Skip to main content

Бизнис ИНФО број 94 од 19.04.2012 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 94 од 19.04.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Македонско-чешки бизнис-форум со учество на министрите по економија и индустрија и трговија од двете земји

ТРАСИРАН ПАТОТ КОН УШТЕ ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Барање на Групацијата на рибарството и Здружението на рибо-производители

„Империал Тобако“ одбележува 10 години на македонскиот пазар

ПРОГРАМАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РИБАРСТВОТО ДА СЕ ВРАТИ НА ДОРАБОТКА

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 23 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИ МАШИНИ ЗА ИЗРАБОТКА И ПАКУВАЊЕ НА ЦИГАРИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО КАСТРЕЊЕ И КАЈ КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ Кратењето е поради рецесијата на голем број земји во ЕУ, што предизвика последици и во македонската економија и во буџетските приходи во првите три месеци од годинва. Со ребалансаот ќе се подобри ликвидноста во домашната економија.

финални дискусии да се реализира оваа инвестиција од 75 милиони евра.

ЗА ДА НЕ УВЕЗУВАМЕ МЛЕКО, ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ЗЕМЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 100 ОТСТО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

од ревизорските извештаи што се однесуваат на јавните набавки. Притоа, секогаш нагласуваме дека статистичките показатели се резултат од извештаите за ревидираните субјекти во конкретната година. Од година во година субјектите, кои се предмет на ревизија се разликуваат,

Состојбите со производството на сурово кравјо млеко се полоши од лани, тоа и понатаму продолжува да опаѓа.Примарното производство е во стагнација и ние статистички го чувствуваме тоа. Дополнително, имаме Поради тоа во последната година неколку проекти од 10 до 30 инвестиравме 2 милиона евра за увоз милиони евра во завршна фаза за кои на млади јуници од Германија, кои очекуваме одлука наскоро. Така, оваа им ги распределивме на речиси сите година ќе биде доста плодна. фармери во пелагонискиот крај. Тоа е бавен процес, но резултати очекуваме (Веле Самак, Министер наесен. освен тие што се пропишани со закон за странски инвестиции) за задолжително вршење ревизија Намалувањето на секоја година, сите други се различни приходната и расходната страна во споредба со претходната година. се движи меѓу 4,5 и 5 проценти од ДОЛГОРОЧНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ Тоа е така бидејќи надлежноста на оригиналниот Буџет за 2012. Има БИЗНИСОТ НА ЛЕАРНИЦАТА ДЗР според Законот за државната намалување кај сите министерства и ревизија е да врши ревизија на околу ниедно од нив не е поштедено. Секаде Иако МЗТ „ Леарница“ 1.400 субјекти во јавниот сектор, а ќе има штедење кое е сконцентрирано, воопшто не купува отпад од откупните просекот кој може да го реализира е главно, на три категории - стоките и центри, туку купува технолошки отпад околу 80 ревизии годишно. услугите, трансферите и капиталните директно од „Митал“, со забраната за И оваа бројка бара посебно расходи. внатрешен промет со откуп ние нема Во Македонија има и елаборирање. Нашиот податок е дека Ниеден капитален проект да можеме да набавуваме суровини голем увоз на преработено млеко во последните две години за 25 отсто нема да биде запрен со ребалансот и ќе мора да го прекинеме целото од странство. Ние сме земја која има од извршените јавни набавки не се и за сите има средства. Ќе се штеди производство, иако над 95% е за отворен пазар, нема никакви лимити. спровеле постапки според законот. само кај тие што се реализираат со извоз. За да немаме увоз на млеко од Но, овие 25 отсто за 2010 не се побавна динамика или кај оние за Се обидовме да увеземе надвор, домашното производството однесуваат за истите субјекти како во кои е утврдено дека намалувањето метален отпад и од Србија, но покрај треба да се зголеми најмалку за сто 2009, што значи бројките не можат на средствата до крајот на годинава фактот што тој е многу поскап, постојат отсто. така едноставно да се споредат или нема да им наштети. многу процедури и дозволи за кои да се каже генерално дека тој податок треба допрва да аплицираме и на чие (Предраг Цветковиќ, се однесува за сите јавни набавки (М-р Зоран Ставрески, минстер добивање може да чекаме со недели. менаџер во битолската млекарница) во јавниот сектор. Само да појаснам за финансии и потпретседател Повеќе од сигурно е дека со ваков дека во 2010 година кај 53 отсто од на Владата на Република Македонија) застој во работењето ќе ги изгубиме ревидираните субјекти, прв пат беше сите договори и извозни зделки, што КАЈ СЕКОЈА ЧЕТВРТА НАБАВКА НЕ Е вршена ревизија. Се надевам дека ќе биде голем удар за компанијата со СПРОВЕДЕНА ЗАКОНСКАТА до следната ревизија овие субјекти ПЛОДНА ГОДИНА СО ИНВЕСТИЦИИ! долгорочни последици. ПОСТАПКА! ќе покажат подобри резултати во работењето. Имаме повторен интерес (Илија Спиревски, Ние секоја година во од „Монтипе’, кои разгледуваат генерален директор на Годишниот извештај за работењето (Тања Таневска, рестартирање на проектот во МЗТ Леарница) на ДЗР, особено внимание главен државен ревизор) Македонија и повторно сме во посветуваме и на анализа на наодите

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер

Покровители

на


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

3

ПОСЕТИ

Македонско-чешки бизнис-форум со учество на министрите по економија и трговија од двете земји

ТРАСИРАН ПАТОТ КОН УШТЕ ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА Македонија и Чешка имаат одлични економски односи, но максималниот капацитет за нивно продлабочување се` уште не е искористен, оценија министерот за економија Ваљон Сарачини и неговиот чешки колега, министерот за индустрија и трговија Мартин Куба, на Македонско-чешкиот бизнисфорум во Стопанската комора на Македонија (17.4.2012 година).

во Скопје и гостинот Јозеф Чилек, потпретседател на Стопанскската комора на Чешка. -Во Стопанската комора на Македонија чешките компании секогаш ќе имаат сигурен професионален поддржувач и место од каде што ќе ги остваруваат сите нивни деловни активности во Македонија. Во потенцијалните македонско-чешки трговски и

Енергетиката, инфраструктурата, минералните суровини, туризмот и агро-индустријата се само дел од секторите преку кои двете земји ќе ја интензивираат бизниссоработката. Според нив, ќе се работи и на зголемување на инвестициите каде, исто така, има простор за подобрување. Присуствуваа по 30 компании од двете земји кои остварија директна средба и се договараа за идна соработка. Компаниите беа од областа на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании, партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. На форумот се обратија и д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште

инвестициони партнерства гледаме начин за пренос на новите технологии и иновации и пат за поголемо вклучување во пазарите на ЕУ. Тоа е начин да ја зголемиме скромната билатерална трговска размена од само 83 милиони САД $ минатата година, и да го елиминираме, односно да го ублажиме хроничниот трговски дефицит на македонска страна, -

нагласи д-р Горан Рафајловски. Стопанската комора на Македонија и Чешката трговска комора, според Рафајловски, имаат огромна одговорност со премиерите и министрите на нивните држави, непосредно да го поддржат унапредувањето на билатералната стопанска соработка. Ова е од особена важност во време кога целата светска економија се` уште ги трпи ударите од кризата. Најпроблематична е непредвидливоста на овој процес, како во неговото траење, така и во содржината. -Затоа со посебно внимание се однесуваме при воспоставувањето комуникација меѓу приватниот и јавниот сектор и поттикнувањето на секоја иницијатива којашто може да изроди заеднички потфат, производ, - додаде Рафајловски. - Се надевам дека ова е само почеток на натамошната уште подобра трговска соработка која во иднина секако ќе ја продлабочиме. Таа е интензивирана и преку имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација што ја имаме потпишано со земјите-членки на ЕУ, како и преку членството во Светската трговска организација, изјави Сарачини пред почетокот на Македонско-чешкиот бизнис-форум. Господинот Куба, кој е дел од високата владина делегација допатува во официјална посета на Македонија, изрази убедување дека разговорите на министерско ниво значително ќе придонесат за подобрување на


4

ПОСЕТИ

БИЗНИС ИНФО

билатералните односи. - Работа на ресорните министри е да овозможат повисоко ниво на економска соработка. Ако тоа не го постигнат, не си ја завршиле добро работата. Македонија и Чешка имаат долга историја на меѓусебно добри економски односи кои се особено продлабочени во последните години. Но, се` уште не го достигнале полниот потенцијал. Основното прашање што денеска можеме да си го поставиме е, какви чекори треба да преземеме за негово максимално искористување, - рече Куба. Целта на неговото учество

за македонското евроинтегрирање и целосната подготвеност да помогне во преговорите. Двајцата министри пред почетокот на форумот имале билатерална средба на која, меѓу другото, биле презентирани македонските можности за инвестирање во делот на енергетиката, туризмот, земјоделството, минералните суровини, ИТ и градежништвото. Двајцата министри догoвориле во последното тромесечје од годинава да се одржи седница на првиот Мешовит комитет

на Бизнис-форумот во Скопје, нагласи, не е само презентација на чешките фирми, туку и повик до македонските компании за искористување на можностите што ги нуди чешкиот пазар. Министерот Куба ја потврди чешката поддршка

кој произлегува од Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Чешка. Комитетот треба да ги разгледа можностите и да ги дефинира натамошните чекори за интензивирање на деловната соработката.

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај меѓу Македонија и Чешка ОЛЕСНУВАЊЕ И РЕГУЛИРАЊЕ НА МЕЃУСЕБНИТЕ ВРСКИ Македонија и Чешка ги уредија меѓусебните односи во меѓународниот превоз во патниот сообраќај со Спогодба, што ја потпишаа во Скопје министрите за транспорт на Македонија и на Чешка, Миле Јанакиески и Павел Добеш. - Целта на потпишаната спогодба е да се промовира заеднички поволен развој на трговските и економските односи и да се олесни и регулира меѓународниот патен превоз на патници и стока во патниот сообраќај помеѓу, во транзит преку своите земји, како и патниот транспорт за и од трети земји, соопшти Министерството за транспорт и врски. Станува збор за прва спогодба која Чешката Република ја потпишува со земја која не е членка на Европската Унија. Министрите Јанакиески и Добеш претходно на билатерална средба разговараа за можностите за соработка во унапредувањето на патниот и железничкиот сообраќај, како и за понатамошна можна соработката во проекти кои се однесуваат на изградба односно рехабилитација на коридорите 8 и 10. Јанакиески, според соопштението, изразил задоволство од соработката меѓу ресорните министерства на двете земји и изразил надеж дека во наредниот период ќе биде зајакната и унапредена.

Трговската размена меѓу Македонија и Чешка во првите два месеца од годинава достигна 18 милиони САД долари, од кои четири милиони се извоз од македонска страна, а 14 милиони се увоз. Околу 67 отсто од вкупниот увоз отпаѓа на електричната енргија. Лани размената изнесуваше 83 милиони САД долари, од кои 60 милиони увоз и 23 извоз. Минатата година од вкупните инвестиции во земјава, 0,2 отсто или 600 илјади евра биле чешки. Тоа, констатираа Сарачни и Куба, особено остава простор за уште поголема соработка. Деловните луѓе од двете земји имаа плодни билатерални средби по официјалното завршување на форумот. Ирена Мојсовска


БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

ДОСИЕ

5

ПОСЕТИ

Економска соработка меѓу Македонија и Чешка ТРАДИЦИОНАЛНО ДОБРИ И ДОЛГОРОЧНИ РЕЛАЦИИ

Фирмите од Република Македонија и Чешката Република соработуваа долго врз основа на взаемен интерес и компатибилност на структурите на двете економии. Република Чешка беше еден од позначајните партнери на Република Македонија во периодот пред 1992 година. Затоа македонските фирми, извозно-увозните, а особено градежните фирми, имаа претставништва во Прага, кои работеа на унапредување на билатералната економска соработка. Процесите на транзиција во двете земји ги променија состојбите. Бројни фирми кои соработуваа или имаа долгорочни ангажмани, ја прекинаа соработката поради престанување на производството или преориентирање на друг пазар. Влегувањето на Чешка во ЦЕФТА, во претпристапниот период кон ЕУ (1995-2004), влијаеше неповолно врз билатерално-економската соработка, заради фактот што земјите-членки на ЦЕФТА разменуваа стоки без царина, додека Република Македонија како трета земја плаќаше полно царинско оптоварување. Поради тоа, покрај квалитетот и конкурентните цени, македонските производи беа поскапи од оние од земјите-членки на ЦЕФТА за нивото на царинското оптоварување. Состојбите со влегувањето на Чешка во полноправно членство на Европската унија позитивно влијаат, бидејќи во билатералната размена се применува Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со ЕУ. Со тоа пристапот на македонските производи е поголем, а конкурентноста значително се зголеми. Со имплементација на ЦЕФТА 2006 (ноември 2007), се зголеми конкурентската способност на нашите компании во однос на регионот, ви за ви ЕУ, вклучувајќи ја и Чешка Република. ЦЕФТА 2006 овозможува вградување на инпутот со чешко потекло без царина во македонскиот производот и неговиот извоз без царина во земјите-потписнички на ЦЕФТА 2006 кои имаат склучено договори за стабилизација и асоцијација со ЕЗ (Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија). Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Чешка Република Вкупната трговска размена на Република Македонија со Чешката Република во 2011 година достигна вредност од 83,1 милиони САД$, што претставува раст од 23,8% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 22,7 милиони САД $ или раст од 48,4%, додека увозното салдо изнесува 60,5 милиони САД $, што е зголемување од 17,9% споредбено со истиот период од 2010 година. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 37,8 милиони САД $. Трговска размена со Р.Чешка во 2011 година Во САД долари Извоз

Увоз

Вкупно

количина во кг

сума во САД $

количина во кг

сума во САД $

количина во кг

сума во САД $

30.401.906,00

22.671.427,00

18.577.694,00

60.511.216,00

48.979.600,00

83.182.643,00

Споредбен приказ на трговската размена 2011-2010 година Вкупна размена

Во САД долари

Извоз

Увоз

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

66.647.123,00

83.182.643,00

123,8

15.314.788,00

22.671.427,00

148,4

51.332.335,00

60.511.216,00

117,9

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • прехранбени производи – 9,4 милиони САД $; • производи од железо и челик – 3,8 милиони САД $; • облека – 1,8 милиони САД $; • електрична енергија – 1,2 милиони САД $; • феросилициум- 1,2 милиони САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • моторни возила – 7,3 милиони САД $; • електрична енергија – 4 милиони САД $; • површински активни препарати за перење и чистење – 8,2 милиони САД $; • телевизори – 3,4 милиони САД $ и др. Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Чешка Стоковна размена (2000 / 2009) Во илјади САД $ 2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

Извоз

237.498

233.323

278.353

315.576

317.220

375.475

484.023

563.252

9,3

Увоз

213.369

280.761

303.872

365.644

368.187

369.269

525.315

650.333

51,9

Вкупно

450.867

514.084

582.225

681.220

685.407

744.744

1.009.339

1.213.585

61,2

Трг. салдо

+24.129

-47.438

-25.519

-50.068

-50.967

+6.207

-41.291

-87,081

-42,6


БИЗНИС ИНФО

6

ПОСЕТИ

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ НА ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗЕМЈА

2008 Вкупно вложувања

2007 Вкупно вложувања

ВО МИЛ. ЕВРА

2006

2005

2004

Вкупно вложувања

Вкупно вложувања

Вкупно вложувања

Чешка

-0.24

2,81

0,0177

0,0455

-0,0259

ТОТАЛ РМ

371,04

505,98

344,7867

72,2131

260,7616

(* Извор: Народна банка на РМ)

БРОЈКИ И ФАКТИ

РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Површина вкупна

78.866 км2

Локација

Централна Европа, Југоисточно од Германија

Главен град

Прага

Граници

вкупно: 1,881 км (Австрија 362 км, Германија 646 км, Полска 658 км, Словачка 215 км)

Локација

Централна Европа, граничи со Балтичкото и Северното Море, меѓу Холандија и Полска, јужно од Данска

Население

10.220.138 (Јули 2008)

Религии

Римокатолици 26,8%; Протестанти 2,1%; други 3,3%; атеисти 59%

Етнички групи

Чеси 90,4%, Турци 2,4%, други 6,1% (главно Грци, Италијанци, Полјаци, Руси, Срби, Хрвати, Шпанци)

Природни ресурси

камен јаглен, каолин, глина, графит, дрвена граѓа

Јазици

чешки, словачки

Економски показатели БДП куповна моќ

272,2 милијарди САД $ (2011)

БДП стапка на пораст

1,8% (2011)

БДП по жител

25.900 САД $ (2011)

БДП по сектори

земјоделство 2,2%, индустрија 38,7%, услуги 59% (2011)

Работна сила

5,3 милиони (2011)

Невработеност

8,5% (2011)

Индустрија

металургија, машини и опрема, моторни возила, стакло

Индустриска стапка на пораст

6,7% (2011)

Земјоделски производи

пченица, компири, шеќерна репка, овошје; жива стока, живина

Извоз

146,7 милијарди САД $ (2011)

Извозни производи

машини и транспортна опрема, хемикалии, сировини и гориво (2011)

Извозни партнери

Германија 25,6%, Словачка 8.7%, Австрија 4,7%, Полска 6,2%; Велика Британија 4,9%; Франција 5,5%, (2010)

Увоз

143,5 милијарди САД $ (2011)

Увозни производи

машини и транспортна опрема, хемикалии, сировини и гориво

Увозни партнери

Германија 31,7%, Кина 11,9%, Словачка 5,2%, Полска 6,2%; Русија 5,4% (2010)

Правната рамка во која се одвива економската соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Чешка за поттикнување и заемна заштита на инвестиции - МД - 7/02 Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Чешката Република за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискалната евазија по однос на данокот на доход и данокот на капитал - МД -7/02 Закон за ратификација на Спогодбата за трговија меѓу Македонската Влада и Владата на Чешката Република - МД - 61/97 Договор за стабилизација и асоцијација меѓу ЕЗ и Република Македонија ЦЕФТА 2006 Спогодбата за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Чешката конфедерација на индустријата


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

Барање на Групацијата на рибарството и Здружението на рибо - производители ПРОГРАМАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РИБАРСТВОТО ДА СЕ ВРАТИ НА ДОРАБОТКА Групацијата на рибарството и Здружението за рибо производители бараат да се преработи годишната програма за поддршка, како и 12 годишната програма за субвенционирање на рибарството и аква- културата со важност до 2024 година. Тие не се задоволни со начинот на кој се распределени средствата како и на критериумите кој треба да бидат исполнети за да се користат средствата од програмите. Реагираат и на одлуката да се скратат близу 40% од првично планираните средства за поддршка на рибарството за оваа 2012 година. Ова беше истакната на прес конференција на 12.4.2012 година во Стопанската комора на Македонија на тема „Програма за унапредувањена рибарството и аквакултура во Република Македонија, донесена за период од 12 години“. Претседателот на Групацијата за рибарство Сашо Дранго вели дека изминатите години со државна поддршка производството на риба е зголемено за повеќе од 100 отсто - од 700 тони во 2005-та на 1800-тини тони во 2011 година. Перспективата е, вели Дранго, со продолжување на таквата тенденција, Македонија за 5 години да произведува повеќе од 5.000 тони годишно риба. Средствата што владата ги вложува како субвенции во рибарството преку кофинасирање во следната година и се враќаат преку приходите од ДДВ. Дополнително во државната каса се слеваат и приходи од придонесите на вработените во овој сектор кои изнесуваат 40% од бруто платата, нови вработувања и отворање нови рибници.

Од 4 регистрирани рибници во 2005-та година, Македонија сега има над 70 регистрирани рибници. Во најава се изградба и на два преработувачки капацитети. Дополнителен проблем за рибарите се и концесиите. На реката Црна на пример има барање за 6 концесии изградба на рибници, досега ниту една не е издадена. -Без концесија на водата ние не можеме да градиме рибници. - додаде Сашо Дранго. - Без концесии и без водостопански дозволи не може да се конкурира ниту во рамки на Владината програма. Елеонора Димова, претседател на Здружението на рибо - производители прашува како ќе се развива приватниот бизнис ако не се инвестира во стопанството и пред се во производството? Ваквата програма за рибарството и за аквакултурата не води кон развој и заради тоа рибарите преку Стопанската комора на Македонија бараат истата да се врати на доработка и во неа да се вклучат и самите рибо - производители и да се слушнат нивните потреби за да биде во корист на аквакултурата во РМ, порача Димова. Даниела Михајловска Василевска

7

ФОКУСИРАНО

МОЖНОСТИ Семинар за контрола на процесот на одлучување ОБУКА ЗА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ НА ПОЈАВИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕСТАБИЛНОСТ И КРИЗА Во рамките на Стопанската комора на Македонија, на 11.4.2012 година се одржа еднодневен семинар на тема: „Контрола на процесот на финансиско одлучување во компаниите во насока на зголемување на извесноста на очекуваните резултати во услови на нестабилност и криза“. Учесниците на семинарот се запознаа со начините на кои може да се придонесе за подобрување на извесноста во финансиските текови и очекувањата од потенцијалните проекти на компаниите, како и потенцирање но и управување со ризиците кои можат да се превидат во финансиската анализа и особено во услови на нестабилност и криза. Предавач на овој еднодневен едукативен настан беше др Саво Ашталкоски, универзитетски професор, кој на учесниците пред се` им ја објасни организацијата на процесот на инвестиционо и финансиско одлучување, како и проблемите кои се појавуваат при проблемите во капиталното буџетирање, анализата и селекцијата на проекти и при проценките на финансиските текови од проектите. Се анализираше конзистентноста на проектите, на конфликти на интереси и можните субјективни елементи во процесот, како и начинот на намалување на грешките во прогнозирањето и предлог- решенија во врска со погоренаведените проблеми и прашања. Д-р Саво Ашталкоски ја објасни и анализата на сензитивност, вреднување на информациите, како и анализата на сценарио, на рентабилност, сметководствена анализа на рентабилност и анализа на рентабилност според НСВ. Воедно, учесниците имаа можност да се запознаат и со значењето на оперативниот левериџ, како и за придобивките од анализите на сензитивноста, сценарио и рентабилноста во евалуацијата на проектите. Беше претставен и начинот на кој се креира дијаграм на последователни одлуки и тестирање на можни исходи, опција за проширување на проектот и опција за откажување. Учесниците на семинарот имаа можност заедно со предавачот да обработат конкретни случаи за анализа на сензитивноста на проценките на готовинските текови на проектите, корисноста од примена на сценарио-анализата во конкретни случаи, пресметка на рентабилноста на проектите, како и начинот за користење на MS Excel функциите за вреднување на проектите и ефективно донесување одлуки. По спроведувањето на оваа практична вежба беше разработен поимот за внесување на „флексибилност” во проектот, односно флексибилноста како решение за намалување на влијанието од непредвидени настани, потоа тајминг на проектот, вреднување, улога и значење, по што беше покрената дискусија од страна на присутните учесници на кои им беше дадена можност да постават низа прашања поврзани со темата на семинарот. Секој од учесниците доби соодветен сертификат за знаењата и вештините кои ги стекнаа. Анита Митревска


8

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Oд ИФЦ преку Охридска банка ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ПОДДРШКА ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

Охридска банка обезбеди 10 милиони евра приоритетен кредит од ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка. Тоа ќе и` овозможи на банката да го зголеми пристапот кон финансии на малите и средни претпријатија и да го зајакне економското заздравување на државата. Како што се наведува во соопштението, новиот кредит е дел од стратегијата на ИФЦ за зајакнување на банкарскиот сектор во регионот и поддршка на економското заздравување со зголемување на

кредитирањето на малите и средни претпријатија. Кредитите се наменети исклучиво за финансирање на инвестициски проекти - основни средства, при што најмногу 30 отсто од потзаемот може да биде искористен за финансирање на обртни средства. Потзаемите ќе се одобруваат на износ помеѓу 10.000 и 1.000.000 долари по заем. - Оваа трансакција го зацврстува нашето стратешко партнерство со ИФЦ. Кредитот на ИФЦ понатаму ќе ја зголеми разновидноста на изворите на финансирање на Охридска банка и ќе ни помогне во зајакнувањето на нашата кредитна поддршка за мали и средни претпријатија, кои `и се спротивставуваат на кризата инвестирајќи во иднината, изјави Филип Котора, шеф за дистрибуција и оперативен маркетинг во Охридска банка, а го цитира МИА. ИФЦ продолжува со давање силна поддршка на банките и бизнисите во Европа и Централна Азија, фокусирајќи се на банките кои го поддржуваат економскиот раст и создавањето работни места.

Охридска банка е четврта најголема банка во Македонија, со вкупни средства од 396 милиони евра и мрежа од 28 подружници. Сосиете Женерал е главниот акционер со 70 проценти од капиталот на Охридска банка. - Ние работиме со Охридска банка и Сосиете Женерал за стабилизација на финансискиот и банкарскиот систем во регионот и за да се осигураме дека капиталот тече кон луѓето и бизнисите на кои им е потребен, изјави Афтаб Ахмед, директор во ИФЦ, финансиски пазари, Европа и Централна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Тој додаде дека кредитот ќе го зголеми финансирањето за помалите компании, ќе генерира извоз и можности за вработување во државата. Македонија стана акционер и член на ИФЦ во 1993 година. Портфолиото на ИФЦ во државата е со износ од 87 милиони долари до 31 декември 2011 година. ИФЦ ги фокусира своите инвестиции на зголемувањето на пристапот до финансии преку поддршка на локалните финансиски институции. Советодавните услуги на ИФЦ имаат за цел подобрување на работењето на компаниите во приватниот сектор и привлекување на учеството на приватниот сектор во инфраструктурни проекти. ИФЦ, членка на Групацијата на Светска Банка, е најголемата глобална развојна институција која исклучиво се фокусира на приватниот сектор. Ние им помагаме на земјите во развој да постигнат одржлив пораст со финансиски инвестиции, обезбедување советодавни услуги за бизниси и влади и со мобилизирање на капитал на меѓународните финансиски пазари. Во фискалната 2011 година, среде економската несигурност секаде во светот, ние им помогнавме на нашите клиенти да креираат работни места, да го зајакнат работењето со животната средина и да придонесат кон нивните локални заедници— додека истовремено ги доведовме нашите инвестиции до највисок износ досега од скоро 19 милијарди долари.

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

Скопско Радлер – нов производ од “Пивара Скопје“ СОВРШЕН СПОЈ НА ПИВО И СОК Скопската “Пивара“ го промовираше новиот освежител пијалок кој претставува совршен спој на пиво и сок од лимон Скопско Радлер. Скопско Радлер е помладиот “брат” на супериорното Скопско и претставува уникатен микс од најпознатото македонско пиво и сок од лимон. -Од традиционалните пиварски мајстори на нашето супериорно Скопско , со лидерски поттик на нашиот иновациски тим, го создадовме Скопско Радлер како спој на најсаканото пиво на пазарот и сок од лимон. Производот е создаден за млади, активни луѓе кои се во потрага по совршено освежување. Верни на речиси девет децениската традиција да бидеме производител на еден од најпрепознатливите македонски брендови, пивото што го дефинира македонскиот пазар, СКОПСКО, ние во Пивара Скопје АД ја продолжуваме нашата посветеност во изнаоѓање иновативни решенија за целосно задоволство на потрошувачите. Веруваме дека оваа пропозиција ќе биде ултимативното освежување ова лето. - вели Диедерик Калф, комерцијалниот директор на Пивара

Скопје АД. Благодарение на широката дистрибутивна мрежа на Пивара Скопје АД, Скопско Радлер ќе биде достапно до сите македонски потрошувачи во стаклено пакување од 0,33л., како и во лименка од 0,5л. Скопско Радлер ќе се продава по исти малопродажни цени како и соодветните пакувања на Скопско. Поимот Радлер се поврзува со германскиот гастроном Франц Хавиер Куглер кој во 1922 година за првпат одлучил да ги помеша пивото и лимонадата со што постигнал неверојатно ново искуство.


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

9

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Империал Тобако одбележува 10 години на македонскиот пазар ИНВЕСТИЦИЈА ОД 23 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИ МАШИНИ ЗА ИЗРАБОТКА И ПАКУВАЊЕ НА ЦИГАРИ Тутунската компанија Империал Тобако (ТКС) со инвестиција од 23 милиони евра во фабриката во Скопје, оваа 2012 година ќе го одбележи 10-годишното присуство на македонскиот пазар. Компанијата,

Парат, денеска информира дека со инвестицијата, производството од 6 милијарди ќе се зголеми на 10 милијарди цигари. Инаку, досега од вкупно производените, три милијарди цигари се продаваат на македонскиот пазар, а останатите се извезуваат во балканските земји. Тој нагласи дека се додека расте пазарниот удел, ТКС и понатаму ќе инвестира, како балкански производен центар во Македонија. Оваа тутунска компанија,

во која се вработени 320 лица, ќе инвестира во нови машини за изработка и пакување цигари, со што ќе биде една од најмодерните фабрики во регионот. Покрај комплетниот редизајн на фабриката, ќе биде набавена и нова опрема за следење на производот. Генералниот директор Ричард

со 70 проценти пазарен удел, со повеќе меѓународни стандарди за производство, според Парат, е еден од 10–те најголеми даночни обврзници во Македонија и е во групата на 15 најголеми извозници. ТКС за сите свои пазари низ светот откупува повеќе од 3.000 тони македонски тутун годишно, а само во 2011 година е откупен

тутун во вредност од 12 милиони американски долари. Го употребуваме македонскиот тутун за производство секаде во светот, но не можете да направите целосна цигара од овој тутун. Најверојатно откупот на тутун ќе биде зголемен за околу 10 проценти, рече Парат, појаснувајќи оти тутунот кој се произведува во Македонија е ориентален и неговиот вкус се употребува околу 12 проценти во производството на една цигара. Околу 55 проценти или 4 милијарди цигари од фамилијата на произведените девет брендови во Македонија, се извезуваат во седум земји во регионот и тоа Словенија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. На новинарско прашање дали ТКС е заинтересиран за влегување во Прилепскиот тутунски комбинат, генералниот директор Парат оцени дека компанијата нема потреба од уште еден производен капацитет во Македонија. Тој го поздрави и потпишаниот договор со Кина за извоз на тутун. Во Македонија, според статистичките податоци, 40 проценти од наслението се пушачи, но тој процент, согласно анализите, постојано се намалува. ТКС како 4 – та најголема тутунска компанија во светот, со 55 производствени фабрики, 38 илјади вработени лица, со сопствени брендови во повеќе од 170 земји, е присутна на берзите во Лондон, Њујорк, Франција и Шпанија.


10

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Николајчо Николов, заменик-генерален директор на рудникот „Бучим“ и претседател на Македонската асоцијација на рударството (МАР) за „Утрински весник“ „СОЛВЕЈ“ ГО ПРЕПОРОДИ МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО „Силниот инвеститор го постави „Бучим“ во првите редови на најголемите извозници на земјава“, вели Николајчо Николов, заменикгенерален директор на рудиникот за бакар „Бучим“ и претседател на Асоцијацијата за рударство во Стопанската комора на Македонија

Руската компанија „Солвеј“ ја живее осмата година од моментот кога на меѓународен јавен тендер ја даде најповолната понуда за купување на единствениот рудник за бакар „Бучим“ во близина на Радовиш. Големиот рударски капацитет, кој беше во фаза на распаѓање, во „Солвеј“ доби силен и одговорен инвеститор кој за мошне кусо време го стави „Бучим“ на 11. место меѓу стоте топ-извозници во нашата држава. Рускиот инвеститор „Солвеј“, со седиште во Москва, го купи и рудникот за олово и цинк „Саса“, кој е на шестото место меѓу стоте најголеми извозници во Македонија. Ова е повод повеќе за разговор со заменикгенералниот директор во „Бучим“, Николајчо Николов, кој е најзаслужен за доаѓањето на руската компанија во нашата држава. * Господине Николов, факт е дека во Македонија, а посебно во Радовиш постои големо задоволство од начинот на кој функционира рудникот, од решеноста на инвеститорот постојано да вложува во неговиот развој, но и во отворањето нови наоѓалишта на бакар во нашата држава. Кога сега ги сумирате резултатите, би сакале да ни кажете за колкави инвестиции се работи? „Бучим“ во рамките на семејството на „Солвеј“ започна да работи во 2005 година. Од тој момент до денес во рудникот се инвестирани над 30 милиони евра. Овие средства

БИЗНИС ИНФО во континуитет се вложувани во најсовремена рудничка технологија, како за коповите, исто така и за флотацијата. Тоа ни овозможи да дојдеме до производство од 7.000 до 8.000 тони катоден бакар на годишно ниво. Целото производство е за извоз што не’ вброи во респектибилното друштво од сто топ-извозници од Македонија. Но, не застануваме тука. Во близина на Пехчево траат геолошките истражни работи и сосема е сигурно дека таму ќе никне нов рудник за оксиден бакар. Тоа ќе биде нова инвестиција од 100 милиони евра, ќе се отворат најмалку стотина работни места, а за тоа колкаво ќе биде производството ќе можеме да говориме кон крајот на годинава, кога ќе завршат истражните работи на „Кадиица“. Во исто време вршиме геолошки истражувања во локалитетот Боров Дол во атарот на општините Конче и Штип каде што за археолошки истражување дадовме 60.000 евра на Музејот во Штип. Таа подготвеност

на „Солвеј“ постојано да инвестира во Република Македонија само ни ја потврдува решеноста на компанијата овде да остане подолго време. *Речиси сите овие години „Бучим“ работи со добивка. Каков е Вашиот однос кон дивидендата? - Целата добивка ја реинвестираме. Тоа е така сите овие години. Таква одлука има донесено централата на „Солвеј“ во Москва. Инвестирање во иднината, тоа е филозофијата на компанијата која ние, како најодговорни за рудникот, на чело со генералниот директор Васил Борутскиј, доследно ја реализираме. А тоа значи секогаш и само најсовремена рударска опрема, нови работни места, солидни плати на рударите. Со еден збор – иднина.

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

*Помалку или повеќе светската економска криза се почувствува и во нашава држава. Како таа се одрази врз работењето на „Бучим“? - Ние сме дел од светот и не е можно светските економски процеси да не’ одминат. Но, со добра, упорна и квалитетна работа на сите 670 вработени, со добра организација, со силна посветеност на раководството успевавме да ги амортизираме ударите од кризата. Успешниот тренд на остварување на планираното производство продолжува и годинава иако имавме жестока зима, која на рудниците кои работат со отворени копови им носи многу проблеми. За тоа се најзаслужени нашите рудари кои храбро ги издржаа предизвиците, а јас и во оваа пригода им ја искажувам сета благодарност. *Сведоци сме, господин Николов, на

постојан раст на цените на главните енергенси кои се значајна ставка во цената на Вашиот производ. Кој е Вашиот став во однос на оваа состојба? - Апсолутно сте во право кога го поставувате ова прашање како проблем. Во првите два месеца од годинава бевме непријатно изненадени од зголемувањето на цената на електричната енергија. Сакам да посочам дека имаме договор за снабдување со струја од Бугарија, но таму во декември и јануари, поради штрајкови и поплави, во еден период беше прекинат извозот на струја. Тоа не принуди да се снабдуваме со струја од други страни, но по многу повисоки цени, бидејќи со нив немавме договор. Тоа ни причини голема финансиска


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

штета, посебно ако се знае дека електричната енергија во вкупна цена на нашиот производ учествува со 30 проценти. Посебна приказна е во однос на нафтата која во цената на бакарот учествува со 9 проценти. Постојаното зголемување на нејзината цена го зголемува и нејзиниот удел во вкупната цена на нашиот производ. Стравуваме од можната реализација на заканите кон Иран, кои доколку се реализираат, може да предизвика ново, драстично зголемува на цената на нафтата. За нас е утешително тоа што и покрај падот што се случи деновиве, цената на бакарот на светската берза е во границите кои ни овозможуваат профитабилно работење. *Добрата работа и позитивните финансиски резултати треба да носат корист за вработените. Како стои „Бучим“ во овој сегмент? - Во рудникот денес работат над 670 лица, заедно со обезбедувањето и ресторанот. Просечната нето-плата е 450 евра, имаме одличен ресторан со најдобра и најквалитетна храна за рударите за кои ја обезбедуваме најдобрата лична и колективна заштита при работа. За менаџерскиот тим вработените, не само декларативно, туку и суштински, се прашање од највисок приоритет. Во однос на платите го следиме порастот на трошоците на живот и со ист процент ја зголемуваме висината на платата. За минатата година Заводот за статистика излезе со податок дека цената на прехранбените производи била зголемена за три проценти за колку и ние ја зголемивме платата. Ќе направиме напори, доколку финансиските услови го дозволат тоа, во делот на платите да интервенираме и во второто полугодие од тековната година. Инаку, сакам да бидам прецизен: покрај вработените, од работата на рудникот егзистираат и поголем број семејства во градот, околината и државата, а за рудникот возат и 20 камиони од Радовиш, што значи дека дваесет нивни возачи и нивните семејства живеат од „Бучим“. *Во осумгодишното присуство во Македонија, како менаџерски тим, сработивте голема работа за нашата економија и за социјалната стабилност на Радовиш. Дури и во многу тешки услови на стопанисување, 2008 и 2009 година ги завршивте позитивно. Во 2010 година, која беше една од најризичните од аспект на работата на рудничките капацитети во последната

БИЗНИС ИНФО деценија, Вие донесовте долгорочен план за работа до 2019 година. Добра стратегија, визионерство, одговорен сопственик или.... Поставувате повеќе значајни прашања, па мојот одговор ќе биде редоследен. Прво, точно е тоа дека ние во сите изминати години работиме и остваруваме позитивни резултати. Благодарение на развојната филозофија на „Солвеј“ и на менаџерскиот тим во рудникот, успеавме гигантот паднат на колена да го кренеме на нозе, да го поставиме на здрави, ветувачки основи. Сето тоа не беше воопшто лесна работа. Требаше на „Бучим“ да му го вратиме авторитетот кој некогаш го имал во деловниот свет. А тоа значеше силна посветеност, многу работа, постојано бдеење над производството, квалитетот. Таквиот пристап ни овозможи 2009 година, која беше најкритична, да ја претвориме во надежна што ни даде мотив повеќе за изработка на планот за работа во наредните десет години, односно до 2019 година. Во целата оваа работа не смее да се изостави фактот дека во нашиот рудник експлоатираме апсолутно најсиромашна бакарна руда во светот што не’ доведува до состојба, при евентуална свеска криза, да бидеме најмногу погодени.

11

ПРЕНЕСЕНО *Во однос на новите инвестиции, кон крајот на минатата година го остваривте производството на катоден бакар што е прво вакво производство во Македонија. Дали е тоа круна на успешното работење на рудникот? Тој деловен потфат за нас е посебна гордост. Во новата фабрика за пепелница и производство на катоден бакар инвестиравме 11 милиони евра, вработени се 65 лица а овој потег е значаен и по тоа што реши еден стар и голем еколошки проблем со загадувањето на водите во бучимското подрачје. Засега фабриката работи со половина капацитет, а очекуваме до крајот на годината да го оствариме проектираниот капацитет од 2.400 тони катоден бакар на годишно ниво. Се’ заедно, во догледно време, благодарение на влезот на „Солвеј“ во македонското рударство, ќе имаме годишно производство од над 10.000 тони оксиден и 8.000 тони катоден бакар. *И за крај, нешто за релацијата „Бучим“ - градот Радовиш? Во Радовиш поддржуваме многу нешта што се од значење за граѓаните. Спонзорираме спорт, култура, градинки. Се сметаме за општествено одговорна компанија која води сметка и за благородните аспекти на животот во градот во кој е рудникот. Но, тоа е прашање за нова тема.


12

ПОЗАЈМЕНО

Интервју на Сава Далбоков, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка ШПАРКАСЕ ИМА КАПИТАЛ ЗА ДА ПОДДРЖИ И ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ *Од 17 април преземате нова оперативна функција во Шпаркасе банка. Кои ќе бидат Вашите главни предизвици, цели и обврски во следниот период? Врз основа на настанатите измени во Управниот одбор на банката, јас ќе ја преземам функцијата претседател на Управен одбор

БИЗНИС ИНФО приоритетно Шпаркасе банка Македонија што поблиску да се интегрира со групацијата, преку што најдобро ќе ја обезбедиме стабилноста и сигурноста, која секогаш ја нудиме за нашите клиенти. Нашиот сегашен менаџерски тим го комбинира темелното знаење од групацијата со многу доброто познавање на македонскиот пазар. Исто така, би сакал да истакнам дека промените во менаџментот кои се случија во банката беа направени во конструктивен дух, на високо професионално ниво, со заемно разбирање и договор. Би сакал да им се заблагодарам на досегашните членови–колеги на УО за нивниот придонес во развојот на Шпаркасе банка Македонија.

*Неодамна групацијата Шпаркасе организираше бизнис-форум на кој се претставија бизниспотенцијалите и можностите за инвестирање на Македонија. Кои се ефектите од овој форум и кои се причините поради кои се одлучивте на овој потег?

*Во изминатиот период во Шпаркасе се случија повеќе промени во управувачките структури на банката. На што се должеа тие? Промените во менаџментот, генерално, ги рефлектираат промените во стратешкиот фокус на една институција. Изминативе три години бевме една од најбрзорастечките банки на пазарот во Македонија, зголемувајќи го двојно нашиот удел на пазарот од околу 5%, банката стана една од петте најголеми банки во државата. Со цел најдобро да се реализираат можностите за раст што сме ги виделе, нашиот менаџерски тим доаѓа главно од локалниот пазар. Во тековниот период на забавен економски раст и зголемена неизвесност мислиме дека е

Гледано од позитивна страна, Македонија нуди многу поволна инвестициска клима, која се карактеризира со стабилна монетарна (ниска инфлација, стабилен девизен курс), фискална (низок јавен долг) и политичка средина. Потенцијал за подобрување гледам во областите како што се брзината и ефикасноста на одредени

*Може ли да се очекуваат некои поголеми во начинот на којшто се управува со банката? Ние ја цениме континуираноста и стабилноста. Ќе продолжиме да го поддржуваме развојот на Шпаркасе банка во насока на три главни акценти: повисоко ниво на професионална компетентност, подобра ефикасност и квалитет на услугата, како и создавање поголеми можности за развој на нашите клиенти и вработени. Верувам дека ова е вистинскиот пат за долгорочен успех и ние ќе останеме доследни на истиот.

на Шпаркасе банка во наредниот период. Наша главна цел за оваа година е да се забрза трансферот на know-how, размена на знаења и искуства за добри решенија во кој било сегмент од работењето, меѓу другите членkи од групацијата Ерсте и Шпаркасе (Erste & Sparkasse) со Шпаркасе банка Македонија, како и да продолжиме со подобрување на ефикасноста и на квалитетот на нашето работење. Верувам дека преку ова ќе бидеме во состојба да понудиме подобар и посигурен сервис за нашите клиенти во согласност со меѓународните стандарди.

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

Бизнис-форумот, односно “Денот за инвестиции во Македонија”, кој се одржа на 20 март 2012 година, организиран од Штаермеркише Шпаркасе (Steiermärkische Sparkasse), во соработка со Агенцијата за странски инвестиции Invest Macedonia, беше одлично прифатен кај нашите клиенти и парнери во Австрија. Сметам дека бевме доста успешни во нашата презентација на Македонија како една од атрактивните дестинации за странски инвеститори, додека публиката беше импресионирана од претставувањето на Македонија од страна на гувернерот Димитар Богов и вицепремиерот Владимир Пешевски. За почеток, како резултат се неколкуте барања што веќе ги добивме за соработка во областа на енергетиката и инфраструктурата. Го организиравме овој настан бидејќи се гледаме како партнер на македонската економија и сакаме да ги поттикнеме и да ги охрабриме западните компании да инвестираат во земјата. Мислиме дека странските инвестиции се важен фактор за економскиот раст на државата, а со тоа и за отворањето нови работни места. *Ако некој инвеститор Ве праша кои се позитивните и негативните страни од инвестирањето во Македонија, што би му одговориле? Кои се досегашните искуства на Шпаркасе од влезот во Македонија?

административни и правни процеси, како и понатамошен развој на инфраструктурата во земјата, што е од големо значење за странските инвеститори. *Шпаркасе минатата година ја заврши со загуба која беше објаснета со чистење на билансите на банката од лошите и ненаплативи пласмани. Конкретно што се направи и во каква состојба е сега Шпаркасе банка во Македонија? Гледано од аспект на предизвикувачката економска средина, тренд кој очекуваме да продолжи и оваа година, минатата година како групација одлучивме да примениме строги, ригидни и сигурни критериуми во проценка на ризиците на нашето кредитно портфолио во Македонија. Како последица на тоа, ние значително ги зголемивме резервациите кои ги имаме во нашиот биланс на состојба за потенцијални кредитни загуби. Тоа автоматски не значи дека таквите кредити нема да бидат вратени, но веројатноста за отплата на истите значително е намалена. Со приспособувањата на одредени вредности кои ги направивме во нашето портфолио ние целосно ги опфативме потенцијалните ризици, така што сега со успешното реструктурирање и отплата на одредени нефункционални пласмани можеме да имаме дури и позитивен ефект за банката. Верувам дека ние сме една од банките со најчисто кредитно портфолио и најсилна капитална база во земјата, со што ја зголемивме сигурноста и стабилноста што ја нудиме на нашите клиенти, кои се основни карактеристики на брендот Шпаркасе и за кои силно се залагаме. *Во изминатите шест месеци се докапитализиравте со околу 30 милиони евра и сега сте во редот на најдобро капитализираните банки. Кои се идните планови на банката? Може ли да се очекува да поддржите и поголеми проекти? Со зголемување на капиталот го


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

зајакнавме потенцијалот на Шпаркасе банка како сигурен и значаен партнер и за водечките компании во земјата. Веќе во првите два месеци од оваа година постигнавме значителен напредок и почеток на успешна соработка со дел од најдобрите македонски корпорации. Со нашето сегашно ниво на капитал и посветеност на пазарот ние сме отворени и подготвени да поддржиме и поголеми проекти кои ги исполнуваат нашите критериуми за финансирање?

Штиермеркише Шпаркасе, кој е на ниво од 12,3%, во споредба со целната стапка од 9%, што Европската агенција за банкарство го бара од големите банки ЕУ како достигнување за 2012 година.

*Кои фирми или проекти може да се надеваат на поддршка од Шпаркасе банка? Кои фактори ќе бидат пресудни за тоа дали една компанија ќе добие кредит или не?

Очекувам забавување на кредитните активности, иако банкарскиот сектор во земјава е високоликвиден и добро капитализиран, но критериумите за кредитирање ќе бидат многу построги. Во согласност со целокупните меѓународни трендови, би очекувал донекаде да се зголемат просечните каматни стапки и најверојатно ќе видиме посилна диференцијација на пазарот: клиентите кои се со одлична кредитна способност ќе уживаат видливо поповолните услови во однос на клиентите со просечен кредитен рејтинг.

Нашиот кредитен модел е базиран на проценката во однос на способноста на една компанија или проект да генерира доволно заработувачка за да го отплати пласманот и на оперативната способност (кадар, организација, технологија, искуство) на компанијата да го реализира дадениот проект. Во овој модел факторите како добри финансиски перформанси, стабилна и квалитетна капитална база, професионален менаџмент, транспарентно финансиско планирање и известување играат клучна улога. *Се чини, должничката криза во Европа како да го блокира кредитирањето во многу банки. Како се одразува кризата врз работењето на Шпаркасе и дали ќе може да се надевате на кредитните линии кои порано беа многу подостапни? Генерално земено, ефектот од должничката криза во Европа е една од причините за забавување на кредитните активности на банките. Ова е така затоа што побарувачката на кредити не е толку силна, бидејќи компаниите и ивеститорите се соочуваат со повеќе неизвесности за иднината, додека пак, банките, од друга страна, станаа поконзервативни и попретпазливи во нивната проценка на кредитните трансакции. Исто така, ликвидноста кај банките е значително намалена и банките мора да плаќаат повисоки трошоци за финансирање. Имено, како што банките се многу порестриктивни во однос на кредитирањето едни со други, и инвеститорите гледаат сè понесигурно во поглед на финансискиот сектор. Меѓутоа, и во ова опкружување Шпаркасе останува релативен “фактор на стабилност”. Нашиот бизнис-модел е фокусиран на финансирање на реалната економија и на потребите на нашите клиенти во делот на населението до степен до кој тие можат да си го дозволат тоа и затоа, најмногу се фокусираме на реалната способност за отплата на нашите клиенти. Поголем дел од нашите активности се финансираат преку депозитите на нашите клиенти (и во Македонија кредитите на клиентите целосно се покриени со депозитите од клиентите), со што се намалува зависноста од меѓународните пазари на капитал. И за крај, ние сме одлично капитализирани, со основна адекватност на капиталот на групацијата

*Како очекувате да работи банкарскиот сектор во Македонија годинава? Кои трендови и промени може да се очекуваат, колку ќе кредитираат банките, условите на кредитирање?

*Неколку пати потенциравте дека Македонија е во фокусот на групацијата на Шпаркасе. Кои се причините за тоа? Мислам дека постои одлична стратешка компатибилност меѓу Штаерска, регионот во Австрија, каде што е седиштето на Штаермеркише Шпаркасе и Македонија во однос на големината (во Штаерска имаме 1,2 милиони жители споредено со два милиони во Македонија) и релативна слична големина на економиите (БДП на Штаерска е приближно двојно поголем од оној на Македонија). Како водечка Банка во Штаерска и во јужниот дел на Австрија, ние ја имаме големината и финансиската сила за да бидеме сигурен партнер на мнозинството од македонските компании, како и на населението. Воедно, високо ја цениме стабилната макроекономска и политичка средина во државата. Последно, но не и помалку важно, постојат традиционално силни културни и економски врски меѓу Штаерска и Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. И овде се стремиме и имаме за цел да придонесеме во зајакнувањето на овие врски преку поддршка на разни културни, образовни и други иницијативи кои ги ќе ги приближат двата региони. *Кои се Вашите оценки за монетарната политика во Македонија и начинот на кој таа се креира? Дали се потребни промени и какви за да се овозможи поголемо и поповолно кредитирање на фирмите и на граѓаните? Мислам дека монетарната политика во Р. Македонија е многу успешна во текот на изминатите години и дека и двете страни, компаниите и населението во државата, како и странските инвеститори во голема мера ја ценат монетарната стабилност на земјата. Дека оваа стабилност остана непроменета во текот на периодот од две децении исто така е

13

ПОЗАЈМЕНО јасна потврда за одржливоста на монетарната политика на Македонија. Главниот критериум за постигнување поповолни услови за кредитирање е поврзан со економскиот раст на земјата и отворањето нови работни места, кои пред сè, би требало да доаѓаат од компаниите кои се занимаваат со производство, зголемување на извозот и со поголема додадена вредност во процесот. Филозофијата на Шпаркасе е да се грижи за заедницата Групацијата Шпаркасе во целиот регион посветува посебно внимание на општествената одговорност? Какви активности се преземаат и се планираат во Македонија? Грижата за заедницата во која работиме е клучен дел од филозофијата на Шпаркасе. Речиси пред два века Штаермеркише Шпаркасе е основана со мисија да го поддржи економскиот развој на новата средна класа, која во тоа време се состоела од работници, занаетчии и од разни други платени професии; ова беше огромен придонес во создавањето балансирано општество. 73% од акциите на Штаермеркише Шпаркасе се одржуваат од страна на фондацијата Шпаркасе, која има за цел да ги поддржува заедниците каде што сме присутни. Тоа значи дека 73% од дивидендите што ги плаќаме се користат за поддршка на социјални, културни проекти и проекти од областа на образованието во Штаерска, но исто така и во регионот на Југоисточна Европа. Во овој контекст, би сакал да го споменам проектот Best of South-East, иницијатива на програма за годишно стипендирање талентирани студенти од регионот, вклучувајќи ја и Македонија, во соработка со Економскиот факултет и Универзитетот Сврти Кирил и Методиј. Во Македонија поддржуваме и други многубројни иницијативи за младите, како што е проектот “Здрави навики кај младите” (во соработка со Црвен крст на град Скопје), “Eko проект” за поттикнување на еколошката свест кај младите и иницијативи за финансиско образување, кое им помага на најмладите да ги научат основите на економскиот и на финансискиот систем. Во областа на културата веќе трета година сме генерален покровител на филмскиот фестивал Манаки, додека главен спонзор сме и на новиот филм на Дарко Митревски, “Трето полувреме”. Еден од принципите на нашата работа е да ги вклучиме активно и сите вработени како волонтери во нашите друштвени иницијативи, таму каде што имаме можност за тоа. Сакаме да поддржиме и иницијативи за социјалното претприемништво во Македонија, односно можноста за решавање одредени социјални проблеми со бизнис-базирани решенија, кои сметаме дека се ветувачки фактор кој ќе може да одговори на огромниот број социјални, еколошки и економски предизвици со кои се соочуваме денес.


14

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија Финансиска референца Назив на Проектот

MK - Скопје, фармацевтски производи

Вид на набавка

Услуги

Референца

ECZ75853 – земји-кандидати

Финансиер

Светска банка

Финансиска референца

2012/S 70-117149

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

22.5.2012 година

Сектори

Здравство Испорака на лекови кои ги надоместува и кои не ги надоместува Фондот за здравство

Контакти

www.juzr.org.mk

Назив на проектот

MK-Скопје: ИПА - реконструкција и проширување на пречистителната мрежа во Прилеп, дополнување

Референца

EuropeAid/130914/D/WKS/MK

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, GuineaBissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Финансиска референца Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

12.7.012 година

Сектори

Градежништво -инженеринг Урбан развој Прецизирање на условите во тендерот

Контакт

h�p://cfcd.finance.gov.mk/

Назив на Проектот

ME-Подгорица: ИПА - испорака на опрема за Институтот за трансфузија

Референца

EuropeAid/132851/C/SUP/ME

Финансиска референца Вид на набавка

Испорака

Финансиер

Европска комисија

Земја

Црна Гора

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори

Информатичка технологија Здравство Испорака на лабораториска опрема и ИКТ-опрема

Контакт

European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Podgorica, MONTENEGRO. 6

Назив на Проектот

Развој и поддршка на база на податоци

Референца

WB83-04/12

Објавено на

12.4.2012 година

Краен рок за апликација

25.4.2012 година

Сектори

Информатичка технологија Зајакнување на информатичката опрема за евалуација на податоците

Контакт

(h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/ wbgec/index.html

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт: М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 20 април 2012 година еднодневен семинар: “МОЖНОСТИ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ ОД ИПАРД-ФОНД” (9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3. Кат) На 31.3.2012 година Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој -ИПАРД објави јавен повик за поднесување на барања за проекти кои ќе бидат кофинансирани. На ова советување учесниците кои ќе присуствуваат ќе имаат јасни сознанија за: 1. критериуми за аплицирање за проектите; 2. документација потребна за аплицирање; 3. презентација на проектот кој се поднесува со апликацијата. Проектот ИПАРД ги поддржува проектите на цела територија на Република Македонија. Сектори кои се поддржуваат: - преработувачи на овошје и зеленчук; откупни центри за овошје и зеленчук; млекарници; преработувачи на месо; кланици; винарници; производители на леб, колачи и тестенини (пекарници и млинови); производители и преработувачи на чаеви, лековити билки, преработувачи на лековити билки; производители на печурки, собирачи на печурки; туризам – сопственици на семејни и викенд куќи; фирми кои се занимаваат со угостителство или планираат да градат угостителски објекти и рекреативни капацитети; занаетчии и фирми кои се занимаваат со производство и преработка на дрво во мебел, граѓа и други дополнителни производи; занаетчии кои преработуваат железо; други занаетчиски гранки; примарно земјоделие во секторите овошје и зеленчук на отворено и затворено; сточарски фарми.

фондови

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Ана Милкова Тел: (02) 3244052 Факс: (02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ana@mchamber.mk

Од 22 до 24 април 2012 година, советување во Белград, Србија, АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ (Хотел „Праг“ 4* Белград) Имајќи го предвид значењето и важноста на правилното утврдување, пресметување и плаќање на даноците, нивното влијание во договарањето со деловните партнери, правата и обврските во однос на враќањето на даноците од деловните односи со стански компании, Стопанската комора на Македонија, во периодот од 22–24 април 2012 година, во хотелот „Праг“ 4* во Белград, Р. Србија, организира советување на тема: „Актуелни теми од областа на даноците“. Учесниците на советувањето ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се` практичните искуства во примената на даночните прописи. Предавач: Славче Николовски, консултант за даноци, финансии и сметководство. Програма:

Кои проекти се поддржуваат: - изградба на нови објекти; набвака на нова опрема и линии за производство; дополнителна опрема за веќе постојните линии за производство. Обучувач на семинарот: Марија Васкова, тренер за ИПАРД-програми и советник за пристап до финасии за кредити и

Данок на добивка 1. Задржан данок (задржување на данокот на приход платен на странски правни лица): √ вовед; √ задржан данок и даночен обврзник; √ приходи на кои се задржува данокот; √ пресметување и плаќање на данокот по задршка; √ одбегнување на двојно оданочување; √ постапка за враќање на задржаниот данок; 2. Донации и спонзорства: √ вовед; √ давател и примател на донација и спонзорство;

√ постапка за давање и примање донација/спонзорство; √ даночни потикнувања. Данок на додадена вредност 3.Исклучување на правото на одбивка на претходниот ДДВ (практични примери): √ вовед; √ набавки или увоз на добра и користењето услуги за цели на прометот; √ исклучување на правото на одбивка кај промет ослободен од данок; √ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци при промет во странство; √ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за превозни трошоци; √ исклучување на правото на одбивка на издатоци за репрезентација; √ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за одредени предмети за опремување простории; √ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за патни трошоци; √ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за трошоци за сместување и храна; √ исклучување на правото на одбивка за одредени предмети за превисоко искажан данок.

4. Даночна консолидација за цели на ДДВ и поврат на ДДВ кој е платен во странство по основ на трошоци за услуги: √ услови за регистрација на поврзано лице; √ претставник на поврзаното лице; √ пријава за регистрација за ДДВ на поврзано лице; √ рок за регистрација на поврзано лице за ДДВ; √ службена регистрација на поврзано лице за ДДВ; √ прекинување на регистрација за ДДВ на поединечните лица кои се регистрираат како поврзано лице; √ обврски на лицата пред нивната регистрација како поврзано лице; √ пренесување на обврските, односно побарувањата за ДДВ од поединечните лица на поврзаното лице; поврат на ДДВ кој е платен во странство по основ на трошоци за услуги.


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5. Презентација од страна на фирмата ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ , која е специјалнизирана за рефундација на ДДВ од странство. Интересна група за ова советување се директорите/раководителите на финансиско сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за пресметување на даноците и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 април 2012 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт лице : Ана Милкова Тел.++ 389 2 3244052 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ana@mchamber.mk На 24 април 2012 година Еднодневен семинар „ПРИМЕНА НА НОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА СТОКИТЕ И ИЗМЕНИТЕ НА ХРАМОНИЗИРАНИОТ СИСТЕМ ОД 2012 ГОДИНА СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ” (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Откријте ги најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) 2012 и нивните дополнителни ефекти на распоредување на стоките. Цели: да се објаснат најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) што стапија на сила на 1 јануари 2012 година со детално објаснување на измените на ХС и Царинската тарифа; да се објаснат Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредувањето на сложените производи и сетови; целосно да се разбере новата методологија за распоредување на новите производи според ХС 2012; практични примери и презентација на новите трендови за распоредување на стоките според ХС 2012. Профил на учесници: Семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други

професионалци што се занимаваат со увоз и/ или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука: основно познавање на Основните правила за примена на Хармонизираниот систем; познавање/искуство од меѓународната трговија. За време на обуката, учесниците ќе ги истражуваат областите за примена на Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредување на машини, информатичка опрема, компјутери, прехранбени производи; целосно ќе ги разберат правилата за распоредување на сложени производи и сетови во ХС; ќе следат најновите трендови и одлуки за распоредување на производи според Хармонизираниот систем 2012 со практични примери; ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно распоредување на стоките според Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура на ЕУ. Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk

На 24 април 2012 година Инфо средба ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН НА ОПРЕМА, МАШИНИ И КОМПОНЕНТИ за прехранбената и фармацевтската индустрија (10:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала3, на 3-ти кат) Ве покануваме на информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фарамцевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на опрема , машини и компоненти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска обврска според домашното и европското законодавство. Предавач: проф. д-р Владимир

Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата се покануваат: • претпријатија што дизајнираат и произведуваат опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • претпријатија за дистрибуција и трговија со опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фарамацевтската индустрија; • консултантски куќи што даваат услуги при избор на опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • сите што сакаат да изградат ново претпријатие според HACCP барањата; • сите што сакаат да го предупредат претпријатието според HACCP барањата и • сите што сакаат да дознаат повеќе за неопходните предуслови за HACCP. Сите заинтересирани учесници за овој инфо-ден можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk

На 25 април 2012 година eднодневен семинар: “ТРГОВСКА МАРКА - ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ТРГОВСКИТЕ МАРКИ И НИВНАТА ВРЕДНОСТ ЗА КОМПАНИЈАТА” (10:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат) Трговските марки имаат двојна улога. За компаниите тие се генератор на приход и комерцијална вредност, а за потрошувачите водич но и инспирација за да се донесе одлука за купување. Исто така, трговските марки не се само клучни зборови во смисла на пазарот. Тие може да бидат производи на интелектот, интуицијата и уметноста кои во некои случаи може да прераснат во култ на денешницата. За


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

да се оствари функцијата на трговската марка во целост таа треба да биде силна марка. Се смета дека марката го создава бизнисот, а не и обратно. Добрата марка помага производот да биде успешен, односно иако добар, големи се шансите производот да не успее без добра марка. Како се создава добра марка? Како се штити? Како се одржува?

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Ана Милкова Тел: ++ 389 2 3244052 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ana@mchamber.mk

На 26 април 2012 година eднодневен семинар ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИ Актуелниот момент и обврски на локалната самоуправа (9:30 - 17:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Овие и слични прашања ќе се обработат на еднодневниот семинар на тема: „Практични аспекти на трговската марка - алатка за обезбедување подобра пазарна позиција“, што ќе се одржи на 25 април 2012 годинa, во Стопанската комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат. Програма: - трговска марка – бренд или ознака; - нерегистрирани знаци и регистрирана трговска марка, потреба или тренд; - силна марка, како се креира и одржува; - трговската марка како средство за освојување на нови купувачи и пазари; - трговската марка и индустрискиот дизајн; - трговските марки во време на информатичко општество. Предавач: М-р Маја Бариќ, магистер по Европско право од интелектуална сопственост. Предавачот е практичар со долгогодишно искуство во сферата на деловното правото и интелектуалната сопственост. Посебна сфера на интерес на предавачот е спроведувањето на сите видови права од интелектуална сопственост, вклучувајќи ги трговските марки. Еден од аспектите на спроведувањето на правото на трговска марка е и нивното влијание на позицијата на компаниите и на нивните производи на пазарот, односно влијанието на злоупотребата или неупотребата на марките врз работењето на фирмите. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24.4.2012 година.

Согласно Законот за енергетика, секоја општина има законска обврска за изготвување Програма за енергетска ефикасност, со која се утврдува политиката на општината за спроведување на енергетската ефикасност. Програмата се изработува во согласност со Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност. Истата ја донесува Советот на општината, а во неа се изготвува акциски / динамички план за три години. Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, машинство, електрика, екологија). Меѓутоа, основата за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите лежи во објектот и ефикасноста на неговите градежни конструкции.

на програмите согласно законските обврски. Обучувач на семинарот ќе биде д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Д-р Петар Николовски теоретски и практично се занимава со градежна физика повеќе од 40 години. Автор е на повеќе книги од оваа област, а докторската дисертација на тема „Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при бугарската Академија на науки. Повеќе од 15 години го води Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински карактеристики на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на РМ. Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стандардизација). Предава градежна физика на еден од приватните универзитети. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска рехабилитација на згради и изработка на македонски подзаконски акти од областа енергетската ефикасност во згради. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 25 април 2012 година. Учесниците на семинарот ќе добијат печатен работен материјал и CD со Power Point презентации на темите, а ќе добијат и сертификат како потврда за учество на семинарот. Цената за еден учесник изнесува 4.720 денари (4.000+ДДВ). Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: marija@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk

Факт е дека областа градежна физика и процедурите за пресметка на топлинските својства на зградите во согласност со важечките македонски (МКС EN ISO) стандарди многу малку или воопшто не се изучува на факултетите. Согледувајќи го овој факт, како и актуелната законска обврска на општините, Стопанската комора на Македонија го организира овој еднодневен семинар за стручните лица од општините во Република Македонија, кои се заинтересирани за подетално запознавање или проширување на своите знаења за оваа многу значајна област, а посебно и за имплементација при изработка и

Од 3 до 4 мај 2012 година дводневен семинар „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“ (9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала1 на 5-ти кат) Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија? Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување.

Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси неопходни за успешната реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето. Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk

Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција „ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци. На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да: • разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната; • најдете нов партнер и • воспоставите нови бизнис-односи.

Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година.

се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании - понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и еаукции. Програма на семинарот: � Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Службен весник на РМ“ бр.185/11); � портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); � воведување технички дијалог со деловната заедница; � негативни референци; � квалификациски системи; � користење на ЕСЈН и е-аукции; � креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; � пребарување на објавени тендери и договори; � задолжителни 100% е-аукции; � дигитално потпишување на понудите; � доднесување на понудите преку системот; � учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 laze@mchamber.mk На 9 мај 2012 година Еднодневен семинар: „УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” (10:00 - 15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Семинар за успешно учество на постапките за доделување договори кои

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: � лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и � менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни


четврток, 19 април 2012, Бр. 94

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

набавки, како што се: � како да се креира кориснички профил; � основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; � како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; � како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; � како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; � што е електронска аукција и како да учествувате на неа и др. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 8 мај 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk

Од 10 до 13 мај 2012 година во Измир, Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПЛАСТИКА, ПАКУВАЊЕ И ТЕХНОЛОГИЈА 2012 *Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Измир организира учество и посета на македонски компании, со бесплатно хотелско сместување, 2 ноќевања, бесплатни влезници за Саемот и трансфер од аеродром - хотел - саем. Меѓународниот саем за пластика, пакување и технологија, во организација на саемскиот организатор од ИЗФАС од Измир, ќе се одржи од 10 до 13 мај 2012 година. На оваа меѓународна саемска манифестација ќе има изложувачи од над 60 земји од целиот свет, со производи од областа на: пакувањето, машини за пакување, автоматски машини, материјали за пакување, пластика и пластични производи, врати и прозорци, системи за рециклирање, производи на хемиската индустрија, производи за градежништвото, пластични производи за автомобилската индустрија, производи за пакување на прехранбени

производи, индустријата за печатење и др. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат на овој реномиран саем. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе промоции и бизниссредби.

Минатогодишното издание на Саемот го посетиле над 500.000 посетители, а учествувале 1500 излагачи од 60 земји од целиот свет. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 27 април 2012 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Комората: www.mchamber. mk Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244 016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk

Од од 12 до 18 мај 2012 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНА ВО НОВИ САД *Саемската манифестација, ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година, а Стопанската комора на Македонија во соработка со Новосадски саем организира учество и посета на македонски компании Меѓународен саем за земјоделство и прехрана, 79 по ред, ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година во Нови Сад, Република Србија, а Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на македонските компании по повластени услови. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Eвропа со најголема и најдолга традиција. На годинешното издание на 79. Меѓународен саем за земјоделство и прехрана се очекува да настапат над 1.500

излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите пропратни сектори. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат колективно. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Австрија. Минатогодишното издание на Саемот за земјоделство и прехрана го посетиле 300.000 посетители, а учествувале 1.300 излагачи од 35 земји од целиот свет. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани

компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 25 април 2012 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk. Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber./mk

Од 16 до 18 мај 2012 година во Босна и Херцеговина МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ „САРАЕВО БИЗНИС-ФОРУМ 2012“ Во периодот од 16 до 18 мај 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 3. Меѓународна конференција за инвестиции „Сараево бизнис-Форум 2012“. На овогодинешното издание се очекува учество на голем број реномирани учесници од политичка и економска провениенција, со голема медиумска промоција.


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференцијата е од меѓународен карактер, на којашто ќе се презентираат потенцијалите за странски инвестиции во регионот, како и за пронаоѓање деловни партнери.

Работниот дел на конференцијата ќе се одвива три дена, преку организација на пленарни и тематски сесии и билатерални средби меѓу компаниите-учеснички. Стопанската комора на Македонија ги поканува македонските компании да учествуваат на оваа реномирана меѓународна манифестација, за што е предвидено организиран превоз и хотелско сместување. Се покануваат заинтересираните компании да го пријават своето учество најдоцна до 24 април 2012 година. Повеќе информации за настанот на: h�p://www.sarajevobusinessforum.com Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија во Косово „ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни

полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др.

Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизниссредби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година. Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088

На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар на Скопски саем УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на

Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години. За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 19 април 2012, Бр. 94

21

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонска компанија нуди комплетни решенија за печатење, копирање, скенирање, како и визуелна презентација во рамките на компанијата, надвор од неа од програмата на SHARP Electronics, комплет програма, репроматеријали, делови и сервис на канцалариски уреди од сите познати брендови. Валидност до: 30.3.2013 година Компанија од Америка бара да откупува бел мермер, воедно и за соработка со компании кои извезуваат процесиран мермер или мермер во блокови од Република Македонија. Валидност до: 2.12.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на хотелиерството и угостителскиот бизнис во Република Македонија. Валидност до: 2.9.2012 година Компанија од Србија заинтересирана е за воспоставување соработка со компании од Македонија кои се занимаваат со производство на челично поцинкувани патентирани жици, со пречник од 2 до 3,2мм. Станува збор за потреба од воспоставување на подолгорочна соработка, но во моментот има потреба за набавка на 5 тони од споменатата жица со пречник од 2 мм. Валидност до: 2.9.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пилешко месо и производи од пилешко месо. Валидност до: 3.7.2012 година Компанија од Германија нуди so�/hardwar индивидуални и системски безбедносни решенија, како и комплет инструменти за безбедност во сообраќајот во Република Македонија, кои се однесуваат на мерења на брзината и растојанието, безбедност во тунел, мониторинг на црвено светло, евалуација на сообраќајки, биометрика, опрема за контрола, читање и оценување на земјиштето. Валидност до: 3.7.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија на мебел произведен со најсовремена технологија, софтвер за керамика и дизајн на мебел за кујни, бањи, софтвер за керамика. Валидност до: 3.7.2012 година Македонска компанија изнајмува комплетно нов индустриски административен објект со вкупна квадратура од 4400м2 и земјиште од 25.000 м2 во индустриската зона Негорци – Гевгелија, на само 10 км од границата со Грција и 60 км од границата со Бугарија. Компанијата е заентерисирана за заедничко вложување со странски партнер во производствен погон (за почеток со договорен пласман на производите). Валидност до: 3.7.2012 година Компанија од Канада заинтересирана е да увезува прехранбени производи од Република Македонија. Валидност до: 5.12.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински помагала и опрема, како и директна продажба на истите во болници, клинички центри амбуланти итн. Валидност до: 5.7.2012 година Компанија од Германија нуди аналитички,технички и оперативни решенија во областа на транспорт,животна средина, и енергетика во Република Македонија Валидност до: 05.08.2012 година

„Royal line“. - Проиводна програма на еколошка пластична амбалажа (PET, PE, PP). Валидност до: 28.7.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за дистрибутер во Република Македонија за пласман блиндирани возила. Валидност до: 28.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за одржување на зеленило. Валидност до: 29.8.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни машини за бетон и дробилки за камен и резервни делови. Валидност до: 6.8.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои произведуваат работна облека. Валидност до: 29.7.2012 година

Компанија од Република Македонија бара инвеститор и нуди простор од 500 м2 во општина Илинден со комплетна инфраструктура, наменет за конфекција. Погонот е климатизиран. Валидност до: 23.3.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на самолепливи ленти во разни димензии и се употребуваат во електроиндустријата. Валидност до: 29.7.2012 година

Компанија од Германија бара соработка во областа на преработувачката индустрија во Република Mакедонија за пласман на пластични садови за складирање производи. Валидност до: 26.9.2012 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски компании од ИТ-технологијата и вработување на искусни компјутерски програмери. Валидност до: 30.7.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за услуги за одржување на индустриски постројки во Република Македонија. Услугите се во долгорочни проекти во планирање, производство и монтажа на постројки вo областа на производство на цемент, гипс, индустрија за камен, електрани, дрвна и хемиска индустрија и постројки за согорување на ѓубрива. Валидност до: 27.9.2012 година Француска консултантска компанија е заинтересирана за соработка со компании од различни дејности во Република Македонија во врска со зголемувањето на продуктивноста, оптимизација на трошоците, зголемување на продажбата, подобрување на вештините за управување и организациска култура на менаџерите. Валидност до: 27.7.2012 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот од 45.000m2 во кој се лоцирани два објекта, ресторан и мотел со 11 соби. Во близина на мотелот има бања со минерална вода, со можност да се изгради бањски комплекс и спортско-рекреативен центар. Валидност до: 27.3.2013 година Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за одржување на хигиена, козметика и пластична амбалажа. - Производна програма на средства за хигиена за домаќинства од марката TISАl, Citral i Lilla. - Производна програма на козметички препарати

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Kомпанија од Србија заинтересирана е да соработува со македонски компании со понуда за доставување цвеќе, како мешавина од уметност, филозофија и занаети, со идејата на уредените цвеќиња, внимателно одбрани во согласност со повод и лице, секогаш испорачани на време и на саканата локација. Својот успешен бизнис за пласман на цвеќе во Белград, Србија, екс Ју-републики и во 185 земји во светот сака да го прошири во Република Македонија. Како претставник на Teleflora Interna�onal, меѓународен синџир за испорака на цвеќе, е поврзана со околу 82 000 цвеќарници во светот. Само во Србија, Teleflora може да се пофали со 20.000 клиенти, од кои околу 3.500 компании. Со континуирано подобрување и проширување на опсегот на своите активности, Teleflora сега е призната како експерт со високо професионална организација и декорација на свадби, коктели, забави, ентериери и екстериери, како и декорација на деловни простори, годишнини и други настани . Teleflora е секогаш посветена на будењето на уметноста на претставување на цвеќето и проширување на културата за цвеќето. Мотото на Teleflora е „Самите цвеќиња зборуваат“. Валидност до: 30.4.2012 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook