bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Број 277
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
www.mchamber.mk
goodini
192
2 - 2016
23.9.2016
ЗАЛАГАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО НА НЕМЕТАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ
МАР
Македонска асоцијација на рударството Македонска Асоцијација на Рударството
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
B
C
UR
O
НИКО
SE
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО
МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО - МАР Залагање за поголемо производство на неметалните производи
Според статистичките податоци за 2015 година, во секторот рударството и вадење камен активни се 173 компании, кои учествуваат со 10,1% во структурата на индустриското производство, додека кај преработката на неметални минерали активни се 332 компании со учество во структурата со 5,14%. Бројот на вкупно вработените изнесува околу 12.600 работници со учество од околу 1,7% во вкупно вработените во земјата. БДП во рударството бележи континуиран раст, почнувајќи од 2005 година, со постепеното рестартирање на рудниците за метали, Бучим, Саса, Тораница и Злетово, така што од тогашни 0,5% учеството на БДП во 2015 година веќе е двојно зголемено и учествува преку 1%. Но, со повторното рестартирање на Злетово и Тораница, но и на други нови рудници, ќе се очекува и поголемо производство, а со тоа и учеството БДП на рударството да се зголеми. Индустриското производство за седумте месеци од 2016 година, споредено со
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ истите месеци од 2015 година бележи намалување за 9,1%, при што треба да се спомене дека затварањето на двата рудника за олово и цинк имаат свое влијание на вкупниот процент. Намалување на индустриското производство има и кај експлоатацијата на други руди и камен за 6,8%, на пример кај мермерите и други минерали, додека кај производството на неметални производи има зголемување од 17,7% за анализираниот период. Во 2015 година, остварен е вкупен извоз од околу 155 милиони долари во секторот рударство, со учество од околу 3,4% во вкупниот извоз на земјата, додека во истиот период увозот во секторот рударство, изнесува околу 115 милиони долари, со учество од околу 1,6% во вкупниот увоз. Кај производството на нематални минерали извозот изнесува 51милион долари и има 1,1% во вкупниот извоз, додека увозот изнесува 295 милиони долари со учество од 4,6% во вкупниот увоз. За седумте месеци од 2016 година остварен е извоз од околу 100 милиони долари, кој учествува во вкупниот извоз на земјата со 3,7%, а увозот е повеќе од двојно поголем односно 227 милиони долари и неговото учество е 5,95%. Извозот најчесто се остварува во Бугарија, каде се пласира бакарен, оловен и цинков концентрат, потоа во Косово, Србија, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, при што се извезуваа мермерни блокови и мермерни плочи, керамички тули и керамиди, огноотпорни тули, фелспад и друго. Увозот најчесто се реализира скоро од истите земји од Регионот, Албанија, Србија, Косово, Грција, Бугарија, Италија и други земји. Посебно треба да се нагласи дека се увезуваат производи кои, дел не се произведуваат во нашата земја, при што големо учество заземаат флоат стаклото и други стаклени производи кои спаѓаат во групата на производи кои основната суровини им се неметални суровини, потоа каолин глини, камена волна (тервол), но има и производи кои се произведуваат на нашиот пазар, како што е портланд цемент, огноотпорни тули и малтери, камена волна и друго Експлоатација на минерални суровини се врши на 378 локации во земјата за сите видови на суровини, додека доделени се концесии за истражување на 34 локации од кои 13 локации се за метали (бакар, злато, сребро, олово и цинк). Концесиите за истражувања најчесто се доделени на странски компании, што како податок говори дека постои голем интерес за развој на рударството во мала земја која има потенцијали и рудни резерви. Во наредниот период, може да се очекува да се зголеми индексот на индустриско производство, како во рударството и вадење на камен, така и кај производството на неметални производи, а како основа за тоа е рестартирање на рудниците Злетово и Тораница, но и да се задржат и цените на металите на светската берза, а од друга страна
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО
градежништвото бележи зголемен обем на работа, така што градежните и неметалните производи имаат најголемо учество во изградбата, како во објектите од ниско градбата, така и во високоградбата. Како што истакна господинот Николајчо Николов, претседател на МАР, посебно внимание треба да се даде на развојот на преработката и производство на неметалните производи, се со цел да се намали зависноста од увоз. Минералните суровини со кои располага нашата земја, се добра основа за производство на керамички плочки, санитарна керамика, изолациони материјали, керамички тули, стаклена амбалажа, како и други производи за кои постоеше огромна традиција за производство. Македонската асоцијација на рударство – МАР, се залага во наредниот период во рамките на програмите на Владата, посебно внимание да се посвети на развојот на преработката на неметалните минерали и зголемување на асортиманот на производи кои можат да бидат наменети за домашниот и странските пазари. Марија Петроска
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
Совет на Странски Инвеститори - www.fic.mk
ОДРЖАНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ ДОМАШНИ КОМПАНИИ И РЕНОМИРАНАТА КАНАДСКА КОМПАНИЈА „MAGNA International” ОД АВТОМОБИЛСКИОТ СЕКТОР
Асоцијацијата на автомобилската индустрија во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на РМ, на 20.9.2016 година организираше билатералните деловни средби на потенцијалните македонски добавувачи со претставници на реномираната мултинационална компанија од автомобилскиот сектор „Magna International Inc.“ од Канада. Придобивките од потенцијалната соработка се значајни за двете страни. Во потрага по врвен квалитет и оптимизација на трошоците и условите за испорака, „MAGNA International Inc.“ врши континуирано проширување на базата на снабдувачи. За домашните компании ова е можност за проширување на пазарите и зголемување на производството, преку истовремено унапредување на сопствената технологија, знаење и вештини.
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
7
Совет на Странски ИнвеститориПОДВЛЕЧЕНО - www.fic.mk
Целта на тимот за набавки на „MAGNA International Inc.“ е да се запознае со потенцијалите на македонските производители од автомобилската индустрија и преку директни средби со локалните компании да ги процени можностите за нивно вклучување во глобалниот синџир на добавувачи. Во рамките на овој настан претставниците на Магна остварија средби со над 30 домашни и странски компании кои работат во Македонија. Влатко Стојановски
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник
ИНТЕРВЈУ: МОЈАТА ВИЗИЈА Е „АЛКАЛОИД“ ДА ОСТАНЕ БИЗНИС-ШАМПИОН „’Алкалоид‘ започна со работа во август 1936 година, со само 15 работници, кои во два погони произведувале 350 килограми фармацевтски суровини, а денес е шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени, преку 50.000 квадрати производни погони и 18 ентитети надвор од Македонија. Компанијата има околу 5.100 поединечни акционери од кои околу 8 отсто се странски инвеститори“, вели Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Алкалоид“ Да си успешен со години е голем товар како човек и менаџер. Што е она што Ве води напред, и кои се ризичните чекори кои Ви донесоа успех? Моето стапување на функцијата генерален директор на компанијата се случи во април 2006 година. Тогаш, вкупните консолидирани пласмани на „Алкалоид“ заклучно со 31 декември 2005 година изнесуваа 53,1 милиони евра. Во 2015 година „Алкалоид“ имаше вкупни консолидирани продажби од 127,5 милиони евра. Кога во март 2007 година се простивме од Трајче Мукаетов, имаше многу песимисти во однос на опстанокот на компанијата и прогнозите за тоа каде ќе се движиме понатаму, па во тие тешки моменти за мене и моето семејство се изнаслушав разни црни сценарија. Од оваа дистанца, речиси два и пол пати, или 140-процентното зголемување на продажбите за период од 10 години колку што сум јас на челната позиција во компанијата, доволно говорат за тоа колку јас како менаџер и мојот тим сме успеале да одработиме за компанијата. Во САД, компаниите кои континуирано растат во период од десет години, ги нарекуваат бизнис-шампиони. Искачувањето по ова скалило не беше воопшто лесно, но сметам дека останавме доследни на нашата цврста определба за врвен квалитет и совршенство во секој сегмент од работењето. На прагот од деветтата деценија од основањето на компанијата, во годината на нашиот 80-годишен јубилеј, мојата визија е да останеме во шампионската форма, и во духот на нашето мото: „Здравјето пред се’“, да си посакаме уште многу идни успеси на „Алкалоид“.
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
9
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник
Дали од денешна гледна точка може да дадете оцена дека самостојното функционирање на компанијата е вашата конкурентска предност, и имало ли непристојни понуди? Доколку ја анализирате структурата на водечките шест фармацевтски компании во Југоисточна Европа, само три од нив се без странски сопственик, односно не се дел од некој поголем систем кој би им го олеснил пласманот и работењето. „Алкалоид“ е интересен за странските инвеститори, и понуди има постојано. Меѓутоа, како независни, ние сме флексибилни и многу побрзи во протокот на информации и процесот на донесување одлуки, која проактивност истовремено е и наша конкурентска предност. Во моментов, „Алкалоид“ ја истражува можноста за потенцијална аквизиција на фармацевтски компании во ЕУ. Бизнисмените се’ повеќе сфаќаат дека веќе не се продава производ, туку бренд. Освен супербрендот „кафетин“, кои се брендовите по кои се препознава „Алкалоид“ и на домашниот и на странските пазари? Во денешно време на брз проток на информации, потрошувачите не комуницираат со анонимни производи туку градат однос со брендовите идентификувајќи ги во нив своите сопствени вредности. За еден бренд да опстои на кој било пазар, тој мора континуирано да ги исполнува своите ветувања и да гарантира константно висок квалитет. Водечкиот бренд на „Алкалоид“ - „кафетин“ ужива висок индекс на препознатливост кај потрошувачите. 11-те милијарди продадени таблети се причината
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник поради кои „Алкалоид“ континуирано инвестира во ширење на портфолиото, па во изминатите 10 години се воведени четири нови екстензии од различни индикациски подрачја. Лидер по бројот на екстензии во сегментот фармација е нашиот бренд „прокулин“ воведен во 1967 година, кој во последнава декада прерасна во комплетна линија за нега на очите не само во Македонија туку и во регионот. Портфолиото е проширено со три нови производи, а во подготовка се уште неколку. Од поновите брендови, како ѕвезда во подем, би го издвоил „блок макс“, чии производи за 6 години од воведувањето, добија почесно место во домашните аптеки на крајните корисници. Во оваа категорија се и: „ацерола“, „премама дуо“ и новиот „магнезиум 400+Б-комплекс“, кои поради својата ефикасност и беспрекорен квалитет за релативно кратко време се наметнаа како брендови кај потрошувачите, иако припаѓаат на категоријата додатоци во исхраната, за чие подобро позиционирање на пазарот се потребни години континуирани инвестиции. Уделот на безрецептни лекови во фармацевтскиот бизнис ќе расте на долг рок, поради фактот што реално не ги оптоваруваат здравствените буџети, ги смалуваат трошоците на лекување, а некои имаат голема улога и во превенцијата. Во сегментот козметика, неизбежно би го издвоил брендот „бекутан“ кој е апсолутен лидер во детската козметика: синоним за традиција, постојан квалитет, доверба и лојалност. Преку 5 производи од појавувањето на пазарот во 1978 година, до денес, портфолиото „бекутан“ брои 150 милиони продадени парчиња производ. Конкуренцијата е огромна во фармацевтскиот бизнис. Како функционира битката за странските пазари? Преку нашите подружници во: Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Албанија, Турција, Русија, Украина и САД; сите раководени од базата во Македонија, „Алкалоид“ во моментов пласира над 60 отсто од своето производство во над 30 земји во светот. Имаме неколку производни сајтови во главниот град Скопје и еден во Белград, Р. Србија. Хендикепот на малиот македонски пазар го надминавме преку максимална фокусираност на извозот. Во Македонија, „Алкалоид“ пласира 39 отсто од своето производство. На пазарите во регионот припаѓаат 35 отсто од нашите пласмани, 17 отсто се на пазарите на земјите членки на Европската Унија, Русија и ЗНД учествуваат со 7 отсто и САД со 2 отсто. За да бидете конкурентни на кој било пазар, во денешни услови, следењето на светските трендови и инвестирањето во развој, иновации и маркетинг се неопходност, а не само потреба. Битката за освојување нови пазари воопшто не е лесна и бара постојано следење и хармонизација со законските регулативи специфични за секој одделен пазар. Во зависност од конкретните пазарни услови, ги дефинираме земјите од
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
11
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник интерес, како и формите на инвестирање во рамки на истите и се специјализираме во одредени групи на производи и форми на партнерства кои сметаме дека имаат највисоко ниво на поврат на инвестицијата а преку кои се диференцираме во однос на останатите учесници на пазарот. Ние не можеме да бидеме ценовно конкурентни со волуменски огромните кинески или индиски фармацевтски индустрии чии трошоци за производство се далеку пониски од нашите, но затоа тежнееме да се диференцираме преку знаење и развивање на специфични производи со додадена вредност. Од неодамна, во рамките на сегментот за деловен развој на компанијата, формиран е специјален оддел кој се занимава во продажби на лиценци за алкалоидови препарати на странски партнери. До сега се реализирани договори со светски реномирани компании, како лиценцата за „Најкомед Такеда“ за скандинавските земји, „Сан фарма“ за Романија, „Сандоз“ за Словенија, „Џенерик партнерс“ за Јужна Африка, „Д-р Редис“ за Велика Британија и др., на кои потфати сме особено горди бидејќи покажавме и дополнителен квалитет за извоз на знаење. Трката со светските текови во фармацијата бара големи вложувања, колку годишно инвестирате во развој, иновации, нови производи? Водејќи се според начелата дека еден од најважните параметри за просперитетот на компанијата е зголеменото ниво на инвестирање во научни, истражувачки и развојни активности како и контрола на квалитетот на производите „Алкалоид“ има вложено значителни фондови во научно-истражувачки капацитети и во секторите за контрола на квалитетот, како: нова микробиолошка лабораторија (2003 година), нова хемиска лабораторија (2005 година), нов институт за истражување и развој (2009 година), нова физичко-хемиска лабораторија во Словенија (2014 година) и нов центар за контрола на квалитет (2016 година). Во изминативе 10 години, „Алкалоид“ на годишно ниво алоцира над 3 отсто од вкупните продажби во научно истражувачки активности кои се клучни при развојот на нови фармацевтски производи. Но фармацијата е прилично динамична дејност, па со инвестициите во технологија и капацитети не смее да се запре бидејќи во спротивно, тоа може да се одрази на нивото на конкурентност. Во изминативе 15 години, инвестициите на „Алкалоид“ во сегментот фармација достигнаа сума од близу 150 милиони евра.
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник Македонија ја живее една од најтешките политички кризи, а кога ќе се спомене политиката најчесто знаете да кажете дека оваа „дисциплина“ не е за Вас. Досега не сте посакале да застанете на страната на политиката, но колку политичарите сакале да Ве придобијат на нивна страна? Нагонот на одредена општествена или политичка структура, во своите редови да инсталира луѓе од бизнис-заедницата, воопшто не е несекојдневна појава, а кај развиените капиталистички системи во светот тоа е и вообичаена пракса. Политиката е сфера на дејствување која бара премногу жртви и ретки се луѓето кои тој притисок можат да го издржат. Јас лично сметам дека ние живееме во премногу политизирано општество каде што дури и секојдневната вообичаена комуникација се сведува на политиката. Чинам дека е створена атмосфера на апсолутна поларизација. Доколку ја оставиме политиката на страна и се почитуваме меѓусебно пред се’ како луѓе, сограѓани или сожители сметам дека би биле многу попродуктивни. Моето досегашно неангажирање во политиката не било поради себични причини, како што некои луѓе милуваа(т) да ми забележат, но јас лично мислам дека преку своите ангажмани, не само во „Алкалоид“ туку и во бордовите на „Македонија 2025“и „Самит 100“, преку функцијата генерален конзул на Кралството Данска, па и преку „Ракометната федерација на Македонија“ – индиректно прилично придонесувам за афирмирање и просперитет на Македонија во регионални, па и светски рамки. Спортот, односно ракометот сепак Ве внесе во општественото дејствување, колку челната позиција на Ракометниот сојуз Ви донесе задоволство, успех, а колку товар и главоболки, како човечка реакција кога губи нашиот тим? Спортот како институција и универзален феномен има голема улога во секое модерно општество. Јас сум голем љубител на спортот и ангажманот во Македонската куќа на ракометот во никој случај не го сметам за товар, иако морам да признам дека поразите не ги поднесувам баш најдобро... Задоволство ми е што ми е дадена честа на некој начин да придонесам во развојот на овој спорт и особено сум горд и благодарен на поддршката која ја имам од ракометната фела. Нашата цел како федерација е да продолжиме да го етаблираме ракометот во својство на национален спорт во Република Македонија и да бидеме препознатливи како позната и призната ракометна нација во меѓународни рамки. Среќен сум што досегашните проекти придонесоа за регрутирање на многу нови таленти и идни репрезентативци на чии успеси сите ние ќе се гордееме. Заедно со мојот тим во РФМ, сакам да создадеме систем на вредности кој ќе даде резултати на долг рок и кој во иднина ќе може многу лесно од било кој друг да се надгради, за да биде уште поуспешен.
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕВЗЕМЕНО - Утрински весник Важите за одмерен, едноставен човек, а таков имиџ наметнавте и за компанијата. Како успевате во тоа? На моја 11-годишна возраст, мојот татко стана генерален директор на „Алкалоид“, па она што го паметам од моето најрано детство се неговата максимална посветеност и огромен труд кој го вложуваше и во текот на 22-годишната челна позиција во компанијата во навистина турбулентни времиња. Од својата денешна позиција, можам да кажам дека сум особено среќен што имам целосно разбирање и поддршка од семејството за моите работни ангажмани и мојата посветеност на професионалната кариера. Мислам дека мојата едноставност и одмереност се должат токму на семејството, кое е мојот најсилен двигател и клуч на сите успеси. Духот на традиционалните семејните вредности во кој јас сум воспитуван се трудам да го пренесам и на моите деца, а мој најголем успех ќе биде доколку еден ден доживеам да ги видам како комплетни личности кои даваат свој личен придонес кон унапредување на средината во која живеат и дејствуваат. Затоа, само посакувам да не’ служи доброто здравје! Како би им одговориле на младите доколку Ве прашаат дали има „рецепт“ за успех? Ако децата се огледало на родителите, а младите се слика за состојбите во општеството, тогаш неминовно би ја потенцирал важноста на домашното воспитание, формалното образование и практичната работа. Доколку децата ги научиме како се работи, а потоа дојдат и видат како се заработува, тогаш е неминовно дека ќе имаме здрави и продуктивни поколенија. Соња Маџовска
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ЕВН Македонија за 10 години инвестираше 300 милони евра ЕВН “Македонија’обележува 10 години од работењето. Во изминатава деценија врвен приоритет на компанијата беше создавање на сигурен и стабилен дистрибутивен систем и сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Изминатите 10 години ЕВН континуирано инвестира во модернизација, развој и реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа, на сите напонски нивоа во вредност од околу 300 милиони евра. Дополнително, во среднонапонската мрежа се изградени 1.050 нови дистрибутивни трафостаници и среднонапонска надземна мрежа во должина од 950 км. Новата изградена нисконапонска мрежа е во должина од 1.700 км. Сменети се 850.000 стари броила, со нови автоматизирани броила. Покрај овие инвестиции ЕВН Македонија инвестираше и во сегментот на услуги, со формирање на Корисничко информативен центар во кој корисниците можат да добијат информација и услуга 24/7 на македонски, албански јазик и англиски јазик.
СЕРТИФИKАТ ЗА KВАЛИТЕТ BEST IN TEST -
„Македонски телеком“ со најдобри податочни и говорни услуги „Македонски телеком“ обезбедува најдобри резултати за мобилни податочни услуги и најдобри резултати за говорни услуги меѓу мрежите во Македонија, потврди тестирањето на компанијата P3 Communications, која на „Македонски телеком“ му додели P3 „Best in Test“ сертификат, што претставува меѓународно признат доказ за квалитетoт на мобилната мрежа. P3 Communications го спроведе тестирањето во периодот од 28 мај до 8 јуни годинава. Во текот на тестирањето, мрежата на Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бодови, многу повеќе од директната конкуренција.
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневна обука на тема: БИЗНИС МОДЕЛ CANVAS – СТРАТЕГИСКА АЛАТКА ЗА КРЕИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС МОДЕЛИ
27.9.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Во време на транзиции и интегрирање на иновативни бизнис модели, кај бизнис заедницата се наметнуваат неколку прашања кои се од голема важност за опстанокот на една компанија и тоа: - Како и кои се новите бизнис модели? - Како да бидеме во чекор со транзициите и како би го зачувале својот бизнис адаптирајќи се на новите бизнис модели, со цел опстанок на истиот и полесно справување со конкурентноста? - Што е всушност бизнис модел и кој модел да се користи за да се задржи успехот на компанијата? Бизнис моделот Canvas е најпопуларната алатка за работа и е систематски пристап кој претставува стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на бизнис модели. Целосно интегрирана и комплементарна алатка на Бизнис моделот Canvas претставува Value Proposition Canvas. Овие две алатки ја прават вредноста за потрошувачите и бизнис моделот кој ја испорачува вредноста, целосно видливи и опипливи, едноставни за анализирање, дискутирање и нивно менаџирање. Оваа обука е посветена токму на начинот на кој овие стратегиски алатки функционираат и како се применуваат во практиката. Обуката целосно ја следи оригиналната методологија која ја користат овие две стратегиски алатки, според едни од најпродаваните бизнис книги во поново време: „Business Model Generation“ и „Value Proposition Design“. Предавач: Д-р Стојан Дебарлиев - вонреден професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2016 година (среда) 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Стопанската комора на Македонија на 28.9.2016 година организира еднодневен семинар на тема: Најновите измени во Законот за извршување кој ќе започне со примена на 1 јануари 2017 година.
Еднодневен семинар: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ КОЈ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПРИМЕНА НА 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА
ПРОГРАМА: - Воведни напомени за извршувањето и организација на извршителите; - Новините во Законот при поднесување барање за извршување и приговор за незаконитости при извршувањето; - Противизвршување; - Одлагање и запирање на извршувањето; - Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите (доколку биде донесена); - Извршување врз паричните побарувања на должникот; - Извршување врз подвижни предмети; - Извршување врз недвижности; - Специфичности на реализацијата на хипотека и реализацијата на залог врз објекти запишани во имотен лист за предбележување на градба; - Вонсудска наплата на долгови по основ на веродостојна исправа.
Предавач: - Антончо Коштанов, извршител. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23.9.2016 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување на тема: Надлежности и овластувања на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд, како и постапки против решенијата донесени од страна на инспекторот при вршење надзор од областа на работните односи и обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа
29 септември – 1 октомври 2016 година Хотел „Мона“ – Златибор, Р.Србија (www.monazlatibor. com)
Стопанската комора на Македонија од 29 септември до 1 октомври 2016 година во хотелот„Мона“ - Златибор, Република Србија, организира советување на тема: Надлежности и овластувања на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд, како и постапки против решенијата донесени од страна на инспекторот при вршење надзор од областа на работните односи и обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа. Целта на советувањето е на учесниците да им бидат образложени надлежностите и овластувањата на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд - одлагање на одлука, забрана за вршење на дејност на работодавачот, постапка против решенија донесени од страна на инспекторот за труд при вршење надзор од областа на работните односи, отказ на договорот за вработување како последица на сторена повреда на работниот ред и дисциплина, можност за отстранување на работник од работа до конечност на одлуката за отказ на договорот за вработување, обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Бизнис средби Селенча, Нови Сад, Србија
30.09.2016
МЕЃУНАРОДЕН БРОКЕРСКИ НАСТАН ,,AGRO-ORGANIC B2B’’
Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Центарот за органско производство Селенча - Органик мрежата и Enterprise Europe Network организираат Меѓународен брокерски настан „AgroOrganic B2B“ кој ќе се одржи во текот на 10-тиот Форум на органското производство во Селенча, до Нови Сад, Србија, на 30 септември 2016 година. Настанот е наменет за производители на органска храна и пијалаци; трговци на органска храна и пијалаци, за органско семе и саден материјал, заштитна опрема за органско земјоделство, земјоделски машини и опрема, пакување, обновлива енергија, обработка и стакленички опрема, применета наука и истражување, иновативни технологии во органското земјоделство, партнерска соработка во ЕУ-проекти и др. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ? Меѓународниот брокерски настани обезбедува дополнителна поддршка за компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. Учесниците се повикуваат да ги изберат своите потенцијални партнери во согласност со нивните потреби и информации за бизнис и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци кои се одвиваат на одредено место и точно време. Секој учесник ќе ги добие своите листи најмалку еден ден пред настанот. http://agroorganic2016b2b.talkb2b.net/
Учеството на „AgroOrganicB2B“ е бесплатно.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Контакт: Софче Јовановска Тел: ++ 389 2 3244060 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sofce@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар на тема: РИЗИЦИ ВО ИТ РАБОТЕЊЕТО
6-7.10.2016 година ( четвртокпеток) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Лошото препознавање, евидентирање и следење на ИТ-ризикот, како и користењето на небезбедни решенија може да доведе до одлив на доверливи информации, нарушување на работењето, пад на продажбата, губење на важни клиенти или едноставно – престанок на работењето на компанијата. Денес голем број компании ги екстернализираат своите услуги со цел да ги оптимизираат своето работење и ресурсите кои ги ангажираат. Дали во Вашата компанија овој процес е добро уреден? На кој начин најдобро ги дефинирате гаранцијата на нивото на квалитет на услугите (SLA), чувањето на доверливи информации (NDA), пенали и други критични ставки? Доколку Вашата компанија пристапила во интерен развој на софтвер, дали ги почитувате безбедносните процедури, дали користите крипто-алгоритми и само проверен софтвер за развој? За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 6-7 октомври 2016 година организира дводневен семинар со специјализирана програма, на којшто предавачи се реномирани експерти од кои ќе дознаете повеќе за безбедноста при работењето, управувањето со ИТ-ризиците, безбедна корпоративна мрежа, дигитална форензика и контрола на софтвер. Семинарот е наменет за: раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТстандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштитен пристап, како и заштита на самите информации поради висок степен на одговорност и ризик во стопанските друштва.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 - 9 октомври 2016 година Осиек, Република Хрватска
9. ОСИЕЧКИ ЕСЕНСКИ САЕМ
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Осеичкиот саем, ве поканува да бидете дел и од овогодинешниот 19. Осиечки есенски саем, што ќе се одржи од 7 до 9 октомври 2016 година во Осиек, Република Хрватска. И оваа година традиционално, 19. Осиечки есенски саем за цел има да ги собере сите стопанственици од областа на земјоделието, прехранбената индустрија, градежниот сектор од земјата и регионот на едно место. На Саемот покрај можноста за претставување на своите производи, компаниите ќе имаат можност и да остварат билатерални средби со компании од нивниот сектор, со што ќе се отворат нови можности за поврзување со потенцијални партнери и зацврстување на присуството на хрватскиот пазар, но и можности за нови облици на соработка. За сите компании заинтересирани за посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со Осиечкиот саем, обезбедува бесплатен влез, а за сите заинтересирани за учество на истиот повластени цени за изложувачки простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
13. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ECOFAIR“ и 12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ЕНЕРГЕТИКА“
12-14 октомври 2016 година Белград, Република Србија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да ги посетите 13. Меѓународен саем „Ecofair“ и 12. Меѓународен саем „Енергетика“, што ќе се одржат од 12 до 14 октомври 2016 година во Белград, Република Србија. Меѓународниот саем „ЕНЕРГЕТИКА“ е најголем настан на годишно ниво под покровителство на Министерството за енергетика и рударство на Р. Србија и сите ресорни здруженија и асоцијации во земјата и регионот. Под слоганот „Нова Енергија“ овогодинешниот саем има за цел да ги собере сите компании, корпорации, институции и професионалци од областа на електричната енергија, јагленот, нафтата и гасот, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рударството од целиот регион. Главни теми на овогодинешниот саем се: инвестициските проекти во енеретскиот и рударскиот сектор, зелени инвестиции, регионално вмрежување низ проекти од енергетскиот сектор, билатерални средби помеѓу компании од регионот и соработка преку моделот на јавно-приватно партнерство. Сите заинтересирани компании, по пријавувањето во Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност електронски да се пријават за деловни средби со веќе регистрираните учесници, со што воедно ќе им биде обезбедена и бесплатна влезница за Саемот, како и можност за резервација за присуство на настаните. Сите пријавени учесници ќе бидат дополнително контактирани во врска со електронското пријавување кое ќе биде достапно за сите пријавени учесници од средина на месец септември. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5.10.2016 година (среда).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk или -Перо Авакумовски, телефон: + 389 32 44 048, е-адреса: pero@mchamber.mk.
24
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
13-16 октомври 2016 година Загреб, Република Хрватска
„Ambienta“ 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Загрепскиот саем, ве поканува да го посетите „Ambienta“ - 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии, што ќе се одржува од 13 до 16 октомври 2016 година во Загреб, Република Хрватска. Овогодинешниот саем „Амбиента“ има за цел да им овозможи на сите производители и трговци на мебел и опрема за внатрешно и надворешно уредување, како и на сите дизајнери, архитекти, бизнисмени и експети од областа, од реионот и пошироко да ги понудат своите производи и услуги на едно место. Покрај изложувачкиоти/промотивниот дел, „Амбиента 2016“ ќе им овозможи на сите учесници и посетители да учествуваат и во стручниот – едукативниот дел на настанот, каде што реномирани експерти, научници, дизајнери, архитекти и производители ќе ги пренесат своите знаења и искуства на присутните. Традиционалнта богата и разновидна стручна програма ќе започне со Меѓународната конференција за дрвната индустрија во организација на Стопанската комора на Хрватска и Здружението на дрвната индустрија, којашто ќе биде придружена со изложба во Музејот на современата уметност во Загреб, а ќе продолжи со низа други настани, од кои најзначајни се „Денот на архитектите“ и „Денот на дизајнерите“. Стопанската комора на Македонија и оваа година ви овозможува: - бесплатни влезници; - хотелско сместување со повластени цени; - повластени цени за изложувачи. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 3.10.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сашо Деспотоски телефон:+ 389 32 44 089, е-адреса: saso@mchamber.mk или -Сања Николова телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„31. TRADE EXPO INDONESIA“
12-16 октомври 2016 година Џакарта, Р. Индонезиjа
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Републик Индонезија, ве поканува да бидете дел од „31. Trade Expo Indonesia“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 12-16 октомври 2016 година во Џакарта, Република Индонезија. Како и изминатите години, Саемот има за цел да ги прикаже најдобрите извозни производи на Индонезија од индустријата, рударството, земјоделието, па се` до секторот за ракотворби. Минатата година настанот успешно привлекол повеќе од 10.000 посетители од повеќе од 100 земји од светот и генерирал трансакции со обрт од повеќе од 900 милиони САД$. Фактот дека илјадници купувачи од повеќе земји од светот доаѓаат секоја година да го посетат саемот докажува за големата посветеност на трговските партнери низ светот. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • производство на добра и услуги; • монтажни куќи и мебел за градина; • храна и пијалаци; • мода, животен стил и креативни производи; • висококвалитетни производи за мали и средни претпријатија. Стопанската комора на Македонија на прво-пријавените учесници им овозможува: • 2 бесплатни ноќевања; • трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно); • вечери организирани од страна на Амбасадата на Република Индонезија со претставници од бизнис-заедницата на Индонезија со цел да се зголемат шансите за потенцијална соработка помеѓу двете држави. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании за посета на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 31 август 2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
13-15 октомври 2016 година Софија, Р. Бугарија
„SOFIA SPORT& HEALTHY LIFE EXIBITION“ 13-15.10.2016-СОФИЈА, БУГАРИЈА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Via Expo“, ве поканува да бидете дел од „Sofia Sport & Healty Life Exibition“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 13-15 октомври 2016 година во Софија, Р. Бугарија. Второто издание на Саемот за спорт и здрав живот повторно ќе ги обедини темите на здрав живот и спорт и рекреација. Главната цел на настанот е да им се даде шанса на домашните и на странските компании да ги презентираат своите производи на бугарскиот пазар и да најдат нови бизнис-контакти, да остварат директни средби со дистрибутери и произведувачи. На Саемот ќе бидат изложени: • спортска опрема; • производи за заштита; • природна и органска храна и козметика; • диетална храна; • нутриционистички и хербални суплементи. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Via Expo“ за сите заинтересирани учесници обезбеди 10% попуст на цената за изложбениот простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 август 2016 година (вторник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА
13.10.2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
На овој семинар учесниците ќе се запознаат со алатките, практиките и техниките за правилно управување со персоналната администрација во организациите. Тие ќе добијат основа за имплементација на системи кои ќе им овозможат оптимизација на администрацијата и нејзините процеси, како и подобро управување со човечките ресурси. Предавач: - Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во Компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“, компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функцијата на човечки ресурси, структурна транформација на функцијата на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 10-годишно искуство, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети. Докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18-19 октомври 2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Дводневен семинар: „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“
Целта на семинарот е запознавање на учесниците со начинот на правилното менаџирање со набавките, со учесниците во набавките како купувачи, како доставувачи, правилна интерна комуникација во организацијата - набавка во однос на магацин, комуникација со добавувачите, приоритетни набавки, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, критериуми за оценување на добавувачите и др. Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во набавката раководители и менаџери за набавка, вработени кои вршат логистичка работа (организирање набавка, магацинско работење, транспорт и др). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Рок за пријавување: 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРС ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ“
18.10.2016 - 02.11.2016
• Времетраење на обуката е вкупно 50 школски часа, од кои 30% од наставата теорија и 70% практична настава, распоредени во 6 тренинг дена, односно истите се одржуваат два пати неделно. • Обуката започнува на 18 октомври 2016 година и ќе се реализира со следната динамика: - 18 и 19 октомври 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; - 25 и 26 октомври 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; и - 1 и 2 ноември 2016 година од 09:00 до 16:00 часот. • Број на учесници во група: 10 – 15 учесници. • Сите учесници добиваат потврда за пристуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Тренери: М-р Валентина Тодоровска, генерален менаџер на „Акаунтинг Солушнс“ ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент. Доц. д-р Костадин Дуковски, управител и консултант во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО – Скопје, лиценциран вештак, внатрешен ревизор и член на најголемата Асоцијација за финансиски измама ACFE, како и обучувач за архивско и канцелариско работење. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
20.10.2016 година Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)
Бесплатна презентација на “EncryptiDATA” - дигитално пенкало за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и институции
Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на англиска иновативна компанија „Onorach”, http://www.onorach.com/encryptiDATA1.cfm која се занимава со производство и продажба на иновативно дигитално пенкало “EncryptiDATA”, за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и индустрии. Onorach® е динамична, брзо-растечка англиска компанија фокусирана на обезбедување на иновативен пристап за клиничко испитување на медицински помагала и мобилни иновативни производи, со седиште во североисточниот дел на Шкотска, Велика Британија. Onorach работи на глобално ниво и нуди високо ниво на услуги во целиот свет. Onorach сака да го претстави својот иновативен производ и пред македонските компании. “EncryptiDATA” - иновативното дигитално пенкало е безбедна електронска форма за внес на податоци, дизајнирано за високо регулирани барањата на GMP, каде корисниците можат безбедно да ги напишат податоците и со помош на пенкалото во е-форма веднаш да ги испратат на сите можни јазици и ракописи онлине, преку таблет, Bluetooth или друг мобилен уред со Wi-Fi. Компатибилност: encryptiDATA работи на Андроид, iOS и Windows платформи. Усогласеност: encryptiDATA исто така, нуди електронска “архива”, со цел да им помогне на клиентите со барањето во прописите на клиничкото испитување за да се сочуваат, на пример: медицинските досиеја и основните документи за најмалку 5 години по завршувањето на судскиот процес. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневна обука на тема: Управување со човечките ресурси и градење доверба со нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки преку практични примери и креативен приод на размислување
21.10.2016 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Целта на оваа обука е да се воведат учесниците во нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки за градење доверба и ефикасност на човечките ресурси. Со креативен приод на размислување и решавање на проблеми, преку игри ќе ги откријат своите стилови на управување. Ќе осознаат разновидни начини на размислување и ќе научат како да се контролира личната перцепција во раководните процеси. Овој семинар е наменет за менаџери во компании и државни институции, за професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток. Еспертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 октомври 2016 година 9:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневна практична обука на тема:
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК
Стопанската комора на Македонија заедно со Мокрогорската школа за менаџмент од Србија организираат практична обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК. Мокрогорската школа за менаџмент е основана во 2009 година како иницијатива на успешните менаџери во Србија, со цел трансфер на менаџерското знаење и подигнување на нивото на стручност на менаџерите во Србија и регионот. Во нивното досегашно работење, повеќе од 5000 учесници од домашни и меѓународни компании се стекале со знаења и вештини со крајна цел обезбедување на континуиран развој на вработените, стабилен развој на компанијата и обезбедување на додадена вредност на производите и услугите кои ги испорачува кон своите клиенти. Овој семинар е наменет за менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, експерти и други раководни позиции. Предавач: Д-р Бојан Костадиновиќ, директор за развој во Мокрогорската школа за менаџмент, со долгогодишно теоретско работно искуство како професор на Факултетот за инженерски менаџмент во Белград и практично во автомобилската индустрија, а 4 години како раководител на продажба на компанијата „Мерцедес бенз СЦГ“. Работа во Дајмлер АГ во Штутгарт, одговорен за продажба, маркетинг и спроведување на корпоративна стратегија во застапништвото на Фиат и Рено Нисан во Белград, стратегиски развој на стартап компанија, организација и обука корпоративни тимови. Од 2011 година е член на Одборот на директори на клубот за одбојка на “Црвена Ѕвезда”.
Рок за пријавување 20.10.2016 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар: Исполнување и други начини на престанување на обврските oд должничко-доверителски односи согласно Законот за облигациони односи низ призмата на судските постапки
28 октомври 2016 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Стопанската комора на Македонија, на 28 октомври 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за исполнувањето/ затворањето на побарувања од должничко-доверителски односи согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти.Пресметување на исполнувањето и цесијата се согласно одредбите од ЗОО. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Париз, Франција, од 6-9 декември 2016
Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“
Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународен форум „Building Green Connections“
2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска
Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА
24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка, една од најголемите сопственици на плантажи и производители на чај, кокос, први светски меѓународно сертифицирани производители на органски чаеви, нуди зелен, црн и чај од билки, во различно пакување. Исто така, нуди и сушен и обезмастен кокос. Бараат компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 7.11.2016 година.
Компанија од Шри Ланка бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Нуди хербален крем, лосиони за тело, производи за миење лице, пилинг, тонер, производи за темелно чистење на лицето. Целокуониот асортиман на производи е изработен од лековити растенија и е користена илјада годишната традиција во нивната изработка. Валидност до 3.10.2016 година.
петок, 23 септември 2016, Бр. 277
БИЗНИС ИНФО
39
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка производител на супстрат од кокосови влакна во облик на торба или коцка за одгледување растенија, кокосов тресет, срцевина, кокосови лушпи во бали и брикети, машински или механички свиткани кокосови влакна, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка која приозведува сапуни и козметички производи за лична хигиена, хербални и ајурведски, бара компании од Р. Македонија за соработка за пласман на своите производи или заедничко вложување за производство во нашата држава на нивни производи. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Иран, која обезбедува најсоодветни инженеринг решенија кои се еколошки, поекономични, остварливи со највисоки стандарди. Работи во повеќе области, како што се рударството, енергијата, водата, градежништвото, изградбата на инсталации и опрема. Компанијата бара туристички компании и агенции за соработка од Р. Македонија. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Крит, Р. Грција, производител на квалитено маслиново масло и мед, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година.
Семејна компанија, фарма од Р. Грција, која произведува бостан (лубеници), бара компании од Р. Македонија заинтересирани за соработка. Валидност до 2.12.2016 година. Винарница од Крит, Р. Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи на македонскиот пазар. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која обединува над 70 земјоделски задруги од Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на земјоделски прехранбени производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која произведува конци за плетење, како и плетени ткаенини, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 2.12.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088