СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 168
www.mchamber.mk
27.02.2014
Посета на „Саса“ во Македoнска Kаменица и „Бучим“ во Радовиш
КРИЗАТА НЕ ГО СТИВНА ИЗВОЗОТ НА РУДНИЦИТЕ „Макпрогрес“ од Виница во Стопанската комора на Македонија ја промовираше „НАТУРА“
ПРИРОДАТА ВО ЧИНИЈА СЕКОЈ ДЕН!
2
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
ПОДВЛЕЧЕНО
МАЛИТЕ, ЛОКАЛНИ БРЕНДОВИ НА ПИВО ВООПШТО НЕМА ДА СЕ СУДРАТ СО ГЛОБАЛНИТЕ БРЕНДОВИ Кожувчанка наскоро ќе реализира нова инвестиција во производство на пиво. Станува збор за инвестиција вредна 1,2 милиони евра во мини пиварница со капацитет од 5 милиони литри годишно. Се гради во село Мрежичко каде што ни е лоцирана фабриката за производство на вода, и ќе биде готова до јуни, кога ќе стартува производството на пиво. Новиот производ ќе биде лансиран како македонски бренд, произведен според германска лиценца. Технологијата и репроматеријалот за производство на пивото ќе бидат од германски производител и направен според германски рецепт. Пред три години исто така имавме најава за влез во пиварскиот бизнис, проектот кој што требаше да ќе се финансира од Европската банка за обнова и развој засега е пролонгиран. Планот е сега ќе започнеме со малата пиварница, но проектот за голема пиварница се уште е во игра. Зошто пиво? Одговорот е едноставен, производството на газирани сокови и вода имаат своја специфична дистрибуција и продажба, слични на пивото и затоа производството на пиво доаѓа како логично продолжение на нашиот примарен бизнис. Не правиме нова дистрибуција, не отвараме нови пазари, туку планираме со новиот производ да влеземе на истиот пазар и да продолжиме со истите клиенти со кои и сега работиме. Со оваа инвестиција само ќе ја збогатиме нашата понуда и ќе ја заокружиме програма за малопродажба и за во угостителство. Глобалните брендови се присутни во цел свет и нивното присуство е нормално и очекувано на кој било пазар. Во Македонија Скопска и Прилепска пиварница се традиционални производители на пиво со поголем капацитет. Мое мислење е дека малите, локални брендови на пиво воопшто нема да се судрат со глобалните брендови. Испитувањето на македонскиот пазар покажува дека 75% од потрошувачката на пиво отпаѓа на македонско пиво, а 25-30% е учеството на странските брендови. Има се уште простор за домашен пивски бренд особено што со капацитетот што го имаме нема да учествуваме повеќе од 8% во целиот пазар. Во оваа фаза сме концентрирани на тоа да го направиме пивото, да го изградиме брендот и да постигнеме добар квалитет. (Митко Јанчев, генерален директор на „Кожувчанка“ и претседател на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за „Капитал“
ПОТРЕБНИ СЕ МНОГУ ЕДУЦИРАНИ ЛУЃЕ ЗА ДА СЕ АПСОРБИРААТ СРЕДСТВА ОД ИПА ФОНДОВИТЕ Мислам дека е многу тешко да се искористат, апсорбираат средства од ИПА фондовите. Ви требаат многу едуцирани луѓе за да се справите со ова прашање. Мислам дека не се случува помала апсорпција на парите од ИПА фондовите во земјата. Владата се посветува многу сериозно на тоа и ние се обидуваме да им помогнеме за да се искористи максималната сума што е можна. Ние ја поздравивме транспарентноста бидејќи пред две недели вицепремиерот Бесими започна со серија пресконференции за да ја информира јавноста како овие пари се користат. Зошто ги трошиме средствата од овие фондови во вашата и во други земји, тоа е затоа што се надеваме дека вашата земја ќе стане, или ќе се приближи кон ЕУ, затоа што приклучувањето кон ЕУ е многу скап процес. И основните принципи се, ако ние ги имаме овие пари, жителите на вашата земја да почувствуваат дека тоа се соодветно потрошени пари и ние сме поблиску до ЕУ, а исто така даночните обврзници во ЕУ исто така треба да чувствуваат дека тие се соодветно и добро потрошени пари во вашата или во друга земја. Стопроцентна искористеност е речиси невозможна, затоа што парите од структурните фондови исто така се користат и во земјите членки, а нема земја членка која што може да искористи 100 проценти од овие пари. Но 100 проценти е целта кон која се обидуваме да и помогнеме на владата да се приближи што повеќе. (Аиво Орав, амбасадор на Европската Унија во Македонија за Радио Слободна Европа)
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
КОНТИНУИРАН РАСТ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ „ТАВ Македонија“ го презеде управувањето со македонските аеродроми во 2010 година и оттогаш постигнуваме континуиран раст на бројот на патници, секоја година. Изградивме најсовремена терминална зграда и го подигнавме квалитетот на нашите услуги на повисоко и на подобро ниво. Во 2010 преку скопскиот аеродром патувале 681.080 патници, а во 2013 имало 984.407 патници што претставува зголемување од 44 отсто. Во изминатата година, преку двата македонски аеродрома патуваа повеќе од милион патници, што е своевиден рекорд во развојот на македонското воздухопловство кон што и нашата компанија постојано се стреми. Во рамките на регионот, постои конкуренција од околните аеродроми затоа што сите се бориме за истите патници. По број на летови во поранешна Југославија сме на 7 место по Белград, Загреб, Љубљана, Приштина, Сплит и Дубровник. Но, сепак, кај нас постои големо релативно зголемување од 18,33 отсто на бројот на патници во 2013 година, споредено со 2012 година. Мораме да го споменеме и европскиот просек кој за овој период изнесува само 2,6 отсто. (Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија во „Дневник“)
Постојан избран суд Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. bsi.
Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
НА САМОТО МЕСТО Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во „Саса“ и „Бучим“
РУДНИЦИТЕ ОДЛИЧНО РАБОТАТ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА
Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески на 21.02.2014 година ги посети рудниците „Саса“ во Македoнска Kаменица и „Бучим“ во Радовиш. Придружуван од членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Азески се сретна со генералниот директор нa „Саса“, Александр Раков.
При посета на Источно-планскиот регион, неизбежна точка на посета е компанијата „Саса“, којашто е гордост на македонскиот извоз. Можам да изразам задоволство дека кон крајот на овој месец оваа компанија ќе биде првата компанија во Македонија во областа на рударството која ќе ја добие А-интегрираната еколошка дозвола во рок предвиден со Законот. Тоа е добар пример за останатите, - истакна Азески. При посетата се разговараше и за давањето концесии од страна на ресорните министерства, што е од значење за перспективите на рудникот до 2027 година. Со концесиите за коишто се извршени еколошките истражувања ќе се постигне една стабилна извозна и финансиска ситуација и ќе се обезбедат нови вработувања. -Може да изразам големо задоволство од работењето на рудникот„Саса“. Со нашето работење го поддржуваме развојот на Македонија, особено на нејзиниот источен дел, што се потврдува со резултатите кои ги имаме постигнато. Особено водиме грижа на зголемување на безбедноста при работењето, на одржувањето на нивото и осовременувањето на производството. Се надеваме дека поддршката која до сега ја имавме од сите надлежни државни институции ќе продолжи, а ние ќе одговориме со добри резултати во наредните години и децении, - истакна Раков. И во рудникот „Бучим“ беа водени разговори за извозните позиции на комбинатот. За време на средбата со заменик-генералниот директор на „Бучим“ Николајчо Николов, претседателот на Комората рече дека е „задоволен што компанијата нема проблеми со извозот и дека одлично ја пребродила економската криза“. Тоа го покажува билансот од минатата година кој е подобар од очекувањата. Извозот на „Бучим“ лани изнесуваше 60 милиони евра, што е многу значајна ставка за македонската економија. -Значаен е фактот што странските инвеститори во овие рудници планираат да останат на македонскиот пазар во наредните 20-30 години. Но, за тоа треба да се обезбедат услови преку концесии за експлоатација и да се вршат и дополнителни геолошки истражувања, - смета Азески. И покрај тешката економска состојба во 2013 година, сепак, за „Бучим“ таа беше една од најуспешните во историјата од работењето. - Во моментов „Бучим“ има утврдени резерви за до 2020 година, кога и завршува експлоатацијата на рудата во овој регион, - изјави Николајчо Николов. Горазд Чомовски
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
5
НОВИ ПРОИЗВОДИ
ПРИРОДАТА ВО ЧИНИЈА СЕКОЈ ДЕН!
„Макпрогрес“ од Виница во Стопанската комора на Македонија ја промовираше големата инвестиција од 3 милоиони евра во нова палета производи „НАТУРА“
Македонската компанија „Макпрогрес“ на 20.02.2014 година ја презентирараше најновата инвестиција вредна над 3 милиони евра. На заедничката прес-конференција со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, генералниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов го најави и пуштањето во продажба на нова палета прoизводи од брендот „Натура“. -Денес „Макпрогрес“ е една од водечките компании во прехрабената индустрија со над 400 вработени. Се работи за компанија која главно е извозно ориентираната. На производите „Натура“ работевме повеќе од една година. Тие веќе се достапни во делот на малопродажните објекти. Нашите планови се овие наши нови производи да се најдат и на странските пазари секаде каде што имаме наши дистрибутери. Во 2013 година инвестиравме во два нови производни погона за кондиторски производи во Виница и производи во делот на здравата исхрана во Скопје, а реализираме и 80 нови вработувања , нагласи Глигор Цветанов. Производите „Натура“ веќе се номинирани за добивање на наградата „Рекпак 2014 година“ која се доделува за најдобар дизајн на амбалажа на производи од регионот. Целта на компанијата е да стане лидер во регионот и прв избор на потрошувачите. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, 364 милиони американски долари е вкупниот македонски извоз во прехранбената индустрија во 2013 година, а 4,2 отсто од тоа отпаѓа на „Макпрогрес“. Вкупниот извоз на кондиторски производи во 2013 година е 40 милиони евра, а 38 отсто од тоа припаѓа на „Макпрогрес“ од Виница. Континуирано компанијата го зголемува извозот за 15 проценти секоја година, константно инвестирајќи во отворање по една фабрика на секои две години. - Горд сум што „Макпрогрес“ од Виница е членка на Стопанската комора на Македонија. Тоа е компанија за почит која почна да се развива од 1999 година и направи исклучителен прогрес. Таа е и на врвот на македонскиот извоз по бројот на земји каде што ги пласира своите производи. Извезува во 42 земји со тенденција да ја достигне бројката од 60 држави, - нагласи Бранко Азески. - Самиот факт што 70 проценти од нашето производство се извезува во земјите од ЕУ, доволно зборува дека во Македонија постои сериозна извозна структура којашто треба ние да ја поддржиме и да овозможиме нејзин раст, затоа што тоа е во интерес на развојот на Макеоднија,- потенцираше Азески. На заедничката прес-конференција Цветанов и Азески рекоа дека компаниите се соочуваат со проблеми, но се работи на тоа тие да се решаат колку што е можно во пократок рок. - Ќе работиме на тоа да ја средиме регулативата затоа што со голем дел од земјите од третиот свет имаме проблеми околу двојното оданочување, со некои земји немаме воспоставено дипломатски односи, со некои пак имаме проблеми околу визниот режим. Тие проблеми заеднички со државата во текот на оваа година треба да ги надминеме, – изјави Азески. Според Цветанов, потребно е да се работи на визниот режим бидејќи компанијата се соочува со сериозни тешкотии околу издавањето визи кои понекогаш се причина да не се остварат посети од потенцијални партнери и купувачи. Неопходно е да се прошири режимот на договори за слободна трговија кон третиот свет. “Макпрогрес“ годишно произведува над 10.000 тони готови кондиторски производи, со асортиман од над 200 разновидни прехранбени производи, од коишто 70% се извезуваат во над 42 земји. По 20 години од основањето, „Макпрогрес“ е сопственик на две фабрики со пет линии за производство на кондиторски производи и една фабрика за земјоделски зрнести производи, со 400 вработени. Кон личната карта на „Макпрогрес“ од Виница, се додава и сопственоста на трговските марки, односно четирите успешни бренда: - „Vincinni“ - за познатите слатки кондиторски производи; - „Сончева долина“ - за зрнести и прашкасти производи; - „Армониа“ - најновата линија на солени кондиторски производи; - „Vincinni Finest“ - премиум класа на „Vincinni“ производите. Во своето дведецениско успешно работење, согласно визијата за развој, компанијата континуирано инвестира во имплементацијата на системите на квалитет во производните процеси (имплементација на ISO 9001:2000 систем за менаџмент на квалитет, ресертифициран во 2010 година во ISO 9001:2008; HACCP-си¬с¬те¬мот за безбедна храна, во сопствени супермаркети за малопродажба; изградба и вселување во нов деловно-магацински објект; проширување на делокругот на работа со увоз и дистрибуција на странски производи на територијата на Република Македонија; почеток на сопствено производство со пакување на земјоделски про¬изводи; лансирање на брендот „Сончева долина“ и проширување на асор¬ти¬ма¬н¬от на производите. Успешно се спроведени следните активности: имплементација на KOSHER-стандардот, стандард за храна за припадниците на еврејската вероисповед; имплементација на EMAS-стандардот за екологија; имплементација на HALAL-стандардот; имплементација на стандардите за квалитет IFS и BRC наменети за пазарите во Австрија, Германија и Велика Британија. Горазд Чомовски
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
ПРОЕКТИ Стратешка енергетска определба е поттикнување на инвестициите за зголемувањето на производството на електрична енергија од обновливи извори
СО ИНВЕСТИЦИИ ДО 20 ОТСТО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА
Поттикнувањето на инвестициите за зголемувањето на производството на електрична енергија од обновливи извори, како стратешка енергетска определба е во насока на постигнување на зацртаните цели – до 2020 година нивно учество од 20% во вкупното електропроизводство во државата. Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, кој започна во април 2013 година, и ќе трае три години, е насочен токму кон поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии, со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, и да се намали емисијата на стакленички гасови. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на која присуствуваа и за инвестициите во чистаљ енергија зборуваа претставници на Групацијата на производители на обновлива енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија, Самир Латиф, директор на Проектот за инвестиции во чиста енергија и Димитар Димитровски, од ИФЦ (24.2.2014 година). Проектот за инвестиции во чиста енергија во соработка со Групацијата на производители на обновлива енергија во рамките на Стопанска комора на Македонија и Балканската програма за обновлива енергија на ИФЦ започна со иницијативата за организирање серија на форуми на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија. Иницијативите кои ќе произлезат од форумите ќе придонесат за подобрување на законската и регулаторна рамка за инвестирање во оваа област, а ќе помогнат и за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Во рамките на Проектот се планирани форуми, од кои два веќе се одржаа во Комората, како нов механизам за многу потребниот јавно-приватен дијалог во областа на обновливи извори на енергија. Нивната главна цел е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, вклучително лица кои работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции и меѓународни донатори и да се генерираат нови иницијативи, и предлози за законски решенија. На вториот форум, кој што се одржа на 19 февруари 2014 година во Стопанската комора на Македонија, беа дискутирани актуелните теми од обновливата енергија поврзани со: новиот тендер за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали ХЕЦ, промените во повластената тарифа за произведена електрична енергија од мали ХЕЦ, промените во мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и дискусија околу нацрт-насоките за поедноставување на постапките за инвестирање во обновлива енергија. Перо Авакумовски Зорица Мешкова
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
7
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРОИЗВОДСТВО ВО НОВ ОБЈЕКТ И СО ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА
Регионалната комора со седиште во Прилеп организираше посета на печатницата „Тирекс“
Во продолжение на планираните месечни активности за работни посети на помалите производни компании од нашиов регион, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески ја посетивме печатницата „Тирекс“ од Прилеп, која постои повеќе од 20 години со 12 вработени, специјализирана за печатење на канцелариски материјали и производство на компјутерска хартија, фискални ролни, салфети, тоалетна хартија и др. Печатницата „Тирекс“ е во сопственост на Влатко Атанасоски и Михаил Атанасоски (поранешен претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп), Таа е препознатлива по новиот бренд на производи „Тирекс”наменети за широка потрошувачка. Во нивната производна програма опфатени се над 25 видови производи, кои се пласираат во Република Македонија и нивното мото е „купувајте македонски производи за да си помогнеме самите на себеси“. Компанијата „Тирекс“ од неодамна го префрли своето производството во новиот модерен објект изграден според сите европски стандарди, со инсталирана нова технологија набевена претежно од Република Кина. Ристо Најдоски
БРЕНДОТ „ЕЛИТ“ ГО ДОНЕСЕ БРАЗИЛСКИОТ ВКУС НА КАФЕ
Регионалната комора со седиште во Прилеп организираше посета на компанијата „Ројтем“
На 21.02.2014 година во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески беше остварена посета на компанијата „Ројтем“. Таа постои 22 години и во неа работат над 40 вработени. Прилепската компанија е специјализирана за производство и пакување на бразилско кафе, капучино, какао и топло чоколадо, произведени на високо софистицирана технолошка опрема. Капацитетот на производството е 10 тони дневно, а се врши по сите светски стандарди за прехрамбени производи. Компанијата „Ројтем“ е во сопственост на Кирил Николсокиа и Марјан Костадиноски, кои се воедно и главни менаџери. Препознатлива е по брендот бразилското кафе „Elitte”, добиено од мешавината на најквалитетните кафиња „Арабика“ и „Робуста“. Во производна програма опфатени се над 40 видови производи на кафе, капучино, какао, топло чоколадо, еспресо и други прашкасти производи ,кои се пласираат во трговијата за прехрамбени производи во Република Македонија и на пазарот на некогашните југословенски републики. Компанијата„Ројтем“ е опшествено одговорна компанија, активна е на сите хуманитарни и донаторски конференции, соработува со Регионалната комора со седиште во Прилеп и редовно учествува на сите манифестации што ги организира деловната асоцијација. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Македонски Телеком“ со значајни бенефиции за своите корисници
НАЦИОНАЛНИТЕ ПОВИЦИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ
„Македонски Телеком“ ги намали цените за национални повици кон сите фиксни оператори.Корисниците ќе плаќаат 70 отсто пониски цени кон фиксните оператори и 30 проценти кон мобилните. „Македонски Телеком“ од 1 март ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори. Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во ефтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во ефтина тарифа. Цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици. Намалувањето на цените е овозможено со инвестицијата на „Македонски Телеком“ во новата платформа базирана на интернет протокол на која беа мигрирани сите корисници. (Македонски телеком)
Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија
ПРЕЗЕНТИРАНА НОВАТА КОМПАНИЈА ЗА СНАБДУВАЊЕ „ЕВН СНАБДУВАЊЕ“
Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија „ЕВН Групацијата“ ја презентира новата компанија за снабдување „ЕВН Снабдување“, која веќе поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика. - За промените на пазарот се подготвувавме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна, бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар. Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика, изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“. Претседателот на Управниот одбор на„ЕВН Македонија“, Вернер Хенгст порача дека со околу 8.000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји „ЕВН Групацијата“ има логистика, искуство и знаење на либерализирани пазари. - Тоа е голема поддршка за новата компанија. Искуството од другите пазари на нашата групација покажуваат дека за успех на слободниот пазар најважни се јасни правила на игра и исполнување на одредени предуслови. Убеден сум дека компаниите ќе ги препознаат овие атрибути на „ЕВН Снабдување“, изјави Хенгст.(МИА)
ЈП „Стрежево“ ќе го примени моделот на јавно-приватно партнерство
РЕАКТИВИРАЊЕ НА СПОРТСКОРЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС „ДОВЛЕЏИК“
ЈП „Стржево“ Битола ќе го реактивира спортско-рекреативниот комплекс „Довлеџик“ во чиј состав се ресторан, базен, диско клуб и неколку спортски терени лоцирани во истоимената населба Довлеџик во Нова Битола. Како што најави генералниот директор на „Стрежево“ Марјан Ѓероски, со одлука на Управниот одбор на претпријатието ресторанот ќе биде даден под наем, а годинава, по една деценија пауза, повторно ќе биде отворен базенот кој ќе може да го користат сите посетители во месеците јули и август. - Одлучивме да извршиме и пренамена на просторот над базенот кој е на површина од над 5.000 квадратни метри, а на кој во моментов има две тениски и едно кошаркарско игралиште, но и мал базен. Според првиот план, ќе изградиме аква-парк, а според вториот план може да се изгради уште еден базен, но решението ќе зависи од предлогот на архитектите и можноста да ја прошириме површината со откуп на околното приватно земјиште како би стигнале до површина од околу 10.000 квадратни метри, рече Ѓероски на прес-конференција. Предвидените активности ќе се реализираат по принципот на јавно приватно партнерство во 2015-та, додека годинава ќе биде отворен базенот и ставен во функција ресторанот. ЈП „Стрежево“ пред неколку месеци ја рестартира жичарницата и го отвори неколку години затворениот зимски скијачки комплекс над селото Нижо Поле.(МИА)
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
СТРАНСКИ ПЕЧАТ Европската комисија од Лондон најави нов пристап кон регионот
ЕУ ПЛАНИРА ЕКОНОМСКА РЕФОРМА НА БАЛКАНОТ
*Стабилноста, соработката и реформите се клуч за стопанско опоравување и инвестирање во земјите од Западниот Балкан. Европската комисија од Лондон најави нов пристап кон регионот.
Економскиот развој и инвестициите беа темите кои ги собраа на едно место сите регионални лидери, претставниците на Европската комисија и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Организаторот на настанот, ЕБРД соопшти дека целта е „целиот регион на Западниот Балкан да се претстави како инвестициска дестинација“, но и да се надмине јазот меѓу „политичките определби и регионалните проекти“. Иако ЕБРД, Светската банка и Европската инвестициска банка преку Заедничкиот акциски план за економско опоравување и развој во Централна и Југоисточна Европа веќе издвоија 30 милијарди евра за периодот 2013-2014., Европската комисија од претпристапните фондови на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство им обезбеди неповратна помош од околу една милијарди евра, во Брисел се верува дека токму сега, кога ЕУ ги покажува првите сигнали за излез од кризата, е клучниот момент и Западниот Балкан да пронајде начин да привлече инвестиции. Комесарот за проширување Штефан Филе го изложи новиот пристап за добро управување со економијата, конкурентност, раст и вработување во Западниот Балкан. Филе нагласи дека ниту една од земјите во регионот нема функционална пазарна економија, дека постои голема невработеност, особено меѓу младите, и голем буџетски дефицит и јавен долг. „Инвестициите ќе пристигнат само доколку земјите ја унапредат инвестициската клима и создадат услови за одржлив развој што е основа за отворање на работни места“, рече Филе. Тој смета дека „реформите на јавните финансии и пазарот на
трудот, преку намалување на административните оптоварувања за бизнис, мора да имаат приоритет“. Со цел да му помогне на регионот во исполнувањето на економските критериуми, Европската комисија го стави фокусот токму на полето на економските реформи во својата последна Стратегија за проширување. „На патот кон економското приближување на потенцијалните кон постојните членки на ЕУ, земјите аспиранти подобро би се подготвиле за влез на економскиот пазар, а би се намалил и миграцискиот притисок. Новите членки би ги задржале своите експерти и работници, а пошироката јавност би била убедена дека проширувањето би можело да се одвива без поголеми миграции“, вели Филе. Во Европската комисија велат дека со земјите од Западниот Балкан ќе се води дијалог врз основа на нивните програми за Национални економски реформи, при што треба да се договорат специфични препораки за секоја земја поединечно. Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ би учествувале и во натамошната техничка помош за примена на договореното. Од земјите во регионот ќе се бара да изработат акциски планови во областа на јавните финансии, како и двегодишни прегледи на планови на реформите во клучните области како што се стопанскиот раст, конкурентноста, транспортот, енергетиката и образованието. Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти оцени дека транспортните коридори и енергетските врски се клучни за развој на Западниот Балкан. (Дојче Веле)
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
11
СТРАНСКИ ПЕЧАТ
НЕДОСТАСУВА РАЗУМНА ВОЛЈА ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА Бизнис-групациите во САД ги нападнаа Јапонија и Канада кои се противат на намалување на тарифите во чувствителните сектори, особено земјоделството, наспроти критичниот состанок на министрите кои преговараат за трговска спогодба меѓу 12 нации од Пацификот. Во писмо адресирано до Мајкл Фроман, претставник на трговијата на САД, повеќе од 40 лоби-групи кои го поддржуваат Транс-пацифичкото партнерство рекоа дека се„многу загрижени“ дека двете земји се чини дека немаат волја да понудат разумна либерализација на пристапот на пазарот“. Јапонија и Канада се чини дека имаат намера да го задржат својот status quo за нивниот сектор кој најмногу е заштитен, се вели во писмото, испратено од страна на Комитетот за итност за американска трговија. Но писмото до господин Фроман ги истакнува стравовите во бизнисот дека САД и Јапонија може да склучи договор кој ќе заврши како најсимболичен, и нема да успее да се спомнат високите тарифи и регулаторните бариери кои го попречуваат протокот на добра и услуги низ 12 земји. „Ние во приватниот сектор се надеваме дека тоа не е случајот. Ние повеќе би сакале да видиме малку повеќе време посветено за да се дојде до резултат кој нема да биде само силен по сите клучни прашања, но ќе ги отвори пазарите едни на други и ќе се однесува на овие правила“, - рече Кал Коен, претседател на ECAT. „Ако сакаме да забележиме економски раст, во интерес на сите 12 земји е да се соочиме со непријатната ситуација“, додаде тој. Писмото до Фроман презема директна цел во Јапонија, која дава отпор на намалувањето на тарифите во пет земјоделски сектори – вклучувајќи ориз, месо, пченица, млечни производи и шеќер. „Не само што тарифните бариери кои Јапонија бара да ги одржи се беспредметни, туку тие се во оние сектори кои имаат најголем потенцијал за идниот пораст на трговијата меѓу САД и Јапонија“, - се вели во писмото. Господинот Фроман и Акира Амари, јапонскиот министер за економија и фискална политика, се сретнаа неодамна во Вашингтон, но не се чини дека ја решија безизлезната ситуација. САД исто така има чувствителни индустрии - како текстилот и шеќерот - и се` уште не е јасно колку е подготвена администрацијата на Обама самата да си ги намали своите тарифи.
Компаниите од САД ги напаѓаат Јапонија и Канада за тарифите
Деловните групации ја предупредуваат Канада за нејзиното отпор за намалување на заштита на нејзините сектори за млечни производи и живинарство, - рече Коен. „Значењето на тоа што Јапонија не го либерализира земјоделскиот сектор е тоа што и` дава можност на секоја друга земја на масата можност за да се крие зад Јапонија и во основа да каже: „Ако Јапонија не либерализира, зошто треба ние да либерализираме?“ - наведе Коен. Од канадската амбасада во Вашингтон велат дека земјата работи со своите партнери на постигнување на договор кој „ќе ги зајакне трговијата и инвестициите“. Јапонската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар. Јапонските власти рекоа дека имаат обврска од нивниот парламент да не ги намалуваат тарифите на овие пет „свети“ области. Поддржувањето од бизнисот е суштинска важност ако се сака да се спроведе проверка со Конгресот, каде што веќе се соочуваат со затегнување од страна на членовите на Демократската партија на која припаѓа претседателот Барак Обама. Истакнувајќи го притисокот со кој се соочува Фроман, група од 120 членови на Собранието испрати писмо до врвните трговски власти на САД, со што од него се бара во разговорите да се бори за силна заштита на околината. „Во регион со слаба историја на заштита на своите богати природни ресурси од експлоатација, САД имаат можност да обезбедат цврсто, целосно спроведливо поглавје за заштита на околината“, се вели во писмото, на кое се потпишани Ерл Блуменауер и Питер Де Фазио, двајца демократи кои учествуваат во донесувањето на закони од Орегон. „Ако точно се направи, ова ќе биде нешто повеќе од само разговор. Ќе им овозможи на САД да ја намалат „сивата“ економија (црниот пазар) во нелегални извори на растенија и животни, додека истовремено ќе се израмни полето за игра на компаниите од САД кои конзистентно се во неповолна позиција поради слабите или нерамномерно спроведуваните закони за заштита на околината за разлика од другите земји од Транспацифичкото партнерство“. (Фајненшл тајмс )
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
СТРАНСКИ ПЕЧАТ Дали инвеститорите треба да бидат загрижени после напливот на технолошки зделки?
ВО СЕКОЈ СЛУЧАJ – ДА!
Facebook ја купи компанијата за пораки WhatsApp за 19 милијарди САД $, забележувајќи го најсилниот почеток на годината за технолошки зделки од врвот кој го постигна dotcom во 2000 година. Лесно е да се начуе лудилото кое го предизвика dotcom. Facebook го процени WhatsApp на 345 милиони САД $ за секој од нивниот персонал кој брои 55, или 42 САД $ по клиент (некои од нив плаќаат по 0,99 САД $ за услугата). Повеќе компании се проценуваат на надежта дека во кое било време после пресметката на обратната експлозија на dotcom. Дали инвеститорите треба да се загрижат? Краткиот одговор е да. За да се разбере зошто, од помош е да се види дека ова не е само за ентузијазмот на Силиконската Долина. Инвеститорите се очајни за пораст на акциите. Kомпаниите се во состојба да раскажуваат приказни за пораст без оглед на проценката за тоа во каква состојба е економијата. Суштинската спротивност беше исто така вистинита: компаниите велат дека бележат пораст, како Facebook, Regeneron Pharmaceuticals или Tesla, имаат 0 дивиденди бидејќи инвестираат за да се оствари профит во далечна иднина. Оние кои нудат високи дивиденди но без или со мал пораст, како комуналните, цевоводните компании и тутунските компании, се дополнети од страна на инвеститори кои бараат повисок приход отколку оној кој може да го заработат со државни записи. Како што рече Савита Субраманиан на Мерил Линч,„проценките на некој начин имаат смисла; нештата кои беа оскудни во текот на последниве пет години се порастот и приходот“. (Таа смета дека и двете се преценети во однос на тоа што компаниите нудат микс.) Скалата на побарувачката за порастот на компаниите беше прикажана од реакцијата на купувањето на WhatsApp од страна на Facebook. Наместо да мисли дека семоќниот претседател и главен извршен менаџер се ослободил од корпоративното управување и фрлил 19 милијарди САД $ од нивните пари, акционерите во Facebook го поздравија договорот, со што вредноста на акциите се зголеми за 2,3 %. Ова не е поради тоа што WhatsApp носи пари. Всушност, тој носи многу корисници - и во областа на социјалните мрежи компаниите се проценуваат врз основа на „заземени парцели“, идејата дека ефектот од мрежата значи и најголем плен. Како да се претворат корисниците во пари е нешто што акционерите со задоволство ќе го решат подоцна. Ова размислување има сенка на dotcom случајот, кога цената за клик и цената по корисник накратко станаат метрика за проценка која се почитуваше. Сепак, гласините остануваат содржани - до сега. Во моментов има 14 компании во првите врвни 1000 во САД кои се проценуваат со надеж: тие тргуваат на повеќе од 10
пати продажба и вредност и 20 пати од очекуваната заработка. Сите може да раскажат одлична приказна за пораст, и нивните приказни се чини дека се далеку поцврсти од, на пример, да се споредат со катастрофата од највисок профил на dotcom, Pets.com. Со нив доминираат три сектори: социјални медиуми, биотехнологија и купување преку интернет (со платежни системи кои имаат корист од пренесувањето на малопродажбата на интернет). Има добри причини за сите нив: Facebook е високо профитабилен, одобрувањата на биотехнологиите се полесни и произведуваат лекови, а интернет, јасно е, дека е иднината на пазарењето. Компанијата за производство на возила на електричен погон Tesla исто се вбројува во оваа листа, со ветување дека ќе ја раздвижи индустријата. Сепак, тоа кажува дека бројот на овие многу скапи акции оваа година е највисок од падот на dotcom. Тоа не значи дека живееме во обновен балон (табелата покажува само колку лоша беше ситуацијата во 2000 година). Но ниту пак тоа значи дека акциите се со точна цена. Инвеститорите треба да се фокусираат на основите и да ги игнорираат гласините. Врз основа на ова, акционерскиот капитал во целост се чини скап – оттука и сите IPO - но и најголемите шпекулации за акциите кои се чинат особено скапи. Некои од овие компании може да ја реплицираат траекторијата на цената за Google, Microsoft ичи Аpple во нивниот зенит; но како група тие се драгоцени. Индивидуално, секој тргува според своите изгледи за раст, што значи многу повеѓе од нивната тековна профитабилност. Но, во целост, групата беше зголемена со недостатокот на раст на други места. Ако економијата се придвижи нагоре, нема да има недостаток на цикличните порасти на можностите. Многу приказни за скап, долгорочен пораст ќе се натпреваруваат за интересот на инвеститорите со поевтин пораст од основаните, добро разбрани бизниси.
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
13
СТРАНСКИ ПЕЧАТ Големата побарувачка исто така настојува да создаде своја сопствена понуда. Има наплив на биотехнолошки IPO кои користат лесни пари кои се достапни; колку повеќе се создаваат акции, толку повеќе побарувачка е потребна да се одржи нивната вредност. Берзанските шпекуланти се соочуваат со тажниот факт дека преценетите акции имаат лоша навика да привлекуваат повеќе купувачи, како оние кои го пропуштија удвојувањето - или повеќе - на цените во текот на годините за да се приклучат. Ако ситуациите со dotcom и биотехнологија се ревидираат, ние сме само во 1999 година. Во вистински балон, цените на акциите ќе се удвојат или ќе се зголемат три пати од сега за неколку месеци пред да „пукне балонот“. Болно... (Фајненшл тајмс)
ДОПОЛНИТЕЛНИ 2% ЕКОНОМСКИ РАСТ
На состанокот на Г20 поставена цел
Финансиските лидери од 20-те најголеми економии ги поставија своите цели за генерирање на 2 трилиона САД долари, (1,2 трилиони БДП) како екстра резултат во текот на наредните пет години. Во текот на тој период нивна цел е да се зајакне бруто домашниот производ на земјите од Г 20 за 2% над нивото на сегашните очекувања. Се надеваат дека овој потег ќе создаде десетици милиони нови работни места. Целта беше објавена на состанокот на Г 20 во Сиднеј. Главниот состанок на Г 20 ќе се одржи во Бризбејн во ноември. Секретарот за финансии на американското Министерство за финансии, Џекоб Лев, рече дека договорот е од есенцијално значење за „свртување на нова страница“ во закрепнувањето на глобалната економија. „Членовите на Г20 јасно кажаа: зајакнувањето на растот и побарувачката се приоритет на врвот на глобалната економска агенда“, - рече тој во изјавата. Австралискиот министер, Џо Хокеј, објави дека веста од министрите и централните банкари е ретко видена.. Тој додаде: „Ставаме број за прв пат - давањето на реален број на она што се обидуваме да го постигнеме.“ Официјалниот извештај од групата, која претставува околу 85% од глобалната економија, исто така вели дека ќе преземат конкретни активности за да се зголемат инвестициите и вработувањата. Членовите на Г 20, главните индустријализирани нации ги вклучуваат и САД, како и економиите во развој како Саудиска Арабија и Кина. Секоја земја сега ќе презентира детална стратегија за раст на Самитот на Г 20 во ноември. Друга тема која беше предмет на дискусија на состанокот беше потребата да се развијат построги регулативи за прекугранично оданочување. Пренесувањето на добивката од страна на компаниите од земји со високи даноци кон земји со пониски даночни режими поттикна јавна и политичка бура во Британија и во САД. Фирми кои беа во фокусот на вниманието беа и Старбакс, Гугл, Епл и Амазон. Г 20 сега дојде до сет на заеднички стандарди за објавување на информации за банкарски сметки преку границите. Автоматска размена на информациите меѓу членките на Г 20 ќе се реализира до крајот на 2015 година. -Некои мултинационални компании не го плаќаат својот фер даночен удел никаде, - рече министерот за финансии на Австралија, Џо Хокеј. „Ние бараме глобален одговор“. (ФОРБС)
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И АВСТРИСКИ КОМПАНИИ
На 4 март 2014 година во Стопанската комора на Македонија
Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Австрија организираат бизнис средба и презентација на австриски компании во следниве области: • Технологија за заштита на животната средина-пречистителни станици за вода • Технологија за безбеден пренос на податоци за индустриски апликации • Индустриска автоматизација и автоматизација на процеси • Управување со комунален и индустриски отпад Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 4 март 2014 година (вторник), во 13:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5 кат, сала бр. 1. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на бизнис средбите (B2B), на кои ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и понатамошна бизнис комуникација. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои австриски компании би сакале да стапите во контакт. Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Семинар: ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
5.03.2014 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
„Поим и видови на вознемирување на работно место, вршител на вознемирување, место и време на вознемирување, права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените, oпределеност на мобингот во Законот за забрана за вознемирување на работно место и во Законот за работни односи, постапка за заштита од вознемирување пред работодавачот и постапка пред суд“ Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата. Предавачи: - Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје и - Павлина Попоска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје.
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО РАМКИTE НА “EXPOKOS 2014” ВО ПРИШТИНА
На 5 март 2014 година бесплатна презентација
Во рамките на 13-то издание на Меѓународниот саем “Expokos 2014”, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 17 мај 2014 година во Приштина, посебно внимание е посветено на Саемот за мебел каде како излагачи на околу 5.000 м2 затворен простор ќе бидат презентирани разни видови производи од дејноста мебел: ласерски машини за дрво, цврста обработка на дрво, мебел за домот и канцелариски мебел, паркет, дрвени подови, куќи од дрво, украси од дрво. На Саемот ќе учествуваат компании од Косово, регионот и пошироко. • Градежништво: градежни материјали, градежни системи и опрема, монтажни зграда, помошна опрема за индустријата, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, керамика, врати и прозорци, обработка и украси од метал, изградба на патишта, за рециклирање итн. • Енергија и рударство: индустрија за електрична енергија, алтернативни извори на енергија (ветар, вода, сончевата енергија, гас, ладно масло), станици на гас итн. • Техника: комора за обезбедување квалитет, мерни инструменти, машини за мерење, аналитички апарати, автоматски и роботизирани, индустриски машини и металургија, леење, опрема за метали и неметали, хемиска индустрија и пластика, производство на телекомуникациска и транспортна опрема итн. • Недвижен имот и услуги со недвижен имот: архитекти, банки, сопственици, агенции за недвижен имот, инспектори, експерти за кредитна анализа, инженери, компании за заштита на животната средина, инвеститори, инвестициони и финансиски планери, дизајнери на ентериер, компании за животно осигурување итн. Презентацијата на Саемот за мебел во рамките на “EXPOKOS 2014” ќе се одржи на 5 март 2014 година (среда), во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Со оглед на интерактивниот карактер на настанот, оставена е можност за остварување на одделни средби со менаџментот на Саемот по завршување на презентацијата. Пријавување до 3 март 2014 година. Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 02 32 44 021 моб: 072 22 00 37 daniela@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 7 март 2014 година, во Софија, Р. Бугарија
ФОРУМ И САЕМ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕКОЛОШКА ЕНЕРГИЈА И ПАМЕТНИ ГРАДОВИ 2014
Манифестацијата е составена од два дела.
1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА на производи за: • енергетска ефикасност: енергетско-ефикасна опрема, штедливо осветлување и бои, системи на топлински пумпи, котларници, комбинирани топлински, електрични и пречистителни станици, гасни мотори за когенеративни постројки, технологии и уреди за складирање енергија; • биомаса и биоенергија: машини за производство на котли за загревање кои користат биогорива и биомаса, опрема за палети (преси, дробилки, мелници, ладилници, сушилници, котли), преработка на биолошки отпад (ферментирање на органски отпад и други остатоци за постројки на биогас итн.); • од отпад до енергија: термичка обработка на отпад со директно согорување; • соларна енергија: фотоволтаични модули, автономни и хибридни системи, загревање вода со соларна енергија и хидронски производи за загревање, инвертори, трансформатори и инженерство; • хидроенергија: турбини и мали хидроцентрали; • автоматски системи за контрола на објекти и системи за управување со објекти; • Е-мобилност, ИКТ за паметни градови, телеметрија и телематика; • управување со отпад: преработка на отпад/рециклирање – машини за балирање, машини за одделување на отпад, машини за екструдирање, машини за сечење, собирање и одделување на отпад, постројки за рециклирање, системи за компостирање, преработка и уништување на опасен отпад, подвижни ленти и преси, системи за мерење тежина и идентификација; • услуги: деловно советување, финансирање и инвестирање во проекти. Влезот на саемот е бесплатен! На Саемот како излагачи присутни се домашни компании, а доминира учеството и на странски производни фирми од 13 земји - Австрија, Кина, Чешка, Данска, Германија, Италија, Полска, Романија, Словенија, Шведска, Швајцарија и Холандија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад” Сесија - Европски ден за управување со отпад Сесија - Од отпад до енергија 2.2. Бизнис-форум „Енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија” Сесија - Централно греење и ладење Сесија - Паметни градови 2.3. Бизнис-форум за „Лифотви на Балканот” Сесија – „LIFTBALKANS” За Саемот се обезбедени: • бесплатен влез на Саемот; • бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; • деловни средби со изложувачите на барање на компанија која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; • презентација на примерот на know-how од Австрија стациониран во нивниот павилјон во организација на Трговска комора на Австрија во Бугарија. Контакт:
Пријавување до 28.02.2014 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://viaexpo.com/en/pages/ee-re-exhibition Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 32 44 021 Моб: ++ 389 72 295 439 Факс:++ 389 2 32 44 088 E-адреса: daniela@mchamber.mk
Перо Авакумовски Тел: ++ 389 23 244 048 Факс:++ 389 2 32 44 088 E-адреса: pero@mchamber.mk
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ -Обезбедување на тајност и заштита на обработкатата на личните податоци– Модул наменет за здравство и фармација
7 март 2014 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци организира еднодневен семинар на тема: Имплементација на Законот за заштита на личните податоци (обезбедување на тајност и заштита на обработкатата на личните податоци) модул наменет на здравствените и фармацевтските субјекти, на 7 март 2014 година во Стопанската комора на Македонија. Семинарот е во функција на подигање на квалитетот на заштитата на личните податоци во Република Македонија од страна на контролорите и обработувачите на збирки со лични податоци и подигање на јавната свест во компаниите. Предавачи на семинарот се инспектори од Дирекцијата за заштита на личните податоци: - Мануела Станоевска Стоилковска - Марјана Поповска ПРОГРАМА 1. МОДУЛ 1: Генерички дел: • Заштита на личните податоци во Република Макеоднија • Имплементација на Законот за заштита на личните податоци 2. МОДУЛ 2: Специјализиран дел: • Инспекциски надзор • Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци • Обврска на контролорите за регистрација на збирките на лични податоци во Централниот регистер на Дирекцијата за заштита на лични податоци и надлежностите на офицерот за заштитата на личните податоци • Видео надзор.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 март 2014 година.
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“
Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година. Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори. Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори: -тур-оператори и агенти; - хотели, мотели и кампување; -здравје и спа-центри; -агро и екотуризам; -активен туризам; -сообраќај (автобус, железнички и воздушен); -осигурување и финансирање; -инвестирање во туризмот; -угостителски објекти: храна и пијалаци; - понуда и побарувачка на гастрономски производи; -интернет-туризам и др. Придобивки за Вашата компанија: -идентификација на нови потенцијални партнери пред регистрација за да се обезбеди ефикасност; - да се зголеми бројот на нови контакти преку претходно закажани деловни средби; -да се запознаат нови потенцијални партнери и да се развијат идни партнерства; -добивање поддршка од Enterprise Europe Network; -слободен влез за „ГАСТ“; -учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски Европски информативен и иновативен центар Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„MODEKS 2014“ ВО БУРСА
Oд 5 до 7 март 2014 година, Саем за готов мебел и декорација на мебел и украси, во Република Турција
Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании. Истиот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. На површина од 45.000 м2 во 6 хали, ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, ќе се претстават со своите производи: • модерен мебел; • мебел за дневни соби; • спални соби; • трпезарии, маси, столици; • класичен мебел, софи, фотелји; • ткаенини за мебел; • украси за мебел; • постелнини; • осветлување; • дизајнери; • здруженија за мебел; • детски соби и за тинејџери со стандард кревети; • медицински / ортопедски кревети и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5 до 7 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).
Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Сашо Деспотоски тел.02 3244 089 факс:02 3244 088 saso@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Меѓународни бизнис-средби на CeBIT во Хановер, СР Германија
„НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2014“
Здружението на информациско комуникациски технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека ќе се одржат Меѓународните бизнис-средби „Натпревар на иднината 2014“ (10-14 март 2014 година) на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), во рамките на Саемот CeBIT (сала 9, кабина C40) во Хановер, СР Германија. Тоа ќе биде 16-то издание на меѓународниот брокерски настан организиран од страна на Enterprise Europe Network, најголемата бизнис-мрежа за поддршка во Европа. Од 1999 година на „Натпреварот на иднината“ има излагачи и посетители на Саемот, партнери за меѓународна соработка, за продажба и договори за лиценца, заеднички вложувања, склучување поддоговори, трансфер на технологија и истражување и развој на проекти.
Над 370 компании и истражувачки организации од 33 земји учествуваа на „Натпреварот на иднината“ во 2013 година и резервираа над 1.250 билатерални средби. До денес, веќе 225 компании го имаат пријавено учеството за оваа година.
Зошто да учествувате? • За најновите информации во врска со ИКТ трендови и иновации. • За промовирање на Вашите производи, технологии и know-how. • За да се најде решение за Вашиот ИТ-проблем. • За да најдете комерцијални и технолошки партнери. • За да разговарате за нови проектни идеи.
Дополнителни услуги: • советодавни услуги за правото на интелектуална сопственост во областа на ИКТ; • советодавни услуги за Европското финансирање за истражувања во ИКТ-секторот; • тематски тури.
Како да учествувате ? • Регистрација за 110 евра (+ ДДВ , вкл. CeBIT билети и профил каде се опишува Вашата понуда или барање). • Сите профили на учесниците ќе бидат објавени во е-каталогот на веб-порталот. • Преглед на каталог и книга за средби со учесниците за кои сте заинтересирани. • Пред настанот ќе добиете распоред за индивидуални состаноци. • Дојдете на штандот C40 во салата 9 за 30 -минутните состаноци.
Информации на http://www.b2match.eu/futurematch2014 Контакт: Здружение на информациско комуникациски технологии Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ,,НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА”
(„Сл. весник на РМ“, бр.28/14 од 06.02.2014 година) 13 март 2014 година, 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4, на V кат
Месецов стапија на сила најновите измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Сл. весник на РМ“, бр.28/14 од 06.02.2014 година), коишто се однесуваат на воведување на уште една согласност која ќе ја издава Советот при спроведување на постапката со преговарање за дополнителни работи, се воведува забрана за тендециозно испуштање на позиции од предмерот, новини кај способноста за вршење професионална дејност, поддршка од друг субјект и др. Покрај овие измени остануваат и измените како што се задолжително доставување на изјава за независна понуда, начин на поднесување на конечна цена, профил на економски оператор, начин на настап на група понудувачи, задолжително објавување на проценетата вредност и тендерска документација, нови исклучоци од примена на Законот и слично. На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: - Воведување на Советот при спроведување на постапка -Забрана за тенденциозно испуштање на позиции од предмерот -Новини кај способноста за вршење професионална дејност -Поддршка од друг субјект - Начинот на настап на група понудувачи -Новите исклучоци од примена на Законот и поврзани договорни органи -Задолжително објавување на проценетата вредност и тендерската документација -Задолжително доставување на изјава за независна понуда - Начин на поднесување на конечна цена -Согласности кои ќе треба да се обезбедат пред отпочнување на постапката -Новини кај техничкиот дијалог и негативните референци -Правила при набавка на софтверски решенија и лекови -Кои се вашите права во постапката? -Новини во жалбената постапка -Други прашања од интерес за учесниците
Обучувачи: Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: -работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Пријавување до 7 март 2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 12 до 15 март 2014 година, Саем за прозори, стакло и врати во Република Турција
„WINDOW 2014“, „GLASS EXPO 2014“ И „DOOR EXPO 2014“ ВО ИСТАНБУЛ
Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на саемот ќе имаат можност да ги видат разните видови изложени производи. Прозори: Прозорски профили, ПВЦ профили, алуминиски профили, дрвени профили; механизми и рачки за профили; шарки за прозори, лизгачки системи, безбедносни системи за прозори; машини за заварување и за обработка; пневматски системи, прозорски системи; вентилација за прозорци; ролетни; материјал за изолации за прозорци, лепила, фасадни системи, изолации за топло, за вода, звук и пожар. Врати: Врати; ПВЦ врати; челични врати; стаклени врати; дрвени врати; врата за гаражи; ротациона врата; панел врата; врата од ковано железо; индустриски врати; секциска врата; блиндирана врата; хидраулична и пневматска врата; врати за болници; лизгачка врата; врати за возила; рамки за врата; автоматска врата; електронски систем за врата; механизам за автоматска врата Стакло: Рамно, повеќе слојно, темперирано стакло, стакло за автомобил, стакло отпорно на пожар, витраж, стакло за огледало, матирано, медицинско стакло; кристал и рачно изработено стакло, лабораториско стакло, оптичко стакло, декоративни стаклени предмети, конкавно стакло; машини за обработка; за сечење на стакло; материјал за изолација на стакло; завртки; резервни делови, хемикалии, лепило, двоено застаклување, калциум оксид, молекуларни сита, полупроизводи, бои за стакло, сода, течни стакла. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2014 година. За повеќе информации за ISTANBUL WINDOW 2014 -посетете ја веб страната http://www.istanbulwindowfair.com/ или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Перо Авакумовски тел.02 3244 048 факс:02 3244 088 pero@mchamber.mk
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„АНАЛИЗА НА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ И ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛИКВИДНОСТА НА КОМПАНИЈАТА“ Стопанската комора на Македонија советувањето го организира во соработка со АБФ Едукација и консалтинг ДОО – Белград. Цели на семинарот: Учесниците на семинарот ќе имаат можност подобро да ги разберат и да ги анализираат трите најважни финансиски извештаи кои ќе им помогнат да ја подобрат ликвидноста на компанијата. Низ многу практични примери учесниците ќе научат како да ги анализираат постојните финансиски извештаи и како да направат финансиска проекција за подобрување на работата во компанијата. Секој учесник ќе може да изработи приспособен концепт за финансиска анализа и планирање за специфичните потреби на својата компанија. Со тоа на компанијата ќе и` овозможи подобрување во процесот на управување со ликвидноста на компанијата, а со самото тоа ќе си овозможи стабилност во работатата за подолг временски период. ПРОГРАМА: Прв ден: Модул 1 – Основни финансиски и извештаи - Анализа на билансната состојба - Анализа на билансот за успех - Рацио анализа Втор ден: Модул 2 – Извештај за паричните текови - Парични текови од оперативни активности - Парични текови од финансиски активности - Парични текови од инвестициски активности Модул 3 – Управување со обртните средства (капитал) во компанијата - Проблеми со обртните средства (капитал) - Финансирање на обртните средства (капитал) Модул 4 – Финансиско планирање - Предвидување на билансот за успех - Предвидување на билансната состојба - Предвидување на паричните текови Модул 5– Студија на случај - Примери од пракса - Рекапитулација и совети за анализа
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
20-22.3.2014 година (четврток-петок) Хотел „Парк” - Белград / www.hotelparkbeograd.rs
Предавач: Снежана Додер е дипломиран менаџер за банкарство и финансии.
Работен јазик на семинарот: српски јазик.
АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 8.900 + 18% ДДВ (10.502 денари); секој втор и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата и изнесува 7.120 + 18% ДДВ (8.404денари) Во цената на аранжманот вклучено е: - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 20 март 2014 година во 6:00 часот и враќање на 22 март 2014 година во попладневните часови); - 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: - патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. - Рок за пријавување: 14 март 2014 година. Плаќањето на аранжманот најдоцна до 14 март 2014 година ќе се смета за потврдена резервација. - Доколку го откажете Вашето учество на советувањето после 18 март 2014 година, уплатените средства не Ви се враќаат; - минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Бизнис-форум
“ИНДИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕРОПА” (27-28 март 2014 година, Њу Делхи, Индија)
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ и Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија, ве покануваат да земете учество на Првиот бизнис-форум насловен како „Индија со земјите од Централна Европа”. Бизнис-форумот ќе се одржи во периодот од 27-28 март 2014 година во Њу Делхи, Индија. Целта на Форумот е обезбедување платформа која би иницирала нов дијалог на заедништво и синхронизација на економската агенда, секторската соработка и деловно поврзувањето меѓу компаниите од Централна Европа и Индија. Иницијативата би се фокусирала главно на следните сектори: инфраструктура, „чисти и зелени” технологии, фармација, технологии за животната средина, банкарски и финансиски услуги, образование и прехранбена индустрија. Организатори на Бизнис-форумот се Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија. Бизнис-форумот ќе се реализира според следната предлог-агенда: • бизнис-конференција; • сесија по пријавени сектори; • сесија за секоја пријавена земја; • тркалезна маса со амбасадори и извршни директори; • деловни средби. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес за учество, со пополнување на Пријавниот лист кој може да се превземе од веб - порталот на Стопанската комора на Македонија: www. mchamber.mk , до 17 февруари 2014 година. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговскоиндустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнисодноси меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизниссоработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст.
На 24 април 2014 година во Киев, Украина
Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“
УПИСИТЕ ВО ТЕК – ПОЧЕТОК НА 10 МАРТ 2014 ГОДИНА Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“ како дел од програмите за образование на возрасни, по успешно спроведување на првата група од 11 учесници. Програмата за доживотно учење „Готвач во угостителски објект“ е дел од Акредитираните програми од Министерството за образование и наука кои нудат обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Учесниците во првата група од програмата „Готвач во угостителски објект“ успешно ги комплетираа теоретскиот дел кој се спроведе во просториите на Стопанската комора на Македонија и практичниот дел во хотел „Александар Палас“ под менторство на најпознатиот македонски готвач – Љупчо Гиевски. Теоретската и практичната настава им овозможија да се стекнат со знаења и вештини кои подоцна ги имплементираа и во реални услови. По завршувањето на часовите предвидени со практичната настава учесниците продолжија со практична работа исто така во рамките на хотел „Александар Палас“ која што дополнително ги подготви за предизвиците на кулинарството и ги надогради нивните вештини. Уписите за втората група кои ќе имаат можност да учествуваат во оваа програма се во тек! Програмата започнува со реализација на 10 март 2014 година! Борис Тримчев моб: 072 207 091 E-адреса: boris@mchamber.mk
Симона Ристоска тел: 02 32 44 067 E-адреса: simona@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Компанија од Турција заинтереисара е да соработува со медицински установи во Република Македонија за пласман на стерилизатори и друга болничка опрема. Валидност дo: 26.3.2014 година Компанија од Пакистан бара застапник во Република Македонија за продажба на постелнина. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република Македонија. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Србија
заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и нисконапонски линиски изолатори. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Норвешка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на соларната енергија со можност за пласман на соларни панели. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични кеси, еластична и нееластична фолија за пакување на прехранбени производи (грицки, слатки, сладолед и др.). Валидност дo: 8.3.2014 година
Компанија од Хрватска заинтересирана е да откупува метален отпад од Република Македонија. Валидност дo: 8.4.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата. Валидност дo: 8.5.2014 година Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за угостителство. Валидност дo: 8.4.2014 година
четврток, 27 Февруари 2014, Бр. 168
БИЗНИС ИНФО
27
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија на системи на полици за складирање на производи. Валидност дo: 8.3.2014 година
Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плсаман на гумени прстени. Валидност дo: 9.3.2014 година
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати. Валидност дo: 8.5.2014 година
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на валјаци за боја. Валидност дo: 9.3.2014 година
Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува ориз од Република Македонија. Валидност дo: 9.3.2014 година
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на прозорци. Валидност дo: 9.4.2014 година
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни панели и друга опрема. Валидност дo: 9.4.2014 година
Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се вклучени во производство на системи за лифтови, контрола
на индустриска и воена електроника. Валидност дo: 10.3.2014 година Хрватска компанија бара соработка со македонски компании во дејноста на телекомуникации, инсталација, монтажа, инженерство и проектирање. Валидност дo: 10.3.2014 година Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонски компании за обновливи извори на енергија и животна средина. Валидност дo: 10.4.2014 година Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
БИЗНИС ИНФО
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач
БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОКРОВИТЕЛИ
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088