Skip to main content

Бизнис ИНФО број 172 од 27.3.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА Founded 1922 Quality Management

bsi. СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 172

www.mchamber.mk

27.03.2014

Македонските компании имаат интерес за зголемување на економската соработка со Република Франција

ПОГОЛЕМА МАРКЕТИНШКА И ПРОМОТИВНА АКТИВНОСТ ГО ОТВОРА ВЛЕЗОТ НА ВИСОКОТЕХНОЛОШКИОТ ПАЗАР


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ПОДВЛЕЧЕНО

ИНДУСТРИЈАТА ЈА ГЛЕДА ПОТРЕБАТА ОД ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ Доколку некој сака да извезува на европскиот пазар од 550 милиони потрошувачи, доколку сакаш да извезуваш во Европа мора да го почитуваш правилото. Од оние 21 илјади стандарди што ги имаме усвоено 4.000 се од директивата што се занимава за производи за здравјето, заштита на луѓето и животните и околината. Доколку сака некој производител од Македонија да извезува во Европа мора да ги почитува тие стандарди. Една од индустриите и компаниите е Раде Кончар контрактори и релеи која има софистицирана опрема и своите производи ги извезува на европскиот пазар бидејќи ги исполнува стандардите. Индустријата ја гледа потребата од европските стандарди. Колку и како ќе се приспособи е друго прашање, бидејќи дел од таа индустрија и фабриките што беа купени пред 20 години се уште работат по стара технологија. По стари ју стандарди, кои се дел од Србија, БиХ. Значи пазар од 5 до 7 милиони луѓе. Она што треба да го направат компаниите треба да се приспособат кон новите технологии, да ја исфрлат старата технологија и купат нова опрема која ќе биде паралелно изработена со европските стандарди за да може да излезат на европскиот пазар. Македонија наследи околу 11.600 југословенски стандарди кои станаа МКС стандарди. При влезот во европските тела за стандардизација моравме да ги прогласиме за неважечки. Тие ју стандарди во Македонија не важат, важат само европските и меѓународните стандарди. Она што порано важеше не важи, сега сме на европскиот пазар и мора да употребуваме европски стандарди. Што се однесува до европските стандарди колку е големо нивното значење покажува и потпишаниот договор меѓу европските тела за стандардизација и американските. Се работи на изедначување на европските и американскиот пазар, особено во областа на стандардите. Не може целосно европскиот стандард на американско подрачје и обратно, но ќе дојде до усогласување и ќе се оствари тој американско-европски заеднички пазар. Таму се некаде околу 200 милиони и овде околу 550 милиони, значи пазар од 700-800 милиони потрошувачи. Во септември лани се потпиша договор и со Руската Федерација, каде има пазар од околу 180 милиони и доаѓаме до бројка од милијарда корисници кои работат според европските стандарди. (Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација за МИА)

ИМАМ МИСИЈА НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГАБОН Токму дипломата по фармација што ја стекнав во Македонија пред 20 години ми овозможи работа во Габон, како и професионално да напредувам за што сум посебно благодарна. Патувам секаде низ светот, често сум и во Франција. Токму од тие причини сакав да придонесам и за поголема економска соработка меѓу Македонија и Габон, така во оваа насока и по моја иницијатива започна и комуникацијата на двете министерства за надворешни работи. Во октомври минатата година станав почесен конзул на Македонија во Габон, а пред десетина дена дојдов и да ги примам документите. Мојата посета е во насока на поттикнување на економска соработка меѓу двете земји која, колку што знам, не постоеше. Веќе бев во Стопанската комора на Македонија, од каде добив и контакти со македонски фирми. На почеток соработката би се однесувала на фирми кои произведуваат вино, изворска вода, лекови... Економската соработка, секако, во иднина би се проширила и на останатите сфери. Во однос на градежништвото уште од времето на Југославија градежниците од овие простори се посебно ценети, бидејќи учествуваа во изградбата на патиштата и објектите во Габон. Нашата земја постојано се гради, потребни се нови патишта, инфраструктура, и затоа сигурно дека може да се воспостави соработка и во градежништвото. (Гуибинга Роланда, почесен конзул на Македонија во Габон за „Вечер“)


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ОПШТИНАТА УСПЕШНО ГИ КОРИСТИ ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ Општина Берово располага со големи природни ресурси за развој на алтернативниот туризам, но во изминатите години многу малку се работеше за подобрување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на населението. Развојот на едно место зависи од многу фактори, но формулата за успех е едноставна. Потребна е макотрпна работа на многу нивоа и вклучени страни. Точно е дека градот е променет. Во изминатите пет години се реализираа огромен број на големи проекти кои придонесоа Берово и населените места да бидат поубави и поорганизирани. Реализиравме голем број на значајни проекти. Со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка ја изградивме пречистителната станица која е една од ретките во регионот. Проектот опфаќа повеќе елементи за управување со води, а средствата кои беа инвестирани од Швајцарската агенција и Министерството за животна средина се околу 11 милиони швајцарски франци. Целосно ја реконструиравме главната улица која води од влезот до центарот на градот, изграден е плоштадот Димитар Беровски”и целосно реконструирано поширокото централно подрачје. Подобрени се условите за одржување на наставата скоро во сите училишта на територијата на општина Берово, изградена е спортската сала Македонски бранители” и уште многу други значајни проекти кои се реализирани. Општина Берово во многу наврати е посочувана како општина која успешно ги користи европските фондови. Можам да се пофалам дека општина Берово има капацитети за користење на средства од овие програми. Во изминатиот период изградивме добар тим кој се справува со предизвиците на новите можности. Од ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, покрај преголемата конкуренција и строгите критериуми, Општина Берово доби финансиски средства за реализација на проекти од сите три објавени конкурси на програмата. Ја реконструиравме и надградивме старата зграда Партизан, од крајно руиниран објект направивме современ бизнис-инкубатор со голема конгресна сала, мала сала за состаноци и простории за бизнис-инкубаторот. Од вториот повик на програмата го реконструираме кејот на реката Брегалница во делот на центарот на градот. Проектот предвидува целосна реконструкција и урбанизирање на просторот, а досега се направени пешачките патеки, изграден е нов мост, поставена е урбана опрема и ново осветлување. На задоволство на сите љубители на екстремните спортови следниот месец ќе биде изграден скејт-парк. Во коритото на реката ќе биде поставена голема фонтана која ќе дава посебен ефект на целиот простор. (Драги Наџински, градоначалник на општина Берово во „Вечер“)

ЌЕ ФОРМИРАМЕ И СОПСТВЕНА ИНДУСТРИСКА ЗОНА За поттикнување на економскиот развој и промоција на општина Радовиш како бизнис-дестинација за етаблирани странски компании со поддршка на Владата на Република Македонија ќе се отвори технолошка индустриска развојна зона „Радовиш”. Оваа ТИРЗ ќе придонесе за значително зголемување на вработеноста и подобрување на условите за живот на граѓаните во нашата општина. Со сопствени средства оваа година, исто така, ќе биде формирана и сопствена индустриска зона. Главен акцент ќе биде ставен на подобрувањето на патната инфраструктура, ќе се асфалтираат повеќе улици во градот и населените места, како и локалните правци Калуѓерица - Подареш во должина од четири километри и Подареш - Смиљанци во должина од 2,8 км. Исто така, ќе бидат изградени две нови училишни спортски сали во основните училишта Крсте П. Мисирков” во Радовиш и Орце Николов” во Ињево. За оваа година имаме доста амбициозна програма која ќе биде во функција на граѓаните од општина Радовиш. (Сашко Николов, градоначалник на општина Радовиш во „Вечер“)

ПРИНОСИТЕ НА ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА РАСТАТ Поради долгорочната природа на пензиските системи, приносот вообичаено се пресметува на подолг рок. Приносите што се објавени за периодот од последните седум години сведени на годишно ниви, всушност, одразуваат еден период на голема финансиска криза, кога многу приватни пензиски друштва во други европски земји остваруваа и негативни приноси. Можам да кажам дека ние, сепак, добро поминавме, благодарение на конзервативната стратегија на вложување на домашните пензиски друштва, но во последните година-две, приносите растат. Очекувам оваа година и следната, друштвата да остварат уште повисоки приноси за своите осигуреници.

