Skip to main content

Бизнис ИНФо, број 176 од 24.4.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 176

www.mchamber.mk

24.4.2014

Тутунската индустрија во Македонија

С ТАБИЛНО И ПОКРА Ј НЕПОВОЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО СВЕТОТ


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

СТОПАНСТВОТО БЕЛЕЖИ ЗНАЦИ НА ПРОГРЕС Нашата компанија е директно инволвирана во движењата на индустријата, директно сме заинтересирани и будно ги следиме показателите за индустриското производство во државата. Тоа ни овозможува да направиме една паралела за движењата во стопанството и каде се наоѓаме ние во моментов. Стопанството бележи знаци на прогрес и, конечно, сме подготвени да кажеме дека најавите за крај на светската економска криза се реални. За наредниот период веќе ја имаме испланирано динамиката за работа. Налозите се веќе пуштени во производство и тоа е знак дека нашите капацитети ќе бидат ангажирани во задоволителни рамки. Ако капацитетите во индустријата се активирани во толкава мера да можат да создадат економски раст во граници на предвидувањата, тогаш можеме да констатираме дека економијата е во добра кондиција. За наредните месеци сме оптимисти, бидејќи временските услови, актуелните договори, новите нарачки, економската клима во државата и движењата на европската економија даваат предуслов за позитивни размислувања. Нарачки од странство има, но не во толкава мера во која ние очекуваме.Борбата на странските пазари е навистина тешка. Додека другите држави имаат заштитничка улога кон своите домашни фирми, на нашиот пазар тоа не е случај. Државите од регионот користат повеќе механизми заради заштита на домашниот пазар од странски компании. Затоа велам, борбата е тешка и ценам дека европскиот пазар станува се’ потежок за работа. (Горан Антевски, директор на „Раде Кончар -ТЕП“ во „Утрински весник“)

КРУНСКИ ДОГОВОР ПОМЕЃУ ЕУ И САД СО ОГРОМНИ ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТИ Првата рунда преговори околу Договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ се одржа во јули 2013 година со последователни рунди што се одржуваат на неколку недели. Самите разговори веројатно ќе траат неколку години, но најбитното е дека сакаме добар резултат. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе покажеме дека главните компоненти на договорот се поминати. Штом ќе завршат преговорите, договорот ќе треба да биде одобрен од страна на ЕУ, вклучително и од страна на сите земји-членки на ЕУ, и од страна на САД и нивниот конгрес. Штом ќе се одобри договорот и ќе се преточи во правен акт, би сакале да видиме колку што е можно повеќе отстранети тарифи и бариери за трговската размена. Колку побрзо ќе се случи ова толку поскоро ќе можеме сите да ги жнееме придобивките. Ова ќе биде крунски договор помеѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Нашите процени говорат дека таков договор може да ѝ донесе прилив од 100 милијарди фунти на економијата на ЕУ, 80 милијарди фунти на економијата на САД и 85 милијарди фунти на остатокот на светот. Ако ги преведете овие бројки во влијанието што тие ќе го имаат, тоа ќе значи дополнителни два милиони работни места, повеќе избор и пониски цени. Овој договор не само што ќе биде најголемиот билатерален трговски договор во историјата туку ќе биде договор со поголем резултат од сите други договори за трговија заедно. Особено во поглед на финансиската криза, клучен извор за обезбедување пораст ќе бидат трговијата и нејзиното проширување. Преку намалување на тарифите, субвенциите и квотите и преку сведување на регулативата на минимум, можно е да се подобрат животите на милијарди луѓе, вклучително и во земјите во развој. Оваа година исто така ќе биде клучна за односите на ЕУ со Кина. Европската Унија треба да се стреми да склучи опсежен договор за услуги што ќе ја вклучи Кина, да склучи инвестициски договор меѓу ЕУ и Кина и да покаже како ќе се движи кон постигнување на крајната цел, договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Кина. (Н.Е. Кристофер Ивон, амабасадор на Обединетото Кралство во „Нова Македонија“)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

ПОДВЛЕЧЕНО

ИСПИТИТЕ ЗА ЛИЦЕНЦИ НА ИСПЕКТОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ТЕШКИ Постојат 29 инспекциски служби од кои 14 се организирани како инспекторати, а 15 како организациони единици во различни други органи на извршна власт, министерства, управи или агенции. Се работи за околу 50 видови на инспектори од сите овие области или околу 800 инспектори. Станува збор за околу 170 закони што се предмет на инспекциски надзор од сите области, од областа на пазарот, трудот, животната средина, земјоделството, образование, наука, управа. Има големо преклопување дури и на надлежности за вршење на инспекциски надзор. Има закон врз кого инспекциски надзор вршат и 12 видови инспектори. Може да замислите сега тука да дојдат, да се наредат 12 инспектори во зависност од дејноста од различни инспекциски служби! Значи, повеќе пати се обидувало да се расчистат законите, да се усогласат, да се тргне преклопувањето, да се намалат трошоците, да се поедностави постапката Се е со крајна цел поевтино и поквалитетно да се врши инспекциски надзор. Пример за субвенциите, концесиите... значи сето тоа треба да се подобри. Имам цела програма по која ќе работи Инспекцискиот совет. Прво е лиценцирање на инспекторите. Ова тело треба да организира обуки за сите инспектори во овие 29 инспекциски служби за после тоа да полагаат и да добијат инспекциска лиценца. Тие сите имаат привремена лиценца и во рок од две години треба да положат испит за инспектори за да добијат лиценца. И обуките и испитите ги организира Инспекцискиот совет. Се работи за околу 800 инспектори, речиси сите, освен општинските и некои инспектори во самостојни државни органи, регулаторни тела. Лиценцата ќе важи пет години и потоа пак треба да полагаат испит за инспектори. Испитите ќе бидат тешки. Ќе организираме испитни прашања со едукатори, така што за секој посебен вид на инспектор ќе има два дела - еден е теоретски дел запознавање на проблематиката и регулативата и втор дел е како би требало инспекторите да постапат во одредени случаи. Тоа е едната работа, втората работа е што треба да вршиме редовно оценување на успешноста на работењето на инспекторите, поединечно за секој. Овде е малку поинаку, бидејќи инспекторите се лица со посебни права и овластувања и не може секој да пишува прекршочна или кривична пријава, да врши контрола, истрага ... Сега ние ги подготвувавме тие основни структури на базата на податоци, што се треба да содржи, како да се следи успешноста на инспекторите, како ќе се оценува, дали ќе биде награден или казнет. Ќе се прави база на податоци за да се види што работел, колку работел и како почнале и завршиле предметите што ги работел. (Ванчо Каргов, претседател на Инспекцискиот совет во „Вечер“)

ВИНОТО ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА СО ДЕВЕТ МЕТОДИ Присуството на железо, никел, бакар, олово, кадмиум и калиум во македонското вино многу брзо ќе се проверува во Штип. Во завршна фаза на акредитација е нова лабораторија за испитување вино во склоп на веќе постојната лабораторија за заштита на растенијата и животната средина при Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во овој град. Според важечките прописи од новиот Закон за вино, покрај веќе постојните две такви лаборатории во Скопје, ова е третата лабораторија која ќе биде акредитирана. Ќе се применуваат девет методи за проверка на квалитетот на виното согласно правилникот за квалитет на вино на Република Македонија. Ќе се испитуваат повеќе елементи во виното, но и ароми во вина и во ракии и тоа со најсофистицирана опрема, која е обезбедена со сопствени средства на факултетот. Со неа ќе работи млад стручен кадар, а методите за проверка на одредени вредности ќе се зголемуваат. (Доцент д-р Виолета Иванова Петропулос, од Земјоделсkиот фаkултет во Штип во „Дневник“)


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОТВОРИЈА 250 РАБОТНИ МЕСТА Бизнис-инкубаторот на фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ (ПСМ) од своето отворање во 2007 година поддржал над 90 млади компании. Процентот на успех е околу 80 отсто, односно 74 компании по завршувањето на бизнис-инкубацијата и понатаму опстојуваат и се развиваат. Имаме слична стапка на успех како и резултати што ги остваруваат успешните инкубатори од различни делови на Европа и пошироко. Креирани се над 250 работни места, а 13 компании работат и интернационално. Над 2 илјади млади луѓе имаат учествувано во различни обуки организирани или поддржани од ПСМ, наменети за градење капацитети за започнување и водење бизнис или развој на специфични вештини. Од основањето во 2005 година до денес ПСМ-фондацијата има организирано голем број обуки во различни области, како стартап-обуки, кариерен развој, интелектуална сопственост, интерактивен маркетинг, развој на нов производ, ИТ-вештини, презентациски вештини и друго. Од гледна точка на националната економија, претприемаштвото е еден од најзначајните двигатели за економскиот пораст и развој. Првенствено креира работни места и придонесува кон намалување на степенот на невработеност. Со поттикнување на претприемаштвото во економско помалку активни области на земјата се балансира регионалниот развој, а со зголемување на бројот на претприемачи се намалува концентрацијата на економска моќ и се обезбедува порамноправна дистрибуција на капиталот. Претприемачите имаат клучна улога во унапредувањето на животниот стандард, од една страна преку придонес кон порастот на БДП, а од друга страна преку примената на голем број иновативни технологии и решенија во своите производи и услуги. Зголемениот број претприемачи исто така креираат предуслови за супституција на увозот и промоција на извозот, со што се придонесува кон економската независност и севкупниот развој на земјата. Сето ова укажува на потребата за континуирано стимулирање и охрабрување на младите луѓе да го развиваат својот претприемачки потенцијал и на претприемаштвото да гледаат како на соодветен избор за кариера што ќе им овозможи економско јакнење. Фокусот не треба да биде само на младите, туку на различните социјални групи во општеството, со што ќе се придонесе кон севкупниот социоекономски развој на земјата. (Габриела Костовска-Богоеска, извршна директорка во фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ во „Нова Македонија“)

ПРОЕКТОТ „ЈУЖЕН ТЕК“ НЕ Е ПОД ЗАКАНА Ние сме способни да го изградиме и да го пуштиме во експлоатација овој гасовод во зададениот рок за да и обезбедиме на Европа безбедни и стабилни испораки на гас со заобиколување на непредвидливите земји-транзитери. Единствената опасност се состои во тоа што во Европа не сфаќаат докрај какви с` предности ќе им донесе „Јужниот тек“. Станува јасно колку на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас за да стане сосема независен од транзитните држави. Проектот е поткрепен со достапни резерви на гас и инвестиции - тоа е еден од таквите патишта. Тој мора да биде поддржан, а не блокиран. Европа нема други сигурни извори на природен гас во следното десетлетие. Само Русија е способна да ги обезбеди растечките потреби на стариот свет. Норвешка, Алжир, Велика Британија, а сега и Холандија, почнуваат да чувствуваат потешкотии со добивањето гас поради осиромашувањето на нивните ресурсни бази. Претпоставената добивка на гас од шкрилци ќе биде многу скапа и ќе може само делумно да го пополни падот на внатрешната добивка на традиционален гас. Втечнетиот природен гас (ЛНГ), меѓу кој и оној од САД, ќе дојде на овој пазар само во случај ако цените во Европа пораснат. Европа може да ја скрати својата зависност од гасот, но по цена на зголемување на искористувањето на јагленот и големи дотации за развој на обновливи извори на енергија. Во таков случај, Европејците ќе бидат принудени да платат или со своето здравје или со паричникот. (Александр Медведев, генерален директор на „Газпром-екпорт“, фирма-ќерка на „Газпром“ одговорна за транспорт на гас за германски „Ханделсблат“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

СОСТОЈБИ Тутунската индустрија во Македонија

СТАБИЛНО И ПОКРАЈ НЕПОВОЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО СВЕТОТ

Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за производната 2013/14 година, склучени се околу 42.367 договори, што е за околу 45% повеќе во однос на претходната 2012 година (29.090), односно 27% во споредба со 2011 година (33.234). Според добиените информации од тутунските претпријатија, оваа година беа насеани вкупно 19,806 ха што е во однос на претходната 2012 година зголемување за 35%, односно 26% повеќе во однос на 2011 година. Од овие површини се откупени околу 30.997 тони тутун, или дури за 10% повеќе од претходната 2012 година (откупени 27.993), односно за дури 47% зголемување во споредба со 2011 година (21.024). Со просечно постигнатата откупна цена од околу 152,6 ден/кг (или 18% пониска Број на Насади Откуп Просечна од претходната), за да биде во целост откупено овогодинешното Година Субвенција договори -ха- тоницена дн/кг производство на суров тутун од реколтата во 2013/14 година (податок заклучно со 17.4.2014 година (30.997 кг. х 152,6 ден/кг ) ќе 1991 37 543 20 818 бидат потребни околу 4.730.142.200 денари или 77,2 милиони евра. 1997 33 000 16 890 25 452 Вредноста на субвенциите изнесува 1.859.820.000,00 денари. 1998 54 661 21 657 20 880 За прв пат во производната 2011/12 година беше спроведен вонреден/ран откуп на тутун од страна на неколку претпријатија. 1999 43 622 19 947 32 398 Истиот продолжи и во наредните 2 години, меѓутоа не се исполнија 2000 34 254 22 785 28 122 очекувањата за целосен откуп на планираните количини. 2001 33 906 20 074 20 097 Овогодинешниот откуп на суров тутун во лист започна кај 2002 26 971 20 615 22 500 одредени откупни фирми и порано од законски предвидениот рок. За самиот редовен откуп на тутунот навреме беше извршена заверка 2003 27 343 15 017 23 000 на тутунските мостри, беа направени сите подготовки на откупните 2004 38 493 15 204 19 839 пунктови и беа определени претставници на здруженијата на 2005 39 028 15 808 23 196 тутунопроизводителите. Како резултат на нешто послабиот квалитет на тутун во 2006 29 230 15 072 23 083 118,1 295.215.000,00 одредени региони, но и доследна примена на Правилникот за 2007 29 771 16 870 19 680 140,6 488.700.000,00 проценка на квалитетот на суров тутун во лист, за оваа реколта се 2008 30 519 17 185 16 280 167,4 725.670.000,00 постигна пониска откупна цена во однос на претходната година (180,2 ден/кг). Како резултат на ваквата состојба, на одредени откупни 2009 38 710 16 212 23 196 191,9 1.393.300.440,00 пунктови се јави мало незадоволство кај дел од производителите, 2010 40 743 18 846 26 393 136,6 1.583.580.000,00 како и оставање на дел од тутунот за проценка на второстепена 2011 33 234 15 677 21 024 164,8 1.261.440.000,00 комисија. 2012 29 090 14 609 27 993 180,2 1.679.580.000,00 Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: Тутунската индустрија 2013 42 367 19 806 30 997 152,6 1.859.820.000,00 во Македонија наспроти неповолните светски трендови (22.4.2014 година). Поради ненавремената проценка на вкупното производство на тутун, како и дел на недоговореното производство на суров тутун во лист, по завршување на редовниот откуп на тутун се јави потреба да биде откупен и овој вишок. Беа направени напори да не бидат оштетени дел од производителите, при што одредени откупни компании беа задолжени да ги откупат и овие дополнителни количини. Во однос на исплатата на откупениот тутун, на задоволство на примарните производители, истиот беше навреме исплатен додека Владата на РМ, веднаш по завршување на редовниот откуп, ја исплати и премијата во износ од 60 ден/кг откупен и предаден тутун.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

7

СОСТОЈБИ Оваа година за прв пат се случува за новата реколта, откупните претпријатија да извршат одредено намалување на бројот на склучени договори за производство на тутун. Ваквата состојба откупните претпријатија ја оправдуваат со намалената побарувачка на ориентални типови тутун на светско ниво.

1.Откуп Динамиката на откупот на тутунот за последната година соодветно на производството, бележеше зголемување со забележително намалување на просечната откупна цена. Во 2013 година има зголемен откуп за 10% повеќе во однос на претходната 2012 година и просечна цена од 152,6 ден/кг или за 16% помалку во однос на истиот период. 1.Тутун суров лист, неферментиран

1998

Количина (тони)

2002

2004

2005

2009

2010

2011

2012

2013

20 880

21 401

19 839

23 196

23 196

26 158

21 024

27 993

30 997

Вредност (во милиони денари)

2 725

2 636

2 718

2 910

4 453

3 583

3 511

5 039

4 730

Просечна цена (ден/кг)

130,5

123,2

137

125,4

192

137

167

180

152

Според оценките на стручните лица од теренот (претставници на тутунопроизводителите, тутунските претпријатија-откупувачи и др.) квалитетот на тутунот од реколтата 2013 година е на просечно ниво со исклучоци на одредени региони каде квалитетот на тутунот беше нешто послаб. Откуп на суров тутун во лист по типови од бербата 2010/11 година Јака

Прилеп

Басмак

Откуп. колич./во т

6 704

18 364

1 161

Просечна откупна цена (ден/кг)

125,5

139,7

164,1

* Просечна откупна цена на ориентални тутуни 137 ден/кг

Откуп на суров тутун во лист по типови од бербата 2012/13 година Јака

Прилеп

Басмак

Откуп. колич./во т

6 913

20 320

690

Просечна откупна цена (ден/кг)

173,9

181,89

* Просечна откупна цена на ориентални тутуни 137 ден/кг

Откуп на суров тутун во лист по типови од бербата 2013/14 година Јака

Прилеп

Басмак

Откуп. колич./во т

5.815

24.670

510

Просечна откупна цена (ден/кг)

173,9

181,89

* Просечна откупна цена на ориентални тутуни 137 ден/кг

Согласно податоците од ресорното министерство (заклучно со 7.4.2014 година, откупот на суров тутун од типот ЈАКА е намален за 16% во однос на претходната 2012 година, кај БАСМАКОТ е забележано намалување во однос на претходната година од 27%, додека кај типот ПРИЛЕП има зголемен откуп за 36%. А) Во 2013 година е реализиран извоз на тутун и преработки вкупно 25,444 тони, што е за 26% поголем финансиски ефект во однос на 2012 година, односно за 29% во однос на 2011 година. Извоз на ферментиран тутун и цигари Производ Ферментиран тутун Цигари

Единична мера

1998

2002

2004

2005

2008

2010

2011

2012

2013

Тони

14.612

17.378

15.248

15.117

19,305

16.546

21.495

22.462

25.444

Просечна цена САД$/кг

3,39

3,28

3,7

3,8

5,03

5,7

5,5

5,3

6.1

Тони

3.760

3.000

2.317

2.315

2.547

3.752

4.431

3.057

3.032

Просечна цена САД$/кг

8,20

6,36

6,34

6,34

10,07

7,5

7,9

7,8

9,2


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

СОСТОЈБИ Во 2013 година постигната е повисока просечна продажна цена кај ферментираниот тутун која изнесуваше 6,1 САД$ по кг, наспроти 5,3 САД$ по кг во 2012 година, односно 5,5 САД$ во 2011 година. Кај цигарите просечната цена во 2013 година изнесуваше 9,2 САД$ по кг, што е за 17% повеќе во споредба со претходната 2012 година. Вкупните остварени финансиски резултати во извозот од тутун и тутунски производи во 2013 година изнесуваат 180.876,036 САД долари, што е за 22% повеќе во однос на 2012 година (147.382.245 САД долари), односно 18% повеќе во однос на 2011 година (152.714.784 САД/$).

Б) Во 2013 година увезени се 4.595 тони тутун и цигари што е 27% помалку во однос на 2012 година (6.236 тони). Потрошени се вкупно 34,5 милиони САД$ или за 0,5% повеќе од 2012 година (34,2 милиони САД$). Производ Ферментиран тутун Цигари

Единична мера

1998

2002

2004

2005

2008

2010

2011

2012

2013

Тони

6.665

3.381

4.125

2.683

3.260

2.911

3.625

4.968

3.197

Просечна цена САД$/кг

2,35

2,48

2,04

3,04

3,22

4.67

4,09

4,52

5,4

Тони

400

502

266

266

619

724

980

1.268

1.398

Просечна цена САД$/кг

6,67

5,80

13,8

13,8

9,49

10,8

11,06

10,4

12,1

Сите овие податоци зборуваат дека тутунската индустрија во државата е стабилна и покрај негативните трендови во светски рамки со Рамковната конвенција за контрола на тутунот која е закана за ориенталниот тутун. Засега не може да се зборува за тоа колкави би биле штетите по македонското производство на тутун доколку се укине или замени одгледувањето на ориенталниот тутун со друга култура. Ова што се случи со Светската здравствена организација ќе трае уште долго. Има голем број земји кои се против и засега тој „блок“ во кој е и Република Македонија успешно се спротивставува. Инаку, се разгледуваат сите опции што во иднина може да се направи од ориенталниот тутун, а тука првенствено се мисли на производството на био дизел. Одреден проблем е и што со измената на Правилникот за акцизи се укина процентот за шкарт, кало и растур од 1 отсто. Но, во контакти со Министерството за финансии и Царинската управа на Република Македонија се очекува ова да се реши и да се прифати модел што важи во одредени земји од ЕУ, каде за оваа намена процентот се движи меѓу 0,5 до 1,5 отсто. Стопанската комора на Македонија оценува дека влегувањето на „Филип Морис“ во Тутунскиот комбинат - Прилеп и потпишувањето на договорот за стратешко партнерство е повеќе од добро за тутунската индустрија во државата. Со овој аранжман ќе се подигне квалитетот на производството на цигари на повисоко ниво и ќе се отворат многу повеќе можности за Тутунскиот комбинат - Прилеп. Васко Ристовски


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

9

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

ВНИМАТЕЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ПАЗАРОТ И ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО НАРАЧКИТЕ

Влијание од примената на законските решенија за финансиска дисциплина врз работата на компаниите од трговијата

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија на редовната седница, одржана на 23.4.2014 година, расправаше за тековната состојба на трговијата во Република Македонија и за очекуваните ефекти од примената на законските решенија врз работата на компаниите од трговијата: Закон за финансиска дисциплина и Закон за задолжница; Закон за вонсудско спогодување и Закон за заштита на потрошувачите. Негативните состојби се рефлектираат во сите малопродажни објекти од поголемите трговски субјекти во Република Македонија, а во иста мерка негативно влијаат и врз работењето на главните снабдувачи: трговците на големо и македонските производители (ова особено се

однесува на прехранбените производи). На седницата беше истакнато дека во услови на намален промет во трговијата, се намалува и работата кај домашните преработувачи кои производствените капацитети не ги искористиле во доволен процент. Позитивен момент во трговијата во Република Македонија е отворањето на големи трговски центри, како од странски инвеститори, така и од веќе постојните домашни трговски синџири. Тие имаат пошироко значење во општеството и воопшто во стопанството: отворање на нови работни места, исплата на плати и придонеси од платите, подигнување на општото ниво на стандардот на населението и постојана куповна моќ со поголем број редовно вработени со редовни лични примања. Со ова се поттикнуваат и домашното производство и трговијата на македонски производи во поголемите трговски центри во Република Македонија, каде се забележуваат купувачи и од странство, посебно од соседните земји. Евидентна е и помалата посетеност на соседните земји за шопинг од страна на македонските граѓани, бидејќи со донесувањето на познати светски модни и други брендови, престана потребата од трошење девизи во странство за оваа намена. Се забележува дека поголемата конкуренција ги натера трговците на воведување современи начини на работење, менаџирање и позитивен однос кон потрошувачите. Интензивно се работи на поголема посетеност и атрактивност на трговските центри, со воведување на постојани и привлечни промоции и промотивни кампањи. Посебен предизвик за македонските трговски субјекти ќе биде нивното преструктуирање во работата со поголемата присутност на електронското тргување, со кое сме во зачеток во однос на развиените земји. Во почетокот на 2014 година не се забележаа позначителни промени во резултатите од работењето во трговијата. Но, потребно е секојдневно реагирање на однесувањето на пазарот и донесување на соодветни мерки за успешно работење. Ова посебно се однесува на очекуваните ефекти од примената на новите законските решенија врз работата на компаниите од трговијата. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

11

ТРИБИНА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ СРЕДСТВА ОД ЕУ

Заеднички состанок на Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Европскиот информативен и иновативен центар при Стопанската комора Македонија

Со цел да се споделат информациите со македонските компании, посебно од ИКТ-секторот, во организација на Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Европскиот информативен и иновативен центар при Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок за аплицирање на компаниите од секторот на информатичко-комуникациски технологии со проекти на повиците за користење средства од Европската унија (23.4.2014 година).

Стопанската комора на Македонија, како член на Конзорциумот на Европскиот информативен и иновативен центар ENTERPRISE EUROPE NETWORK во Македонија, поврзана е со сите конзорциуми и членки во мрежата, како стопански комори, асоцијации, универзитети и други научно-истражувачки центри во Европа и пошироко. На состанокот беше извршена презентација за: отворени повици за аплицирање, посебно од ИКТ-секторот; како заеднички да се аплицира, во соработка на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија, бизнис-секторот и установите од високото образование. Беа споделени значајни информации за тоа како да се имаат поконкретни информации за странски апликанти кои бараат партнери од Република Македонија и како ние да бараме странски партнери и кои се нивните профили. Беше договорено детално да се следат сите повици, сегашни и идни, објавени од Европската унија, од сите области каде што има простор за аплицирање од секторот на информатичко-комуникациски технологии. Потоа, беше договорено да се следи интересот на странските клиенти, баратели на македонски партнери за аплицирање на проекти за користење средства од европските фондови, да се испита кои македонски фирми имаат капацитет да бидат лидери на проекти за коишто ENTERPRISE EUROPE NETWORK при Стопанската комора на Македонија е во можност да бара странски партнери за заедничко учество во проектите. Работната група ќе одржува состаноци во зависност од потребите, а постојано ќе ги информира членките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија за сите новини и можности за натамошни активности. Лазо Ангелевски


12



ПРЕВЗЕМЕНО

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176





   



                             

              

    

                                                   

                                                                            

     

     

           

                                                                                                            

 

                                              

     

                                                      

   


четврток, 24 април 2014, Бр. 176 

БИЗНИС ИНФО 

13



ПРЕВЗЕМЕНО

  

 

  



                                                                                                    

                                                                              

                                                                                                                  

                                                                                    

                                                   

                   

 

                                                          

                                    

                                                                      


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

ЈУБИЛЕИ Две децении на хотелот „Молика“ на Пелистер со еден милион гости

НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОГОЛЕМА АТРАКТИВНОСТ

Хотелот „Молика“ на Пелистер, кој од неодамна работи во состав на новоформираната компанија „ЕЛЕМ-Турс“ на 23.4.2014 година одбележа 20 години од формирањето. - Во изминатите две децении, во хотелот се регистрирани еден милион гости и над 300 илјади ноќевања, истакна директорката Мирјана Митревска на јубилејната свеченост и најави нови инвестиции за што поддршка имаат од АД „ЕЛЕМ“. - Хотелот е атрактивен и привлечен во секое време, а со новите инвестиции ќе ја зголемиме атрактивноста и посетеноста на гостите од државата и странство. Со владина поддршка и АД ЕЛЕМ извршивме ревитализација на ски-центар„Копанки“, а наскоро ќе следи инсталирањето на опрема за вештачки снег, вредна околу еден милион евра со што ќе се продолжи скијачката сезона на Пелистер. Новиот лик на хотелот ќе биде оформен со изградбата на базен, СПА центар и репрезентативна конференциска сала, посочи Митревска. Хотелот „Молика“ располага со 54 соби и 3 апартмани. Во развојот на хотелот вградени се работливоста, ангажманот и креативноста на повеќе генерации кои со задоволство биле домаќини на многу љубители на планината, гости од државата и странство, претседатели на држави, амбасадори и други личности кои се постојани гости на Пелистер, беше истакнато на свеченоста по повод 20-годишнината од работењето на хотелот. (МИА)


БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ИНФО ТРЕНИНГ И ОБУКА

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Глобалните брендови кои успешно го пробиваат својот пат во Кина одеднаш се најдоа пред препреки

ПРОТЕКЦИОНИЗАМ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ И ПОЛИТИЧКИ НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ДОМАШНИ АВТОПРОИЗВОДИТЕЛИ

Повеќе од една деценија кинеските производители на автoмобили зборуваат за извоз од голем обем во Северна Америка и Европа, и со тоа предизвикуваат загриженост кај западот дека компаниите како Џенерал моторс, Форд или Фолксваген, можеби ќе бидат осакатени од кинеската конкуренција, како што беше случај со јапонските извози пред 30-ина години. Сега се појавија гласини за протекционизам, но од сосема друга неочекувана насока: од најголемите, политички највлијателните кинески автопроизводители. Мултинационалните корпорации постепено го тргаат пазарниот удел на кинеските брендови на домашниот пазар, а глобалните брендови успешно го пробиваат својот пат во Кина. Последниот натрапник е Форд моторс, кој има партнерски договор со седиште во Чонгќинг, и кој во изминатите две години скоро двојно го зголеми уделот на пазарот на 4,5 проценти со претставувањето на нови модели и проширувањето на производството, и во март за првпат во само еден месец продаде повеќе од 100.000 автомобили и лесни камиони. Форд планира да го удвои производството и во следната година, со отварање на две фабрики и на една од најголемите фабрики за автоматски менувачи. Кинеските потрошувачи се повеќе ги избираат американските брендови, кои имаат репутација за безбедност, модерни се и имаат меѓународен гламур. Домашните брендови каскаат во анкетите за квалитетот и изаботката, иако тие почнуваат да го затвораат овој јаз. На долгорочна основа, тие остануваат далеку позади и паѓаат уште повеќе. Растечките можности на потрошувачите ги тераат да одбиваат да прифатат поефтини, спартански модели од домашните производители. Домашните модели се уште повеќе оштетени заради слабите тесови за безбедност за некои кинески дизајнирани модели, и заради серијата скандали за безбедност на храната со кои се урна довербата на јавноста во кинеските регулативи. - Сега кога имам дете, размислувам да се префрлам на побезбеден автомобил, како што е Форд, вели Хи Хај, 29-годишен продавач на недвижнини додека прелистува по листата на дилери на автомобили. Тој е подготвен да плати 254.800 ренминби (41.500 долари) за светлозелен Форд Куга, вклучувајќи ги и високите кинески даноци. Кинеските воглавно државни автопроизводители одговорија со невообичаена кампања во јавноста преку конференции за медиумите и изјави од синдикатите на оваа индустрија. Тие сакаат да го натераат кинеското Министерство за економија да воведе правила кои постојат кај другите најголеми држави автопроизводители. Странските производители можат да склопуваат автомобили во Кина преку заедничко партнерство, во однос 50-50 со домашни партнери. Мултинационалните корпорации не бараат да произведуваат сами. Всушност, министерството за економија минатата есен најави идеја да ги намали строгите услови од страв дека индустријализираните држави еден ден ќе воведат рестриктивни мерки како одговор за протекционизмот, ако Кина почне да извезува поголеми количии на автомобили. Но големите државни компании се се помалку заинтересирани за извоз и се повеќе на бесконечен рок се врзуваат со мултинационалните компании како нивни партнери - со што ќе собираат значаен профит кој доаѓа од таквите партнерства. - Ако дојде до олабавување на строгите правила за странска сопственост во уделот на пазарот на автомобили, тоа ќе донесе масивни промени во конфигурацијата на автомобилската индустрија на нашата земја, предупреди Донг Јанг, извршен потпретседател и генерален секретар на кинеската Асоцијација на автопроизводтели, во изјава на една неодамнешна прес конференција. „Целата индустрија не е целосно заснована на договори. Многу помалите прозводители на автомобили одновани од претприемачи, не ги имаат истите шанси да го одржуваат статус квото затоа што тие воглавно немаат свои партнери. Тие се исто многу поусмерени да излезат на странски пазар преку извози и преземања во странство“, напиша во е-порака за интервју Ли Шуфу, претседавач и основач на приватната Гили холдинг групација, затоа што тој смета дека ограничувањето на 50 проценти треба да се укине. - Ограничувањето сопира фер, отворена и транспарентна конкуренција, со што се подриваат интересите на потрошувачите и на севкупната конкуренција во кинеската автоиндустрија, напиша тој. Приватната холдинг компанија на Ли, ги купи Волво карс од Форд за 1,5 милијарди долари во 2010, што беше багателна цена во време на финансиската криза. Државните автопроизводители се повнимателни, а еден од најголемите, Донгфенг моторс, на 26 февруари се согласи да плати 1,1 милијарди долари за влог од 14 проценти во Пежо - холдингот управува со пратнерството на двете компании во Кина, но му дава на Донгфенг мал глас во управувањето со Пежо. Загрижени да не ги навредат државните партнери, мултинационалните компании ги бранат партнерствата. „Наша заедничка цел е и понатаму да ги развиваме и заедно да бидеме успешни на кинескиот автомобилски пазар“, изјавија од Фолксваген. Кина повеќе од две децении се обидува да ја претвори својата автоиндустрија во глобална извозна сила. Оригиналната цел со услов за партнерство беше да се натераат мултинационалните компании да работат со големите државни автопроизводители, заради засилен пристап до кредити од државните банки. Од министерството се надеваа дека државните автопроизводители ќе научат од нивните партнери да прават автомобили од светска класа, кои подоцна ќе ги извезуваат.


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Но наместо да создаваат нова Тојота, министерството за економија создаде компании слични на Фокскон, тајванскиот производител на електроника по договор кои произведува таблети и умни телефони за Епл и за други електронски компании. Државно контролираните гиганти воглавно обезбедуваат работна сила и врски со владата за патнерства. Шангај аутомотив е партнер со Џенерал моторс и Фолксваген, а Гуангжу аутомобиле е партнер со Тојота; Чанган аутомобиле е партнер со Форд, а Донгфенг мотор има жонглерско партнерство со Нисан, Хонда, Пежо и Киа. Мултинационалните компании продолжуваат да обезбедуваат голем дел од дизајните, механиката и маркетингот. Тие ги прават во основа истите автомобили кои ги продаваат низ светот. Во Чонгќинг, на пример, Форд произведува Куга и Мондео, кои се продаваат како Форд ескејп и Форд фјужн во САД. Од кинеската Асоцијација за автоиндустрија, во која доминираат државните компании, потенцираат дека оваа индустрија е премногу важна за иднината на економијата на државата за да биде изложена на рамноправна конкуренција со странските компании. - Производството на автомобили не е стандарден производствен сектор. Тоа е стратешка индустрија која ја поддржува трансформацијата и надградбата на националната економија, рече Донг од Асоцијацијата. Уделот на кинеските брендови на нивниот домашен пазар за автомобили и лесни камиони, опадна со иста стапка како и американските автопроизводители кои го загубија уделот во изминатите три децении, за скоро еден или два проценти секоја година, а минатата година тоа опадна до 45,1 процент. Од тоа се исклучени пикап возилата и миникомбињата, кои потпаѓаат под посебна регулатива на пазарот за лесни комерцијални возила, а домашните произведувачи минатата година имаа удел само од 29,5 проценти на автомобилскиот пазар, велат од ЛМЦ Аутомотив, глобална консултанстка куќа. Повеќето од државните гиганти експериментираа со свои брендови, но со ограничен успех. Нивната понуда на модели често изгледаше како и автомобилите на нивните партнери. Марин Бурела, претседател на партнерството на Форд со Чанган Форд аутомобиле компани, рече дека Мазда и Чанган одлучиле да стават крај на нивната соработка од деловни причини, кои немаат никаква врска со дизајнот на автомобилите на Чанган. Тој негира дека бренд автомобилите на Чанган изгледаат како фордови или мазди. „Слушнав дека се зборува за тоа, но отидов да ги видам и тоа не ги видов“, рече тој. Брзата експанзија на Форд во Кина во последниве две години, а следува и уште поголема, е класичен пример за тоа како кинеските автопроизводители преминале од исплашени до несреќни. Партнерството на Форд во западна Кина има 15,000 вработени, кои склопиле повеќе од 600.000 возила минатата година, со што Форд стана најголемата операција надвор од југоисточен Мичиген. Форд набргу ќе отвори огромна фабрика за да произведува 400.000 автоматски менувачи годишно, со простор да го прошири на еден милион по отворањето на трета голема фабрика за автомобили до крајот на годинава. Четвтата фабрика за склопување се планира во Хангжу, во источно централна Кина, во февруари следната година. Чанган Форд ја отвори својата прва фабрика за склопување во 2003, а втората во 2012 година. Втората фабрика е меѓу најмодерните било каде во светот. Челични котури влеуваат од една страна, а готови автмобили излегуваат од другата страна за само осум часа. Портокалови роботи високи пет метри работат на огромни производни ленти и склопуваат и заваруваат големи каросериски парчиња - основен дел од процесот кој е автоматизиран во многу фабрики низ светот. Но најновата фабрика на Форд исто има роботи кои изврушуваат деликатни и прецизни задачи, како што се инсталирање и лепење на задни стакла на компактните автомобили, кои се ретко автоматизирани освен во високоразвиените земји. Втората фабрика има 160 роботи во споредба до 30-тината роботи во постарата фабрика. Домашните кинески автопроизводители од меѓународни добавувачи исто купија роботи за нивните операции. Но тие стремат да користат огромни тимови од раотници за производството, и се мачат да смислат како поефикасно да ги интегрираат роботите на производните ленти задача која на мултинационалните компании им требаа децениии да ја усовршат, и сега работат на истражувања на желбите на потрошувачите кои кинеските производители сеуште ги проучуваат. - Ги штиклиравме сите прозорчиња на барањата на Кинезите за автомобилите, рече Барела. „Кинеските потрошувачи сосема го прифатија тоа, а тоа е двигател за нашиот раст“. (Њујорк тајмс )


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Во економската криза која ги зафати САД и која збриша трилиони од вредноста на куќите

ВАШИНГТОН СТАНУВА СЕ ПОБОГАТ И ПОБЕЛ

Во економската криза која ги зафати САД и која збриша трилиони од вредноста на куќите, кои и по шест години од колапсот не успеваат да ја вратат на старата вредност, во еден град жителите не се соочува со никакви проблеми со својот стандард. Главниот град Вашингтон не е дом на никаква индустрија, ниту пак има некои посебни природни ресурси. Но, сепак, во изминатите години, општините во или околу Вашингтон избиваат на врвот на најбогатите општини во САД. Доколку се гледа според приходите на нивните жители, од 20 најбогати општини во САД, 10 се во околината на Вашингтон – неверојатен успех ако се земе предвид дека има над 3.000 општини, а самиот Вашингтон е релативно мал центар и не е ниту меѓу 20-те најголеми американски градови. Oд руралните општини Лоудоун и Принц Вилијам, па до урбаниот дом на американската јавна администрација Арлингтон, вашингтонските општини се убедливо на врвот на најбогатите во САД. - Економијата се мачи во другите делови на САД, но не и во Вашингтон, каде расходите на Владата се удвоија во рок од една деценија, а адвокатите и лобистите доаѓаат од секаде. Стапката на невработеност е само 5,5 проценти, далеку под просекот во остатокот на земјата, а просечните приходи на жителите на Вашингтон и околината се највисоки во земјата. Жителите на Вашингтон не се расфрлаат со своите пари, како што тоа го прават милионерите во Калифорнија или Њујорк. Доналд Трамп не ни помислува да дојде да изгради кич населба во овој град. Сепак, жителите на Вашингтон своите пари ги должат на прераспределбата на даноците собрани од остатокот на државата, а имиџот на чесност и скромност се неопходни за секој што сака да успее во политиката, па поради тоа внимаваат да не го навлечат гневот на своите граѓани со непотребен луксузен стил. Но, се чувствува дека градот „плива во пари“ обезбедени преку тргување со услуги, контакти и влијание, при распределбата на парите на сите други граѓани. Во Вашингтон секојдневно оперираат над 12.000 регистрираи лобисти, честопати поранешни функционери, политичари или нивни помошници и советници, кои ги користат своите познанства да се обидат да издејствуваат некоја одлука. Нормално е во јавниот превоз, „Старбакс“ кафулињата и насекаде на улиците да се слушнат жолчни разговори за тоа до каде е некоја јавна набавка во одбраната, а во последно време и во здравството. Еден од феномените кои доаѓаат со просперитетот е драматичното менување на расниот состав на населението на Вашингтон, кој е изграден на некогашни плантажи и со тоа е како првиот значаен американски град кој имал афроамериканско мнозинство, а избрал црн градоначалник уште во 1967 година. Но, во 2011 година, бројот на Афроамериканци во Вашингтон паѓа под 50 проценти. Причината за ова е масовното доселувањето на белци, Хиспаноамериканци и доселеници од Азија, но уште повеќе, и тоа што огромниот број Афроамериканци едноставно веќе не можат да си дозволат да живеат во овој град. За една деценија, од 2000 до 2010 година, од Вашингтон се исселиле 38.000 Афроамериканци, а се доселиле 55.000 белци, процес кој се случува и во други градови во САД, како Сан Франциско и Чикаго, и се нарекува „гентрификација“. Од една страна, нормално е жителите на сиромашните населби на Вашингтон, зафатени од криминал и со улици полни со дилери на дрога, да се радуваат на доаѓањето на нови, вработени, ситуирани и побогати соседи во потрага по поевтино сместување. Но, во САД, над 30 проценти од граѓаните живеат под наем, а кај Афроамериканците оваа категорија граѓани изнесува речиси 60 проценти. Афроамериканците воедно во далеку повисок процент ги користат разните програми за купување на станови со државна помош, или пак за субвенционирање на кириите. Тоа значи дека овие граѓани не добиваат ништо од растот на цените на становите и наменините во нивната населба, а честопати губат затоа што не можат да се натпреваруваат во плаќање со советниците во американскиот Конгрес и вработените во разните владини институции, аналитичките и лоби групите и универзитетите. Овие професионалци за кои Вашингтон има силна магнетска привлечност, се подготвени да платат висока цена – минимум 1.500 долари месечно – за еднособен стан во центарот на градот. И покрај тоа што источниот дел на Вашингтон до 1990ите години важел како гето во кое царуваат дилерите на дрога. Делови од градот кои се сметаат за „гентрифицирани“, сепак се уште се соочуваат со пукотници. - Мојот роднина, кој држи продавница за алкохол во близината на кружниот тек Логан, се уште седи зад непробојно стакло. Пред неколку вечери имаше пукање на неговата улица, вели Рамеш, еден од растечкиот број индиски доселеници во Вашингтон. Но, сепак сиромашните делови на Вашингтон се места со развиена инфраструктура, добри метро врски и патишта. Алтернативата е да се бара многу поскапо сместување во елитните западни делови на градот или пак да се оди во предградијата во сојузните држави Мериленд и Вирџинија, каде сместувањето е поевтино, но патувањето до и од работното место може да трае и по два часа во една насока кога автопатот Белтвеј се претвора во море од неподвижни автомобили. Поради тоа, сиромашните, афроамерикански населби во Вашингтон се соочуваат со секојдневни посети на инвеститори, кои бараат начин како да заграбат некоја трошна куќарка или зграда полна со нередовни плаќачи на наменина, да ја дотераат и продадат или да ја издадат на имотните владини службеници. Разликите во населбите во Вашингтон лесно може да се дефинираат според тоа кој е главниот супермаркет во околината. Побогатите


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ населби се хранат во „Хол Фудс“, „Вегманс“ или „Трејдер Џоус“, престижни продавници кои нудат свеж зеленчук и овошје, вина од сите светски меридијани, скапи паштети и свежо суши. Сопственик на стан кој се издава во близина на „Вегманс“, не пропушта да го истакне тоа во својот оглас. Од друга страна, во сиромашните населби кои имаат и повисока стапка на криминал и главно се дом на Хиспаноамериканците и Афроамериканците, главен извор на храна е синџирот „7/11“, кој од свежо подготвена храна нуди само виршли и препржени пирошки. Сопственик кој продава куќа во близината на продавница „7/11“, ни случајно нема да ја спомне тоа во својот оглас. . („Форбс“)

Сметководствени измами со грчкиот буџетски вишок

ТЕАТАР СО „ЛАСТИК“

Прочуениот „буџетски вишок“ на владата во Атина наликува на „ластик“, не затоа што се претставува како крајно консолидиран, туку како сметководствена измама, а тоа впрочем е и очигледно. Неодамна, грчката статистичка служба Елстат објави дека во текот на 2013 година е постогнат првичен буџетски вишок во висина од 3,38 милијарди евра. Радост божја! Всушност, за да добиеме некаква претстава за реалноста, должни сме да ве информираме дека дефицитот од 15,89 милијарди евра, а не вишокот беше претставен во првичната завршна сметка на централната влада за 2013 година. Но Елстат ги извади од дефицитот тие 19,27 милијарди евра кои владата ги наведе, за да им помогне на банките и така се дојде до тој вишок! Ваквата слика за нештата е предизвикана од една проста причина: кога до гуша задолженото грчко домаќинство со месечен приход од илјада евра и кредитни задолженија од 700 евра се радува, како што се вели, „дека добро се движиме, откако ќе ги тргнеме од таа бројка сумата од заемите и така ни останува вишокот“. Затоа што точно тоа е „првичниот вишок“ на кабинетот Самарас-Венизелос. Првичниот вишок на Елстат е 3,38 милијади евра. И тоа е одлично. Но зошто откако Елстат го извади на виделина првичниот вишок од 3,38 милијарди евра, тројката и министерството за финансии на Грција на основа на договорената економска програма со кредиторите на земјата направија нов извештај кој покажува дека вишокот е за една милијарда евра помал и изнесува само 2,4 милијарди евра? Дали бројките со измамата се направени од владата и тројката? Дали е тоа бројка само за Грците или е измама според општоевропскиот манир, со цел да бидат заблудени народите на стариот континент, ако се претпостави дека податоците на Елстат се направени во соработка со Европската служба за статистика Евростат? Тоа допрва ќе го дознаеме. Елстат објави дека првичниот вишок е 3,4 милијарди евра, а министерството за финаинсии објави дека тој вишок е само 2,4 милијади евра. Но со тоа не завршува целиот театар. Напротив, сега сме на пат да доживееме уште еден, последниот шок! Затоа што Елстат објави за првичниот вишок од 3,4 милијарди евра, но се покажа дека првичниот вишок измерен од тројката и министерството за финансии ... е намален за уште една милијарда евра, и од 2,4 милијарди евра паднал на 1,4 милијарди евра! Елстат открива дека владата навела за 2013 година дивиденди на централната банка, во износ од 480 милиони евра, иако генералното собрание на банката која ја одобри таа дивиденда се состана во текот на февруари 2014 година. Елстат исто така објави дека владата навела за 2013 година приходи во националната организација за јавно здравје Еопии во износ од 400 милиони евра, кои всушност се однесуваат на нејзините активности за 2011 и 2012 година, а не за минатата година. Елстат објави и уште една „дупка“ на долгови на државните структури во однос од околу 100 милини евра. Така собрани, сите тие суми (480+400+100) ги откриваат токму тие пресметковни измами од една милијарда евра. Според тоа, само 1,4 милијради евра е првичниот вишок од 3,4 милијади евра! Се разбира, нешто сосема друго е тоа каква точно смисла има тој првичен вишок. Да речеме дека тој изнесува 3,4 милијади евра, кога задолжувањата на државата кај приватниот сектор надминаа 4,6 милијади евра! Кој логичен човек кој држи во рацете да речеме 10.000 евра, и во исто време има долгови од 15.000 евра, може да рече дека направил вишок? Ако тој тврди такво нешто, сите би му се смееле. Всушност, тоа многу сериозно се прави од кабинетот на Самарас-Венизелос кога на сиот глас објавуваат дека направиле огромен успех! Луѓето можеби не се разбираат од економија, но на својот грб ја чувствуваат неправдата од рестриктивната политика на кабинетот, кој е управуван од двете партии Нова демократија и ПАСОК. И токму затоа луѓето не можат да бидат излажани. (Етнос – Атина)


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Можат ли социјалните мрежи да му помогнат на бизнисот?

МАЛИ ИНВЕСТИЦИИ – ГОЛЕМА КОРИСТ

Дали социјалните медиуми можат да помогнат на компаниите? Рекламирањето на социјалните мрежи, на мали компании, за мали инвестиции, донесува голема корист. Владимир Арнаутовиќ неодамна покрена работа на интернет. Поврзува молери и тие на кои им треба молерисување. Тестирал преку кои канали да дојде до клиенти. Утврдил дека традиционалните медиуми и понатаму носат повеќе работа. Но и рекламирањето на социјалните мрежи се покажало среќно за бизнисот. - Огласувањето на социјалните мрежи ни донесе друга вредност која не ја донесе печатениот оглас, а тоа е популаризација на сервисот, создавање на база на податоци на нашите клиенти кои редовно можеме да ги обавестуваме за развојот на нашите сервиси – рече Арнаутовиќ. Но не е довоно својата работа да ја објавите само на Гугл, Фејсбук или Твитер. Комуникологот Владимир Арнаутовиќ вели дека поентата е да се искористат сите тие можности, со мала инвестиција која е десет па дури и сто пати помала од големите медиуми. – Можат да се постигнат големи ефекти на социјалните мрежи – истакна Арнаутовиќ. Главен ресурс на мрежите се пријателите, познаниците и колегите. Кога некој ќе покрене бизнис тоа се претвора во јавност со која тоа лице се рекламира. Ако ги нема доволно за реклама, агенциите сами ќе ги најдат. Иако, не е се во бројките. Социјалниот психолог Николина Лјепава вели дека некој може да има страница која е со 100.000 лајкови, но интеракцијата со корисниците кои тоа го лајкувале да биде многу ниска. – Додека на страница која има многу помалку лајкови, ако е подобро таргетирана, може да има поголема интеракција и многу поголем ефект – вели Лјепава. А ефектите на онлајн каналите за комуницирање се исклучително мерливи. Според бројот на лајковите, шеровите, ретвитовите или кликањата, точно знаете колку луѓе ве виделе и на колку им се допаднал вашиот производ. А ако знаете на кого и како треба да се обратите на социјалните мрежи, за рекламната кампања не мора да платите ни денар. (РТС – Белград)


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

21

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Што носи хипотезата за обединувањето со Молдавија

ФАКТУРА НА ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЛЕИ ГОДИШНО

Заради кризата во Украина, хипотезата за обединување на Романија со Молдавија повторно стана актуелна. Но колку би не чинело да ги изедначиме платите, пензиите и расходите за функционерите во државните иснитуции од другата страна на Прут? Обединувањето на Геманија чинеше 2000 милијарди евра, кои беа платени од побогатиот запад за период од околу две децении. И покрај тоа, нивото на развој на поранешната ГДР е се уште значително пониско од тоа на регионите кои останаа во сферата на западното влијание. Романија ни најмалку ја нема економската моќ на ФДР, но во случај да се повтори германското сценарио, таа би требало да може да си дозволи изедначување на платите, пензите и на социјалната помош од двете страни на реката Прут. Според податоци од статистичкиот институт во Кишњев, Република Молдавија, (без Приднестровјето) во моментов има околу 235.000 лица кои работат во државната администрација во сферата на образованието и здравството. Кон тоа се придодаваат и околу 10.000 воени и неколку илјади полициски службеници, судии или вработени со тајните служби. Бруто средната плата во буџетскиот сектор во моментов е околу 700 романски леи, во споредба со 1,500 леи во Романија. Следствено, според изедначувањето на платите во државниот сектор, тоа значи дополнителни 2,4 милијарди леи годишно. Освен тоа, во Молдавија има 670.000 пензионери - 20.000 со специјални пензии, и 650.000 со пензии од социјалното осигурување. Оние од втората категорија добиваат просечно по 230 леи месечно. Во системот за социјално осигурување во Романија, државната просечна пензија изненсува 793 леи. Тоа значи дека за изедначување на пензиите на двете држави, ќе требаат дополнителни 4,4 милијарди евра од буџетот годишно, без да се земат предвид специјалните пензии. Покрај тоа, властите во Кишњев исплатуваат по 130 милиони леи годишно за мајчинство. Во Романија таа сума е речиси 15 пати повисока (околу 1,8 милијарди леи годишно). Ако се има превдид дека во Молдавија годишно се раѓаат околу 38.000 деца, а во Романија 195.000, груба пресметка ќе покаже дека изедначувањето на средствата за мајчинство ќе достигне околу 230 милиони леи годишно. Други неколку стотици милиони леи ќе требаат за изедначување на помошта за инвалиди, за други видови социјална помош и за помош при невработеност. Не на последно место - расходите за функционирањето на државните институции се доста различни. Романија во текот на 2013 година за таа цел издвоила 38,6 милијарди леи, или околу 1950 леи по глава на жител, а Молдавија десет пати помалку. За да се достигне нивото на романскиот јавен систем, институциите во Молдавија ќе имаат потреба од 3,2 милијарди леи годишно. Севкупно, изедначувањето на нивоата на платите на државните чиновници, на пезниите и на други видови социјлана помош во Романија, како и на расходите за функционирање на државниот систем во Молдавија, би достигнало над десет милијарди леи годишно. Тоест околу 1,5 проценти од БДП, што не е невозможно, но е доста тешко за издржување од буџетот. Исто така не треба да се заборави дека евентуалното обединување би донело и не толку пријатни нешта за Молдавците. Како што е на пример израмнувањето на даноците и давачките. На пример, ДДВто ќе се покачи од 20 на 24 проценти. Ќе се покачат и диференцијалните ставки - од 8 на девет проценти за лебот и житните производи, и од пет на 24 проценти на природниот гас. Ќе треба да се промени и начинот на наплата на данокот на приходите, кои од двостепените седум и 18 проценти, ќе се искачи за 16 проценти. При хипотетичното обединување, ќе порасне и данокот на приходите - од 12 на 16 проценти. Не последно - ќе треба да се изедначат и акцизите што ќе доведе до покачување на цените на нафтата, природниот гас, на алкохолот и најмногу на горивата. Во моментов, литар дизел или бензин во Молдавија се продава за околу едно евро, во споредба со 1,40 евра во Романија. Разликата во цените намјногу се должи на разликата во даноците и таксите. Сето горе спомнато објаснува, макар и бегло, зошто буџетските приходи во Молдавија во текот на 2013 година биле под девет милијарди романски леи (или по околу 2.000 леи на жител), додека државниот буџет во Букурешт собрал за истиот период 200 милијарди леи (или 20.000 по глава на жител). При варијантата за обединување, покачувањето на буџетските приходи во Молдавија на основа на покачување на основните даноци и такси незначително би ги покриле дополнителните расходи за буџетскиот апарат и за социјалната помош. И тоа, се разбира, ако се држат под контрола даночните измами. (Капитал – Букурешт)


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БЕСПЛАТНА ОБУКА ВОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

ПЕРИОД НА ОДРЖУВАЊЕ: ОД АПРИЛ ДО ЈУНИ 2014 ГОДИНА

Центарот за климатски промени, во рамките на својот проект „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, организира тридневна бесплатна обука за компаниите од македонската индустрија. Обуката има за цел да ги унапреди капацитетите на вработените задолжени за управувањето со енергијата и производствениот процес, да ги подобри енергетските и еколошките перформанси на компаниите и да обезбеди техничка помош за имплементација на внатрешен систем за управување со енергијата. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, од април до јуни 2014 година, при што секој месец ќе се одржува по еден тематски семинар за компаниите кои ќе бидат одбрани да учествуваат. Воедно обуката ќе биде реализирана со директна комуникација на релевантните претставници од компаниите учеснички, преку работни задачи и посети на компаниите и презентација на најдобрите практики и достапни технологии за заштеда на енергија. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКАТА: Компаниите кои сакаат да учествуваат во обуката потребно е да ги исполнуваат следниве услови: • Да обезбедат писмено одобрение од менаџментот дека се согласуваат да учествуваат во обуката; • Да го пополнат прашалникот за управување со енергија; • Да назначат вработени кои имаат соодветно техничко образование и соодветна позиција во компанијата; • Да назначат едно контакт лице; • Да имаат значителна потрошувачка на енергија и потенцијал за заштеда на енергија. РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА: Компаниите кои ќе учествуваат во обуката ќе обезбедат: • Подигнати капацитети на оние вработени кои ќе ја посетуваат обуката, со цел подобро управување со енергетски ресурси; • Чекори за воведување на систем за управување со енергијата; • Подобрени енергетско-еколошки перформанси во компанијата; • Прелиминарна енергетска проверка; • Краток извештај за енергетската состојба во компанијата. РОК ЗАПРИЈАВУВАЊЕ И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ: Сите заинтересирани компании потребно е да го испратат пополнетиот прашалник за енергија, заедно со писмото за намера потпишано од управителот на следнатае-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, најдоцна до: 10 април 2014 година. За повеќе информации контактирајте не на: +389 2 5208 330 или +389 78344 905 НАПОМЕНА: Учеството во обуката е бесплатно и секоја компанија може да пријави најмногу два учесника. Компанијата потребно е да обезбеди само патни трошоци за своите вработени, додека сите останати трошоци ќе бидат покриени од страна н апроектот, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград.

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk

Контакт лице : Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.4.2014 година 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ

Објавување на слободни работни места, права и обврски кои произлегуваат од работен однос, откажување на договор за вработување и влијанието на измените во чл. 94 од ЗРО при откажување на договорот за вработување од причини на вина од страна на работникот и од лични причини на страна на работникот, право на надомест на штета по правосилна судска пресуда за враќање на работник на работа

ПРОГРАМА: - Објавување на слободни работни места - Содржина на договор за вработување, ништовни одредби во договорот за вработување - Откажување на договор за вработување и влијанието на измените во чл. 94 од ЗРО при откажување на договорот за вработување од причини на вина од страна на работникот и од лични причини од страна на работникот - Право на надомест на штета по правосилна судска пресуда за враќање на работник на работа Предавачи: - Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје и - Хилда Мешкова, судија на Основен суд Скопје II - Скопје Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.4.2014 година Семинар: ,,ЗАКОН ЗА 10:00-16:00 часот на Македонија, СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, Стопанскасалакомора 4 на 5-ти кат ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ” ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ 1. ВОВЕД 2. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ 3. Право на осигурување II. ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Друштво за осигурување 2. Акционери на друштво за осигурување 3. Акционерски капитал 4. Учество и квалификувано учество 5. Поврзани лица 6. Индиректно стекнување III. КВАЛИФИКУВАНО УЧЕСТВО 1. Согласност за стекнување на квалификувано учество 2. Донесување решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество 3. Санкции поради незаконитости 4. Повлекување согласност за стекнување квалификувано учество 5. Ограничување на права од акции IV. ОРГАН НА УПРАВУВАЊЕ И НАДЗОРЕН ОРГАН НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Орган на управување и надзорен орган на друштвото за осигурување 2. Услови за вршење на функција член на органот на управување во друштвото за осигурување 3. Согласност за вршење на функцијата член на орган на управување 4. Одговорности на членовите на органот на управување на друштвото за осигурување 5. Повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување V. НАДЗОРЕН ОРГАН НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Членови на надзорен орган на друштвото за осигурување 2. Надлежности на надзорниот орган во друштвото за осигурување 3. Одговорности на членовите на надзорниот орган во друштво за осигурување VI. ОСНОВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Дозволи во врска со вршење на работи на осигурување 2. Дозвола за вршење на работи на осигурување VII. УСЛОВИ НА ПОЛИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ 1. Договори за осигурување и општи услови на полиси 2. Известување на осигурениците при склучување договори за осигурување 3. Известување на осигурениците во тек на периодот на важење на договорот за осигурување VIII. Заклучоци Предавач: 1. Анета Најдановска, експерт за платен промет и кредитни односи со странство, експерт за финансии, сметководство и буџетско финансирање, стручен соработник во Бирото за судски вештачења, застапник во осигурувањето овластен од Агенцијата за супервизиа на осигурувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 24.4.2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29 април 2014 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „НОВИ ПРОПИСИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ”

-Уредба и упатство за канцелариско и архивско работење-

Поради големиот интерес пројавен во врска со Законот за архивски материјал, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „Нови прописи кои произлегуваат од Законот за архивски материјал”. Новиот Закон за архивски материјал е резултат на согледувањата за современите потреби од посоодветно нормативно регулирање на материјата во врска канцелариското работење, заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал. Врз основа на Законот за архивски материјал произлегува и обврска за донесување на нова Уредба за архивско и канцелариско работење со која се доуредуваат прашањата кои се пропишани со Законот за архивски материјал. Воедно, ќе се презентираат и Предлогупатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; Правилникот за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење. Предавачи: М-р Љупчо Фармакоски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на отсекот: Менаџмент на човечки ресурси. Д-р Иван Алексов, раководител на сектор во Државниот архив на Република Македонија. Истакнат стручњак од областа на канцелариското и архивското работење. Поседува повеќе домашни и меѓународни сертификати од областа на канцелариското и архивското работење. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневна обука: „ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА КАЛКУЛАЦИЈА НА ТРОШОЦИ И НЕГОВА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА“

5 - 6 мај 2014 година 09:30 - 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Голем број компании само приближно ја познаваат производната цена или само се потпираат на пазарните цени. Поради оваа причина, кога се менуваат цените на суровините или кога има силна конкуренција и комплексна дистрибутивна мрежа, компаниите се соочуваат со намалување на конкурентноста и профитабилноста. Имено, поради огромниот број податоци, менаџментот не е во можност да донесува навремени и исправни одлуки. За надминување на овие проблеми, потребно е воведување на системско сметководствено решение за калкулација на трошоците. Оваа обука ќе ги опфати методите за калкулација по налози и по процеси, но пред се` ќе биде насочена кон конкретно имплементирање на интегриран систем за калкулација на трошоци. Предавањата ќе бидат поделени во два дена и ќе бидат спроведени преку конкретни примери и дискусии. Цели на обуката Учесниците на обуката детално ќе се запознаат со методите за калкулација на трошоци и со процесот на имплементирање на системско сметководствено решение за калкулација на трошоците. По завршување на обуката, учесниците ќе можат во своите компании да водат проект за имплементација на овој систем (заедно со консултантите и програмерите), а потоа да го управуваат и да го контролираат истиот. Учесниците ќе се запознаат со финансиските придобивки што ги нуди овој интегриран систем за калкулација на трошоци. Целна група Целна група на оваа обука се компании од сите сектори, но истата има посебно значење за производни компании и компании со голем број на разновидни производи/услуги и канали на продажба. Примарна целна група се менаџери од сите нивоа и области, но оваа обука е од посебно значење за следните позиции: - генерален директор; - менаџер за развој; - финансиски менаџер; - менаџер на продажба и - менаџер на производство. Предавач: Стефан Костовски, има положено II ниво и е кандидат за III ниво од CFA-програмата. Член е на Грант Тортон Консалтинг од октомври 2013 година, на позицијата сениор консултант. Негова примарна одговорност се услугите за спојувања и преземања. Тој е експерт за менаџмент консалтинг и корпоративни финансии со 6-годишно искуство во повеќе од 40 бизниси од различни индустрии, за кои водел проекти од областа на корпоративни финансии, финансиски анализи, спојувања и преземања, бизнис стратегија и развој на нови бизниси, маркетинг и производствен менаџмент. Сите учесници на обуката ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 30.4.2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 мај 2014 година Семинар: ,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ 10:00- 16:00 часот ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА Стопанска комора на Македонија, сала 4, на V кат ЈАВНИ НАБАВКИ КОИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 1 МАЈ 2014 ГОДИНА И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА”

(„Сл. весник на РМ“, бр.148/13, 28/14 и 43/14)

• • • • • • • • • • • • • • •

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: Воведување на Советот при спроведување на постапка и потребни согласности Забрана за тенденциозно испуштање на позиции од предмерот Новини кај способноста за вршење професионална дејност Поддршка од друг субјект Начинот на настап на група понудувачи Новите исклучоци од примена на Законот и поврзани договорни органи Задолжително објавување на проценетата вредност и тендерската документација Задолжително доставување изјава за независна понуда Начин на поднесување конечна цена Согласности кои ќе треба да се обезбедат пред отпочнување на постапката Новини кај техничкиот дијалог и негативните референци Правила при набавка на софтверски решенија и лекови Кои се вашите права во постапката? Новини во жалбената постапка Други прашања од интерес на учесниците

ПРОГРАМА: • Последни новини во системот на јавни набавки кои ќе се применуваат од 1 мај 2014 година • Поднесување конечна цена • Насоки за подготовка на понудите • Новини кај технички дијалог и негативни референци • Достапност на податоци и информации преку ЕСЈН • Електронски систем за јавни набавки и еаукции • Жалбена постапка Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: - лицата кои ги подготвуваат и ги поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции; - менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и за Вашите права во постапката на сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки. Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 2 мај 2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 8-10 мај 2014 година (четврток-сабота) Советување Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs „АНАЛИЗА И УПРАВУВАЊЕ СО ПЛАСМАНИ И РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ“ Советувањето го организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академијата за банкарство и финансии, едукација и консалтинг од Белград. За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • критериуми за идентификација на рани сигнали за предупредување; • модели за креирање на стратегија за наплата на пласманите со идентификувани нивоа на ризик; • техники на проценка на кредитната способност на компанијата; • следење на реализацијата од стратегијата за управување со потенцијално ризичните пласмани; • влијанието на потенцијално проблематичните пласмани во финансиските извештаи на доверителите. Содржина: • Оцена на кредитната способност - мислење за кредитен ризик • Оцена на бонитет и елементи на трансакција • Важноста на наплатата на побарувањата • Сеопфатен пристап во наплатата на побарувањата • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Анализа на рејтингот и неговото значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите кон банката • Третирање на клиентите после идентификација на сигналите за предупредување Предавач: Уна Вукоје, магистер по банкарски и финансиски менаџмент. Нејзина стручна област е проценка на кредитниот ризик на стопанските субјекти и развој на методологија за проценка на кредитниот ризик. Од 2007 година работи во Комерцијална банка АД - Белград, како директор на Секторот за анализи на кредитниот ризик на правните лица. Петгодишното академско работно искуство го стекнува како асистент на предметите по Банкарство и Меѓународни финанасии, за редовни студенти, english devision за вработени и студенти на Алфа универзитет. Ангажирана е како интерен предавач за банкарска група, а често е домаќин на меѓународни обуки и состаноци во доменот на креирање работна стратегија на компаниите и нивна анализа, проценка и управување со кредитен ризик и др.

АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари по лице. Котизација за дводневниот семинар изнесува 8.900 + ДДВ (10.502 денари) •

• • • • •

Во цената на аранжманот вклучено е: превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 8 мај 2014 година во 6:00 часот и враќање на 10 мај во попладневните часови); 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; организација на патувањето; 1 коктел за добредојде; 1 ручек; кафе и освежување за време на паузите.

Во цената на аранжманот не е вклучено: патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 30 април 2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 мај 2014 година во Република Франција

МЕДИЦИНА - СРЕБРЕНА ЕКОНОМИЈА ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО ПАРИЗ

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека во рамките на Саемот „Салони за здравје”, што се одржува на 20 и 21 мај 2014 година во Париз, се организира претходно договарање деловни средби (30 минути секој состанок). Теми на средбите ќе бидат здравството, телемедицината, опремата за болници и домови за стари и инвалидизирани лица. Ова вмрежување на настанот има за цел учество на широк спектар на компании, универзитети и истражувачи од Европа заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање партнери за соработка. Зошто да учествувате? • Искористете го настанот за да иницирате нови бизниси! • Запознајте провајдери на иновативни технологии од Франција и од други земји! • Бидете во контакт со потенцијални партнери за идна соработка! • Воспоставете контакти за долгорочни деловни односи! Целна група: компании, универзитети, истражувачки институти и други организации од здравствениот сектор во потрага за комерцијални, технолошки или истражувачки партнери. Главни теми: • домови за стари и инвалидизирани лица; • Е-здравство; • телемедицина; • опрема за болници. Како да учествувате? Регистрирајте се и обезбедете го Вашиот профил опишувајќи една понуда или барање. Сите профили на учесниците ќе бидат објавени на веб-сајт. Учесниците ќе можат да ги разгледаат онлајн профилите и состаноците со организациите за кои се заинтересирани. Една недела пред настанот, секој учесник ќе добие распоред на индивидуалните средби. Котизација: такса од 100 евра ќе се наплаќа на секоја регистрирана организација. Ко нтакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 32 44 090 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БЕСПЛАТНИ ИТ-СРЕДБИ И КОНФЕРЕНЦИЈА „ДУНАВ ИТ 2014“ НОВИ САД

Nа 29 и 30 мај 2014 година во Република Србија

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека на 29 и 30 мај 2014 година во Нови Сад, Република Србија, ќе се одржат Конференција „Дунав ИТ 2014“ и деловни средби, на кои ќе се истражуваат различни теми поврзани со Интернет за сите нешта. Учесниците на Конференцијата ќе учат од квалитетни експерти за нивните искувства и ќе имаат можност за поврзување со говорниците и учесниците во текот на поединечните презентации, панел-дискусиите, неформалните сесии, деловите средби и на многу неформални средби. „Дунав ИТ 2014“ е идеален за секој заинтересиран за напредните информациони технологии и high- tech иновации: основачи и потенцијални инвеститори на high- tech старт-ап фирми, менаџери и вработени во етаблирани ИТ-компании, како и на инженеринг и бизнис-студенти. Службен јазик на конференцијата е англиски, а регистрацијата оваа година е бесплатна. Контакт: Enterprise Europe Network Здружение на информатичко-комуникациските технологии Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 8 до 11 јуни 2014 година Ве покануваме на една од најголемите саемски манифестации за стоки за широка потрошувачка во Нингбо, НР Кина

CICGF - CHINA INTERNATIONAL CONSUMER GOODS FAIR - CENTRAL AND EASTERN EUROPEAN COUNTRIES’ PRODUCTS EXPO 2014

На вкупна површина од 90.000 m2, во 7 изложбени салони, ќе можете да најдете изложувачи на: - текстилни производи; - електрични апарати и бела техника; - мебел и канцелариски материјали; - спортски и рекреативни производи; - производи за широка потрошувачка; - прехранбени производи; - уметнички и занаетчиски производи. На Саемот покрај изложување на експонати, ќе биде дозволена продажба и презентација на производи. Саемот е наменет за компании кои се заинтересирани за извоз на македонски производи на пазарот во НР Кина. Во насока на продлабочување на македонско-кинеските бизнис-односи, Кинеското министерство за трговија обезбедува бесплатни штандови од 9 м2, за сите македонски компании кои би сакале да ги претстават своите производи на огромниот кинески пазар. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите македонски компании кои се заинтересирани да учествуваат на саемот, за да добијат бесплатен штанд, својот интерес да го пријават најдоцна до 22 април 2014 година. Трошоците за авионски билет и сместување во хотел, ги покриваат самите компании. Постои поволна авионска линија Скопје - Истанбул - Шангај секој ден со Turkish Airlines, (http://www.turkishairlines.com/en-mk/), а од Шангај со брз воз до Нингбо се стигнува за 1 час. Резервација и нарачка на авио-билети директно во Turkish Airlines. Заради временската разлика, треба да се планира патувањето со заминување на 4 или 5 јуни, а враќање на 12 јуни 2014 година. Резревацијата на хотелот се врши преку Туристичка агенција од Нингбо посочена од Саемската организација. Сместувањето ќе биде по избор во 3 хотели со ( 2, 3 или 4 ѕвезди), а Туристичката егенција ќе обезбеди и бесплатен превоз до и од саемот, од овие 3 хотели. Туристичка агенција: NINGBO ZHONGZHAN INTERNATIONAL EXHIBITION CO.,LTD Скопје-Истанбул-Шангај Contact Persons: 04 June 2014 20:45 Ms. Sophie Wang FlightTK1006 Operated byTurkish Airlines Mobile Phone: 0086 15957427180 Mr. Mike Mi Operated byTurkish Airlines DepartureIstanbul , Ataturk (IST) - Terminal Thursday 05 June Mobile Phone: 0086 13306685081 DepartureSkopje, Alexander The 2014 00:35 Tel: 0086 574-87065668 87372617 Great (SKP) Fax: 0086-27721226 Wednesday 04 June 2014 20:45 ArrivalShanghai , Pudong Inter E-mail: nbzhongzhan66@zhongzhan.org national (PVG) - Terminal2 ArrivalIstanbul, Ataturk (IST) – TerminalI Wednesday 04 June 2014 23:25 Duration 1h40 Meal Yes 05 June 2014 00:35 FlightTK26

Thursday 05 June 2014 15:50 Duration 10h15

Шангај - Истанбул - Шангај 12 June 2014 22:45 FlightTK27 Operated byTurkish Airlines DepartureShanghai , Pudong International (PVG) - Terminal2 Thursday 12 June 2014 22:45 ArrivalIstanbul , Ataturk (IST) – TerminalI Friday 13 June 2014 05:25 Duration 11h40 13 June 2014 08:10 FlightTK1003

Operated byTurkish Airlines

Влезните визи и друга потребна доклумнетација за експонати и производи за на штандот, ќе оди одрганизирано преку Стопанска комора на Македонија. Компаниите кои ќе изложуваат на саемот треба нивниот изложбен простор да го организираат најдоцна до 7 јуни 2014 година. За секој штанд организаторот ќе обезеди стандардна опрема ( натпис на фирмата на штандот, 1 маса, 3 столици, 1 шкаф и струен приклучок). На штандот е доволоена продажба на производи, само кои се на листата на дозволени продажни производи во НР Кина. За повеќе информации за “CICGF - China International Consumer Goods Fair” посетет ја веб-страната http://www.cicgf.com/en/about/about_cicgf.php

DepartureIstanbul , Ataturk (IST) - Terminal I Friday 13 June 2014 07:40 ArrivalSkopje , Alexander The Great (SKP) Friday 13 June 2014 08:10 Duration 1h30

Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ ВО АТИНА

Од 13 до 16 јуни Ве покануваме на најголемиот Саем за текстил и мода во Република Грција

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со компанијата „Fashion News SA“ од Грција. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ е саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија и модата (трговците на мало, продавници, бутици, синџири и слично), на која се презентираат: • бренд производители; • модни дизајнери; • висока мода; • увозници и дистрибутери на женска облека; • колекции за млади; • долна облека; • секојдневна облека; • додатоци за облека; • накит; • опрема за продавници и др. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ се организира истовремено со Саемот за чевли во Грција (Hellenic Shoe Fair), на кој ќе бидат презентирани различни видови обувки, а ќе се одржат и модни презентации за начините на комбинирање на различни елементи и стилови, согласно потребите на современиот пазар. Организаторот на манифестацијата, компанијата „Fashion News SA„ е подружница на „ROTA SA Group“ - најголема компанија за организирање саеми во Грција.

Пoдетални информации за Саемот на: www.femmina.gr/en .

За посета на Саемот организирани се: - 2 ноќевања во хотел со 5*; - автобуски превоз; - локален транфер и - бесплатни влезници за Саемот.

Пакет-аранжманот по лице изнесува 9.000,00 денари (со вклучен ДДВ).

Пријавување до 9.5.2014 година.

Даниела Михајловска Василевска Тел: + 389 2 3244021 Моб. + 389 72 22 00 37 Факс:+ 389 2 3244088 Е-адреса:daniela@mchamber.mk

Сашо Деспотоски Тел: + 389 2 3244089 Моб. + 389 70 747 159 Факс:+ 389 2 3244088 Е-адреса:saso@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 април 2014, Бр. 176

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Македонска компанија заинтересирана е да соработува со компании од Балканот и Европа, кои сакаат да увезуваат свеж зеленчук и овошје од Република Македонија, претежно за извоз на свеж домат, разни видови на пиперка, краставица, зелка, компир, лубеница и некои видови на овошје. Валидност дo: 27.5.2014 година

Компанија од Србија заинтересирана е да соработува со трговски компании во Република Македонија за увоз на хартиена галантерија, салвети, влажни марамчиња, тоалет хартија, козметички препарати за бебиња, чепкалки за уши, течен сапун и др. Валидност дo: 27.4.2014 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на растителни екстрaти, нутрицистички состојки, ефективни компоненти на кинески билки и сродни производи за лекови, пијалаци, здрава храна и козметика. Валидност дo: 27.4.2014 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на скенери за ултразвучна дијагностика во различни области на медицината; преносни ултразвучни скенери за ветеринарна медицина, ултразвучни конвертори од повеќе елементи и уреди за дигитална видеоколоскопија. Валидност дo: 28.5.2014 година

Компанија од Литванија нуди фотоволтаични панели со највисок квалитет кои ги исполнуваат глобалните стандарди и се заинтересирани за пласман во Република Македонија. Валидност дo: 28.5.2014 година

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка во областа на соларна енергија. Валидност дo: 28.5.2014 година

Компанија од Полска бара застапник во Република Македонија за продажба на разни видови бонбони.

Валидност дo: 28.4.2014 година

Компанија од Грција бара соработка со македонски компании во областа на соларната енергија за набавка


четврток, 24 април 2014, Бр. 176

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на соларни панели и опрема. Валидност дo: 3.5.2014 година

Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка во областа на рециклирање на стари гуми во Република Македонија. Валидност дo: 3.5.2014 година

Компанија од Чешка заинтересирана е за пласман на фотоволтаични панели и друга соларна опрема. Валидност дo: 3.5.2014 година

Компанија од Турција бара соработка во областа на пластика со понуда на термопластични композитни панели, подвижни ленти за пренос на добра или отпад, панели за изолација и геомембрани во Република Македонија. Валидност дo: 3.5.2014 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

пречистителни станици за домашен третман на отпадни води, системи за собирање дождовница, бетонски шахти, делови на шахти и специјални делови.

германскиот пазар.

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на сончевата енергија за плaсмaн на фотоволтаични системи, соларни системи за греење на вода и топлински пумпи.

Валидност дo: 4.5.2014 година

Валидност дo: 3.6.2014 година

Валидност дo: 4.6.2014 година

Консалтинг компанија од Германија врши истражување за свои клиенти кои бараат македонски производители на адитиви (протеини и фибери) за пласман на истите на Контакт:

Валидност дo: 4.5.2014 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на висококвалитетен паркет и готови стапки за скалила.

Компанија од Италија заинтересирана е за пласман на пластифицирани прозорци и врати во Република Македонија. Валидност дo: 4.5.2014 година

Компанија од Бугарија заинтересирана е за пласман на производи за заштита на растенија, семиња и ѓубрива во Република Македонија. Валидност дo: 4.5.2014 година

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФо, број 176 од 24.4.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu