БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 216
www.mchamber.mk
Трговска конвенција: „Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“
ПРЕТПРИЕМНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА, ХРАБРОСТ И ПАРТНЕРИ ОД ТУРЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА РАСТЕЧКИОТ АФРИКАНСКИ ПАЗАР
26.03.2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
НА МАКЕДОНИЈА И Е НАЈПОТРЕБНА БРЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ДОМАЌИНСТВАТА Ние мораме да размислуваме за корекции на целиот енергетски пазар во две насоки. Прво, сметам декиа гасот е многу важен, а многу малку се споменува. Гасот во Македонија се користи дел во индустријата и голем дел во производството на електрична енергија. Тоа е погрешно. Гасот треба да се користи најмногу таму каде што енергијата може да биде најмногу искористена, како на пример во домаќинствата каде се исцрпува и до 98% од неговата енергетска вредност. Затоа, потребна е брза и интензивна гасификација во домаќинствата. Веќе во ниту едно западноевропско домаќинство не се користи електрична енергија за загревање на вода, за затоплување на просториите или за готвење. Секаде каде што е потребен извор на топлина се користи гасот, а електричната енергија се користи само на местата каде што имате електронски уреди како телевизори, радија, расвета и слично. Значи, во таа смисла гасификацијата ќе има двоен ефект. Со зголемената потрошувачка на гас ќе се намали неговата цена, а дополнително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, па притисокот за поскап увоз на струја исто така ќе се намали. Овој момент треба да се разгледа многу сериозно и ако треба нешто брзо да се направи тоа е да се направи стратегија за гасификација на домаќинствата, која меѓу другото ќе вклучува евтино кредитирање или, пак, субвенционирање за промена на уредите кои би можеле да користат гас. Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е втората насока во која треба да дејствуваме. Досегашните лимитирани искуства покажаа дека фирмите кои се опфатени од либерализацијата значително ги намалија трошоците за електрична енергија. Кажано со едноставни бројки, резултатот од досегашната либерализација е 200 компании кои имаат пониска цена на електрична енергија. Ако овие фирми трошат некаде околу 700 гигават часови дневно, нивната цена на електричната енергија се намали за околу 20 евра по мегават час. Значи, со либерализацијата на пазарот овие 200 фирми заштедија 14 до 15 милиони евра, кои што останаа во фирмите. При целосна либерализација на пазарот дефинитивно за сите фирми ќе се намали цената на електричната енергија, а при тоа цената за граѓаните нема да се зголеми за повеќе од 4% до 5%. Проблемот е што цената за граѓаните и вака ќе се зголеми за 4% до 5%, а фирмите од друга страна нема да добијат ништо, односо и понатаму ќе плаќаат скапа електрична енергија. Слободниот пазар е тој кој што ќе ги регулира сите непотребни трошоци и трошења плус и тоа ќе биде на бенефит и на граѓаните и фирмите. Моментално, сите фирми во Македонија на слободниот пазар заедно со дистрибутивната мрежа имаат цена по 70 или 80 евра по мегават час. А сите останати фирми кои се во регулираниот пазар во моментов плаќаат 140 евра. Оваа разлика во цената на електрична енергија која ја плаќаат фирмите најдобро ги покажува придобивките од слободниот пазар. (Д-р Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“ и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во „Капитал“)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОДВЛЕЧЕНО
НЕ ГЛЕДАМЕ ПОТРЕБА ОД НЕКОИ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА Европската централна банка започна една програма која што се очекува да креира заживување на економијата во еврозоната. Тие ја преземаа таа мерка, прво затоа што имаа дефлација, која не е предизвикана само од странските цени, туку и од ниската слаба домашна побарувачка. Исто така, во последните неколку години, тие имаат кредитен раст којшто е негативен. Се обидуваа со најразлични мерки да го поттикнат кредитниот раст, но не успеваа. Ова е последната мерка со која се надеваат дека ќе го придвижат економскиот раст. Во Македонија имаме поразлична ситуација. Ние имаме дефлациони тенденции, меѓутоа тие се исклучиво поради увозните цени на нафтата и другите главни прехранбени производи, пченица, пченка и други основни производи. Но, истовремено имаме здрава домашна побарувачка, којашто расте, се зголемува од месец во месец. Кредитниот раст минатата година изнесуваше 10%, значи имаме малку поразлични фактори и поради тоа НБРМ не може како што некои заговараат да го примени истиот рецепт како ЕЦБ, да печатиме пари. Ние не може да печатиме пари, и не треба да го правиме тоа. Затоа што ЕЦБ, еврата кои ги печати ги држат не само во еврозоната, туку и во целиот свет. Исто како што беше со доларот. Кога американскиот ФЕД печатеше пари, претходните неколку години, тие долари се раширија насекаде во светот. Ако ние печатиме денари, нашите денари не сака никој надвор од Македонија да ги држи, а и ако внатре во Македонија имаме премногу денари, тогаш ниту нашите граѓани нема да сакаат да држат денари, туку ќе бараат евра. И затоа ние не можеме да примениме такви рецепти. Ние во претходните години ослободивме ликвидност. Таа се зголеми значително во банкарскиот сектор и токму тоа беше факторот којшто услови да заживее кредитирањето минатата година. Значи ние и понатаму ги следиме сите движења и доколку има потреба би преземале и други мерки. Но, во вој момент кредитирањето оди солидно, економскиот раст оди солидно и не гледаме потреба од некои дополнителни мерки за поттикнување на домашната економија. ( М-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија на МРТ)
СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И ДО РАМНОМЕРЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Целта е да има рамномерен економски развој во Република Македонија, посебно онаму каде што има повисока стапка на невработеност. Инвеститорите тоа го гледаат кога доаѓаат во Македонија и самите одлучуваат во кои градови би сакале да инвестираат, што беше случај со последните две инвестиции. Некои од инвестициите што ќе бидат најавени ќе бидат пласирани во градови во кои сеуште има висока стапка на невработеност, и со новосоздадените работни места секако таа стапка на невработеност би била намалена. Јас ќе го напоменам видот на компаниите кои ќе инвестираат, а точно самите компании кога ќе дојде време ќе објават. Претежно се работи за компании во автомобилската индустрија, добавувачи кои ќе инвестираат во разни делови на Република Македонија. Од тие шест инвестиции само една е во Скопје, во ТИРЗ-1. Останатите се во други делови
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО од земјата. Тоа ќе донесе диверзификација во економијата. Меѓу нив, две компании се надвор од автомобилскиот сектор. Досега во странските компании работат над 11 илјади работници, а во текот на оваа година се очекува да бидат донесени одлуки на борд на директори на многу компании и самите компании да одлучат. Станува збор за 25 инвестиции, во кои треба да бидат ангажирани над 13.000 работници. Многу од овие инвеститори одлучуваат да дојдат во Македонија, не само поради добрата бизнисклима, туку и поради добро образованиот работен кадар кој Македонија го поседува. Секој инвеститор прави споредба со други земји, но Република Македонија со целиот пакет што го нуди завршува како најповолна дестинација за инвеститорите (Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции на МРТ)
ТУРИЗМОТ СТАНУВА НОСЕЧКА ЕКОНОМСКА ГРАНКА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ПОРЕЧИЕТО Туризмот во иднина треба да стане една од носечките гранки на економијата на нашата општина и во иднина, освен големиот број вработувања кои ќе ги има во тој сектор, ќе се собираат и повеќе даноци и приходи за општината. Исто така се градат голем број угостителски објекти по течението на реката Треска, интересот за изградба на нови објекти е голем, но прво треба да се изврши урбанизација на самиот тој предел. Во моментов се изработува урбанистички план за хотелско–угостителски комплекс во реонот на Пешна, има заинтересирано инвеститор кој вети инвестиција од околу 1 милион евра и се надеваме дека во текот на 2015 година ќе биде завршена урбанизацијата, и во 2016 ќе се започне со градба на тој мегакомплекс. На ниво на нашата општина има 15 пештери, од кои 12 се новооткриени пештери каде не стапнала ниту човечка нога, и тоа ќе биде вклопено во стратегијата за развој на туризмот. Сега имаме апликација преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој за уредување на пештерите во село Белица, каде има 2 пештери со пристапни патеки и патокази и се надевам дека наредната година тие 12 пештери ќе бидат достапни за туристите. Исто така, осумдесет проценти од нашите села се поврзани со асфалт и се надевам дека во наредните 2–3 години нема да има неасфалтирано село, со што уште повеќе ќе се олесни пристапот за туристите. ( Милосим Војнески, градоначалник на општина Македонски Брод во „Патоказ“)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОКРОВИТЕЛИ Скенирај и
дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
7
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
АКТУЕЛНО Oдржана Трговската конвенција: „Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“
СО ПРЕТПРИЕМНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА, ХРАБРОСТ И ПАРТНЕРИ ОД ТУРЦИЈА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА РАСТЕЧКИОТ АФРИКАНСКИ ПАЗАР
Стопанската комора на Македонија и ДЕИК Македонско-турскиот деловен совет го отпочнаа партнерскиот проект и ја одржаа Трговската конвенција на тема: „Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“ (23.3.2015 година). Пред претставниците на бизнис-заедницата и бројните присутни во Стопанската комора на Македонија беше промовирана Африка како деловен партнер на Република Македонија. - На Република Македонија и` е потребна стратегија за соработка со Африка од повеќе причини. Македонија беше присутна во Африка пред две ипол децении, со градежни активности и здравствени ангажмани во Либија, учество во електрификацијата на Нигерија, а имаше и развиена трговија со други африкански земји. Потребни ни се политички сојузници и поддршка во Обединетите нации. Африка е наш потенцијален економски партнер, не само во областа на трговијата, туку и во областа на градежништвото, образованието, во здравството и сл. Соработката со медитеранските земји од Северна Африка (Египет, Тунис, Алжир, Мароко, а во перспектива и со Либија, кога ќе се создадат услови), треба да се разбере како дел од ЕУ-интегративниот процес, бидејќи политичката одлука на ЕУ, земјите од Западен Балкан да се приклучат кон евромедитеранската зона на слободна трговија преку Регионалната конвенција за пан-евромед преференцијални правила за потекло е потврдена од наша страна со ратификација на овој документ во 2012 година, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Според неа, борбата или интересот за африканските пазари е глобална и постојана. Во 2014 година, свои стратегии за соработка со Африка донесоа ЕУ, САД, Кина и Турција, со кои се промовираат заедничките партнерства, взаемните бенефити, пред се` преку трговијата, инвестиции во производството и во инфраструктурата, во развивањето локални бизниси и давањето поддшка на инклузивноста на државите во меѓународните системи на трговија како гарант за одржлив
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
9
АКТУЕЛНО развој. Тоа е бидејќи Африка е симбол на раст, урбанизација и модернизација. Веќе една деценија просечната годишна стапка на економскиот раст изнесува 5 проценти, а 6 од 10 најбргу растечки економии во светот се во Африка. Се очекува овој тренд да продолжи. Трговијата на Африка со светот од 2000 до 2013 година е зголемена за 200 проценти. Овој раст се должи на економските реформи, на зголемувањето на продуктивноста, урбанизацијата и доброто владеење. Континентот од ден на ден бележи раст на средната класа која брои 37% од 1,07 милијарди вкупно население или потрошувачи. Од друга страна, како што нагласи м-р Георгиева, нашата трговска размена со Африка е инцидентна и релативно мала. Во 2013 година се тргуваше со 36 африкански земји, во износ од 36 мил. САД $. Eдинствено со Алжир, Мароко, Тунис, Египет и Јужна Африка имавме размена во вредност поголема од 1 милион САД $. Состојбата е иста и во 2014 година, но обемот на размената се искачи на 75 мил. САД $ - од Јужна Африка се увезени платина и легури од платина во вредност од 38 милиони САД $. Нашиот извоз во Африка изнесуваше не цели 4 милиони САД $, а тоа се десетина производи главно од машинскиот и електро-секторот. - Турскиот бизнис има воспоставено инфраструктура и деловни врски и има долгогодишни искуства од настапот на пазарот на Африка. Подготвени сме да им помогнеме на македонските заедно со турските компании да пласираат свои стоки на овој брзорастечки пазар, - истакна Хасан Хошбен, копретседател на Турско-македонскиот деловен совет. - Ова е само почеток на соработката, а следниот чекор ќе биде организирање деловна средба за македонските компшании во Турција со претставници на турски компании кои веќе подолго време настапуваат на овој пазар. Каква е деловната и политичката инфраструктура што ја има воспоставено Турција со континентот кој има 52 држави и 1 милијарда жители, презентираше Тамер Ташкин, претседател на Турско-африканскиот деловен совет при ДЕИК. - И покрај тоа што Турција речиси 80 отсто од својата размена ја има со Европската унија, сепак, не ја запоставуваме и Африка. Ако во 2003 година имавме извоз од 4,3 милијарди САд долари, со поагресивен настап на овој континент ја достигнавме бројката од 25 милијарди САД долари. Тогаш имавме само 10 амбасади, а сега се 40, додека африканските земји во Анкара имаат 30 амбасади. „Туркиш ерлајнс“ има воспоставено врски со 40 дестинации во Африка и патувањата се многу олеснети. Сето тоа им стои на располагање на македонските компании, кои, доколку се обратат, ќе добијат сесрдна помош од турските деловни луѓе. Битно е Африка да не се гледа само како континент на болести и сиромаштија, туку и како бизнис-дестинација на која може да се пласираат производи и да се остварат претприемнички зафати. Нашиот подем се темели на формулата: европски квалитет со африкански цени и тој дава резултати, - нагласи Тамер Ташкин.
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
АКТУЕЛНО Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО е и заеднички настап со локалните компании, на трети пазари, вклучувајќи ја и Африка. - Економското искуство на Турција е дека профитот е поголем во соработка со пазари во развој отколку со веќе дефинирани и високо развиени пазари. Точно е дека овие пазари носат и извесни ризици, но затоа носат и бенефити, истакна Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека на африканскиот пазар треба да се оди поконцентрирано и да се одвојат земјите во кои има најмали бирократски пречки, како и секторски. Во тоа посебна помош може да пружат турските компании, кои македонските производи може да ги понудат и на овој континент. Од трговската конвенција во Стопанската комора на Македонија произлегоа и низа предлози за поддршка и унапредување на стопанската соработка со Африка, со фокусот на Алжир, Мароко, Тунис и Египет. Сугестија е Владата на Република Македонија да подготви стратегија за настап на пазарот на Африка, но и да се интензивира потпишување договори за слободна трговија. Немањето на вакви договори, според Љупчо Величковски, од МЗТ „Комерц“ ги принудува компаниите да одат преку трети земји со што се зголемуваат цените и се намалува конкурентноста. Меѓу другото, беше заклучено дека либерализацијата на трговијата со Египет, Мароко, Тунис и Алжир треба да се третира како составен дел од ЕУ-интеграциите и потребно е итно да се иницираат договори за преференцијална трговија со овие земји. Со Тунис и Алжир треба да се воспостави регулаторна рамка за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, како и меѓусебно признавање на сертификатите за потекло, вклучувајќи го и Мароко. Со Египет, Мароко, Тунис и Алжир да се склучат договори за соработка на царинските органи, фитосанитарните и ветеринарните инспекции. Големо олеснување би било доколку се овозможи сите процедури околу издавањето визи да се завршат по електронски пат и при влезот во земјата, на граничниот премин, да се издаде виза. Предложено е посетите на претседателите, премиерите или министрите на Египет, Мароко, Тунис и Алжир да биде заедно со бизнис-делегации организирани од коморите што би придонело за отворање на овие пазари, а би биле и во функција на лобирање во правец на либерализација на трговијата и на друго билатерално уредување битно за развојот на економските односи. Во рамките на системската поддршка на извозот се предлага да се обезбеди и поддршка на компаниите за учество на саеми во Египет, Мароко, Тунис и Алжир. Со турските партнери ќе се разгледа можноста за заедничко учество на трилатерални деловни настани со земјите од Африка. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО СОСЕДИ
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СОГЛЕДУВАЊА Можностите за трговска и друга соработка на македонските компании во партнерство со турските во Северна Африка (Алжир, Египет, Тунис и Мароко)
УСПЕВА ФОРМУЛАТА – ЕВРОПСКИ КВАЛИТЕТ СО АФРИКАНСКИ ЦЕНИ
Во текот на последната деценија Aфрика остваруваше висок и постојан економски раст. Многумина аналитичари оценуваат дека континентот се најде на крстосница во својот економски развој, што би требало да се манифестира со позначајна улога во рамките на глобалната економија на дваесет и првиот век. Иако таа бележи десетгодишен економски раст, кој е за 2% поголем од глобалниот, многу од земјите на континентот се` уште се борат со развојни предизвици, како што се храната, високата невработеност, увозната зависност, недостигот на економски трансформации, деградација на животната средина и многу ниската интеграција во глобалната економија. Африканските влади и меѓународната заедница имаат усвоено насоки за натамошен развој. Африканските влади го промовираа таканареченото Ново партнерство за развој на Африка (Тhe New Partnership for Africa’s Development (NEPAD), каде што се претставени развојните предизвици за подобрување на условите за живеење. Во документот се инсистира на сопствена одговорност, на управување со креирање и спроведување на развојот, пред се` во следните области: земјоделството и безбедноста на храната, регионалната интеграција и инфраструктурата, климатските промени и животната средина, развој на човечките ресурси, економијата, образованието и застапеноста на жените. Од друга страна, на меѓународно ниво, светските лидери усвоија Милениумски развојни цели (Millennium Development Goals (MDGs), коишто, покрај другото, повикуваат и на избалансирана сиромаштија. Иако е направен одреден напредок во остварувањето на целите утвдени со постојните докумети, има индикации дека во 2015 година ќе се постигнат 3 цели: примарно образование, промоција на родовата еднаквост, борба против ХИВ, туберкулоза и некои други болести. Континентот и понатаму е изложен на борба со екстремна сиромаштија, глад, невработеност и нееднаквост. Африканските лидери, свесни за недоволната ефикасност на тековните документи, ги имаат дополнето нивните определби за економска трансформација на континентот како на ниво на целиот континент, така и на ниво на одделни земји. На континентално ниво, економската трансформација е клучен приоритет во Стратешкиот план на Африканската унија наречен Агенда 2063. Исто така, Стратешкиот план е прифатен на национално ниво и од владите на одделни држави. Со економската трансформација, покрај другото, фокусот е на иновациите и трансферот на технологии, човечкиот развој, финансирањето и партнерствата. Во Извештајот за економски развој на Африка 2014, УНКТАД (The Economic Development in Africa Report 2014, UNCTAD) се испраќаат одредени препораки како африканските земји би можеле да ги зголемат инвестициите. Притоа, се сугерира да се прошират изворите на раст подеднакво и на страната на понудата и на страната на побарувачката, при што на страната на побарувачката да се оствари баланс меѓу потрошувачката и инвестициите, како елементи на процесот на раст. Досега, домашната побарувачка беше доминантен двигател на растот во Африка, што не обезбедува одржливост на растот на среден и на долг рок, бидејќи таа најчесто е премногу зависна од увозот на стоки за широка потрошувачка, што влијае врз развојот и преживувањето на локалните индустрии, создавање производни капацитети и нови вработувања. Стратегијата за развој, базирана на потрошувачката, би требало да биде конципирана со цел да ги зголеми инвестициите за производство на стоки. Исто така, постои потреба од диверзификација на изворите на раст, на набавната страна. Тоа значи замена на ниско продуктивните активности со високо продуктивни и тоа меѓусекторски. Се препорачува намалување на учеството на земјоделието во БДП во полза на преработката - индустриско производство и модерни услуги. Втората порака на Извештајот е да се зголеми придонесот на инвестициите кои ќе влијаат на растот на продуктивноста на веќе
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
13
СОГЛЕДУВАЊА постојните и новите инвестиции, а притоа да се обезбеди тие инвестиции да одат во стратешки и приоритетни сектори за економска трансформација. Затоа од африканските земји се бара да ги утвдат приоритетните сектори за инвестирање, како што се инфраструктурата, достапноста на финансии, намалување на ризиците и неизвесноста. Африканските земји треба да ја користат индустриската политика за да ги насочат директните инвестиции кон стратешки производни активности, како што се агробизнисот и производството, кои се критични за растот на екомонијата. Третата порака е дека се потребни поголеми јавни инвестиции, конкретно во инфраструктурата како катализатор на приватните инвестиции. Во тој контекст, Извештајот укажува дека владите треба да водат политики на искористување на комплементарноста на јавните и приватните инвестиции. Се истакнува потребата од конзистентност меѓу макроекономските и секторските политики (каматите за инвестициите кои се насочени кон трансформативни цели да бидат пониски), да се избегне дискриминација на домашните инвестиции во однос на странските, што влијае на намалување на домашното претприемништво бидејќи силниот домашен приватен сектор е најдобар начин за привлекување директни странски инвестиции. Воедно, тоа е начин да се поттикне меѓународната заедница да дава помош но и да тргува. Африканската унија (АУ) е најголема меѓународна економска групација на континентот, во која членуваат 54 држави, освен Мароко, а е основана во 2002 година како сукцесор на Организацијата на Африканската унија. Конфедералните цели на АУ подразбираат зона на слободна трговија, царинска унија, единствен пазар, централна банка и заедничка валута, што треба да доведе до основање на економска и монетарна унија. Тековен план е да се основа Африканска економска заедница со единствена валута до 2023 година. Африканската инвестициона банка треба да го стимулира развојот на континентот. Африканската унија планира вклучување на Африканскиот монетаран фонд, со што треба да дојде до формирање на Африканска централна банка. Има заговарачи кои го подрржуваат основањето на Унијата на Африканските држави. ЕКОНОМСКИ ПАРТНЕРСТВА НА АФРИКА Економијата на Африка се состои од трговија, индустрија, земјоделство, природни богатства и човечки ресурси. Во 2012 година, во Африка живееја околу 1,07 милијарди жители во 54 земји. Денес, Африка е симбол на раст, урбанизација и модернизација. Веќе една деценија просечната годишна стапка на економскиот раст изнесува 5 проценти, а 6 од 10 најбргу растечки економии во светот се наоѓаат во Африка. Се очекува овој тренд да продолжи. Во Субсахарна Африка се предвидува раст на БДП на 29 трилиони САД $ до 2050 година. Поради нерамномерната дистрибуција на богатството, во Субсахарна Африка 70% од населението, а тоа е 600 милиони луѓе живеат без струја. Седумдесет проценти од африканското население живее во земји чиј годишен просечен економски раст надминува 4%. Средната класа брои 313 милиони луѓе или 34% од вкупното население. На социјален план, постојано се бележат рапидни промени. Во 1980 година само 28% од Африканците живееја во градовите, денес живеат 40%, а до 2025 година се очекува зголемување на 47%. Во последната деценија за 50% се зголеми бројот на деца опфатени со школскиот систем. Трговијата на Африка со светот од 2000 до 2013 година е зголемена за 200 проценти. Овој раст се должи пред се` на економските реформи, на зголемувањето на продуктивноста, урбанизацијата и доброто владеење. Трговијата битно влијае врз растот на африканската економија. Кина и Индија се растечки трговски партнери: 12,5% од африканскиот извоз оди во Кина, а 4% во Индија, додека 5% од увозот доаѓа од Кина, а 8% од Индија. По овие трговски партнери, следуваат: Индонезија, Малезија, Саудијска Арабија, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати. Борбата за африканските пазари е глобална и постојана. Обемот на присутноста на најголемите светски економии зависи
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СОГЛЕДУВАЊА од актуелните национални политички и економски приоритети во дадениот момент. Затоа во последната декада економските и политичките стратегии се артикулираат преку билатерални самити со Африка. САД И АФРИКА На Американско-африканскиот самит, на којшто учествуваа лидери од 50 земји од Африка, што се одржа во Вашингтон, во август 2014 година, претседателот на САД, Барак Обама, најави дека Владата на САД, Светската банка и приватниот сектор, заедно ќе инвестираат 33 милијарди САД $ во африканската економија, со цел да се манифестира интересот на САД за Африка, континентот во којшто доминираат и постојано се зголемуваат трговијата и инвестициите од Кина и од Европа. Претседателот Обама објави дека 7 милијарди САД $ Владата на САД ќе инвестира во извоз и инвестиции, а во приватниот сектор 14 милијарди САД $. Светската банка, Шведска и приватни извори ќе финансираат во Програмата за електрификација на Африка 26 милијарди САД $. Барак Обама истакна дека Африка е растечка економија во која нагло се зголемува средната класа, рапидно се развиваат производството и трговијата, пазарот на телекомуникации, а најголем глобален раст има кај младата популација. Трговијата на САД со целиот африкански континент е еднаква само на билатералната трговија со Бразил. Најголеми трговски партнери се Јужна Африка, Нигерија и Ангола, и тоа главно се однесува на трговијата со нафта. САД ќе работат на тоа да се унапреди, во двете насоки, трговијата со стоки, а воедно САД да се позиционираат на пазарот покрај Европа и Кина. Претседателот Обама нагласи дека САД сакаат поинакво, вистинско партнерство од досега - не само експлоатација на минерални богатства (од вкупниот увоз на нафта, 33% од овој енергент САД го увезуваат од Африка), туку партнерство во креирањето работни места и можности за напредок на народите од двете страни. Инаку, вредноста на трговијата меѓу САД и Африка се движи од 125 милијарди САД $ во 2011 година до 99 милијарди САД $ во 2012 година. Во првите 4 месеци од 2014 година обемот на трговијата изнесува 31 милијарда САД $, со перспектива до 80 милијарди САД $ до крајот на 2014 година (http://thehill.com/blogs/pundits-blog/international/214270-american-and-chinese-tradewith-africa-rhetoric-vs-reality). Стратегијата на САД во однос на трговијата и инвестициите со Африка се заснова на фактот на незапирлив развој на африканската средна класа, на потребата мултинационални компании да се етаблираат на нови недопрени пазари и на принципот „помош на трговијата” - со донации земјите да се поддржуваат и преку законската регулатива и системот да создадат услови за олеснување на трговијата.
The African Growth and Opportunity Act (AGOA)
Note: U.S. data from Census Bureau. China data from Global Trade Atlas via Tralac.org.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
15
СОГЛЕДУВАЊА КИНА И АФРИКА Трговската размена меѓу Кина и Африка во 2011 година изнесуваше 166 милијарди САД $, а во 2013 година достигна вредност од 210 милијарди САД $. Околу 60% од кинескиот извоз е концентриран на неколку африкански земји (во извозот Египет, Нигерија, Алжир и Бенин, а во увозот Ангола, Јужна Африка, Судан и Демократска Република Конго), со трговски дефицит на африканската страна, но не поради учеството на увозот на нафта во Кина - таа учествува само со 9 % (САД 32%, ЕУ 33%). Иако поголемиот увоз на нафта и гас е од Ангола и Нигерија, овие земји имаат трговски дефицит во однос на Кина. Фактички, Африка за Кина е неограничен пазар за евтина стока за широка потрошувачка за сите категории на населението (45% се машини и електрични апарати), инвестициона дестинација во природните ресурси и простор за пласман на евтини кредити со кои се финансира инфраструктурата, а изведувачи се кинески компании. Заклучно со 2012 година, одредени кинески државни и приватни компании имаат директни инвестиции во Африка во износ од 14,7 милијарди САД $, додека со други облици на инвестирања, вкупно таа бројка изнесува преку 40 милијарди САД $. Во 50 африкански земји функционираат 2000 кинески компании во сите области на стопанисување. Многу африкански земји во Кина гледаат алтернатива за меѓународни финансиски институции, но и алтернативен модел на развој. Кина не поставува услови во однос на кредитите (финансиска дисциплина, демократизација...). Стратешкиот пристап на Кина кон Африка почнува во 1955 година, со Конференцијата на неврзаните во Бандунг. Таа стратегија е базирана врз основа на пријателство и партнерство, поддршка на владите со кредити, едукација на стручните кадри и развивање на некој вид корпоративна одговорност таму каде што Кинезите изведуваат проекти (градење школи, здравствена заштита, водоснабдување...). http://www.ippanigeria.org/china_africa_working.pdf http://www.safpi.org/sites/default/files/publications/China-AfricaEconomicandTradeCooperation.pdf http://www.ippanigeria.org/china_africa_working.pdf ЕУ И АФРИКА Во 2012 година трговијата меѓу ЕУ и Африка изнесувала 431 милијарда САД $. Но, во увозот на ЕУ од Африка, само 10 производи чинеле 75,7% од вкупниот увоз од Африка, од кои пак, првите пет производи биле 70% од вкупниот увоз. Тоа зборува за високата концентрација на увозот. За разлика од увозот, извозот е диверзифициран десет најзастапени производи во извозот на ЕУ во Африка учествуваат со 32,5% во вкупниот извоз на тој пазар. Во 2012 година, најголеми трговски партнери, редоследно беа: Алжир, Јужна Африка, Нигерија, Либија и Мароко (62% од вкупната трговија со континентот). Најзастапени во увозот се Нигерија, Либија, Алжир, Јужна Африка и Тунис, а во извозот Јужна Африка, Алжир, Мароко, Египет и Нигерија. На IV ЕУ-Африкански самит, под мотото: „Инвестирање во луѓе, просперитет и мир“ (што се одржа на 2 и 3 април 2014 година во Брисел), донесени се Приоритети
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СОГЛЕДУВАЊА за развој на партнерството меѓу ЕУ и Африка за периодот 2014 - 2017 година. Инаку, основите се поставени 2007 година во Лисабон. Самитот се согласи дека заедничката стратегија ќе се фокусира на: а) мирот и безбедноста; б) демократијата и доброто владеење; в) развојот на човечките ресурси; г) одржливиот и инклузивен развој и раст и континентална интеграција; д) глобалните и актуелни предизвици. За секој од овие приоритети се утврдени одреден број активности кои се со интеррегионален, континентален и глобален карактер, за кои се очекува дека ќе имаат реално влијание врз луѓето на двата континента. Овие активности ќе бидат дополнителни при соработката на национално и на регионално ниво. Во однос на одржливиот и инклузивен развој и раст и континенталната интеграција, клучните области на соработка се приватните инвестиции, инфраструктурата и интеграцијата на континентот, како и земјоделието, за сигурна и безбедна храна. Европската комисија ја повика Европската инвестициона банка да инвестира 20-25 милијарди евра во проекти во Африка, претежно во инфраструктурата, која сума треба да биде база за привлекување и на други инвеститори. Стратегијата за комуникативна Европа 2020 предвидува енергетско и транспортно поврзување со земјите од Северна Африка. Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло, преку дијагоналната кумулација на потекло на стоки, ќе овозможи длабока пазарна интеграција на земјите од jугоисточен Медитеран со ЕУ, ЕФТА, Турција и ЦЕФТА - преференцијална трговија се` до создавање на регион на слободна трговија. РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА И АФРИКА Основа на стратегијата на надворешната политика на Република Турција е посветеност за натамошно унапредување, проширување на политичкиот дијалог со сите земји, барање нови економски и трговски области за соработка и зголемување на нејзината хуманитарна помош и асистенција во земјите во развој. Република Турција, заедно со НР Кина, Индија и Бразил, извозно се најориентирани земји во светот на африканскиот континент. Република Турција гледа предизвик кој може да влијае на општиот национален раст. Во 2003 година Република Турција ја промовираше иницијативата на Турско-африканското партнерство – соработка на економски, политички, културен, образовен, здравствен и на воен план. Во рамките на истата, својата економска стратегија кон африканскиот континент Репубика Турција јa заснова на двата столба: Северна Африка и Субсахарна Африка. Оваа стратегија се имплементира во рамките на стратешкиот документ „Стратегија за зајакнување на трговијата и економските односи со африканските земји“ (2003 година). Алатките за имплементација на истата се саеми, трговски мисии, деловни совети, заеднички механизми на Европската комисија, дипломатско-трговските претставништва (во 2003 година Република Турција имаше 13 амбасади на африканскиот континент, а денес има 34) и создавање на билатерални регулаторни рамки. Стратегијата исто така подразбира поддршка за пристапување на земјитепартнери кон СТО со давање техничка поддршка и зголемување на банкарските активности. Како резултат на Стратегијата од 2003 година, во 2011 година, турскиот извоз во Африка изнесуваше 13,3 милијарди САД $, што е зголемување за 527% споредено со 2003 година (2,1 милијарда САД $). Во
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
17
СОГЛЕДУВАЊА 2011 година, турскиот увоз од Африка изнесуваше 9,6 милијарди САД $, што претставува зголемување од 189% споредено со 2003 година (3,3 милијарди САД $). Во 2013 година, билатералната трговска размена достигна вредност од 23 милијарди САД долари. Првите извозни партнери на Турција се: Египет, Либија, Алжир, Мароко, Тунис, Нигерија и Етиопија. Главни производи што се извезуваат се: железо и челик, минерални горива и лубриканти, нуклеарни реактори, машини и превозни средства. Првите увозни партнери на Турција се: Алжир, Египет, Либија, Јужна Африка, Нигерија и Мароко. Главни производи што се увезуваат се: минерални горива и лубриканти, материјали, бисери и скапоцени камења, неорганска хемија, какао, железо и челик. Трговијата и понатаму ќе биде битен фактор во развојот на економската соработка на Република Турција со Африка. Турција има проектирано да ја зголеми билатералната трговија на 50 милијарди САД $ до 2018 година. Турските инвестиции во Субсахарна Африка изнесуваат 2,6 милијарди САД $ (Етиопија 1,6 милијарди САД $; Јужна Африка 500 мил. САД $; Судан 250 мил. САД $). Турските инвеститори во Африка ги користат локалните природни и човечки ресурси за производство и извезуваат во трети земји. Вкупната вредност на преземани проекти од страна на Турција во африканските земји изнесува 47 милијарди САД $. Турција има склучено договори за слободна трговија со Египет (2005), Тунис (2005), Мароко (2006) и со Маврициус (2011). Република Турција ја има ратификувано Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло, во рамките на која со Алжир, Мароко, Тунис од една страна и ЕУ од друга има формирано субрегионална зона на слободна трговија. Трговски претставништва има отворено во Алжир, Ангола, ДР Конго, Египет, Етиопија, Гана, Кенија, Либија, Мадагаскар, Мали, Мароко, Мозамбик, Нигерија, Сенегал, Јужна Африка, Јужен Судан, Судан, Танзанија, Тунис, Уганда и во Замбија. На Вториот Африканскотурски самит на партнерство, што се одржа на 21 ноември 2014 година во Малабо, Екваторијална Гвинеја, промовиран е нов модел на соработка „Партнерство за зајакнување на одрживиот развој и интеграција“. Турција и Алжир Заради стабилниот политички систем и слободната трговија во рамките на Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијалните правила за потекло, Алжир е меѓу 10-те трговски партнери на Турција. Во 2012 година, трговската размена изнесуваше повеќе од 4 милијарди САД $, без таканаречената „торба трговија“. Извозот на Турција во Алжир изнесуваше 1,8 милијарди САД $ (текстил и конфекција, трикотажа, електронска и компјутерска опрема, ТВ и друга комуникациска опрема, цемент, козметика, пластични производи, житарки и производи од житарки, овошје и зеленчук, друмски возила, железо и челик, електрични машини и преработки од метал). Течниот природен гас (LNG), течниот петролеумски гас (LPG), суровата нафта и природниот гас чинат 97% од увозот на Турција од Алжир, а вкупниот износ изнесува 2,6 милијарди САД $. Турција има инвестирано во Алжир 838 милиони САД $, со што се обидува да го избалансира големиот трговски дефицит во однос на Алжир. Турција и Мароко Меѓу Турција и Мароко се применува Договорот за слободна трговија од 2006 година и истиот е соджан и во Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијалните правила за потекло. Мароко со Египет, Јордан и Тунис се потписнички на Агадирската спогодба, која, како и ЦЕФТА, создава заеднички бесцарински трговски простор. Трговската размена меѓу двете земји во 2012 година е преку 1,5 милијарда САД $, од што милијарда е извоз од Турција (предиво, метража, конфекција, железо и челик, друмски возила, електрични машини и апарати, производи од метал). Во увозот најзастапени се: неорганска хемија, минерални супстанци, суровини и репрометеријали за вештачки ѓубрива, конфекција и разни видови текстилни производи. Во Мароко оперираат 61 турска компанија со инвестиции од околу 245 милиони САД долари. Со оглед на политичката стабилност, турските компании го користат Мароко како база за влегување подлабоко на африканските пазари.
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СОГЛЕДУВАЊА Турција и Тунис Меѓу Турција и Тунис се применува Договорот за слободна трговија од 2006 година и истиот е соджан и во Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијалните правила за потекло. Мароко со Египет, Јордан и Тунис се потписнички на Агадирската спогодба, која, како и ЦЕФТА, создава заеднички бесцарински трговски простор. Со оглед на фактот дека 80% од надворешната трговија на Тунис се одвива со ЕУ, турските компании во таа земја гледаат можност за инвестирање во производство за извоз во ЕУ и зголемување на трговијата со ЕУ. Билатералната трговска размена изнесува околу милијарда САД,$, од што турскиот извоз изнесува 796 милиони САД $ (предиво, метража, конфекција, друмски возила, жечезо и челик, метални производи). Во увозот е остварена вредност од 195 милиони САД $ (вештачки ѓубрива, катран, сурова нафта и производи од нафта, неоргански хемиски елементи и соединенија на ретки елементи, електрични машини и апарати, разни текстилни производи). Во 2012 година, Турција имаше директни инвестиции во Тунис во вредност од 740 милиони САД $. Турција и Египет Египет е четврта економија во арапскиот свет после Саудиска Арабија, Обенитетите Арапски Емирати и Алжир. Египет е врата на африканскиот пазар од 2 милијарди потрошувачи. Спогодбата за слободна трговија меѓу Турција и Египет е на сила од 2007 година, но со заладување на политичките односи во 2013 година, од египетска страна постои барање за негово повлекување. Инаку, динамиката на либерализација на трговијата требаше да заврши заклучно со 2014 година. Трговската размена меѓу Турција и Египет во 2012 година изнесува околу 5 милијарди САД $, од коишто извозот изнесуваше 3,7 милијарди САД $, а увозот 1,48 милијарди САД $. Во извозот доминираат: нафта, нафтени производи, железо и челик, текстилни влакна и слични производи, обработени метали, електрични машини, апарати и бела техника. Во увозот доминираат: текстилни влакана и слични производи, нафта и нафтени производи и слични производи кои се суровина за вештачки ѓубрива, неоргански хемикалии и гас. Турција има инвестиции од 2 милијарди САД $, за производство кое не е наменето само за египетскиот пазар, туку и за трети пазари. Трговска соработка меѓу Република Македонија и Африка Република Македонија во 2013 година има реализирано трговија со 36 африкански земји, во износ од 36 мил. САД $. Само со Алжир, Египет, Тунис, Мароко и Јужна Африка билатералната трговска размена изнесува над 1 мил. САД $. Иста е состојбата и во 2014 година. Трговијата со само 5 африкански земји - Алжир, Египет, Мароко, Тунис и Јужна Африка, двојно е зголемена во однос на 2013 година. Во извозот се јавуваат десетина производи од машинскиот и електро-секторот. Податоци за структурата има само во случај на зделки поголеми од 100.000 САД $. Во увозот од Јужна Африка, 38 милиони САД $ се однесуваат на платина и легури од платина, што упатува само на еден купувач. Од Алжир е увезена само една трговска ставка - Друга репка или шеќерна трска и хемиски чиста сахароза, во цврста форма, друго.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
19
СОГЛЕДУВАЊА
Трговската размена на Република Македонија со Алжир, Египет, Мароко, Тунис и Јужна Африка во 2014 година Земја Алжир Египет Мароко Тунис Јужна Африка
Извоз 132.169,00 1.877,928,00 36.880,00 485.059,00 1.447,039,00 3.979,075,00
Увоз 6.853,427,00 4.704,818,00 8.712,854,00 11.288,089,00 40.373.500,00 71.932,688,00
Во САД долари Вкупно 6.985,596,00 6.582,746,00 8.749,734,00 11.773,148,00 41.820,539,00 75.911,763,00
Африканскиот пазар е во фокусот на светските економии. Во 2014 година најголемите светски економии излегоа со свои политички и економски стратегии кон африканскиот континент. Иако некои македонски компании од 1970 до 1990 година работеле во Африка, од 90-те години наваму се изгуби интерес или капацитет за тие пазари. Овој пазар треба повторно да се открива, но самите компании тоа тешко можат да го реализираат. Потребна им е поддршка, како создавање услови од страна на државата, но и партнерства со странски компании меѓу кои се и турските. Близината на Пристаништето во Солун овој пазар го прави достапен од аспект на транспортот. Африканскиот пазар како деловна дестинација за македонските компании е условена со многу фактори: 1. Во однос на Африка, Република Македонија нема изградено стратегија, како во однос на политичките така и во однос на економските односи. 2. Сиромашна билатерална регулаторна рамка. 3. Не е искористена можноста во рамките на Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила да се склучат договори за преференцијална трговија со Ажир, Мароко, Тунис, Египет, Израел и Јордан. 4. Уште не се завршени постапките за замена на постојните протоколи за потекло во Договорот за стабилизација и асоцијација, во Договорот за слободна трговија со ЕФТА и Договорот за слободна трговија со Турција со Протоколот за потекло од Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло, што е предуслов за склучување договори за преференцијална трговија со земјите-потписнички на Конвенцијата. 5. Недоволно развиената дипломатско-конзуларна мрежа го отежнува движењето на деловните луѓе, но и на потенцијални туристи. Издавањето визи се одвива од амбасадите во трети замји. Единствено конзуларно претставништво на Република Македонија на африканскиот континент е во Каиро, Египет. Визи за македонски државјани за Алжир се издаваат во Букурешт, за Мароко во Софија, а за Тунис во Белград. За државјани од Алжир, Мароко, Тунис и од други африкански замји македонските визи се добиваат според изборот на дипломатско-конзуларните претставништва. 6. Процедурите при издавање визи се дестимулативни за истражување нови пазари и за водење бизниси. Личното предавање на документите и личното земање на визите, со патување во трети земји, е финансиски трошок и време како за странските државјани, така и за домашните. 7. За да се отворат пазарите на Египет, Алжир, Тунис, Мароко, потребни се активности кои ќе обезбедат одржливост, а тоа се посети на ниво на претседатели на влади, со бизнис-делегации, подготвени институционално. Официјални посети на овие земји треба да се остваруваат во соработка со претставници на коморите. Коморите да создадат партнерства со партнерските институции во тие земји како база за промовирање на бизнис-можностите во двата правца. 8. Да се обезбеди поддршка на извозот преку субвенции на компаниите за настап на саеми во земји-потписнички на Регионалната конвенција. 9. Со турските партнери, ТОББ, ДЕИК, како и со европските партнери, да се организираат трилатерални средби, практика која се покажа како успешна (во 2013 година имаше такви средби со турски, европски и компани од Египет и Тунис). Љубица Нури
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОСЕТИ Македонско-турскиот бизнис-форум со индустријалци и бизнисмени од турската област Башискеле
ЗАЕДНИЧКИ НА ПАЗАРИТЕ ВО ЕУ, БЛИСКИОТ ИСТОК И СЕВЕРНА АФРИКА
- Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, и тие се на ниво на традиционално пријателство, со сите елементи на стратешко партнерство и со уште поголем потенцијал за севкупна соработка на чие искористување треба да се работи во наредниот период. Не` радува фактот што Владата на Република Турција и турските бизнисмени имаат стратешки интерес за интензивирање на трговската соработка со Македонија и Балканот, како во делот на инвестициите, така и во делот на туристичката промоција на земјава. Всушност, Република Македонија и целиот балкански регион имаат потреба од глобализација на економијата во партнерство со турската економија. Ова го истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, на Македонско-турскиот бизнис-форум со индустријалци и бизнисмени од турската област Башискеле. Нејзината порака до гостите беше дека во Македонија постојат големи можности за инвестирање во повеќе сегменти и тоа во инфраструктурата, особено патната и железничката, во земјоделството, текстилната и автомобилската индустрија и во туризмот. - Веќе постојат реални предуслови турските и македонските компании заеднички да влезат на пазарите во Европската унија, Северна Африка и на Блискиот Исток, за што треба компаниите добро да се подготват и да се информираат за правните процедури, за законските регулативи и деловните можности за влез во овие земји во соработка со коморите и асоцијациите на двете земји. Сето ова значи дека имаме голем потенцијал за деловна соработка, на сите нивоа, имаме отворен дијалог и волја за поинтензивна соработка и ова треба да го искористиме да биде наша заедничка предност, - додаде м-р Елена Милевска Штрбевска. Бариш Арат, претседател на Асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени „Башсиад“, спомена дека меѓу двете земји има стратешко партнерство и затоа тие се во Република Македонија, да ги „снимат“ состојбите и да обезбедат партнери за заеднички бизнис-потфати. - Нашата бизнис-делегација од Кочаели во близината на Истанбул е составена од претставници од компании од градежништвото, металната и индустријата за пластика и од областа на услугите. Нашите деловни луѓе се привлечени од информациите за добрата бизнисатмосфера во Република Македонија. Се согласуваме дека заеднички и со квалитетно производство можеме да најдеме место на пазарите во ЕУ, Блискиот Исток и Северна Африка, - подвлече Бариш Арат.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
21
ПОСЕТИ Бизнис-асоцијацијата „Башсиад“ од Кочаели е од особено значење за целиот регион и за Турција бидејќи придонесува за раст на турскиот БДП за цели 6%. На Кочаели отпаѓаат 13% од надворешно-трговската размена на Турција. Стратешки, тој е град на поврзување на трговијата меѓу Истанбул и Анадолија и азискиот континент. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2014 година достигна вредност од 441 милион САД $, што претставува раст од 14,35 % во однос на истиот период од 2013 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 67,5 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 374 милиони САД $. Република Македонија со Република Турција во 2014 година забележа трговски дефицит од 306,5 милиони САД $. Република Турција е осми трговски партнер на Република Македонија во 2014 година. Според статистиката, Република Турција во земјава за една деценија инвестирала 140 милиони евра. Извоз на позначајни производи од Република Македонија во Република Турција во 2014 година: • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 17,7 милиони САД$; • други ткаенини од памук до 85 % - 8,9 милиони САД$. • огноотпорни тули, блокови, плочки, керамички производи – 5,9 милиони САД$; • ткаенини од сечени синтетички влакна со други влакна – 5,3 милиони САД$; • рафиниран бакар – 5 милиони САД$. Увоз на позначајни производи на Република Македонија од Република Турција во 2014 година: • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали и преработки – 13,01 милиони САД$; • плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик – 8,7 милиони САД$; • руди на никел и концентрати – 7,9 милиони САД$; • други плетени или хеклани материјали - 7,2 милиони САД$; • предиво од памук (освен конец за шиење), со 85% или повеќе памук по маса, не за продажба на мало – 7,1 милиони САД$. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СОРАБОТКА
Македонско-француски форум од областа на вооружувањето
РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА НЕКОГАШНОТО НАМЕНСКО ПРОИЗВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
Во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија и Амбасадата на Репулбика Франција во Република Македонија, а со активно учество на Стопанската комора на Македонија и неколку фирми, на 24.3.2015 година, во Домот на АРМ се оджа Македонско-француски форум од областа на вооружувањето. Целта на Форумот беше ревитализација на некогашното наменско производство на македонските компании наменето за Армијата на Република Македонија токму преку денешниот настан, на кој учествуваа високи претставници од одбраната на Македонија и на Франција, како и неколку француски компании. Министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски во своето обраќање потенцираше дека целта на нашата држава е да имаме модерна, современа и добро опремена армија која целосно ќе ги исполнува стандардите на НАТО. Впрочем, овој настан е да ги поттикнеме македонските компании заедно со Стопанската комора на Македонија да се вклучат во наменското поризводство и да ги ревитализираме процесите кои некогаш постоеја, - подвлече Јолевски. - Колку посилни се македонските компании, толку е поголем буџетот на РМ, а со тоа и средствата за модернизација на Армијата на РМ. Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева истакна дека Стопанската комора на Македонија воспостави тесна соработка со Министерството за одбрана на Македонија. Како резултат на тоа е и Форумот, кој е продолжување на соработката што Комората и Министерството ја започнаа кон крајот на минатата година преку активностите за поттикнување на македонските компании за учество на тендерите за потребите на Армијата. М-р Георгиева потенцираше дека надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Франција, во подолг период не бележи суштински развој и покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на инвестиции во Република Македонија во финансискиот сектор, црната и обоената металургија, металопреработувачката и прехранбената индустрија. Подолг временски период, Република Македонија не може да се пофали со стопанска соработка со Република Франција, една од водечките светски економии, која би била соодветна на можностите. Бизнис-заедницата од нашата земја, на Република Франција гледа како поддржувач на техничкиот и технолошкиот развој на стопанството во Република Македонија.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
23
СОРАБОТКА Во текот на минатата година, истакна м-р Георгиева, надворешно-трговската размена со Франција изнесувала 108,7 милиони евра, од кои извоз од 29,4 милиони евра и увоз од 79, 3 милиони евра, Во суштина, вкупната размена со Франција изнесува само 1,2% од вкупната размена на Македонија, што е неспоредливо малку во споредба со потенцијалните можности. За споредба, размената со СР Германија учествува со 23% во вкупната надворешно-трговска размена на Македонија. Нека ваквите настани бидат поттик за економијата и промена на бројките. Во однос на состојбите и поттикнувањето на странските директни инвестиции од Франција во Македонија, истите кумулативно за периодот 19972013 година изнесуваа 137,1 милиони евра, односно 3,45% од вкупните странски директни инвестиции во земјава за наведениот период. Стопанската комора на Македонија минатата година спроведе и анкета меѓу своите членки, со цел согледување на интересите и потенцијалите за соработка. Резултатите покажаа дека за соработка со Франција интерес имаат компании од металната и електроиндустријата, од металуршкиот сектор, од хемиската индустрија (фармацевтските компании), прехранбената индустрија, како и компании од дрвната индустрија и информатичко-комуникациските технологии. Во Комората, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, е реактивиран Македонско-франкофонскиот деловен клуб, кој работи на поврзување на компаниите од двете земји во насока на продлабочување на соработката и искористување на потенцијалите. М-р Јелисавета Георгиева истакна дека во Република Македонија, пред осамостојувањето, во неколку компании се остваруваше наменско производство за тогашната армија. Застапени беа производството на делови и опрема за тенкови, воени транспортери и возила, медицинска опрема, муниција, транспортни полски кујни, вооружување и воена опрема од композитни материјали, како и други производи од индустријата кои беа наменети за војската. Имајќи го предвид долгогодишното и големото искуство што го имаа компаниите во реализацијата на наменското производство, опремата и машинскиот парк со кој во моментот располагаат, како и стручниот кадар, може да се реализира наменско производство, а Комората и сите чинители стојат на располагање за поттикнување на македонските компании за учество во таквите процеси. На Форумот се обратија и амбасадорот на Франција во Македонија, госпоѓата Лоренс Оер, како и полковникот Марсиал Трифен, од Генералната дирекција за вооружување на Франција.
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
МОЖНОСТИ Петти форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија
НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ
На 24 март 2015 година, Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија, Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија и Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, го одржаа Петтиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија. Воведни обраќања имаа претседателот на Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија, д-р Кочо Анѓушев, заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, м-р Владимир Пешевски и директорот на Мисијата на УСАИД, господинот Џејмс Стајн. Форумите имаат за цел да овозможат на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, вклучително инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, невладиниот сектор и меѓународните донатори, кои како резултат треба да генерираат иницијативи и предлози за подобрување на законската регулатива. Презентациите и темите за дискусија на Форумот вклучуваа теми за законско и практично подобрување на процесот и на постапките за инвестиции во обновливи извори на енергија и за инвестиции во фотонапонски системи на резиденцијални и деловни објекти без користење на повластени тарифи. Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, кој е поддржан од Групацијата на обновливи извори на енергија, е насочен кон подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии, со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови.
Перо Авакумовски
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
25
СОРАБОТКА
НАСКОРО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА Претставници на Амбасадата Кралството Холандија ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА вонаСтопанската комора на Македонија НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА На 20.3.2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба со претставници на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Во насока на зголемување на соработката меѓу македонските и холандскикте компании, заменик-амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, господинот Петар Вернхаен и Наташа Стојаноска, директор на Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија, ги посочија секторите за соработка на компаниите од двете држави: прехранбената, текстилната и металната индустрија, енергетиката и други. На работната средба беше договорено Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, во наредниот период да организира презентација на холандски програми за поддршка на мали и средни претпријатија. Владата на Холандија нуди неколку програми за поддршка на малите и средни претпријатија: - ММФ - Посредништво во пронаоѓање партнери во Холандија за трговија и инвестиции (Мatchmaking facility - MMF); - ПУМ-Програма за oбезбедување експертиза од холандски компании за македонски компании и - ЦБИ - Центар за помош во надворешната трговија - заеднички инвестициски програми и планови на холандски и македонски фирми. На презентациите што ќе следат ќе бидат истакнати можностите како овие програми да бидат достапни до бизнисзедницата со цел малите и средни фирми активно да се вклучат и да конкурураат на истите. Исто така, во мај оваа година, десетина македонски компании од прехранбениот сектор, членки на Комората, ќе учествуваат на Меѓународниот саем на стоки за широка потрошувачка, што ќе се одржи во Амстердам. Ивона Каранфиловска
ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР СО НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ НА ПОЛСКИОТ ПАЗАР
Вршителот на должноста амбасадор на Република Македонија во Полска во Стопанската комора на Македонија
На 23.3.2015 година во Стопанската комор на Македонија се одржа работна средба со госпоѓата Горица Атанасова Ѓоревска, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Република Полска. Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Полска, во подолг период не бележи суштински развој и покрај потенцијалите на двете земји. Република Полска е 21-ви трговски партнер на Република Македонија во надворешнотрговската размена. На работната средба беа водени разговори за можностите за настап на македонски компании на полскиот пазар. - Наша цел е да им отвориме пат за соработка на нашите компании со Полска. Се работи за пазар на кој е можен пробив со високо квалитетни производи. Најголеми шанси имаат производи од прехранбено-конзервната индустрија, вино, но и други производи од земјоделскиот сектор, - истакна Јадранка Аризанковска, од Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комор на Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Полска во јануари 2015 година изнесува 7,69 милиони САД долари, што претставува раст од 8,08% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e нешто над 2 милиона САД долари и е зголемен за 28,54%, а увозот од 5,68 милиони САД долари бележи зголемување од 2,3%. Остварен е негативен трговски биланс од 3,66 милиони САД долари. Ивона Каранфиловска
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
МОЖНОСТИ
Групација за преработка на дрво
ПОТРЕБА ОД ШТО ПОСКОРА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ШУМИТЕ ВО ЗЕМЈАВА
Групацијата за преработка на дрво при Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел, на 19.3.2015 година, во Стопанската комора на Македонија одржа состанок, на кој беа присутни претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. На состанокот се дискутираше за актуелните состојби во примарното производство на дрво, како и за актуелните проблеми со сертификацијата на шумите во РМ. Господинот Љубе Неделковски, претседател на Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел и присутните членови на Групацијата ја истакнаа соработката со ЈП „Македонски шуми”. Како еден од проблемите беше посочена покачената цена на техничкото дрво преку промена на класификацијата и транспортот на истото, со што цената е зголемена за 2025%. Присутните компании ја истакнаа тешката состојба во оваа индустрија и пред покачувањето на цената, а со самото покачување се доведени во состојба да го намалат бројот на вработени во нивните компании. Посебно беше истакната потребата од намалување на извозот на техничко дрво, со што би се заштитиле домашните преработувачи на истото. Плаќањето на техничкото дрво кај ЈП „Македонски шуми” е авансно, а воедно и се доцни со испорака на истото. Поради тоа, се јавува проблем при преработката, пласманот и наплатата на техничкото дрво, со што се отежнува финансиската состојба на компаниите од оваа дејност. Исто така, проблем се и недоволниот број на лиценцирани компании за сечење и транспорт на техничко дрво, како и недоволно обучени лица за вршење на оваа дејност. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорија дека во најскоро време ќе има измени во Законот и дека за правилно сечење на дрвата ќе бидат назначувани шумарски инженери и техничари со работно искуство, со што би се надминал овој проблем. Присутните компании го истакнаа и проблемот со подигање на дрвата од времените складови, поради тоа што подигањето на истото не е по класификација туку по редослед, а и тежок е пристапот до времените складови. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека до Стопанската комора на Македонија ќе достават регистер на времени шумски складови, а потоа истиот да им биде доставен на компаниите од примарното производство, за нивна информација. Притоа, присутните компании од индустријата за преработка на дрво истакнаа дека е потребно со ЈП „Македонски шуми” да се најде заедничко решение со цел да се надминат овие состојби. Посебно се истакна потребата за што поскора сертификација на шумите во Р. Македонија. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека сертификацијата на шумите е во тек и дека наредната година би требало да бидат сертифицирани 34 шумски единици во источниот регион, со што би се олеснил извозот на компаниите од оваа индустрија. На крајот, се донесе заклучок да се формира работна група од Групацијата за преработка на дрво и да се иницира состанок со ЈП „Македонски шуми”. Миле Стојчевски
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
27
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе остваруваат заеднички стратешки цели
Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 23.3.2015 година во Битола потпишаа Mеморандум за соработка. Меморандумот треба да придонесе кон реализација на заедничките стратешки цели, преку заедничка соработка. Документот им дава можност на трите страни да работат на проекти за економски развој на регионот и за заеднички настап пред домашни и странски фондови и програми кои имаат за цел изработка и имплементација на проекти за поддршка на бизнис-секторот. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) е основан од единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на Пелагонискиот плански регион – Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Могила, Новаци, Кривогаштани, Долнени и има својство на правно лице. Исто така, ЦРППР ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на Пелагонискиот плански регион и спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од aфондовите на Европската унија и други меѓународни извори. Во име на регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп, Меморандумот го потпишаа претседателите Мирко Велковски и Симон Наумоски, а од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, раководителот на Центарот, Емилија Ѓероска. Во своите поздравни обраќања тројцата претставници истакнаа дека заедничката соработка ќe биде во насока на градење на регионално партнерство, мобилизација на потенцијалните ресурси и имплементација на заеднички активности за решавање на постојните и идните предизвици, како и поттикнување на иновативноста, претприемништвото и претприемничкото размислување и ќе се залагаат за поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на општините од Пелагонискиот регион, а во функција на економскиот и регионалниот развој. Статутот, мисијата и визијата на Стопанската комора на Македонија ги обврзуваат и регионалните комори да работат на проекти кои ќе го развиваат бизнис-секторот во земјава, а со тоа и животниот стандард на граѓаните во Македонија. Меморандумот за соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, претставниците на страните-потписнички го истакнаа како стратешки момент во економското заживување на регионот. М-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Регионална комора со седиште во Прилеп
СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ФИЛИЈАЛИ НА СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
v На 18.3.2015 година, во Регионалната комора со седиште во Прилеп се одржа работна средба со директорите на Стопанска банка АД Скопје - филијалите од Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино, Крушево и Битола. На оваа средба беше извршена презентација за работата и структурата на организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и Стопанската комора на Македонија. Извршниот директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп Ристо Најдоски, присутните поопширно ги запозна со организационата поставеност на Регионалната комора со седиште во Прилеп и со Правилата за работа на истата во рамките на Стопанската комора на Македонија. На работната средба активно учество имаше и регионалниот директор на Стопанска банка АД - Скопје, Стевчо Димески, кој истовремено е и член на Управниот одбор на Регионалната комора. Тој, меѓу другото, изрази голема благодарност за долгогодишната успешна соработка меѓу двете институции, како на регионално, така и на републичко ниво. Во продолжение на средбата регионалниот директор на Стопанска банка го искористи присуството на директорите од филијалите за расправа и за актуелни теми од нивната надлежност. Ристо Најдоски
Во Регионалната комора со седиште во Прилеп се одржа семинар за Законот и Упатството за архивско работење
НИЗ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ПОЈАСНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА
На 19.3.2105 година во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп се одржа еднодневен семинар на тема: „Имплементација на Законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење“, објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година. На семинарот учествуваа 20 претставници од 12 компании. Валентина Тодоровска ги запозна присутните со новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документираниот материјал во канцелариското и архивското работење, кои е од практично значење за неговата примена. За време на семинарот е применета интерактивната метода за појаснување на Законот и Упатството за архивското работење, со разработување на конкретни примери од интерес на учесниците на семинарот. Ристо Најдоски
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
29
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ШЕСТ ДЕЦЕНИИ НА ВРВОТ НА ПАЗАРОТ НА ПАРИТЕ И НА ФИНАНСИИТЕ ВО ДРЖАВАТА
Комерцијална банка прослави значаен јубилеј
Комерцијална банка прослави 60 години од основањето.Шеесет години искуство е големо богатство и одлична база за нови почетоци и пресврти, за нов голем натпревар да се остане на врвот на пазарот на парите и на финансиите во државата, изјави главниот извршен директор на Комерцијална банка, Хари Костов, на одбележувањето на јубилејот. Тој пред акционерите и клиентите на банката истакна дека во изминатите 60 години нивна главна мисија била одговорно кредитирање на фирмите и граѓаните со што има огромна заслуга за финансирање на економскиот развој на земјата. -Од 1955 година, кога беше основана Комерцијална банка, па до денес, нашата основна мисија е со својот капитал и одговорното кредитирање на граѓаните и корпоративниот сектор да им гарантираме сигурност на влоговите на штедачите, да го поттикнуваме штедењето на сите слоеви во општеството и со собраните пари да го финансираме економскиот развој на Македонија и да придонесеме за подобрување на општата благосостојба. Шеесет години целосно ги посветуваме сите наши расположливи ресурси да им помогнеме на нашите комитенти да ги реализираат нивните амбиции, - изјави Костов. Зборувајќи за стратегиските цели во следните пет години, Костов вети дека Комерцијална банка ќе остане водечка банка во Македонија. -Нашите стратегиски цели и во наредните пет години остануваат на цврсти економски принципи да се обезбедува максимална добивка на акционерите на долг рок. Иако, морам да признам дека во последните две години, заради сплет на повеќе околности, не бевме баш најуспешни во тој поглед. Остануваме и во иднина независна приватна водечка банка на целата територија на Република Македонија. Со работење според европски стандарди, силно ќе ја зацврстиме лидерската позиција во банкарскиот сектор. Клиентите се на врвот на сите приоритети во нашето работење и сите иновации се поврзани со нивните и нашите заеднички интереси. И натаму сите наши клиенти ќе имаат еднаков третман, без оглед дали се акционери или не се, - рече Костов. Комерцијална банка заклучно со крајот на 2014 година, има вкупна актива од 92,8 милијарди денари што е пораст од 6,8% на годишно ниво. Најголемо учество во вкупната актива од 51,4% бележат нето кредитите дадени на клиентите, кои достигнаа износ од 47,6 милијарди денари. Банката работи со повеќе од 41.000 корпоративни комитенти и 890.000 граѓани и има 85.000 корисници на услуги преку интернет и 4.200 корисници на услугите на мобилното банкарство. Таа е рангирана на прво место во земјата според неколку важни категории: големината на вкупната актива, депозитите на домаќинствата, одобрените кредити на нефинансиски правни лица, финансирање на нивното надворешнотрговско работење и бројот на отворени денарски сметки на правни лица, а според капиталот е втора по големина.
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Млекарницата Бимилк го стимулира производството на овчо млеко
ЗА КООПЕРАНТИТЕ БЕЗБЕДЕНИ 20 ЛАКТОФРИЗЕРИ
Млекарницата Бимилк обезбеди 20 лактофризери во вредност од 100.000 евра за своите кооперанти, производители на овчо млеко. Лактофризерите кои млекарницата ги додели на бесплатно користење на своите кооперанти имаат капацитет на складирање од 10-15 тони сурово овчо млеко дневно со што значително ќе се зголеми потенцијалот за производство на квалитетно сурово овчо млеко од домашни фармери. Снабдувањето на кооперантите со најсовремена опрема за безбедно чување на суровото млеко е само една од низата мерки со кои Бимилк ќе го стимулира производството на овчо млеко од домашни производители, а со тоа ќе придонесеза подобрување на состојбите во производството на овчо млеко, проблем кој се провлекува подолго време во македонското сточарство. -Доделувањето на лактофризери за нашите кооперанти за сурово овчо млеко значително ќе го олесни процесот на складирање на млекото и чување на неговите карактеристики пред да биде откупено. На овој начин им се помага на млекопроизводителите, но воедно и се обезбедуваат поголеми количини на квалитетно сурово овчо млеко достапни за откуп. Имајќи предвид дека сточарството е макотрпна работа и долготрајна дејност, Бимилк секогаш ќе остане на страната на фамилијарните комерцијални фарми преку отвореност за воспоставување на долгорочна соработка од 5 и повеќе години. – изјави Полексена Ристеска, маркетинг- менаџер во Бимилк Во изминатите неколку години млекарницата реализираше бројни мерки за помош на домашното производство на кравјо млеко меѓу кои набавка на повеќе од 1200 високостелни јуници, а од оваа година паралелно со стимулирањето на производството на кравјо млеко, Бимилк ќе инвестира и во домашното производство на овчо млеко. За таа цел Бимилк има план да обезбеди генетски материјал за овчарските стада со цел кооперантите да имаат можност да го зголемат својот потенцијал, а на тој начин и да го зголемат количеството на произведено овчо млеко.(Бимилк)
Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 превозници во Источна Европа
РЕЗУЛТАТ НА ВИЗИЈА УСЛУГИТЕ ПОСТОЈАНО ДА СЕ ПОДОБРУВААТ
Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија“, обебзеди мсто меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во Источна Европа на прогласувањето на Светските аеродромски награди „Скајтракс 2015“. На доделувањето на наградите „Скајтракс“ во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги - Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа. Во 10 најдобри се и аеродромите во Будимпешта, Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава и Варна. - Вбројувањето на Скопскиот аеродром во топ 10 на источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која што на глобално ниво ги истражува, следи и мери реакциите и задоволството на патниците од аеродромите. Оваа награда, како и претходните што две години по ред ги добивме од Меѓународниот совет на аеродроми, е уште еден силен сигнал дека имаме соодветно формулиран пристап во поглед на квалитетот на услугите и визија тие постојано да се подобруваат, а сè со цел нашите редовни корисници, патниците, да можат максимално да уживаат во патувањето, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“. Според официјалната интернет-страна на манифестацијата, за нејзините потреби биле пополнети над 13 милиони прашалници од граѓани од 112 различни националности во периодот од мај 2014 до јануари 2015 година. Истражувањето опфатило 550 аеродроми во светот. Со него биле проверени искуствата на патниците во поглед на аспекти како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти.(МИА)
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
31
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
„БЕЗ РИЗИК“ ГИ СПОЈУВА ПОТРОШУВАЧКИОТ КРЕДИТ И ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Винер Лајф и Шпаркасе Банка со нов уникатен производ на пазарот
„Без ризик“ е новиот производ од Винер Лајф осигурување и Шпаркасе Банка кој ги спојува потрошувачкиот кредит и животното осигурување во уникатна понуда на пазарот. Новиот производ претставува кредит со дополнителна заштита обезбедена преку животното осигурување на кредитобарателот и нуди поголема сигурност во отплатата на кредитот. Кредитното животно осигурување е еден од најпопуларните и барани производи на осигурителните пазари, во кој што животното осигурување го покрива остатокот од кредитниот долг во случај на несреќа со што семејството се ослободува од наследни долгови.
-Со овој производ ја започнуваме нашата соработка со Шпаркасе Банка, која што ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни. Првенствено, излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните со создавање на нови производи во кои што се вклучени и животното осигурување и кредитното обезбедување во исто време. Воедно, веруваме дека со ваквите производи и со заедничкиот настап, поттикнуваме успешен и одржлив развој на осигурителниот пазар и на банкарскиот финансиски сектор во Република Македонија, - изјави д-р Бернд Ахатц, Член на Управниот Одбор на Винер Лајф. „Без ризик“ е производ кој овозможува повеќе придобивки за голема група граѓани. Се однесува на потрошувачки кредит до 610.000 МКД а можат да аплицираат сите граѓани на возраст над 20 години. Старосната граница на клиентите е 65 години. Во согласност со оваа старосна граница, последната рата треба да доспева пред клиентот да наполни 65 години. -Кредитното животно осигурување е се уште новина на македонскиот пазар, за разлика од Европа и светот каде што обезбедувањето кредит со животно осигурување е веќе развиен сегмент. Следејќи ги светските трендови и грижејќи се секогаш за потребите и можностите на нашите клиенти, заедно со Винер Лајф го воведуваме овој производ на пазарот со кој ја охрабруваме довербата на граѓаните и им обезбедуваме поволни услови на кредитирање. Потрошувачкиот кредит со животно осигурување овозможува поголема сигурност и обезбедување на семејствата од наследени долгови во иднина. Со овој производ, продолжуваме да градиме долгорочен однос со клиентите што е наша стратешка определба на македонскиот пазар, - изјави Викторија Јовановска, директор на Ссектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка. Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2010 година, како дел од осигурителната групација Vienna Insurance Group. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, Винер Лајф на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства. (Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје)
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
„ВАН ХОЛ“ СТАНА ИЗВОЗНИК БРОЈ ЕДЕН НА АВТОБУСИ ВО САД
По отворање на фабриката во Македонија во индустриската зона „Бунарџик“
Компанијата„Ван Хол“, по отворање на фабриката во Македонија, стана извозник број еден на автобуси во САД. Според сопственикот Филип Ван Хол, кој се сретна со градоначалникот на општина Илинден, каде што е лоцираната зоната Бунарџик во која е и фабриката на „Ван Хол“, рече дека главен придонес на ваквите резултати, се квалитетната работна сила и стручноста на кадрите во компанијата во Република Македонија. Тој најави дека нивна интенција е отворање нови капацитети и проширување на производството и отворање нови работни места. Од општина Илинден посочуваат дека постоењето на овој светски бренд во општината е од огромно значење за локалната самоуправа, но и за регионот, па и пошироко. - „Ван Хол“ не само што директно придонесе за намалување на невработеноста, туку овозможи развој и поддршка на повеќе мали компании кои си најдоа свое место како партнери во производствениот процес на „Ван Хол“, наведуваат од општина Илинден. На средбата градоначалникот Жика Стојановски го презентираше работењето, плановите и активностите за равој на општина Илинден, посочувајќи дека локалната самоуправа и во иднина ќе остане отворена за директна соработка и поддршка на бизнис заедницата. Тој искажа задоволство од постоењето на ваква компанија на територијата на општината. Од средбата произлезе заедничка оценка дека во иднина треба да се интензивира соработката во повеќе сегменти, се со цел да се покаже општествената одговорност на оваа компанија во развојот на локалната заедница. Општина Илинден и „Ван Хол“ во 2013 година потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието со кој белгиската компанија се обврза да обезбеди практична настава, обука и работно ангажирање на учениците од Средното стручно училиште „Илинден“, според потребите во сопствените капацитети. Во таа насока, на средбата претставниците на „Ван Хол“ истакнаа дека планираат на дел од учениците кои што ќе се истакнат со своите знаења и ќе пројават инетрес за производствените процеси, директно да им обезбедат можност за вработување.(МИА)
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
33
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ВЛОЖУВАЊА ВО ЕКОЛОГИЈАТА, ЕДУКАЦИЈАТА НА МЛАДИТЕ, ЗАШТЕДИТЕ НА ЕНЕРГИЈА...
Пивара Скопје значајно учествува во проекти на Coca-Cola HBC корпорацијата
Со годишна продажба од 2 милијарди единечни пакувања безалкохолни пијалаци на 589 милиони потрошувачи во 28 држави, Coca-Cola HBC корпорацијата, каде припаѓа и Пивара Скопје АД, се зацврсти на второто место во светот меѓу производителите на пијалаци од портфолиото на Coca-Cola. Ова го покажува најновиот интегрален извештај на Coca-Cola HBC за 2014-та година, кој за првпат ги обединува податоците за перформансите на корпорацијата во сите сегменти на бизнисот, лидерството и влијанието врз животната средина. Минатата година инвестирани се 5,8 милиони евра во проекти што овозможија заштеда на над 1,1 милијарди кубни метри вода. Во рамки на оваа заштеда значајно е учеството и на постројката за био-третман на вода во Пивара Скопје. Дополнително, најголемиот македонски производител на безалкохолни пијалаци и пиво, учествуваше и во програмите за заштедата на енергија во кои минатата година се вложени 4,3 милиони евра. Со набавка на нови ладилници кои не користат гасови што ја загадуваат околината, Пивара Скопје придонесе за оствареното реално намалување на емисија на т.н. стакленички гасови во атмосферата за 7,8 проценти во однос на 2013 година. Пивара Скопје учествуваше и во вкупната инвестиција на Coca-Cola HBC од 8,7 милиони евра во реализација на проекти значајни за локалните заедници. За својата посветенoст во реализација на ваков вид проекти, Пивара Скопје ја доби и националната награда за здравје и безбедност при работа за 2014-та година. - Особено сме горди што инвестираме во проекти кои се значајни за луѓето и заедницата на која и припаѓаме. Низ нашата програма за едукација и обука досега поминаа над 3.300 млади луѓе од земјава, а преку Cola-Cola купот обезбедивме над 1.500 ученици да ги почувствуваат придобивките од активниот и здрав животен стил. Дополнителни 700 ученици ги вклучивме и во нашата програма за здравје и безбедност. Ова е само дел од нашиот реален придонес кон ширењето среќа како глобална мисија на Coca-Cola, но и одличен параметар за тоа како ние го разбираме нашиот компаниски успех и на што го темелиме нашиот развој во иднина“, вели генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ. Coca-Cola HBC неодамна беше прогласена за најдобра во светот меѓу компаниите за производство на пијалаци за 2014-та година од страна на „Дау Џонс индексите за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Пивара Скопје втора година по ред ја добива наградата за квалитет и одржлив развој, што е највисоко поединечно достигнување во оваа област во Coca-Cola системот.(Пивара АД Скопје)
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Покерот околу идните гасоводи во југоисточна Европа во нова рунда
ПРОКЛЕТСТВОТО НА СЛАБОТО ЕВРО
*Лабавата монетарна политика на ЕЦБ го слабее еврото, но со тоа го поттикнува извозот. Истовремено, со поскапениот увоз расте и стапката на инфлација. Обата ефекта се посакувани - но долгорочно се заканува и опасност. За германските извозници еврото губи од значењето како платежно средство. Според наводите на Сојузниот завод за статистика, лани само околу 62 процента од зделките со земји надвор од ЕУ се одвивале во евра. Уделот континуирано опаѓа од 2010 година, кога изнесуваше речиси 67 проценти. Наместо евро, се’ почесто се користи доларот: во 2014 година повеќе од 26 проценти од извозните зделки надвор од ЕУ беа реализирани во долари, а во 2013 беа околу 23 проценти.
Партнерите не го прифаќаат еврото „Надолниот тренд во договарањето на зделки во странство во евра покажува дека кај некои наши трговски партнери има проблеми во однос на прифаќањето на еврото“, нагласува за ДВ Фолкер Траер, од Германската индустриска и трговска комора, одговорен за надворешно стопанисување. „Централна причина за трендот кон неприфаќање на еврото како трговска валута е несигурноста околу економскиот развој во Европа“, оценува тој. Конечно, една валута може да биде силна само ако зад неа стои силен стопански регион, а Европа тука уште е на крстосница, „оти големи играчи како Франција и Италија уште не фатија чекор кон вистински структурни реформи“, вели Траер. Европската централна банка (ЕЦБ) на тоа реагира со се’поекспанзивна монетарна политика, додека емисионата банка во САД полека сака да ја напушта политиката на ниски камати. „Сето тоа во моментов го прави доларот поатрактивен за нашите трговски партнери отколку еврото. А покрај ова, тука е и театарот во врска со Грција“, нагласува Фолкер Траер.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
35
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Инфографика: учество на валути во светската трговија Расте потребата од обезбедување на менувачкиот курс Грегор Волф од Здружението за надворешна трговија истакнува и други негативни аспекти за извозниците од политиката на евтини пари: „Расте потребата од инструменти за обезбедување на менувачкиот курс. Најновото драматично паѓање на вредноста на еврото изненади и тешко погоди некои помали претпријатија кои мораа да се соочат со значителни загуби“. Истовремено расте самоувереноста на земјите во забрзан подем. Како последица на тоа, кај тие клиенти тешко може да се наметнат договори врз основа на еврото, вели монетарниот експерт. Но, развојот отсликува и дека „имаме значителен пораст на извоз во зоната на доларот. Последица од значително побрзото опоравување на пазарот во САД, при недоволни импулси од БРИК-државите (Бразил, Русија, Индија и Кина, н.з.), е дека повеќе зделки се реализираат на база на долари“, вели Грегор Волф. Конјунктурата и извозот само краткорочно се динамизираат Ни Фолкер Траер од Германската индустриска и трговска комора не сака да биде сфатен како ноторен песимист. „За да биде јасно: германското стопанство црпи голема полза од европската монетарна унија. Во моментов слабиот курс на еврото дури е и дополнителен потпорник за нашиот извоз и за конјунктурата“. Но, Траер истовремено ги предупредува извозниците да не се залажуваат со подобрената конкурентност која е условена од актуелната слабост на еврото: „Оти, со тоа ниеден производ не стана подобар, ниту некој процес во претпријатијата стана поефективен. Освен тоа, големото варирање на менувачкиот курс на претпријатијата им го отежнува планирањето и ги покачува трошоците за осигурување од тие ризици“. Во анкетите на Комората поради тоа дури расте перцепцијата на менувачкиот курс како деловен ризик. Токму затоа е предност продажбата да се засметува во сопствената валута, истакнува Траер. „Ако се’ повеќе бизниси договараме во долари, тогаш последиците од промените на менувачкиот курс се’ почесто директно се одразуваат врз резултатите на нашите извозни претпријатија“. Грегор Волф, експерт од Здружението за надворешна трговија, имајќи го предвид времето пред европската должничка криза, вели: „Еврото беше на добар пат да се етаблира како замена за доларот. Но, кој покажува толку малку решителност да го стори неопходното за да излезе од кризата, како Европејците, а згора на тоа уште и така самоволно се однесува со својата валута, не треба да се чуди поради опаѓањето на довербата и намаленото прифаќање“. Цената за тоа се растечките трансакциони трошоци и значителен ефект на оптоварување на страната на увозот - за потрошувачите, како и за претпријатијата“. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена ПРЕ потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН
Вод АШЕТО Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој методРЕАЛНА на обука, ПОТРЕБА која вклучуваНА микс техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДАЛИпотреба. ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависностод Вашата
РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и Дозволете да придонесеме за светски компании.
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.
АКАДЕМИЈА ЗА П
-SALES
Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од Кр 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката се во тек.
дол вра доп пре Ов ком про учи
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци Најуспешните компании ширум свет • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за на обука, која вклучува микс од Тренинг и Обука • контролен ден продажба. Презентација од л За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
консултант кој ќе биде достапе насочува во реални услови во за
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“
Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Краен рок за пријавување: 31 март 2015 година. Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА
30 март 2015 година 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
(права, одговорности, отворени прашања, информации)“
На семинарот ќе бидат презентирани: - законската рамка за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема; - обврските на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема; - преземањето на отпадната опрема; - функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и - финансиските импликации кои произлегуваат од овој закон. На семинарот ќе имате можност за заедничка, интерактивна комуникација по предметната регулатива. Предавачи: - м-р Ана Мазневска Каранфилова, раководител на сектор за отпад во Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање и - Дарко Блинков, Државен инспектор за животна средина и просторно планирање. Пријавување до 25 март 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30.03.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Семинар:„ПРИМЕНАТА НА ЕЛЕКТРОНСКАТА АРХИВА (E-ARCHIVE) ВО ПРАКСА” - Упатството за начинот и техниката на постапување со Архивскиот и Документарниот материјал во канцелариското и архивското работење - основа за имплементација на законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење -
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година) ПРОГРАМА Закон за архивски материјал 1. Електронски архивски и документарен материјал; 2. Приватен архивски и документарен материјал; 3. Надзор; 4. Прекршочни одредби. Уредба за канцелариско и архивско работење 1. Предмет, цел и содржина на Предлог-уредбата за канцелариско и архивско работење: • Цели и принципи на канцелариското и архивското работење; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Електронско канцелариско и архивско работење;
во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент. 2. доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“.
2. Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. - Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и - Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • Општи одредби; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал. - Софтерскo решение за електронска архива е-Archive - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • План на архивски знаци; • Листа на архивски материјал; • Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. - ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. м-р Валентина Тодоровска, долгогодишно работно искуство
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинари: КАНЦЕЛАРИСКО И
АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
„Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење - основа за имплементација на Законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година) Закон за архивски материјал 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Предмет, цел и содржина на Законот за архивски материјал, електронски архивски и документарен материјал; 4. Јавен архивски и документарен материјал; 5. Приватен архивски и документарен материјал; 6. Надзор; 7. Прекршочни одредби.
На 31.3.2015 година, од 10:00 до 16:00 часот, во хотел „Манастир“, во Берово.
архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • План на архивски знаци; • Листа на архивски материјал; • Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. Заклучоци
Уредба за канцелариско и архивско работење 1. Предмет, цел и содржина на Предлог-уредбата за канцелариско и архивско работење: • Цели и принципи на канцелариското и архивското работење; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Електронско канцелариско и архивско работење; 2. Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • Општи одредби; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал. Упатството за начинот и техниката на постапување со
Предавач: 1. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
Контакт и пријавување на www.mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 април 2015 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар: „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“
ПРОГРАМА • Поим и значење на набавките; • Цели и задачи на набавките; • Организација во службата за набавка; • Внатрешна организација за набавки; • Односот на набавките со другите функции; • Работна политика за набавките; • Планирање на набавките; • Стручни кадри за набавка; • Методи и канали за набавка; • Евиденција на набавките; • Анализа на набавките; • Електронска резервна аукција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Петнаесетгодишното искуство го стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL - бренд HOUSEL и застапник на брендовите за бела техника: Elektrolox, Zannusi, Indesit за Србија, STAV - овластен дистрибутер на SAMSUNG за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна Гора: Elektrolox, Zannusi, Indesit, SAMSUNG. Организирал послепродажна поддршка за брендовите Elektrolox, Zannusi, Indesit, SAMSUNG во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година бил ангажиран од страна на UNIDO (United Nations Industrial Developmend Organization) како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови. Како извршен директор на компанијата “TQM Konsalting” ДОО - Нови Сад, од 2010 година раководел со тим на консултанти при имплементација на менаџерски системи во компании во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Траење на семинарот и начин на работа - Семинарот трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. Пријавување до 3 април 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„SOLAREX 2015 “ ВО ИСТАНБУЛ
Од 9 до 11 април 2015 година Меѓународен саем за соларна енергија и технологии во Република Турција
Саемот е оганизиран со поддршка на турското Министерство за енергија и природни ресурси и на него ќе присуствуваат голем број локални и странски претставници од компании кои се занимаваат со соларна енергија. На Саемот ќе бидат изложени најразлични производи за соларна енергија: фотоволтаични ќелии, модули, инвертори, технологии замерење и контрола, полначи, батерии , кабли, конектори, системи за следење насоларните инсталации, монтажа на соларни системи, градба и интегрирани решенија,самостојни соларни системи, фотоволтаични централи, системи за складирање наенергија, соларни системи за следење, „самостојни” соларни системи,производи за широка потрошувачка на соларна енергија, материјали и опрема запроизводство на соларни системи, соларни термални технологии, апсорбери,лакови, колектори, експанзиони садови,системи за пренос на топлина, резервоари, соларни термални електрани и др. За посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во директна соработка со организаторот обезбедува: - 2 ноќевања (со појадок во хотел со 5*); - транспорт (аеродром - хотел - аеродром); - локален транспорт (хотел - саем - хотел); - дводневна влезница за посета на Саемот. Овие поволности се ограничуваат на 1 лице од 5 компании, со што ќе се користи принципот прв пријавен - прв услужен. Цената на аранжманот по лице од компанија-членка на Стопанската комора на Македонија изнесува 3.540,00 денари (со вклучен ДДВ). За останатите цената е 4.720,00 (со вклучен ДДВ). Напомена: Во цената не е вклучен транспортот до Истанбул, кој е на товар на компанијата, а Стопанската комора на Македонија може да посредува за обезбедување авионски билет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 април до 5 мај 2015 година учествувајте на најголемата саемска манифестација во НР Кина
„117TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2015“
Повеќе од 150.000 видови производи ќе бидат изложени на Саемот поделен во три фази. Се излагаат традиционално доминантните производи од лесната индустрија, како и производи од висока технологија и електромеханика. Кантонскиот саем каде оваа година кодомаќин е Министерството за трговија на НР Кина и Народната влада на провинцијата Гуангдонг, привлекува купувачи од целиот свет, со посетители од над 210 земји кои се среќаваат во Гуангжу, за да разменат информации и да ги набават познатите кинески брендови. Затоа на овој престижен Саем се гледа како на „барометар на надворешната трговија на Кина”. ПРВА ФАЗА ОД 15 ДО 19 АПРИЛ 2015 година Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи од секторите: • електроника и електрични апарати за домаќинство; • осветлување и опрема за осветлување; • возила и резервни делови за возила; • машини; • хардвер и софтвер (алатки); • градежни материјали; • производи и декорации од железо; • хемиски производи. ТРЕТА ФАЗА ОД 1 ДО 5 МАЈ 2015 година Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи за: • канцелариски материјали; • торби за дигитална опрема и камери; • чанти; • производи за рекреација; • храна; • текстил и облека; • чевли; • лекови; • медицински помагала и • здравствени производи. Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем е најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија. Сеопфатен во својата природа, ја има освоено наградата „Кинески саем број 1” за најдолга историја, обем на работа, најкомплетна изложбена понуда, најголемо присуство на купувачи и најголем промет во цела Кина. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка Кинескиот центар за надворешна трговија, а со поддршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија, организира посета на македонски компании на
саемската манифестација “117th China Import and Export Fair - Canton Fair 2015“. За саемот се обезбедени: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби); • локален трансфер од хотелот до Саемот и • официјална покана за Саемот како услов за аплицирање за кинеска виза (поканата мора да биде пополнета и доставена исклучиво од Стопанската комора на Македонија. Истата важи за пријавување и до 5 лица од една иста компанија).
Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, за виза (цената на визата е различна во зависност од видот на визата што се издава и се движи од 50 до 100 евра), како и организационите трошоци кон Комората (4.720,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 7.080,00 денари со вклучен ДДВ по лице за нечленки на Комората). За втор или повеќе учесници од иста компанија, на организационите трошоци Комората одобрува дополнителен попуст. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 2.4.2015 година. За повеќе информации за “117th China Import and Export Fair - Canton Fair 2015“ - посетете ја веб-страната: www.cantonfair.org.cn или www. cftc.org.cn или контактирајте не`. Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„RENEXPO® WESTERN BALKANS“ ВО БЕЛГРАД
На 22 и 23 април 2015 година Mеѓународен саем и конференција за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Р. Србија
Стопанската комора на Македонија во соработка со REECO SRB од Нови Сад, организира посета на настанот. Експерти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност од цела Европа се сретнуваат во Белград на 22 и 23 април 2015 година на најголемата енергетска платформа во регионот каде се отвораат можности за нова соработка. Во рамките на Investors-Business-Lounge, ќе се претстават повеќе од 200 проекти. Теми на годинешниов Саем и конференција се: • Биомаса - Српско-германско партнерство за биоенергија; • Развојни проекти за логистички центри за биомаса; • Горење на слама (работилница); • Енергија од водата - достапни проекти; • Фотонапонски панели - на кровови и на земја - достапни проекти; • Енергија на ветерот - достапни проекти; • Геотермална енергија - достапни проекти; • Енергетска ефикаснот (во згради, улично осветлување - проекти); • Македонија ги претставува обновливите извори на енергија; • Иновации; • Esco Corner и др. Во овие два дена се очекуваат околу 3000 посетители, 80 домашни и странски излагачи и 300 учесници на работилниците. Пријавување до 15.4.2015 година. За повеќе информации посетете го сајтот:http://renexpo-belgrade.com/start Аплицирај електронски / on-line Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23-25 април 2015 година Хотел „Асториа”**** Белград, Р. Србија
Советување: „СТРАТЕШКИ ОДНОС НА КОМПАНИИТЕ И БАНКИТЕ“
Советувањето го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Валор Консалтинг“ и „Едукација“ ДОО – Белград. Програма: 1. ден: Модул I Финансиски сектор • Банкарскиот пазар и регулаторите во банкарскиот сектор; • Како работи банката? Модул II Како ве анализира банката? • Процес на одобрување на кредит; • Практични примери. Програма – 2. ден: Модул III Каматна стапка • На кој начин се пресметува каматата? • Рејтингот на компанијата и влијанието на висината на каматата; • Влијанието на ризикот на трансакцијата во формирањето на каматата; • Како да се подобри рејтингот на компанијата и поволно да влијае на финасирањето од банката? • Практични примери. Модул IV Документација и обработка на кредитното барање • Зошто е важно да се гради транспарентен однос со банката? • Дали банката е само финансиер или партнер во Вашата компанија? • Барањето за кредит да биде приспособено на Вашите потреби; • Индикативна понуда - на кои делови посебно треба да се обрати внимание? Модул V Одобрување на кредитното барање и натамошно преговарање • Кој одлучува за Вашиот кредит? • Дали може да се промени одлуката? • Практични примери. Модул VI Отплата на кредитот и идниот однос на компанијата кон банката • Можни проблеми при отплаќање на кредитот - како навремено да се препознаат и да се реагира? • Како и во тешки периоди да се одржи партнерски однос со банката? • Практични примери. Работен јазик на семинарот: српски јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Предавачи: 1. Александар Василски, дипломирал во 2004 година на факултетот Grenoble
Graduate Schoole of Business. Во банкарскиот сектор поминал 8 успешни години, работејќи во Raiffeisen banк i Erste банк. Од јуни 2013 година е директор на „Валор консалтинг и едукации“, компанија која нуди финансиски услуги и услуги за професионална едукација за финансискиот и реалниот сектор. Во текот на своето работење во банкарскиот сектор, господинот Василски соработувал со компании од реалниот сектор, каде се стекнал со големо искуство, кое истовремено работејќи и како консултант го пренесувал на своите клиенти. Неговите искуства во кредитирањето, наплатата, анализата на финансиските извештаи, ризиците во кредитирањето, се суштината на неговото стратешко согледување и искуство и развој на финансиските вештини кои сега успешно ги пренесува на своите едукативни настани. 2. Петар Томиќ, дипломирал во 2005 година на Економскиот факултет во Белград. Во Erste банка работи 8 успешни години, во Дирекцијата за управување со ризици на правни лица. Во текот на работењето се специјализира за кредитни ризици и станува член на организацијата PRMIA (Professional Risk Managers’ International Association). Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 9.100 денари. За аранжман во еднокреветна соба изнесува 11.700 денари. Котизацијата за дводневниот семинар изнесува 8.248 денари (6.990,00 денари + ДДВ). Во цената на аранжманот е вклучено: • превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје Белград - Скопје (тргнување на 23 април 2015 година, во 6:00 часот и враќање на 25 април 2015 година во попладневните часови); • превоз до „Валор консалтинг и едукација“ - Белград за предавањата и до шопинг-центарот; • 2 ноќевања со појадок во хотел „Асториа“; • организација на патувањето; • 1 ручек во „Валор консалтинг и едукација“ - Белград. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Напомена: - минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Рок за пријавување: 10 април 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН
Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран
Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан. Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Турција бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за пласман на ткаенини за производство на облека. Валидност дo 28.5.2015 годинa.
Компанија од Грција бара пласман на овошје, зеленчук и расад за лубеници во Република Македонија. Валидност дo 1.5.2015 годинa.
Компанија од Турција бара дистрибутер за Грчка компанија бара застапник во Република пласман на пени и силиконски лепила во Македонија за пласман на хартиена амбалажа за пакување млечни производи. Република Македонија. Валидност дo 1.5.2015 годинa. Валидност дo 28.5.2015 годинa. Компанија од Романија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на постелнина и бањарки. Валидност дo 28.5.2015 годинa.
Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на италијанско еспресо кафе, како и трансфер на KNOW HOW и опрема за печење кафе. Валидност дo 2.5.2015 годинa.
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на столици и Компанија од Чешка бара дистрибутер за пласман на училишен и канцелариски мебел. троседи ппрекриени со ткаенина и кожа. Валидност дo 2.5.2015 годинa. Валидност дo 1.5.2015 годинa. Компанија од Италија бара пласман на производи од стакло, стаклени скали, стаклени врати, прегради, излози, настрешници, мебел од стакло, дизајн по нарачка во Република Македонија. Валидност дo 1.5.2015 годинa.
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на безбедносни камери. Валидност дo 2.5.2015 годинa. Компанија од Романија бара добавувачи на бакарен концентрат од Република Македонија. Валидност дo 2.5.2015 годинa.
четврток, 26 март 2015, Бр. 216
БИЗНИС ИНФО
49
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Италија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на бакарни кабли од оптички влакна, терминали и додатна опрема за HV и MV надземја електрични водови, делови за железници, силиконски изолатори за Компанија од Германија бара дистрибутер во HV. Република Македонија за пласман на градежни и Валидност дo 3.5.2015 годинa. земјоделски машини, багери, ровокопачи, сеалки Компанија од Велика Британија заинтересирана и носачи на сено. е да пласира стаклена амбалажа наменета за Валидност дo 3.5.2015 годинa. испитувања во лаборатории во Република Компанија од Германија заинтересирана е за Македонија. соработка со македонски винарници за пласман Валидност дo 4.5.2015 годинa. на тапи од плута. Турска компанија бара соработка со купувачи Валидност дo 3.5.2015 годинa. на картонски чаши, табаци, картонска амбалажа Индиска компанија бара ексклузивен застапник печатена со офсет печатење и фаст фуд амбалажни во Република Македонија за пласман на рачно производи во Република Македонија. Валидност дo 4.5.2015 годинa. изработени теписи од влакна (еколошки). Валидност дo 3.5.2015 годинa. Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дизел мотори и резервни делови. Валидност дo 2.5.2015 годинa.
Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ортопедски помагала. Валидност дo 3.5.2015 годинa.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088