Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА Founded 1922 Quality Management

bsi. СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 171

www.mchamber.mk

20.03.2014

Министри во Владата на Република Македонија промовираа проекти пред членките на Стопанската комора на Македонија

Диме Спасов: Нови мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година

ЗАФАТИ ЗА ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА

Миле Jанакиески: Проект за гасификација на Скопскиот регион

ПОДДРШКА ОД БИЗНИСОТ ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАЈ КОНСУМЕНТИТЕ

Молдавскиот саем потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија

МОЖНОСТИ ЗА ВЛЕЗ НА ПАЗАРОТ ВО МОЛДАВИЈА И ВО РЕГИОНОТ


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ПОДВЛЕЧЕНО

ГОЛЕМОТО ИСКУСТВО ОД РАЗЛИЧНИ ПАЗАРИ ИМ НУДИ СИГУРНОСТ НА НАШИТЕ КОРИСНИЦИ „ЕВН Снабдување“ понуди пакет од конкурентна цена на пазарот, како и експертиза, услуги, разбирање и тоа беше еден од нашите адути. Но, тоа што е уште поважно, компаниите што потпишаа договор со нас станаа дел од 3.3 милиони корисници на „ЕВН Снабдување“ на три пазари, каде што е присутна групацијата. Големото искуство од различни пазари им нуди на нашите корисници сигурност и тие не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија, нашето искуство и експертиза за планирањето им е на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа. Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија, на ЕВН ~ дава можност на своите корисници да им ја олесни работата за планирањето на потрошувачката. ЕВН во Република Македонија веќе има две балансни групи. Едната, најголема во земјава, е на регулираниот пазар на електрична енергија, каде што ги снабдуваме тарифните потрошувачи, вклучувајќи ги над 700.000 домаќинства, и втората балансна група е либерализираниот пазар, каде што се вклучени „ЕВН Снабдување“ со 70 отсто од пазарот и „ЕВН Трејдинг“ за Југоисточна Европа. Во однос на формирањето на цената на електрична енергија, таа на слободен пазар зависи од многу фактори и може да оди нагоре или да паѓа. Инаку, за да биде појасно, во втората фаза на либерализација на пазарот на електрична енергија предмет на тргување се околу 600 гигават-часови, а околу 70 отсто од оваа енергија влегува во нашето портфолио. (Нико Берберу, директор на “ЕВН Снабдување“ во „Дневник“)

ПРАВИМЕ СЕ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ И НА ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Во мултифункционалната зона Ќојлија некаде околу 70% од градежните парцели се отуѓени и најголем дел од инвеститорите се во постапка за добивање одобренија за градење, дел од нив веќе почнаа со градење и во текот на оваа година ќе бидат ставени во функција. Паралелно со овие активности, Општина Петровец ги презема сите потребни активности поврзани со изградбата на инфраструктурата во зоната. Трасирани се и тампонирани сервисните улици, извршено е поврзување на зоната со постоечката водоводна мрежа во должина од 200 метри, со што се создадени услови за нормално функционирање на зоната. Фактите зборуваат сами за себе. Само во период од осум месеци успеавме да отуѓиме, покрај веќе отуѓените, уште 47 градежни парцели, од кои 39 за домување, шест за лесна и незагадувачка индустрија и две за спорт и рекреација. Сето тоа зборува дека политиката на општината во врска со привлекувањето на странските и на домашните инвеститори, но и заинтересираноста на граѓаните за индивидуална градба е огромна и нашите политики на ова поле се движат во правилна насока. Сакам да ја искористам можноста да ги повикам потенцијалните заинтересирани инвеститори и градители да ја посетат нашата општина и да се запознаат со условите и можностите кои ги нудиме во врска со ова. (Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец во „Вечер“)


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРИОРИТЕТ ПОВОЛНАТА БИЗНИС-КЛИМА ВО ОПШТИНАТА Посебно се залагав за создавање на поволна бизнисклима во општината преку донесување на урбанистички планови и урбанизација на делови погодни и привлечни за инвеститорите. Урбанистичкото планирање од почетокот на мојот мандат беше приоритет во моето работење, затоа што без донесени урбанистички планови нема градење, нема привлекување на инвеститори. Само како споредба, за 20 години во општина Гевгелија биле донесени само четири урбанистички планови, додека само во 2013 година Советот на општина Гевгелија донесе шест детални урбанистички планови, а во постапка на донесување на почетокот на оваа година се 30 урбанистички планови. Што се однесува, пак, до процесот за легализација на дивоградбите - од пријавените 4200 барања досега се решени над 43 насто, а постапката би била уште позабрзана доколку граѓаните навреме ги достават елаборатите и го платат комуналниот надомест. Притоа, приоритет беше даден на урбанизацијата на потегот крај автопатот од влезот на Гевгелија до македонско-грчката граница, технолошката зона кај Прдејци, но и другите стопански зони. (Иван Франгов, градоначалник на општина Гевгелија во „Вечер“)

КРЕДИТНОТО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ДОВОЛНО ПРОБИЕНО НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР Во случајов кога би станувало збор за кредитно животно осугурување, всушност, Банката кредитира клиент со обезбедување Полиса за животно осигурување. Имено и Банката и клиентот се задоволни од двојните придобивки што полисата ги носи и во секој момент се сигурни и обезбедени за наплата. Во случај на настаната несреќа, незгода, болест, смрт, намалени месечни примања или губење на месечните примања или било каков и да е друг случај кој ќе го попречи навременото плаќање и враќање на земените кредити кон Банката, се обезбедува сигурна наплата преку животната полиса. Оттука и семејството на клиентот е заштитено, неговата работна организација која можеби презела обврска за покривање на достасаните обврски или пак во краен случај се заштитени дури и страндардните методи на обезбедување на кредитите (жирантите, заложните должници, хипотеката на движен/недвижен имот итн.) во случај кога постои алтернативен метод на обезбедување – Полиса за животно осигурување. Како тренд се уште не е доволно пробиен на нашиот пазар и се уште на истиот се гледа со голема доза на несигурност и недоверба. Македонија е една од последните земји каде навлегува овој концепт на животно осигурување. Во дел од балканските земји веќе бележи значаен развој, додека во нашата земја се уште е на незадоволително ниво. Во развиените земји од Западна Европа поседувањето на полиса за животно осигурување веќе се смета за потреба која семејството мора да ја има и повеќе од 70% од населението ја поседува. Во Македонија овој процент се движи околу 5% и затоа се уште тешко е да се утврди како ќе се одвива прифатливоста од страна на населението за полисата свесно да ја користат, а потоа како оние што ја поседуваат, така и банките да ги црпат алтернативните придобивки од истата. Дали ќе бидеме сведоци на новиот тренд – кредитно животно осигурување кое ќе ги замени стандардните методи на обезбедување, останува времето да покаже! (Снежана Мачковска, Стопанска банка а.д. Битола за „Фактор“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ФОКУСИРАНО Презентиран Проектот за гасификација на Скопскиот регион пред членките на Стопанската комора на Македонија

ПОДДРШКА НА ИНТЕНЗИВИРАЊЕТО НА ГАСИФИКАЦИЈАТА ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАЈ КОНСУМЕНТИТЕ

Пред повеќе од 30 компаниичленки на Стопанската комора на Македонија, на 19.3.2013 година беше презентиран Проектот за гасификација на Скопскиот регион. Во воведното излагање, Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во Владата на РМ, го истакна значењето на овој инфраструктурен објект и најави дека до крајот на годината се очекува да биде потпишан договор со концесионерот за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас во Скопскиот регион. -Изградбата на примарната и секундарната мрежа, според сегашните цени, ќе чини околу 100 милиони евра и ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, - подвлече Миле Јанакиески, додавајќи дека е искажан интерес од компаниите за реализација на Проектот. Се` уште е рано да очекуваме поднесување на документација бидејќи тоа треба да се случи во мај. Има голем интерес. Сите наши економски промотори и амбасади се вклучени во анимирање на компаниите. Очекувам дека ќе има поголем број компании кои ќе достават апликации за да се квалификуваат во вториот круг, што би значело најголем дел од нив да дадат финансиска понуда. Повикот за приватно-јавно партенерство е веќе објавен и ќе трае до 26 мај 2014 година. -Природниот гас кој се смета за енергенс на 21-от век, е најпогоден енергенс како од економски, така и од еколошки аспект. Поради тоа, бизнис-заедницата перманентно ја истакнува потребата од зголемување на постојната потрошувачка на природен гас и во таа насока се залага за реализација на проектите на Владата на РМ за интензивирање на гасификацијата, како и за натамошен развој на пазарот на природен гас во РМ, со што истиот би станал достапен за поголем број корисници, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. - Исто така, самиот процес на гасификација во државата, односно развојот на гасоводната инфраструктура ќе има позитивно влијание на голем број стопански сектори кои ќе бидат вклучени во неговата изградба. Претставникот на „Топлификација“ АД, која е изготвувач на физибилити студијата за гасификацијата на РМ, Петар Урџанов, истакна дека со Проектот за гасификација на Скопскиот регион ќе бидат опфатени сите 17 општини. Приватниот партнер кој ќе го гради дистрибутивниот систем со него треба да управува 20 години, при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата. После овој период од пет години треба да биде изградена околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа. Во првите пет години по потпишување на договорот, инвеститорот ќе треба да изгради најмалку 70 отсто од мрежата. Изградбата на гасоводната инфраструктура е повеќегодишна заложба на бизнис-секторот. Во изострените услови на глобалниот пазар цената на енергијата, од која во голема мера зависи степенот на конкурентност на македонскиот производ, добива се` поголемо значење. Зорица Мешкова


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

5

АКТУЕЛНО

СПРОВЕДУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА

Презентација за новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година

На 18.3.2014 година, Министерството за труд и социјална политика одржа презентација пред членките на Стопанската комора на Македонија за новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година. Пред присутните свои обраќања имаа Диме Спасов, министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија и м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Презентацијата се фокусираше на новите мерки за поттикнување на вработувањето кај младите лица, кои се соочуваат со растечка невработеност и долг период на премин од образование на работа. Новите мерки ги таргетираат младите од 15 до 29 години и овозможуваат да бидат опфатени во што поголем број. На презентацијата беше промовирана новата Програма за вработување „Нова шанса“ која им овозможува на лицата со завршено високо образование до 29 години да се стекнат со практично знаење и вештини кај работодавач преку моделот кој подразбира три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и 6 месеци обврска на работодавачот да го задржи на работно место или да избере друго лице од евиденцијата на невработени лица на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Исто така, беа објаснети условите на програмата за самовработување која ги поттикнува младите лица на создавање сопствени бизниси, преку поддршка со неповратни средства од 201.897 денари, како и обуки за водење бизнис и изработка на бизнис-план. -Со примената на сите овие мерки предвидуваме значително намалување на невработеноста во земјава, - истакна министерот Диме Спасов. Претставниците од Министерството за труд и социјална политика ја презентираа и Програмата за обуки за познат работодавач, кои подразбираат стекнување на определени вештини и знаења за коишто работодавачот има утврдено потреба за работни места. Оваа програма нуди финансиска помош за невработените лица, но и за работодавачите во износ од 4.000 до 25.000 денари месечно во зависност од бројот на учесници. Компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија имаа можност да слушнат и за Програмата за поддршка за вработување во мали и средни компании на млади лица, форуми за работодавачи како и условите, но и погодностите за работодавачите при вработување на млади лица до 29 години. -Потребно е и образовниот систем да биде насочен кон создавање кадри кои му се потребни на стопанството, - нагласи м-р Јелисавета Георгиева. Симона Ристоска


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

МОЖНОСТИ

АКТИВНИ ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА МЛАДИ ЛИЦА ДО 29 ГОДИНИ Имајќи ја во предвид растечката невработеност кај младите лица, релативно долгиот период на премин на младите лица од образование на работа, глобалната економска криза како и глобалните движења и политиките насочени кон младите лица, возрасната граница на таргетирање на млади лица во Република Македонија е од 15 до 29 години. Со ова се создават услови поголем број на лица да бидат опфатени во политиките кои се насочени кон младите лица. За таа цел, Владата на Република Македонија преку комбинирани образовни, економски и политики за вработување настојува да овозможи вработување или зголемување на можностите за вработување, на што поголем број млади лица. ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - ПРВА ШАНСА Поддршката ќе се обезбеди за евидентирани невработени лица со завршено високо образование до 29-годишна возраст, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини и станат конкурентни на пазарот на труд. Субвенционирање на вработувањето ќе се врши по моделот 3+6, кој предвидува 3 месеци субвенционирано вработување со полно работно време и 6 месеци обврска на работодавачите да го задржи на работа или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица на АВРМ со тоа што приоритет ќе имаат невработените лица кои завршиле практична настава кај соодветниот работодавач. Со оваа Програма ќе се субвенционираат лицата во времетраење од 3 месеци во износ од 13.000 денари бруто плата. ПРОГРАМА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ Целта на програмата е намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси. Непосредна цел е да се создадат нови работни места преку поттикнување на побарувачката на пазарот на трудот со самовработување. За реализација на секое самовработување се обезбедува поддршка со неповратни средства во висина на 201.897 денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/ или репроматеријали. Исто така, учесниците за време на учество во Програмата добиваат обука за водење на бизнис и поддршка за изработка на бизнис план. СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ ЛИЦА Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка за секое вработено младо лице за бруто плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци, а обврска на работодавачите е да ги задржат ново вработените најмалку 12 месеци по завршување на субвенцијата. ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ Целта на оваа програма е на евидентираните невработени лица да им се обезбеди определено ниво на знаења и вештини, за работодавач кој има утврдено определени потреби за работни места. Со обуката на работно место се овозможува стекнување и дополнување на знаењата на евидентираните невработени лица заради нивно полесно вработување. Подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката. За време на обуката невработените лица добиваа по 5.700 денари за храна, превоз и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Во насока на зголемување на интересот кај работодавачите и поголем опфат со овој вид на обука, во 2013 година се овозможи финансиска поддршка на работодавачите за време на обуката за менторство и материјални трошоци. Финансиската поддршка за работодавачот изнесува од 4.000 до 25.000 денари месечно, во зависност од бројот на учесници. ПРАКТИКАНСТВО НА МЛАДИ ЛИЦА Целта на оваа програма е зголемување на вработливоста кај млади невработени лица, со што превентивно се овозможува поподготвени да се вклучат на пазарот на трудот. Индиректна цел на оваа програма е да се овозможи подобар трансфер од школо на работа на младите лица. За спроведување на оваа програма се исплаќаа по 6.200 денари за лице месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување во период од 3 месеци. ОД ПРВО РАБОТНО ИСКУСТВО ДО ВРАБОТУВАЊЕ За спроведување на оваа програма ќе се исплаќаа по 6.200 денари за лице месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување во период од 3 месеци на лицата кои ќе учествуваат во обуката. По завршување на обуката лицата ќе добиваат дополнитено субвенција во износ од 13.000 денари во времетраење од 3 месеци. Работодавачите имаат обврска да ги задржат на работа дополнителни 6 месеци по завршување на субвенционираниот период.


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

7

ОДБЕЛЕЖУВАЊА

РАСТЕ СВЕСТА И ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, А УЛОГА ИМААТ И КОДЕКСИТЕ ЗА ДОБРА ПРАКСА

Во Стопанската комора на Македонија се одржа промоција на Светскиот ден на правата на потрошувачите

Во соработка со Министерството за економија на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија организира промоција на Светскиот ден на правата на потрошувачите (14.3.2014 година). Оваа година промоцијата беше одбележана со презентација и согледувања на следната тема: “Остварени резултати во заштитата на правата на потрoшувачите - Кодекси на добра пракса”. Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележува на 15 март, а на средбата во Комората беше поздравен фактот дека сите засегнати страни веќе седат на заедничка маса ги изнесуваат и разгледуваат проблемите, што не беше случај пред неколку години. Според зборовите на Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија, македонската регулатива во оваа област е усогласена со петнаесетте директиви на Европската унија. Сепак, на крајот од годинава ќе се донесе новата програма за заштита на потрошувачите за периодот 2015-2016, а наредната година ќе се донесе и новиот закон за заштита на потрошувачи во кој ќе бидат вградени сите европски директиви. -Тргнувајќи од важноста на одговорното и етичко однесување на стопанските субјекти во работењето, како нужна претпоставка за негување на добрите деловни односи, Стопанската комора на Македонија, и оваа година, со својата активна вклученост во подготовката и потпишувањето на Кодексите на добра пракса во рамките на здруженијата и групациите кои постојат и работат во Комората, активно придонесе за поттикнување на развојот на квалитетни односи и на лојална конкуренција помеѓу деловните партнери, како и подобрување на состојбите во деловната средина во која деловните субјекти стопанисуваат. – истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на македонија. - Во Комората изминатиот период беа потпишани 10 Кодекси на добра пракса и истите се задолжителни и применливи за членките на: Здружението на трговијата, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија, Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, Здружението на комуналните дејности, Здружението на банкарството, Здружението на осигурувањето, Здружението на производителите на тутун и производи од тутун и следните групации: Групацијата за работење со хартии од вредност, Групацијата на агенции за промет со недвижности и Групацијата на сува градба. Со активностите на овој план кои ќе продолжат и понатаму во рамките на другите облици на организирање и работење во Комората, и како што нагласи таа, со што активно се придонесува во градење на здрави деловни односи, воспоставување стабилни меѓусебни контакти засновани на почит и доверба и унапредување на соработката меѓу деловните субјекти, што дава позитивен импулс кон градењето на едно повисоко ниво на професионално, објективно, непристрасно, коректно и пристојно однесување кон корисниците на производите и услугите на нашите членки.Тоа пак, од своја страна, овозможува субјектите да соработуваат меѓу себе и да разменуваат информации и мислења без да си


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ОДБЕЛЕЖУВАЊА

пречат во секојдневната работа, вложувајќи напор за зголемување на својот и угледот на здруженијата и групациите во кои се организираат и работат, со нужно почитување и на правата и угледот на корисниците на нивните производи и услуги. Свое обраќање имаа и претставници од здруженијата и групациите при Стопанската комора на Македонија кои потпишале кодекси: Ило Рисотвски, претседател на Здружението на осигурување, Анета Андовска Сараулева, од Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија, Билјана Василевска, член на УО на Групацијата на агенции за недвижности и Ѓорги Крајчев, Групација на импортери на моторни возила при ССК. Инаку, несоодветно истакната цена, немање декларација или гаранција, заведување со реклами, неиздавање фискални, условувања - со еден производ да се купи друг, измами со наводни сезонски намалувања, се само некои од поплаките на македонските потрошувачи. Во Организацијата на потрошувачи граѓаните најмногу реагирале на услугите во мобилната и фиксната телефонија, наспроти делот храна и право на пациенти. Паѓање или прекини на мрежата, продолжување договори без претходно консултирање со корисникот, задоцнети сметки или испраќање застарени долгови, наплатување услуги кои не ги барале, неразбирливи наградни игри, според Марјана Лончар од Организацијата на потрошувачите на Македонија, се најчестите поплаки.Таа испрати порака до македонските компании да се ангажираат за импелменирање на стандардот ИСО26000, кој директно се однесува како да се изврши организација која ќе биде социјално одговорна кон клиентите. (С.П.)


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

9

ИНИЦИЈАТИВИ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И МОЛДАВСКИОТ САЕМ

Презентација на саемите за земјоделство „MOLDAGROTECH“ и за градежништво „MOLDCONSTRUCTION“ од Република Молдавија

Иницијативата за отпочнување поинтензивна соработка со Република Молдавија, како земја-членка на ЦЕФТА е со цел да се искористат потенцијалите и можностите што ги нуди ЦЕФТА-договорот, а кои според официјалните статистички податоци, се користат минимално. Саемските манифестации се корисна алатка за согледување на потенцијалите за настап на одредени пазари, овозможуваат да се развиваат нови деловни партнерства, да се поттикне поголема економска соработка меѓу земјите. Во конкретниот случај, со презентација на двата најголеми саеми во Кишињев, Република Молдавија, за земјоделство и за градежништво – „MOLDAGROTECH“ и „MOLDCONSTRUCTION“, извозно ориентираните компании имаат можност да ги промовираат своите производи за пласман на пазарите во Молдавија.„MOLDEXPO“ е саемска организација во Молдавија со 50-годишно искуство каде годишно се одржуваат преку 30 манифестации, со учество на компании од повеќе од 30 земји. Токму затоа и посетата на генералниот директор на „MOLDEXPO“, Аркадие Андроник на Стопанската комора на Македонија, беше искористена за потпишување Меморандум за соработка на Саемот со Комората, со којшто, покрај директната стимулација на соработка меѓу двете земји, ќе се иницира и индиректно ќе се стимулира соработката и со останатите пазари во тој регион - Романија, Белорусија, Украина, Руската Федерација, Грузија, Казахстан, Узбекистан, со кои Молдавија има традиционални трговски врски. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Молдавија во 2013 година достигна вредност од 1,34 милион САД$, што претставува раст од 4.7 % во однос на истиот период за 2012. При тоа, остварен е извоз во вредност од 428 илјади САД$ или пад од 28% во однос на 2012, додека увозното салдо изнесува 911 илјади САД$ или пораст од од 20% споредбено со 2012 година . Евидентиран е негативен биланс (дефицит) на страна на Република Македонија во трговската размена од 482.861,00 САД$. Ако се гледа на ниво на ЦЕФТА-регионот, со Молдавија имаме најмал обем на размена, кој зафаќа занемарливи 0,09%. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2013 година, во структурата на извозот застапени се: зелка и сличен зеленчук, свеж или разладен, како и површински активни препарати за перење и чистење за малопродажба, а во структурата на увозот: балони, шишиња, тегли, полици, ампули и други контејнери од стакло за транспорт или пакување на стоки, тегли од стакло за конзервирање, затки, поклопки и други затворачи од стакло, како и шипки и прачки од железо или друг легиран или нелегиран челик, топло валани, неправилно намотани. Токму затоа, компаниите кои имаат интерес за настап на пазарот во Молдавија, земја-членка на ЦЕФТА, проект во кој е вклучена и нашата земја, со право може да сметаат на Стопанската комора на Македонија како на партнер кој безрезервно ќе ја потпомогне нивната деловна активност во Молдавија. Даниела Михајловска Василевска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

РЕАЛИЗАЦИЈА Прв семинар во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРЕЛИМИНАРНАТА ЕНЕРГЕТСКА ПРОВЕРКА ПРЕКУ ПРИМЕР ВО КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА На 13-ти Март во Стопанската комора на Македонија се одржа првиот семинар во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ кој го реализира Центарот за климатски промени, а со поддршка на Агенцијата за енергетика на РМ, Машинскиот факултет од Скопје и Стопанската комора на Македонија. Проектот има за цел да ја унапреди енергетската ефикасност во македонската прехрамбената индустрија. Претставници на 15-ина компании од овој индустртиски сектор на семинарот за енергетскиот менаџмент во индустријата имаа можност да ги проследат презентациите и да се запознаат со прелиминарната енргетска проверка - како да се спроведе и зошто е неопходна, со конкретен практичен пример за енерегтска проверка во индустријата за кондиторски производи, за начинот на подобрување на искористувањето на енергијата во индустриските процеси и за начинот на имплементирање на системот за управување со енергија ИСО 50001. Во рамките на проектот планирани се обуки за енергетски менаџмент, а на денешниот семинар присутните се запознаа со условите за учество во истите. Проектот има за цел да обезбеди основа за имплементирање на мерки за заштеда на енергија во производните процеси, односно за подобрување на енергетските перформанси и перформансите во животната средина кај малите и средни претпријатија од прехрамбента индустрија, како значајни процеси во нивниот натамошен развој. Присутните на семинарот ги препознаа придобивките од воведување, односно унапредување на процесите за поголема енергетска ефикасност, како начин за намалени производни трошоци, зголемена компетитивност, како и придонес во заштитата на животната средина. Реализацијата на проектот, која треба да заврши до крајот на 2014 година, се очекува да резултира со имплементирање на конкретни мерки за управување со енергија во индустриските процеси и имплементирање на стандардот ИСО 50001 кај одреден број компании кои ќе пројават интерес за учество во овој проект, значаен за македонската прехрамбена индустрија. П.Авакумовски З.Мешкова


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Признание за генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, заради учество во заеднички напори и залагања да се направи светот подобро место за живеење

ЖИВКО МУКАЕТОВ СО ПРЕСТИЖНАТА ТИТУЛА МЛАД ГЛОБАЛЕН ЛИДЕР Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов стана дел од светското елитно друштво на Млади глобални лидери, чија главна цел е со заеднички напори и залагања да го направат светот подобро место за живеење. Од компанијата соопштуваат дека како единствен претставник од Македонија во Класата 2014, пред да се стекне со престижната титула Млад глобален лидер, Мукаетов го поминал исклучително комплексниот, ригорозен процес на селекција кој се состои од неколку фази, а на чело на селекцискиот комитет е кралицата Ранија ал Абдулах од Хашемитското Кралство Јордан. - Младите глобални лидери не се единствено исклучителни луѓе сами по себе, туку тие се лидери кои веќе имаат постигнато добри резултати во подобрувањето на состојбите во светот, рече главниот извршен директор на „Новите шампиони“ во рамки на Светскиот економски форум Дејвид Ајкман, изразувајќи надеж дека ова ќе резултира со промени кои ќе имаат глобално значење во вистинска смисла на зборот. Форумот на млади глобални лидери (ФМГЛ) е основан во 2004 година, од страна на Клаус Шваб, како независна фондација за тесна соработка со Светскиот економски форум. Друштвото на Млади глобални лидери од основањето до денес ширум светот брои над 900 членови, а меѓу познатите млади глобални лидери во светски рамки се вбројуваат Мариса Маер, главен извршен директор на „Јаху“, Лари Пејџ, коосновач и главен извршен директор на „Гугл“, Чо Шун, актерка и амбасадорка на добрата волја (Програма за развој на Обединетите Нации), Насоко Јамазаки, јапонски космонаут и специјалист на мисијата во посадата на „СТС-Дискавери“. Покрај Мукаетов, член на Форумот на млади глобални лидери од земјава е и Фатмир Бесими, кој дел од ова друштво стана во 2010 година, како тогашен министер за економија на Македонија. Од илјадници номинации, годинава во редовите на друштвото на Млади глобални лидери успеаја да влезат 214 светски истакнати и докажани личности во рамки на својата дејност, од 66 земји низ седум региони во светот, од кои 46-мина се од Европа. Покрај Мукаетов, на листата се најде и светски познатиот и признат шеф со македонско потекло, сопственик и основач на данскиот ресторан „Нома“ Рене Реџепи. Меѓу останатите 212 истакнати личности во Класата на млади глобални лидери 2014, се Карл-Јохан Персон, претседател и главен извршен директор на шведскиот гигант „Хенес и Мориц АБ“, нам позната како „Х&М“, Франческа Карлеси, управен директор на „Дојче Банк“ Италија, Наталија Војданова, топ-модел, основач и претседател на руската „Фондација отворено срце“, Авани Давда, главен извршен директор на индиската „Тата Старбакс лимитед“... (МИА)

„Македонски Телеком“ достигна покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа

РАСТ ОД 40 ОТСТО ЗА ПЕТНАЕСЕТ МЕСЕЦИ

„Македонски Телеком“ достигна покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40 отсто за петнаесет месеци. Зголемената покриеност е резултат на инвестициите во оваа водечка технологија, со која корисниците можат да добијат нови услуги и интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, што е до сто пати побрзо од типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците сега можат да преземат видео содржина за помалку од една минута. Во овој период, бројот на корисници на Оптик пакетите кои вклучуваат интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, се зголеми за 98 проценти и достигна 12 илјади на крајот на 2013 година, наведуваат од компанијата. Поради големиот интерес на корисниците, „Македонски Телеком“ ја продолжи понудата за Оптик пакетите до 31 март 2014. „Македонски Телеком“


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

13

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

СРЕДСТВА ЗА РЕБРЕНДИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ

„Алкалоид“ во ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија

Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, „Алкалоид“ склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв, како и неговото понатамошно функционирање. Главна цел на обновениот центар, е да се афирмира не само како место за дарување крв, туку и како база за едукација на потенцијалните крводарители и за разменување меѓусебни идеи и искуства во рамки на крводарителската дејност. Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во македонски рамки, соопштија од „Алкалоид“ беа пригодно одбележани со промовирање на ребрендираниот Дневен центар во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Генералниот директор и претседател на УО на„Алкалоид“, Живко Мукаетов, во рамки на своето пригодно обраќање, истакна дека му претставува особена чест што компанијата којашто ја води, е дел од хуманата мисија на Црвениот крст на Република Македонија. - Мисијата на „Алкалоид“ е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќе помага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хумана дејност од секојдневното живеење, рече Мукаетов. Од Црвениот крст потенцираат дека покажаната и докажана поддршка од од страна на „Алкалоид“, претставува пример за тоа како треба да изгледа и да функционира една општествено-одговорна компанија во вистинска смисла на зборот. (МИА)

ДОБИEНИ СИТЕ ИНТЕГРИРАНИ ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ – А Компанијата Алкалоид АД – Скопје ги доби сите интегрирани еколошки дозволи - А за усогласување со оперативниот план. Новодобиените А-дозволи за усогласување со оперативниот план се однесуваат на Алкалоид АД – ПЦ Програма Хемија и за Алкалоид АД – ПЦ Фармација, двете со локација во општина Ѓорче Петров. По добиената А-дозвола во 2012 година за усогласување со оперативниот план на Алкалоид АД – ПЦ Фармација за локалитетот Автокоманда, компанијата деновиве ги доби и останатите две дозволи за инсталациите, за кои согласно со Законот за животна средина беше потребно да се изработи апликација со оперативен план и да се достави до Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради усогласување со законската регулатива во државата и со законодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид уште во 2007 година ги почна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола. Досега за оваа цел се вложени над половина милион евра. (Алкалоид АД – Скопје)

Алкалоид АД Скопје


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Цементарницата „УСЈЕ“ започна проект за практична обука на средношколците

НАСТАВА ВО ПОГОНИТЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НОВИ СТРУЧНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ

Почна со реализација иницијативата на Цементарницата „УСЈЕ“, која беше поддржана и од Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Стартуваше Проектот за практична обука на учениците од скопските технички средни училишта од машинска и електро струка. Во рамките на Проектот се опфатени 65 ученици од IV година од средните училишта „Михајло Пупин“, „Владо Тасевски“ и „8 Септември“ кои во наредните два месеца, во групи од по 15 учесници, два дена во седмицата ќе посетуваат практична настава во индустрија. За реализација на обуката ќе биде одговорен тим од стручни лица од компанијата, како и професорите од училиштата, а таа ќе се одвива во машинската и електро работилницата и погоните на Цементарницата „УСЈЕ“. Главна цел на практичната обука на средношколците е стекнување нови стручни знаења и вештини преку поврзување на теоријата со практичната работа во непосредната работна средина во индустриски капацитети. -Развојот на секое просперитетно општествено се темели на стручни млади луѓе кои располагаат со специјализирано знаење, вештини и висок степен на работна етика. Но, обврската за создавање на ваков кадар не може да биде оставена само на образовниот систем и на училиштата. Компаниите треба да го преземат својот дел од товарот. Преку реализацијата на овој проект за практична обука ние, во Цементарницата „УСЈЕ“, покажуваме дека сме посветени кон остварување на мисијата за создавање поширока база на технички кадар кој е неопходен, но, за жал, станува се` подефицитарен во Република Македонија“, - изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарницата „УСЈЕ“ АД - Скопје. На првиот ден од реализацијата на програмата, сите ученици мораа детално да се запознаат и да ги применуваат мерките за безбедност и здравје при работа, на кои во Цементарницата „УСЈЕ“ им се дава посебно значење. Обуката и стекнувањето на специјализирани работни знаења и вештини кај младите е една од практиките кои на различни начини се спроведуваат во Цементарницата „УСЈЕ“ подолг временски период. Таа е составен дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност на компанијата, која е во согласност со Глобалната иницијатива на Обединетите нации за општествена одговорност – Global Compact во која членува „УСЈЕ“. („Фактор“)

Винаријата „Сковин“ освојува награди и – нови пазари

ПОВЕЌЕ ОД 500 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ВИНО ГОДИШНО ВО БИХ

Винарската визба„Сковин“ годинава обработи 18,5 милиони килограми грозје од ралични добавувачи од целата територија на Република Македонија, а дел се добиени од сопствените лозови насади застапени на 600 хектари земјиште во Скопското и Тиквешкото виногорје. И оваа година, како и претходните, „Сковин“ ги почитуваше препораките на Владата во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, па навремено и соодветно на законот го исплати откупеното грозје. Заклучно со 12-ти март годинава, визбата ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на гројзе, индивидуалните лозари и компаниите. „Сковин“ останува доследен на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и запазување на временските рокови кон деловните соработници и кооперантите. „Сковин“ вложува постојани напори за освојување нови пазари и зголемување на извозот. Во оваа насока потпишан е Договор за дистрибуција на своите вина со партнер од БиХ каде се очекува пласман на повеќе од 500 илјади литри вино годишно. Покрај отварање на пазарот на БиХ, се истражуваат и се планираат вложувања и на пазарите во Албанија, Русија и Кина за кои веќе постојат и иницијални разговори со компании заинтересирани за вината на „Сковин“. Неодамна винаријата го отвори својот прв винарски подрум. Со неговото финализирање почна процесот на интезивно вложување во винскиот туризам во Република Македонија и афирмирање нови можности и потенцијали на градот Скопје како туристичка дестинација. „Сковин“ е најголемата винарија во Скопје и неговата блиска околина, што го прави подрумот исклучително погоден за организирани вински дегустации со вклучена посета на самата Винарија со помош и совети од професионални енолози и сомелиери, како и различен вид на бизнис и друг вид на настани за сите посетители на нашиот главен град. Визбата информира дека годинава ќе продолжи со постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи преку вложување во нови технологии, дабови буриња за винарскиот подрум, процесна технологија и опрема за полнење. Целта е „Сковин“ да стане голем македонски производител на квалитетни вина достапни за сите категории купувачи на домашниот и на странските пазари. Потврда на оваа тендеција се најновите награди во конкуренција од 130 вина од четири земји во регионот што ги добија вината Шардоне, Вранец Марков Манастир и Скупи Куве во рамки на престижната манифестација за дегустација и оценувања вина „Гаст“, која традиционално, секоја година, се одржува во Сплит, Хрватска. („Сковин“)


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

15

СПЕКТАР

Европските бизнис награди 2013/2014

КОМПАНИЈАТА „КОМФИ АНГЕЛ“ ОД ПРИЛЕП ИЗБРАНА ЗА ДРЖАВЕН ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

Компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп после првата фаза на јавно гласање, беше избрана за Национален шампион за Македонија при Европските бизнис-награди 2013/2014, спонзорирани од RSM International. Европските бизнис-награди се независна Програма дизајнирана да препознава и промовира извонредност, најдобра пракса и иновативност при Европската бизнис-заедница. Само при првата фаза на јавно гласање, преку видео-запис беа примени над 70.980 гласови и со тоа „Комфи Ангел“ доби најголем број гласови на национално ниво. Се издвои од 375 други бизниси, и беше една од 30-те национални јавни шампиони кои беа објавени од земјите ширум Европа. Втората фаза од јавното гласање е отворена и е валидна до 25 март 2014 година. Тогаш ќе биде објавена компанијата со најмногу гласови којашто ќе ја добие титулата Европски јавен шампион. Наградата ќе се објави на гала-вечерта на 27 мај 2014 година во Атина. -Посебно сме горди да бидеме именувани како Национални јавни шампиони на Македонија бидејќи Европските бизнис-награди се широко познати како најголем Европски изложбен простор за најдинамичните компании. Во моментов, со нетрпение ја очекуваме следната фаза од гласањето и истовремено би сакале да охрабриме колку што е можно повеќе луѓе да го посетат видеото на сајтот и да гласаат за нас (http://www.businessawardseurope.com/vote/detail/macedonia/8693), – истакнува Ирена Јакимовска , косопственик и менаџер на компанијата. Адриан Трип, генерален директор на Европските бизнис-награди вели: -Навистина сме импресионирани од високиот стандард оваа година, а воедно ни беше драго од големиот број на јавен одѕив кон видеата. Генерално, овогодишниог број на гласови е двојно поголем во споредба со минатогодишниот. Одпично е да се види дека многу луѓе земаат учество во трката по наградите. Одлично сработено од „Комфи Ангел“ ДОО и им посакуваме среќа во втората и во финалната фаза. Иновативна, силна и просперитетна бизнис-заедница ја прави Европа поуспешна и понапредна. За повеќе информации и прегледи на видеото, ве молиме посетете го веб-сајтот www.businessawardseurope.com. (С.П.)


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖНИЦА” ПРОГРАМА Закон за финансиска дисциплина и Закон за задолжница I. Навременото исполнување на парични обврски; 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Носители на финансиска дисциплина II. Јуридикцијата на финансиска дисциплина 1. Деловни трансакции 2. Eкономските оператори 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор III. Поимите што се употребуваат во овој закон 1. Деловна трансакција 2. Субјекти од јавен сектор 3. Економски оператори од приватниот сектор 4. Парична обврска 5. Фактура 6. Задоцнето плаќање 7. Законска казнена камата 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор

24.03.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

3. Присилно извршување на задолжницата 4. Откажување од права од задолжница 5. Стечај и ликвидација над должник VIII. Заклучоци Предавачи: 1. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. 2. Звонко Кочовски, овластен ревизор, овластен проценител, овластен судски вештак, експерт за сметководство, ревизија, даночен консалтинг, длабински анализи ,проценки на друштва, експерт за ревизија на проекти финансирани од странски донации; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 21.03.2014 година.

IV. Рокот за исполнување на паричните обврски 1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите V.Правото на надоместок за доцнењето 1. Паричните обврски кои не се исполнети во роковите 2. Право на каматата 3. Делумно ги намирил паричните обврски VI. Надзор над спроведувањето 1. Финансиската инспекција во јавниот сектор VII. Закон за задолжница 1. Издавање на задолжница 2. Наплата на обврски по датум на достасување

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НАЧИНИ НА ИЗВРШУВАЊЕ, ПРЕВЕНТИВНИ ДЕЈСТВИЈА И БИТИЕ НА ДЕЛОТО ВО КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ, ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ И СТОПАНСТВОТО’’ ПРОГРАМА I. КРИВИЧЕН ЗАКОНИК 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Дефиниции II. КЛАСИФИКАЦИЈА НА КРИВИЧНО ДЕЛО III. ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки IV. ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки V. ФАЛСИФИКУВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СТОКИ, МЕРИ И ТЕГОВИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки VI. НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ НА ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНУВАЧ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки VII.ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ЗНАЦИ ЗА ВРЕДНОСТ - Начини на извршување

- Битие на делото - Превентивни мерки VIII. ПРАВЕЊЕ, НАБАВУВАЊЕ ИЛИ ОТУЃУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки IX. ПОСЕБНИ СЛУЧАИ НА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ПАРИ, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ИЛИ ЗНАЦИ ЗА ВРЕДНОСТ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки X. НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ НА ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки XI. ЗЛОУПОТРЕБА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР МЕЃУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки

31.03.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

XIII. ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО, ИЗДАВАЊЕ ЧЕК БЕЗ ПОКРИТИЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, ЗЛОУПОТРЕБА НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВЕН ПОВИК, ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки XIV. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. Д-р Лидија Рајчевиќ, јавен обвинител, Основно јавно 2. Доц. Д-р Атанас Козарев, професор на факултетот на правни науки-катедра за казнено право Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 28.03.2014 година.

XII. НЕДОЗВОЛЕНО ПРОИЗВОДСТВО, ЦАРИНСКА ИЗМАМА, ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Начини на извршување - Битие на делото - Превентивни мерки

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 9 до 13 април 2014 година во Супетар, Република Хрватска

МЕЃУНАРОДEН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР „БИСЕР НА МОРЕТО“

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 9. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 9 до 13 април 2014 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Сто п а н с к а та комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонски компании кои би ги презентирале своите производи. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна. За натпреварувачите (готвачи, сениори) кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт), менторите и членот на жири-комисијата, како и за учениците, студентите кои ќе се натпреваруваат во една категорија, организирани преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е: - бесплатно сместување - 4 ноќи, сo два оброка на ден во хотелот. Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 10 април 2014 година во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ХРВАТСКИ КОМПАНИИ ОД ОСИЕК

Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Осиек, организираат бизнис-средби со цел да се унапреди деловната соработка меѓу компаниите од Република Македонија и Република Хрватска. Во однос на дејноста што ја извршуваат и на понудата и побарувачката, компаниите од регионот на Осиек се заинтересирани за добавувачи, партнери и дистрибутери во следниве области: • добавувачи на свежо овошје и зеленчук; • филтерски единици за индустријата, центрифугални вентилатори, вентилација; • соларни системи за топлина, стаклена волна за инсталација; • ластик за производство на чорапи, ликра; • компании кои тргуваат со градежни материјали, градежни компании кои градат куќи „клуч на рака“; производители на дрвени и монтажни куќи (со употреба на нивни керамиди); • дистрибутери на микробиолошки препарати; • деловни партнери за дистрибуција и монтажа на понудени уреди во Македонија - уред за напојување на пумпа за централно греење, пумпа на соларен систем; • партнери за развој на софтвери и мултимедијални решенија и за продажба и дистрибуција на ИТ-производи; • понуда на пумпи за вода, агрегати за струја, индустриски базени и техника за базени; • побарувачка на печки и лимени ормари; • побарувачка на керамички тркала за брусење; машини за обработка на метал; • производство на производи од метал за детски игралишта, фитнес, кошеви, клупи, настрешници за автобуски постројки, рекламни витрини и други производи од метал за внатрешна и надворешна трговија преку посредник, кој ќе ги нуди производите во градовите и во општините низ Македонија; • дистрибуција на козметика, прибор и опрема за хотели текстил за хотели; • продажба на мало и на големо на машка и женска конфекција; текстил за домаќинството: крпи, фротирки, постелнина, прекривки и сл. • деловна соработка со туристички агенции, туристички агенти во областа на туризмот со Хрватска и Славонија; промоција на водечкиот бренд во делот на континенталниот туризам на Република Хрватска. Деловните средби ќе се одржат на 10 април 2014 година (четврток), со почеток во 9:45 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на на 5-ти кат. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои компании би сакале да стапите во контакт!

Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА АВТОМЕХАНИКА Од 10 до 13 април 2014 година во Република Турција ИСТАНБУЛ 2014 (во организација на „Франкфурт саеми“) Еден од најголемите и најважни саеми на добавувачи во автомобилската индустрија во регионот, „Automechanika Istanbul 2014“, е во организација и под патронство на „Франкфурт саеми“, СР Германија, уште од 2001 година. Саемот годинава се фокусира на производители на оригинални делови и резервна опрема за автомобили со интенција да стане настан број еден за целиот регион под мотото „МОРА ДА СЕ БИДЕ“. На Саемот и оваа година ќе учествуваат сите релевантни професионалци од автомобилската индустрија од Турција, како и од регионот околу Турција. За таа цел, „Automechanika Istanbul 2014“ ги поканува компаниите од Република Македонија да се вклучат во групна изложба и да бидат дел од најголемиот регионален автомобилски саем оваа година, со можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од регионот и пошироко. Организаторот на македонските компании им нуди можност за: учество како излагачи на заедничкиот штанд под чадорот на Југоисточна Европа, на којшто ќе бидат сместени и фирми од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, по цена од 1.179,00 евра (со вклучен ДДВ);учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби). Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество и како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората).

Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации.

На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 43.000 лица од над 110 земји, на 1300 штандови ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 21.3.2014 година. За повеќе информации за „Automechanika Istanbul 2014“ - посетете ја веб-страната: www.automechanika.com.tr или контактирајте не`.

Рок за пријавување: 18 март 2014 година.

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15 април 2014 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

-Обезбедување на тајност и заштита на обработкатата на личните податоци– Модул наменет за здравство и фармација Стопанската комора на Македонија го организира семинарот во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Предавачи на семинарот се инспектори од Дирекцијата за заштита на личните податоци: - Мануела Станоевска Стоилковска - Марјана Поповска ПРОГРАМА 1. МОДУЛ 1: Генерички дел: • Заштита на личните податоци во Република Макеоднија • Имплементација на Законот за заштита на личните податоци 2. МОДУЛ 2: Специјализиран дел: • Инспекциски надзор • Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци • Обврска на контролорите за регистрација на збирките на лични податоци во Централниот регистер на Дирекцијата за заштита на лични податоци и надлежностите на офицерот за заштитата на личните податоци • Видео надзор. Пријавување до 10 април 2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 април до 5 мај 2014 година ќе се одржи најголемата саемска манифестација во НР Кина

„115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”

Во периодот од 15 април до 5 мај 2014 година, во Гуангжу, во провинцијата Гуангдонг, ќе се одржи „115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”. Повеќе од 150.000 видови производи, вообичаено се изложуваат на Саемот поделен во три фази. Се излагаат традиционално доминантните производи од лесната индустрија, како и производи од висока технологија и електромеханика. Кантонскиот саем каде оваа година кодомаќин е Министерството за трговија на НР Кина и Народната влада на провинцијата Гуангдонг, привлекува купувачи од целиот свет, со посетители од над 210 земји кои се среќаваат во Гуангжу, за да разменат информации и да ги набават познатите кинески брендови. Затоа на овој престижен саем се гледа како на „барометар на надворешната трговија на Кина”. ПРВА ФАЗА ОД 15 ДО 19 АПРИЛ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи од секторите: • електроника и електрични апарати за домаќинство; • осветлување и опрема за осветлување; • возила и резервни делови за возила; • машини; • хардвер и аофтвер (алатки); • градежни материјали; • производи и декорации од железо; • СПА-опрема; • хемиски производи. ТРЕТА ФАЗА ОД 1 ДО 5 МАЈ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи за: • канцелариски материјали; • торби за дигитална опрема и камери; • чанти; • производи за рекреација; • храна; • текстил и облека; • чевли;


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • •

лекови; медицински помагала и здравствени производи.

Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем е најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија. Сеопфатен во својата природа, ја има освоено наградата „Кинески саем број 1” за најдолга историја, обем на работа, најкомплетна изложбена понуда, најголемо присуство на купувачи и најголем промет во цела Кина. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка Кинескиот центар за надворешна трговија, а со поддршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“. За саемот се обезбедени: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (Б2Б средби); • локален трансфер од хотелот до Саемот и • официјална покана за Саемот како услов за аплицирање за кинеска виза (поканата мора да биде пополнета и доставена исклучиво од Стопанската комора на Македонија. Истата важи за пријавување и до 5 лица од една иста компанија). Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации обезбедени за групно патување по пониски цени.

Комората одобрува дополнителен попуст.

Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, за виза (цената на визата е различна во зависност од видот на визата што се издава и се движи од 50 до 100 евра), како и организационите трошоци кон Комората (4.720,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 7.080,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). За втор или повеќе учесници од иста компанија, на организационите трошоци

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.3.2014 година. За повеќе информации за “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“ - посетете ја вебстраната www.cantonfair.org.cn или www.cftc.org.cn или контактирајте не`. Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Војкан Николовски тел.02 3244 068 факс:02 3244 088 vojkan@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 март 2014, Бр. 171

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Турција бара дистрибутер за пласман на столни лампи во Република Македонија. Валидност дo: 27.4.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на опрема за ладење (ладилници) и климауреди за автомобили во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на печки на цврсти горива,дрва, пелети и брикети за затоплување во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на фармацевтски производи и козметика во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година

Компанија од Германија бара соработка со производители на болничка опрема (мебел) од метал или заедничко вложување во производство на истата во Република Македонија. Валидност дo: 28.4.2014 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на етерични масла и нивни деривати во Република Македонија. Валидност дo: 29.4.2014 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Компанија од Литванија бара Македонија за пласман на модни дистрибутер во Република ткаенини од памук, свила, волна, Македонија за пласман на амбалажа кадифе и кожа. од пластика за пакување на храна и Валидност дo: 29.4.2014 година пијалaци. Валидност дo: 29.4.2014 година Компанија од Германија бара соработка во областа на обновлива Компанија од Велика Британија енергија во Република Македонија, бара дистрибутер за пласман на и нуди системи за соларна енергија, грејни тела наменети за отворени соларни системи, електрични тeраси за седење во Република инсталации, кровни работи, Македонија. одржување и сервис, како и Валидност дo: 29.4.2014 година монтажа на фотоволтаични системи. Валидност дo: 30.4.2014 година Компанија од Бугарија бара пласман на мебел во Република Компанија од Бугарија бара Македонија. дистрибутер во Република Валидност дo: 29.4.2014 година Македонија за пласман на


четврток, 20 март 2014, Бр. 171

БИЗНИС ИНФО

25

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА производи наменети за хигиена и дезинфекција во здравството, дезинфекција во индустријата, земјоделството, јавни простории и транспорт, дезинфекција на водата за пиење и вода во базените, чистење на високо загадени површини. Валидност дo: 30.4.2014 година Компанија од Турција заинтересирана е за пласман на потопни пумпи во Република Македонија. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на различни видови на оловнокиселински и Ni-Cd батерии, главно специјализирани батерии за железнички возила. Валидност дo: 27.4.2014 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер за пласман на индустриски светилки, опрема за осветлување, архитектонски осветлувачки композиции, осветлување за посебна намена, различни светилки - извори на светлина, LED - осветлување во Република Македонија. Валидност дo: 30.4.2014 година

и електроника во Република Македонија. Валидност дo: 31.3.2014 година Компанија од Литванија нуди индивидуални информациски системи, ИТ-инфраструктурни решенија, ИТ-услуги и антивирусен софтвер и решенија за безбедност на податоци. Валидност дo: 31.3.2014 година

Компанија од Полска бара дистрибутер за пласман на опрема за осветлување на затворен и отворен простор и широк спектар на жици и уреди во Република Македонија. Валидност дo: 30.4.2014 година Компанија од Чешка бара дистрибутер за пласман на средства за чистење на санитарии керамика, подови, теписи, стакло, пластика, текстил, компјутери

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Бизнис ИНФО 171, 20.03.2014  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you