(Булент Дервиши, Претседател на Советот на експерти на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ТРИБИНА Можности и приоритети за зголемување на економската соработка со Република Франција

КОМПАНИИТЕ ИМААТ ИНТЕРЕС, НЕДОСТАСУВАAТ СТРАТЕШКА И АГРЕСИВНА ПРОМОЦИЈА И КОНТАКТИ

-Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Франција, во подолг период не бележи суштински развој и покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на инвестиции во Република Македонија во финансискиот сектор, црната и обоената металургија, металопреработувачката и прехранбената индустрија.Подолг период, Република Македонија не може да се пофали со стопанска соработка со Република Франција, една од водечките светски економии, која би била соодветна на можностите. Бизнис-заедницата од нашата земја, на Република Франција гледа како поддржувач на техничкиот и технолошкиот развој на стопанството во Република Македонија,- ова го оцени претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на работната средба со Н.Е. Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Р. Македонија, во присуство на група бизнисмени и тим од соработници од Амбасадата кои дебатираа на тема: „Можности и приоритети за зголемување на економската соработка со Република Франција“ (24.3.2014 година). Споредувајќи ги податоците во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Франција во последните 10 години (од 2004 до 2013 година), се забележуваат значителни осцилации во трговското салдо. Од 2006 година наваму бележиме постојан дефицит, кој беше најизразен во 2011 година во вредност од 105 милиони САД $. Иако во 2013 година имаме раст на извозот од 20,9% (25,5 милиони САД долари), сепак не можеме да бидеме задоволни бидејќи дефицитот што го има Македонија во трговските односи со Франција во минатата година е висок (69,1 милиони САД $) и истиот учествува со 3% во вкупниот дефицит на Македонија со целиот свет. -Простор за поголеми инвестиции од Франција во Македонија има, инвестиционата клима е позитивна, и со поголема, стратешка и агресивна промоција на потенцијалите и погодностите за влез на странски инвестиции, полесно ќе се привлечат и побрзо ќе се одлучат француските стопанственици да инвестираат во Македонија и да отпочнат со водење бизнис. Присуството на француските фирми кои веќе се инсталирани во Македонија е можност да им се покаже на другите француски фирми дека ќе бидат во друштво со фирми кои имаат деловен успех во Република Македонија, – нагласи Азески. Во прилог на развој на деловните врски меѓу двете земји е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Париз, почнувајќи од месец април оваа година, со што ќе се анулираат слабите резултати во реализацијата на туристичкиот промет во двата правца. Во насока на зголемување на трговската размена меѓу Република Македонија и Република Франција, како и во насока на поттикнување на странските директни инвестиции од Р. Франција во Р. Македонија, коишто во последните десет години изнесуваат 114,8 милиони евра и учествуваат со 4,5% во вкупните странски директни инвестиции во земјава за наведениот период, Стопанската комора на Македонија спроведе анкета меѓу своите членки, со цел согледување на интересите и потенцијалите за соработка. -Резултатите покажаа дека за соработка со Франција интерес имаат компании од металната и електроиндустријата, од металуршкиот сектор, од хемиската индустрија (фармацевтските компании), прехранбената индустрија, како и компании од дрвната индустрија и информатичкокомуникациските технологии, – истакна Азески. - Конкретно, компаниите искажуваат интерес за пронаоѓање


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

5

ТРИБИНА инвеститори или застапници кои би ја организирале продажбата на нивните производи во Франција, како и на ниво на Европската унија. Интерес за соработка постои за придружување кон брендови на француски производители и за заедничка апликација за добивање средства од фондови од Европската унија. -Генерална оценка, додаде Азески, е дека стопанската соработка на компаниите со Република Франција не се промовира и ја нема визуелноста која би поттикнала дополнителна поддршка од страна на Франција. Се има впечаток дека македонското стопанство не е промовирано во Франција на начин за да биде препознаено како таргетиран пазар кој би се поддржал од француската страна со конкретни активности. -За таа цел, неопходна е поголема маркетиншка и промотивна активност на македонските компании и на саемските манифестации во Франција во областа на: хемиската индустрија, фармацијата, металургијата, металната и електроиндустријата, градежништвото, како и познатиот Саем за прехрана „Сиал“, за што ние како Комора сме подготвени, во соработка со Амбасадата на Република Франција во Македонија, да им го овозможиме тоа на нашите компании, – подвлече Азески. Н.Е. Лоренс Оер истакна дека размената меѓу двете земји е мала со оглед на можностите што ги имаат двете стопанства. Притоа, таа спомена дека Амбасадата на Република Франција во Македонија им стои на располагање на домашните компании, со оглед дека се` повеќе се форсира економската дипломатија. Како предност го издвои фактот што во земјава делува Охридска банка, членка на Групацијата Сосиете Женерал, француска банка која е меѓу четирите најголеми во земјата. -Потребно е да ги искористиме сите средства за да ги зголемиме размената и инвестициите. Владите веќе направија во минатата година интензивни контакти, а и се конкретизираат низа форми во функција на подобрување на контактите, меѓу кои е и организирањето Француско-македонски бизнис-форум, на кој редовно се разгледуваат прашања за меѓусебната трговска размена, проблемите што стојат на нејзиниот пат и начините за нивно решавање, – додаде госпоѓа Лоренс Оер. - Инаку, оценуваме дека има големи можности за соработка во областа на аграрот, особено во

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА СОРАБОТКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА РАЗМЕНАТА ЛАНИ ПОРАСНАЛА ЗА 11 ОТСТО Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во 2013 година достигна вредност од 120.221.368,00 САД $, што претставува раст од 11% во однос на истиот период од претходната година. Надворешно-трговска размена меѓу Р.Македонија и Р. Франција во периодот 2013 година Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

8.266.505,00

25.563.378,00

14.752.288,00

94.657.990,00

23.018.793,00

120.221.368,00

При тоа, остварен е извоз во вредност од 25.563.378,00 САД $ или раст од 20,9%, додека увозното салдо изнесува 94.657.990,00 САД $ или зголемување од 8,5 % споредбено со периодот за 2012. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од - 69.095.612,00 САД $. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2013 година, во структурата на извозот се застапени: • Моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на комптерија( дизел или полудизел) (4.877.314,00 САД $) • Електрични акумулатури (2.668.700,00 САД $) • Предиво од памук за продажба на мало, со 85% памук или повеќе, по маса (1.756.799 САД$) • Тутун неизжилен (1.204.279,00 САД $) • Зеленчук, друг, замрзнат и бланширан ( 1.120.183,00 САД $) • • • • • • • •

Во увозното салдо за 2013 година, учество имаат: Други моторни возила за превоз на лица, н.н. (9.314.682,00 САД $) Приемни апарати за телевизија, со или без вграден радиодифузен приемник или со апарати за снимање или репродукција на звук или слика (6.549.073,00 САД $) Лекови, н.н., кои се подготвени во измерени дози, или во форми или пакувања за малопродажба ( 6.004.841,00 САД $) Парфеми и тоалетни води (2.386.479,00 САД $) Моторни возила за превоз на стока, н.н. (2.162.165,00 САД $) Останати производи за исхрана, н.н. (1.759.888,00 САД $) Лекови со инсулин за малопродажба (1.514.170,00 САД$) Хербициди, подготвени како за продажба на мало, или препарати или производи (1.324.004,00 САД $)

Трговска соработка меѓу Република Македонија и Република Франција во 2012 година Извоз Количина во кг 4.627.108,00

Увоз

Сума во САД$

Количина во кг

20.202.889,00

11.559.768,00

Вкупно

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

86.619.913,00

16.186.876,00

106.822.802,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во 2012 година достигна вредност од 106.822.802,00 САД $ што претставува пад од – 26.9% во однос на 2011 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 20.202.889,00 САД $ или пад од -1,3% во однос на 2011 година, додека увозното салдо изнесува 86.619.913,00 САД $ или пад од -45,2% споредбено со 2011 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од - 66.417.221,00 САД $. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година, во структурата на извозот се застапени: • Моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на комптерија( дизел или полудизел) (4.317.450,00 САД $)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ТРИБИНА

областа на земјоделските машини, конзервирањето на овошјето и зеленчукот и во индустријата за вино. Оваа индустрија е во силен замав во земјава, а Франција има умешност и практики коишто можат многу да им користат на домашните производители. Во овој дел фокусирано е и сточарството. Интересни за меѓусебна соработка се информатичката технологија, како и транспортот и опремата. Се разбира, не треба да го заборавиме ниту текстилот и облеката, а познатите француски брендови би можеле овде да ја донесат француската умешност. Дел од македонските компании присутни на средбата истакнаа низа предлози кои би можеле да им помогнат во нивниот настап на пробирливиот француски пазар. Викторија Џингоска Мицеска од„Микросам“ од Прилеп побара посредување во контакти со производители на авиони и вселенски летала, со оглед дека нивното производство е ориентирано на таа индустрија. Атанас Киров, генерален директор на фабриката за производство и трговоија на крзно и крзнени производи „Димко Митрев“, го спомена фактот дека велешката компанија извезува на европскиот пазар, освен во Франција, а е заинтересиран за контакти со производители на сурова кожа, но и со тамошни увозници на производи од крзно. Сава Димитрова од „Европа“ од Скопје побара овозможување контакт со големите трговски синџири од оваа земја и ја наведе можноста за производство под трговска марка бидејќи може да гарантира квалитет. Бобан Тодоровски од „Стил кон“ од Куманово, компанија од областа на метало-преработувачката индустрија, истакна дека се подготвени за соработка со француски компании во производството на челични конструкции, особено за настап на трети пазари. И Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Република Франција во Македонија изразија подготвеност да им излезат во пресрет на ваквите барања на компаниите. Интересот што беше изразен на средбата, всушност, сугерира почести средби на вакво ниво, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. - При Стопанската комора на Македонија функционира Македонско-француски деловен-клуб, а токму вака изразениот интерес ќе биде иницијатор за негова ревитализација и ангажирање во правец на зголемување на размената меѓу двете земји, – заклучи м-р Георгиева. Саво Пејчиновски

• • • • • • • • • • • • • •

Предиво од памук за продажба на мало, со 85% памук или повеќе, по маса (1.631.938 САД$) Тутун неизжилен (1.556.320,00 САД $) Други делови и прибор за моторни возила од групите 722, 781, 782, 783 (1.300.554,00 САД $) Кајсии, цреши, праски, приготвени, конзервирани (1.050.990,00 САД $) Други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек (957.828,00 САД $) Во увозното салдо за 2012 година, учество имаат: Други моторни возила за превоз на лица, н.н. (11.393.950,00 САД $) Лекови, н.н., кои се подготвени во измерени дози, или во форми или пакувања за малопродажба (7.459.943,00 САД $) Тутун неизжилен (4.126.196,00 САД $) Парфеми и тоалетни води (2.415.552,00 САД $) Моторни возила за превоз на стока, н.н. (1.917.911,00 САД $) Приемни апарати за телевизија ,со или без вграден радиодифузен приемник или со апарати за снимање или репродукција на звук или слика (1.795.279,00 САД $) Останати производи за исхрана, н.н. (1.759.888,00 САД $) Лекови со инсулин за малопродажба (1.514.170,00 САД$) Хербициди, подготвени како за продажба на мало, или препарати или производи (1.420.355,00 САД $) Стоковна размена (2005 / 2013 година) Извоз

Увоз

Вкупно

Трг. салдо

2005

77,3

67,5

144,8

+ 9,7

2006

10,2

66,2

76,5

-55,9

2007

15,9

89,5

105,4

-73,6

2008

24,2

121,2

145,5

-96,9

2009

12,6

91,4

104,1

-78,8

2010

13,8

84,9

98,8

-71,1

2011

20,4

125,8

146,3

-105,3

2012

20,2

86,6

106,8

-66,4

2013

25,5

94,6

120,2

-69,0


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ПРЕНЕСЕНО







  





                                          

                                      

        

    

          

                                      

                                    

                                   

  



 

     

 

                                                                                                                                       


БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

9 ПРЕНЕСЕНО







 

 

     



                                                                                                                                                          



                               

                                                                                                            

       

                                  

           

                                                  


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Италијанска делегација во посета на Прилеп

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БИОДИЗЕЛ ГОРИВО ОД ТУТУН

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 20.3.2014 година делегација од Република Италија го посети градот Прилеп. Гостите ги посетија Институтот за тутун и локалната самоуправа. Италијанската делегација, предводена од претставник на Унијата на комори од Венето, а во чиј состав имаше експерти од областа на тутунската индустрија од јужна Италија, имаше работна средба со раководниот тим на Институтот за тутун од Прилеп. На средбата присуствуваше и Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Во разговорите беа разменети искуства во врска со научните истражувања и испитувања за можно производство на биодизел гориво од тутун. Заеднички беше констатирано дека технички е изводливо производството на биодизел гориво од семето на тутунот, но неопходна е анализа за економската оправданост за неговото производство, имајќи го предвид и искористувањето на останатиот дел од стеблото на тутунот за производство на одредени енергенси. Договорено е да се разменат по писмен пат неопходните анализи за економската оправданост и неопходните услови за производство на биодизел гориво од ориенталните ароматични тутуни, како и од крупнолисните сорти на тутуни. Делегацијата од Италија оствари работна средба и со градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и неговите најблиски соработници. За време на средбата се разменија искуства за искористувањето средства од европските фондови наменети за проекти од заеднички интерес на двата региона. Договорена е и возвратна посета и средба во Италија во текот на месец мај 2014 година.

Започна изградбата на Аква паркот во состав на хотелот „Салида“ во Прилеп

ЛЕТНА АТРАКЦИЈА НА 4.500 КВАДРАТНИ МЕТРИ

Со поставување на камен-темелник од страна на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски, на 19.3.2014 година започна изградбата на современ и содржински богат Аква парк во состав на Хотелот „Салида“ во Прилеп. Главен инвеститор на Аква паркот е семејството на Гоце Ѓорѓиоски, кои со изградбата на овој парк ќе ја збогатат угостителската и туристичката понуда на градот Прилеп и пошироко. Аква паркот ќе се протега на површина од 4.500 метри квадратни, со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални, прва помош и др. Со сето ова Прилеп добива нова летна атракција. Објектот ќе поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Аква паркот ќе овозможи нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, кафе-баровите и ресторанот. Аква паркот ќе биде изграден во рок од 12 месеци со сите планирани содржини . Ристо Најдоски


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

11 РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЌЕ СЕ БАРА ПАРТНЕР ЗА ОТВОРАЊЕ РЕДОВНИ АВИОНСКИ ЛИНИИ ДО ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Советот на градски татковци на Охрид

Во Општина Охрид се одржа продолжението на 4. седница на Советот на градски татковци (24.3.2014 година). Притоа, градоначалникот Никола Бакрачески ги претстави развојните насоки за автокампот „Андон Дуков“ и индустриската зона „Мауцкер“ на влезот во градот. Посебно се осврна на субвенциите понудени за авионските компании кои ќе оперираат од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. - Во изминатиов период ние бевме во интензивни преговори со неколку авиокомпании кои пројавија интерес да воспостават редовни летови од охридскиот аеродром. Врз основа на тие преговори, а согледувајќи ги реалните можности на градот Охрид, изготвивме тендерска документација за поддршка на туризмот во Охрид, врз основа на којашто ќе бараме партнер кој би воспоставил редовни авионски линии од и до охридскиот аеродром. Тендерската документација веќе е специфицирана и завршена и мислам дека наредниве денови јавно ќе биде објавен огласот за изнајмување на авиокомпанија којашто ќе прави промоција на градот Охрид преку воспоставувавње редовни авиолетови од охридскиот аеродром, - рече градоначалникот Бакрачески. Министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески како член на Советот, информираше за инвестиционата активност, придобивките и проблемите кои се јавуваат при реализација на една инвестиција. Имајќи ја предвид потребата за создавање на конзистентна стратегија за економски развој на Охрид, членовите на Советот се договорија на наредната средба да се формира работна група за нејзина изработка. М-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Две годинашни награди на „Chardonnay du Monde“ за вината на винаријата „Тиквеш“ од Кавадарци

ВРВНИОТ КВАЛИТЕТ ПОТВРДЕН СО СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ

Винарската визба„Тиквеш“ доби две награди на годинашното издание на престижниот натпревар специјализиран за вина од сортата „шардоне“. Во конкуренција на 794 вина од 40 земји, врвните „шардонеа“ на Тиквеш, Limited edition и Special Selection, од бербите 2012 и 2013 беа наградени со сребрени медали. Вината ги оценуваа 300 судии – врвни меѓународни експерти, од кои половината од Франција. Во последниве четири години „Тиквеш“ доби пет награди на овој уникатен натпревар од светско значење, чија мисија е да ги издвои и да ги награди најквалитетните вина од сортата „шардоне“ и со тоа да ја зајакне нивната вредност пред огромната и растечка конкуренција на вина од оваа сорта на светските пазари. - Двете годинашни награди на „Chardonnay du Monde“ се резултат на нашата стратегија да создаваме врвни вина во светски рамки, но и потврда дека можеме да го одржиме континуитетот на квалитет, препознаен од врвните оценувачи и екперти. Задоволството е дотолку поголемо што таа потврда неколку години по ред доаѓа токму од земјата која што е татковина на оваа сорта, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. Годинaшниот 21-ви светски натпревар на вина од оваа сорта се одржа на винскиот имот на Институтoт Пастер во Бургундскиот регион во Франција. Вината се оценуваат според највисоките критериуми базирани на енолошката наука, а кои се построги од вообичаената норма на останатите натревари.

„Trainees 2014“ на ЕВН Македонија

ОБУКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ МЛАДИ КАДРИ Со отворениот ден за одбраните 23 кандидати и првиот воведен тренинг ЕВН Македонија официјално ја започна специјализираната програма за обука и вработување на млади кадри „Trainees 2014“. На отворениот конкурс кој ЕВН Македонија го објави на почетокот на годината пристигнаа 530 апликации, а по спроведените тестирања и интервјуа беа одбрани новите учесници со електро-техничко образование и од областа на општествените науки. - Тие по принципот на ротација низ техничките и комерцијални оддели, како и Корисничките енерго центри (КЕЦ) на ЕВН ќе специјализираат во област соодветна на нивниот образовен профил. За секој учесник ќе биде одговорен ментор, специјалист вработен во ЕВН Македонија, кој ќе го воведе во работните процеси и ќе го следи и оценува секој напредок за што ќе се формира мислење по секоја ротација во одделите на ЕВН. Програмата завршува со заеднички проект и понуда за работно место за оние што ќе сакаат да ја продолжат кариерата во ЕВН Македонија, а кои што покажале одлични резултати, велат од компанијата. Посочуваат дека програмата за обука и вработување на млади кадри веќе пет години се практикува и надградува. Од 2007 година досега, над 70 дипломирани студенти или апсолвенти на факултетите за електротехнички, економски и правни науки ја минале оваа програма. Над 90 отсто од нив се вработиле во ЕВН Македонија, а некои од првите генерации веќе имаат раководни позиции во компанијата. (ЕВН)


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

13

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

НА ПОТЕГ СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

Конкурс за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност

Студентите на економските и техничките факултети од 24.3.2014 година па се до крајот на месецов може да се пријавуваат на конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на веб-странцата www.energetskaazbuka.mk. Пријавувањето за учество на натпреварот, кој е дел од активностите во рамките на Програмата за енергетска ефикасност, организирана од Министерството за економија и ЕВН Македонија, е во форма на тимови од минимум две и максимум шест лица. Пристигнатите трудови ќе ги разгледува стручна комисија, а најдобрите три проекти ќе добијат парични награди во износ од 30.000, 18.000 и 9.000 денари. За пријавените студенти ќе се организира и кратка обука од стручни лица за критериумите за изработка на бизнис планот. За реализација на натпреварот за најдобар бизнис план, се вклучија тимот на Енергетска азбука и студентските организации IASTE и AIESEC кои ќе дадат техничка и логистичка поддршка за реализација на овој проект. - Денеска во рамките на Платформата за енергетска ефикасност промовираме концепт во кој ги вклучуваме студентите кои треба да изработат бизнис план за проект за енергетска ефикасност. Целта ни е да добиеме нови идеи од страна на студентите како подобро да се искористат мерките за енергетска ефикансонст, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на прес-конференција. Тој појасни дека Министерството за економија во последните две години реализирало неколку значајни проекти за подобрување на енергетската ефикасност во Македонија. Потсети дека преку проектот со Светка банка вреден четири милиони долари вопоследнивдве години е подобрена енергетската ефикасност на 42 училишни објекти во 15 општини. На тој начин, посочи, реконстурираните училишта имаат заштеди по 35 до 50.000 долари годишно за задоволување на енергетските потреби. Во моментов, како што кажа, на македонските компании им се достапни и 75 милиони евра од кредитната линија на ЕБОР наменета за подобрување на енергетската ефикасност во Западен Балкан. - Многу наши компании и општини веќе почнаа годинава да конкурираат за оваа програма. Токму енергетската ефикасност е клучна за зголемување на конкурентноста на компаниите на домашните и странските пазари, но и за подобрување на продуктивноста и оптимизацијата на трошоците, рече Сарачини. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Вернер Хенгст посочи дека ЕВН Македонија досега спровела многу програми за вработување, особено за младите луѓе, но оти се уште постои јаз меѓу она што го нуди образованието и потребите на реалниот сектор. - Како енергетска компанија ние работиме интензивно на примената на енергетската ефикасност, особено во реалниот сектор. Но, за да имаме поголема практична примена неопходна е едукација, особено кај најмладите кои во иднина ќе бидат носители на развојот во економијата. Затоа овој натпревар е важен, бидејќи ќе отвори една нова димензија на размислување која треба да стане редовна пракса во следниот период, рече Хенгст. Платформата за енергетска ефикасност Министерството за економија и ЕВН Македонија ја започнаа во 2012 година, а нејзината цел беше подигнување на свеста и примената на енергетската ефикасност во реалниот сектор. Досега преку платформата се спроведени обуки за преку 200 компании како е најдобро да се имплементираат мерки за енергетска ефикасност и да се најдат средства за нејзино спроведување. Дури 30 отсто од компаниите кои биле на обуките веќе почнаа да ги имплементираат мерките за енергетска ефикасност.(МИА)


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ДРУГИТЕ ЗА НАС „Форбс“ за Македонија

БИСЕР НА БАЛКАНОТ

Според најновиот Извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перспективи, објавен во јануари 2014 година, македонската економија ќе порасне за 3% оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај „Дуинг Бизнис“ за 2013 ја рангираше државата на високо 25–то место во светот за правење бизнис, а особено високо оценки имаше за зголемениот прилив на странски инвестиции, како и лесниот пристап до кредити, пишува „Форбс” во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Македонија. -Ние сме најотворената економија во регионот, вели во изјава за „Форбс“, министерот за надворешни работи Никола Попоски. Пренесувајќи кус разговор со министерот, магазинот пишува дека според индексот на економска слобода, објавен од „Херитиџ“ Фондацијата во 2014 година, како и „Волстрит Журнал“, Македонија е рангирана на првата позиција во регионот на Југоисточна Европа и на 43-то место во светот, а економската слобода е добар индикатор за потенцијален раст. Ветува и напорот на земјата за промоција на иновациите. Согласно Стратегијата за промоција на иновациите за периодот 2012 – 2020 година, која беше донесена во мај минатата година, беше основан Фонд за иновации и технолошки развој. Иницијативата за создавање на овој Фонд беше поддржана и од Светската банка со финансиска поддршка од 8 милиони евра во првите три години. -Географската положба е една од нашите главни адути. Ние сме централно позиционирани во Југоисточна Европа и единствената земја без јазични бариери со нашите соседи. Во овие услови, би ја споредил Македонија со Швајцарија и Австрија: мали земји, но со интерес за водење бизнис со своите соседи, вели Поповски за „Форбс”. Бисер на Балканот, вака е опишана нашата земја од страна на „Форбс“. Историскиот град Охрид, на пример, кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро и е опкружен со планини, е исто така убав како најпознатите алпски пејзажи. Градот и езерото се едни од 28-те во светот на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство. Занаетчиите од овој град се познати по исклучитечниот Охридски бисер, кој тие го произведуваат речиси еден век . Ова чудо од школки е рачно изработено со ултра тенок слој на емулзија од клушките на локалната риба Пласица. Две фамилии Талеви и Филеви го произведуваат единствениот и вистинскиот Охридски бисер, креирајќи гердани, обетки скапоцени камења, носени од страна на членови на кралски семејства и ѕвезди. Made in Macedonia Автохтоните сорти грозје, како што се Кратошија, Жилавка и Вранец се одгледуваат заедно и се прават заеднички варијанти како Каберне Совињон, Шардоне, Мерло и Пино Ноар, и се особено популарни кај домашни љубителите на вино. Постојат три региони кои доминираат во производството на грозје. Во регионот Повардарие се произведува 85% од виното во Македонија. Десетици производители, и стари и нови, се борат за брзо проширување на домашниот и на странските пазари. -Ние имаме сега близу 100 винарници. Се рангираат од фамилијарни бизниси, па се` до винарници како „Тиквеш“, која е најголема во земјава. Порано тие произведуваа една третина од виното во поранешна Југославија. Ние исто така имаме многу мали и средни трговски брендови кои се фокусирани повеќе на квалитетот отколку на квантитетот, објаснува министерот Попоски. Формирана во 1885 година, винарницата „Тиквеш“, можеби е најстарата винарница, но останува лидер во иновациите. Со еден од најпознатите светски енолози Филип Камби, „Тиквеш“ доби 94 поени за виното Бела Вода и 90 поени за Вранец Спешл Селекшн од познатиот Роберт Паркер за 2010 година. Според Игор Илиевски, генерален директор на „Тиквеш“, компанијата инвестира 34 милиони САД долари во производство, менаџмент и човечки ресурси за да изгради бизнис и бренд. -Моментално ние продаваме повеќе од 12 милиони шишиња годишно и имаме над 13.000 хектари лозје. Ние сме мешавина меѓу модерен потрошувач и традиционална земјоделска компанија. Главниот предизвик е да воспоставиме македонски вински бренд, - вели Илиевски и додава дека растот доаѓа од извозот. Винарницата „Стоби“ е лоцирана во Градско, близу до најпознатиот македонски археолошки град Стоби. Винарницата е една од поновите винарници во светот. Формирана во 2009 година благодарение на инвестицијата од 27 милиони САД долари, произведува 4, 5 милиони литри високо квалитетно црвено, бело и розе вино секоја година. Ние имаме 1.500 хектари лозови насади и произведуваме околу 7.700 тони грозје, - вели сопственикот Минчо Јорданов. За оние пак кои не преферираат да го консумираат овошјето од виното, една од македонските најголеми компании обезбедува соодветна алтернатива – „Алкалоид“како фармацевска комапнија произведува растителни чаеви, и козметика повеќе од 70 години. Денес нејзините производи се продаваат во 27 земји. -Органските чаеви Good Nature се сертифицирани од интернационални институции во европските, американските и јапонските пазари, - вели Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“. Компанијата исто така произведува чај за „Аведа“, дел од „Естее Лаудер“ групацијата, кои се стационирани во стоковните куќи „Хародс“ во Лондон,. „Ја дефиниравме нашата мисија кон постојано тежнеење за поздрав свет“ - вели Мукаетов и додава дека компанијата е извозно ориентирана со стабилна позиција на пазарот, отворена за нови пазари и партнерства, производи со врвен квалитет, примена на најновите технологии, и највисоки бизнис-стандарди.

(ФОРБС)


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

15

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Проблемите со автомобилите на „Џенерал моторс“ без крај

АКЦИИТЕ СО ПАД ОД 10 ОТСТО

Откажување на воздушните перничиња, пожар во моторот, небезбедно совозачко место... Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“ (ЏМ) повторно мораше да повлече 1,8 милиони возила. Со невообичаено јасни зборови шефицата на „ЏМ“, Мери Бара јавно се извини за актуелната серија грешки на автомобилите на американскиот автомобилски гигант. Поради проблеми со дефект во палењето „ЏМ“ неодамна повлече 1,6 милиони возила. Со ваквите грешки во автомобилите се поврзува и смртта на голем број луѓе. „Во овој случај нешто погрешно се одвивало кај нас и се случија страшни работи“, рече Бара вчера преку видеопорака. Таа во иднина сака да воведе повисоки стандарди при спроведувањето на тестовите за безбедност. Истиот ден „ЏМ“ повлече натамошни 1,8 милиони возила. Кај автомобилите произведени во периодот од 2008 до 2013 година, според концернот, се појавувале различни проблеми со материјалот. Кај автомобилите од марките Шевролет, ГМЦ, Бјуик и Сатурн биле забележани проблеми со воздушните перничиња поради погрешно поврзување на каблите, кај лимузините Кадилак поради проблеми со кочниците постоел ризик да избие пожар во моторот; комби-возилата од марките Шевролет и ГМЦ, пак, не ги исполнувале стандардите на властите за заштита на совозач кој не е врзан со сигурносен ремен. Се работи пред сѐ за возила на американскиот пазар, но и за возила кои биле продадени во Канада, Мексико и во некои други земји. Со новата интервенција „ЏМ“ во изминатите месеци повлече повеќе од три милиони возила во фабриките. Погодени се различни модели со различни проблеми, меѓу кои има и дефектни кочници. Концернот е под голем притисок особено поради смртните случаи кои се поврзуваат со грешки во палењето кај постарите модели. За разлика од „Џенерал моторс“, заштитниците на правата на потрошувачите сметаат дека поради дефект при палењето смртно настрадале повеќе од 300 луѓе. Во меѓувреме, истрага водат државните органи, американскиот Конгрес планира сослушувања, а на концернот му се закануваат тужби во САД и Канада. Проблемите биле познати веќе од 2001 година. Поради серијата на грешки кај автомобилите акциите на „Џенерал моторс“ измината недела загубија околу десет проценти. („Гласот на Америка“)

Грчки старт-ап фирми

УСПЕШНА ПРИКАЗНА ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА

Старт-ап фирмите се создаваат речиси од ништо и најчесто веднаш исчезнуваат. Малку од нив преживуваат. Тие се залагаат за иновативност. Во Грција има многу вакви фирми. Дали е тоа индикатор за економско закрепнување? Оваа година би требалo да биде добра година за Грција и нејзината економија. Сите знаци укажуваат на закрепнување на економијата. За првпат по шест години се очекува зголемување на економските перформанси. Раст се бележи во туризмот, а се зголемува извозот. Фактот дека во последните години е зголемен бројот на основани фирми во ИТ-секторот не е одлучувачки, но е добар показател за заздравување на грчката економија. Старт-ап фирмите почнаа да се појавуваат како печурки по дожд. Искуството покажува дека девет од десет старт-ап фирми не ги преживуваат почетните фази на водење бизнис. Во последно време овие грчки фирми успеаја да се етаблираат како на домашниот, така и на меѓународниот пазар. Таков пример е „Таксибејт“. Тоа е апликација за смартфон со чија помош може да се контактира такси во непосредна близина и може да се бара такси по сопствена желба. Освен во Атина и Солун, бесплатната апликација може да се користи и во градови како Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Мексико Сити, Осло, Букурешт и Париз. Кризата има и позитивни ефекти И пред ерупцијата на кризата во 2010 година во Грција имаше вакви фирми кои беа иновативни и преземаа ризици во водењето бизнис, имаше потенцијални инвеститори, настани поврзани со оваа област и се развиваа веб-страници, кои го поплочуваа патот за отворање на многу вакви компании. Еден од пионерските чекори беше создавањето на т.н. „отворени кафулиња“. Според британски модел, тоа се организирани средби, во кафуле или на интернет, на млади претприемачи, бизнисмени и инвеститори, кои ги споделуваат своите искуства и знаења со заинтересираните. Панајотис Врионис беше еден од иницијаторите. Тој смета дека многу е направено од отворањето на opencoffee.gr во 2007 година. „Денес има повеќе можности за финансирање на новите претприемачи споредено со порано“, - смета Врионис. Денес постојат четири финансиски фондови, кои во еден дел се помогнати од Програмата на ЕУ наречена „Џереми“ („Jeremie“). Врионис објаснува дека „во меѓувреме во Грција има многу повеќе ивеститори кои се подготвени да ги понесат ризиците од финансирање на старт-ап фирма“. Младиот претприемач гледа позитивни ефекти од кризата. Според него, инвеститорите во кризни времиња не се подготвени да инвестираат во акции на државните банки, но се подготвени да инвестираат во иновативни старт-ап фирми.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Барањата за финансирање ја надминуваат понудата на капитал Јоргос Циралис, коосновач на еден од четирите фондови кои ги поддржуваат старт-ап фирмите во Грција, информира за вистински бум во побарувачката за финансирање на ваквите фирми. „Кога во 2011 година стартуваше „Отворен фонд 2“ (Openfund II), наша цел беше финансирање со пет милиони евра. Сметавме дека поголем износ не е неопходен“, - објаснува Циралис. Но, оттогаш многу нешта се променети. Денес овој фонд става на располагање повеќе од 11,7 милиони, поддржува 10 проекти со вкупно 2,5 милиони евра и заклучува дека сумата за финансирање не е доволна за да ја задоволи побарувачката. Циралис забележува дека во меѓувреме е подобрен квалитетот на поднесените барања за финансирање. Основањето фирма трае неколку дена Спирос Мајатис е коосновач на старт-ап фирмата „Воркабл“ („Workable“). Неговиот софтвер им помага на фирмите во евалуација на пријавените за нови работни места. Во меѓувреме фирмата, основана на почетокот на 2012 година, има клиенти од околу 30 земји. Мајатис верува дека и натаму бирократијата е најголемата пречка за опстанокот на некоја фирма во Грција. „Мора уште многу да се направи за структурата на целиот систем“, - смета Мајатис. Затоа, коосновачот на „Отворен фонд 2“ Јоргос Циралис ги советува младите претприемачи да имаат малку повеќе трпение со грчката држава, која се наоѓа во процес на промени. И тој знае дека државата е повеќе пречка, отколку што е од помош. Но, во минатите години нешто е променето, така што процедурите за основање фирма се поедноставени, па таа може да се отвори за неколку дена. Претприемачите ги советуваат идните основачи на старт-ап фирми да имаат повеќе трпение додека да се реформира масивниот државен апарат. („Економист“)

Зелено светло за нови милијарди евра за Грција

ПАРИ БЕЗ НОВИ МЕРКИ ЗА ШТЕДЕЊЕ

Патот за новиот пакет помош во износ од неколку милијарди евра за кризната Грција е отворен. По повеќемесечни преговори Грција и меѓународната донарторска Тројка постигнаа согласност за новата помош за земјата. Атина наскоро би требала да добие 10,1 милијарди евра меѓународна помош. Нови мерки на штедење нема да има, - соопшти во Атина грчкиот прeмиер Андонис Самарас. Претходно портпаролот на еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен во Брисел изјави дека Тројката постигнала согласност со Атина по сите важни прашања. Завршувањето на повеќемесечната проверка на ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ) беше предуслов за исплата на новa транша помош за Атина. Самарас за грчката телевизија изјави дека реформските напори нема да попуштат. Земјата мора да биде натамошно моденизирана. Ќе има „нова Грција“. Атина порано од очекуваното постигна примарен суфицит (без камати). Ова отвора можност 500 милиони евра да можат да бидат наменети за посиромашните Грци и лицата со ниски примања. Освен тоа, давачките на работодавачите и вработените за социјално осигурување би требале да бидат намалени за 3,9 проценти. На тој начин треба да се намали невработеноста. Новинската агенција „ДПА“ од дипломатски извори дознава дека некои „спорни теми“, како натамошни отпуштања во државниот сектор, ќе се разгледуваат наесен. Несогласувања имало поради реформите на администрацијата и отпуштањата на државните службеници. Тројкaта повторно го критикувала одолговлекувањето на реформите. Со оглед претстојните европски избори Атина полагаше на тоа да заврши проверката на меѓународната Тројка. Сега владината коалиција од конзерватиците и социјалистите под раководство на Самарас ќе може да се концентрира на изборната кампања. Опозицијата ја обвинува Владата дека претставила „вештачки“ суфицит со тоа што своеволно ги одолговлекувала роковите за плаќање на долговите на државата. Отворена останува темата за можна нова помош за Грција. За тоа еврозоната ќе се советува по европските избори. („Дојче Веле“)


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НАЧИНИ НА ИЗВРШУВАЊЕ, ПРЕВЕНТИВНИ ДЕЈСТВИЈА И БИТИЕ НА ДЕЛОТО ВО КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ, ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ И СТОПАНСТВОТО’’ ПРОГРАМА I. КРИВИЧЕН ЗАКОНИК 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Дефиниции II. КЛАСИФИКАЦИЈА НА КРИВИЧНО ДЕЛО III. ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки IV. ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки V. ФАЛСИФИКУВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СТОКИ, МЕРИ И ТЕГОВИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки VI. НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ НА ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНУВАЧ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки VII.ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ЗНАЦИ ЗА ВРЕДНОСТ - Начини на извршување

- Битие на делото - Превентивни мерки VIII. ПРАВЕЊЕ, НАБАВУВАЊЕ ИЛИ ОТУЃУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки IX. ПОСЕБНИ СЛУЧАИ НА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ПАРИ, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ИЛИ ЗНАЦИ ЗА ВРЕДНОСТ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки X. НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ НА ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки XI. ЗЛОУПОТРЕБА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР МЕЃУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки

31.03.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

XIII. ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО, ИЗДАВАЊЕ ЧЕК БЕЗ ПОКРИТИЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, ЗЛОУПОТРЕБА НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВЕН ПОВИК, ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки XIV. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. Д-р Лидија Рајчевиќ, јавен обвинител, Основно јавно 2. Доц. Д-р Атанас Козарев, професор на факултетот на правни науки-катедра за казнено право Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 28.03.2014 година.

XII. НЕДОЗВОЛЕНО ПРОИЗВОДСТВО, ЦАРИНСКА ИЗМАМА, ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 9 до 13 април 2014 година во Супетар, Република Хрватска

МЕЃУНАРОДEН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР „БИСЕР НА МОРЕТО“

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 9. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 9 до 13 април 2014 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Сто п а н с к а та комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонски компании кои би ги презентирале своите производи. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна. За натпреварувачите (готвачи, сениори) кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт), менторите и членот на жири-комисијата, како и за учениците, студентите кои ќе се натпреваруваат во една категорија, организирани преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е: - бесплатно сместување - 4 ноќи, сo два оброка на ден во хотелот. Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 10 април 2014 година во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ХРВАТСКИ КОМПАНИИ ОД ОСИЕК

Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Осиек, организираат бизнис-средби со цел да се унапреди деловната соработка меѓу компаниите од Република Македонија и Република Хрватска. Во однос на дејноста што ја извршуваат и на понудата и побарувачката, компаниите од регионот на Осиек се заинтересирани за добавувачи, партнери и дистрибутери во следниве области: • добавувачи на свежо овошје и зеленчук; • филтерски единици за индустријата, центрифугални вентилатори, вентилација; • соларни системи за топлина, стаклена волна за инсталација; • ластик за производство на чорапи, ликра; • компании кои тргуваат со градежни материјали, градежни компании кои градат куќи „клуч на рака“; производители на дрвени и монтажни куќи (со употреба на нивни керамиди); • дистрибутери на микробиолошки препарати; • деловни партнери за дистрибуција и монтажа на понудени уреди во Македонија - уред за напојување на пумпа за централно греење, пумпа на соларен систем; • партнери за развој на софтвери и мултимедијални решенија и за продажба и дистрибуција на ИТ-производи; • понуда на пумпи за вода, агрегати за струја, индустриски базени и техника за базени; • побарувачка на печки и лимени ормари; • побарувачка на керамички тркала за брусење; машини за обработка на метал; • производство на производи од метал за детски игралишта, фитнес, кошеви, клупи, настрешници за автобуски постројки, рекламни витрини и други производи од метал за внатрешна и надворешна трговија преку посредник, кој ќе ги нуди производите во градовите и во општините низ Македонија; • дистрибуција на козметика, прибор и опрема за хотели текстил за хотели; • продажба на мало и на големо на машка и женска конфекција; текстил за домаќинството: крпи, фротирки, постелнина, прекривки и сл. • деловна соработка со туристички агенции, туристички агенти во областа на туризмот со Хрватска и Славонија; промоција на водечкиот бренд во делот на континенталниот туризам на Република Хрватска. Деловните средби ќе се одржат на 10 април 2014 година (четврток), со почеток во 9:45 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на на 5-ти кат.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои компании би сакале да стапите во контакт! Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА АВТОМЕХАНИКА Од 10 до 13 април 2014 година во Република Турција ИСТАНБУЛ 2014 (во организација на „Франкфурт саеми“) Еден од најголемите и најважни саеми на добавувачи во автомобилската индустрија во регионот, „Automechanika Istanbul 2014“, е во организација и под патронство на „Франкфурт саеми“, СР Германија, уште од 2001 година. Саемот годинава се фокусира на производители на оригинални делови и резервна опрема за автомобили со интенција да стане настан број еден за целиот регион под мотото „МОРА ДА СЕ БИДЕ“. На Саемот и оваа година ќе учествуваат сите релевантни професионалци од автомобилската индустрија од Турција, како и од регионот околу Турција. За таа цел, „Automechanika Istanbul 2014“ ги поканува компаниите од Република Македонија да се вклучат во групна изложба и да бидат дел од најголемиот регионален автомобилски саем оваа година, со можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од регионот и пошироко. Организаторот на македонските компании им нуди можност за: учество како излагачи на заедничкиот штанд под чадорот на Југоисточна Европа, на којшто ќе бидат сместени и фирми од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, по цена од 1.179,00 евра (со вклучен ДДВ);учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби). Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество и како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 43.000 лица од над 110 земји, на 1300 штандови ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 21.3.2014 година. За повеќе информации за „Automechanika Istanbul 2014“ - посетете ја веб-страната: www.automechanika.com.tr или контактирајте не`.

Рок за пријавување: 18 март 2014 година. Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар „ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД, НОВИНИ ВО 2014 ГОДИНА КАЈ ДАНОКОТ НА ДОБИВКА” ПРОГРАМА

11.4.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Предавачи:

I. Пренесување на даночна обврска - Промена на даночен должник - Фактурирање и евиденција кај подизведувач, изведувач и инвеститор

- Звонко Кочовски, овластен ревизор, овластен проценител, овластен судски вештак, експерт за сметководство, ревизија, даночен консалтинг, длабински анализи, проценки на друштва, експерт за ревизија на проекти финансирани од II. Одлука за определување нa добрата и услугите за кои странски донации; даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата страна нa друг даночен асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата обврзник Утврдена листа на промети при пренесување на „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата даночната обврска „Ерозија на јавните финансии“. III. Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. обврзник кон кого е извршен прометот Пријавување до 8.4.2014 година. - Пријавување на прометот во Извештајот ДДВ-ИПДО IV. Нова даночна пријава ДДВ-04 - Нов формат, содржина и нови полиња за пријавување на прометот и ДДВ

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 V. Новини во Законот за персонален данок на доход - Даночно олеснување на странско физичко лице во E-адреса: anita@mchamber.mk согласност со Меѓународните договори за одбегнување на двојното Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 оданочување Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 VI. Новини во 2014 година кај данокот на добивка - Даночен третман на салдото на побарувања по заеми на E-адреса: beti@mchamber.mk 31.12.2014 година - Даночен третман на исплата на дивиденда во 2014 година


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.4.2014 година Cеминар: „ФИНАНСИСКА 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, ПОМОШ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, сала 4 на 5-ти кат ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ“ ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАВОЈ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Дефиниции 4. Значење на поимите 5. Цели на националната земјоделска политика II. ПЛАНИРАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И ПРОЦЕНА НА НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА 1. Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој III. ПОЛИТИКА НА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА 1. Директни плаќања 2. Интегриран систем за администрација и контрола 3. Вкрстена сообразност за директни плаќања IV. ПОЛИТИКА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ V. ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2014 ГОДИНА 1. Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година VI. УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2014 ГОДИНА 1. Мерка помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – специјализирани продавници за вино со потекло од Република Македонија 2. Критериуми кои треба да ги исполни барателот 3. Начин на кофинансирање VII. ЗАКЛУЧОЦИ Предавач: -Соњица Ѓорѓиевска, раководител на одделение во Секторот за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 14.4.2014 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15 април 2014 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

-Обезбедување на тајност и заштита на обработкатата на личните податоци– Модул наменет за здравство и фармација Стопанската комора на Македонија го организира семинарот во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Предавачи на семинарот се инспектори од Дирекцијата за заштита на личните податоци: - Мануела Станоевска Стоилковска - Марјана Поповска ПРОГРАМА 1. МОДУЛ 1: Генерички дел: • Заштита на личните податоци во Република Макеоднија • Имплементација на Законот за заштита на личните податоци 2. МОДУЛ 2: Специјализиран дел: • Инспекциски надзор • Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци • Обврска на контролорите за регистрација на збирките на лични податоци во Централниот регистер на Дирекцијата за заштита на лични податоци и надлежностите на офицерот за заштитата на личните податоци • Видео надзор. Пријавување до 10 април 2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 април до 5 мај 2014 година ќе се одржи најголемата саемска манифестација во НР Кина

„115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”

Во периодот од 15 април до 5 мај 2014 година, во Гуангжу, во провинцијата Гуангдонг, ќе се одржи „115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”. Повеќе од 150.000 видови производи, вообичаено се изложуваат на Саемот поделен во три фази. Се излагаат традиционално доминантните производи од лесната индустрија, како и производи од висока технологија и електромеханика. Кантонскиот саем каде оваа година кодомаќин е Министерството за трговија на НР Кина и Народната влада на провинцијата Гуангдонг, привлекува купувачи од целиот свет, со посетители од над 210 земји кои се среќаваат во Гуангжу, за да разменат информации и да ги набават познатите кинески брендови. Затоа на овој престижен саем се гледа како на „барометар на надворешната трговија на Кина”. ПРВА ФАЗА ОД 15 ДО 19 АПРИЛ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи од секторите: • електроника и електрични апарати за домаќинство; • осветлување и опрема за осветлување; • возила и резервни делови за возила; • машини; • хардвер и аофтвер (алатки); • градежни материјали; • производи и декорации од железо; • СПА-опрема; • хемиски производи. ТРЕТА ФАЗА ОД 1 ДО 5 МАЈ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи за: • канцелариски материјали; • торби за дигитална опрема и камери; • чанти; • производи за рекреација; • храна; • текстил и облека; • чевли;


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • •

лекови; медицински помагала и здравствени производи.

Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем е најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија. Сеопфатен во својата природа, ја има освоено наградата „Кинески саем број 1” за најдолга историја, обем на работа, најкомплетна изложбена понуда, најголемо присуство на купувачи и најголем промет во цела Кина. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка Кинескиот центар за надворешна трговија, а со поддршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“. За саемот се обезбедени: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (Б2Б средби); • локален трансфер од хотелот до Саемот и • официјална покана за Саемот како услов за аплицирање за кинеска виза (поканата мора да биде пополнета и доставена исклучиво од Стопанската комора на Македонија. Истата важи за пријавување и до 5 лица од една иста компанија). Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации обезбедени за групно патување по пониски цени.

Комората одобрува дополнителен попуст.

Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, за виза (цената на визата е различна во зависност од видот на визата што се издава и се движи од 50 до 100 евра), како и организационите трошоци кон Комората (4.720,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 7.080,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). За втор или повеќе учесници од иста компанија, на организационите трошоци

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.3.2014 година. За повеќе информации за “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“ - посетете ја вебстраната www.cantonfair.org.cn или www.cftc.org.cn или контактирајте не`. Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Војкан Николовски тел.02 3244 068 факс:02 3244 088 vojkan@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 март 2014, Бр. 172

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка со дистрибутери и крајни корисници во Република Македонија на нивните производи и мерни инструменти за мерење притисок, проток, доток, темпераура на вода за пиење и отпадни води, WCS Water Contol Systems. Фирмата ги нуди и нивните услуги и KnowHow од областа на вода за пиење и отпадни води, како на пример: чистење на водоводни цевки со воздушно-водно чистење, чистење и регенерација на бунари Air Jetting, детекција на истекување на вода. Валидност дo: 30.4.2014 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кондиторски производи. Валидност дo: 30.5.2014 година Компанија од Словенија бара соработка со архитекти, театри и

радио ТВ институции во Република рециклирање на отпад во Македонија за пласман на театарска Република Македонија. и сценска техника. Валидност дo: 5.4.2014 година Валидност дo: 4.5.2014 година Компанија од Индија бара Компанија од Италија дистрибутер за пласман на заинтересирана е за соработка природни билки, лековити во областа на обновливи растенија и растителни екстракти извори на енергија, со понуда во Република Македонија. на фотоволтаични панели во Валидност дo: 6.5.2014 година Република Македонија. Валидност дo: 5.4.2014 година Компанија од Република Македонија бара дистрибутери Компанија од Литванија бара во Европа со понуда на вештачко застапник за пласман на крзно (кое може да биде еднобојно ексклузивна опрема за бањи во и повеќебојно) изработено од Република Македонија. најквалитетен акрил, полиестер, Валидност дo: 5.4.2014 година волна и мешавина од овие материјали. Волната што се користи Компанија од Италија бара во производството е чиста мерино соработка во областа на австралиска волна. Крзното се рециклирање на отпад со понуда употребува за правење играчки, на системи за рециклирање на постелнини, во внатрешноста индустриски отпад, има повеќе на обувките, за навлаки на напредни технички решенија автомобилски седишта. Крзното се во областа на обработка и изработува исклучиво по нарачка,


четврток, 27 март 2014, Бр. 172

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА по спецификации добиени од клиенти. Валидност дo: 6.02.2015 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови под притисок. Валидност дo: 7.4.2014 година Компанија од Турција специјализирана за производство на чевли, сака да соработува со трговци на чевли од Македонија. Оваа компанија исто така би сакала да оствари соработка и со производители на чевли од Македонија за размена на искуства и можност за заеднички вложувања. Валидност дo: 7.6.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

специјализирани додатоци во исхраната наменети за правилен раст и развој на домашни животни и добиток. Валидност дo: 7.6.2014 година

пијалаци приготвени од ориз, јачмен, пченица, киноа и пиреј, пакувани во тетрапак во Република Македонија. Валидност дo: 10.4.2014 година

Компанија од Австрија бара соработка во Република Македонија во областа на енергетска егфикасност, со понуда на опрема и енергетски мониторинг на топлинска енергија, како и електронски вентили кои овозможуваат врвна контрола и заштеда на топлинска енергија. Валидност дo: 10.5.2014 година

Компанија од Италија заинтересирана е да пласира органски масла за јадење во Република Македонија. Валидност дo: 11.5.2014 година

Компанија од Катар заинтересирана е да откупува мермер и гранит од Република Македонија. Валидност дo: 10.5.2014 година Компанија од Италија бара застапник за продажба на органски

Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира материјали и опрема за водовод во Република Македонија. Валидност дo: 11.4.2014 година Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


ИНФО И ОБУКА БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата Бизнис академијата во декември 2013 од Светската академија за започнува контролинг “Controller Akademie” вогодина. Германија

Уписите се во во тек! тек! Уписите се


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 172 од 27.3.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu