирани за претстојниот саем и бизнис-форумот, што треба да се одржат во Нингбо. Бизнис-форумот е предвидено да се одржи на 6 јуни 2015 година, а ќе доминираат теми од областа на прехранбениот сектор, едукацијата, туризмот и културата. Инаку, врз основа на препораките од минатогодишниот форум во кој учествуваа 16 премиери од Централна и Југоисточна Европа, главната заложба на кинеската Влада е продолжување на започнатиот дијалог со цел да се унапреди и интензивира економската соработка на НР Кина со 16 земји од Централна и Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија. Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија, истакна дека е убава можноста за македонските компании да учествуваат на форумот, особено во делот на туризмот и негова промоција, со оглед на фактот што се` уште е скромна бројката на кинески туристи кои годишно ја посетуваат Македонија. На работната средба беше препорачано да се работи на поврзување на тур-операторите од двете земји со
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
7
ПОСЕТИ цел да се направат понуди за значајните туристички места во Кина и во Македонија и на тој начин да се влијае на зголемување на размената во оваа индустрија. М-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека е потребно да се искористат сите можности за продлабочување на соработката, а од кинеските претставници беше побарано да достават понуда за македонските компании, со цел тие навремено да се поттикнат да земат учество на саемот и на бизнис-форумот во Нингбо. Стопанската комора на Македонија има потпишано неколку спогодби и меморандуми за соработка со НР Кина, меѓу кои е и Меморандумот за соработка со Советот за меѓународна промоција на трговијата - Потсоветот на Нингбо, НР Кина, потпишан на 14.4.2014 година. Ирена Мојсовска
ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО КИНЕСКИТЕ МАРКЕТИ
Регионална комора со седиште во Битола
На 22 јануари 2015 година Битола ја посети делегација од кинескиот град Нингбо, предводена од Динг Хаибин, заменик генерален секретар на општинската народна влада и Ли Џијанхуа, потпретседател на комората на Нингбо . На средбата, на која домаќин беше градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, присуствуваа и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, како и претставници од локалната бизнисзаедница, ЗК „Пелагонија“ и „Млекара Битола“ и „Цермат“, како и директорот на индустриската зона „Жабени“. На средбата се разговараше за стопанската соработка меѓу двата збратимени града. Владимир Талевски истакна дека е потребно да се искористи можноста за продлабочување на соработката, покрај на културен, така и на економски план. За регионот потребата од инвестиции и свеж странски капитал за стратешки проекти се добродојдени. За таа цел, Мирко Велковски ги претстави стопанските можностите на пелагониско - преспанскиот регион од аспект на стопанската соработка меѓу двете земји. Притоа, беше потенцирана прехрамбената индустрија. Кинеските компании беа повикани да инвестираат во регионoт, што би било основа за уште позначајна соработка. Динг Хаибин ја истакна определбата на НР Кина за подлабока економска соработка со земјите на централна и југоисточна Европа и дека оваа средба е дел од заложбите на неговата влада за продолжување на започнатиот дијалог со 16 земји од Европа, меѓу кои е и Република
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ПОСЕТИ Македонија. Уште поголем поттик е и фактот што Битола и Нингбо се збратимени градови и со тоа можноста за соработка е уште поголема. Тој ја искористи приликата да го покани битолскиот градоначелник и претседателот на регионалната комора, заедно со битолските стопанствениц, и да ја остварат планираната посета на меѓународен бизнис форум и саем во Нингбо кој ќе се одржи во јуни 2015 година. Притоа, Динг Хаибин го истакна и уверувањето дека со стопанствениците од Република Македонија, посебно од Битола, постои голема можноста македонската здрава храна - млеко, сирење, кашкавал, следолед и друго да се најдат во кинеските маркети. На средбата во Битола беше договорено за време на гостувањето на битолските стопанственици во Кина да биде потпишан договор за директна соработка на Регионалната комора со седиште во Битола и комората во Нингбо, додека пак се очекува збратимените градови да потпишат договор за соработка во областа на културата, образованието и туризмот. Поканата за посета на Нингбо беше со задоволство прифатена, а тогаш повеќечлена делегација ќе го презентира стопанството од битолскиот регион пред кинеските бизнисмени. М-р Никола Димковски
Регионална комора со седиште во Охрид
ДОГОВОРЕНА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА, КУЛТУРАТА И НАУКАТА
Делегација од Нингбо, НР Кина, на 22.01.2015 година беше во посета на Охрид. Делегацијата сочинета од претставници на локалната власт и Стопанската комора на Нингбо оствари работна средба со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески и со претставници на Стопанската комора на Македонија. Средбата се одржа во просториите на Општина Охрид, каде беа разменети искуствата од двете земји. Градоначалникот Бакрачески го поздрави интересот на гостите и ја даде својата поддршка во насока на интензивирање на заедничките активности. На средбата беа дефинирани поедините области за соработка и насоките за иден развој на взаемните активности. Гостите пред присутните ги презентираа економската слика на Нингбо и дејностите кои најмногу контрибуираат во создавањето на БДП. Во насока на интензивирање на активностите меѓу двете земји, во иднина планирани се саемски настапи на македонските компании во Нингбо со цел поголема промоција на македонската економија и зголемување на трговската соработка. Освен за економијата, на работната средба се расправаше и за идната културна и научна соработка меѓу двете земји. Гостите ја изразија подготвеноста да се интензивираат контактите меѓу научните и културните институции, а деталните активности ќе бидат дефинирани во блиска иднина. Оваа средба беше дел од неколкудневната посета на делегацијата на Нингбо на Република Македонија. Борис Тримчев
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
9
ПОСЕТИ
НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НР КИНА ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ РЕАЛИЗИРАНИ 469 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во првите единаесет месeци од 2014 година достигна вредност од 469 милиони САД$, што претставува пораст од 7 % во однос на истиот период од 2013 година. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во периодот јануари-ноември 2014 година Во САД долари Вкупно 469.368.571,00
Извоз 78.547.816,00
Увоз 390.820.755,00
Салдо -312.272.939,00
Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во периодот јануари- ноември 2013 година Во САД долари Вкупно 438.691.621,00
Извоз 94.694.511,00
Увоз 343.997.110,00
Салдо -249.302.599,00
При тоа, остварен е извоз во вредност од 78,5 милиони САД$ или пад од 17% додека увозното салдо изнесува 390,8 милиони САД$, или зголемување од 13,6% споредбено со истиот период од 2013 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 312 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија во периодот јануариноември 2014-2013 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-ноември 2014 година, во структурата на извозот се застапени: • фероникел – 67,3 милион САД$; • мермер и травертин – 2,7 милиони САД$; • делови на шински локомотиви и возила – 2,6 милиони САД$; • машини со посебни функции - 1,2 милиони САД$; • вино од свежо грозје – 1 милион САД$. • • • • • • •
Во увозното салдо во периодот јануари- ноември 2014 година, најголемо учество имаат: телефонски апарати, вклучувајќи и телефони за целуларни мрежи или за други безжични мрежи – 50,1 милиони САД$; преносливи машини за автоматска обработка – 19,1 милиони САД$; приемни апарати за телевизија , апарати за снимање или репродукција на звук или слика – 12,4 милиони САД$; полиетилентерфталат – 10 милиони САД$; апарати за комуникација во жичана или безжична мрежа – 7,7 милиони САД$; ткаенини со 85% памук или повеќе, белени, обоени, печатени или на друг начин изработени, од предива во различни бои – 7,8 милиони САД$; плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, не повеќе обработувани од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани - ` 6 милиони САД$.
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ИНИЦИЈАТИВИ Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор предлага измени на Законот за техничка инспекција
ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИФТОВИТЕ
Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за техничка инспекција, со цел дефинирање на одговорноста во случај кога во функција се лифтови за кои, по извршен редовен годишен технички сервис, постои записник дека се технички неисправни. Иницијативата е резултат на веќе реализирани состаноци и средби со надлежните институции (Регулаторната комисија за домување, инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција, претставници на Министерството за транспорт и врски), истакнаa на прес-конференцијата Васе Самараков и Лефко Лазаревски, претседателот и потпретседателот на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија (26.01.2015 година). Решавањето на проблемот е неминовност, бидејќи во овој момент, законски не е дефинирана сопственоста на лифтот (како дел од останатите заеднички простории на сопствениците на станови во зградите), ниту во Законот за домување, ниту во Законот за сопственост и други стварни права. Решавањето на проблемот е од особено значење и од аспект на безбедноста на луѓето, како и за самите фирми лиценцирани управители, чии активности се дефинирани со Законот за домување. Имено, согласно Правилникот за техничка исправност на лифтовите, нормите што треба да ги исполни еден лифт за да добие решение за употреба се многу високо поставени, односно, за да се исполнат стандардите (во случај на неусогласеност, рокот за исполнување на стандардите е 60 дена од донесување решение за техничка неисправност), потребно е да се вложат дополнително многу финансиски средства (трошоците се минимум 2.000 евра и повеќе за интервенција), кои ќе паднат на товар на граѓаните. Имајќи ја предвид неизвесната финансиска состојба, како и фактот дека дел од станарите не секогаш се подготвени да партиципираат за колективните трошоци од станбеното живеење, одговорноста неосновано се префрла на лиценцираните управители иако тие немаат сопственост над лифтовите, бидејќи се јавуваат само како управители за сметка на граѓаните. Дејноста домување е дефинирана со посебен Закон за домување, изработен во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Законот за домување е донесен во 2009 година. На законското решение за регулирање на дејноста домување и` претходи Стратегијата за домување на Р. Македонија донесена во 20107 година, со која се уредува прашањето на домување во Република Македонија и се дефинираат националните стратешки насоки на идната политика на домувањето. Основната цел на Стратегијата за домување е постигнувањето на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, од која произлегуваат сите други општи и посебни цели. Во рамките на глобалната политика, борбата за човекови права е неделива од заложбата за право на дом, што е потврдено и со бројни меѓународни конвенции чиј потписник е и Република Македонија. Во многу развиени земји правото на дом се третира како основно човеково право. Токму поради тоа, задоволувањето на оваа потреба, согласно со стандардите кои се сметаат за цивилизациска придобивка, претставува еден од најважните проблеми со кои се соочува секоја држава. Во Македонија согласно податоците од Регулаторната комисија за домување регистрирани се 43 лиценцирани управители за вршење на дејноста, а веќе на десет управители им е одземена лиценцата за работа. Со цел почитување на законските прописи од една
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
11
ИНИЦИЈАТИВИ страна, како и почитување на правата на граѓаните во чие име лиценцираните управители управуваат со влезовите, правните субјекти од дејноста преку Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, се во континуирана директна соработка со Регулаторната комисија за домување, а соработува и со други релевантни надлежни институции, како Дирекцијата за заштита на лични податоци, Македонското кредитно биро итн. Лиценцираните управители имаат и серија други тековни проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневно работење, а кои континуирано се тема на анализа, расправа и решавање на седниците на Групацијата. Како актуелни проблеми се посочуваат и начинот на користење и заштита на средствата од резервниот фонд, дорегулирање на Законот за домување како матичен закон итн. Даниела Михајловска Василевска
ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА БЕЗ ПРИОРИТЕТ
Групацијата за домување со станбен и деловен простор се залага за бришење на член 2, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување
Групацијата за домување со станбен и деловен простор на состанокот одржан во Стопанската комора на Македонија, донесе заклучок дека ќе поднесе Иницијатива за бришење на член 2, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување, објавен во „Службен весник на РМ“ на 30.12.2014 година. Ставот на членките на Групацијата за домување со станбен и деловен простор е дека Иницијативата се поднесува поради фактот што со новите измени се дава приоритет и надреденост на трошоците за потрошена електрична енергија во влезовите. За сметка на тоа останува одлуката управителот без одлагање да ги исполни достасаните парични обврски кон трети лица од договорите во врска со управувањето со станбената зграда според динамиката на примените уплати од секој одделен сопственик. За разлика од трошокот за електрична енергија, чии сметки управителот ќе мора да ги плати без оглед дали сите станари ги платиле обврските кон лиценцираните фирми, за останатите трошоци важи законската обврска - ако обврските спрема трети лица не се исполнети во целост од сите сопственици на посебните делови на барање на третото лице, управителот е должен во рок од три дена од приемот на писменото барање да му достави податоци за сопственикот кој не го исполнил делот од својата обврска, негова адреса и други податоци потребни за поднесување на тужба. На состанокот на Групацијата за домување при Стопанската комора на Македонија, членките разговараа и за повеќе недоречености и законски слабости поради кои секојдневно се соочуваат со проблеми во работењето. Како специфични ги посочуваат проблемите при склучување договори со станарите, при што не ретко корисникот на стан во одреден момент не е и сопственик, па се доведува под знак прашање кој ќе го плаќа заостанатиот долг, проблемот со плаќање на износот за социјалните семејства, заштита на личните податоци на граѓаните, нелојалната конкуренција. На состанокот беа присутни и претставници од Македонското кредитно биро, кои ги информираа присутните за можностите за имплементирање на софтверот што го користи МКБ во програмата за работа на лиценцираните управители, како и за можната соработка и бенефитот од склучување договор од претставниците на МКБ. На состанокот беше договорено, согласно посочените проблеми да се преземат серија активности како преку иницирање измени на Законот за домување, така и иницијатива за организирање состаноци со надлежни институции со цел решавање на спорните прашања. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
РЕГИОНИ Делегација од Истанбул во работна посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп
ПРЕТСТАВЕНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РЕГИОНОТ
На 23.01.2015 година во организација на министерот за странски инвестиции во Владата на Република македонија Џери Наумов и локалната самоуправа, турска делегација од Истанбул беше во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Делегацијата ја предводеше Ахмет Копрулуоглу, претседател на Индустриско-трговската комора на Сакарја во Истанбул. Од страна на потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимоска, гостите беа запознати со организационата поставеност и функционирањето на Стопанската комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Прилеп, со структурата на прилепското стопанство, како и со природните и човечките ресурси со кои располага овој регион. На гостите од Република Турција им беше презентирана можноста за инвестирање во Технолошко индустриската развојна зона „Алинци“ која се наоѓа во непосредна близина на Прилеп. Ристо Најдоски
Соработка меѓу компаниите и локалната самоуправа
ЕВН МАКЕДОНИЈА ЈА РАЗВИВА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА ВО ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН
ЕВН Македонија ја презентираше инвестициската програма за развој на дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион. На прес конференција заедно со локалната власт беа промовирани реализираните проекти и беа најавени идните чекори за развој на дистрибутивната мрежа. ЕВН изгради две нови трафостаници во селата Дебреше и Добридол со што се подобрија напонските прилики и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овие населени места. Изградена е над 20 км нова дистрибутивна мрежа на среден и низок напон и над 30 км од постоечката е целосно реконструиранa. Заменети се старите проводници со нови со поголем пресек и заменети се над 220 стари дрвени со нови бетонски столбови. ЕВН Македонија ја реконструираше и ја надгради дистрибутивната мрежа во индустрискиот регион на Гостивар со што директно го подржува развојот на индустриските зони. Вкупната инвестиција досега изнесува над 260 000 евра. Градоначалникот на Општина Гостивар, Невзет Бејта, е задоволен од соработката со ЕВН. Истакна дека секоја инвестиција е добредојдена за развојот на овој регион. Посочи дека редовното плаќање на сметките ќе придонесе за зголемување на инвестициите во мрежата со што и развојот и стабилноста во снабдувањето постојано ќе се зголемуваат. - ЕВН ќе продолжи да ја развива и модернизира дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион со цел задоволување на потребите на индустријата и домаќинствата. Наша примарна цел е сигурност и квалитет во снабдувањето со електрична енергија, изјави Игор Гиевски член на Управниот одбор на ЕВН Македонија. За 2015 година ЕВН планира нови инвестиции во дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион. Ќе се градат нови трафостаници во селата Чегране, Питарница, Балиндол, Здуње, Нас. 8 Зона, Неготино. Ќе се реконструираат 9 од посточките трафостаници во гостиварскиот регион и ќе се реконструира во целост далекуводот на среден напон Лакавица,-Куново-Трново. Покрај ова ќе се инвестира и во редовното одржување на мрежата, замена на оштетените делови и кастрење на вегетацијата околу главните далекуводи во регионот. (МИА)
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
13
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
РЕГИОНИ bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ДОСТИГНУВАЊА ПВработените на „Рош“ прославија 15 години постоење во Македонија
„ИНСПИРИРАНИ ОД ЖИВОТОТ“
„Рош“ со своите корпоративни операции во Македонија во последните 15 години постигна значајни резултати во развојот и подобрувањето на третманот во многу области, како што се: ракот, ревматоидниот артритис, хепатитисот, остеопорозата итн. На 21 јануари 2015 година во Македонскиот народен театар,„Рош“ го прослави својот јубилеј под мотото: „Животот инспирира“. Голем број владини претставници, амбасадори, лекари, соработници, бизнис-партнери и голем број пријатели беа дел од прославата. Почесни говорници беа: г-ѓа Маја Иванова, д-р Аспазија Софијанова, Н.Е. Стефано Лацарото, амбасадор на Швајцарија во РМ и г-ѓа Весна Цизеј, регионален директор на „Рош“ за Централна Азија, Кавказ и Источна Европа. - „Рош“ е глобална лидер-компанија фокусирана на истражувања за заштита на здравјето на луѓето на полето на фармацијата, како и на полето на дијагностиката, етаблирајќи се како една од најголемите светски биотехнолошки компании. Сите активности кои ги презема на глобално ниво и во Македонија се ориентирани кон пациентите, за нивен подолг и поквалитетен живот преку обезбедување најсовремени иновативни тераписки решенија, - рече г-ѓа Маја Иванова во обраќањето. Како поранешен вработен во „Рош“, на првата дама на Македонија, г-ѓа Маја Иванова и` беше доделена плакета, во знак на благодарност за нејзиниот придонес во работата на компанијата. - Наш најголем придонес кон подобрувањето на здравството е развивањето Кампања „СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА!“ на подобри лекови и дијагностички тестови. Но пациентите би имале корист од нив само доколку ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД ВО МАКЕДОНИЈА тие им бидат достапни. За да се оствари оваа визија, ние мора да работиме во партнерство Паралелно со прославата „Рош Македонија“ објави започнување со македонската Влада, со здравствените кампања за општествена одговорност во соработка со Црвен крст и власти, инвеститорите, невладините и другите Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен организации на сите можни нивоа. На тој начин вид „Димитар Влахов“. македонските пациенти ќе имаат пристап до Под мотото „СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА!“, „ Рош“ развива долгорочна иновативните решенија за спасување животи, кампања која ќе има за цел да им помогне на сите лица со оштетен вид во што пак, од друга страна, ќе имаме поздрави Република Македонија. и попродуктивни граѓани. Подготвени сме да Преку реализирање на оваа кампања ќе се подигне степенот на продолжиме со инвестирање во повеќе сфери, социјализација на учениците со оштетен вид, ќе се унапреди степенот како што е поддршката за обука на здравствениот на информираност за потребите на овие лица, ќе се организираат кадар, но и со подобрување на здравствената работилници и истражувања кои ќе ги детектираат сите потреби на овие инфраструктура во Македонија во корелација лица и потребите на нивните семејства, а потоа ќе се изнаоѓаат начини, со потребите и налагањата на здравствените преку донации и разни апели да се задоволуваат нивните потреби. институции, - истакна г. Уфук Апајдин, директор Повеќе од еден век „Рош“ пренасочува дел од своите финансиски на „Рош“ во Македонија. и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во - Веруваме дека партнерството со стимулирање на науката и промовирање културни активности. сите релевантни институции ќе го подобри здравството, ќе спаси повеќе животи и ќе
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
15
ДОСТИГНУВАЊА
резултира со поздрави македонски семејства. Се надевам дека првите 15 години на „Рош“ во Македонија се основа за долготрајна историја во оваа земја и за постојана соработка за подобрување на македонското здравство, - изјави г-ѓа Весна Цизеј, директор на „Рош“ за Централна Азија, Кавказ и Источна Европа. Во текот на последните 3 години, само на полето на онкологијата „Рош“ инвестираше повеќе од 5 милиони евра за клинички истражувања и за едукација во Македонија. Нагласувајќи дека соработката со институциите на системот во Македонија ќе донесе повеќе бенефиции за пациентите, г. Апајдин изјави дека компанијата е подготвена на партнерство со властите на сите нивоа, со цел да се изнајдат начини и решенија како другите нови иновативни терапии да стигнат до пациентите. „Рош“ е швајцарска мултинационална компанија основана уште во 1896 година, во која работат 85.000 професионалци во повеќе од 150 земји во светот. Терапевтските и дијагностички решенија на „Рош“ достигнуваат продажба од 46,6 милијарди швајцарски франци на светско ниво, а само минатата година 21 милион пациенти биле третирани со еден од 25-те најпродавани продукти на компанијата. Секоја година „Рош“ инвестира по речиси 9 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој на лекови и дијагностички решенија, поради што е вброен меѓу првите 5 компании од сите индустрии во светот. Во текот на последните неколку децении, револуционерните достигнувања на „Рош“ на полето на дијагностиката и третирањето на сериозни заболувања, резултираа со значително подобрување на здравствените резултати, како и со продолжување на животниот век. („РОШ“)
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Грците полагаат големи надежи во новата влада
ТЕШКИ ЗАДАЧИ ЗА ЈАВAЧИТЕ НА БРАНОТ НА ЈАВНОТО НЕЗАДОВОЛСТВО
*Иако грчката економија почна бавно да се опоравува, мнозинството гласачи го загубија трпението. Тоа е причината што големото мнозинство својот глас и го даде на Сириза. Атмосфера на надеж во Атина Грција ја избра првата левичарска влада во понеделникот, во истовреме поставувајќи на чело на државата партија која се залага против мерките за штедење. Само до пред пет години, Сириза беше мала партија со бенигно влијание. Но партијата и нејзиниот харизматичен млад лидер Алексис Ципрас, кој сега е премиер, јавнаа на бранот на јавното незадоволство поради огромните кратења на трошоците и зголемувањето на даноците. Мерките за штедење ја урнисаа економијата, а рецесијата ја претворија во целосна депресија. Државата загуби една четвртина од својот економски производ. Над 25 отсто од Грците се невработени. Половина од домаќинствата живеат на работ на сиромаштија. Панајота Контојани, вработена во јавниот сектор, вели дека разбира зошто луѓето гласале за Сириза, иако се јавувале сигнали дека грчката економија се опоравува. Таа гласала за Нова Демократија, конзервативната партија која ја предводеше владата од 2012 година. Вели дека сакала стабилност. Но, останатите околу неа ја загубиле надежта. „Немате доволно за јадење, немате струја. Колку долго ќе издржите. Еден месец? Година? Две години? Луѓето го загубија трпението“, вели Контојани. Електра Канелу, археолог по професија, вели дека изминатите Славје на приврзениците на Сириза во Атина четири години ги минала
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПЕЧАТ во страв за својата иднина. „Постојано живеам во страв дека нешто ќе се случи, дека ќе ја загубам работата, дека ќе морам да се отселам од Грција. Мислам дека тоа е основното- стравот. Секогаш се плашам од нешто“, вели Канелу. Таа гласала за Сириза затоа што партијата ветува дека ќе им ја врати моќта на луѓето, не на банките. Канелу смета дека Грција им го предала својот суверенитет на странските кредитори по пакетот за спас во 2010 година. ТРОЈКАТА НАДВОР! Но, Јенс Бастијан, германски економист кој работи во Атина, вели дека новата влада на Сириза сепак ќе мора да преговара со кредиторите, популарно наречени Тројка. Тие ги претставуваат ЕУ, Европската централна банка и ММФ. Многу новоизбрани пратеници на Сириза тврдат дека „ќе ја исфрлат Тројката“. „Тоа е опасна изјава“, вели Бастијан. „Го отвора прашањето: дали ќе ја прогласите Тројката за персона нон грата во Атина? И доколку е така, тогаш со кого ќе преговараат? Кој ќе ја има моќта да влезе во било какво решение или договор?“ Преговорите со Европа би можеле да бидат далеку потешки за Сириза, сега откако партијата влезе во коалиција со Независните Грци, десничарска националистичка партија која ги опишува Германците како „окупатори“ споредувајќи ги со нацистите од Втората светска војна. Двете партии имаат многу малку заедничко, освен противењето на мерките за штедење. Но, лидерите на Сириза засега се дистанцираат од оваа коалиција, која би можела да предизвика идеолошка бура. Тие се концентрираат на она што следува, вели Матајос Цимитакис, новинар во весникот на Сириза, Авги. „Најголемиот проблем во Европа сега е дефлацијата, и тоа е причината поради која ЕЦБ се одлучи за олеснувања со цел да се избори со овој проблем“, вели Цимитакис. Тој предвидува дека европските лидери ќе го намалат натрупаниот грчки долг. „Како што секогаш се случува во ЕУ, компромис ќе биде најден. Како ќе изгледа тој компромис, не знам, но знам дека постојат црвени лини, а една од нив е хуманитарната криза која се случува тука“. НИКОЈ НЕ ИМ ВЕРУВА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ Во неговиот победнички говор во неделата, Ципрас вети дека ќе им ги врати достоинството и самопочитта на Грците, и ќе им помогне на осиромашените во кризата. Тој исто така вети дека ќе им застане на патот на олигарсите и на ендемската корупција во земјата. Илиас Пантелекос, студент на поморско инженерство кој раководи со младинското движење на Сириза, вели дека таа порака која добро минува кај младите Грци. „Најважно за нас е да го сопреме ова лудило со корупцијата во Грција“, вели Пантелекос. „Многу е важно. Ние сме европска земја а државата е толку корумпирана што никој не им верува на политичарите, никој не им верува на државните механизми, затоа една од најважните цели на Сириза е да го сопре тоа и да изгради нови врски меѓу политичарите, меѓу државата и граѓаните“.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
Алексис Ципрас
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Портрет на новата Влада
ПРОТИВНИЦИТЕ НА ШТЕДЕЊЕТО - НОВИ КОРМИЛАРИ ВО ГРЦИЈА
*Новите грчки министри положија заклетва, владата на левичарскиот премиер Ципрас може да почне со работа. Во неа по смената на власта тонот сега го даваат економистите критички расположени кон Германија. Министерството за финансии го презема професорот по економија и публицист Јанис Варуфакис. Економистот, школуван во Велика Британија и во САД, се смета за остар критичар на политиката на штедење, протежирана првенствено од Германија, и пледира за отпис на долговите, како и за нова ориентација на европската кризна политика. Економските тези на Варуфакис во форма на статии и книги достигнуваат огромни тиражи во Грција. Во својата најнова книга „Глобалниот Минотаурус. Америка и иднинатана светската економија“, економистот ги прогласува спасувачките мерки во рамките на еврокризата за пропаднати, инсистирајќи на „историски одлуки“ преку кои во преден план би бил ставен економскиот пораст, на пример преку заедничка европска инвестициска програма. Варуфакис се смета за ратоборен економист, кој по правило сепак, за разлика од многумина политичари на левичарската партија Сириза, не користи идеолошка, туку објективна и конкретна аргументација. Во умерените гласови во леввоориентираната партија се вбројува министерот за економија Јоргос Статакис, кого во сопствените редови го сметаат за лев социјалдемократ. Нему, како и на Варуфакис му стои од страна еден „вардач“: Јанис Драгасакис, економист школуван во Лондон на Лондонскиот факултет за економски и политички науки и досегашен заменик-претседател на грчкиот парламент, длабоко почитуван како од пријателите, така и од непријателите. Како заменик-премиер тој во Атина ќе има надзор над целокупната област на економијата и финансиите. Освен тоа, 67годишникот планира формирање„национална комисија за преговори“ која треба да дискутира околу новото регулирање на грчките долгови. „Варуфакис можеби изгледа малку избувлив, но околу важните економски мерки веројатно Драгакис ќе го има последниот збор“, објаснува политичкиот аналитичар Ставрос Лугерос во програма на државната телевизија. Концесии кон левото крило на партијата Марксистички ориентираните економски експерти како досегашниот главен економист на левичарската партија, Јанис Милиос, при формирањето на владата останаа настрана. Но, затоа се ангажирани бројни проминентни акадамичари. Но, премиерот Алексис
Јанис Драгасакис
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
19
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ципрас не сака целосно да го запостави ни левото крило на својата партија: Панајотис Лафацанис, клучна фигурна на внатрепартиската лева опозиција, го презема клучниот ресор за „продуктивна обнова“ на Грција. Со тоа тој добива и право на соодлучување при важни инвестициски проекти, на пример во енергетската област. Дали Лафацанис ќе се држи до предизборните ветувања на партијата за анулирање на веќе извршените приватизации, останува да се види. Уште во ноќта на изборната победа тој пред новинарите изјави дека новата влада ќе ја реализира својата економска Панајотис Лафацанис програма „во цел обем“. „Ме вознемирува фактот што некои од денешните владини политичари во минатите години се истакнаа како луѓе кои ги блокираа реформите“, констатира политичкиот аналитичар Алексис Папахелас за ТВ Скај. „Освен тоа, во оваа влада јас гледам различни струења и многу силни личности, па се прашувам дали е тоа можно да се усогласи“, скептичен е експертот. Кабинетот на Алексис Ципрас има вкупно 13 министри, 21 заменици министри и пет државни секретари. Прашање е на лично гледање дали со тоа Ципрас го исполнува за грчки прилики радикалното изборно ветување за формирање мала и ефикасна влада: ако се поаѓа од бројот на членови во кабинетот, ветувањето е исполнето. Но, тоа не менува ништо во фактот што и натаму на масата во владата седат до 40 лица. Активна надворешна политика Уште денеска, 28.01.2015 треба да се одржи првата владина седница. Плитичкиот новинар Павлос Цимас смета дека владата е на добар пат. Како недостаток тој сепак го гледа немањето доволно владејачко искуство: „Ниеден министер нема искуство на владини позиции, со исклучок на вицепремиерот Драгакис, кој помина четири месеци во преодната влада на Ксенофен Цолотас во 80-те години и министерот за одбрана Каменос кој еднаш беше заменикминистер за бродска трговија и тоа само девет месеци. Тоа е се‘.“ Посебно спорен е новиот министер за одбрана. Бидејќи Сириза Алексис Ципрас и Панос Каменос на куриозен начин се впушти во коалиција со деснопопулистичката партија „Независни Грци“, нејзиниот шеф Панос Каменос го побара ресорот одбрана и го доби. Во минатото Каменос застапувашеисклучително патриотски позиции во надворешната политика, на пример во грко-турските односи. Сега тој сепак ќе стои во сенката на новот министер за надворешни работи - Никос Коцијас, непартиски професор и остар аналитичар. Неговата политичка социјализација тој ја почна како член на Комунистичката партија на Грција и долги години беше близок соработник и советник на поранешниот премиер Јоргос Папандреу. По полагањето заклетва, Коцијас најави „активна надворешна политика“. Знак за тоа беше даден синоќа, откако шефовитена држави или влади на ЕУ се заканија со построги санкции против Русија поради украинската криза. Димитрис Цанакопулос, шеф на кабинетот на премиерот, изјави дека ова соопштение на ЕУ-не е договорено со Грција. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена ПРЕ потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН
Вод АШЕТО Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој методРЕАЛНА на обука, ПОТРЕБА која вклучуваНА микс техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДАЛИпотреба. ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависностод Вашата
РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и Дозволете да придонесеме за светски компании.
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.
АКАДЕМИЈА ЗА П
-SALES
Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од Кр 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката се во тек.
дол вра доп пре Ов ком про учи
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци Најуспешните компании ширум свет • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за на обука, која вклучува микс од Тренинг и Обука • контролен ден продажба. Презентација од л За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
консултант кој ќе биде достапе насочува во реални услови во за
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
5 февруари 2015 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар: ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ И ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
„Правата и обврските на економските оператори во постапките за доделување договори за јавни набавки и практична примена на одредбите и измените во Законот за јавни набавки“ („Службен весник на РМ“, бр. 148/2013, 28/2014, 43/2014, 130/2014, 180/2014)
Право на учество на економските оператори во постапките за доделување договори за јавни набавки, видови договори за јавни набавки, дејствија пред објава на оглас за доделување договор за јавни набавки. Новини кај видовите постапки и посебните начини за доделување договори за јавни набавки, подготовка и поднесување понуда и задолжителна документација, права и обврски на економските оператори согласно барањата и условите дефинирани во тендерска документација (технички спецификации, критериуми за способност, изјави на економските оператори, гаранции), јавно отворање и евалуација на понудите;
Права и обврски на економските оператори при користење на ЕСЈН, електронски аукции, завршување на постапката за доделување договор за јавни набавки, склучување договор (права на ЕО при склучување договор) или поништување на постапката (правни основи); Подготовка на жалба во постапката за доделување договор за јавни набавки, содржина на жалбата, начин на изјавување, дејство, одлучување по жалба, ДКЖЈН; Отворени дискусии, решавање на практични проблеми, размена на искуства. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: - лицата кои ги подготвуваат и ги поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции; - менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и за вашите права во постапката на сите деловни субјекти (економски оператори)
кои учествуваат во постапките за јавни набавки. Предавачи: *Маја Малахова м-р правни науки - Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат. *Татјана Пешевска дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, Овластен Државен Ревизор, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН. *Ирена Стоименова дипл.екк. –Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ, Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со ЗЈН. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Пријавување до 3 февруари 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„DETROP 2015“ ВО СОЛУН
Од 26.2.2015 до 1.3.2015 година Меѓународен саем во Република Грција
Организирана посета за македонските компании на 26 и 28.2.2015 година со обезбеден бесплатен превоз и бесплатни влезници за Саемот! Саемската манифестација „DETROP 2015“ на „Хелекспо“ во Солун се одржува од 26.2.2015 до 1.3. 2015 година. Стопанската комора на Македонија во соработка со Туристичката агенција „Арботравел“ и „Хелекспо“ - Солун, организираат посета на „DETROP 2015“ - Саем за храна и пијалаци, наменет за прехранбената индустрија, супермаркети, деликатесни продавници, ресторани, хотели, мотели, таверни, кафе-барови и останати угостителски објекти. Меѓународниот саем за храна и пијалаци „DETROP” искористувајќи ја својата динамика и 22-годишна експертиза во областа, од година во година се развива во насока на давање се` поголема понуда на своите посетители и излагачи. “Detrop Boutique Show” има за цел да им понуди на посетителите ексклузивен приказ на уникатени грчки и медитерански производи произведени во Грција, како и на автентични домашни производи, со практична примена во готварството. Настанот со својата понуда на одредени селектирани производи е насочен кон збогатување на познавањето на грчката и меѓународната гастрономија и угостителство. Оттука произлегува и основната тема на настанот којашто е комбинација на квалитет на традиционалните, од една страна и современите начини на подготовка и презентација на храната, од друга страна. Саемот ќе биде проследен со презентации и семинари за молекуларна гастрономија од истакнати готвачи од различни сектори, кои ќе покажат како секојдневно употребуваните суровини може да бидат трансформирани создавајќи исклучителни гурмански специјалитети, овозможувајќи им на излагачите и посетителите да разменат искуства и да бидат дел од овој деловен настан. Излагачите и посетителите на Саемот ќе имаат можност да воспостават бизнис-контакти со претставници од бизнис-секторот од Грција и од целиот Балкан, при што размената на искуства ќе им овозможи полесен начин на влез на нови пазари. Обезбедени се: - бесплатен превоз и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива административните трошоци кон организаторот - Комората (890,00 денари за членки по фирма, а 1.290 денари за нечленки на Комората по фирма). Напомена: Посетата на саемот ќе се реализира на два датума: -26 февруари 2015 година и на -28 февруари 2015 година. Ве молиме, во пријавниот лист го наведете датумот за којшто сте заинтересирани за посета на Саемот). За посета на Саемот можат да се пријават најмногу две лица од иста компанија кои не се во сродство. Ве молиме со пријавниот лист да ни доставите и скенирана копија од Вашите визит карта и пасош, како би можеле навремено да Ви обезбедиме посета на Саемот.
Пријавување најдоцна до 15.02.2015 година. Задолжително пополнување на формулари/анкетни листови при посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 12 и 13 март 2015 година во Република Бугарија
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО СОФИЈА
Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Enterprise Europe Network, информираат дека ќе се одржат два годишни брокерски настана со претходно аранжирани деловни состаноци на 12 и 13 март 2015 година, во Интер Експро центар во Софија, Бугарија. 1. INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2015 ќе се одржи на 12 март 2015 година (четврток), од 10:30 - 18:00 часот. За регистрација, посетете ја веб-страната на овој деловен настан: http://www.b2match.eu/imm2015.
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве сектори: автоматизација, роботика, електроника и електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги, мехатроника, машиноградба; металургија, леење и алатки. 2. GO GREEN TO ENVIRONMENT 2015 ќе се одржи на 13 март 2015 година (петок), од 10:30 - 18:00 часот. За информации и регистрација, посетете ја веб-страната на овој настан: https://www.b2match.eu/g2e2015 .
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве области: енергетска ефикасност; интелигентни згради, паметни градови и ИКТ, еколошки технологии и обновливи извори; управување со отпад, рециклирање, животна средина; третман на вода, воздух и вода за водоснабдување ефикасни технологии; системи за одведување на отпадните води и опрема за контрола и одржување на водните ресурси, женско претприемништво, услуги и др. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик е англиски. На учесниците кои ќе добијат листа на закажани состаноци и не ги посетуваат ќе им се наплаќа надоместок од 100 евра без ДДВ. Меѓународните деловни средби ќе се одржат во рамките на специјализирани меѓународни изложби во периодот од 11-13 март 2015 година.
Краен рок за пријавување е 20 февруари 2015 година. Доколку ќе се пријават повеќе македонски компании, Стопанската комора на Македонија ќе организира заеднички превоз и ќе обезбеди резервации за соодветно хотелско сместување. За таа цел, Ве молиме, за намерата за учество на деловните средби, да не` информирате најдоцна до 20 февруари 2015 година.
Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Тел. 32 44 090
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Кина - специјализиран производител за метални делови кои се користат во машинството, ковање и слични активности, чие производство може да се приспособи на цртежите и дизајнот на клиентот, заинтересирана е за извоз на своите Компанија од Хрватска бара соработка со производи во Република Македонија. македонски компании кои произведуваат Валидност дo 8.03.2015 година. работна облека. Компанија од Кина бара дистрибутер Валидност дo 7.3.2015 година. во Република Македонија за пласман на Компанија од Словенија бара дистрибутер во компјутерски управувани машини (ЦНЦ-машини) Република Македонија за пласман на брикети од и машини за леење со вбризгување, ЦНЦ-машини специјализирани за штанцување и машински дрво. делови за прецизно работење, за валање и Валидност дo 7.3.2015 година. склопување производи. Компанија од Чешка бара дистрибутер во Валидност дo 8.3.2015 година. Република Македонија за пласман на филтри за Компанија од Литванија заинтересирана е пречистување вода. за соработка во областа пречистување на Валидност дo 8.3.2015 година. отпадни води и резервоари, со понуда на разни Компанија од Кина - производител на мали биолошки постројки, филтри за масло и маснотии, метални делови (токи, ознаки за марки на торби станици за пумпање и резервоари отпорни на и чанти, синџирчиња, копчиња и мали куки), хемикалии за домаќинства, населени места и како и накит со дизајн по нарачка на клиентот, големи индустриски претпријатија во Република заинтересирана за соработка со фирми од Македонија. Валидност дo 9.3.2015 година. Македонија. Валидност дo 8.3.2015 година. Компанија од Кина заинтересирана е за пласман на водоотпорни конектори во Република Македонија. Валидност дo 7.3.2015 година.
четврток, 29 јануари 2015, Бр. 208
БИЗНИС ИНФО
27
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шпанија - водечки производител на мермер (крема марфил, црвен мермер, кафеав мермер, црн мермер итн.) и природен камен од Шпанија, специјализирана за обработка на материјалите и строга контрола врз целиот процес, заинтересирана е за продажба во Република Македонија. Валидност дo 9.3.2015 година. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски машини, прскалки, пумпи за наводнување и резервни делови. Валидност дo 9.3.2015 година. Компанија од Турција заинтересирана е за соработка со компании во Република Mакедонија кои би биле застапници за пласман на тоалетна хартија, марамчиња, медицинска хартија и хигиенска хартија за чистење. Валидност дo 9.3.2015 година. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на булгур палета на производи, како и ориз, леќа, грав, наут и други житни производи. Валидност дo 9.3.2015 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маслиново масло. Валидност дo 10.3.2015 година. Компанија од Грција заинтересирана е да пласира кожна облека и обувки во Република Македонија. Валидност дo 10.3.2015 година. Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за дезинфекција врз основа на хлор диоксид. Валидност дo 10.3.2015 година. Компанија од Италија бара дистрибутер за пласман на електрични потопни пумпи во Република Македонија. Валидност дo 10.3.2015 година.
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088