Skip to main content

Бизнис ИНФО број 225, 28.05.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 225

www.mchamber.mk

28.5.2015

Примерот на „Кожувчанка“ која годинава прославува 20 години постоење

ПОСТОЈАНО ИНВЕСТИРАЊЕ И ПРОДУЦИРАЊЕ БРЕНДОВИ - ФОРМУЛА ЗА СИГУРЕН РАСТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

КОНКУРЕНТНОСТА НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА СО ДЕВАЛВАЦИЈА, ТУКУ СО СТРУКТУРНИ РЕФОРМИ Нашиот извоз континуирано се зголемува во овие 20 години колку што ние ја спроведуваме политиката на стабилен курс на денарот. Конкурентноста на една економија не се гради со курсот, конкурентноста се гради со структурните реформи, со зголемување на ефикасноста, продуктивноста на домашната економија, подобрување на општиот бизнис амбиент. Со девалвација на валутата никој не ја зголемил конкурентноста. Тоа може привремено да се направи, со привремен ефект, меѓутоа тоа ќе предизвика инфлација која веднаш ќе го изеде тој ефект од девалвацијата и повторно сме на истото. Ако не смe направиле во меѓувреме структурни реформи за да ја зголемиме конкурентноста, повторно ќе треба да правиме девалвација во наредниот период за да ја зголемиме конкурентноста. Но, токму политиката на стабилен курс на денарот создаде такво амбиент во кој што и владата и економските субјекти беа свесни дека единствен начин за зголемување на нашата конкурентност се структурни реформи, подобрување на бизнис амбиентот, зголемување на продуктивноста, на ефикасноста, одржување на ниски буџетски дефицити. Јас немам сомнение дека денарот ќе остане стабилен, јас сум сигурен во тоа. Ние сме имале повеќе вакви турбулентни периоди во изминатите 15-тина години и историјата покажа дека оние коишто тогаш не веруваа во денарот изгубија, оние коишто веруваа добија. Оние што ќе го задржат штедењето во денари ќе добијат и повисока камата и ќе ги избегнат оние трансакциски трошоци за купување девизи, па потоа кога ќе видат дека нема никаков проблем ќе се враќаат во денари. (М-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија за Радио „Слободна Европа“)

ФИРМИТЕ РАБОТАТ ПОД СИЛНИ ЛИКВИДНОСНИ ОГРАНИЧУВАЊА Проблемите со ликвидноста на домашните приватни компании претставуваат ризик за приватните инвестиции и може да и наштетат на транзицијата кон раст пред се предводен од домашниот приватен сектор. Во извештајот на ММФ, ние всушност се повикуваме на поново истражување од страна на НБРМ кое укажува дека билансите на корпоративниот сектор, особено на малите и средни претпријатија, и понатаму се затегнати. Тоа покажува дека долгот на корпоративниот сектор изнесува околу 65% од БДП и во најголем дел се деноминирани во странска валута и со променливи каматни стапки. Тешкотијата за сервисирање на долгот се појавува поизразенo кaj група на мoќни микро претпријатија, која продолжи да објавува загуби во 2013 година. Генерално, се чини дека фирмите работат под силни ликвидносни ограничувања, кога во просек потребно е да се чека околу четири месеци за да се наплати побарувањето. Најмногу беа погодени секторите градежништво и промет со недвижности. Освен олеснетиот пристап до банкарско финансирање, навремената исплата меѓу приватните компании како и од страна на јавните институции би го ублажила овој проблем со ликвидноста. (Патрик Житон, претставник на ММФ во Македонија во „Капитал“)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПОДВЛЕЧЕНО

„КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ Е НАЈУСПЕШНАТА ПРИВАТИЗАЦИСКА ПРИКАЗНА ВО РЕГИОНОТ! Кроација во Македонија има две друштва . Кроација ОсигурувањеЖивот, Друштво за продажба на полиси за животно осигурување, кое веќе неколку години е лидер на пазарот на осигурување во регионот. Започна со работа во 2005 година и во период од седум години осигурителната премија за животно осигурување перманентно расте. И Компанијата за неживотно осигурување – во која менаџментот во последните година дена работеше на стабилизирање на компанијата и свртување кон новите трендови така да и тие угледувајќи се на својата сестринска фирма за Животно осигрурување исто така целат кон остварување на голем успех на пазарот, секако, со наша поддршка . Кроација Осигурување – Живот во Македонија е една од најуспешните ќерки на Кроација Осигурување . Веќе 10 години е лидер на пазарот што само по себе говори дека со успешна работа и труд тимот на чело со генералниот директор Вилма Учета Дузлевска работеа многу напорно. Имаме над 50 % од бројот од полисите за осигурување и речиси 50 % согласно остварената бруто полисирана премија. Горди сме на успехот и ќе продолжиме да работиме со исто темпо. (Санел Волариќ, претседател на Управниот одбор на „Croatia Osiguranje“ од Загреб, Република Хрватска, во „Фактор“)

ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА Во средината на шеесеттите години десничарската воена власт во Бразил не одделуваше доволно средства за финансирање на постдипломски студии во странство. Оваа политика, која го достигна својот врв во средината на седумдесеттите години, го зголеми бројот на научниците кои обезбедија докторски стипендии од универзитети во САД, Англија, Германија и Франција. И по нивното враќање, тие се вградуваат во бразилскиот универзитетски систем по принципот на истражување и проширување на границата на знаење, како и во активности за пренесување на знаењето. Овој модел донесе големи унапредувања на системот на бразилските универзитети и истражувачки центри, кој е на исто ниво со системот во Македонија. Јас сум прилично импресиониран и се залагам овој заеднички модел да се стави во практика помеѓу универзитети од двете земји . Парадигмата на центар каде што наставата се изведува на англиски, а студентите се регрутирани од целиот свет, е прототип на она што треба да се користи и во други земји. Се надевам дека Бразил наскоро ќе го следи македонскиот пример. Ова е основен чекор кон глобализацијата. Зборуваат англиски јазик, со што се привлекуваат брилијантни умови од секаде. Усвојувањето на идејата за глобализација, заедно со изборот на полето за експертиза, е искуство за студентите да стигнат до својата зрелост и да го негуваат стекнатото искуство, а потоа сето тоа ќе биде видливо. (Велиер А. Финаморе, надворешен предавач на Факултетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид во „Утрински весник“)


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

УСПЕСИ Презентирани нова инвестиција и нов производ на македонскиот пазар на „Кожувчанка“ од Кавадарци

ЗА ДВАЕСЕТГОДИШНИНАТА НОВ БРЕНД – „НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО“

„Кожувчанка“ од Кавадарци, која годинава прославува дводецениски јубилеј, постојано инвестира во нови производни погони, на пазарот лансира нови производи и континуирано отвора работни места. Таа е производител на водите „Кожувчанка“ и „Изворска“, како и на еден од најстарите брендови за производство на газирани и негазирани сокови „Синалко“ од СР Германија, кој оваа година прославува значаен јубилеј - 110 години постоење. Оваа година е од посебно значење за „Кожувчанка“ затоа што почна и со производство на пиво, а на пазарот веќе се промовира новиот македонски производ „НАШЕ МАКЕДОНСКО пиво“. Со инвестиција од 1,2 милиона евра, на површина од 1.200 м2, со 25 вработени за почеток, се роди нов бренд на македонскиот пазар со капацитет од 5 милиони литри пиво годишно, но со план за производство на 25 милиони литри пиво годишно. - Но, на членовите на менаџерскиот тим на „Кожувчанка“ не им недостасува визија - бидејќи тие се водени од иднината; не им недостасува ни знаење - бидејќи инвестираат во млади луѓе, не им недостасува сила и енергија - бидејќи зад себе имаат 120 вработени, а им се придружуваат и уште нови. Ним им недостасуваат следбеници, за да не бидат осамени во изразот на својот ентузијазам, вербата дека само со инвестиции, и тоа домашни, ќе покажеме дека состојбите не не` обесхрабруваат и плашат, - истакна Бранко Азески на презентацијата на новата инвестиција и новиот производ на „Кожувчанка“ што се одржа во Стопанската комора на Македонија. „Кожувчанка“ е формирана во 1995 година од браќата Никола и Стојче Јанчеви


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО УСПЕСИ со целосно приватен капитал. Фирмата е формирана со единствена цел да започне со истражување и експлоатација на минерална суровина, минерална вода во подножјето на Кожув планина, поточно кај селото Мрежичко, - се потсетува Митко Јанчев, генералниот директор на „Кожувчанка“. По истражувањето од 1993 до 1995 година и правењето на поголеми зафати на изворот, добиена е дозвола и концесија за експлоатација и оттука почнува развојот на „Кожувчанка“ како прва приватна минерална вода. Се` до 1999 година минералната вода „Кожувчанка“ се произведуваше во стаклена амбалажа, а во 1999 година„Кожувчанка“ набави италијанска опрема за производство на вода во пластични шишиња. Исто така, во 2001 година беше купена уште една линија според потребите на пазарот за производство на минерална вода, со што „Кожувчанка“ значително го зголеми својот капацитет и во 2002 година стана лидер на пазарот, препознатлива по својот бренд и квалитет, лојалност и флексибилност кон купувачите. - Од тогаш наваму„Кожувчанка“ како бренд и како компанија се развиваше во нагорна линија. За дополнување на асортиманот во 2005 година стана овластен производител и партнер на светски познатиот бренд за газирани и негазирани сокови „Синалко“, а следејќи го трендот на пиење на негазирана вода во 2008 година „Кожувчанка“ започна со производство на негазирана изворска вода „Изворска“, - додаде Јанчев. - Годинава ни е посебно значајна бидејќи поместивме многу граници и почнавме со производство на светло „Наше МАКЕДОНСКО пиво“. Годинава го ребрендираме и нашиот најстар производ, минералната вода „Кожувчанка“. Честитки за јубилејот и за успешното работење им упати и германскиот партнер, Мајкл Доркс, претставник на „Синалко Интернационал“ од СР Германија, кој зборувашe за долгогодишната историја на брендот „Синалко“. „Кожувчанка“ е претприемнички ориентирана фирма и подготвена да презема ризици, затоа е и успешна. Посебно за истакнување е и социјалниот ангажман, бидејќи се работи за семејна фирма која отвора работни места, - додаде Доркс. Присутните имаа можност и да го дегустираат новиот производ на компанијата „Наше МАКЕДОНСКО пиво“. Саво Пејчиновски


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ИНИЦИЈАТИВИ Одржана заедничка пресконференција на стопанските комори на која се најавија мерките кои ќе бидат предложени во наредниот период

ВО НАСОКА НА СТАБИЛИЗАЦИЈА И НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ЕКОНОМСКАТА И ПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА

На иницијатива на Стопанската комора на Северозападна Македонија, сите претставници на најрелевантните стопански комори во Македонија, одржаа заедничка конференција за медиумите, на којашто се најавија мерките кои ќе бидат предложени во наредниот период, во насока на стабилизација и нормализација на економската и политичката ситуација во земјата. Oваа конференција за медиумите се одржа веднаш по еден заеднички состанок на сите комори, на кој се констатираа унифицираните ставови на коморите, што се однесува на актуелната ситуација, мерките кои наскоро ќе бидат предложени од сите стопански комори за решавање и олеснување на економската и политичката ситуација во земјата. На конференцијата присуствуваа Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Дејан Дејанов, претседател на Македонско-израелскиот бизнис-клуб, Зоре Темелковски, претседател на Македонско-бугарската комора и Шахпаз Молалиев, извршен директор на МАТТО - Стопанска комора на Македонија-Турција. Без сомнеж, лошата политичка состојба во земјава има негативно влијание и врз стопанството и тоа: во делот на инвестициите, како надворешни така и домашни, туризмот и можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во земјава. Се ризикува од безбедносни причини да не се вратат и нашите печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија, дополнително и опасноста од намалување на нивните депозити, што во голема мера придонесуваат за макроекономската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви, се` понеатрактивни стануваат нашите извозници, чии производи завршуваат во пазарите на соседните земји. Со овие констатации, за прв пат се согласуваат и опозицијата и власта, но тие не треба да си дозволат главна цел да им биде ривалитетот во лоцирањето на едностраната вина за актуелната ситуација, при што забораваат дека ја сечат гранката на којашто седат, бидејќи последиците ќе ги сносиме ние како компании, граѓаните, сите деловни субјекти и социјални категории, додека власта тоа ќе го почувствува откако ќе види дека државната каса веќе е празна, а впрочем веќе се согледуваат знаци што индицираат на тоа. Оттука, ние како стопански комори што го претставуваме интересот на бизнис-заедницата, оценуваме дека продолжената политичко-економска криза ќе ги намали нашите изгледи да ги превенираме опасностите, да ја браниме Македонија од банкрот или неизвесни сценарија за расплет на кризата која се` повеќе е и општествена, - истакна Мендерес Кучи, во име на сите релевантни стопански комори во земјата. На крајот, беше најавено дека оваа заедничка изјава ќе има свое продолжение, имајќи предвид дека ставовите на сите релевантни комори се обединети, хармонизирани и сите водат кон едно заедничко решение и токму во таа насока во наредниот период јавноста и Владата ќе бидат запознаени со конкретни мерки предложени од бизнис-заедницата, за надминување на политичката и економската криза во земјата.


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ

МОЖНА ЛОГИСТИКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ОСВОЈУВАЊЕ НОВИ ПАЗАРИ

Презентацијата на „Деспред“, водечка шпедитерска фирма од Република Бугарија

- Република Македонија има стратешки интерес за поинтензивно развивање на стопанската и трговската соработка со Република Бугарија. Подобрување на инфраструктурата, воспоставување директни авионски и железнички врски, зголемување и забрзување на проодноста на стоките на границите, олеснување на административно царинските процедури се прашања на кои треба да работиме за да се зголеми обемот на трговската размена. Коридорот 8 со години наназад претставува голем интерес за Македонија поради поврзувањето со Црно Море, од Турција како дел од Европа и Азија, и преку Албанија до Јадранското Море. Ова го истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, на презентацијата на водечката шпедитерска фирма со 60-годишна традиција и искуство - „Деспред“ од Република Бугарија. Презентацијата во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, беше реализирана во Стопанската комора на Македонија пред повеќе од 30 претставници од дваесетина македонски компании. - Компанијата „Деспред“ е водечка шпедитерска фирма од Република Бугарија со долгогодишна традиција и искуство. Седиштето на компанијата е во Софија, со широко развиена инфраструктурна мрежа на територијата на Република Бугарија и со регионални канцеларии во сите позначајни пристаништа и гранични премини. Таа е членка на Меѓународниот сојуз на шпедитерски здруженија (FIATA) од 1967 година, на Меѓународното здружение на авионски превозници (IATА) и е членка на Здружението на шпедитери на Бугарија (NSBS) и на Бугарската трговско-индустриска комора (BCCI). Во рамките на компанијата се вршат превозни услуги, шпедитерски услуги, царина, складирање и други дополнителни услуги со прометот на стоки, - истакна Љуба Младенова, проектен менаџер на „Десперд“. Огњан Рајчев и Росан Василев, директори на пристаништата во Бургас на Црно Море и Лом на Дунав, ги презентираа нивните можности. - Пристаништето во Бургас се наоѓа на крстосница на повеќе коридори. Преку него се врши превоз на 400.000 тони различни товари. Имаме сериозни проекти за развој кои се во насока на воведување современи тенденции во логистиката, - истакна Рајчев. Росан Василев спомена дека Пристаништето „Лом“ на Дунав е на 162 километри од Софија и е извонредно поврзано со патна и железничка инфраструктура, а неговото користење од година во година се


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ФОКУСИРАНО зголемува. „Деспред“ во соработка со својот ексклузивен партнер во Иран и на Блискиот Исток нуди и широка палета на услуги кои можат да бидат значајни за македонските компании: претовар (од/до вагони и камиони) и консолидација во Бугарија (во сопствени терминали со достапна специјализирана опрема) за каков и да било вид товар од/ до Иран и транзитни дејности, преку Иран, до Ерменија, Азербејџан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Киргистан, Казахстан, Пакистан, Авганистан и Ирак; банкарска гаранција за транзитни активности преку Иран; царинско посредување за сите царински испостави во Иран - пристаништа, копнени канцеларии и гранични премини; ракување со и складирање на стока во Иран и др. Сите овие услуги лесно и со конкурентни цени може да им бидат достапни и на македонските компании, порачаа од бугарската компанија. Вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија во првите два месеца од годинава изнесува 92,9 милиони САД $, што претставува пад од 7,86% споредено со истиот период од минатата година. Извозот изнесува 43,9 милиони САД $, што претставува намалување од 6,7%, додека увозното салдо изнесува 48,9 милиони САД $, или намалување од 9,2% во споредба со истиот период од минатата година. Минатата година, пак, размената меѓу двете земји изнесувала 709,3 милиони САД $, што претставува раст од 2,69% споредено со претходната 2013 година. Извозот изнесувал 326,6 милиони САД $, што претставува зголемување од 0,47%, додека увозното салдо изнесувало 382,7 милиони САД $, или зголемување од 4,7% во споредба со 2013 година. Во размената е остварен трговски дефицит на македонска страна во висина од 56 милиони САД долари. Република Бугарија е шести трговски партнер на Република Македонија во 2014 година. Сања Николова Саво Пејчиновски


ИНФО И ОБУКА БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПРЕДЛОЗИ

Здружение на трговијата

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ НА РАБОТЕЊЕТО

Здружението на трговијата ги разгледа текстовите на предлог-законите за изменување и дополнување на законите од областа на трговијата (Закон за трговија, Закон за заштита на потрошувачите и особено Законот за електронска трговија). Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронска трговија ќе се изврши допрецизирање на одредбите кои се однесуваат на инспекцискиот надзор, со што ќе се овозможи разграничување на надлежностите меѓу Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за електронски комуникации во вршењето и спроведувањето на одделни одредби од Законот. Се поддржуваат предложените изменувања и дополнувања на Законот за електронска трговија со оглед дека со истите се придонесува за поголема правна сигурност во одвивањето на електронската трговија. Компаниите-членки на Здружението на трговијата, укажуваат дека покрај овие измени на Законот, потребни се и дополнителни мерки и законски измени, со цел унапредување на електронската трговија во Република Македонија. Од технички аспект, за да се постигне помасовно користење, да се пропишат и други форми на електронска фактура и други технологии за утврдување автентичност и обезбедување интегритет на електронската фактура. За да се подигне свеста за корисноста на употребата на електронската трговија, потребни се мерки за промоција и информирање меѓу граѓаните како потенцијални купувачи, да се воспостави контакт-точка за електронска трговија, со цел давање информации на заинтересираните субјекти за правните аспекти при примената на електронската трговија, да се собираат и обработуваат податоците за состојбата и напредокот во областа на електронската трговија, и да се организира промотивна кампања и други активности со вклучување на сите засегнати страни во е-трговијата во Република Македонија. За зајакнување на поддршката на институциите за развој на е-трговијата да се одржат работилници со заинтересираните стопански субјекти во Република Македонија, да се усогласи законската регулатива со Директивата на ЕУ за дефинирање на односите на е-трговците со потрошувачите, со цел подобрување на имиџот и развојот на електронската трговија во Република Македонија. Здружението на трговијата ја истакнува потребата од анализирање на сите закони и прописи и елиминирање на законски одредби што ги зголемуваат трошоците на работењето на трговските компании во Република Македонија, што ги прави компаниите неконкурентни на пазарот. Донесувањето на квалитетни закони директно ќе влијае на намалување на наметнатите непотребни трошоци на членките на Здружението на трговијата. Лазо Ангелевски


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ДЕТАЛНО ЕЛАБОРИРАН ОТКАЗОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НИЗ ЗАКОНСКИТЕ АКТИ И СУДСКАТА ПРАКСА

Регионалната комора со седиште во Битола организираше семинар за Законот за работни односи

На 22.5.2015 година Регионалната комора со седиште во Битола организираше семинар на тема: „Закон за работни односи - отказ на договор за вработување, законски акти и судска пракса“. Семинарот беше дел од низата едукативни настани на оваа тема во соработка со Апелациониот суд од Битола, на подрачјето коешто го покрива овој суд. Како предавач на семинарот беше Петкана Јадровска, судија по трудово право со долгогодишно искуство при Апелационниот суд - Битола. Пред 10-тината присутни претставници од компании, меѓу кои беа некои од поголемите работодавачи во битолскиот регион, како што се „РЕК“ - Битола, „Кромберг и Шуберт“, „ФОД“ Новаци, „Киро Дандаро“ и Фабриката за квасец од Битола, „Градски паркинзи“ - Битола, „Монтинг Инженеринг“ и „Хатекс“ - Ресен, судијата Јадровска ги образложи начелата на Законот за работни односи и неговите најнови измени. Според член 5 од Законот за работните односи, работниот однос е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот за плата и други примања, лично и непрекинато ја извршува работата според упатствата и надзор на работодавачот. Договорот за вработување претставува основен нормативно правен акт со кој се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Учесниците беа детално запознаени со видовите на договори за вработување: договори за вработување на определено и неопределено време, потоа начини на престанување на договорите за вработување, престанување на важност на договорите за вработување на определено време, откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот и причината и обврската за докажување. Беа разгледувани и презентирани формалните процедури при казна и отказ на договор за вработување, формата и содржина на отказот, посебно основните причини за отказ, откажување на договорот за вработување од лични причини на работникот, како и откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со и без отказен рок. Од особен интерес и во интерактивна дискусија, судијата Јадровска се осврна на приговорите на одлуките за отказ во судската пракса. Детално и поединечно беа образложени видови на приговори на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или отстранување од кај работодавачот, потоа приговори на одлуката за откажување на договорот за вработување со отказен рок, застареноста на одлуката за отказ, правилни начини за информирање и консултирање на работниците и информирање и консултирање при колективни отпуштања од деловни причини, права и обврски во случај на отпуштање од деловни причини, начини за испратнина и финално понуда на нов променет договор пред отказ. Дискусијата со присутните продолжи и по одредени специфични случаи со кои што се сретнуваат работодавачите. Регионалната комора со седиште во Битола порача дека на компаниите им стои на располагање за дополнителни консултации и информации. М-р Никола Димковски


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во Кичево презентирани можностите за финансирање на приватниот сектор

БИЗНИС-СЕКТОРОТ ЗАПОЗНАЕН СО „ХОРИЗОНТ 2020“ И МСП-ИНСТРУМЕНТОТ

Регионалната комора со седиште во Кичево во рамките на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион одржа презентација на којашто беа презентирани можностите за финансирање на приватниот сектор преку Програмата на Европската унија „Хоризонт 2020“. Работилницата се одржа во просторите на Регионалната комора со седиште во Кичево (22 мај 2015 година). Презентацијата е во рамките на Проектот „Формирање бизнис-центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион“. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски, истакна дека со подетално запознавање на бизнис-заедницата со достапните можности за финансирање и учество на приватниот сектор со апликации и со реализација на проектни активности се очекува зголемување на инвестициите, што ќе овозможи креирање на нови работни места и задоволување на интересите на бизнисзаедницата. Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска изјави дека главна цел на Проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во регионот, исто така со зголемување на пристапот до информации во носење на соодветни одлуки на локално и на регионално ниво. Можностите за финансирање на приватниот сектор преку Програмата на Европската унија „Хоризонт 2020“, се презентираа од страна на националното контакт-лице проф. д-р Мијалче Санта, кој ги запозна присутните со постоење на различни извори на финансирање, со предностите од нивно користење, а воедно подетално информираше за процедурите за аплицирање. Посебно се стави акцент на МСП-инструментот, каде може да се аплицира во три фази, а кој е достапен и за микро компании на кои им се достапни финансиски средства во првата фаза во износ до 50, во втората фаза од 500 илјади до 2,5 милиони евра и во третата фаза консултантски услуги. На настанот присуствуваа фирми од сите дејности кои се заинтересирани и веќе искажаа интерес за аплицирање за европските програми. Дијана Лазороска Јованоска


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

15

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ

ПОТВРДЕНА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ

Златна награда од Дојче банк за Комерцијална банка

Како признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања, оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Златната награда од Deutsche Bank: Gold 2014 Еuro STP Excellence Award. За првпат оваа година e воведена категоризација во наградите, а Комерцијална банка АД Скопје е одликувана со највисокото признание. Со постојаноста во квалитетот на услугите, Банката продолжува да ја потврдува својата лидерската позиција во областа на девизното работење.

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ И ЕФИКАСНОСТ ВО СФЕРАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПЛАЌАЊА И оваа година Стопанска банка АД – Скопје, ја потврди својата професионалност и ефикасност во сферата на меѓународните плаќања за што доби признание од Дојче Банка преку Златната награда за Strraight Trough Processing (STP) Excellence Award за 2014 година. Оваа награда се доделува на банки кои имаат најголема ефикасност во меѓународните плаќања со што се овозможува и поголемо задоволство на клиентите. Стопанска банка АД – Скопје и понатаму останува посветена на своите клиенти, постојано подобрувајќи ја својата ефикасност, оперативност и иновативност. (Стопанска банка АД - Скопје)

И Стопанска банка добитник на Златната награда од Дојче банк


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ КБ Прво пензиско друштво АД - Скопје прослави значаен јубилеј - 10 години од постоење

ВО ФУНКЦИЈА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ДОСТОЈНА ПЕНЗИЈА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ

КБ Прво пензиско друштво АД - Скопје прослави значаен јубилеј - 10 години од постоење на Друштвото. КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот систем. Друштвото е партнерство, и е создадено како резултат на амбицијата и претприемничкиот дух на ПРВА Групација од Љубљана, Словенија и Комерцијална банка АД – Скопје. Друштвото вработува 30 високостручни професионалци и остварува стабилни резултати. Главна цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови. Друштвото успеа да ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продолжи да ја гради и во иднина. Друштвото управува со два фонда - КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје. Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица, кои се сопственици на над 316 милиони евра, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје има 12.778 членови, кои се сопственици на над 5 милиони евра.

„Кроација Осигурување“ слави 10 години од основањето во Македонија

КОМПАНИЈА ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

„Кроациjа Осигурување“ одбележува јубилејни 10 години од основањето, а оваа година истекуваат и првите полиси за животно осигурување на осигурениците кои пред една деценија својата доверба им ја дадоа токму на оваа компанија и останале лојални на неа во целиот овој период. Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со пропишана добивка која ја припишува оваа компанија, оваа година ќе исплатат осигурени суми за доживување кон првите осигуреници во износ со половина милион евра. - За нас овие први исплати се од непроценливо значење. Возвишено е чуството да знаете дека имате лојални осигуреници во период од 10 години, уште повеќе кога нивната доверба и задоволство се потврдува така што веднаш склучуваат нови полиси, - изјави генералниот директор за животно осигурување Вилма Учета Дузлевска. Таа истакна дека свеста кај македонските граѓани за потребата од животно осигурување е веќе на доволно високо ниво, а за тоа говорат и двоцифрените стапки на раст на премијата за животно осигурување


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

17

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ и тоа од 2007 година па наваму. Во изминативе години „Кроациjа“ изгради систем на вредности кои ја издвојуваат како компанија во која македонскиот граѓанин препозна стратешки партнер за сигурност и долгорочно штедење. За овие 10 години „Кроација“ прерасна во компанија лидер на пазарот за животно осигурување.

- Денес славиме десет години успешно работење на „Кроација Осигурување“ во Македонија. Како што знаете Вилма и нејзиниот тим работеа многу напорно, ние сме лидери на пазарот и имаме над 50 % од бројот од полисите за осигурување и речиси 50 % согласно остварената бруто полисирана премија. Горди сме на успехот и ќе продолжиме да работиме со исто темпо, - изјави Санел Волариќ, претседател на управата на „Кроација Осигурување“ – Загреб. Гоце Вангеловски, генралниот директор на „Кроација Осигурување – Неживот“ исто така посочи дека е чест да се биде дел од 10-годишнината на „Кроација Осигурување – Живот“. Друштвото за неживотно осигурување, како дел од групацијата „Кроација Осигурување“ - Загреб, своето деловно работење на македонскиот пазар на осигурување го започна кон средината на 2009 година и од тогаш функционира исклучително активно. -Резултатите кои компанијата ги постигна во изминативе 10 години покажаа како една компанија во осигурувањето може да стане лидер на пазарот. Следејќи ги работите кои ги направија во „Кроациа Осигурување – Живот“, компанијата за неживотно осигурување отпочна заеднички процес на синергија на двете друштва и заедно со заеднички напори ќе продолжат да направат уште подобри успеси на македонскиот осигурителен пазар, - рече Вангеловски. Согласно официјалните податоци објавени од страна на Агенцијата за супервизија во осигурување и Националното биро за осигурување вкупната бруто полисирана премија за животно осигурување за 2014 година изнесува 14,439,539.96 евра, од кои 44% претставуваат БПП на друштвото со доминантен удел – „Кроација Осигурување – Живот“. Додека, пак вкупниот број на склучени договори за животно осигурување за 2014 год. изнесува 9255, од кои повеќе од 51% се договори издадени токму од „Кроација Осигурување – Живот“. Со годишен раст на премијата од 21,6% и зголемување на добивката од 15%, друштвото ја заокружи 2014 година како уште една значително успешна година. Од „Кроациа Осигурување“ порачаа дека и во наредните години сите напори ќе ги вложуваат во оправдување на довербата која им ја укажуваат нивните клиенти. („Кроација Осигурување“)


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ

ПроКредит Банка започна акција за почиста и поздрава животна средина

„РАЗМИСЛИ ОДГОВОРНО ЗА ШТЕТАТА КОЈА НИ ЈА ПРАВАТ ПЛАСТИЧНИТЕ КЕСИ’’

„ Р А З М И С Л И ОДГОВОРНО за штетата која ни ја прават пластичните кеси’’ е пораката која ПроКредит Банка ја испраќа до сите граѓани со акцијата за намалување на употребата на пластичните кеси. Целта на ПроКредит Банка со оваа акција е да ја подигне свеста за негативното влијание на плaстичните кеси кои завршуваат во животната средина, да поттикне замена на пластичната кеса со алтернатива која помалку загадува, а со тоа и да придонесе за почиста и поздрава животна средина. За таа цел во во рамки на кампањата ПроКредит на граѓаните ќе им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производсво со минимален ефект на животната средина. -Ние во ПроКредит сме скромни и свесни дека не можеме да го промениме светот, но сме сигурни дека можеме да обезбедиме добри примери со преземање на директни иницијативи. Заедно со секој кој ќе одлучи да ја замени пластична кеса со модерна и реупотреблива алтернатива, даваме активен придонес за намалување на количината на палстични кеси насекаде околу нас - водата, почвата, воздухот. Памалку пластични кеси значи почиста животна средина, поздрави земјоделски производи, подобро здравје за секој од нас, - велат од ПроКредит Банка за ваквата изницијатива. Пластичните кеси се втор најзастапен одпад во животната среди после отпушоците од цигари. Само во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот одпад тешко се управува, најчество завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеси трајно ги уништуваат природните ресурси. Секој граѓанин може да тргне од сопствените навики. ПроКредит Групација со оваа порака делува во 11 земји каде што активно работи и придонесува со своите стандарди за заштита на животната средина. (ПроКредит Банка)


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

19

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ

НОВИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ

„Триглав осигурување“ – Скопје во првиот квартал оствари пораст на премијата од осигурување за 9 отсто

„Триглав осигурување“ – Скопје во првиот квартал оствари пораст на премијата од осигурување за 9 отсто. Во периодот од јануари до март оваа година има остварено 5,2 милиони евра премија од осигурување. Друштвото за осигурување успеа да ги намали бруто трошоците за работење за 3 отсто во споредба со минатата година. - Ова е резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвен квалитет во сите аспекти од работењето на Друштвото, квалитетот на нашите производи, услугата што им ја обезбедуваме на нашите клиенти, ефективните процеси на решавање штети, финансиската стабилност на Друштвото, сето тоа како резултат на бизнис стратегијата што ја следиме и спроведуваме. „Триглав Осигурување“ е прв избор на македонскиот пазар на неживотно осигурување и нашата интенција е дополнително да ја зајакнеме позицијата на компанијата кај клиентите, да придонесеме кон натамошен развој на осигурителниот пазар во Македонија и да продолжиме на нудиме нови производи и услуги, во согласност со потребите на пазарот, - изјави Сања Танчевска, извршен директор на „Триглав Осигурување“ -Скопје. Во структурата на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на друштвата на групацијата „Триглав“ , премијата на „Триглав Осигурување “ Скопје има удел од 2,1 отсто. („Триглав осигурување“ – Скопје)


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Врвните вина на „Тиквеш“ со потврда на квалитетот

ТРИЕСЕТ И ЧЕТИРИ НАГРАДИ НА НАЈБИТНИТЕ ВИНСКИ НАТПРЕВАРИ

Во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, врвните вина на „Тиквеш“ и Домен Лепово освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и Декантер и Интернешенел Вајн Челинџ во Лондон. На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“. Најголем дел од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови, кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки. Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беа далеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното. Тоа јасно покажува дека „Тиквеш“ располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност. Најновите златни медали ги добија врвните розе вина од серијата Александрија куве и Класик, како и црвеното вино Александрија куве, освоени на натпреварите Ле Мондеал д Розе во Франција и Конкурс Мондеал во Белгија. Веќе традиционално, престижни признанија добиваат и тероар вината Бела вода и Барово, како и речиси сите вина од премиум серијата Спешл селекшн и ултра ексклузивните вина од Домен Лепово. -Да освоите толкав број признанија на натпревари на кои се присутни сите оние што нешто значат во светската винска индустрија, значи дека навистина имате вина кои заслужуваат да се истакнат по својот квалитет и уникатност и тоа во глобални рамки. Ваквиот успех на нашите вина ги зајакнува нашите напори за зголемување на извозот на вино во шишиња на најзначајните светски пазари и истовремено придонесува за јакнење на реномето на целата македонска винска индустрија, што е една од нашите стратешки цели, - објаснува генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски. Освоените признанија на ваквите натпревари, претставуваат одлична препорака за вината на „Тиквеш“ што се дел од винските карти во рестораните и се наоѓаат на полиците во трговските мрежи ширум светот. („Тиквеш“)

Заокружени активностите на училишниот проект на ЕВН за учебната 2014/15 година

НА ФИНАЛНИОТ ДЕТСКИ КВИЗ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НАЈДОБРИ ДВЕ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ И ЕДНО ОД КРИВОГАШТАНИ

Зелените енергетски клубови формирани во 12 основни училишта како дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија се натпреваруваа со стекнатите знаења на финалниот детски квиз за енергетска ефикасност што се одржа во Струга. Со квизот се заокружија активностите на Училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2014/15 година.


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

21

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Победници на натпреварот се учениците од ОУ „Димитар Македонски“ – Скопје, Лисиче, второто место го освои ОУ ,,Петар Поп Арсов “ од Карпош, Скопје, а на третото место се пласираа учениците од ОУ „Јонче Смугрески“ – Обршани, Кривогаштани. Победниците добија едукативни награди, а сите учесници подароци од ЕВН Македонија. На квизот учествуваа 60 деца кои во текот на учебната година учеа како разумно да ја користат енергијата и како наученото преку мали локални кампањи да го пренесат во своите локални заедници. Игрите на квизот беа подготвени од група од 20 средношколци кои пред квизот присуствуваа на неколкудневна летна школа. Училишниот проект на ЕВН Македонија се спроведува осум училишни години и досега опфати околу 300 основни училишта во сите општини во Македонија. Едукативниот процес го минале над 40.000 ученици. Во последните четири години основани се секции т.е зелени енергетски клубови во повеќе од 50 училишта. Проектот се спроведува во партнерство со повеќе граѓански организации и тоа: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица. Активностите на проектот ќе продолжат и во следната учебна година, со нови знаења и нови ученици кои како досегашните учесници ќе станат идни генерации на совесни корисници на енергијата. (ЕВН Македонија)

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ ЗА СОРАБОТКА

Делегација од општина Грачаница ја посети „Витаминка“

Официјална делегација од oпштина Грачаница во Косово беше на еднодневна посета во „Витаминка“. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи и општина Грачаница. Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Според раководството на „Витаминка“, средбата беше во насока на унапредување на соработката. Овој пазар важи за еден од најголемите извозни пазари за „Витаминка“, каде „Стоби Флипс“ е еден од најбараните странски брендови. Косовската делегација беше предводена од заменик-премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Општина Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел од делегацијата беа и началникот на Косовскиот округ, Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Општина Грачаница, Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во Косово „Витаминка Трејд“, Расим Мрлаку. („ВИТАМИНКА“)


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

БРЕНДОТ „ВИВА“ СЕ ПРОБИВА НА ЕВРОПСКИОТ И СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ

Компанијата „Вивакс“ на еден од најголемите светски саеми „PLMA World of Private Label“.

Компанијата „Вивакс“, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот „Вива“, на 19-ти и 20-ти мај, во Амстердам, Холандија, го претстави својот асортиман на производи на еден од најголемите светски саеми „PLMA World of Private Label“. Триесет години овој саем ги поврзува трговците со производителите на приватни марки при пронаоѓање на нови производи, нови контакти и откривање на нови идеи. Квалитетот и атрактивниот дизајн на производите на „Вива“ го привлекоа вниманието на голем број од посетителите, додека интерес за потенцијална соработка покажаа претставници од најразлични бизниси од производно-услужниот сектор за прехрана. -Изложување на саеми од светски ранг е од големо значење за нашата компанија бидејќи на овој начин обезбедуваме пат до европските и светските пазари. За нас, учеството на саемот беше потврда, дека со постојаното вложување во квалитетот на производите и создавањето понуда креирана за потребите на потрошувачите, сме се поблиску до светскиот пазар. Истовремено, со претставување на саеми од овој тип ни се отвораа можност за соработка и пласман на македонски производи на глобални пазари.По дводневно претставување, нашите производи веднаш станаа препознатливи за учесниците на саемот, – изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на „Вивакс“. „Вивакс“ како компанија која секогаш се стреми кон раст и во иднина ќе го претставува својот асортиман на производи на реномирани интернационални саеми, со цел остварување на нови бизнис врски и освојување на глобални пазари.(Вивакс)

НИКОЛА ВОЈНОВСКИ, ИГОР СПАСЕНОВСКИ И ТОМИСЛАВ ЈОВАНОСКИ ЈЕ ДЕЛАТ НАГРАДАТА

Избрани три андроид апликации со најдобро Златен Даб решение

Наградниот конкурс „Златен Даб Android Challenge” кој започна на 19 март, заврши. Конкурсот траеше скоро два месеци и на истиот се пријавија повеќе од 20-тина млади и талентирани програмери кои успешно одговорија на предизвикот. Согласно одлуката на стручната шестчлена комисија наградата од 1500 евра, во денарска противвредност, беше подеднакво поделена на три софтверски решенија, односно на: „Меморија” на Никола Војновски, „Даб арена” на Игор Спасеновски и „Catch pop” на Томислав Јованоски. Избраните апликации во наредниот период ќе бидат развиени како функционални апликации за слободно користење на Android телефоните. -Основната идеја за создавање на овој конкурс беше да се доближиме до нашите конзументи кои се повеќе ги користат своите телефони за еден поинаков вид на забава а и вооедно да понудиме шанса на локалните програмери, своето знаење и да го покажат преку создавање на апликации кои ќе ги воведат корисниците на модерната технологија во еден поинаков свет на забава. Можам да ви потврдам дека и во иднина Златен Даб ќе се залага за организација на вакви и слични настани и конкурси, со што се надеваме дека ќе успееме да привлечеме уште поголем број на учесници и ќе добиеме уште подобри и поинвентивни решенија кои можеби утре ќе направат вистински промени не само кај нас, но и на светско ниво, - изјави Александар Чатлески, бренд менаџер во Прилепска Пиварница. Победничките апликации беа избрани од страна на стручна жири комисија, составена од страна на Прилепска Пиварница. При селекцијата беше оценуван дизајнот, иновативниот пристап, брзината, достапноста, како и функционалноста и практичната примена на самата апликација. (Прилепска Пиварница)


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

23

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Се чувствува многу посилен ветер во лице отколку порано

СИЛНИОТ ДОЛАР ИМ ЗАДАВА ГЛАВОБОЛКИ НА ФИРМИТЕ ОД САД

Европската економија профитира од политиката на „ефтини пари’ во ЕУ која го заслабна курсот на еврото. Од другата страна на Атлантикот веќе се жалат дека „Европа се санира на сметка на другите“ Овој град доживеал и подобри денови. Бафало на езерото Ири со децении наназад припаѓаше кон богатите метрополи на САД. Сe додека автомобилската и индустријата на челик не се преселија на други места. И денес многу жители страдаат поради промената на стопанската структура. Како на пример претпријатието Истман. Работниците во оваа фирма веќе 120 години произведуваат машини за индустријата. Генералниот директор на компанијата Роберт Стивенсон ги продава машините ширум светот- со променлив успех „Конкуренција отсекогаш имало и ние не се плашиме. таа не прави подобри.Меѓутоа сега чувствуваме многу посилен ветер во лице отколку порано“. Порано продажбата во Европа одеше добро. Доларот беше слаб а еврото јако. Значи американските машини за Европа беа евтини. И така беше сe до пред една година. Во меѓувреме еврото загуби една четвртина од својата вредност. За овој 63-годишен бизнисмен и за неговиот син Тревор тоа значи само едно: Европа купува помалку, бидејќи нивните производи станале поскапи. „Уште никого не сме отпуштиле, ама ќе можевме да вработиме уште луѓе да имавме послаб долар. јакиот долар на долги патеки им наштетува на нашите фирми кои извезуваат во Европа“, се жали Роберт Стивенсон. Оваа компанија со 120 вработени не може да си дозволи осигурување за заштита од промените на курсот на валутите. Осигурителните компании и банките бараат преголеми премии за такво нешто. Силниот долар ги тера да ги намалат трошоците на производство. Во рамките на САД тоа е едвам возможно. „За да бидеме конкурентни на Далечниот исток, отворивме фабрика во Кина и така профитираме од евтината работна сила што се покажа како успех“, објаснува генералениот директор на Истман машин компани. Засега компанијата Истман успешно и се спротиставува на конкуренцијата од Кина. Тоа се должи пред се на добриот углед и сопствениот оддел за развој. „На крајот од краиштата се зависи од технологијата. Ако располагаш со техника која е револуционерна за нашата бранша, тогаш луѓето ќе ги купуваат твоите машини без оглед на слабиот или јакиот долар, односно евро“, обаснува синот Тревор Истман, директор за производството во семејната компанија. Иако Истман, како и многу други американски компании, има проблеми поради силниот долар, таткото и синот нема да дозволат тоа да ги уништи. Тие преживеале и полоши работи. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

25

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА ЕУ

Скепсата расте низ целата Унија, а волјата за реформи опаѓа

ЕУ запаѓа во се‘ подлабока политичка криза. Скепсата расте низ целата Унија, а волјата за реформи опаѓа, предупредува во својот коментар Бернд Ригерт. Последните изборни победи на евроскептиците во Полска, Шпанија, Велика Британија и Финска би требало да им разјаснат на сите интеграциски романтичари: ЕУ има големи проблеми кои само ќе се влошуваат во следните месеци. Потреси доаѓаат од бројни земји членки - од различни причини. Во јадрото на ЕУ- во Германија, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција- владите се надеваат дека ќе продолжат по старо. Но, тоа нема да биде доволно за да се одржат нештата. Противсилите се премногу моќни. Притисок од левицата Радикално левата влада во Грција е постојано соочена со банкрот и можен излез на земјата од еврозоната. Велика Британија најавува референдум за останок во ЕУ. Левичарските движења се засилуваат во Португалија и Шпанија, ставајќи ги под голем притисок конзервативните поддржувачи на политиките на ЕУ, а во Полска се случи изненадувачка победа на претседателски кандидат кој е исто толку евроскептичен како и Британците. Есенските парламентарни избори во Полска би можеле да ги донесат на власт евроскептиците. За првпат, партија која е критична кон ЕУ е дел од владата во Финска. Унгарија е под власта на евроскептик кој веќе беше опишан од претседателот на Европската комисија како диктатор- макар и на шега. Единствено италијанскиот премиер успеа да им застане на патот на евроскептиците. Што се случува со старата добра ЕУ? Критичарите и од лево и од десно се вон контрола.

Бернд Ригерт

Повеќе Европа? Доколку ја погледнете картата, Германија делува опколено. Владата реагира кон растечките нивоа на скепса на периферијата со збивање на редовите. На следниот самит на ЕУ, канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд планираат да предложат поблиска соработка на 19. држави во монетарната унија. Нешто слично веројатно ќе беше прифатено пред две години, но денес никој не сака ни да слушне за такво нешто. Меркел одби нови преговори за договорите во Унијата како што бара британскиот премиер Дејвид Камерон. Со оглед на актуелните тензии, тешко ќе се донесат промени во договорите, а дополнително, за нив се потребни и референдуми во некои држави.

Повеќе солидарност Длабока реформа на ЕУ е тешка од повеќе причини. Британците сакаат помалку Европа, и да плаќаат помалку. Полска и Шпанија профитираат од ЕУ, нивните економии повторно растат. И покрај тоа, луѓето ги проектираат своите фрустрации врз ЕУ. Јужните земји членки бараат поголема солидарност од Германија, заедничко менаџирање на долговите, и во суштина- повеќе пари. Но Германците не се подготвени да попуштат. Економски гледано, на Германија и‘ оди добро, но поддршката за посиромашните соседи е лимитирана. Не постои лесен излез од кризата. Европската Комисија и натаму го финансира инвестицискиот план кој треба да отвори работни места. Земји-членки чекаат да видат што ќе се случи. Комисијата предлага пофер распределба на бегалците. Членките го одбиваат тоа. Комисијата преговара за договор за слободна трговија со САД. Германците се особено скептични кон тој договор. Каде и да погледнете, се потешко е да се најдат заеднички цели меѓу 28-те шефови на држави или влади во Унијата. Политички амбис? Не треба да се очекува обид за основни реформи кои би ги задоволиле Британија, Шпанија, Грција, Полска и Германија. Најверојатното решение е дека повторно ќе се превртуваат постојните договори. Во најмала рака до следните претседателски избори во Франција, закажани за пролетта 2017 година. Тогаш се очекува голем пробив на десно-популистичкиот антиевропски Национален фронт. Доколку Франција заврши во кампот на евроскептиците, тоа ќе значи крај на унијата која растеше и се развиваше во последните 60 години. Затоа Германија мора да стори нешто. Збивањето на редовите нема да биде доволно. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневна обука: ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ „ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ 2014-2020“ Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите„КОСМЕ“ и„ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020.

Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјитекандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво

На 3 и 4 јуни 2015 година од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнисорганизации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренинг-центрите, консултантските организации. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 4.6.2015 година, Од 10:00-14:00 часот, во хотелот „Албатрос“ во Штип

Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД – КАКО ДО УСПЕШНА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА?”

Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот, каде доѓаат до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците, што претставува основа за натамошен развој. Процесот на глобализацијата, се` поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број предизвици пред текстилната индустрија како за националната економија, така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија. Собирањето, сортирањето и рециклирањето на текстилниот отпад има многу позитивни ефекти, со што истиот може повторно да се користи, обнови и рециклира и затоа потребно е соодветно да се управува со него. Учесниците на овој семинар ќе се запознаат со: - Законот за управување со отпадот; - како да се организира овој систем; - кои се обврските на компаниите во оваа индустриска дејност и - кои се придобивките од управувањето со текстилниот отпад? Контакти: Моника Стоичева Тел: ++ 389 32 300 282 Факс: Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: monika@mchamber.mk

Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„SE TEXTILE, FASHION & FAÇON EXPO“ ВО ТИРАНА

Од 4 до 6 јуни 2015 година, ќе се одржи најголемиот Саем за текстил во Албанија и деловни средби

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот преку својот економски промотор за Албанија и Косово, организира посета на овој саем. Се работи за саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија на која ќе се презентираат: • ткаенини од волна, памук, свила; • кожа; • текстилни машини и опрема (машини за шиење и одржување); • работна облека; • воени униформи; • машка, женска и детска конфекција; • додатоци за облека и др. Во рамките на саемската манифестација ќе се овозможи промоција на нашите на компании пред сите релевантни комори и здруженија во Албанија, а ќе бидат организирани и деловни средби со компании-учеснички на Саемот. Трошоците за патување и сместување се на товар на самите компании. Пријавување до 5 мај 2015 година. Подетални информации можат да се добијат на: http://www.expodatabase.com/tradeshow/southeast-europe-textile-fashion-faon-expo-67944.html. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1737&bet=3 Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9 јуни 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Практична обука: „ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

Успешно учество на постапките за доделување спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; на договори кои се водат по електронски пат • Интерактивни вежби! Секој од учесниците (пребарување огласи, преземање тендерска индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на документација, поднесување понуди) и учество на електронска аукција. електронски аукции Обуката е наменета за сите економските оператори, Обука наменета за економски оператори) приватни компании кои учествуваат на постапките за јавни набавки или имаат интерес за потенцијално учество на На обуката која е наменета за сите економски оператори – истите. приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки, учесниците на Обучувачи интерактивен начин подетално ќе се запознаат со алатките Обучувачите се експерти за јавни набавки и е-набавки од што ги нуди ЕСЈН и самите практично ќе имаат можност Бирото за јавни набавки (Сектор за управување со ЕСЈН) да поднесат понуда преку системот и да учествуваат на кои учествувале во развојот на е-набавките во РМ. електронска аукција. Имајќи го предвид воведувањето на задолжителноста на е-набавките (во последната измена Со оглед на видот на обуката – практични и интерактивни на Законот се предвидува задолжително користење вежби и поминување на тест-сценарија, учесниците е на е-набавките почнувајќи од 2016 година – во 30% од потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ). постапките, 2017 година – 50% и 2018 година – 100%), ваквата обука е од исклучителна важност за лицата инволвирани За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: во јавните набавки. - работен материјал; - ручeк и освежување; На обуката учесниците ќе имаат единствена можност да - сертификат за присуство на семинарот. дискутираат и да ги искористат искуствата на експерти за јавни набавки кои учествувале во создавањето и развојот Аплицирај електронски / on-line на Електронскиот систем за јавни набавки, и кои што веќе неколку години спроведуваат постапки целосно по Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова електронски пат. Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 ПРОГРАМА Контакт Центар : (02) 15015 • Детално опишување на е-набавките и алатките што ги E-адреса: beti@mchamber.mk нуди ЕСЈН; • Креирање на кориснички профили и претставување Контакт: Анита Митревска и уредување на функционалноста на профилот на Тел: ++ 389 2 3244057 економскиот оператор; Факс:++ 389 2 3244088 • Пребарување на објавени тендери и договори; Контакт Центар : (02) 15015 • Поднесување на понудите преку системот; E-адреса: anita@mchamber.mk • Учество на е-аукции; • Претставување на случаи на „добра пракса” при


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН

Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан.

Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференција и деловни средби на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија

„ПАМЕТНО ГРАДЕЊЕ НА ПАМЕТНИ ГРАДОВИ“

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на Конференцијата и на деловните средби што ќе се одржа на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија, на тема: „Паметно градење на паметни градови “. Притоа, бизнисмените ќе имаат можност да се сретнат со 97 претставници на компании, владини институции, консалтингкомпании, асоцијации, универзитети, истражувачки институции, од следниве области: • инженеринг и планирање, архитектура и градежни услуги; • изградба / секундарни договори за работа; • градежни материјали / компоненти и склопови; • обновливи извори на енергија, климатизација и технологии за градење; • бизнис-агенции, кластери и асоцијации, креатори на јавна политика за планирање на нов и стар простор во градовите и сл. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки од над 15 земји, со над 100 учесници од: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Швајцарија и Турција. Самиот настан ќе биде проследен со организирани: • поединечни деловни средби и • ексклузивни посети во најиновативните австриски компании. Конференцијата и деловните средби се наменети пред се` за компаниите со цел тие да се запознаат со најновите австриски KnowHow технологии на веќе изградени згради, нивно реновирање и повторна употреба; нуди можности за проширување на својата меѓународна мрежа и наоѓање на нови деловни партнери; стекнување со знаења за нови пазари; презентирање, дискутирање и развивање нови проекти; како и иницирање на прекугранични контакти. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на Конференцијата да го наведете во Пријавниот лист и да се регистрирате на следниов линк: www.b2match.eu/buildingsmart2015 . За првите 5 компании кои ќе се пријават за учество на Конференцијата, ќе бидат обезбедени две бесплатни ноќевања во хотел, од 9-11 јуни 2015 година или 10-12 јуни 2015 година. Пријавување до 28.5.2015 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

“КОМОРИТЕ ЗА ГЛОБАЛЕН НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ” Светскиот коморски конгрес е организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светската федерација на комори).

Светскиот коморски конгрес се одржува на секои две години во различни земји. Тоа е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис-лидери, место каде што се нуди можност да се споделат најдобрите практични искуства, место за размена на идеи, развивање на мрежи, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис-прашања кои влијаат на заедниците од каде се доаѓа, како и да се добијат информации за нови иновации од коморите од целиот свет. Коморите во своите држави работат на корените на претприемничкиот развој, имајќи предвид дека компаниите се подготвени да се искачат на врвот преземајќи нови и смели бизнис-потфати за своите членки. Приматот го имаат малите и средни компании (МСП) кои се најбројни и се креатори на економското богатство и развојот на сите економии. Но тука се и големите компании кои се носечки за развојот за едно стопанство и истите се пример за малите и средни компании. Коморите играат клучна улога во олеснувањето на локалниот развој на бизнисот и идентификацијата на трговијата, инвестициите и деловните можности. Коморите им помагаат на своите членки да ја подобрат конкурентноста и да успеат во своите активности, значително придонесувајќи кон економскиот прогрес на една земја. Конгресот не е само монолог - еднонасочна комуникација, туку станува збор за интерактивна акција на делување. Во осум работилници за обука, експертите ќе им дадат практични совети на сите учесници, кои ќе им овозможат на коморите и бизнис-заедниците да ги подобрат и да ги унапредат своите услуги, како и да се стекнат со поголемо професионално и лично искуство по нивното враќање дома. Стопанската комора на Македонија заедно со компаниичленки ќе земе учество на овој конгрес, отворајќи одлична можност за проширување на деловните контакти, унапредување и стекнување на нови знаења, размена на искуства, можности за посета на древни остатоци од цивилицации, и секако дружење

Од 10 до 12 јуни 2015 година 9-ти Светски коморски конгрес во комплексот - Лингото, во Торино, Република Италија

и забава со останатите претставници кои ќе учествуваат од коморите од светот. 9. Светски коморски конгрес ќе се одржи во Линготокомплексот во Торино, кој претставува одличен пример за индустриски обновен објект пренаменет за други потреби. Всушност овој објект претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Денес, тој е огромен комплекс, во кој се наоѓа и Центарот за конвенција, изложбен центар, каде што има хотели со 4 и 5 ѕвезди, 5500 м2 покриен паркинг-простор, масивен 8 галериски трговски центар со 90 продавници и 25 барови, ресторани, мултиплекс-кино со 11 театри, ексклузивни Bolla-сали за состаноци, со аеродром за хеликоптери (кој се наоѓа на покривот на Лингото-комплексот), уметничка галерија и еден ресторан кој се наоѓа на поранешната тестпатека на автомобилскиот бренд „Фиат“. Сите овие објекти меѓу себе се поврзани, нудат голема флексибилност и можат да се приспособат за различни типови на настани. Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Регистрација - котизација Сите делегати ќе имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во текот на 3 дена на 9. Светски коморски конгрес, а постои и можност да изберат учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење за делегатот.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Меѓународен саем за вино и деловни средби на 16 и 17 јуни 2015 година во Франција

„VINEXPO INTERNATIONAL“ ВО БОРДО

Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби Ви овозможуваат да учествувате на најпознатиот светски настан за вино, со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители, да ја проширите својата меѓународна мрежа и да ги идентификувате новите партнери, преку претходно одбраните потенцијални партнери. Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби се брокерски настан за светски познатите вина и алкохолни пијалаци. Настанот нуди: За компаниите – проактивно учество на „Vinexpo“, каталог за купувачите и организиран тајминг за настанот и состаноците во ЕЕН мрежата, како и сите предности на matchmaking настанот – бесплатно! За купувачите – бесплатна, професионално организирана агенда за да се сретнете со претходно избраните мали и средни претпријатија, дегустација и откривање на прекрасни вина и алкохолни пијалаци, како и временски ограничени, организирани деловни средби. За дегустацијата е обезбедена сала од 300 м2 со 45 маси и професионална услуга. Зошто треба да учествувате? - Присуство на светски познатата изложба со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители. - Активно учество на изложбата. - Проширување на својата меѓународна мрежа и идентификување нови партнери. - Организирани 30-минутни деловни средби со одбрани партнери. - Тоа е бесплатно! Регистрирајте се на www.b2match.eu/vinexpo2015

Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1734&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: „БАЛКАНСКИ МОСТ НА ТРГОВИЈАТА 2015“ Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Министерството за економија на Република Бугарија, организираат Економски форум за земјите од Југоисточна Европа на тема: „Балкански мост на трговијата 2015 година“ - поврзување на трговските компании од Југоисточна Европа. Европскиот економски форум е под покровителство на Министерството за економија на Република Бугарија и има за цел да обезбеди платформа за деловни разговри за идните бизнис-можности на земјите од Југоисточна Европа. Конференцијата и деловните средби се наменети пред се`за високи претставници, менаџери и сопственици на компании увозно ориентирани и дистрибутерски компании, како: синџири на продавници за малопродажба; - машинско инженерство; - производители на метални производи; - производители на градежни материјали; - ИТ-компании; - електронски и електричен инженеринг; - хемиска индустрија и др.

На 18 и 19 јуни 2015 година, во хотелот „Кемпински“, Софија, Република Бугарија

„Кемпински“, во Софија, Република Бугарија. За учесниците на Економскиот форум Министерството за економија на Р: Бугарија обезбедува две бесплатни ноќевања за 1 претставник од компанија (кои можат да се искористат во периодот од 18-20 јуни 2015 година), како и покривање на патни трошоци во висина од 200 евра.

Ве молиме, Вашиот интерес за учество на Економскиот форум да го наведете во Пријавниот лист– (Buyer’s Application Form) и да го доставите на е-адресата: office@biforum.org, или го испратите по фах: 00359 2 953 29 24.

Контакт: Ивона Каранфиловска На Економскиот форум ќе присуствуваат менаџери Тел: ++ 389 2 3244084 и сопственици на компании од 15 земји од Балканот Факс:++ 389 2 3244088 и пошироко, а учесниците ќе имаат можност да се Контакт Центар : (02) 15015 сретнат со над 500 високи претставници на компании, E-адреса: ivona@mchamber.mk владини институции, меѓународни финансиски и други интернационални институции, со можност Контакт: Ирена Мојсовска да разменат мислења за актуелните економски Тел: ++ 389 2 3244009 прашања. Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Економскиот форум за земјите од Југоисточна Европа E-адреса: irena@mchamber.mk ќе се одржи на 18 и 19 јуни 2015 година, во хотелот


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ПАТОТ НА СВИЛАТА“ Од 23 до 26 јули 2015 година во ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА Ксинџијанг - Урумки, во НР Кина ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА И „УРУМКИ“ - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И КЕТЕРИНГ (За компаниите – членки на Стопанската комора на македонија обезбедени се бесплатно сметување, изложбен штанд, влезници и трансфер) Стопанската комора на Македонија во соработка со Ксинџијанг Меѓународниот саем и центар за конвенции организира учество на македонски компании на Вториот интернационален саем за прехранбена индустрија „Патот на свилата“ и „Урумки“ - Интернационалниот саем за угостителство и кетеринг. Двата настана ќе се одржат периодот од 23-26 јули 2015 година. Целта на организирањето на овие интернационални саеми е да се промовира соработка и да се работи на развојот на прехранбената индустрија меѓу сите области по должината на „Патот на свилата“ и Централна Азија, Западна Азија, земјите од АСЕАН и ЕУ. Воедно, целта е да се создадат „пет центри“ на економскиот појас на „Патот на свилата“, со цел да се промовира градот Урумки и да се интензивира економската соработка меѓу домашните и странските компании од прехранбената индустрија. „Патот на свилата“ - Интернационалниот саем за храна што се одржа во 2014 година и 4. Кинески саем за ХАЛАЛ храна и култура (SRIF), успешно беа одржани во „географскиот центар на азискиот континент“ - Урумки. Првиот SRIF-Саем бил организиран на површина од 40.000,00 м² со 1.200,00 интернационални стандардни штандови со повеќе од 780 учесници, од кои 153 странски компании од повеќе од 27 земји и региони од светот. Бројот на посетители достигнал 200.000,00 а вкупниот профит изнесувал 1.445 билиони јуани. Оваа година Саемот ќе се одржи на површина од 70.000,00 м² со 2.400,00 стандардни штандови и повеќе од 1.500,00 компании-учеснички, од коишто 30% се странски излагачи. Саемот ќе трае од 23-26 јули 2015 година, со следниот распоред за излагачи: • сместување: 21-22 јули 2015 година; • изложување: 23-26 јули, 2015 година; • ден за трговци: 23 јули 2015 година • отворен ден: 24-26 јули 2015 година • пакување: 26 јули 2015 година (после 17:30 часот). На Саемот ќе се најдат излагачи од повеќе различни сектори: • прехранбена индустрија: здрава храна, угостителство, кетеринг и сродни индустрии, домашен и странски


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • • •

прехранбен сектор, франшизи; машини и опрема за прехранбената индустрија: машини за преработка и пакување во прехранбената индустрија, опрема за печење, кујнски прибор и опрема, земјоделски објекти, инсталација на ладилници и комори, опрема за пијалаци; некласифицирана храна: специјални шумски и овошни продукти, органска храна и пијалаци, суровини и ароми, жито, масло, зеленчук, морски плодови, локални продукти, чаеви и млечни продукти; хотелиерство: познати ресторани и хотели, украсување за свечености; синџир на претпријатија: синџир на компании од прехранбената индустрија, продавници и супермаркети и др.

Посетителите и излагачите на Саемот ќе имаат можност да бидат дел од три одделни секторски манифестации од прехранбената индустрија: 1. Интернационален саем за прехранбена индустрија (на 12.000,00 м²); 2. Саем за домашна прехранбена индустрија (на 24.000,00 м²) и 3. Саем за гурманска храна и култура (на 30.000,00 м²). За време на Саемот ќе бидат организирани и два бизнисфорума: Интернационален форум за прехранбената индустрија и промоција на инвестициите 2015“ и „Патот на свилата“ -„Урумки“ Форум за храна и култура, како и деловни средби за бизнисмени од повеќе различни сектори од прехранбената индустрија. Посетителите и излагачите за време на Саемот ќе имаат можност да присуствуваат на голем број дополнителни настани и активности организирани од страна на SRIF, како што се: „Кралот на храната“- интернационален настан од областа на гастрономијата, натпревари и доделување награди, Шангајско Гинисово шоу со јаболко, „Вкуси го Ксинџијанг“, промоција на туризмот и др. За компании членки на Стопанкста комора на Македонија , обезбедени се : • бесплатно сместување во Урумки за време на саемската манифестација (5 ноќевања); • бесплатни влезници за саемската манифестација; • бесплатни трансфер (од-до аеродром и саемот) и • бесплатен штанд за претставници на интернационални компании - површина од 9 м² Напомена: Доколку се пријават повеќе од 20 македонски учесници, постои можност за добивање бесплатен Национален павилјон - простор за изложување од 270 м² , односно простор за 30 засебни штанда. Посетителот ги покрива патните и организационите трошоци кон Комората (за членки на Комората 6.000 денари по лице, а за нечленки 9.000 денари по лице). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и полипропиленски вреќи за различни намени. Во согласност со барањата на клиентите се печатат во 6 бои; пластични кеси со залепени ленти обични, за пакување облека; различни ленти за сигнализација со натписи („СТОП” и др.); кеси за отпадоци во ролни и др. Валидност дo 16.7.2015 годинa. Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на биогорива произведени од семе од репка. Валидност дo 17.7.2015 годинa. Компанија од Израел заинтересирана да соработува со македонски производители на конзервирана храна, сосови, масло, преливи и зачини, кондиторски производи и пакувани десерти за пласман на истите во Израел. Валидност дo 17.6.2015 годинa. Компанија од Романија бара заеднички партнер во Република Македонија кој би произведувал садови од инокс. Валидност дo 17.7.2015 годинa. Унгарска компанија бара дистирибутер во Република Македонија за пласман на комплетна гама на магнети, магнетни апарати, магнетни системи, метални сепаратори, магнетни дигалки и магнетни држачи кои наоѓаат примена во прехранбената, мелничката, керамичката и индустријата за пластика Бугарска компанија бара соработка со компании- и индустријата за рециклирање кои служат за трговци со метали и метални конструкции во отстранување на метални делови (честички) од производите. Република Македонија. Валидност дo 17.7.2015 годинa. Валидност дo 16.7.2015 годинa. Компанија од Турција специјализирана за товарен превоз до Русија, Европа и Турција бара да соработува со македонски фирми кои се долгорочни соработници со фирми од Турција. Валидност дo 16.7.2015 годинa.

Компанија од Шведска бара соработка со македонски компании во металната индустрија кои би произведувале метални резeрвоари. Валидност дo 16.7.2015 годинa.

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав, млеко во прав и преливи. Валидност дo 17.7.2015 годинa.

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Хрватска компанија нуди кровни панели со Република Македонија за пласман на полиетиленски експандиран полистирен. Валидност дo 18.7.2015 годинa.


четврток, 28 мај 2015, Бр. 225

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сушено овошје, јаткасти плодови, филови за торти со различни вкусови (јаболко, чоколадо, лешник), ужинки (чипс од банана, пуканки со путер, сирење или сол), житни десерти со различни вкусови, производи од соја – оброци со вкус на печурки, пиперки, домати и сл., житарки за појадок за деца и за возрасни. Валидност дo 18.7.2015 годинa.

Компанија од Шри Ланка бара партнери во Република Македонија за заедничко вложување во производство на пневматски гуми и цевки специјализирани за мотори и велосипеди, индустриски гуми. Имаат целосно опремена фабрика со современи машини и технологии. Валидност дo 19.7.2015 годинa.

Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на соларни топлински производи во Република Компанија од Египет бара соработка со нафтени Македонија. компании во Република Македонија и нуди опрема Валидност дo 19.7.2015 годинa. за бушење. Валидност дo 19.7.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер за пласман на разни производи од лук (сос од лук, бел лук во Компанија од Турција е заинтересирана за соработка тегла, пире од лук, лук на парчиња, печен лук, лук во со јавни и приватни институции од Република прав) во Република Македонија. Македонија за пласман на обувки за електричари, за Валидност дo 20.7.2015 годинa. воени лица, пожарникари, канцелариски работници, возачи на мотоцикли, на униформи за полиција, војска и противпожарна служба, опрема за војска, безбедносна опрема за работници и сл. Подготвени Контакт: Мирјана Коцева се да испорачаат поголеми количини согласно Тел: (02) 3244-035 потребите на клиентот. Факс: (02) 3244-088 Валидност дo 19.7.2015 годинa.

mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook