Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 252, 28.01.2016

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 252

www.mchamber.mk

28.01.2016

Недоволно искорис тени потенцијалите за унапредување на соработката помеѓ у с транските инвес титори и домашните компании во Република Македонија

МОЖНОСТИ ЗА НАТАМОШЕН РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА И КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

SE

C

UR

O

НИКО

� Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ОСТАНУВАМЕ ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ ОСНОВИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА! Ова е значајна година за ЕВН Македонија. Во 2016 година, ЕВН Македонија ќе прослави еден значаен јубилеј. Тоа е 10 години од влегувањето на ЕВН на македонскиот пазар. Оттука, 2016 е годината кога ќе ги заокружиме резултатите, но, исто така и година кога ќе ги воспоставиме нашите идни приоритети и цели. Во изминатите 10 години ЕВН Македонија има инвестирано над 300 милиони евра во дистрибутивната мрежа за електрична енергија. Тоа е во повеќе од било која друга компанија во Македонија. Истовремено, успеавме да го пренесеме искуството и знаењето од ЕВН групацијата на вработените во ЕВН Македонија и на нашите подизведувачи. Нашите обемни инвестиции придонесоа за создавање на модерна и софистицирана инфраструктура за дистрибуција, а за корисниците ова значи доверлива и одржлива услуга. За разлика од било која друга индустрија, овие инвестиции во инфраструктурата можеби не се секогаш видливи за јавноста, но се значајни во однос на техниката. Сепак, најважниот факт е дека преку овие вложувања ние обезбедуваме доверливост во снабдувањето и го трасираме патот за иден економски развој и задоволување на потребите на клиентите. ЕВН Македонија е подготвена да продолжи да инвестира. Со тоа остануваме една од најважните основи на енергетскиот систем и на економскиот развој во Македонија. (Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија во „Фактор)

ФЛЕКСИБИЛНО И НАВРЕМЕНО РЕАГИРАЊЕ НА СЛУЧУВАЊАТА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА Факт е дека светската берза на метали подолго време бележи пад на цената на металите. Така, цената на оловото и на цинкот од 2.200 долари по тон, колку што изнесуваше пред една година, падна на 1.650 долари, односно на 1.520 долари, цената на среброто од 21 падна на 14,8 долари за унца. Постојано не’ прашуваат која е долната граница под која рудникот не би можел профитабилно да работи, а ние велиме дека таа граница не е позната, бидејќи имаме работа со природна материја. Во последните месеци во рудникот одиме кон подлабоки хоризонти во експлоатацијата што носи и зголемени трошоци на работење, а поради промената на минеролошката состојба на рудата, зголемени се и трошоците на флотирањето, што влијае врз квалитетот на концентратот. Но, од големо значење е тоа што сопственикот го прифати во целост развојниот план за оваа година, а ние сме уверени дека ќе постигнеме нов напредок и во


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

ПОДВЛЕЧЕНО делот на зголемување на безбедноста при работа, модернизирање на опремата и остварување на капитални зафати, со цел да се продолжи работниот век на „Саса“. Дел од економските експерти оценуваат дека виновник е кинеската економија која бележи намалени стапки на раст, но наш став е дека такви тенденции има и во други големи економии, пред се’, во Индија, Бразил, Јужна Африка, Југоисточна Азија. Кога се во прашање рударството и обоената металургија, треба да се знае и тоа дека врз оваа појава влијае глобализацијата, односно монополизацијата на пазарот започната од пред 5-6 години. Тоа се процеси што влијаеја врз намалувањето на можностите на големите компании во обоената металургија да можат флексибилно и навремено да реагираат на случувањата во светската економија, зашто тие компании прераснаа во огромни монополи каде што оперативни одлуки се донесуваат со процедури кои се многу сложени. Таквите одлуки повеќе се под влијание на крајниот финансиски резултат отколку на вистинските состојби во секој индустриски капацитет. Иако во минатото во време на неповолни економски услови имало затворање на неколку помалку профитабилни капацитети, сега големите монополи се на удар како систем кој се состои од огромен број поединечни капацитети. (Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во „Саса“ за „Утрински весник“)

ПОТРЕБНО Е БУДЕЊЕ НА ЗАСПАНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Мобилитетот треба да биде клучен дел и задача на секој универзитет. Европската унија нуди средства преку програми од Хоризонт 2020 за размена на искуства, тренинзи и работилници. Треба да се зголеми бројот на странските визитинг-професори и да се понудат примамливи услови за тие да дојдат, бидејќи, да бидеме искрени, македонската научна заедница и не е баш примамлива. Тоа, всушност, е првото што треба да се направи, бидејќи само преку размена на искуства ќе се усовршуваат кадрите. Идеално би било да се отворат катедри за странски професори, кои тимски би се стационирале во Македонија и со тоа што тие би го публикувале со инфраструктура понудена од Македонија, нивните публикации автоматски се бројат и како импакт за македонскиот универзитет, доколку се назначени како странски визитинг-кадар. Дури британските универзитети тоа го прават плански, одделуваат средства да назначат „research fellow“ со цел неговите публикации да ги бројат во сопствената истражувачката евалуациска рунда. Но, во случајот со Македонија треба да се размисли како да се разбудат заспаните локални „научници“, како да се мотивираат и како да се поддржат за да бидат корисни. На пример, во Австрија секој вработен на универзитетот годишно мора да даде план-програма за тоа што ќе публикува, кои проекти ќе ги почне, заврши или продолжи, како ќе ги финансира и врз основа на тие потреби, се одлучува колку средства ќе му бидат доделени за кои цели. На крајот на годината се води разговор со директорот на институтот, со кој се утврдува што е остварено или не. Треба на студентите да им се овозможи да студираат, но и да стекнат практично искуство за време на студирањетo. На пример, во Германија сите такви работи за студенти кои се во рамки на студиите како пракса се и платени. Но, тоа да не се сведе на една обична потврда. Потребни се центри кои се дел од универзитетите и кои имаат задача централно да посредуваат за пракси, центри кои ќе се грижат за тренирање одредени вештини, кои им се потребни за професијата. Соодветно потребни се и измени во Законот за работни односи и дефинирање на тој статус на практиканти, како и стапката на нивните примања. Исто така, наставните програми треба да се конципирани така за да дозволат паралелно студирање со стекнување работно искуство. На пример, овде повеќе наставни програми вклучуваат дури и до 4 практични фази со по 30 неделни часа во секоја една фаза. (Д-р Тања Ангеловска, , професорката на Универзитетот во Салцбург во Австрија за „Утрински весник “)


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

АКТУЕЛНО Недоволно искористени потенцијалите за унапредување на соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании во Република Македонија

МОЖНОСТИ ЗА НАТАМОШЕН РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА И КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА

На редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија беа презентирани потенцијалите за унапредување на соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании во Република Македонија и беше извршена презентација на Програмата за работа на Советот на странски инвеститори во 2016 година. Пред новинарите зборуваше Ирена Јакимовска, потпретседателка на Советот на странските инвеститори (25.1.2016). Странските инвестиции за националната економија имаат повеќедимензионално значење тие не само што придонесуваат за зголемување на пазарната конкуренција, за раст на извозот и на вработеноста, туку носат и нови практики, технолошки иновации и нови знаења, како и поефикасно корпоративно управување. Како што истакна Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странските инвеститори , за странските инвеститори е секогаш од голем интерес да најдат добавувачи на локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други земји, со акцент дека дека бројот на македонски компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори, континуирано расте. Во моментов, според неофицијалните податоци, повеќе од 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори. За домашните компании ваквата соработка значи повеќе работа, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и можност за извоз на странски пазари. Локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Тие не се директно изложени на глобалните ризици во трговијата, поради


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО близината значајно ги намалуваат транспортните трошоци, а на тој начин се редуцира и факторот на несигурност и непредвидливост при испорака на нарачките – истакна Јакимовска. Странските компании на овој начин добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се потребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производи, стандардите, начинот на организација и слично. Резултатот е раст на економијата и креирање на работни места. Советот на странски инвеститори ги презентира препораките за унапредување на соработка меѓу странските инвеститори и локалните добавувачи: • Креирање на унифицирана и интегрирана он-лајн база на податоци на домашни компании кои претставуваат потенцијални добавувачи, а воедно и да се идентификуваат потребите на странските инвеститори за типот на производите и услугите што можат да ги набават од локалните компании. Оваа потреба доаѓа од фактот што различни институции и бизнис асоцијации имаат сопствени интерни бази на податоци кои не се секогаш достапни до сите засегнати страни; • Иницирање редовни деловни средби според таргетирани индустриски сектори и активности за вмрежување помеѓу домашните и странските компании, со цел меѓусебно информирање за потенцијалите за нови полиња на соработка; • Детектирање на постоечки проблеми кои претставуваат ограничувачки фактор за потесни бизнис – врски со локалните фирми и елиминирање на бирократските процедури за добавувачите при влезот во слободните економски зони; • Ангажирање на меѓународни консултанти и обезбедување техничка поддршка на домашните компании за надградување на квалитетот на работењето со цел тие да станат соодветни добавувачи, во насока на нивно стандардизирање и задоволување на сите пропишани светски стандарди и стекнување меѓународни сертификати; • Активно вклучување на банките и финансиските институции со цел обезбедување поволни кредити за надградба на техничките капацитети на домашните компании, со оглед на нивниот ограничен капацитет и финансиски средства; • Диверзификација при привлекувањето на странските инвеститори во различни стопански сектори, заради постигнување позначаен мултипликативен ефект, не само преку ангажирање на работната сила, туку и креирање на додадена вредност преку поврзување и соработка со домашните фирми како нивни локални добавувачи; • Организирање на отворени денови на странските инвеститори преку Советот на странските инвеститори во насока на поврзување со домашните добавувачи и воспоставување на иницијални контакти; • Поголема соработка помеѓу владините институции и министри задолжени за привлекување на странски инвеститори со бизнис заедницата и Советот на странски инвеститори како би се унапредила поддшката на странски инвестиции по нивното инвестирање и во фазата на пронаоѓање на домашни добавувачи.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

АКТУЕЛНО Во вториот дел на прес-конференцијата Ирена Јакимовска ја презентираше Програмата на Советот за 2016 година , меѓу кои беа издвоени следниве позначајни настани и активности: Формирање Асоцијација на автомобилската индустрија во рамките на Советот, одржување на т.н. Reality Check Конференција, промотивен настан на членови на Советот - Отворен ден на Советот за јавноста со дегустација на храна од различни интернационални кујни, одржување редовни официјални средби со Владата и другите чинители на актуелни теми и прашања, активности за зајакнување на соработката со домашните добавувачи и компании, воспоставување и одржување на соработката со советите на странски инвеститори од регионот, публикација- Економски магазин на Советот итн. На новинарско прашање за висина на исплатени плати кај странските инвеститори во технолошко – индустриските развојни зони, според истражувањето на Советот на странски инвеститори, просечната исплатената бруто плата не отстапува значително од просечната бруто плата на територија на Република Македонија, а диверзификацијата на висината на платите е сразмерна со прераспределеноста на работни позиции и типот на работните задачи на вработените во компанијата. Според податоците од Државниот завод за статистика, нето платата надвор од ТИР зоните земајќи ги во предвид само индустриските сектори кои се присутни во слободните зони, изнесува 17.555 денари (со вклучени превоз и хранарина), додека нето платата кај странските инвеститори во зоните е .16.143 денари (без хранарина и превоз). Со оглед на тоа што работните места се оддалечени, имајќи во вид дека ТИРЗ - овите се надвор од населените места, најголем дел од компаниите вршат организиран превоз со автобуси, како и организиран ручек за вработените, кои не се вкалкулирани во месечната бруто плата на работниците. Од информациите кои ни ги доставуваат компаниите членки на Советот за странски инвеститори, целосно се исплаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување, додека оние компании кои не вршат организиран превоз и исхрана, таквите издатоци се инкорпоририрани во вкупната бруто плата. Влатко Стојановски


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

9

НА САМОТО ПОДВЛЕЧЕНО МЕСТО

ОСТВАРЕНИ РАБОТНИ ПОСЕТИ ВО ПРВИТЕ КОМПАНИИ-ЧЛЕНКИ НА КЛУБОТ

Активности во рамките на Клубот на менаџерипретприемачи

Како дел од програмата на новоформираниот Клуб на менаџери-претприемачи, д-р Јелисавета Георгиева, потпретседател и извршен директор на Стопанската комора на Македонија со својот тим деновиве остварува повеќе работни посети со цел претставување на идните активности предвидени во рамките на истиот. Клубот на менаџери-претприемачи, кој беше официјално формиран на 23.12.2015 година на промотивен настан што се одржа во Стопанската комора на Македонија, претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и институциите кои се вклучени во истиот. За време на посетите покрај мали и средни претпријатија, беа опфатени и неколку големи компании со цел со нив да се поттикне размена на искуства, податоци и да се овозможи вмрежување на малите и средни со поголемите, како и меѓу малите и средни внатре во Клубот. Големите компании ќе бидат учесници на дел од настаните во рамките на Клубот со посебни програми и поволности кои ги нудат за членките на Клубот. На 13.01.2016 година беше реализиран состанок во Групацијата „Атлантик Група“ каде разговорите беа водени со г-ѓа Светлана Станкова, раководител на производство. „Атлантик Група“ e една од водечките прехранбени компании во регионот, со палета од познати брендови. Истовремено e водечки европски производител на прехранбени производи за спортисти, истакнат регионален производител на додатоци во исхраната и производи за лична нега. С т а н у в а збор за регионален дистрибутер на светски премиум брендови на производи за широка потрошувачка. До 2010 година беа застапени со својата дистрибутивна компанија „Атлантик трејд“ – Скопје, а оттогаш и со производство преку аквизиција на „Дрога Колинска“. Во моментот со продажбата на нивните брендови опфаќаат 40% од пазарот на потрошувачка на кафе во Република Македонија.

Компанија: „Атлантик Група“ Дејност: Трговија и производство на прехранбени производи Големина: Средна Адреса: Ул. Шарпланинска бб Контакт: +389 2 2034 718 Град: Скопје


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

НА САМОТО МЕСТО Во Хотел „Руссиа“ средбата се реализираше со генералниот директор Виолета Ангеловска со која покрај за претстојните активности во рамките на Клубот на менаџери-претприемачи беше разговарано и за бројните достигнувања и признанија за хотелот во изминатата 2015 година и можноста менаџерското искуство да се пренесе и на редовните средби на Клубот. Хотел „Руссиа“ е модерен хотел со 4 ѕвезди кој располага со 61 соба и апартмани.

Компанија: Хотел „Руссиа“ Дејност: Хотели и слични објекти за сместување Големина: Голема Адреса: Бул. АСНОМ, бр.1 Контакт: + 389 2 2400 030 Веб-страница: www.hotelrussia.mk Град: Скопје

Хотелот располага со други додатни содржини: ресторан, спа-центар, фитнес-центар, базен, тениски игралишта и бесплатен паркинг, а од скоро време и со софистициран Скај бар. Компанија: „Аква Дејон Плус“ ДООЕЛ Во рамките на посетите, на 14.01.2016 година беше одржан состанок Дејност: Производна дејност во и во „Аква Дејон Плус“ ДООЕЛ - компанија со производна дејност во областа на прехрана и хемија областа на прехрана и хемија. Произлегува од „Аква Дејон“, компанија Големина: Мала која постои од 1996 година и е препознатлива на територијата на целата Контакт: +389 2 2552 299 држава по квалитетот на своите производи и услуги. Адреса: ул. 27, бр. 1а, Град: Скопје

За активностите на Клубот на менаџери-претприемачи, за сите предизвици со кои се соочуваат како мала производна компанија која извезува во Косово и потребите на истата од аспект на вмрежување, освојување нови пазари и континуирана едукација, беше дискутирано со директорката Виолета Стојчевска. Компанија: „Раде Кончар – ТЕП“ Дејност: Производство на Во компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ работната средба се одржа со електромотори, генератори, директорот Горан Антевски. „Раде Кончар - ТЕП“ е водечка компанија трансформатори и уреди за во металната и електроиндустријата во Македонија и во останатите дистрибуција и контрола на балкански земји. Таа е дел од брендот „Раде Кончар“, која има традиција електрична енергија и егзистира повеќе од 65 години. На состанокот беше дискутирано Големина: Средна за важноста од формирање на ваков Клуб во рамките на институција Адреса: ул. 3-та Македонска како што е Стопанската комора на Македонија и за можностите кои се бригада, бр. 52 создаваат за малите и средни компании особено во делот на размена на Контакт: +389 2 2402 481 Веб-страница: www.koncar.com.mk/ искуства. tep/ Град: Скопје


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

11

НА САМОТО ПОДВЛЕЧЕНО МЕСТО

Како дел од посетите беше реализирана средба и со Биљана ДоновскаГечева, претседател на Управниот одбор на „Интернационален Картичен Систем“ АД - Скопје. „Интернационален Картичен Систем“ е прв сертифициран регионален центар за работа не само со националната платежна картичка, туку и со MasterCard и VISA платежни картички со ЧИП.

Компанија: „Интернационален Картичен Систем“ АД - Скопје Дејност: Друго монетарно посредување Големина: Мала Адреса: бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 1 Контакт: +389 2 3293 861 Веб-страница: www.casys.com.mk Град: Скопје

Компанија: Клириншки интербанкарски системи АД Скопје На 15.01.2016 година беше реализирана средба со г-ѓа Сашка Костовска- Дејност: Друго монетарно посредување Длака од „Клириншки интербанкарски системи“ АД – Скопје, која Големина: Мала претставува оператор на платен систем за порамнување на мали Адреса: бул.Кузман Јосифовски меѓубанкарски плаќања во Република Македонија и давател на Питу 1 дополнителни сервиси од заеднички интерес за банките. Контакт: + 389 2 3297 400 Веб страница: www.kibs.com.mk Град: Скопје

Исто така, беше остварена посета на г-ѓа Ана Брашнарска од „Нотар Ана Брашнарска“, чија што нотарска канцеларија нуди правни услуги и покриеност на целокупната законската регулатива во Македонија..

Компанија: Нотар Ана Брашнарска Дејност: Нотари Големина: Мала Адреса: Никола Вапцаров 18-1/3 Контакт: +389 2 3100 130 Веб страница: www.notarbrasnarska.mk Град: Скопје

На 18.01.2016 година беа остварени и посети во „Мебел Ников“ – Струмица со директорката Тања Никова и во „Казино – Хотел Фламинго“ со Марина Бадаровска, менаџер на хотелот. „Мебел Ников“ работи во сопствен производствен погон каде се регрутирани екипа специјалисти одговорни за обработка и крајниот изглед на мебелот, а имаат изложбени салони во Струмица, Скопје и нов салон во Гостивар. Производствената линија покрива широк спектар на мек мебел, кујни, спални и детски гарнитури и разни комоди и секции од масивно дрво со и без резба.

Компанија: „Мебел Ников“ Дејност: Преработка на дрво и за производство на мебел Големина: Мала Адреса: ул. Балканска, бр. 2 Контакт: +389 34 344 707 Веб-страница: www.mebelnikov. com Град: Струмица


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

НА САМОТО МЕСТО Компанија: „Казино Фламинго Хотел“ „Казино Фламинго Хотел“ е комплекс лоциран непосредно до граничниот премин Богородица со Република Грција кој содржи казино, Дејност: Хотели и слични објекти хотел со 5 ѕвезди, ноќен клуб, неколку ексклузивни ресторани и барови. за сместување Големина: Голема Истиот е познат како најатрактивна забавна атракција во регионот, но Адреса: Граничен премин и хотел со врвна услуга и широк спектар на содржини. На состанокот Богородица со г-ѓа Бадаровска беше дискутирано за важноста од континуирана Контакт: + 389 34 210 210 надградба особено кога станува збор за менаџерски вештини, размена Веб-страница: http://flamingo. на искуства на највисоко ниво и остварување на контакти, како клучни novomatic.com активности во рамките на Клубот. Град: Гевгелија

На 22.01.2016 година беше реализирана средба и во „ЛИОН“ ДОО Свети Николе, компанија од кондиторската индустрија основана во 1998 година. Денес е успешна фирма која има околу 120 вработени, произведува квалитетни кондиторски производи, наградени со златни медали на повеќе саеми и манифестации. Освен на домашниот пазар, производите на „ЛИОН“ се продаваат и во повеќе земји од регионот и Европа.

Компанија: „ЛИОН“ ДОО Дејност: Производство на какао, чоколади и кондиторски производи Големина: Средна Адреса: Регионален пат Р 105 бб Контакт: +389 32 443 793 Веб-страница: www.lion.com.mk Град: Свети Николе


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

13

НА САМОТО ПОДВЛЕЧЕНО МЕСТО Обемот на производство на „ЛИОН“ е 2500 тони кондиторски производи годишно со план за постојан раст и зголемување на производството, освојување на нови пазари и проширување на палетата на производи. За „ЛИОН“ се особено важни можностите за промоција на странски пазари и присуство на саеми, како дел од активностите во рамките на Клубот на менаџери-претприемачи.

Во „Слим Лајн Интернационал“ работната средба на 22.01.2016 година се одржа со г-дин Ѓоре Костовски и г-ѓа Марија Костовска, менаџери на компанијата која претставува заедница на членови од неколку земји од Балканот со седиште во Скопје. „Слим Лајн Клуб“ има програма на диететски суплементи за регулирање на телесната тежина, подобрување на општото здравје и имунитетот, диететски суплементи за постигнување фитнес тело, специјален режим на исхрана и физички вежби.

Компанија: Слим Лајн Интернационал Дејност: Трговија со диететски суплементи Големина: Мала Адреса: ул. Христо Татарчев бр.69 Контакт: +389 2 270 0028 Веб страница: www.slimline-club. com Град: Скопје

За природата на нивниот бизнис, од особено значење се можностите за дополнителна промоција кои ги нуди Клубот на менаџери-претприемачи. На средбите, покрај за предвидената програма на Клубот на менаџери-претприемачи како и бенефициите за членовите, се разговараше и за актуелните состојби во овие компании, нивните достигнувања и планови за развој, како и за проблемите со кои се судираат во тековното работење. Во таа насока, Клубот на менаџери-претприемачи ќе овозможи поддршка на малите и средни компании со цел пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Симона Ристоска


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Скопје расправаше за активностите во 2016 година

ЗАЛОЖБИ ЗА ДУАЛЕН СИСТЕМ ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 21.01.2016 година, се одржа 22. седница на Регионалната комора со седиште во Скопје која ја водеше д-р Горан Рафајловски, претседател на оваа Регионална комора. На седницата се дискутираше за Извештајот за работењето во минатата година, Предлогпрограмата за работа во оваа година, како и за дуалниот систем во средното стручно образование. Од страна на м-р Снежана Камиловска Трповска, директор на Дирекцијата на регионални комори, беа презентирани спроведените активности на Регионалната комора во 2015 година кои беа насочени кон унапредување на работењето, разгледување прашања и иницирање предлози во интерес на своите членки и целото стопанство од регионот. Притоа се заклучи дека активностите од делокругот на надлежностите на Регионалната комора со седиште во


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Скопје беа насочени кон идентификување на тековните проблеми на стопанството и нудење предлози и покренување иницијативи за нивно надминување, како и решавање на истите, со што би се обезбедила поповолна клима за работење на стопанските субјекти. Во однос на планираните активности за тековната година, д-р Рафајловски посочи дека Регионалната комора со седиште во Скопје ќе се залага за давање поддршка на стопанските субјекти, активно и стимулативно да влијае на одржливиот развој и раст на економијата, да поттикнува јакнење на капацитетите на човечките ресурси и со сето тоа да влијае на зголемување на животниот стандард. Д-р Рафајловски посочи дека образованието ќе игра значајна улога во 2016 година и ќе се стремиме кон втемелување на дуалниот принцип на образование во средното стручно образование. Преку оваа алатка, во наредниот период ќе се продолжи со активностите за давање релевантни можности, концепти, идеи, опции и аргументи коишто би ја поддржале рационалната дискусија за изводливоста и модалитетите на реформите на актуелниот систем на средното стручно образование во Македонија, а сето тоа да биде во согласност со потребите на бизнис-заедницата. Исто така, наредниот период ќе се продолжи и со активно вмрежување со регионалните градски комори со цел поголема соработка и деловно поврзување. Вовед во расправата за дуалниот систем во средното стручно образование даде м-р Борис Тримчев, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија, при што истакна дека обезбедувањето на квалификувана работна сила за потребите на стопанството е еден од клучните предизвици во Македонија. Системот на средно стручно образование има значајна улога во економскиот развој и просперитет. Средното стручно образование не е само функционална мерка за промовирање на економските цели, туку има и потенцијал да го подобри преминот од училиште во работниот свет и да им понуди на младите перспектива за планирање на кариерата, а со самото тоа и за пронаоѓање на сопствената улога во општеството. За секоја од компонентите на модерниот дуален систем на средно стручно образование ќе се испита дали постои определен расчекор помеѓу идеалното уредување и постојната состојба на системот на ССО, со цел да се идентификуваат можностите за преземање мерки за да се предложат конкретни активности, препораки и предлози за начинот на спроведување на реформите. За реализација на наведените активности, Комората, согласно потребите и можностите, ќе вклучи и домашна и странска експертска помош, а ќе ги земе предвид и досегашните искуства од реализација на слични програми во земјите од окружувањето. В. Спасески


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, во Битола организираше традиционален прием за дипломатскиот кор во земјава

ПРЕТСТАВНИЦИ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА ГИ ПРЕЗЕНТИРАА ЕКОНОМСКИТЕ И ИНВЕСТИЦИСКИТЕ МОЖНОСТИ

На 22 и 23.01.2016 година, Битола по вторпат беше домаќин на традиционалниот прием што претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го приредува за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија. На вториот ден од новогодишниот прием, претседателот, Ѓорѓи Иванов и членовите на дипломатскиот кор го посетија инфо – центарот „Пелистер“ Притоа, беше одржана презентација на природните и туристичките карактеристики на Националниот парк „Пелистер“ и хотелот „Молика“, а градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски имаа поздравни излагања за економскиот потенцијал и инвестициски можности што ги нуди овој град.


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

М-р Никола Димковски, самостоен советник во Регионалната комора со седиште во Битола, пред присутните ги презентираше стопанските состојби на битолскиот регион, како и конкретните проекти за инвестирање во идниот период. На присутните им беа посочени комуникациските и инфраструктурни карактеристики на битолскиот регион во делот на патната и железничката инфраструктура преку краците на коридорите К-10 и К-8, како и достапноста на најблиските аеродроми и пристаништа. Битолскиот регион учествува со околу 10% од вкупниот БДП на Република Македонија, со 7, 5% од вкупниот извоз и 4,4% од вкупниот увоз во државата, бројот на активни деловни субјекти во регионот изнесува околу 5000 деловни субјекти од коишто најголем број од нив се микро, мали (93%) и средни, мерено според бројот на вработени. Развојот на регионалната економија во секторот земјоделство се карактеризира со силна специјализација на производството во три главни групи на култури: житарици (пченица, јачмен, пченка, шеќерна репа, сончоглед) за кои идеално одговара битолскиот дел од Пелагонија, потоа, тутунот застапен во подрачјето на општина Могила, како и овоштарството (јаболка) најмногу присутни во ресенскиот дел. Трговијата е секторот кој се одликува со највисока концентреација на мали и средни претпријатија, и којшто забележува стандарден тренд на зголемување на нејзиниот обем, посебно трговијата на мало, мерен преку остварениот промет. Во енергетскиот сектор кој е примарен во регионот и кој обезбедува 80% од вкупните потреби на електрична енергија во Македонија, како развојна компонента во последните неколку години е инвестирањето во обновнливи извори на енергија и тоа веќе реализирани инвестиции за производство на сончева енергија и на маса за биогас. Презентирани беа конкретните инвестициски можности во битолскиот регион во секторите агробизнис и преработка на храна, информатичка технологија, градежништво, облека и текстил, недвижности. Акцент беше ставен на веќе отпочнатите проекти на општина Битола и тоа: индустриската зона Жабени, населбата Златен Рид, планираниот пазар на големо во старата индустриска зона- Битола, како и нејзина ревитализација. Во секторот туризам беа истакнати можностите за инвестирање во нови ски - центри на Пелистер и Ниже Поле, голф центарот Братиндол и слични капацитети во селскиот и планинскиот туризам. М-р Никола Димковски


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Инвестиции на ЗК „Пелагонија“

ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА И ФАРМА

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ АД - Битола на 22.01.2016 година во Општина Новаци свечено пушти во употреба два големи капацитета со вкупна инвестиција од 20 милиони евра. Станува збор за првата биогасна централа во Република Македонија со капацитет од 3 мегавати на час и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави. На свеченото отворање присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, градоначалниците од битолскиот регион и менаџментот на ЗК „Пелагонија“ АД - Битола. Делегацијата на претставници на Стопанската комора на Македонија ја предводеше претседателот Бранко Азески во придружба на претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски. Оваа биогасна централа има најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубре од фармата со чија преработка и заедничко ферментирање со фуражната пченка се добива биогас, а од него ќе се произведуваат по три мегавати струја на час. За изградба на биогасната централа и производство на „зелена“ енергија ЗК „Пелагонија“ - Битола вложи 10,5 милиони евра, додека пак за набавка на молзни крави јуници и изградба на современа фарма, вложи 9,78 милиони евра. Освен биогасната централа во Новаци, ЗК „Пелагонија“ - Битола инвестира и во фармата кај селото Породин, со што ќе се заокружи вкупното производство на електрична енергија од 6 мегавати на час, а планирана е и изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари со што освен што ќе се користи топлината која се добива од ладење на генераторите, ќе се обезбеди и целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината. М-р Никола Димковски


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Во Битола претставени можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 25.01.2016 година во Битола ги претстави можностите за инвестирање во овој регион.На промотивниот настан , како долгогодишен соработник, учествуваше и Регионалната комора со седиште во Битола. Пред присутните беа презентирани : Водичот за инвестирање во Пелагониски регион со збирка на индустриски зони, програма за поддршка на приватниот сектор и веб порталот www.investinpelagoniaregion.mk , кои се изработени за изминатиот период во рамките на проектот: “Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”. Во име на бизнис секторот, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, кој ги предводеше претставиците на регионалните комори од регионот, истакна дека соработката со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион успешно го промовира поттикнувањето на развојот на економијата во овој дел на земјата. -Според економските показатели Пелагонија учествува во БДП на Македонија со околу 12%. Водичот за инвестирање во Пелагонија може да влијае на привлекување на странски и домашни инвеститори и на тој начин да придонесе зголемување на процентот, но и да ја подобри социјалната состојбата на жителите на регионот, - подвлече во своето обраќање Мирко Велковски. Директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Емилија Ѓероска укажа дека потенцијалните домашни и странски инвеститори добија достапен водич за инвестирање во пелагонискиот регион, во кој се содржани сите неопходни податоци за деветте општини од регионот што треба да им помогнат при одлучувањето каде да ги насочат своите инвестиции. `Овој вид на публикации, според претседателот на Советот на Пелагонискиот плански регион и градоначалник на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски, треба да ги подобри и онака одличните перформански на институциите задолжени за економски развој на регионот,. Во овој документ, инвеститорите, домашни и странски, добиваат систематизиран преглед на релевантни информации за нивните активности и бизниси, и тоа: • Информациите за пазарот на труд и квалификувна рaботна сила; • Информациите за индустриски / економски / зони и локации кои се погодни за определен вид на инвестиции, достапни на општинско ниво; • Информациите за достапните “greenfield” и “brownfield” локации на регионално ниво; • Информациите за грантови, кредитни линии и слична финансиска поддршка. Водичот за инвестирање во Пелагонија, во следната фаза ќе биде надграден со можности за инвестирање на парцели во приватна сопственост. М-р Никола Димковски


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

ЧЛЕНКИ НА КОМОРА Пуштен во употреба нов далекувод за енергетско поврзување на Македонија и Србија

СИГУРНОСТ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА И ЗГОЛЕМЕНА РАЗМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ

Нов 400-киловолтен далекувод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип - Врање пуштен е во употреба. Инвестицијата вредна 11 милиони евра е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, членка на Стопанската комора на Македонија.Тој ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетската мрежа и зголемена размена на електричната енергија во регионот. На свеченото пуштање на 400-киловолтниот далекувод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија, беа присутни директорот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор на ЕМС - Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Директорот на МЕПСО Спасов истакна дека новата врска со соседниот српски електропреносен систем е голем чекор напред, особено затоа што на регионално ниво доминантни се физичките точки на електрична енергија низ Коридорот север-југ. - Вклучувањето на овој далекувод значи зголемена доверливост, подобрена стабилност, поголема можност за размена на електричната енергија меѓу системите, поефикасно оперативно планирање за стручњаците од системот на операторите и поле на размена на електричната енергија низ македонскиот и српскиот систем, рече Спасов. Тој, додаде, дека врвни приоритети на МЕПСО е постојано да се зголемува сигурноста на работата на електроенергетската мрежа и да се зајакнуваат врските со соседните систем-оператори. Спасов забележа дека преку зголемувањето на интерконективниот преносен капацитет на македонскиот систем се овозможува и зголемена размена на електричната енергија, со цел таа да стане подостапна за крајните потрошувачи и да влијае позитивно врз формирањето на цената на електричната енергија преку зголемување на конкурентноста кај продавачите на електрична енергија. - Зошто ја одбравме оваа локација, зошто токму Штип. Оваа електроенергетска постројка е најсилниот доказ и блескав резултат на посветеноста, значењето, челичната волја и решеноста на колективот на МЕПСО. На ова место пред седум години имаше ледина, пасиште. Сега ова е најсветлата точка на нашата преносна мрежа, еден од најважните енергетски јазли во нашиот електропреносен систем. Точка во која македонски електропреносен систем директно се поврзува со систем - операторите на Бугарија и на Србија, а индиректно преку Дуброво е поврзан и со електропреносниот систем на Грција. Ова место е гранитниот темел на кој го поставивме и ја градиме светлата и просперитетна електроенергетска иднина на Република Македонија поврзана со електропреносните системи на соседните држави. Во овој електроенергетски објект влегуваат два нови далекуводи долги над 140 километри на македонска територија што не поврзуваат со Бугарија и со Србија кои се изградени од 2007 година до сега, рече Спасов. Директорот на ЕМС Србија, Шумања истакна дека за енергетичарите нема поголем и поважен мост од интерконективниот далекувод од 400 киловолти како што е овој од Штип до Врање кој всушност ги поврзува преносните системи на Србија и на Македонија. Шумања истакна дека српскиот електропреносен систем имаат вложено вкупно 50 милиони евра преку донации, а дел и од сопствени извори за изградба на овој далекувод вклучувајќи од Ниш до Лесковац, потоа од Лесковац до Врање и секако од Врање до Штип. - Сакам да истакнам дека при работата користени се највисоките техничко-технолошки стандарди и се исполнети најстрогите урбанистички еколошки стандарди кои не биле воопшто мали. Верувам дека сличните бенефиции ги имаат


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

21

ЧЛЕНКИ ПОДВЛЕЧЕНО НА КОМОРА и нашите македонски пријатели. Покрај се, би сакал да напоменам и да истакнам зошто овој проект е значаен во еден поширок контекст и поради што ја добивме поддршката од ЕУ. Првенствено добивање на еден енергетски мост односно интерконективна врска меѓу преносните системи меѓу двете земји која во секој поглед ги спојува и нашите два народи. Не смееме да го занемариме и значењето на телекомуникациското поврзување по пат на OPGW кабли кои се вградени во нашите далекуводи, рече Шумања. Вицепремиерот Владимир Пешевски во своето обраќање истакна дека досега Владата има вложено 50 милиони евра во изградба на нови електро-енергетски објекти во модернизација на постоечките објекти на преносната мрежа. Тој истакна дека во изминатите две години се изградени околу 210 километри нови 400 KV далкуводи, а воедно се реконструираа и ревитализираа околу 400 километри 110 KV далекуводи постари од 40 години. - Со изградбата на 70 километри интерконектиран далекувод од Штип до Врање, Владата на РМ остварува уште еден проект кој што е ветен во програмата за работа за кои се инвестирани околу 11 милиони евра со поддршка на Светската банка. Реализацијата на овој проект во енергетска, но и во практична смисла е од огромно значење за Република Македонија. Со изградбата на 400 киловолтниот далекувод се овозможува и пристап до регионалните електроенергетски системи и се обезбедува зголемен коридор за пренос на електричната енергија до регионите во Македонија кои се енергетски увозно зависни, рече Пешевски. Со изградбата на овој далекувод Република Македонија моментално енергеткски е поврзана со четири соседни земји преку пет интерконективни енергетски врски. Пешевски најави дека во следниот период ќе следи уште еден значаен енергетски проект, а тоа е изградбата на 400 киловолтниот далекувод кој ќе ги поврзе Битола во Република Макеоднија и Елбасан во Република Албанија. Должината на овој далекувод е проектирана на 95 километри проектот е со вредност од над 40 милиони евра, а воедно ќе се изгради и нова 400/110 KV трафостаница во Охрид со што со реализацијата на овој проект ќе се подобрат напонските услови во југозападниот дел на Република Македонија и ќе се придонесе за развој на регионалниот пазар на електрична енергија. На овој начин ќе се комплетира енергетскиот Коридор 8 со што Македонија ќе стане енергетска крстосница на Балканот, рече Пешевски.(МИА)

МЕЃУ НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ВИНА ОД БАЛКАНОТ И ОД МАЛА АЗИЈА.

Оценка на „Вашингтон пост“ за „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“, членка на Стопанската комора на Македонија

Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“, членка на Стопанската комора на Македонија, меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија. Стручњакот Дејв Мекинтаер кој пишува за овој престижен американски медиум во текстот објавен месецов во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот. - Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба, посочува Мекинтаер. Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се побара и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена. Критичарот на „Инфорум“ посочува дека „Пино Ноар“ е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода. - Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина „Пино Ноар“ и „Шардоне, пишува Рон Смит. Македонската винарија е лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, и годишно произведува околу 4,5 милиони литри вино.(МИА)


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Иран

МЕЃУ ЕУФОРИЈА И ПРЕТПАЗЛИВОСТ

*Во Иран владее еуфорија по отворањето на новата економска ера. Но, по долгоочекуваното укинување на санкциите, прашање е дали е земјата подготвена за бизнис на меѓународно ниво? Иранскиот претседател Хасан Рухани дојде во прва посета на Европа по укинувањето на санкциите против неговата земја. Со години, Иран страдаше поради санкциите наметнати од САД, ЕУ и ОН во обид да се спречат неговите нуклеарни активности. Откако главните санкции беа укинати, се јави голема возбуда како меѓу инвеститорите така и меѓу иранските бизнисмени поради отворањето на нови пазари. „Иранската економија толку многу опадна поради санкциите и други проблеми што секое отворање, без разлика колку мало, ќе направи позитивна разлика“, вели Фархад Алави, американски адвокат од иранско потекло кој работи за адвокатска куќа од Вашингтон која се занимава со законите за трговски санкции. „Во моментов постои голема возбуда но ќе биде потребно долго време пред да видиме навистина длабока промена во економската и трговската ситуација на Иран“, вели Алави. Потенцијален пазар На хартија, Иран на многу полиња е сон за секој инвеститор. Со второ по бројност население на Блискиот исток, по Египет, земјата нуди голем потенцијален пазар. Освен големото богатство во природни богатства, Иран поседува и млада, технички оспособена и едуцирана популација. Според проценките на Светска банка, земјата го има вториот најголем број на корисници на интернет во регионот, зад Турција. Но слабите транспортни и сместувачки капацитети претставуваат проблем за меѓународните инвеститори, а комплексната економска структура, од кои голем дел поседува државата, се тешки за снаоѓање. Околу 60 проценти од населението е помладо од 30 години Укинувањето на санкциите нема автоматски да ги реши локалните проблеми како корупцијата и недостатокот на транспарентност во регулативата- фактори кои мора да се подобрат доколку иранската влада сака да ги оствари амбициозните цели за 8-процентен годишен раст во следните пет години.


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Финансиски и политички предизвици „Иран практично нема надворешен долг, па тоа го прави клиент од соништата за меѓународните банки“, вели Михаел Токус, извршен директор на германскоиранската трговска комора во соопштение. Но токму банкарскиот сектор претставува најголем предизвик за меѓународната трговија. По нуклеарниот договор, американското министерство за финансии објави насоки, потсетувајќи ги Американците дека на „државјани на САД, вклучително и на компании, и натаму им е забрането да работат со Иран или со неговата влада“. Тоа значи дека и сервисите за плаќање со седиште во САД- без оглед дали кредитни картички или онлајн сервиси како Пејпал, во најголемиот број случај не можат да бидат користени во бизнисот со Иран. Политичките тензии исто така играат улога. „Што доколку актуелниот политички курс меѓу двете земји драматично се промени по претседателските избори во САД?“, прашува Алави. Републиканската партија која го контролира Конгресот е жесток противник на договорот. Во Германија, со големо исчекување се гледа на можноста повторно да се соработува со некогаш добриот партнер- Иран. Пред Остануваат тензиите во односите со САД санкциите, Германија беше вториот најголем трговски партнер на Иран по Обединетите арапски емирати. Но откако ЕУ се согласи на санкциите, Кина брзо ја пополни дупката на иранскиот пазар. Сепак, од Германската стопанска комора очекуваат извозот во Иран да се зголеми на 5 милијарди евра во следните години. На долг рок, проекциите се дека таа сума треба да се удвои. Но, постои и загриженост дека иранските амбиции се во спротивност со очекувањата на потенцијалните партнери. „Германија повеќе е насочена кон извоз на добра во Иран наместо да инвестира во производство во земјата“, вели Голверди Голестани, претприемач од Техеран. „Од друга страна, Иран би сакал да го зголеми домашното производство, да отвори работни места за своите млади луѓе и да ја подобри индустријата“, вели Голестани за ДВ. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Даночни затајувачи во Грција

ЛОВОТ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ

*Долго време Грција одбиваше германска поддршка за изградба на ефикасна финансиска управа. Сега дојде до промена на курсот: во Атина двете влади договорија соодветна соработка на тоа поле. Посрдечен дочекот не можеше да биде. Со зборовите:„Господине министре, мој драг пријателе Норберт“, грчкиот заменик министер за финансии Трифон Алексијадис го пречека министерот за финансии на германската сојузна покраина Северна Рајна Вествалија, Норберт Валтер-Борјанс. И неговиот разговор со премиерот Алексис Ципрас речиси во живо беше пренесуван во ударните термини. На крајот гостинот од Германија и неговиот атински колега потпишаа писмо со намери за заедничка борба против затајувачите на данок во Грција. Тоа предвидува 50 грчки даночни инспектори да заминат на дообука во Северна Рајна Вествалија, по што ќе следуваат натамошни чекори. Домачинот Алексијадис, признат стручњак и некогаше шеф на синдикатот на вработените во даночната управа, нагласено му се заблагодари на германскиот гостин. Затајувачите да се натераат да плаќаат данок Валтер-Борјанс како и сојузниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле уште пред неколку години понудија германска помош во реформата на финансиските служби во Грција, но за тоа немаше слух во Атина. Левичарскиот премиер Ципрас постојано говореше дека се подготвува за борба против корупцијата и затајувачите на данок. Тој вети дека токму од таму ќе се слеваат средствата за буџетот со кои ќе ја финансира својата социјална програма. Затајувачите на данок „нема да можат да спијат мирно“, вети Ципрас неодамна. Дали се ова нови тонови од Атина? Економистот Костас Скурас не е потполно убеден. „ Не


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

25

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ слушаме за првпат за обука на грчки даночници. Уште во деведесетите години од минатиот век, тогашниот социјалистички министер Пападопулос потпиша соодветен договор со САД, кој никогаш не беше спроведен“, вели Скурос за ДВ. Од другастрана јавните приходи во 2015 година ги надминаа очекувањата. Тоа би можело да биде знак дека владата сериозно се заложила за тоа. Но, Скурас предупредува од преголеми очекувања. „ Само во 2015 година се воведени девет нови директни или индиректни начини на оданочување, а тоа е причината зашто се зголемени приходите. Но, тоа високо оданочување на долги патеки како последица би можело да има контра ефект“. Сигнал за решителност Заменикот министер за правда, Димитрис Папангелопулос не се сомнева дека Атина има политичка волја да се презмета со затајувачите на данок. Тој предупреди дека владата е во „војна“ против нив и оти во таа војна ќе ги употреби сите расположливи средства. А во тие оружха спаѓаат и ЦД-та од банкарскиот рајШвајцарија. Финансиските служби на Северна Рајна Вествалија на атинското министерство за финансии во ноември 2015 година му ги предадоа ЦДта со имињата на грчките сопственици на сметки во швајцарските банки, што во Грција е познато како „Борјансова листа“ . Повикувајчи се на тие податоци државното обвинителство на Грција ја истражуваше работата на атинската канцеларија на големата УБС банка. „Имиња и адреси, ве молам“, беше насловот во левичарскиот весник „ Новости на уредникот“. Но, имињата не се познати до денес. Постојат гласини дека станува збор за ‘позната актерка’, која во Швајцарија има преку еден милион евра, или пак за свештеник кој има околу 400 илјади евра... Во втората половина од јануари финансиските служби испратија предупредувања на адресите на првите 20 лица од „Борјансовата листа“. Притоа владата на Ципрас ветува итна анализа и на т.н. „Лагард листа“. Тука станува збор за околу 2000 Грци кои поседуваат сметки во швајцарски банки, кои во 2010 хгодина тогашната француска министерка за финансии а сега шефица на ММФ, Кристин Лагард му ги предаде на својот грчки колега Јоргос Папаконстантину. Тоа се податоци кои некогашниот вработен во банката ХСНЦ ги украде и и ги понуди на Франција да ги откупи. По проверката на ЦД- та со даночни податоци Атина би можела за кратко време да инкасира околу две милијарди евра од даноци и казни, јавуваат грчките медиуми. Економскиот експерт Скурас е скептичен. „Сериозен однос кон ЦД-та со даночни податоци би барал работа во тишина и без преголема помпа, за властите да можат да ги пронајдат даночните затајувачи без да предизвикаат преголемо внимание. Но, со волку текстови во весниците се сомневам дека сето тоа на некој начин е политички инструментализирано“, вели аналитичарот од Атина.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: ,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНО ПРАВИЛНО СПРОВЕДУВАЊЕ“ Содржина на актуелни теми: - Права и обврски на економските оператори во постапките до склучување на договор за јавни набавки; - Права и обврски на договорните органи во постапките до склучување на договор за јавни набавки; - Насоки за подготвување на квалитетна прифатлива понуда согласно актуелните законски прописи; Насоки за успешно спроведување на постапките за јавни набавки согласно актуелните законски прописи; - Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН; - Поднесување на понудите преку ЕСЈН и учество на е-аукции; - Спроведување на постапка до склучување на договор за јавна набавка преку ЕСЈН; - Претставување на случаи на „добра пракса“ при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; - Жалбена постапка и - Други прашања од интерес на учесниците.

9 февруари 2016 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

- примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Емилија Тодоровска Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk

Обучувачите се експерти од Бирото за јавни Контакт: Анита Митревска набавки. Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 За сите учесници на семинарот ќе биде Контакт Центар : (02) 15015 обезбедено: E-адреса: anita@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 10 до 13 февруари 2016 година во Република Турција

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат да земете учество на оваа исклучително значајна саемска манифестација која се одржува во просториите на „Експо центарот“ во Анталија. 23. Интернационален саем за храна и пијалаци е најголемиот меѓународен настан што ќе се одржува во Турција, на којшто минатата година учествуваа повеќе од 400 излагачи од повеќе од 12 земји ширум светот, а го посетија повеќе од 47.400 посетители од 49 земји од регионот и пошироко. Турција претставува атрактивен пазар со големи можности особено во прехранбениот сектор. Вкупниот износ на храна што се консумира во рок од една година во повеќе од 1200 туристички капацитети низ цела Турција, е над 1 милион тони, додека износот на конзумирани пијалаци е над 600 илјади тони. Низ туристичките капацитети во рок од една година, во Турција се конзумираат преку 58 илјади тони црвено месо и околу 40 илјади тони бело месо. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу турски компании и компании од светот, овогодинешниот 23.

хотелиерството; • готвачи и бармени - угостителски работници; менаџери на синџири на маркети; • менаџери на ресторани, ресторани за брза храна, барови и кафулиња; • трговци со храна на големо; • инспектори за храна, пијалаци, козметика; • менаџери на хемиски и индустриски компании; • менаџери на тендерски комисии за набавки во приватниот и јавниот сектор; • директори на болнички кантини; • раководители на јавни организации и институции; • раководители во државни и приватни образовни структури и хостели; • команданти на воени објекти и раководители на одделенија за набавки; • директори и менаџери на фабрики за пакување на храна; • производители на зеленчук, овошје и стакленички производи.

Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; Интернационален саем за храна и пијалаци има за цел • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; на едно место да собере: • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • производители на житни култури, зачини и масла; • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно од • производители на месо и месни производи; расположливите капацитети на хотелите во Анталија); • печива; • специјални цени за компании коишто сакаат да земат • адитиви; учество на Саемот како излагачи; • кондиторска индустрија; • за сите заинтересирани компании коишто сакаат да земат • млеко и млечни производи; учество на Саемот, задолжително е пополнувањето на • чај, кафе и опрема; пријавниот лист; • трговија на големо- дистрибуција на храна и пијалаци; • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од една • опрема за ладење, ладилници за превоз на производи; компанија. • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; Аплицирај електронски / on-line • лаборатории за испитување на храна; • конзервирана храна; Контакт: Сања Николова • медиуми и др. Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Саемот е отворен за: E-адреса: sanja@mchamber.mk • директори, менаџери во угостителството и


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен семинар УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ

- пристапи за ефикасна искористеност на ресурсите, минимизирање на ризиците и трошоците од работењето и создавање можност за подобри финансиски резултати на организацијата – На дводневниот семинар учесниците ќе се запознаат со потребните алатки и техники кои овозможуваат успешно управување со промени и ќе стекнат основа за создавање динамични организации со организационен и индивидуален капацитет, кои можат да функционираат и да се менуваат согласно промените. Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот: - Зошто ни се потребни промени во една организација? - Какви стратегии ни се потребни за правилно да ги имплементираме и одржуваме промените? - На кој начин да го намалиме отпорот на вработените и да ги пренесеме низ сите организациони нивоа? - Каков импакт имаат промените врз целокупното функционирање на организацијата? - Дали се интегрирани вистинските стратегиите за постигнување на организационата цел? - Како да се надминат пропустите и недоследностите во организацијата? - Како да се приближи организацијата кон глобалните трендови? Програма на семинарот: - Анализа на организација; - Анализа на тренд на работна сила (сега и во иднина компаративно); - Акции за иницирање на организациски промени; - Воспоставување современа организациона култура; - Методи за намалување на отпорот на вработените кон промените; - Модел на управување со компетенции на вработените; - Правилна употреба на ИТ системите; - Модел на управување со резултати – интеграција на организациските цели, таргети и перформансите на вработените и - Интеграција на трите столба на организациска одржливост: Луѓе – Процеси – Технологија. Придобивките на организациите на кои управување со промени им е редовен процес: - Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;

11-12.02.2016 година (четврток-петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

- Подобра алокација и искористеност на ресурсите; - Прилагодливост на динамичната средина; - Подобрување на моралот на вработените; - Мотивација и ефективно следење на резултатите од работењето; - Намалување на организациските трошоци; - Побрз одговор на побарувачката од околината; - Подобар поврат на инвестиции; - Компаративна предност пред конкурентите и - Следење на глобалните трендови. Предавач: Наташа Алексовска - основач и деловен консултант во Компанијата Вивендум Рацио Солушнс, компанија посветена на подршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна транформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Oд 11 до 14 февруари 2016 година Меѓународни саеми во Република Грција

„INFACOMA 2016“ И „AQUATHERM 2016“ ВО СОЛУН

Стопанската комора на Македонија во соработка со „HELEXPO“ и Канцеларијата за економски и трговски врски на Република Грција во Република Македонија ве покануваат да бидете дел од „Infacoma 2016“ (33. Интернационален саем за градежни материјали за изолација, врати и прозорци, пред-фабрикувани конструкции и технологии и санитарна опрема) и „Aquatherm 2016“ (1. Интенационален саем за греење, вентилација, климатизација, снабдување со вода, санитарии, еколошки технологии и обновливи извори на енергија). Саемските манифестации ќе се одржат во периодот од 11 до 14 февруари 2016 година во Солун, Р. Грција. Саемот „Infacoma“ како секоја, така и оваа година, како водечки саем во градежниот сектор, има за цел да ги промовира новите технологии, апликации и материјали, кои се однесуваат на надградба на објекти, заштеда на енергија и модерна архитектура. Во рамките на „Infacoma“ оваа година за прв пат ќе се одржи и Саемот „Aquatherm“, наменет за сите компании коишто се занимаваат со инстлирање и одржување на системи за греење, вентилација, климатизација, еколошки технологии и обновливи извори на енергија. Саемот се организира секоја година од 2004 година во повеќе од 13 градови, во 12 зејми ширум светот, а од 2016 година за прв пат ќе се организира и во Солун. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ХИСТРИА 2016“ ВО ПУЛА

Од 12 до 14 февруари 2016 година Меѓународен саем за храна и пијалоци во Република Хрватска

Учеството на оваа саемска манифестација го организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Хрватска. Првиот саем ХИСТРИА е проект на Стопанската комора на Хрватска- Регионална канцеларија во Пула лансиран во 1994 година, со цел да се препознае креативноста и иновативноста на малите производители (кои често имаат ограничени опции за настап на саемски манифестации), односно презентација на квалитетот на хрватските производи, воглавно храната и пијалоците, коишто се потешко се пробиваат на пазарот. Со текот на годините саемот го потврди својот квалитет и стана место за традиционален собир на изложувачи од цела Хрватска со можност за поврзување на земјоделскиот сектор и прехранбената индустрија со туризмот и трговијата. Како и секоја, така и оваа година како излагачи на саемот ќе се претстават мали, средни и големи бизниси, знаетчии и фармери што се занимаваат со производство и продажба на храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци, пакување, текстил за угостителство и сл. Исто така, присутни ќе бидат и

претставници од областа на туризмот (ресторани, хотели), носители на “Еко“ етикета на производот, “Хрватска квалитета“, “Изворно хрватско“, “Оточни производ“ итн, како и други субјекти, чии производи се вклопуваат во целокупниот концепт на саемската манифестација. По повод долгогодишната соработка, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Македонија оваа година организираат учество на саемот на Македонски компании со цел промоција на нашиот домашен квалитет и пласирање на македонските производи на хрватскиот пазар. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„HORECA 2016“ И „WEDDING SHOW“ ВО ТИРАНА

Од 3 до 6 март 2016 година во Република Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Тирана Експо Центар“ ве покануваат и оваа година да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на најголемиот центар за развој на саеми во земјата - „Тирана Експо Центар“. Оваа година се очекува на Саемот да има повеќе од 140 компании во својство на излагачи, од коишто повеќе од 40% ќе бидат од земјите од регионот и пошироко. Во изминатите години „HoReCa“ стана апсолутен лидер за компаниите од оваа бранша во земјата и во регионот. „HoReCa“ претставува ексклузивен настан каде што на едно место можат да се сретнат сите компании и крајни потрошувачи на услугите во секторот на угостителството и хотелиерството, при што се создаваат услови за креирање нови и иновативни услуги креирани според желбите и потребите на потрошувачите. Годинава, покрај останатите бројни изненадувања, во рамките на Саемот „HoReCa“ ќе се одржи и првото издание на Саемот „Wedding Show“ посветен исклучиво на свадбени свечености. Организирајќи ги овие две манифестации во ист период и на иста локација ќе се создаде синергија помеѓу заедничките сектори, претворајќи го целиот настан во една од најважните дестинации за средба на илијадници професионалци во дадените сектори од регионот и пошироко. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 март 2016 година во Лондон, Велика Британија

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА „ECOBUILD“

*Меѓународни деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ - EEН - http://www.b2match.eu/ecobuild2016 Стопанската комора на Македонија во организација на ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, новини и трансфер на технологии во енергетиката, како и рециклажата. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Исто така, ќе може да се доставуваат предлози и да се реализираат можности за вмрежувања на организации и фирми со цел создавање конзорциуми во рамките на ЕУ-Програмата „Хоризонт 2020“ во области за градење на енергетски ефикасни објекти со нови технологии и идеи на градба. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 9 март 2016 година, во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ecobuild2016/registration до 3 март 2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“

Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизнис-средби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија. „ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот„ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl. За време на одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија

БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери

конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, однапред да се организираат деловни состаноци; „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Данска бара компании за соработка. Компанијата е сертифицирана според ISO 22000 и BRC. Специјализирана во рамките на следниве видови на производи: разни видови сирења, рендано сирење, свежо паковано сирење, крем сирење, путер, јогурт, крекери, сосови, супи, алкохолни и безалкохолни производи. Валидност до 31.01.2016 година. Данска компанија која е меѓу најголемите компании за увоз, продажба и маркетинг организации на FMCG-стоки за широка потрошувачка во Нордискиот регион. Фокусирани се на меѓународни силни брендови со добар квалитет. Целта им е да бидат лидери во воведување и развој на привлечни брендови и новите трендови во трговија на мало на пазарот за храна и пијалоци. За повеќе информации контактирајте не`. Валидност до 18.02.2016 година. Компанија од Република Македонија нуди објект за продажба или изнајмување на магистралниот пат Скопје-Софија-Истанбул или поточно Куманово-Крива Паланка оддалечен од Куманово на 15 километри. Објаектот е новоизграден со површина од 1300 м2 погоден за секаков вид на производство,магацински простор како и дел за деловен простор Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Полска бара компании за соработка и нуди комплетна опрема за пчеларство, литература, едукативни материли, помошни материјали. Валидност до 19.02.2016 година.

Компанија од Литванија нуди индивидуални информациски системи, ИТ инфраструктурни решенија, ИТ услуги и антивирусен софтвер и решенија за безбедност на податоци. Валидност до 30.01.2016 година.

Компанија од Полска бара компании за соработка од областа на пчеларството, нуди производи од Компанија од Италија заинтересирана е за соработка пчеларство и опрема за пчелари. со компании кои работат во областа на соларна Валидност до 17.02.2016 година. енергија. Валидност до 31.01.2016 година. Нудат асортиман на најквалитетни производи специјално дизајнирани и наменети за пчеларство. Компанија од Кина заинтересирана е за пласман на Литература, филмови, фотографии, етикети, облека и уреди за мерење, мерни системи, мерна опрема, друга опрема, како и амбалажа за пакување на мед. медицински ваги, делови за уреди за мерење во Валидност до 31.01.2016 година. Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година.


четврток, 28 јануари 2016, Бр. 252

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Ерменија заинтересирана е да пласира Компанија од Словачка бара дистрибутери во стерилни течни лекови во Република Македонија. Република Македонија за пласман на земјоделски Валидност до 31.01.2016 година. приклучни машини. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Грција бара соработка со трговци на фотоволтаични системи и опрема за соларни и Компанија од Латвија бара компании за ласман на хибридни системи кои користат обновливи извори хидраулични пумпи во Република Македонија. на енергија во Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Полска бара соработка со стоматолошки ординации во Република Македонија за пласман на стоматолошки инструменти и материјали. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Полска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на пластика. Валидност до 31.01.2016 година.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook