БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
FS 549642
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 201
www.mchamber.mk
27.11.2014
Што порачаа стопанските комори на ЦЕФТА-Неделата во Скопје
ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА РЕГИОНОТ ЗАВИСИ ОД НАТАМОШНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА И ОТСТРАНУВАЊЕТО НА (НЕ)ТАРИФНИТЕ БАРИЕРИ
Македонско-француски бизнис-форум
ФРАНЦУСКИТЕ ИСКУСТВА И ПРЕНОСОТ НА ТЕХНОЛОГИИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ВО СЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ 1,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Веќе подготвивме нова Стратегија за земјоделство и рурален развој до 2020 година. Сметам дека ова е квалитетен документ кој дава реални насоки за натамошно унапредување на веќе постојните политики и зголемување на нивната ефикасност. Крајната цел останува понатамошно подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор на отворениот и променлив пазар и одржување на развојот на руралните средини преку оптимално користење на природните ресурси. Остануваат истите мерки на финансиска поддршка, но со постепено подигнување на критериумите кои се однесуваат на добрата земјоделска практика. На пример, еден од условите за добивање субвенции ќе биде употребата на сертифициран семенски материјал. По 2018 година ниту еден земјоделец кој нема да користи сертифицирани семиња нема да може да добие субвенција. Вкупниот износ на средства кои планираме да бидат издвоени за поддршка на политиките во земјоделството во следниот 7-годишен период е 1,1 милијарда евра. Во насока на модернизацијата на секторот и подобрување на условите за живот и работење во руралните средини е предвидено значително зголемување на средствата за кофинансирање на приватните инвестиции во земјоделските стопанства и преработувачки капацитети, и особено оние кои ќе бидат инвестирани во руралната инфраструктура и наводнувањето. Планираме да вложуваме по 20 милиони евра годишно за подобрување на состојбите во наводнувањето на земјоделските површини за што е веќе подготвен амбициозен план за изградба и ревитализација на хидромелиоративните системи. (Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија за „Утрински весник“)
НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И РАБОТНИ МЕСТА ОСТАНУВААТ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ -Ние продолжуваме со истото темпо како и фокусот да обезбедиме прво уште се поширок спектар за отворање на нови работни места, затоа што се уште имаме една голема бројка на невработеност. Факт е дека со тек на време ќе дојде до зголемување на платите, така и на стандардите во цела Македонија. Секој бизнисмен и економист може да ви каже како се зголемуваат платите. Тоа е исклучиво со капитални инвестиции и зголемена продуктивност кај фирмите. Денес имаме ситуација во Македонија работната снага која е постоечка, се надградува знаењето, искуството и така натаму. Многу важно да знаеме во која фаза сме ние од целата економска активност на една од тие странски фирми. Денес во странските фирми во Македонија се произведуваат електронски делови, катализатори, цели автобуси, кабли и така натаму. Некој требало тие продукти да ги развие, да ги смисли, да го конструира, да направи прототип, па да проба да го продаде тој дел кај некој од нивните клиенти како „Мерцедес“, „BMW“ и така натаму и се да дојде до ситуација дека тој продукт е оној финален што му одговара на купецот и сега е прашањето каде е најефективно да се произведува тој дел. И ние сме како држава во тој сегмент моментално, последнио. Исто така, со тек на време, како нашите работници учат од квалитетно производство, начин на работа и се адаптираат, почнуваат да даваат сугестии и она што било во фаза на развој и дизајн полека се префрла во овие земји. Тоа е ситуација денес во Чешка, Словачка, Романија... Тие истражни дизајнерски повисоки функции полека се префрлаат. И кај нас тоа ќе се случи во следните 4-5 години, па можеби и 7 години, зависи од глобалните економски движење. Но факт е дека со тек на време ќе земеме се поголем залак од таа економска активност. Некои работни места ќе заминат, но она што ќе се случи е дека народот ќе стане попродуктивен, капиталните инвестиции од странските и домашните фирми ќе станат поголеми фактори и двигатели на нови работни места, поголеми кариери, и повисоки работни места. Тоа се тие сегменти низ кои мора Македонија да помине, не можеме да скокнеме наеднаш и да земаме сите најголеми плати и да прескокнеме цели циклуси. Тоа е едноставно невозможно. Но со постојано поттикнување на нови работни места кај странските и домашните фирми успеваме тој циклус да го носиме во права насока (Веле Самак, министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија во „Курир“ )
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
ПОДВЛЕЧЕНО
МНОГУ Е БИТНО КОМПАНИИТЕ И БАНКИТЕ ДА ГО ЗБОРУВААТ ИСТИОТ ЈАЗИК Банкарите по право се секојпат виновни, значи прво кога тие даваа кредити со ниски ризици и ниски стандарди, кога се случи кризата, беше затоа што многу лесно се доаѓало до кредит. Потоа, кога се случи кризата, банкарите беа обвинети дека се тие извор за преголемиот кредитен раст, па тие станаа преконзервативни. Најверојатно, вистината е во средината. Банкарите мора ефективно да ги ценат ризиците кога одобруваат кредити, односно дали компанијата има капацитет да генерира дополнителен приход со којшто ќе ги враќаат кредитите. Доколку банкарите успешно ја вршат таа задача, а тоа значи и дека компаниите имаат аргументи да ги убедат банките- тогаш пристапот до финансиските средства ќе биде доста лесен. Многу е битно компаниите и банките да го зборуваат истиот јазик и да бидат иновативни во наоѓањето на проекти коишто се извозно ориентирани и профитабилни. (Глигор Бишев, генерален директор на Шпаркасе банка во „Економски Лидер“)
МАКЕДОНИЈА Е ПЛОДНА ПОЧВА ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС Јас во бизнисот сум веќе полни 23 години. Секогаш кога ги прашуваш стопанствениците велат дека состојбата е неповолна, има високи камати и слично. Мислам дека во овој две децениски период од кога сум во бизнисот, се повеќе и повеќе поволна е бизнис климата. Никогаш во бизнисот немало пониски камати за кредити, постабилна монетарна политика, потранспарентна можност да се вклучите во бизнисот. Даноците се најниски, еве четири години секоја добивка ако ја инвестираш не се оданочува. Од година во години се подобрува и со сигурност можам да кажам дека најповолни услови за бизнис има во Република Македонија. Мојата приватна компанија „Адора Инжењеринг“ на пазарот постои 12 години. Ако ние за 12 години направивме една успешна македонска градителска приказна, брзорастечка компанија, тоа е поради моето познавање, вредните луѓе, менаџерскиот и стручен тим, но тоа се базира на една плодна почва, а таа е поволната бизнис клима. Ние денеска имаме една исклучително добра бизнис клима, но не треба тоа да значи дека не мора да ги отстрануваме слабостите кои ги имаме, бидејќи тоа е во прилог – да има поголема експанзија. Треба малку да се подобри и менталниот склоп на бизнис елитата. И јас сум дел од тоа. Треба да се менуваме. Да се насочуваме кон нови идеи, нови технологии, да го зголемиме извозот, да го намалиме увозот, и мислам дека денеска со една цврста макроекономска политика, со еден стабилен банкарски сектор, оние средства што недостасуваат преку кредити да се обезбедат. Еве во градежниот сектор, банките ги намалија каматите на 3% на годишно ниво. Не може да се пожалиме ако имаме идеја, желба и посветеност на бизнисот. Ако мислиме дека некој друг треба да ни го води бизнисот, тоа е друго прашање. (Ванчо Чифлиганец, бизнисмен и сопственик на „Адора инженеринг“ во „Економски лидер“)
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
ФОКУСИРАНО
Пораки на работните групи од стопанските комори на ЦЕФТА-Неделата во Скопје
ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА РЕГИОНОТ ЗАВИСИ ОД НАТАМОШНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА И ОТСТРАНУВАЊЕТО НА (НЕ) ТАРИФНИТЕ БАРИЕРИ
Четирите коморски работни групи, поддржани од Партнерскиот проект ДИХК ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТАНеделата, одржаа состаноци во Стопанската комора на Македонија. Детално беа разработени прашањата за трговијата со земјоделските производи и нетарифни бариери, пречките во трговијата, царината, правилата за потекло и трговските услуги и беа дефинирани мерки и препораки коишто беа презентирани на ЦЕФТАНеделата во Скопје, на 20.11.2014 година. Овие предлог-мерки и препораки се фокусирани, пред се`, кон натамошна либерализација на трговијата со земјоделски производи и трговијата со услуги, кон поинтензивната соработка во насока на елиминирање на нетарифните бариери и непотребните технички бариери, олеснување на трговијата со вклучување на транспарентни алатки и поедноставување на трговските процедури, како и кон создавање услови за зголемување на инвестициите во регионот и либерализирање на пазарот на услуги. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Пораки на работните групи од стопанските комори од ЦЕФТА-регионот во насока на олеснување на трговијата и слободен протокна стоки и услуги“ (24.11.2014 година). Заклучоците од коморските работни групи ќе бидат доставени до работните групи на Заедничкиот ЦЕФТА-комитет, како и до ЦЕФТА-поткомитетите во рамки на ЦЕФТА-Секретаријатот кои ги покриваат истите проблематики. Приоритетните препораки се дефинирани во работните групи. Работната група за нетарифни и технички бариери во трговијата 1. Потребно е да се продолжи со активности чија цел е да се отстранат бариерите, но и да се зголеми ефикасноста на тој процес и истовремено да се намали времето меѓу пријавувањето на бариерата од страна на некоја фирма и решавањето на пријавениот проблем. 2. Со цел намалување на техничките трговски бариери, Работната група за тарифни и нетарифни бариери препорачува земјитепотписнички на ЦЕФТА да преговараат и да потпишат договори за оцена на сообразноста и прифаќање на индустриски производи на пазарите на други ЦЕФТА-земји, како и со земјите-членки на ЕУ. 3. Разгледување на можностите за потпишување мултилатерални спогодби за стандардизација, акредитација и метрологија меѓу државните тела за акредитација од сите земји-потписнички на ЦЕФТА. Недостигот на меѓународно признаени тела за акредитација и сертифицирање, но и на сертифицирани лаборатории и институции, се дел од причините зошто е невозможно рамномерно да се спроведува ЦЕФТА-Договорот. 4. Засилување на активностите за воведување систем за анализа на ризик во сите земји-потписнички на ЦЕФТА - Факт е дека најголем дел од земјите во регионот не користат контролни постапки засновани на анализа на ризик. Токму затоа, проверките се чести, поради што се зголемуваат и трошоците и времето потребно за да се извршат. Работна група за царина и правила за потекло 1. Воведување и имплементација на статусот на овластени економски оператори , со цел подобрување на ефикасноста на
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
7
ФОКУСИРАНО царинењето при испорака на стоката, чиј бенефит би го имале легитимни и доверливи компании преку поедноставени царински постапки. 2. За да се поедностави трговијата, поточно протокот на стоки на граничните премини, потребно е да се подобри анализата на ризикот во царинските служби, но и системот за анализа на ризик кај инспекциските тела на регионално ниво. 3. Земјите-потписнички на ЦЕФТА за свој приоритет треба да го постават пристапувањето кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и воведувањето на овој систем, вклучително и поврзувањето и работата со новиот компјутеризиран транзитен систем. 4. Приоритет за секоја земја-потписничка на ЦЕФТА треба да биде спроведувањето на Регионалната конвенција за пан-евромедитерански преференцијални правила на потекло. Работна група за трговија со услуги 1. Натамошна либерализација на трговијата со услуги и взаемно отворање на пазарите на ЦЕФТА-земјите. 2. Либерализација на прекуграничното давање услуги за коосигурување во рамките на осигурување по моделот кој го иницира Работната група за осигурување кој може финансиски да го зајакне коосигурувањето во регионот. 3. Во делот на транспортните услуги се препорачува да се преземат активности за подобрување на деловните услови и усогласување на регулативите заради сообразност и взаемно признавање на лиценци. 4. Во делот на патниот транспорт се бара да се преземат активности за постепена либерализација на пазарот за патен транспорт во однос на транспортните дозволи за превоз на добра во рамките на регионот на ЦЕФТА. 5. Се поведува иницијатива за создавање заеднички туристички производ во рамките на регионот на ЦЕФТА. 6. Преземање активности во регионот на ЦЕФТА за да се овозможи слободно движење на граѓаните (либерализација на визниот режим и сл.), хармонизација и поедноставување на постапките за добивање работни дозволи и дозволи за престој. Работна група за земјоделство, санитарни и фитосанитарни прашања 1. Продолжува процесот на следење на надворешно-трговската размена на земјоделски и прехранбени производи во ЦЕФТАрегионот. 2. Континуирано работење со цел подобрување на размената на земјоделско-прехранбени производи и заемно признавање на ветеринарни, санитарни и фито-санитарни сертификати кои ги придружуваат производите. 3. Работа на обезбедување признавање на резултатите од анализите на акредитираните лаборатории за земјоделскопрехранбените производи меѓу потписничките на ЦЕФТА 2006, во соработка со надлежните органи. 4. Едукација во областа на безбедноста на храната од животинско потекло, со цел подобрување на можностите за извоз на овие производи на пазарот на ЕУ (хармонизација на прописите и стандардите на ЦЕФТА 2006 на ЕУ). 5. Работната група, преку директно поврзување на стопанствениците ќе работи на можностите за соработка со компании од ЦЕФТА-регионот за заеднички настап на трети пазари. 6. Се бара од надлежните институции да ги земат предвид во нивната работа потпишаните протоколи - договори за меѓусебно признавање на сертификатите за надворешна трговија на земјоделско-прехранбени производи, односно, евентуалните проблеми во форма на нетарифните бариери да се решаваат веднаш по нивната идентификација, наместо да се чека за состаноци на Работната група ЦЕФТА 2006. Вкупната размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите во периодот јануари-септември 2014 година достигна вредност од 1,08 милијарда САД долари, што претставува учество од 11,8% во вкупната размена. Извозот за истиот период изнесува 511,5 милиони САД долари со учество од 13.8% во вкупниот македонски извоз, а увозот од регионот од 569,5 милиони САД долари зафаќа 10,5% во вкупниот увоз. За 9 месеци од 2014 година трговската размена со ЦЕФТА земјите е намалена за 4,3%, извозот бележи пад од 8,6%, а увозот е пораснат за 19,7% Влатко Стојановски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
МОЖНОСТИ
Македонско-француски бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија
ФРАНЦУСКИТЕ ИСКУСТВА И ПРЕНОСОТ НА ТЕХНОЛОГИИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија го организираа 3. Македонско-француски бизнис-форум, на тема: „Размената на добри практики меѓу претпријатијата е клучен елемент за трговски развој меѓу Република Македонија и Република Франција“ (20.11.2014 година). - И покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на инвестиции во финансискиот сектор, црната и обоената металургија, металопреработувачката и прехранбената индустрија во Република Македонија, веќе подолг период стопанствениците од Република Македонија не може да се пофалат со добра стопанска соработка со Република Франција, - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија на отворањето на Форумот. - Но, нашата бизнис-заедница на Република Франција гледа како иден поддржувач на техничко-технолошкиот развој во Република Македонија, особено во развојот на винскиот туризам, медицинскиот сектор, текстилот и прехранбениот сектор, и тоа треба да се поддржи и да се спроведе од страна на сите заинтересирани страни. За таа цел, во 2015 година од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Р. Франција во Р. Македонија ќе бидат преземени чекори за организација на повеќе деловни средби меѓу македонски и француски компании. Притоа, како што подвлече Азески, размената на добри искуства и практики меѓу компаниите од двете земји е клучен елемент за трговскиот развој меѓу Република Македонија и Република Франција и треба да продолжи и понатаму, да биде на уште повисоко ниво од досегашното. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во првите девет месеци од 2014 година достигна вредност од 98 милиони САД$, што претставува раст од 10% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 21,9 милиони САД$ или раст од 32,4%, додека увозното салдо изнесува 76,3 милиони САД$ или зголемување од 5,2% споредбено со претходниот период. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 54,3 милиони САД$. - Република Франција е дваесет и прв трговски партнер на Република
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
9
МОЖНОСТИ
Македонија во периодот јануари-септември 2014 година, што како бројка е неприфатливо за нас, бидејќи сакаме да ја видиме Република Франција меѓу првите 10 трговски партнери на Република Македонија во наредниот период, - нагласи Азески. - Овој форум го организираме затоа што сите ние заедно ги зголемуваме нашите напори соработката да биде продлабочена и да ги стимулираме француските претпријатија да дојдат и да инвестираат во Република Македонија. Но, имаме обврска да ја стимулираме и трговската размена. Во 2013 година остваривме пораст на размената за 20 отсто и се надеваме дека тој тренд ќе го задржиме и ќе го зголемиме и оваа година, - подвлече Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. – Можностите за зголемена соработка постојат во земјоделскопрехранбениот сектор, текстилот и резервните делови од автомобилската индустрија. Бил Павлески, министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, спомена дека се одржуваат контакти со неколку позначајни француски производители и се надева дека дел од нив ќе се одлучат да инвестираат во Република Македонија. - Во оваа прилика би ги споменал некои од француските фирми кои работат на северот на Африка. Тие сакаат да го диверзифицираат своето производство и разгледуваат можности каде тоа да го направат во Југоисточна Европа. Нашата цел е Македонија да се најде на нивната карта и тие да ги насочат своите инвестиции во нашата земја. Очекуваме наскоро некој од позначајните француски брендови да влезе во нашата земја. За француските инвеститори значајни се текстилната индустѕрија, информатичките технологии, филмската индустрија, пред се` заради постоење на квалификуван кадар во овие области, - додаде Бил Павлески, повикувајќи ги македонските компании да ги зголемат своите контакти со бизнис-секторот од
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
МОЖНОСТИ оваа земја. Жак Мер, француски дипломат и стопанственик, зборувајќи за економската дипломатија, порача дека во Република Македонија постои финансиска стабилност и капацитет и одлично деловно опкружување за да може во земјава да се позиционираат француските компании. Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на Охридска банка – Сосиете Женерал, спомена дека Република Македонија е мала земја но е своевиден остров во однос на состојбата во регионот и ги повика француските компании да инвестираат. - Политиката на банката е да се поддржува регионалната и субрегионалната соработка, а во тоа ни помага нашата присутност во државите во опкружувањето. Во Македонија е добро да се инвестира бидејќи таа е дел од Европа и нејзината законска регулатива е синхронизирана со европската. Нашата банка е првата адреса за странските инвеститори што доаѓаат во оваа земја, особено во Индустриската зона „Бунарџик“ во Скопје, а нашиот успех се темели на локалниот тим кој се состои од млади, едуцирани и мотивирани луѓе. Тоа може да биде добар патоказ за француските бизнисмени, - додаде Пантучкова. Игор Шлапак, директор на „Убифранс“ ја презентираше оваа државна француска агенција во рамките на Министерството за економија, која има свои канцеларии во 80 земји во светот и помага во изнаоѓање на нови партнери за соработка, идентификување на потребите на компаниите и помага во раст на трговската размена. Според најавите, во наредните месеци најавено е спојување на „Убифранс“ со Агенцијата за странски инвестиции на Франција. На Македонско-францускиот бизнис-форум свои презентации имаа Анкица Синадинова, директорка на „Биотек“ од Скопје и Наум Барзов, диектор на фабриката „Баргала“ од Штип. Ирена Мојсовска Саво Пејчиновски
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
11
МОЖНОСТИ
Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Франција Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Франција во периодот јануари-септември 2014 година Извоз 21.975.678,00
Увоз 76.328.037,00
Сума во САД$ Вкупно 98.303.715,00
Трговска соработка меѓу Р.Македонија и Р. Франција во периодот јануари- септември 2013 година Извоз 16.594.600,00
Увоз 72.513.684,00
Сума во САД$ Вкупно 89.108.284,00
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во првите девет месеци од 2014 година достигна вредност од 98 милиони САД$, што претставува раст од 10% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 21,9 милиони САД $ или раст од 32,4%, додека увозното салдо изнесува 76,3 милиони САД $ или зголемување од 5,2% споредбено со претходниот период. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 54,3 милиони САД$. Република Франција е дваесет и први трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-септември 2014 година. Застапеноста на производите во размената во периодот јануари-август 2014 година Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-август 2014 година, во структурата на извозот се застапени: • електрични акумулатури - (5 милиони САД $); • делови - (2,5 милиони САД $); • предиво од памук за продажба на мало, со 85% памук - (2,2 милиони САД$); • табли, плочи(вклучвајки плочи за нумеричко управување), пултови, ормани и останати основи (1,8 милиони САД $); • други електрични спроводници,за напон што не надминува 1000 В- (1,3 милиони САД$); • други предмети за постелнина (1 милион САД$). Во увозното салдо за периодот јануари-август 2014 година, учество имаат: • други моторни возила за превоз на лица - (6,9 милиони САД$); • лекови за малопродажба - (5 милиони САД$); • други машини со посебни функции - (3,2 милиони САД$); • лекови со инсулин за малопродажба – (2,2 милиони САД$); • хербициди, подготвени како за продажба на мало, препарати или производи - (2,2 милиони САД$); • моторни возила за превоз на стока - (2 милиони САД$); • парфеми и тоалетни води - (1,4 милиони САД$); • кутии од небрановита хартија и картон - (1 милион САД$).
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
МОЖНОСТИ Стоковна размена (2005-2013 година)
Извоз Увоз Вкупно Трг. салдо
2005 76.2 57.2 133.4 +19
2006 10.3 66.2 76.5 -55.9
2007 15.9 89.5 105.4 -73.6
2008 24.3 121.2 145.5 -96.9
2009 9.5 78.2 87.8 -68.6
2010 12.0 72.7 84.7 -60.7
2011 18.5 114.2 132.7 -95.6
Во милиони САД $ 2012 2013 17.9 25.5 73.9 94.7 91.8 120 -56 -69.2
Инвестиции на Република Франција во Република Македонија Простор за инвестиции во Македонија постојат, инвестиционата клима е позитивна, и со поголема, стратегиска и агресивна промоција на потенцијалите и погодностите за влез на странски инвестиции полесно ќе се привлечат и побрзо ќе се одлучат француските стопантвеници да инвестираат во Македонија и да отпочнат со водење бизнис. Одличната геостратегиска положба на Македонија, ниските даноци и оперативни трошоци, добрата инфраструктура, квалификувана работна сила, демократското општество и проактивната улога на владиниот и невладиниот сектор во развојот на националната економија се` уште се непознаница за потенцијалните странски инвеститори од Западна Европа. Присуството на француските фирми кои веќе се инсталирани во Македонија, е можност да им се покаже на другите француски фирми дека тие нема да бидат сами во Македонија, туку дека ќе бидат во добро друштво со француски фирми кои имаат успех и кои се заинтересирани да привлечат други слични фирми. Со стапувањето во сила на ЦЕФТА-договорот меѓу земјите-потписнички и формирањето на единствен регионален пазар на кој ќе се овозможи слободна трговија со стоки и услуги, а со тоа и пристап до 23 милиони потрошувачи, ќе придонесе за раздвижување и забрзан раст на македонската економија со тоа што ќе стане во фокусот на интересот на странските компании и реален влез на македонскиот пазар. Реална можност за пообемен и поефикасен влез на францускиот, а со тоа и на европскиот пазар на македонските компании, се очекува со потпишаната Конвенција за Фокална точка меѓу Стопанската комора на Македонија и Меѓународната франкофона организација со седиште во Париз. Имено, во соработка со Одделот за солиданост и одржлив економски развој на Франкофоната организација се вклучивме во мрежа од фокални точки кои на компаниите ќе им помогнат и ќе ги охрабрат да ги согледаат предностите и користа од пазарот што се отвора за нив преку јавните меѓународни тендери низ кои тие можат да пласираат свои производи и услуги во земјите од регионот па и пошироко во други земји во развој, како Африка, Блискиот Исток и слично. Во врска со ова, Комората ќе објавува редовно тендерски информации, ќе организра семинари и ќе им помага на фирмите да ги подготвуваат тендерските досиеја со цел да направат конкурентна понуда и да ги задоволат критериумите на меѓународните тендери за набавки. Специфична цел на проекот е да се зголеми учеството и да се олесни пристапот на македонските компании до пазарите на јавна помош за финансирање од страна на главните донатори/позајмувачи на земјите во развој (Светска банка, Европска комисија, ЕБРД, Европската инвестициона банка итн.) како дополнителна пазарна можност за пласман на производите и/или услугите на малите и средни претрпијатија од нашата земја. Во рамките на двегодишен (2004-2005) мултилатерален проект за поддршка на коморите од страна на Европската комисија, во рамките на Регионалната КАРДС-програма 2003, координиран од Eurochambers, со цел институционално зајакнување на коморите во земјите од Западен Балкан, Стопанската комора на Македонија оствари партнерство со:Унијата на трговско-индустриските комори на Албанија; Асоцијацијата на француските трговски и индустриски комори и Париската комора. Имено, за проектната компонента „Европското партнерство”, Стопанската комора на Македонија е избрана од страна на Асоцијацијата на француските трговски и индустриски комори и Париската комора за проектен партнер. Експертот од Франција ја даде поддршката на Стопанската комора на Македонија во нејзината транзиција за да може таа да ги дефинира своите услуги согласно практиката на ЕУ-коморите и тоа преку обуки и тесната меѓукоморска соработка.
2004 19,58
Инвестиции на Република Франција во Република Македонија по години Во милиони САД $ 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 1,47 0,29 10,51 13,04 26,15 129,50 131,51 134,81 137,19
Извор: Народна банка на Република Македонија
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
13
МОЖНОСТИ
ПАРТНЕРСТВО ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР
Формирана Македонска медиумска асоцијација (ММА) во Стопанската комора на Македонија
Во функција на развој на телевизиското концесионерство, а по иницијатива на заинтересираните телевизиски национални терестријални концесионери, беше формирана Македонска медиумска асоцијација (ММА), како посебна форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија (25.11.2014 година). На конститутивната седница за претседател и заменикпретседател беа избрани Иван Мирчевски, генерален директор на Телевизија Канал 5 и Атанас Кировски, директор и главен и одговорен уредник на Телевизија Телма. Членки на Македонската медиумска асоцијација се и Телевизија Сител, Телевизија Алфа и Телевизија Алсат – М. За конституирањето и целите на здружувањето веднаш по завршувањето на конститутивната седница беше одржана прес-конференција, на која покрај членките присуствуваа и м-р Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација во Владата на РМ и д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. М-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, пред бројните претставници на македонските медиуми ги објасни целите на новоформираната асоцијација и начинот на нејзиното делување. - Петте најмоќни телевизии во земјата се здружија во асоцијација која треба да им овозможи полесно да ги надминуваат проблемите со кои се судираат. - Главната задача ни е да ја пренесеме вистинската слика на медиумскиот простор во земјата и да влијаеме да се менуваат состојбите во него, - истакна Иван Мирчевски. М-р Иво Ивановски, споменувајќи ја и досегашната успешна соработка со овие телевизиски куќи, посебно порача дека со нејзиното формирање се надева на уште поблиски контакти, особено во правец на поголемо користење на средства од Медиа-програмата која е наменета за создавање документарна и играна продукција, но и за развој на медиумите. - Значајно е што ќе имаме партнер со кој ќе настапуваме во правец на подобрување на законската регулатива при нејзиното донесување и во надминување на проблемите со кои тие се судираат во секојдневното работење, - порача д-р Зоран Трајчевски. На конститутивната седница беше нагласено дека Македонската медиумска асоцијација (ММА) ќе ги остварува следните работи: - разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста; - ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на дејноста; - усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
МОЖНОСТИ - разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; - иницира и остварува соработка со членови на други здруженија во рамките на Комората и надвор од неа по прашања од заеднички интерес и остварува меѓународна соработка во согласност со програмските активности на Македонска медиумска асоцијација (ММА) и со општите акти на Стопанската комора на Македонија; соработува со надлежните органи и институции во земјата согласно Законот и со општите акти на Комората и ги застапува интересите на членовите на Македонска медиумска асоцијација (ММА); - врши размена на информации од интерес на членовите на Македонска медиумска асоцијација (ММА); - ги координира активностите за организиран настап на членовите на семинари, конгреси и други манифестации во земјата и во странство; - ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста; - остварува други активности што заеднички ќе ги договорат членките на Македонска медиумска асоцијација (ММА). Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
РЕАГИРАЊА По воведување на акцизи на нафтениот кокс Групацијата на производители на керамички производи со предупредување
ТУЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ПРЕД КОЛАПС, НАД 1.000 ЛИЦА МОЖЕ ДА ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА!
Групацијата на производители на керамички производи на состанокот одржан на 21.11.2014 година во Стопанската комора на Македонија расправаше за новите измени и дополнувања на Законот за акцизите. Притоа, беше истакнато дека со воведување на акцизи на нафтениот кокс од 84,6 ден/DJ оваа индустриска гранка ќе се најде во многу тешка ситуација,а ќе се очекува и затворање на фирмите. Туланите во земјата, континуирано полека се затвораат или се гасат печките. Енергијата во производството има најголемо учество при што самиот производ не е конкурентен на пазарот, а за намалување на трошоците туланите пристапија во користење на петролкокс наместо мазут. Новите инвестиции ги чинеше фирмите и до 300.000 евра дополнителен трошок, со надеж дека со петролкоксот ќе се намали учеството на енергијата по единица производ и ќе биде конкурентен за увозните тули. Со воведување на акцизи на цврстите горива кои се користат во индустријата, а за жал вакви давачки нема во ниедна земја во регионот, а и во земјите на Европската унија, нашите производи ќе се поскапат и до 15% од сегашните цени на туларските производи. Со воведување на оваа давачка, туларската индустрија ќе мора да одвојува дополнителни околу 1,2 милиони евра за акцизи за петролкокс. Од друга страна, конкуренција станува уште поголема со увозот на керамички тули од сите соседни земји и тоа Албанија, Србија, Бугарија, Грција, кој се движи од околу 3,5 милиони до 4,5 милиони САД долари. На состанокот беше заклучено да се достави барање, со анализа за негативното влијание од воведување акцизи на петролкокс до Владата за преиспитување на ова законско решение, од причина што можат да згаснат сегашните седум компании со околу 1.000 вработени. Марија Петроска
Здружението на трговијата реагира
ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СО НОВИОТ РЕЖИМ НА ДОТУР НА СТОКАТА
На 21.11.2014 година, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок за оформување Мислење на Здружението на трговијата за ефектите од примената на Препораките на Комитетот за здравје и животна средина, поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје во зимскиот период. Согласно заклучоците од јавната дебата за ограничување на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје, на работниот состанок се разгледаа Препораките на Комитетот за здравје и животна средина за ограничување на времето во кое е дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. Ова ограничување се предвидува поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Град Скопје во зимскиот период. Здружението на трговијата направи првична Анализа за економските и други ефекти од примената на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. (предлог е да се дозволува дотур на стока од 20:00 часот навечер до
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ РЕАГИРАЊА ПЕЧАТ 7:00 часот наутро). Беше укажано дека трговските компании и дистрибутерите би имале многу зголемени трошоци и намалена стопанска активност, а не би се постигнал ефект во намалувањето на загадувањето на територијата на град Скопје. Затоа е потребно да се преземат други мерки во ограничувањето на сообраќајот кај приватните возила, старите возила што најмногу го загадуваат воздухот, како и донесување соодветни мерки по зони во Градот Скопје.
Лазо Ангелевски
КОЈ ЌЕ ЈА ПРИМА ИСПОРАЧАНАТА ОПРЕМА ПОСЛЕ 20 ЧАСОТ?
Здружението на информатичко комуникациските технологии реагира на ограничување на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје
На 21.11.2014 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок за оформување Мислење на Здружението, за ефектите од примената на Препораките на Комитетот за здравје и животна средина, поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје во зимскиот период. Согласно Заклучоците од јавната дебата за ограничување на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје, на работниот состанок се разгледаа Препораките на Комитетот за здравје и животна средина за ограничување на времето во кое е дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. Ова ограничување се предвидува поради нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Град Скопје во зимскиот период. Здружението на информатичко-комуникациските технологии заклучи дека ќе бидат негативни економските и други ефекти од примената на времето во кое ќе биде дозволен дотур на стока на подрачјето на Град Скопје. (предолот е да се дозволува дотур на стока од 20:00 часот навечер до 7:00 часот наутро). Евентуалната примена на предложената мерка 13, за ограничување на времето за дотур на подрачјето на градот Скопје, комплетно ќе го оневозможи работењето на повеќето од компаниите од информатичко-комуникацискиот сектор. Работење на компаниите од секторот опфаќа испорака и инсталација на техничка опрема (информатика и телекомуникации) до наведените клиенти, чие работно време е такво што не дозволува испораки после 20:00 часот, од едноставна причина што нема кој да изврши прием на испорачаната опрема. Лазо Ангелевски
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионалната комора со седиште во Велес одржа еднодневна обука за програмите „Хоризонт “ и „Косме“
ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ПРЕДИЗВИК И ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ВЕЛЕШКИОТ РЕГИОН
Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање за искористување на средствата од европските фондови, претставници од Стопанската комора на Македонија во Регионалната комора со седиште во Велес одржаа еднодневна обука наменета за малите и средните претпријатија од регионот на Велес. Околу 10-тина претставници на македонските компании претежно од металната индустрија, како и претставници од Општина Велес беа подготвувани за аплицирање на европските фондови „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, на обуката што се одржа на 21.11.2014 година. Со оглед на моменталната состојба и слабата искористеност на европските пари од страна на приватниот сектор, на обуката учесниците беа подетално запознаени со постојните програми и можности за аплицирање на компаниите. Јадранка Аризанковска, сертифициран проектен менаџер и консултант од Стопанската комора на Македонија, ги објасни трите фази на аплицирање истражување, производство и комeрцијализација. Нагласено беше дека е огромна можноста за компаниите сами да аплицираат во сите три фази, независно од редоследот на фазите. Исто така, компаниите беа детално запознаени и со европските процедури и финансиски инструменти и за можностите за финансирање на проекти и од други меѓународни извори во Република Македонија. - Постои одлична можност за интензивирање на соработката преку подготовка на конкретни повици, вклучувајќи ги сите сектори во рамките на ЕУ-програмите и со оваа форма на поддршка на учесниците од малите и средни компании ќе им се овозможи поефикасно да ја разберат и да ја планираат реализацијата на одобрениот проект, ефективно да го координираат тимот за имплементација и да обезбедуваат извештаи за проектот согласно барањата на донаторот, - им посочи на компаниите Аризанковска. Присутните беа запознаени
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
19
РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ и со начинот на регистрирање на компаниите во системот според упатствата на Европската комисија и потребната документација за регистрирање, кои и` се потребни на компанијата доколку истата одлучи да аплицира на конкретен повик. Акцент се даде на наоѓањето соодветни партнери за аплицирање и од други европски земји, бидејќи потребата за барање партнерство и формирање на конзорциум е едно од клучните алатки за аплицирање на конкретни повици. - Поради потребата на проектите чиј пристап е олеснет преку Европската мрежа на бизнис можности – ЕЕН, тоа ќе придонесе за поголема соработка со европските земји, размена на искуства и информации за новостите и иновативните практики, кои ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании на европскиот пазар, - истакна Ирена Мојсовска, проектен координатор и советник во Стопанската комора на Македонија. Во вториот дел од обуката беше претставен и објаснет конкретен повик во кој учесниците активно учествуваа со свои предлог-идеи и размислувања. Работењето во групи наиде на посебен интерес од страна на присутните особено за проектната идеја да се направи центар преку кој ќе можат да се добијат информации за сите новини и случувања во земјоделството. Овој центар, покрај размената на информации, ќе има за цел да подготви и изработи иновативни решенија, приспособување или прифаќање на постојните, врз основа на климатските промени во земјоделието. Еден таков пример е поставување на мрежи за јаболка/лозја за заштита од град и други временски непогоди. Во следниот период се планираат ваков тип на еднодневни обуки да се одржат и во други региони од земјава за да бидат запознаени и останатите македонски компании за новите можности за аплицирање на новите ЕУ-програми за наредниот седумгодишен период. Ирена Мојсовска
НОВИНИТЕ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ ПРЕД КОМПАНИИТЕ Со цел информирање и дополнително запознавање на компаниите во регионот на Кавадарци, на 25.11.2014 година, во деловните простории на „Кожувчанка“ беше одржано советување со претставници на Царинската управа на Република Македонија, Димче Аџиоски, началник на Одделението за транзитни и гранични формалности за документите кои се приложуваат кон царинската декларација и со Митко Димитровски, управник на Царинарница - Скопје. Присутните имаа можност да ги проследат презентациите што се однесуваа на: • Поедноставените царински постапки; • Документи кои се приложуваат кон царинска декларација и • Новините во царинското работење кои се однесуваат на Интегрирани тарифни системи кои ги воведува Царинската управа. Присутните беа информирани кои документи веќе не мора де се приложуваат кон царинската декларација, како и за ослободувањата од терминалски такси. Со новите измени локалното царинење - извоз ќе се врши 24 часа независно за викенд или празник, а ќе нема ограничување во однос на времето во кое ќе се остварува увозот на репроматеријали. На советувањето компаниите можеа да добијат конкретни појаснувања и совети од претставниците на Царинска управа во делот увозната и извозната постапка. Александра Велкова
Советување во Регионалната комора со седиште во Кавадарци и Царинската управа на Република Македонија
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
ОЕЦД ја претстави својата прогноза
МРАЧНИ ИЗГЛЕДИ ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА
*ОЕЦД ја претстави својата прогноза за развојот на светската економија и - сликата е мрачна. Порастот останува слаб ширум светот, исто како што во еврозоната и натаму останува високата невработеност. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), клуб на 34 земји кои се претежно во благосостојба, за наредната година очекува само благо зголемување на порастот на светската економија. Притоа, има значителни разлики меѓу големите економии, како и значителни ризици и слаби точки. Порастот на економијата во светот, според прогнозите, од 3,25 проценти годинава ќе се зголеми на 3,75 проценти догодина, а во 2016. ќе стане речиси 4 проценти. Големите економии, меѓутоа, мора да се задоволат со помалку. Нивниот пораст ќе остане под просекот постигнат во деценијата пред настапувањето на кризата. Невработеноста во еврозоната, според ОЕЦД, ќе остане на особено високо ниво. За Кина се прогнозира намалување на порастот. И порастот во Русија и Бразил, според ОЕЦД, ќе остане претежно слаб, додека во Индија, Индонезија и Јужноафриканската Република ќе биде забележано континуирано опоравување. Во САД и Велика Британија, според прогнозите на ОЕЦД, се очекува поголем пораст отколку во еврозоната и во Јапонија. Светска трговија Скромни се очекувањата и во делот на развојот на светската трговија. Тука порастот може малку да заживее, но сепак ќе биде значително послаб отколку во времето пред светската економска криза. Во многу земји на ОЕЦД целите во делот на инфлацијата ќе останат неисполнети. Тоа експертите за конјунктура го образлагаат со многу намалените цени на минерални масла и на прехранбени намирници. Што се однесува до еврозоната пак, доколку економијата не бележи пораст, постои ризик цените да паднат на широк фронт. Светската економија е под постојан притисок, оценува ОЕЦД. Причини за тоа се големата несигурност на финансиските пазари, недоволната доверба во идниот пораст, како и тензичната финансиска состојба на банките и домаќинствата. ОЕЦД го опоменува финансискиот сектор да ги зајакне банкарските биланси. Европски задачи За некои земји, пред се‘ во еврозоната, ОЕЦД гледа дури и опасност од зацврстена стагнација, значи период без економски пораст. Во еврозоната се поставува прашање - како со оглед на високите државни долгови истовремено може и да се инвестира. Препорака на ОЕЦД за борба против невработеноста во многу земји е претпријатијата да се оптоваруваат помалку. Освен тоа, организацијата бара широки реформи. Кристијан Кастроп, директор за економско-политички студии во ОЕЦД вели: „Тоа се во суштина реформи на пазарот на труд, реформи на пазарот на производи, реформи во системот на згрижување на децата, но и даночни реформи.“ Целта на тие реформи е да се зајакнат приватните и јавните инвестиции. Изгледи за Германија Изгледите за порастот во Германија се исто така замрачени. Тоа се должи на слабата конјунктура во земјите кои купуваат германски производи. Според прогнозите, германскиот економски пораст во 2015 и 2016 година малку ќе заживее, а стапката на невработеност ќе остане стабилна - 5%, прогнозира ОЕЦД. Организацијата за економска соработка и развој препорачува зголемување на издатоците кои ќе влијаат врз покачување на порастот. Притоа станува збор пред се‘ за „инвестиции во образовниот систем“, со оглед на тоа што, како што вели Кристијан Кастроп, „Германија како економија која ’старее’ и нема земни богатства вредни за споменување“ од тоа би можела особено многу да профитира. ОЕЦД оценува дека Германија треба да издвојува повеќе и за згрижување на децата и за сообраќајната инфраструктура. Тоа би можело краткорочно да го поттикне порастот и среднорочно да ја поткрепи конјунктурата во еврозоната. Но и германското стопанство е соочено со значителни ризици. Според ОЕЦД, тука треба да се вбројат поголемите турбуленции на финансиските пазари, слабеење на побарувачката од странство и геополитичките тензии во Источна Европа. (Дојче Веле)
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
ЈАВНО-ПРИВАТНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА
21
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Паралели
*Улици, мостови, брани-многу инфраструктурни објекти во Германија одамна го минале зенитот и мора да бидат темелно обновени. Поради огромните трошоци, власта стреми кон учество на приватни инвеститори во големите проекти.
Од Хамбург кон северот на Германија на автопат во должина од 65 километри ќе се гради уште една коловозна лента. Тоа е во моментов најголемиот проект за проширување на автопат во Германија, а работите веќе се во тек. „Предизвикот се состои во тоа дека станува збор за многу долго градилиште, за еден голем градежен проект, кој мора да биде завршен за многу кратко време“, вели Петер Каспар Хамел од фирмата ХЦЦ Едвајзерс. Проширувањето на автопатот ќе чини 600 милиони евра - тоа е премногу за да може само да се справи со предизвикот и за едно големо градежно претпријатие како Хохтиф. Но, реализацијата на проектот сепак е можна, оти половината од износот на инвестицијата доаѓа од еден холандски пензиски фонд. „Тоа финансирање од страна доаѓа навистина од луѓе кои професионално се занимаваат со вложување пари. Тоа се осигурителни претпријатија: ако склучите договор за животно осигурување, тие мораат парите некаде доходовно да ги вложат. И, тоа овде ни успеа - да се слее голем дел од приватен капитал“ - објаснува Томас Лајб-Вегенер од „Виа солушнс норд“. Таквиот модел со задоволство би сакале да го прошират и германски осигурителни претпријатија, како на пример Алијанц. Тие се’ уште во најголем дел парите ги вложуваат во државни обврзници и слични форми. Но веќе подолго време каматите за нив се многу ниски. Поради тоа станува се’ поатрактивно парите на осигурениците да се инвестираат во патишта, мостови или паркови со ветерници за производство на струја. „Мислам дека тоа не е проблем, оти од агол на гледање на осигурувањата, тоа - од перспектива на вложувањата - многу добро се вклопува. Осигурителите се долгорочни и сигурни партнери кај финансирањата, токму со долгорочниот хоризонт на вложувањата и тоа многу добро се совпаѓа со инвестирања во инфраструктура“, оценува Тим Окенга од Здружението на германските осигурители. Но, досега осигурителите уште во инфраструктура инвестираат помалку од 1 процент од нивните вложувања на капитал. Тоа би можело да се промени ако германските осигурители ја променат нивната стратегија на инвестирање. „Во други земји, ако на пример погледнеме во Велика Британија, приватните инвестиции во инфраструктурата се повообичеани, пораширени. Затоа, се исплати да се фрли поглед во странство - во Франција, Велика Британија или Холандија - и да се учи од тамошните искуства“, нагласува Окенга. Проширувањето на автопатот кај Хамбург во наредните години прво ќе напредува со пари од холандскиот пензиски фонд. Германската влада, меѓутоа, сега врши консултации со големите осигурители во земјата, за од кај нив да добие повеќе приватен капитал за санирање на германските патишта и мостови. (Дојче Веле)
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.
Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДодАЛИ ОБУКИТЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност Вашата потреба. КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕ
Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа Д со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и АЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН светски компании. РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат се следат и кај нас. за Дозволете дадапридонесеме Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.
АКАДЕМИЈА ЗА П
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија . Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек.
ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: • 5 тренинг дена; • материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; • интернационален светски признат Сертификат; • допонителен , 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
-SALES
Кр дол вра доп пр Ов ком пр учи
Најуспешните компании ширум свет
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА
Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 – јануари 2015 година, по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ На 1.12.2014 година, НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА; ПРАВАТА од 10:00-16:00 часот, во просториите на Општина Велес НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК, ПОИМ И СОДРЖИНА НА ДАНОЧНО-ПРАВЕН ОДНОС ПРИ ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА, ДАНОЧЕН НАДЗОР, ДАНОЧНИОТ ПРЕКРШОК ВО УПРАВНАТА ПОСТАПКА“ ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА • регистрирање на готовински плаќања; • Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги. II. ФИСКАЛЕН СИСТЕМ • готовински плаќања; • извршен промет; • готовински плаќања. III. Интегрираниот автоматски систем за управување • GPRS терминал (General packet radio service); • крипто модул. IV. Мобилните оператори обезбедуваат VPN (Virtual private network) V. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА • ДАНОЧНА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА; • ПРОЦЕСНА ПОСТАКА; • УПРАВНА ПОСТАПКА ПРЕД УПРАВНИОТ СУД Предавач: проф. доц. д-р Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“; учество на повеќе меѓународни конференции.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ирена Жарова Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Обука во Прилеп за подготовка и аплицирање на Европски проекти и Запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите
На 2 декември 2014 година, од 10.30-15.00 часот, во просториите на Регионалната комора со седиште во Прилеп
“ХОРИЗОНТ 2020 И КОСМЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА УЧЕСТВО И ПОДГОТОВКА НА ЕВРОПСКИ ФИНАНСИРАНИ ПРОЕКТИ’’ Котизација за учество на семинарот за 1 лице изнесува 2.490.00 денари со вклучен ддв за фирми членки на комората, и 3.540.00 денари за фирми нечленки на комората. За секој нареден втори и трет учесник од компанија се одобрува дополнителен попуст од 10 %. Контакт : Ристо Најдоски Регионална коморасо седиште во Прилеп Тел: 048 415 536 Моб: 070 309555 E-адреса: regiopr@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 2.12.2014 година, Деловни простории на „Кожувчанка“ во Кавадарци, 10:00-16:00 часот
Семинар во Кавадарци: ДАНОЧНО ПРАВО
“Закон за данокот на добивка, измени во Законот за добивка -нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување” - Анализа на Правилникот за утврдување на дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи - Стандардни трошоци - Утврдување стандарди за производствените трошоци
Учесниците на семинарот ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои ќе бидат третирани и пред се` практичните искуства во примената на даночните прописи. Предавач: доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите„Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Александра Велкова и Анета Околиќ Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 E-адреса: regionalnakavadarci@mchamber.mk
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Советување: ,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА” Честите промени на прописите за јавни набавки бараат од понудувачите дополнителни напори и обука за да можат да поготват и поднесат квалитетна понуда. Последната година во законот се воведоа неколку суштински мерки кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Станува збор за доста обемни интервенции, така што учесниците на семинарот ќе имаат одлична можност подетално да се запознаат со нив. Лицата што работат во оваа област од страна на договорните органи треба да се запознаат со суштинските промени на законот кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Советот за јавни набавки веќе ги извршува своите надлежности и одлучува по барањата за согласност, а во овој период се формира неопходната пракса како треба да се постапува во оваа нова средина. Учесниците ќе се запознаат подетално со нивните права и обврски во постапките за јавни набавки. На обуката ќе се споделат досегашните искуства, начин на подготовка кај негативните референци каде се воведуваат повеќе обврски за комисиите за јавни набавки, како и казнени одредби соодветно на овие нови обврски. Исто така, има значајни новини при користењето на рамковните спогодби кои со најновите измени влегуваат во режимот на согласности што ги издава Советот за јавни набавки. При тоа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со новините поврзани со обврските за обезбедување согласност од Советот за јавни набавки кај техничките спецификации и условите за утврдување способност, но и проширениот опфат на овие согласности кај постапките со преговарање без објавување оглас. Ќе се презентираат начинот на регистрација на ТЕД (Tenders Electronic daily) и задолжителната објава на огласите над 50.000 евра за стоки и услуги и над 200.000 евра за работи, новите функционалности во Електронскиот систем за јавни набавки, како и планираните интервенции во идниот период. Ќе се споделат и повеќе практични совети за квалитетна подготовка на понудите, а ќе се потенцираат и измените во однос на можноста за дополнување на документацијата при евалуација на понудите, што е особено значајно, како за понудувачите, така и за договорните органи. Целта на семинарот е економските оператори – приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки да ги осознаат новините во јавните набавки, а ќе имаат можност да научат како успешно да подготват понуда и да учествуваат во постапките за јавни набавки и договорените страни со оглед на фактот дека во изминатиов период законот за јавни набавки претрпе доста измени и дополнувања. Исто така и договорни органи ќе имаат можност да научат кои се и како да ги извршат потребните активности пред објавување на огласот и како да ја спроведат постапката согласно актуелните законски одредби. ПРОГРАМА: • Новини во прописите; • Насоки за подготвување на квалитетна и успешна понуда и на што да се внимава при учество во постапките за јавни набавки согласно актуелните законски прописи;
Од 5 до 7.12.2014 година, во хотел „Асториа****” Белград, Р. Србија
• Насоки и начини на анализа на пазарот и спроведување на постапките; • Објавување на ТЕД (Tenders Electronic daily) http://ted.europa.eu/ • Електронски набавки и фунционалности што ги нуди ЕСЈН, е-аукции/ конечна цена; *Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 10.400 денари. За аранжман во еднокреветна соба по лице се доплатува 2.090 денари и изнесува 12.490 денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 5.310 (4.500+ 18% ДДВ); секој втор и нареден учесник од иста компанија добива 20% попуст на котизацијата и истата изнесува 4.248 денари (3.600 + 18% ДДВ). Во цената на аранжманот вклучено е: - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје Белград- Скопје (тргнување на 5 декeмври 2014 година, во 6:00 часот и враќање на 7 декември 2014 година во попладневните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек и ручек на 6 декември 2014 во Хотел „Асториа****”; - организација на патувањето; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. * Пријавување до 28 ноември 2014 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 25 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Обука за подготовка и аплицирање на Европски проекти и Запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите “ХОРИЗОНТ 2020 И КОСМЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА УЧЕСТВО И ПОДГОТОВКА НА ЕВРОПСКИ ФИНАНСИРАНИ ПРОЕКТИ’’ 5 декември 2014 година во просториите на Општина Охрид од 10:00-16:00 часот
Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето со ЕУ како и со други видови на фондови и фондации, утврди дека создавањето на капацитети за апсорпција на овие фондови е од суштинско значење особено за биснис секторот. За таа цел да ги подобриме капацитетите за работа со овие фондови на земјите кои претендираат да бидат дел од ЕУ, Ви овозможуваме детална и сеопфатена обука со теоретски и практични знаења кои се применливи во најразлични организации и е наменета за приватниот сектор, универзитети, невладини огранизации и сл. За земјите кандидатки за членство, овие фондови се главната алатка со која што ЕУ го подржува развојот на демократските вредности во земјите, социјалната кохезија и економскиот развој. Ефективното и ефикасно искористување на овие фондови е од огромно значење за земјите аспиранти за членство во Европската Унија. Успешното користење на ЕУ фондовите е условено со имање на соодветни механизми и знаења за планирање, менаџирање и имплементирање на средствата од овие фондови. Обуката во Охрид ќе се реализира на 5 декември 2014 година, а рокот за пријавување е до 4 декември 2014 година. Котизација за учество на семинарот за 1 лице изнесува 2.490.00 денари со вклучен ддв за фирми членки на комората, и 3.540.00 денари за фирми кои не се членки на комората. За секој нареден втори и трет учесник од компанија се одобрува дополнителен попуст од 10 %. Напомена: Со извршена регистрација и уплата до 4.12.2014 година се смета дека апликацијата е валидна за учество на семинарот. Општините со една извршена уплата може да се регистрират и 3-ца учесници. Контакт: Борис Тримчев Тел: ++ 389 72 207 091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: boris@mchamber.mk
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар во Прилеп: ДАНОЧНО ПРАВО
11 декември 2014 година, од 10:00-16:00 часот, во Регионалната комора со седиште во Прилеп.
“Закон за данокот на добивка, измени во Закон за добивка - Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување “ - Анализа на Правилникот за утврдување на за дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ Утврдување стандарди за производствените трошоци Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
Пријавување до 9.12. 2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ристо Најдоски Тел: ++ 389 48 415536 Факс:++ 389 48 415536 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiopr@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.12.2014 година 8:30 - 17:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3ти кат
Еднодневна обука: КРЕИРАЊЕ ПРОФИТАБИЛЕН РАСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ СО СТРАТЕГИЈАТА „СИН ОКЕАН“
Дали Вашата компанија се соочува со засилена конкуренција на домашниот и на меѓународниот пазар? Морате постојано да ги намалувате цените со цел да ги задржите купувачите, додека истовремено трошите многу средства на рекламирање кое се чини нема долгорочен ефект? Постојано сте фокусирани на намалување на трошоците наместо на иновација и раст? Набројте ги клучните компетативни предности на Вашата компанија и споредете ги со оние на конкуренцијата. Дали во суштина се исти? Доколку одговоривте потврдно на повеќето од овие прашања, Вашата компанија плива со ајкулите во „црвениот океан“. Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија организираат еднодневна обука на која ќе имате можност да дознаете повеќе за стратегијата „син океан“ која Ви нуди начин да испливате од „црвениот океан“, да се ослободите од конкуренцијата и да пливате во сосема нов простор на пазарот. Обуката се состои од 5 тематски целини во кои се обработува современата стратегија„син океан“. Времетраењето на обуката е 8 часа и таа претставува комбинација од теоретски предавања, дискусии во група, давање на реални примери од компании кои припаѓаат на различни индустрии во светот и анализа на случаи. Се започнува со вовед во стратегијата „син океан“, потоа се објаснуваат аналитичките алатки и рамки кои се користат во формулирањето и спроведувањето на оваа стратегија, а посебно внимание е посветено и на принципите за успешно формулирање и спроведување на стратегијата „син океан“. По презентирањето на теоретските основи на оваа стратегија, вниманието на учесниците ќе биде насочено на реални примери на стратегијата „син океан“ во практиката. 1. Вовед во стратегијата „син океан“: • Дефинирање на поимите „црвен океан“ и„син океан“; • Креирање „сини океани“; • Иновација на вредноста; • Карактеристики на стратегијата„црвен океан“ наспроти карактеристиките на стратегијата „син океан“. 2. Аналитички алатки и рамки: • Стратегија платно; • Рамка на четири акции; • Мрежа на елиминирање-намалување-зголемување-креирање; • Карактеристики на добра стратегија „син океан“. 3.Принципи за успешно формулирање и спроведување на стратегијата „син океан“: • Принципи за формулирање на стратегијата „син океан“; • Принципи за спроведување на стратегијата „син океан“.
4. Стратегијата „син океан“ во практиката. 5. Која боја е Вашата стратегија? Предавачи: 1) доц. д-р Виолета Цветкоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје Доцент по организациони науки и управување (менаџмент) по предметот наука за менаџмент. Во рамките на академската кариера д-р Виолета Цветкоска има учествувано на голем број меѓународни конференции, симпозиуми, семинари, обуки и работилници, а за збогатување на нејзиниот научно-едукативен идентитет посебен придонес имаат и реализираните студиски престои. Член е во повеќе уредувачки и рецензентски одбори на престижни меѓународни списанија. 2) доц. д-р Љупчо Ефтимов, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје Доцент по предметот Менаџмент на човечки ресурси, на истоимениот факултет го предава и предметот Управување со резултати на прв циклус на студии, а на втор циклус на студии ги предава Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Доц. д-р Љупчо Ефтимов е раководител на студиската програма од втор циклус на студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Покрај бројните активности и работни ангажмани во Македонија, тој е и меѓународно активен и признат во областа менаџментот на човечки ресурси, за што сведочат неговите членства во разни уредувачки и рецензентски одбори на влијателни меѓународни научни списанија.
Пријавување до 5.12.2014 година. Попуст од 10% за сите пријавени до 26.11.2014 година. Учесниците на обуката добиваат: - материјали; - освежување; - сертификат за учество; - инспирација за нови бизнис идеи. Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
31
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на квалитетни средства за лепење плочки, бука, водоотпорни изолациони производи, технички малтер, термална изолација и др. Валидност дo 25.01.2015 година.
Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија во областа на филтрирање вода, управување на мрежи за водоснабдување, складирање и прочистување на вода. Валидност дo 26.01.2015 година.
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјализирани метални шарки во производството на мебел при затворање фиоки. Валидност дo 25.01.2015 година.
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за осветлување. Валидност дo 26.01.2015 година.
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за дезинфекција Компанија од Кина бара дистрибутер во Република наменети за болници, стоматолошки ординации, Македонија за пласман на работна облека за сите средства за дезинфекција за раце, хигиенски производи, професии каде е задолжителна. козметика и висок квалитет на концентрат за одржување Валидност дo 25.01.2015 година. и за лаборатории и микробиолошки лаборатории. Валидност дo 26.01.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластична амбалажа. Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува Валидност дo 25.01.2015 година. со производители на пластеничко производство во Република Македонија за пласман на пластеници со сите Компанија од Индија бара дистрибутери во Република надворешни елементи, Ув стабилна тригодишна фолија и Македонија за пласман на машини за производство на упатство за монтажа со различни димензии Т4, Т5 и Т6. сапуни. Валидност дo 26.01.2015 година. Валидност дo 26.01.2015 година. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални ѓубрива
четврток, 27 ноември 2014, Бр. 201
БИЗНИС ИНФО
33
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и други иновативни производи за овоштарство, мерни инструменти за заедничко инвестирање раноградинарство и земјоделство. извоз-увоз. Валидност дo 29.01.2015 година. Валидност дo 01.02.2015 година.
или
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Компанија од Турција бара соработка со текстилни Македонија за пласман на сушен пакуван зеленчук. фабрики во Република Македонија за пласман на Валидност дo 29.01.2015 година. копчиња. Валидност дo 01.02.2015 година. Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира автоматски машини и линии за пакување на козметички, Компанија од Германија заинтересирана е да соработува фармацевтски, хемиски производи во течна или полутечна во областа на соларна енергија со пласман на системи состојба, како и храна во Република Македонија. за следење за фотоволтаични централи. Валидност дo 29.01.2015 година. Валидност дo 01.02.2015 година. Компанија од Турција заинтересирана е да соработува во областа на рециклирање на електронски отпад во Република Македонија. Валидност дo 29.01.2015 година. Компанија од Чешка бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на градежни машини. Валидност дo 29.01.2015 година. Компанија од Турција бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на електрика, електроника, инсталации, одржување, автоматизација,
www.mchamber.mk
Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со градежни компании за монтирање лифтови во ново изградени згради во Република Македонија. Валидност дo 01.02.2015 година.
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088