СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
1
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
www.mchamber.mk Број 90 од 22.03.2012
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Порака од Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори од Никозија на Кипар до владите
АБK - почетоци, резултати, мисија БАЛКАНОТ ОД „БУРЕ БАРУТ“ ДО „БУРЕ ПОЛНО СО ПАРИ“
НАМАЛЕТЕ ЈА ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА И КРЕИРАЈТЕ БИЗНИС-АМБИЕНТ ЗА ОТВОРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА
Славе Јорданов, сопственик на „Тинг“ од Кочани на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија
Петар Есмеров, државен секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија, за соработката на бизнис-секторот со НАМСА
СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ЗНАЕЊЕ НАЈЛЕСНО СЕ ОСВОЈУВААТ СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ
ДОДЕКА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО, ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ МОЖНОСТА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП СО ЧЛЕНКИТЕ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА „ВРУТОК“ И „РАВЕН“ Во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“ потпишани се договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер.
производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување. Со реализацијата на двата договора, ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година.
количество. (Кочо Анѓушев, директор на компанијата „ЕФТ Македонија“) ИНЗВОРЕДНО ПОЗИЦИОНИРАНИ ЗА ПОДРШКА НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
Шпаркасе банка е еден од најголемите странски инвеститори во (Влатко Чингоски, финансискиот сектор во Македонија и генерален директор на АД ЕЛЕМ ) единствената австриска банка засега застапена во нашата земја. Досега банката инвестирала над 160 милиони евра во македонската економија, а само ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ НА МАЛИТЕ во последните шест месеци го зголеми ХИДРОЦЕНТРАЛИ капиталот на банката за 30 милиони евра. Во рамките на нашите Со тоа сметаме дека сме програми за зголемување на извонредно позиционирани да ги искористеноста на обновливите поддржиме странските инвеститори што извори на електрична енергија доаѓаат. Мислам дека на економијата и Според потпишаните продолжуваме со проекти за изградба се потребни нови силни проекти кои договори и утврдената динамика на на фотоволтаични централи и ветерни ќе ги зголемат економскиот раст и ревитализација, првиот, нов блок електрани. извозните можности што постојат. генератор-трансформатор во ХЕ Вруток Австрија лани се искачи ќе биде пуштен во погон во јуни на првото место според обемот на догодина, а последниот, четврти блок странски инвестиции во Македонија. генератор-трансформатор, ќе биде Лани австриските фирми инвестирале пуштен во погон во мај 2014 година, во Македонија 77 милиони евра, кога и официјално ќе финишира овој од вкупно 303 милиони странски проект. Покрај значителното подобрување на производствените перформанси на хидроелектраните Иако зборуваме за мали со зафатот ќе се зголеми достапниот хидроцентрали, нивното значење енергетски производствен капацитет во системот, кога секојдневно се на ХЕ Вруток од 168 на 184 мегаволт зголемува потрошувачката на струја, е ампери и ќе се овозможи дополнително огромно. Сите мали хидроцентрали би производството на еколошки го замениле производството на една прифатлива електрична енергија до голема како „Шпилје“ или „Глобочица“. 50 гигаватчасови годишно. Покрај тоа, Доколу увозот е 2.000 ќе има подобрување на ефикасноста мегават-часа, тогаш со малите и намалување на загубите кои се хидроцентрали ќе се заменат 10 отсто од претвораат во поголем потенцијал за увозот, што воопшто не е занемарливо
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
инвестиции во земјата. Во Македонија се присутни 60 австриски компании во банкарскиот, осигурителниот сектор, во телефонијата, градежништвото и други сектори. (Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермаркише шпаркасе банка) РАЗЛИЧНИ ИСКУСТВА СО ПРОМОТОРИТЕ Mеѓу промотoрите има такви кои навистина сакаат да помогнат, но и такви кои воопшто не биле мотивирани да ѝ помогнат на компанијата. Иако сум задоволен од некои промотори, како оние во Франција и во Канада, кои се трудат многу да нè поврзат со канадските монополи на вино, сепак имавме искуство и со некои промотори кои не сакаа да ни помогнат да стапиме во контакт со локални фирми во земјата
за која се надлежни тие. И најчесто на тоа одговараат дека не ги добиваат нашите мејлови. Јасно е дека не може да очекуваме економските промотори да бидат експерти за сите области. Но, од нив очекуваме помош барем во делот на толкување на локалните прописи и обичаи, да нè снабдуваат со потребни бази на податоци и информации и секако да нè поврзуваат со одредени клиенти. (Ѓорѓи Петрушев, претставник на групацијата М6)
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер
Покровители
на
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
БИЗНИС ИНФО
3
НА САМОТО МЕСТО
Генерално собрание на Асоцијацијата на балканските комори во Никозија на Кипар
НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА И КРЕИРАЊЕ АМБИЕНТ ЗА ОТВОРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори, 35-то по ред, се одржа на 16 март 2012 година во Никозија на Кипар. Домаќин беше Трговско-индустриската комора на Кипар која оваа година е претседавач на АБК. На Собранието учествуваа претставници на коморите
од Грција, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија. Учесниците на Собранието ги поздрави претседателот на АБК, Филидас Пилиди, претседател на Трговско-индустриската комора на Кипар, кој нагласи дека неговата земја се наоѓа пред голем предизвик и обврски поради фактот дека во втората половина на 2012 година ќе биде претседавач на ЕУ. Притоа, акцентот е ставен врз: - занимавање со битните прашања на ЕУ; - презентирање пред граѓаните на Кипар и пошироката јавност за предностите од приближувањето кон ЕУ и бенефитите кои произлегуваат од тоа; солидарност и ефикасност, како и прашањата за буџетот, претприемништвото и конкурентноста; - фискалната политика и финансиската дисциплина; - енергетскиот сектор, обновливите извори на енергија, пронаоѓањето на хидро-карбонот во областа на
Кипар. Воедно, беа опфатени и други области од значење за развојот на Кипар и меѓународната соработка: - надворешни граници, илегални миграции (Сирија и Иран); - меѓусоседската политика: промоција на Медитеранската политика на ЕУ
ФОКУС ВРЗ ИНВЕСТИЦИИТЕ Фидиас Пилидес, претседател на Трговско-индустриската комора на Кипар, ја истакнува можностa балканските земји заедно со Кипар да бидат инвеститори во регионот. - Кипар е трет инвеститор во Романија и има развиена трговска размена со Бугарија и Србија. Во услови на економска криза инвестициите носат големи бенефити како за приватниот, така и за јавниот сектор. Коморите ќе ги поддржат компаниите, особено малите и средни бизниси, така што ќе влијаат врз владите за создавање деловен амбиент кој поттикнува економски развој. Но, затоа компаниите треба да бидат агресивни спрема регулаторната и извршната власт во барањата за воведување на такви мерки и шеми на поддршка кои неминовно ќе водат кон раст и отворање на нови работни места. Компаниите во ЕУ се пред предизвик на нов вид на глобализација, а тоа е целосна имплементација на единствениот пазар и дигитален единствен пазар – со што ќе се поттикне реинтеграција на единствениот пазар и отстранување на сите (за)останати бариери. Тоа ќе овозможи ширење на бизнисот и влез на глобалните инвеститори во единствениот ЕУпазар. Кипарското претседавање со ЕУ во втората половина од оваа година ќе биде концентрирано на таа тема.
и единствена политика за морски развој; - привлижувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Во однос на заложбите на Комората, интензивно активностите се насочени кон : - промоција на ЕУ 2020; - единствен пазар, конкурентност и прептриемништво; - пристап на капиталот, посебно за малите и средни компании; - микро-кредитирање; - намалување на административните процедури. Андреас Мавројианис, помошник-министер за европски прашања, пред присутните нагласи дека за мала земја како што е Кипар, и тоа во услови на економска криза, претседавањето со ЕУ е многу одговорна задача. Во ЕУ се смета дека фискалната дисциплина е предуслов за стабилен развој, како и намалувањето на јавната потрошувачка и креирање на амбиент за отворање на нови работни места, посебно за младиот едуциран кадар. Во Кипар тоа е многу изразено затоа што стапката на невработеност достигнала до 25 %. Залагањата се
свртени кон Проектот „Подобра Европа - приближување кон соседите на ЕУ“. Тоа е од битно значење, особено за земјите од Запаниот Балкан и Блискиот Исток, кои може да сметаат на целосна поддршка од страна на Кипар, преку промоција на своите интереси, размена на искуства и совети од нивната практика. Нагласени беа и реформите кои се во тек во секторот за јавни набавки и афирмација на соработката во области во кои до сега и не постоела. Намерата не е само да се занимаваат со овие прашања, туку веќе се работи
4
НА САМОТО МЕСТО на пронаоѓање решенија за истите. Во 2012 година се прославуваат 20 години од единствениот пазар за чија примена Кипар во целост се залага, исто како и за Дигиталниот единствен пазар. Намерата е да го претстават Кипар како доверлив партнер кој ќе придонесе за приближување на Балканот и Блискиот Исток кон ЕУ. Сорин Петер Димитриу, потпретседател на Трговскоиндустриската комора на Романија, говореше за потребното секторско и регионално поврзување во ЕУ. Акцентот го стави на металната индустрија која во неговата земја останала витална, не згаснала ниту една компанија во фазата на пристапување кон ЕУ, така што врз база на сето тоа нивните искуства се доста значајни за останатите земјикандидатки. Според неговите зборови, значаен е и брзиот и поедноставниот пристап до европските фондови во секторката соработка. Тој го изнесе и проблемот за комплицираната и неефикасната соработка за Дунавската стратегија. Во Трговско-индустриската комора на Романија во тек на реализација се 32 европски проекти, во вкупна вредност од околу 18 милиони евра. На самиот настан господинот Димитриу врачи и официјални покани до делегатите за учество на Инвестицискиот Форум за Дунав, што ќе се одржи во јули 2012 година во Букурешт. Своето излагање го заврши со информацијата дека Стопанската комора на Романија планира да отвори претставништво на Балканот (во Србија или Македонија), кое првенствено ќе се ангажира за унапредување на соработката во областа на инвестициите. Во делот на 5-тата сесија на Генералното собрание на АБК, исто така, се разгледаа прашањата и за подобрување на деловниот амбиент преку унапредување на регулативите, намалувањето на административните процедури, пристапувањето во ЕУ и улогата на коморите во тој процес, инвестиционите можности на Балканот. Поднесени се и извештаи за креирањето на веб-страна за женското претприемништво, предлогот за соработка со МТК, предлог за соработка со Европската асоцијација за мали, средни и занаетчиски претптијатија. Следното Собрание на АБК ќе се одржи во ноември 2012 година во Никозија, на Кипар, заедно со конференцијата “Акт за мали средни препријатија - ЕУ”.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
Совет на жени-претприемачи ЖЕНИТЕ ЗАПОСТАВЕН РЕСУРС НА БИЗНИСОТ Непосредно пред Генералното собрание на АБК, на 15.3.2012 година, се одржа и средба на Советот на жени-претприемачи. Се дебатираше не само за женското претприемништво, туку и за родовата еднаквост и како таа ќе биде промовирана во светот на бизнисот. Филидас Пилиди ги објасни силните врски и соработката меѓу Трговскоиндустриската комора на Кипар и Федерацијата на бизнис и професионални жени на Кипар (BPW). Од страна на Федерацијата беше извршена презентација на нивното делување, со акцент како тие го промовираат женското претприемништво, како и превземените иницијативи и активности. Изобилуваа информации за наодите од бројните истражувања кои биле спроведени со цел да се посочат областите на нееднаквост на работните места и на кој начин ова здружение делува за да се постигне полова еднаквост во деловниот сектор. Маро Варнавидоу, раководител на Одделот за половата рамноправност при Министерството за правда и јавен ред на Кипар, зборуваше за Националниот акционен план за родовата рамноправност (2007-2013) и како напредуваат промените во различни области на дејствување во однос на политиката, образованието, социјалните права и другите релевантни прашања. Во нејзината презентација таа ја нагласи потребата за зголемување на свеста за половите нееднаквости, како што е јазот кај платите и слично, а посебно ја акцентираше и важната улога на невладините организации кои тие ја имаат во остварувањето на женските права. Таа, исто така, се осврна и на придонесот на Единицата за родова еднаквост на нивното претстојно претседателство со ЕУ, при што приоритет ќе биде семејното насилство врз жените, социјален проблем за кој Кипар очигледно има развиено добри практики и ќе ги сподели со другите земји на ЕУ, на конференцијата што ќе се одржи во ноември 2012 година. Маро Варнавидоу, исто така, информираше дека во текот на нивното претседателство со ЕУ ќе има Конференција за еднакви плати. Јанис Контос, директор во Министерството за трговија, индустрија и туризам ја претстави „Шемата за подобрување на женското претприемништво“. Беа разгледани аспектите на нејзиното функционирање и резултатите. Бројките се прилично импресивни: 380 жени учествувале во оваа програма од 2008 година, 134 нови бизниси се воспоставени и 450 нови работни места се создадени, и тие се одржливи – се` уште опстојуваат. Леонидас Пасхалидес зборуваше на тема: „Кршење на родовите стереотипи“. Со страст и убедување тој посебно подвлече дека „жените се запоставени ресурси на бизнисот“, дефинирајќи ги родовите модели и давајќи примери за длабоко вкоренетите стереотипи во бизнисот, тој афирмираше план за акција за надминување на состојбите во делот на работните места. Средбата на Советот на жени-претприемачи отвори бројни прашања поврзани со темата на родовата/половата еднаквост и женското претприемништво, со плодна и информативна дискусија. Беше извршена размена на мислења, се споделија богати искуства од праксата во надеж дека ќе продолжи оваа значајна соработка, со цел натамошно подобрување на женското претприемништво и искористување на вистинскиот потенцијал на жените-претприемачи во земјитечленки на АБК. Наташа Димеска Стојаноска
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
5
COVER STORY
Асоцијација на балканските комори (почетоци, резултати, мисија) БАЛКАНОТ ОД „БУРЕ БАРУТ“ ДО „БУРЕ ПОЛНО СО ПАРИ“ Во последната декада од двaесеттиот век, регионот на Балканот беше соочен со стопанска и општествена транзиција, со војни, гранични блокади, тарифни и нетарифни бариери, прекинати трговски и транспортни врски, политички спротивставувања. Во такво темно и неперспективно опкружување, за деловната заедница, единствено можно, конструктивно, беше обидот да се возобноват трговските врски како начин за надминување на конфликтите и неговите разорнувачки ефекти по економиите на Балканот. Идејата за деловното обединување на регионот од страна на претседателите на стопанските комори на Македонија, Бугарија и Србија стана реалност во септември 1994 година во Мангалија, Романија, со основањето на Асоцијацијата на балканските комори. Деловните заедници преку своите национални коморски организации од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија, Романија, Турција и Кипар имаа доволно доблест, визионерство и самодоверба први јавно и јасно да ја артикулираат единствено прифатливата перспектива на регионот: институционални работни активности за создавање зона на слободна трговија и мултилатерална интрарегионална соработка и меѓународната интеграција на Балканот - пред се` европската и евроатлантската. Случајно или не, по нејзиното основање, следат сите натамошни политички одлуки и преземени активности на меѓународната заедница кои се однесуваа на развојот на Балканот: региоалниот пристап кон балканските земји како инструмент за проширување на ЕУ, промовиран од страна на Европската комисија во 1996 година; Иницијатива за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа (СЕЦИ) промовирана истата година; Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, 1999 година; ЕУ-процесот на стабилизација и асоцијација во 2001 година; Мултилатералната спогодба за слободна трговија во Регионот ЦЕФТА 2006
која стана функционална во ноември 2007; а на оваа спогодба и` претходеа низа билатерални договори за слободна трговија во Регионот: Романија, Бугарија и Кипар станаа членки на ЕУ во 2008; Турција, Македонија, Црна Гора и Србија се со статус земја-кандидат за ЕУ; Албанија, Романија и Бугарија станаа НАТОчленки. Во втората половина на оваа година, со ЕУ ќе претседава Кипар. Трговската размена на РМ со земјитечленки на АБК Надворешно-трговската размена на РМ со земјите во Асоцијацијата на балканските комори од 1998 година, која може да се третира како година во која регионот беше релативно стабилизиран, заклучно со 2011 година, тројно се зголеми, извозот скокна четири пати, а увозот скоро три пати. На трендот на зголемување на обемот на размената влијалеше консолидацијата на балканските стопанства, привршените процеси на транзиција и приватизација, влегувањето на странски инвестиции, регионалната либерализација на трговијата и либерализација со ЕУ, како и олеснувањето на трговијата. Во 1998 година балканските земји учествуваа со 27% во вкупниот увоз на РМ и со 32% во вкупниот извоз. Индексот на покриеност бил 82, при што со Албанија, БиХ и Кипар
имавме суфицит, со СРЈ имавме избалансирана трговија, а со останатите бевме во трговски дефицит. Во 2011 година земјите-членки на АБК учествуваа со 50% во вкупната трговска размена, во вкупниот извоз и увоз на РМ со светот и индексот на покриеност на увозот со извоз е 57. Со Албанија, Бугарија и Црна Гора имаме трговски суфицит, со БиХ избалансирана трговија, со останатите земји имаме трговски дефицит. Тргнувајќи од критериумот над 100 000 САД $ во билатералната трговија, во 2011 година, Србија, Бугарија и Грција во вкупниот извоз на РМ со АБК учествуваат со 72%, а во вкупниот увоз на РМ со АБК Србија, Бугарија, Грција и Турција учествуваат со 89%. Во 1998 година единствено со СРЈ остваривме извоз над 100 000 САД $, а во увозот покрај СРЈ и со Грција. Во структурата на извоз во 2011 година со 22,6% доминираат производи од црната и обоената металургија (269 мил. САД $), 20% земјоделско-прехранбени производи и пијалаци (233,6 мил. САД $), а во увозот 22,9% енергенси (480 мил. САД $), 19,2% производи од црната и обоената металургија (402,4 мил. САД $), 15,6% земјоделско-прехранбени производи и пијалаци ((326,9 мил. САД $). Малото учество на производите од секторите кои даваат високофинализирани производи,
Трговската размена на РМ со земјите на АБЦ во 2011 година Име на земја
Извоз
Увоз
количина во кг
сума во УСА$
количина во кг
сума во УСА$
Албанија
150.163.060,00
87.052.371,00
494.821.478,00
39.459.650,00
Босна и Херцеговина
82.528.229,00
93.091.857,00
116.406.621,00
90.121.561,00
Бугарија
338.973.942,00
307.680.048,00
655.692.237,00
457.650.157,00
Грција
223.709.020,00
215.222.675,00
574.435.248,00
566.276.041,00
Црна Гора
37.717.933,00
34.240.323,00
3.751.167,00
2.139.684,00
Романија
49.785.791,00
46.218.189,00
93.050.633,00
94.330.039,00
Србија
357.975.492,00
333.365.855,00
644.105.115,00
497.850.812,00
Турција
77.133.709,00
73.343.751,00
480.777.741,00
343.882.151,00
Кипар
601.737,00
609.132,00
276.570,00
821.459,00
Вкупно АБЦ
1.318.588.913,00
1.190.824.201,00
3.063.040.240,00
2.092.531.554,00
Вкупно РМ
2.637.177.826,00
2.381.648.402,00
6.126.357.050,00
4.185.063.108,00
БИЗНИС ИНФО
6
НА САМОТО МЕСТО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
освен лековите, зборува дека Македонија, но и регионот се` уште своите производни капацитети ги имаат во природните ресурси и земјоделскопрехранбениот сектор.
Трговската размена на РМ со земјите на АБЦ во 1998 година Извоз
Име на земја
Увоз
количина во кг
сума во УСА$
количина во кг
сума во УСА$
Албанија
39.841.331,00
13.333.366,00
12.956.591,00
1.986.324,00
Босна и Херцеговина
31.254.659,00
19.583.259,00
9.932.094,00
7.579.365,00
Бугарија
131.060.068,00
42.578.162,00
328.057.858,00
86.167.610,00
Кипар
46.649.428,00
15.035.153,00
13.639.349,00
4.878.249,00
Грција
73.320.108,00
83.338.247,00
192.231.703,00
113.313.713,00
Романија
12.984.567,00
6.039.437,00
15.497.378,00
10.184.294,00
Турска
7.914.385,00
9.122.654,00
51.833.492,00
51.355.820,00
СР Југославија (Србија + Црна Гора)
402.843.019,00
240.162.940,00
539.297.279,00
244.626.043,00
ВКУПНО АБЦ
745.867.565,00
429.193.218,00
1.163.445.744,00
520.091.418,00
Вкупно РМ
1.487.560.233,00
1.322.051.656,00
3.503.224.139,00
1.913.475.033,00
Обидите на АБК да се креираат регионални секторски поврзувања или кластери не успеаја за сите овие години. Заедничкото претставување во светот исто така. Дури и АБК бизнис-порталот h�p://www.abcinfos.com/ кој беше креиран со поддршката на Унијата на германските комори преку партнерскиот проект АБК - ДИХК (2003 до 2009), од 2010 година не се ажурира, со завршување на проектот. АБК регионот и по 1994 година и понатаму се соочува со проблемот на инфраструктурната и енергетска поврзаност на интрарегионално, но и на глобално ниво. Патната, железничката, авионската, гасификациската и електричната неповрзаност, битно влијаат врз конкурентноста на регионот и привлекувањето странски инвестиции. АБК, со потпишување на мултилатерален договор за взаемна коморска поддршка во арбитражната постапка ја промовираше арбитражата како вонсудски начин на решавање спорови во регионот.
извоз
увоз
извоз
увоз
извоз
увоз
извоз
увоз
извоз
увоз
извоз
увоз
извоз
енергенси
Текстил и текстилни производи
Мил САД$ Тутун и цигари
Производи од ктопреработувачка и електроника
неметали
лекови
Производи на црна и обоена металургија
Земјоделско рехранбени производи и пијалоци
Извоз/ Увоз на РМ со АБЦ земји во 2011
увоз
Албанија
26,9
1,0
13,7
22,9
7,1
БиХ
30,6
27,8
18,4
30,1
15,5
1,3
2, 3
2,9
1,5
8,0
0,5
Бугарија
16,2
63,2
43,6
49,9
3,7
0,5
6,9
21,3
4,8
11,6
10,4
8,1
2,9
Грција
23,3
37,4
38,6
90,3
1,4
18,6
147,7
4,2
2,4
21,9
56,5
28,6
Црна Гора
13.,0
1,2
6,1
Романија
3,6
7,1
5,4
24,1
45,9
112,7
168,2
89,7
130,2
Турција
3,7
22,7
35,2
33,1
Кипар
0,1
Србија
Вкупно + % во АБЦ
233,6 20%
4,2
1,1 3,4
19,4
10,4
0,3
0,6 1,3
0,2
4,7
1,0
8,8
17,8
9,7
9,9
14,3
1,7
6,8
11,4
0,5
22,8
48,7 4,1%
199,5 9,5%
33,7 2,8%
52,9 2,5%
увоз
0,7
0,3
7,5
1,1
16,8
извоз
8,2 133,6
0,5
272,6
0,4 9,1
1,8
2,0
0,3
4,6
2,3
0,6
23,5
55,7
9,7
71,8
0,3
5,3
78,9 6,6%
105,9 5,1%
25,7 2,2%
480,0 22,9%
0,5 326,9 15,6%
269,4 22,6%
402,4 19,2%
49,3 4,1%
25,6 1,2%
57,0 4,8%
9,4 0,4%
АБК воспостави договорна институционална соработка со Советот на коморите од Црноморската иницијатива и со АСКАМЕ - Асоцијацијата на медитеранските комори. Преку поддршката на претседателите на униите на коморите на Грција и Турција, кои во двата мандата беа потпретседатели на Еurochambres, коморите од регионот си ги обновиjа членствата во Eurochambers (2003) и станаа активни членови на асоцијацијата на европските комори. Основање на Асоцијацијата на балканските комори беше визионерски чекор во 1994 година, но по 17 години од нејзиното функционирање, потребен е квалитативен напредок, како рефлексија на сите промени што ги има поминато регионот и како резултат на потребите на бизнисзаедницата во регионот и очекувањата на меѓународната заедницата - ЕУ во однос на развојот на регионот. Пак е потребно визионерство и коморски лидерски капацитет за иницирање и водење на развојните процеси. Во моментот како да се чувствува замор и се надвива опасност од стагнирање. Или, пак, може да се процени дека неизвесноста од димензиите на економската криза несомнено влијае за неодлучност и исчекување. Но, кризите секогаш изнедруваат нови вредности доколку се има активен однос кон нив. Љубица Нури
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
БИЗНИС ИНФО
7
ФОКУСИРАНО
Порака на Славе Јорданов, сопственик на „Тинг“ од Кочани од прес -конференција во Стопанската комора на Македонија
СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НОВИ ТЕХОЛОГИИ И ЗНАЕЊЕ НАЈЛЕСНО СЕ ОСВОЈУВААТ СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ
Со инвестирање во нови технологии, знаење и креирање на квалитетни производи поткрепени со меѓународни сертификати, македонските компании може да се етаблираат на странските пазари и да соработуваат
по 22 години во својата палета да има серија машини за разни видови машински обработки. Целта на компанијата е континуирано осовременување на машинскиот парк и следење на свеските
успешно со странcки компании, порачува сопственикот и менаџер на компанијата „ТИНГ“ од Кочани Славе Јорданов, на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (19.3.2012 година). Тој истовремено е и претседател на Регионалната комора со седиште во Кочани при Стопанската комора на Македонија. Компанијата „ТИНГ“ која припаѓа на металната и електроиндустријата е една од домашните фирми која сега веќе во период и повеќе од 20 години со инвестирање во нова технологија, иновативност, стандардизација на производниот систем и едукација на нови кадри успешно соработува со „Џонсон Мети“, „Џонсон Контрол Тисен Груп“ од Германија, „Ланли“ од САД. Сопственикот Јорданов најавува и нови бизниси за Jапонски компании. Фабриката од Кочани веќе ги има сите потребни сертификати и дозволи за да може да конкурира во добивањето бизниси со странски фирми. „Тинг“ бизнисот го започнува во 1990 година со една машина, за сега
трендови за водење бизнис, вели Славе Јорданов на прес- конференцијата организирана во Стопанската комора на Македонија (19.3.2012 година). Според него, доаѓа време во кое македонските
компании ќе мора да работат согласно пропишаните стандарди и правила ако сакаат да излезат на европскиот пазар и пошироко. Според анализата на Стопанската комора на Македонија согласно официјалните статистички податоци металната и електроиндустријата во БДП по основни цени учествува со 2,71%, а во вкупниот број на вработени во стопанството учествува со околу 4,6%. На ниво на индустријата и рударството, овие дејности учествуваат со 10,4%, односно производство на фабрикувани метални производи со 3,29%; производството на машини и уреди со 0,74%; производството на сообраќајни средства со 2,22% и производството на електрични машини и апарати 4,15%. - Во однос на претходната 2010 година, зголемување на производството е евидентирано во производството на машини и уреди од 28,5%, на електрична опрема од 117,1% и во производството
на други сообраќајни средства и останата опрема за транспорт од 103,6%. Зголеменото производството на машини, уреди и електрична опрема се должи пред се` на порастот на производството на „Џонсон Контролс Македонија“ и „Џонсон Мети“ - производители на делови за автомобилската индустрија. Во 2011 година, забележано е намалување на производството на фабрикувани метални производи од 12,8%, и на моторни возила приколки и полуприколки од 21,1%. Во 2011 година од овој индустриски комплекс остварен е извоз во вредност од околу 417,9 милиони САД долари, со пораст од 87,2%, во однос на истиот од 2010 година. Зголемувањето на извозот се должи на отпочнувањето со производството и извозот на капацитетите за производство на машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, табли, плочи, пултови и ормани кои се делови за автомобилската индустрија. - На стартот од 2012 година, односно за месец јануари, пораст на производството е забележан е кај фабрикуваните метални производи од 67,1%, кај производството на машини и уреди од 64,1% и моторни возила од 9,9%, додека намалување на производство има во производството на електрична опрема од 29,8% и опрема за транспорт од 1,3%. Во металопреработувачката
и електроиндустријата инсталирани се повеќе капацитети за преработка на основните метали во повисок степен на финализација, како што се челични конструкции и нивни делови, жичани производи, процесна нестандардна опрема за металургија и за хемиска индустрија, потоа производи за градежништвото, специјални машини и нивни делови, пумпи за течни флуиди, приклучна земјоделска механизација, апарати за домаќинството, енергетска опрема, делови за моторни и шински возила, опрема за транспорт и други производи.
8
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Jавна расправа за измените и допoлнувањата на Законот за животна средина ДОУСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПСКИТЕ ДИРЕКТИВИ И НАМАЛУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ БАРИЕРИ
Измените на Законот за животна средина беа тема на јавната расправа, одржана на 15 март 2012 година, во организација на Стопанската комора на Македонија и на Министерството за животна средина и просторно планирање. - Покрај претставниците на бизнисзаедницата, на расправата учествуваа и претставници на локалната самоуправа и на невладиниот сектор, што даде можност сите релевантни чинители во областа на животната средина да дадат свој придонес во изградување на најдборо применливи законски решенија, - истакна во своето обараќање Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ. Законот за животна средина, како што истакна тој, досега неколку пати е променет, пред се` заради натамошно усогласување со европските директиви од оваа област, заради подобрување на неговата имплементацијак, како и за вградување на одредени реформи кои се одвиваа во државата. Последните измени, кои беа предмет на јавната расправа произлегуваат од потребата за одредени дополнувања во постапката за интегрирани еколошки дозволи и спречување и контрола на хавариите со присуство на опасни супстанци, како и за воведување правен основ за поедноставување на елаборатите за заштита на животната средина за дејностите и активностите од помал обем. Предлог-измените во делот на елеборатите за дејности од помал обем, во смисла на нивно поедноставување, се резултат на барањата на бизнис-заедницата во рамките на третата фаза на Проектот на Владата за регулаторна гилотина. Со тоа, се намалуваат административните процедури за дејностите кои немаат поголемо влијание врз животната средина. Покрај за оваа, со
БИЗНИС ИНФО измените на Законот се создава и основа за водење регистар за одобрени елеборати. Измените во делот на хавариите се во насока на доусогласување на регулативата со Директивата 96/82/ЕЗ на Советот за контрола на големи несреќи во кои се вклучени опасни супстанции.
Законот ќе ги дефинира обврските на системите со помало, како и на системите во кои количеството на опасни супстанции е поголемо, а подзаконскиот акт, кој ќе се донесе согласно предложените измени на Законот, ќе ги дефинира критеримуите врз кои одредена несреќа ќе се смета за хаварија и обврските и одговорностите кои треба да ги преземе правното лице. Од отворените прашања во дискусијата дел се однесуваа на постапката и документите за добивање на интергираните „А“ и „Б“ еколошки дозволи, а во насока на поуспешна примена беше побарано по усвојувањето на измените на Законот да се изготви пречистен текст. Согласно зацртаните рокови од постапката за донесување и усвојување на измените на Законот за животна средина, сите заинтересирани субјекти дополнителни забелешки и сугестии можат да достават до предлагачот во следните 7 дена, а најдоцна до 21 март 2012 година. Текстот на измените на предметната законска регулатива е објавен на веб-страната на Министерството за животна средина и просторно планирање и на веб-страницата ener.gov.mk . Зорица Мешкова
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите за предложените измени на Законот за градење РАСПРАВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите на 16.3.2012 година, во присуство и на претставник од Министерството за транспорт и врски, расправаше за предлог новите измени на Законот за градење. Во обемната и плодна дискусија се отворија повеќе прашања и дилеми околу предложените измени и дополнувања на Законот, кои можат да се сведат во неколку групи, како прашања и дилеми: - како да се вклопат инженерите кои завршуваат или имаат завршено по стариот и новиот систем на едукација на техничките факултети за добивање овластувања; да се направи нова категоризација на градбите, посебно во втора категорија, каде треба да се одделат објекти по површина некаде до максимум 1000 м2; - се предложи, одобрение за градење да се добива врз основа на идеен проект, или само архитектура и статика, со цел да се скрати постапката, но исто така и се предложи врз основа на идеен проект да се добие прво одобрение за подготвителни работи, а потоа одобрението за градење; - критериуимите за одземањето на лиценците треба да се корегираат, како и предвидените глоби треба драстично да се намалат, како за правните субјекти, така и за физичките лица. На крајот се заклучи, во писмена форма да се достават забелешките и предлозите до Министертсвото за транспорт и врски, во кои покрај предлозите од состанокот, да се земат предвид и писмените забелешки кои треба компаниите да ги достават најдоцна до 20.3.2012 година. Марија Петроска
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
БИЗНИС ИНФО
9
ИНТЕРВЈУ
Петар Есмеров, државен секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија, за соработката на бизнис секторот со НАТО – агенцијата НАМСА
ДОДЕКА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО, ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ МОЖНОСТА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП СО ЧЛЕНКИТЕ
Стопанската комора на Македонија минатата недела организираше обука со поддршка на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија за “БИЗНИС СО НАМСА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – ТЕНДЕРИ“. Со оглед дека оваа работилница предизвика значен интерес во бизнис заедницата, на оваа тема разговараме со државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија.
* Што е НАТО-агенцијата НАМСА, кои се нејзините цели и како таа функционира? НАТО-агенцијата НАМСА, стационирана во Луксембург, e непрофитна организација која работи за потребите на НАТО-алијансата. Нејзина главна цел е да дава поддршка на НАТО-нациите преку организирање на заеднички набавки и снабдување со резервни делови и давање услуги во одржувањето и поправките неопходни за поддршка на многубројните вооружени системи кои ги имаат во своите арсенали. Оваа поддршка од НАМСА е возможна кога две или повеќе нации користат исти системи и одлучуваат заеднички да ги користат капацитетите на НАМСА. Таа првенствено постои и работи за НАТО-земјите, но под одредени услови услуги можат да користат и земјите од Партнерството за мир. Земјите од Партнерството за мир можат да ги користат повеќето од услугите
на НАМСА, како и специфичните програми кои се наменети првенствено за земјитеаспиранти за влез во организацијата и функционираат низ разни програми за спонзорство и полесна трансформација и постигнување на одредени НАТОстандарди: • BASELOG codifica�on programme; • Demilitariza�on of an�-personnel mines (APMs - as authorised by the O�awa Conven�on) and stockpile muni�ons through NATO PfP Trust Fund arrangement; • NICOLOG internship programme. Во рамките на Бејзлогпрограмата го имплементиравме НАТО-кодификацискиот систем, со поддршка во know-how од шест земјиспонзори од НАТО (САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Данска и СР Германија). Се стекнавме со ТИЕР 1 ниво, а сега ја градиме базата на податоци преку која до крајот на годинава ќе аплицираме за официјално тестирање од овие земји за да се здобиеме со ТИЕР 2 кое е практично ниво на кое земјите со НАМСА разменуваат двострано електронски кодирани информации, а НАМСА како сервер комуницира со сите други земји-членки. Во моментов ние функционираме исто како и секоја НАТО-земја, а со напредниот софтвер од последна генерација имаме можност и да кодифицираме и со „full-descrip�ve“ method of „Item Iden�fica�on“, или целосно описна идентификациска метода, која не се во можност да ја користат сите земји на НАТО. Имаме планови и се подготвуваме да соработуваме на полето на демилитаризација на некои минскоексплозивни средства и користење на одредени фондови итн. Во рамките на Програмата НИКОЛОГ можна е едукација на наши кадри за детално проучување на начинот на кој функционира НАМСА со својата огромна структура и во текот на тренингот ја работат секојдневно заедно со нивните офицери истата работа во реални услови.
* Во кои случаи македонските компании сега можат да учествуваат во тендерите на НАМСА? За да можат да учевствуваат на тендерите на НАМСА, потребно е фирмите прво да влезат на листата на потенцијални добавувачи која ја одржува НАМСА. Бидејќи Република Македонија се` уште не е зачленета во НАТО, засега како земја од Партнерството за Мир, може да соработува со НАМСА, само доколку има потпишано Меморандум за разбирање со НАМСО. Со потпишувањето на овој договор во 2009, на Република Македонија и` се отвора можноста да учевствува во Партнерството со НАМСО за Вооружени системи (NAMSO Weapon System Partnerships 1) како асоцијативна или придружна членка. Досега, услугите што ги нуди НАМСА, покрај Македонија, можат да ги користат и Австија, Азербејџан, Белорусија, Финска, Грузија, Казахстан, Молдавија, Шведска, Швајцарија, Украина и Узбекистан. * Што е бенефитот на компаниите од нивното кодифицирање во Министерството за одбрана? Компаниите кои било како производители, било како вендори, во случаи кога се појавуваат како добавувачи на некоја НАТО-армија, а од сега и на Министерството за одбрана на Република Македонија, според стандардите на НАТО, потребно е да бидат кодифицирани, како предуслов да влезат во базата на податоци, на која се претплатени 25 милиони претплатници. Нашите компании преку влезот во оваа база стануваат видливи со своите производи произведени во РМ, на 500 милионскиот пазар. Логистичарите од таа база можат да видат одредени податоци и да го анализираат пазарот... На пример, која земја која опрема ја има воведена, кои други земји ја користат истата опрема, кој ја произведува, кој произведува
10
ИНТЕРВЈУ
БИЗНИС ИНФО * Дали Министерството за одбрана планира да има активности во водење на стратешки развој на бизнисите како што таква активност има НАМСА?
резервни делови, да се планира, да се предложи и да се бара „офсет програми“ и влегување или селење на производство за одредени производи и сл. Секоја компанија може да аплицира во НАМСА за годишна претплата на оваа база на податоци (НМЦРЛ) за околу 1500 евра. Нашите компании кои продаваат опрема и средства на Министерството за одбрана, бесплатно ќе влезат во оваа база со влегувањето на нивните продукти во нашата македонска база на домашниот логистички информациски систем. Во договорот за набавка за потребните средства стои посебна кодификациска клаузула со која компаниите се обврзуваат да ги дадат сите неопходни податоци, кои нашето кодификациско биро го кодифицира за одредено време. Доколку веќе постои НАТОстоков број, се пријавуваат само нашите производители на НАТО-производите. Притоа се декларира нивната способност да го произведат истото, па веројатно е и да бидат контактирани за одредени набавки. Во најдобар случај, квалитетот на производот, цената, географската оддалеченост и други предности, можат да бидат доволни за реализирање на извоз. * Во која фаза е заедничкиот проект со НАТО и кога тој ќе биде достапен за учество на нашите фирми? Во досегашниот период активноста беше во надлежност на Министерството за транспорт и врски и тие се најкомпетентни да дадат повеќе детали. Но, секако, знаеме дека во најскоро време се очекува да започне и третата фаза од проектот, за што многу брзо ќе се знаат деталите.
Во 2011 година Министерството за одбрана го донесе Долгорочниот план за развој на одбраната, во кој на систематски начин се пристапува кон реализација на стратешките проекти за набавка на поголемите системи. Се проучуваат можните аквизициски проекти според однапред планираните рокови и максимално се води сметка да се запазат сите стандарди, а во исто време нашите вооружени системи да ја подигнат својата оспособеност и компатибилност со земјите од НАТО и на тој начин да се овозможи потребната интероперабилност. Во тој процес не е исклучено да соработуваме со НАМСАтелата за одредени услуги до датумот на влегување во НАТО, а подоцна ни се отвораат сите можности како и на сите други членки на НАТО. * Дали како земја-партнер можеме да користиме едукација од страна на НАТО во врска со имплементацијата на стандардите на производи и услуги кои се јавуваат во јавните набавки на НАМСА? Како што веќе споменавме, поканата на претставниците од НАМСА е токму една од овие активности кои се во насока на едуцирање на домашните компании како да си го отворат патот за освојување на овие пазари. Кога станува збор за наменската индустрија, односно производството на воени производи, техника и делови од вооружени системи, секако дека НАТОстандардите се неопходни, но во сите останати индустрии важат европските стандарди и стандардите прифатени од оние земји во кои се извезува. Тука нема посебни ограничувања, но во таа насока имаме исто така активност во која наскоро експертите од НАТО-агенцијата за стандарди ќе не` посетат и ќе се заокружат одредени технички прашања и детали околу стандардите. * Во статистиката на Република Македонија има податок дека во 2011 година во НАТО сме извезле стока во вредност од 60 милиони САД долари. Дали може да се знае за што се работи? Во досегашниот период имавме разни начини на соработка со НАТО, а бројките што Вие ги споменувате, претпоставувам, се однесуваат на набавка
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
на гориво, услуги и други производи за НАТО од наши претприемачи. Во Република Македонија се произведуваат и стоки и технологии со двојна намена, кои, секако, се посебно конкурентни на НАТО-пазарот. * Вие ја отворивте и присуствувате на работилницата во Стопанската комора на Македонија за соработката со НАМСА, па, Ве молиме, да ни ги изнесете Вашите впечатоци и видувања за идната соработка со најголемата деловна асоцијација на ова поле? Со влезот во Северно Атланската Алијанса, ќе имаме целосен пристап до сите проекти, но засега потребно е да бидеме многу инвентивни и да најдеме начин да ги искористиме максимално Траст фондовите (Trust fonds- NATO PfP Trust Fund arrangements). Исто така, неопходно е да ја искористиме секоја можност за заеднички настап со земји кои веќе се во НАТО, па заеднички да влеземе во некој проект. Добриот производ од наменската индустрија е веднаш забележлив од логистичката заедница и од НАМСА, па доколку се најде пазар, или доколку купувачот побара поддршка од НАТО, НАМСА ги средува сите детали, контрактингот, испораката итн. Ние во иднина очекуваме уште подобра соработка со НАМСА-агенцијата и со НАТО бизнис-заедницата и што повеќе проекти за заеднички проектиран бенефит. Weapon System Partnerships
A Weapon System Partnership (WSP) is an associa�on of two or more NAMSO na�ons set up to manage aspects of common logis�cs support for specific weapon systems or defence-related equipment through NAMSA. A WSP is formally established through the conclusion of an agreement between the par�cipa�ng na�ons and its approval by the NAMSO Board of Directors (BOD). WSPs cons�tute an integral part of NAMSO and share in the juridical personality enjoyed by NAMSO. The ac�vi�es of a WSP are directed by a Weapon System Partnership Commi�ee (WSPC), chaired by one of the member na�ons. Through the WSPC, na�ons make collec�ve decisions on policy issues for logis�cs support, configura�on management and sharing of associated opera�onal and administra�ve costs, based on mutually agreed cost sharing formulae. The NAMSO BOD may also authorize NATO organisa�ons and Partnership for Peace (PfP) states to par�cipate in a WSP, under terms and condi�ons approved by the BOD. Support Conferences Another possibility for coopera�on is through a Support Conference (SC), where a group of na�onal and Agency experts meet to arrange coopera�on related to common weapon systems or equipment. Support Conferences are usually chaired and managed by NAMSA.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
11
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија Сектори Назив на Проектот
MK-Скопје: Софтвер и информатички системи
Референца
ECZ74697 – земји-кандидати
Финансиска референца
2012/S 48-079375
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
9.3.2012 година
Краен рок за апликација
11.4. 2012 година
Сектори
Информатичка технологија
Опис на Проектот
Информатички систем на АЕК и услуги за негово одржување
Референца
Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Банката има намера да ангажира 2 сениор-консултанта за да се идентификуваат потенцијални клиенти на Банката.
Објавено на
13.3.2012 година
Краен рок за апликација
23.4. 2012 година
Сектори
Здравство
Опис на Проектот
LOT 1. Лекови за Hepa��s C – PEG LOT 2. Лекови за Hepa��s C – Ribavirin
Контакт h�p://www.ebrd.com/pages/workingwithus/procurement/no�ces/csu/contact_sheet.doc
Назив на Проектот
MK-Скопје: Градежни работи
Референца
ECZ74781 – земји-кандидати
Финансиска референца
2012/S 50-081962
Вид на набавка
Услуги, изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
13.3.2012 година
Краен рок за апликација
6.4.2012 година
Сектори
Градежништво-инженеринг
HR-Загреб – ИПА - опремување на структурата на човечките ресурси, дополнување
Опис на Проектот
Реконструкција и адаптација на дел од фасадата на зградата на Министерството за правда
EuropeAid/128719/D/SUP/HR - Relaunch
Контакт Министерство за правда Ул. Димитрие Чуповски 9 1000 Скопје Република Македонија h�ps://e-nabavki.gov.mk
Контакти Агенција за електронски комуникации Димитрие Чуповски 13 За Виолета ПопАцева 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23280212 +389 23280212 E-mail: violeta.popaceva@aec.mk Fax: +389 23224611 h�p://aec.mk
Назив на Проектот
Опис на Проектот
Економски развој Финансии и банкарство Трговија и индустрија Управување со програми Односи со јавноста
Финансиска референца Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Европска комисија
Земја
Хрватска
Објавено на
12.3.2012 година
Краен рок за апликација
Отворен
Сектори
Информатичка технологија Односи со јавноста Транспорт
Опис на Проектот
LOT 1. Компјутери LOT 2. Сервери LOT 3. Дигитален систем LOT 4. Опрема за презентација LOT 5. Канцелариски мебел LOT 6. compact MPV LOT 7. van
Контакт Служба за вработување на Хрватска - Сектор за финансирање и договарање на ЕУ-проекти Загреб, Хрватска
Назив на Проектот
Консултантски услуги за развој на бизнис и за истражување
Референца
EBRDZ74752
Финансиска референца
Procurement ref: 35089
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
ЕБРД
Земја Albania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan
Контакт Министерство за здравство 50 дивизија бр. 6 За Сандра Веловска 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 71223741 +389 71223741 E-mail: sandra.velovska@hiv.gov.mk Fax: +389 3177984 : www.moh.gov.mk
Назив на Проектот
MK-Скопје: Медицинска опрема
Референца
ECZ74831-земји кандидати
Финансиска референца
2012/S 51-083646
Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
14. 3.2012 година
Краен рок за апликација
23.4. 2012 година
Сектори
Здравство
Опис на Проектот
Медицинска опрема - 2 линеарни акцелератори за клиничките болници во Битола и Штип
Назив на Проектот
Молдавија - Проект за изградба на патишта
Референца
EBRDZ74756
Финансиска референца
Procurement ref: 6615-EOI-414442
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
ЕБРД
Земја
Молдавија
Објавено на
13.3.2012 година
Назив на Проектот
Испорака на локални консултантски услуги
Краен рок за апликација
16.4. 2012 година
Референца
OSCEZ74967
Сектори
Градежништво - инженеринг
Финансиска референца
260239
Опис на Проектот
Надзор над градежните работи на патот R1 CHISINAU – UNGHENI - SCULENI и M3 CHISINAU – GIURGIULESTI ROAD
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
ОБСЕ
Земја
Македонија
Објавено на
17.3.2012 година
Краен рок за апликација
3.4.2012 година
Сектори
Односи со јавност
Опис на Проектот
Консултантски услуги
Контакт
h�p://www.osce.org/skopje
Контакт State Road Administra�on A�en�on: Mr. Gheorghe Curmei Head of Investment Department Bucuriei str. 12A, MD 2004 Chisinau, Republic of Moldova Tel: (+373 22) 22 11 14 Fax: (+373 22) 74 12 19 E-mail: gheorghe.curmei@asd.md
Назив на Проектот
MK- Скопје: Фармацевтски продукти
Објавено на
13.3.2012 година
Референца
ECZ74782 – земји-кандидати
Краен рок за апликација
2.4. 2012 година
Финансиска референца
2012/S 50-081961
Контакт Министерствио за здравство 50 дивизија бр. 6 За Ангелчо Трајановски 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23112500 +389 23112500 E-mail: tangelco@yahoo.com Fax: +389 23113014 www.moh.gov.mk
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт: М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 26 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА РУРАЛЕН И АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА (26.3.2012 година, во 13:00 часот, Стопанска комора на Македонија) Здружението за рурален развој ПАРУМБА МКД од Струга, во соработка со ФПП од Охрид и ТАБИТА од Корча - Албанија, работи на зголемување на туристичката понуда за селски и алтернативен туризам во регионот на Струга и Корча во рамките на Проектот „Со работа во руралните средини инвестираме во иднината“. Проектот е финансиран од ЕУ - програма за погранична соработка меѓу Македонија и Албанија, а завршува на крајот на месецов. Со проектот се опфатени четири планински села, а главната цел е да се подобри економската ситуација на локалното население во пограничната зона преку развој и промоција на селскиот и алтернативен туризам. Во првата фаза, преку студиски посети, прекугранични средби и неколку тематски обуки, се јакнеа капацитетите на мештаните. Обуките ги изведуваа експерти за бизнис-планирање и управување со
мали и микро бизниси, со чија помош мештаните подготвија свои бизниспланови, неколку туристички пакети и понуди за наредната туристичка сезона. Во последната фаза на проектот се работи на промоција на селата, нивното културно наследство, обичаи, недопрената природа и туристичката понуда како во Македонија така и во Албанија. Изработена е заедничка промотивна брошура и промотивен материјал за туристичките понуди на секое од селата. Првата промоција на регионот беше реализирана на 6 март во Охрид, каде што присуствуваа над 15 туристички агенции од регионот на Корча и Охрид, кои меѓу другото, разговараа за потенцијална соработка во организирањето на еднодневни и дводневни тури како во пограничниот регион така и во внатрешноста на Македонија и Албанија. Слични бизнис средби за вмрежување
на туристичките работници и агенции од Македонија и Албанија и промоција на туристичката понуда на селата ќе се одржат на 23 март во Тирана и 26 март во Стопанската комора на Македонија во Скопје. Контакт: Христијан Ковачески Тел/ факс: 046/ 780180 Моб: 070/347357 parumba.mkd@gmail.com Елизабета Петанова Тел/факс: 046/ 260187 Моб: 070/261012 fpp-oh@t-home.mk
На 27 март 2012 година обука Отворен повик „ЦИП еко-иновации” ФОНДОВИ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ Програма на Европската унија за конкурентност и иновативност - екоиновации (10:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија) Програмата Екоиновации поддржува еко-иновативни проекти во различни сектори кои имаат за цел спречување или намалување на влијанието врз животната средина или кои придонесуваат за оптимална употреба на ресурсите. o Вкупни средства за оваа година се 40 милиони евра. o Очекуван број на одобрени проекти 40. o Процент на кофинансирање од 40% до 60%.
Фондовите се отворени за сите правни лица од ЕУ и земјитекандидатки, вклучително и Македонија, a приоритет се дава на малите и средни претпријатија. Со цел да се премости јазот меѓу истражувањето и пазарот, ЦИП Екоиновации придонесува за подобрување на животната средина, преку употребата на нови и усовршени технологии. Дополнително ќе се поттикнуваат
кластери и проекти коишто покажуваат дополнителна вредност на европско тло и имаат голем потенцијал за пазарна репликација. Приоритет имаат следните области: во областа на материјали за рециклирање; во градежниот сектор; во прехранбениот сектор; услуги во делот на подобрување на еколошкото влијание на средината. Сите заинтересирани компании во горенаведениот период имаат можност да аплицираат на оваа програма. Консултант на оваа средба ќе биде госпоѓа Јадранка Аризанковска, сертифициран маенаџмент консултант при Стопанската комора на Македонија. На информативната средба слушателите ке се запознаат со ЦИП – екоиновации програмата; ќе се запознааат со апликативниот пакет; како полесно да се совлада пишувањето на проектниот предлог; финансиите и буџетот. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 26 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk
Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал во Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР НА БРАЧ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
БИЗНИС ИНФО
13
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија.
Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување. Контакт: Венера Андриевска тел: 3244 037; факс:3244 088 venera@mchamber.mk
Од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Бугарија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Во периодот од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи специјализирана Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од над 16 земји од Европа и светот, кои ќе ги претстават
најновите достигнувања и иновации од енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат одржани и повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји и тоа за: управување со отпадни води, рециклирање, енергетска ефикасност, биоенергија и друго. Меѓународниот саем ќе се одржи од 28-30 март 2012 година во изложбениот и конгресен центар во Софија, Бугарија. Сите регистрирани компании ќе можат да учествуваат на посочените конференции и панел-сесии, како и да остварат билатерални средби со другите учесници. Регистрацијата за учество се врши електронски, на порталот на саемскиот организатор: www.eco.viaexpo.com . Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем (со бесплатен влез) и учество на конференциите за заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА САЕМСКИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ ВО ГЕРМАНИЈА КАКО ДА СЕ НАСТАПУВА НА НАЈПОСЕТУВАНИТЕ САЕМИ ВО СВЕТОТ¬? (29 март 2012 година (четврток), во Стопанската комора на Македонија, 14:00 часот, сала 1 на 5-ти кат) Стопанската комора на Германија во Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија организира посети и учество на македонски компании на саемите во Германија. Учеството на саемите треба да
биде интегрален дел од маркетингот и продажбата на една компанија. Со цел поблиско запознавање со саемските манифестации во Германија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Германија во Македонија организира презентација на германските саеми. Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 43-то издание на Меѓународниот саем за кондиторски производи - ИСМ во Келн кој ќе се одржи од 27 - 30 јануари 2013 година. На Саемот ИСМ во 2012 година настапија 1.412 изложувачи од 65 земји и тоа најзначајните компании кои се занимаваат со производство и трговија со кондиторски производи. Саемот ИСМ останува најважна светска бизнис-платформа за трговија со кондиторски и слатки производи. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на останатите меѓународни саеми за прехранбена индустрија „Anuga”, најголемиот светски Саем за пекарство „IBA” и Саемот за технологија за пијалоци „Drinktec” во Минхен. Посебен акцент на овој настан ќе биде ставен на тоа како да се настапува на германските саеми со осврт врз техничките подготовки за колективен и индивидуален настап на фирмите, креативно осмислување на саемски штанд и успешна презентација на фирмата. На овој настан своите искуства ќе ги споделат македонски експерти со долгогодишно учество на најголемите саеми во Германија. Претставниците на компаниите ќе имаат можност во отворена дискусија да се информираат за целокупното портфолио на саемите во Минхен и во Келн кои важат за водечки саеми во Германија. Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија во Македонија ги покануваат сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 29 март 2012 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 2 април 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина МАКЕДОНСКО-БОСАНСКИ БИЗНИССРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, ве покануваат на Македонско- босански бизнис-средби, што ќе се одржат на 2 април 2012 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина. Македонско-босанските бизниссредби претставуваат одлична можност за воспоставување взаемна економската соработка, за идни инвестициски можности
и поголем поттик за трговска размена меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина. Целта на овие бизнис-средби се идното и взаемно развивање на деловните односи меѓу компаниите од сите сектори, од двете земји. За успешна реализација на Бизниссредбата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со босанските компании, во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 март 2012 година. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
голем број компании -понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и е-аукции . Програма на семинарот: * Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Сл. весник на РМ“ бр.185/ 11); * Портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); * Воведување на технички дијалог со деловната заедница; * Негативни референци; * Квалификациски системи; * Користење на ЕСЈН и е-аукции; * Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; * Пребарување на објавени тендери и договори; * Задолжителни 100% е-аукции; * Дигитално потпишување на понудите; * Поднесување на понудите преку системот; * Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.
Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Семинар на 4 април 2012 година “УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” ( 10:00 – 15:00 часот, сала 1 на 5-ти кат, Стопанска комора на Македонија) Семинар за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на
На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: •како да креирате кориснички профил; • основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; •како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; •како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; •како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; •што е електронска аукција и како да учествувате на неа. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 април 2012 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕДИЦИНА “EXPOMED 2012” * Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување
Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: • лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на еаукции и •менаџментот кој одлучува за содржината на понудите.
Во периодот од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: • 19. Традиционален меѓународен саем за медицина, рехабилитација, технологија и опрама за болници – EXPOMED; • 15. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема –LABTECH; • 2. Саем за термални бањи, центри
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
за рехабилитација и опрема - EXPO THERMAL и • 2. Саем за индустриско чистење за безбедноста на здравјето - ICSM EXPO 2012. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји од светот.
На Саемот посетителите ќе можат да ги видат најновите технолошки достигнувања и промоции и тоа: а) во делот на технологија на медицина: - електро и машински уреди и системи, високи технолошки решенија во медицинската технологија, дијагностички графички производи, медицинска дијагностичка опрема, ендоскопски и лапароскопски уреди и системи итн.; б) во делот на физиотерапијата и ортопедските производи: - ортопедски помагала и протези, физиотераписка рехабилитација, амбулантски возила, уреди и системи за хирургија, хирушки рачни алати, инвалидна опрема и уреди; в) во делот на лаборатории: - аналитичка опрема и системи, опрема за хроматографија, опрема за електрофореза, спектрофотометри, фотометри, хемиски лаборатории, лабораториски материјали итн.; г) во делот на термални бањи: - термо бањи, природно здравствени рехабилитациони центри, спа-центри, фитнес и гимнастички центри, производи и опрема за бањи, уреди за хидротерапија, уреди и опрема за масажи, опрема за естетика и убавина итн. д) во делот на индустриско чистење: - машини и опрема за индустриско чистење, хемикалии за чистење, средства за дезинфекција, медицинско собирање и уништување на медицински отпад, дератизација, чистење на подови под висок притисок, суви средства за чистење итн. Стопанската
комора
на
Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 април 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 март 2012 година, преку пополнување на пријавниот лист што може да го превземето од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Повеќе информации за самиот саем на веб-страната: h�p://www.tuyap. com.tr Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонскочешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизниссредби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на
економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји.
Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизниссредбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 1 9 до 21 април 2012 година, во Будва, Република Црна Гора 18. Меѓународен саем за екологија 21. Меѓународна туристичка берза и саем за туризам 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни технологии“ Стопанската комора на Македонија ве поканува на 18. Меѓународен саем за екологија, што ќе се одржи од 19 до 21 април 2012година, во Будва, Република Црна Гора. Цел на оваа саемска манифестација којашто успешно се реализира по 18-ти пат, е промоција и пазарна валоризација на производите и услугите што придонесуваат за одржлив развој и заштита на животната средина. Нераскинливата врска меѓу современото туристичко стопанство и заштитата на автентичното природно богатство ја наметна потребата во истиот термин да се одржат и 21. Меѓународна туристичка берза и Саемот за туризам и 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни технологии“, што ќе придонесат за што поуспешен ефект во остварувањето на деловните и промотивни резултати на сите учесници.
Саемот за екологија е наменет за производители и даватели на услуги од сите области на заштита на животната средина, одржливиот развој, енергетска ефикасност, рециклирање, нови технологии, здравје, планирање и градежништво, системи за мониторинг итн. Покрај тоа, Саемот е можност да се покажат во посебен сегмент фотоволтаични и термички соларни системи, сите видови на колектори, бојлери и друг вид електрична и механичка опрема. Биогас-технологијата и други обновливи, еколошки чисти извори на енергија ќе се претстават пред нивната целна публика на настанот. Презентација на саемот ќе обезбеди значително поголема видливост меѓу потрошувачите и потенцијалните клиенти на нивото на информираност за конкурентните предности на овие системи. Јадранскиот саем за учениците на Саемот нуди поволни услови за излагање. Подетални информации може
да се добијат во Стопанската комора на Македонија, или директно од Јадранскиот саем (marke�ng@jadranskisajam.co.me). Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk На 20 април 2012 година, во Атина, Грција ЧЕТВРТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРАНСПОРТНАТА ИСТРАЖУВАЧКА АРЕНА (TRA) Стопанската комора на Македонија во сорботка со Организацискиот комитет TRA 2012, ве информираат дека ќе се одржи 4. Конференција на транспортната истражувачка арена (TRA) во Атина, Грција од 23 до 26 април 2012 година. 4. Конференција – Транспортна истражувачка арена (TRA) е насловена како „Одржлива мобилност преку иновации” и ќе им даде можност на учесниците и заинтересираните страни од патниот, железничкиот и поморскиот сектор, за решавање на заедничките предизвици и споделување на знаења, со цел заедно да се создаде подобар, посигурен и пофункционален транспортен систем во светот. (TRA) се спроведува на секои две години и секој пат домаќин е различна европска земја. Оваа година, на TRA 2012 домаќин ќе биде Грција. Конференцијата е организирана од страна на: • Европската комисија (ген. директорати: RΤD, MOVE, INFSO); • Конференцијата на европски директори за патишта (C.E.D.R.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот патен сообраќај (E.R.T.R.A.C.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот железнички сообраќај (E.R.R.A.C.); • Европската технолошка платформа за воден сообраќај (WATERBORNE T.P.) и • Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи на Грција. Конференцијата TRA 2012 ќе опфати широк спектар на истражувачки, иновативни и на демонстративните активности, почнувајќи од базични науки до применливо ориентиран инженеринг и ќе ги претставуваат општествените, техничките и економските аспекти, како и политиката и стандардите. Програмата на Конференцијата
е организирана со цел да се прикажат европските истражувачки и иновативни стратегии, со нагласување на теми за климатските промени, намалување на емисиите на CO2, ефикасноста и снабдувањето на горивото. Дополнителни информации може да се најдат на вебпорталот на Конференцијата: www.traconference.eu . Учесници на Конференцијата ќе бидат компании, институции и јавни сервиси, како и индивидуални научници, истражувачи и јавни организации кои се занимаваат со транспортниот сектор и посебно со (научни и применети) истражувања на транспортен сектор (патен, железнички, воден, урбан сообраќај и др.) од целиот свет. З а успешна реализација на Конференцијата, неопходно е заинтересираните македонски компании да го најават својот интерес во Стопанската комора на Македонија,. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk
На 24 април 2012 година Инфо средба ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН НА ОПРЕМА, МАШИНИ И КОМПОНЕНТИ за прехранбената и фармацевтската индустрија (10:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала3, на 3-ти кат) Ве покануваме на информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фарамцевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на опрема , машини и компоненти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ обврска според домашното и европското законодавство. Предавач: проф. д-р Владимир Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG.
На средбата се покануваат: • претпријатија што дизајнираат и произведуваат опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • претпријатија за дистрибуција и трговија со опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фарамацевтската индустрија; • консултантски куќи што даваат услуги при избор на опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • сите што сакаат да изградат ново претпријатие според HACCP барањата; • сите што сакаат да го предупредат претпријатието според HACCP барањата и • сите што сакаат да дознаат повеќе за неопходните предуслови за HACCP. Сите заинтересирани учесници за овој инфо-ден можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk
Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција „ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ
На 30 и 31 март 2012 година, во Неапол, Италија БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ И СЕМИНАР ЗА ТУРИЗМОТ
Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци.
Здружението на угостителството и туризмот и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Билатерални средби и Семинар за туризмот во Неапол, Италија, на 30 и 31 март 2012 година. • На 30 март 2012 година – Семинар: ,,ЕУ-политиките, програмите и мерките за туризмот (во соработка со Европската комисија) и • На 31 март 2012 година – Билатерални средби меѓу пријавените италијански и меѓународни компании. Билатералните средби ќе се одржат во Mostra d’Oltremare во Неапол (хала 3б), а ќе учествуваат компании од цела ЕУ, посебно од Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, потоа од САД, Русија, Кина, со поддршка на Италијанската национална институција за туризам и на партнерите од Enterprise Europe Network . На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика: •да разговарате за можностите за соработка во туризмот; •да присуствувате на туристичка понуда; •да ги искористите природните ресурси во регионот; •да ајдете нов партнер; •да воспоставите нови бизнис-односи.
На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да: • разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната; • најдете нов партнер и • воспоставите нови бизнис-односи. Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година. Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 laze@mchamber.mk
Учеството на средбите во Неапол е бесплатно. Настанот ќе се фокусира на следните главни области: Incoming туристичка индустрија, Wellness и Spa туризам, Конференција и поддршка на туризмот. Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија во Косово „ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН * За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина Косово.
„EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизниссредби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.
Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година. Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 venera@mchamber.mk
На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар на Скопски саем УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди САД долари. Производите кои се предмет на набавка се:
платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години. За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 22 март 2012, Бр. 90
19
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија заинтересирана е за пласман на изолациони цевки и цевки спроводници за развивање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење во Република Македонија. Валидност до: 12.6.2012 година Компанија од Република Македонија продава конфекција за производство на облека трикотажа (памук). Компанијата е во одлична состојба со капацитет 20-50 000 парчиња на месец и во неа работат 80 работници. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата. Валидност до: 12.3.2013 година Компанија од Финска заинтересирана е да пласира генератори на гасен погон во Република Македонија. Валидност до: 9.8.2012 година Компанија од Република Македонија бара соработка со странски компании за производство на облека - маици, фустани, блузони, здолништа, по системот „ЛОН“-работа. Месечен капацитет 25 000 до 50 000 парчиња. Валидност до: 12.3.2013 година Компанија од Србија заинтересирана е да пласира амбалажа од пластични маси во Република Македонија. Валидност до: 13.6.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на противпожарна опрема. Валидност до: 13.6.2012 година Македонска компанија нуди комплетни решенија за санација на кров, заштитни срества, термоизолациона фолија, универзална самолеплива лента за нејзино спојување покрај оџакот, лепак отпорен на мраз и еластичен, приклучна манжетна која дихтува и штити од ветер и дожд за глинен приклучок и кондензација, приклучк за антени или кабли. Валидност до: 13.3.2013 година Македонска компанија нуди титан диоксид кој наоѓа примена во производство на бои и лакови, пластика, гума и градежни материјали, индустрија на вештачки влакна, козметика, фармација, прехранбена и керамичка индустрија и индустрија за стакло. Валидност до: 13.3.2013 година Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија со понуда на напредни системи и решенија за заштита-поправка и зајакнување на бетон и други видови на структури: - бетонски и адитиви за малтер; - сврзуваат; - виткаат заеднички заптивки; - цемент базирани подземни хидроизолации системи; - системи за тротоари; - малтери; - rebar корозија инхибитори; - посебна заштита за бетон, челик и други конструкции. Валидност до: 13.6.2012 година Туристичка агенција од Грција заинтересирана е за соработка со туроператори и туристички агенции од Република Македонија за посета на туристи во двете земји. Валидност до: 14.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер или застапник во Република Македонија за пласман на специјални камери, Full-Frame матрикс CCD камери кои се прилагодени за давање слики и спектроскопија на слабосветлосни сигнали во областа на рентген-зраци, вакуум, ултравиолетови, видлива светлина и блиски инфрацрвени зраци.
Валидност до: 14.9.2012 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со македонски производители на производи од фротир -памук, наменети за опремување во хотели и ресторани. Валидност до: 14.6.2012 година
Бугарска компанија бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман на стиропор бетонски елементи. Валидност до: 7.7.2012 година
Компанија од Бангладеш бара дистрибутер за пласман на чевли во Република Македонија. Валидност до: 15.8.2012 година
Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со медицински установи во Македонија во областа на нуклеарно-медициска дијагностика и депонирање на ниско и средно радиоактивен отпад. Валидност до: 7.7.2012 година
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални ѓубрива и други иновативни производи за овоштарство, раноградинарство и земјоделство. Валидност до: 29.7.2012 година
Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за печатење, со овластен сервис, обезбедени резервни делови за машините како и потрошен материјал за истите. Валидност до: 8.7.2012 година
Компанијата ИКРП Рокас и партнерс - Скопје како дел од адвокатската фирма ИК Рокас и партнерс Атина и другите фирми на Рокас во Централна и Југоисточна Европа е активна примарно во секторите телекоминукации, енергетика и банкарство и нуди различни совети од финансиско и корпоративно право, решавање спорови, приватизација, работни односи и оданочување. Валидност до: 28.02.2013 година
Компанија од Романија заинтересирана е да инвестира во термоцентрала во Република Македонија на гасен погон, за производство на електрична и топлинска енергија. Валидност до: 9.9.2012 година
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на модни ткаенини од памук, свила, волна ,кадифе и кожа. Валидност до: 1.6.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со производители на шеќер во Република Македонија. Валидност до: 1.8.2012 година Компанија од Германија бара соработка со македонски компании во областа на ИТ-услуги нуди оптимални и ефикасни ИТ-услуги во планирање на ресурси. Валидност до: 1.6.2012 година Компанија од Бугарија бара да соработува со градежни компании од Република Македонија кои градат кровови и кровни конструкции, произведувачи на прозорски рамки, како и трговски компании во областа на градежни материјали, Валидност до: 2.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од биопластика. Валидност до: 2.8.2012 година Компанија од Турција бара да соработува со производители на суви и влажни солени говедски кожи во Република Македонија. Валидност до: 5.6.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ласерски лампи и разни ласерски резервни делови наменети за воздухопловната, автомобилската индустрија, во салони за убавина, мода, медицина, микроелектроника. Валидност до: 5.6.2012 година Компанија од Полска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на пластика. Валидност до: 5.6.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со државни институции, компании од областа на трговијата, индустријата и услужните дејности за пласман на безбедносни етикети и ленти, налепници, плакети за возила, книшки и лични документи, како и производи со бренд-заштита во Република Македонија. Валидност до: 6.5.2012 година
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Компанија од Хрватска бара соработка со производители на пластични буриња во Република Македонија за пласман во Хрватска. Валидност до: 24.7.2012 година Швајцарска компанија заинтересирана е да купи фабрика за производство на цигари во Република Македонија. Валидност до: 28.12.2012 година Компанија од Бугарија бара соработка со македонски градежни компании за заедничко вложување во изведба на градежни работи, проектирање, производство и монтирање на челични конструкции, градење на згради „клуч на рака“. Предлагаат соработка со независна локална компанија, како партнер застапник на Metalstroy AMS –LTD. Валидност до: 28.7.2012 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на санитарна опрема и опрема за бањи. Валидност до: 28.7.2012 година Компанија од Израел заинтересирана е да соработува со производители на домати во Република Македонија. Валидност до: 28.7.2012 година Компанија од Кипар заинтересирана е да инвестира во изградба на еколошки погон за рециклирање на гума и пластика. Валидност до: 14.12.2012 година Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски градежни компании каде може да најми 20 камионикипери за изведба на автопатот Приштина - Сува Река кај Малешево на Косово. Валидност до: 15.9.2012 година Компанија од Словенија бара соработка со македонски кланици за извоз на јагнешко, говедско и овчо месо на трети пазари во арапските земји. Валидност до: 15.7.2012 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk