Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 240, 22.10.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 240

www.mchamber.mk

22.10.2015

Во Будва, Република Црна Гора, конституиран Коморски инвестициски форум

ПОКОНКУРЕНТЕН РЕГИОН И ДОСЛЕДЕН НА ЕУ-СТАНДАРДИТЕ Штефан Петер, нов претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ ИЗВОЗ ОД ОКОЛУ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Semejna kompanija

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

C

UR

O

НИКО

�

SE

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ЦЕЛ НИ Е ДА СТАНЕМЕ ЛИДЕР ВО КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЦЕНТРАЛНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Уште од самите почетоци секогаш работевме по поставената цел – прво,да го замениме увозот на слични производи со наши македонски и подоцна да се рашириме регионално иинтернационално преку извоз на н а ш и те п р о и з в о д и . В о 2014 година остваривме извоз од околу 18 милиони долари во 45 држави.Успехот на Макпрогрес се должи токму на ориентацијата кон извозните пазари. Целта е да се позиционираме на повеќе извозни пазари за да имаме диверзификација на ризикот и да можеме да генерираме раст на компанијата. Прво ги таргетиравме соседните држави, па регионот на Централна и ЈугоисточнаЕвропа, за подоцна да се прошириме на западно европските пазари.Таргетирањето го правиме врз основана потенцијалот на пазарот, но во многу случаи на нови извозни пазари може да се случи наместо ние да ги таргетираме потенцијалните купци, тие да нè таргетираат нас. Во последните 13 години на секои две-три години правиме поголеми инвестиции кои претежно гиинвестираме од сопствени средства од акумулираната добивка, а по потреба сме земале и кредити од комерцијалнитебанки. Во 2020 година компанијата јагледам како лидер во кондиторската индустрија во регионот на Централнаи Југоисточна Европа со удвоени показатели на приходи, производство и остварена добивка во однос на 2014година.За нас веќе се отворени портите на светот и сме спремни да дејствуваме глобално. Со континуирани инвестиции во развој и едукација на нашитечовечки ресурси, сметаме дека ќе можеме да се носиме со силната глобална конкуренција. Инвестициите продолжуваат и понатаму, а во план сме да продолжиме со инвестиции и надвор од нашата компанија и држава. (Александар Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ од Виница во „Капитал“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПОДВЛЕЧЕНО

НАЈБИТЕН МОМЕНТ Е ИЗГРАДБАТА НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА Можам слободно да кажам дека последните две години во општина Виница се инвестирани најмногу средства во последните 25 години, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Најбитен момент е изградбата на индустриската зона во која општината вложи околу 30 милиони денари и овде веќе се изградија и се градат капацитети во кои се отвораат нови работни места. Во тек е и изградбата на ТИРЗ- зоната во која се очекува следната година да се јават и првите инвеститори. Изграден е крак на атмосферската канализација и асфалтирана е целата траса во должина од 1000 метри во вкупна вредност од 23 милиони денари. Се уште е во тек реконструкцијата на водоводната мрежа во с. Блатец чија вредност е околу 9 милиони денари, изграден е водовод во с. Грлани чија вредност е 2 милиони денари, поставени се канализациони цевки во селата Градец, Лески и Јакимово, а во сите населени места поплочени се и повеќе помали улички. Во делот на спортот, можеме да се пофалиме со високопрофесионални тениски терени, повеќенаменско спортско игралиште во с. Истибања, а кај училиштата значајно е да се напомене дека две институции станаа енергетски ефикасни објекти со поставување на печки на пелети, а градинката доби и нова термоизолациона фасада. Во тек се неколку значајни проекти како асфалтирање на втора фаза од локалниот пат Липец - Осојница, реконструкција на главната улица во Ромското маало, асфалтирање на улица во с. Лаки, асфалтирање на улици во с. Трстија, поплочување на улички во селата Блатец, Градец, Драгобраше и Истибања, како и изградба на пешачка патека на влезот од Виница. Се на се, година со многу проекти и на големо задоволство ја реализираме програмата согласно утврдената динамика. (Eмил Dончев, градоначалник на Виница во „Вечер“)


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ НА КОМПЛЕТНА ГРИЖА И ЗАДОВОЛСТВО НА НАШИТЕ КОРИСНИЦИ Во нашата индустрија важи правилото „најдобар автомобил е нов автомобил“, но статистички гледано, кај нас се возат повеќе половни возила отколку нови. Ние разбираме дека ситуацијата во државата и стандардот има општо влијание врз продажбата на нови автомобили. Затоа, планираме неколку опции за купување на ново возило, почнувајќи од понуди за продажба, за сервис, финансиски предлози и поддршка за купување на ново возило. Ние ќе го постигнеме ова доколку имаме меѓусебна доверба и доколку им помогнеме на нашите клиенти да ја остварат својата желба и да возат нов BMW или MINI автомобил. Тимот на М Кар има комплетно нов пристап кон корисниците. Без разлика дали се работи за продажниот или сервисниот сектор, ние целиме кон највисоките стандарди на комплетна грижа и задоволство на нашите корисници. Повторното лансирање на сервисот е еден од првите чекори со цел да им се овозможи на постоечките корисници бенефиции од овластениот сервис. Во моментов обезбедуваме бесплатна сервисна проверка за сите сопственици на BMW и MINI до крајот на 2015 год. Ние веруваме дека нашите корисници ќе бидат задоволни од нашите понуди и пакети. Ќе се бориме за нашето место на пазарот и ќе ја вратиме довербата на нашите клиенти преку квалитет и продажната и сервисна услуга. (Марко Јовановски, генерален директор на М Кар во „Бизнис Вести“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ФОКУСИРАНО

Во Будва, Република Црна Гора, конституиран Коморски инвестициски форум

ПОКОНКУРЕНТЕН РЕГИОН И ДОСЛЕДЕН НА ЕУ-СТАНДАРДИТЕ

Во хотелот „Сплендид“ во Будва, Република Црна Гора, се одржа конститутивен состанок на Коморскиот инвестициски форум (21.10.2015 година). На конституирањето присуствуваше и на Форумот се обрати Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Како што е познато, претседателите на стопанските комори од земјите од Западен Балкан потпишаа Спогодба за основање на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во Стопанската комора на Австрија, при одржувањето на Виенскиот самит кон крајот на август годинава, а со неговото конституирање во Будва започнува и неговото практично реализирање. Усогласено е Коморскиот инвестициски форум, покрај Управниот одбор, да го сочинуваат тематски работни групи заради што поконкретни и плодотворни активности. Договорено е во рамките на Коморскиот инвестициски форум посебен акцент да биде ставен на изработка на заеднички проекти од регионално значење, кои ќе се подготвуваат во согласност со барањата и пропозициите кои ги пропишуваат различните европски фондови. - Како претставници на бизнис-заедницата, ја користиме оваа прилика да го дадеме своето видување и продонес кон главното мото на Берлинската конференција „Промена преку контакти“. Нашата улога како комори е постојано да предлагаме конкретни мерки за подобрување на бизнис-климата, фокусирани на раст на продуктивноста, извозот и инвестициите, да ги поттикнуваме активностите за поголема интернационализација на стопанствата и поголема соработка со стопанствата на другите држави, особено со Европската унија, - истакна Бранко Азески. Тој изјави дека во текот на своето големо коморско искуство сфатил дека бизнисот е единствена кохезиона снага на Балканот. - Во Коморскиот инвестициски форум гледам инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Балканот. Ние веќе 25 години не сме ја сфатиле пораката на ЕУ дека мора да работиме регионално. Бегавме од тоа бидејќи се препознаваше идејата за обновување на Југославија, а под тој притисок слабо ја одработивме таа работа, - подвлече Азески.


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

7

ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО Како целина, учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1% во 2014 година, додека индивидуалните удели се уште пониски - Србија учествува со 0,5%, Босна и Херцеговина и Македонија со 0,2%, Албанија со 0,1%, додека учеството на Црна Гора и Косово е на 0,0%. Спротивно на тоа, Европската унија е најголемиот трговски партнер на Западен Балкан, на која отпаѓа повеќе од 75% од вкупната трговија во регионот. - Формирањето на Коморскиот инвестициски форум претставува форма преку која ќе можеме да ги предлагаме и конкретизираме заедничките инвестициски проекти. Како што главната транспортна мрежа на Унијата ги поврзува нејзините главни градови, главните економски центри и големите пристаништа, така и на Западен Балкан му е потребна забрзана реформа и дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори. За Македонија, секако, приоритет е целосна функционалност на коридорите 8 и 10. Во моментов активно се работи на изградба на преостанатиот дел од автопатската делница од Коридорот 10, Демир Капија - Смоквица, како и на изградба на дел од автопатот од Коридорот 8: Кичево - Охрид и Скопје – Штип, - подвлече Азески. Според него, со натамошен развој на коридорите 8 и 10, пред се’, видно ќе се подобрат инфраструктурните и другите објективни услови за зголемување на странските инвестиции, со што ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на целиот регион. Кога станува збор за инвестициски проекти кои би требало да се реализираат за овие два коридора, треба да се размислува и на прашањето за изработка на заеднички регионални проекти за изградба и на приклучната инфраструктура од која гравитираат стоките кон овие коридори. - Од оваа конференција исто така би сакал да упатам порака дека е неопходно што поитно спроведување на мерки и активности за забрзување на процесот на хармонизација и меѓусебно унифицирање на патните такси. Отстранувањето на сите нетарифни бариери кои го забавуваат протокот на стоките низ коридорите ќе овозможи непречен проток на стоките, намалено време на чекање на граничните премини и сл., - истакна Азески. - Прашањето за енергетската поврзаност останува еден од приоритетите, за што е потребно да се работи на формирање на еден регионален пазар и регионална берза за електрична енергија, со што би се помогнало да се обезбеди и поевтина енергија и посигурно снабдување со електрична енергија не само во Македонија, туку и во целиот регион. Азески смета дека гасоводните мрежи за снабдување на регионот со природен гас, како за Македонија така и за регионот на Западен Балкан, се од исклучителна важност. Со тоа ќе се добие можност регионот да се приклучи на нов гасовод или да се изгради магистрален гасовод за транзит и снабдување со природен гас. - Нашето активно учество на овие конференции за подобрување на соработката на Западен Балкан со ЕУ ја потврдува нашата заложба и решеност како комори да го направиме регионот на Западен Балкан поконкурентен и доследен на ЕУ-стандардите, - нагласи Азески. (С.П.)


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

АКТУЕЛНО

Штефан Петер, нов претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ ИЗВОЗ ОД ОКОЛУ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

На прес-конференцијата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија се претстави новиот претседател на Советот господин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ (19.10.2015 година). Тој го наследи досегашниот претседател на Советот, господинот Хуан Педро Хименез Наварро, кој ја напушта земјата заради деловни причини. Новоизбраниот претседател на Советот Штефан Петер, на пресконференцијата зборуваше за „Ефектите на странските инвестиции во развојот на домашната економија“, притоа нагласувајќи дека мисијата на Советот останува да биде силeн глас на бизнис-заедницата во земјата, со цел развој на националната економија која ќе биде поатрактивна за инвестирање преку поедноставени правила и зголемена предвидливост. „Советот на странски инвеститори ги претставува компаниите кои имаат долгогодишно искуство при работа на пазари со предизвици и во надминување на различни пречки. Со тоа, ние имаме обврска да и` помогнеме на македонската бизнисзаедница и да испратиме јасна порака дека делиме заеднички предизвици и проблеми“, - изјави Петер. Во таа смисла, Советот и во наредниот период ќе продолжи да развива разни форми на дијалог со релевантните институции. На највисоко ниво ќе ги промовира своите ставови на официјалните средби, но и на експертско ниво преку тркалезни маси и посебни состаноци со администрацијата, а се` со цел да се разјаснат и решат конкретни прашања кои ќе бидат од корист за двете страни. Главен акцент на прес-конференцијата беше ставен на позитивните ефекти на странските инвеститори за развојот на домашната економија. Од Советот посочија дека ќе продолжи насоката за постојаната соработката меѓу странските и домашните компании бидејќи потенцијалот треба постојано да се развива и надополнува. Клучната придобивка од таквата соработка е значајна и двострана. „Пред неколку дена чувме дека домашните компании заработиле 30 милиони евра од активностите кои ги направиле за странските инвеститори.


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Соработката на домашните компании со странските инвеститори има мултиплицирачки ефекти преку генерирање на поголем економски раст, придонес кон вработувањата и трансфер на знаења и технологии кон македонскиот бизнис-сектор. Ова е еден вид синергија меѓу странските инвеститори и локалните компании. Странските компании нудат работа, а во исто време создаваат можност локалните добавувачи да вработат нова домашна работна сила. Со тоа се зголемува искористувањето на потенцијалите на македонската индустрија“, посочи Петер. Како што се зголемува соработката со странски компании, така домашните компании наскоро ќе можат да се натпреваруваат и да ги нудат своите производи и услуги на инвеститорите кои се надвор од земјата, а со тоа да станат дел и од глобалниот пазар. Странските директни инвестиции носат позитивно влијание на целокупната економија. Тоа не се мери само со бројки, како што се инвестициите, зголемувањето на извозот и вработените лица, туку, исто така, и преку донесувањето на нови практики, нови технологии и знаења и ефикасното корпоративно управување. Диверзификација на производите кои се извезуваат од Македонија е уште една придобивка од активностите на странски инвеститори во земјата. Во текот на изминатите неколку години, Македонија успеа да произведе високо технолошки производи, како катализатори или автобуси, покрај традиционалнита метало-преработувачка, текстилната и хемиската индустрија. Извозот од зоните во 2014 година беше за 52% поголем во однос на извозот во 2013 година, а според проценките, на среден рок, треба да очекуваме извоз од околу 2 милијарди евра. Не постои сомнеж дека странските инвестиции овозможија напредок во македонската економија и придобивките од нив веќе се чувствуваат. Странските инвестиции во првата половина на 2015 година изнесуваат 121 милион евра, во цела 2014 година 330 милиони евра, додека вкупниот извоз на компаниите, само од слободните економски зони, минатата ЧЛЕНКИ ПОВЕЌЕ година изнесуваше повеќе од една милијарда евра. ОД 115 СТРАНСКИ КОМПАНИИ Македонија, како една од помалите економии на Западен Балкан, има постигнато многу предности. Вреди да Советот на странски инвеститори е основан на 27 се спомене добрата географска положба, квалификуваната февруари 2006 година, со Одлука за формирање Совет работна сила, како и договорите за слободна трговија со ЕУ на странски инвеститори, донесена од претседателот и Украина, како и договорот со Турција и земјите од ЦЕФТА. на Стопанската комора на Македонија. Во прилог на ова, меѓу луѓето доминира отворен и позитивен Во моментов Советот брои повеќе од 115 странски став кон меѓународната заедница. компании од различни земји и сектори, кои имаат Слободно може да се каже дека странските значаен придонес во државниот БДП и севкупната инвеститори кои веќе работат во Македонија генерално вработеност на населението во земјата. се задоволни од економските реформи, кога станува збор Активностите на Советот на странски инвеститори за подобрувањето на бизнис-климата, но сепак остануваат се засноваат на дијалог со македонската Влада и многу предизвици кои на долг рок треба да се надминат. сите релевантни институции, а целта е да се поддржи Советот на странски инвеститори ги споделува подобрувањето на деловното опкружување и последните препораки на ММФ кои укажуваат на тоа дека инвестиционата клима во Македонија. Членовите на намалувањето на невработеноста, особено кај младите Советот лоцираат прашања кои го засегаат деловното луѓе, треба да остане главна цел на земјата преку обуки и работење во земјата. Во соработка со соодветните едукација, и дека е од суштинско значење зајакнувањето на владини институции и сите засегнати страни, Советот бизнис-врските меѓу странските и домашните компании. на странски инвеститори се стреми да ги решава Позитивните прелевања од странските инвестиции проблемите преку промени во законодавството или се од суштинско значење за забрзување на структурните во административните постапки. реформи во економијата. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПОСЕТИ

Македонско-унгарски бизнис-форум

ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ И ПРЕД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ

Република Македонија има значаен интерес за продлабочување на стопанската соработка со Република Унгарија и оваа соработка треба да продолжи да се интензивира со заеднички ангажман. Притоа, земјава има интерес да ги зајакнува регионалните поврзувања, а посебен акцент има соработката со Унгарија. Оваа земја е значително пред Македонија во привлекувањето на странски инвестиции од областа на автомобилската индустрија, посебно во нивно покачување на повисоко ниво со додадена вредност, искуство кое е многу значајно да го пренесеме кај нас. Ова го истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија на Македонско-унгарскиот бизнис-форум (15.10.2015 година). На Форумот присуствуваа деловни луѓе од 12 унгарски компании и тие разговараа со претставниците на дваесетина македонски компании. Оценката на Стопанската комора на Македонија е дека и двете земји имаат одлични пријателски врски и треба објективно да се согледаат можностите за деловна соработка, како во делот на технологии за земјоделско производство, инфраструктурата, енергетиката и минералните суровини, така и во размената на производи со вклучување на успешни практични и иновативни решенија. - Зголемена економска активност помеѓу деловните субјекти од двете земји, несомнено ќе биде можна и очекувана доколку како комори го поттикнеме заедничкиот настап на компании од Македонија и Унгарија во трети земји, на меѓународни тендери, заедничко финансирање на производството и трговијата, реализација на потенцијални развојни проекти, како индивидуални, така и проекти за заеднички настап, помош на извозно ориентираните компании за влез на трети пазари и на пазарите од ЕУ, обука на кадри за следење на новите технологии, надминување на постојниот дефицит од одредени специфични профили во конкретни дејности, соработка за изработка на заеднички проекти со цел поголемо искористување на средставата од ЕУ-фондовите на новите седумгодишни програми „Хоризонт“ и „Косме“, - подвлече Пешев. За Стопанската комора на Македонија, според Пешев, од особено значење е намалување на трговскиот дефицит што го има земјава со Унгарија. Имено, третина од меѓусебната размена отпаѓа на извозот, додека две третини на увозот. Значајно е што македонскииот извоз годинава расте, а значајно е и што Унгарија е подготвена да влијае на понатамошно урамнотежување на размената. Во таа насока е споменат и Договорот за заемна царинска соработка, потпишан меѓу Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина (на 17 декември 2014 година), кој има за цел да воспостави позитивна клима за сорабока меѓу стопанствата, со примена на регионалната и меѓународната трговија. - Но, само со добра инфраструктура и изградба на брза пруга која би одела од Грција преку Македонија до Србија и Унгарија, ќе се намалат трошоците на транспортните услуги, и ќе се интензивира извозот во повеќе сектори, особено во прехранбениот сектор,


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ кој претставува клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и унгарските компании, - додаде Пешев, споменувајќи дека треба се` да се стори за да не се случи сегашната бегалска криза да влијае на спречување на транспортот на стоки меѓу земјите во регионот. Д-р Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, нагласи дека постојат правни и политички основи за зголемување на меѓусебната размена и тие услови треба да се искористат. Притоа, особено е важно деловните луѓе од двете земји што почесто да се состануваат, да разменуваат информации и на тој начин да ја јакнат меѓусебната доверба. Според неговите зборови, во последните неколку години меѓу двете земји има потпишано 10 спогодби од економската област, а се очекува спогодба за соработка да потпишат и Аграрната комора на Унгарија со Стопанската комора на Македонија. Во правец на зголемување на размената е и отворањето на Унгарската национална трговска куќа во Скопје која веќе имала свои презентации во шест региони во земјава, а подготвува настап и во уште два региона. - Минатата година имавме рекорд во меѓусебната размена која ја достигна бројката од 150 милиони САД долари, што беше за една петина повеќе отколку во 2013 година. До јуни 2015 година размената бележи пораст од 12 отсто, но забележавме дека е забележано опаѓање во областа на земјоделството. Од пред една година во рамките на Амбасадата функционира економско аташе, кое до крајот на годинава ќе биде зајакнато со специјален претставник за областа на земјоделството, и со што се надеваме дека дополнително ќе влијае на економските врски во оваа област во која може значително да се зголеми меѓусебната размена и соработка, - подвлече д-р Јожеф Бенце, кој посебно подвлече дека неговата земја се` направила и покрај големиот наплив на бегалци, сето тоа да не влијае на протокот на стоки меѓу двете земји. Според Ервин Сел, економски советник при Амбасадата на Унгарија во Р. Македонија, токму во земјоделството и во прехранбениот сектор има големи шанси да се зголеми меѓусебната економска соработка. Претставникот на унгарската компанија „Arundo Cellulóz Farming Kft“ го искажа својот интерес за соработка со македонските компании во делот на работа на европски проекти за теми поврзани со биомаса. Исто така, посочи дека се подготвува инвестиција во Битола каде ќе бидат користени унгарски машини за добивање на електрична енергија од биомаса. Сопственикот на компанијата „Хемометал“ кој е воедно и претседател на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски потенцира дека Битола е центарот за соработка во делот на биомаса и ги покани унгарските претставници, наредната бизнис-средба да ја организираат во овој град. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија, според податоците на македонската страна, во периодот јануари - август 2015 година достигна вредност од 55,3 милиони САД $, што претставува пад од 20,75 % во однос на истиот период од 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 12,6 милиони САД $, односно пораст од 30,63 %, додека увозното салдо изнесува 42,8 милиони САД $ или намалување од 28,95 % споредбено со истиот период во 2014 година. Трговскиот дефицит изнесува 30,2 милиони САД $ во периодот јануари - август 2015 година. Во вкупната надворешно-трговска размена, Република Унгарија во 2015 година е 27-ми трговски партнер на Република Македонија во овој период, но и двете страни на Македонско-унгарскиот бизнис-форум се согласија дека треба состојбите да се променат и Унгарија значително повисоко да се искачи на листата на македонски економски партнери. Ивона Каранфиловска, Саво Пејчиновски


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

МОЖНОСТИ

Презентација на Економскиот факултет од Љубљана и едукативна панел средба во Стопанската комора на Македонија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА КОМПАНИИТЕ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

Во Стопанската комора на Македонија на 20.10.2015 година се одржа презентација на Економскиот факултет од Љубљана. Пред присутните се обратија д-р Метка Текавчич, декан на Факултететот, која зборуваше за „Присуството на Економски факултет - Љубљана во регионот: Како програмите на Факултетот ги поддржуваат развојните потреби на Македонија и поширокиот регион?“ и професорот д-р Мојмир Мрак кој се осврна на темата: „ЕУ и еврозоната: Макроекономски трендови и предизвици кои ја менуваат глобалната финансиска средина за бизнис-операторите“. Настанот го модерираше д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, а на него присуствуваа бројни претставници од македонските компании, јавни личности, професори од Економскиот факултет и студенти. На сесијата беше презентирана студиската програма на Факултетот поврзана со развојните потреби на Македонија и поширокиот регион, а беше даден и осврт за сегашниот момент во ЕУ и еврозоната, макроекономските трендови и предизвици кои ја менуваат глобалната финансиска средина за бизнисоператорите. Проф. д-р Глигор Бишев, во своето излагање се осврна на значењето и влијанието на работата на Стопанската комора на Македонија во насока на унапредување на капацитетите на компаниите преку


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

13

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ

развој на човечките ресурси. Тој го потенцираше значењето на Центарот за едукација во рамките на Комората, кој организира едукативни настани и годишни конференции на клучни теми со цел да се овозможи размена на искуства и информации од значење за бизнис-секторот. Воедно, потпретседателот го истакна и Бизнис центарот за тренинг и обука чија основна дејност и активности се фокусирани на организирање обуки за образование на возрасни согласно верифицирани програми од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните. Проф. д-р Метка Текавчич ги презентираше основните вредности кои ги негува Економскиот факултет од Љубљана, нагласувајќи дека програмата особено е наменета за менаџери и претприемачи во правец на развој на нивните менаџерски вештини. Во фокусот се развивањето на стратешкото размислување за мотивирани поединци кои сакаат да го надградат својот лидерски потенцијал. Презентирани беа предностите кои ги нуди Факултетот за студентите, особено подвлекувајќи ги високите академски критериуми, меѓународно признати дипломи, меѓународни акредитации, условите под кои се организираат студиите, нивното траење. Укажано беше на отвореноста на Факултетот кон новите макроекономски трендови, развивање на програми за менаџери кои би биле успешни во глобална конкурентска околина со комбинација на економска едукација и бизнис-размислување, со развивање на вредности за интегритет, соработка, одговорност, знаење, академска слобода и слично. Исто така, беа презентирани и партнерите на Факултетот од различни континенти: Северна Америка, Африка, Азија, Европа, Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд, со кои заедно ја развиваат и ја прокламираат глобализацијата во економијата и во бизнисот. Своето излагање по оваа тема проф. д-р Мојмир Мрак го заврши со презентирање на целокупната програма на Факултетот која се нуди на англиски јазик за добивање на двојна диплома, можноста за размена на студенти и др. Издвоени беа проблемите кои се јавуваат во пракса и промените кои е потребно да се направат, притоа споменувајќи практични примери и анализа на економската криза и последиците од истата. По формалниот дел присутните имаа можност да поразговараат за темите кои се од интерес и на бизнис-заедницата и на факултетите. Низ дискусијата беа идентификувани неколку области кои во иднина ќе придонесат за интензивирање на соработката помеѓу институциите, бизнисот и студентите. Борис Тримчев Анита Митревска


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

РЕЗУЛТАТИ Во Стопанската комора на Македонија беа доделени сертификати на учесниците кои успешно ги завршија обуките за преквалификација и доквалификација

СПОСОБНОСТИ АДЕКВАТНИ ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД

На 21.10.2015 година во Стопанската комора на Македонија беа доделени сертификати на учесниците на обуките за преквалификација и доквалификација на човечки ресурси согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Учесниците во групите „Службеник во книговодство“ и „Туристичко-агенциски службеник“ се стекнаа со валидна потврда – Сертификат со кој го потврдуваат стекнатото специјалистичко знаење од наведената област. Обуката беше во времетраење од околу 4 месеци, а се одвиваше согласно верифицирана програма од Центарот за образование на возрасните. Обуката беше поделена на теоретски и практичен дел, а учесниците беа вклучени и во практична работа која имаше за цел да ги развие способностите во реална работна средина. За реализацијата на програмата беа ангажирани искусни предавачи во делот на теоретските предавања. Практичниот дел беше реализиран од страна на соодветни ментори кои го следеа напредокот на учесниците во текот на обуката. Практичната работа се одвиваше во специјализирани компании од наведените области, а учесниците имаа можност да се запознаат со реалните услови на работното место од соодветната професија. Во текот на реализацијата на обуките предавачите и менторите се грижеа за континуираниот напредок на учесниците. Согласно програмите на однапред дефинирани периоди беше вршена проценка и тестирање на реалните постигнувања за секој учесник, а по завршувањето на комплетната програма учесниците полагаа завршен испит. Во текот на годината континуирано се одвиваат обуки за различни професии и степени на образование. Подетални информации за програмите и курсевите се наведени на веб-страната на Стопанската комора на Македонија (http://www.mchamber.mk). Борис Тримчев


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

НЕОПХОДНИ РЕШЕНИЈА ПРИФАТЛИВИ ЗА БИЗНИСЗАЕДНИЦАТА

Регионалната комора со седиште во Скопје расправаше за усвоените и предложени измени на законски прописи

Регионалната комора со седиште во Скопје на седницата што се одржа на 20.10.2015 година расправаше за усвоените и предложени измени на законски прописи кои би биле од интерес за компаниите од регионот. Во рамките на тоа, беше направен осврт врз Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, Законот за прекршоци и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Вовед во расправата по усвоената и предложената измена на законската регулатива даде претседателот д-р Горан Рафајловски, при што истакна дека во измените и дополнувањата на законската регулатива дел од предлозите од страна на Комората се усвоени, но се` уште постои дел кој не е прифатен. Имено, дел од измените на законските решенија кај Законот за прекршоци, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување имаат потреба од доуредување со цел да бидат прифатливи за бизнисзаедницата и токму од тие причини Регионалната комора со седиште во Скопје ќе продолжи да се заложува за нивно доуредување. На седницата се разгледа и Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се дискутираше за нејзината реална имплементација и самата постапка за имплементирање. Советникот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Софче Јовановска, ја презентираше ENTERPRISE EUROPE NETWORK, Европската мрежа за бизнис-можности. Компаниите се запознаа со структурата, организацијата, субјектите кои се вклучени, како и со можностите што ги нуди ЕЕН Мрежата за секој корисник. Компаниите пројавија интерес како можат да се вклучат во ЕЕН Мрежата, со цел да ги користат и бенефитите од оваа европска бизнисмрежа која покрај компании од Европа, вклучува компании и од други континенти. Ванчо Спасески


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Средба на претставници на Регионалната комора со седиште во Битола со новиот шеф на Канцеларијата за козуларни работи на Република Грција во Битола

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА

Регионалната комора со седиште во Битола на 19.10.2015 година оствари прва официјална средба со новиот шеф на Канцеларијата за козуларни работи на Република Грција во Битола, господинот Николас Каралекас. Средбата беше реализирана на заедничка иницијатива на претседателите на регионалните комори од Битола, Мирко Велковски и на Лерин од Република Грција, Савас Сапалидис. На состанокот беа присутни и претставници од Стопанската комора на Македонија, како и членови на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола. На состанокот беше даден осврт на досегашната успешна соработка меѓу двата погранични региона, Битола и Лерин и понатамошните можности за унапредување на истата. Господниот Каралекас ја истакна својата заложба за продолжување на поддршката што Канцеларијата за конзуларни работи ја давала во континуитет на ова поле и дека таа динамика ќе продолжи и во иднина. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола ја потенцираше заложбата на стопанството од Пелагонискиот регион за развивање на пограничната соработка како инструмент за приближување до стандардите на ЕУ и заеднички настап на бизнис секторите од двата региона на трети пазари. На средбата од страна на претседателот на Комората во Лерин, Савас Сапалидис беше предадена покана за учество на Конференција за понатамошно промовирање на соработката која ќе се одржи во Лерин, Република Грција на 6 и 7.11.2015 година, а на која се очекува свои претставници да испратат коморите на Македонија, Албанија, Србија и Грција. Во рамките на работниот дел од состанокот беше разговарано и за конкретна проектна соработка меѓу партнери од соседните држави во рамките на ЕУ програмските пакети. М-р Никола Димковски


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

ТРАСИРАН ПАТОТ ЗА ПОИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА МЕЃУ БИЗНИС-СЕКТОРОТ И НАУКАТА

Регионалната комора со седиште во Битола и БАС Институтот за менаџмент потпишаа Меморандум за разбирање и соработка

Регионалната комора со седиште во Битола и БАС - Институтот за менаџмент од Битола потпишаа Меморандум за разбирање и соработка (19.10.2015 година). Во име на Регионалната комора со седиште во Битола Меморандумот го потпиша претседателот Мирко Велковски, кој ја нагласи поддршката што бизнис-секторот ја нуди, но и ја бара од образовните институции и дека со овој вид на партнерство се овозможува спремност да се иницираат заеднички истражувачки проекти, меѓународни проекти, научни собири и апликативни проекти во областите во кои двете страни би имале обостран интерес и бенефит. Лидија Стефановска, директор на БАС - Институтот за менаџмент, како потписник, исто така ја поздрави спремноста за посеопфатно остварување на мисиите на двете страни во рамките на вкупното унапредување на научноистражувачката и апликативната дејност во академскиот простор на Република Македонија и искажаната намера на заемно разбирање и спремност за конкретна соработка во полињата кои би биле корисни за двете страни. Регионалната комора со седиште во Битола веќе има потпишано повеќе слични меморандуми за соработка со бројни регионални и национални организации, како и со регионални комори од соседството. М-р Никола Димковски


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Осветен новоизградениот храм „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

КОМПАНИИТЕ ОД РЕГИОНОТ И ПОЕДИНЦИ НЕСЕБИЧНО ДАРУВАА ВО ИЗГРАДБАТА НА ПРЕКРАСНАТА ЦРКВА

На 18 октомври 2015 година, градот Кавадарци и официјално го доби новиот храм, црквата посветена на заштитничката на градот, Света Параскева Петка. Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата за осветување на храмот со сослужение на митрополитот на Повардарската Епархија г. Агатангел, митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј и митрополитот Брегалнички господин Иларион. На чинот на осветување присуствуваа голем број верници од тиквешко, но и од други градови во земјава. Ктиторите, „Фени индустри“, „Кожувчанка“, Општина Кавадарци и „Градба промет“, добија ордени „Свети Климент“ од МПЦ за значајното дело кое им го подарија на Кавадарци и кавадарчани. Господин Митко Јанчев во свое излагање рече дека се гордее со секој поединец што е дел од „Кожувчанка“, на секој кавадарчанец што се инволвираше во изградбата на ова велелепно верско издание и на сите оние кои ќе најдат мир во себе и на кои ќе им служи црквата Света Петка во иднина. - Црквата денеска стана реалност и тоа било божја волја да биде така. Сметам дека Кавадарци ја заслужува оваа црква, за која мислам дека е една од најубавите. Им посакувам на сите граѓани, на градоначалнико, другите ктитори, во овој храм да го најдат својот спокој, својот мир. Се надевам дека ќе бидеме благословени од Света Параскева сите ние“ - рече генералниот директор на „Фени“, Константинос Даскалакис. - Кавадарци ја доби оваа убавица. Покрај Св. Димитрија ја имаме и Св. Петка како наша заштитничка. Од самиот почеток на градба на оваа црква Кавадарци бележи успеси. И најмалиот верник сега е голем верник, затоа што со секоја педа на оваа црква Кавадарци бележеше просперитет и денеска градот е на врвот на македонската економија. Оваа црква да биде место каде ќе се склучуваат многу бракови, место каде ќе се разменат многу бакнежи меѓу нашите млади и место кое ќе означи многу пород и зголемување на наталитетот - рече градоначалникот Александар Панов. Изградбата на храмот се одвиваше пет години. Се започна на 8 август 2010 година. Црквата е изѕидана од мариовски камен. Работеа мајстори кои имаат традиција и искуство во градењето со камен во старо византиски стил. На осветувањето на црквата присуствуваше и претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за култура, Елизабета КанчевскаМилевска. - Храмовите се места каде верниците доаѓаат по својата вера, надеж и љубов. Се надевам дека овој храм на сите верници во Кавадарци и околината ќе им донесе многу радост, многу среќа и вербата во Бога да ја чествуваат во сите тие настани кои ќе се одбележуваат во оваа црква, - рече Иванов. Александра Велкова


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

19

ПОДВЛЕЧЕНО БАНКИ

ВОВЕДЕНА КАРТИЧКА ЗА БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ

НЛБ Тутунска банка со нова MasterCard Contactless и со голема наградна игра

НЛБ Тутунска банка, како современа и иновативна банка, која континуирано ги следи новите технолошки достигнувања, и овој пат во чекор со новите банкарски трендови, лансира нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка со можност за бесконтактно плаќање. Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС-терминалот. За клиентите овој начин на плаќање нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на своите плаќања. НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј - 30 години од своето постоење. По повод 30-годишнината на Банката и воведувањето на новата бесконтактна MasterCard дебитна картичка, НЛБ Тутунска банка организира наградна игра во соработка со MasterCard за сите корисници на MasterCard картичките. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година. Главната награда е автомобил Mitsubishi ASX. Покрај главната награда, Банката дневно и неделно ќе доделува и вредни парични награди на износи од по 3.000 денари, 5.000 денари, 10.000 денари и 30.000 денари кои ќе можат да се искористат на повеќе од 200 продажни места. За времетраење на наградната игра, ќе бидат доделени вкупнo 100 награди, од кои 99 се парични награди и една главна награда. Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички и НЛБ MasterCard Contactless картичките кои во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година ќе направат најмалку една трансакција на износ еднакoв или поголем од 500,00 денари. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС-терминал во кое било продажно место во земјата или преку Е-commerce. Како дополнителна промотивна поволност за времетраење на наградната игра, НЛБ Тутунска банка сите картички од програмата на MasterCard, ќе ги одобрува без членарина за првата година на користење. (НЛБ Тутунска банка)


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БАНКИ Интервју на проф. д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на „Феро Инвест“ и потпретседател на Стопанската комора на Македонија во „Капитал“

КРЕДИТИ СО КРЕДИТНО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО ПРОМОТИВНИ КАМАТИ

Охридска банка дел од групацијата Сосиете Женерал почнува промотивна кампања за кредитите со кредитно животно осигурување. Кампањата ќе трае до крајот на јануари 2016 година, а овозможува промотивни пониски каматни стапки кај станбениот кредит од 4,75 отсто, кај кеш хипотекарниот кредит 6 отсто, кеш експрес кредитот од 5,9 проценти и компакт кредитот за рефинансирање каматна стапка од 6 отсто. Клиентите што аплицираат за станбен и хипотекарен кредит со кредитно животно осигурување имаат можност да изберат помеѓу основниот пакет на осигурување, со кој за 0,44 отсто осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85 отсто годишна осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен и хипотекарен кредит, е достапен за сите други кредитокорисници. За станбениот, кеш експрес и компакт кредитот нема административни трошоци.(МИА)


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

21

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО

ГОРД СУМ НА УСПЕХОТ ВО СИТЕ БИЗНИСИ ВО КОИ ВЛЕЗЕ „ФЕРО ИНВЕСТ“

Преку аеродромите „Александар Велики’’ во Скопје и „Св. Апостол Павле’’ во Охрид во првите девет месеци годинава се превезени 1.183.728 патници

* Трите компании во кои вие се јавувате како основач и сопственик – „ЕДС“, „Брако“ и „Феро Инвест“ се најдоа на годинешното рангирање на најголеми и најпрофитабилни компании во Македонија со вкупни приходи од над 100 милиони евра, што ве прави еден од најголемите играчи на македонската бизнис-сцена. Што за Вас значи ова и дали ова беше целта или мотивацијата со која влегувавте во бизнисот? - Кога ние почнувавме практично и не можевме да знаеме што точно ќе се случува. Јас сум среќен, а тоа е секако резултат на работата на сите луѓе во компанијата, што после 13 години работа „Феро Инвест“ Групацијата успеа во сите три области. „Феро Инвест“ Групацијата се занимава исклучива со инженеринг и техника, а активна е во повеќе дејности. Првата дејност е металната индустрија, која е партнерска со фирмата „Брако“ од Велес, која беше во стечај се до 2003 година. Никој не очекуваше дека токму оваа компанијата може да стане успешна во металуршката индустрија, која ќе биде главно извозно ориентирана со извоз на над 90% од своето производство, дека ќе отвори нови програми… И тогаш кога почнував не можев да знам како ова ќе заврши, само знаев дека имам желба да направам добра работа. Сите знаат дека „Брако“ беше фабрика од времето на поранешна Југославија, позната за туристички и товарни приколки. Денес, од приколки „Брако“ произведува само специјализирани телекомуникациони приколки кои се практично наш патент, односно изум на инженерите во „Брако“, додека не произведуваме никакви туристички приколки. Со тоа оваа компанија ги смени комплетно дејностите со кои се занимава. Почнавме со жичана програма, оти можевме брзо да ја воведеме, а во тој момент и пазарот тоа го бараше, оти поголемите капацитети во Југоисточна Европа кои се занимаваа со жичана програма беа во проблеми. Денес „Брако“ е најголем производител на жичани производи во Југоисточна Европа со две фабрики, една во Македонија и друга во Србија. Практично, имаме најголем пазарен удел тргнувајќи од Австрија, па се` до Грција. Но, тоа е програма којашто не дава голема додадена вредност. Се стациониравме и во Панчево, на Пристаништето на Дунав, за да имаме оптимизација во транспортните трошоци и за да можеме да бидеме поконкурентни и северно од Србија, а не само да бидеме регионални играчи. И тоа беше полн погодок. Подоцна, во „Брако“ воведовме програми со поголема додадена вредност, како на пример, медицинскиот мебел, изградба на


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПРЕНЕСЕНО телекомуникациски контејнери, куќишта за турбини, а подоцна во соработка со италијанска компанија почнавме да произведуваме делови за камиони специјализирани за чистење, кои сега по наш предлог ќе ги склопуваме целосно во фабриката на „Брако“ во Велес. Во ноември минатата години ги склопивме првите камиони и сега континуирано склопуваме камиони за Италија, Мескико, Индија, Чиле, Дубаи… Така „Брако“ денес произведува производи вредни околу 20 милиони евра, од кои над 90% се наменети за извоз во над 20 држави, главно во Европа, но исто така и во САД и Јапонија. Целиот развој на „Брако“ го прати млад и стручен кадар. Инаку, во „Брако“ работат околу 470 луѓе, од кои поголемиот број работат во Велес, околу 50 работат во Панчево, а во целата Групација „Феро Инвест“ работат 670 вработени. Сакам да потенцирам дека „Брако“ целиот свој профит го реинвестира во технологија и нови машини. „Брако“ извезува главно во Европа, но извезуваме и во САД и во Јапонија. * Од каде идејата да влезете во бизнисот со хридроелектрани и тоа во време кога тоа уште беше непознаница во Македонија? - Во овој сегмент прво почнавме како инвеститори, односно почнавме да инвестираме во она што се создаде како можност со законската регулатива во Македонија, односно можност да се инвестира во мали хидроелектрани. Ние бевме пионери во оваа работа. Кога никој не сакаше да влезе во овие проекти, ние влеговме. Јас како инженер знаев што значи тоа. Нормално, на почеток имавме доста соработка со фирми од странство искусни на ова поле, но како поминуваше времето „Феро Инвест“ создаваше нови и нови програми , тргнувајќи од проектантско биро за хидроелектраните, имаме испроектирано над 80 хидроелектрани. Сакавме се да направиме во нашата куќа. Од проектирање, понатаму до интегрирање на опремата. Така што ние сега испорачуваме хидроелектрани по принципот „клуч на рака“. Притоа, откако електраната ќе ја пуштите во работа тоа е фабрика, тоа е систем кој мора да се одржува. Ние го нудиме и тоа. Да ги одржуваме нашите, но и електраните на другите инвеститори. Имаме и мониторинг служба. Таа ја прати 24 часа работата на електраните и она што сакам посебно да го потенцирам е дека сето ова е направено со наши, млади кадри од Македонија. Нема ниту еден постар од 30 години. Тоа се деца кои сме ги земале од училишна клупа, сме ги едуцирале и мислам дека успеавме да направиме еден добар тим на инженери кој што има причина зошто да остане во Македонија, заради тоа што мислам дека имаат солидни приходи, а и работат работа којашто би ја работеле каде било во светот. Горд сум што во нашата групација имаме над 100 млади инженери. Секако, имаме и економисти и правници, но инженерите се главниот кадар оти токму тоа е и главната дејност на фирмата. Морам да потенцирам дека во овој дел имаме и стратешки партнер. Пола од електраните ни се заеднички со „Гранит“, бидејќи тој едноставно е најискусен градител во државата. Ние бевме свесни дека мора да имаме партнер градител ако сакаме тоа брзо и добро да го направиме. И „Гранит“ својот дел од работата одлично го заврши. Мислам дека тоа е компанија која има најдобар капацитет за градење во Македонија. Во моментот работат 19 електрани, во изградба се 5, што значи дека ние на крај ќе имаме 24 електрани. Со други зборови, „Ферно Инвест“ ќе има 24 сопствени и некаде околу 20 електрани за други инвеститори, а за кои ќе има одговорност да ги управува и одржува.


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

23

ПРЕНЕСЕНО * Одлучивте да основате сопствена фирма за снабдување со електрична енергија, која е една од најголемите компании во земјата според приходите кои ги остварува, а кои надминуваат 75 милиони евра. Која Ви е замислата со оваа фирма? - Третиот сегмент е снабдување на електрична енергија, не само во Македонија туку и во регионот. Бројките коишто и Вие ги споменувате како приход, се однесуваат само за Македонија. Меѓутоа, ние сме и интернационална фирма со наши фирми - ќерки во Србија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Албанија, Косово и Грција. Тоа значи дека регионално снабдуваме електрична енергија и само половина од портфолиото е во Македонија, а остатокот е распоредено во регионот. Таму котираме на слободниот пазар и мора да кажам дека имаме значителен успех. Во Србија, после нивната државна компанија за снабдување на енергија, ние сме втор најголем играч. Слично е и во Хрватска. Ако се земе консолидираниот извоз станува збор за бројка од 120 милиони евра промет на консолидирано ниво, што ценам дека за фирма која почнала пред 13 години, за македонски услови е добар резултат. * Уште е поголем успехот ако се знае дека сите фирми коишто се најдоа во групата со најголеми и најпрофитабилни се почнати буквално од нула. Ретки се овие приказни во Македонија. Ако треба да одвоите неколку работи што се клучни за ваквиот развој на Вашите фирми што би било тоа? - Прво и основно е желбата нешто да се направи, и да се има претприемнички дух. Мојот дедо имаше фабрика. Јас не сум растен во духот дека нешто не може, туку дека треба да се почне да се работи и да не се чека дека некој нешто треба да ви донесе. Не треба да чекате некој нешто да ви поклони, да ве вработи, да ви помогне. Напротив, почнете и работете. Ризиците со кои се соочив на почетокот кога го почнував бизнисот беа големи и веројатно денес со овој разум и со ова ниво на знаење не би бил толку храбар и би бил многу попретпазлив. Но, добро успеавме да изменаџираме со ризиците. Јас не верувам во професија менаџер. Ако не го знаете процесот кој го раководите, не може да бидете успешен ниту како менаџер. Точно од таа причина „Феро Инвест“ Групацијата не излезе од инженерството. Ние не влеговме во храна, во хотели, оти не ја познаваме работата во овие сектори. Јас ги менаџирам само дејностите што ги познавам и разбирам целосно. Уште една одлука којашто придонесе за успешниот развој е одлуката фирмата да ја развиваме со млади луѓе. Сите луѓе кои денес се менаџери во „Брако“ до тука се дојдени од клупа. Во кадарот инвестираме многу и многу им помагаме од почеток да се изградат во кариерата. Сите тие денес се високо стручни инженери и трговци со електрична енергија, посветени и веројатно добро мотивирани. * Вие директно сте во бизнисот во Македонија и можете да почувствувате колку економијата е либерализирана и колку секоја фирма има еднаков пристап на пазарот. Дали би можеле да направите повеќе кога би работеле во други услови? - Во Македонија сум сопственик на фирма која се занимава со снабдување на електрична енергија и која е домицилна, македонска. И како таква фирма во Македонија имам поголеми триења, отколку на


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПРЕНЕСЕНО пример во Србија. Во Србија не сум направил ниту еден состанок со ниту едно државно лице, ни со еден оператор на пазарот. Тоа таму е јасно поставено и послободно таму работиме. Еден ден и кај нас ќе дојде пазарот целосно да се ослободи, тоа секако ќе биде корисно за нашата компанија. Но, не само за нас, туку и за стопанството. Не треба многу да бидеме паметни, за да знаеме дека конкуренцијата си го прави своето. Со поголема конкуренција, цените се намалуваат. Истото би се случило и во енергетскиот сектор. Монополот е лош кога е државен, но приватниот монопол е уште полош. Нема полош монопол од приватен монопол. * Кои од овие три бизниси е најпрофитабилен и зошто е тоа така? - Општо инженерството, металната индустрија и енергетиката не се сектори во кои вие може да остварите профити од 50%. Ако го земете профитот на моите вкупно 100 милиони евра промет, профитот е некаде околу 6 милиони евра. Тоа е профитабилност од некаде 6% - 7% од прометот. Тоа е нормално и во светски рамки. Ако имате профит над 20% од прометот, значи се занимавате со некоја дејност којашто има привилегии. Во дадени моменти, ако направам пресек за последните пет години, во некои моменти била металната, а во некои енергетиката. Сето тоа зависи од околностите на пазарот, но повторно ќе кажам дека не станува збор за некои брзи и страшно големи профити, туку станува збор за стабилно, континуирано и долгорочно работење. * Имате ли искористено некоја поволност којашто ја нуди државата за домашните компании? - Имам искористено некои ситни поволности во делот на вработување на млади луѓе, но тоа не се некакви олеснувања коишто значително влијаат на работењето. Да, тоа се добри мерки, но не се олеснувања кои значително ми помогнале. Нашиот концепт на работа е да не очекуваме дека некој ќе ни помогне многу. Она што е најбитно е да се создадат услови во државата за нормално функционирање. Кога почнавме да ги градиме хидроелектраните, јас имав чувство дека се поддржува тој процес. Но, сега кога тој процес дојде во некоја завршна фаза, кога веќе при крај се повеќето објекти, наместо тоа да го подобруваме и таа клима да се подобрува, чувствувам дека не се прави тоа. Напротив, се воведуваат мерки за сето тоа да се отежне, а не да се олесни. Веројатно би требало во таа насока да се поработи повеќе. Во делот на металната индустрија, јас немам многу допир со македонскиот пазар, оти сме главно извозно ориентирани. Што се однесува, пак, до електричната енергија, ете, ја знаете приказната. Ја чекавме либерализацијата, таа се одложи. Тука е многу битно државата преку своите механизми, преку своите регулаторни тела, на сите учесници да им обезбеди рамноправно учество. Да бидам прецизен. Ние сме стопанственици. Ние не треба да очекуваме никој да ни даде пари. Не очекувам никој да ми ја организира фирмата, ако јас не сум способен за тоа. Не очекувам никој да ми обезбедува пазари. Очекувам само да ми обезбеди фер услови. Натпревар под исти услови за сите субјекти на пазарот. Ништо повеќе од тоа. Другото ќе си го носам сам, оти јас сум си го презел предизвикот да бидам стопанственик. („Капитал“)


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

25

ПРЕНЕСЕНО

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Грчки отпор против приватизацијата

ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ОД СИНДИКАТИТЕ, ПОЛИТИЧАРИТЕ И ДУРИ И АРХЕОЛОЗИТЕ!

*По долго колебање, грчката влада сака да ја забрза приватизацијата на државната сопственост. Но, наидува на жестока критика од синдикатите, политичарите и дури и археолозите. Кавгата почна со една службена информација: на 5. октомври грчката Служба за приватизација ТАИПЕД објави тендер за вештак кој треба да ја одреди почетната цена за 67-процентно учество во пристаништето Пиреја. Рокот за прием на пријавите беше до денес, 16.10.2015. Ова беше знак за напредувањето на приватизацијата на најголемото грчко пристаниште, според договорот со меѓународните кредитори, без оглед на внатрешнополитичките кавги. Потоа следеше заедничка протестна акција на покраинското собрание на регионот Атика, на синдикатот на пристанишните работници ОМУЛЕ, адвокатскиот сојуз Пиреја и локалната трговска комора-судска тужба заради целосно спречување на продажбата на пристаништето или барем нови преговори за нејзините услови. Судската одлука се очекува најрано на крајот на октомври. Дали е ова противудар за проектот за приватизација? „Не, само одлагање“, смета политикологот Јоргос Цогопулос во разговор за Дојче веле. „На 30. октомври истекува рокот за понуди, Кинеското државно бродарство и холандската АПМ-група и натаму важат за најважни кандидати. Крајно, незамисливо ми е приватизацијата сериозно да се доведе во опасност.“


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Археолозите критикуваат за „распродажба“ Во дебатата за оператор на пристаништето се вклучи дури и Сојузот на грчки археолози, изјаснувајќи се против „распродажбата“ на овој државен објект, со оглед што во негова близина се наоѓаат многу културни локалитети, како делот од познатиот антички ѕид кај Пиреја и важни индустриски споменици. Уредничката од областа на културата Олга Села има малку разбирање за критиката. Археолозите би требало попрво да се радуваат на спасувањето на оваа културно значајна област, која би била попристапна за посетителите, и што можеби би обезбедило и работни места за локалните жители, напиша таа во атинскиот дневник Катимерини. Наместо тоа, археолозите се ограничуваат на соопштенија во кои се вели дека културното наследство на земјата не е на располагање за „преговори или приватизација.“ Во понеделникот повеќе синдикати Панајотис Лафацанис ги критикува бившите партиски колеги повикаа на протестна акција во Пиреја. „Не само пристаништтео, туку и целиот град и дури и цела Грција се ставени на продажба“, револтиран е поранешниот министер од Сириза и сегашен шеф на леворадикалната отцепена партија, Панајотис Лафацанис. На протестот со него беа и тројца пратеници од Сириза, кои пак во август гласаа во Парламентот за новите кредитни договори со доверителите и со тоа и за продажбата на државниот имот. Задоцнета промена на ставот или можеби обид за балансирање меѓу спротиставените интереси? „Веројатно ни едно ни друго“, смета политичкиот аналитичар Цогопулос. „Уште од почетокот, од идеолошки причини, овие луѓе беа против секаква приватизација.“ Но, бидејќи немаше друга алтернатива, тие летоска мораа да се приспособат на реалноста и во Парламентот да гласаат за отуѓување на државната сопственост. Но, тоа не ги спречува „да ја изживеат својата идеологија“. Тест-регионалните аеродроми Необична е сликата и кај грчките регионални аеродроми. На крајот на 2014 година германскиот концерн Фрапорт, заедно со грчки партнер, излезе како фаворит за вкупно 14 аеродроми, кои во најголем дел се наоѓаат на омилени туристички острови. По промената на владата, премиерот Алексис Ципрас го стави проектот на мраз повеќе од шест месеци, со што потфрли првичната цел за приходи од приватизацијата во Грција за 2015 година. Сега треба да се дејствува што побрзо, барем министерот за економија Јоргос Статакис на почетокот на октомври демонстрираше решителност како ретко досега: „Сето ќе биде реализирано според договорот.“ Шефот на Фрапорт Штефан Шулте, меѓутоа, има друг впечаток: при една средба со синдикатот на аеродромски работници ОСУПА во Солун, три дена претходно, тој и неговиот тим биле вербално нападнати од синдикалците како „освојувачи“ кои „работат во името на Волфганг Шојбле“, пишува Катимерини. Според весникот, шефот на Фрапорт потоа ја напуштил средбата. За политички епилог се погрижи заменикот министер за инфраструктура, Стелос Спирцис: „Всушност, ние не сме согласни за приватизацијата на аеродромите и железницата, но во прашање е договорна обврска на нашата земја и ние мора да ја испочитуваме“, рече тој. За политичкиот аналитичар Цогопулос едно е јасно: „Овој проект напредува побрзо отколку продажбата на пристаништето Пиреја“. Но, проблем е што германската страна, по сите пролонгирања од последниот перидо, сега бара гаранции за брза реализација на проектот. Атинскиот фонд за приватизација во средата соопшти дека договорот за концесии со Фрапорт и неговиот грчки партнер ќе биде потпишан до крајот на 2015 година. Сега се чини дека се‘ е разјаснетобарем на хартија.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

СВЕТСКИ ПЕЧАТ/ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ Германски научници креираа нов дисплеј кој би донел несомнени хигиенско-здравствени предности

ДОПИРАЊЕТО ЌЕ ЗАВРШИ ТАЧСКРИН СТАНУВА ТАЧЛЕС

*Германски научници креираа дисплеј кој прима команди без допир. Негова широка примена би донела несомнени хигиенско-здравствени предности.Како функционира тој, кога може да се очекуваат први апарати со тачлес- функција? На денешно време и деца без проблем ракуваат со смартфон или таблет, а за возрасните тоа одамна е секојдневие: кафе-машина, автомат за билети, навигационен систем... ние постојано ракуваме со апарати со само неколку допири со прстите, преку таканаречениот тачскрин. Научниците од Макс Планк институтот во Штутгарт сега креираа тачскрин кој реагира веќе на приближување на прстот, без да мора да се допре површината на дисплејот. Тоа е похигиенски, а и апаратите се поштедуваат од триење.

Сензори во дисплејот Научниците-истражувачи за новата постапка ја користат потта. Нашите микро пори постојано испуштаат молекули на вода, а специјален сензор го мери количеството на влага што доаѓа од прстот кој му се приближува. Тој особено чувствителен сензор се состои од слоеви на атоми на антимон, фосфор, кислород и водород. „Веќе подолго време е познато дека тој материјал добро ја прима влагата и притоа многу се шири“, објаснува Пирмин Гантер, докторант на Макс Планк институтот за истражување на цврсти тела, како и на одделот за хемија на универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен. Штом се доближува прст, материјалот ја прима влагата и се менува бојата.


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

29

СВЕТСКИ ПЕЧАТ/ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ Не е ново, но е подобро Врз основа на сензорот, научниците креираа сендвич со повеќе од 10 слоеви, кој и покрај тоа е несфатливо тенок - помалку од илјадити дел од милиметар! Кога се доближува прст, се зголемува влажноста во непосредна близина на материјалот. Слоевите се шират. „Со промената на дебелината на слоевите се менува на бојата на сензорот, која се создава слично како бојата на крило на пеперутка или во седефот“, вели Каталин Шендреи, исто така докторантка во институтот Макс Планк. Таквото однесување во принцип е веќе познато и е карактеристично за таканаречените фотонски кристали. Но, во овој случај истражувачите за прв пат набљудуваа толку силна промена на бојата, на пример од црвена во сина, што се случува и многу брзо - за само неколку милисекунди. Тоа се добри предуслови за примена на материјалот кај идните генерации на смартфони, таблети или лаптопи. Но, можна е примена и за јавни цели, како на пример на банкомати или на ваги во супермаркет. Токму на јавни места, на апарати што ги користат многу луѓе, ракување без допир има јасни хигиенски предности, вели Бетина Лоч од универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен, раководител на истражувачката група. Нужно е трпение Но, уште е прерано да се радуваме на бездопирен тачлес- дисплеј, оти има и прашања за кои се бараат решенија. На пример, новата структура мора да биде покриена со заштитен слој кој ќе ја штити од триење, но истовремено ќе пропушта молекули на вода. За тоа научниците веќе имаат идеја, но ќе потрае уште некое време додека да може да се реализира. Веројатно се потребни и натамошни подобрувања што се однесува на подобноста за користење во секојдневието. Ракување на такви апарати со ракавици веројатно би одело тешко. А итри деловни луѓе токму смислија специјални ракавици за смартфон. Наскоро ќе мора повторно да смислуваат нешто ново.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати. Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето. Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на

наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите п о т е ш к о т и и предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1878&bet=2

Краен рок за пријавување: 30.10.2015 година. Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: ДАНОЧНО ПРАВО Новини во законите од даночната област и најновите усогласувања по прекршочната постапка при вршење инспекциски надзор (ДДВ; персонален данок; данок на добивка; даночна постапка; данок на имот) со практични примери Програма на семинарот: 1. Оданочување со ДДВ во постапки на присилно извршување и присилна наплата; 2. Промет кон и од слободни зони; 3. Персонален данок на капитални добивки по сите основи; 4. Измени во Законот за данок на имот; 5. Новини во даночната постапка; 6. Укинување на придонесите по договор на дело; 7. Даночна основа за данок на добивка за 2015 година. Предавачи: 1. Звонко Кочовски, овластен ревизор, овластен проценител, овластен судски вештак, експерт за сметководство, ревизија, даночен консалтинг, длабински анализи, проценки на друштва, експерт за ревизија на проекти финансирани од странски донации. 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE.

26.10.2015 година, 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија сала 4 на 5-ти кат

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1925&bet=1

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 28 и 29 октомври 2015 година во Скопје, Република Македонија Од 11 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Официјалната посета на бизнис-делегацијата е во насока на натамошно градење односи на економска поврзаност и кооперативност, врз основа на географската близина и комплементарноста на стопанствата со цел продлабочување на досегашната соработка. Во работната програма на планираната посета, ќе биде ставен акцент на разгледување на можностите за унапредување на трговската соработка и интензивирање на партнерските релации во областа на текстилната и кожарската индустрија, како и комплементарните индустриски гранки. На деловните средби српските и македонските компании ќе имаат можност: - да стапат во директен контакт со потенцијални партнери и да склучат нови партнерства и нови форми на соработка; - да разменат сопствени знаења и искуства од досегашната работа во индустријата на домашниот и на странскиот пазар. Бизнис-делегацијата од Р. Србија ќе престојува во Македонија и на 29 октомври 2015 година, при што би можело да се организира и директна посета, доколку некоја од заинтересираните македонски компании не е во можност да присуствува на деловните средбите закажани за 28 октомври 2015 година, во Стопанскат комора на Македонија. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на деловните средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 26 октомври 2015 година (понеделник), за да можат да се обезбедат соодветни партнери. Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Форум и голема Бизнис – конференција во Плоешти

„20 ГОДИНИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ ПОМЕЃУ Р. МАКЕДОНИЈА И Р. РОМАНИЈА“

(28-30 октомври 2015 година) Плоешти, Р. Романија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Република Романија и Комората за трговија и индустрија на Романија ве покануваат на голема Бизнис-конференција по повод „20 годинин воспоставување дипломатски односи помеѓу Р. Македонија и Р. Романија“. Настанот ќе се одржи во Плоешти, околија Прахова, Романија, од 28-30 октомври 2015 година. Целта на овој голем бизнис-настан е да присуствуваат градоначалниците и нивните заменици на општини од Р. Македонија, при што ќе се организираат деловни средби помеѓу општините на Р. Македонија и Р. Романија и деловни средби помеѓу компаниите кои ќе бидат дел од бизнис-делегацијата. На настанот ќе биде потпишана и Повелба за збратимување помеѓу сите општини што ги исполнуваат сите внатрешни процедури за збратимување. Овој настан е наменет за компаниите од областа на: - земјоделството и прехранбената индустрија; - туризмот; - металната и електроиндустријата; - металургијата; - градежништвото и градежната индустрија. Во периодот на оджување на Бизнис-конференцијата, од 28.10 до 1.11 2015 година во Будимпешта ќе се одржува Меѓународниот саем за земјоделство, хортикултура, лозарство и сточарство „ИНДАГРА“. Стопанската комора на Македонија во соработка со „ROMEXPO“ на сите компании заинтересирани за посета на Саемот им обезбедува бесплатни влезници. Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на компаниите. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1913&bet=4 Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар 29.10.2015 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА, СО ПРИМЕНА НА ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

Програма на семинарот: 1. Закон за финансиската дисциплина; 2. Уредување на навременото исполнување на парични обврски; 3. Парична обврска, фактура, поим на фактура; 4. Прецизирање на постапката на контрола; 5. Прецизирање на роковите за плаќање; 6. Утврдување на висината на прекршочните согласно Законот за прекршоците. Целна група за семинарот: - директорите/раководителите на финансиско-сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за финансиско работење и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1930&bet=1 Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„АНАЛИЗА НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

Семинар 30 октомври 2015 година 9:30-15:00 часот Сала 53 на 4-ти кат, Стопанска комора на Македонија

Програма • Генерален вовед кон измените и нивното сукцесивно стапување во сила; • Различниот пристап кон споровите со иста вредност; • Ширењето на опсегот на доказната постапка; • Детална разработка на измените во постапките по повод платните налози; • Усогласеноста на измените на Законот за парнична постапка со останатите закони кои се однесуваат на истата материја; • (Не)доследноста на измените во жалбената постапка; • Задолжителноста на медијацијата - нужен трошок или непотребен товар за правните субјекти? Семинарот е наменет за: правните лица, законските застапници, адвокатите, како и за сите оние кои во своето работење го користат Законот за парнична постапка. Предавачи: - Тања Петковска, адвокат од областа на граѓанските и стопанските спорови и - Слаѓана Серафимова, адвокат од областа на граѓанските и стопанските спорови. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар 30.10.2015 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОГИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15 и 169/15) со практични примери при архивирањето на списите кои произлегуваат од тековното работење и тарифникот за висината на надоместоците што ги наплаќа Државниот архив на Република Македонија ПРОГРАМА 1. Закон за архивски материјал; 2. Приватен архивски и документарен материјал; 3. Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; 4. Уредба за канцелариско и архивско работење; 5. Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри; 6. Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; 7. Тарифник за висината на надоместоците што ги наплаќа Државниот архив на Република Македонија. Предавачи: - Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, коавтор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1929&bet=1 Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ШТО УРЕДУВА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ?“

(„Службен весник на РМ“, бр. 104/2015) 4 ноември 2015 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Новиот Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 104/2015) е донесен со цел да се изврши транспонирање на новата Регулатива 305/2011 на Европската унија во областа на градежните производи во нашето законодавство. Регулатива 305/2011 ја замени Директивата на ЕУ 89/106 ЕЕС. Правилата во овој Закон директно влијаат врз условите за градежните производи. Овие услови постепено се одразуваат на националните стандарди за производи, националните технички одобренија и технички спецификации кои се поврзани со градежните производи. Овие правила не се однесуваат само на безбедност на градбите и на градежните работи, туку и на здравјето, издржливоста, заштеда на енергија и заштита на животната средина. Со одредбите на Законот точно се уредуваат обврските на економските оператори, односно на: овластениот застапник, увозникот, дистрибутерот. Посебно се регулираат обврските на производителот, кога знакот „СЕ“ е обврзувачки, каде и како се поставува, кои документи се неопходни за пласман на производот на пазарот. Различни производи различно придонесуваат за безбедноста на објектот. Законот предвидува 5 различни системи за оцена (1+,1,2+,3,4) и тоа за: бетон и бетонски префабрикати, агрегати, цементи, малтери, вар, термоизолациони материјали, хидроизолациони материјали, подни облоги, камен, керамички производи, врати и прозорци, дрво и производи на база на дрво, геотехнички, подлоги и завршни слоеви кај патиштата, плочи и производи на база на гипс,..... итн. Имплементацијата на Законот, се очекува да придонесе за поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на именување на телата и се во функција на зголемена ефикасност за контрола и спречување на сите технички и трговски бариери во оваа област.

Обучувач на семинарот ќе биде м-р Соња Черепналковска, дипл. град. инж.

Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1931&bet=1

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“

На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка

(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.

- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.

Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите

Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1881&bet=17

*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Аплицирај електронски / on-line


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 11 до 14 ноември 2015 година, Саем за хотели, ресторани и угостителство во Република Турција

„COHO CONTRACT HOTEL EXPO BURSA“ ВО БУРСА

Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании, како и компании од целиот свет, и нуди можности за размена на искуства и нови приоди во сферата на хотелиерството. На Саемот посетителите ќе имаат можност да видат: • хотелски текстил: бањарки, папучи, униформи, чаршави, завеси, декоративен текстил; • угостителска и услужна опрема, кетеринг служба, машини за тесто, прибори за јадење; • индустриски машини за перење и пеглање, хемиско чистење, машини за чистење дамки; • мебел за хотели: канцелариски мебел, мебел за бања, кревети, кујни, мебел за ресторани, кафе-бар, декоративен мебел; • спа-центри, базени, сауни и опрема; • опрема на хотелска соба, мини бар, мини фрижидер, додатоци за бања; • осветлување, безбедносни системи, визуелни технологии, систем за заклучување, телевизии; • друга опрема за хотели и ресторани. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на овие саемски манифестации од 11 до 13 ноември 2015 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

За таа цел обезбедени се: • бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) пријавување од 12:00 до 14:00 часот; • локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и • бесплатни влезници за Саемот. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз, како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората, со вклучен ДДВ). Организаторот посредува за обезбедување авионски билет чија цена зависи од моментот на резервацијата. Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемските манифестации најдоцна до 16.10.2015 година. Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: http://www.contracthotelexpo.com/en/katilimcilar/ katilimci+profili.html или контактирајте не`. Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 12 до 14 ноември 2015 година Хотел „Парк“ – Белград, Р. Србија /www.hotelparkbeograd.rs

Советување: „МОЖНОСТИ И НАЧИНИ НА НАПЛАТА НА СПОРНИТЕ ПОБАРУВАЊА ОД ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ“

Теми кои ќе се обработуваат на советувањето: - Договарање соработка на домашниот и на странски пазари; - Можности за препознавање партнери кои ги извршуваат обврските; - Причини за настанување на спорни побарувања, внатрешни причини на должникот, надворешни причини, опструкции од страна на должникот; - Реструктуирање на финансиите во компаниите, стечај, ликвидација, извршна постапка, неуспешни приватизации; - Реорганизација и реструктуирање на финансиите во компаниите како начин на наплата на побарувањата; - Значење на благовремена идентификација на спорно побарување од домашни и странски партнери; - Преговори со должникот и договарање за наплата на средствата; - Максимално обезбедување во домашниот и меѓународниот бизнис; - Проблеми во праксата и решенија за наплата на домашните и странските побарувања; - Реални примери од пракса. Програма: - Познавање на состојбите на пазарот, познавање на вообичаеното однесување на должникот, сопственост над капиталот и плаќањето на долговите; статусни промени; значењето на благовременото утврдување на спорните побарувања; промени во однесувањето на должникот и околности кои одлучувачки влијаат на работењето на должникот; интерни причини и екстерни причиниза кои го оневозможуваат плаќањето на побарувањата; - Проверка на расположливите јавни податоци; отворање постапка за ликвидација, стечај, располагање со имотот; реструктуирање на компаниите, положбата на доверител во постапката за реструктуирање; планови за реорганизација во стечај и однапред подготвени планови за реорганизација; репрограмирање на однапред подготвен план за реорганизација во стечај; - Извршна постапка, средства за обезбедување - добри и лоши страни; меница, хипотека, залог на движен имот и права, банкарска гаранција, кауција; преговарање со должникот, договори со други поверители, заедничко настапување на поверителите; блокада на сметка и можни последици, идентификувани проблеми на наплата на спорни побарувања во пракса; преговори, значење на наплатата на побарувањето и задржување на клиентот, правна поддршка во наплата на спорни побарувања и др. Предавач: * Д-р Лилјана Рајновиќ, експерт за бизнис и финасиско право, консултант во процесот на реструктуирање, статусни промени, приватизација, фузија и аквизација, берза и хартии од вредност, ликвидација на трговски друштва, застапување на странски арбитражи.

Сместување: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел „Парк“ – Белград на ваша електронска пошта) Превоз - Цена за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник 2.400,00 денари. (тргнување на 12 ноември 2015 година, во 6:00 часот и враќање на 14 номеври 2015 година во попладневните часови) Котизација за семинар: - Котизацијата за дводневно советување изнесува 4.900 денари + 18% ДДВ (5.782 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Рок за пријавување: 26 октомври 2015 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на советувањето. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„Бизнис-делегација од Република Македонија во посета на Стопанската комора на Ленинградска област

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ КОМПАНИИ

18 ноември 2015 година Санкт-Петербург, Руска Федерација (Стопанска комора на Ленинградска област)

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и нивниот економски промотер во Санкт-Петербург. При посетата, покрај инвестициите, ќе се посвети внимание и на промоцијата на извозните можности на Република Македонија во Руската Федерација. На настанот ќе бидат организирани и билатерални деловни средби со компании од областа на прехранбената индустрија, при што ќе бидат присутни претставници од седум големи синџири на супермаркети кои оперираат во Северозападната област на Русија и тоа: „Азбука вкуса“; „Торговый Дом - ЛЭНД“; „X5 Retail Group“ (лидер на рускиот пазар на трговија на мало, сопственици на 3 синџири на супермаркети: „Пятерочка“, „Перекресток“ и „Карусель“); „Лента“; „Prizma“; „7я семья“ и „Metro C&C“. Покрај претставниците на големите синџири на супермаркети, на средбите присуство најавија и увозници и дистрибутери на овошје, зеленчук и на алкохолни пијалаци. Учество на настанот можат да пријават сите извозно ориентирани компании од областа на прехранбената индустрија, вклучувајќи: • извозници на свежо овошје и зеленчук; • винарници; • претставници на конзервната индустрија; • производители на замрзната храна; • производители на алкохолни пијалаци и др. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 11 ноември 2015 година (среда), за да можат да се обезбедат соодветни партнери. За подетални информации заинтересираните компании ќе бидат дополнително информирани. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран

“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)

Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.

Пријавување до 17 ноември 2015 година.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА пластични филтри за наводнување. Валидност дo 27.10.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на цедено маслиново масло. Валидност дo 27.10.2015 годинa. Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хируршки инструменти, инструменти за стоматолошки ординации, за ветеринарни амбуланти, козметички салони и секаков вид ножици и хируршки пинцети. Валидност дo 27.10.2015 годинa. Компанија од Албанија бара да инвестира во отварање на погон за производство на чевли во Република Македонија. Валидност дo 31.10.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на потрошен медицински материјал во Република Македонија. Валидност дo 31.10.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни Компанија од Грција бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман видови магнети. на геотекстил. Валидност дo 26.10.2015 годинa. Валидност дo 31.10.2015 годинa. Компанија од Полска бара дистрибутер за пласман на опрема за осветлување на затворен и отворен простор и широк спектар на жици и уреди во Република Македонија. Валидност дo 26.10.2015 годинa.

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на смрзната морска храна. Валидност дo 31.10.2015 годинa.

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини и придружни делови за полирање камења. Валидност дo 27.10.2015 годинa.

Компанија од Албанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на газирани, негазирани пијалaци, вода и прехраnбени производи. Валидност дo 31.10.2015 годинa.

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на метални и Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јаткасти


четврток, 22 октомври 2015, Бр. 240

БИЗНИС ИНФО

51

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА плодови (лешници, ореви) и суво овошје. Валидност дo 1.11.2015 годинa. Компанија од Велика Британија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на детски играчки. Валидност дo 1.11.2015 годинa.

и балканските земји за плaсман на следните производи: органски ливадски и планински мед, органски мед од тартуф. органски мед со саѓе, боров сируп, медо-таан, органски матичен млеч, органски поленов прав, органски суров прополис, органски прополис концентрат, органски восок, органски пчелин отров (apitoxsin), како изработка и продажба на сите видови сандаци, рамки за пчели и пропратен материјал. Валидност дo 1.9.2016 годинa.

Компанија од Република Македонија бара дистрибутери за пласман на следниве земјоделски производи од органско потекло: органска свежа аронија, органско грозје и Компанија од Кореја бара дистрибутер во органски домати (розе и црвени). Република Македонија за пласман на трактори. Валидност дo 1.9.2016 годинa. Валидност дo 2.11.2015 годинa. Компанија од Република Македонија бара соработка со дистрибутери за пласман на органско микробиолошкo ѓубриво од калифорниски црви во тврда и течна состојба на големо. Валидност дo 1.9.2016 годинa. Компанија од Република Македонија бара партнери за соработка во Европската uнија

www.mchamber.mk

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на вештачки ѓубрива. Валидност дo 2.11.2015 годинa.

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО, број 240, 22.10.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu