СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 167
www.mchamber.mk
20.02.2014
„Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој”
БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН, НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“
ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА
2
БИЗНИС ИНФО
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
ПОДВЛЕЧЕНО
СТРАНЦИТЕ ГЕНЕРАЛНО ИМЕНУВААТ ДОМАШНИ АРБИТРИ Интересно е што странците генерално именуваат домашни арбитри. Јас сум бил арбитер во десетина арбитражи и од моето искуство произлегува дека исходот на спорот воопшто не зависи од националноста на арбитерот. Тоа значи дека арбитрите многу водат сметка за квалитетот на одлуките, за почитувањето на правото. Искуството покажува дека странците имаат доверба во нашите арбитри. Нема никаков проблем и ако странката инсистира на странски арбитер, но и тие се свесни дека тоа ги зголемува трошоците на постапката. Досега сме немале проблем ни со спроведувањето на одлуките, без разлика дали станувало збор за домашна или странска компанија. Нема наша одлука што не била извршена во целост. (Д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во „Дневник“)
ОСНОВА ВО НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ Е ИНОВАЦИЈАТА Гледано од перспективи за развој на Кроациа Осигурување –Живот, можам со задоволство да констатирам дека 2013 година ќе ја одбележиме како најуспешна година во работењето, мерено по клучните показатели на успешно деловно работење. Изминатата 2013 година ќе ја паметиме како година кога Кроациа Осигурување –Живот ја зазеде лидерската позиција на пазарот по бруто полисирана премија. Што се однесува до бројот на склучени договори, веќе неколку години наназад го имаме доминантното учество, со над 50 отсто од пазарниот удел. Согласно официјално објавените податоци, заклучно третиот квартал минатата година, Компанијата има 45 отсто од пазарот согласно остварена бруто полисирана премија и 57 отсто од вкупниот број на продадени полиси за животно осигурување во Р. Македонија. Ова јасно говори дека македонските граѓани во Кроациа препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Долгорочно, наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови. Она на што ние како Компанија посветуваме големо внимание е постпродажната услуга кон клиентите, вклучувајќи го и процесот на решавање на пријавени штети. Задоволството на нашите Осигуреници ни е најмеродавен показател колку сме успешни. Нашата понуда на производи е, пред се, адаптирана на условите на македонскиот осигурителен пазар и преференциите на граѓаните. Во најголем дел тоа се производи кои ги нуди нашата матична куќа, Croatia Osiguranje d.d. Загреб, но прилагодени на потребите на македонските граѓани. Покрај ценовната прифатливост, која ја воведовме како одговор на намалената економска активност на целокупната светска економија, па и на македонското стопанство, будно го следиме пазарот, очекувањата и потребите и адекватно одговараме со разновидна понуда на производи. Веруваме дека класичното животно осигурување секогаш ќе го има водечкото место во нашето портфолио, иако постојано работиме на унапредување на понудата и прибижување до преференциите на клиентите и потребите на пазарот. Основа во нашата стратегија за освојување на пазарот е иновацијата, при што секоја година понудуваме нов производ. Во 2014 година планираме да воведеме неколку нови производи. Почетокот на годинава го одбележиме со долгонајавуваниот производ Cro Link, линкуван производ кој ги спои бенефициите на нашата компанија и Стопанска Банка а.д. Скопје. Станува збор за производ кој досега не и е познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Сепак, цврсто веруваме дека со него ќе понудиме новитет кој значително ќе влијае на порастот на премијата за животно осигурување, бидејќи, пред се, е креиреан да ги задоволи потребите на секој наш граѓанин. (Вилма Учета Дузлевска, генерален директор во „Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје во „Фактор“)
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ИЗВОЗОТ НА СВЕЖО ГРОЗЈЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ИМА ПОРАСТ Иако извозот на свежо грозје во последните години има пораст, сè уште нема нагло зголемување на насадите со лозја, што се должи на фактот дека сè уште има недовршени работи околу откупните и пакирните центри, кои се неопходни за непречен и квалитетен извоз на трпезното грозје. Во меѓувреме новите насади се подигнати од сорти кои се атрактивни за пазарите, како дел од безсемените сорти. Што се однесува на насадите од вински сорти, засега повторно стагнира производството, дури може да се забележи и одредено намалување на производството и покрај зголемената побарувачка од винарските визби. Воведувањето на одреден ред во откупот и обврската за плаќање во одреден рок, ги смирија тензиите околу откупот и се очекува да се зголеми производството. Исто така не би требало да ги заборавиме и субвенциите кои ги добиваат лозарите со што лозарското производство станува поатрактивно.
(Д-р Михаил Петков, од Катедрата за винарство и лозарство при Факултетот за земјоделски науки и храна во „Фактор“)
НУДИМЕ УНИКАТНИ АРТИКЛИ Морам да признаам дека се што ќе се произведе во текот на еден ден, тоа и се троши. Никогаш досега не ни се случило да произведеме повеќе и тоа да остане. Успехот во бизнисот, особено во нашиот сектор, е секогаш да бидете во можност на потрошувачите да им понудите тазе и свежи производи. Среќни сме што многу луѓе доаѓаат во Палма само за да купат боза или боровоница, лимонада, шприцер, кој е мешавина од боза и боровница или лимонада. Тоа што нашите муштерии постојано и постојано се враќаат кај нас и ги користат нашите производи, не прави навистина горди. Тајната на нашите кондиторски производи е во уникатноста. Мајсторите-слаткари кои се задолжени за нивното производство се трудат на производите да им дадат посебен белег, печат, нешто по што ќе се разликуваат од останатите кондиторски производи. Сите наши артикли кои ги нудиме се уникатни и ние веќе со децении се трудиме тоа така и да остане. (Бекир Бајрам, еден од сопствениците на слаткарница „Палма“)
Постојан избран суд Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
ТРИБИНА
Конференција за „Арбитражата во ЦЕФТАрегионот во насока на унапредување на економскиот развој”
БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН, НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА
Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со финансиска поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија, ја организираа меѓународна конференција на тема „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој” (18.02.2014 година). На конференцијата, која се одржа во скопскиот хотел „Александар Палас“, присуствуваа повеќе од 200 правници, адвокати, економисти, претставници на бизнис-секторот, судии, како и домашни и странски експерти од областа на арбитражното право. Со оглед дека ЦЕФТА- договорот се залага за создавање на зона на слободна трговија, функционирањето на арбитражата е од битно значење за брзо, ефикасно, едноставно и поевтино решавање на трговските спорови меѓу компаниите на земјите-членки на ЦЕФТА. -Во 2011 година, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија беше подложен на организациски и нормативни промени, кои беа проследени со интензивирани активности насочени кон промовирање на неговата работа. Беше усвоен нов сет на нормативни акти кои се насочени кон зајакнување на Арбитражата и постигнување на нејзина поголема автономија. Постојаното зголемување на бројот на предмети пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, брзото и ефикасно завршување на поведените постапки и големата стапка на доброволно извршување на донесените одлуки од страна на самите странки, говорат за високиот квалитет на постапките, стручноста и објективноста на арбитрите, како и за погодноста на арбитражата како метод на решавање спорови кои произлегуваат од меѓународната трговија, - истакна д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражниот суд при Постојаниот избран суд Арбитража е надлежен за решавање на одреден спор доколку странките тоа го договориле – со вметнување на арбитражна клаузула во главниот договор што го склучуваат странките, со склучување на арбитражен компромис, но во практиката се` почесто и со размена на тужба и одговор на тужба во кои едната странка го наведува постоењето на арбитражната спогодба, а другата странка не го негира тоа. Сите спорови чија вредност на предметот на спорот не надминува 30.000 евра ги решава арбитер-поединец, додека за споровите чија вредност го надминува износот од 30.000 евра е предвидена надлежност на арбитражен совет составен од тројца арбитри, освен ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот изречно не се договориле за спротивното.
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
5
ТРИБИНА Сите одлуки на Постојаниот избран суд - Арбитража во Република Македонија се досега извршени. Лани имавме 5-6 предмети, а успеавме да завршиме и трговски спор кој „тежеше“ 9 милиони евра и тоа за неполна година дена. Ваквата ефикасност во решавањето на предметите на странките им овозможува заштеда на време, со оглед што ваков спор кај редовните судови би траел сигурно 5 до 6 години и што е уште позначајно – трошоците за целата постапка се значително пониски, - нагласи д-р Арсен Јаневски. Според д-р Михајло Дика, претседател на Постојниот Арбитражен суд при Стопанската комора на Хрватска, неопходно е во регионот да се прошири арбитражната култура, бидејќи користењето на нејзините услуги се` уште е на ниско ниво. -Всушност, се работи за организирање на приватно судење, на кое странките сами избираат кој ќе им го реши спорот. Во просек, имаме од 30 до 110 спорови годишно, а просечната цена на споровите изнесувала од 40 до 130 милиони евра. Само за илустрација, во хрватските судови седат заглавени трговски спорови во вредност од 10 милијарди евра заради спорото одлучување. Нивната разрешница би била сосема подруга кога странките би ја користеле арбитражата, – подвлече д-р Михајло Дика, кој важи за еден од најголемите стручњаци за арбитража во регионот. – Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите, само доколку ја зголемиме меѓусебната соработка и го форсираме знаењето. Гостинот од Хрватска спомена дека е потребно да се зголеми арбитрабилноста сегде каде што е тоа можно, на пример, на имотно- правните, работните и потрошувачките спорови. Го посочи примерот на Владата на Хрватска која препорачала сите институции кои се поврзани со државата да ги користат услугите на Арбитражата или на Центарот за медијација при Стопанската комора на Хрватска. -Одличен потег би бил отворањетро на можност за брзо решавање на споровите, што би се рекло - забрзана арбитража, за спорови со ниска вредност, - подвлече Дика. М-р Ахмет Касуми, претседател на Постојниот арбитражен трибунал при Стопанската комора на Косово, смета дека нема доволна медиумска покриеност на делувањето на арбитражите во регионот, на што мора во наредниот период посебно да се поведе сметка. Тоа директно влијае и на приливот на странските директни инвестиции. Ниту една посериозна компанија од странство нема да дојде да инвестира, доколку утврди дека не функционира арбитражата. Едноставно, тие сакаат да имаат дискретност во решавањето на споровите, - забележа Касуми. Црногорското искуство во областа на арбитражата зборува дека дури 90 отсто од споровите во кои се користеле нејзините услуги биле со странски елемент. Тоа значи дека само еден од 10 случаи е со домашни правни лица. Затоа, и Веско Божовиќ, претседател на Надворешнотрговската арбитража и на Постојаниот избран суд при Стопанската комора на Црна Гора, спомена дека треба да се работи на нови прописи со кои ќе се иновира арбитражата согласно меѓународните искуства, постојана едукација, промоција и – агресивен маркетинг. Тоа би требало да биде патот кон зголемување на користењето на нејзините услуги. Д-р Алеш Галиќ, член на Претседателството на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Словенија, спомена дел од новите светски трендови во областа на арбитражата: натамошно зајакнување на делувањето на арбитражните институции, зголемена ефикасност, акцент на тешки случаи, арбитражна експедитивност... -Битно е да не се копираат обврзувачки правила. Детализирањето може лесно арбитражата да ја доближи до редовните судови, – нагласи д-р Алеш Галиќ. На конференцијата за низа аспекти на арбитражата зборуваа и стручни лица од факултетите, гости, правници и претставници од бизнисот. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
МОЖНОСТИ Во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа деловна средба „ Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“
ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА, ПРВИОТ ЧЕКОР Е НАПРАВЕН
Во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа деловна средба „ Бизнисповрзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, чиј иницијатор беше Владата на Република Македонија заедно со трите стопански комори (17.02.2014 година). На оваа средба пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обрати првиот економски тим на Владата, предводен од премиерот м-р Никола Груевски, заедно со м-р Зоран Ставревски, потпретседател и министер за финансии, м-р Владимир Пешевски, потпретседател задолжен за економски прашања, како и Ваљон Сараќини, министер за економија. - Следствено на нашите политики за интензивно подобрување на бизнис-условите почна да расте бројот на странски директни инвестиции и компании, но степенот на нивната деловна соработка со македонските е незадоволителен и постои простор за унапредување. За да се случи тоа, потребна е комуникација и волја за соработка. А, клучниот бенефит од таквата соработка ќе биде двостран и огромен, а ќе придонесе за помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање, - истакна м-р Никола Груевски пред присутните деловни луѓе. – Од тие причини македонските компании треба со сите сили да се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава. Од претставниците на Владата беа истакнати многу причини поради кои е потребно да се воспостават поблиски релации и деловни партнерства меѓу странските и домашните компании. -Првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
7
МОЖНОСТИ презентираат можностите и понудите на домашните. Македонија ќе биде домаќин и поддржувач на ваквиот процес. Остануваме доследни на заложбите за отвореност кон бизнис-заедницата. Нашата мисија останува иста – водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности, напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува во државава, - подвлече Груевски, најавувајќи во тој правец и ангажирање на странска консултантска агенција. Според м-р Зоран Ставрески, целта на привлекувањето на странските директни инвестиции е остварување на одредени макроекономски ефекти, но и нивно преточување на микро план. Странските и домашните компании треба да бидат компатибилни, а не да си конкурираат. - Има и позитивни примери во тој правец. Белгиската компанија „Ван Хул“ за изработка на ентериерите на своите автобуси користи делови и материјали произведени во Македонија, посочи Ставрески. – Тој пример треба да го следат и останатите. Минатата година 50 милиони евра се реализирани од услугите на македонските компании кон странските што е сериозна и охрабрувачка бројка. Во оваа комуникација треба да се вклучат и банките и финансиските институции, бидејќи во таков случај пласманот на парите е далеку посигурен. Колку таа синергија е значајна покажува и фактот дека до 2015 година бројот на вработени во странските фирми кои работат во слободните зони, од очекуваните годинешни 6.500 да се удвои и да достигне околу 13.000. М-р Владимир Пешевски, посебно порача дека соработката на домашните компании со странските вложувачи во земјава е всушност замена на извозот. Затоа, тие треба да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании кои работат во земјава. Заедно со нив можат да остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. .А, кога еднаш ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари. - Природно е дека целиот тој процес веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, а тоа е да се воспостави таа сорабортка со странската компанија, – издвои Пешевски. Ваљон Сарачини истакна дека економскиот раст не значи ништо ако обичниот човек не ги почуствува придобивките, а токму тоа е целта на Владата. На пристурните деловни луѓе, актуелниот министер без ресор на Република Македонија, задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, им ги презентираа потребите на дел од странските компании кои работат во земјава. По завршувањето на официјалниот дел на средбата, се одржаа билатерални средби на кои се разговараше и се договараше за идната деловна соработка. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ Средба на Менно Снел, извршен директор на ММФ со високи претставници на банки од Република Македонија
СЕ ОЧЕКУВА КРЕДИТЕН РАСТ, ОСОБЕНО ЗА КОМПАНИИТЕ
На барање нa Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија, на 17.02.2014 година, во Стопанската комора на Македонија, Менно Снел, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд одржа состанок со претставници на високото
раководство од неколку банки, за кои ММФ достави барање до Здружението на банкарството. На средбата учествуваа: НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Стопанска банка, Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија. На состанокот присуствуваа и резидентниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд, Патрик Гитон и советникот на извршниот директор, Методиј Хаџи-Васков. На состанокот беше даден осврт нa банкарскиот сектор во Република Македонија, со посебен акцент на трендовите и состојбите, условите на кредитниот пазар и изгледите за кредитен раст. Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка потенцираше дека во Република Македонија има долгорочна макрокоеномска стабилност, пораст на БДП од 3%, стабилност на девизниот курс и ниска инфлација од 2,8%, коишто претставуваат главни предности во домашната економија. Претседателот на Здружението на банкарството во оваа прилика ја истакна добрата состојба на банкарскиот сектор, укажувајќи на високата стапка на адекватност на капиталот, растот на штедните влогови за 7% и на кредитите за 6%. Заменик-претседателот на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на Охридска банка, г-ѓа Јитка Пантучкова, укажа дека законската рамка во РМ е во целост усогласена со европските регулативи и дозволува натамошен развој на финанскиот пазар. Притоа, додаде дека Република Македонија е добар пример за успешно надминување на финансиската криза, што пред се` се должи на одличниот дијалог меѓу монетарната и фискалната власт. Во иднина, врз основа на макроекономската стабилност, сите присутни претставници на состанокот, од горенаведените банки, истакнаа дека очекуваат кредитен раст, особено на кредитите насочени кон претпријатијата. Јасмина Апостолоска
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
9
КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ
ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Проект за инвестиции во чиста енергија
Во рамките на Проектот за инвестиции во чиста енергија, на 19.02.2014 година во Стопанската комора на Македонија се одржа Втората средба на чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија.
На оваа средба, претставниците на фирмите-членки на Групацијата на обновливи извори на енергија, заедно со претставници на институциите и на научната јавност имаа можност изворно да ги споделат и заеднички да ги продискутираат информациите и регулативите за натамошен развој на инвестициите во обновливите извори на енергија, особено во малите хидроелектрани, истакна Самир Латиф, директор на Проектот. На работната средба беа дадени тематски презентации за: • Новиот тендер за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 мали ХЕЦ; • Анализата и предлозите за промени во повластената тарифа за произведена електрична енергија од ХЕЦ; • Промените во мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и • Нацрт-насоки за поедноставување на постапките за инвестирање во ОИЕ. Во насоките на надминување на проблемите кои инвеститорите ги имаат во пракса, односно за олеснување на постапките за инвестирање во ОИЕ беше предложено во тендерскиот договор и во договорот за концесија да се предвиди отстапка од рокот од 3 години за пуштање во производство на ХЕЦ во случај на одржување избори, Министерството за транспорт и врски да организира информативни сесии / обуки за општинската администрација за примена на прописите, општините да стават приоритет во своите буџети на набавка на соодветни средства за оваа намена, преку дијалог да се најде решение за ситуацијата во која се наоѓаат дел од инвеститорите во фото-волтаици кои потпишале изјава за откажување од повластена тарифа, како и во Агенцијата за катастар на недвижности да се овозможи централизирано поднесување на барања за добивање податоци и документи потребни на инвеститорите. Овие средби, во интерес на квалитетна регулатива за инвестирање во обновлива енергија ќе продолжат да се реализираат квартално, заедно со партнерите во Проектот, ИФЦ и Стопанската комора на Македонија. Перо Авакумовски Зорица Мешкова
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола посета на Трговскоиндустриската комора на Драч во Албанија
ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА
На иницијатива на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, a во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола на 13 и 14 . 2.2014 година се одржаа работни средби во Тирана и Драч.Притоа, се водеа разговори со амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, со претседателот на Трговско-индустриската комора на Драч, Андреа Џавара, со директорот на Пристаништето во Драч Селим Белортаја и со градоначалникот на Општина Драч, Ванѓуш Дако. Повеќечлената делегација беше предводена од страна на претседателите на Регионалните комори од Прилеп и Битола, Симон Наумоски и Мирко Велкоски, во придружба на градоначалниците Марјан Ристески од Прилеп и Ѓоко Стрезоски од Ресен. Целта на работната посета беше да се интезивира економската соработка на компаниите од двата региони, да се зголеми искористување на услугите на пристаништето од Драч и се презентираат условите за инвестирање во Пелагониски-Преспанскиот регион. На 13.02.2014 во Тирана се одржа работна средба со нашиот амбасадор Стојан Карајанов, кој ги информираше присутните членови на делегацијата за економската соработка и трговска размена меѓу двете земји, како и за можностите за нејзино зголемување. Тој посебно нагласи дека од албанска страна постои голем интерес за соработка со Македонија на база добрите политички односи и географската местоположба, истакнувајќи дека од страна на албанските компании постои тенденција голем дел од италијанските производи кои се присутни на албанскиот пазар да се заменат со производи од Македонија. Од страна на претседателите на регионалните комори, амбасадорот беше информиран за конкретната соработка на повеќе компании од овие региони, како што се „Витаминка“,Прилепска пивара, Мермерен комбинат и „Дониа“ од Прилеп, печатницата „Киро Дандаро“, млекарата „Би-Милк“ и квасарата од Битола и „Свислион-Агроплод“ од Ресен. На 14.02.2014 година во Драч се одржа работна средба со претседателот на Трговско-Индустриската комора, Андреа Џавара, а компаниите имаа и билатерални на кои се договараа за идната соработка. Андреа Џавара се заблагодари за посетата на регионалната делегација и изрази големо задоволство за неговиот краток престој во Македонија и средбата во Стопанската комора на Македонија која се остварила на ден 10.02.2014 година.Тој укажа дека Трговско-индустриската комора од Драч поради местоположбата на градот и услугите од пристаништето, претсатвува најактивна, највлијателна комора во Албанија и изрази голема желба тесно да соработува со регионалните комори од Прилеп и Битола. Договорено е за кратко време да се потпише и Меморандуми за соработка. На средбата со директорот на пристаништето Драч, Селим Белортаја делегацијата од земјава беше опширно информирана за инвестиционите зафати во пристаништето и модернизација на истото со можност за кратко време да го приспособат и за прием на бродови со тешки товари. Тој изрази желба до крајот на овој месец да биде извршена презентација на услугите на пристаништето пред македонските компании во Стопанската комора на Македонија. На средбата со градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако, градоначалниците на Прилеп и Ресен имаа опширно излагање за своите општини, како и за економските потенцијали и природни ресурси со кои тие располагаат.Договорена е наредна средба меѓу градоначалниците да се одржи во Македонја со цел да се прошири соработката, не само на економски, туку и на културен и спортски план. Ристо Најдоски
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРИЛЕП „ГРАД НА ГОДИНАТА“
Манифестација „МРТ за најдобрите“ во 2013 година
На 16 .02.2014 година на сцената во новиот Македонски народен театар,се одржа манифестацијата „МРТ за најдобрите“ на која националниот сервис МРТ им додели признанија на најуспешните во 19 категории. Во категоријата „Град на годината“ престижното признание го доби градот Прилеп за постигнатите резултати во 2013 година. За време на гламурозната свеченост во новиот МНТ, признанието го прими градоначалникот Марјан Ристески. Во знак на балгодарност за несебичната подршка на градоначалникот и општината за постигнатите резултати во 2013 година, претставници на Регионална комора со седиште во Прилеп беа поканети да присуствуваат на свеченото доделување на наградата „МРТ за најдобрите“. На свеченоста, покрај претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски присуствуваа и дел од членовите на Управниот одбор.. Ристо Најдоски
ДОГОВОРЕНА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ФИРМИТЕ
Во Македонски Брод се одржа работна средба на Регионалната комора Кичево со градоначалникот на Македонски Брод
На 14.02.2014 во општината Македонски Брод, се одржа работна средба на Регионалната комора со седиште во Кичево со градоначалникот Милосим Војнески. Претеседателот на Регионалната комора Кичево, Игор Соколески на средбата со градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески ја презентираше иницијативата за економска соработка на фирмите од регионот, при тоа нагласувајќи ги карактеристиките и сличностите во стопанството. Градоначалникот, Милосим Војнески ја поздрави иницијативата за посетата на општината Македонски Брод, при што ја изрази подготвеноста за понатамошна соработка со локаната самоуправа и направи краток осврт на сегашната економска слика на Македонски Брод каде веќе по долги години се отвараат затворените капацитети за производство, како фабриката за воена опрема „Сумбро трејд“, погонот за производство на Коро чаевите и минералната вода Планинаска од изворот Крапа, а исто така се промовира и природните ресурси на општината. На средбата учествуваа и фирми-членки од градовите Кичево и Македонски Брод, пред кои беше претставена индустриската Зона во Македонски брод каде се веќе продадени 5 парцели и се очекува од почетокот на март да почне соработа фабрика за преработка и производство во дрвната индустрија. Заеднички се заклучок да оваа средба стане покрет за занает што ке се врати во иднина со континуитет на економската соработка на стопанствениците од регионот, како и соработката со локалната самоуправа во Македонски брод. Дијана Лазороска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
ПРОЦЕСИ
САМОВРАБОТУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ПРАКСА
Одржана првата обука во рамките на Проектот: Претприемништвото – иднината на студентите
Студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, имаа можност да присуствуваат на првата обука на тема поврзана со кредити за самовработување и развој на мали претпријатија, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (13.2.2014 година). Обуката ја одржа Дарко Стефановски, претставник од Македонската банка за поддршка на развојот, кој го сподели своето богато искуство со студентите преку бројни примери од праксата. Во наредниот период студентите ќе имаат можност да присуствуваат на уште неколку обуки на теми поврзани со стекнување презентациски вештини, маркетинг трикови и користење социјални мрежи за промоција на производи, пишување бизнис-план, како и
обуки од областа на интелектуалната сопственост. Како активен поддржувач на студентите во процесот на приспособување на барањата на пазарот на трудот, Стопанската комора на Македонија на 27.01.2014 година потпиша Меморандум за соработка со Студентскиот парламент при УКИМ. Со потпишувањето на овој меморандум и официјално започнаа активностите поврзани со Проектот: Претприемништвото – иднината на студентите. За учество во Проектот беа избрани 50 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои имаат можност да учествуваат на обуките што ги организираат Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент, во соработка со претставници од бизниссекторот. По комплетирањето на обуките, десет студенти ќе продолжат во наредната фаза – менторство и ќе имаат можност да поминат три недели во неколку компании-членки на Комората, како и во банки кои ја изразија својата поддршка на Проектот. Симона Ристоска
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
НОВ МОДЕЛ НА БАНКОМАТ СО НАЈСОВРЕМЕНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ
Напредни банкарски технологии од Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка го претстави новиот модел на банкомат кој овозможува граѓаните да добијат голем број услуги кои ги добиваат и во една експозитура . Kлиентите на Банката преку новиот банкомат ќе можат да ги добијат следниве услуги: • Уплата на трансакциска сметка поврзана со дебитна картичка; • Уплата на долг по кредитна картичка на Шпаркасе Банка; • Уплата на дневен пазар на трансакциска сметка поврзана со бизнис дебитна картичка за правни лица; • Подигнување на готовина. Покрај овие услуги, новите банкомати ќе ја овозможат и услугата менување странска валута (ЕУР) во денари, за износи до 500,00 евра. Банкоматот овозможува брза услуга 24 часа, како и реализација на налозите без провизија. --Со новиот модел на банкомати повторно ги ставаме нашите клиенти на прво место, овозможувајќи им разновидност на услуги на брз, едноставен и ефикасен начин без ограничување во било кое време. Банкоматот им заштедува време на граѓаните и го поедноставува процесот на добивање повеќе услуги одеднаш. Оваа можност ја постигнавме благодарение на одличната синергија на нашиот извонреден професионален тим и употребата на најсовремените банкарски технологии во нашето работење. Банкоматите на Шпаркасе Банка во земјава, не се единствените банкомати на кои нашите клиенти ќе можат да ги користат новите и напредни услуги, туку на располагање им се и повеќе од 14.000 банкомати на Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји од Југоисточна Европа на кои може да подигнат готовина без провизија со дебитна картичка. - изјави Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе Банка. Новиот банкомат овозможува уплатените средства да се искористат веднаш за извршување на плаќања преку системот за електронско банкарство, како уплата на рата за кредит, плаќање на режиски трошоци и други налози. Банката ја промовираше и софтверската апликација „S-Токen“, која служи за идентификација на корисникот преку мобилен телефон за најава и верификување на плаќањата во системот за електронско банкарство “NetBanking” за физички лица. Единствено што е потребно за користење на оваа услуга е еднократно инсталирање на апликацијата на Вашите “smartphone” мобилни телефони. При секое понатамошно користење на апликацијата не е потребен пристап на интернет ниту користење на дополнителни уреди, што овозможува лесна, едноставна и практична употреба. Услугите кои ги нуди новиот банкомат ќе бидат достапни во Централата на Банката, а до крајот на 2014 година ќе бидат поставени вкупно 6 банкомати од ваков тип. До крајот на 2018 година . планирано е постоечката мрежа на банкомати на Банката да биде заменета со новите напредни банкомати. Банката и во иднина ќе продолжи со надградување на своите услуги и ќе ги развива своите производи, се со цел да се имплементираат современите светски трендови и да се задоволат потребите на клиентите. (Шпаркасе Банка)
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
15
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
СЕКОЈ КОРИСНИК ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ УСЛУГИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА - БРЗО, КВАЛИТЕТНО И ЕФИКАСНО
Македонски Телеком стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (АЛЛ ИП)
Македонски Телеком го префрли и последниот корисник на новата ИП мрежа со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (АЛЛ ИП). Со инвестиција од 13 милиони евра, во тек на изминатите 25 месеци, се овозможи мигрирање во новата мрежа на 290.000 линии, објави на прес-конференција во Скопје менаџментот на компанијата. - Резултатот е значително намалено време на пласирање на производите од една до две години, на две недели, некогаш и неколку дена, а исто така и значително намалување на трошоците. Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услУги, рече Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија. Клаудија Немат наведува дека нивната инвестиција била во подобрување на корисничкото искуство. - Не станува збор за пониски цени, туку апсолутно за подобро корисничко искуство. Во овој случај, потребни се дури и дополнителни инвстиции во информатичката технологија и за креирање нови процеси кои што ќе овозможат беспрекорно функционирање на мрежата, рече Немат. Придобивката за деловните корисници, појасни, е тоа што со ИП трансформацијата може да се нарача широкопојасен интернет на барање со брз и лесен пристап до него. Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком, истакна дека преку новата ИП платформа, буквално секој нивен корисник ќе може да ги користи услугите на новата генерација, брзо, квалитетно и ефикасно. - А тоа е и нашата цел, преку вложување во новите технологии, да овозможиме најдобро корисничко искуство. ИП ги брише географските граници и е основа за сите идни услуги, а Македонски Телеком е многу напред, не само во регионот, туку и во рамките на Европа, и горди сме заради тоа, рече Маиерхофер. ИП технологијата користи интернет протокол за пренос на говор, што овозможува користење услуги од новата генерација. ИП мрежната технологија овозможи воведување Интернет по потреба, целосно нов концепт кој им овозможува на корисниците онлајн да нарачаат пристап на интернет со голема брзина секогаш кога им е потребен со само еден клик.(МИА)
НАЈДОБРИОТ ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА
Винер – Виена Иншуренс Груп во јануари остварила бруто полисирана премија од дури 140 милиони денари
Винер – Виена Иншуренс Груп објави дека во месец јануари остварила бруто полисирана премија од дури 140 милиони денари, со што го забележала убедливо најдобриот почеток на годината во историјата на компанијата. Од компанијата уште информираат дека остварената премија е речиси двојно поголема од истиот период минатата година. Според Генералниот директор на Винер Осигурување, д-р Зоран Нарашанов, остварениот рекорден резултат се должи на целосната ориентираност на деловните процеси на компанијата кон задоволството на клиентите. -Нашата програма `(О)Сигурен во Винер`, која се заснова на три основни постулати – беспрекорно брзо решавање на штетите, фер цена за секого и пријатни изненадувања за нашите клиенти беше одлично прифатена од граѓаните и компаниите, кои во сè поголем број ни ја даваат довербата да се грижиме за нивната сигурност.“ – изјави по овој повод Нарашанов. Инаку, според резултатите од осигурителниот пазар во Македонија за минатата година, Виена Иншуренс Груп ја заврши годината како убедлив лидер, со бруто полисирана премија од 1 милијарда и 414 милиони денари. Групацијата, која важи за водечки осигурувач на просторот на Централна и Источна Европа, на домашниот пазар е присутна преку Винер Осигурување од 2009-та година. (Винер – Виена Иншуренс Груп)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СЕМИНАР: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА“
25.02.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА „Закон за финансиска дисциплина” I. НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Носители на финансиска дисциплина II. ЈУРИСДИКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 1. Деловни трансакции 2. Eкономски оператори 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор III. ПОИМИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ОВОЈ ЗАКОН 1. Деловна трансакција 2. Субјекти од јавен сектор 3. Економски оператори од приватниот сектор 4. Парична обврска 5. Фактура 6. Задоцнето плаќање 7. Законска казнена камата 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор
V . ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ДОЦНЕЊЕ 1. Парични обврски кои не се исполнети во предвидениот рок 2. Право на камата 3. Делумно намирени парични обврски
Предавачи: 1. Љубомир Јорданов, државен советник во Министерството за финансии, член на Второстепената комисија за одлучување на решенија донесени од страна на Управата за јавни приходи 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“.
VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО 1. Финансиска инспекција во јавниот сектор
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
VII. ЗАКЛУЧОЦИ
IV. РОК ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ 1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
Пријавување до 21.02.2014 година.
Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СЕМИНАР: „НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР”
26.02.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Предмет на Законот 4. Значење на изрази употребени во овој закон II. ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР 1. Начело на законитост 2. Начело на еднаквост, непристрасност и објективност 3. Начело на материјална вистина 4. Начело на сослушување на субјектите на надзорот 5. Начело на самостојност 6. Начело на јавност 7. Начело на пропорционалност 8. Начело на превенција 9. Начело на субсидијарност III. ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ 1. Организација на инспекциските служби 2. Раководење на инспекциските органи 3. Права и должности на функционерот кој раководи со инспекторатот 4. Инспекциски совет 5. Делокруг на работа на Инспекцискиот совет IV. СТАТУС НА ИНСПЕКТОРИТЕ 1. Инспектори и услови за вршење на должноста инспектор 2. Лиценца за инспектор 3. Одземање на лиценца за инспектор 4. Постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор 5. Испит за инспектор V. ПРАВА, ОБВРСКИ И ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКТОРИТЕ 1. Обврски на инспекторот 2. Овластувања на инспекторот 3. Права и обврски за отстранување на неправилностите 4. Известување на надлежниот орган VI.ПРАВА И ОБВРСКИ НА СУБЈЕКТОТ НА НАДЗОРОТ 1. Општа обврска на субјектот на надзорот
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
2. Обврска на субјектот на надзорот во постапката на инспекцискиот надзор 3. Права на субјектот на надзорот во постапката на инспекциски надзор 4. Одговорни лица во постапката на вршење на надзорот VII.ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР VIII. Заклучоци Предавачи: - д-р Лидија Рајчевска, јавен обвинител, Основно јавно обвинителство за организиран криминал на Република Македонија; - доц. д-р Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата Асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 24.02.2014 година.
Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 26.02 до 2.03 2014 година во Република Турција ќе се одржат значајни саемски манифестации
UNICERA 2014, KITCHEN WORLD 2014 и GARDEN WORLD 2014 ВО ИСТАНБУЛ
Керамика: • мозаик, плочки за купатила и кујни; • кади, џакузи, туш кабини; • мебел за бањи; • сауни, турски бањи и нивна опрема; • хидро масажери; • керамички плочи и машини за нивна обработка; • хемикалии, лепила; • печки за керамика; • мебел за кујни, вградени апарати и апарати за кујна. Мебел за градини: • мебел за градина од дрво, ковано железо; • градинарски декорации; • нишалки, вештачки езера, водопади; • скари, саксии, клупи; • природни камења, мермер, гранит, вештачки карпи; • градинарски цвеќиња, природни и вештачки тревници; • косилки и базени. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 26.02 до 02.03 2014, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.
Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.
Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).
Пријавување до 14.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: http://www.unicera.com.tr/ или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Марија Петроска тел.02 3244 017 факс:02 3244 088 marija@mchamber.mk
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И АВСТРИСКИ КОМПАНИИ
На 4 март 2014 година во Стопанската комора на Македонија
Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Австрија организираат бизнис средба и презентација на австриски компании во следниве области: • Технологија за заштита на животната средина-пречистителни станици за вода • Технологија за безбеден пренос на податоци за индустриски апликации • Индустриска автоматизација и автоматизација на процеси • Управување со комунален и индустриски отпад Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 4 март 2014 година (вторник), во 13:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5 кат, сала бр. 1. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на бизнис средбите (B2B), на кои ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и понатамошна бизнис комуникација. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои австриски компании би сакале да стапите во контакт. Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО РАМКИTE НА “EXPOKOS 2014” ВО ПРИШТИНА
На 5 март 2014 година бесплатна презентација
Во рамките на 13-то издание на Меѓународниот саем “Expokos 2014”, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 17 мај 2014 година во Приштина, посебно внимание е посветено на Саемот за мебел каде како излагачи на околу 5.000 м2 затворен простор ќе бидат презентирани разни видови производи од дејноста мебел: ласерски машини за дрво, цврста обработка на дрво, мебел за домот и канцелариски мебел, паркет, дрвени подови, куќи од дрво, украси од дрво. На Саемот ќе учествуваат компании од Косово, регионот и пошироко. • Градежништво: градежни материјали, градежни системи и опрема, монтажни зграда, помошна опрема за индустријата, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, керамика, врати и прозорци, обработка и украси од метал, изградба на патишта, за рециклирање итн. • Енергија и рударство: индустрија за електрична енергија, алтернативни извори на енергија (ветар, вода, сончевата енергија, гас, ладно масло), станици на гас итн. • Техника: комора за обезбедување квалитет, мерни инструменти, машини за мерење, аналитички апарати, автоматски и роботизирани, индустриски машини и металургија, леење, опрема за метали и неметали, хемиска индустрија и пластика, производство на телекомуникациска и транспортна опрема итн. • Недвижен имот и услуги со недвижен имот: архитекти, банки, сопственици, агенции за недвижен имот, инспектори, експерти за кредитна анализа, инженери, компании за заштита на животната средина, инвеститори, инвестициони и финансиски планери, дизајнери на ентериер, компании за животно осигурување итн. Презентацијата на Саемот за мебел во рамките на “EXPOKOS 2014” ќе се одржи на 5 март 2014 година (среда), во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Со оглед на интерактивниот карактер на настанот, оставена е можност за остварување на одделни средби со менаџментот на Саемот по завршување на презентацијата. Пријавување до 3 март 2014 година. Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 02 32 44 021 моб: 072 22 00 37 daniela@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 7 март 2014 година, во Софија, Р. Бугарија
ФОРУМ И САЕМ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕКОЛОШКА ЕНЕРГИЈА И ПАМЕТНИ ГРАДОВИ 2014
Манифестацијата е составена од два дела.
1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА на производи за: • енергетска ефикасност: енергетско-ефикасна опрема, штедливо осветлување и бои, системи на топлински пумпи, котларници, комбинирани топлински, електрични и пречистителни станици, гасни мотори за когенеративни постројки, технологии и уреди за складирање енергија; • биомаса и биоенергија: машини за производство на котли за загревање кои користат биогорива и биомаса, опрема за палети (преси, дробилки, мелници, ладилници, сушилници, котли), преработка на биолошки отпад (ферментирање на органски отпад и други остатоци за постројки на биогас итн.); • од отпад до енергија: термичка обработка на отпад со директно согорување; • соларна енергија: фотоволтаични модули, автономни и хибридни системи, загревање вода со соларна енергија и хидронски производи за загревање, инвертори, трансформатори и инженерство; • хидроенергија: турбини и мали хидроцентрали; • автоматски системи за контрола на објекти и системи за управување со објекти; • Е-мобилност, ИКТ за паметни градови, телеметрија и телематика; • управување со отпад: преработка на отпад/рециклирање – машини за балирање, машини за одделување на отпад, машини за екструдирање, машини за сечење, собирање и одделување на отпад, постројки за рециклирање, системи за компостирање, преработка и уништување на опасен отпад, подвижни ленти и преси, системи за мерење тежина и идентификација; • услуги: деловно советување, финансирање и инвестирање во проекти. Влезот на саемот е бесплатен! На Саемот како излагачи присутни се домашни компании, а доминира учеството и на странски производни фирми од 13 земји - Австрија, Кина, Чешка, Данска, Германија, Италија, Полска, Романија, Словенија, Шведска, Швајцарија и Холандија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад” Сесија - Европски ден за управување со отпад Сесија - Од отпад до енергија 2.2. Бизнис-форум „Енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија” Сесија - Централно греење и ладење Сесија - Паметни градови 2.3. Бизнис-форум за „Лифотви на Балканот” Сесија – „LIFTBALKANS” За Саемот се обезбедени: • бесплатен влез на Саемот; • бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; • деловни средби со изложувачите на барање на компанија која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; • презентација на примерот на know-how од Австрија стациониран во нивниот павилјон во организација на Трговска комора на Австрија во Бугарија. Контакт:
Пријавување до 28.02.2014 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://viaexpo.com/en/pages/ee-re-exhibition Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 32 44 021 Моб: ++ 389 72 295 439 Факс:++ 389 2 32 44 088 E-адреса: daniela@mchamber.mk
Перо Авакумовски Тел: ++ 389 23 244 048 Факс:++ 389 2 32 44 088 E-адреса: pero@mchamber.mk
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“
На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска
Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година. Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори. Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори: -тур-оператори и агенти; - хотели, мотели и кампување; -здравје и спа-центри; -агро и екотуризам; -активен туризам; -сообраќај (автобус, железнички и воздушен); -осигурување и финансирање; -инвестирање во туризмот; -угостителски објекти: храна и пијалаци; - понуда и побарувачка на гастрономски производи; -интернет-туризам и др. Придобивки за Вашата компанија: -идентификација на нови потенцијални партнери пред регистрација за да се обезбеди ефикасност; - да се зголеми бројот на нови контакти преку претходно закажани деловни средби; -да се запознаат нови потенцијални партнери и да се развијат идни партнерства; -добивање поддршка од Enterprise Europe Network; -слободен влез за „ГАСТ“; -учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски Европски информативен и иновативен центар Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 5 до 7 март 2014 година, Саем за готов мебел и декорација на мебел и украси, во Република Турција
„MODEKS 2014“ ВО БУРСА
Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании. Истиот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. На површина од 45.000 м2 во 6 хали, ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, ќе се претстават со своите производи: • модерен мебел; • мебел за дневни соби; • спални соби; • трпезарии, маси, столици; • класичен мебел, софи, фотелји; • ткаенини за мебел; • украси за мебел; • постелнини; • осветлување; • дизајнери; • здруженија за мебел; • детски соби и за тинејџери со стандард кревети; • медицински / ортопедски кревети и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5 до 7 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).
Пријавување до 23.02.2014 година.
Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Сашо Деспотоски тел.02 3244 089 факс:02 3244 088 saso@mchamber.mk
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„WINDOW 2014“, „GLASS EXPO 2014“ И „DOOR EXPO 2014“ ВО ИСТАНБУЛ
Од 12 до 15 март 2014 година, Саем за прозори, стакло и врати во Република Турција
Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на саемот ќе имаат можност да ги видат разните видови изложени производи. Прозори: Прозорски профили, ПВЦ профили, алуминиски профили, дрвени профили; механизми и рачки за профили; шарки за прозори, лизгачки системи, безбедносни системи за прозори; машини за заварување и за обработка; пневматски системи, прозорски системи; вентилација за прозорци; ролетни; материјал за изолации за прозорци, лепила, фасадни системи, изолации за топло, за вода, звук и пожар. Врати: Врати; ПВЦ врати; челични врати; стаклени врати; дрвени врати; врата за гаражи; ротациона врата; панел врата; врата од ковано железо; индустриски врати; секциска врата; блиндирана врата; хидраулична и пневматска врата; врати за болници; лизгачка врата; врати за возила; рамки за врата; автоматска врата; електронски систем за врата; механизам за автоматска врата Стакло: Рамно, повеќе слојно, темперирано стакло, стакло за автомобил, стакло отпорно на пожар, витраж, стакло за огледало, матирано, медицинско стакло; кристал и рачно изработено стакло, лабораториско стакло, оптичко стакло, декоративни стаклени предмети, конкавно стакло; машини за обработка; за сечење на стакло; материјал за изолација на стакло; завртки; резервни делови, хемикалии, лепило, двоено застаклување, калциум оксид, молекуларни сита, полупроизводи, бои за стакло, сода, течни стакла. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2014 година. За повеќе информации за ISTANBUL WINDOW 2014 -посетете ја веб страната http://www.istanbulwindowfair.com/ или контактирајте не`.
Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk
Перо Авакумовски тел.02 3244 048 факс:02 3244 088 pero@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Бизнис-форум
“ИНДИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕРОПА” (27-28 март 2014 година, Њу Делхи, Индија)
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ и Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија, ве покануваат да земете учество на Првиот бизнис-форум насловен како „Индија со земјите од Централна Европа”. Бизнис-форумот ќе се одржи во периодот од 27-28 март 2014 година во Њу Делхи, Индија. Целта на Форумот е обезбедување платформа која би иницирала нов дијалог на заедништво и синхронизација на економската агенда, секторската соработка и деловно поврзувањето меѓу компаниите од Централна Европа и Индија. Иницијативата би се фокусирала главно на следните сектори: инфраструктура, „чисти и зелени” технологии, фармација, технологии за животната средина, банкарски и финансиски услуги, образование и прехранбена индустрија. Организатори на Бизнис-форумот се Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија. Бизнис-форумот ќе се реализира според следната предлог-агенда: • бизнис-конференција; • сесија по пријавени сектори; • сесија за секоја пријавена земја; • тркалезна маса со амбасадори и извршни директори; • деловни средби. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес за учество, со пополнување на Пријавниот лист кој може да се превземе од веб - порталот на Стопанската комора на Македонија: www. mchamber.mk , до 17 февруари 2014 година. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговскоиндустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнисодноси меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизниссоработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст.
На 24 април 2014 година во Киев, Украина
Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
25
ПОВИК
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании
МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
БИЗНИС ИНФО
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“
УПИСИТЕ ВО ТЕК – ПОЧЕТОК НА 10 МАРТ 2014 ГОДИНА Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“ како дел од програмите за образование на возрасни, по успешно спроведување на првата група од 11 учесници. Програмата за доживотно учење „Готвач во угостителски објект“ е дел од Акредитираните програми од Министерството за образование и наука кои нудат обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Учесниците во првата група од програмата „Готвач во угостителски објект“ успешно ги комплетираа теоретскиот дел кој се спроведе во просториите на Стопанската комора на Македонија и практичниот дел во хотел „Александар Палас“ под менторство на најпознатиот македонски готвач – Љупчо Гиевски. Теоретската и практичната настава им овозможија да се стекнат со знаења и вештини кои подоцна ги имплементираа и во реални услови. По завршувањето на часовите предвидени со практичната настава учесниците продолжија со практична работа исто така во рамките на хотел „Александар Палас“ која што дополнително ги подготви за предизвиците на кулинарството и ги надогради нивните вештини. Уписите за втората група кои ќе имаат можност да учествуваат во оваа програма се во тек! Програмата започнува со реализација на 10 март 2014 година! Борис Тримчев моб: 072 207 091 E-адреса: boris@mchamber.mk
Симона Ристоска тел: 02 32 44 067 E-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Компанија од Турција заинтереисара е да соработува со медицински установи во Република Македонија за пласман на стерилизатори и друга болничка опрема. Валидност дo: 26.3.2014 година Компанија од Пакистан бара застапник во Република Македонија за продажба на постелнина. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република Македонија. Валидност дo: 30.3.2014 година
Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и нисконапонски линиски изолатори. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Норвешка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на соларната енергија со можност за пласман на соларни панели. Валидност дo: 30.3.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични кеси, еластична и
нееластична фолија за пакување на прехранбени производи (грицки, слатки, сладолед и др.). Валидност дo: 8.3.2014 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да откупува метален отпад од Република Македонија. Валидност дo: 8.4.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата. Валидност дo: 8.5.2014 година
четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за угостителство. Валидност дo: 8.4.2014 година Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија на системи на полици за складирање на производи. Валидност дo: 8.3.2014 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати. Валидност дo: 8.5.2014 година Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува ориз од Република Македонија. Валидност дo: 9.3.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на
соларни панели и друга опрема. Валидност дo: 9.4.2014 година Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плсаман на гумени прстени. Валидност дo: 9.3.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на валјаци за боја. Валидност дo: 9.3.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на прозорци. Валидност дo: 9.4.2014 година
на индустриска и воена електроника. Валидност дo: 10.3.2014 година Хрватска компанија бара соработка со македонски компании во дејноста на телекомуникации, инсталација, монтажа, инженерство и проектирање. Валидност дo: 10.3.2014 година Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонски компании за обновливи извори на енергија и животна средина. Валидност дo: 10.4.2014 година Контакт:
Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се вклучени во производство на системи за лифтови, контрола
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОКРОВИТЕЛИ
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia