БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2016
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 265
www.mchamber.mk
28.4.2016
По повод 94 години од коморското организирање во Република Македонија доделени награди и признанија на Стопанската комора на Македонија за 2015 година
ДУАЛНИОТ СИСТЕМ ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ НА КОМОРАТА ГОДИНАВА
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
B
UR
O
НИКО
SE
C
MC Robin
ЕЗБЕД ОБ У
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
94 ГОДИНИ ОД КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
goodini
192
2 - 2016
Јубилејот одбележан со доделување награди и признанија на Стопанската комора на Македонија за 2015 година и претставување на дуалниот систем во средното стручно образование, како главен приоритет на Комората во 2016 година На свечената седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, по повод 94-годишнината од коморското организирање во Република Македонија, пред присутните се обрати претседателот на Комората Бранко Азески, кој го истакна задовлство што и после толку години искуство сме бренд и лидер во коморскиот систем не само во земјава туку и во регионот. При тоа, Азески посочи дека за најоптимално извршување на коморската функција, мора да постои консензус помеѓу јавниот и приватниот сектор без кој нема економски напредок. Ни треба акција, да бараме нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата, - подвлече претседателот Азески
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТУЕЛНО
Во рамките на свечената седницата, Стопанската комора на Македонија додели награди и други признанија за 2015 година. 1. Награда за реализирани инвестиции во земјата во 2015 година му е доделена на Земјоделски комбинат „ПЕЛАГОНИЈА“ АД – Битола. 2. Специјално признание за доајен меѓу македонските менаџери му е доделено на господинот Димитар Маџунков, стопанственик во пензија, основач на две компании во Гевгелија, „Конти Хидропласт“ и „Интерконстракшан“. 3. Специјално признание за компанија со најголем број учесници на едукативни настани во Стопанската комора на Македонија во 2015 година е доделено на АД „ЕЛЕМ“ – Скопје. 4. Награда за најдобар партнер на Стопанската комора на Македонија од државните институции во 2015 година е доделена на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. 5. Специјално признание за најуспешна компанија носител на Сертификат „Excellent SME Macedonia“ издаден од Комората во 2015 година е доделено на компанијата „Инфо-биро“ ДОО – Охрид.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
Со цел воведување дуален систем во средното стручно образование, како еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија во 2016 година, на петтата седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, од страна на господин Мартин Кнап, директор на Германската стопанска комора во Македонија, се одржа презентација на темата:„Обезбедување стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнисот – воведување дуален систем во средното стручно образование“.
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТУЕЛНО Господинот Кнап во својата презентација се осврна на потребата од постоење на тесна соработка со деловниот сектор во насока на унапредување на стручното образование и профилирање на кадри кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд веднаш по завршувањето на образовниот процес.
Со оглед дека единствено комбинацијата од практични и теоретски знаења дава сеопфатно образование, тој истакна дека клучна улога во процесот мора да имаат компаниите, затоа што тие самите се најупатени за тоа какви знаења, вештини и способности им се потребни. Господинот Кнап потенцираше дека придобивки од дуалниот систем на стручно образование имаат сите учесници – како компаниите, така и самите практиканти, но и државата, која на тој начин ќе придонесува за намалување на невработеноста помеѓу младата популација. Во својата презентација господинот Кнап се осврна и на улогата на коморите во спроведувањето на стручното образование, при што истакна дека во Германија Комората е надлежен орган за спроведување на овие активности. Стопанската комора на Македонија оценува дека обезбедувањето на квалификувана работна сила според современите стандарди е клучен предизвик денес. Меѓу останатите чинители кои имаат придонес во економскиот развој и просперитет не треба да се занемари и улогата на системот на средно стручно образование, образовен систем кој треба да одигра клучна улога во зголемувањето на
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО националната конкурентност. Сепак моделот на образование има поширок социјален опсег и не е само едностран поглед во насока на зголемување на бенефитот за економијата. Дуалниот модел на образование помага и во полесниот трансфер од училишна кон работна средина за младите, а со самото тоа и пронаоѓање на единката во општествената целина. За таа цел, Стопанската комора на Македонија спроведе анкетно истражување меѓу своите членки, а резултатите од спроведеното истражување ги презентираше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Сумирајќи ја состојбата, во Република Македонија постои првичен интерес кај компаниите да се вклучат во процесот на дуалното образование и секако, постои потенцијал за унапредување на постојниот систем на средно стручно образование, а Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе продолжи да презема активности во насока на подобрување на моменталната состојба. За таа цел, ќе се разгледаат
можностите и ќе се предложат конкретни мерки и предлози што треба да ги преземат општествените чинители кои треба да бидат вклучени во овој процес, во насока на профилирање на кадрите во согласност со потребите на бизнисот. М-р Татјана Штерјова Даниела Михајловска Василевска
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ФОКУСИРАНО Прес конференција
КВАЛИТЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА ПРЕКУ УЧЕСТВО НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС
Законската рамка и начинот на функционирање на колективниот постапувач со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, беше главниот акцент во обраќањето на Фана Христовска од „Ел колект“ - членка на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција во Комората (25.4.2016 година).
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
9
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО Законските обврски на учесниците во процесот на постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема започнаа од 1 јануари 2015 година, но факт е дека се` уште постојат отворени прашања околу примената на регулативите, од коишто дел се однесуваат на не докрај заокружената регулатива поради отсуството на дел од подзаконските акти, а дел и од недосленото почитување на законските обврски од страна на производителите на електрична и електронска опрема. Имено, согласно регистерот на создавачи на електричен и електронски отпад во системот на колективните постапувачи не се опфатени ниту половината од нив, па затоа на пазарот се чувствува нелојална конкуренција кај субјектите кои пласираат ваков вид на опрема. Станува збор за опрема која содржи и опасен отпад, па доследното имплементирање на регулативата од страна правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема е од особено значење за што поголеми количини од овој отпад да завршат на рециклирање. Дел од собраната електрична и електронска опрема се извезува и рециклира надвор од земјата поради засега ограничените собрани количини на овој вид опрема, но и поради отсуство на стимулации за рециклаторите кои работат со овој вид отпад, со оглед дека истиот нема доволна комерцијална вредност, исткна Христовска во своето излагање. Таа ја посочи улогата и местото на сите чинители во процесот на управувањето со електрична и електронска опрема, вклучително и на медиумите, во насока на поголема промоција на потребата за успешно постапување со отпадната електрична и електронска опрема и со тоа зачувување на животната средина. Засега не се располага со точни податоци за досега собраните количини на овој вид на отпад. Истите ќе бидат достапни кон крајот на мај, истакна раководителот на секторот за управување со отпад во Управата за животна средина, м-р Ана Мазнева Каранфиловска. Националните цели за овој вид отпад се 0,5 кг по жител во тековната година , односно 4 кг по жител до 2020 година. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ Остварени работни посети како дел од активностите во рамките на Клубот на менаџери-претприемачи
ПРЕТСТАВЕНИ НАРЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО НЕКОЛКУ КОМПАНИИ Тимот на Клубот на менаџерипретприемачи, на 21.4.2016 година, реализираше средби во неколку компании во Штип, со цел претставување на наредните активности предвидени во годишната агенда и привилегиите што ги нуди Клубот за членките.
СКМ ♦ КМ
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Компанија:„Агрофила“ ДООЕЛ – Штип Дејност: Производство на масла и масти Големина: Мала Адреса: Ул. Индустриска зона Македонка 21, Штип Контакт: +389 32 393 680 Веб-страна: http://www.filla.com.mk Facebook: https://www.facebook.com/fillaoil Во „Агрофила“ ДООЕЛ – Штип, состанокот се одржа со госпоѓа Адријана Постолова, маркетинг менаџер во компанијата која е основана во 2005 година. Главна дејност на компанијата е производство на автентично ладно цедено масло за јадење, произведено од различни маслодајни семиња. Производниот капацитет при формирањето на компанијата бил лоциран на површина од 12.000 м2 во исклучително еколошки чиста средина, опкружен со повеќедецениска шума и прекрасен парк. Во тој период фирмата располагала со два објекта: - погон за преработка на семенскиот материјал, заедно со финалната обработка на вкупен простор од 200 м2 и складишен простор од 250 м2; - неколку силоси за складирање на семенскиот материјал наменет за преработка на сончогледот.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
11
КЛУБ НА ПОДВЛЕЧЕНО МЕНАЏЕРИ Во 2007 година се доградуваат и опремуваат уште четири објекта: - погон за прием, селектирање и прочистување на примениот семенски материјал на простор од 300 м2; - реновирање на канцелариски деловен простор од 250 м2; - придружен објект за складирање на ќуспе како сточна храна и простор за складирање на репроматеријали од 300 м2. Компанијата постојано ја надградува својата палета на производи и е постојано присутна на пазарот преку својата дистрибутивна мрежа. „Агрофила“ ДООЕЛ – Штип е компанија носител на сертификатот Excellent SME, кој Стопанската комора на Македонија го издава во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг „COFACE“ од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија. На состанокот разговаравме за можностите што ги нуди Клубот на менаџерипретприемачи, особено во делот на вмрежување и едукативни настани, како и за начините на кои компаниите можат да ги искористат активностите и услугите на истиот за дополнителна промоција на своите услуги и производи. Компанија:„Брилијант“ ДООЕЛ - Штип Дејност: Производство на масла и масти Големина: Голема Адреса: Ул. Брегалничка бр. 58, Штип Контакт: +389 32 391 319 Веб-страна: http://www.brilliant.com.mk Состанокот во компанијата „Брилијант“ ДООЕЛ - Штип се реализираше со господин Павле Кафтанов, технички директор. „Брилијант“ е основана во 1991 година. Производствените капацитети и управната зграда се лоцирани во индустриската зона на градот Штип, а компанијата функционира во четири клучни сегменти: - производство на масло за јадење; - производство на млечни производи и јагнешко месо; - складиште и терминал за течни горива; - царински комплекс. Производството на масло за јадење опфаќа најголем сегмент од производните капацитети на „Брилијант“, со дневен капацитет од 180.000 литри. Производната програма се состои од следната палета на производи: рафинирано сончогледово масло за јадење, Омега 3 масло, масна киселина и растителни восоци. „Брилијант“
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ успешно стопанисува и во доменот на овчарството, произведувајќи овчо сирење, млечни производи и јагнешко месо со врвен квалитет. „Брилијант“ располага со сопствено стадо од 7.000 овци, кои обезбедуваат годишен принос од 7.000 јагниња. За зголемување на ефикасноста и за подигање на повисоко ниво на хигиенско-техничките услови при добивањето и експлоатацијата на овчо млеко во „Брилијант“ е инсталирана и првата автоматска молзница во државата за третирање на 40 овци истовремено. Имајќи го предвид фактот што целокупното количество храна за овците е од сопствено строго контролирано производство, како и фактот дека за здравствената исправност на овците и на јагнешкото месо континуирано се грижат стручниот тим на „Брилијант“ и Ветеринарниот завод - Штип, 70% од јагнешкото месо „Брилијант“ го пласира во земјите на ЕУ, а преостанатите 30% само во ексклузивни хотели и ресторани низ Македонија. Компанијата „Брилијант“ е долгогодишен поддржувач и брилијантен покровител на Стопанската комора на Македонија. Компанија: „Европа“ ДООЕЛ - Штип Дејност: Трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутун Големина: Голема Адреса: Ул. Брегалничка бб, Штип Контакт: +389 32 390 558 Веб-страна: www.makpromet.mk www.cungalunga.com „Европа“ ДООЕЛ - Штип е дел од „Макпромет“ групацијата која датира од 1957 година, а посетата на Клубот на менаџери-претприемачи се одржа со менаџерот на компанијата, госпоѓа Данче Ѓурова.„Европа“ ДООЕЛ е специјализирана за производство на гуми за џвакање, лижавчиња, карамели и бонбони, алва и желе. „Европа“ ДООЕЛ е компанија определена и посветена да обезбеди најдобар квалитет на своите производи, почнувајќи од основните суровини преку софистицираната технологија за производство, преработка, пакување и продажба на производите со што креираат свет полн со изненадувања на слатки мали производи за своите главни потрошувачи – децата. Производите на „Европа“ ДООЕЛ се пласираат во 23 држави. Дури 80% од целокупното производство е наменето за извоз, а 20% останува за пласман на домашниот пазар. Производите на „Европа“ ДООЕЛ се присутни на пазарите во: Германија, Шпанија, Холандија, Австрија, Англија, Унгарија, Швајцарија, Данска, Шведска, Чешка, Полска,
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
13
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ Италија, на пазарите од регионов, како и во Израеел, Ирак и во САД. Целта на состаноците кои се реализираат во рамките на Клубот на менаџерипретприемачи е да се разговара за актуелните состојби во компаниите, нивните достигнувања и планови за развој, како и за предизвиците со кои се судираат во секојдневното работење. Во таа насока, Клубот на менаџери-претприемачи овозможува поддршка на малите и средни компании со цел пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Симона Ристоска
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ Едукативен настан во Клубот на менаџери-претприемачи
ЕУ-ФОНДОВИ ЗА КОМПАНИИТЕ – „КОСМЕ“ И „ХОРИЗОНТ 2020“ Клубот на менаџери-претприемачи КЛУБ НА продолжува со редовните активности во СКМ ♦ КМ МЕНАЏЕРИ рамките на годишната програма, преку ПРЕТПРИЕМАЧИ организирање едукативни настани, вмрежувања и промоции за своите членки. На 22.4.2016 година во бутик-салата на Клубот, се одржа настан на тема: „ЕУ-фондови за компаниите – „КОСМЕ“ и „Хоризонт 2020“ со Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија и сертифициран менаџмент консултант. Учесниците за време на настанот имаа можност да се запознаат ЕУ-фондовите кои се достапни за македонските компании со посебно внимание на ИПАРД, „КОСМЕ“ и „Хоризонт 2020“. Госпоѓата Аризанковска обезбеди информации за главните компоненти, специфичните цели и правилата за аплицирање кои се од огромна важност за компаниите кои се заинтересирани да ги искористат можностите што ги нудат овие фондови. Дополнително, беше објаснето за потребната проектна документација и процесот на подготовка, како и развивањето на иновативни проектни идеи. Исто така, детално беа разработени аспектите што треба да ги содржи една апликација и кој се` всушност може да аплицира.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
15
КЛУБ НА ПОДВЛЕЧЕНО МЕНАЏЕРИ Клубот на менаџерипретприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуство, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка. Симона Ристоска
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТИВНОСТИ
МАКЕДОНИЈА ПРЕПОЗНАЕНА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛНО АТРАКТИВНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ТУРИСТИ ОД КАЗАХСТАН Македонски компании од секторот туризам и угостителство, земаа учество на Меѓународниот саем за туризам во Алмати, Република Казахстан, со цел промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација за привлекување туристи од нови пазари.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
17
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
Во рамките на саемската манифестација, под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Казахстан, а во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и „Туркиш Ерлајнс“ се реализише презентација на потенцијалите на Македонија како атрактивна туристичка дестинација во присуство на повеќе од 40 тур-оператори од Казахстан. За тур-операторите, туристичките агенции и угостителите од Македонија, со помош на Амбасадата на Македонија, беа организирани и деловни средби со заинтересирани партнери во градовите Алмати и Астана. На саемската манифестација во Алмати, Република Казахстан, учествуваа и Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и сопственик на туристичката агенција „Аурора“, како и Асим Меџедовиќ, член на Здружението при Комората и сопственик на агенцијата „Фибула“. Согласно информациите од учесниците на Саемот, интересот на тур-операторите од Казахстан за Македонија е огромен и има можност за развивање на интензивна соработка во следниот период, за што постои и директна поддршка од македонскиот амбасадор во Република Казахстан Илија Псалтиров. Даниела Михајловска-Василевска
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТИВНОСТИ
Работна средба на Групацијата за оружје и опрема со претставници на Министерството за внатрешни работи
РАЗГЛЕДАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ДОМАШНИ ФИРМИ Управниот одбор на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за цивилна и воена намена одржа работна средба со претставници на Министерството за внатрешни работи од Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност и претставник од Одделот за финансии во Министерството, надлежен за спроведување јавни набавки.
На работната средба се разговараше за зголемување на соработката на домашните фирми овластени за работа со вооружување и опрема во согласност со потребите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, како
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
19
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ и за преземање а к т и в н о с т и во насока на подобрување на работењето на компаниите кои се занимаваат со производство или трговија со оружје и опрема. Покрај тоа, на средбата се разговараше и за поефикасно завршување на постапките за издавање одобренија за набавка на оружје, согласно соодветните законски услови предвидени во Законот за оружје. Исто така, беа посочени и определени прашања кои во праксата им создаваат проблеми на компаниите, а се поврзани со неусогласеност на одредбите од Законот за ловство и Законот за оружје во делот на надлежноста за одземање на оружјето при лов, законските измени кои влијаеја и на намалување на прометот со воздушно и сигнално оружје, проблемот со достава на одобрението за транспорт на оружје до граничните премини во услови кога е воспоставено електронско аплицирање и водење на постапките за издавање документи, можностите за воспоставување меѓународен сертификат за реекспорт во регулативата од областа на прометот со вооружување и опрема и издавање на соодветни одобренија за реекспорт и слично. Во делот на јавните набавки, посебно стана збор и за можноста при поставувањето на условите за доставување понуди и при евалуација на истите, единствен критериум да не биде цената, туку да се предвидат и други критериуми (стандарди за муниција и опрема и слично) кои се особено значајни кога станува збор за набавки за потребите на безбедноста и одбраната. Од Министерството за внатрешни работи на РМ искажаа интерес за понатамошна соработка со Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за цивилна и воена намена, ставајќи акцент на унапредувањето на меѓусебната соработка и консултации за претстојните измени во законите со кои се регулирани дејностите кои се од интерес на членките на Групацијата. Марија Дукоска
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТИВНОСТИ
Здружение на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ЗАРАДИ ПОВИСОК ИЗВОЗ, НО И ЗА ОПСТАНОК НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел, на 21.4.2016 година, во Стопанската комора на Македонија одржа состанок, на кој беа присутни претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и ЈП „Македонски шуми“. На состанокот се дискутираше за актуелните состојби во примарното производство на дрво и производството на мебел, како и за актуелните проблеми со сертификацијата на шумите во РМ. Господинот Љубе Неделковски, претседател на Здружението на индустријата за
преработка на дрво и за производство на мебел, го отвори состанокот и го истакна значењето на оваа стопанска дејност. Тој истакна дека кај индустријата за производство на мебел, извозот за 2015 година изнесува 24.448 тони или 131 милион САД долари, додека увозот во
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
21
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ истата година изнесува 15.351 тон или 44,8 милиони САД долари. Кај производството на мебел, во 2015 година извозот бележи пораст кај спалните соби за 24%, тапацираниот мебел за 8%, а кај другите производи бележи намалување. Додека на страната на увозот, пораст има кај канцелариски мебел од метал 112%, канцелариски мебел од дрво 6%, и кај спалните соби од 11%. Имајќи ги предвид наведените неповолни движења во дрвната индустрија, како во производството, така и во надворешно-трговската размена во последниве две години, оценка е дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од домашниот пазар. Оттаму, императив се услови за обезбедување повисок степен на конкурентност на домашните производи од оваа гранка, со дефинирање на мерки и активности за позитивна динамика. На состанокот, како проблем, компаниите ја истакнаа покачената цена на техничкото дрво преку промена на класификацијата и транспортот на истото, со што цената е зголемена за 20-25%. Присутните компании ја истакнаа тешката состојба во оваа индустрија и пред покачувањето на цената, а со самото покачување се доведени во состојба да го намалат бројот на вработени во нивните компании. Плаќањето на техничкото дрво кај ЈП „Македонски шуми“ е авансно, а воедно и се доцни со испорака на истото. Поради тоа, се јавува проблем при преработката, пласманот и наплатата на техничкото дрво, со што се отежнува финансиската состојба на компаниите од оваа дејност. Комерцијалниот директор на ЈП „Македонски шуми“, господинот Тони Јованов, истакна дека треба да се најде заедничко решение со цел да се надминат овие состојби. Само ЈП „Македонски шуми“ во 2014 година има доставено на обработка до пиланите 90.000 метри кубни техничко дрво, 105.000 метри кубни во 2015 година, а за 2016 година планирани се околу 130.000 мерти кубни кои ќе им бидат достапни на македонските пилани. Најголем дел од техничкото дрво, околу 60%, „Македонски шуми“ им го продава на 10-те големи пилани со кои има склучено предвреме договор, а остатокот го делат на останатите 140 пилани, а за сите пилани важи авансно плаќање на техничкото дрво. Посебно се налага потребата за што поскора сертификација на шумите во Р. Македонија. Господинот Сашо Петровски од „CNVP Македонија“ истакна дека за да започне сертификацијата на шумите, потребно е исполнување на одредени критериуми и стандарди. Во моментов постојат два система на cертификација и тоа FSC и PFC. Од 2013 година во сила е Европската регулатива каде македонските компании кои сакаат да извезуваат во земји од Европската унија мора да имаат сертификат за извоз, без разлика дали е тоа FSC или PFC сертификатот. На крајот, пред компаниите беше претставена и понудата за учество на 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и пратечки индустрии „Амбиента 2016“, што ќе се одржи од 12 - 16 октомври 2016 година во Загреб. Компаниите производители на мебел и производи од мебел ќе имаат можност да ги изложат своите производи, а Република Македонија се јавува и како земја-партнер за организација на овој саем. Сашо Деспотоски
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
АКТИВНОСТИ
Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија
БАНКИТЕ ИМААТ ВИШОК НА ЛИКВИДНИ СРЕДСТВА И ПОДГОТВЕНИ СЕ ДА ГИ СЕРВИСИРААТ СИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија одржа пресконференција поврзана со работата на банкарскиот систем во Република Македонија во услови на актуелната состојба во државата, на која се обрати претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, господинот Коста Митровски (27.4.2016 година). Господинот Митровски изјави дека во моментот банкарскиот систем е најздравиот дел од нашата економија и потенцираше: „Поседува висока капитализираност, адекватноста на капиталот е речиси два пати поголема од пропишаниот законски минимум, и како и во изминатиот период така и сега банките располагаат со висока ликвидност. Со еден збор кажано, во моментов банките имаат вишок на ликвидни средства и се спремни да ги сервисираат сите потреби на граѓаните“. Врвен приоритет на сите банки во Република Македонија бил и секогаш ќе биде, на своите штедачи, било да се тоа правни или физички лица, да им ги гарантираат штедните влогови, да им овозможат во секое време да можат да располагаат со истите, да ги разорочуваат доколку тоа го сакаат, да ги подигаат, да вршат менувачки работења, да плаќаат со истите во земјата и во странство и да креираат нови депозити со услови прифатливи за нив. - Бидејќи е тоа така, а така било и во услови на економски кризи низ кои поминавме сите овие изминати години, во името на моите колеги кои ги водат домашните банки сум овластен да ги известам граѓаните дека штедните влогови што ги имаат во банките им се сигурни и стабилни, - изјави господинот Митровски. На крајот, Митровски потенцираше дека граѓаните немаат потреба да бидат вознемирени, заштедите во банките им се сигурни и стабилни и дека тие треба да се водат само од својот интерес, а тоа е средствата да им се оплодуваат и да ги пласираат таму каде што тие самите ќе одлучат. Сања Николова
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
23
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
Д-р Љупчо Велески, директор на Секторот за извоз во ПИ „Витаминка“ АД Прилеп ја објави книгата „Internationalization of Food Processing SMEs and Global Retailing“ во Германија
ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЗЕМЈАВА Е ВЛОГ ВО НИВНИОТ ОПСТАНОК И - РАЗВОЈ Книгата „Internationalization of Food Processing SMEs and Global Retailing“ на д-р Љупчо Велески, директор на Секторот за извоз во ПИ „Витаминка“ АД Прилеп е објавена во СР Германија во издание на реномираната издавачка куќа LAP – Publishing од Саарбрукен (Saarbrucken). Научните истражувања врз кои е базирана оваа книга, практично се пионерски обид во земјава врз научна основа да се анализираат процесите на интернационализација на македонските компании. Истражувањата биле фокусирани на македонските мали и средни компании од прехранбената индустрија. Книгата го анализира феноменот на интернационализација на фокусираните компании, кои се нивните мотиви за таквиот процес, кои фактори влијаат, на кои пречки наидуваат, квалитетот на поддршка што го добиваат при таквите мисии и слично. Книгата одговара на прашањата „Зошто“, „Како“ и „Кога“ малите и средни претпријатија од областа на прехранбената индустрија ги менаџираат процесите на својата интернационализација, патот кон глобалниот пазар и „Што“ кои се импликациите од нивната соработка со глобалните малопродажни системи брз нивната интернационализација. Но, и врз нивните вкупни деловни перформанси. Наодите во овој труд на Љупчо Велески имплицираат дека интернационализацијата на прехранбените компании е императив доколку сакаат да држат чекор со најновите трендови во оваа индустрија и тоа, практично, е влог во опстанокот и развојот во ектремно глобализираниот пазар. Соработката со глобалните и регионалните малопродажни системи има позитивно влијание врз процесите на интернационализација на малите и средни претпријатија од прехранбената индустрија, но и врз нивните вкупни деловни перформанси. Книгата дава една широка, холистичка перспектива на овие феномени. (С.П.)
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Семинар во Регионалната комора со седиште во Прилеп
УПРАВУВАЊЕ СО ИЗВОЗ ВО 5 ЧЕКОРИ Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп ,на 20.4.2016 година во Прилеп се одржа еднодневен семинар на тема: Основи на управување со извоз во 5 чекори. Предавачи на семинарот беа: • Љубомир Трајковски, сениор консултант со искуство во реализација на консалтинг проекти за приватниот ијавниот сектор; • Викторија Саздова, консултант и тренер со искуство во реализација на консалтинг проекти, тренинг програми и работа со приватниот сектор со цел имплементација на различни подобрувања во компаниите кои придонесуваат за константен раст и ширење на регионалните пазари; • Магдалена Стамкова, консултант со повеќе години работно искуство во стратешко планирање, изработка на маркетинг планови и етичкото работење. Учесниците на семинарот, претставници на компаниите „Тритекс“,
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
25
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
„Комфи Ангел“, „Дониа“, „Трио-95“, „Кривогаштани-промет“, „Марфил“, „Ламинати ком“, „Витаминка“, „Бимфуд“ и „Тутунски комбинат“ се запознаа со потребните стратешки активности во процесот на подготовка за учество на надворешни пазари, комплетната слика на управување со извозот, преглед на битните елементи во процесот на управување со извозот, анализата на остварливоста на успешен извоз со тековните состојби на компанијата, преглед на извори за поддршка на извозот, управување со извозот, очекувани придобивки од извозот, идентификација на потенцијалните производи и услуги кои би ги извезувале, анализа на надворешните пазари за извозните производи и услуги, изработка на планови за извоз, настапот на странските пазари, како и изработка на маркетинг план за извоз. За време на семинарот претставниците на компаниите интерактивно имаа можност да ги разменат сопствените искуства во врска со извозите што се вршат во нивните компании, дискутираа за бариерите на кои наидуваат при освојувањето на новите пазари, како и за извесните предности и недостатоци на македонските производи што се извезуваат во однос на производите од другите земји. Во понатамошниот тек на семинарот се идентификуваа предностите и недостатоците од извозот, потоа беа разгледани битните фактори за реализација на успешен извоз и реализацијата на конкретни договори за извоз, а пред самиот крај се разгледа планот за непосредни подготвителни активности на компаниите за управување со извозот. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Штип
ИЗРАБОТКА НА РЕГИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИНОВАЦИИ ВО ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН На 25.4.2016 година во хотел „Изгрев“ во Штип беше одржана работилница за изработка на регионална стратегија за иновации во Источниот плански регион во организација на Центарот за развој на Источниот плански регион и ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), на којашто учествуваа претставници од бизнис-секторот од Источниот регион, претставници од локалната самоуправа, кластери и образовни институции. Министерството за локална самоуправа, одговорно за регионалната развојна политика, го организира процесот на изработка на стратегиите за иновации, во блиска соработка со центрите за развој на планските региони и бизнис-центрите. Предавачи на оваа работилница беа Методија Саздов и проф. Драган Шутевски, а како организатор г-ѓа Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион. Воведувањето на стратегиите за иновации за прв пат е значаен чекор во процесот на креирање на економија заснована на знаења. Учесниците беа запознаени со поимот иновација, како и со тоа како да се примени на регионално ниво. На сите учесници на работилницата им беа поделени прашалници, чиишто што одговори ќе помогнат во креирањето на стратегијата за иновации во Источниот регион. Моника Стоичева
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
27
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
Презентација
КОРИСТЕЊЕ НА ОН-ЛАЈН УСЛУГИТЕ НА АВРМ ВО 2016 ГОДИНА, Е-РАБОТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА РАБОТОДАВАЧИ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, на 22.4.2016 година во просториите на работниот клуб на Агенцијата, одржаа презентација на тема: „Користење на он-лајн услугите на АВРМ во 2016 година, е-Работа на Агенцијата за вработување за работодавачи од приватниот сектор“. Пред присутните се обратија д-р Весна Ангеличкова потпретседател на Регионалната комора со седиште во Штип, Лазе Димчов раководител на Агенцијата за вработување Штип и Валентина Дрмова, стручен соработник во Агенцијата за вработување. Пред членките на Стопанската комора на Македонија од страна на вработените во Агенцијата беше презентиран пристапот до Е-работа, регистрација во системот, најава во Е-работа за правните лица, како и проверка и импортирање на дигитален сертификат. Преку оваа презентација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, компаниите имаа можност да се запознаат со сите услуги кои се од значење за олеснување на секојдневните активности со кои се соочуваат и да се запознаат поблиску со начинот на кој истите се спроведуваат. Детално беше презентирано за следниве услуги: - Пристап до Е-работа- за правни и физички лица; - Регистрација во системот Е-работа; - Најава во е-работа за правните лица и - Проверка и импортирање на дигитален сертификат. Стопанската комора на Македонија им стои на располагање на компаниите за вакви и слични обуки и во иднина ќе бидат организирани работилници коишто се од голем интерес за поуспешно функционирање и надминување на секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Моника Стоичева
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
„Алкалоид“ отвори нов Центар за контрола на квалитет
ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 5 МИЛИОНИ ЕВРА Најголемата фармацевтска компанија во Македонија, „Алкалоид“, го пушти во употреба Центарот за контрола на квалитет, инвестиција вредна 5 милиони евра. Новиот Центар за контрола на квалитет е технолошко – аналитички капацитет, кој се простира на површина од 3.000 m² и во него, како што објаснија од компанијата, ќе се врши контрола на суровини, контактна и секундарна амбалажа; контрола на фазно производство и готови производи; микробиолошка контрола и стабилност на фармацевтски производи; валидациони активности и мониторинг и изработка на аналитичка документација за регистрационите активности за фармацевтските производи.
„Фармацевтските производи се најстрого и највисоко регулирана категорија производи во светот, a испорачувањето на квалитетни, ефикасни и безбедни медикаменти е максимата по која треба да се води секоја сериозна фармацевтска индустрија. Строго контролираните услови за фармацевтско производство се
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
29
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА предуслов за обезбедување високо квалитетни лекови, па оттука, фармацевтската контрола на квалитет е есенцијален дел во нашите производни операции“, велат од „Алкалоид“. Претседателот на Управниот одбор на „Алкалоид“, м-р Живко Мукаетов изјави дека успешната приказна на македонскиот лидер во фармацевтскиот сектор полни осум децении се темели на континуирани вложувања. „Ако успехот на компанијата се темели токму на супериорниот квалитет на нашите производи, денес успеавме да ја интегрираме технолошко-аналитичката содржина на нашите главни операции. Нашиот нов центар за контрола на квалитет на лековите е капитална инвестиција вредна над 5 милиони евра. Центарот е опремен со високо софистицирана опрема од реномирани светски производители, според најстрогите стандарди за добра производна пракса. Во Центарот за контрола на квалитет, ќе работат над 100 високо стручни извршители, за која квота во моментов има 26 нови вработувања. 70% од вработените се со високо образование а дел од нив се специјалисти и магистри по науки“, изјави Мукаетов и додаде дека фармацевтската индустрија е една од најдинамичните дејности и поради тоа со инвестициите и следењето на најновите достигнувања не смее да се запре. „Со комплетирањето на оваа инвестиција, „Алкалоид“ ја потврди својата определба за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови кои преку нашата мрежа од 16 подружници и 4 претставништва надвор од Македонија се пласирани на пазарите во 30 земји во светот“, истакна Мукаетов. (КАПИТАЛ)
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Долгорочен кредит од 10 милиони евра од ЕФСЕ за Охридска банка Сосиете Женерал
ЗА ПРВ ПАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР СТАНБЕН КРЕДИТ СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ПРВАТА ДЕКАДА Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) со 10 милиони евра долгорочен кредит за Охридска банка Сосиете Женерал го подобрува пристапот до финансиски средства на македонските домаќинства. Охридска банка – член на Групацијата Сосиете Женерал – се очекува да го искористи финансирањето на ЕФСЕ за воведување нов станбен кредит со фиксна каматна стапка за првата декада на кредитот, за првпат на македонскиот пазар. Повеќето кредити од овој тип во земјава во моментот имаат фиксни стапки за првите пет години, па, како што наведуваат од банката, удвојувањето на овој период се очекува да обезбеди придобивки од елиминирањето на несигурноста од варијабилни каматни стапки на долг рок. - Охридска банка Сосиете Женерал е една од водечките финансиски институции во Македонија и преку удвојувањето на времетраењето на фиксните каматни стапки за станбени кредити и кредити за реновирање на домот, ја поддржува мисијата на ЕФСЕ за промовирање на економскиот развој и просперитет на граѓаните во регионот, вели претседателот на УО на ЕФСЕ, Моника Бек. Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
31
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Женерал, изјави дека благодарение на средствата од ЕФСЕ, Охридска банка Сосиете Женерал има можност да ја претстави својата уникатна понуда на пазарот и да развие квалитетни односи со цел подобро да се разберат, услужат и да се предвидат потребите на нашите клиенти, притоа придружувајќи ги на долг рок. - Со нашиот нов станбен кредит со 10-годишна фиксна каматна стапка, Охридска банка Сосиете Женерал оди чекор подалеку во однос на транспарентноста и квалитетот на своите производи. Знаејќи ја каматната стапка за првите 10 години од кредитот, клиентите ќе можат подобро да ја планираат својата иднина. Јасност, стабилност и квалитет – тоа се нашите крајни цели, - потенцира Бек. Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) беше основан под иницијатива на Банката за развој КФВ со финансиска поддршка од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој и Европската комисија. Тој има за цел да го поттикне
економскиот развој и просперитет во Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Украина и во Турција. (Охридска банка Сосиете Женерал)
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Нов бренд на Пивара „Скопје“ произведено со најновата технологија за ладна филтрација
СКОПСКО СМУТ СВЕЖО ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛИОТ РОК НА ТРАЕЊЕ ОД 90 ДЕНА Пивара „Скопје“ АД го промовираше новиот бренд „Скопско Смут“, пиво произведено со најновата технологија за ладна филтрација, која гарантира свежина на пивото за време на целиот рок на траење од 90 дена. „Скопско Смут“ е непастеризирано пиво произведено по најнова технологија, направено од висококвалитетен хмељ. Со својата свежина и балансираност, секогаш остава впечаток дека е штотуку наточено, - рече генералниот директор на Пивара „Скопје“, Јован Радосављевиќ на денешната прес-конференција. Тој посочи дека целта на Пивара „Скопје“ е да ја помести Македонија од последното место во Европа по однос на конзумирање пиво по глава на жител и додаде дека новото пиво ќе се продава на македонскиот пазар, но и на околните. Менаџерот за оперативно производство на пиво Кирчо Стојанов истакна дека новата технологија ја имаат воведено според сите стандарди на „Хајнекен“ и оти се една од првите пиварници во регионот што го направила тоа. - Во новиот производ се внесени многу знаење и труд за да се овозможи пивото да има свежина иста како на првиот ден од точењето. „Скопско Смут“ е свежо пиво, непастеризирано, питко и со перфектно избалансиран вкус. Веруваме дека љубителите на пивото ќе го препознаат овој вкус, а посебно младата популација, која сака нови вкусови и предизвици, - рече Стојанов.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
33
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ретко некој очекува нешто да се промени во политиката на Европската централна банка
„СУПЕР МАРИО“ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРААТ КРИТИКИТЕ ОД ГЕРМАНИЈА *Во Германија се се‘ погласни критиките на монетарната политика на шефот на Европската централна банка, Марио Драги. Но, малку е веројатно нешто да се промени поради тоа. Во Германија се‘ погласни се критиките против претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, кои одат дотаму што велат-одвај се чека крајот на неговиот мандат во 2019 година. А потоа, смета министерот за финансии на покраината Баварија, Маркус Зедер од ЦСУ, „не можеме да си дозволиме уште еден Драги.“ Тој во интервју за весникот „Билд“ бара: „наследникот на Драги мора да биде некој Германец, кој ќе се чувствува обврзан да се придржува кон стабилност на валутата каква што водеше Германската сојузна банка (за време на германската марка, н.з.).“ Уште потешки критики, па и закани, упати германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во однос на политиката на евтини пари, „која поттикнува скепса кон еврото“ во Германија. Во Германија критиките се најгласни, зашто се има впечаток дека Германија најмногу страда од таквиот однос на ЕЦБ. Едвај да има смисла да се става нешто на штедна книшка, зашто каматите се речиси никакви, нацијата на штедачи веќе не е наградувана за својата доблест. Банките веќе се жалаат дека на овој начин Германците загубија милијарди евра, зашто ни на банките не им оди подобро. Класичниот извор на приходи на банките - со влоговите од граѓаните да делат кредити и да го финансираат стопанството, практично не функционира, зашто додека ЕЦБ го опсипува пазарот со пари со нула камата, тука нема простор за банките. Уште е полошо кај животните осигурувања и дополнителните пензии од работодавачите, зашто тие зависат од добивката на влоговите во своите благајни. Со други зборови, ако во некоја иднина во Германија има зголемен број сиромашни пензионери, еден од виновниците е и Марио Драги. „Имаме уште муниција“ И покрај критиките од Германија, ретко некој очекува нешто да се промени во политиката на ЕЦБ. Марио Драги беше јасен дека политиката на поплава од пари ќе продолжи и натаму, тврдејќи дека „нема да има недостиг од муниција“. Се разбира, тоа беше повод за засилување на критиките во Германија, но проблемот е во тоа што мерките на ЕЦБ едвај да имаат дејство. Стопанството во цела низа земји во еврозоната бавно се опоравува, а без оглед на поплавата од пари, изгледа дека не постои ни опасност од инфлација. Навистина, во оваа калкулација помага и моментно исклучително евтината нафта, но инфлацијата е длабоко под одредената граница од 2 проценти.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
35
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ
Секако, евтините пари предизвикуваат и потешки проблеми отколку кај влоговите на штедачите и добивките на фондовите: парите „бегаат“ таму каде има изгледи дека ќе остварат поголема добивка. Во Германија и цените на недвижностите пораснаа до небо, но Драги не го интересира што ќе се случи ако „балонот“ пукне. Зашто, негова главна грижа се се‘ште проблематичните членки на еврозоната, а не силната Германија. Уште неговиот претходник, Жан Клод Трише, водеше поинаква политика-во тоа време пред десетина години токму на Германија во проблемите и‘ требаа поволни кредити, па дури и на сметка на влошување на кризата со недвижности во „слабите“ земји на еврото на југот на Европа. Помош за Грција или за Германија? Се вели дека мајката најмногу ги сака своите најслаби деца, а таква е отприлика и политиката која ја води Европската централна банка. Тоа е дефинитивно и проблем на ЕЦБ и вродена мана стекната при раѓањето. Зашто, иако баварскиот министер за финансии бара во 2019 година на чело на ЕЦБ да дојде Германец, изгледите се сосем минимални. Не затоа што меѓу некои земји-членки нема симпатии за желбите на Германија, и цела низа гувернери на националните банки би сакале исто така ЕЦБ малку да го „потстегне појасот.“ Но, многу мали земји од еврозоната стравуваат од доминација на најголемата европска економија во монетарната политика. Во Советот на ЕЦБ важи принципот„еден член - еден глас“, па колку и да е мал членот. Своевремено, директорот на германскиот институт Ифо, Ханс-Вернер Зин предлагаше и во ЕЦБ да важи истиот принцип како на пример во ММФ: нечиј глас е „тежок“ колку и неговото учество во вкупниот волумен на Фондот. Тогаш и тежината на зборот на претседателот на Германската централна банка Јенс Вајдеман во Советот на ЕЦБ би била сосем поинаква. Денес негоиот глас е рамноправен со гласовите на челниците на банките на Кипар или Малта.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
36
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Реформи и преку Атлантикот
ДАЛИ ЕКОНОМИЈАТА НА САД ГУБИ ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО? *Десетина години по финансиската криза, на американската економија главно добро и‘ оди. Но САД мора да се борат со структурни реформи, какви што се познати и во Германија. „Подобро отколку никако, но не баш сјајно“, „отприлика според очекувањата“ или „чашата е дополу празна или-полна“-ова е одговорот на стручњаците на водечките институти во Америка на прашањето за состојбата на економијата во САД. Единствено што им изгелда позитивно е стапката на невработеност. Таа е моментно само 5 проценти, речиси на ниво од пред кризата. Посебно добро образованите луѓе можат да избираат работно место, но за другите и натаму е тешко да најдат работа: „Тоа важи особено за оние без завршен факултет“, вели Марк Калабриа од Институтот Като, инаку близок до (нео)либералните ставови во економијата. Калабриа исто така предупредува дека не може сосем да и‘ се верува на официјалната стапка на невработеност, ако притоа не се земе во обѕир трендот кон делумна вработеност. Минатите години работодавачите често го намалуваа бројот работни часови на своите вработени. „Ако еден човек работи 40 часа неделно, а наспроти него двајца работат по 20 часа, тоа изгледа како две работни места, но сепак се само 40 часа неделно“. Затоа и статистиката изгледа подобро отколку реалноста. Платите растат, но не и продуктивноста Американските економски експерти посебно ги загрижува трендот во американското стопанство: зголемувањето на продуктивноста не држи чекор со покачувањето на дневниците. Нема економист кој би имал нешто против раст на платите се‘ додека и продуктивноста, односно вложениот капитал и труд, растат побрзо од дневниците. Но, ако платите растат побрзо од продуктивноста, тогаш целото стопанство губи чекор со конкуренцијата. Продуктивноста првенствено е поврзана со иновациите и новите технологии кои ги менуваат работните процеси. Боби Босворт од Брукинг институтот смета дека САД минатите
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
37
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ
децении беа исклучително успешни во воведувањето нови технологии, па така беа прваци во многу области. „Но сега изгледа дека секторот на висока технологија стагнира“, мисли Босворт. Навистина, има и натаму многу мали иновации и подобрувања, но многу од нив на крајот пред се‘ се користат во другите држави. Многу земји, како Кина, наголемо напредуваа, па така САД во секторот на технологијата веќе одамна не се сами на врвот. Начелно, помалата продуктивност не мора да биде лоша: „Можат да се создадат многу работни места, зашто малку работници стануваат вишок“, смета Босворт. Но тоа значи дека стандардот на вработените не станува подобар. Од другастрана, државата тука не може многу да стори: „Продуктивноста е нешто што лежи во коренот на приватното претприемништво. Политиката не може многу да влијае тука, а економистите не се посебно добри кога треба да се предвидат промени во продуктивноста.“ Влијанието на државата Џозеф Гањон од Институтот Петерсон не се согласува дека државата не може ништо да направи во овој поглед. Како прво, исклучително е важно државата да се погрижи за добро образована работна сила: „Најдобро образованите Американци се и најдобри во светот“, уверен е овој стручњак. „Но, кој не посетува факултет, останува далеку на опашката. Кај нас постои поголема нерамноправност во образованието отколку во другите земји. Тоа мораме да го промениме.“ Јазот меѓу одлично образованите и лошо образованите игра голема улога и во разликите во приходите, а доброто образование води кон повисока продуктивност и повисоки плати.
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Гањон исто така споменува и друг важен фактор каде државата влијае врз продуктивноста, што во меѓувреме се‘ повеќе се претвора во сериозен проблем: состојбата на инфраструктурата во САД. „Пред триесетина години имавме најдобра инфраструктура во светот, но таа оттогаш не се одржуваше“. Наместо тоа, се редеа инциденти: во Флинт, сојузната држава Мичиген, изби скандал поради водата за пиење загадена со олово. Јавниот превоз и системот на подземни железници во Вашингтон и во Њујорк не се одржува и постојано доаѓа до дефекти. Мора да се обноват и сообраќајниците и мостовите, да се прошири јавниот превоз: „Заостануваме во однос на остатокот од светот. А тоа очигледно спаѓа во надлежност на владата,“ вели Гањон. Американските економисти, се разбира, ги загрижува и високата вредност на доларот. Тоа значи дека американските производи се премногу скапи на светскиот пазар, а увозот и натаму расте. Босворт е уверен: „Ова нема уште долго да оди. Зашто, надворешнотрговскиот дефицит го кочи стопанството, а тоа е политички чувствително прашање.“ Додуша, тој смета оти причината се наоѓа и надвор од САД, зашто се влошува состојбата на глобалната економија, на што американската економска политика не може да влијае. Марк Калабриа е уверен дека САД се опасно приближени кон кулминацијата, по која следи пад: „На нашето стопанство оваа година ќе му оди добро, но тоа лесно би можело да биде последната таква добра година.“ Тој предвидува промена до крајот на 2017 година или почетокот на 2018 година. Зашто, ако стопанството не ја зголеми продуктивноста и ако не се вложува повеќе во образование и опрема, тогаш, уверен е овој економист, нема да може да расте натамошно ни трошењето од страна на потрошувачите. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија. • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнисзаедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози.
Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија.
Тренинг-модули
Модул 1: Корпоративни финансии и финансиско известување Содржина на модулот: - Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; - Управување со ризик и методи за плаќање; - Транспортни документи, сертификати; - Меѓународни финансиски инструменти
Датум на одржување
Тренер
26-28 мај 2016 година
Максимилијан Фоедингер
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг-модули
Модул 2: Управување со резултати во меѓународните активности Содржина на модулот: - Европски пазар; - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; - Управување со ризик; - Анализа на резултати; - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство Содржина на модулот: - Системи за управување со човечки ресурси; - Видови на човечки ресурси; - Управување со работа во тимови; - Мотивација; - Компанија, лидери, вработени.
Датум на одржување
Тренер
23-25 јуни 2016 година
Маргит Венделбергер
9-11 јуни 2016 година
Александра Веселиновиќ
Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнисзаедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 11.5.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката.
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
44
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора
САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА
Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО
46
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 13 мај 2016 година во Букурешт
БИЗНИС-ФОРУМ СО ЈАПОНСКИ КОМПАНИИ ВО РОМАНИЈА
Учеството на Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Р. Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Р. Романија. Форумот има за цел на едно место да собере владини претставници кои се надлежни за привлекување странски инвестиции, како и компании кои би биле заинтересирани да остварат контакти и потенцијална соработка со јапонски компании кои имаат свои претставништва во Романија, како и во земјите од регионот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист, најдоцна до 5 мај 2016 година (четврток). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БЕЛГРАД
Од 16 до 20 мај 2016 година во Р. Србија
Стопанската комора на Македонија учеството на саемот го организира во соработка со Белградскиот саем. Меѓународниот саем за техника веќе 60 години претставува најголем развојно-технолошки настан во целиот регион. Тој е голем поттикнувач на меѓународната деловна соработка овозможувајќи им на странските излагачи да ги претстават на српскиот пазар нивните експонати кои не се произведуваат во државата, а на домашните компании да ги прикажат сопствените производи наменети за извоз. Минатата година на Саемот учествувале 510 излагачи од 23 земји од светот, а настанот го посетиле повеќе од 20.000 посетители. Саемот за техника има за цел на едно место да промовира повеќе сегменти, но како главен акцент ќе биде ставен на: • електроенергетиката; • индустриската автоматизација и фабриките на иднината; • иновациите и новите технологии; • телекомуникациите; • новите материјали; • инсталациите; • опрема за професионална и научна цел. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
48
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 18 и 19 мај 2016 година во Загреб, Р. Хрватска
AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 „БИЗНИС СУБВЕНЦИИ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговското одделениот при Амбасадата на Австрија во Македонија, ве покануваат да бидете дел од Конференцијата AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 – „Бизнис субвенции и финансирање во Југоисточна Европа”, што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во хотелот „Дубровник“, во Загреб, Р. Хрватска. Главен акцент на Конференцијата ќе биде ставен на можностите за унапредување и финансирање во земјите од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Косово и Грна Гора). Паралелно со тоа се отвора поле за меѓусебно поврзување на компаниите и размена на искуства. Целта на Конференцијата е на едно место да ги собере претприемачите од Австрија, управителите на австриски компании во Хрватска и во регионот, како и нови потенцијални инвеститори и економски експерти за стимулирање и развој на екомониите во Југоисточна Европа.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
50
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
51
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BRESCIA INDUSTRIAL EXHIBITION
Од 19 до 21 мај 2016 година Меѓународен саем во Италија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Италијанската стопанска комора во Македонија - CACIM, ве поканува да бидете дел од 2. Меѓународен саем „Brescia Industrial Exhibition“. Овогодинешниот саем ќе се одржи во периодот од 19 – 21 мај 2016 година, во просториите на Centro Fiera Montichiari во Брескиа, Р. Италија. Брескиа е еден од водечките индустриски региони во Европа кој е спрециализиран во делот на металната индустрија, со вредност од повеќе од 10 милијарди евра. Овој регион е светски препознатлив по својот квалитет и воедно најголемата концентрација на компании кои се специјализирани во металниот сектор. „Brescia Industrial Exhibition“ става акцент на производните капацитети лоцирани во регионот Брескиа кои се занимаваат со металната индустрија, со интенција да стане место за промоција на компаниите кои сакаат да добијат што е можно поголема интернационална промоција. Главниот акцент на овогодинешната манифестација ќе биде ставен на неофицијални деловни средби со цел остварување на потенцијални идни партнерства помеѓу компаниите. Оваа манифестација е наменета пред се` за оние кои се занимаваат со: • машини; • алати; • автоматика и индустриски роботи; • машини и опрема за ковање; • машини и опрема за леење; • машини и опрема за третирање и финиш; • метрологија; • преси; • прототипи; • калапи и опрема; • услуги за компанииите. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 мај 2016 година саем во Република Србија
„МИКРО БИЗНИСИ И СЕМЕЈНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ ВО БЕЛГРАД
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Белград, ве поканува да бидете дел од Саемот „Микро бизнис и семејно претприемништво“. Овогодинешната манифестација ќе се одржува во периодот од 26 - 28 мај 2016 година, во Белград, Р. Србија. Првиот саем за „Микро бизниси и семејно претприемништво“ е манифестација која на едно место ќе собере голем број претприемачи кои меѓусебно ќе си ги разменат своите искуства и идеи. Стопанската комора на Македонија за заинтересирани компании обезбени штанд за заедничко учество и ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават, со доставување на пополнетиот пријавен лист најдоцна до 23.5.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
53
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
MATCH4INDUSTRY“ ВО КОЏАЕЛИ
На 26 и 27 мaj 2016 година бизнис-средби во Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Македонија – Турција – МАТТО, ги поканува заинтересираните стопански субјекти за учество на По петти пат се организира меѓународниот настан „Match4Industry“ - бизнис-поврзување во областа на: автомобилската индустрија; металната и машинската индустрија; пластика и гума; гуми; хемиската индустрија (автомобилски бои и лакови); градежништвото и градежните материјали; енергијата; животната средина; електрониката; информатичките и комуникациските технологии; женското претприемништво и др. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од TOSB - индустриски парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. На годинешните бизнис-средби во Коџаели се очекуваат околу 300 изложувачи и приближно 30.000 посетители. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. Котизација: 80 евра по учесник. Партиципацијата вклучува: - 2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди; - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Крајниот рок за пријавување до организаторот на настанот во којшто може да се искористат условите на субвенцијата е 10 мај 2016 година. Стопанската комора на Македонија - Турција - МАТТО е национален партнер на меѓународниот настан „Match4Industry“ - бизнис-поврзување и е подготвена да понуди организирање дополнителни програми за средби, како на пример на ниво на асоцијации и слично, а исто така ќе пружи логистичка поддршка на заинтересираните компании, вклучувајќи и организирање превоз, автобус/авион, во зависност од пројавениот интерес.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk
Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk
54
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 30 мај до 2 јуни 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за градежна механизација, градежни елементи и градежни технологии во Република Турција
„ANKOMAK“ ИСТАНБУЛ
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ANKOMAK 2016“. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секои две години се среќаваат најпрестижните имиња од градежната индустрија. Овој саем е најголемиот меѓународен форум во регионот на Евроазија, со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 25.000 посетители. На овогодинешното издание на „Ankomaк 2016“ ќе бидат застапени следниве сектори: • машини и возила наменети за градежништво; • градежна опрема, алати и специјални системи; • кранови и лифтови; • ископување, вадење и процесирање на суровински материјали и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 19.5.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www.ankomak.com/ .
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
55
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„CPhl ISTANBUL 2016“
Од 30 мај до 2 јуни 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за фармацевтски производи во Република Турција
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „CPhl Istanbul 2016“. Станува збор за саемска манифестација која на едно место ги собира сите турски и регионални производители на фармаколошки производи кои имаат глобални добавувачи. На овој настан ќе има повеќе од 200 изложувачи и се очекува да го посетат повеќе од 4000 посетители од Турскија, Блискиот Исток и од Северна Африка. На овогодинешното издание на „CPhl Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: фармацевстки состојки; производство на фамацевстки производи; фармацевстка машинерија, технологија и оппрема; амбалажа на производи и нивна достава. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 19.5.2016 година.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
57
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ЕНЕРГА 2016“ ВО ТУЗЛА
Од 7 до 9 јуни 2016 година Меѓународен саем за енергетика во Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Тузланскиот саем од Тузла, ве поканува да бидете дел од 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 7 - 9 јуни 2016 година, во Тузла, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“. 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“ главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија; јаглен; гас и нафта; соларна енергија; еолската (ветерна) енергија; биомаса; енергетска ефикасност и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.5.2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
58
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија
„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА
Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
59
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
60
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
61
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
62
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 7 и 8 јули 2016 година во Р. Грција
ПРВ ИНТЕР-БАЛКАНСКИ ФОРУМ ВО СОЛУН
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија, ве поканува да бидете дел 1. Интер-балкански форум. Овој форум ќе се одржи во периодот од 7 – 8 јули 2016 година, во просториите на саемот HELEXPO во Солун, Р. Грција. Земји-учесниснички на Форумот се: Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија. Со оглед на динамичниот развој на индустријата за храна и пијалаци кој води кон подобрување на бизнис-климата, Интер-балканскиот форум ги повикува сите истакнати индивидуалци од светот на политиката и Балканската бизнис-заедница да учествуваат во дебатата, на којашто ќе ги утврдат проблемите со цел да ги подобрат своите уникатни производи кои би отвориле можности за инвестиции. Главен акцент на форумот ќе биде ставена на можностите за инвестирање кои можат да бидат поддржани од меѓугранични партнерства и примена на нови технологии на полето на програмите за рурален развој, државната помош и мерките за финансирање. Теми на коишто ќе се дискутира на Интер-балканскиор форум: • Меѓугранична економска соработка; • Можностите за зголемување на просперитетот и одржливиот развој; • Презентација на секторите за храна и пијалаци од страна на државите учесници и потенцијални можности за инвестиции; • Промоција на истражувања; • Промоција на производи; • Бенифициите на медитеранската храна; • Презентација и проучување на успешни бизнис-идеи; • Проблемите кои го засегаат банкарскиот сектор (програми за финансирање, програми за развој на руралниот сектор, државна помош итн.). Во рамките на Форумот ќе бидат организирани и деловни средби. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10 јуни 2016 година (петок).
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
D CE ON IA
M
A
БИЗНИС ИНФО
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
64
БИЗНИС ИНФО
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА крекреи, чипс и сл.), бара компании за соработка од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина производител на сите видови сол за човечка исхрана, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина која произведува додатоци за прехранбената индустрија, за пекарската и млечната индустрија, која исто така произведува и шеќер, козметика, фармација, како и полимери, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година.
Водечка компанија од Украина која се занимава со истражување, развој, имплементација и производство на системи за прочистување на гасови, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 1.7.2016 година.
Компанија од Украина производител на тапети со богат избор на дезени, бои, димензии, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година.
Компанија од Украина која произведува земјоделска механизација, покрај другото и аеро-сепаратори, елеватори и сл. за житни култури, бара компании од Р. Македонија за Компанија од Укрaина која е во состав на соработка и пласман на своите поизводи. меѓународно афирмирана корпорација, а произведува разни грицки (семки, кикирики, Валидност до 1.7.2016 година.
четврток, 28 април 2016, Бр. 265
БИЗНИС ИНФО
65
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Украина која произведува мултифункционални дизел возила за потребите на железницата, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Укрина која произведува разна челична опрена и делови за машини и шински возила, бара компанија за соработка во Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина која призведува жита, сончоглед и други земјоделски култури, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 1.7.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Украина која се занимава со комплетен циклус на производство на зеленчук: обработка на почвата, сеење, одгледување, собирање, обработка, длабоко замрзнување на грашок, пченка, пиперки, карфиол, брокула, кромид, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088