bsi.
БИЗНИС ИНФО
ISO 900
Quali Mana
bsi. НА МАКЕДОНИ СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА
FS 549
Osnovana 1922
ISO 9001
goodini
Quality Management
192
2 - 2016
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
БИЗНИС ИНФО Founded 1922
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 260
www.mchamber.mk
24.3.2016
Текстилната индустрија
СУБВЕНЦИИ ЗА НОВА ОПРЕМА ЗАРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА Интервју на Бранко Азески, претседавач на Асоцијацијата на балканските комори
БИЗНИСОТ Е НАЈЗНАЧАЈНИОТ ИНТЕГРАТИВЕН ФАКТОР НА БАЛКАНОТ
Коста Митровски нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕРВЈУ
Бранко Азески, претседавач на Асоцијацијата на балканските комори
БИЗНИСОТ Е НАЈЗНАЧАЈНИОТ ИНТЕГРАТИВЕН ФАКТОР НА БАЛКАНОТ 1. Во 2015 година Стопанската комора на Македонија претседаваше со Асоцијацијата на балканските комори, а Вие бевте претседавач на оваа регионална деловна асоцијација. По што ќе биде забележана оваа година на АБК? - Стопанската комора на Македонија предложи 2015 година да се прогласи за година на конкурентноста. Имајќи ги предвид приоритетите за развој и соработка помеѓу бизнисзаедниците од Балканот и потребата од поттик и поддршка на активности насочени кон структурни промени во економиите на регионот, предложената иницијатива беше прифатена и од Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК). Со тоа, зацртаните приоритети беа насочени во функција на зголемување на нивото на конкурентност на секоја национална економија која припаѓа на оваа Асоцијација. Тоа, едноставно значи дека во регионот со посредство на коморите се одвива(ше) широко движење во правец на зголемување на конкурентноста, за што слободно може да се рече дека е рак- рана на овие стопанствата. Зошто на тоа се фокусиравме не треба многу да се образлага. Кусо речено, земјите од Западен Балкан значително заостануваат со конкуретноста во однос на развиените економии. Многу е важно што со оваа активност на АБК се поклопи и донесувањето на Виенската декларација, а потисниците – премиерите на земјите од Западен Балкан, се согласија дека постои потреба за структурни секторски реформи, заради унапредување на индустриската
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
ИНТЕРВЈУ структура, деловната клима и трговско-економската интеграција, се` со цел да се подобри конкурентноста, вработувањето и да се обезбеди долгорочниот раст на регионот. 2. Конкурентноста очигледно се поставува како централен проблем на регионалните економии. Каква е сегашната состојба? - Факт е дека достигнувањето на одредено ниво на национална стопанска конкурентност е (пред)услов за присуство и опстанок на единствениот европски пазар. Тоа бара многу работа и на микро ниво. Нашите компании мора да држат чекор со конкурентите од високо развиените земји и по прашањата на стекнување нови знаења, воведување иновации, трансфер на напредни технологии, воведување стандарди во работењето и слично. Без промени во однесувањето на сите економски субјекти: државата, компаниите и вработените, вклучувајќи го обезбедувањето на реални извори на финансирање, не е можно остварување на планираните цели. Затоа, сите идни инвестиции мора максимално да бидат ставени во функција на подигнување на конкурентноста. Тоа е потребно бидејќи конкурентноста на економиите на Западен Балкан според последните извештаи на Светскиот економски форум за 2015 и 2016 година слабо се подобрува. Просечната позиција на државите од регионот, во индексот на глобалната конкурентност за 2005 година, била 87, а во последниот извештај за 2015 година – 86. Во овој децениски период најголем напредок направиле Црна Гора и Македонија со скок од 10 места. Во однос на 2014 година само Македонија ја поправила својата позиција и се наоѓа на 63-то место од 140 рангирани земји. Црна Гора е на 70-то место, Албанија на 93-то, Србија на 94-то, а БиХ е на 111-то место. 3. На што посебно се ангажираше Стопанската комора на Македонија? - Несомнено, најкритичниот сегмент на македонската економија е ниската конкурентност на микро, а со тоа и на макро ниво, во однос на земјите-членки на ЕУ, но и во споредба со новите просперитетни економии во Источна Европа, кои ја изострија конкурентноста на европскиот и на глобалниот пазар, а посебно во услови на забавен раст на глобалната и
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕРВЈУ на европската економија. Затоа, сметаме дека конкурентноста треба да биде „алфа и омега“ на делувањето и во сите наредни години. Усвоивме документ чиј наслов доволно зборува: „Заокружување на системот на економски слободи во функција на натамошен развој на бизнисот во Република Македонија“. Клучните области на делување се утврдени преку истражување во бизнис-заедницата. Во него покренавме низа иницијативи кои се однесуваат на јакнење на независноста на регулаторните тела, реформи во методологијата на пресметката на плаќањето на придонесите за пензиското, инвалидското и здраственото осигурување, измени во системот за извршување спрема државните органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, менување на системот за јавни набавки, отстранување на неданочните и парафискални давачкии, реорганизација на МБПР. Предлагаме изработка на Програма за поддршка на големите и водечки компании во земјата, подобрување на ликвидноста и пристапот до финансии, ограничување на преземањето на стручен кадар од домашните во
АБК ПРЕДВОДНИК НА АКЦИЈАТА ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ВО РЕГИОНОТ Националните комори од балканските земји, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Македонија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора и Романија, ја основаа Асоцијацијата на балканските комори (АБК), во 1994 година, со крајна цел создавање слободна трговска зона на Балканот. Слободно може да се констатира дека иницијативата на АБК за воспоставување на мрежата на билатерални договори за слободна трговија меѓу земјите-членки, со поддршка на Пактот за стабилност, доведе до ЦЕФТА 2006 – Договорот за слободна трговија меѓу земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Турција, ЕУ и ЕФТА. Освен поттикнување на соработката меѓу компаниите и коморите од земјите на АБК, оваа асоцијација ја поддржува и институционалната соработка и со другите интересни здружувања вон регионот. Така, на пример, во 2007 година, на ниво на Асоцијацијата е потпишана Спогодба за соработка со Деловниот совет на Црноморската иницијатива за соработка, а во 2008 година со Асоцијацијата на медитеранските трговски и индустриски комори (ASCAME). Членките на АБК се придружија и на „Берлинскиот процес“, иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, со кој треба да се отворат економските перспективи за регионот. Токму затоа, коморите на земјите од регионот, на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија, се обединија во рамките на „Берлинскиот процес“ и се основа Коморски инвестициски форум (КИФ), поддржан од структурите на ЕУ (кадровски и финансиски). Одлуката за неговото формирање е донесена на 27 август 2015 година на Самитот во Виена, а опфаќа 26 заеднички проекти финансирани од Европската унија.
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
ИНТЕРВЈУ компании со странски капитал, унапредување на инфраструктурниот развој на локално ниво и значително поголемо учество на бизнисзаедницата пред донесување на буџетот на Република Македонија. Сето ова се сегменти кои влијаат на зголемување на конкурентноста на македонските компании. Од глобална перцепција, пак, морам да споменам дека „движењето за конкурентност“ ќе биде со слаби дострели доколку една работа не биде јасна како „бел ден“. Од „петни жили“ треба да се погрижиме за индустријата. Само индустријата може да испорача раст и нови вработувања и затоа мораме да го интензивираме процесот на создавање услови за одржлива реиндустријализација, да ги поттикнеме инвестициите во нови технологии и повторно да се изгради клима на доверба и претприемништво. 4. Колку странските директни инвестиции во регионот може да придонесат во процесот на реиндустријализација? - Општ е впечатокот дека зголеменото ниво на странски инвестиции во регионот е од суштествено значење за неговиот економски развој. Тие треба да имаат клучната улога во идната структурална надградба на економскиот раст на регионот, преку надополнување на домашните инвестиции, трансфер на знаење, зголемена вработеност и подобар животен стандард. Ефектот на странските инвеститори врз домашниот бизнис-сектор е доста значаен. Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се потребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производи, стандардите, начинот на организација и слично. Локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Тие не се директно изложени на глобалните ризици во трговијата, поради близината значајно ги намалуваат транспортните трошоци, а на тој начин се редуцира и факторот на несигурност и непредвидливост при
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕРВЈУ испорака на нарачките. Странските компании на овој начин добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Резултатот е раст на економијата и креирање на работни места. Соработката на домашните со странските фирми го мултиплицира ефектот на инвестицијата, генерира повисок економски раст, придонесува за отворање нови работни места, за трансфер на знаења и технологии кон македонскиот бизнис-сектор. 6. Какви се искуствата од досегашното регионално поврзување? - Од досегашното искуство во Комората, само во градежништвото направивме официјална можност во соработка со коморите за настап на трети пазари. Во 2015 година беше потпишана Спогодба за соработка меѓу здруженијата на градежништвото при коморите на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина со цел зголемување на конкурентноста на градежните компании преку поврзување и меѓусебно препознавање на компаниите за потенцијалите со кои располагаат, заеднички настап на тендери кои се однесуваат за територијата на земјите од регионот, односно во земји каде компаниите имаат свои референци бидејќи само така ќе може да се конкурира на странските компании, што би значело и хармонизација на прописите и меѓусебно признавање на атестите. Вакви можности има и за други сектори, на пример, во земјоделието, кондиторска Регионот е во замката на двојниот дефицит - на тековната индустрија, во металната сметка во просек од 7 отсто и на буџетскиот дефицит во просек и електроиндустријата, но од преку 4 отсто. Тоа, комбинирано со растечките надворешни конкретни чекори не се и јавни долгови и нефлексибилната монетарна политика, преземени, барем засега едноставно покажува дека регионот нема макроекономски нема некоја конкретна инструменти, ниту сила за значајно забрзување на економскиот иницијатива од компаниите.
ВО ЗАМКАТА НА ДВОЈНИОТ ДЕФИЦИТ
раст и намалување на сиромаштијата преку големи развојни проекти. Сето тоа го чини регионот на Западен Балкан економски, политички и социјално ранлив, и на тој начин ја ослабува неговата отпорност на екстерните шокови и на движењата на светската економија, какви што се сегашната економска криза и растечката загрижувачка бегалска криза на која не и` се гледаат димензиите. Основниот излез на регионот од ваквата состојба, како и динамизирање на неговиот раст, се наоѓа во јакнење на макроекономската стабилност и јакнењето на конкурентноста, во комбинација со значајна, или потенцирано со негова драстично зголемена економска интеграција.
7. Во последно време се интензивира соработката на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, членки на АБК. На што се фокусира заедничката акција? - Акцијата е во повеќе правци и ја олеснува фактот дека кај сите балкански земји се повторуваат истите проблеми. Заеднички
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
ИНТЕРВЈУ
Association of Balkan Chambers
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО ИНТЕРВЈУ побаравме натамошни реформи во образовниот систем, со цел компаниите да бидат обезбедени со стручен кадар со соодветни знаења и вештини кои ги бара пазарот на труд и да можат успешно да се носат со предизвиците на глобализацијата и изострената конкуренција на домашните и странските пазари. Овде би сакал да споменам дека ова е посебно актуелно со оглед на големиот одлив на „мозоци“ од регионот. Може слободно да се рече дека денес најголемата борба за продуктивност се води во областа на образованието и обуката на работната сила. Во модерното опкружување, земјите веќе не се потпираат само на своите производи и услуги, туку се принудени во борбата за превласт на светскиот пазар да се „борат“ и со „мозоците“. Затоа и се залагаме за реформа на вкупниот образовен систем, за воведување дуален систем во средното образование и за низа други мерки за задржување на младите, обучени и стручни кадри во земјата. Сите комори се залагаат за поголема достапност на финансиски средства за фирмите, посебно малите и средни претпријатија кои се носители на економскиот развој, во корелација и со Стратегијата „Европа 2020“, базирана на знаење, иновации и научни и технолошки истражувања. Значајно е што на ова поле се интензивирани меѓусебните контакти меѓу членките на АБК, кои манифестациониот карактер го сменија во – проектен. Меѓусебната соработка меѓу земјите од Западен Балкан се шири на база на заеднички проекти. 8. Требаше ли да помине толку време за да се сфати во која „грмушка“ лежи „зајакот“ за брзо напредување на регионот и неговиот економски раст? - Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше сфатена главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Напротив, државите од Западен Балкан бегаат од таа иницијатива, бидејќи во таквиот вид на соработка ја препознаваат идејата за обновување на поранешна Југославија, иако се свесни дека ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка. Бавниот процес на транзиција на Балканот предизвикува драстичен економски застој. Деиндустријализацијата, високата стапка на невработеност, јавниот долг, „сивата“ економија станаа генератори на нестабилност на регионот. Во балканските земји се’ уште приливот на девизи по основ на странските инвестиции е помал од профитот што го изнесуваат тие во матичните земји. Во изминатиот период Балканот не успеа да изгради заеднички конкурентски производ, да пронајде нови пазари и на тој начин да го подигне нивото на стандардот на сопствените граѓани. А основниот услов за наше интегрирање во ЕУ е регионалниот пристап. Значи „паднавме“ на првата препрека, не се осмеливме да ја прескокнеме плашејќи се од последици. Плус се наоѓаме среде една огромна економска и бегалска криза и со нејасна перспектива и неизвесност, која е смртна рана за бинзисот. Дното на балканскиот примитивизам го видовме со затворањето на српско-хрватската граница. Саво ПЕЈЧИНОВСКИ
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
СОСТОЈБИ Текстилната индустрија - проекции и предизвици за наредниот период
СУБВЕНЦИИ ЗА НОВА ОПРЕМА ЗАРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот каде во овој сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа. Во текстилната индустрија во Република Македонија преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери. Во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7%. Според податоците за индустриското производство за 2015 година споредено со истиот период од 2014 година, кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 14,8%, а додека кај производството на облека зголемување од 6,7%. Во јануари 2016 година кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 18,8%, а додека кај производството на облека намалување од 17,2%. Според статистичките податоци, извозот на текстилни производи во 2015 година достигна 596,4 милиони САД долари, од кои 67,1 милиони САД долари извоз на текстилни ткаенини и 529,3 милиони САД долари извоз на готови текстилни производи, или 13,3% од вкупниот извоз на земјава. Во истиот период, увозот изнесуваше 528,3 милиони САД долари, од кои облека во износ од 72,5 милиони САД долари, а текстил во износ од 455,8 милиони САД долари, или 8,3% од вкупниот увоз во државава. Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 35-36 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2014 година 37.841 вработени, што сепак претставува голем процент на вработени, односно околу 40% од вработените во преработувачката индустрија. Очекувањата за 2016 година се дека ќе бидат на исто ниво како 2015 година, истакна Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија на редовната прес-конференција (21.3.2016 година). Ваквиот раст најмногу се должи на два фактора и тоа: - на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО СОСТОЈБИ - заживување на економијата во Европската унија што доведе до продолжување на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји. Неопходно е од страна на државата да се обезбедат финансиски средства за субвенционирање при набавка на нова автоматизирана опрема наменета за производство. Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да добие поддршка од државата во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење на гарантни фондови итн. Тоа ќе овозможи да се направат вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност од страна на текстилните компании.
Ангел Димитров го истакна проблемот со недостиг на стручен кадар за работа во текстилната индустрија, и барањето да се воведат дополнителни стимулативни мерки од страна на државата, како би се постигнало зголемување на бројот на обучени текстилни работници. Исто така, побара и еднаков третман на домашните и странски компании на пазарот, каде што се јавува нелојална конкуренција со работната сила, бидејќи за малку повисок паричен износ странските компании ги преземаат работниците, а знаеме колку време, знаење и труд се потребни за да се може стручно да се оспособи еден добар работник во текстилот. Сашо Деспотовски
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Деловни средби помеѓу македонски и шпански компании во Стопанската комора на Македонија
ЕКОНОМСКАТА РАЗМЕНА ОД ГОДИНА ВО ГОДИНА РАСТЕ, НО ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ СЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОГОЛЕМИ На 17 март 2016 година во Стопанската комора на Македонија се одржаа билатерални средби помеѓу македонски и шпански компании. На средбите беа присутни шпански компaнии од областа на фармацевтскатa, електрометалната и агроиндустријата, градежништвото, како и 16 македонски компании од овие сектори. Директорката на Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка, м-р Снежана Камиловска-Трповска го отвори настанот и им се заблагодари на сите присутни за искажаниот интерес, при што наведе дека средбите во Стопанската комора на Македонија се исклучително значајни за развојот на економската соработка меѓу двете земи и во рамките на тоа и за самите бизнисмени во правец на воспоставување поцврста идна деловна соработка.
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
13
МЕЃУНАРОДНИ ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ - Особена чест ни претставува што сме домаќини на настан којшто по 10 години повторно се иницира во соработка со Амбасадата на Шпанија во Република Бугарија, се` со цел да се изнајдат нови начини за продлабочување на трговската соработка помеѓу двете
земји, за која проценуваме дека има далеку поголеми потенцијали од досегашните, - додаде Камиловска. Таа посочи дека во моментов Шпанија е 16-ти трговски партнер на Р. Македонија, што е значително повисоко во споредба со минатата година кога била 19-ти трговски партнер во надворешно-трговската соработка на Република Македонија. Фернандо Лопез де Кастро Гаридо, заменик- амбасадор на Шпанија во Р. Македонија ја поздрави иницијативата за средбите и напомена дека ваков вид на настани треба да се одржуваат редовно, со цел што поголемо запознавање на компаниите, создавање нови контакти и изнаоѓање нови форми на соработка. - Во последните години, особено од 2008 година наваму, во вкупната трговска размена помеѓу Македонија и Шпанија се бележи позитивен напредок, што укажува на фактот дека има простор за ширење на деловните врски меѓу компаниите од овие земји, - истакна Мариа Перез Моро, економски советник при Амбасадата на Шпанија во Република Македонија. Д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје, додаде дека Македонија, покрај тоа што е отворена за трговска и соработка во областа на услугите, исто така, посебно е заинтересирана за директни инвестиции од компании од Шпанија во индустриските зони во Република Македонија, за што им се нудат одлични
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ услови. На тој начин е можно значително поголемо поврзување на шпанскиот бизнис-сектор со македонскиот пазар. - Стопанската комора на Македонија им стои на располагање на компаниите, а и натаму ќе биде логистичка поддршка за што поголем развој на меѓусебната соработка меѓу бизниссекторите од двете земји, - додаде д-р Рафајловски. По завршувањето на официјалниот дел на средбата, деловните луѓе од двете земји имаа и билатерални средби на кои имаа можности да разговараат за воспоставување идни бизнис-релации. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Шпанија во 2015 година достигна вредност од 177,3 милиони САД$, што претставува раст од 14,36% во однос на 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од над 100 милиони САД$ или зголемување од 44,67%, додека увозното салдо изнесува 76,53 милиони САД$ или пад од 10,37% споредбено со 2014 година. Евидентиран е позитивен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 24,28 милиони САД$.
НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ШПАНИЈА Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Шпанија во 2015 година Извоз Сума во САД$ 100.825.302,00
Сања Николова
Увоз Сума во САД$ 76.537.104,00
Во САД долари Вкупно Сума во САД$ 177.362.406,00
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
15
МЕЃУНАРОДНИ ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
Делегација од Ваљево во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп
РАЗГОВОРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОДЗАМРЕНАТА РАЗМЕНА На 16 и 17 .03.2016 година во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп претстојуваше делегација од збратимениот град Ваљево од Република Србија. Делегацијата је сочинуваа претседателот на Собранието на Регионалната комора од Ваљево, Александар Рајевац, генерален директор на Ваљевската пивара и потпретседател на комората, Патар Николиќ. Гостите беа примени од страна на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски, потпретседателот Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески. Целта на посетата беше да продолжат меѓусебните активности и соработка која е воспоставена од пред многу години, при што беа реализирани многубројни средби на компаниите од двата региони. Претставниците на Регионалната комора од Ваљево беа запознаени со состојбите на стопанството од прилепскиот регион , како и на досегашната соработка на компании од двете земји. Притоа, беше потенцирано дека во последниве две години значително е намалена соработката и пласманот на македонски производи на пазарите од Србија. Истата констатација ја изнесоа и гостите од Република Србија. Дури, од нивна страна беше посочено дека и нивните производи послабо се пласирале на домицилниот пазар од причини што се присутни трговски ланци и светски брендови кои настапувале со многу пониски цени, со подобар или исти квалитет на производите. За подобрување на соработката меѓу македонските и српските компании договорено е за овој проблем да се разговара пред органите на Коморите од Македонија и Србија, како и пред надлежните државни органи, со цел да се најдат можности за заедничко справување со конкуренцијата од странство и со дампинг цените. На покана од страна на гостите договорена е возвратна работна посета во терминот од 7 до 9 април 2016 година, кога во Ваљево се организира регионалниот локален саем за прехрамбени и други производи. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
МОЖНОСТИ
Форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија
НЕОПХОДНО НАТАМОШНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА „ЗЕЛЕНАТА ЕНЕРГИЈА“ Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија и Балканската програма за обновлива енергија на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) го одржа на 22.3.2016 година Седмиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Седмиот форум го отвори проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија, а на Форумот се дискутираше на неколку актуелни теми, како што се новиот повик за концесија на води за производство на електрична енергија од мали ХЕЦ, промените во законите поврзани со градежното земјиште и првата инвестиција во електроцентрала на биомаса. Во првиот дел на Форумот, претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање го презентираше новиот повик за концесија на води за производство
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
17
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО на електрична енергија од мали ХЕЦ, а потоа г-ѓа Дивна Анастасова, помошник-раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски и Дарко Јаневски, специјалист за обновливи извори на енергија од Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија ги презентираа позначајните промени во прописите за планирање, управување и пренамена на земјишта и за градење.
Во вториот дел на Форумот беше презентирана првата инвестиција во електроцентрала на биомаса во Македонија, од страна на Александар Толeвски од „Бинергија“, а претставникот на МЕПСО, Денко Рафајловски ги пренесе искуствата на операторот на пазарот при откупот и пласманот на електрична енергија од обновливи извори на енергија. На Форумот се разви плодна дискусија, при што инвеститорите во обновливи извори на енергија ги искажаа своите проблеми, кои главно се однесуваа на пренамената на земјиште, приклучокот на дистрибутивната мрежа и законските недоречености во легислативата. Иницијативите кои произлегоа од Форумот, УСАИД ќе ги достави до надлежните институции со цел подобрување на законската и регулаторната рамка за инвестирање во оваа област, како и решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
АКТУЕЛНО
Градежен институт „Македонија“, регионален лидер во санација на брани, заедно со „Гранит“ склучи договор во БиХ
КОНСОЛИДАЦИЈА ПОД БРАНАТА НА ХЕ „ВИШЕГРАД“ НА РЕКАТА ДРИНА Изминатата недела во Вишеград, Градежниот институт „Македонија“ и „Гранит“ - Скопје потпишаa Договор со„Електростопанство“ на Република Српска –„Хидроелектрани на Дрина“. Договорот се однесува за изведба на работи на консолидација под браната ХЕ „Вишеград“ на реката Дрина во БиХ.
Договорените работи се со рок на изведба од 13 месеци, а како водечки партнер е Градежниот институт „Македонија“ АД - Скопје, кој на просторите на поранешна Југославија е лидер за ваков вид специјалистички работи. Овој проект е од посебно значење за нашите градители поради специфичноста на проблемот кој треба да се разреши и е познат и во глобални размери. Имено, со изведба на предвидените работи потребно е да се обезбеди стабилноста и сигурноста на браната, а истовремено со намалување на големиот проток на
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
19
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО вода под браната да се постигне зголемено производство на електрична енергија. Со овој договор Градежниот институт „Македонија“ го потврдува континуитетот на повеќе годишно успешно работење во Босна и Херцеговина, докажувајќи го традиционално препознатливиот квалитет на македонското градителство.
На овој пазар Градежниот институт „Македонија“ делува веќе четири години преку сопствена фирма регистрирана во Бања Лука, обезбедувајќи работа за дел од своите вработени во Македонија, но и вработувајќи локален кадар. Компанијата поседува соодветни лиценци за работа во Босна и Херцеговина, а во моментов изведува работи во Добој за потребите на светскиот лидер во оперирање со технички гасови „МЕСЕР“. Градежниот институт „Македонија“ е лидер во сегментот на градежништвото, со 40-годишно постоење на домашниот и на странските пазари, нуди услуги во сите области на градежништвото, почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградба, лабораториска контрола на квалитет, па се` до изведба на специјалистички работи и консалтинг. (Градежен институт „Македонија“)
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионалната комора со седиште во Штип учествуваше на работилницата за ревизија на Акциониот план за 2016 година на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година
АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБАР И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ На 22.3.2016 година во хотелот „Изгрев“ во Штип се одржа работилница на којашто се расправаше за ревизија на Акциониот план за 2016 година на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година. Покрај претставници од сите единаесет општини во Источниот регион, од подрачните служби и регионалните институции, како и претставници од образовниот, невладиниот, бизнис-секторот, со свој претставник на оваа работилница учествуваше и Стопанската комора на Македонија преку Регионалната комора со седиште во Штип. Оваа активност се спроведува со поддршка од Министерството за локална самоуправа, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ РЕД) и Швајцарската развојна агенција (СДЦ), со единствена цел - спроведување на низа активности кои придонесуваат за подобар и одржлив развој на регионот и пошироко на РМ. Регионалната комора со седиште во Штип, како претставник на бизнис-секторот од овој регион, како и досега, зеде активно учество на работилницата, бидејќи партиципативниот начин со вклучување на приватниот сектор е клучен за заедничко дејствување и придонес за поголем раст и развој на регионот. Моника Стоичева
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
21
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
Членките од Регионалната комора со седиште во Штип со општествено одговорна акција
ПОДРШКА НА ПРАЗНИКОТ ЧЕТР’СЕ ЗАШТИТЕН ОД УНЕСКО КАКО НЕМАТЕРИЈАЛНО БОГАТСТВО Со традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал и концерт на босански севдалинки и изворни македонски песни, во саботата започна чествувањето на празникот Четр`се во Штип, кој започна со настап на оркестарот на КУД„Живинице“ - Босна и Херцеговина и продолжи со оркестарот на народни песни на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. Празничната програма продолжува и наредните денови, а завршува во вторник на 22.3.2016 година, кога традиционално се качува на познатата штипска тврдина Исар. Фестивалот е дел од празнувањето на уникатното одбележување на празникот 40-маченици од Севастија, односно Младенци, кое од пред 3 години е ставен под заштита на УНЕСКО за нематеријално богатство. Освен Општина Штип и Центарот за развој на Источно-планскиот регион, како поддржувач на овој настан се јавува и Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија. Компаниите членки на Комората, многупати досега се јавуваа како помагатели на вакви и слични културни настани, како што и доликува на компании со висока свест за општествена одговорност. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БАНКАРСТВО Според изборот на магазинот „Глобал Фајнанс“
ОХРИДСКА БАНКА НАЈДОБРА ВО МАКЕДОНИЈА Охридска Банка Сосиете Женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од магазинот „Глобал Фајнанс“ кој на 15 март 2016 по дваесет и трети пат ги именуваше најдобрите банки на пазарите во развој во Централна и Источна Европа. Уредништвото на„Глобал Фајнанс“ врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентни аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска Банка Сосиете Женерал, Македонија за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја. Критериумите за избор на победниците вклучуваа раст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи. - Горди сме што годинава Охридска Банка Сосиете Женерал е единствената банка од Македонија која добива престижна награда од „Глобал Фајнанс“. Успеавме да одговориме на високо поставените критериуми со што докажавме дека Охридска Банка Сосиете Женерал посветено, стратешки и на долг рок работи на македонскиот пазар. Во своето долгогодишно работење банката имаше значајна улога во развојот и трансаформациите на банкарскиот систем и прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со развиен корпоративен и инвестициско банкарски сегмент, разгранета мрежа на експозитури, широко портфолио на финансиски производи и услуги, софистицирана информатичка технологија и високостручен кадар, - истакна Бранка Павловиќ, претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Сосиете Женерал. Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите во развој во Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври 2016 година во рамките на годишното собрание на ИМФ / Светска банка (IMF/ World Bank) во Вашингтон, САД. „Глобал Фајнанс“ е основан 1987 година и денес има тираж од над 50 илјади и читатели во 188 земји ширум светот Седиштето на Глобал Фајнанс се наоѓа во Њујорк, а има канцеларии и во Лондон и во Милано. (Охридска Банка Сосиете Женерал)
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
23
ПОДВЛЕЧЕНО БАНКАРСТВО ПроКредит Банка отвори нова модерна експозитура во Гевгелија
СВЕЧЕНОСТ ПРОСЛЕДЕНА СО ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ЗА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА Во центарот на Гевгелија на 16.03.2016 година ПроКредит Банка свечено ја отвори новата модерна експозитура, која нуди автоматизирани услуги за претпријатијата и граѓаните од гевгелискиот регион. Директорот на бизнис секторот во ПроКредит Банка, Стевче Кузмановски изјави: -Важиме за најдинамична и модерна банка во Македонија, зад која стои 100% германски капитал и 100% сигурност и стабилност. Први на македонскиот пазар воведовме модерно и практично банкарство достапно 24 часа на ден. Веруваме дека ќе бидеме партнер со граѓаните и бизнисот и ќе градиме цврста и долгогодишна соработка со сите во Гевгелија и околината. Заменик амбасадорот на СР Германија - Hans Helge Sander и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов го поддржаа проширувањето на услужната мрежа на ПроКредит Банка, а на настанот беа присутни клиенти на банката, соработници и граѓани од регионот на Гевгелија. Настанот беше заокружен со донација на речници и англиска литература на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Директорот на градската библиотека во Гевгелија, Дамјан Ѓуров лично ја прими донацијата и изрази голема благодарност до банката. Со оваа експозитура, ПроКредит Банка е достапна за бизнисите и населението во Македонија на вкупно 23 локации преку кои нудат модерна банкарска услуга 24 часа на ден. (ПроКредит Банка)
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29 март 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар: „МУСКУЛНОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА И РАБОТА“
МАРТ
(ризик фактори на работното место)
ПРОГРАМА: I дел - ВОВЕД •Дефиниција: Што се мускулноскелетни заболувања (МСЗ); •Димензии на проблемот на МСЗ - медицински, организациони социоекономски; •Епидемиолошки карактеристики на МСЗ; •Законски аспекти на МСЗ – професионални болести, болести во врска со работата, повреди при работа, легислативни и регулаторни акти во врска со МСЗ. II дел – Причини за појава на МСЗ •Ризик фактори и работно место; •Главни модулатори на ризици: интензитет, фреквенција, должина на траење; •Работа, работно место, работни активности и професионален ризик; •Ергономски аспекти на работното место; •Неповолна, принудна положба; •Статичка мускулна работа (сила, напор, мускулноскелетно оптоварување); •Монотони, повторувани движења; •Физички фактори: механички притисок, вибрации, студ; •Организациони фактори: работно оптоварување, распоред на работата, технолошки промени, социјална средина; •Психолошки социјални фактори; •Проценка на ризик на работното место и појава на МСЗ (практични примери). III дел - Медицински аспекти на МСЗ •Како се јавуваат МСЗ? (прекумерна употреба, постепен развој, превентабилност, мултипли фактори); •Први симптоми на МСЗ - рани индикатори; •Прашалник за симптомите на мускулноскелетните заболувања поврзани со работата; •Најчестите клинички форми и засегнати структури (тендинитис, тендосиновитис, бурситис, карпал тунел синдром); •Клинички ентитети: горни екстремитети, долни екстремитети, рбетен столб (вратен, торакален и лумбален сегмент); •Дијагностика на МСЗ: анамнеза, работна анамнеза, физикален преглед, лабораториски тестови, imaging методи (Рентген , СТ, MRI, скен, ултразвук), специфични тестови за детекција на нервно или мускулно оштетување (ЕМГ, елекродијагностичка функционална проценка - Electro diagnostic Functional Assessment – EFA, атроцентеза, атроскопија и др.); •Приказ на случаи од пракса со дискусија. IV дел- Терапија, рехабилитација и оценка на работната способност на МСЗ Менаџмент на МСЗ (симтоматска и каузална терапија): медикаментозна терапија, хируршка терапија;
•Физикална и професионална рехабилитација; •Оценка на работната способност кај заболените со МСЗ; •Приказ на случај со дискусија. V дел - Како да се открие и превенира проблемот на МСЗ? •Двоен мониторинг: здравствен мониторинг и мониторинг на ризик фактори; •Како да се реши проблемот на МСЗ со сеопфатен пристап превентивна програма (мерки и нивоа на акција): - техничка контрола, административна контрола, лични заштитни средства, здравствена контрола; •Ергономски интервенции (технички, организациони/ административни, бихејвиорални/персонални); •Дисеминација на информации за проблемот на МСЗ и тренинг (работници, работодавачи, стручни лица); •Мониторинг: евалуација на ефикасноста на акцијата. МЕТОДИ НА УЧЕЊЕ: Интерактивни предавања, вежби/работилници, групна и индивидуална работа презентација на случај од соодветниот проблем, computer- based cases и симулации базирани врз: •Конкретно искуство - активно вклучување, идентификација на проблем, дискусија и истражување на real life ситуации; •Опсервирање - набљудување на проблемот од различни аспекти, дискутирање за проблемот и развој на стратегии за решавање; •Концептуализација - друг начин на гледање (гледање на работите како примена на усвоените приниципи на други слични ситуации); •Активно експериментирање - тестирање на наученото во пракса, hands-on решавање на проблемот, имплементација на идеи. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија.
Модули на доживотно учење
• Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.
Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Стопанска комора на Македонија Контакт Центар (02) 15015 ул. „Димитрие Чуповски“ 13,: Скопје тел: :E-адреса: (02) 3244000,beti@mchamber.mk факс: (02) 3244088
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29 март 2016 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на IV кат
Семинар „СУДСКИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ И НЕГОВИТЕ МЕЃУНАРОДНО ПРАВНИ АСПЕКТИ – ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА НАДЛЕЖНОСТ И МЕРОДАВНОТО ПРАВО“
МАРТ
29
Програма - Кога се поднесува тужба со предлог за издавање на судски платен налог; - Постапката по судскиот платен налог; - Елементите на Предлогот за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа до надлежниот Нотар; - Постапката по приговор по нотарски платен налог според најновите измени на Законот за парнична постапка; - Што е странски елемент во еден правен однос и во каква форма тој се јавува; - Што е меѓународна судска надлежност; - Во кои случаи македонските судови се овластени да одлучуваат; - Избрана (пророгациона) меѓународна надлежност и на кој начин се склучува; - Што е странска судска одлука; - Кои се условите за признавање и извршување на странска судска одлука; - Определување на меродавното право за договорните обврски во македонското право и во правото на Европската унија; - Разгледување на случаи од праксата. Семинарот е наменет за вработени во правни служби, за лицата кои во својот бизнис стапуваат во деловни односи со странски партнери или во деловни односи кои содржат странски елемент, како и за адвокати. Предавач: - д-р Наташа Најденова-Левиќ, адвокат од областа на граѓанското и трговското право, чија докторска теза е од областа на меѓународното приватно право. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ МАРТ
30
Семинар : „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“
На 30 март 2016 година, 9:00-16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА •Поим и значење на набавките; •Цели и задачи на набавките; •Организација во службата за набавка; •Внатрешна организација за набавки; •Односот на набавките со другите функции; •Работна политика за набавките; •Планирање на набавките; •Стручни кадри за набавка; •Методи и канали за набавка; •Евиденција на набавките; •Анализа на набавките; •Електронска резервна аукција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31.3.2016 година од 10:00 до 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневна обука: УПРАВУВАЊЕ СО КАНЦЕЛАРИСКИ АКТИ - СИСТЕМ НА ГОТОВИНСКО БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ -
МАРТ
31
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА Обуката на тема: „Управување со канцелариски акти - систем на готовинско благајничко работење и канцелариско работење“ е дизајнирана со цел учесниците да го увидат правилниот начин на управување со целокупната документација во компанијата и преку практични и конкретни совети и решенија дадени од страна на обучувачите да решат дел од проблемите со кои се соочуваат во секојдневната работа. Поставувањето на ефективен систем за управувањето на документацијата опфаќа повеќе аспекти како што се: - Влез на документи во компанијата - постапка, критични точки и контрола; - Излез на документи надвор од компанијата – постапка, одговорности за истото; - Идентификација, односно означување на документите; - Архивирање на документите; - Достава на документи од екстерно и интерно потекло до лицата за кои се наменети; - Ажурирање на документите; - Заштита на документите - пристап до документите, ризик од приказ на доверливи документи надвор од компанијата; - Повлекување на стари документи по истекувањето на нивната важност; - Измена на постојни документи и справување со проблеми од областа на контролата на документацијата. ПРЕДАВАЧИ *Михаил Китановски е консултант за организација и менаџмент повеќе од 15 години, кој има стекнато интернационално искуство во оваа област, сопственик и управител на компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. *Јасмина Илиевска е консалтинг менаџер во компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“ каде работи веќе осма година. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 5 до 7 април 2016 година, во Софија, Р. Бугарија
Саем и конференција: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот „Виа Експо“ од Софија, организираат посета на претстојниот Саем и конференција на тема: Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во периодот од 5 до 7 април 2016 година во Софија, Р. Бугарија. МАНИФЕСТАЦИЈАТА Е СОСТАВЕНА ОД ДВА ДЕЛА: 1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА – “Waste management and recycling exhibition” Датум: 5-7 април 2016 година Фреквенција: Годишен настан Издание: 12-то. Организатор: „Виа Експо“ Место на настанот: Софија, „Интер Експо Центар“ Работно време за посетители: 5-6 април 2016 г. од 10:00 до 18:00 часот; 7 април 2016 г. од 10:00 до 17:00 часот. Како и секоја, така и оваа година саемската манифестација има за цел да претстави голем број нови технолошки достигнувања од областа на енергетиката и обновливите извори на енергија со што воедно претставува и почетна точка за лансирање на иновативни производи. Саемот го поттикнува развојот на енергетскиот сектор и иницира се` повеќе да се користат системски решенија за заштеда на енергијата во Југоисточна Европа. Саемот и оваа година ќе ги претстави најновитте решенија во делот на изолационите системи, уреди за складирање енергија, системи за заштеда на енергија, опрема за греење и ладење, системи за производство на обновлива енергија, комбинирано производство и други иновативни и ефикасни решенија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад и рециклирање” 2.2. Бизнис-форум „ Паметни градови“ За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk . Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија
БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери
конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech. електроиндустријата; bg/en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; најголемиот меѓународен саем на машини, технологии и • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. индустриска опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, За регистрација можете да ја посетите веб-страницата: системи за автоматизација, контрола и мерење, опрема, http://www.b2match.eu/imm2016 индустриска електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcon- Аплицирај електронски / on-line trola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка Контакт: Лазе Ангелевски и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во различни придружни настани, како работилници и
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 17 април 2016 година Меѓународен саем за градежни машини, машини за градежни материјали, рударски машини, градежни возила и алати во СР Германија
„БАУМА 2016“ ВО МИНХЕН
Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Германската стопанска комора во Македонија. Овој стручен саем се одржува еднаш на 3 години. Сите подбранши, сите лидери на пазарите, сите важни иновации и најактуелни информации можете да ги најдете на едно место. Водечкиот светски саем „БАУМА“ е водечка платформа во глобални рамки за експерти од оваа индустрија. Тука се сретнуваат клучните играчи на меѓународно ниво. На оваа манифестација во 2013 година беа надминати сите очекувања и досегашни резултати: - 575.000м2 изложбена површина; - 3.421 изложувач од 57 земји во светот; - 535.0 65 посетители од преку 200 земји во светот; - 125.850 стручни посетители од областа на рударството; - 1.475 новинари и претставници на разни медиуми. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:
ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?
Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел„Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)
Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs
Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнис-заедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози. Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија. Детална програма за тренингот Модул 1: Корпоративни финансии (14-16 април 2016 година и финансиско известување * Содржина на модулот: * Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; * Управување со ризик и методи за плаќање; * Транспортни документи, сертификати; * Меѓународни финансиски инструменти
Максимилијан Фоедингер)
Модул 2: Управување со резултати (5-7 мај 2016 година Маргит Венделбергер) во меѓународните активности * Содржина на модулот:
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ * - Европски пазар; * - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; * - Управување со ризик; * - Анализа на резултати; * - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство (9-11 јуни 2016 година Александра Веселиновиќ) * Содржина на модулот: * - Системи за управување со човечки ресурси; * - Видови на човечки ресурси; * - Управување со работа во тимови; * - Мотивација; * - Компанија, лидери, вработени. * Деталната агенда и содржината на секој од модулите можете да ја погледнете во прилог на овој документ. Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнис-заедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 24.3.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 27 до 31 март 2016 година
БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски
МАРТ
производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 21 април 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународен конгрес и саем за паметните мрежи и за градовите во Република Турција
„ICSG ISTANBUL 2016“ ВО ИСТАНБУЛ
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ICSG Istanbul 2016 “. Оваа манифестација е посветена на иновациите во полето на паметното организирање на дистрибуцијата на електрчна енергија, гас и вода. На овогодишниот саем се очекуваат повеќе од 5000 посетители кои ќе можат да посетат повеќе од 150 штандови од 39 земји од светот. На овогодинешното издание на „ICSG Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • паметна дистрибуција на електрична енергија; • паметна дистрибуција на гас; • паметна дистрибуција на вода; • паметен начин на градење на градови и технологии за постигнување на тоа. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking).
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија најдоцна до 3.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјална веб- страна на саемот: http://www.icsgistanbul.com/en/ Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
42
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 25 до 28 април 2016 година во Шпанија
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО БАРСЕЛОНА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена
Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција
„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • греење; • ладење; • климатирирање и вентилација; • конструкторство; • енергетика; • прочистување на вода; • инсталација на пумпи; • соларна енергија; • производство на механизација и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/ Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА
Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора
Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија
„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА
Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
50
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
51
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот„Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
искуство на македонскиот и странскиот пазар, специјализирана за развој на веб-ориентирани софтверски решенија, ги нуди своите услуги на домашни и странски компании кои имаат потреба од софтвер изработен специјално за нивните потреби. Валидност до 27.5.2016 година. Компанија од Македонија, преку својата нова и иновативна платформа за онлајн-креирање на веб-сајтови, нуди услуга со која македонските и странските компании можe да дојдат до професионален и модерен вебсајт за само неколку минути. Валидност до 27.5.2016 година. Компанија од Литванија која се занимава со трговија на големо и e специјализирана за дистрибуција на козметика, парфеми, производи за нега на коса и за домаќинствата, бара компании со сродна дејност од Република Македонија за соработка. Валидност до 23.5.2016 година. Софтверска Македонија,
Компанија од Литванија продавач - дистрибутер во балтичките земји на органски и природни производи како што се: еко-козметика, производи за домаќинство, храна, зачини, пијалаци и др. бара комппании за соработка од Република Македонија. Валидност до 27.5.2016 година.
компанија од Компанија со долгогодишно
од
Литванија
која
четврток, 24 март 2016, Бр. 260
БИЗНИС ИНФО
53
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
се занимава со дистрибуција и прадажба на големо на разновидни козметички производи и екокозметика, бара компании од Република македонија за соработка. Валидност до 27.5.2016 година.
Компанија од Велика Британија, која се занимава со дистрибуција на вина, алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и трговија на големо и на мало, бара компании за соработка од Република Македонија. Валидност до 23.5.2016 година.
Компанија од Велика Британија која продава и дистрибуира познати брендови на алкохолни Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални и безалкохолни пијалаци, бара комори и меѓународна компании за соработка од Република соработка Тел: +389 2 3244-095 Македонија. Факс: +389 2 3244-088 Валидност до 23.5.2016 година. vanco@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088