БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 236
www.mchamber.mk
24.9.2015
Членките на Стопанската комора на Македонија се заинтересирани да зајакне капиталната база на МБПР и врз таа основа да се прошири асортиманот на финансиски услуги
ВО ФУНКЦИЈА НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, во посета на компаниите „Макстил“, „Геинг“ и „Електроелемент“
ДА СЕ ОБРНЕ ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Semejna kompanija
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
C
UR
O
НИКО
�
SE
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
3
АКТУЕЛНО
ВО ФУНКЦИЈА НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО
Членките на Стопанската комора на Македонија се заинтересирани да зајакне капиталната база на МБПР и врз таа основа да се прошири асортиманот на финансиски услуги
Успешните развојни банки во регионот и пошироко, се занимаваат со поттикнување на развојот и конкурентноста на стопанството, со одобрување на долгорочни и краткорочни кредити, осигурување на извозот од политички и комерцијални ризици, со издавање гаранции и други финансиски услуги -кредитираат од подготовка до реализација на извозот, кредитираат инфраструктура, мали и средни претпријатија, претприемачи-почетници, како и вложувања во нови пронајдоци и иновации. Тие, по правило, се врзани за државниот буџет, и даваат поволни кредити за проекти кои придонесуваат за натамошен стопански раст, раст на извозот и развој на малите и средни претпријатија. Во некои земји има само развојна банка, или само Фонд, односно фондови со истите активности како развојните банки, додека значаен е бројот на земји каде за таа цел паралелно постојат двете институции (развојна банка и развојни фондови, односно агенции). Во Македонија има само една институција од тој вид - Македонска банка за поддршка на развојот МБПР, чија основна цел според Законот е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на Република Македонија. Ова беше истакнато на редовната пресс-конференција во Стопанската комора на Македонија на која зборуваше м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија (21.9.2015 година). - МБПР реализира значајна финансиска поддршка за стопанството и затоа е од посебен интерес за членките на Комората. Посебно треба да се подвлече улогата на Банката во успешната реализацијата на проектот на Владата на РМ за кредитот од Европската инвестициона банка во сите досегашни 4 фази. Средствата до крајните клиенти се пласираат преку деловните банки и тоа за МСП до 3,5 мил. евра и рок на отплата до 8 години по кредитокорисник, со фиксна годишна каматна стапка од 5,5%. Од ЕИБ 4 деновиве треба да се пушти нова транша од 6,8 милиони евра за реализација на
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
АКТУЕЛНО 60 проекти и можност за отворање на 100 работни места и до крајот на годината на домашните компании им стојат на располагање за искористување уште 30 милиони евра. На годишно ниво од Буџетот на Република Македонија се обезбедуваат околу 200-350 илјади евра за субвенционирање на каматата, - истакна м-р Јелисавета Георгиева. Македонска банка за поддршка на развојот, според категоризацијата на НБРМ е во групата на средни банки според активата (околу 15,1 милијарди денари со состојба на 31.12.2014 година). Затоа, докапитализацијата на МБПР, како што нагласи м-р Георгиева, е приоритетно прашање на кое во изминатиот период Комората постојано инсистира. Но, во Националната програма на економски реформи за 2015 година истото не е предвидено. МБПР е членка на Здружението на банкарството, со кое има воспоставено одлична соработка и досега се направени низа заеднички активности. Услугите кои ги нуди Банката, во повеќе наврати се презентирани пред компаниите и во регионалните комори на Стопанската комора на Македонија. Токму затоа, според м-р Јелисавета Георгиева, Стопанската комора на Македонија нема замерки во однос на соработката со Банката, нејзиниот кадар и активности, туку се залага за постоење на вистинска развојна банка, по примерот на ваквите банки во нашето регионално опкружување. Само за илустрација, развојната банка на Хрватска има капитален фонд од преку 1,4 милијарди евра и има преку 300 вработени. Членките на Стопанската комора на Македонија се заинтересирани да зајакне капиталната база на МБПР и врз таа основа да се прошири асортиманот на финансиски услуги за стопанството и да даде поголем придонес за поттикнување на стопанскиот развој и интернационализацијата на домашното стопанство. Во таа насока, м-р Јелисавета Георгиева ги соопшти предлозите на Стопанската комора на Македонија кои се однесуваат на следното: 1. Владата на Република Македонија, почнувајќи од 2016 година да отпочне со значајна буџетска поддршка за континуирано докапитализирање на Банката. 2. Банката може и треба да има поголем обем на финансиски услуги за крајните корисници во однос на исти вакви банки во регионот. Оценка е дека постојниот капитал на МБПР е мал и недоволен за да може да одговори на успешно извршување на поставените законски обврски, како и на идните обврски што ги планира Владата и што ги очекува стопанството од неа, а пред се` во делот на: • кредитирање на инфраструктурни проекти, проекти за рамномерен регионален развој; • споделување на ризикот кај кредитирање на поголемите проекти; • гаранциско работење во делот на издавање гаранции за учество на покрупни меѓународни тендери; • гаранции за добро извршување на работите; • гаранции за поврат на аванс; • гаранции за отстранување на недостатоци во гарантен рок и слично;
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
5
АКТУЕЛНО • •
поголемо вклучување во делот на кредитното осигурување - Домашни побарувања (пред и по испорака) и и кај Извозните побарувања (пред и по испорака) од комерцијални и политички ризици. 3. Покрај докапитализацијата на Банката со средства од Буџетот, во нејзина надлежност како финансиска институција треба да се предвидат и: - реализацијата на одредени облици на државна помош / субвенции; - отпишување или преземање долгови; - изземање, намалување или одлагање на плаќање на јавни давачки; -продолжување на проекти за доделување кредити под поволни услови. За таа цел, Комората ќе покрене иницијатива за изменување и дополнување на Законот за МБПР, со цел во нејзина надлежност да се предвиди и одобрувањето средства кои имаат третман на државна помош, согласно со интересот на државата за поддршка на одредени сектори од страна на Банката, како и разгледување на развојни програми и одобрување средства за регионален развој, што подразбира и измена на Законот за контрола на државната помош („Службен весник на РМ“ бр.145/2010) и Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РМ“ бр. 63/2007; 187/2013 и 43/2014).
4. Паралелно со докапитализацијата, како клучна потреба за поквалитетно и поефикасно извршување на планираните идни финансиски услуги, Банката треба да посвети внимание на континуирано кадровско и стручно зајакнување на вработените, што неминовно ќе го бараат новите процеси кои би се случиле со зајакнувањето на Банката. Инаку, Банката континуирано го развива делот на кредитното осигурување и прва започна со примена на факторингот како нова финансиска услуга. Во текот на 2014 година има потпишано полиси за осигурување на извозни побарувања од комерцијални ризици на краток рок со 49 осигуреници, а со 10 осигуреници потпишала полиса за осигурување на домашни побарувања од комерцијални ризици. Во 2014 година, МБПР осигурала извоз (околу 37-38 милиони евра) што претставува зголемување во однос на 2013 година од 34% и наплатила премија што претставува пораст од 3,6%, а осигурала домашни побарувања од краткорочни комерцијални ризици за 7% помалку во споредба со 2013 година и наплатила премија што претставува намалување од 5,5% во однос на 2013 година. Банката преку факторингот во текот на 2014 година поддржала извоз на 9 македонски извозници, со што го поддржала извозот на македонски производи и услуги кон 12 купувачи кои се лоцирани во 6 земји од регионот и ЕУ. - На среден рок, со отпочнување од 2016 година сметаме дека докапитализацијата треба да присонесе од сегашните 20 милиони евра основниот капитал да се зголеми на 60 милиони евра, со што ќе се создадат можности за реализација на предлозите на компаниите, - подвлече м-р Јелисавета Георгиева.
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ФОКУСИРАНО Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, во посета на компаниите „Макстил“, „Геинг“ и „Електроелемент“
ДА СЕ ОБРНЕ ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, со своите соработници, на 23.9.2015 година беше во посета на компаниите „Макстил“, „ГЕИНГ Krebs und Kiеfer“ и „Електроелемент“. На средбите со домаќините се разговараше за актуелните состојби во овие компании, нивните годинешни достигнувања и развој, проблемите со кои се судираат и за можни решенија кои би придонеле за подобри резултати на македонската економија. Во „Макстил“ разговори беа водени со Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на „Макстил“, со Иван Бановски, генерален менаџер и Димитар Цветковски, финансиски директор на компанијата. - Досегашните резултати се помали и од нашите очекувања и тоа се должи на актуелните неповолни состојби во индустријата на челик и вкупно во металургијата, со директна рефлексија на економските состојби на глобален план, намалената побарувачка на европскиот пазар во услови на зголемена конкуренција, како и на движењето на берзанските цени на металите и феролегурите. Само за илустрација, нашето производство е поскапо за 85 евра по тон во односот на капацитетите кои произведуваат челик од руда, за разлика од нас кои сме базирани на старо железо. На европскиот пазар сме судрени со голема конкуренција од Индија, Кина, Кореја, Украина. Токму од тие причини, тешко ќе го оствариме минатогодишното производство, иако такви ни беа плановите, - истакна Иван Бановски. Во овие услови „Макстил“, како и останатите компании од секторот се сконцентрирани на намалување на трошоците на работењето, како би опстанале на пазарот до надминување на кризата. - За македонската металургија, во актуелните услови кога европската економија е послаба од очекувањата и во услови кога прогнозите упатуваат на тоа дека кризата ќе потрае уште најмалку една година, неопходна е одредена системска поддршка, како што е потребата од конкурентна железница, патна инфраструктура, од интервенции во делот на енергетиката, еколошкото усогласување, натамошно поедноставување на административните постапки и процедури, - подвлече Минчо Јорданов. - Многу од тие работи се во рацете на државата. Треба да се води посебна, секторска политика и се` да се направи базната индустрија не само да продолжи да работи, туку и да се надградува. Таа е основата за поголем подем на преработувачката индустрија,
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
7
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО која е една од гранките во кои се отвораат работни места. Според Бранко Азески, системската поддршка би влијаела на конкурентноста на металуршките производи и би ги надополнила нивните напори за одржување на пазарот. Ова, пред се`, е поради учеството на металургијата со над 10% во БДП, актуелни 20-ина проценти учество во вкупниот национален извоз (во преткризниот период металуршките производи учествуваа со 30% во вкупниот национален извоз), директно вработување на 15.000 работници, како и поради нејзиното особено значење, како базична индустрија, за процесот на реиндустријализација на земјата. Во „ГЕИНГ“ делегацијата од Стопанската комора на Македонија проследи презентација за дваесет и едно годишното работење на фирмата, при што беше потенцирано дека таа постепено прераснува во една од водечките компании во областа на инженерството во нашата земја. Компанијата поседува голем број лиценци од областа на рударството, архитектурата, проектирањето, надзорот и ревизијата. - Во „ГЕИНГ“ се води сметка за негување на кадарот и негова надградба. Само во оваа година ќе бидат изработени преку петстотини проекти, кои се наменети за домашниот, но и за странски пазари. Во тековното работење, соработката со странскиот партнер ни дава поголема сигурност, како надополнување во делот на стручноста, но и со финансиска поддршка и гаранција, - истакна Радомир Карангелески, директор за развој. Но, во тековното работење беше истакнато дека, како и другите компании во земјата и тие се соочуваат со повеќе проблеми и нивното размислување и барање е насочено кон изнаоѓање решенија за заштита на домашните компании преку можност за учество на тендери кои се однесуваат за домашниот пазар. Државата може да помогне и со вградување на правила во проектите да бидат вклучени домашни компании и тоа во делот на консултантски услуги, производители на материјали и изведувачи. Беше истакнато дека мора да престојат измени во тендерските услови, каде цената не треба да претставува единствен критериум за добивање на работата, туку да биде квалитетот и референцата на компаниите. Настапот на странски пазари најчесто е на територијата на поранешните ју-републики, но најчесто не како тимлидери, туку како подизведувачи, иако 80-90% од работите ги завршуваат тие. За тоа е потребно нивна презентација пред институциите и пред инвеститорите во овие држави, но и пошироко, со цел нивно препознавање како квалитетна компанија. Предложено е, со помош на Комората, да се направат презентации во останатите комори од регионот. Во оваа насока, потребно е да се презентираат капацитетите на „Геинг“, а пред се`, пред ЕБРД и KFW банка, со цел да се имаат предвид референците на „ГЕИНГ“, кои се потврдени и со завршување на голем број проекти финансирани и од нивна страна. Референците на „ГЕИНГ“ претставуваат и еден од аргументите дека може да биде тим-лидер во менаџирањето на проектите, а не само како подизведувач. Во „Електроелемент“ беа водени разговори со сопственичката Стојна Јошевска и со Зоран Смуткоски, директор на продажба. Оваа компанија е најголемиот трговец со електроматеријали и таа соработува со преку 300 странски добавувачи од кои се набавуваат преку 50.000 артикли. Компанијата има и застапништво на автомобили. Во сите овие разговори беше потенцирана потребата од зголемување на соработката и единството меѓу компаниите, а како што порача Бранко Азески, потребно е сите да обрнат поголемо внимание за успешните во македонската економија.
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
МОЖНОСТИ Презентација на јапонската компанија „THK CO., LTD” која се занимава со производство и продажба на делови за машини за повеќе индустрии
МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОВИКАНИ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ДЕЛОВИ ЗА РОБОТИ
На 22 септември 2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на јапонската компанија „THK CO., LTD”, која се занимава со производство и продажба на делови за одредени видови машини за патниот и железничкиот сообраќај, автомобилската и машинската индустрија, медицински помагала и роботика. - „THK CO., LTD” е основана во 1971 година во Токио, Јапонија. Во текот на 44-годишното постоење, има отворено 18 претставништва во различни земји на 3 континенти. Компанијата има изградено фабрики во: Јапонија, Америка (САД и Мексико), Азија (Кина, Кореја, Тајланд, Виетнам и Малезија) и Европа (Франција и Ирска). „THK CO., LTD” користи оригинална технологија и иновативни идеи во процесот на производство на машини, со континуирано истражување и развој на истите, - истакна Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. Корпоративната филозофија на јапонската „THK” е: „Обезбедување иновативни производи во светот и генерирање на нови трендови со цел да се придонесе кон создавање на побогато општество и напредок на сите засегнати страни.“ Соработка со македонските компании „THK CO., LTD” нуди во следните области: технологии за сеизмологија, уреди за сеизмичка изолација, производство на инвалидски колички со електрична дигалка, електронски уреди за автомобилската индустрија, универзален дизајн на кујни, ротирачки автомобил за играње игри, систем за јавен транспорт со лизгачки механизам и друго. - „THK CO., LTD” работи на проширување на производи и бизнис-уреди, со цел што поголемо присуство на пазарот во иднина. Посебно се ориентираме на машини со мало загадување на животната средина. Побарувачката за вакви машини е во пораст, особено во Кина, поради намалувањето на CO2 кое е од суштинско значење за заштита
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ на глобалната животна средина, истакна господин Хиројуки Масуки, менаџер на Претставништвото на „THK CO., LTD” во Германија. - Почнавме со развој на роботиката и ги повикуваме македонските компании да земат учество во производство на нивни делови. Еден робот чини меѓу 20 и 30.000 САД долари и неговата примена е во многу индустриски гранки. Гостите од Јапонија потенцираа дека Македонија ја гледаат како стратешка земја за отворање претставништво на компанијата и пробивање не само на македонскиот, туку и на пазарите од целиот регион. На денешниот настан присуствуваа претставници на повеќе од 50 македонски компании, кои со интерес ја проследија презентацијата на работењето на роботот и останатите производи на јапонската компанија. Инаку, како што истакна Јадранка Аризанковска, вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија до крајот на јули 2015 година достигна вредност од 33,1 милиони САД $, што претставува пад од 7,40% во однос на истиот период лани. При тоа, остварен е извоз во вредност од 881,7 илјади САД $ или зголемување од 15,90 % во однос на јануари - јули 2014 година, додека увозното салдо изнесува 32,2 милиона САД $ или пад од 7,91 % споредено со јануари - јули 2014 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 31,3 милиони САД $. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија, пак, во 2014 година достигна вредност од 65,2 милиони САД $, што претставува раст од 14,27% во однос на претходната 2013 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,2 милиона САД $ или пад од 24,54%, споредено со 2013 година, додека увозното салдо изнесува 64 милиони САД $ или зголемување од 15,41% споредено со 2013 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 62,8 милиони САД $. Јапонија е 31-ви трговски партнер на Р. Македонија во 2014 година. Сања Николова
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ФОКУСИРАНО
Презентација на порталот ECEPP за Е-набавки на ЕБОР
БРЗИНА, ПОМАЛИ ТРОШОЦИ, ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) организираше презентација на порталот ECEPP за Е-набавки на ЕБОР (17.9.2015 година). Порталот за Е-набавки како пилот-проект се спроведува во Македонија, Косово и во Молдавија. Откако ќе направат едноставен процес на регистрација, новиот систем на добавувачите им овозможува да ја добијат тендерската документација за договори согласно политиките и правилата за набавка на ЕБОР по електронски пат, без никакви трошоци. Порталот ECEPP овозможува добавувачите да поднесат шифрирана електронска понуда, гарантирајќи безбедност и доверливост, а потоа во исто време онлајн се отвораат понудите, по конкретниот завршен рок за поднесување понуди, со автоматско известување до сите учесници околу клучните тендерски податоци. На овој начин се избегнува досегашната потреба од рачно поднесување на понудата на потребното место, како и физичкото присуство на јавното отворање на понудите. Воедно, ќе се забрза времето на трансакција и ќе се намалат трошоците на клиентите и добавувачите за процесирање, а од друга страна ќе се зголемат можностите за конкуренција и ќе се подобри транспарентноста. На презентацијата присуствуваа триесетина претставници на компании-членки на Стопанската комора на Македонија. Порталот ECEPP им овозможува на клиентите на Европската банка за обнова и развој да спроведат електронска набавка на стоки и услуги за проекти во јавниот сектор финансирани во целост или делумно од ЕБОР. АД „МЕПСО“ е првиот македонски корисник на платформата за Е-набавки на ЕБОР. Подетални информации може да се добијат на следниот линк: http://www.ebrd.com/. Перо Авакумовски
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
11
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО
ЗАМЕНАТА НА СТАРИТЕ ПЕЧКИ НА БИО МАСА ЌЕ ДОНЕСАТ ЗАШТЕДИ И ПОЧИСТА ОКОЛИНА
Презентација на Анализата и Акцискиот план за едукација за правилно согорување и загревање на домовите
Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување при Стопанската комора на Македонија во соработка со Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, организираше презентација на Анализата и Акцискиот план за едукација за правилно согорување и загревање на домовите (22.9.2015 година). На презентацијата присуствуваа претставници од бизнис-секторот и научната област. Биомасата како енергент кој се користи за загревање во домаќинствата игра значајна улога, учествувајќи со околу 30% во вкупната потрошувачка на финална енергија во секторот домаќинство. Просечната старост на печките на биомаса во Р. Македонија, кои се користат за загревање е над 17 години и притоа се со ниска ефикасност, околу 55 %. Замената на стара печка на дрва со нов шпорет на дрва или печка на дрва придонесува за годишно намалување на емисиите на честички за околу 57 %, замената со камин на дрва придонесува за намалување од 45 %, а замената со печка на пелети придонесува за годишно намалување на честичките од 96 %. Замената на стара печка со нов шпорет, печка или камин е “win-win” опција, што значи дека од една страна има намалување на емисиите на честички, а од друга страна има финансиска придобивка. Со оглед на цената на дрвата во однос на цената на електричната енергија, која исто така доста се користи за греење, цената на маслото за ложење кое се` помалку се користи и цената на природниот гас кој се` повеќе ќе се користи во иднина, пред се` во замена на електричната енергија, не се очекува замена на користењето на биомасата со некој од горенаведените енергенти. Според тоа, оваа анализа е со цел да им овозможи на домаќинствата кои ја користат биомасата за загревање или за загревање и готвење, а чиј број во иднина ќе остане ист или ќе се зголеми, да обезбедат намалување на потрошувачката на дрва, заштеда на трошоци за биомасата, намалување на загадувачки честички и со тоа заштита на здравјето на луѓето, како и намалување на емисиите на стакленички гасови. Перо Авакумовски
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
УСОГЛАСУВАЊА Водостопанските претпријатија бараат допрецизирање на начинот на кој ќе функционираат после 1 октомври 2015 година
СТАТУСОТ НА ПОСТОЈНИТЕ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ СЕ` УШТЕ СО МНОГУ ДИЛЕМИ
Членките на Групацијата на водостопанските претпријатија во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешниот состанок разговараа за статусот што ќе го имаат после 1 октомври годинава, имајќи предвид дека од тој датум стапува на сила новиот Закон за водостопанство, со кој сите досегашни водостопански претпријатија ќе станат подружници на новото акционерско друштво. Тие бараат дополнителна информација што ќе се случи, ако до тој рок не биде избран директор на новото АД, или и во случај да се заокружи изборот, дали ќе имаат преоден период за да се направи порамнувањето, да се згаснат постојните правни субјекти и да се усогласат со новиот закон. Членките на Групацијата на денешниот состанок алармираа дека е можно да се соочат со проблем во наплата на дел од реализираните побарувања, имајќи го предвид фактот на кој начин Законот предвидува да згаснат водните заедници. На состанокот беше присутен и претставник од надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ги информираше присутните дека во Министерството се разгледуваат опциите како да се покрие периодот после 1 октомври 2015 година, кога треба да стартува новиот закон, во случај до тогаш да не биде избран директор на новото АД за водостопанство и од друга страна како да се регулира временскиот период на порамнување и затворање на постојните правни субјекти и нивно инкорпорирање во новото претпријатие. Од Министерството посочија дека во интерес на дејноста, која е од големо значење за непречено функционирање на системот за снабдување со вода за наводнување и одводнување на земјиште и изградба и тековно и инвестициско одржување на системите, е континуираната соработка со водостопанските претпријатија и нивните предлози и сугестии. Водостопанските претпријатија се надеваат дека до рокот што го предвидува новиот закон ќе бидат усогласени недореченостите, во спротивно, повторно ќе алармираат за можните последици од нецелосно дефинирање на нивните права и обврски согласно Законот. Даниела Михајловска Василевска
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
13
УСОГЛАСУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО Јавна расправа за НацртВОДОСНАБДУВАЊЕ НА документот за изменување ОПШТИНА ШТИП, НАВОДНУВАЊЕ, и дополнување на водостопанската основа ЕНЕРГЕТСКО ИСКОРИСТУВАЊЕ на РМ за акумулацијата „Јагмулар“ И ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ На 21.9.2015 година во Стопанската комора на Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање одржа јавната стручна расправа по Нацрт-документот за изменување и дополнување на водостопанската основа на Република Македонија за акумулацијата „Јагмулар„ на реката Брегалница. Јавната расправа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, кој истакна дека имајќи ја предвид важноста на проблематиката со која се соочува овој регион, освен во рамките на законските обврски, стручната расправа се организира и со намера да се изработи што е можно поквалитетен документ во кој ќе бидат вклучени стручните согледувања и потребите на сите засегнати субјекти. -Водостопанската основа како документ се донесува на целата територија на државата со цел интегрирано планирање и спроведување на програмите и мерките за развој на водите, а во согласност со националниот развој и усогласеност на економскиот развој и социјалниот напредок. Постојната Водостопанска основа на Р. Македонија како документ од 1976 година, повеќе не може да ги исполни горенаведените критериуми за која цел и се донесува, потребно е да се изработи нова поради правилно искористување на водниот потенцијал. За таа цел, до Министерството се обратија Општина Штип и Јавното претпријатие за државни патишта кои побараа измена и дополнување на Водостопанска основа на Р. Македонија за повеќенаменската акумулација „Јагмулар“, со што се планира водоснабдување на градот Штип со околните села, наводнување на 900 ха земјоделско земјиште, енергетско искористување и заштита од поплави во низводниот дел. Планирана e со лoкација во долината на реката Брегалница на 25 км од вливот со реката Вардар, односно на 18 км низводно од градот Штип, - истакна Нурхан Изаири. Бидејќи од изработката на Водостопанската основа на Р. Македонија веќе се изминати повеќе од 40 години, променети се хидролошките податоци кои битно влијаат за развој на водостопански објекти, променети се потребите на водокорисниците и има нови осмислувања на изработката на урбанистичките плански документи кои доведоа до неминовна потреба од измена на параметрите на акумулацијата „Јагмулар“. Заради реализација на изградбата на експресниот пат А4 делница Штип - Радовиш, Јавното претпријатие за државни патишта изработи Нацрт-верзија за изменување и дополнување на Водостопанската основа на Р. Македонија од 1976 година за акумулацијата „Јагмулар“ на реката Брегалница. Изработувачот Градежен институт „Македонија“ врз основа на постојна техничка документација, геодетски подлоги, добиени мислења од засегнатите општини, потребите на водокорисниците и земените хидролошки податоци за периодот од 1961- 2010 година, предложи алтернативно решение кое треба да ги задоволи сегашните потреби на сите корисници и овозможување на изградбата на експресниот пат А4 делница Штип - Радовиш. Јавната расправа ќе треа во следните 15 дена. (З.М.)
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ
Нова понуда од „Македонски Телеком“
СО „МАГЕНТА 1“ СИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ ОД ЕДНО МЕСТО И НА ЕДНА СМЕТКА
„Македонски Телеком“ информира дека го воведува новото продуктно портфолио „Магента 1“ со кое на корисниците им овозможува ново корисничко искуство. „Магента 1“ не е само интегриран пакет на фиксни и мобилни услуги, туку е сосема нов концепт на понуда, креирана и прилагодена на динамичниот начин на живеење и корисничките потреби коишто брзо се менуваат. „Македонски Телеком“ со новиот пакет, на корисниците им ги нуди сите комуникациски услуги од едно место и на една сметка, а при тоа услугите се достапни на сите расположиви екрани. Овој едноставен пакет е одличен избор за целото семејство и во него секој член ќе ја најде својата идеална комбинација на услуги, а притоа да биде поврзан кога е дома и кога е во движење. ’Магента 1‘ вклучува две мобилни линии со неограничена комуникација и 4Г мобилен интернет, МаксТВ телевизија со најмногу спортски содржини, како и најбрзиот интерент за дома.( Македонски Телеком)
Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Тетово
МОДЕРЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ОБЈЕКТ СО ЛЕСЕН ПРИСТАП ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ
ЕВН Македонија го отвори својот нов Кориснички енерго центар во Тетово. Според претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер станува збор модерен и функционален објект со лесен пристап за потрошувачите и соодветен паркинг простор. Истовремено со него компанијата сака да придонесе во подобрувањето на условите за работа на вработените со зголемување на нивните можности за подобра организација и опслужување на поголем број корисници истовремено. - Во 21-от век нормално е да можете да не контактирате преку телефон, интернет или веб страната, но не треба да се заборави дека има многу наши клиенти што сакаат директно да не конатактираат и за што ние треба да обезбедиме соодветни услови. Мислам дека тоа успеавме да го постигнеме со оваа зграда што е направена согласно ЕВН стандардите, изјави Петер. Тој посочи дека на технички план ЕВН Македонија во последните две години инвестирала и над пет милиони и триста илјади евра во Тетовско за изградба или обнова на осумдесет трафостаници, како и електро мрежа во должина од над осумдесет илјади километри. Од ЕВН Македонија информираа дека ќе продолжат со инцестиции во Тетовско, како и во другите места низ државата.(МИА)
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
15
ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО И ЧЛЕНКИ
СЕКОЈ КУПУВАЧ ЌЕ ДОБИЕ ВРВЕН КВАЛИТЕТ!
Ексклузивните станови во Џеваир Скај Сити достапни се по цена што почнува од 799 евра и со учество од 10 отсто
Ексклузивните станови во Џеваир Скај Сити достапни се по цена што почнува од 799 евра и со учество од 10 отсто. Во оваа цена што е за лимитиран број на станови и по овие услови, секој што купува стан добива целосно опремена кујна и бања. Привршува изградбата на четвртата висококатница, а при крај се подготовките за почеток на изградбата на трговскиот центар што ќе биде во склоп на комплексот. Целиот комплекс ќе биде пуштен во употреба во септември следната година. -Имаме низа поволности за секој што е заинтересиран за купување на станови во Џеваир Скај Сити. Со цени што почнуваат од 799 евра, со просечна цена на становите од 1100 евра во зависност од тоа на кој кат се наоѓаат, добивате и 24-часовно обезбедување, систем за вентилација, ладење и греење, пристап до сите содржини на комплексот: базени, спа центар, фитнес и сквош терени. Секако тука е и директниот пристап до трговскиот центар. Ова е единствена можност околу својата зграда секој станар да има сè што му е потребно без притоа да излегува од комплексот, - изјави Влатко Богоевски од агенцијата за недвижности Фортон, одговорна за продажба на станови во Џеваир Скај Сити. Покрај депозитот од 10 отсто доволен да се купи стан во Џеваир Скај Сити, компанијата има склучено договор со неколку банки кои нудат услови за кредитирање со поволни каматни стапки. Висококатниците на Скај Сити добија и уверение од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија за квалитет на градба што ги задоволува највисоките стандарди во градба во Македонија. -Би сакале да истакнеме дека кај нас секој купувач добива врвен квалитет. Како компанија имаме вакви проекти и искуство во нивно спроведување. Стандардите при изградба што ги применуваме како групација, се на највисоко ниво што е потврдено и од Институтот за сеизмологија во земјава. Кога некој кај нас купува стан, добива плус на квалитетот на живот затоа што сè што му е потребно е тука околу него. Кога купувате стан во Џеваир Скај Сити всушност добивате многу повеќе од обичен стан. Добивате, пред се, сигурност дека градбата е со врвен квалитет, со најдобри услови за живот и секако кај нас станот е со опремена кујна и бања и систем за комуникација во рамките на комплексот што нуди неограничени можности за секој станар, - изјави Есер Џеваир, генерален менаџер на Џеваир во Македонија. Во моментов се привршува градбата на карабината на четвртата висококатница, а се почнуваат подготовките за почеток на градба на трговскиот центар сместен на 60.000 метри квадратни. Трговскиот центар ќе биде завршен во првата половина на 2017 година каде ќе бидат сместени 70 продавници со светски брендови, супермаркети, а во него ќе има и канцелариски простор. Целиот комплекс има паркинг простор за станарите, како и дополнителен паркинг простор наменет за трговско – бизнис центарот.(МИА)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ФИНАНСИИ
Комерцијална банка
ПРОМОТИВНИОТ ПЕРИОД ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ СО ЕУР КЛАУЗУЛА ДО МАРТ 2016 ГОДИНА
Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 31.03.2016 година, во кој нуди поволен станбен кредит со ЕУР клаузула . Условите за овој кредит се 2,9% годишна фиксна каматна стапка за првите три години и 6,85% годишна променлива за остатокот на период на отплата на кредитите. Сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.03.2016 година ќе бидат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена. За одобрените станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечките станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на банката. (Комерцијална банка)
Партнерство на ГГФ со Охридска банка, Групација Сосиете Женерал
ЧЕТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЕКО-КРЕДИТИРАЊЕ
Фондот „Green for Growth Fund“, Jугоисточна Европа (ГГФ), обезбедува 4 милиони евра за финансирање на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал (ОБСГ). Македонија увезува над 40 проценти од својата примарна енергија; речиси 80 проценти од производството на електрична енергија во земјата потекнува од фосилни извори, главно јаглен. Како еден од пионерите на пазарот, ОБСГ ја препозна важноста за финансирање на обновлива енергија и енергетска ефикасност и растечкиот потенцијал на овие сегменти. Се очекува дека портфолиото на кредити од ОБСГ за обновлива енергија и енергетска ефикасност кои ќе бидат финансирани од четирите милиони евра обезбедени од ГГФ ќе придонесе кон намалување на потрошувачката на примарна енергија најмалку за 20 проценти. Оваа заштеда пак ќе резултира со годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегаватчасови и намалување на јаглеродниот диоксид за над 7.500 метрички тони годишно. ОБСГ, четвртата по големина универзална банка во земјава, има придобивка од кредитирање на стопанството со пазарен удел од 8,9 проценти и е значаен играч на пазарот за мали и средни претпријатија. Со оглед на тоа што ОБСГ ја следи стратегијата за развој на одржлива структура за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, инвестицијата од ГГФ ќе биде инструмент кој на Банката ќе и овозможи развој на капацитетите за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност и ќе претставува поттик за зголемување на инвестициите во овие сегменти во Македонија. Партнерството ќе биде придружено со проширена поддршка - обезбедена од страна на техничката помош од ГГФ (ГГФ ТАФ) - за развој и имплементација на проекти за обновлива енергија. За осигурување на одржливо кредитирање,
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
17
ПОДВЛЕЧЕНО ФИНАНСИИ ГГФ ТАФ ќе асистира и во имплементација на еколошки и социјални аспекти и ќе го надгледува портфолиото на кредити за енергетска ефикасност на ОБСГ. - ГГФ со задоволство го објавува партнерството со ОБСГ, финансиска институција со цврста посветеност кон финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Со својот клиентски пристап и приспособена кредитна понуда, ОБСГ ефикасно одговара на потребите на бизнисите во земјата и придонесува кон максимирање на влијанието на ГГФ во региониот, - рече Кристофер Ноулс, претседател на „Green for Growth“, Југоисточна Европа. - Зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизацијата и важноста на животната средина создаваат растечка потреба за инвестирање во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Енергетската ефикасност и обновливата енергија даваат огромни економски и еколошки придобивки, поради што веруваме дека постои речиси неограничен потенцијал за проекти од овој вид. Благодарение на ГГФ, Охридска банка сега има поголем капацитет да продолжи со поддршка на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на транзицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина, - рече Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал.( Охридска банка, Групација Сосиете Женерал)
ДО КЛИЕНТИТЕ БРЗО, ЕФИКАСНО И СО ПОМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Бизнис практиката на ПроКредит банка посветана на екологијата претставена на првото ЕКСПО за елекрични возила во Македонија
ПроКредит Банка е првата институција во Македонија која својот возен парк го прошири со пет електрични возила, кои не ја загадуваат животната средина. Со тоа постепено се менува тековниот возен парк кој користи фосилни горива со електрични возила кои за сега се користат за градска употреба и поблиски релации од главниот град. За половина година од сега, ПроКредит Банка истите ќе ги напојува на соларна енергија преку панели кои се во фаза на изградба, со што напојувањето ќе биде комплетно енергетски независно и пријателски кон животната средина. Со возилата до клиентите стигнуваат брзо, ефикасно и со помало загадување на животната средина. С о ц и ј а л н а т а одговорност и грижата кон животната средина на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата. ПроКредит Банка посевтена на заштита на животната срдина и е во тек со сите инжeнерски иновации.Тоа е причината зошто оваа институција е дел од годинешното ЕКСО на електрични и хибридни возила-да служи како пример со својата бизнис практика и да биде мотив за други институции како за својот бизнис можат да размислуваат ефикасно и еколошки. Дополнително ПроКредит Банка ги поддржува сите граѓани и бизниси кои сакаат да направат инвестиција во набавка на електрични автомобили со ЕКО кредитите со повластени услови/ ПроКредит Банка има воспоствено комплетен систем за делување кон животната средина, почнувајќи од кредитирањето на граѓаните и бизнисите на инвестици за подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија, до интерни акции и акции за подигнување на колективната свест на граѓаните. Во последната своја инциијатива во Македонија дистрибуираа 50.000 еко торбички од органски памук со порака ‘’Размисли одговорно’’, со која апелираа да се заменат платстичните кеси со платнени со што помалку ќе се загадува животната средина.( ПроКредит Банка)
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ФИНАНСИИ Отворени новата филијала на „Халкбанк“ и новиот маркет од синџирот „Рамстор-маркети“ во Кичево
ЗА ГРАЃАНИТЕ КВАЛИТЕТНА И ШИРОКА ПОНУДА НА УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ
Со пригодна свеченост на 18.9.2015 година беа отворени новата филијала на „Халкбанк“ и новиот маркет од синџирот „Рамстор-маркети“, кои се наоѓаат на Булевар ослободување во Кичево. Со својата присутност во градот, и двете компании се приближуваат до потребите на граѓаните на Кичево, овозможувајќи им квалитетна и широка понуда на своите услуги и производи „Рамстор“, преку својот 19-ти маркет, на продажен простор од 540 квадратни метри, со 16 вработени и три наплатни каси ќе го нуди широкиот асортиман од голем број трговски групи, со преку 12.000 производи неопходни за потрошувачите, свежо овошје и зеленчук и пакувано свежо месо. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи, како и во сите супермаркети на „Рамстор“. Маркетот содржи големо портофлио на производи со висок квалитет и голем избор. „Халкбанк“ А.Д. Скопје, преку својата 33-та филијала, овозможува лесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на новите клиенти од регионот на Кичево. Во филијалата се достапни сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и PayPass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите и бизнис-партнерите од регионот.
Апел на НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво
ЧЛЕНОВИТЕ НА ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ДА ГИ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ
Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања до своите членови пензиските друштва НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје апелираат членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци. - Сите членови кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва. Тоа може да го направат електронски преку нивните веб страници или во седиштата на пензиските друштва, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат барање за ажурирање или корекција на лични податоци. Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва да ги ажурираат/ корегираат своите лични податоци. Пензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.(МИА)
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
19
ПОДВЛЕЧЕНО ФИНАНСИИ
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Џенифер Бленки, главен економист на Светскиот економски форум и член на неговиот Извршен комитет
И ГЕРМАНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РЕФОРМИ
*Германија прифаќа голем број бегалци, додека другите земји имаат проблем со тоа. Нејзиното стопанство оди добро, но новите предизвици и нејзе и наметнуваат потреба од реформи.
Речиси се заборавени честопати повторуваните барања од Германија до европските партнери да се зафатат со реформи, за еврозоната и ЕУ да ги доведат на одржлив економски курс. По скоро една деценија со слаб стопански пораст во Европа навистина се потребни големи напори за целиот регион повторно да се насочи кон стабилен и одржлив пораст. Тоа ќе е од решавачко значење за да се одржи целината на Европа во време во кое не е само еврозоната во опасност, туку уште и Велика Британија се прашува дали целосно да се откаже од ЕУ. Но, и самата Германија мора многу внимателно да погледа какви промени се нужни во нејзината економија, за да се погрижи за одржлива и врз широка база обезбедена благосостојба на своите сегашни и идни граѓани. Додека германските претпријатија почнуваат да им нудат работа на бегалците, предизвикот да се интегрираат можеби и 800 000 нови граѓани покажува колку е важно да се решат структурните проблеми пред кои се исправени Германија и нејзиното стопанство. Задоволна Германија Економската дебата во Германија покажува земја која е во голема мера задоволна од состојбата на нејзиното стопанство и тоа е оправдано од повеќе асапекти: невработеноста е релативно ниска, системот од практична обука и настава помага за вработените да ја добијат нужната оспособеност - што пак води до ниска стапка на невработеност кај младите од осум проценти, наспроти повеќе од 50 проценти во Грција и Шпанија. И во поглед на праведноста на распределбата, вработените во Германија располагаат со повисок
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПЕЧАТ удел во приходите во споредба со многу други развиени економии. Како резултат на сето, благодарение на значајниот успех на својата економија, Германија цврсто го држи кормилото кога станува збор за донесување економски решенија во Европа. Но, Германија би постапила кратковидо ако само гледа што треба другите земји да направат. Нејзините силни страни не можат трајно да ги компензираат слабостите, кои - ако не бидат решавани - ќе ги ограничат можностите на земјата да обезбеди пораст на животниот стандард за широк круг граѓани. Светот последните години доживува се’ поголеми нерамнотежи и Германија не е имуна на тој тренд: и покрај повисокиот пораст отколку во големи делови од Европа, работниците имаат се’ помалку од резултатот од него - просечните плати навистина остануваат релативно високи, но нерамнотежата расте. Веројатно уште повознемирувачка околност е дека многу од сегашните силни страни на Германија не ќе се доволни за и во иднина да се обезбеди животен стандард за широка база. Премалку нови идеи, премалку жени во стопанството Германската економија на одреден начин ја кочат два момента кои меѓусебно се засилуваат и со кои паралелно оди и недоволна динамика: споредбено малку нови претприемнички идеи и помал удел на жени меѓу вработените. А токму иновации и динамика и’ се потребни на Германија за да го обезбеди својот висок животен стандард. Потребното време и трошоците за основање претпријатие во Германија се вистински високи во споредба со другите развиени економии. Џенифер Бленки Поради тоа не е зачудувачки дека Германија во поглед на условите за основање фирми е на 25. место меѓу 29 развиени економии во неодамна објавената анализа на Светскиот економски форум. Кај бројката на мали претпријатија Германија е на 14. место, значително зад водечките САД. Точно е дека Германија има ниска невработеност, но исто така и ниска стапка на вработеност (20. место меѓу 30 развиени земји), што значи дека на пазарот на работна сила стојат на располагање помалку луѓе. Тоа се должи на редица фактори, а еден од нив е малиот број на жени на тој пазар. Недостигот од евтини детски градинки спречува многу жени да ги усогласат мајчинството и работата. Освен тоа, системот кој покажува добри резултати кај обуката на ученици за стопанството, истовремено е поврзан и со нееднакви шанси во севкупниот образовен систем, оти учениците од слоеви на населението со пониски приходи покажуваат забележително послаби резултати во читање и математика, што ги ограничува нивните можности за социјален подем. Така Германија не користи многу таленти, кои би можеле да ја направат подинамична. Со поглед и врз многу дискутираната слаба економска фаза во Кина и другите земји во забрзан подем, во кои изминатите години одеше голем дел од германскиот извоз, Германија мора да се пробие со иновации и да развие нови производи и услужни дејности за нови пазари. Освен тоа, таа мора да стави посилен акцент и врз домашната потрошувачка и врз позасилена динамика. Со други зборови, се чини дека сегашната состојба е многу добра, првенствено во споредба со другите европски земји. Но, и ако многу работи добро одат, Германија сепак има потреба од реформи за да се доведе себе си - а со оглед на својата економска тежина - и Европа на пат на пораст од кој ќе профитираат повеќе луѓе. Само ако Германија се зафати да ги отстрани пукнатините во зградата на својот економски модел, ќе може да обезбеди да стои на одржлив, силен темел и за идните генерации. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Во моментов во Германија не се пополнети 600.000 работни места
БАЛКАНСКИТЕ БЕГАЛЦИ КАКО ШАНСА ЗА ЕКОНОМИЈАТА
*Предлогот на германската министерка за труд Андреа Налес за издавање 20.000 работни дозволи годишно за граѓани од Западен Балкан може да биде од полза за германската економија. Не е можно со „земји како што е Босна и Херцеговина да разговараме за намери за приклучување кон ЕУ, а луѓето од овие држави истовремено да може да доаѓаат во Германија само преку правото за азил. Тоа е погрешен пат и ја оптоварува постапката за азил“. Така министерката за труд и социјала Андреа Налес (СПД) во интервју за „Шпигел“ го образложи својот предлог Германија во период од пет години да става на располагање годишно по 20.000 работни дозволи за луѓе од Западниот Балкан. Тоа би се однесувало на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија. Со оглед на фактот дека во моментов во Германија не се пополнети 600.000 работни места, тоа би било еден вид „вин-вин“ ситуација, оценува за Дојче веле д-р Видо Гајс, експерт за миграција во Интитутот на германската економија во Келн. Гајс нагласува дека од планираните нови работни дозволи кои ги предлога министерката Налес пред се‘ би требало да профитираат лица со средна стручна спрема, кои во своите татковини тешко доаѓаат до соодветна работа поради лошата економска ситуација. Експертот не е загрижен дека тоа би довело до т.н. „брејн-дрејн“. Тој нагласува дека ова би можело добро да им дојде и на земјите од каде ќе доаѓаат лицата, „со оглед на тоа што тие лица нема да останат во Германија трајно, туку ќе се враќаат назад“. Економските експерти во земјите од Западен Балкан се главно исто така на мислење дека таков потег на Берлин би бил позитивен. Македонската професорка по економија Марија Зарезанкова-Потевска нагласува дека тоа би довело го краткорочно олабавување на пазарите на работна сила во државите од Западен Балкан, со оглед на тоа што во нив владее голема невработеност. Сепак, таа предупредува од опасноста од негативни последици што би ги имало таквото одлевање на работна сила. Таа, за разлика од својот германски колега, е на мислење дека луѓето кои ќе заминат за Германија нема повторно да се вратат назад во своите татковини. Затоа е важно за тие луѓе долгорочно да се „најдат решенија во нивните земји“, нагласува Зарезанкова-Потевска. Реални алтернативи за барателите на азил Професорката оценува дека зад предлогот на министерката Налес се крие и намерата за намалување на бројот на баратели на азил од овој регион. Затоа, тоа би било прифатливо решение и за барателите на азил од Западен Балкан кои веќе сега се наоѓаат во Германија, смета Зарезанкова-Потевска. И нејзиниот германски колега Видо Гајс е на мислење дека
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
23
СВЕТСКИ ПЕЧАТ една од причините за ваква иницијатива на министерката за труд е големиот број баратели на азил кои немаат шанси за позитивен одговор на нивното барање и за кои „треба да се создаде реална алтернатива“. Во првата половина од 2015 година бројот на баратели на азил од Западен Балкан беше повисок од бројот на бегалци од Сирија. Ситуацијата сега, поради актуелната бегалска криза и големиот бегалски бран од Сирија кон Германија, е променета, но во Германија се‘ уште доаѓаат голем број бегалци од Балканот. Поради тоа што во регионот нема воена состојба, овие луѓе во германската јавност се нарекуваат економси бегалци или бегалци поради сиромаштија. Во последните месеци вакви бегалци во Германија доаѓаат пред се‘ од Косово и Албанија. Многу од нив се Роми, од кои голем број немаат никаква стручна квалификација. Министерката за труд Налес сака и на овие луѓе, кои немаат квалификација, да им отвори можности за работа во Германија. Нејзиниот предлог, имено, предвидува и прием Андреа Налес, германска министерка за труд и социјала на луѓе кои сакаат да се образуваат и обучуваат во Германија. „Тоа би било можност за прекин на кругот од доаѓање и протерување“, изјави Налес за „Шпигел“. Балканот е интегрален дел на Европа Но, покрај фактот дека Налес во тоа гледа решение за проблемот со растечкиот број баратели на азил од Балканот, има и една друга причина зошто министерката за труд токму за луѓето од земјите од Западен Балкан предлага такво нешто, оценува експертот за миграција Гајс. Овие земји се интегрален дел на Европа, нагласува тој, и и покрај тоа што не се во ЕУ, „тие ќе бидат се‘ повеќе поврзувани во европската заедница и заедничкиот европски економски простор“. Во врска со ова, Гајс потенцира дека независно од сегашниот прилив на бегалци, можностите за пристап до германскиот пазар на работна сила и до образовниот систем за лицата од Западниот Балкан би требало да се подобрат. „Давањето 20.000 работни дозволи годишно за лица од западнобалканските земји, кое не е условено со конкретно ниво на квалификација, е прв важен чекор“ во насока на европска интеграција на овие земји, вели експертот за миграција од келнскиот Институт на германската економија. И претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Герџалиу оценува дека тоа е шанса за засилена ЕУперспектива. „Тоа би содржело порака дека ние припаѓаме во Европа“, вели Герџалиу и нагласува дека вакви изгледи за работа во Германија за многу млади луѓе од Косово би биле зрак на надеж. Исто како и за многу млади во Босна и Херцеговина, зашто „во секој случај е подобро да одат во Германија за да работат отколку да се невработени во БиХ“, оценува сараевскиот експерт за пазар на работа Ерол Мујановиќ. Предлогот за 20.000 работни дозволи годишно за луѓето од Западен Балкан, според него, е логична одлука, поради тоа што, како што вели, гастарбајтерите од Балканот во изминатите децении се докажаа како вредни и се добро интегрирани во Германија. И покрај сето ова, министерката Налес е свесна дека ваков чекор може да предизвика страв кај населението во Германија Зашто, нејзиниот предлог предвидува времено стопирање на т.н. постапка на давање предност, при која лице од т.н. трети држави (лица кои не се Германци или од земја од ЕУ, н.з.) може да добие работа само ако за тоа работно место нема соодветни кандидати од Германија или од некоја од државите на ЕУ. Министерката во никој случај не сака целосно укинување на ваквата постапка, зашто во државата „се‘ уште има 240.000 млади луѓе кои се без работа и еден милион лица кои се невработени долг период“. Налес нагласува: „Нив не смееме да ги заборавиме.“ (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „МЕНАЏИРАЊЕ СО ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИ РЕСУРСИ’’
29.09.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Програма:
Расположливост на ресурсите за работа (во зависност од следниве фактори) • Надлежност (квалитетот на ресурсите во експлоатацијата); • Погодноста за одржување и • Логистичката поддршка на одржувањето. Стратегии на класично одржување (предности и недостатоци) • Корективно (реактивно) одржување; • Одржување според времето на работата; • Одржување според состојбата и • Ризици во одржувањето. Методи на проактивно одржување Повратни информации неисправностите • Видови информации и • Анализа на информации.
за
Продуктивност, аутсорсинг бенчмаркинг во одржувањето
и
Проценка на способноста на прозиводниот процес - квалитет “шест сигма” Одржување и замена на машинските елементи (лежишта, затинки, запчести, верижни и ремени преносници) Предавачи: *Проф. д-р Тодор Давчев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. *Доц. д-р Иле Мирчески, дипл.маш.инж., доктор по технички науки во областа на машинското инжинерство на Машинскиот факултет во Скопје, во научната областа конструирање. Сите учесници на семинарот ќе добијат: - соодветен работен материјал; - сертификат за учество и - книга „Менаџирање со одржувањето на техничките системи“ од проф.д-р Тодор Давчев. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
30.9.2015 година (среда) 8:30 – 14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
ПРОГРАМА 1. Концепт за управување со ризик; 2. Принципи на управување со ризикот; 3. Основни правила и начела во изработката на документот; 4. Фази во процесот на управување со ризици: 4.1. Прва фаза - Воспоставување рамка (контекст); 4.2. Втора фаза - Идентификација на ризиците; 4.3. Трета фаза - Анализа (проценка) на ризикот; 4.4. Четврта фаза - Евалуација на ризиците (оценување / индексирање); 4.4.1. Интегрирање и приоритет на ризиците; 4.5. Петта фаза - Третман на ризикот и заканата; 5. Регистар на ризик; 6. Основни правила и начела за изработка на компаниски риск регистер; 7. Анализа на примери од пракса во компаниите; 7.1. Процена на актуелни и проблематични категории ризици во компаниите во Република Македонија; 7.2. Проценување на елементарниот ризик во компаниите и во ЕЛС. Предавачи 1. Д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност; 2. м-р Влатко Јовановски, раководител на Сектор за меѓународна соработка во ДСЗ. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30.09.2015 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Семинар: „НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ и практични примери на член 32а(reverse charge) и подзаконските акти кои произлегуваат од законот’’
ПРОГРАМА 1. Пренесување на даночна обврска кај прометите поврзани со градење и со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба; 2. ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови; 3. Оданочување со ДДВ во постапки на присилно извршување и присилна наплата; 4. Нов даночен третман на прометот во/од слободни зони. Предавачи: - Русе Коцевски, сектор за даночна и царинска политика при Министерството за финансии на Р.Македонија; - Мимоза Трајаноска, сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија; - Анета Чупеска, даночен советник во Сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии и перење пари“. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА
На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија
Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бесплатен дводневен тренинг со Сем Вакнин 1 и 2.10.2015 година 13:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
„КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО „ТЕШКИТЕ“ ВРАБОТЕНИ И ВЕШТИНИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО СТРАНСКИ ПАЗАРИ“
I ден Тема: “Тешките” вработени и нивното пасивно-агресивно однесување“ Промоција на првиот специјализиран Водич за ваш развој на работните способности SMART ПРОФИЛ ® Како да ги разберете “тешките” вработени и менаџирате со нивното пасивно - агресивно однесување? “Тешките” вработени ја нарушуваат тимската работа, корпоративната култура и работниот амбиент. Одбивањето да се учи, да се прифати знаење, вработените го манифестираат со пасивна агресија. Така вработените губат увид во реалните потенцијали на компанијата и нивните ограничувања. II ден Тренинг за Интер и крос културна сензитивност. Теорија и пракса од работење со странски пазари: Вештини за развој на крос културна сензитивност. Предавачот ќе не соочи со алармантни полиња од културните способности и културната сензитивност: како да учиме за нови култури, да пристапиме до нивните истории и како да одговориме на „жешките” копчиња. Предавачот на менаџерите и лидерите ќе им пренесе практични алатки помагајќи им да развијат нов ментален склоп за работа со разни култури. За предавачот: Сем Вакнин е автор на повеќе книги меѓу кои и светскиот бестселер “Malignant Self-love: Narcissism Revisited”. Неговите YouTube канали стекнаа над 15,800,000 прегледи и 35,000 претплатници за 4 години. Неговите текстови се објавени во реномирани светски весници како Financial Times и Sunday Times. Тој е економски и финансиски советник на влади и компании и ко-сопственик и менаџер на разни компании во неколку држави на 4 континенти. Интервјуа со медиуми низ цел свет: http://www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html Сем Вакнин BIOCV: http://www.narcissistic-abuse.com/cv.html Работен јазик на тренингот: англиски јазик Учесниците на дводневниот тренинг ќе добијат 40 е-книги од предавачот Сем Вакнин и изработка на специјализиран водич за развој на работните способности SMART ПРОФИЛ® (EQ Excellence)! Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 година)
1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
- Рок за постапување по жалбата; - Достава на решението по жалба; - Повторување на постапката – причини; - Барање и рок за повторување на постапката; - Правни последици од повторувањето на постапката; - Менување и поништување на управен акт во врска со управен спор; - Управен приговор; - Постапка по управен приговор против реални акти и нивно пропуштање; - Постапка по управен приговор во случај на обезбедување јавни услуги од општ интерес.
2. НАДЛЕЖНОСТ - Стварна надлежност; - Месна надлежност; - Ограничување на месната надлежност; - Задолжителност на правилата за надлежност; - Судир на надлежности. 3. ОВЛАСТЕНО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ 4. СТРАНКА И НЕЈЗИНО ЗАСТАПУВАЊЕ - Законски застапник и провремен застапник; - Полномошник, заеднички претставник полномошник.
6.10.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
заеднички
16. ВОНРЕДНИ СЛУЧАИ НА УКИНУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА УПРАВНИ АКТИ
5. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ЈАВНИТЕ ОРГАНИ И СТРАНКИТЕ
17. ИЗВРШУВАЊЕ - Извршување на управни акти, извршеник, време на извршувањето, видови на извршување, надлежност за спроведување на извршувањето, постапка за извршување, извршување преку други лица, извршување преку парични казни, извршување по пат на непосредна принуда, итно извршување, запирање и одлагање на извршувањето, надоместок.
и
6. РОКОВИ И ВРАЌАЊЕ ВО ПОРАНЕШНА СОСТОЈБА 7. ТЕК НА ПОСТАПКАТА 8. УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ И ДОКАЖУВАЊЕ - Изведување докази по службена должност; - Постапка за изведување на доказите по службена должност. 9. ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА - Распределба на трошоците. 10. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ДОСТАВА 11. УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 12. УПРАВЕН ДОГОВОР 13. ДРУГИ УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 14. ПРАВНИ ЛЕКОВИ 15. ЖАЛБА - Содржина и форма на жалбата; - Рок за изјавување жалба и откажување од жалбата; - Предавање на жалбата, одложно дејство на жалбата ; - Работа на второстепениот орган по жалба; - Работа на првостепениот орган по целосно или делумно уважена жалба; - Жалба во случај на молчење на управата;
Предавачи: - м-р Едита Наскова, судија во Управен суд на Република Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8 октомври 2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
Семинар: КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
„Општ колективен договор од областа на стопанството, додатоци и надоместоци на плата, дисциплинска постапка и најновите измени на Законот за работни односи“
ПРОГРАМА: - Отказ на договорот за вработување поради неизвршување на работи надвор од договорот за вработување; - Прекувремена работа, работа на празник, трета смена и за неделен одмор и начин на плаќање, надоместоци; - Правилна примена на член 28 од Општ колективен договор за стопанството; - Правен основ за дисциплински орган негова постапка и одлука за сторена повреда, уредување на дисциплинска постапка, формирање и процесни дејствија и одлука на дисциплинската комисија; - Права и забрана за отказ на работникот во случај на бременост раѓање и родителство, прераспределба на работното време и - Последни измени и дополнување на Законот за работни односи. Предавачи: Миле Стојановски, државен советник и Злате Стојановски, раководител на сектор при Државен инспекторат за труд, сектор работни односи. Учесниците на обуката ќе добијат: - работен материјал - ручек и освежување - сертификат за присуство на семинарот Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 6 октомври 2015 година. Аплицирај електронски / online Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
INTERMOB 2015 ВО ИСТАНБУЛ
Од 8 до 11.10.2015 година Меѓународен саем за мебел и технологии за обработка на дрво во Турција
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на INTERMOB 2015 18th International Furniture Side Industry, Accessories, Forestry Products and Wood Technology Fair во Истанбул, Турција. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток и од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои може да се превземат од веб сајтот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk до наведениот рок во нив.. За повеќе информации: http://www.intermobistanbul.com/en/index.php. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Миле Стојчевски Тел: ++ 389 2 3244039 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mile@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 9 октомври 2015 година трет биснис- форум на босанскохрецеговската дијаспора во Република Српска
„BHDIAFOR 2015“ ВО БАЊА ЛУКА
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје ве покануваат на овој бизнис форум. Целта на овогодинешниот форум е : 1. Да се стимулираат инвестициите во БиХ од страна на дијаспората; 2. Да се поттикне бизнис соработката помеѓу домашните и странските компании и компаниите чиишто сопственици и вработени се дел од БиХ дијаспората; Покрај домашните компании на форумот ќе да се опфатат и компаниите од регионот за поинтензивна соработка и можност за заеднички настап на странски пазари. Оваа година учеството на форумот е бесплатно но селективно и со ограничен број на учесници, што значи дека по on-line пријавувањето на компаниите на следниот link: https://docs.google.com/forms/d/1-BlV252i_ YFgbn8nzSvEA1jXtDHEjRthapVImehcXrA/viewform?c=0&w=1, нашиот партнер и организатор на настанот ќе направи селекција на компаниите учеснички на форумот и ќе ги извести по пат на e-mail. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН
На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија
Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015
Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.
Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат
Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 14 и 15.10.2015 во Република Турција
ISTANBUL FASHION CONFERENCE & IAF WORLD FASHION CONGRESS
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на 8. Istanbul Fashion Conference & 31.IAF World Fashion Congress во Истанбул, Турција. Саемската манифестација е организирана од страна на IAF - International Apparel Federation, каде претставниците ќе може да ги споделат искуствата со најголемите светски брендови. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29.9.2015 година. За повеќе информации: http://www.istanbulmodakonferansi.com/en/. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција
„MATCH4IN
Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.
Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 19 до 22.10.2015 година во Техеран
“ХАЛАЛ ИРАН 2015“
“Халал Иран 2015“ е единствениот и најголем саем за халал каде што ќе бидат присутни претприемачи од халал индустрија и бизниси кои се заинтересирани за инвестирање во една од најбрзо растечките глобални индустрии. На овогодинешниот саем компаниите ќе имаат можност да стапат во контакт со компании, кои се дел од Халал индустрија од над 30 земји, вклучувајќи ја и Холандија, Турција, Германија, Малезија, Белгија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Египет, Мароко, Пакистан, Данска, Гана, Тунис, Ирак, Алжир, Индонезија, Русија и др. Присутните компнаии ќе имаат можност да се сретнат со бројни производители на халал продукти и да стапат во директен контакт со истите преку биллатерални средби, панел дискусии и трибин со цел размена на информации и искуства, склучување стратешки партнерства и отварање на пазарот за пласман на нивните продукти и услуги. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://www.halalexpo.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.
Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.
*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!
Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 21 и 22 октомври во Гетеборг
КОМПАНИСКА МИСИЈА - ИКТ КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА СРЕДБИ СО ИКТ КОМПАНИИ ОД ШВЕДСКА
Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија се ко-организатор на компаниската мисија во Шведска, која ќе се фокусира на соработката помеѓу ИКТ компаниите од Југоисточна Европа и од Шведска. Во западниот дел од Шведска постои силен ИКТ сектор, со компании што се занимаваат првенствено на вградени системи, електроника, инфраструктура / облак, визуелизација, игри и мобилна технологија/. Организатори на настанот се Бизнис округот Гетеборг, во соработка со Инвест Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Српско-шведскиот бизнис совет. Во текот на оваа мисија, Enterprise Europe Network ќе организира средби за компаниите кои учествуваат. Ова ќе биде коорганизирана од ЕЕН партнери од Шведска, Македонија, Бугарија и Србија. Целта на мисијата е да се промовира соработка и партнерство меѓу компаниите кои учествуваат. Настанот ќе се фокусира на следните партнерства: - Трансфер на технологија - Партнерства во проекти - Подизведување / аутсорсинг - Дистрибуција и - Истражување
Бизнис средбите ќе се одржат на 21 октомври, 2015 година, од 13,00-16,00 часот, во Бизнис центар во Гетеборг. Учеството е бесплатно На 22 октомври ќе се одржи Семинар – Софвер ден за ИКТ соработка на компаниите од Југоисточна Европа со ИКТ компаниите од Шведска. На бизнис средбите и на семинарот ќе можете да се запознаете со нови партнери и да се информирате за најновите случувања во ИКТ секторите во Шведска, Бугарија, Србија и Македонија. Компании од ИКТ секторите од овие земји ќе уќествуваат на средбите и на семинарот. Искористете ја можноста за да ја проширите Вашата меѓународна мрежа, да истажите нови идеи, развивајте ги економските и проектните потенцијали преку учеството на овие средби и на семинарот http://softwareday.lindholmen.se/en . Контакт Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија
•
• •
На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија
Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.
* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија
„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“
Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.
Пријавување до 13.10.2015 година .
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
Скенирај и дознај повеќе
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 3 до 6 ноември 2015 година Меѓународен саем за зелени технологии во Италија
„ЕКОМОНДО 2015“ ВО РИМИНИ
Стопанската комора на Македонија во соработка со „МЖ - Матјаж Жигон“, претставништво за саеми и консалтинг услуги и воедно главен претставник и организатор на „Riminifiera“ - Саемот во Римини за Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово ве покануваат на бесплатни деловни средби и посета на Саемот. „Eкомондо“ е Меѓународен саем којшто претставува репер во областа на најпознатите ефективни технолошки решенија за правилно управување и валоризација на отпад во сите негови форми, како и заштеда на вода, ефикасна употреба на ресурси и суровини и секундарни суровини, како и заштеда на енергија и ефикасност. „Екомондо“ е саем посветен на заштита на животната средина и создавање платформа која е посветена на Медитеранот и главните европски и меѓународни стратегии за еколошки иновации и конверзија на отпад во вреден ресурс. Оваа година се организираат деловни средби и посета на Саемот за ограничен број претставници на компании од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Целта на оваа посета е интензивирање на деловни контакти со компании кои ќе бидат во улога на изложувачи во Римини. Предвидени се средби преку организирани состаноци, кои самите компании ќе имаат можност да ги закажат со користење на интернет-платформи. Секој член на делегацијата ќе има состаноци (10 средби) на местото каде што ќе бидат изложувачите. Средбите ќе мора да се закажат пред почетокот на Саемот, во периодот од 13 - 29.10 2015 година. Со цел унапредување на работењето на македонските компании, Стопанската комора на Македонија обезбедува: - бесплатно сместување во Римини за максимум 3 ноќевања во удобен хотел со 4 * во еднокреветна соба (хотел бар и телефон – дополнително се наплаќаат); - трансфер од и до аеродром; - дневен трансфер од и до Саемот; - саемска влезница; - можност за употреба на деловните простории на Саемот; - ручек на Саемот. Ве молиме, да го пополните образецот што на англиски јазик може да го превземете од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mchamber.mk Овие услови се однесуваат за еден претставник од секоја компанија со можност за доплата за хотелско сместување за
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ придружба од 30 € од вечер, во истата двокреветна соба (податоците за придружбата внесете ги во пријавата). Ве молиме, во пријавата да ги внесете и IN и OUT датумите и да го обележите денот кој би сакале да се користи како ден за состаноците закажани преку интернет-платформата. Препорачливо е сите состаноци да ги закажете ден по пристигнувањето во Римини. Со цел добра и успешна соработка, Ве молиме, пријавувањето да се изврши што е можно побрзо, најдоцна до 20.8.2015 година, со целосно пополнување на апликацијата во прилог! *Важно: -Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. -Официјален јазик на бизниссредбите е англиски. -Апликацијата мора целосно да биде пополнета. -Апликациите мора да бидат пополнети и доставени до организаторот најдоцна до 20.8.2015 година. -Доплата за хотелско сместување за придружба од 30 € од вечер во истата двокреветна соба. -Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. -За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Сите детали во врска со Саемот, ќе им бидат доставени на учесниците по селективниот избор што ќе се изврши според строги критериуми поставени од страна на организаторот, на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата. Пријавување до 20.8.2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
50
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка
„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“
(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.
- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.
Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите
Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.
*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
51
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)
Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран
Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.
Пријавување до 17 ноември 2015 година.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
54
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА користени машини за производство на текстил. Валидност дo 12.11.2015 годинa. Компанија од Полска специјализирана за производство на хемикалии и вештачки ѓубрива бара партнери за заедничко вложување во процесот на производство на вештачки ѓубрива во Република Македонија. Валидност дo 12.11.2015 годинa. Компанија од Бугарија нуди приклучни земјоделски машини дробилки кои претставуваат ефикасно решение за справување со растителните остатоци по жетва. Со нив се врши дробење на остатоци на различни земјоделски култури, како сончоглед, пченка, зеленчук, насад од тутун, памук и др. На овој начин се ситнат растителните остатоци на рамномерен слој врз почвата, што доведува до забрзување на процесот на распаѓање и се врши природно оплодување. Валидност дo 12.11.2015 годинa. Компанија од Австрија заинтересирана е за сорботка со инвеститори и концесионери на мали хидроелектрани во Република Македонија за пласман на турбини и дополнителни Компанија од Грција бара дистрибутери во електронски механички компоненти за мали Република Македонија на водоводна и санитарна хидроелектрани. Валидност дo 12.11.2015 годинa. опрема. Валидност дo 11.11.2015 годинa. Компанија од Грција бара соработка во областа Компанија од Австрија бара дистрибутер за на здравството во Република Македонија во пласман на индустриски штекери, дозни и делот на патологија за пласман на реагенси за патолошки испитувања. приклучоци во Република Македонија. Валидност дo 12.11.2015 годинa. Валидност дo 11.11.2015 годинa. Компанија од Кина бара соработка во областа на индустријата за пластика во Република Македонија за пласман на калапи и пластични производи, произведени по принципот леење со вбризгување. Валидност дo 11.11.2015 годинa.
Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со продажба на електрични материјали и инсталација на истите. Валидност дo 15.11.2015 годинa.
Компанија од Хрватска бара соработка со Компанија од Пакистан бара соработка со металната индустрија во Република Македонија. македонски текстилни фабрики за набавка на Валидност дo 15.11.2015 годинa.
четврток, 24 септември 2015, Бр. 236
БИЗНИС ИНФО
55
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара дистрибутери алгинат маски, масла за капење. во Република Македонија за пласман на Валидност дo 17.11.2015 годинa. професионална опрема за фризерници. Компанија од Турција бара дистрибутер во Валидност дo 15.11.2015 годинa. Република Македонија за пласман на пумпи за Компанија од Индија бара соработка со наводнување во земјоделието и нивни резервни дистрибутери во Република Македонија за делови. пласман на суровини од ботанички билки кои Валидност дo 17.11.2015 годинa. се користат за медицински и козметички цели. Градежна компанија од Република Македонија, со Валидност дo 16.11.2015 годинa. 20-годишно постоење и успешно функционирање Компанија од Турција бара дистрибутер во во градежниот сектор во и надвор од државата, Република Македонија за пласман на eмајлирани нуди изведба на секаков тип на хидроизолација на: темели, подземни и санитарни простории и и керамички садови за готвење. рамни кровови, како и санација на веќе постојна Валидност дo 16.11.2015 годинa. оштетена хидроизолација на простории и е Компанија од Кина бара дистрибутери во заинтересирана за соработка со странски Република Македонија за пласман на предива: компании. ликра предиво (спандекс предиво), полиестер Валидност дo 17.11.2015 годинa. предиво и предиво од чешлан памук. Валидност дo 16.11.2015 годинa. Бугарска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на етерични и растителни масла, флорални води и хербална лековита козметика, масла, козметика за лице, тело и коса,
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088