Skip to main content

Бизнис ИНФО бр.55 од 26.05.2011 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

Број 55 од 26.05.2011

БИЗНИС ИНФО

контакт call центар (02) 15015

1

www.mchamber.mk

Охрабрувачки пораки до бизнис-заедницата по смената на гувернерската функција во НБРМ

ЦЕНОВНА СТАБИЛНОСТ, НИСКА ИНФЛАЦИЈА И СТАБИЛЕН КУРС НА ДЕНАРОТ

СОВЕТИ

ПОРАКИ Примената на меѓународните правила „Инкотермс 2010“ во Република Македонија се` уште на ниски гранки

НЕПОЗНАВАЊЕTO МОЖЕ КОМПАНИИТЕ ДА ГИ ЗАВИE ВО ЦРНО

Во што да се инвестира во скудни времиња?

ФАРМАЦEВТСКАТА ИНДУСТРИЈА, ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА И ЗЛАТОТО ОТПОРНИ НА КРИЗА


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

ГЕРМАНИЈА ПОМАГА, АМА ЈУЖНАЦИТЕ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА РАБОТАТ!

Основен предуслов за зголемување на извозот, за отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард е поголема конкурентност на македонската економија. Единствен начин за одржливо зголемување на конкурентноста во однос на нашите трговски партнери е продуктивноста да расте побрзо од платите. Навидум едноставно решение, но за да се постигне тоа потребни се комплексни реформи и посветено работење од сите во земјата. Подобрувањето на услугите кои јавната администрација им ги дава на граѓаните и бизнисите ќе им заштеди време, ресурси и пари. Зголемената ефикасност на судскиот систем ќе придонесе за намалување на каматните стапки и заштеда на време, ресурси и пари. Елиминирањето на корупцијата ќе ја зголеми конкуренцијата, ефикасноста, квалитетот на производите и услугите и ќе заштеди време, ресурси и пари. Поквалитетното образование и здравство ќе го зголемат квалитетот на човечкиот капитал, како еден од основните фактори на производството. Подобрата патна и железничка инфраструктура ќе ги скрати времето и трошоците за транспорт на стоките. Поголемото производство на поевтина домашна енергија ќе ги намали трошоците на производство во останатите сектори. Ние во Народната банка, исто така, може да дадеме свој придонес преку унапредување на банкарската регулатива. Има простор за поедноставување на регулативата и зголемување на брзината и ефикасноста на делување на Народната банка, без притоа да се загрозат основните барања за ликвидноста и солвентноста на банките, како и критериумите за fit and proper на акционерите. Тоа ќе ги намали трошоците на банките и ќе создаде простор за пониски каматни стапки. Крајниот ефект од сите овие реформи ќе биде поголема продуктивност и пониски трошоци, што води кон поконкурентна економија.

Сe што имаше во Штип е ангажирано. Ние отворивме и тешка конфекција, но проблемот е што немаме работници. Во моментов имаме сто вработени, но итно бараме уште толку, токму за тој дел, тешка конфекција, но никако не можеме да најдеме. Огласот е постојано отворен. Ние имавме неколку акции за да ги натераме младите, наместо во кафулиња, времето да го поминуваат на работа, да се квалификуваат за овој занает и да заработат. Но, сe уште немаме никаков ефект. Факт е дека во Штип женската работна сила е веќе ангажирана по конфекциите и затоа сме свртени кон машката работна сила. Во овој момент околу 60 отсто од нашите вработени се мажи. Не знам каде е проблемот, но факт е дека треба организирана акција.

(Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија)

(Бети Санева, генерален менаџер на „Беас“ од Штип)

Германија помага, но тоа го прави само тогаш кога и другите ќе ги вложат своите напори. Ние ќе ги платиме вашите долгови, но само доколку и Вие, јужњаците, имате помали годишни одмори и подоцна заминувате во пензија. (Aнгела Меркел, германски канцелар)

КАФУЛИЊАТА ПОИНТЕРЕСНИ ОД ШИЕЊЕ МОДА!

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2011 година

Покровители

на


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

3

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Досегашниот и новиот гувернер на НБРМ, м-р Петар Гошев и м-р Димитар Богов на седница на Здружението на банкарството

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УСПЕШНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА * Од 1 јули 2011 година Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија официјално ќе биде придружна членка на ЕБФ Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија на свечениот дел на седницата, што се одржа на 25.5.2011 година, му се заблагодари на досегашниот гувернер на НБРМ, м-р Петар Гошев за соработката и порача продолжување на добрата релација со новиот гувернер на НБРМ, м-р Димитар Богов. Новиот гувернер на Народната банка на РМ, Димитар Богов, на првиот состанок со Здружението на банкарството при Стопанската комора

на Македонија најави продолжување на монетарната политика преку одржување на ценовната стабилност и стабилен курс на денарот, Тој потенцираше дека Народната банка е институција со континуитет. - Ќе го продолжиме она што го започнавме во изминатиот период. Проблемите во банкарскиот сектор се од поинаква природа отколку што беа во изминатата декада. Претходниот гувернер Гошев со својот тим успеа да реши најголем дел од тие проблеми. Она што беше прашање на опстанок на многу банки со потенцијал за загрозување на банкарскиот сектор веќе е зад нас. Тие проблеми се решени. Сега проблемите се на едно повисоко ниво. Претстои работа за усвојување на европските стандарди, - изјави Богов по состанокот. За барањето на банкарите за намалување на задолжителната резерва рече дека соодветно ќе реагираат доколку се оцени дека има потреба од промена на поставеноста на монетарната политика. Моделот кој досега функционираше во Македонија се покажа успешен и достигнувањата кои ги имаше НБРМ во однос на ценовната

стабилност, стабилноста на курсот и стабилен банкарски систем кој немаше системска криза се покажа како успешен, изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Комората и претседател на УО на НЛБ Тутунска банка. Здружението на банкарството очекува дека НБРМ ќе продолжи со досегашната монетарна политика, која се покажа како успешна. На свечената седница беше официјално соопштено дека од 1 јули 2011 година Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија официјално ќе биде придружна членка на ЕБФ. Одборот на ЕБФ, на 112-та седница одржана на 8 април 2011 година во Будимпешта,

го одобри асоцијативниот статус на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија врз основа на апликацијата за членство поднесена во февруари годинава. Европската банкарска федерација претставува обединет глас на банките основани во Европа. Тоа е форум каде што се разменуваат најдобрите практики, се дебатираат предлози и иницијативи поврзани со

легислативата и се усвојуваат усогласени позиции. ЕБФ ги претставува, ги брани и ги промовира интересите на нејзините членки, го промовира развојот на банкарската индустрија, обезбедува информации со додадена вредност, нуди ефикасни и професионални услуги за нејзините членки и им помага на новите членки во процедурите за

М-р Димитар Богов и официјално гувернер нa НБРМ ГЛАВНА ЗАДАЧА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЦЕНОВНА И ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ Новоименуваниот гувернер на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов, со свечена изјава пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и официјално стапи на функцијата, која ќе ја врши во наредните седум години (23.5.2011 година). Богов, кој на гувернерската позиција во НБРМ доаѓа на местото на досегашниот гувернер, м-р Петар Гошев, најави оти ќе се залага за одржување на ценовна стабилност, ниска инфлација и стабилен курс на денарот. - Свечено се обврзав дека ќе работам согласно Уставот на Република Макеоднија и Законот за Народна банка, а тоа значи оти ќе работам на остварување на ценовната и финансиската стабилност, а откако тие две цели ќе бидат остварени тогаш и на поддршката на економските политики, изјавил Богов, а пренесува МИА. Одржувањето на ценовната стабилност, истакна Богов, значи ниска инфалција која економските субјекти нема да ја вградуваат во нивните очекувања, во износ од два до три проценти. Стратегијата останува како и досега, значи ценовната стабилност ја остваруваме на тој начин што одржуваме стабилен курс на денарот, рекол гувернерот на НБРМ. На новинарско прашање дали е можно да дојде до намалување на задолжителната резерева која во изминатиот период ја бараа банкарите, Богов посочил оти кога ќе се создадат услови ќе се реагира со инструментите на монетарната политика.

Задолжителната резерва на обврските во девизи за банките беше зголемена за време на економската криза од 10 на 13 проценти. Таа резрва, според Богов, е еден од основните инструменти на монетарната политика: - Кога ќе оцениме дека има потреба да се реагира во таа насока соодветно ќе реагираме, но моментно ризичен фактор е тоа што инфлацијата е нешто повисока од она што ние го посакуваме. Но, знаеме дека тоа е од времен карактер и брзо ќе се стабилизира и ќе почне да се намалува, така што кога ќе дојде до тоа повторно ќе го разгледаме тоа прашање и доколку има услови, ќе реагираме со инструментите на монетарната политика. Според него, моментно нема аргументи за отстапување од стабилноста на девизниот курс. Економската и монетарната политика, истакна тој, е во надлежност на македонските власти, а државата моментно нема аранжман со ММФ кој подразбира исполнување на барање на Фондот во таа насока. - Нема ниту други аргументи зошто би требало да се отстапи од стабилноста на девизниот курс, односно нашите анализи покажуваат дека во изминатите 15-на години нема значително влошување на конкурентноста. Напротив, реалниот ефективен курс кој одразува подобрување или влошување на конкурентноста во овој период не е многу променет. Напротив, тој е подобрен, односно имаме реална депресијација на курсот, што значи подобрување на конкурентноста, но не влошување, - изјавил гувернерот на НБРМ.


4

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО нивно пристапување кон Европската унија и кон монетарната унија. ЕБФ претставува избран партнер за европските институции при дефинирање на нивните законодавни иницијативи. Нејзината цел е да осигура дека искуството и мислењето на банките се земени предвид при утврдување на релевантните политики. ЕБФ исто така

активно ги промовира позициите на европските финансиски услуги, а особено на банкарската индустрија на меѓународно ниво.

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

ЕБФ има членки и придружни членки* претставени преку здруженијата за банкарство во соодветните земји. Земјите кои веќе се членки на Европската унија имаат статус на членки во ЕБФ, додека земјите кои се`уште не се дел од ЕУ имаат статус на придружни членки. Македонија сега се придружи во групата на земји со статус на придружна членка во ЕБФ. Имајќи предвид дека ЕБФ е почитуван фактор на банкарските здруженија во европските земји и познавајќи го капацитетот, знаењето, искуството и активната улога која Здружението на банкарство ја има во Македонија, сега го проширивме опсегот на работа на нашето Здружение на европско ниво. Ова за нас ќе претставува можност да се вклучиме во работните тела и активностите на ЕБФ што ќе ни овозможи пристап до ресурсите на ЕБФ и активно вклучување во нејзините

активности. Јитка Пантучкова, потпретседател на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на Охридска банка ќе продолжи да ги координира активностите поврзани со нашето членство во Европската банкарска федерација.

промет. Мартинс заклучи дека без економска и стопанска соработка, нема регионален развој, економски просперитет и слободен пазар. Жељко Ожеговиќ истакна дека ваквите средби се добра шанса за унапредување на економските односи во регионот, за

Договорот и дека е неопходно да соработуваат преку постојните механизми и институциите на стопанските комори. Пренесувајќи ги своите искуства од работењето во регионот, стопанствениците се согласија дека треба да се намали државниот протекционизам и да се обезбедат еднакви можности за учество на домашни стопански субјекти во другите земји, бидејќи пазарот на Србија е доста либерализиран и отворен. Претседателот на Стопанската комора на Белград, д-р Милан Јанковиќ, истакна дека ЦЕФТА-договорот ја зајакнува конкурентноста на домашната економија, која е извозно ориентирана, дека регионалната соработка претставува важен фактор за економската и политичката стабилност. Исто така, тој смета дека ваквиот дијалог е потребен за да се подобрат односите, да се укинат трговските и нетарифните бариери, како и да се олесни патот на бизнис-заедницата. Белградскиот економски форум секоја година ќе третира актуелни теми од значење за развојот и унапредувањето на деловната клима за стопанските субјекти. Учесниците на Првиот Белградски економски форум разговараа за предностите на единствениот заеднички пазар за инвестирање во регионот на ЦЕФТА, за примената на правилата за јавни набавки во регионот и за формите на економска соработка и настап на трети пазари. На Првиот Белградски економски форум се донесоа заклучоци дека е неопходно да се намали протекционизмот на пазарот, стопанската соработка и учеството на тендерите да биде приближно во реципроцитет, процедурите да бидат поедноставени и поевтини, како и да се обезбеди транспарентност на соработката и учеството на јавни тендери. Во областа на фармацевтската индустрија, учесниците заклучија дека е неопходно да постои единствено признавање на регистрирани лекови, што овозможува поедноставен транспорт и соработка на трети пазари.

************************************ *) Членки на ЕБФ: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Република Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Република Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Велика Британија. Придружни членки на ЕБФ: Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Монако, Црна Гора, Русија, Србија, Турција, Украина.

МОЖНОСТИ Прв Белградски економски форум – средба на стопанските комори и градови на ЦЕФТА - регионот АПЕЛ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПАЗАРНИОТ ПРОТЕКЦИОНИЗАМ На иницијатива и во организација на Стопанската комора на Белград, се одржа Првиот Белградски економски форум на тема: “Средба на стопанските комори и градови на ЦЕФТА-регионот“ (23.5.2011 година). Првиот Белградски економски форум го отворија претседателот на Собранието на град Белград Александар Антиќ, членот на Советот на градот Белград Жељко Ожеговиќ, заменикот на шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Адриано Мартинс и претседателот на Стопанската комора на Белград, д-р Милан Јанковиќ. На форумот учествуваше и Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје. Претседателот на Собранието на град Белград, Александар Антиќ, истакна дека земјите од Западен Балкан кои се стремат кон Европската унија, денес се во можност со помош на сопствени ресурси, користејќи го пазарот од 30 милиони жители, да ја подобрат својата економија, да ја зголемат размената, да привлечат странски инвестиции и заеднички да настапуваат на други пазари. Тој исто така додаде дека градот Белград верува дека ЦЕФТА-проектот претставува голема шанса за привлекување на странски капитал и дека локалните власти можат да дадат клучен придонес за квалитетна соработка. Заменикот на шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Адриано Мартинс, истакна дека Европската унија ги поддржува ЦЕФТАпроектот регионално-економската соработка и додаде дека инвеститорите го гледаат овој пазар како еден регион за инвестирање. ЦЕФТА како регионална рамка за соработка обезбедува повеќекратни придобивки и платформа за политичка стабилност, а процесот на европска интеграција и правно усогласување овозможуваат полесен трговски

зајакнување на стопанскиот потенцијал и создавање на добра клима за инвестирање. Соработката во рамките на ЦЕФТА-договорот носи стандардизација и бизнис-правила кои важат во Европската унија и во Светската трговска организација. Тој истакна дека државата ги мултиплицираше средствата и фондовите кои го поддржуваат развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото, го унапредуваат извозниот потенцијал, како и дека градот води многу одговорна социјална политика. Поранешниот министер за економски односи со странство, д-р Милан Париводиќ, ја истакна предноста на ЦЕФТА-договорот дека балканскиот регион „се продава” како единствен регион за инвестирање. Претставниците на коморите од регионот, од Македонија, Словенија, Црна Гора, Молдавија, Република Српска, истакнаа дека стопанството во ЦЕФТА-регионот е мало, но на приближно исто ниво на развој, што сите учесници ги упатува на поголема соработка. Тие се согласија дека е потребно да се лобира за воспоставување на единствени давачки, што беше предлог на Горан Рафајловски, потоа да работат на развојот на клаузулите на


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

Примената на меѓународните правила „Инкотермс 2010“ во Република Македонија се` уште на ниски гранки НЕПОЗНАВАЊЕTO МОЖЕ КОМПАНИИТЕ ДА ГИ ЗАВИE ВО ЦРНО Фирмите во Македонија генерално, со чест на исклучоците, недоволно ги познаваат правилата Инкотермс, уште помалку последната осма верзија на „Инкотермс 2010“. Обично при изборот се раководат од принципот дали со избраното правило ќе се зголеми или не царинската вредност, притоа занемарувајќи ги суштествените обврски кои произлегуваат од правилата. Увозниците и извозниците се оние кои што најмногу користат несоодветни термини при потпишувањето договори за продажба на стоки, при што своето незнаење подоцна го плаќаат во пракса. Ова го истакна експертот Карло Змајшек, на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, што се одржа на тема: „Ефектите од примената на новите правила Инкотермс 2010 во Република Македонија” (23.5.2011 година). Инкотермс се договорни меѓународни трговски правила, не и законска обврска. Кратенката е настаната од почетните букви на зборовите INterna�onal COmmercial TERMS и многу им ја олеснува работата на продавачите и купувачите во цел свет. Олеснувањето се состои во прецизното дефинирање на обврските поврзани со испораката на стоките, како на пример, кои трошоци се на товар на продавачот, а кои на купувачот, кој е моментот на преминување на ризикот од продавачот на купувачот, чија обврска е извозното и увозното царинење, обврските со обезбедување на документација, превоз, осигурување на стоките за време на транспортот и сл. Кога сето ова фирмите сами би го договарале, ќе им требаат две-три страници во договорот само за тоа, а прашање е дали ќе успеат прецизно да договорат. Затоа овие правила за испорака многу се користат, без страв дали истото го мисли и другата „ Инкотермс 2010“ во Македонија ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ И ДА ИМ ГИ ПРИБЛИЖИМЕ ПРАВИЛАТА!

Пишува: Карло Змајшек

5

ПОРАКИ

договорна страна. Најновата верзија „Инкотермс 2010“ се применува од 01.01.2011 година. Новите правила се појасни, попрецизни и поразбирливи од претходните. Овие правила ќе им помогнат на трговците да ги избегнат недоразбирањата со разјаснување кои трошоци, ризици и обврски ги имаат продавачот и купувачот. Тие се суштествени за професионалците во меѓународната трговија кои треба правилно да ги разберат и да ги применуваат. Со тоа заштедуваат и време и пари. - Домашните компании да се запознаат со најновите правила „Инкотермс 2010“ за да не бидат губитници во меѓународниот транспорт, апелира Карло Змајшек, експерт кој ги има добиено правата за македонското издание на Правилата „Инкотермс 2010“ од Меѓународната трговска комора од Париз. - Овие правила ќе им помогнат на трговците да ги избегнат недоразбирањата со разјаснување кои трошоци, ризици и обврски ги имаат продавачот и купувачот. Тие се сушествени за професионалците во меѓународната трговија. Овозможуваат компанијата што ги практицира да биде конкурентна, да заштеди време и пари. Сите ја увиделе полезноста од дефинирани обврски. Кога точно се знае што стои во договорот, многу мала е можноста за евентуално недоразбирање и компликации. Двете страни јасно се разбираат при неговото потпишување. Карло Змајшек информира дека под еден отсто од фирмите во Македонија што се занимаваат со испорака на стоки го набавиле македонското издание на „Инкотермс 2010“. Се` уште многу често се употребуваат термини, како на пример „франко“, иако 99 отсто од трговците во суштина не знаат што значат!

- Што дефинираат? - Кој треба да ги познава? - Главни карактеристики - Кое правило е најдобро за мојата фирма? - Семинари - Примери - Тендери со испорака на стока Што дефинираат правилата Инкотермс? - Кратенката е настаната од почетните букви на зборовите INterna�onal COmmercial TERMS и многу им ја олеснува работата на продавачите и купувачите во цел свет. Олеснувањето се состои во прецизното дефинирање на обврските поврзани со испораката на стоките, како на пример, кои трошоци се на товар на продавачот, а кои на купувачот, кој е моментот на преминување на ризикот од

продавачот на купувачот, чија обврска е извозното и увозното царинење, обврските со обезбедување на документација, превоз, осигурување на стоките за време на транспортот и сл. Кога сето ова фирмите сами би го договарале, ќе им требаат две-три страници во договорот само за тоа, а прашање е дали ќе успеат прецизно да договорат. Затоа овие правила за испорака многу се користат, без страв дали истото го мисли и другата договорна страна. - Правилата за испорака на стока Инкотермс како дел од договорите за продажба на стока, се единствени, практични, и постојано се усовршуваат, за да се прилагодат на современата трговска пракса. Најновата верзија Инкотермс 2010 се применува од 01.01.2011 година. Новите правила се појасни, попрецизни


6

ПОРАКИ и поразбирливи од претходните. Овие правила ќе им помогнат на трговците да ги избегнат недоразбирањата со разјаснување кои трошоци, ризици и обврски ги имаат продавачот и купувачот. Тие се суштествени за професионалците во меѓународната трговија кои треба правилно да ги разберат и да ги применуваат. Со тоа заштедуваат и време и пари. Кои се групите кои треба да ги познаваат правилата Инкотермс? 1. Извозници; 2. увозници; 3. шпедитери; 4. транспортери; 5. царински застапници; 6. царински работници; 7. логистичари; 8. банки; 9. осигурителни компании; 10. трговски консултанти; 11. адвокати; 12. универзитети (поврзани со меѓународна трговија) и др. Главни карактеристики на Инкотермс 2010: - две нови правила DAP и DAT, наместо DAF, DES, DEQ, DDU; - класификација во две групи; - правила за домашна и меѓународна трговија; - воведни забелешки; - електронска комуникација; - осигурително покритие; безбедносни мерки и информации; - трошоци за манипулација на терминалите и - последователна продажба. Кое правило е најдобро за мојата фирма? Во зависност од видот на стоката, начинот на превоз, пакувањето, обврските што се подготвени да ги преземат продавачот и купувачот, се одредува и Инкотермс правилото кое е најсоодветно за одрдена продажба.

БИЗНИС ИНФО Семинари Учесниците на семинарите за правилата Инкотермс 2010 доделија највисоки оценки за семинарот, што значи дека ги исполнува нивните барања. Покрај семинарите организирани преку Стопанската комора на Македонија, побарани се и семинари во самите фирми. Досега тоа го направиле „ДХЛ“, „Кине&Нагел“, Цементарница „УСЈЕ“, „ФЕНИ индустри“, „АЛКАЛОИД“. Дали некоја од овие фирми е неуспешна? Ја знаат важноста на оваа проблематика...

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

Да им помогнеме на македонските фирми и да им ги приближиме правилата Инкотермс. Со тоа им помагаме во подобрување на нивната конкурентност. Дури и кога си на вистинскиот колосек, ќе бидеш прегазен, ако не се движиш напред. Пракса е во МК Франко Скопје, Франко Битола, Франко Струмица. НЕ треба така, туку CPT Скопје DAP Битола FCA Струмица .....

Примери Фирмите во Македонија генерално, со чест на исклучоци, недоволно ги познаваат правилата Инкотермс, уште помалку последната осма верзија на Инкотермс 2010. Обично при изборот се раководат од принципот дали со избраното правило ќе се зголеми или не царинската вредност, притоа занемарувајќи ги суштествените обврски кои

произлегуваат од правилата. Во пракса има вакви примери: 1. Македонска фирма договорила ЕXW Mинхен и се чуди зошто во фактурата од превозникот има дополнителни 400 евра (за извозно царинење и товарање). Се договоривме тој да плати извозно царинење и товарање, а во договорот ставил EXW? 2. Македонска фирма со договорено правило CPT Скопје на апарати за домаќинството. Превозот е платен до Скопје, но стоката цело време патува на ризик на купувачот. 3. CIF Солун на свежи домати... Внатрешната маана на производот не е покриена со осигурување според правилото CIF.

Тендери Во тендерите во кои има испорака на стока сугерирам да се користи најновата верзија на правилата Инкотермс 2010 и да се користат придобивките од нив. Помалку од 1% од фирмите во МК кои се занимаваат со испорака на стоки го набавиле македонското издание на Правилата Инкотермс 2010. А од септември 2010 година до денес Инкотермс 2010 е најпродаваната книга на МТК од Париз. Во испитите за полагање за управители на транспортни компании и за лиценци за царинско застапување се застапени токму правилата Инкотермс. Препорачувам вклучување на најновата верзија на Инкотермс 2010 во овие програми. Во рубриката 20 од ЕЦД за увоз и за извоз потребно е вметнување на правило Инкотермс.. Ги има во секоја фактура за продажба на стоки. Затоа и се најупотребуваните трговски термини во домашната и меѓународната трговија. Да им помогнеме на македонските фирми и да им ги приближиме правилата Инкотермс! (Авторот е експерт кој ги има добиено правата за македонското издание на Правилата „Инкотермс 2010“ од Меѓународната трговска комора од Париз)


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

Регионална комора со седиште во Кичево КОМПАНИИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРЕТПРИСТАПНИТЕ ФОНДОВИ НА ЕУ, КОМОРСКАТА ПОМОШ ДОБРЕДОЈДЕНА Презентации на европските фондови достапни за македонските компании и на Центарот за развојни идеи –ЦИРИ лоциран во Стопанската комора на Македонија беа извршени на седницата на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево (13.5.2011 година). На седницата, со која раководеше претседателот на Регионална комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, со учество на голем број компании, присуствуваше Антонио Милошоски, министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, како и градоначалникот на општина Кичево, Благоја Деспотоски. -Центарот за развојни идеи –ЦИРИ е формиран да нуди услуги и помош на членките на Комората, за да можат што поголем број на компании да аплицираат и да искористат средства од програмите на европските фондови. ЦИРИ ќе се труди на компаниите да им овозможи да добијат конкретна помош при аплицирањето, да поттикне градење на партнерства и сојузништва, а воедно и да биде посредник меѓу ЕУ-програмите и приватниот сектор, – истакна Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. Многу од компаниите од регионот на Кичево беа заинтересирани за аплицирање за користење средства од претпристапните фондови на ЕУ и за таа цел се заклучи

да се направи заеднички состанок во Стопанската комора на Македонија на сите заинтересирани компании со претставниците од ЦИРИ и консултантите. Лазо Ангелевски направи презентација на бизниссоработката со ЕУ, ги промовираше меѓународните трговски документи што се издаваат во Стопанската комора на Македонија и накратко ги образложи услугите коишто за

своите членки ги нуди најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава.

7

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

На присутните компании им се обрати министерот Антонио Милошоски, кој ја поздрави активноста на Комората за презентациите од ваков вид. Тој смета дека токму на време им се помага на компаниите од регионот, кога е во процес отворањето на Индустриската зона во Кичево, каде што веќе аплицирале 20 производствени компании на кои и тоа како ќе им треба оваа помош. Министерот Милошоски ја нагласи и големата соработка на Владата и Стопанската комора на Македонија, подвлекувајќи дека многу предложени мерки доставени од бизнис-заедницата Владата ги прифати се` со цел за поттикнување на бизнисот. Венера Андриевска Работна група на Здружението на трговијата расправаше за контрола на диоксинот во производите од животинско потекло увезени од Германија ПОЧНАТА ПОСТАПКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА СТРОГА КОНТРОЛА Работната група на Здружението на трговијата, на 20.5.2011 година во Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок со директорот на Агенцијата за храна, Дејан Рунтевски и неговиот заменик Абдулазис Догани, раководител на Секторот за гранична ветеринарна инспекција. Состанокот беше организиран по иницијатива на Стопанската комора на Македонија, со цел да се олесни постапката за задолжително лабораториско испитување на полихронирани бифенлии (диоксин) во месо, производи од месо, производи од млеко, јајца и други артикли по потекло од Република Германија кои се наменети за исхрана на луѓе. Откако увозниците ги изнесоа своите ставови и забелешки за начинот и постапката на коишто се врши анализа на производите од животинско потекло со потекло од Германија, Дејан Рунтевски информираше дека постапката не само што ќе се олесни, туку и целосно ќе се укине решението. По доставената иницијатива од Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за храна веќе ја започнала постапката за укинување на решението. Трговците и увозниците на месо во разговорите со директорот на Агенцијата за храна и неговиот заменик побараа и поголема регулација во делот на услугите што ги нудат лабораториските институции. Директорот Рунтевски информираше дека веќе се работи и на оваа проблематика и дека сите лаборатории што вршат анализи ќе мора првично да добијат акредитација за своето работење. Рунтевски на работниот состанок ги информираше трговците и увозниците за месо дека, согласно законските прописи со формирањето на Агенцијата за храна, сите трговски објекти ќе мора да се пререгистрираат или да се регистрираат (ако се нови правни субјекти) во Агенцијата. Целта е да се обезбеди увид за тоа кој се` работи во браншата која подлежи под контрола на работењето од страна на Агенцијата за храна. Даниела Михајловска Василевска


8

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Т-Мобиле со нова понуда на телефони „ЕМПОРИА“ ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ Т-Мобиле отпочна со понуда на телефони наменети за повозрасната популација. Апаратите на австриската компанија „Емпориа“ имаат едноставно мени на македонски јазик, екран во боја, силен звучник и големи букви на тастатурата. Како што беше посочено на денешната прес-конференција, телефоните се достапни по поволни услови во тарифниот модел „Пензионер“ во Договор 24. Цената на телефонот „Eмпориа“ ТАЛКпремиум, во постпејд со Доверба 24 за новите и постојните корисници, во тарифниот модел „Пензионер“ изнесува 1 денар. Додека, пак, телефонот „Емпориа ЕЛЕГАНЦЕ“, во постпејд со Доверба 24 чини 990 денари. Телефоните се достапни и за заинтересираните припејд корисници.

Од компанијата посочуваат дека со новата понуда на телефони наменети за повозрасната популација и за лицата со посебни потреби, Т-Мобиле покажува дека ги следи потребите на сите свои корисници и им овозможува производи и услуги, креирани според нивните барања. Австриската компанија „Емпориа“, како што посочи главниот извршен директор на компанијта Евелин Пупетер, е светски лидер за овој тип на апарати, присутни се во 30 земји во Европа, а од неоамна и на рускиот и на американскиот пазар. Истражувањата на македонскиот пазар покажаа дека 11 отсто од популацијата е над 60 години, односно тоа е 230 илјади лица кои сакаат да користат телефонски апарати кои се лесни за користење. Апаратите располагаат со македонско мени, имаат многу големи копчиња на тастатурата и голем фонт на бројките и буквите на екранот, со што се обезбедува оптимална читливост. Дополнително, телефоните располагаат и со посебно силен звучник кој е приспособен за оние што носат апаратче

БИЗНИС ИНФО

за слушање, имаат силна вибрација, странични копчиња со најважните карактеристики и вградена светилка. Австриската компанија „Емпориа“, која е партнер на Т-Мобиле, развива, произведува и продава мобилни телефони за повозрасната популација, која е растечка таргетгрупа. Заеднички во соработка со врвни партнери, „Емпориа“ креира телефони според потребите на корисниците, со цел да им ја поедностави комуникацијата.

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

во организација на Амбасадата на Македонија во Белград. Изминативе десет години „Виталиа“ успеа да ја зајакне својата позиција на овој пазар, а последниве три години трае соработката со „Бамби“ во сегментот на житни плочки кои се пласираат на пазарот под брендот Wellness.

ЕВН Македонија ОТВОРЕН НАПЛАТЕН ПУНКТ ВО ЛИПКОВО ЕВН - Македонија отвори наплатен пункт во село Липково, каде корисниците ќе може да се информираат за се што им е потребно, но и за полесно и навреме да ги подмируваат своите обврски за потрошена електрична енергија, соопштува компанијата. Пунктот ќе ги опслужува корисниците од општина Липково, односно од селата Матејче, Опаје, Слупчане, Оризаре и други. ЕВН Македонија секогаш се стреми да им обезбеди квалитетна услуга на своите корисници и особено внимание посветува на местата каде тие имаат можност директно да се обратат во компанијата, се наведува во соопштението.

- Србија од земјите од регионот е број еден пазар на „Виталиа“. Застапени сме во сите синџири на маркети и продавници за здрава храна, како што се „Делта“, „Меркатор“, „!Идеа“, „Веро“, „Туш“, „ДМ“, но присутни сме и во традиционалната продажна мрежа и во специјализираните продавници за здрава храна. Со ова се зголемува достапноста на производите за сите граѓани секаде и во секое време, - вели Искра Витаџокоска-Муцунска, менаџер за маркетинг и продажба на „Виталиа“, а ја цитира МИА. „Виталиа“ е присутна во сите категории на производи како мусли, барови, дијабетика, растителни млека, соини производи, суплементи во исхраната и органски производи.

Компанијата „Пакомак“ стана членка на Пројуроп ЛИЦЕНЦА ЗА КОРИСТЕЊЕ „GREEN DOT”

Ова е четврт наплатен пункт во руралните делови на земјава каде корисниците ќе можат на едно место да ги платат сметките за потрошена електрична енергија и да ги добијат сите потребни информации. „Виталиа“ од Скопје одбележа 10 години присуство на српскиот пазар НАЈРЕСПЕКТИВЕН БРЕНД ВО СЕГМЕНТОТ НА ЗДРАВА ХРАНА „Виталиа“ одбележа 10годишнина од присуството на српскиот пазар. Јубилејот го прослави на Деновите на македонската традиција,

Компанијата „Пакомак“ се приклучи во интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пројуроп. Со зачленувањето во Пројуроп, „Пакомак“ добива лиценца за користење и примена на општоприфатениот симбол „Green Dot“. Тоа значи дека има платено финансиски надомест на лиценцирана компанија за управување со амбалажен отпад и оти ги почитува еколошките стандарди дефинирани со закон според директивите на ЕУ. Директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски посочи, како што објавува МИА, дека компанијата во овие шест месеци колку што функционира има поставена мрежа на партнери кои ќе работат во системот на „Пакомак“ во собирање, селектирање, транспорт и рециклирање на отпадот.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

- „Пакомак“ соработува со компании кои легално работат со отпад, значи кои имаат соодветни дозволи од Министерството за животна средина и просторно планирање, рекол Ивановски додавјаќи дека еден нивните приоритети е максимално да се легализира постојниот тек на отпадот.

Тој нагласи дека со рециклирањето на отпадот се продолжува животниот век на депониите, односно дека се депонира само она што не може да се рециклира. Управата за животна средина, според директорот Филип Иванов, ги поддржува активносите на компаниите кои водат кон исполнување на обврските од Законот за пакување и отпад од пакување. - Стратешката определба на Република Македонија да стане членка на Европската унија како приоритет ја истакна имплементацијата на хармонизираните закони како предуслов кој ќе овозможи подигање на стандардите за квалитет на животната средина на ниво еднакво на земјитечленки на ЕУ, - истакнал Иванов. Компаниите кои се засегнати со Законот за пакување и отпад од пакување до 30 јуни треба да се определат за една од трите понудени опции за постапување со амбалажниот отпад. - Засегнатата компанија да се регистрира како самостоен постапувач за отпад од пакување, здружување на повеќе компании во една, која ќе се регистрира како продуктивен постапувач на отпад и од своите членки ќе ги преземе сите обврски за собирање, селекција, транспорт и преработка на отпад од пакување и трета опција е компаниите да плаќаат надоместоци по тон отпад од пакување кон државата по ценовник дефиниран со Закон, - појаснил Иванов.

БИЗНИС ИНФО

9

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Во Македонија засега единствена компанија со лиценца за амбалажен отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање е „Пакомак“. „Алкалоид“ АД - Скопје GMP СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФИТНИОТ ЦЕНТАР „ФАРМАЦИЈА“ Националната агенцијата за лекови и медицински помагала, при Министерството за здравство од Република Романија, по извршената инспекција во февруари 2011 година, согласно член 111(5) од Директивата 2001/83/ЕC, во Погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини, ПЦ „Фармација“ на „Алкалоид“ АД - Скопје, го обнови Сертификатот за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP), дефинирани во Директивата 2003/94/ЕC. Со ова „Алкалоид“ АД - Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сé со единствена цел квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.

доброто здравје на човековиот организам. Имаат широк спектар на делување: ја подобруваат работата на дигестивниот систем; делуваат превентивно кон појавата на срцеви заболувања; го регулираат холестеролот; го намалуваат и стабилизираат шеќерот во крвта и делуваат како антиоксиданти.

-Модерниот, брз начин на живеење и потребата од здрава исхрана не’ насочува постојано да ги следиме пазарните трендови и да креираме производ што ќе ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Новиот леб е збогатен со диететски влакна, а со тоа нуди идеална комбинација на хранливи материи потребни за подобрување на работата на дигестивниот систем, односно на целокупното функционирање на организмот, - вели Лидија Трајковска, менаџерка во секторот за маркетинг во „Жито лукс“ АД Скопје. УНИ Банка дел од светската елита ПРИМЕНА НА АПЛИКАЦИЈАТА FLEXCUBE

Со овој сертификат „Алкалоид“ АД - Скопје продолжува со регистрации и пласман на своите фармацевтски производи на пазарите во земјитечленки на ЕУ. „Жито Лукс“ ЛЕБ СО ДИЕТСКИ ВЛАКНА Леб збогатен со диететски влакна е новиот производ кој “Жито Лукс” го лансираше на пазарот. Станува збор за пченичен леб збогатен со диететски влакна. Произведен е без употреба на конзерванси, со беспрекорен вкус и неодолив мирис, кој ќе ја збогати трпезата на консументите во секоја прилика. Основна функција на диететските влакна е да го одржуваат

УНИ Банка е во процес на промена на софтверскиот систем со имплементирање на светската апликација FLEXCUBE. Голем добитник од новата апликација е клиентот. Тој ќе добие атрактивни и флексибилни продукти и услуги кои ќе одговараат на сите негови потреби, – соопштуваат од Банката. Светскиот софтверски бренд FLEXCUBE на УНИ Банка ќе и` обезбеди целосна поддршка како во технологијата, така и во поставувањето нови производи на македонскиот пазар. FLEXCUBE се користи од страна на повеќе од 390 финансиски институции во над 125 земји. УНИ Банка ќе се приклучи на елитната листа банки од целиот свет кој го имплементирале FLEXCUBE и со тоа отвора нова врата со врвни технолошки решенија кои значат успех и квалитетно банкарско работење.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа патронатот МИНЧО ЈОРДАНОВ, ДОБИТНИК НА ПЛАКЕТА ЗА РАЗВОЈ И АФИРМАЦИЈА НА УКИМ

Плакета на Универзитетот за 2011 година доби стопанственикот Минчо Јорданов за придонес за развој на високообразовната и научната дејност и за афирмација на УКИМ во Македонија и во странство. Академик Томе Серафимовски доби титула почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од

областа на културата и уметноста, а проф. Џејмс Трефил од Универзитетот „Џорџ Мејсн“ во Ферфакс, Вирџинија, САД, стана почесен професор на скопскиот Универзитет од областа на природните науки поради неговиот придонес во развојот на високообразовната дејност. Признанијата им беа врачени на свеченоста во Ректоратот по повод патронатот на скопскиот Универзитет - 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, чија мисија од пред 12 века е културно и цивилизациско наследство на сите словенски народи. - Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје повеќе од шест децении со својата академска дејност достоинствено ги потврдува и ги развива просветителските дејности, достоинствено ги потврдува делата на своите патрони, браќата Кирил и Методиј, кои датираат уште од 9-от век, - рече ректорот на УКИМ... Денеска им оддаваме должно внимание и почит и на тројца големи пријатели на скопскиот Универзитет и на Македонија, - рече ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, а го цитира МИА. Стопанственикот Минчо Јорданов, кој е награден со Плакета на Универзитетот за неговата поддршка во развојот на науката и афирмација на УКИМ, изјави за медиумите дека признанието треба да поттикне и други луѓе да ја подобрат материјалната положба на универзитетите. - Со науката, иновативноста и создавањето способни кадри кои треба да не` водат на социјален и материјален план да ја зајакнуваме државата и тоа треба да биде задоволство за сите, - рекол Јорданов. Проф. Џејмс Трефил е автор на над 40 книги од областа на природните науки и на над 100 труда во врвни научни списанија посветени на теориската физика, медицинската физика, геологијата... Во 2000

година тој бил визитинг-професор на Природноматематичкиот факултет во Скопје и влијаел за зголемувањето на фондот на стручни книги во библиотеката на Институтот за хемија во последната деценија. По неговата посета тогаш, бројот на објавени научни трудови се зголемил на 10 годишно. Претходно бил објавуван по еден труд на две години. - Мојата активност последниве години беше насочена во слична област, која во САД ја нарекуваме научно образование. Ова вклучува поглед на научното образование од аспект на просечниот граѓанин, а не од аспект на идните научници. Мотивацијата, главно, е создавање кадар кој ќе може да твори и да работи како граѓанин на 21-от век, време во кое науката и технологијата ќе имаат исклучителна улога во нашите животи. Традиционалната поделба на научниците во области не е во согласност со ваквиот вид образование кое бара интегриран поглед на светот, - рекол проф. Џејмс Трефил. Академик Томе Серафимовски има создадено над 500 скулптури во траен материјал - бронза, мермер, оникс и дрво. Од нив, околу 250 се одделни портрети, повеќе од 170 актови, стотина скици, минијатури, идејни решенија од ситна пластика, околу 40 споменици и спомен-обележја... во Македонија и во светот. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни и приватни збирки, во музеи и галерии и во многу институции. За својата дејност е добитник на голем број награди и признанија.

Редовен состанок на Советодавното тело со бизнис-заедницата ПРЕДЛОЖЕНИ МЕРКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР Во просториите на Царинската управа на Република Македонија се одржа редовен состанок на Советодавното тело со бизнис-заедницата (20.5.2011 година). Основни цели на Советодавното тело, кое е формирано во јануари 2009 година, се воспоставување на партнерски однос меѓу Царинската управа и бизнисзаедницата, олеснување на трговијата и транспортот на стоки и патници, модернизирање на царинските постапки и спроведување обуки за бизнис-заедницата и царинските работници од области поврзани со царинското работење. По искажаниот интерес за приклучување, на состанокот, со потпишување на Анекс кон Меморандумот за соработка и партнерство и Анекс кон Меморандумот за формирање на Советодавното тело, Советодавното тело беше проширено со три нови членки: Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер, Здружението на кожарско-преработувачката индустрија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Со ова бројот на членки се зголеми на 11, – соопштуваат од Царинската управа на Република Македонија.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

Членки на ова тело уште се: Царинската управа, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Американската стопанска комора во Македонија, МАКАМТРАНС - Асоцијација на независни синдикати на камионските транспортери, Групацијата на шпедитери и логистички оператори и СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ. Со ваквото проширување, се очекува Советодавното тело уште повеќе да ги интензивира активностите кон остварување на зацртаните цели.

На состанокот, покрај другото, се разгледа прашањето на присуство на пазарот на производи од увоз со лош квалитет, што претставува нелојална конкуренција на домашните производи. Ова прашање беше разгледано и од аспектот на заштита на потрошувачите и беа предложени мерки за надминување на проблемот. Исто така, беа разгледани и прашања поврзани со користењето на банкарски гаранции во царинската постапка, степенот на реализација на заклучоците на телото од претходните состаноци, можноста за царинење на мали комерцијални пратки на граничните премини со усна декларација, како и други прашања од царинското работење.

Иницијатива за формирање експериментална винарија во Институтот за земјоделство УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАУЧНАТА РАБОТА НА ЕНОЛОЗИТЕ Министерот за образование и наука Никола Тодоров и директорот на Институтот за земјоделство Душко Мукаетов ја промовираa иницијативата за основање на експериментална винарија во рамки на ресорниот Институтот. Целта на проектот е да се подигне нивото на мастер студите по енологијата со формирање своевиден тренинг центар, да се унапредат условите за научна работа на енолозите, што ќе придонесе кон развивање на нови методи и техники на производство на вино и да се промовираат врвните македонски вина.

11

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА - Во експериментална винарија, енолозите ќе можат во целост да го следат процесот и технологијата на производство на вино од почеток до финален производ. На тој начин, кадрите покрај теоретска ќе имаат и добра практична наобразба и ќе бидат во состојба веднаш да се вклучат во процесот на производство во компаниите каде во иднина ќе најдат вработување, рекол Тодоров на прес-конференција, а го цитира МИА. Експерименталната винарија ќе најде примена и во развојот на научната работа во областа на енологијата, преку тестирање на нови техники и технологи на производство на вино, примена и усовршување на нови методи во контролата на квалитетот на виното. - За нормално функционирање на процесот на производство на вино, секоја винарија има потреба од најмалку еден енолог. За да се задоволат потребите од енолози, наши студенти заминуваа на последипломски студии во други земји. Согледувајќи ја таа потреба, а имајќи ги во предвид сопствените капацитети, Земјоделкиот институт пред три години реши да акредитира последипломски студиум во областа на енологијата, истакнал Тодоров. На модулот за енологија при Земјоделскиот институт се едуцираат 15 студенти, кои добиваат теоретска наобразба од по тројца доктори на науки по енологија и од областа на лозарството и хемијата на виното.

За основање на експерименталната винарија МОН одвои 800.000 денари за набавка на потребната опрема, Ректоратот на УКИМ се обврза да обезбеди помеѓу 300-400.000 денари за адаптација и уредување на просторот и Институтот за зземјоделство со 200.000 денари, кои ќе бидат наменети за адаптација и преуредување на просторот. Директорот на Институтот, Душко Мукаетов посочил дека со изградбата на едукативниот центар овој недостаток ќе биде надминат: - Со основањето на центарот планираме да се подобрат условите за научно работење на нашите колеги, кои се занимаваат со производството на вино.


12

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

БИЗНИС ИНФО

Искористување на сончевата енергија во кочанско ИТАЛИЈАНСКИ ФИРМИ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ПРОИЗВОДСТВО Во Кочани во тек се подготовките на теренот меѓу селата Горни и Долни Подлог каде што треба да биде инсталирана опрема за искористување на сончевата енергија. Од сончевите зраци се планира производство на електрична енергија. Проектот е на неколку италијански фирми кои се подготвени за експериментално производство на електрична енергија од сончеви колектори, при што за

кратко време се очекува да се сумираат остварените резултати за да можат да се изготват соодветни проекти за континуирано производство. Доколку се исполнат очекувањата, Италијанците најавуваат изградба на фабрика за сончеви колектори во Кочани. Ова е втор проект на Општина Кочани за алтернативна енергија, по заокружениот систем за искористување на геотермалните води. Доколку очекувањата бидат исполнети, по забрзана постапка ќе следува потпишување на неопходните договори со Општината, а потоа и со изградба на капацитетот за производство на сончеви колектори. Покрај Италијанците во овој проект е вклучена и домашна фирма која соработува со соодветни партнери од Украина од оваа област. Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, изјавил, како што наведува МИА, дека Општината забрзано ја работи постапката околу урбанизацијата на просторот меѓу „Макпетрол“ и село Тркање каде се предвидува изградба на фабриката за сончеви колектори. Oдобрени 13 милиони денари на Центарот за развој на Источниот плански регион ПАРИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЧЕТРИ ПРОЕКТИ Бирото за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој, одобри 13 милиони денари на Центарот за развој на Источниот плански регион, средства наменети за реализација на четири проекти. Со буџет од 3 милиони и 757 илјади денари

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

ќе се изработува Студија за развој на ски-центарот Пониква, на Осогово, со идејни решенија. Од нив, близу 3 милиони се од Владата за финансирање проекти за развој на планинските региони, а 845.600 денари е учество на општините Кочани, Пробиштип и на Центарот за развој на Источниот плански регион. Според информациите од Општина Кочани, проектната задача има своја нацрт верзија која е изработувана со поддршка од стручни лица. Во тек е усогласувањето на идејните решенија на Општините Кочани и Пробиштип. Освен овој проект, средства за реализација се добиени и за проектите Студија за формирање на регионален репроцентар за поддршка на сточарството, Етно-културен туризам во функција на регионалниот раст и за проектот Културен туризамминато во подршка на идниот развој на регионот.

Изготвена тендерската документација за „Кежовица“ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ГРАДСКАТА БАЊА Општина Штип ја изготви тендерската документација за распишување јавен меѓународен оглас за јавно-приватно партнерство за градската бања „Кежовица“. Претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за јавно-приватно партнерство за Градската бања „Кежовица“, Љубе Здравков, вели дека до к у м е н т а ц и ј а т а им е дадена на разгледување од Општината. - Во текот на наредната недела ќе имаат состанок членовите на Комисијата, која е составена од советници, вработени во Општината и комуналното претпријатие „Исар“. Верувам дека веќе на почетокот на јуни ќе биде објавен меѓународниот оглас, на кој ќе можат да конкурираат фирми заинтересирани за преземање на Градската бања „Кежовица“ по пат на јавно-приватно партнерство, рекол Здравков, а го цитира МИА. Новиот инвеститор во „Кежовица“ ќе може да ја реновира и да изгради нов сместувачки капацитет, со што услугите ќе се подобрат и ќе се развие бањскиот туризам во Штип.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

13

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Поставен камен-темелник на бизнис центар во Прилеп „ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ“ СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА Во Прилеп е поставен камен-темелник на нов бизнис центар кој ќе располага со деловен и трговски простор, како и со катна гаража. Станува збор за инвестиција вредна пет милиони евра, а инвеститор е струмичката фирма „Дравас инженеринг“.

- Ова е најголема инвестиција во последните 20 години во Прилеп вредна пет милиони евра. Битна е за локалниот развој, а Владата секогаш ги поддржува домашните инвеститори, зашто само така се креираат нови работни места. Како Влада со политиките за подобрување на бизнис климата и со ниските даноци создаваме можност инвеститорите да ги користат средствата за нови инвестиции, да плаќаат помалку кон државата, а да вложат во изградба на нови објекти, истакнал вицепремиерот м-р Зоран Ставрески, а го цитира МИА. За градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, оваа инвестиција е од големо значење за локалниот економски развој на градот и за решавање на прашањето околу паркинг просторот. Бизнис центарот ќе се простира на површина од 15.000 метри квадратни. Планирано е да има локали и трговски простор на приземјето и на првиот кат, додека на вториот кат ќе има канцеларии. Изведувач е прилепската фирма „Теракота“. Се очекува објектот да биде готов до крајот на годината.

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Австриска „Дуропак“ ги купува акциите на скопска „Комуна“ ЦЕНАТА 495 ДЕНАРИ ПО АКЦИЈА Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде дозвола за откуп на сите акции на „Комуна“ АД - Скопје од страна на „Дуропак“ Гмбх од Австрија.

Дозволата Комисијата ја издаде на последната своја седница. Станува збор за 260.452 обични акции со право на глас и 18.548 приоритетни кумулативни акции. Австриската компанија се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 495 денари по акција. Понудувачот има депонирано 2.254.780 евра на девизната сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД - Скопје, износ, кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата, - наведуваат во соопштението од КХВ. Рокот за прифаќање на понудата за откуп изнесува 45 дена од денот на првото објавување на извадокот од Проспектот и на понудата за откуп, а акциите треба да се платат во рок од 8 дена по приемот на решението на Комисијата за хартии од вредност за успешност на понудата.

Нов погон на „Нома-текс“ во Општина Бутел РАБОТНИЧКИ И КАРНЕВАЛСКИ КОНФЕКЦИСКИ ПРОГРАМИ Нов текстилен погон на фирмата „Нома-текс“ беше пуштен во употреба во Општина Бутел. Почетната инвестиција е во износ од 50.000 евра и обезбедени се 40 нови вработувања. Во новиот погон, кој претставува подружница на „Бомида - текс“ за два месецa се планира вработување на уште 40 лица, - информираат од Општина Бутел. Погонот е сместен во стари општински простории во населбата Бутел 1, што фирмата темелно ги реновираше. Во тој простор се инсталирани 40 нови современи машини за шиење. Зад „Нома-текс“ стојат две реномирани странски компании „Лироп фешн“ од Холандија и „Векатекс“ од Германија, со кои е потпишан 20-годишен договор за соработка. Новиот погон на „Нома-текс“ за овие странски брендови ќе работи на две конфекциски програми: работничка и карневалска програма. Работничката програма е покриена преку „Векатекс“ од Германија и ќе се шијат униформи за вработените на „Фолцваген“, а комплетната карневалска програма ќе се шие за „Лироп Фешн“ од Холандија.


14

СОВЕТИ Во што да се инвестира во скудни времиња? ФАРМАЦАВТСКАТА ИНДУСТРИЈА, ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА И ЗЛАТОТО ОТПОРНИ НА КРИЗА

БИЗНИС ИНФО се случува во светот е добро за оние кои поседуваат стока. Без разлика дали стопанството ќе закрепне или не, најдобро е да се има стока”, заклучи тој.

* Со постојани осцилации на економските показатели и чести противречни совети за инвестирање, и најискусните инвеститори внимателно ги разгледуваат нивните портфолија и ги одмеруваат ризиците Потрошувачката е мала, невработеноста е голема, а лошите пророци најавуваат ново влошување на ситуацијата во Европа, поради неуспехот на Португалија, Шпанија и Грција да излезат на крај со презадолженоста. Во време на рецесија, повеќето луѓе се повлекуваат во себе, стравувајќи од целосен економски колапс. Иронично, песимистичкиот став помага да се остварат песимистичките прогнози, бидејќи продажбата на хартии од вредност ја руши нивната цена и се земаат пари од стопанството, со што се продолжува рецесијата. Но и во време на рецесија, постојат дејности во кои вреди да се инвестира. Како што истакна најдобриот инвеститор на модерните времиња, Ворен Бафет, финансиските гуруа најмногу заработуваат за време на рецесија. Неколку индустриски гранки остануваат профитабилни и во криза, а некои од нив просперираат токму тогаш. Паметното инвестирање започнува со утврдување на индустриите и институциите, кои ќе ја задржат главата над водата за време на економските превирања. Иако акциите на голем број компании паднаа на ниски гранки, американскиот инвестициски гуру Џим Роџерс верува дека е најрентабилно да се инвестира во стоки, а тоа значи во земјоделски производи (пченица, ориз, сол, шеќер, кафе, соја), метали (железо, бакар, алуминиум, злато, сребро, платина) и во енергија (нафта, природен гас и јаглен). “Акциите на многу компании во последните години викаат “Купи ме “.

Фармацевтската индустрија отпорна на криза

За време на Големата депресија во триесеттите години некои се обогатија со купување на потценети акции. И денес, кој ќе ја изврши домашната задача и вршат истражувања, ќе најдат убава можност. Но, единствено стоките се зголемуваат во стратешка смисла “, изјави Роџерс, во интервју за „Time“. “Многу земјоделци не можат да добијат кредит за ѓубриво, а резервите на храна се на најниско ниво во последните неколку децении. Никој не може да се добие кредит за отворање на рудник, па ќе поминат 10-15 години до отворање на нови рудници. Познатите резерви на нафта се во опаѓање. Се` што

Заштита од инфлација Вклучувањето на стоката во портфолиото, на инвеститорот му дава поголема разновидност за вложување и го штити од ризик бидејќи цените на стоките често не се во согласност со цените на акциите и обврзниците. Стоките се и ефикасна заштита од инфлација, бидејќи со зголемувањето на цените растат и цените на стоките. Освен во стока, за време на криза вреди да се инвестира во индустрии коишто го снабдуваат пазарот со основните потреби, бидејќи тие во голема мерка продолжуваат да работат без оглед на економските сили што ги опкружуваат. Здравствената заштита, фармацевтската индустрија, трговијата на прехранбени производи на големо и на мало, управувањето со отпад, поправката на моторни возила и услугите за одржување имаат висок степен на независност од актуелните економски движења. Дисконтните продавници бележат раст на продажба, бидејќи за време на криза луѓето се ориентираат кон набавка на стока на попуст. Уште неколку видови вложувања покажуваат поголема отпорност на рецесијата. Фондот на обврзници е еден вид инвестициски фонд којшто инвестира средства во обврзници на различни издавачи. Купувањето на хартии од вредност од ваков фонд се смета за безбедна инвестиција – побезбедна дури и од државните обврзници – поради разновидноста на обврзниците на коишто се темелат тие хартии од вредност. За државните обврзници гарантира владата, дури и тие се сметаат за нискоризични инвестиции. Владите издаваат обврзници за да соберат средства за финансирање на проекти или за да ги отплатат своите долгови. Бидејќи постојат краткорочни обврзници со рок на доспевање до една година, како и среднорочни и долгорочни, може да изберете рок на доспевање на обврзниците според проценка кога најдобро би ви одговарала наплатата по купената обврзница. Сертификатите за депозит се уште едно прибежиште на капиталот за време на криза. Сертификатите за депозит се меници со коишто банките обезбедуваат средства на пократок или на подолг

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

временски период, со фиксна каматна стапка. Иако стапките не се толку големи како кај акциите или некои обврзници, сертификатите се ценети кај инвеститорите поради безбедноста од загуби. Дополнителна корист е тоа што сертификатот може да се раскине и да се наплати пред доспевањето, со не така големи казнени пенали. Банките меѓусебно се натпреваруваат за депозити, со што и вложувањата на пазарот на пари може да извлече поголема камата од некои обврзници или сертификати за депозит. Профилот на пазарот на пари се состои од релативно нискоризични и квалитетни краткорочни инвестиции. Колку е поголема сумата на вложените пари, ќе ви бидат понудени повисоки каматни стапки. Проверете дали стапката е фиксна или се однесува само на почетниот период, на пример, првите триесет дена. Искусни инвеститори знаат дека златото, среброто, платината и паладиумот може да се користат како средство за зачувување или зголемување на имотот. Ако со нив се постапува мудро, скапоцените метали може да бидат вреден дел од разновидни инвестиции, со умерен ризик од загуби. Важно е да се направи разлика дали е порентабилно да се инвестира во благородни метали во физичка форма или во сертификати за сопственост. Купувањето поголеми количини на благородни метали не е најрентабилно, бидејќи бара трошоци за чување и за заштита на монети од злато, златни шипки, синџирчиња и други предмети од скапоцени метали.

Чување на средствата Системите за заштита од кражба, повисоката цена на полиса за осигурување на домот, домашните сефови или трошокот за изнајмување на банкарски сефови ја нарушуваат профитабилноста на долгорочна инвестиција во физички богатства. Заради тоа, се чини дека е подобро да се купат сертификати за депозити во злато и други вредни метали. Сертификатот го дава и го докажува правото на сопственост на одредена количина на злато, сребро и платина, но самите метали и понатаму се чуваат во сефови. Ако златото, среброто и платината се со прилично сигурна вредност, тогаш се сигурни и компаниите кои се занимаваат со нивно ископување. Затоа, разгледајте ја можноста за инвестирање во акции на рудници за благородни метали и во фондови кои инвестираат во финансиски производи поврзани со злато, сребро или платина. Без разлика во што ќе се инвестираат вишокот на средства, треба да се чуваат на страна доволно пари во готово за покривање на редовни трошоци, како и за некоја непредвидена обврска.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

Меркел бара пензионирањето и одморите во еврозоната да бидат усогласени СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ КАКО ЗАЕДНИЧКАТА ВАЛУТА!? Жителите на државите од јужна Европа треба подоцна да заминуваат во пензија и да имаат помали одмори, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на незадоволството на гласачите поради спасувањето на задолжените земји членки на еврозоната. - Луѓето од земјите како што се Грција, Шпанија и Португалија не треба да заминуваат во пензија порано отколку во Германија. Сите треба да вложуваме исти напори, тоа е важно, истакна Меркел. Германската канцеларка, која се

соочува со критики поради договарањето на голема помош за спас на Грција, Ирска и Португалија, нагласи дека разликите во прописите за одмори на вработените од еврозоната треба да бидат избришани. - Не можеме да го имаме еврото како валута доколку некои добиваат многу слободни денови, а некои многу малку. Тоа не може да биде ефикасно на долг рок, нагласи Меркел. Германија е во процес на зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години, бидејќи сака да го намали буџетскиот дефицит за кој Владата предвидува оваа година да биде во рамките на лимитот на ЕУ од три проценти од бруто домашниот производ, благодарение на силниот економски раст. Како најголема европска економија, Германија даде и најголем удел во пакетите за спасување на презадолжените земји членки од еврозоната. Поскапе храната во Бугарија СКОК ОД ДУРИ 71,3 ОТСТО Храната во Бугарија во првите три месеци од годината поскапе за 71,3 отсто, покажуваат податоците на Националниот статистички институт. Цената на пченицата скокна за 77,9 отсто, на пченката за 67,1 отсто, а на сончогледот за цели 110 отсто. Некои земјоделски култури поскапеа за 41,7 отсто, живината за 4,5 отсто, а животинските производи за 14,9 отсто. Според наодите на Институтот, суровините што се користат во земјоделието поскапеле за 11,4 отсто во однос на истиот период од минатата година. ЕУ бара од Грција да го коригира законодавството за производство на леб и производи од тесто ЗА „BAKE OFF“ НЕДОВОЛНИ 25 КВАДРАТИ Европската комисија побара од Грција да го коригира законодавството во согласност со европските барања, поврзани со произодството на леб и производи од тесто, пишува грчкиот весник „Етнос“. Поконкретно, Комисијата бара од Грција да ја олесни продажбата на производи од тесто, произведени по методот „bake off“, кои се

БИЗНИС ИНФО целосно или делумно испечени и замрзнати, а потоа се подгреваат и допекуваат во пекарниците, како и да го промени законодавството во однос на објектите, каде што се произведуваат тие производи. Во моментот, производите од тесто во Грција се приготвуваат во објекти од 24,99 метри квадратни, чија површина според европските експерти не одговара на специфичните барања. Грција треба за два месеци да даде одговор на Брисел. Претставник на ММФ ја повика Европа на итни мерки за справување на должничката криза ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БАНКРОТ ДРЖАВИТЕ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја повика Европа итно да договори пообемни мерки за справување со должничката криза, како што е доделувањето повеќе пари за европските држави западнати во финансиски потешкотии, пренесоа британските медиуми. Новиот претседател на германската централна банка Бундесбанк (Бундесбанк) Јенс Вајдман, пак, изјави дека на Грција и падна тешката задача да се справи со лошата состојба и ако не успее, дополнителната поддршка нема да биде дадена. Разликите во Европа за тоа како да се надминат нараснатите должнички проблеми на Грција ги вознемири инвеститорите, а еден високо позициониран функционер на ММФ,

користејќи невообичаено остар тон, посочи дека ЕУ треба да им покаже на пазарите дека здраво стои зад своите земји члнеки кои западнаа во финансики проблеми. На прес конференција во Даблин шефот на мисијата на Фондот во Ирска Аџај Чопра изјави дека Европа треба да итно да го зголеми својот спасувачки фонд - Европскиот фонд за финансиска стабилност - ЕФФС. Неколку десетици илјади синдикални работници протестираа против реформите на чешката Влада ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ЗА ВЛАДАТА ЗА НЕПРАВЕДНИТЕ РЕФОРМИ Неколку десетици илјади синдикалци и членови на невладини здруженија во центарот на чешкиот главен град Прага протестираа против владините даночни, социјални, здравствени и пензиски реформи. Синдикатите, како што јавува дописникот на МИА од чешката метропола, сметаат дека најавените владини реформи ќе доведат до влошување на животниот стандард на луѓето и ќе го зголемат и онака високиот дефицит на државниот буџет. На луѓето кои се вклучија во протестите најмногу им пречат најавените социјални и здравствени реформи. Со нив се повеќе се намалуваат услугите кои се наплатуваат од осигурувањата и синдикалците се плашат дека основните права кои им следуваат на сите луѓе ќе ги добиваат само оние кои ќе можат да платат. Покрај другото се намалуваат правата на лицата со посебни потреби во однос на парични

15

ЕВРОПСКА УНИЈА средства и помагала. Во врска со пензиските реформи на синдикалците не им се допаѓа што се повеќе се покачува границата на луѓето за одење во пензија како и формирањето на повеќе пензиски столбови, еден државен обврзувачки

и еден доброволен кој според нив само ќе ја отежне и онака тешката финансиска состојба на работниците. Според најавите на раководството на здружените Синдикати демонстрации се последна опомена кон Владата на Петр Нечас за одложување на реформите во наведените сектори, а доколку не бидат земени предвид ќе пристапат кон други акции на јавен притисок. ЕK одобри реструктуирање на грчката банка АТЕ ПЛАН ВРЕДЕН НАД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Европската комисија соопшти дека одобрила план вреден над една милијарда евра за реструктуирање на „Земјоделската банка на Грција“ (АТЕ), што ќе биде финансирано од државни средства со поддршка на меѓународна финансиска помош. Во соопштението на комисијата се наведува дека е проценето „за потребно да се врати долгорочната одржливост на АТЕ банката, како и да се распредели товарот на нејзината реорганизација и да се ограничи дисторзијата на конкурентноста“. Планот опфаќа рекапитализација на банката во износ од најмногу 1,14 милијарди евра, како и примена на мерките за ликвидност, додека АТЕ во замена би се обврзала „да го намали својот вкупен имот за 25 отсто во текот на периодот за реструкутирање и да ја подобри својата ефикасност“ Грција итно продолжува со приватизацијата НА ЛИСТАТА И СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ Грчката Влада соопшти дека „итно ќе продолжи“ со продажбата на државниот удел во неколку големи претпријатија, со цел да го намали својот огромен долг. - Кабинетот одлучи брзо да продолжи со продажбата на уделите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ, „Постбанка“, пристаништата во Солун и Атина и „Солунскиот водовод“ со цел да ја забрза својата амбициозна програма за приватизација, најави грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину. Исто така е одлучено поради забрзување на тој процес да биде формиран еден суверен фонд. во кој ќе влезе приходот од приватизацијата, нагласи Папаконстантину. Владата исто така планира до крајот на годинава да продаде дел или дури и сите акции во гасниот оператор ДЕПА, железничкиот оператор „Трејнос“, организацијата за коњнски трки ОДИЕ и државната воена групација ЕАС. Грција беше принудена постојано да ја менува својата стратегија на приватизацијата поради се поочевидните навлегувања на домашната економија во ќорсокак.


БИЗНИС ИНФО

16

СВЕТ Една третина од работодавците во светот имаат проблеми во наоѓањето способни работници ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ НА РАБОТ НА КРИЗА Една третина од работодавците ширум светот се соочуваат со проблеми при наоѓањето способни работници кои ќе ги исполнуваат потребните квалификации за пополнување на слободните работни места, покажува истражување на компанијата за човечки ресурси „Менпауер Груп“, со седиште во американскиот град Милвоки. Според анкетата, дури 80 проценти од работодавците во Јапонија изјавиле дека им е тешко да најдат способни работници за слободните работни места. Ваков одговор дале и 67 проценти од анкетираните работодавци во Индија, 57 во Бразил, по 54 во Австралија и во Тајван, 53 во Романија, 52 во САД, 51 во Аргентина, 48 во Турција, 46 во Швајцарија, по 44 проценти во Нов Зеланд и Сингапур и по 42 отсто во Бугарија, Хонг Конг и Мексико.

Истражувањето покажува дека најмалку проблеми во пронаоѓањето на способниработнициимаатработодавците во Полска, Ирска и Норвешка. Дури 90 проценти од работодавците опфатени со анкетата изјавиле дека проблемите во наоѓањето соодветни работници се поврзани со различни специфични фактори кои се однесуваат на кандидатите, како што се недостиг на соодветни знаења и искуства, недоволна квалификуваност или немањето лични квалитети. Ваквите резултати, според „Менпауер груп“, укажуваат дека светот се наоѓа на работ од криза со пронаоѓањето соодветни работници, во услови кога има вишок на работна сила, но недостиг на квалификуван кадар. Повторно зголемена невработеноста во САД ПАЗАРОТ НА ТРУД СЕ ПОДОБРУВА, ПРОБЛЕМ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПРИЈАВУВАЊЕ Американската Влада соопшти

дека бројот на апликанти за помош по останување без работа пораснал за 27 илјади на 412 илјади за неделата што завршила на 9 април, што е најголема цифра од средината на февруари.

Аналитичарите тврдат дека американскиот пазар на работни места во целост продолжува да се подобрува и оти минатонеделното зголемување на бројот на пријави од невработени може да се должи на правилата за поднесување вакви пријави, а не на ослабувањето на најголемата економија во светот. Некои влади на сојузните држави бараат невработените повторно да се пријават за помош на почетокот на секој квартал на годината, како што беше случај минатата недела. Четиринеделниот просек, што е поширока мерка за одредување на американските економски трендови, пораснал на повеќе од 395 илјади иницијални пријави за бенефиции. Раст на невработеноста во Русија во април ЗА РАБОТА ЧЕКААТ 5,4 МИЛИОНИ ЛУЃЕ На крајот на април, според прелиминарните проценки, во Русија без работа биле 5,41 милиони луѓе или 7,2 отсто од работоспособното население, во споредба со 5,36 милиони на крајот на март, соопшти руската Служба за статистика. Невработеноста во споредба со претходниот месец нарасна за 1,1 отсто, а во однос на минатогодишниот април е опадната за 11,9 отсто.

Аналитичарите очекуваа независност од 6,8 отсто, со таа разлика што прогнозите се движеа во распонот од

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

6,4 до 7,3 отсто. Руската Служба за статистика стапката на невработеност за пресметува според методологијата на Меѓународната организација на трудот и периодичното прецизирање на податоците за бројот на лица без работа во претходните месеци. На крајот на април бројката на економски активно население беше на ниво од 75,1 милион или околу 53 отсто од вкупната руска популација. Се забрзува одливот на капитал од Русија ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПОВЛЕЧЕНИ 21,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Минатиот месец е забалежан нето одлив на приватниот капитал од Русија на ниво од 7,8 милијарди долари во однос на 6,2 милијарди во март, изјави деновиве во Москва претставникот на руската Централна банка Генадиј Меликјан, повикувајќи се на прелиминарната проценка на банката. Во првото тромесечие оваа година, нето одливот на капитал од Русија достигна 21,3 милијарди долари, со тоа што уште од почетокот на април гувернерот на Централната банка Сергеј Игнатјев прогнозираше нулта или позитивно салдо на прилив-одлив на капиталот. За четири месеци од Русија се повлечени 29 милијарди долари, додека во цела 2010 година се одлеале 35,3 милијарди долари, а во 2009 година 56,9 милијарди. Нето прилив на капиталот во Русија последен пат е забележан во 2007 година. Најбезбедни држави на Интернет според истражувањето на компанијата „Касперски“ ГЕРМАНИЈА, ЈАПОНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, ДАНСКА И - СРБИЈА Србија се наоѓа меѓу петте најбезбедни држави на Интернет, покажуваат резултатите од истражувањето коо ги спроведе руската компанија „Касперски“, водечки светски производител на антивирусни софтвери. Истражувањето, спроведено во 213 земји, покажало и дека меѓу петте најбезбедни земји на Интернет се Германија, Јапонија, Швајцарија и Данска. Добиените резултати покажуваат дека компјутероте во развиените земји се под поголем ризик од напади на вируси, а напливот на ИТ


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

технологии во развиените земји покажува тенденција на забрзан раст, што не е секогаш следено со адекватен развој на свеста за комјутерска безбедност, наведува авторот на истражувањето Јуриј Наместников.

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТ

арапски држави. За тие напори ќе се разговара и со Групата осум најразвиени земји Г-8 на нивниот самит во Довил, во Франција, подоцна оваа седмица, на кој се повикани и Египет и Тунис, најави Зелик.

ПОРТРЕТИ Блескавата кариера на „Супер Марио“ НА ЦЕНА И КАЈ БАНКИТЕ И КАЈ ВЛАДИТЕ

Најмногу веб локации од каде стигнуваат вирусите, дури 89 отсто, се откриени во само десет земји. Најмногу од нападите и натаму доаѓаат од САД. Кина, Холандија и Германија се меѓу земјите од кои стигнуваат многубројни вируси преку Интернет, но за разлика од САД, бројот на такви локации се намалува. На врвот на листата земји во кои корисниците на компјутери најмногу се соочуваат со напади од Интернет се наоѓаат Русија и Оман. Светската банка ќе им одобри кредити на Египет и Тунис ШЕСТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА РЕФОРМИ НА АРАПСКИТЕ ЕКОНОМИИ Светската банка ќе им одобри на Египет и на Тунис шест милијарди долари кредити, за да им помогне по демократските реформи да ги демократизираат своите економии, изјави претседателот на банката Роберт Зелик.

Тој рече дека банката тесно соработува со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и со други развојни банки на стабилизација на економиите на двете

Еврогрупата го номинираше Марио Драги, шефот на Централната банка на Италија, за наследник на ЖанКлод Трише на функцијата претседател на Европската централна банка, изјави шефот на Еврогрупата, Жан-Клод Јункер

Шефот на Централната банка на Италија Марио Драги, познат под прекарот „Супер Марио“, важи за амбициозен и зад себе има импресивна кариера. За неговата кандидатура за иден шеф на Европската централна банка најпрво доби поддршка од францускиот претседател Никола Саркози: -Франција со задоволство ќе го даде својот глас за еден Италијанец за функцијата претседател на Европската централна банка, на Марио Драги, кој добро го познавам. Ние не го поддржуваме само поради тоа што е Италијанец, туку затоа што има квалитети, но и поради тоа што е Италијанец. Добар аналитичар и дисциплиниран работник Но, медиумите постојано пишуваат дека Драги, всушност, не е типичен Италијанец. „Супер Марио“, кој е на 63-годишна возраст, важи за добар аналитичар, за работник со речиси пруска дисциплина, и во меѓународниот финансиски свет за апсолутна елита, за експерт ценет како од банките, така и од владите. Уште како ученик Драги бил најдобар во одделението, а тогаш врз него влијаеле Езуитите. -Клучни беа извонредните стандарди заедно со моралната порака, која го одредуваше целиот ден поминат во училиштето. Пораката е се‘ што правиме да биде што е можно подобро, дека искреноста е многу важна, и пред

се‘, дека секој од нас е посебен на некој начин, - изјави Драги. По езуитското училиште, Драги студира економија во Рим, докторира на видниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ) во САД, во 1981 година станува професор во Фиренца, а во 1984 година извршен директор на Светска банка. Но, неговите пет минути дојдоа во 1992 година, во периодот на кризата на италијанската лира. Како државен секретар во италијанското Министерство за финансии и економија тој започна гигантска програма за приватизација, која донесе околу 60 милијарди евра во исцрпените државни каси. Драги „нема влакна на јазикот“ ни за Италија Во 2002 година следеше чекорот во приватното стопанство. Како вицепретседател на американската инвестициона банка „Голдман Сакс“ во Лондон тој беше надлежен за зделките со САД. Токму од тој период е црната дамка на неговиот, инаку, бел елек. Имено, „Голдман Сакс“ тогаш имаше зделки и со Грција, кои наводно требаше да помогнат да се прикрие уште тогаш катастрофалната финансиска состојба

во земјата, пред влезот во еврозоната. Драги повеќе пати нагласи дека не бил вклучен во тие зделки. На италијанската финансиска сцена стравуваат поради строгиот курс на римјанинот. И покрај обвинувањата од европските критичари дека тој потекнува од една од најзадолжените земји во Европа, Драги „нема влакна на јазикот“ кога станува збор за состојбата во неговата земја, на пример за непродуктивниот југ на земјата. Таквите изјави сигурно се добредојдени кај одредени европски влади, кои стравуваат дека Европската централна банка може да биде премногу јужноевропски ориентирана.


18

ТРЕНДОВИ, ПРОГНОЗИ, ДВИЖЕЊА Кина, Индија и Бразил можат да направат туристички бум ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ „ЕМИСИЈА“ НА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ГОСТИ Кина, Индија и Бразил се подготвени да направат вистинска експлозија на глобалниот туристички пазар и во следните две децении од нив годишно се очекуваат две милијарди гости, оценува Светскиот совет за туризам и патувања. Стапката на раст на патувањата од Кина исклучително е висока и во просек секоја година расте за 20 отсто, со што бројот на Кинезите кои лани патуваа во странство достигна 58 милиони, вели директорот на Советот, Дејвид Скоусил. Тој процени дека од Кина и Индија можат да се очекуваат околу 1,6 милијарди туристи, и тоа пред се од редовите на т.н. средна класа која е подготвена на поголеми трошоци. Последиците на тој огромен бран туристи од земјите со стопанства со забрзан развој, е главна тема на тридневниот светски туристички самит во Лас Вегас, кој привлече големи патнички агенции, туристички компании, директори на големи фирми и експерти. На состанокот е предупредено на различни бариери кои ги попречуваат патувањата, од технолошките иновации до честите промени на прописите, што претставуваат тежок удар за туризмот во многу земји, а на самитот се разговара и за туристичките последици од катастрофалниот земјотрес во Јапонија и политичките немири на Блискиот Исток и во Северна Африка. Организаторите очекуваат дека

владините претставници и лидери на туристичката индустрија ќе разговараат на новата тема, за тоа што ќе значи масовниот бран на доаѓање на кинески, бразилски, индиски и други туристи од земји во развој, за светското туристичко стопанство, за националните стопанства и меѓународните деловни патувања. - Од учесниците на собирот бараме да кажат дали се подготвени да го прифатат тоа ниво на раст на пристигнувања на туристи, вели Скоусил и прашува „дали владите се подготвени да ја развиваат инфраструктурата“ и дали приватните инвеститори сакаат да инвестираат во развој на туризмот. Тој наведе дека САД, на пример, во последната деценија бележат ниска стапка на раст на туристички гостувања од странство, во момент кога во други делови на светот се регистрира раст од околу 40 проценти. Според податоците на

БИЗНИС ИНФО американското Mинистерство за трговија, САД лани од туризам заработиле 134,4 милијарди долари, а најмногу гости, околу 18 отсто, доаѓаат од азиско-пацифичкиот регион. Посетителите од Кина, Сингапур и Јужна Кореа ја зголемија потрошувачката во текот на туристичките патувања за 39, 31, односно 30 проценти. Што се однесува до индустријата на патувањата, бројот на гостите во САД би бил многу поголем ако системот за добивање визи е полиберален. По терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година, секој патник кој бара виза, мора прво да биде интервјуиран. Сега за виза за влез во САД и за интервју се чека до 100 дена, а за Бразил и Кина до 120 дена . Постојат и други административни пречки, во Бразил постојат само четири места каде што може да се оствари разговор за добивање на виза, а во Кина пет, а тоа го отежнува туристичкиот промет во земјите каде што владее голем интерес за патувања. Стопанството на Бразил е во развој и се` повеќе поединци сакаат да патуваат и да трошат пари. Две групи на туристи кои трошат најмногу пари се кинеските и бразилските патници кои одвојуваат од 20 до 50 отсто повеќе пари од туристите од другите земји. Светската банка прогнозира крај на доминацијата на доларот до 2025 година ЕВРОТО И КИНЕСКИОТ ЈУАН РАМНОПРАВНИ ВО НОВИОТ ПОВЕЌЕВАЛУТЕН МОНЕТАРЕН СИСТЕМ Доминацијата на американскиот долар во меѓународниот валутен систем ќе заврши до 2025 година, прогнозира Светската банка. Еврото и кинескиот јуан ќе станат рамноправни во новиот повеќевалутен монетарен систем, наведува банката во извештајот „Перспективи на светскиот развој 2011 година – Мултиполарност: нова глобална економија“. - Сегашната доминација на доларот ќе заврши и пред 2025 година и ќе биде заменета со монетарен систем, во кој доларот, еврото и јуанот ќе служат како рамноправни меѓународни валути, се тврди во текстот. Истакнато е дека еврото е „најкредибилен“ ривал на доларот, со една забелешка дека „неговиот статус е на пат да зајакне ако успешно се преброди должничката криза со која сега се соочува и ако се избегнат моралните проблеми поврзани со спасот на земјите во евро зоната“. Кога се работи за Кина, Светската банка потенцира дека Владата на Кина веќе почна да го „интернационализира“ јуанот, развивајќи офшор трговија во таа валута и го поттикнува неговото користење во вршење на меѓународни трговски трансакции. - Поголемата улога на јуанот ќе

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

придонесе за решавање на прашањата за диспаритетот меѓу огромната кинеска економска сила на глобално ниво и големата зависност на земјата од странски валути, се наведува во извештајот. Авторите на извештајот сметаат дека, паралелно со поместувањето на економскиот потенцијал, земјите кои успешно се развиваат, по пат на меѓународни трговско-финансиски операции ќе придонесуваат за економски раст на сиромашните земји. Шесте земји со економии со забрзан развој – Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Јужна Кореја и Русија, заедно ќе имаат повеќе од половина удел во светскиот економски раст до 2025 година. Економскиот раст на земјите во развој во периодот од 2011 до 2025 ќе достигне просечни 4,7 отсто, додека истовремено стапката на растот во развиените земји ќе изнесува само 2,3 отсто, но овие земји и натаму ќе заземаат значително место во светската економија, прогнозира Светската банка, додавајќи дека еврозоната, Јапонија, Велика Британија и САД ќе имаат важна улога во обезбедувањето на глобалниот економски раст. - Брзиот развој на земјите со пазари во развој доведе до промени и како резултат на тоа до прераспределба на центрите на економски раст меѓу развиените земји и оние во развој – тоа навистина е мултиполарен свет, изјави главниот економист во Светската банка, Џастин Јифу Лин. Тој подвлече дека транснационалните корпорации на земјите и пазарите во развој стануваат сила која ја менува структурата на светската индустрија, при забрзано ширење на тековите на директните странски инвестиции во насока на земјите кои го покренуваат глобалниот раст и значително ги зголемуваат меѓуграничните интеграции и аквизиции. Поради тоа, меѓународните финансиски институции мора што поскоро да се прилагодат на промената на опкружувањето за да не ја загубат својата актуелност, укажа Јифу Лин. Светската банка смета дека економиите во брз развој, кои порано се потпираа на технолошката адаптација и надворешната побарувачка, мора да спроведат структурни реформи за да дадат поддршка на динамиката на економскиот раст по пат на унапредување на продуктивноста и остварување на стабилна домашна побарувачка. Со цел да се даде поддршка на


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

растот и да се совладаат поголеми ризици, земјите во развој исто така мора да ги реформираат своите домашни институции, меѓу другото, во економскиот и социјален сектор, заклучува Светската банка. „Газпром“ ги зголеми прогнозите за извоз РАСТЕ ПОБАРУВАЧКАТА НА ГАС Руската компанија „Газпром“ изврши промена на прогнозата за овогодинешниот извоз на гас во Европа и ја зголеми на 155 милијарди кубни метри во споредба со претходно предвидените 151,5 милијарди, изјави деновиве потпретседателот Александар Медведев на конференцијата во Салцбург посветена на подземното складирање на гас. Тој истакна дека „Газпром“ планира до 2015 година да ги зголеми капацитетите за складирање на гас во странство на 4,93 милијарди кубни метри од сегашните 2,68 милијарди. Компанијата има потреба од такви капацитети за подземно складирање на гас во Европа со цел да обезбеди постојана и непрекината испорака на гас во Европа. - Очекуваме оваа година да извеземе 155 милијарди кубни метри, истакна Медведев. „Газпром“ минатата година во европските земји извезе 139 милијарди кубни метри гас, со што овогодинешните испораки може да се зголемат за 11,5 проценти. Претседателот на „Газпром“ Алексеј Милер претходно изјави дека компанијата во април го зголемила извозот во Европа за 20,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека во мај дневната испорака го надминува минатогодишното ниво за 27,89 проценти. „Газпром“ и претходно најави раст на побарувачката на гас во април на европскиот пазар во споредба со зимските месеци, со што во долгорочните договори цената за декември веќе достигнува 500 долари за илјада кубни метри. Оценка на Џон Липски в.д извршен директор на ММФ ОПОРАВУВАЊЕТО НА ГОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА И НАТАМУ НЕСИГУРНО Опоравувањето на глобалната економија се забрзува, но и понатаму е изложено на можности за назадување, изјави в.д извршен директор на ММФ, Џон Липски. - Глобалното опоравување јакне, но и понатаму е слабо и нееднакво и обременето со неизвесности, изјави тој на состанок на комитетот Бретон Вудс.

БИЗНИС ИНФО

19

ТРЕНДОВИ, ПРОГНОЗИ, ДВИЖЕЊА

Липски смета дека европските држави кои се во критична економска состојба, заслужуваат меѓународна поддршка. - Постојат цврсти причини останатиот дел од Европа и меѓународната заедница, преку ММФ, да ги поддржат напорите на тие држави во спроведување на реформите, истакна Липски. Светскиот совет за злато (WGC) за побарувачката на злато во светот ВО ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ РАСТ ОД 40 ОТСТО Светската побарувачка на злато во првиот квартал од 2011 година нараснала за 11 отсто, на 981,3 тони во однос на 881 тон во истиот период лани, соопшти Светскиот совет за злато (WGC). Вредноста на побарувачката достигна ниво од 43,7 милијарди САД долари во однос на 31,4 милијарди во провото тримесечје минатата година, што претставува раст од без малку 40 отсто. WGC укажува дека најсилни придвижувачи на растот се засилената побарувачка на златни плочки и кованици, како и заздравувањето на клучните пазари на злато, пренесоа руските медиуми.

Просечната цена на златото во првиот квартал од годината достигна рекордни 1.386,27 САД долари за фина унца (31,1 грам). Инвестициската побарувачка за злато во првото тримесечје нарасна за 26 проценти на 310,5 тони во однос на 245,6 тони пред една година и достигна вредност од 13,8 милијарди САД долари. Продажбата на мобилни во светот се зголемила 19 отсто РАСТОТ ГО ОБЕЗБЕДИЈА „ПАМЕТНИТЕ“ МОДЕЛИ Продажбата на мобилни во светот во првото тримесечје од годинава е зголемена 19 отсто на годишно ниво, а динамиката на тој пазар пред се ја обезбедија „паметните“ модели „смартфони“, објави истражувачката компанија „Гартнер“. Во светот во текот на првото тримесечје од годинава се продадени 427,8 милиони мобилни телефони, во што „смартфоните“ учествувале со 23,6 отсто, благодарение на растот од 85 отсто во период меѓу првото тримесечје на 2010 година и првото тримесечје на 2011 година. Аналитичарите на „Гартнер“ сметаат дека растот би можел да биде уште поголем одредени снабдувачи да

не најавија производство на поголем број уреди во второто тримесечје, што можело да наведе некои клиенти да го одложат купувањето.

НОВИ ПРОИЗВОДИ И ТЕХНОЛОГИИ Со фибер оптички кабел за секунда префрлиле податоци со големина на 700 ДВД РАЗДВОЕНИ ДУРИ 300 БОИ НА СВЕТЛО ВО ЛАСЕРСКИ ЗРАЦИ Научници од Институтот за технологија во Карлсрух поставија рекорд во брзина на пренос на податоци преку фибер оптички кабел користејќи се со ласер. За само една секунда упеале да пренесат 26 терабајти податоци, што е еднаква количина која може да се сочува на 700 ДВД. Германските научници раздвоија повеќе од 300 бои на светло во ласерски зраци од кои секоја е кодирана од своите сопствени низа податоци, објави списанието „Натур фонетик“. Обидите да се усоврши пренесувањето на податоци со телекомуникациски технологии базирано на светлина доведоа до значајни откритија во изминатите неколку години. Новата технологија овозможи зголемување на брзината на преносот на податоци. На приемниот дел на кабелот се наоѓа уште еден збир на осцилатори кои се користат за обратен процес. Користејќи се со оваа метода брзината со која се пренесуваат податоците е ограничена исклучиво со бројот на користешни ласери. - Со експериментот успеавме да префрлиме 100 терабајти податоци во секунда, но проблемот е во тоа што за тоа требаше 370 ласери, а тоа е многу скапо, рече за Си-Ен-Ен коавторот на истражувањето Волфганг Фреуд. Freude со своите колеги открил како да реплицира слична брзина со помош на само еден ласер со многу кратки импулси. Кога ќе стигнат до оптичкиот кабел околу 325 бои можат да имаат свој посебен проток на податоци. Екипата на Фреуд минатата година демонстрираше како помал број од овие бои можат да бидат корисни за преносс на повеќе од десет терабајти податоци. Во најновиот експеримент успешно пренесоа податоци со фибер оптички кабел со должина 50 км, јави „Дејли Мејл“.


20

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС Француските компании ПСА и „Рено“ бележат најголем пад на продажбата ЗА ТРИ ГОДИНИ ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР НАМАЛЕН ЗА 2,2 МИЛИОНA ВОЗИЛА Француските автомобилски компании „Рено“ и „Пежо–Ситроен“ (ПСА) во април забележаа најголем пад на испораките на возила меѓу европските автоиндустрии, објави Здружението на европски производители на автомобили (АЦЕА) во Брисел. Француската ПСА со седиште во Париз продала околу 133.000 возила на пазарот во Европа, односно 18 отсто

помалку, додека помалиот домашен ривал „Рено“ објави пад на априлските испораки за 13 отсто, на околу 106.000 возила. Италијанската „Фиат“ забележа пад на продажбата минатиот месец од 7,8 проценти, на околу 82.000 возила. Германскиот „Фолксваген“, најголем производител на автомобили во регионот, спречи поголем европски пад на продажбата со испорака од 3,7 отсто возила повеќе од лани, околу 276.000 возила, додека на домашниот пазар продажбата е зголемена за 2,6 отсто. До зголемена продажба дојде и покрај тоа што Владата во Берлин прва ги укина субвенциите за набавка на нови возила уште во 2009 година. Европскиот пазар на возила се намалува во последните три години. Во 2009 година се продадени вкупно 13,8 милиони возила, а во 2007 година 16 милиони. Испораките се намалени минатиот месец за 3,8 отсто на годишно ниво на 1,3 милиони возила, додека во првите четири месеци во 2011 година европската продажба е намалена за 2,4 отсто. АЦЕА претходно објави дека на речиси сите главни пазари во Европа е забележан пад на продажбата на возила, со исклучок во Германија. Во Европската унија минатиот месец се регистрирани вкупно 1.089.000 нови автомобили, што е 4,1 отсто помалку од лани. Априлските податоци за 2011 година покажуваат раст на продажбата

БИЗНИС ИНФО на нови автомобили во Германија од 2,6 отсто. Меѓутоа, на останатите главни пазари е забележан пад – во Шпанија 23,3 отсто, Франција 11,1, а во Велика Британија и Италија по 2,2 проценти. Во Германија минатиот месец се продадени околу 266.000 возила, во Франција 169.000, Италија 157.000, во Британија околу 137.000 и во Шпанија 71.800 возила. Од јануари до април во Европа раст на испораките е забележан на две третини од пазарот, но пад е регистриран во Велика Британија од 8,5 отсто, Италија од 19 отсто и Шпанија од 26,3 отсто. Во Европската унија во тој период е регистриран пад на продажбата од 2,7 отсто. Продажбата на возила во членките на Европската унија во февруари оваа година почна да зајакнува, кога за прв пат порасна во последните 11 месеци со умерен раст од 0,9 отсто. Но, веќе во март испораките се намалени за околу 5,0 проценти, според податоците на АЦЕА. Со укинувањето на субвенциите и системот „старо за ново“ кои ги нудеа владите за да ја зголемат побарувачката и да ја зајакнат автомобилската индустрија во периодот на рецесијата, почна пад на продажбата минатата година, најмногу во јули 18,6 отсто и 16,6 проценти во октомври.

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

Двете комапнии се одлучија по детална анализа, нивниот заеднички француски погон СевелНорд да не се реновира откако ќе прекине со важност договорот со валидност до 2017 година поради промена на стратегијата на производство на Фиат и ПСА. Во СевелНорд сега се изработуваат Пежо Експерт, Ситроен Џампи и Фиат Скудо. Заедничката компанија Севел е формирана во 1978 година.

„Епл“ е информатичка компанија со најрентабилни работници ПО ВРАБОТЕН ПО 419.528 ДОЛАРИ! „Епл“ е информатичка (ИТ) компанија која има најрентабилни вработени, доколку годишниот профит на компанијата се подели со бројот на вработени, покажаа резултатите од анализата на Интернет страницата „Пингод“.

„Фиат“ и „Пежо-Ситроен“ ја прошируваат соработката ЗАЕДНИЧКО ПРОИЗВОДСТВО НА ВАН ВОЗИЛА Италијанската групација Фиат автомобили и француската ПежоСитроен, планираат продолжување на успешната соработка до 2019 година во заедничка фирма СевелСуд за изработка на ван-возила. Во фабриката СевелСуд во Вал ди Сангро, во Италија се изработуваат Фиат Дукато, Пежо Боксер и Ситроен Џампер.

Со таа пресметка се доаѓа до бројката од 419.528 долари по вработен во „Епл“. Профитот на „Епл“ по вработен исто така е 1,25 поголем отколку на „Гугл“, а 1,71 пати поголем од „Мајкрософт“. На дното на листата која ја сочинуваат ИТ компаниите „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“, „Интел“, „Сиско“, „Адоб“, „Јаху“, „Оракл“, ИБМ, „Амазон“ и ХП, се наоѓа „Дел“ со околу 26.000 долари по вработен.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

Хрватска и членството во Европската Унија ДОЦНЕЊЕТО СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ Доцнењето со влезот во Европската унија (ЕУ) Хрватска може скапо да ја чини. Имено, според најновите информации, Хрватска во првата година од членството на ЕУ од нејзината каса може да добие околу 1,5 милијарди евра, што е само 40 отсто од првичниот износ од околу 3,6 милијарди евра, а на толку Загреб можеше да смета ако влезеше во ЕУ во 2012 година, како што беше планирано. Износот не е дефиниран - Износот на парите кои ќе ги добиваме како полноправна членка на ЕУ се уште не е дефиниран. Тој ќе биде определен откако ќе го добиеме датумот за влез во Унијата, бидејќи тој датум е услов за преговори од поглавјето 33 од правната придобивка на Унијата, која се занимава со финансиски и пресметковни одредби.

Но, според информациите со кои располагаме, препораката на Брисел е дека во 2013 година, што ќе биде прва година на нашето членство, ќе се одобрат околу 1,5 милијарди евра – ни открива еден соговорник од Владини кругови, добро упатен во состојбата на финансиите на Унијата и нивиот одраз на Хрватска. Тој додава, дека дури и тој износ не ни е сигурен бидејќи секое понатамошно одложување за влез во Унијата го намалува финансискиот колач кој ЕУ ќе го намени на Хрватска. Исто така, на пример, со влезот во ЕУ на 1 април 2013 година, вкупните финансиски средства кои ќе му стојат на располагање на Загреб од касата на Унијата ќе се намали за една четвртина, т.е. за речиси 400 милиони евра, додека со влезот на ЕУ на 1 јули, како што се најавува сега, парите кои ЕУ ги става на располагање на Хрватска ќе ги преполови и ќе ги сведе на 750 до 800 милиони евра. Меѓувремено, Владата и јавните претпријатија подготвуваат проекти за кои ќе бараат финансиска помош од Унијата. Хрвоје Доленц државен секретат во Централниот државен кабинет за развојна стратегија

и претпристапни фондови, вели дека во игра се 50 големи инвестициски проекти. Работата на браќата Жужул Подготовката на документацијата за нив веќе се финансира со пари од ЕУ, пари од претпристапните фондови на ИПА. Меѓу тие проекти е и патниот спој на Далматина кој чини од 140 до 150 милиони евра, од кои касата на ЕУ ќе обезбеди 60 до 70 отсто пари. Инаку, Вучевица е спорниот излез на автопатот кој дополнително е изграден и тоа по интервенцијата на Иво Санадер, кој сакаше родното село на родителите да го приближи до Сплит. Работите ги изведуваше компанијата Складградња на браќата Жужул. Тоа беше нивен прв договор со ХАЦ. Сепак, парите кои ни ги даваат на располагање не треба да се сфатат како дадени од бога. - Хрватска е во состојба да ги повлече парите кои ќе и бидат доделени, но не на начин на кој се работеше до сега. Како добар пример може да ни послужи Полска, која беше многу слаба во повлекување на пари од претпристапните фондови, а многу добра во повлекување на средства од Кохезиските и структурни фондови – порача Весна Пусиќ, претседателка на Националниот одбор за следење на преговорите со ЕУ.

21

СВЕТСКИ ПЕЧАТ квалификациите на кандидатот, а не од која земја доаѓа тој. Па сепак, најголеми шанси на чело на ММФ да го замени Доминик Строс-Кан има француската министерка за финансии Кристин Лагард, која ако се случи тоа ќе стане прва жена на чело на ММФ или било која финансиска институција. Поранешниот водечки економист на ММФ, Кенет Рогоф, кој сега предава на Харвард, за Лагард (55) вели дека е импресивна, политички мудра и силна личност. На финансиските собири во светот ја третираат практично како рок ѕвезда, додаде тој.

Таа до сега не ги коментираше шпекулациите за можната кандидатура, но во Франција никој не се сомнева во нејзините амбиции да се пресели во Вашингтон. Инаку, Лагард 25 години живеела во САД и има контакти и почитување во Вашингтон, на Вол стрит и во Европа. Европа инсистира на тоа да ја задржи позицијата на извршен директор на ММФ, што е резултат на џентлменскиот договор на Европјаните и САД од времето по Втората светска војна. Тој договор обезбедува Европјанин да биде на чело на ММФ, а Американец на чело на Светска банка. Претседателот на Советот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј истакна дека е традиција Американци да ја водат Светската банка, а Европјани ММФ и оти таа традиција може да се промени, но дека сега не е момент за тоа.

(Јутарњи лист - Загреб) Европјаните не го даваат местото шеф на ММФ КРИСТИН ЛАГАРД - ЕМ СТРУЧНА, ЕМ ОД „СТАРИОТ КОНТИНЕНТ“ Европјаните по ниту една цена не сакаат да го загубат местото шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кое традиционално го „држат“ од Втората светска војна, иако Американците посакуваат свој кандидат, советникот во Белата куќа Дејвид Липтон, а земјите на БРИКС и земјите во развој сметаат дека пред се треба да се води сметка за

И германската канцеларка Ангела Меркел многу одлучно истакна дека позицијата на новиот шеф на ММФ треба да ја заземе некој од Европа. Иако таа не се изјасни за евентуалните кандидати, германскиот печат како можни наследници ги спомнуваше шефот на Дојче банк, Јозеф Акерман и директорот на Остевропа банк


22

СВЕТ во Лондон, Томас Миров. Јозеф Акерман е роден во 1948 година во Швајцарија, оженет е и татко на две возрасни ќерки, љубител на музика и уметност. Најсилниот германски банкар неколку пати се наоѓаше на удар на германскиот печат поради милионските бонуси кои ги даваше на успешни менаџери, поради што го опишуваат како арогантен човек, пример за „корпоративна алчност“ и човек без „слух“ за социјалните проблеми. Како евентуален кандидат се спомнува и претседателот на Европската централна банка Жан КлодТрише, чија кандидатура ја „истакна“ гувернерот на холандската Централна банка Наут Велинк, кој го опиша како „фантастичен кандидат“ за наследник на Строс-Кан, кој би успеал да излезе на крај со најголемиот моментален проблем на ММФ – должничката криза во Европа. Земјите во развој почнаа со притисок дека на чело на ММФ треба да дојде некој кој не е од Европа, додека Бразил и Јужна Африка инсистираат на квалификации на кандидатот, наместо да се води сметка од која земја доаѓа. Бразилскиот министер за финансии, Гвидо Мантега изјави пред еден месец дека е време да се направи исчекор и да се напушти застарената пракса, додека министерот за финансии од Јужна Африка Правин Гордан изјави дека институции како ММФ неопходно е да се реформираат и во целост да бидат одраз на своето членство, а не само на индустријализираните нации. И турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, рече дека во следниот период шефот на ММФ треба да дојде од некоја земја во развој, како Турција или Русија, а зборувајќи за себе, рече дека има и знаење и искуство. Меѓутоа, како кандидат од таа земја се спомнува и поранешниот министер за финансии на Турција Кемал Дервиш. „Замена“ за Строс-Кан најдоа и поранешните советски републики во Заедницата на Независни држави (ЗНД). На седница на Советот на премиерите на ЗНД во Минск поддржана е кандидатурата на гувернерот на Народната банка на Казахстан Григориј Марченко. Рускиот деловен весник „Ведомости“ пренесува дека премиерот на Казахстан Карим Масимов рече дека Марченко го смета за единствен кандидат на сите земји на ЗНД, а министерот за финансии на Русија Алексеј Кудрин во главниот град на Белорусија потврди дека Москва ја поддржува кандидатурата

БИЗНИС ИНФО на Марченко. Марченко (51) завршил Московски факултет за меѓународни односи и по втор пат е на чело на Централната банка на Казахстан, а се смета за креатор на реформите во банкарскиот и финансиски сектор во најголемото стопанство во Средна Азија. Руската државна новинска агенција Итар-тас, исто така ја пренесе изјавата на Кудрин од Минск, дека Москва „може да го поддржи единствениот кандидат од земјите на групата БРИКС“, во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, ако тој се појави. (Њујорк тајмс)

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

0,5 отсто. Во рецесиската 2009 година изградени се вкупно 2.770 бродови, а од тој број на кинеските бродоградилишта отпаѓаат 916 или 33 отсто од вкупната светска бродоградба. Истата година во Европа се изградени 447 бродови, удел од 16 отсто, а во Хрватска вкупно 15 бродови, удел од 0,5 отсто. Вредноста на светската бродоградба во 2010 година изнесуваше 147,3 милијарди американски долари, а во 2009 година нешто помалку – 112,4 милијарди долари. Бројките за новоизградените бродови, тонажата и вредноста, зборуваат дека состојбата во бродоградилиштата лани е зајакната

Лани во Европа биле испорачани 17 отсто помалку бродови СЕКОЈ ВТОР БРОД СЕ ГРАДИ ВО КИНА За кинескиот бродогражен бум придонесе зголемувањето на бродоградилиштата, евтината работна сила, пониските влезни трошоци и помалите трошоци за репроматеријали, како и помошта од државата... Податоците за европската

бродоградба говорат за помал број на испорачани бродови во 2010 година, дури за 17 отсто во однос на претходната година, а за 8,5 отсто е помала тонажата на изградените и испорачани бродови. За три отсто е поголема количината на БРТ, додека вредноста на испорачаните бродови е поголема за 3,5 милијарди евра, што претставува околу 20 отсто зголемување. Во сите светски бродоградилишта во 2010 година се изградени вкупно 2.930 бродови од кои дури 1.233 се изградени во Кина, што е удел од високи 42 отсто. Значи, речиси секој втор брод се гради во Кина. На европските бродоградилишта (вклучувајќи ја и Хрватска), отпаѓаат само 369 новоизградени бродови, што е удел од сиромашни 12,6 отсто. Сите 14 бродови кои се изградени во хрватските бродоградилишта располагаат со само 490.000 БРТ или 0,3 отсто од вкупниот удел во тонажата. Кога се работи за ефектот на хрватската бродоградба во минатата година, во светските и европски размери тој е многу скромен, бидејќи од хрватските бродоградилишта испловиле 14 бродови, што е удел од мизерни

во однос на потешката 2009 година. Бројките ја покажуваат и силата на кинеските бродоградилишта, кои речиси ги „збришаа“ европските кои во 2010 година на пазарот испорачаа 369 бродови, додека во истата година во Кина се изградени 1.233 бродови. Кинескиот удел во бродоградбата лани говори за изградба на се поголеми бродови. Имено, 1.233 бродови располагаат со вкупно 62,1 милион БРТ. Се работи за дури 41 отсто од вкупната светска тонажа на новоизградените бродови, додека во случај на европските бродоградилишта се работи за 4,3 милиони БРТ, што е удел од само 2,9 отсто. Сите 14 бродови кои изминатата година се изградени во хрватските бродоградилишта располагаат со само 490.000 БРТ или 0,3 отсто од вкупниот удел во тонажата. Вредноста на хрватските новоизградени бродови лани изнесува 904 милиони американски долари, што во вкупната вредност на светската бродоградба е само 0,6 отсто. Нема сомнеж дека Кина продолжува со приматот во ова производство кој го презема пред повеќе од шест години со тенденција на понатамошен раст. На кинескиот бродоградежен бум придонесе зголемувањето на бродоградилиштата, ефтината работна сила, пониските влезни трошоци и помалите трошоци за репроматеријали, помошта од државата... (Вјесник – Загреб)


БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

23

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Услуги за поддршка на мониторинг и верификација на проекти за развој

Референца

WB2162-800/11

Финансиска референца

Selec�on No. 1036719

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Светска банка

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Назив на Проектот

MK-Скопје:ИПА — Зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за електронски комуникации и на Советот за радиодифузија Надополнување

Референца

EuropeAid/129857/D/SER/MK

Финансиска референца

Budget 22.020100

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

17.5.2011 година

Краен рок за апликација

20.6. 2011 година

Сектори

Информатичка технологија Управување со програми Односи со јавноста Телекомуникации Заштита на потрошувачите

Опис на Проектот Проектот ги има следните делови Јакнење на административните капацитети на Агенцијата за електронски комуникации и на Советот за радиодифузија во промиоција на конкуренција и иновација на пазарот на електронски комуникации и на мониторинг на концентрацијата на дигиталното опкружување Усогласување на регулативата со ‘acquis’ во делот на електронски комуникации и радиодифузијат Зајакнување на капацитетите на двата регулатори за заштита на потроѓувачите и промовирање на транспарентност Зајакнување на институционалните капацитети на двата регулатори во дефинирањето на правните лекови Контакт Единица за централно финансирање и договарање Министерство за финансии, Скопје Република Македонија

Објавено на

17.5.2011 година

Краен рок за апликација

3.6. 2011 година

Назив на Проектот

Проект за реформи на бизнис-опкружувањето и институционално зајакнување (BERIS

Сектори

Земјоделство Информатичка технологија Заштита на околината Управување со програми

Референца

WB2167-800/11

Опис на Проектот

Консултантски услуги. Светска банка бара консултанти со искуство во пошумувањето со цел давање услуги за мониторинг и верификација во период од 2 години од јули 2011 до јуни 2013 година

Финансиска референца

Loan No. 4841-ALB; Project Id: P096643

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Светска банка

Земја

Албанија

Објавено на

17.5.2011 година

Краен рок за апликација

27 .6. 2011 година

Сектори

Образование Општествени служби

Опис на Проектот

LOT 1. Мерна опрема LOT 2. Мерни стандарди и опрема LOT 3. ICB No: G/ICB/3-2011/ Lot 3: Мерна опрема и стандарди за лабораторијата за систем на радари, температура и лаборатории за волумен и густина LOT 4. Мобилен мерен систем

Контакт Електронско пријавување. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот

Mолдавија - Проект за обнова на патишта

Референца

EBRDZ65229

Финансиска референца

6386-EOI-41442

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

ЕБРД

Земја

Молдавија

Објавено на

17.5.2011 година

Краен рок за апликација

17.6. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот

Консултантски услуги за надзор над градежни работи на обнова на патиштата M3 Chisinau-Giurgiules� Road km 96+800 – km 122+800; M3 Chisinau-Giurgiules� Road km 122+800 – km 151+200

Контакт State Road Administra�on Bucuriei str. 12-A, MD 2004 Chisinau, Republic of Moldova Mr. Gheorghe Curmei Tel: (+373 22) 22 11 14 Fax: (+373 22) 74 12 19 E-mail: gheorghe.curmei@asd.md

Контакт Ministry of Economy, Trade and Energy (METE). Tirana, Albania. Blvd. Deshmoret e Kombit 1001 . A�n: Mr. Elson Caka. Tel: (355-4) 222-2245/ 74153. E-mail: elson.caka@mete.gov.al

Назив на Проектот

B-Brussels: База на податоци од транспортот за поддршка на квантитативни анализи за мерење на транспортот и климатските промени

Референца

ECZ65256-Commission

Финансиска референца

2011/S 94-153073

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја

Хрватска, Исланд, Македонија, Норвешка, Швајцарија и Турција


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Објавено на

17.5.2011 година

Финансиер

Европска комисија

Краен рок за апликација

27.6. 2011 година

Земја

Косово

Сектори

Човекова околина Управување со програми Транспорт

Објавено на

18.5.2011 година

Краен рок за апликација

17.6. 2011 година

Сектори

Информатичка технологија Комуникации-односи со јавноста

Опис на Проектот

Испорака на интерконекциска база на податоци меѓу EULEX главниот штаб и регионалните канцеларии на l EULEX

Опис на Проектот База на податоци од транспортот за поддршка на квантитативни анализи за мерење на транспортот и климатските промени. CLIMA DG бара поддршка за ажурирање на податоците од транспортот. Операторот треба да собира податоци и да креира детални мултидимензионални бази, проследени со различни индикатори за економски развој и заштита на околината Контакт European Commission, Directorate-General for Climate Ac�on, SRD.2 — Finance BU 9, 00/009 A�n: Markets Team 1049 Brussels BELGIUM Tel. +32 22960008 E-mail: clima-tenders@ec.europa.eu Internet -h�p://ec.europa.eu/clima/tenders/tenders_en.htm

Контакт EULEX Kosovo Procurement Sec�on, Farmed Building, Rruga Muhamet Fejza p.n., PO Box 268, 10000 Pris�na, KOSOVO. E-mail: tenders@eulex-kosovo.eu

Назив на Проектот

Хрватска-Загреб: ИПА — Надзор над градежни работи на изградба на регионален центар за заштита Маришчина во Приморско - Горанска жупанија Република Хрватска Update

Референца

EuropeAid/130888/D/SER/HR

Финансиска референца

Назив на Проектот

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРЕДИЗВИК НА МОБИЛНА МИКРОРАБОТА

Вид на набавка

Услуги

Референца

WB2195-800/11

Финансиер

Европска комисија

Финансиска референца

Selec�on No. 1037030

Земја

Хрватска

Вид на набавка

Услуги

Објавено на

18.5.2011 година

Финансиер

Светска банка

Краен рок за апликација

21.6. 2011 година

Објавено на

18.5.2011

Сектори

Градежништво-инженеринг Заштита на околината Урбан развој

Опис на Проектот

Услуги за надзор на градежните работи Надзор на изградбата Надзор на проектот и документацијата

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe Краен рок за апликација

13 .6. 2011 година

Контакт Фонд за заштита на околината и за енергетска ефикасност Загреб, Хрватска h�p:// www.fzoeu.hr/

Назив на Проектот

ПРОЕКТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

Референца

WB2202-800/11

Финансиска референца

Credit No. 4691-0 XK; Grant No H544-0 XK; Project Id: P101214

Вид на набавка

Испорака

Финансиер

Светска банка

Земја

Косово

Објавено на

18.05.2011 година

Краен рок за апликација

15.7. 2011 година

Сектори

Информатичка технологија Општествени услуги Референтни станици за континуирана оперативна референтна мрежа во Косово

Сектори

Информатичка технологија Финансии-банкарство Трговијаиндустрија Телекомуникации

Опис на Проектот

Опис на Проектот

Консултантски услуги за администрирање на Mobile Microwork Challenge, преку познавање на конкуренција на многу идеи за администрирање за добивање парична награда

Контакт Електронска пријава. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Контакт Kosovo Cadastral Agency. Afrim Bajrami, Procurement Officer, PCO. Address: Archive Building 2 nd floor No.63. 10 000, Pris�ne, Republic of Kosova. Tel: +381 38 512 753. Email: afrim.bajrami@ks-gov.net

Назив на Проектот

RS-Приштина: Рамковен договор за услуги за база за интерконекција Бр 2 Надополнување

Назив на Проектот

Нови Сад - Општински проект за топлификација

Референца

EuropeAid/131177/D/SER/XK

Референца

EBRDZ65300

Финансиска референца

Contract No CFSP/2010/46/EULEX Kosovo — Bout de Marnhac

Финансиска референца

6390-GPN-41874

Вид на набавка

Услуги

Вид на набавка

Услуги, испораки, градежни работи


БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

25

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија Финансиер

ЕБРД

Назив на Проектот

ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ ЗА ПОДДРШКА НА МОНИТОРИНГ И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ ЗА МЕХАНИЗМИТЕ НА ЧИСТ РАЗВОЈ

Земја

Србија

Објавено на Краен рок за апликација

19.5.2011 година

Референца

WB2233-800/11

Отворен до 18.6. 2012 година

Финансиска референца

Selec�onNo. 1037588

Сектори

Градежништво-инженеринг Енергетика Урбан развој

Вид на набавка

УСЛУГИ

Опис на Проектот

-Модернизација на примарни и секундарни потстаници во Нови Сад; -изградба на котлара на биомаса; - инсталирање на термостатички радијаторски вентили и топлински мерни алокатори за околу 2000 станови.

Финансиер

Светска банка

Контакт Владимир Јелич, генерален директор Јавно комунално претпријатие Топлификација на Нови Сад Владимира Николича 1 21000 Нови Сад Fax: +381 21 4881 206 Tel: +381 21 4881 161 vladimir.jelic@nstoplana.rs

Назив на Проектот

Квалитет на база на податоци за проекти во здравството

Референца

WB2234-800/11

Финансиска референца

Econsult selec�on no. 1037605 - Data Quality Firm for RBF

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Светска банка

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe Објавено на

20.5.2011 година

Краен рок за апликација

10.6. 2011 година

Сектори

Земјоделство - рурален развој Човекова околина Финансии - банкарство Управување со програми

Опис на Проектот

Консултантски услуги на Центарот за финансирање на проекти за заштита на атмосферата

Контакт Електронска апликација World Bank Group eConsultant2. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот

ПОДДРШКА НА МОНИТОРИНГ И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД МЕХАНИЗМИТЕ НА ЧИСТ РАЗВОЈ ВО ОБЛАСТА НА ОТПАДОТ

Референца

WB2225-800/11

Финансиска референца

Selec�onNo. 1037500

20.5.2011 година

Вид на набавка

Услуги

Краен рок за апликација

31.5. 2011 година

Финансиер

Светска банка

Објавено на

20.5.2011 година

Сектори

Информатичка технологија Економски развој Финансиибанкарство Здравство

Краен рок за апликација

10.6. 2011 година

Опис на Проектот

Консултантски услуги за поддршка на тимот на HNP Hub Results-Based Financing (RBF) за квалитетот на податоците за финансиските проекти во здравството.

Сектори

Човекова околина Управување со програми

Опис на Проектот

Консултантски услуги на Центарот за финансирање на проекти на Светската банка бара краткорочен консултант за проекти од областа на отпадот.

Објавено на

Контакт Електронска апликација преку World Bank Group eConsultant2. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044

Контакт Електронска апликација World Bank Group eConsultant2. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 27 мај 2011 година еднодневен семинар “АСПЕКТИ НА УПРАВУВАЊЕТО СО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, ГОЛЕМИ ЗДЕЛКИ И ЗДЕЛКИ СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА, ТАЈНО ДРУШТВО “ Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат, од 10:00-15:00 часот Предавачи: * Д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје * Д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот Американ Колеџ -Скопје Со оглед на постојаната актуелност на проблематиката поврзана со управувањето со акционерските друштва, правата и обврските на органите на управување, како и одредени недоречености истакнати пред се` во практиката, потребно е да се обрне внимание на одредени аспекти поврзани со оваа проблематика. Едновремено, би се обрнало внимание и на големите зделки и зделките со заинтересирана страна, како и на концептот на тајно друштво, коишто исто така побудуваат интерес во практиката.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 27 мај 2011 година организира еднодневен семинар. ПРОГРАМА Системи на управување со АД: - основни аспекти на доброто корпоративното управување; - едностепен систем; -одбор на директори; -двостепен систем; -управен одбор; -надзорен одбор. Правниот статус на деловните лица: - овластување и одговорност на менаџерите; - работно-правниот статус на менаџерите; - правата и обврските на менаџерите согласно ЗТД; - права и обврски на менаџерите согласно ЗРО; - менаџерски договори. Големи зделки и зделки со заинтересирана страна: -големи зделки и -зделки со заинтересирана страна. Тајно друштво Семинарот е наменет за: акционери, органи на управување, правен сектор, секторот за финансии и човечки ресурси и сл. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk

На 30 мај 2011 година во Стопанската комора на Македонија СРЕДБА СО ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ Ве покануваме да остварите средба со идните македонски економски промотори во САД, Британија, Турција, Белгија, Канада и во Франција. Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во рамките на подготовките на идните економски промотори во САД, Британија, Турција, Белгија,

Канада и Франција, ги повикувиваат компаниите заинтересирани за овие пазари да се запознаат со промоторите. Оваа иницијатива е резултат на предлозите на членките на Стопанската комора на Македонија при разгледување на Нацрт-стратегијата за промоција на извозот на Република Македонија (4 февруари 2011 година) - “да се овозможи подобро запознавање со производите и производните програми наменети за пласман на одделни пазари, преку директни контакти на компаниите со промоторите“. Средбата ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, на 30 мај 2011 година (понеделник), од 10:30 до 12:30, сала 3 на III кат. Со цел да се направи распоред на средбите, според редоследот на пријавување, Ве молиме да го пријавите Вашиот интерес. Контакт: Љубица Нури Тел. (02) 3244045 Моб. 075475220 nuri@mchamber.mk Влатко Стојановски Тел. (02) 3244004 Моб. 071220036 Vlatko@mchamber.mk Работилница на ДЕТРА Центар и Бизнисакадемија Смилевски ПРОМОЦИЈА НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОРГАНИЗАЦИСКО УЧЕЊЕ (27 мај 2011 година, 12:00 часот, во просториите на БАС) Во текот на 20-годишното работење во Македонија, во областа на консултантството и обуката на човечки ресурси, ДЕТРА Центар се стекна со богато и разновидно професионално искуство и знаење. За таа цел, ќе се одржи работилница за промоција на Партнерството за организациско учење. Тоа е клучниот фактор кој ќе овозможи новостекнатите индивидуални и групни знаења на вработените да станат компаниска придобивка и да се ставаат во служба на целите на компаниите. Искуството покажа дека токму успешноста во трансферот на новото знаење - споделувањето и складирањето на знаењето во организациската меморија - се од суштинско

значење за компаниите-клиенти Истовремено, глобалните трендови се’ повеќе зборуваат за организациско учење и организации кои учат, истакнувајќи дека е дојдено ново време на споделување, наспроти криење на знаењето. Истражувањата го посочуваат организациското учење како врска меѓу ефикасноста на работата на секторот за човечки ресурси и подобрувањето на организациската изведба на компаниите. ДЕТРА Центар и Бизнис-академијата Смилевски вe покануваат на настан на кој ќе се промовира и афирмира Организациското учење и улогата на Одделот за човечки ресурси во огранизациите кои учат. Настанот е осмислен како интерактивна работилница за споделување искуства и ставови за формите на организациско учење во македонските компании. Настанот ќе го води проф. д-р Цветко Смилевски, промотoр на Организациското учење како академска дисциплина и консултантска практика. Исто така, овој настан ќе биде и најава на долгорочната иницијатива за формирање на Партнерство за oрганизациско учење со заинтересираните македонски компании. Ова партнерство подразбира здружување околу заедничкиот интерес - организациското учење. Ова партнерство ќе овозможи споделување знаење и искуства и заедничко развивање на применливи форми и стратегии на организациско учење во партнерските организации. Учеството на работилницата е бесплатно и е наменето за менаџери или претставниците од одделот за човечки ресурси. Маја Смилевска Извршен директор ДЕТРА Центар

На 31.5. и 1.6.2011 година, во Тетово, на Универзитетот на Југоисточна Европа На 2 и 3.6.2011 година, во Скопје, Хотел „Водно“ на Средно Водно ЦИП – БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАЦИИ Почеток од 8:30 часот Центарот за имплементација на развојни идеи (ЦИРИ) при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Европската делегација во Македонија и Министерството за економија, организира серија бесплатни обуки за ЕУ-програмата ЦИП, ЕУ-програмата за конкурентност и иновативност, со осврт врз трите потпрограми (Екоиновации, ИКТтехнологии и Интелигентна енергија) во повеќе градови низ Македонија. Учеството на обуката е бесплатно за членките на Комората. Ве молиме, Вашето учество да го пријавите на следниот контакт: Мелита Михајловска, cip@humandynamics, или на телефон 077 555 641.


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: jadranka@mchamber.mk

Од 2 до 4 јуни 2011 година Меѓународен саем за спорт, лов, стрелаштво, риболов и опрема за кампување во Република Трција „BURSA NATURE, HUNTING 2011“ Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 2 до 6 јуни 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 3. Меѓународен саем за спорт, лов, стрелаштво, риболов и опрема за кампување „BURSA NATURE, HUNTING 2011“. На Саемот ќе бидат претставени следниве производи, дисциплини и отворени спортски активности: • јавање, нуркање и костими за нуркање, скијање на вода, планинарење, голф; • лов и опрема за лов (огнено оружје, античко огнено оружје, пушки за лов, пиштоли, патрони и муниција, лак и стрела и др.);

• ножеви и алатки (џебни ножеви и ножеви за лов); • кучиња за лов (ветеринарни служби, кафези, храна и куќички за кучиња); • риболов и опрема за риболов (храна и производи за риболов, рибарски алишта); • надзор, помагала и електронски помагала (радари, компаси, опрема за навигација, двогледи, фотографска опрема, ламби, факели); • теренски возила, велосипеди, возила за лов, јахти, чамци, додатоци за лов (витамини, минерали, спортска храна); • спортски часовници, часовници за нуркање, фитнес часовници и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета со автобуски превоз на саемската манифестација од 2-4 јуни 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем, трансфери при авионски превоз и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис“ воизнос од 95 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци за

лице), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании, спортски здруженија, ловечки друштва и поединци да се пријават за посета на саемската манифестација. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

Од 16 - 18.6.2011 година, во Истанбул, Република Турција Меѓународен саем за убавина, козметика и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’ Во периодот од 16 до 18 јуни 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи реномираната Mеѓународната саемска манифестација за убавина, козметика, и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество над 400 реномирани компании од преку 40 земји од Средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка и земјите од Голфот . На овогодинешното издание на “BEAUTY EURASIA 2011’’ ќе бидат претставени следниве сектори: • парфеми, дезодоранси, мириси; • боја за козметика; • производи за нега на тело и коса; • опрема и производи за салони за коса; • опрема и производи за салони за убавина; • производи за коса; • производи за нега на кожа; • средства за хигиена; • козметика за бебиња; • алатки за убавина; • пакување; • суровини и репроматеријали; • природни производи и др.

Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-17 јуни 2011 година. Трошоците за хотелско сместување и превоз паѓаат на товар на пријавените посетители. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација. Подетални информации може да се видат на www.beautyeurasia.com .

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 17-18 јуни 2011 година, Постојна, Република Словенија МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА = ХУМАНА ЕКОНОМИЈА“ Се` започна со професорот и добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година, Мухамед Јунус, кој раздели 27 американски долари меѓу 40 селани од сиромашно село во Бангладеш за да можат да ги отплатат долговите и да започнат со свој бизнис. Парите му беа вратени наскоро, бизнисите почнаа да се развиваат и се подобри животот во селото. Од тогаш до денес професор Јунус помогна на милиони мали бизнисмени. Тој ја оформи социјалната банка Грамеен, која денеска е присутна низ целиот свет. На оваа меѓународна конференција ќе присуствуваат најблиските соработници на професорот Јунус. На Конференцијата ќе учествуваат реномирани професори и харизматични бизнисмени, посебно жени, кои веќе подолго време се активни во таков вид на компании. Конференцијата ќе понуди интересни предавања и работилници, со примери од Словенија, Италија, Германија и од други држави.

Конференцијата ја организира непрофитната организација Клуб на европски жени, со поддршка на Општина Логатец, познатата компанија „Постојнска јама“, во соработка со најблиските соработници на професорот Јунус, кои се активни во компаниите Yunus Social Business Centre и Grameen Crea�ve Labs. На Конференцијата ќе настапат реномирани предавачи и бизнисмени. Цената за учество на Конференцијата изнесува 295 евра/лице (+20% ДДВ). Подетални информации можат да се добијат на телефон: +386 31 606 441 или на: info@cew.si или на: h�p://www.cew.si/eng/publica�on.html. Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар СИМУЛАЦИЈА „ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРИЗА“ ЗА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 29 јуни 2011 година 13:00-16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат Предавач: Д-р Никос Мулонопоулос, вонреден професор по информатички системи, продекан на ALBA Graduate Business School Симулацијата “Подготвеност за криза” е развиена од страна на конзорциумот на универзитети и организации, меѓу кои се и INSEAD & ALBA Graduate Business School. Симулацијата се фокусира на идејата за подготвеност за криза, којашто директно влијае врз способноста на носителите на одлуки за ефективно справување со кризни ситуации. Симулацијата обезбедува платформа во која учесниците може да видат како организациите, во блиска иднина, ќе можат да одговорат правилно и продуктивно на кризната ситуација за да ја избегнат натамошната ескалација на кризата. Ова ја дава основата за дијагностицирање на организациските бариери и спречување на организациите да постигнат повисоко ниво на подготвеност за кризата. Симулацијата обезбедува за кандидатите алатка за автодијагностика на организациска подготвеност за криза, за која тие можат директно да аплицираат во нивните организации за да се процени на еден систематски начин сегашното ниво на организациска подготвеност за криза, како и можни акции за нејзино значително подобрување.

Сесијата ќе се: • фокусира на претставите /идеите за соработка – тимска работа и способноста за одлучување во ситуации на ограничена комуникација; • ќе им помогне на учесниците да имаат можност да проценат и постепено да ги подобрат своите вештини за управувањето со кризи. Агенда Вовед во управувањето со кризи и на важноста на ефективна соработка Прашалник за подготвеноста за соочување со кризна ситуација Симулација на опасност/неволја. Прва видео-снимка: Почеток Групна вежба: Извори на кризата и ефектите Втора видео-снимка: Првите реакции Групна вежба: Разбирање на кризата Трета видео-снимка: Завршување/крај Групна вежба: Решавање на криза Презентација на резултатите од прашалникот- Дискусија Заклучоци – Проценки Семинарот е наменет за: менаџери за

човечки ресурси, тренинг-менаџери Предавањето ќе се одвива на англиски јазик, а е обезбеден симултан превод на македонски јазик. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24 јуни 2011 година. Контакт: Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 be�@mchamber.mk Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk

Од 8 до 10 септември 2011 година, во Јилин, НР Кина ЕВРО-КИНА БИЗНИС-ФОРУМ 2011 Во периодот од 8 до 10 септември 2011 година, во градот Чангчун, регион на Јилин, НР Кина, ќе се одржи Евро-Кина бизнис-форум, на којшто учествуваат голем број реномирани европски и кинески компании. Стопанската комора на Македонија, во делот на коорганизација и промоција на настанот пред македонските компании, се јавува како партнер на организаторот на настанот - Macro Euro-China Entrepreneurs Club (MECEC) и локалната кинеска влада, а во соработка со стопанските комори и професионални асоцијации од над 20 европски земји. За време на Бизнис-форумот ќе се одржат билатерални деловни средби меѓу компании од Европа и од Кина, по принцип на електронско поврзување според сродни или слични топански дејности.Целта на Бизнисфорумот е да се развијат компетитивни трговски релации со Кина, да се воспостават најсоодветни бизнис-канали со кинески компании и да се обезбеди поволна трговска платформа за влез на кинескиот пазар. Евро-Кина бизнис-форумот 2011 е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање на соодветен и сигурен деловен партнер од странство преку претходно автоматско поврзување (business match-making) од исти или слични стопански сектори.

нови технологии, истражување и развој итн. Кои се предвидените стопански сектори? • Автомобилската индустрија; • железница и железнички компоненти; • опрема и машини за индустрија; • животна средина; • земјоделие и прехранбена индустрија; • дрвна индустрија и мебел; • ИТЦ (информатичко-телекомуникациски сектор); • финансиски сектор и банкарство и др. За времетраење на настанот предвидени се организирани посети на високотехнолошки развојни зони, фабрики за автомобилска индустрија, индустриски центри итн. Јилин е кинеска провинција која се наоѓа во североисточна Азија, (900 километри од Пекинг) и е еден од најбрзо растечките региони и кинески центар на автоиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен национален координатор на македонските компании за Бизнис-форумот, Ве поканува да го пријавите Вашиот интерес за учество, најдоцна до 3 јуни 2011 година. За македонските компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е бесплатно хотелско сместување (3 ноќевања, бесплатни локални трансфери, официјален преведувач, приемен коктел и свечена вечера. Целокупните логистички активности (хотелско сместување, авионски превоз, визи) ќе бидат организирани од страна на Стопанската комора на Македонија. Повеќе информации на : www.euro-china.net Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo)

Настанот претставува одлична прилика компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзорастечката економска сила Кина да остварат директни средби со потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на

Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување


четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компаниипосетители на CIAPE.

Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: eco@t-home.mk, тел.: 02 3069658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на вебстраницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година. Контакт: Војкан Николовски Тел.: 02 3244 068 Факс: 02 3244 088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk

најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; млеко и млечни производи; риба; какао, бонбони, чоколади, сладолед; брашно и производи од брашно; диетална, макробиотичка храна; производители на здрава, био и органска храна; пакување (хартија, фолија, пластика); конзервирана храна; природна минерална и изворска вода; безалкохолни и енергетски пијалаци; сокови, сирупи и екстрати; пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; вина од сите винарски земји и региони; вински и овошни ликери, овошни и други ракии; јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини.

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; * во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци; * за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; * за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од

Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелскоугостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 јуни 2011 година. Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 Venera@mchamber.mk Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk

29


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 26 мај 2011, Бр. 55

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Шанса за македонските винарски визби за извоз на вино во Шведска

ЗА „ВРАНЕЦ“ ПРЕДЛОЖЕНА ЦЕНА ОД 70 ДО 89 КРУНИ ПО ШИШЕ

Во Планот за набавка на вина за 2012 година, на шведскиот монопол Systembolaget AB, предвидена е набавка на 20.000 шишиња вино „Вранец“ од Република Македонија, со предложена цена 70-89 шведски круни по шише ( 1 шведска круна = 6.8469 денари според курсот на Народната банка на Република Македонија). Планот е доставен до шведските лиценцирани дистрибутери и увозници на вино. Врз основа на Планот за набавка во текот на втората половина на 2011 година, Systembolaget AB ќе го објави тендерот на кој ќе можат да се пријават македонските винарски визби. Во меѓувреме, заинтересираните винарски визби од Република Македонија преку своите дистрибутери од Шведска пожелно е да го контактираат претставникот на Systembolaget AB, притоа презентирајќи го својот интерес за учество на тендерот со своите вина и предложени цени, – соопштуваат од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Германска туристичка агенција сака да соработува со туристички агенции од Република Македонија за организирање патувања во Росток и Варнемунде, како и организирање туристички групи од Росток во Македонија. Валидност до: 17.7.2011 година Македонска компанија бара партнери за соработка во Европската унија за извоз на работна облека. Валидност до: 18.12.2011 година Чешка компанија нуди приколки за транспорт на дрво и платформи за автомобили. Валидност до: 24.6.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акрилни, волнени и други предива. Валидност до: 5.8.2011 година Турска компанија бара да увезува јагнешка, овча и говедска кожа од Република Македонија. Валидност до: 16.12.2011 година Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република Македонија. Валидност до: 2.7.2011 година Компанија од Хрватска бара партнери за соработка во Република Македонија за пласман на лекови, козметика, чаеви и средства за општа употреба. Валидност до: 3.9.2011 година Компанија од Србија бара соработка со фирми од Република Македонија кои имаат потреба за индустриски производи во областа на преработки на дрво, пластика и метали. Валидност до: 4.12.2011 година Компанија од Белгија специјализирана за дизајн, производство, трансформација и маркетинг на високомоделирани гумени и полиуретански технички делови бара партнери во Република Македонија. Валидност до: 8.8.2011 година Компанија од Црна Гора е заинтересирана за купување на овошни садници (ziziphus jujuba), набавка на саксии за цвеќе, компост, пестициди, како и да ангажира сезонски работници од Република Македонија за работа во пластеници во Подгорица. Валидност до: 18.12.2011 година Грчка компанија бара соработка со компании од Република Македонија во областа на заштеда на енергија преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење, греење и осветлување во станбени, комерцијални и индустриски објекти. Валидност до: 28.6.2011 година Компанија од Англија бара соработка со производители

на керамиди од Република Македонија. Валидност до: 28.6.2011 година

за лична хигиена. Валидност до: 10.9.2011 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лаборатории, инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксери, апарати за дестилирање вода,опрема за фототерапија. Валидност до: 1.7.2011 година

Компанија од Унгарија бара соработка со винарски визби за пласман на дрвени буриња во Република Македонија. Валидност до: 11.12.2011 година

Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година - 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: а) бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано, но под контролирана температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол; б) црно вино 3.000.000 литри, индекс на бојата најмалку 7-8 поени, минимум 11,5% алкохол. Бараат достава на мостри и по анализа на мострите од нивна страна, заинтересирани се да ги посетат сите винарии за идна соработка. Валидност до:2.12.2011 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разводници и разводни кутии. Валидност до: 12.9.2011 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитна опрема ХТЗ, ракавици, одела, заштитни чизми, заштитни одела против хемикалии и др. Валидност до: 23.8.2011 година Компанија од Турција бара застапник за пласман на кожни гарнитури за дневна соба во Република Македонија. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија е заинтересирана да соработува со македонски компании од областа на текстилната индустрија. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи за домаќинство, вклучувајќи мебел, декоративни материјали, порцелански елементи и слично, како и надворешни и внатрешни месингани тела за осветлување. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комбајн за берење пченка на база на трактор MTZ-1523. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија на пластични фитинзи за цевки, апарати за заварување, спојки за цевки, резервоари, базени. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман на хартиени производи

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Унгарија бара соработка во областа на управување со отпад во Република Македонија. Валидност до: 11.9.2011 година

Компанија од Босна и Херцеговина нуди топлотни котли на палети,ТК и ТКВ-топловодни котли и комбинирани бојлери. Валидност до: 13.9.2011 година Компанија од Босна и Херцеговина нуди машини за свиткување челични конструкции, хидраулична машина за мотање лим, специјална машина за свиткување цевки. Валидност до: 13.9.2011 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични црева. Валидност до: 16.9.2011 година Македонска компанија е заинтересирана да пласира дрвени трупци од орев и од костен во Италија. Валидност до: 16.9.2011 година Винарска визба од Србија е заинтересирана за соработка со македонски винарски визби за заедничко вложување во откуп на рефусно вино и негово пакување во винарницата во Србија, како и откуп на 250.000 килограми грозје во екот на бербата. Валидност до:16.9.2011 година Компанија од Пакистан бара да откупи користени машини за производство на текстил. Валидност до: 16.9.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО бр.55 од 26.05.2011 година by Economic Chamber of Macedonia - Issuu