Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 256

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

FS 549642

2 - 2016

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 256

www.mchamber.mk

25.02.2016

Осигурително-брокерската дејност

ПОЗИТИВЕН ТРЕНД Е КОНТИНУИРАНИОТ РАСТ - ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

SE

C

UR

O

НИКО

� Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ЗДРАВАТА КУЈНА АДУТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ЗЕМЈАТА Во Република Македонија постои изразена свест за квалитетот на производите направени на традиционален начин, како и за нивната вредност. Секое семејство ги пренесува од генерација на генерација традиционалните рецепти и знае како да ги конзервира природните производи (што ги има во средината во која живееме), растенијата, овошјето или зеленчукот. Тој факт денес е поткрепен со заклучоците што произлегуваат од медицинските истражувања: подобро е да се користи она што се произведува блиску до домот, а да се одбегнуваат конзерванси и пестициди. Во размислувањата се оди и подалеку - се мисли за кардиоваскуларните болести, за дебелината на децата, за холестеролот и болестите кои се развиваат од пред повеќе години, а кои може да ги победиме со здрава исхрана и секако - доколку се доближиме до природата. Соработката меѓу угостителските училишта во Скопје и во Тулон овозможува денес да се обучуваат нови генерации и да се разменуваат нови и традиционални техники. Убедена сум дека младите генерации ќе измислат здрава кујна, при што ќе биде земен предвид квалитетот на производите, повеќе отколку во претходните децении кога продуктивноста беше единствениот критериум. Тоа ќе претставува огромен адут за развој на туризмот во земјата, во сите туристички центри. (Н.Е. Лоренс Оер, амбасадорка на Република Франција во Република Македонија за „Утрински весник“)

ОЛЕСНЕТО ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ИНОВАЦИИ Прокредит банка специјализирана банка за мали и средни претпријатија нудат поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, из-везуваат и се шират кон странските пазари и воведуваат нови и иновативни про-изводи. Банката веќе потпиша договор со ЕИФ, со кои ќе се обезбедат 10 милио-ни евра само за македонскиот пазар.


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПОДВЛЕЧЕНО Модерната технологија, иновативното размислување и бизнис-дејствување, кое е насочено кон грижа за животната средина, се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Ние сме клучен партнер на бизнисите во ваквите инвестиции. Предност на кредитите за иновации е во олеснувањето во потребното обезбеду-вање за кредитот. Компаниите што ги одложувале своите долгорочни проекти по-ради обезбедувањето, кое најчесто го бара банката при инвестиции на долг рок, сега ќе можат похрабро да влезат во вложувањата со помало обезбедување. (Стевче Кузмановски, директор на бизнис-секторот во Прокредит банка во „Утрински весник“)

ТРЕБА ДА ИМАШ ВИЗИЈА ЗА ДА БИДЕШ ПРЕТПРИЕМАЧ Младите имаат визија и се креативци, меѓутоа во моментот кога ќе се пресмета дека за одреден бизнис се потребни 10.000-15.000 евра, а некаде и повеќе, тогаш како да се откажуваат, креативноста опаѓа и сакаат да влезат некаде на сигурно. Можеби и знаење или претходно работно искуство е нешто што недостига кај младите претприемачи. Мој совет е некои работи да ги прават паралелно. Развој на бизнис концепти, планови, истражување и паралелно работење некаде за да знаат како се заработуваат пари, да ја шират својата мрежа на познанства, да учат, со цел утре тие работи да ги имплементираат во својот бизнис. Доколку станува збор за прв бизнис, топло им препорачувам да почнат со партнери од доверба, затоа што може да стане премногу тешко пред да биде слатко. Јас сакав да имам партнер во сето ова, за поделба на ризикот, за меѓусебна поддршка, за внесување на повеќе идеи, два мозока подобро размислуваат од еден, меѓутоа тоа не се случи. Моја топла препорака е да размислат за вклучување на партнер во нивниот прв бизнис. Едноставно да почнат. Почнување значи и детално истражување на пазарот. Да истражуваат можности за финансирање преку разни организации. Да не се плашат да се консултираат со други претприемачи. Да не се плашат да ризикуваат година/две од својот живот во развој на нивнисте бизнис идеи, како и средства, пари. Сето тоа е искуство што се цени секаде. (Оливера Костовска, основач на Laundry Café во „Бизнис Инфо“)


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

ДОЗНАКИTE ПОВИСОКИ ОД ПРИМЕНИТЕ СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ Македонија прима најмалку 4% од БДП по основ на дознаки. Износот на примени дознаки е еднаков или повисок од примените странски директни инвестиции. Истовремено, сеуште се соочуваме со висока стапка на сиромаштија од 22,1% и невработеност од 25,5%. Кај најсиромашните 20% дознаките учествуваат и со 90% во тековната потрошувачка. Резултатите од истражувањето покажаа дека дополнителни 2000 денари дознаки ја зголемуваат општата потрошувачка за 1176 денари, а потрошувачката за здравје и лекови за 370 денари, што потоа ја намалува веројатноста за влошување на здравјето за високи 63%. И, додека од една страна постојат различни мерки за социјална заштита на ранливите граѓани и во подем е развојот на активни мерки за вработување, ниту една од од овие мерки не ги вклучува дознаките како формален систем на заштита. Ваучер Политиката за Дознаки има за цел да ги трансформира дознаките од неформална во формална социјална заштита. Ваучерот е дизајниран да биде достапен за најранливите категории граѓани кои примаат некаков износ на дознаки а се соочуваат со неможност да остварат социјално осигурување. Секој невработен кој примил дознаки преку официјални канали би добил од државата ваучер за користење здравствени услуги и лекови во вредност на просечната потрошувачка за здравје и лекови, под услов тој/таа да стави 6% од дознаката на пензиска штедна сметка. Резултатите покажаа дека вака применетиот ваучер ќе ја подобри здравствената состојба на лицата, а на долг рок ќе обезбеди нивна поголема сигурност кога тие ќе дојдат во пензионерски денови. Ваквиот ваучер ја зголемува и веројатноста да станеме поздрава популација и да се зголеми продуктивноста и животниот век. (Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think во „Фактор“)


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

СОСТОЈБИ Обезбедување заштита на осигурениците и нивните права од договорите за осигурување – користење на осигурителен брокер во насока на избор на оптималното осигурително покритие

ПОЗИТИВЕН ТРЕНД Е КОНТИНУИРАНИОТ РАСТ, КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ

На прес-конференција (22.02.2016 година) на Стопанската комора на Македонија, Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва и Агенцијата за супервизија на осигурувањето ја претставија оваа дејност преку статистички податоци и предочија на предизвиците со кои се соочуваат осигурителните брокери, а се осврнаа и на активностите во 2016 година. Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, посочи дека пазарот на осигурителни производи се карактеризира со несовршени и асиметрични информации на страната на понудата и побарувачката, како и со значителни трошоци за пребарување да се најде најдобар договор за осигурување. Во овој процес осигурителните брокери играат клучна улога во развојат на самата осигурителна дејност. Во Република Македонија, посредниците имаат многу важна улога во посредувањето на осигурителни услуги, а тоа се согледува преку статистичките податоци каде на пазарот постојат 31 осигурително-брокерско друштво и преку 440 лиценцирани брокери со право да работат како посредници. Во структурата на каналите (директни и индиректни) на продажба најголемо учество во продажбата зазема продажбата преку осигурителен брокер со 24,57%. Господинот Златко Михајловски, претседател на Асоцијацијата на осигурителноброкерски друштва, посочи дека осигурителниот пазар во Република Македонија во последните неколку години бележи континуиран раст, што е позитивен тренд како за самата индустрија така и за граѓаните, спознавајќи ги потребите од осигурување. Осигурително-брокерската дејност како еден сегмент од осигурителниот пазар е исклучително значајна за обезбедување заштита на клиентите и нивните права од самите осигурителни договори. Целта на осигурително-брокерската дејност е да ги претстават потребите и барањата на клиентите (правни и физички лица) и да се понуди целосна и сеопфатна услуга во изнаоѓање најдобри решенија за потребите од


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО СОСТОЈБИ

осигурување на клиентите, а сето тоа со една финална цел - квалитетно осигурително покритие и најбрзо ефикасно реализирање на оштените побарувања. Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување како претставници на клиентите и воедно посредници помеѓу осигурениците и осигурителните компании, можат многу да придонесат за развојот на самата осигурителна дејност, пред се` преку согледување на реалните потреби на осигурениците и нивно обезбедување преку соодвените понуди на осигурителните компании. Господинот Михајловски посочи дека Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија, во 2015 година активно се залагаше за помагање и развој на самата дејност во соработка со надлежните институции, пред се` со Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предизвици за развој постојат и тоа пред се` во делот на поголема едукација за поимот осигурителен брокер и неговото значење, како и организирање настани преку кои ќе се обезбеди запознавање со дејноста. Согласно Програмата за 2016 година, Асоцијацијата ќе се сконцентрира на организирање работилници на кои ќе учествуваат претставници од осигурителните друштва, Агенцијата на супервизија на осигурувањето и од Националното биро за осигурување. Целта на овие работилници ќе биде на едно место да се соберат сите засегнати страни и заеднички да се наоѓаат решенија за предизвиците со кои се соочува осигурителната дејност. М-р Снежана Камиловска Трповска


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПРЕДЛОЗИ

Групација за лифтови

ЛИЦЕНЦИТЕ ЌЕ ГИ СОПРАТ „ДИВИТЕ“ МОНТАЖЕРИ И НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

На 24.02.2016 година во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок на Групацијата за лифтови, на која се расправаше за тековните состојби и проблеми во дејноста на монтирање и сервисирање на лифтови согласно законската регулатива и надлежностите на институциите. На состанокот освен членовите на Групацијата за лифтови, присуствуваа и претставници од Министерството за економија - Сектор за внатрешен пазар, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот пазарен

инспекторат и инвеститори. Претседателот на Групацијата Димче Поповски истакна дека состанокот се одржува на барање на Министерството за економија - Сектор за внатрешен пазар, за да се отстранат некои недоразбирања кои произлегуваат од Правилникот за користење на лифтови и транспортери.


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ Расправајќи по однос на Правилникот, присутните констатираа дека областа пуштање во промет, монтирање, сервисирање и одржувањето на лифтовите е регулирана со повеќе закони и подзаконски акти, но сепак во земјата има присуство на нецелосно имплементирање на правните акти, на нелојална и нестручна конкуренција која се јавува со работењето на „диви“ монтажери на лифтови. Во расправата беше истакнато дека контрола на исправноста на лифтовите имаат Државната техничка инспекција, Државната пазарна инспекција, како и Царинската управа за увоз на делови за лифтови. Притоа, беше побарано во наредниот период да се зголеми контролата од страна на Државната пазарна инспекција, Државната техничка инспекција, Царинската управа и други инспекции кон овластените тела за оценка на сообразноста за безбедност на производот, сервисерите, монтажерите и увозниците на лифтови и делови за лифтови во функција на зголемување на безбедноста на лифтовите. Присутните потенцираа дека во наредниот период во функција на зголемување на безбедноста на лифтовите потребна е континуирана едукација на потрошувачите за зголемување на свеста за значењето на безбедно функционирање и користење на лифтовите. Присутните на состанокот истакнаа дека поради недопрецизирани обврски и права на монтажерите и сервисерите во Правилникот, бидејќи во него не е регулирано издавањето на лиценци за монтажери и сервисери за одржувањето на лифтови потребно е подготвување на Закон за лифтови или измени и дополнување на Законот за техничка инспекција за дефинирање на издавањето на лиценци. Војкан Николовски


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПРЕДЛОЗИ Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор

ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИЦИТЕ И ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ СОГЛАСНО МОЖНОСТИТЕ НА ПАЗАРОТ

Членките на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија одржаа состанок на којшто беа поканети и учествуваа и претставници од Министерството за економија, Државниот технички инспекторат и од Државниот пазарен инспекторат. На состанокот, членките на Групацијата посочија на некомпатибилноста на Законот за техничка инспекција и Законот за домување како нивен матичен закон, во насока на дефинирање на обврските

и одговорностите околу лифтовите како заедничка сопственост на станарите во влезовите на станбените згради. Имено, во случаи кога постои писмено укажување или записник од сервисер на лифт дека истиот не ги исполнува условите да биде во функција, како проблем се јавува ситуацијата кога и покрај исклучувањето на лифтот од употреба станарите повторно го вклучуваат и го ставаат во функција.


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ Членките на Групацијата образложија дека во изминатите повеќе од година и половина, активно работат на дефинирање на овие недоречености во насока на дефинирање на нивните права и обврски и на безбедноста на лифтовите како клучни во секојдневното живеење на луѓето во станбените згради. При тоа, се забележа дека во годишните технички прегледи за кои постои законска обврска, доминираат негативни извештаи согласно кои се бара усогласување на работата на лифтовите по меѓународно признати стандарди и директиви. Претставниците на Министерството за економија и на Државниот технички инспекторат, информираа дека директивите не се исти за старите и за новите лифтови, а како стари се третираат оние произведени до 2008 година. При тоа, тие посочија дека не е невозможно да се бара стари лифтови да ги исполнуваат најновите стандарди и дека кај нив треба да се бара почитување на основните безбедносни мерки. Имајќи предвид дека станува збор за проблем кој директно ги засега граѓаните, односно нивниот стандард, како и фактот дека постојните правилници бараат почитување на многу стандарди и директиви, поврзани со дополнителни инвестиции во лифтовите, од Министерството за економија најавија дека веќе се преземаат активности и во следниот период ќе се работи на измени на правилниците и приспособување на законските прописи согласно можностите на пазарот, но при тоа да бидат запазени основните безбедносни мерки. На денешниот состанок, членките на Групацијата со претставници од „ЕВН Македонија“ кои исто така присуствуваа на состанокот, разговараа околу разрешување на неколку технички проблеми со кои се соочуваат во работењето, во насока на нивно надминување се` до стапување на сила на посебниот договор кој ќе го имаат со „ЕВН“ за потрошената електрична енергија во влезовите со кои менаџираат лиценцираните управители за домување. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

СОРАБОТКА На Градежниот факултет во Загреб одржана координативна средба

ПРВА ФАЗА ОД МЕЃУСЕБНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА

На 18.02.2016 година на Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб се одржа координативна средба во рамките на„Build Up Skills“-Иницијативата на Европската унија. На средбата присуствуваат членовите на проектните тимови од Македонија и од Хрватска, односно членовите во Проектот „Build Up Skills“ од Македонија (http:// www.beet.mk/) и членовите од Проектот „Croskills“ од Хрватска (http://www.croskills.hr/). Целта на оваа средба беше трансфер на знаење и искуства помеѓу двете страни, како и информирање за досегашните р е а л и з и р а н и активности во Република Македонија. Имајќи предвид дека активностите во Македонија согласно наведената иницијатива беа започнати во 2014 година, стекнатото искуство ќе биде од особена важност при идната имплементација на проектните активности во Хрватска. Имено, со Проектот во Хрватска се планира да бидат обучени околу 1200 работници за енергетска ефикасност, задача која Македонија и официјално ја заврши во текот на 2015 година. Проектите предвидуваат уште и развој на програми за занимања поврзани со енергетската ефикасност, како и обуки на тренери кои понатаму ќе го пренесуваат своето знаење на вработените во градежниот сектор. Имајќи предвид дека станува збор за слични проектни активности, кои во Македонија се веќе комплетно успешно реализирани, беше покрената иницијатива за меѓусебно признавање на сертификатите добиени при обуките за енергетска ефикасност и сертификатите добиени во процесот


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

13

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА на препознавање на претходно стекнато знаење, особено важен дел за градежните работници. Членовите на проектните тимови разговараа за степенот на вештини и компетенции кои ќе се стекнат или се веќе стекнати, како и за споредливоста на наведените квалификации во двете земји. На средбата беше заклучено да се зголеми координацијата, да се интензивира соработката, како и увидот при реализацијата на проектните активности со цел да се започне постапка за меѓусебно признавање на сертификатите согласно „Build Up Skills“-Иницијативата. Со формализирањето на оваа постапка добиените сертификати од Проектот во Македонија ќе бидат признати од Проектот во Хрватска и обратно, со што се зголемува и мобилноста на работната сила во градежниот сектор. Следниот ден (19.02.2016), Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб организираше свечена седница по повод 97-годишнината од своето постоење. На свеченоста пред присутните се обратија ректорот на Универзитетот во Загреб проф. Дамир Борас, проф. Невен Куспилиќ, декан на Градежниот факултет, како и господинот Ловро Кушчевиќ, министер за градежништво и просторно планирање на Република Хрватска. Пред јавноста беа претставени достигнувањата на Факултетот во текот на постоењето и историјатот на една ваква престижна институција од областа на градежништвото во Хрватска. На истата пригода беа доделени награди и признанија на студентите и на наставниот кадар. Излагачите не изоставија да ги споменат предизвиците со кои се соочуваат денес, поврзани со одливот на мозоци, намалено јавно финансирање, како и интензитетот на конкуренцијата која е се` поприсутна на пазарот. Свеченоста заврши со традиционален музички перформанс на професорите вработени на Факултетот. М-р Борис Тримчев


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ФОКУСИРАНО Презентација на можностите за заштеда на водните ресурси во компаниите и во комуналните претпријатија

МОЖНОСТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СКРИЕНИТЕ ДЕФЕКТИ И НЕРАЦИОНАЛНОТО КОРИСТЕЊЕ

Компанијата „Аквасеив“ ДОО - Скопје пред заинтересираните фирми членки на Стопанската комора на Македонија, ги презентираше можностите на заштеда на водните ресурси на комерцијални и индустриски објекти, во jавни институции, во општините и комуналните претпријатија (во случај на добивање високи месечни сметки за вода, а под сомнеж дека се резултат на нереално пресметана потрошувачка или можност за дефект на водоводната инсталација). Заинтересираните компании беа информирани за начините како да ги намалат загубите на вода преку откривање на оние скриени дефекти на водоводната мрежа


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

15

ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО кои ја зголемуваат потрошувачката на вода, а со тоа намалување и на сметките за потрошената количина вода. Беше презентиран и моделот како преку дополнителна анализа на потрошувачката на вода, се утврдуваат местата на нерационално користење на водата и се предлагаат мерки за нејзино намалување преку инсталирање и користење на уреди за заштеда на вода. Сопственикот на фирмата, Бојан Ристовски, инау член на Меѓународната асоцијација за вода и консултант на повеќе проекти финансирани од Светската банка, Германската техничка соработка (GIZ), Европската унија и др,. во областа на управување со водните ресурси, со над 20 години искуство во дејноста, во рамките на презентацијата објасни што се` вклучва експертизата на компанијата, како и што се` може да се научи преку реализирање обука на соодветниот технички кадар во компаниите и институциите, потрошувачи на вода. Денешната презентација согласно големиот интерес на учесниците, беше само

уште еден во низата успешни примери дека Стопанската комора на Македонија е местото каде бизнис-секторот со меѓусбено поврзување и размена на исуство и знаење може да го подобри и да воведе новини во своето работење. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ФОКУСИРАНО

„Пекабеско“, општетствено одговорна компанија

ДОНИРАНИ 30 ПАКЕТИ СО ХРАНА ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА

Поттикнати од хуманите луѓе и организации, како и со искрена желба за поддршка, „Пекабеско“, членка на Стопанската комора на Македонија, повторно донираше пакети со храна наменети за социјално загрозените семејства. Во текот на оваа недела беа донирани 30 пакети со храна, а на крајот од минатата година „Пекабеско“ ги донираше првите 27 пакети наменети за социјално загрозени семејства. Акцијата, која компанијата ја спроведува заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а „Пекабеско“ за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозените семејства. Од компанијата велат дека оваа акција е одлично прифатена од Facebook заедницата и ќе продолжи да се спроведува и во иднина. Тие се надеваат дека оваа континуирана општествено одговорна акција на Пекабеско ќе биде поттик и за други компании да иницираат активности со кои ќе помогнат на заедницата кога тоа е најпотребно. Од „Пекабеско“ ја поздравија и одличната соработка која изминативе месеци ја имаат со одговорните, вработените и волонтерите во Црвениот Крст на Град Скопје и која се убедени дека ќе продолжи и ќе се прошири во иднина. Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат, да го сторат тоа со лајк на нивната Facebook страна: https://www.facebook. com/Pekabesko („Пекабеско“)


БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

17

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки „S&T HR“ софтвер за менаџирање со човечки ресурси, дизајниран со најнови технологии

НЕОПХОДНИ СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА СЕКОЈА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

„S&T AG“ Групацијата со седиште во Линц, Австрија, има околу 2200 вработени, во повеќе од 20 земји, меѓу кои и во Македонија. „S&T Македонија“ ДООЕЛ - Скопје е присутна повеќе од 21 година на нашиот пазар, благодарејќи на професионалниот и деловно ориентираниот пристап, како и силата, знаењето и експертизата на вработените. „S&T Македонија“ претставува една од водечките ИТ-компании која нуди целосни и комплетни ИТ-решенија и услуги и е членка на Здружението на информатичкокомуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија. Бизнисот на една компанија е дефиниран од страна на луѓето кои го водат секојдневно. Одделот за човечки ресурси во секоја компанија е од големо значење за непреченото работење, за самата култура и етика на компанијата. Ефикасното работење на одделот за човечки ресурси придонесува за одлична комуникација со останатите оддели во компанијата. СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Софтверското решение за менаџирање со човечките ресурси „S&T HR“, е дизајнирано со најнови технологии и овозможува квалитет во работењето на сите оддели. Софтверот претставува иновативен, модерен, специјализиран, флексибилен, модуларен и автоматизиран систем за управување на сите дејности за планирање, вработување, оценување, развој, организација, исплата, комуникација и преглед на човечките ресурси во една компанија. Преку управување со подобностите, изработката на планови и извештаи, автоматското процесирање на барањата од страна на вработените, исклучителната приспособливост во делот за пресметка на плата, како и евиденција на работно време во различните индустрии,

БРИЛИЈАНТЕН покровител

„S&T HR“ овозможува едноставен организациски менаџмент, лесно следење на сите процеси и интеграција на сите информации поврзани со вработените. Овој

софтвер е дизајниран на тој начин што и` помага на секоја компанија подобро да ги одбира и имплементира бенефициите за вработените, да го следи нивниот работен тек, да ги подобрува квалитетот и иновацијата на компанијата, а со тоа и да ги задоволи потребите на клиентите. Преку исфрлање на непотребните хартии, лесниот пристап до сите податоци, софтверот ја насочува функцијата на човечките ресурси кон зачувување на време и енергија. Материјалните ресурси на една компанија се многу важни, но уште поважни се човечките ресурси. Ефикасноста и конзистентноста на апликацијата „S&T HR“ којашто има видливи позитивни резултати, може да го унапреди развојот на една компанија на сосема ново и понапредно ниво. Успешните софтверски решенија како што е „S&T HR“, се тие кои се грижат за градење на успешни вработени, а преку нив и успешни компании.

СИЛВЕР Покровители на Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО, ВИТАЛНОСТА И ПРОСПЕРИТЕТОТ НА КЛИЕНТИТЕ Компанијата „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје е формирана во септември 2009 година, со главна дејност трговија и продажба на диететски производи за регулирање на телесната тежина. Станува збор за прва компанија во регионот со стимулативен и ефикасен систем на мрежна продажба, по која се специфични и препознатливи, односно продажба преку мулти левел маркетинг (МЛМ). Со своите производи, покрај во Македонија, оваа компанија е присутна и на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Бугарија. Во Македонија, „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје има 2.800 регистрирани членови, а повеќе од 1.000 регистрирани членови во земјите во кои имаат дистрибутивни центри. Од вкупната продажба, 40% се на домашниот пазар, а останатите 60% преку дистрибутивните центри во гореспоменатите земји. „Slim Line Club“ е регистрирана трговска марка во сопственост на „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје, a СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

SLC-производите се произведени според највисоките стандарди за фармацевтско производство, односно со примена на GMP-стандарди и најсовремена опрема за производство на додатоци на храна. Мисијата на компанијата е создавање и пласирање на ефикасни и квалитетни нутритивни производи како темелен фактор

и создавање на МЛМмрежа од членови како мобилизирачки фактор, а притоа како заедница посветено да работат локално и глобално за да се обезбеди вистинско решение за проблемите со дебелината. Работата на „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје е базирана на три столба: здравје, виталност и просперитет. Во средината на 2015 година „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје ја започна онлајн-платформата SLIMMMOLOGY - 90 day challenge, која претставува сеопфатна програма и комбинација на нивните производи, „онлајн” и „офлајн” алатки за поддршка, прирачници за исхрана со рецепти, планови за вежбање, различни програми и видеа со цел создавање на една

глобална „онлајн” заедница која меѓусебно ќе се мотивира. Оваа платформа ќе биде поставена и официјално ќе започне на 1 април 2016 година. „Слим Лајн Интернационал“ ДОО - Скопје е носител на сертификатот Excellent SME од Стопанската комора на Македонија, како и активна членка во новоформираниот Клуб на менаџерипретприемачи при Комората, кој има основна цел преку вмрежување и едукативни настани да овозможи поддршка на малите и средни компании во делот на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, како и давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување.

ПРЕМИУМ ПОКРОВИТЕЛИ на Стопанската комора на Македонија INDUSTRIES


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки Четири и пол децении раст на „Ролопласт“ ДООЕЛ - Скопје

ЈАСНАТА ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈОТ СОЗДАДЕ БРЕНД

„Ролопласт“ ДООЕЛ - Скопје е компанија која постои од 1971 година најпрво како Занаетчиска работилница за монтажа на пластични ролетни на објекти во Скопје, а денес, после четири и пол децениски континуиран развој е препознатлив бренд како на домашниот, така и на странските пазари. Фирмата „Ролопласт“ во своите две фабрики во Скопје и во Неготино произведува големи количини ПВЦгранулат со врвен квалитет за потребите на реномирани производители од Македонија и од странство. Изработува секакви видови ПВЦ-профили за ролетни, ламперии, корнизи во разни модели и секакви придружни делови за нивна монтажа, а од 2006 година започнува со производство на ПВЦ-профили за прозорци и за врати, со што е и единствен производител на тие производи во земјата. Сите профили што ги произведуваат се сертифицирани од европски куќи. Вработените во „Ролопласт“ секогаш се трудат нивните производи да бидат со висок квалитет и современ дизајн. Во таа насока, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

започнат е процесот на воведување на системот за квалитет ISO 9001 и ISO 14000. Во „Ролопласт“ ДООЕЛ - Скопје се

вработени 40 лица, од различни струки. Компанијата располага со производствен погон во Неготино, каде се произведуваат

гранулати и ПВЦ-профили; погон во населбата Иилинден каде се прават ПВЦ-прозорци и врати и погон во населбата Маџари, каде се врши производство на ПВЦ-ламперија. „Ролопласт“ има јасна визија за својот развој. Развојните планови предвидуваат развој на сопственото производство и постојано зголемување на квалитетот и квантитетот на производите, воведување нови модели на профили за прозорци и за врати, како и зголемување на извозот кој денес изнесува 65 % од вкупното производство. Во плановите се предвидени и нови инвестиции за слични и други производи во соработка со други компании. Компанијата „Ролопласт“ е активно вклучена во работата на Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија и е носител на сертификатот Excellent-SME веќе три години. Од година во година расне оценката за бонитетот на компанијата, а во 2015 година беше една од 10-те компании со највисоки оценки за кредитното рангирање во групата на Excellent-SME Македонија.

СТАНДАРД ПОКРОВИТЕЛИ на Стопанската комора на Македонија WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕВРОПА АД Скопје

WUDQVSRUW FRPSDQ\

!"#$% &

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ „МАКЕДОНИЈА“ АД - Скопје

СПОЈ НА ТРАДИЦИЈА, ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И КВАЛИТЕТ

Основан во 1975 година, Градежниот институт „Македонија“ АД – Скопје, во текот на изминатите 4 децении создаде уникатен бренд кој нуди услуги во сите области на градежништвото, почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградба, лабораториска контрола на квалитет, па се` до изведба на специјалистички работи и консалтинг. Компанијата цели 40 години постојано инвестира во развојна мрежа и стратегија која се базира на иновативност, квалитет и тимска работа. Градежниот институт „Македонија“ – ГИМ има опсег на услуги кои опфаќаат изработка на проектна документација за секаков вид објекти, студии за оправданост, еколошки студии и елаборати, техничка ревизија на проектна документација, вршење надзор над изградба на објекти, управување со изградба по систем инженеринг, изведба на геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувачки работи, лабораториска контрола на квалитетот на градежните материјали и изведба на специјалистички работи. Поради ваквата конципираност и видот на услугите СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

што ги нуди команијата е единствена од ваков тип, не само на домашниот пазар, туку и пошироко во регинот и е препознатлива под мотото „се` на едно место“. Компанијата брои повеќе од 270 вработени, од кои 105 се инженери од сите профили од областа на градежништвото, архитектурата, геологијата, геодезијата, машинството, електротехниката, екологијата, хемијата и технологијата. Дел од инженерскиот кадар

се магистри и доктори на науки. Градежниот институт „Македонија“ е сертифицирана компанија која ги поседува потребните ИСО стандарди за квалитет, за управување со животна средина, за безбедност и здравје при работа, како и сертификат за акредитирана лабораторија за испитување на градежни материјали. Градежниот институт „Македонија“ има голем пазарен удел во проектите кои

Инекциони работи на брана Вишеград (БиХ)

БРИЛИЈАНТЕН покровител

се реализираат во Македонија, како и учество на пазарите во регионот и тоа пред се` во: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, каде има и свои претставништва. Градежниот институт „Македонија“ постојано вложува во едукација, истражување и развој. Како најголем дострел на општествената одговорност, во 2014 година го основаше Научниот институт за истражување во животната средина, градежништвото и енергетиката - ИЕГЕ. Научниот институт е фокусиран на активности од животната средина, градежништвото, енергетиката и другите сродни природни и општествени области. Преку колаборативно партнерство Институтот има мисија да го зголеми истражувачкиот и иновативниот потенцијал на човечкиот капитал со цел остварување на додадена вредност и конкурентска предност кај институциите. Компанијата е активна членка вклучена во работата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, а генералниот директор на компанијата Михо Јаневски е член на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

СИЛВЕР Покровители на Стопанската комора на Македонија


БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

19

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки Производите со висока технологија на „Ламинати ком“ ДОО - Прилеп се извезуваат во 18 европски држави

ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОСВОЈУВА И АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР Фирмата „Ламинати ком“ ДОО од Прилеп е основана во 2002 година од Петар Василески и Томо Ѓорѓиески, како фирма за производство на електротехнички и конструктивни композитни материјали ламинати. На почетокот биле ангажирани стручњаци од некогашната фабрика „Еурокомпозит“, а денес фирмата има шеесетина вработени. Производите се со висока технологија, па затоа од високостручните кадри доминираат инженери. Освојувањето на европските пазари беше основна цел која денес во значителна мера е постигната и преку присуство на саеми, како посетители или излагачи, со што „Ламинати ком“ своите производи им ги доближи на купувачите. На сопствени штандови ја презентираа својата производна програма на специјализираните саеми во Европа (Базел, Париз, Хановер). Како резултат на постојаното усовршување на производството и квалитетната промоција, денес „Ламинати ком“ своите производи ги продава во 18 европски држави, а од СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

почетокот на оваа година реализирани се и почетни испораки во Соединетите Американски Држави. Електротехничките и конструктивните композитни материјали на „Ламинати ком“ наоѓаат примена во електроиндустријата, металургијата, железницата и др. Од фирмата директно или преку нивните трговски претставници, купуваат големи светски брендови. Во таа насока, цел на компанијата се индустриски развиените пазари во светот. Преку континуираното инвестирање во изминатиот четиринаесет годишен период, фирмата денес располага со значителен машински парк. Во производниот процес на фирмата присутни се технологиите на пресување, импрегнирање, намотување и печење, а развивајќи процес на продажба на финални делови, „Ламинати ком“ денес има развиено и одлична машинска обработка со универзални и ЦНЦ-машини. „Ламинати ком“ е доминантен сопственик и на фирмата „Еуропрофил“ од с. Алданци, Крушево. Така, денес располага со производствен простор од 3000 м2,

Производ на „Ламинати ком„ за познатиот бренд HAEFELY

канцелариски простор од 800 м2, како и магацински простор од 1000 м2. Растот и развојот на „Ламинати ком“ во успешна и препознатлива компанија и на странските пазари, во голема мера се должи и на квалитетниот кадровски потенцијал. Фирмата има постојано отворен оглас за прием на високообразовани млади кадри од технолошка струка, кои мора да поминат строги стручни и јазични тестови. Општествената одговорност на компанијата е значаен сегмент во нивното делување, во најголем дел изразена преку постојаната грижа за своите вработени. Минатата година „Ламинати ком“ од Министерството за економија на РМ беше прогласена за најуспешна фирма во рангот на мали и средни претпријатија. „Ламинати ком“ е активна членка на Стопанската комора на Македонија која дава значителен придонес во работењето на Здружението на хемиската индустрија и преку партиципирањето во работата на Управниот одбор на Здружението.

ПРЕМИУМ ПОКРОВИТЕЛИ на Стопанската комора на Македонија INDUSTRIES

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки ЈКП „Комуналец“ - Прилеп на пат да го заокружи моделот на примарна и секундарна селекција на отпад

ИНВЕСТИЦИИ ЗА ЧИСТ ГРАД И РЕГИОН Со годишно вложување во просек од над 25 милиони денари, за 7 години ЈКП „Комуналец“ - Прилеп реализира инвестиции од над 175 милиони денари во изградба на царинскиот терминал, бунари за технолошка вода, за наводнување на тревните површини низ градот со капацитет од 150 литри вода во секунда, набавка на корпи за отпадоци за примарната селекција заедно со контејнерите за селекција и целата потребна инфраструктура, поплочувањето на тротоарите со бекатон-плочки, изградба на капела на градските гробишта. Проект на кој ЈКП „Комуналец“ го темели своето економски исплатливо работење во следниот период е изградба на фабриката за селекција на отпад, за која градежните работи почнуваат оваа пролет. Во тек е постапката за добивање локациски услови за градба, по што почнуваат подготвителните земјени работи за изградба. Плановите на компанијата се годинава да се отвори фабриката за селекција на отпад, а во 2017 година да се постави компостара која чини околу 500 илјади евра, а СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ќе се набави и дробилка за градежен шут. Со тоа претпријатието ќе го заокружи моделот на примарна и секундарна селекција на отпад и според проекциите до 2020 година градот ќе има неискористен отпад или отпад за депонирање од 15 до 30%. Со ова максимално искористување и рециклирање на отпадот, се создаваат и услови за проектирање на регионалните депонии (модел на собирање отпад од повеќе општини), а уште поважно се создаваат и услови за модернизација и усовршување на производството преку влез на странски капитал. Во делот на примарната селекција Комуналното претпријатие веќе има дистрибуирано 14.000 корпи во домаќинствата во две бои - зелена за селекција на органски отпад и жолта за селекција на хартија, пластика, отпад од пакување. Во план е набавка на уште 10.000 корпи за отпадоци, со што целосно ќе биде завршена примарната селекција на отпадот во домаќинствата. За јавно прометните површини и станбеното живеење поставени се 400 пункта со по три

контејнери за биоразградлив отпад, за петамбалажа и пластика и за хартија, најлон и отпад од пакување. Иако економската логика покажува дека селекцијата на отпад може да биде исплатлива само ако се работи со петамбалажа и пластика, железо или лименки, сепак во процесот на рециклирање се собира и отпад од хартија, најлон или се применува компостирање на биоразградлив отпад, со цел заокружува на вкупниот процес.

Со вака поставениот модел на собирање на отпадот Прилеп е еден од ретките градови на Балканот кој целосно го има спроведено овој проект дефиниран и во ЕУ-регулативите, кои како држава се обврзуваме да ги исполниме. Компанијата ЈКП „Комуналец“ Прилеп е активна членка во Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, а директорот Златко Ристески е претседател на Здружението.

СТАНДАРД ПОКРОВИТЕЛИ на Стопанската комора на Македонија WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕВРОПА АД Скопје

!"#$% &

WUDQVSRUW FRPSDQ\


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПРЕНЕСЕНО Интервју на Митко Јанчев, генерален менаџер на „Кожувчанка“ и претседател на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за „Утрински весник“

ВОДА, СОКОВИ, ПИВО, НА РЕД Е И ВИНО ОД „КОЖУВЧАНКА“

„Следна инвестиција поврзана со проширување на бизнисот на компанијата со други производи би била имплементирање производство за вино и вински производи“, вели Митко Јанчев, генерален менаџер на „Кожувчанка“, членка на Стопанската комора на Македонија Минатата година обележавте јубилеј 20 години на пазарот. Која е тајната со која „Кожувчанка“ ги привлече своите купувачи? „Кожувчанка“ во далечната 1995 година се појави на македонскиот пазар како прва приватна компанија за производство на вода. Во тогашни услови, тежината да се биде дел од пазарот и да се земе дел од колачот на тогашниот маркет беше огромна, доволен е фактот дека бевме непознати за купувачите. Од самото започнување со производство и работа, вложивме многу труд околу квалитетот на производите, го негувавме секој наш комитент, воведувавме иновации и спроведувавме најразлични


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

21

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО акции кои допираа до крајните потрошувачи. Истото е дел од нашата политика и денес, незапирливи сме во градењето квалитетно производство со најсовремена технологија, тоа го потврдува и широкиот спектар на признанија и сертификати во поглед на квалитетот и производството, комитентите длабоко ги систематизиравме и спроведовме посебна политика која знае да негува и притоа да ги наградува подеднакво сите, се’ уште тенденцијата крајниот потрошувач да биде оној кај кој ќе отиде нашата акција е цел која е неизоставен дел од нашата политика, и секако, се разбира, горди сме на најшироката дистрибутивна мрежа во Македонија која безрезервно го опслужува и негува секој територијален сегмент од пазарот, па дури и онаму каде што сите други заборавиле. Во палетата имате повеќе производи, води, сокови и пиво. Имате ли планови за зголемување на производството или за проширување на бизнисот и со други производи? Ако ги изоставиме иновациите врз постојните брендови кои одат во поглед на промена на амбалажата на ладниот чај „синалко“ и нејзино одделување од палатата производи на „Синалко“ и инвестицијата во стаклена амбалажа наменета за ХОРЕКА на „Кожувчанка“ и „Изворска“, следна инвестиција поврзана со проширување на бизнисот со други производи би била имплементирање производство за вино и вински производи. Какви се потрошувачките навики на македонскиот купувач, кои производи на „Кожувчанка“ се најбарани на пазарот? Во глобала, најновите трендови би требало да говорат за современиот начин на купување во кој и македонскиот купувач би требало да купува од каталог и изборот за производите кој ќе ги купи да го прави сам. Можеби во централните градски подрачја можеме цврсто да се држиме до тој тренд, но сепак се’ уште поголем процент од потрошувачката им припаѓа на малопродажбата, каде што директна улога имаат менаџерите во маркетот кои знаат да го продаваат она што тие сакаат да биде продадено. „Кожувчанка ДОО“ во својата палета на производи има шест брендови, минерална газирана вода „кожувчанка“,природна негазирана вода „изворска“,газираните сокови „синалко“,негазирани сокови „синета“, енергетскиот пијалак „енерџи-С“ и како наш најнов бренд „наше македонско пиво“. Секој од брендовите си го има пронајдено своето место на пазарот и слободно можеме да кажеме дека секој од нив има добар „маркет шеар“ од целокупниот пазар. Се’ уште „кожувчанка“ е бренд-лидер во нашата


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ палета на производи, но 2015 година беше година во која „изворска“ значително и’ се приближи, а токму овие два бренда беа акцентирани во изминативе две години каде што секој од нив беше ребрендиран со назначени маркетинг-вложувања. Горди сме на процесот на ребрендирање, кој беше успешно завршен и уште поуспешно прифатен

од целиот пазар, што всушност беше и причина што линијата на побарувачка за овие два производи одеше во драстична нагорна линија. Светски познатиот бренд „Синалко“ кој изминатава година го славеше својот 110. Роденден, е бренд на кој оваа година значително ќе се работи на маркетиншки план, но и со активности кои ќе ја осигураат позицијата на самиот бренд во поглед на продажбата која и сега е на завидно ниво. „Кожувчанка“ е семеен бизнис. Кои се предностите, а кои недостатоците кога членови од семејството се и колеги од работа? Да се има бизнис во кој фамилијарните односи преминуваат во професионални односи, би рекол дека има повеќе предности од недостатоци, се разбира доколку секој ги познава своите ингеренции и овластувања и дејствува во согласност со нив. Во едно сме сигурни, а тоа е дека секој ја сака компанијата како своја, а тоа е мисија на секој работодавец. Имате ли планови за извоз и на кои пазари? „Кожувчанка ДОО“ е овластен производител за „Синалко“ во Македонија и


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ од 2015 година и за пазарот на Црна Гора, тука немаме простор за извоз затоа што станува збор за бренд кој се работи по лиценца. Што се однесува за извоз на водите, ние секогаш имаме тенденција тие да бидат наша главна алатка за извоз, секојдневно добиваме понуди и сме отворени за секој пазар кој е заинтересиран за пласман на нашите води. „Македонското пиво“ е еден од последните производи на „Кожувчанка“, колку пивото си го најде своето место на пазарот, со оглед на конкуренцијата, и што ќе преземете за поголем пласман? И пред да почнеме со производство на пиво бевме свесни во каква инвестиција се впуштавме, а уште посвесни за каква категорија на производ станува збор. Да се смени навиката за пиење на едно пиво со друго е како да го смените матичниот лекар или заболекар, станува збор за макотрпен процес на промена на навиката на потрошувачот, во кој долгорочните планови и стратегии околу овој бренд се неразделен дел од успехот на самото пиво. „Наше македонско пиво“ се’ уште го бара своето место на пазарот, но ние сме презадоволни од текот на настаните до сега. Важно е што „наше македонско пиво“ денес може да се најде во секој продажен маркет. „Кожувчанка“ е вода која извира во чиста еколошка средина на Кожув Планина. Како компанија дава свој придонес за заштита на околината во процесот на производство. Неодамна компанијата инвестирање во еколошко шише на водата „изворска“, а сега најавувате и нова инвестиција во делот на втиснување на датумот на производство и рокот на траење. Станува збор за инвестиции од светски тренд, колку тие му значат на македонскиот потрошувач? Како новитет во производството во поглед на заштита на околината и тенденцијата да бидеме општествено одговорна компанија, имплементираме нов ласер со кој датумот за производство ќе се гравира на самата амбалажа, при што се исфрла мастилото како начин на обележување. Овие иновации се согласуваме дека се светски тренд, но суштината, сепак, не е да се следи трендот, туку грижата за потрошувачите и околината, која потрошувачите знаат да ја препознаат, а тоа го покажаа и зголемените бројки на продажба на негазирана вода „изворска“. Во најразлични пригоди при средбите, потрошувачите директно или индиректно ни покажуваат дека „изворска“ ја сметаат како поттик за еколошка свест и навистина го применуваат она еколошкото кое амбалажата на „изворска“ го носи со себе, а тоа е ребрестиот дизајн кој е лесен за рециклирање, како и 30 отсто помалку користената пластика.(Утрински весник)


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Во Германија не се раѓаат доволно деца, нема доволно стручњаци и се основаат премалку фирми

ОД БЕГАЛЕЦ ДО ПРЕТПРИЕМАЧ

* Дали бегалците ќе станат претприемачи и ќе го заживеат пазарот на труд? Дали по бранот бегалци следува бран на основање фирми? Различни студии даваат повод за надеж. На пример, Global Entrepreneurship Monitor (ГЕМ) направи споредба на активностите околу основање фирми во околу 60 земји. „Многу стабилен резултат, кој важи не само за Германија, туку за мнозинството земји, е дека луѓето кои се доселуваат во една земја прикажуваат повисока стапка на основање фирми отколку луѓето кои подолго време веќе живеат во земјата или се во нејзе родени“, вели во разговор за ДВ Ралф Штернберг, економски географ на Универзитетот Хановер и раководител на ГЕМ. И мониторот за основање фирми на државната банка КфБ покажува: доселениците во Германија почесто се осмелуваат на чекор во самостојност, а освен тоа и вработуваат повеќе луѓе отколку основачите на фирми родени во Германија. Речиси секој петти основач на фирма во Германија има странски корени или странско државјанство. Бегалци исто што и мигранти? Колку и да е привлечно да се викне „ура“ поради изгледите наскоро многу од сегашните бегалци да основаат фирма, мора да се постави прашањето дали ваквите студии за мигранти воопшто може да важат и за бегалците кои неодамна дојдоа во Германија. Штернберг предупредува дека мора да се биде внимателен. „Мора точно да се види кои фактори влијаат врз веројатноста за основање фирма.“ Така, релевантно е какво образование стекнале бегалците, или дали веќе лично или нивните родители имаат основано фирма, или пак дали зборуваат германски. Многу од бегалците немаат доволно познавања на јазикот, барем на почетокот. „Затоа, податоците за мигрантите само делумно се преносливи на бегалците како еден дел од групата мигранти.“ Групата мигранти во Германија се состои од луѓе од многу различни земји на потекло, напоменува социологот Рене Лајхт од Универзитетот Манхајм. Мигранти се и луѓето од САД, скандинавските земји, Велика Британија или Франција. „Една петтина од сите Британци кои работат во Германија се самостојни претприемачи. Кај Американците ситуацијата е слична“, вели Лајхт. Вкупно, околу една четвртина од сите самостојни мигранти доаѓаат од западните индустриски држави и, се разбира, имаат поинаква позадина од бегалците од Сирија, Ирак или Авганистан.


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

25

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Дури и кога би можело студиите за мигрантите да се префрлат на бегалците, тие покажуваат дека „мигрантите со поголема веројатност основаат фирма, но и со поголема веројатност пропаѓаат“, оценува Лајхт. Нема сеопфатни информации за бегалците Проценките се отежнати и поради тоа што за околу милион бегалци, колку што во 2015-та дојдоа во Германија, досега нема веродостојни информации за образованието и професијата. Сиријците, кои сочинуваат голем дел од бегалците, се во основа подобро образовани отколку бегалците од другите нации, вели социологот Јахт, но „не знаеме дали подобро образованите ја напуштаат таа земја или оние кои имаат уште помалку шанси“. Во Институтит за истражување на пазарот на труд и професии (ИАБ) се верува дека поради бегалците ќе се зголеми бројот на новооснвовани фирми. „Претпоставувам дека најмалку 10 проценти од работоспособните бегалци, а можеби и 15 проценти, ќе станат самостојни претприемачи“, вели Херберт Брикер, раководител на одделот за меѓународна споредба и европска интеграција во ИАБ. Веднаш потоа ја релативизира својата изјава: овие бројки почиваат врз информациите кои се поседуваат од останатите мигранти и бегалци кои во минатото доаѓале во Германија. Сериозни проценки, според Брикер, не може да направи никој. Сепак, тој наведува бројки: „Зборуваме за 1,1 милион бегалци кои дојдоа минатата година, од кои во земјата се уште се 800.000. Ако се оди добро, на возраст за работа годинава би биле околу 400.000 бегалци, чие барање за азил би било признато.“ Може да се смета дека годинава можеби вкупно на располагање за работа би стоеле 150.000 лица - како вработени или самостојни претприемачи. „Значи, зборуваме за многу, многу мал број“, заклучува Брикер. А, што се однесува до недоволното познавање на јазикот, тој е оптимист и оценува дека не мора веднаш перфектно да се зборува германски, за да се основа фирма. „Тука, по правило се функционира во рамки на личните мрежи. Има, на пример, заедници на Сиријци или Ирачани и луѓето си помагаат меѓусебно и заеднички ги совладуваат пречките.“ Ќе биде потребно време Експертите се во едно согласни: интеграцијата на пазарот на работа нема да оди брзо. И во брзо време нема да има илјадници основани фирми од страна на бегалци. „Мислам дека ќе поминат повеќе години пред да се почувствуваат значителни бројки“, вели Петер Шнепер, заменик раководител на Индустриската и трговска комора Гелзенкирхен. Но, кај бегалците има потенцијал за основање фирми. Во актуелната дискусија меѓутоа важни се други теми, како интеграција низ образование, професионална ориентација и пред се - интеграција во општеството.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

По укинување на санкциите

КОЈ ГИ ВЛЕЧЕ КОНЦИТЕ ВО ИРАНСКАТА ЕКОНОМИЈА?

* Тие имаат имиња како „Пророково едро“, но не се ништо друго освен гигантски профитни холдинзи во корумпираниот економски систем. Околу 80 проценти од стопанството во Иран е под контрола на верски фондации. Секој патник кој ќе слета на меѓународниот аеродром во Техеран станува муштерија на Иранската револуционерна гарда - го сакал тоа или не. Имено, оваа елитна единица на Исламската Република управува со аеродромот „Имам Хомеини“ и одлично заработува. Таа исто така ги држи под контрола и другите аеродроми и пристаништа и одлучува која стока смее да влезе во земјата. Револуционерната гарда не плаќа царини и даноци и никому не мора да му полага сметки за тоа колку стока во која вредност ќе заврши на црниот пазар и колку заработува од тоа. „Војската чувари на Исламската револуција“, како што гласи службеното име на гардата, располага со вооружени сили, го набљудува иранското вооружување и има повеќе од 120.000 војници. Самите Чувари на револуцијата се најважен економски фактор во земјата, кој е активен во речиси сите бранши: од здравството и производство на различни возила преку изградбата на патишта па сѐ до нафтената и гасната индустрија и рударството. Нивните активности се непрегледни, а за нив западните медиуми многу ретко известуваат. Во 2009 година британската телевизија Би-Би-Си извести за зделка на Револуционерната гарда вредна 8 милијарди американски долари. Станува збор за изградбата на железничка пруга до пристаништето Чах Бахар. Овој стратешки инфраструктурен проект, како и другите инвестиции вредни милијарди долари, ги водеше Кхатам ал-Анија (Пророково едро). Зад ова религиозно име не се крие некоја добротворна организација,туку технолошкиот холдинг на Револуционерната гарда. Тој е основан кон крајот на 80-тите години од минатиот век поради обновување на земјата по војната против Ирак. Но Гардата преку тој холдинг успеа значително да го прошири своето економско влијание. Во меѓувреме овие претпремачи во униформи контролираат една третина од иранската економија, вели стручњакот за Иран, Бахман Нируманд во разговорот за ДВ. „Секако, за тоа нема прецизни статистики и податоци, но реалната проценка е дека една третина, или можеби и повеќе, од иранската економија е во рацете на Револуционерната гарда.“ Според проценките на Светската банка, иранскиот брутодомашен производ во 2014. година изнесувал повеќе од 435 милијарди американски долари - тоа би значело дека бизнисот на Гардата имал волумен од 140 милијарди долари.


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Претприемачи во свештенички облеки Но иранската економија не ја контролира само Револуционерната гарда. Тука се и верските фондации со кои истотака управуваат шиитските верски лидери. Германското министерство за надворешни работи проценува оти фирмите со кои управува иранската верска елита контролираат вкупно 80 насто од иранската економија. Деталите за нивното работење не се познати бидејќи тие не мораат да ги објавуваат своите бројки и да полагаат сметки. Кога за време на претседателскиот мандат на Махмут Ахмадинеџад без трага исчезнаа милијарди, многумина Иранци се прашуваа каде тие завршиле. Но одговор никогаш не добија, се присетува Бахман Нируманд. Тој вели дека корупција имало и за време на владењето на шаховите, но, како што вели, „тоа беа ситни крадци во споредба со овие кои денес се на власт“. Големата религиска фондација Сетад, која во 1989 година ја создаде основачот на Исламската Република, ајатолахот Хомеини, располага, како што пренесува Ројтерс, со повеќе од 90 милијарди долари. Тоа „главно седиште за спроведување на имамовите наредби“ беше основано за да може да управува со недвижности кои им се одземени на пребеганите приврзеници на шахот и дисиденти и би требало да им бидат доделени на сиромашните. Оттогаш ,Сетад стана една од највлијателните фирми и директно е подредена на „Врховниот лидер“. Кој профитира од укинување на санкциите? Ајалтолахот Хамнеи го надгледува Сетад од 1989 година. Оваа економска империја, според пишувањето на Ројтерс, се занимава со финансии, нафта и телекомуникации, но и со продажба на средства за контрацепција или одгледување ноеви. На американскиот попис на ирански фирми за кои се применуваат санкции Сетад беше застапен со цела низа свои фирми-ќерки. Американската влада преку Сетад сакаше директно да ги загрози економските интереси на иранското раководство. Бидејќи, според изјавите од американското министерство за финансии, Сетад не е некоја безопасна фондација туку „гигантска мрежа на привидни фирми кои по налог на иранското раководство тајно имотот го ставаат на страна“. Тоа значи дека со укинување на санкциите најмногу ќе профитираат фирмите кои работат со милијарди и со кои управува иранската државна елита. Но Бахман Нируманд заклучува: „И обичниот народ ќе има некоја полза, бидејќи веројатно ќе заживее трговијата. И така, трговците во Иран, а и сите оние кои нудат услуги, на крајот ќе профитираат од укинување на санкциите.“ (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 февруари 2016 година, 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Обука „БИЗНИС-ЛОГИСТИКА – УПРАВУВАЊЕ СО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ“

ПРОГРАМА Управување со синџирот на снабдување: •Поим синџир на снабдување; •Димензија на логистиката – микро и макро димензија на логистиката; •Моделирање на логистичкиот систем; •Логистичка стратегија – планирање на синџирот на снабдување, планирање на испораката, планирање на системот на транспорт, распоредување и ротирање на возилата и складиштето; •Правила за остварување на стратегијата; •Проектирани логистички мрежи; •Управување со побарувачката; •Задоволување на купувачите; •Управување со набавките. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

3.3.2016 година(четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„Вклученоста на одговорниот кадар во соработка со директните учесници во секторот за општи и правни работи во процесот на архивското работење, како и нивна поблиска вклученост во остварувањето на работните задачи кои се однесуваат на приемот на пошта, нејзино заведување и распоредување по сектори во услови на водење на е-деловодник и е-архива, како и мигрирање од рачно водење на деловодник во електронско, имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15, 169/15 и 172/15) преку практични примери, како предизвик на модерното административно и електронско работење”

Програма на семинарот: - Закон за архивски материјал; - Приватен архивски и документарен материјал; - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; - Уредба за канцелариско и архивско работење; - Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри; - Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; - Водење на електронска архива (е-деловодник); - Усогласеност помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник ; - Изработка и примена на планови и листи (општ и посебен дел); - Користење на пропишаните печати и штембили; - Движење на документите; - Архивско работење; - Скенирање директно во деловодникот; - Распределување на документите по вработен; - Поставување на прашања за решавање на практични проблеми по однос на работење во писарница; - Давање одговори по однос на поставените прашања; - Дополнување на забелешки; - Изработка на попис и опис на архивскиот материјал; - Попис на документарен материјал и негово уништување. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Некст Левел Консалтинг” ДОО - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - доц. д-р Костадин Дуковски, консултант во друштвото „Некст Левел Консалтинг” ДОО - Скопје, лиценциран вештак, внатрешен ревизор и член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:- работен материјал;- ручек и освежување и- сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„HORECA 2016“ И „WEDDING SHOW“ ВО ТИРАНА

Од 3 до 6 март 2016 година во Република Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Тирана Експо Центар“ ве покануваат и оваа година да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на најголемиот центар за развој на саеми во земјата - „Тирана Експо Центар“. Оваа година се очекува на Саемот да има повеќе од 140 компании во својство на излагачи, од коишто повеќе од 40% ќе бидат од земјите од регионот и пошироко. Во изминатите години „HoReCa“ стана апсолутен лидер за компаниите од оваа бранша во земјата и во регионот. „HoReCa“ претставува ексклузивен настан каде што на едно место можат да се сретнат сите компании и крајни потрошувачи на услугите во секторот на угостителството и хотелиерството, при што се создаваат услови за креирање нови и иновативни услуги креирани според желбите и потребите на потрошувачите. Годинава, покрај останатите бројни изненадувања, во рамките на Саемот „HoReCa“ ќе се одржи и првото издание на Саемот „Wedding Show“ посветен исклучиво на свадбени свечености. Организирајќи ги овие две манифестации во ист период и на иста локација ќе се создаде синергија помеѓу заедничките сектори, претворајќи го целиот настан во една од најважните дестинации за средба на илијадници професионалци во дадените сектори од регионот и пошироко. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 10 март 2016 година (четврток), од 10:00-15:30 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар „ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ, ДОБИВАЊЕ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ИМПЛЕМЕНТИРАЈЌИ ГИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ СО ПОЈАСНУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ДОБИВАЊЕ Е-ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЊЕ“

(„Службен весник на РМакедонија“, бр. 130/09; 124/10; 18/11; 36/11; 54/11; 13/12; 144/12; 25/13; 79/13; 137/13; 163/13; 27/14; 28/14; 42/14; 115/14; 149/14; 187/14; 44/15; 129/15; 217/15; 226/15) Програма на семинарот: - Законот за градење; - Најновите измени на Законот за градење; - Основи барања за градбата; - Учесници во изградбата; - Проектна документација; - Е-одобрение за градење; - Употреба за одржување и отстранување на градежен објект; - Надзор; - Категоризација на градба; - Надлежни органи за издавање одобрение за градење; - Постапка за издавање одобрение за градење; - Рок на изградба; - Измени во текот на градбата; - Промена на инвеститор; - Одобрение за подготвителни работи; - Градби за кои не е потребно одобрение за градење; - Времени објекти и урбана опрема; - Градилиште; - Одобрение за употреба. Предавач: - Душанка Попова, градежен инспектор, лиценциран вештак, со 30-годишно работно искуство во областа на градежно-урбанистички надзор. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА СИРЕЊЕ 2016“

На 12 и 13 март 2016 година во Белград, Р. Србија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Balkan cheese Festival“ има чест да ве покани на истоимениот настан што ќе се одржува по трет пат на 12 и 13 март 2016 година во просториите на „Миксер Хаус“, Белград, Р. Србија. Како и претходните, така и оваа година, Фестивалот е наменет исклучиво за промоција на сирења од земјите од Балканот, а како излагачи на Фестивалот ќе се претстават мали, средни и големи бизниси, знаетчии и фармери кои се занимаваат со производство и продажба на млечни производи и разновидни сирења и кашкавали автентични за секоја земја и регион од балканските земји. На Фестивалот покрај тоа што ќе можат да се видат многу автентични производи, истите ќе можат и да се купат и за домашна употреба. По повод долгогодишната соработка, Стопанската комора на Македонија и „Balkan cheese Festival“ и оваа година организираат заедничко учество на Саемот на Македонски компании на заеднички бесплатен изложбен простор, со цел промоција на нашиот домашен квалитет и пласирање на македонските производи на пазарите во регионот. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

На 17 март 2016 година во Стопанска комора на Македонија Во 10:00 часот, сала 4 на 5-ти кат

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ШПАНСКИ КОМПАНИИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Бугарија организираат деловни средби на македонски и шпански компании. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Бугарија. Трговската мисија ќе се реализира во Република Македонија. Како дел од делегацијата на трговската мисија ќе бидат присутни и еминентни шпански бизнисмени од различни области со коишто македонските компаниии ќе имаат можност да оставарат директни бизнис средби. Учество на настанот можат да пријават компании од областа на: • фармацевтската индустрија; • кондисторската индустрија; • градежништвото (градежни материјали, адитиви, изолациони системи); • електрометалната индустрија (генератори, филтри за базени, осветлување, електрани); • агро индустријата (сточна храна, адитиви во агроиндустријата) и др. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“

Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизнис-средби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија.

Excellent

„ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот„ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl.

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC OF MACEDONIA За време наCHAMBER одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 27 до 31 март 2016 година

БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски

производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Саем и конференција: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Од 5 до 7 април 2016 година, во Софија, Р. Бугарија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот „Виа Експо“ од Софија, организираат посета на претстојниот Саем и конференција на тема: Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во периодот од 5 до 7 април 2016 година во Софија, Р. Бугарија. МАНИФЕСТАЦИЈАТА Е СОСТАВЕНА ОД ДВА ДЕЛА: 1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА – “Waste management and recycling exhibition” Датум: 5-7 април 2016 година Фреквенција: Годишен настан Издание: 12-то. Организатор: „Виа Експо“ Место на настанот: Софија, „Интер Експо Центар“ Работно време за посетители: 5-6 април 2016 г. од 10:00 до 18:00 часот; 7 април 2016 г. од 10:00 до 17:00 часот. Како и секоја, така и оваа година саемската манифестација има за цел да претстави голем број нови технолошки достигнувања од областа на енергетиката и обновливите извори на енергија со што воедно претставува и почетна точка за лансирање на иновативни производи. Саемот го поттикнува развојот на енергетскиот сектор и иницира се` повеќе да се користат системски решенија за заштеда на енергијата во Југоисточна Европа. Саемот и оваа година ќе ги претстави најновитте решенија во делот на изолационите системи, уреди за складирање енергија, системи за заштеда на енергија, опрема за греење и ладење, системи за производство на обновлива енергија, комбинирано производство и други иновативни и ефикасни решенија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад и рециклирање” 2.2. Бизнис-форум „ Паметни градови“ За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk . Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија

БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери

конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.

Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:

ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?

Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел „Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)

Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград /www.hotelparkbeograd.rs

Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd. rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 17 април 2016 година Меѓународен саем за градежни машини, машини за градежни материјали, рударски машини, градежни возила и алати во СР Германија

„БАУМА 2016“ ВО МИНХЕН

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Германската стопанска комора во Македонија. Овој стручен саем се одржува еднаш на 3 години. Сите подбранши, сите лидери на пазарите, сите важни иновации и најактуелни информации можете да ги најдете на едно место. Водечкиот светски саем „БАУМА“ е водечка платформа во глобални рамки за експерти од оваа индустрија. Тука се сретнуваат клучните играчи на меѓународно ниво. На оваа манифестација во 2013 година беа надминати сите очекувања и досегашни резултати: - 575.000м2 изложбена површина; - 3.421 изложувач од 57 земји во светот; - 535.0 65 посетители од преку 200 земји во светот; - 125.850 стручни посетители од областа на рударството; - 1.475 новинари и претставници на разни медиуми. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)

Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

46

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија

VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ

Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.

Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).

Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


48

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка, во состав на една од најголемите групации, сопственици на плантажи и производители на чај, кокос, први светски меѓународно сертифицирани производители на органски чај, бараат компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на разни видови чаеви, кокос во различно пакување. Валидност до 29.4.2016 година. Компанија од Шри Ланка производител, извозник и дистрибутер на машки кошули и маици, специјално дизајнирани до совршенство, бара компанија за соработка од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 29.4.2016 година. Хрватската Агенција за инвестиции и конкурентност објавува повик за учество на лицитација за продажба на имот на компанија од дрвната индустрија, која вклучува земјиште, објекти, машини и опрема. Лицитацијата ќе се одржи на 30.3.2016 година. Валидност до 29.3.2016 година.

Реномирана компанија од Шри Ланка производител на електрична опрема од светска класа, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на прекинувачи, штекери, кабли, микропрекинувачи за диференцијална струја, дистрибуциски плочи и др. Валидност до 29.4.2016 година. Компанија од Шри Ланка производител на електрична опрема, бара компанија од Р. Македонија за соработка и сака да купи kомпактни флуорoсцентни светилки, минијатурни прекинувачи, лед-сијалици, микроpрекинувачи, изолатор, поликарбинат и др. Валидност до 29.4.2016 година.

Компанија од Велика Британија, Северна Ирска, дистрибутер и снабдувач со опрема за заварување - фузиони техники, прочистување, како и со основен рачен алат, потрошни материјали, други видови алатки и опрема, абразиви и опрема за лична заштита при работа, бара компанија од Р. Македонија за соработка. Валидност до 29.4.2016 година. Компанија од Полска производител на разни видови тестенини без глутен мусли и други прехранбени производи, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 29.4.2016 година.


четврток, 25 февруари 2016, Бр. 256

БИЗНИС ИНФО

49

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Турција која обединува 32 задруги и 28.000 производители на маслинки, нуди маслинки од различни сорти, маслиново масло повеќе видови во различно пакување, бара компанија за дистрибуција на своите производи во Р. Македонија. Валидност до 25.4.2016 година.

пласман на своите производи. Валидност до 25.4.2016 година.

Компанија од Полска нуди производи кои се користат како дополнение на храната која се користи во исхраната на живина, свињи, говеда и бара компании од Р. Македонија за соработка. Компанија од Охрид продава - изнајмува веднаш Валидност до 25.4.2016 година. вселив деловен простор (стоковна куќа) во централното градско подрачје, со површина околу Компанија од Англија нуди алатки и сечила со 850 м2, од кои 650 м2 на прв кат, 200 м2 на приземје. висок квалитет и различни перформанси за многу Просторот е погоден за секаква намена (канцеларии, индустриски процеси и операции кои максимално продажба, игротека, игри на среќа и сл.). ја зголемуваат ефикасноста и квалитетот на Валидност до 25.4.2016 година. работењето. Валидност до 25.4.2016 година. Компанија од Велика Британија, производител на квалитетни видови индустриски ножеви и сечила од најквалитетни видови челик со различни димензии, Контакт: Ванчо Спасески бара компании од Р. Македонија за соработка и Дирекција за регионални

www.mchamber.mk

комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО, број 256 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu