БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 212
www.mchamber.mk
Асоцијација на балканските комори (АБК)
ПРИОРИТЕТИ ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИИТЕ ОД РЕГИОНОТ И МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА
26.02.2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ДОБРИТЕ МЕНАЏЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА НАУЧИЛЕ ДА СЕ СНАОЃААТ И ВО ТУРБУЛЕНТНИ ПЕРИОДИ Политичките превирања кои траат долго, нормално дека влијаат на бизнисот. Меѓутоа, добрите менаџери во Македонија научиле да се снаоѓаат и во турбулентни периоди. Ако брзината и ризикот се клучните компоненти во правење на профитот, тогаш мораме да имаме предвид дека најмала штета што може да настане е да се почека да заврши таа ситуација за да се инвестира или вработува. И тоа е она што е лошото. Мора да водиме сметка дека политичките потреси оставаат трага. Но, добриот бизнисмен знае и тоа да го изменаџира, ќе најде алтернатива.Политичките процеси ќе течат како што ќе течат, но политичарите мора да најдат решение за пократки избори, помалку присуство во јавноста и долгорочни афери, а бизнисмените да не чекаат сето тоа да се среди, туку да дејствуваат и на нови пазари и други алтернативи. (Бранко Азески, преседател на Стопанската комора на Македонија)
ПАРТНЕРИТЕ СО КОИ ШТО РАБОТИМЕ СЕ НАВИКНАА, АМА... Секоја политичка нестабилност во државата без оглед од каков карактер, негативно се одразува врз водењето на бизнисот. Партнерите со кои што работиме долги години веќе се навикнаа речиси секоја година да има избори во земјава, меѓутоа, проблематично е да најдете нови клиенти или да се пробиете на нови пазари. Странските партнери на нас гледаат со резерва како на компании што доаѓаат од нестабилни земји и поради тоа вообичаено одбиваат да склучат големи договори плашејќи се дека нема да можеме да им го испорачаме тоа што го бараат. (Златко Симоновски, генерален директор на „Факом“)
ЧУВСТВУВАМЕ ДЕКА МАЛКУ СЕ ОДЛОЖУВААТ НАРАЧКИТЕ Некои наши партнери не ни ги доделија најавените нарачки, или пак, чувствуваме дека малку ги одложуваат нарачките на некои нови производи за кои веќе бевме договорени. Тоа секако влијае врз нашите планови. Не станува збор за намалување на бројот на вработени, или пак одложувања на инвестициски активности, но сигурно е дека нема да има ниту дополнително ангажирање на работници се додека не се активираат новите нарачки од нашите клиенти. (Кочо Анѓушев, генерален директор на „Фероинвест“ во „Капитал“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
ПОДВЛЕЧЕНО
ЗЕМЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ТРУДИ ДА ЈА ПОДОБРИ БИЗНИС КЛИМАТА Влезени се нови инвеститори, земјата се развива напред, тоа не е спорно. На крајот на јануари излезе едно рангирање според кое Македонија е на 53-то место во светот според економски слободи. Очигледно, штом си на 53-то место, има доста работа за подобрување во однос на тие што се пред тебе. Треба да работи повеќе за да се поминат земјите што се пред Македонија, кои се поетаблирани економии, подолго време се пазарни економии, со воспоставени пракси, регулаторите работат добро, независни се. Можеби било полесно да се стигне до 53-то, но според мене, треба уште повеќе напор да се стигне до, на пример 41-во место. Ваквите рангирања покажуваат во кои сфери Владата би требало да продолжи да работи, затоа што местото се одредува според одделни оценки по компоненти и многу јасно може да се види каде нема движење, каде има назадување. Таквите рангирања можат да се користат како некакви критериуми што да се прави понатаму. Македонија е земја која сè уште е во транзиција од комунизам во капитализам, но има многу нешта што треба да се сменат и да се подобрат за да стане сосема вистинска пазарна економија, по однос на квалитет на регулатива, квалитет на работата на регулатори, инспекцијата на државните органи, инфраструктурата може исто така да се подобри. Не велам дека во тие области не се прават напори, се прават напори за подобрување, сите ги гледаме, но тоа се области што секоја земја треба да се труди да ги подобри, а земјите како нашите во регион треба да се трудат уште повеќе. (Мирослав Мирчев, претседател на бордот на директори на Амерканската стопанска комора во Македонија во „Бизнис Инфо“)
ВИСОКИ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНО АРХИВИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Некои компании сметаат дека можат сами да ја архивираат својата документација, но не водат сметка за потребните услови кои мора да се исполнат за да бидат документите на безбедно. Најчесто архивите на компаниите се сместени во сутеренски простории, каде што нема адекватни услови за нивно чување. Ова се само некои статистики кои укажуваат на некои проблеми кои се случуваат на овие компании: менаџерите трошат просечно по четири недели годишно, барајќи или чекајќи на податоци кои што се наоѓаат на погрешна локација, кои што не се обележани и кои што се изгубени по подруми; Административен работник може да изгуби до два часа во денот барајќи некој документ; 90% од документите кои што еднаш се изнесени на терен не се вратени назад и 97% од злоупотребите на документацијата се случува во самата компанијата. Inbox има 190 клиенти, односно 190 компании од различни бизнис сфери кои имаат високо ниво на свесност за потребата од соодветно архивирање и чување на нивната документација. Во нашето портфолио има и 12 државни институции. На нашите клиенти им се важни информациите што произлегуаат од документите и не се водат од тезата дека доколку одреден документ му е важен, тој мора да го чуваат кај себе. Клиентите добиваат посебна лиценца за влез на нашиот портал, каде што може да се најават и каде имаат увид во целокупната документација. Доколку има потреба од одреден документ, може да се најави и да поднесе барање, по што нашите служби во рок од 24 часа може да му го достават, а ако има итна потреба од документот, преку експресна испорака го добие за само два часа. Клиентот може да побара и скениран приказ на документ, по што нашите вработени го пронаоѓаат бараниот документ, што потоа оди на скенирање и клиентот го добива за само 15 минути. Тоа е совршеноста на нашата услуга, по што сме посебни и високо професионални. Во 2014 просекот на испорака на скенирање по потреба е забрзан на 13,5 минути, што посебно нè радува како компанија. (Дарко Димовски, генерален директор на Inbox во „Бизнис Инфо“)
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
АКТУЕЛНО
Заклучоци на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), чии претседавач годинава е Стопанската комора на Македонија
ДЕФИНИРАНИ ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИИТЕ ОД РЕГИОНОТ И МЕРКИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА
Стопанската комора на Македонија оваа година го презема претседавањето со Асоцијацијата на балканските комори и минатата недела беше домаќин на Генералното Собрание на Асоцијацијата, на кое беше покрената иницијативата за прогласување на 2015 година за година на конкурентноста. Поаѓајќи од главните приоритети на Асоцијацијата на балкански комори (АБК) кои се состојат во: развој и соработка помеѓу бизнис заедниците од Балканот и поттик и поддршка на активности насочени кон структурни промени во економиите на Балканските земји, истите соодветствуваат со иницијативата која беше покрената од страна на Стопанската комора на Македонија. Зацртаните приоритети ќе бидат насочени во функција на зголемување на нивото на конкурентност на секоја национална економија која припаѓа во рамките на Асоцијацијата, што во крајна линија ќе придонесе за раст на конкурентноста на земјите-членки на АБК. Во услови кога постои изострена конкурентска борба на домашните и на меѓународните пазари, приоритетно прашање за сите овие економии е како ќе се позиционираат и со каков асортиман на стоки и услуги ќе настапуваат. Ова беше истакнато на прес конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема „Приоритетите за развој на економиите од регионот и мерките за зголемување на конкурентноста - дефинирани заклучоците на Асоцијацијата на балкански комори“. На оваа тема пред новинарите зборуваа Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности и Борис Тримчев. Во Извештајот за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум, конкурентноста се дефинира како сет на политики и фактори кои го детерминираат нивото на продуктивност на економијата. Ако се погледне рангирањето на членките на АБК согласно Индексот на глобална конкурентност од последниот Извештај на Светскиот економски форум 2014-2015, забележливо е дека највисоко рангирана е Турција, која бележи особен напредок во Интензитетот на локална конкуренција, а придобивките се рефлексија од големината на националниот пазар, додека Романија, Македонија, Грција имаат драстично придвижување во позитивна насока. За реализација на купни промени во економиите потребни се повеќегодишни заложби на сите засегнати страни. Промените во рангирањето според Индексот на глобална конкурентност од една година во друга, иако се веродостојни показатели за правецот на насоката на една економија, не можат во целост да ја претстават големата слика. Во крајна линија резултат на конкурентноста на определена земја треба да биде растот на БДП по глава на жител и намалување
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО на стапката на невработеност. Намалувањето на БДП по глава на жител во апсолутни бројки е проследено со едновремено намалување на рангот во Индексот на глобална конкурентност во споредбените години, со што во голем број случаи се потврдува меѓузависноста на нивото на конкурентност и растот на БДП по глава на жител. Индексот на глобална конкурентност го определува развојот на земјите во зависност од два критериуми: 1. Висина на БДП по глава на жител и 2. Извоз на минерални добра како процент од вкупниот извоз на земјата. Во Извештајот се комбинираат квантитативни статистички податоци и квалитативни, субјективни информации кои ги отсликуваат личните перцепции за економските состојби на анкетирани лица на извршни позиции од локалниот деловен свет. Имајќи предвид дека поголем дел од земјите се класифицирани во втората фаза, тука конкурентноста се зголемува со: • Образование и обука, • Ефикасен пазар на добра, • Добро функционирачки пазар на работна сила, • Софистицирани финансиски пазари, • Можност да се пласира производството на голем домашен или странски пазар, • Можност да се користат придобивките на најновата технологија. Токму поради тоа, факторите кои ја зголемуваат ефикасноста имаат најголемо учество при пресметката на Индексот на глобална конкурентност за земјите класифицирани во втората фаза. Од наведеното, како генерални заклуцочи, односно императиви за развој на економиите од регионот на АБК се усвоени следните приоритети: • Јакнење на капацитетот на бизнис секторот преку инвестиции за модернизација и техничко надоградување на постоечките индустриски капацитети; • Поттикнување нови инвестиции во производството и извозно ориентирани активности; • Зголемување на продуктивноста и производството на производи со повисок степен на доработка; • Интензивирање на соработката на извозно ориентираните компании од земјите членки на АБК, како и со други држави; • Поттик за иновативни активности кај малите и средни компании; • Реформи во образованието согласно потребите на пазарот на труд и зголемена мобилност на работната сила; • Прилагодување на системите за стандардизација на производите и услугите; • Заедничка промоција на економските потенцијали на земјите членки на АБК; • Поддршка на развојот на постоечките и креирање на нови брендови Борис Тримчев
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
РЕГИОНИ – ПРИЛЕП
Регионална комора со седиште во Прилеп
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Регионалната комора со седиште во Прилеп и општината Прилеп на 24.2.2015 година потпишаа Меморандум за соработка. Потпишувањето на овој документ е во функција на продлабочување на досегашната соработка во областите од заеднички интерес.Меморандумот го потпишаа Симон Наумоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески, а на свечениот чин присуствуваа и дел од членките на Управниот одбор на Комората. Со Меморандум за соработка е предвидено воспоставување и развивање на деловна соработка во рамките на дејностите, знаењето и искуството на секоја од страните со цел заедничко унапредување и усогласување на посебните и заедничките интереси. Во иднина предвидено е остварување на следните цели: - заедничко учество, соработка, аплицирање и реализација на заеднички проекти; - взаемна размена на информации од областите од заеднички интерес; - заедничка соработка на решавање на клучни прашања од значење за бизнис секторот во општината; - обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на локалната самоуправа и регионалната комора; - заедничка организација на бизнис средби; - иницијативи за учество на разни саемски манифестации, форуми, изложби и слично во земјата и странство; - поголемо вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на бизнисот на локално ниво. Инаку, и во изминатата деценија беше забележлива исклучително активната соработка меѓу локалната самоуправа и Регионалната комора со седиште во Прилеп, а со потпишување на Меморандумот се очекува во иднина таа уште повеќе да се интензивира. Ристо Најдоски
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
9
РЕГИОНИ – ПРИЛЕП
ОТВОРЕНА МОЖНОСТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНОСТА НА ГЛОБАЛНО НИВО
ПИ „Витаминка“ од Прилеп успешно ги презентираше своите производи на саемските манифестации ISM 2015 во Келн и на Gulfood во Дубаи
Прехрамбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп по третпат успешно се промовираше на најголемиот саем за храна и угостителство Гулфуд, што секоја година се одржува во Дубаи. Во светскиот трговски центар, како дел од 20-то јубилејно издание на Gulfood, „Витаминка“ се претстави со целосниот свој асортиман и отвори можности за проширување на деловноста на глобално ниво. Компанијата својата промоција годинава ја започна на ISM 2015, најголемиот саем за слатки и бисквити кој се одржа во Келн, Германија. Овој саем е дел од најголемата бизнис и комуникациска платформа во кондиторската индустрија. -Настапи на саеми од типот на ISM 2015 и Gulfood се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се обезбедува пат до светските пазари. За нас, овој пат само се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креирајќи конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања од страна на потрошувачите, ни се олеснува патот до глобалниот пазар. Без двоумење, манифестации како ISM или Gulfood, на компанијата ѝ даваат можност за неверојатен поврат на инвестициите преку низа потенцијални соработки на глобално ниво, - изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“. На саемот во Келн, „Витаминка“ се претстави со целиот асортиман на грицки и слатки производи. Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во оваа индустрија, фокусирајќи се главно на потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар на слатки и бисквити. На саемот во Келн учествуваа повеќе од 1500 производители од 65 земји од светот, а го посетија повеќе од 37 000 посетители од 140 земји од светот. Квалитетот и атрактивниот дизајн на широката палета производи го привлекоа вниманието на преку 250 посетители на штандот на „Витаминка“ на Gulfood саемот, кои пројавија интерес за потенцијална соработка. Најголем интерес предизвика богатата програма на кексите, особено „Карамел бисквит“ и интегралниот кекс „Деспина“, снек производите предводен од автентичниот „Стоби Флипс“ и асортиманот на „Бонитас“, следени од оригиналниот „Чоко Стоби Флипс“ и чоколадираните производи, чоколадните морски школки „Атлантис“ и квалитетот на „Цевитана“. Иновативниот производ „Чоко ориз“, пак, особено ги воодушеви посетителите од Блискиот Исток, Африка и Европа. Gulfood е најголемиот светски саем за храна и угостителство, каде оваа година се претставија околу 4000 компании - изложувачи од преку 120 земји. Саемската манифестација е посетена од претставници на најразлични бизнис формати од производно-услужниот сектор за прехрана, меѓу кои, синџири на супермаркети, директни увозници, дистрибутери, агенти, производители на репроматеријали, компании од секторот на пакување производи, како и производители на најразлични современи машини. Следниот саем каде што ќе се претстави Витаминка оваа година, е саемот SIAL во Шангај, Кина, што се одржува во месец мај. („Витаминка“)
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
РЕГИОНИ – ПРИЛЕП
Нова инвестиција на „Филип Морис“ во „Тутунски комбинат“ во Прилеп
ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА МАШИНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА НОВИ ФОРМАТИ НА ЦИГАРИ
На 20.02.2015 година на покана од раководството на „Филип Морис Тутунски Комбинат“, претставници на Регионалната комора со седиште во Прилеп, присуствувава на заедничката прослава во хотел “Кристал Палас’ по повод проширувањето на заедничката соработка меѓу „Филип Морис Интернационал“ и Тутунскиот комбинат Прилеп. „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ПМТКП) е компанија со заеднички капитал, формирана во согласност со Договорот за стратешко партнерство меѓу „Филип Морис“ и Тутунски Комбинат. Тој беше потпишан во мај 2014 година со право на комерцијализација на брендовите на Тутунски комбинат и „Филип Морис“ на македонскиот пазар. За таа цел, компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ пушти во погон две машини за производство на нови формати на цигари. Генералниот менаџер на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“, Емре Козлу нагласи дека со пуштање во употреба на двете машини, започнува да се гради основа за ново производство и развивање на комерцијални можности. Ова ќе овозможи компанијата да се позиционира како лидер во пласман на нови производи на пазарот. Според директорот на Тутунски комбинат, Александар Дерменџиев, инсталирањето на двете производствени машини од страна на „Филип Морис“ ќе овозможи производство на нови и иновативни формати цигари и ќе се зголеми капацитетот и обемот на производство во фабриката. „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“, во изминатите месеци покажа напредок во продолжувањето на инвестициите за производство на најдобро продаваниот меѓународен бренд – „Марлборо“, започна со производство на „Бонд стрит“ (меко пакување), како и го промовира глобалниот бренд „Честерфилд“. Исто така, се работи и на подобрување на позициите на локалните брендови, како што се „Бренд“ и „Сан слимс“. (Р.Н.)
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНИ – ПРИЛЕП
ИЗГРАДБА НА НОВ ТРГОВСКОДЕЛОВЕН ЦЕНТАР
Голема инвестиција на компанијата „Тинекс“ во Прилеп
На база објавениот јавен оглас, на 17.02.2015 година во Прилеп, градоначалникот Марјан Ристески и сопственикот на компанијата „Тинекс“ од Скопје, Владо Тодоровиќ, го потпишаа договорот за купо-продажба на градежно земјиште во централното градско подрачје. Локацијата се наоѓа на поранешниот млечен пазар, каде што компанијата „Тинекс“ ќе изгради нов трговско-деловен центар. Парцелата е со големина од 1.617 квадратни метри. На неа “Тинекс“ ќе изгради нов трговскоделовен центар, со подземен паркинг, приземје и два ката. Трговскиот центар ќе претставува објект од затворен тип. Подземниот дел е со капацитет за паркирање на околу 100 возила, со можност за дотур на стока до сите нивои во објектот. На приземјето и катовите ќе се најдат деловни објекти чија што големина ќе биде дефинирана во проектот. Овај трговско - деловен објек, заедно со веќе постоечките трговски содржини во градот, ќе го внесат градот на картата на најпосетуваните места во земјава. Регионалната комора со седиште во Прилеп даде свој придонес во предлагањето и подршката на локалната самоуправа за измени на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје, како и анимирање на потенцијални инвеститори за изградба на трговскоделовниот центар. Ристо Најдоски
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БАРАЊА
Групација за противпожарна заштита
ПОКОНКРЕТНО ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ
На состанокот на Групацијата противпожарна заштита одржна на 20.02.2015 година во Стопанската комора на Македонија, членките на Групацијата расправаа за актуелните состоби во оваа дејност и за активностите кои треба да се превземат за подобрување на амбиентот за стопанисување на стопанските субјекти од оваа област. Како проблеми во работењето беа посочени: коализијата што постои помеѓу Законот за заштита и спасување и Законот за безбедност и здравје при работа во делот на заштита од пожари и спасување, зголемена нелојална конкуренција при учество на тендери, недостаток на контрола на исправноста на против пожарните апарати и стабилните системи за дојава и против пожарна заштита, квалитетот на сервисирањето на истите и др. Исто така, се посочија проблеми на увоз на нестандардна и неподобна опрема за гасење на пожари, немање на посебни услови кои треба да ги исполнуваат фирмите за добивање на овлстување за вршење на обука за заштита од пожари и заштита и спасување за дефинирање која институција ги спроведува и контролира уреди, опремата и средствата за гасење и сл. На седницата беше истакнатои дека е потребно поконкретно да се дефинираат техничките нормативи и стандарди и да се укаже на задолжителните постапки при одржување сервисирање и испитување на ПП согласно со техничките нормативи стандарди и упатства на производителот, како и вршење на редовни контроли на фирмите овластени за сервисирање и одржување на ПП апаратите и ПП системите. Во дискусијата беше истакнато дека за подобрување на работата на стопанските субјект неопходно е да се изврши ревидирање на лиценците кои се издадени и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, како и да се проверат лиценците кои се даваат на ново формираните фирми кои се бават со овааа дејност. За разрешување на актуелните проблеми членките заклучија да се иницира средба во најкус можен рок на преставници на Групацијата со преставници на Дирекцијата за заштита и спасување. Војкан Николовски
ЧЛЕНКИ КБ Прво пензиско друштво
ЗАШТЕДИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НАД 300 МИЛИОНИ ЕВРА
Заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го надминаа износот од 300 милиони евра. Со ова, друштвото, кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје, стана првото пензиско друштво во Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 300 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот. Во текот на досегашното работење од 2005 година во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје, вклучени се повеќе од 196.000 членови и времено распределени лица, чии средства заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина. (КБ Прво пензиско друштво)
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
13
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Португалија меѓу очај и надеж
ЗА ЕКОНОМИЈАТА НАДЕЖ, ЗА СОЦИЈАЛАТА (ДЕ)ПРЕСИЈА
*Проблематичен случај или ученик за пример? Домашните и светските политичари веќе ја фалат Португалија како пример за успешна политика на штедење. Хуманитарните организации предупредуваат од нерешените проблеми.
Дури ни самите Португалци не се единствени во проценката на состојбата. На една страна се владата и многумина економисти кои велат дека најлошото минало. На друга страна се социјалните работници и претставниците на речиси сите хумантирани организации, кои се на мислење дека во најмала рака социјалната криза допрва ќе се влошува. Владата постојано го истакнува предвременото враќање на дел од кредитите од пакетот за спас и рекордно ниските камати при издавањето државни обврзници, како и релативно ниската стапка на невработеност, која официјално изнесува околу 14%. Треба да се биде претпазлив со бројките, предупредува наспроти тоа Жоао де Соуза од хумантираната организација АМИ. Статистичките податоци за невработеност во Португалија се „разубавуваат“ со прилично бескорисните курсеви за дообразување, а и многу невработени во својот очај и безнадежноста едноставно не се пријавуваат во агенциите за работа. Оттука, сојузот на синдикати ЦГТП проценува дека вистинската стапка на невработеност изнесува над 25%, плус огромниот број лица кои имаат самостојна дејност само на хартија, зашто заработуваат многу малку или речиси воопшто. Сиромашна земја, сиромашни граѓани Дури и оние кои работат не можат да бидат задоволни. Државно гарантираната минимална плата од околу 430 евра нето месечно е повеќе исклучок, отколку правило. Со толку пари мора да преживеат пред се‘ работниците во најсилните извозни гранки во Португалија - текстилната и чевларската индустрија. Не е чудо што според најновите статистики на
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
15
СВЕТСКИ ПЕЧАТ институтот ИНЕ бројот на официјално сиромашните граѓани порасна на 19% од населението. Околу два од десет милиони Португалци мора да излезат на крај со помалку од 60% од просечната плата. Ако се има предвид дека уште пред кризата екстремно проретчената социјална мрежа во Португалија беше речиси целосно унуштена со мерките за штедење, тоа е катастрофално, се жали шефот на АМИ, Жоао де Соуза. Жоао де Соуза „Социјалните проблеми кои ги донесе политиката на штедење ни оддалеку не се решени“, знае и професорката по економија Аурора Тешеира од Универзитетот Порто. Владата преку продолжувањето на работното време, кратењето на платите и намалувањето на државните издатоци постигна прифалтив буџет и економијата конечно гледа светло на крајот од тунелот, но социјално слабите се особено тешко погодени од екстремно големото намалување на социјалните услуги. Португалија живееше над своите можности, трошеше многу повеќе отколку што земаше, ја сведува состојбата во една реченица професорката Тешеира. Тоа во меѓувреме се промени, но се‘ уште недостигаат структурни промени. Португалија мора да произведува повеќе и подобро. За во земјата да се влеат повеќе пари, таа не смее да се потпира само врз услужни дејности, како туризмот. Меѓутоа, како тоа да се случи, ако се има предвид дека португалските претпријатија исплаќаат минимални плати? За тоа професорката нема рецепт. Сиромаштија или емиграција Со оглед на тоа што се или лошо платени или воопшто не добиваат работно место на неопределено време, се‘ повеќе добро образовани млади Португалци заминуваат во странство. Народна кујна во Порто Од почетокот на кризата секоја година на својата татковина и‘ вртат грб над 100.000 граѓани, кои емигрираат во Велика Британија, Франција или Германија. Остануваат старите и сиромашните, а медицинската нега наменета за нив и натаму се влошува поради мерките на штедење. Токму таквите строги мерки на штедење, меѓутоа, ја вратија довербата во Португалија на пазарите, нагласува професорката Аурора Тешеира. Затоа земјата може да позјамува пари со минимални камати од нешто над 2%, па дури и предвреме да врати дел од долговите од чадорот за спас. „Тоа на владата и‘ дава поголем простор за игра“, објаснува Тешеира. Таа веќе дава први навестувања за ставање крај на политиката на штедење - повлечен е дел од мерките за натамошно кратење на платите, а треба да следуваат и други мерки. Конечно, 2015 година е изборна година во Португалија, а населението и онака страдаше доволно долго.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
СВЕТСКИ ПЕЧАТ И Ирска ја мачи тежок, можеби и претежок товар од долгови, но владата е категорично против должничките олеснувања
ЗА ГРЦИТЕ, СЕПАК, НЕМА ПРОШКА
*Во Ирска со внимание се следат проблемите на Грција со отплатата на долговите. Но, не и со многу симпатии. И Ирците, имено, имаат проблем со големиот долг.
Во даблинскиот кварт Гренд Канал Док цените на недвижностите растат уште побрзо отколку во другите делови од земјата. На местото каде некогаш владееше сивило, денес доминира иновативна архитектура, луксузни апартмани и ресторани. Во овој динамичен кварт се наоѓа и студиото на рок-групата U2, а тука се и европските централи на Фејсбук и Гугл. Видната благосостојба во „Силикон Док“ и постојаниот прилив на инвестиции го потврдува она што неодамна го објави дневниот весник„Ајриш Индипендент“: „Ние веќе не сме PIIGS“. Оваа кратенка која неодоливо потсетува на „pig“ (на англиски: свиња), се роди при набројувањето на презадолжените европски земји: Португалија, Италија, Ирска, Грција и Шпанија. Лоши сеќавања И навистина, Ирска веќе не може туку така да се споредува со исцрпената Грција. „Тројката“ сочинета од претставници на Европската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, која го следеше спроведувањето на грчките реформи, денес во Ирска е само грдо сеќавање. Стапката на невработеност падна од рекордните 15, на 11 проценти. Иако емиграцијата е акутен проблем на западот и на југот на земјата, бројот на иселениците силно опаѓа, паралелно со растот на националната економија. Протести во Даблин Ирска сепак, како и Грција, се’ уште ја мачи тежок, можеби и претежок товар од долгови. За враќање на должничките обврски, таа годишно издвојува двапати повеќе од она што го вложува во својата инфраструктура. Сеќавањата на секојдневниот живот во кризната економија се’ уште се свежи, Ирците многу добро ги разбираат тешкотиите на Грците. Во Даблин, слично како и во Атина, поради програмата за санација, односно новите даноци и давачки, на улиците излегуваат илјадници демонстранти.
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Грција како опомена Од почетокот на рецесијата, Ирска со секој поглед кон Грција си го подобруваше расположението. Грција на Ирците им беше потсетување дека се можеше да биде и далеку полошо. Во ирските медиуми постои широк консензус околу тоа дека Грција заслужува растоварување, но владата е категорично против должничките олеснувања. Минатата недела министерот за финансии Мајкл Нунан пред еден парламентарен одбор изјави дека нема да поддржи отпис на долгови, ниту обиди за исфрлање на Грција од еврозоната. Се чини дека новата грчка влада прави „невозможни“ предлози со цел да ги пополни огромните финансиски дупки, се жали Нунан. Со него се согласува Алан Грегори во својот антикваријат во центарот на Даблин. Трговијата со книги во текот на рецесијата беше несигурен бизнис, а и денес е таков - без оглед на стопанскиот пораст. Силното евро го поскапе увозот на ретки книги од Британија и САД. Погрешно е, вели Грегори, да и’ се нуди на Грција посебна регулатива, кога времињата за луѓе како него и натаму се тешки: „Доколку ЕУ од која било причина одлучи да им попушти на Грците, Ирците ќе бидат многу лути“. Чувство на несигурност Симас Кофи, професор по економија на Универзитетот во Корк, долго беше еден од ретките кои аргументираа дека Ирска, а и Грција, немаат право да ја префрлуваат одговорност за сопствените грешки врз меѓународните организации. Одговорноста започнува дома, смета Кофи. Еден од клучните ирски проблеми е неодговорното давање кредити од страна на банките и недоволната регулација на финансискиот пазар. Проблем не се долговите, кои Грција и онака речиси и не ги враќа, туку „економскиот систем кој не функционира“, вели професорот. „На Грција не и’ е толку потребно простување на долговите, туку крај на несигурноста, односно потребно и е чувство на стабилност, чувство кое токму се раѓа во Ирска“. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
Алан Грегори
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена ПРЕ потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН
Вод АШЕТО Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој методРЕАЛНА на обука, ПОТРЕБА која вклучуваНА микс техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДАЛИпотреба. ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависностод Вашата
РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и Дозволете да придонесеме за светски компании.
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.
АКАДЕМИЈА ЗА П
-SALES
Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од Кр 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката се во тек.
дол вра доп пре Ов ком про учи
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци Најуспешните компании ширум свет • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за на обука, која вклучува микс од Тренинг и Обука • контролен ден продажба. Презентација од л За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
консултант кој ќе биде достапе насочува во реални услови во за
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 4 март 2015 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се претстави регионот на Теспротија – Игуменица од Република Грција и ќе се одржат бизнис средби
ГРАД НА ТУРИЗМОТ, ТРАНСПОРТОТ, ТРГОВИЈАТА И АКВАКУЛТУРАТА
Стопанската комора на Македонија во соработка со Канцеларијата за врски на Република Грција, на 4.3.2015 година пред македонската бизнис- заедница организира претставување на регионот на Теспротија – Игуменица, Грција, со цел воспоставување поблиска деловна соработка со овој регион. На овој настан ќе се даде акцент на туризмот, транспортот, трговијата и аквакултурата, и тоа преку презентирање на: • Регионот Теспротија, дел од регионот Епир - Оддел за туризам - приватно сместување и хотели; • Асоцијацијата на аквакултурата на Теспротија – Оддел за пакување на земјоделски производи и трговија; • Игуменица - главен град на Теспротија – можност за туристичка дестинација; • Пристаништето на Игуменица – презентација на нови услуги. По презентациите ќе бидат организирани билатерални средби со туристичките агенции, со лицата од приватните сместувачки капацитети и хотелите, со Асоцијацијата на аквакултурата на Теспротија и со претставниците на пристаништето во Игуменица. Почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија во посета на Стопанската комора на Бугарија
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ КОМПАНИИ
На 11 и 12 март 2015 година, Софија, во Стопанската комора на Бугарија
Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонскобугарската стопанска комора и Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, организира посета на Стопанската комора на Бугарија, на која ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и бугарски компании.
Компаниите ќе имаат можност да ги разгледаат и постојните потенцијали за деловна соработка преку реализирање проекти за заеднички производ со повисоки вредности и заеднички настап на компании од двете држави кои имаат компатибилни техничко-технолошки капацитети за учество на трети пазари.
При официјалната посета ќе се разговара за можностите на делување во интерес на бизнис заедниците од двете земји, а во врска со состојбите во инфраструктурата, намалување на трошоците за транспортните услуги, интензивирање на извозот во металниот и рударскиот сектор, и фармацевтската индустрија, што претставува клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и бугарските бизнисмени.
Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 26 февруари 2015 година, за да може Стопанската комора на Бугарија да обезбеди соодветни партнери за македонските компании.
Во работната програма на планираната посета, акцент ќе биде ставен на разгледувањето на можностите за унапредување на трговската соработка, преку формирање работни групи по сектори за искористување на поволностите што ги нудат двете економии, а коишто произлегуваат од членството на Р. Бугарија во ЕУ и нашето членство во ЦЕФТА, за дефинирање на заеднички цели и приоритети; поставување на приоритетни активности во работните агенди на двете комори, кои се од особен интерес за идни проекти за железничкото, патното и енергетското поврзување; како и програми за интензивирање на меѓуграничната соработка меѓу двете земји. Деловните средби ќе се одржат на 12 март 2015 година (четврток) од 09:30 часот до 14:30 часот, во просториите на Стопанската комора на Бугарија. Деловните средби се во насока на воспоставување директни бизнис релации со компании од повеќе дејности, особено од областа на: • градежништвото; • металната и електроиндустријата; • хемиската и фармацевтската индустрија; • текстилната; • прехранбената и преработувачката индустрија и • туризмот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 12 до 14 март 2015 година
БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КРАН МОНТАНА ФОРУМОТ, ВО МАРОКО
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија ве информира дека делегација од Република Македонија, предводена од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, ќе учествува на Кран Монтана Форумот, што ќе се одржи во Дакла, Мароко, во периодот од 12 до 14 март 2015 година. Кран Монтана Форумот ќе биде посветен пред се` на деловната соработка, со посебен фокус на Африка, со посебен осврт на: - природните ресурси; - енергетиката и обновливите извори на енергија; - земјоделството и прехранбените производи; - туризмот; - поморскиот транспорт, инфраструктура и др. Контакт: Блага Марковска Директорат за економска дипломатија Министерство за надворешни работи на Република Македонија Филип Втори 7, 1000 Скопје Тел: (02) 3110 333 Факс: (02) 3115 790 Мобилен: 078 45 80 45 Е-адреса: blaga.markovska@mfa.gov.mk Веб-странa: www.mfa.gov.mk Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО СОФИЈА
На 12 и 13 март 2015 година во Република Бугарија
Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Enterprise Europe Network, информираат дека ќе се одржат два годишни брокерски настана со претходно аранжирани деловни состаноци на 12 и 13 март 2015 година, во Интер Експро центар во Софија, Бугарија. 1. INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2015 ќе се одржи на 12 март 2015 година (четврток), од 10:30 - 18:00 часот. За регистрација, посетете ја веб-страната на овој деловен настан: http://www.b2match.eu/imm2015.
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве сектори: автоматизација, роботика, електроника и електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги, мехатроника, машиноградба; металургија, леење и алатки. 2. GO GREEN TO ENVIRONMENT 2015 ќе се одржи на 13 март 2015 година (петок), од 10:30 - 18:00 часот. За информации и регистрација, посетете ја веб-страната на овој настан: https://www.b2match.eu/g2e2015 .
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве области: енергетска ефикасност; интелигентни згради, паметни градови и ИКТ, еколошки технологии и обновливи извори; управување со отпад, рециклирање, животна средина; третман на вода, воздух и вода за водоснабдување ефикасни технологии; системи за одведување на отпадните води и опрема за контрола и одржување на водните ресурси, женско претприемништво, услуги и др. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик е англиски. На учесниците кои ќе добијат листа на закажани состаноци и не ги посетуваат ќе им се наплаќа надоместок од 100 евра без ДДВ. Меѓународните деловни средби ќе се одржат во рамките на специјализирани меѓународни изложби во периодот од 11-13 март 2015 година. Доколку ќе се пријават повеќе македонски компании, Стопанската комора на Македонија ќе организира заеднички превоз и ќе обезбеди резервации за соодветно хотелско сместување. За таа цел, Ве молиме, за намерата за учество на деловните средби, да не` информирате најдоцна до 20 февруари 2015 година.
Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Тел. 32 44 090
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16-17 март 2015 година во Белград, Република Србија (Стопанска комора на Србија, сала 1)
Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија во посета на Стопанската комора на Србија
ДЕЛОВНИ-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И СРПСКИ КОМПАНИИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Србија, Стопанската комора на Македонија со бизнис-делегација, ќе ја посети Стопанската комора на Србија, при што ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и српски компании. Официјалната посета на бизнис-делегацијата е во насока на натамошно градење односи на економска поврзаност и кооперативност, врз основа на географската близина, комплементарноста на стопанствата, како и заемната зависност во поглед на сообраќајот, инфраструктурата, енергетиката, со цел елиминирање на административно-техничките и трговските бариери кои се јавуваат во соработката. Во работната програма на планираната посета, ќе биде ставен акцент на разгледување на можностите за унапредување на трговската соработка, елиминирање на трговските и нетарифните бариери, подобро користење на механизмите согласно ЦЕФТАДоговорот и заеднички настап на трети пазари. Деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Србија, на 17 март 2015 година (вторник) од 9:30 часот до 13:30 часот. Деловните средби се во насока на воспоставување директни бизнис релации со компании од повеќе дејности, особено од областа на: • градежништвото; • енергетиката; • металната индустрија; • земјоделието и прехранбената индустрија; • текстилната индустрија; • шпедицијата • транспортот и • туризмот. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 6 март 2015 година, за да може Стопанската комора на Србија да обезбеди соодветни партнери за македонските компании. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во рамките на претстојната официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов на Република Албанија на 2 и 3 април годинава
МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИ БИЗНИС - ФОРУМ ВО ТИРАНА
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ве известува дека во рамките на претстојната официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов на Република Албанија, во периодот од 2 до 3 април 2015 година, ќе биде организиран и бизнис-форум. Присуството на македонски компании на бизнис-форумот, како дел од делегацијата на претседателот Иванов, ќе биде дополнителен поттик и можност за унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена на Република Македонија со Република Албанија. Доколку постои интерес за посета на бизнис-форумот, за деловни средби и разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу македонските и албанските компании, ве молиме да се обратите на долу наведените контакти, каде што ќе ви бидат дадени сите подетални информации. Ана Џепароска Директорат за економска дипломатија Министерство за надворешни работи на Република Македонија Ул. Филип Втори, бр. 7, 1000 Скопје Телефон: (02) 3110 333, л.131 Факс: (02) 3115 790 Е-адреса: ana.dzeparoska@mfa.gov.mk Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Во Република Албанија на 2 и 3 април 2015 година
ИНФОИ ОБУКА БИЗНИС БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Велика Британија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бебешка опрема изработена од 100% памучни еколошки материјали. Валидност дo 29.04.2015 година.
Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на терморегулатори и регулатори за влага, склопна техника, сигнални и алармни елементи, температорни сонди и сензори и рачни мерни инструменти Српска компанија нуди изработка на налепници и етикети Валидност дo 30.04.2015 година. во ролни со најсовремени автоматски машини CARTES 123 TR. Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Валидност дo 30.04.2015 година. Македонија за пласман на расветни тела, сите видови на извори на светлост, како и електро инсталациони Турска компанија бара соработка со текстилни фабрики материјали. во Република Македонија за пласман на етикети наменети Валидност дo 30.04.2015 година. за текстилните производи. Валидност дo 30.04.2015 година. Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија на собраќајни знаци како и заштитни и Компанија од Германија бара дистрибутер во Република ниформациони табли за патишта со ознаки за патни Македонија за пласман на производи за шалтерски правци во сообраќајот. надзор, контрола на врските,.ИТ интрузија, национална Валидност дo 3.04.2015 година. безбедност, ВИП заштита, технички надзор и хигиенско технички шалтери, единечен технички надзор во областа Компанија од Бугарија бара да откупува отпадна електрична на безбедноста. и електронска опрема (WEEE): компјутери, телефонски Валидност дo 30.04.2015 година. централи, печатени кола (ПХБ) и друга техничка опрема што се наоѓа на територијата на Република Македонија со Компанија од Црна Гора бараат дистрибутери во Република нивни утовар, истовар и транспортот. Македонија за пласман на лекови, медицински помагала, Валидност дo 3.04.2015 година. диететски и козметички производи. Валидност дo 30.04.2015 година.
четврток, 26 февруари 2015, Бр. 212
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сончогледово семе. Валидност дo 3.04.2015 година.
Компанија од Естонија заинтересирана е за пласман на специјални метални огради за добиток во штали. Валидност дo 4.04.2015 година.
Компанија од Германија бара дистрибутер или застапник во Република Македонија за пласман на специјални камери, Full-Frame матрикс CCD камери кои се прилагодени за давање на слики и спектроскопија на слабосветлосни сигнали во областа на ренген зраци, вакум ултравиолетови, видлива светлина и блиски инфра црвени зраци. Валидност дo 3.04.2015 година.
Компанија од Германија заинтересирана е за пласман на соларни панели во Република Македонија. Валидност дo 4.04.2015 година.
Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на органски и природни производи, како што се еко-козметика, еко-апарати за домаќинство, еко-пијалоци и друго. Валидност дo 3.04.2015 година.
Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на санитарна опрема и опрема за купатила. Валидност дo 5.04.2015 година.
Компанија од Естонија нуди специјални машини за нанесување на малтери и други облоги. Валидност дo 4.04.2015 година.
Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Компанија од Романија бара дистрибутер за пласман Македонија за пласман на машини за наводнување и на сигурносни системи за видео надзор во Република опрема за утилизација. Македонија. Валидност дo 5.04.2015 година. Валидност дo 4.04.2015 година. Компанија од Кина заинтересирани се за плaсман на LED светилки и пропратна опрема за осветлување во Република Македонија. Валидност дo 4.04.2015 година.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088