Бизнис ИНФО број 163 од 24.01.2014

Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 163

www.mchamber.mk

24.01.2014

Најрепрезентативниот кинески саем „Кантон 2014“ со порака до македонските компании

ВРАТА ЗА ВЛЕЗ НА НАЈГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО СВЕТОТ

Нови програми за истражување, развој и иновативност Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија со заеднички документ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

„ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ“ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ И НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ


БИЗНИС ИНФО

2

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОДВЛЕЧЕНО

КОНСОЛИДАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР Е НЕИЗБЕЖНА Консолидацијата во македонскиот банкарски сектор е неизбежна. Конкуренцијата можат да ја издржат само оние кои имаат финансиски моќни акционери и се доволно големи и силни или се специјализирани за некој пазарен сегмент. Останатите немаат голем избор. Мора да влезат во окрупнување преку спојување, купување или продавање. Тоа може да биде доброволно додека се во добра кондиција или под притисок од регулаторот кога ќе западнат во проблеми поради нерентабилното работење. Во изминатите две години имаше неколку иницијативи и преговори но, повеќето пропаднаа поради превисоките очекувања на продавачите. За жал некои акционери не можат да разберат дека времето пред 2008 година кога добивале понуди трипати повисоки од сметководствената вредност на капиталот никогаш нема да се врати. Денес во Европа реткост е некој продавач да ја добие дури и сметководствената вредност на капиталот, а најчесто таа е далеку пониска. Со секој изминат ден вредноста на нивниот капитал и неговата цена се намалуваат, а времето кога доброволно можат да одлучат за продажбата полека се исцрпува. Но, има и позитивни примери и верувам наскоро ќе се реализираат. ( М-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија)

ОСТАНУВАМЕ ОТВОРЕНИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ На ниво на банкарски сектор се бележи пад на кредитирањето кон компаниите, но сепак, трендот не е ист во секоја банка. ПроКредит Банка над 90 отсто од кредитното портфолио го пласира токму кон компаниите и агро сегментот. Активно ги финансиравме компаниите и во 2013 година, и заклучно со ноември минатата година бележиме раст на кредитирањето кон компаниите од 11,18 отсто. Можеме да потенцираме дека и понатаму остануваме отворени за кредитирање на компании со добра визија, добри планови за инвестиција, развојни и квалитетни проекти, прилагодено според нивниот пазарен и финансиски капацитет. Како за сите кредити, а пред се оние за долгорочни инвестиции, она што е значајно е оправданоста на инвестицијата и колку бизнисот во дадениот рок ќе успее истата да ја поддржи со своето тековно работење. ПроКредит, со условите кои ги нуди во изминатава година, и уште повеќе во годината која претстои, ќе ги поддржува таквите чекори на бизнисите. Нудиме кредити со продолжени рокови до 15 години наменети за долгорочни проекти, како и широка палета на финансиски услуги адаптирани на индивидуалните потреби на бизнисите. Каматните стапки зависат од повеќе фактори: депозитната база, изворот на средства за кредитирање, оценката на нивото на ризик кој го има на пазарот. Каматаните стапки се намалувани неколку пати и моментално се на историско најниско ниво. (Јованка Јолеска – Поповска, генерален директор на Прокредит банка Македонија)


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

НАГРАДИТЕ ЗА УНИ БАНКА - ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ, ЗНАЕЊЕТО И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ЦЕЛИОТ ТИМ На церемонијата што се одржа на 19 минатиот месец во Оксфорд, Европската бизнисасамблеја во областа на финансиските услуги, на УНИ банка и го додели признанието за најдобра банка на годината, а на претседателот на Управниот одбор наградата менаџер на годината. Секако, дека оваа награда на банката и значи многу и е валоризација на трудот, знаењето и професионалноста што ги вложува целиот тим. Наградата беше доделена врз база на неколку строги критериуми, како што се стабилна позиција на пазарот, високи квалификации на вработените, бизнисрепутација, позитивен имиџ во регионот, атрактивност на инвестиции и конкурентност. Европската бизнисасамблеја цела година го следи напредокот по одделни сектори и земји преку свои стручни тимови. Токму тие по извршената анализа оцениле дека УНИ банка во изминатиов период по тие критериуми направила најголем напредок и за тоа е и наградена. Што се однесува до наградата менаџер на годината, мислам дека при одлучувањето стручниот тим сметал дека доколку банката се развива и добива таква награда дека тој што ја води или тимот што ја води, во овој случај јас како претседател на Управниот одбор, заслужува да ја добие таа таа награда. На церемонијата на врачување на наградите беа присутни претставници на околу 80 земји од целиот свет и тоа во разни категории. (Kоста Mитровски, претседател на управниот одбор на УНИ банка – Скопје)

ОДРЕДЕНА ДОЗА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Е ПОТРЕБНА ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ `Резервираната и воздржаната кредитна активност на банките во Република Македонија има подолга традиција, уште од времето кога се санираа банките после монетарното осамостојување и воспоставените супервизорски стандарди од НБРМ. Таа конзервативна деловна политика на банките придонесе да имаме најстабилен банкарски систем не само на Балканот, туку и пошироко, притоа конзервативната политика беше многу повеќе изразена во првата декада од монетарното осамостојување во споредба со денес. Да го илустрирам тоа со еден пример: во првата декада нашите банки девизните депозити од населението преку 90% ги држеа, односно чуваа во првокласни странски банки, се плашеа да ги пласираат во вид на кредити во домашното стопанство или кај населението. Денес, најголемиот дел од девизните депозити се пласирани дома, а само мал дел се пласирани во странски банки. Значи, работите се придвижуваат напред, се разбира со одредена доза на претпазливост, што е потребна во банкарското работење. (Љубе Трпески, универзитетски професор и еден од поранешните гувернери на НБРМ)


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОДВЛЕЧЕНО

СТАНАВМЕ НОВА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА Република Македонија стана нова туристичка дестинација, а Охрид е се уште епицентар на Македонија. Скопје, Берово, Маврово, тоа се нови туристички центри кои се отвораат, што е апсолутно позитивно за Македонија, значи се развива туризмот, расте бројот на кружни тури. Кога станува збор за инвестирање во туризмот во Република Македонија, Владата на Република Македонија создаде развојни туристички зони во коишто инвеститорите можат по многу поволни услови да го почнат својот бизнис. Како агенција за промоција и поддршка на туризмот ние се одлучивме да промовираме 16 форми на туризам. За таа цел изготвен е соодветен промотивен материјал кој го презентираме пред странските туроператори. Со детална разработена на шест од овие форми вгодина ќе настапиме на туристички манифестации и се надеваме дека на овој начин ќе предизвикаме поголем интерес на странските туристи за нашата земја. Да не заборавиме, во програмата за следната година ќе се обрне поголемо внимание на домашните туристички субјекти во сите региони. Често се случува да се воодушевуваме на некои места во светот, а да не знаеме дека слични и поубави има и кај нас. Секој камен во Македонија има во себе впиено толку многу историја и емоции, што навистина е гревота да не се покаже и да не се сподели со другите без разлика дали се домашни или странски посетители. (Насер Хот, советник за туризам во Агенцијата за развој и поддршка на туризмот)

ТРЕБА МНОГУ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ИНВЕСТИРА ВО ОБРАЗОВАНИЕ Мислам дека ако државата навистина сака да ги врати квалитетните кадри од странство треба целосно да се реструктуира. Да се преобрази системот и да се смени менталитетот кај луѓето. Тоа е прво. Понатаму треба многу повеќе да се инвестира во образование. Образованието мора да вади добри кадри кои ќе се основа за иден сеопфатен развој на државата. Тоа така функционира секаде и ние не можеме да бидеме исклучок. Ако се има добро образование ќе има што да се понуди. За да се добие подобро образование, мора да се оди кон приватно образование. Значи, повеќе приватни основни и средни школи, и секако факултети. Секако голем проблем се и парите. Бидејќи факултетите бараат големи средства. Во САД затоа има и многу грантови. Како за самиот факултет, но и за самиот професор кој работи на свои истражувачки дејности. Има донации, луѓе кои завршиле на еден факултет, продолжуваат да даваат финансии на тој факултет преку донации. На тој начин го промовираат образованието. Тоа е многу важно. Во Македонија, за жал, тоа не е случај. Исто така, потребни се и специјализирани работници. Кога ќе завршиш со едукацијата за некоја професија, треба да имаш вештини кои навистина ќе користат за нешто. Јас сум инженер. Знам нешто што други не можат да го работат. Имам многу другари во Македонија што не знаат што сакаат да работат, што сакаат да постигнат во животот. Поради тоа се запишуваат на економски или правен. Не водат грижа за тоа кои таленти и кои предиспозиции ги имаат. Праксата исто така е многу важна работа. Американците за време на студиите работат во различни фирми. Сакаат да научат, да видат што сакаат и што сакаат да прават, што е тоа што нив ги интересира. Тука во Македонија ретко кој го прави тоа. (Тодор Михајловски, биомедицински инженер и докторант на универзитет во Мајами)


БИЗНИС ИНФО

Бизнис центар за тренинг и обука Bussines center for traning and education bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Контакт:

Уписите се во тек!

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

М-р Борис Тримчев Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОСЕТИ Kинескиот центар за надворешна трговија го презентираше најголемиот саем во НР Кина „Кантон 2014“ пред македонските компании

ВРАТА ЗА ВЛЕЗ НА НАЈГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО СВЕТОТ Најголемиот саем во светот за широка потрошувачка „Кантон 2014“, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија, а во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија и Стопанската комора на Македонија, на 22.01.2014 година ги презентираше своите можности пред македонските стопанственици. Целта беше да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од посета или настап на саемските манифестации во Гуангжу, кои ја отвораат вратата за промовирање на македонското стопанство не само во провинцијата Гуангдонг, туку и пошироко на пазарите на НР Кина. Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем, се одржува на секои две години во Гуангжу, напролет и наесен, непрекинато со над 100 сесии од 1957 година. Кантонскиот саем е претставен како најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови.


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

7

ПОСЕТИ Директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија, Ванг Жипинг, пред македонските бизнисмени презентираше дека на Кантонскиот саем се излагаат повеќе од 150.000 видови производи. Доминираат производи од лесната индустрија, текстил и облека, но истовремено и производи од висока технологија и електромеханика, декорација за домови, медицина, лекови. Кантонскиот саем, потенцираше Жипинг, привлекува купувачи од целиот свет. Бизнисмени од повеќе од 210 земји како посетители или излагачи се присутни на Саемот, со цел размена на информации, склучување бизнис-зделки и сл. Токму поради тоа овој престижен саем претставува и еден вид „барометар на надворешната трговија на Кина”. Имајќи предвид дека станува збор за најголемата саемска меѓународна манифестација, Саемот е поделен во неколку фази. Сите видови производи и услуги се презентираат во два павилјона, национален и меѓународен, каде што се претставени производи од областа на електрониката и електрични апарати за домаќинство, хардвер и алатки; машини; возила резервни делови; градежни материјали; опрема за осветлување; хемиски производи; стока за широка потрошувачка; подароци; текстил и облека; обувки; канцелариски материјали, медицински помагала, здравствени производи; прехранбени производи. Директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија најави дека годинава на Саемот ќе учествуваат најконкурентните 24.000 кинески фирми.

ИНИЦИРАНО ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, на отворањето на настанот, поздравувајќи ги гостите, изрази благодарност и до Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија за соработката која се реализира во континуитет, во насока на унапредување на билатералните економски односи. При тоа, м-р Георгиева потенцираше дека саемските манифестации се секогаш корисна Пред одржувањето на презентацијата, директорот на Кинескиот центар за надворешна алатка за согледување на потенцијалите трговија Жипинг оствари средба со раководството на Стопанската комора на за настап на одредени пазари, можност Македонија. При тоа, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р за развивање на нови деловни Јелисавета Георгиева посочи дека од интерес на двете страни е продлабочување на партнерства и зголемување на извозните соработката со цел да се излезе во пресрет на барањата на компаниите кои имаат активности на компаниите. Во таа насока, интерес за промоција на македонските производи на кинескиот пазар, настап на трети и иницијативата за организирање на пазари, воспоставување деловни односи меѓу фирми од двете земји и посредување денешната промоција на оваа значајна во реализација на различни бизнис-зделки. саемска манифестација е резултат на добро воспоставените деловни За таа цел, на состанокот беше иницирано потпишување меморандум за соработка односи и соработката на Комората со меѓу Стопанската комора на Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија, Амбасадата. Оттука, за Стопанската организатор на Кантонскиот саем. Ваков меморандум за соработка, Кинескиот центар комора на Македонија, презентацијата на има потпишано со 110 земји во светот, а во регионот само со Србија. Кантонскиот саем, којшто се организира во неколку фази годинава почнувајќи од месец април, ќе даде преглед за условите, можностите и бенефитите од посета или настап на саемските манифестации во Гуангжу. M-р Јелисавета Георгиева потенцираше дека компаниите кои имаат интерес за настап на кинескиот пазар, на Стопанската комора на Македонија може да сметаат како на партнер кој во соработка со амбасадите на двете земји, безрезервно ќе ја потпомогне нивната деловна активност во НР Кина.


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОСЕТИ Економскиот и трговски советник во Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, Ли Лианжонг, пред присутните стопанстевници потенцираше дека Македонија и Кина покрај добрите политички односи континуирано работат и на зголемување на економската соработка. При тоа посочи на интересот на кинески компании за инвестирање во инфраструктурни проекти во Македонија, но и во регионот пошироко, а акцент беше ставен и на можностите за пласирање евтини кредитни линии за развој на македонската економија. Стопанствениците од македонските компании кои беа присутни на презентацијата се интересираа за поконкретни активности кои треба да се преземат за да се реализираат бизнис-активности со кинеските компании, излагачи на Кантонскиот саем. Дел од нив посочија дека досегашното искуство од воспоставување деловни односи со кинески фирми, покажува дека постојат повеќе крупни проблеми кои ја отежнуваат потенцијалната соработка. За таа цел побараа во следниот период позабрзано да се работи на: • решавање на проблемот со добивање визи за подолгорочен престој со повеќе влегувања; • да се зголеми времетраењето на престојот на кинески експерти кои во Македонија доаѓаат како сервисери, одржувачи на веќе набавена опрема од Кина; • да се обезбеди поголема заштита на трансферот на средства на банкарски сметки во Кина, бидејќи искуството на некои македонски компании покажува дека дел од плаќањата завршуваат на несоодветни сметки, без при тоа да може да се следи нивната трага. Даниела Михајловска Василевска

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НР КИНА Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во периодот јануари-ноември 2013 година Извоз

Увоз

Во САД долари Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

29.308.995,00

93.911.031,00

82.949.246,00

319.460.155,00

112.258.241,00

413.371.186,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во првите единаесет месеци од 2013 година достигна вредност од 413,3 милиони САД$, што претставува пад од 8% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 93,9 милиони САД$ или пад од 36,5%, додека увозното салдо изнесува 319,4 милиони САД$ или зголемување од 6,5% споредбено со претходниот период. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 208,3 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија во посочениот период. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во 2012 година Извоз

Увоз

Во САД долари Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

38.875.165,00

158.846.262,00

80.176.779,00

374.766.854,00

119.051.944,00

533.613.116,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2012 година достигна вредност од 533,6 милиони САД$ што претставува раст од 10,7% во однос на 2011 година.. При тоа, остварен е извоз во вредност од 158,8 милиони САД$ или раст од 24,6% во однос на 2011 година, додека увозното салдо изнесува 374,7 милиони САД$ или зголемување од 5,6% споредбено со 2011 година.


БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

9

ПОСЕТИ Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 215,9 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија во 2012 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година, во структурата на извозот се застапени: • фероникел (155,8 милиони САД долари или учество од 98,1% во вкупниот извоз); • вино од свежо грозје (1 милион САД долари); • мермер и травертин (208 илјади САД долари) и останато со помала вредност. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: • електрични машини, електронски уреди и апарати за широка потрошувачка (150,7 милиони САД долари, со учество од 40,2% во вкупниот увоз); • моторни возила и моторцикли (35 милиони САД долари, или учество од 9,3%); • текстилни материјали и ткаенини ( 34,9 милиони САД долари или учество од 9,3%); • облека и обувки (25,8 милиони САД долари или учество од 6,8%); • хемиски производи и деривати (10,6 милиони САД долари или учество од 2,8%); • земјоделски и прехранбени производи (8,3 милиони САД долари или учество од 2,2%); • производи од железо и челик (5 милиони САД долари или учество од 1,3%). Стоковна размена (2004 / 2012 година)

Во САД $

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

Извоз

1.354.291

1.355.998

1.472.274

576.463

1.606.093

3.243.627

87.894.934

127.460.025

158.846.262

Увоз

81.914.747

82.019.083

139.388.667

242.721.61

314.773.568

289.409.300

287.359.419

354.650.660

374.766.854

Вкупно

83.269.038

83.375.081

140.860.941

243.297.924

316.379.661

292.652.927

375.254.353

482.110.685

533.613.116

Трг. салдо

-80.560.456

-80.663.085

-137.916.393 -242.144.998 -313.167.475 -286.166.000 -199.464.000 -227.190.635 -215.920.592

Потпишани спогодби за соработка Стопанската комора на Македонија има потпишано спогодби за соработка со: 1. 1. Стопанската комора на Македонија потпиша договори за соработката со Секинеската федерација на комори за индустрија и трговија, железарија и електромеханика, Сечуан и Кинаскиот совет за промоција на трговијата на Сечуан (2012 година). 2. Кинеската стопанска комора и Кинескиот совет за промовирање на надворешната трговија - Меморандум за соработка (1997 година) и со 3. Кинескиот совет за унапредување на меѓународната трговија при Стопанската комора на Кина (1977 година). Инвестиции на Кина на Балканот Податоците покажуваат дека неверојатни 11 милијарди евра вложила Кина во балканските држави само во 2010 година. Од најважните инвестиции, три милијарди евра се потрошени за концесија и модернизација на пристаништето во Пиреј во Грција, 200 милиони евра за изградба на Приказ на директни инвестиции од НР Кина во Македонија мост преку реката Дунав во Србија, стотици милиони евра се искористени за изградба на енергетски и инфраструктурни објекти, фабрики, шопинг 2012 2011 2010 2009 2008 центри, хотели во речиси сите земји во регионот. Во мил.САД $ Во мил.евра Во мил.САД $ Од Амбасадата на НР Кина во Македонија велат дека кинеските компании 0,02 0.24 0.05 0,39 -0,09 се заинтересирани за учество на тендери за комуникациски и енергетски проекти и дека преговорите меѓу кинеските компании и Владата никогаш не престанале, но се` уште не се дојдени во фаза да се склучат договори. На Самитот на шефовите на влади на земјите на Централна и Источна Европа и Кина, што се одржа во Букурешт на 5.12.2013 година, Република Македонија и НР Кина потпишаа Договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата. Претставници на Владата на Република Македонија и кинеската компанија „Синохидро“ потпишаа договори за изградба на автопатските делници Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, со што се создадоа предуслови за реализирање на клучни проекти од областа на инфраструктурата, не само за Република Македонија, но и за целиот регион. Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци - Штип” и „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“ кој се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта во износ од 278.374.071,98 САД долари и 505.044.966,98 долари. Засега, Козјак е единствената поголема инвестиција на Кина во Република Македонија, а уште имаме потпишано и реализирано договори за набавка на автобуси и компјутери од НР Кина. Подготвила: Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

10

СОРАБОТКА

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија со заеднички документ

Хуан Педро Иманез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и Висар Фида, директор на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции (13.01.2014 година). Пред тоа, Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија одржа пресконференција на која го претстави новоизбраниот претседател, Хуан Педро Иманез Наваро, кој е извршен директор на „Арчелор Митал“ - Скопје. На прес-конференцијата, на која присуствуваше и еден од потпретседателите на Советот на странски инвестиции, Џатин Такрар, директор на „Џонсон Мети Македонија“, бројните претставници на медиумите беа запознаени со работата на Советот во 2013 и предизвиците во 2014 година. -Имам дваесетгодишно искуство во металуршкиот сектор. Се надевам дека токму тоа мое меѓународно искуство ќе ми помогне во водењето на оваа институција, – истакна Хуан Педро Иманез Наваро. – Нашата основна цел е да бидиме партнери на домашните институции кои се поврзани со креирањето на бизнис-климата, но и да даваме мислења по закони и прописи што имаат влијание врз работењето на странските компании во земјава. Во рамките на тоа, ќе посетиме и други градови во Република Македонија, со цел на самото место да се запознаеме за проблемите што ги имаат странските инвеститори. Џатин Такрар посебно подвлече дека годинава треба да биде завршена и промовирана „Белата книга“, врз основа на предлозите и мислењата на странските компании кои работат во земјава.

-„Џонсон Мети Македонија“ има раст на производството и отвори втора производна линија. Ние сме


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

11

ФОКУСИРАНО задоволни што сме во Македонија, што не значи дека немаме проблеми со одредени бирократски процедури. Токму со делувањето на Советот на странски инвеститори ќе се обидеме тие пречки да ги отстраниме, – додаде Такрар. Висар Фида посебно истакна дека очекува со потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија максимално да се подобри бизнисклимата во земјава. Пред потпишувањето на Меморандумот, Хуан Педро Иманез Наваро и Џатин Такрар беа примени од страна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Саво Пејчиновски

Д-р Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје и д-р Ад Ван Мурик, координатор на МБА програмите при Мастрихт школата за менаџмент во Стопанската комора на Македонија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏЕРСКИТЕ ВЕШТИНИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија оствари работна средба со д-р Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје и со д-р Ад Ван Мурик, координатор на МБА програмите при Мастрихт школата за менаџмент (23.01.2014 година). На средбата проф. д-р Марјан Бојаџиев ја презентираше успешната соработка со Мастрихт школата за менаџмент која во идниот период ќе резултира со нови МБА програми во соработка и со оваа меѓународно призната образовна институција. Мастрихт школата за менаџмент е една од најстарите и најпрестижните бизнисшколи во Холандија, со одлична интернационална поставеност и долга традиција на соработка со многу институции ширум светот. Се разговараше и за можноста овие признати МБА програми да бидат полесно достапни за членките на Стопанската комора на Македонија што би овозможило продлабочување на знаењата и експертиза на повисоко ниво кај вработените на менаџерски функции во македонските компании. Стопанската комора на Македонија и Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје веќе имаат воспоставено успешна соработка врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка. Антони Пешев ја изрази поддршката за оваа иницијатива и нагласи дека во претходна консултација со бизнис-заедницата постои можност да се понудат оние програми кои на компаниите им се потребни, а што ќе резултира и со значајно унапредување на лидерството во нив. Средбата овозможи запознавање и размена на информации во врска со деловната клима и функционирањето на коморите во Македонија и Холандија и претставуваше одлична основа за натамошна соработка меѓу бизниссекторот и образовните институции на меѓународно ниво. Симона Ристеска


БИЗНИС ИНФО

12

МОЖНОСТИ

ХОРИЗОНТ 2020 И КОСМЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ И НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ Европската комисија започна со реализација на новите програми за истражување , развој и иновативност за следниот седумгодишен период 2014-2020 година. Акцент на редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија на 20.1.2014 година беше даден на рамковните програми ХОРИЗОНТ 2020 и КОСМЕ. Притоа, беше истакнато дека се тие од интерес за Стопанската комора на Македонија, компаниите и институциите во Македонија, а нивното користење преку проекти ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на компаниите. Реализацијата на овие програми за Европската комисија значи постигнување на целите и приоритетите зададени во Европската стратегија – Европа 2020, како продолжување на Лисабонската стратегија чии приоритети беа вклучени за финансиска реализација преку претходните програми на ЕК – ЦИП и ФП7. Програмата КОСМЕ 2014-2020 е наследник во голем дел на Програмата ЦИП 2007-2013 и Европската комисија ќе ја финансира со буџет од 2,3 милијарди евра кои ќе бидат наменети за поттикнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во текот на следните седум години. КОСМЕ има за цел зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, охрабрување на претприемничката култура, а главен акцент се става на пристапот до финансии за МСП каде со финансиски инструменти од 1,4 милијарди евра Европската комисија сака да им помогне на компаниите да дојдат полесно до неопходните финансии за нови инвестиции, развој и зголемување на конкурентноста . Останатите делови кои ќе се поддржуваат преку оваа програма се пристап до нови пазари и интернационализација на МСП (ЕЕН кој исто така е поддржан финансиски со КОСМЕ ќе биде главен извор на креирање на информации за МСП), како и поддршка на претприемачите, претприемништвото и претприемничката култура. Делот во ЦИП на Екоиновации и Интелигентна енергија во следниот седумгодишен период ќе се реализира преку Хоризонт 2020 во сличен облик. ХОРИЗОНТ 2020 е клучната програма која во следниот период од 7 години со буџет од 80 милијарди евра треба да ги поддржи проектите кои ќе имаат задача да придонесат за постигнување на приоритетите зацртани во Стратегијата Европа 2020. ХОРИЗОНТ 2020 ќе биде основниот инструмент со кој ќе се финансираат проекти од областа на истражувањето, технолошкиот развој и примена за периодот од 2014 до 2020 година. Реализацијата се потпира на три основни столба или приоритети: • врвна наука со 24,4 милијарди евра; • индустриско лидерство со 17 милијарди евра и • општествени предизвици со 29,7милијарди евра.

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

Европската комисија започна со реализација на новите програми за истражување, развој и иновативност за следниот седумгодишен период

Во овие столба се содржат главните цели на Хоризонт 2020, и тоа: • унапредување на науката и на европскиот истражувачки систем; • зголемување и поддршка на конкурентноста и на европското индустриско лидерство; • реагирање на најголемите општествени предизвици со кои се соочува Европа (ресурси, енергија, намалување на ЦО2 и др.). Останатите 4,3 милијарди евра се наменети за поддршка на Европскиот институт за иновации и технологии и Еуроатом (Агенцијата за атомска енергија). Малите и средни претпријатија имаат можност да учествуваат во проекти во рамките на сите три столба на Хоризонт како дел од помали или поголеми конзорциуми. За разлика од ФП7 програмата, условите за учество во проекти сега се симплифицирани и акцент е даден на конкретна примена на истражувачките проекти во малите и средни претпријатија. Најмалку 3 милијарди евра ќе се алоцираат за МСП (во следните 7 години), проекти кои ќе бидат дополнително поддржани и со финансиските инструменти во рамките на КОСМЕ (микрокредитни линии, гарантни фондови, ризични капитални инвестиции итн.). Проектите треба да покажат иновативност и постои можност за аплицирање во неколку фази во рамките на едно претпријатие - од истражување до создавање на прототип, тестирање, дизајн, па се` до комерцијализација на одреден производ. За институциите проектите треба да содржат нови иновативни услуги за поддршка на малите и средни претпријатија и помош во нивна имплементација. Македонските компании и институции треба да се борат за дел од овие средства со квалитетни проекти бидејќи буџетот е наменет за сите земји-учеснички во програмите подеднакво. Повиците за проекти континуирано ќе се објавуваат во текот на целата година и неопходно е секојдневно да се следат интернетстраните на овие две програми. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

Веб-сертификат EXCELLENT SME Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

БИЗНИСМЕНИТЕ ОХРАБРЕНИ ДА ГИ КОРИСТАТ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ Во организација на локалната самоуправа на oпштина Прилеп и Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 16.01.2014 година се одржа работен состанок на бизнис-секторот од регионот со eвроамбасадорот Аиво Орав. Како што е познато, на ниво на oпштина Прилеп успешно функционира Економскиот совет кој претставува советодавно тело на градоначалникот и во него активно учествуваат поголем број видни стопанственици од компании- членки на Регионалната комора со седиште во Прилеп. На закажаната прва седница на Економскиот совет во новата 2014 година активно учество имаше и евроамбасадорот Аиво Орав, кој се запозна со членовите на Советот и со неговото функционирање во изминатиов период, како и со актуелните теми кои се разгледуваат на истиот. Од страна на градоначалникот Марјан Ристески беше искажана голема благодарност до евроамбасадорот и до Европската комисија за одобрените средства од ИПА-фондовите за изградба на пречистителна станица за вода и нова канализациона мрежа во вредност од 30.000.000 евра, како и за други помали донации за изградба на инфраструктурни објекти во општината. Евроамбасадорот Аиво Орав се заблагодари за можноста да присуствува на седницата на Економскиот совет, имаше поопширно излагање за економските прилики во Европската унија и ги охрабри

бизнисмените да ги користат услугите ЕНАС, изразувајќи задоволство од првата посета на општина Прилеп и можноста да ја почувствува незагадената животна средина во градот и околината. Градоначалникот Марјан Ристески пред членовите на Економскиот совет ги презентираше проектите што треба да се реализираат во новата 2014 година, со посебен нагласок на индустриските зони и потенцијалните странски и домашни инвеститори.

БИЕНОТО СИРЕЊЕ НАСКОРО И ВО ПРЕКУОКЕАНСКИТЕ ЗЕМЈИ Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, беше остварена работна посета на новите производствени погони на млекарницата „Мики“ (23.01.2014 година). Оваа прилепска фирма успешно работи 13 години и е во сопственост на фамилијата Василоски. Во неа се вработени 34 лица и е сместена во нови производни погони со вградена најнова технологија која ги исполнува сите меѓународни стандарди за производство на прехранбени производи. Млекарницата „Мики“ е препознатлива по биеното сирење како бренд од овој регион. Денес оваа млекарница е присутна на пазарите во Македонија со тенденција производите да ги пласира и на странските пазари, првенствено во прекуокеанските земји. Млечните производи со знакот„Мики“ се препознатливи по врвниот квалитет. Палетата од 16 производи наскоро ќе биде надополнета со 5 нови производи. Сопствениците на млекарницата „Мики“ изразија голема благодарност до Регионалната комора со седиште во Прилеп за поддршката и промоцијата на нивните производи кои беа изложени

Евроамбасадорот Аиво Орав на седница на Економскосоцијалниот совет на Прилеп

Претставници на Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески ја посетија фирмата „Мики“

на Саемот за прехранбени производи во Верона, Италија, што се одржа во декември 2013 година.


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во организација Регионалната комора со седиште во Прилеп посета на „Баки Комерц“

МОДНАТА КОНФЕКЦИЈА ЌЕ СОШИЕ 3000 УНИФОРМИ И ПРИЛЕПСКИОТ ПИВО- ФЕСТ ЌЕ ЗАЛИЧИ НА МИНХЕНСКИОТ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, беше остварена работна посета на модната конфекција „Баки Комерц“. Оваа конфекција претставува успешна приказна на сопственичката Благица Макреска. Во неа се вработени 55 лица, а своевремено оваа фирма беше препознатлива по изработката на карневалски костими. Денеска „Баки Комерц“ е присутна на пазарите во Холандија преку компанијата „Карма Бела“ со квалитетна женска модна конфекција. Работната посета во прилепската фирма беше мотивирана со запознавање со деловното портфолио на оваа компанија и нивните развојни планови, но со цел логистички да се поддржат и охрабрат помалите бизнис-компании во нивните деловни потфати. Од разговорите водени со сопственичката на фирмата произлезе идејата, за годинешниов фестивал на пивото „Пиво фест Прилеп 2014“ да се произведат и пласираат околу 3000 машки и женски униформи по примерот на минхенскиот фестивал на пивото, но со македонска орнаментика. Идејата е со тоа посебно да се одбележи годинешниот пиво-фест бидејќи Прилепската пиварница

Одржана голема донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Петка“ во Прилеп

ќе слави 90 години од своето основање, а градот Прилеп 1000 години од своето постоење.

БИЗНИС-СЕКТОРОТ ГО ПОМОГНА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВЕРСКИОТ ОБЈЕКТ ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА

Во организација на Иницијативниот одбор за изградба на црквата „Св. Петка“, а со логистичка поддршка на локалната самоуправа на oпштина Прилеп и Регионалната комора со седиште во Прилеп како претставник на бизнис-секторот од регионот, на 19.01.2014 година во хотелот „Сонце“ се одржа голема донаторска конференција. Таа беше наменета за собирање средства за доизградба на црквата „Св. Петка“ која е прва црква што се гради во Прилеп после околу еден век. На донаторската конференција зедоа учество претставници на голем број компании од регионот и членки на Комората, коишто донираа поголема сума на средства кои ќе бидат доволни за да може на 8 август 2014 година да се изврши осветувањето на црквата. Иницијативниот одбор се заблагодари на Регионалната комора со седиште во Прилеп за логистичката поддршка и до компаниите кои донираа поголема сума на средства за несебичната финансиска поддршка и покажаната општествена одговорност кон изградбата на верските објекти.


БИЗНИС ИНФО

16

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА БИЗНИС –ЗАЕДНИЦАТА ОД РЕГИОНОТ СО НОВИНИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Во организација на Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Царинската управа на Република Македонија, на 15.01.2014 година, во Штип се одржа работилница на тема: „Новини при вршење инспекциски надзор во царинските постапки“, на која присутните претставници на бизнис-заедницата од штипскиот регион на непосреден начин имаа можност да се информираат за организационата поставеност, надлежностите и функционирањето на инспекциските органи, со посебен акцент на нивната инволвираност во увозно-извозните царински постапки. Свој настап пред претставниците на бизнисот имаа претставници од: Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за транспорт и Државниот инспекторат за животна средина кои посебно се задржаа на можностите за олеснување и поедноставување на инспекцискиот надзор при царинските постапки преку избегнување на повеќе лиценци за еден вид на стока, поедноставување и забрзување на увозот и извозот од аспект на потребни лиценци, како и за други прашања од нивна надлежност. Во рамките на поставените прашања од стопанствениците, соодветно внимание и` беше посветено на проблематиката при увоз на производи од животинско потекло, реекспортот на пратки од животинско потекло складирани во складишта на привремено чување од аспект на потребните лиценци при нивниот извоз, потоа на инспекцискиот третман на резервните делови за машините за

„Веропулос – Скопје“ го отвара прв ресторан на „Гудис“ во главниот град на земјава

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

Работилница во Штип во организација на Стопанската комора на Македонија и Царинската управа

производство на храна, третманот на веќе еднаш термички обработените увозни суровини, одредени проблеми во функционирањето на EXIMсистемот, недостатоци во ознаките на тарифните броеви за одредени производи и др. Со цел за надминување на присутниот проблем со преклопување на повеќе лиценци при увоз на одредени производи, од претставниците на Царината и на инспекциите беше укажано дека за надминување на истиот интензивно се работи во насока на издавање и признавање на само една лиценца. Директните средби на бизнис-заедницата со надлежните државни институции, како и до сега и овој пат предизвикаа голем интерес, пред се` поради можноста за отворени дискусии на актуелни прашања од делокругот на нивното работење, надминување на евентуални проблеми и градење на поинтензивна меѓусебна соработката, во која насока беше нагласена отвореноста за натамошно нејзино продлабочување.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ВКУСНА И ДЕЛИКАТЕСНА ХРАНА СО СПЕЦИФИЧЕН МЕДИТЕРАНСКИ ВКУС

Првиот ресторан на ланецот за брза храна „Гудис“ ќе биде отворен в петок во „Веро Центарот“ во Скопје. Франшизата ја има Веропулос - Скопје. - Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според Super za cel grad највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус, вели Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Гудис денес има над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји. Дневно имаат 500.000 потрошувачи. (МИА)


БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

17

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Комерцијлна банка повторно на врвот

НАЈДОБРА БАНКА ВО ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

Светскиот магазин посветен на финансиското работење Global Finance, повторно ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија во давање услуги за девизно работење за 2014 година. Изборот на најдобри банки за девизно работење во светот е направен од уредниците на магазинот Global Finance, во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, согласно критериумите големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии. (Комерцијaлна банка)

TТК Банка

НАМАЛЕНИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА КРЕДИТИТЕ И ДЕПОЗИТИТЕ

Согласно намалувањето на висината на референтната каматна стапка на НБРМ од почетокот на годинава , ТТК Банка изврши соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за физички лица. За 0,25 пп намалени се каматните стапки за одредени ненаменски потрошувачки кредити, кредитите достапни преку соработници, кредитните картички, пречекорувања на трансакциска сметка, кај кои каматната стапка ја надминува законската казнена камата. Ова намалување се однесува како за новите така и за постоечките корисници на овие производи. Исто така, Банката од 01.01.2014 година ги намали и каматните стапки на одредени депозитни производи за физички лица.

(Соопштение на ТТК Банка)

„Македонски телеком“

ЕВЕРНОТ ДОСТАПЕН И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОРИСНИЦИ

Дојче телеком и Евeронот го проширија партнерството на 12 пазари во Европа, меѓу кои е и Македонија. Со Евернот, корисниците може да запишуваат прибелешки, да спојуваат веб страници, да прават исечоци од написи, да прават списоци за работи што треба да ги направат, како и аудио снимки со нивните мобилни телефони. Корисниците на ДТ кои ќе ја активираат апликацијата до 2 октомври 2014 година, ќе може да ја користат бесплатно 6 месеци со симнување преку он-лајн продавниците за апликации. Корисниците кои ќе ја искористат промоцијата ќе имаат придобивки и од напредните карактеристики, како што се зголемен аплоад капацитет од 1 ГБ месечно, офлајн користење на преносливиот компјутер и забрзано вчитување на сликата. Апликацијата ќе биде претходно инсталирана на aндроид во портфолиото на мобилни телефони во првиот квартал од 2014 година. Верзиите на локалниот јазик се веќе достапни во Австрија, Унгарија, Холандија, Полска и Романија, додека верзијата на англиски јазик на Евернот е достапна за останатите пазари. Дојче Телеком го промовира Евернот во Албанија, Австрија, Хрватска, Република Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Холандија, Полска, Романија, Словачка. Во моментов, Евернот има над 4 милиони корисници во Европа. Дојче телеком ја претстави апликацијата во Германија во 2013 година. (Македонски телеком)


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПРОИЗВЕДЕНИ 395 МИЛИОНИ КИЛОВАТ ЧАСОВИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕГИЈА

ХЕЦ „Шпилје“ произведе 57 отсто повеќе струја во 2013 година

Во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар лани се произведени 395 милиони киловат часови електрична енегија што е 57 отсто повеќе од годишниот план. Ланското поризводството е поголемо за 156 милиони киловат часови од претходната година. Тоа, велат надлежните, се должи на поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, посебно во периодот февруаримај, и оптимизацијата на производните капацитети. - Годишниот план од 252 милиона киловат-часови беше реализиран во средината на летниот период. Во 44-годишното постоење, историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено пред четири години, поради исклучително поволната хидрологија, велат во „Шпилје“. Во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментно има резерви за произвдство на над 40 милиони киловат часови, а средниот дотек е 21 метар кубен вода во секунда. (МИА)

ГОДИНАВА ВЛОЖУВАЊЕ НА 15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ИЗГРАДБА НА ЛИНИЈАТА ЗА СЕКУНДАРНА СЕЛЕКЦИЈА

Прилеп е еден од ретките градови каде успешно се применува примарната селекција на отпадот

Прилеп е еден од ретките градови каде успешно се применува примарната селекција на отпадот, а се подготвува и за изградба на хала за секундарна селекција. Ова беше истакнато на прес-конференција на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на која раководството на претпријатието направи пресек на сите активности (17.1.2014 година). - Во 2012 и 2013 година се набавени 11 илјади корпи за отпадоци и распределени во домаќинствата со што 55 отсто од градот е опфатен со примарната селекција на отпадот. Овој модел е по примерот на многу европски градови, изјави Златко Ристески, директор на прилепски „Комуналец“. За набавката на корпите претпријатието досега инвестирало 12,39 милиони денари. - Доколку дозволат финансиските услови годинава треба да се набават уште 9.000 корпи за комплетно да бидат опфатени сите домаќинства, посочи Ристески. Со примарната селекција на отпадот на јавните површини и пред институциите претпријатието спроведува проект од 2008 година. - Направени се 400 еколошки острови, има контејнери за селекција, за ПЕТ амбалажа од пластика која може да се рециклира, за хартија и за биоразградлив отпад. Вкупната инвестиција за примарната селекција на јавните површини е над 18 милиони денари, а имаме набавено и возила во вредност од 14 милиони денари, објасни Ристески. Локалната самоуправа и претпријатието изработија проект за секундарна селекција на отпадот со изградба на хала, а инвестицијата е околу 15 милиони денари. - СЕ чека само градежната дозвола. Линијата за секундарна селекција во вредност од 12 милиони денари е набавена од фирмата „Техникс“ од Хрватска. Таа ќе овозможи да се реселектира отпадот кој со години се носел на депонијата кај селото Алинци. Тоа ќе придонесе депонијата да се затвори и да имаме почиста животна средина, потенцира Ристески. Во тек е постапка и со одлука на Управниот одбор на „Комуналец“ ќе се купи приватно земјиште за изградба на компостара со сопствени средства. Со ова биоразградливиот отпад ќе се преработува во компост кој е применлив во земјоделството и овоштарството. До 2015 година дури 70 отсто од отпадот во Прилеп ќе се рециклира. Годишно во градот се депонираат 30.000 тони отпад. Во ЈКП „Комуналец“ во моментов се изработува и проект за санитарна депонија од помал обем за остатоткот од нерециклираниот отпад. Ваквата депонија ќе се реализира само доколку се случи навреме да не профункционира регионална депонија. (МИА)


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

19

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Врачена наградата „Личност на годината“ на весникот „Нова Македонија“ за 2013 година

МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ И БИЗНИСМЕНИТЕ КОЧО АНЃУШЕВ И ИСКРА ВЕТАЏОКОСКА-МУЦУНСКА

Десеттемина најистакнати поединци во Македонија во 2013 година, според изборот на редакцијата на „Нова Македонија“, денеска ја примија наградата „Личност на годината“ која најстариот весник во државата ја востанови во 2012 година. Лауреати на второто доделување на признанието се: бизнисмените Кочо Анѓушев и Искра Ветаџокоска-Муцунска, научникот Александар Димитров, пратеникот Павле Трајанов, писателката Лидија Димковска, владиката Пимен, кошаркарот Перо Антиќ, преведувачот Драги Михајловски, музичарот Александар Коловски и алпинистката Илина Арсова. Наградата - признание и статуетка во вид на паун, им е доделена затоа што со своите дела ја одбелжале 2013 година во различни сфери од јавниот живот и придонеле за афирмација на Република Македонија. Признанијата на лауреатите или на нивни претставници им ги врачи главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“ Зоран Димитровски. Рече дека тие се пример како треба да се бориме за Македонија и јунаци во година на, како што рече, се уште тежок живот за граѓаните, драматично заминување на младите од државата, безизлез од блокадата на Грција за нашите евроатлантски интеграции, неподнослива партиско-парламентарна борба и заострување на состојбата во медиумите и слободата на изразувањето. - Некои од нив си ја ризикуваа својата политичка и општествено-статусна комоција за да проговорат за неправдите, за потребата од повеќе слобода и демократија, за државен консензус за националните приоритети, а други, пак, во своите области не се штедеа и постигнаа извонредни резултати на домашен и на меѓународен план, кои ја извлекуваат нашата држава од тунелот на анонимноста, изолацијата и самодоволноста и ја крепат нашата надеж дека на Македонија и на сите кои живееме тука веќе утре ќе ни биде подобро, истакна Димитровски. Признанијата им ги честиташе и директорот на „Нова Македонија“ Ратко Лазаревски кој рече дека десеттемина го заслужуваат приматот најдобри зашто се избрани по широки дебати на новинарите на првиот дневен весник во Македонија, кој оваа година ќе прослави 70-годишен јубилеј од излегувањето на првиот број (28 октомври 1944). Стопанственикот Кочо Анѓушев од „Феро инвест“ - косопственик на компанијата „Брако“, е меѓу најголемите инвеститори во обновливите извори на енергија, со производствени погони во околните земји и лидер на Балканот во својата област. Научникот Александар Димитров прв во Македонија на досега непознат начин успеа да синтетизира графен (во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет), кој се користи во електрониката. Пратеникот Павле Трајанов е поброник против долгото траење на мерката притвор и предложи измени на законот за намалување на затворска казна за откривање идентитет на заштитен сведок, за што минатата година беше затворен новинар од „Нова Македонија“. Писателката Лидија Димковска, која живее и твори во Словенија, за вториот роман„Резервен живот“ ја доби наградата за литература на Европската унија, а на доделувањето во Брисел одржа краток политички говор за почит во одбрана на името на Македонија. Г. Пимен, митрополит на Европската епархија со седиште во Малме, успеа да направи цврста црковна заедница во Европа и стана омилен меѓу верниците преку социјалните мрежи откако прв меѓу владиците јавно се спротивстави на забраната за користење Фејсбук. Кошаркарскиот репрезентативец Перо Антиќ стана прв Македонец што заигра за професионална НБА-лига и тимот на „Атланта“, откако ја одбрани шампионската титула во Евролигата со „Олимпијакос“, а сезоната ја заврши како трет на листата на скокачи во одбрана на Фајнелфорт турнирот во Евролигата. Косопственичката и управителка на компанијата за здрава храна „Виталија“ Искра Ветаџокоска-Муцунска го афирмираше брендот „од Македонија“ во 30-ина земји на светот, а неодамна нејзините производи беа пласирани и во Саудиска Арабија, Австралија и Монголија. Проф. Драги Михајловски по 30 години преведувачка дејност, во 2013 го заврши и промовираше преводот на сите дела на Шекспир на македонски јазик (37 драми и 154 сонети на 1654 страници) и неговиот подвиг беше оценет како културен настан рамен на преводот на Светото писмо. Хармоникашот Александар Коловски, најмлад меѓу десетте годинашни лауреати, лани победи на 38. светски натпревар за хармоника во Кастелфидарадо, Италија, во сениорска категорија за вариете музика, меѓу 500 натпреварувачи од светот, и стана светски првак по четврти пат. Алпинистката и академска сликарка Илина Арсова во мај 2013 година стана прва жена од Македонија која се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, а планира да се качи на највисоките врвови на сите континенти и на 14-те врвови во светот кои се повисоки од 8.000 метри.(МИА)


БИЗНИС ИНФО

20

ПОРАКИ

ПОВЕЌЕ ВРЕДНОСТИ, ПОМАЛКУ „ГЛУПОСТИ“

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

Желбите на водачите на земјитечленки на ЕУ за 2014 година претежно сконцентрирани на економијата

Некои претседатели и премиери на земјите-членки на ЕУ не ја споменаа Европската унија во своето обраќање на крајот од годината, но сепак голем број од нив го сторија тоа. Мрежата „Еурактив“ ви нуди кус преглед на изјавите:

Франција: Подготовка за изборите во ЕУ

Традиционално, претседателот на Франција, во моментов Франсоа Оланд, испраќа не една, туку неколку пораки: за народот на Франција, за Владата, за војската, за дипломатскиот корпус, за деловната заедница и за печатот. Се разбира, не го заборава ни персоналот во Елисејската палата. Што се однесува до содржината, францускиот претседател Франсоа Оланд во своите новогодишни желби се сосредоточи на економските прашања и невработеноста. Тој оцени дека растот на невработеноста е побавен, но и најави нова „спогодба за одговорност“ за фирмите, ветувајќи помали даноци за субјектите кои создаваат работни места. Всушност, оваа идеја ја предложи Сојузот на работодавачи „Медеф“ пред неколку месеци. Оланд се осврна и на европските избори кои ќе се одржат во ЕУ во мај годинава. Според него, фокусот треба да се стави на растот и невработеноста, а не на штедењето и националниот егоизам.

Германија: Акцент на семејните вредности

Во своето годишно обраќање на 31 декември, германската канцеларка Ангела Меркел се осврна на човечките вредности и ги посоветува своите сонародници да земат учество во водењето на државата по патот на успехот. Според Меркел, секој успех се потпира на „истрајноста, посветеноста и чувството за сплотеност“ кај секој поединец. Германската канцеларка, која нејзиниот народ ја нарекува „мама“ поради мајчинските совети и постапки, рече дека Владата ги смета семејствата за „срцевина на општеството“ и целосно се посветува да обезбеди „најдобро образование за децата и за младите луѓе“.

Шпанија: Рецесијата е „зад нас“

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој нагласи дека рецесијата која ја погоди Шпанија е „зад нас“ и додаде дека „во втората половина на годината шпанската економија успеа да оствари скромен раст“. Во однос на најавата за референдум за независност на Каталонија, Рахој го повтори својот став: „Референдумот е неуставен и не може да се одржи“.

Италија: Подобра искористеност на парите од ЕУ

Италијанскиот претседател Џорџио Наполитано повеќе се осврна на Европската унија. Италија треба да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ во втората половина на годината. Претседателот рече дека Владата на Енрико Лета прави сè за да закрепне и да ги искористи милијардите евра, особено оние наменети за јужниот дел од земјата, за кои постои опасност да останат неискористени, а со тоа и да се изгубат како средства. Исто така, италијанскиот претседател говореше за економската криза што ја погоди неговата земја и рече дека единствениот начин Италија да се справи со неа е да преземе и да спроведе одлучни и заеднички мерки со кои ќе го обнови економскиот раст и ќе создаде нови работни места.


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

21

ПОРАКИ Наполитано се повика на традиционалните вредности на ЕУ, мирот и солидарноста, и рече дека Италија заедно со другите земји-членки ќе вложи напори да ги промовира тие вредности во целиот свет.

Полска: „Огромен износ на пари од ЕУ“

Полскиот претседател Бронислав Коморовски во своето новогодишно обраќање ги спомена фондовите на ЕУ и го нагласи „позитивното влијание“ кое членството на ЕУ го има на неговата земја и „огромниот износ на пари“ кој успеа да го обезбеди за буџетскиот период од 2014 до 2020 година. Навистина, Полска досега има добиено најголем износ на кохезиски фондови - дури 72,5 милијарди евра. На второ место е Италија, која ќе добие 29,2 милијарди евра. Според Коморовски, успехот на полските преговарачи е одлична можност да се забрза развојот на целата земја, но и на одделните области или градови.

Британија: Исус и пророкот

Некои претседатели и премиери не се осврнаа на ЕУ во своите говори. Во својата божиќна порака, британскиот премиер Дејвид Камерон не го спомена Брисел, но говореше за Исус, за пророкот Исаија и за папата Францис.

Словачка: Одбележување на десетгодишнината од влезот во ЕУ

Претседателот на Словачка Иван Гашпаровиќ во своето новогодишно обраќање не говореше многу за ЕУ, но спомена дека Словачка во 2014 година ќе ја одбележи десетгодишнината од влегувањето во Европската унија. Всушност, на 1 мај 2004 година Полска, Чешката Република, Словачка, Унгарија, Литванија, Латвија, Естонија, Малта и Кипар станаа земји-членки на ЕУ. Гашпаровиќ единствено нагласи дека е важно што земјата е партнер од доверба во НАТО, ЕУ и во еврозоната, каде Чешка влезе на 1 јануари 2009 година.

Романија: Нови соседи од ЕУ

Претседателот на Романија Трајан Басеску во своето новогодишно обраќање покрај граѓаните на Романија ги спомена и тие на Молдавија, каде е раширена употребата на романскиот јазик. Тој рече дека по влегувањето во ЕУ, следниот голем проект на Романија треба да биде соединувањето со Молдавија. Оваа изјава изненади многумина во соседната земја, но и во ЕУ.

Чешка Република: „Глупости“ во ЕУ

Се чини дека пораката на чешкиот претседател Милош Земан е најсликовита. Тој рече дека „Европската унија треба да престане да се занимава со глупости и детали, како што се штедливите сијалици, и да го насочи вниманието на битни работи, на пример, натамошната евроинтеграција“. Земан, кој стапи на функција во март минатата година на местото на Вацлав Клаус, додаде дека тој ветил подобрување на односите меѓу Чешка и институциите на ЕУ. Република Кипар: Заеднички до оптимистичка иднина Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис испрати новогодишна порака до „Еурактив“: „Целосно сум свесен за многубројните предизвици со кои се соочува ЕУ, но сметам дека можеме оптимистички да гледаме на иднината ако вложиме заеднички напори. Всушност, долгорочните перспективи се позитивни. Развојот на енергетскиот сектор ќе го зацврсти новиот статус на Кипар, кој се смета за иден снабдувач на природен гас, а можеби и на нафта. Можеме да станеме симбол за стабилност и просперитет во источномедитеранскиот регион. Се разбира дека и ЕУ ќе има придобивки од ова. Најмногу од сè, се надеваме дека во 2014 година Кипар повторно ќе се обедини, процес кој ќе има позитивно влијание и за регионот, и за ЕУ. Нашите напори се искрени. Ако Турција и водството на кипарските Турци покажат еднакво ниво на добра волја, ние можеме да дојдеме до решение за доброто на сите жители на Кипар. (Мрежата „Еуроактив“)


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАКЕДОНСКО-ИРАЧКИ БИЗНИС-ФОРУМ (БИЗНИС- На 28 јануари 2014 година СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД СЕВЕРЕН ИРАК) Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Сулејманија, Северен Ирак, го најавува одржувањето на Македонско-ирачкиот бизнис-форум и билатерални бизнис-средби со компании од Северен Ирак. Група ирачки бизнисмени, во периодот од 27.01 до 3.2. 2014 година, ќе ја посетат Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании.Станува збор за ирачки компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар на: сите видови прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам и друго. Бизнисмените од Ирак истовремено ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-ирачки бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори со ирачките компании од неколку стопански сектори (список во прилог). Деловните средби ќе се одржат на 28 јануари 2014 година

во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 11 часот, сала 4, 5 кат. На 29 јануари 2014 г. планирана е нивна посета на македонски компании коишто ќе изразат интерес наведен во пријавниот лист. Контакт лице : Љубица Нури Тел: ++ 389 2 3244045 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: nuri@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

„ЗАКОНСКА РАМКА И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ХИПОТЕКА“ ПРОГРАМА: 1. Настанување на заложно право - Посебен осврт на содржината на нотарски акти - Опис на недвижности, забелешка, припадоци и прирастоци, земјиште - Тек на постапката - Намирување, правни последици од успешно спроведена постапка 2.Пристапување кон извршување - Можност за успешна реализација на хипотека - Достава на акти во извршна постапка заради реализација на хипотека до должник 3.Правни прашања поврзани со рамковен револвинг кредит 4. Дилеми околу паралелно спроведување на извршување заради 5.Спроведување на продажба и предавање во владение на недвижноста 6.Правни последици од отворени стечајни постапки 7.Престанок на заложното право 8.Предлог измени предвидени со Нацрт законот за извршување 2014 Предавачи: * Гордан Станковиќ, Претседател на Комора на извршители на РМ , именуван за извршител за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје

Семинар

2 Скопје, со претходно долгогодишно искуство во должничко –доверителски односи како адвокат и свое учество како член на Комисијата за надзор над имплементирање на Законот за парничната постапка во рамки на Министерството за правда на РМ; член на Испитна комисија за испит за стечаен управник, член на Комисијата за изработка на предлог подзаконските акти на Законот за извршување во 2006 година во рамки на Министерството за правда на РМ, член на Комисијата за изработка на предлог измени на Законот за извршување во 2013 година во рамки на Министерството за правда на РМ . * Весна Деловска , извршител именуван за подрачје на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, дипл. Правник со положен правосуден испит и испит за извршители и со работно искуство од над 22 години исклучиво на правни работи. Контакт лице : Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ И ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ’’

Семинар

28.01.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ:

1. Вовед 2. Општи одредби 3. Дефиниции на девизно работење

II. ТРАНСАКЦИИ И ТРАНСФЕРИ 1. Трансакции меѓу нерезидени и резиденти 1.1. Трансакции меѓу резиденти 1.2. Еднострани трансфери на средства (промена на статусот резидент-нерезидент) 2. ТЕКОВНИ ТРАНСАКЦИИ 3. КАПИТАЛНИ ТРАНСАКЦИИ 3.1. Директни инвестиции на резиденти во странство 3.2. Директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија 3.3. Пренос на добивка, повлекување на средства и ликвидација на директната инвестиција III. ВЛОЖУВАЊЕ ВО НЕДВИЖНОСТИ 1. Вложувања на резиденти во недвижности во странство 2. Вложување на нерезиденти во недвижности во Република Македонија IV. РАБОТИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 1. Издавање и воведување на домашни хартии од вредност во странство 2. Вложувања на резиденти во хартии од вредност во странство 3. Издавање и воведување на странски хартии од вредност во Република Македонија 4. Вложување на нерезиденти во хартии од вредност во Република Македонија 5. Директни инвестиции врз основа на вложување во хартии од вредност 6. Работи на инвестициони фондови V. КРЕДИТНИ РАБОТИ КРЕДИТИРАЊЕ МЕЃУ РЕЗИДЕНТИ И НЕРЕЗИДЕНТИ 1. Кредитирање меѓу резиденти во странски пари 2. Кредитни трансакции на Република Македонија VI. ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИНВЕСТИЦИСКО ЗЛАТО 1. ДЕПОЗИТНИ РАБОТИ СМЕТКИ НА РЕЗИДЕНТИ ВО СТРАНСТВО 1.1. Сметки на нерезиденти

VII. ПАЗАР НА СТРАНСКИ ПЛАТЕЖНИ СРЕДСТВА И КУРС НА ДЕНАРОТ VIII. Заклучоци Предавачи: 1. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. 2. Д-р Александар Костадиновски, дипломира и магистрира на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј, на департманот сметководство и ревизија. Докторската дисертација ја одбранува 2009 година исто така на Економскиот факултет во Скопје. - Лиценциран вештак; - Професор на Економски Факултет „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – Штип - овластен проценител на капиталот на трговски друштва Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Приавување до 27.01.2014 година. Контакт лице : Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Cеминар

„ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА“

Процесните дејствија, навремени подмирувања на должничко доверителските односи и каматните задоцнувања согласно облигациониот однос29.01.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат ПРОГРАМА „Закон за финансиска дисциплина” I. НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Носители на финансиска дисциплина II. ЈУРИСДИКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 1. Деловни трансакции 2. Eкономски оператори 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор III. ПОИМИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ОВОЈ ЗАКОН 1. Деловна трансакција 2. Субјекти од јавен сектор 3. Економски оператори од приватниот сектор 4. Парична обврска 5. Фактура 6. Задоцнето плаќање 7. Законска казнена камата 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор IV. РОК ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ 1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите

V . ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ДОЦНЕЊЕ 1. Парични обврски кои не се исполнети во предвидениот рок 2. Право на камата 3. Делумно намирени парични обврски VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО 1. Финансиска инспекција во јавниот сектор VII. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. Љубомир Јорданов, државен советник во Министерството за финансии, член на Второстепената комисија за одлучување на решенија донесени од страна на Управата за јавни приходи и 2. доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 28.01.2014 година. Контакт лице : Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Cеминар

„НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА И КРИВИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПРАВНИТЕ ЛИЦА“

29.01.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат ПРОГРАМА “НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА” I. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА; 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Пресумпција на невиност II. ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Права и обврски на јавниот обвинител 2. Надлежност на јавниот обвинител 3. Раководна улога на јавниот обвинител во предистражната постапка 4. Откажување на јавниот обвинител од кривично гонење 5. Условно одлагање на кривичното гонење 6. Непреземање на кривично гонење III. Истражни центри на јавното обвинителство -ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Должности на правосудната полиција 2. Овластувања на Управата за финансиска полиција и Царинската управа 3. Состав на правосудната полиција 4. Службеници доделени на јавниот обвинител по потреба 5. Функционално располагање со правосудната полиција IV. ОБВИНЕТ И БРАНИТЕЛ 1. Права на лице повикано, приведено или лишено од слобода 2. Права на обвинетиот

3. Право на бранител 4. Заеднички бранител за повеќе обвинети и повеќе бранители за еден обвинет V. Kривично дело и кривична одговорност кај правните субјекти 1. Услови за кривична одговорност на правно лице 2. Граници на одговорноста на правното лице 3. Одговорност во случај на стечај и промена на статусот на правното лице VII. Заклучоци Предавачи: 1. Наум Паноски, Јавен обвинител (Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција) 2. Доц. Д-р Атанас Козарев, професор на факултетот на правни наукикатедра за казнено право Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 28.01.2014 година. Контакт лице : Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СРЕДБА СО НОВОИМЕНУВАНАТА АМБАСАДОРКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ШВЕДСКА И ФИНСКА

Унапредување на стопанската соработка

Со цел поддршка на компаниите за подобро позиционирање на шведскиот и на финскиот пазар, Стопанската комора на Македонија организира средба на членките со Александра Наќева Ружин, новоименуваната амбасадорка на Република Македонија во Шведска и во Финска. На средбата, амбасадорката ќе ја презентира својата мандатна програма, со особен осврт врз економски прашања, со цел унапредување билатералните економски односи. Со оглед на интерактивниот карактер на средбата, македонските компании ќе имаат можност директно да ги пренесат своите искуства и предлози за презентација и промоција на нивните производи и услуги на пазарите во Шведска и Финска, како и потребите од воспоставување конкретни деловни контакти. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите македонски компании заинтересирани за позиционирање на овие пазари (увозници, извозници, дистрибутери, застапници, трговци на големо и мало, трговски агенти, консултанти, инвеститори) да ја искористат оваа средба за унапредување на своите бизниси во 2014 година. Средбата ќе се одржи на 30 јануари 2014 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала на 3 на 3. кат. Контакт лице : Љубица Нури Тел: ++ 389 2 3244045 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: nuri@mchamber.mk

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ МЕНАЏМЕНТ ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА На 30 Јануари 2014 година во Стопанска комора на Македонија ќе се одржи презентација на проектот „Подобрување на управувањето со енергијата во македонската индустрија“ . Проектот ќе придонесе кон подобрување на енергетските перформанси и перформансите во животната средина кај малите и средни претпријатија од македонската прехрамбена индустрија. Воедно, ќе ги унапреди нивните капацитети со цел намалување на енергетската потрошувачка и ќе овозможи полесна идентификација на мерки за штедење на енергија. Исто така, ќе придонесе кон подигнување на свеста за енергетски менаџмент и намалување на трошоците преку подобрено управување со енергијата, како и промоција на стандардот за управување со енергијата и негово воведување во македонските компании. Презентацијата ќе се одржи во Стопанска комора на Македонија , сала 4 на 5-ти кат со почеток во 9,30 часот.

Контакт лице : Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk

Презентација

Контакт лице : Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

„РЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА ПЛАСМАНИТЕ И ОПОРАВУВАЊЕ НА СМЕ И НА КОРПОРАТИВНИТЕ КЛИЕНТИ“

(перспектива на менаџмент на ризик) 6-8.02.2014 година (четврток-петок) Хотел „Парк” - Белград /www.hotelparkbeograd.rs ПРОГРАМА: Прв ден * Вовед во моменталната тековна, економска и пазарна состојба и влијанието врз кредитирањето на банките и наплатата на долговите * Терминолошко појаснување – Работна и дистерсна репрограма на побарувањата – Реструктуирање на побарувањата и работењето – Опоравување на должниците – Регулаторска преферирана терминологија - резервациски третман на различни типови на финансиски репрограми * Предвидување на реструктурирањето – Деловен циклус и циклус на обртен капитал – Потребите од податоци и анализа на клучните финансиски показатели – Динамиката на рејтингот во рамките на кредитното портфолио – Процес од анализата на финансиските извештаи до собирање на потребните податоци од терен – Идентификација на реалната и финансиската состојба на должникот – EWS и предвидување на реструктурирањето – како да се започне навремено Втор ден * Управување со реструктурирањето * Финансискиот аспект на реструктурирањето – Анализа на клучните работни процеси – да се разбере од каде и како настануваат финансиските податоци – Предлози како да се воспостави усогласеност во билансот – Реструктурирање на билансот на успех * Менаџерски апсект на реструктурирањето – Важноста на воспоставувањето дијалог со сите стејкхолдери – Наплата на побарувањата и одредување на оптимално ниво на вклученост во процесот на преструктурирање со работа со клиентот * Оптимална структура на на реконструкција на побарувањата – Потенцијални примарни и секундарни извори за наплата – Од контрола на планот за работењето до активната асистенција при изработка на план за наредниот период – Воспоставување на ефективен надзор за наменско трошење на средства * Реалната состојба од реструктурирање на кредитите (примери од моменталната состојба во Хрватска)

* Лекции од досега иницираните предстечајни спогодби * Зголемените кредитни стандарди и успешност од реструктурирањето во моменталната пазарна и економска состојба * Од менување на дел од долгот во сопственички удел до отпишување на долгот * Рехабилитација на должникот * Евалуација на рејтингот на клиентот * Промени во капиталните пондери и динамика на ослободување на резерви * Оптимална организациска поддршка за рехабилитација на должникот ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство . Работен јазик на семинарот: хрватски. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 9.990 + ДДВ (11.788 денари) Во цената на аранжманот вклучено е: - превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 6 февруари 2014 година во 6:00 часот и враќање на 8 февруари во попладневните часови); - 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. * Пријавување до 25 јануари 2014 година. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Контакт лице : Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“ Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година. Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори. Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори: -тур-оператори и агенти; - хотели, мотели и кампување; -здравје и спа-центри; -агро и екотуризам; -активен туризам; -сообраќај (автобус, железнички и воздушен); -осигурување и финансирање;

На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска

-инвестирање во туризмот; -угостителски објекти: храна и пијалаци; - понуда и побарувачка на гастрономски производи; -интернет-туризам и др. Придобивки за Вашата компанија: -идентификација на нови потенцијални партнери пред регистрација за да се обезбеди ефикасност; - да се зголеми бројот на нови контакти преку претходно закажани деловни средби; -да се запознаат нови потенцијални партнери и да се развијат идни партнерства; -добивање поддршка од Enterprise Europe Network; -слободен влез за „ГАСТ“; -учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски Европски информативен и иновативен центар Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk

МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговскоиндустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнисодноси меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизниссоработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст. Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина. Пријавување до 7 февруари 2014 година.

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

На 24 април 2014 година во Киев, Украина Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

www.mchamber.mk Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на мебел за кујни, дневни, детски и спални соби. Валидност дo: 26.3.2014 година Компанија од Велика Британија заинтересирана е да пласира 3Д печатачи во Република Македонија. Валидност дo: 26.3.2014 година Компанија од Велика Британија заинтересирана е за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија за пласман на урбана опрема, улични корпи за отпадоци, покриви за

пешачки патеки, постројки за автобуски станици и сл. Валидност дo: 25.02.2014 година Компанија од Португалија бара дистрибутер во Република Македонија на разни пакувани прехранбени производи. Валидност дo: 27.3.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јаткасти производи, смокви, суво грозје и урми. Валидност дo: 27.3.2014 година

Компанија од Велика Британија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на генератори. Валидност дo: 27.3.2014 година Компанија од Велика Британија заинтересирана е да пласира во Република Македонија широк спектар на 3D скенери, 3D печатачи како и услуги за 3D скенирање и печатење. Валидност дo: 27.3.2014 година Компанија од Белгија заинтересирана е да соработува со компании во Република Македонија кои би продавале големи


петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА количини и по многу ниски цени нови производи добро спакувани, кои се останати по одржани разни акции, чевли, облека, палта, играчки, домашни текстилни производи, кујнски елементи и многу други работи. Валидност дo: 27.3.2014 година Компанија од Република Македонија заинтересирана е да пронајде партнер за заедничко вложување во производство на кревети со јадро од пружини по принцип душек на душек изработени од ткаенини или еко кожа, а поставени се на ногарки или тркалца со широчина 160 -200 см и висина 23 см. Валидност дo: 28.7.2014 година Компанија од Турција заинтересирана е да соработува во областа на рециклирање на електронски отпад во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година Компанија од Грузија заинтересирана е да отвори фабрика во Република Македонија за рециклирање на киселина, олово и пластика од стари акумулатори. Валидност дo: 28.4.2014 година

Компанија од Украина бара пласман на уреди за мерење на електрична енергија за општа намена, специјални уреди за мерење на електрична енергија за енергетика, пруги, нафтогасен комплекс и мозаички диспечерски штитови за претпријатија за енергетика и железници во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година Грчка компанија бара застапник во Република Македонија на медицински електронски апарати за мерење притисок. Валидност дo: 28.4.2014 година Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија со жлебови за производство на картон. Валидност дo: 29.4.2014 година Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира автоматски машини и линии за пакување на козметички, фармацевтски, хемиски производи во течна или полутечна состојба, како и храна во Република Македонија. Валидност дo: 29.3.2014 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени палети за транспорт на стоки. Валидност дo: 29.4.2014 година Компанија од Велика Британија заинтересирана е да соработува со произведувачи на печурки во Република Македонија со понуда на расад, а потоа откуп на печурки тартуфи. Валидност дo: 29.4.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални ѓубрива и други иновативни производи за овоштарство, раноградинарство и земјоделство. Валидност дo: 29.3.2014 година Компанија од Полска бара соработка со стоматолошки ординации во Република Македонија за пласман на стоматолошки инструменти и материјали. Валидност дo: 2.3.2014 година Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 24 Јануари 2014, Бр. 163

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk М-р. Александар Кедиоски тел: : (02) 3244052, aleksandar@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.