Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 251, 21.01.2016

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 251

www.mchamber.mk

21.01.2016

Сос тојбите во мелничко-пекарската индус трија и предизвиците во 2016 година

БЕЗ ЗАШТИТА ОД НЕКОНТРОЛИРАНИОТ УВОЗ НА БРАШНО ЌЕ СЕ „МЕЛАТ“ ЗАГУБИ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

SE

C

UR

O

НИКО

� Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

БЕЗ ЗАШТИТА ОД НЕКОНТРОЛИРАНИОТ УВОЗ НА БРАШНО ЌЕ СЕ „МЕЛАТ“ ЗАГУБИ

Состојбите во мелничкопекарската индустрија и предизвиците во 2016 година

За да се задоволат потребите на Македонија за брашно според анализите на мелничката индустрија на месечно ниво во последните 4 години се потребни во просек 13.563 тони брашно, а количината на брашно вкалкулирана во пченица е 18.085 тони месечно (217.020 годишно пченица). Според претходно направените анализи за потребите на брашно претворено во пченица, македонските мелници го покриваат пазарот со брашно од околу 65% со сомелување на пченицата. Остатокот од потребите за брашно се увезуваат, односно 35% од потребите доаѓаат од увоз. Според овие податоци, мелниците во Македонија работат со 65% од својот капацитет, или некои од нив воопшто не мелат. Од вкупните количини пченица кои се мелат во Македонија од страна на домашните мелници, околу 60% е увозна, додека 40% е домашната откупена пченица. Најголема опасност за мелниците во Македонија е нивната неконкурентност или неможност да конкурираат со цените на увозното брашно, со што директно се загрозени и земјоделците. Причини за тоа се непазарните цени на домашната пченица, нејзиниот квалитет, како и производните трошоци во кои струјата како енергенс има свое влијание според континуираниот пораст на цената. Во одредени периоди во годината цената на увозната пченица се доближува многу блиску до цената на увозното брашно, што


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

ПРЕДУПРЕДУВАЊА дополнително создава проблеми на мелничката индустрија. Согласно ваквите анализи, точно се гледа кај оди мелничката индустрија во Македонија. Ова беше истакнато на редовната прес - конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Состојбите во мелничко-пекарската индустрија и предизвиците во 2016 година“. Пред претставниците на медиумите зборуваше Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Досега беа преземени следните мерки за подобрување на состојбата: • условен увоз на брашно и пченица во сооднос 4/1 и 3/1; • контролни маркички за пуштање на брашно во промет од домашно производство и од увоз; • Правилник за контрола на квалитетот на брашното (од домашно производство и од увоз). Со условниот увоз резултатот е скапо купена неквалитетна домашна пченица и неревалоризирана со профит преку брашното. Тоа е последица од неодржување на времетраењето на условниот увоз, со што на нашето скапо и неконкурентно брашно му конкурира српското евтино брашно. Со воведувањето на контролните маркички не се контролира рокот од 30 дена од датумот на издавање при увоз на брашното, што значи дека воведувањето на контролните маркички како заштита на мелничарите е беспредметно. Правилникот за квалитет и контрола на брашното пуштено во промет или од увоз не се спроведува, односно увезеното брашно се пушта


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

во промет без да се провери во акредитирана лабораторија за квалитет. Таа проверка треба да го оптовари увозното брашно со дополнителни давачки при увоз, со што увозното брашно би било поскапо. Кога би се конвертирало увезеното брашно во пченица се гледа дека годишно во просек мелниците во Македонија помалку мелат 50.000 тони пченица, што е генерално 50% од македонскиот род на меркантилна пченица. Мелничко-пекарската индустрија со Предлог-мерки за заштита: • Итно преземање мерки со цел да се заштити мелничката индустрија со што индиректно ќе се заштитат и домашните земјоделци. • Прва мерка – целосно спроведување на контрола на пуштање во промет на брашното од увоз преку контролните маркички или забрана за пуштање во промет на увозно брашно ако е пројден рокот од 30 дена. • Второ, да се спроведува донесениот Правилник за квалитет на брашното при увоз, односно да не се пушта увозно брашно во промет се` додека Агенцијата за храна и ветеринарство не даде дозвола по добивање на Анализите за квалитет од акредитирана лабораторија. • Трето, да се изнајде начин за дополнително субвенционирање на домашните земјоделци или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач по класи на квалитет. Со тоа нашата пченица би имала конкурента цена во окружувањето, а исто така и мелниците би имале конкурентно брашно. Со тоа би се стопирал увозот на брашно, односно би се зголемил извозот. Тоа би било истото она што на некој поразличен начин го прави и Србија. • Да се субвенционираат домашните мелничари во висина од 2,5 денари по килограм откупена пченица (разлика во цена помеѓу откупената домашна пченица и цената на увезената пченица). Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ ИНФО И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

ИНВЕСТИЦИИ

Во ТИРЗ „Алинци“ во Прилеп поставен камен-темелник за изградба на нова фабрика

„АКОМПЛАСТ“ ОД ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ДЕЛОВИ ЗА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

На 14 јануари 2016 година, во ТИРЗ „Алинци“ во Прилеп, германската компанија „Акомпласт“ во присуство на премиерот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски, министерот Бил Павлески, градоначалникот Марјан Ристески и голем број гости, меѓу кои и поголем број членови од Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, беше поставен камен-темелник за изградба на фабрика за производство на делови за автомобилската индустрија. Претставниците на германската компанија „Акомпласт“ кои се и управители на нивната компанија „Инџекшен холдинг Прилеп“ Инес Андре и Франк Михаелис, истакнаа дека станува збор за инвестиција вредна три милиони евра, која ќе овозможи нови 150 вработувања и каде ќе се произведуваат делови од пластика за автомобили по најсовремена технологија наменети за европскиот пазар и за големите автомобилски брендови како што се „БМВ“, „АУДИ“, „ФОЛКСВАГЕН“, „МЕРЦЕДЕС“ и др. Според изјавата на претставниците на „Акомпласт“, одлуката за инвестирање во ТИРЗ „Алинци“ во Прилеп, ја донесле на база понудените најдобри услови, добро обучен кадар, поддршката од страна на локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески. Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески нагласи дека градот Прилеп добива уште еден член во ТИРЗ „Алинци“ покрај компанијата „Гентерм“ која е во напредна фаза со изградбата на новата фабрика. Ристо Најдоски


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

9

ИНВЕСТИЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

ДВА МИЛИОНА ЕВРА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО НОВА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА И СОВРЕМЕНА ОПРЕМА

ЕБОР со поддршка за „Брако“, водечката македонска компанија за производство на жичани и метални производи

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) промовира иновативност и помага во подобрувањето на енергетската ефикасност во „Брако“ од Велес, водечката македонска компанија во областа на инженеринг и обработка на метални производи. Кредитот во износ до два милиона евра ќе í овозможи на компанијата да инвестира во нова енергетско-ефикасна опрема за производство на жичани производи и да набави опрема за преработка на метал, со цел да ги подобри производната ефикасност и квалитетот на другите метални производи. Учеството на Банката во инвестицијата ќе го поддржи растот на компанијата во однос на производите со поголема додадена вредност во вкупното портфолио, како и оние производи наменети за извоз. Лоцирана во Велес, „Брако“ претставува водечка компанија за производство на жичани производи, обработка на метални производи и инженерство. Во изминатава деценија „Брако“ инвестираше во развој на нова производствена програма, воведувајќи производи со висока додадена вредност, како што се медицински помагала и мебел, метални додатоци, програма на транспортни ленти, телекомуникациска опрема и опрема за хидроцентрали. - Ни претставува задоволство да го поддржиме „Брако“, еден од водечките производители на жичени и метални производи во Западен Балкан. Континуираната имплементација на нови современи технологии достапни на пазарот, на енергетски ефикасен начин, претставува важен составен дел за конкурентен и успешен бизнис. Сигурни сме дека со финансирањето на овој проект, ќе му помогнеме на „Брако“ да го зајакне портфолиото на производи и извозот на странските пазари, – изјави Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија. - Посветени сме на постојано проширување на нашите производствени капацитети преку набавка на нова и поефикасна опрема. Сакаме да го подобриме квалитетот на нашите производи, да ги намалиме оперативните трошоци и да го зголемиме производниот капацитет со цел да го задоволиме растот на побарувачката. Благодарение на ЕБОР ќе можеме да ги постигнеме нашите цели, - нагласи Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на „Брако“. ЕБОР започна да инвестира во македонската економија во 1993 година. До денес, во земјата има финансирано во 99 проекти со нето кумулативен обем од над 1,6 милијарди евра. (ЕБОР)


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија во „Иновативност“

ИМ ДАВАМЕ ШАНСА НА МАЛИТЕ КОМПАНИИ ДА ПОРАСНАТ И ДА СТАНАТ ПОУСПЕШНИ

*Кон крајот на декември 40-тина микро мали и средни компании се обединија во Клуб на менаџери-претприемачи во рамки на Стопанската Комора на Македонија. Идејата е преку вмрежување и богата едукативна програма дизајнирана специфично за нивните потреби, тие да растат и се развиваат. Првите активности на клубот ќе започнат во февруари. По тој повод разговараме со д-рЈелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија *За почеток кажете ни од каде идејата за формирање на ваков Клуб на менаџерипреториемачи? Целата иницијатива произлезе од самите наши членки кои се од редот мна микро, мали и средни компании. Тие самите почувствуваа потреба да се организираат на еден начин затоа што нивните потреби многу често се разликуваат од оние на големите компании. Услугите во Клубот на претприемачи ги поделивме во два сегменти: прво, нивна едукација во една порелаксирана атмосфера. Кај нас веќе подолго време постои Центар за едукација кој се донесува за сите компании, но идејата е во Клубот малите компании да уча,т но воедно и да се вмрежуваат, соработуваат и растат. Во точно утврден термин, секој петок во посебна просторија тие ќе имаат семинар, на одредена тема за која имаат потреба да се едуцират. Она што е специфично што секој член на Клубот има посебна картичка за влез во Клубот, но таа ќе служи и за впишување на сите обуки кои тој ги поминал што ќе ни овозможи точно да се следи неговиот развој во текот на неколкугодишниот


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО процес на неформална едукација во различни области. Програмите, пак, за обука се направени спрема нивните потреби Визијата е вмрежување низ едукативни настани, вмрежување преку сопствена промоција- на производите и услугите кои ги нудат со цел што подобро да се запознаат членките за Клубот. Исто така пред секој настан тие ќе се запознаваат детално со некоја од услугите кои ги нуди Комората. Целта ни е овие менаџери на микро, мали и средни компании во иднина да ги користат што повеќе сите наши услуги кои им стојат на располагање од: здруженијата, саемите, Б2Б средбите, арбитражата која можат да ја добијат при разрешување на спорови и наплата на побарувања, можности за искористување на европските фондови и тн. Микро и малите компании немаат доволно ресуреси сами да работат во овие сегменти а ние сме овде да им дадеме поддршка. Исто така покровители на овој клуб секој месец се големите компании – членки на Комората кои ќе даваат одредени бенефити за членовите на Клубот, ќе доаѓаат менаџери од големите компании со Бутик - сала на Клубот за менаџери - претприемачи што дополнително ќе придонесеме за ширење на бизнис мрежата на контакти во Клубот. *Очекувате ли ова да повлече зголемување на членството во Комората особено од редот на микро и мали компании? Очекуваме привлекување нови членки и поголемо активирање на актуелните членки кои досега не биле активни. Токму 40-тина наши членки од редот на средни и мали комоании беа иницијатори за формирање на овој клуб. Мал процент од нив се компании кои не се членки на Комората, а пројавија интерес да членуваат во Клубот. Преку овој клуб очекуваме тие што повеќе да се активираат затоа што активностите на Клубот се целосно дизајнирани за нивните потреби. На секои три месеци ќе има заеднички настан за вмрежување со останатите членки на компанијата. За членство во Клубот се плаќа дополнителна членарина. Со тоа секој член на Клубот добива и контакт-лице во Комората со цел да се зголеми комуникацијата и да се ставиме целосно на нивна услуга. За дополнителни информации за членство во Клубот на менаџери-претприемачи може да контактирате со Симона Ристоска, simona@mchamber.mk. (Иновативност)


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Голем број на неработни денови ја намалува конкурентната способност на стопанството

КОЛКУ ПРАЗНИЦИ И СЕ ПОТРЕБНИ НА МАКЕДОНИЈА?

*Во РМ неработни се 11 државни, 9 верски и 7 празници на националните малцинства. Толкав број празници ја намалува конкурентната способност на стопанството, предупредуваат работодавачите и експертите. Во Македонија и годинава ќе се одбележуваат вкупно 27 државни, национални и верски празници. Во врска со нив Министерството за труд и социјална политика вели: „Со Законот за празници се утврдуваат државните празници на Република Македонија и другите празници и се определуваат неработните денови на празнувањето. Во неработните денови работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.“ Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија и директор на Акционерското друштво„Мода“ од Свети Николе, во изјавата за ДВ е категоричен: „Големиот број на државни и верски празници во никој случај не можат да бидат во функција на подобро извршување на работните процеси во претпријатијата и институциите на системот. Државните празници се наменети за празнување на одредени значајни датуми, но нивниот број треба да зависи од бројот и значењето на тие празници за граѓаните на одредена држава. Големиот број на вакви денови само ја намалува конкурентната способност на нашето стопанство на глобалниот пазар. Резултатот не е само намалени производно-финансиски резултати во компаниите и помал брутодомашен производ на земјата, туку во краен случај влијае и на помалите плати на вработените.“ Според Илија Ацевски од државниот Институт за социологија од Скопје оценува дека нема потреба од толкав број и такви празници и „тоа не е придонес кон мултиетничкиот, меѓуверскиот и мултикултурниот соживот“, туку причина за нешто друго: „Со тоа само се продлабочува на јазот по овие основи во општеството, на тој начин само се нагласува и се продлабочува различноста на ’другиот’. Наместо да се гради единството


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

13

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ на државата, на долг рок тоа се поткопува и се доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија како држава. Дали сите македонски граѓани го чувствуваат 8 Декември - ‘Св. Климент Охридски’, како свој празник? Прогласувањето толкав број етнички и верски празници од страна на политичките елити претставува тешко манипулирање со националните и религиските чувства на граѓаните. Така политичките елити имаат и поводи да се појавуваат во црквите и џамиите и да им се додворуваат на граѓаните, заради остварувања свои одредени цели.“ Не се 30-тина, туку се 60-тина денови Алифета Селими, експерт за макроекономија и проректор на Државниот универзитет во Тетово се надоврзува кон овие погледи на Ацевски: „Потребно е сегашнава прекумерна бројка на празници да се намали само на неколку државни празници, кои ќе се однесуваат на сите нејзини граѓани. Мултиетничноста на Македонија треба да се почитува и да се одбележува во други ситуации, во други општествени сфери и на други начини, не така што тоа ќе се одразува негативно врз рентабилноста, економичноста и продуктивноста во економијата. Особено во овој сегашен момент, кога претпријатијата се соочуваат со бројни тешкотии и предизвици во своите деловни активности треба работното време да се користи максимално ефективно, а не фиктивно, а уште помалку треба да има толку неработни денови. Така само се нарушува ритамот на работењето на економијата и се губи во производството. Но, не се работи само за 30-тина празнични денови, туку можеби и за 60-тина денови, оти на вработените им треба време да се вратат повторно во истиот ритам на работење. И најновите, најмодерни економски теории ја истакнуваат потребата за целосно искористување на расположливите човечки ресурси, оти само со работење се создаваат нова акумулација и нови вредности во општеството.“ Во РМ неработни се 11 државни, 9 верски и 7 празници на националните малцинства Димитров го конкретизира мислењето на професорот Селими од гледна точка на стопанството: „На пример, во текстилната индустрија преголемите празнувања претставуваат значаен проблем, затоа што се работи за трудоинтензивна дејност, каде што учеството на трудот во создавањето на новата вредност е од огромно значење. За фабрика од 100 работници празнувањето на 5 работни дена во годината значи изгубени 4 илјади работни часови или годишно производство во вредност од околу 16 илјади евра. Но, во билансот на компанијата тоа е загуба од околу 27 илјади евра, затоа што работниците за време на празниците се плаќаат, а нема никакво производство. Ако се земе предвид бројот на можните работни часови во 2016 год.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ кој изнесува 2088 часа, тогаш намалувањето на празниците за 5 дена би значело зголемување на вкупните работни часови во текот на годината за 2 процента. Ова значи 2 процента поголемо производство, 2 процента поголем извоз, но и за најмалку 3 проценти подобри финансиски резултати. Со оглед дека се планира раст на брутодомашниот производ се околу 3 проценти, ова намалување на празниците за 5 дена може да биде од многу големо значење за растот на македонската економија.“ Европска споредба Еве две споредби на бројката од 27 - те државни, национални и верски празници во Македонија со бројот на јавни празници во земјите во ЕУ и со 9-те земји во светот, кои имаат најголем број јавни празници. „Јавни празници“ означуваат празнични денови со државен, етнички, верски и друг карактер, кои се едновремено и неработни, како и во Македонија. Бројот на јавни празници во 28те земји - членки на ЕУ во 2015 година („Official Journal of the European Union“ - C 463/17. 23.12.2014: Public holidays in 28 states of EU in 2015 - 2014/C 463/05) изнесува: Белгија: 12, Бугарија: 15, Чешка: 12, Данска: 14, Германија: 14, Естонија: 12, Ирска: 10, Грција: 10, Шпанија: 8, Франција: 11, Хрватска: 14, Италија: 11, Кипар: 17, Латвија: 15, Летонија: 13, Луксембург: 10, Унгарија: 15, Малта: 13, Холандија: 10, Австрија: 13, Полска: 12, Португалија: 9, Романија: 13, Словенија: 12, Словачка: 14, Финска: 13, Шведска:13 и Обединето Кралство (Англија): (a)Велс: 8, (б) Северна Ирска: 10, (ц) Шкотска: 9. Според анализата на интернет порталот „Галф бизнис“ од 15.1.2015 година, ова е редоследот на 9-те земји во светот со најголем број јавни празници: (I)Индија, Кина и Хонг Конг: 21, (II)Колумбија и Филипини: 18, (III)Тајланд, Турција и Пакистан: 16, (IV)Јапонија, Аргентина, Малезија и Виетнам: 15, (V)Индонезија и Чиле: 14, (VI)Јужна Кореја и Тајван: 13, (VII)Русија: 12, (VIII)Сингапур, Канада, Обединети Арапски Емирати и Мароко: 11 и (IX)САД, Австралија и Нов Зеланд: 10. Се наметнува заклучокот дека Македонија се вбројува меѓу земјите во Европа и светот, кои имаат голем број празници. Сериозно отежнатата ситуација во стопанството на земјата сама по себе го актуелизира прашањето: дали бројот на нејзините празници би требало да биде помал, како тој да се оптимизира рационално и согласно со реалните потреби на државата, на нејзините граѓани и етнички заедници? ДВ му го постави ова прашање на Министерството за труд и социјална политика, кое вака одговара: „Секогаш кога работодавецот ќе процени дека отсуството од работа на вработените ќе предизвика деловни последици по неговото работење има право да го задржи работникот на работа и за време и на државни и на верски празници и со тоа да ги намали последиците од неповолни репродукциони и економски финансиски


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

15

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ

ефекти. Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот (производниот) процес се одвива непрекинато, или ако природата на работата бара нејзино вршење и на празничен ден. Во овие случаи работодавачот е должен за секое воведување работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.“ Во врска со прашањето како бројот на празници во државата да се сообрази со нејзините реални можности и потреби, Сојузот на стопански комори посочува: „Во зимскиот период, особено во декември и јануари, кога има најголем број на празници, продуктивноста на стопанството во зависност од секторот осцилира. Но, ова не е нова состојба и бизнисмените секоја година однапред подготвуваат стратегија и во договор со деловните партнери прават план во својата работа, заради навремена испорака и реализирање на обврските. Работодавачите ги почитуваат празниците и обичаите кои се традиционални, но некогаш, ако има потреба, работат и во празнични денови. За тоа има соодветно регулирани законски можности.“ Има можности за намалување на бројот на празници Димитров напоменува: „Ако подетално се анализираат државните празници и празниците на верските заедници, ќе се утврди дека некои од нив воопшто не се празнуваа во минатото, а некои се користеле за одделни партиски пазарења. Реално е дека меѓу нив постојат и такви, кои не се од толку големо значење за граѓаните и верските заедници. Не може да бидат од исто значење за граѓаните на Македонија 2 Август - Денот на Републиката и 8 септември - Денот на независноста со 23 октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, или 8 декември - Свети Климент Охридски. Проблематично е што се празнува Бадник - првиот ден на Божик како државен празник и плус Бадник - ден пред Божик како верски празник. Или, се празнува вториот ден на Велигден како државен празник и Велики петок како верски празник. Постојат можности за намалување на вкупниот број на празници и тоа може да се направи врз база на една поширока јавна расправа, во која ќе учествуваат сите заинтересирани страни.“(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Енергија

БУГАРСКИТЕ АМБИЦИИ ВО ГОЛЕМАТА ИГРА ОКОЛУ ГАСОТ

*Бугарија планира изградба на гасоводна клучка за европскиот пазар и се надева на поддршка од Русија. Критичарите сметаат дека намерите немаат допирни точки со реалноста. Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 13 јануари објави детали околу планираната гасоводна клучка, која би требало да ја направи земјата најважно место за развод на гас во Југоисточна и Централна Европа. Со идниот центар за земен гас „Балкан“, кај Варна, Бугарија ќе стане главен надрегионален „транзитен центар за гас“, изјави Борисов. До планираниот центар за развод на гас кај Варна би требало да доаѓа гас од Русија, Азарбејџан и Туркменистан, како и гас од романски и бугарски резерви. Освен тоа, може да се зема и течен гас од терминалите во соседна Грција, објасни бугарскиот премиер. Експертите во Бугарија, меѓутоа, се на мислење дека се смета главно со гас од Русија. Но, со оглед на тоа што ЕУ инсистира на диверзификација на изворите, Бугарија, барем на хартија, мора да наведе и други можни лиферанти за да си обезбеди поддршка од Европската комисија. Пари - нема Идејата дека руски гас може да се складира во Бугарија за потоа да биде лиферуван натаму, нема допирни точки со реалноста, вели економскиот експерт Красен Станчев во разговор за ДВ.„Заобиколувањето на Украина при транспортот на руски гас е многу проблематично за ЕУ. Освен тоа, во моментов ниту рускиот концерн Газпром ниту бугарскиот енергетски холдинг се во состојба да го финансираат проектот. Двете страни не можат да стигнат до неопходните кредити.“

Бугарија ќе стане главен надрегионален „транзитен центар за гас“, изјави Борисов


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Проблемот да се стигне до кредити на финансискиот пазар, според Станчев, е поврзан со тоа што двата концерна се во тешка финансиска состојба. Освен тоа, меѓународните санкции против Русија му го отежнаа особено пристапот на Газпром до меѓународниот финансиски пазар, додека истовремено ниските цени на нафтата и гасот ги направија ваквите проекти неатрактивни. Заклучокот на Станчев гласи: рамковните услови се тешки и тоа би ги исплашило големите инвеститори. Стари планови во ново издание Паралелно со темата гасоводна клучка, во Бугарија се вртат постојано непотврдени информации од владини извори дека Софија планира и повторен почеток на градежните работи околу гасоводот Јужен тек, кој беше прогласен за мртов. Портпарол на руското министерство за енергија ги демантираше ваквите вести. Проектот е запрен и тука се нема ништо променето, изјави портпаролот. И Борисов за ова вопарламентот рече: „Јужен тек“ е историја. Она што денес е на дневен ред е центарот за развод на гас „Балкан“. Во истиот говор, бугарскиот премиер сепак остави малку подотворена вратичка за натамошно градење на Јужен тек. Тој изрази надеж дека Русија би можела да го изгради барем делот од Јужен тек кој оди под море. Тие два цевоводи, со годишен капацитет од по 10 милијарди кубни метри, би можеле да ја полнат гасоводната клучка кај Варна и преку нов гасовод да ја снабдуваат со гас и Европа. Значи, Јужен тек 2.0, во „потенка“ верзија. Неодредена надеж Јужен тек беше еден од најголемите енергетски проекти на ЕУ. Подморската траса требаше да почнува на рускиот брег на Црното море и да излезе на копно во близина на бугарскиот град Варна. Гасоводот требаше да почне со работа на почетокот на оваа година. Планирана беше испорака од 63 милијарди кубни метри годишно. Проектот беше запрен од страна на рускиот претседател Владимир Путин, во декември 2014 година. За време на посетата на Турција Путин, заедно со турскиот претседател Ердоган, најави изградба на нов гасовод: Турски тек. Меѓутоа, кога на Игра ли бугарската влада на два колосека? крајот на 2015 година дојде до тензии меѓу Москва и Анкара, закопан беше и Турски тек. Едно прашање остана неодговорено: каква намера има Софија со најавите за изградба на гасоводна клучка и со противречните изјави околу Јужен тек?Изгледа дека бугарската влада води стратегија на два колосека, во надеж дека истовремено ќе може да добие руски гас, меѓународни кредити и благослов на Европската комисија за да може да ја изгради како гасоводната клучка, така и мини-варијантата на Јужен тек. Софија планира за балканската гасоводна клучка да се разговара на седницата на бугарско-рускиот одбор за економска соработка на крајот на февруари. Борисов изјави дека Бугарија во моментов се обидува да го направи проектот „приоритет на Европската комисија“. Бугарскиот премиер рече дека е „оптимист“ во врска со проектот. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

Најновите измени во прекршочна постапка согласно Законот за прекршоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинскиплаќања („Службен весник на Република Македонија“, бр. 31/01,129/15,154/15) Во новиот Закон за прекршоци се предвидени новини во забрзани постапки за порамнување и забрзани постапки за спогодување, нови правила за одмерување на глобата на правно лице, одговорно лице во правното лице и трговец поединец, како и постапка по жалба против одлуките на прекршочните органи. Во програмата на семинарот ќе бидат опфатени надлежноста и процесните правила по кои постапува Управата за јавни приходи и прекршочните комисии на Управата и надлежноста на новата Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка. Имајќи ја предвид загарантираната судска заштита во прекршочните постапки ќе се дискутира за обврските на даночните обврзници и повредите во постапките пред органите за кои судот внимава по службена должност и во тој контекст на крајот од семинарот ќе се разработат одредбите од прекршочна постапка согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Целта на семинарот е да се дискутира за новините и досегашното искуство во прекршочните постапки се` со цел даночните обврзници да бидат подобро запознаени и информирани за правата и обврските во забрзаните постапки и прекршочните постапки при контрола спроведена од страна на Управата за јавни приходи. Програма на семинарот: - Најновите измени на Законот за прекршоци; - Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања; - Прекршок и прекршочна одговорност; - Прекршочна одговорност за правни лица и трговец поединец; - Одмерување на глоба за правно лице и трговец поединец; - Посебни прекршочни мерки; - Постапки за порамнување и спогодување; - Прекршочна постапка пред прекршочен орган; - Постапка по жалба против одлуките на прекршочните органи; - Судска заштита; - Право на поведување на управен спор;

26.01.2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

- Повреди на постапка за кои Судот внимава по службена должност; - Правни лекови - редовни и вонредни; - Обврски на даночните обврзници за фискален систем на опрема и регистрирање на прометот согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања; - Надлежност на Управата за јавни приходи за вршење на инспекциски надзор; - Водење на прекршочна постапка пред Комисијата за прекршоци; - Одмерување на глоба за правното лице, одговорното лице и трговец поединец. Предавачи: - м-р Едита Насковска, судија во Управен суд Скопје; - Орце Пејков, раководител на Одделение на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје и - Дајана Таневска, заменик-претседател на Комисијата за прекршоци на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Битола. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 јануари 2016 година 9:00-16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Еднодневна обука „МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ“

ПРОГРАМА Организација на магацинскиот простор: • Поим магацин; • Зони во магацинот; • Избор на тип на магацин; • Анализа во изборот на места за скалдирање – ABC-анализа; • Адресирање стока во магацин (зони, подзони); • Организација на внатрешен транспорт. Процеси во магацин • Магацинско работење (складирање) – документација; • Планирање на работната сила – шеф на магацин, магационери, работници во магацин. Примена на современи технологии во магацин: • Примена на RF-системот; • Електронското работење и неговото влијание врз текот на документацијата (состојба на стоката, инвентаризација); • Клучни показатели за успешноста на работата во скалдиштата. Задоволството на клиентите: • Тек на нарачка и испорака; • Комерцијални пакувања или поединечна испорака; • Амбалажа за пакувањето; • Начин на обележување на транспортната кутија која треба да се испорача; • Рекламација од страна на клиентите - реагирање на рекламација. Управување со амбалажниот отпад: • Опасен амабалажен отпад; • Текот на отпадот.

Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 - 16:30 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар БУЧАВА И ВИБРАЦИИ

„АНАЛИЗА НА НИВО НА БУЧАВА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“, БР. 21/2008) И ВИБРАЦИИ ВО РАБОТНА СРЕДИНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“, БР. 26/2008)“ ПРОГРАМА Прва сесија: Презентер: Борче Стојчевски – самостојно стручно лице – дипл.инж. заштита при работастручно лице за безбедност при работа - Поим за бучава и вибрации на работно место, извори; - Изложеност на зголемено ниво на бучава; - Вибрации на рака, вибрации на тело; - Карактеристични работни места, начини на превенција и заштита; - Управување на бучавата и вибрациите.

27 јануари 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

- Практична настава – мерни инструменти, мерење на вибрација и бучава во работна средина. Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 25 јануари 2016 година.

Втора сесија: Презентер: Слаѓана Андоновска, раководител на Секторот за безбедност и здравје при работа при Државниот инспекторат за труд - Нормативно уредување во областа на опасности и штетности на работно место на вработени изложени на ризик од бучава и механички вибрации. - Законска легислатива (Правилник за ризик од бучава и изложеност на механички вибрации); Трета сесија: Презентери: проф. д-р. спец. по медицина на трудот Јордан Минов и асс. д-р спец. по медицина на трудот Драган Мијакоски од Институтот за медицина на трудот. - Бучава и вибрации – влијанието врз човековото здравје и - Оценка на работната средина. Четврта сесија: Презентери: претставници на „LOGING Electronics“: - Мерење, анализа и оцена на изложеноста на човекот на бучава и механички вибрации и

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28.01.2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Семинар РАБОТНИ ОДНОСИ

„Повреди на Законот за работните односи од аспект на поднесените барања за постапување до органот надлежен за вршење на инспекциски надзор над примена на Законот и правилна примена на други правни институти од Законот“

ПРОГРАМА: Прв дел - Начин на пресметка и плаќање на прекувремената работа; - Начин на пресметка и плаќање на ноќната работа; - Начин на пресметка и плаќање на работа за време на празник и неделен одмор; - Начин на пресметка и плаќање на сменска работа. Втор дел - Суспензија на вработен од работа; - Претходната постапка како законски услов за откажување на договорот за вработување; - Парична казна наместо отказ; - Причини за понуда на нов променет договор пред отказ. Трет дел - Ништавност на одредбите од договорот за вработување; - Можноста за избегнување на прекршочно гонење за сторен прекршок согласно Законот за работни односи; - Попречување на работникот да присуствува на работото место без доставување на содветен законски акт, управни мерки и прекршочно гонење во такви случаи; - Пребивање од плата на побарувања на работодавачот.

вработување и социјално осигурување; - Непостапување со судски одлуки; - Распоредување на полното и скратеното работно време; - Непочитување на отказните рокови. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Четврт дел Контакт Центар : (02) 15015 - Ангажирање на лица на работа без договор за E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар ДАНОЧНО ПРАВО „ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА КОЈА СЕ ОДНЕСУВА НА

ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ ИЗЛЕЗНИ ФАКТУРИ И ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ (ЗАКОНСКИ ЗАСТАПНИК), КАКО И ЗНАЧЕЊЕТО НА КОНТРОЛАТА И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ЦЕЛОКУПНАТА СМЕТКОВОДСТВЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА РАСХОДИТЕ НАПРАВЕНИ ВО 2015 ГОДИНА, ДАНОК НА ДОБИВКА (НЕПРИЗНАТИ ТОШОЦИ) И КНИГОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН АСПЕКТ НА РАЗЛИКИТЕ ОД ПОПИСОТ“

29.01.2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА: - Измените во Законот за даночна постапка, зошто овој закон ги таргетира даночните обврзници, односно овластеното лице на правното лице - управителите и зошто истиот е над сите други даночни закони; - Измените во Прекршочниот законик; - Законот за трговски друштва, права и одговорности за сметководствената документација на овластеното лице, односно управителот во однос на Законот за сметководствени работи, прва и обврски на овластениот сметководител; - Одговорност за водењето на трговските книги и за изготвувањето на годишната сметка; - Кривичен законик - делот во кој е уредено даночното затајување; - Законски одредби кои ја проследуваат електронската кореспонденција и доказната сила на електронската кореспонденција; - Пропратната документација во процесот на доказ за даночни цели и судски спор; - Законот за ДДВ со посебен осврт на член 53 и електронска фактура виа Законот за трговски друштва и печат во „историја“; - Практични примери за веродостојноста на економските активности и доказната сила на трговските книги, односно сметководствената документација, пропратната документација, дописи и сл., низ призма на даночната регулатива во Република Македонија; - Законот за даночна постапка од којшто произлегува секоја економска активност да биде документирана, како и дека сметководствената евиденција пред се` се води поради оданочување.

- Излезни фактури за продажба на стока; - Излезни фактури за продажба на услуги; - Градежни ситуации; - Девизни калкулации при увоз и извоз на стока; - Архивското работење за даночни цели и во управна постапка - Уредба за канцелариско и архивско работење со посебен акцент за излезни фактури. - Контроли пред изготвување на завршната сметка и финансиските извештаи; - Закон за данок на добивка, методологија на пресметка на основицата за оданочување на добивката за 2015 година; - Даночен третман на расходите направени во 2015 година; - Даночни и книговодствени аспекти на пописот за 2015 година.

Законски исправна сметководствена документација по видови: - Изводи и непарични трансакции помеѓу правното лице и поврзани лица согласно Законот за даночна постапка; - Влезни фактури за продажба на стока; - Влезни фактури за продажба на услуги;

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Предавачи: - М-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје. - М-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 10 до 13 февруари 2016 година во Република Турција

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат да земете учество на оваа исклучително значајна саемска манифестација која се одржува во просториите на „Експо центарот“ во Анталија. 23. Интернационален саем за храна и пијалаци е најголемиот меѓународен настан што ќе се одржува во Турција, на којшто минатата година учествуваа повеќе од 400 излагачи од повеќе од 12 земји ширум светот, а го посетија повеќе од 47.400 посетители од 49 земји од регионот и пошироко. Турција претставува атрактивен пазар со големи можности особено во прехранбениот сектор. Вкупниот износ на храна што се консумира во рок од една година во повеќе од 1200 туристички капацитети низ цела Турција, е над 1 милион тони, додека износот на конзумирани пијалаци е над 600 илјади тони. Низ туристичките капацитети во рок од една година, во Турција се конзумираат преку 58 илјади тони црвено месо и околу 40 илјади тони бело месо. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу турски компании и компании од светот, овогодинешниот 23.

хотелиерството; • готвачи и бармени - угостителски работници; менаџери на синџири на маркети; • менаџери на ресторани, ресторани за брза храна, барови и кафулиња; • трговци со храна на големо; • инспектори за храна, пијалаци, козметика; • менаџери на хемиски и индустриски компании; • менаџери на тендерски комисии за набавки во приватниот и јавниот сектор; • директори на болнички кантини; • раководители на јавни организации и институции; • раководители во државни и приватни образовни структури и хостели; • команданти на воени објекти и раководители на одделенија за набавки; • директори и менаџери на фабрики за пакување на храна; • производители на зеленчук, овошје и стакленички производи.

Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; Интернационален саем за храна и пијалаци има за цел • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; на едно место да собере: • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • производители на житни култури, зачини и масла; • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно од • производители на месо и месни производи; расположливите капацитети на хотелите во Анталија); • печива; • специјални цени за компании коишто сакаат да земат • адитиви; учество на Саемот како излагачи; • кондиторска индустрија; • за сите заинтересирани компании коишто сакаат да земат • млеко и млечни производи; учество на Саемот, задолжително е пополнувањето на • чај, кафе и опрема; пријавниот лист; • трговија на големо- дистрибуција на храна и пијалаци; • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од една • опрема за ладење, ладилници за превоз на производи; компанија. • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; Аплицирај електронски / on-line • лаборатории за испитување на храна; • конзервирана храна; Контакт: Сања Николова • медиуми и др. Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Саемот е отворен за: E-адреса: sanja@mchamber.mk • директори, менаџери во угостителството и


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„INFACOMA 2016“ И „AQUATHERM 2016“ ВО СОЛУН

Oд 11 до 14 февруари 2016 година Меѓународни саеми во Република Грција

Стопанската комора на Македонија во соработка со „HELEXPO“ и Канцеларијата за економски и трговски врски на Република Грција во Република Македонија ве покануваат да бидете дел од „Infacoma 2016“ (33. Интернационален саем за градежни материјали за изолација, врати и прозорци, пред-фабрикувани конструкции и технологии и санитарна опрема) и „Aquatherm 2016“ (1. Интенационален саем за греење, вентилација, климатизација, снабдување со вода, санитарии, еколошки технологии и обновливи извори на енергија). Саемските манифестации ќе се одржат во периодот од 11 до 14 февруари 2016 година во Солун, Р. Грција. Саемот „Infacoma“ како секоја, така и оваа година, како водечки саем во градежниот сектор, има за цел да ги промовира новите технологии, апликации и материјали, кои се однесуваат на надградба на објекти, заштеда на енергија и модерна архитектура. Во рамките на „Infacoma“ оваа година за прв пат ќе се одржи и Саемот „Aquatherm“, наменет за сите компании коишто се занимаваат со инстлирање и одржување на системи за греење, вентилација, климатизација, еколошки технологии и обновливи извори на енергија. Саемот се организира секоја година од 2004 година во повеќе од 13 градови, во 12 зејми ширум светот, а од 2016 година за прв пат ќе се организира и во Солун. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„HORECA 2016“ И „WEDDING SHOW“ ВО ТИРАНА

Од 3 до 6 март 2016 година во Република Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Тирана Експо Центар“ ве покануваат и оваа година да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на најголемиот центар за развој на саеми во земјата - „Тирана Експо Центар“. Оваа година се очекува на Саемот да има повеќе од 140 компании во својство на излагачи, од коишто повеќе од 40% ќе бидат од земјите од регионот и пошироко. Во изминатите години „HoReCa“ стана апсолутен лидер за компаниите од оваа бранша во земјата и во регионот. „HoReCa“ претставува ексклузивен настан каде што на едно место можат да се сретнат сите компании и крајни потрошувачи на услугите во секторот на угостителството и хотелиерството, при што се создаваат услови за креирање нови и иновативни услуги креирани според желбите и потребите на потрошувачите. Годинава, покрај останатите бројни изненадувања, во рамките на Саемот „HoReCa“ ќе се одржи и првото издание на Саемот „Wedding Show“ посветен исклучиво на свадбени свечености. Организирајќи ги овие две манифестации во ист период и на иста локација ќе се создаде синергија помеѓу заедничките сектори, претворајќи го целиот настан во една од најважните дестинации за средба на илијадници професионалци во дадените сектори од регионот и пошироко. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 март 2016 година во Лондон, Велика Британија

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА „ECOBUILD“

*Меѓународни деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ - EEН - http://www.b2match.eu/ecobuild2016 Стопанската комора на Македонија во организација на ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, новини и трансфер на технологии во енергетиката, како и рециклажата. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Исто така, ќе може да се доставуваат предлози и да се реализираат можности за вмрежувања на организации и фирми со цел создавање конзорциуми во рамките на ЕУ-Програмата „Хоризонт 2020“ во области за градење на енергетски ефикасни објекти со нови технологии и идеи на градба. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 9 март 2016 година, во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ecobuild2016/registration до 3 март 2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“

Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизнис-средби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија. „ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот„ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl. За време на одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија

БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери

конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, однапред да се организираат деловни состаноци; „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

Скенирај и дознај повеќе

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Кина нуди електрични мотори за придвижување на гаражни врати во Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Естонија заинтересирана е за соработка со индустриски објекти за пласман на производни транспортни линии при процес на производство на одредени производи во Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Грција заинтересирана е да соработува со македонски компании во областа на ИТ-индустријата. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Словачка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на биолошки горива. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на црвена леќа, пуканки, наут, грав, сончоглед, кафе и ориз. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на селотејпи ПВЦ- ленти за заштита од опасности на патишта. Валидност до 31.01.2016 година.

Компанија од Кина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на лабораториска опрема. Валидност до 31.01.2016 година. Германска компанија која нуди решенија за греење, радијатори, дизајн и опрема за бањи е заинтересирана за пласман на своите производи во Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пречистителни станици за домашен третман на отпадни води, системи за собирање дождовница, бетонски шахти, делови на шахти и специјални делови. Валидност до 31.01.2016 година.

Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плaсман на гумени прстени. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Украина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на висококвалитетни метални конструкции. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Бугарија нуди заштитни галванизирани браници наменети за автопатишта во Република Македонија. Валидност до 31.01.2016 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделска механизација, приклучни алатки и резервни делови. Валидност до 31.01.2016 година.


четврток, 21 јануари 2016, Бр. 251

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи за улично осветлување. Валидност до 31.01.2016 година.

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински и хигиенски производи, фиксирачки еластични завои, вата од целулоза и памук и други стерилни производи. Валидност до 31.01.2016 година.

Компанија од Република Македонија нуди свежи и пастеризирани печурки, салата и паштета од печурки и Компанија од Унгарија бара дистрибутери во Република маринирани производи. Македонија за пласман на изолирани цевководни Валидност до 31.01.2016 година. системи за централно греење и ладење, како и додатна опрема, спојки, завртки, вентили и алармни системи. Компанија од Унгарија заинтересирана е за соработка Валидност до 31.01.2016 година. во градежниот сектор во Република Македонија како подизведувачи на градежни активности во нашата земја, и тоа во ѕидарство, малтерисување, суви конструкции, поставување плочки, бојадисување итн. Во моментов Контакт: Ванчо Спасески имаат капацитет од 20 до 50 луѓе. Дирекција за регионални Валидност до 31.01.2016 година.

комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook