БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 211
www.mchamber.mk
19.02.2015
Свечено прославена 93-годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија
2015 - ГОДИНА НА КОНКУРЕНТНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ
Стопанската комора на Македонија го презеде претседавањето и беше домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балканските комори
ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА КОН ДОЛГОРОЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ВО РЕГИОНОТ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ИНВЕСТИРАЊЕТО Е ГЛАВНИОТ ДВИГАТЕЛ НА БИЗНИСОТ Трендот на раст не започна минатата година, туку многу порано, но можеби тоа се ефектуираше врз економски показатели токму минатата година во поглед на резултатите. Без инвестирање и без следење на светските трендови, нема финансиски просперитет. Ако сакате да бидете успешни, немате право да се затскривате зад кризата и проблемите. Нашата компанија е една од ретките во Македонија и регионот која во период на економски сензибилни услови се обидува и успева да внесе свежи инвестиции и секогаш да се претставува на пазарот со успешни проекти. Без добар бизнис-план, секоја нова инвестиција би претставувала „бумеранг“ за работењето на компанијата и директно би влијаела врз опстанокот на компанијата. Добар бизнис-план и валидно скенирање на пазарот се предуслов за успешен инвестициски потег. Може со сигурност да се каже дека секоја компанија ќе измери бројни позитивни трендови во параметрите на сите аспекти на своето работење ако инвестицијата и инвестирањето се главен двигател. Голем број компании во моменти на криза ги минимизираат своите инвестиции, ги намалуваат трошоците, стопираат голем број активности што придонесуваат за подобар имиџ на компанијата и пред се’, за позитивен финансиски резултат. Барем досега, се покажа во практика исправна одлуката на компаниите да се инвестира во време на криза. Најголемите инвестиции на нашата компанија се направени токму во последните пет години. А во оваа деловна 2015 година овој инвестициски циклус ќе го заокружиме со уште еден успешен сегмент од работењето. Минатата година е набавена постројка за филтрирање и вакуумирање на трансформаторско масло за трансформатори до 300мВА, кои работат на 400КВ. Компанијата исто така набави нова машина за балансирање на ротори од електромотори во вредност од 100.000 евра. Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, инвестиравме во најсовремена лабораторија која ни беше одамнешен предизвик, а течат преговорите за набавка на нова најсовремена печка за производство на нови дистрибутивни трансформатори во вредност од 400.000 евра, која ќе ја зголеми економичноста и ќе заокружи еден производен сегмент. Нашата компанија постојано вложува во млад и амбициозен кадар. Постојано се врши нивна обука и усовршување. Вложувањето во вработените е една голема но исплатлива инвестиција. (Аце Антевски, генерален директор на „Раде Кончар-Сервис и поправки на електрични производи“ во „Утрински весник“)
ДОБРИ МЕНАЏЕРИ ИМА, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ САКАШ ДА ГИ НАЈДЕШ! Најчесто компаниите со странски сопственици бараат менаџери преку хедхантинг, и тоа големите инвеститори во телекомуникацискиот бизнис, финансиите, ИТ секторот, итн., како и во последно време и странските директни инвестиции во индустриските зони. Иако највисокиот менаџмент во принцип доаѓа од надвор, за останатите високи и средни менаџерски позиции бараат луѓе од Македонија, и за тоа користат услуги од компании како нашата. И домашните компании знаат да се јават кај нас за вакви услуги, иако морам да признам, поретко. И тоа не само големи, туку и компании од средниот сегмент. Еве, токму минатата недела кај нас се обрати сопственик на текстилна фабрика, кој што прави лон производство за извоз, но сепак тој работел подолго време во странство, па горе-долу е запознаен со овој тип на услуги. Не се согласувам со тврдењето дека нема квалитетни менаџери на пазарот. Колку и да е тој мал, менаџерски кадри има за безмалку сите позиции. Прашање е само колку навистина сакаш да најдеш добри менаџери. Компаниите што ја разбираат потребата од професионална помош во оваа област, во принцип немаат проблем да ги пополнат менаџерските позиции што им се потребни. Проблем имаат компаниите што се раководени од еден сопственик/генерален менаџер, кој што сe’ уште не сфатил дека не може тој да се грижи за стратегија, за финансии, за маркетинг , за човечки ресурси, за сe’. Немаат поставено никаква или имаат лоша организациска структура и после уште се гордеат со тоа дека се алфа и омега во фирмата, дека таа не може да мрдне без нив. Напротив, нивна гордост и референца треба да е ситуација кога ќе може да заминат три месеци на одмор, а компанијата нормално да си функционира. Една предност на македонските менаџери е големата амбиција. Амбиција кај нашиот човек има колку сакаш, без оглед дали има знаење, искуство и сл. Тоа е добро, доколку знаеш да управуваш правилно со таа амбиција, па со тек на време да креираш перфектен менаџерски потенцијал. Домашните менаџери се и прилично енергични, не се штедат на работа, што често знае да отсуствува кај западните менаџери. Флексибилноста и трпеливоста се исто така карактеристики што често ги красат домашните менаџери. Она што им фали е визија. Може да работи како мравка, но не ја гледа големата слика
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ПОДВЛЕЧЕНО пред себе, да ги прашаш кај се гледаат себеси за 5 години, 95% нема да знаат да ви кажат. Исто така и незгодните црти на нашиот балкански менталитет знаат да излезат на виделина, особено во комуникацијата со луѓе од друга културна средина. Многу сакаме да судиме некому, да се нервираме за работи врз кои што не може да влијаеме, или пак не сакаме да се соочиме со нив. За разлика од западните менаџери, нашиот човек не знае да каже “не“, затоа што мисли дека така ќе ја навреди другата страна. И наместо јасно да се изјасни дали може да направи нешто или не, што би било во суштина и многу попрофесионално, македонскиот менаџер вели “ќе видиме“. (Горан Цивкароски, регионален консултант на Pedersen & Partners во „Капитал“)
ИЗВОРОТ НА УСПЕХОТ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е ВО ВНАТРЕШНИОТ ДУХ Ангел инвестиција е сектор од кој годишно се очекува да инвестира околу 400 милиони евра во следните неколку години и сектор кој игра главна улога во иднината на Турција, поточно во финансирање на средни и мали бизниси и креирање на нови работни места. Главен “играч” на овој пазар е TBAA. Таа е една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа и на неа отпаѓаат дури 70% од ангел инвестициите. Во Турција има 12 мрежи на бизнис ангели, од кои осум се членови на TBAA. Според официјалните извештаи на EBAN, Турција е осмиот најголем пазар на ангел инвестиции во Европа, со 450 бизнис ангели, 10 мрежи на бизнис ангели, финансирани 61 стартапи, 14,7 милиони евра инвестиции во 2013, 40% стапка на раст на пазарот, 10,5 милиони евра инвестиции во 2012, 400 креирани работни места, просечна инвестиција по компанија од 240.984 евра, просечна инвестиција од 32.667 евра по бизнис ангел, просечна инвестиција по мрежа на бизнис ангели – 1,5 милиони евра. Според овие цифри, на пазарот во Турција во 2013 беа реализирани 147 милиони евра. Нашите очекувања за 2014 се дека овие бројки ќе пораснат за најмалку 25%. За мене претприемачот е поважен од самиот проект. Затоа јас повеќе сакам да инвестирам во претприемачот отколку во бизнисот. А што треба да поседува еден претприемач за да ја заслужи мојата инвестиција? Изворот на успехот во претприемништвото е во внатрешниот дух, не во надворешните сили. Ако го сакате тоа што го правите, тогаш ќе станете успешни. Претприемништвото не е нешто што го правите затоа што морате. Младите претприемачи мора да бидат подобри од останатите луѓе во користењето на три важни сетила: • Нивниот нос треба да умее да намириса пари, многу подобро од другите • Нивните очи мораат добро да забележуваат наместо само да гледаат • Нивните уши (и просторот меѓу нив) мора да биде чист за да можат да послушаат добар совет, но и да не примаат информации кои не се корисни за нив. Исто така, треба да имаат добра поврзаност со броевите 7, 24 и 365, затоа што треба да бидат подготвени да работат седум дена неделно, 24 часа дневно и 365 денови годишно. Претприемачите генерално бараат финансиска помош од пријатели и роднини кога имаат бизнис идеја и ефективно ги користат нивните очи, нос и уши. Како и да е, ако претприемачот земе заем, без претходно да направи било какви планови, тој/таа можат да бидат вовлечени во, како што ја викаме ние, “Долината на смртта”. Тогаш почнуваат вистинските проблеми: пријателите, роднините, бизнис ангелите, инвеститорите и банките повеќе не сакаат да даваат пари. Тука се и акумулираните долгови (покрај првичниот заем) и неможноста да се платат. Во тој момент единствениот извор на финансии се клиентите. Доколку клиентите го ценат вашиот производ или услуга, вие продавате и продолжувате понатаму, одбегнувајќи ја Долината на смртта. Во спротивно ќе мора да го заборавите претприемништвото. Имајќи го ова во предвид, би сакал да потенцирам осум клучни зборови кои младите претприемачи треба да ги запаметат доколку сакаат да успеат: нос – очи – уши – Долина на смртта – клиент – 7 – 24 – 365. (Бајбарс Алтунташ, потпретседател на Европската трговска асоцијација на бизнис ангели (EBAN) и претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели на Турција (TBAA) во „Бизнис Инфо“)
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
АКТУЕЛНО Свечено прославена 93годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија
2015 - ГОДИНА НА КОНКУРЕНТНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ
Стопанската комора на Македонија свечено ја прослави 93-годишнината од своето основање, што е значаен настан за коморското организирање во Република Македонија. Овојпат прославата беше одбележена во знак на Иницијативата на Стопанската комора на Македонија, за прогласување на 2015 за Година на конкурентноста во Република Македонија и во земјите од регионот, прифатена и од другите стопански комори од регионот – членки на Асоцијацијата на балканските комори. Со свое присуство прославата на најстарата и најбројната деловна асоцијација ја збогатија бројни видни гости, претседатели на стопанските комори - членки на Асоцијацијата на балканските комори (АБК), министри и претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија, како и бројни претставници на бизнис заедницата. На прославата се обратија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на индустриски комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ) и Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија. - И на денешното Генерално собрание на Асоцијацијата на балканските комори, со која оваа година претседава Стопанската комора на Македонија, се расправаше за иницијативата на Стопанската комора на Македонија.Имено, со цел во 2015 година да се дефинира и да се спроведува јасна и конзистентна политика, политика која сеопфатно ќе ја третира националната конкурентност и ќе ги стави во функција сите расположиви ресурси за нејзин раст, Собранието на Стопанската комора на Македонија донесе одлука 2015 година да се прогласи за година на конкурентноста во Република Македонија. – истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. - Оваа иницијатива доби поддршка и од Генерално собрание на АБК, каде што заклучивме дека во целиот овој процес на континуирана конкурентска борба, основно прашање за нас како претставници на бизнис-заедницата во нашите држави е како да помогнеме нашите фирми поуспешно да се справат со предизвиците на конкурентноста и да креираат поголеми додадени вредности. Покрај тоа, се согласивме да работиме на забрзување на протокот на стоки и услуги низ Коридорите 8 и 10. Во рамките на АБК договорено е во април месец да организираме собир во Охрид на 200 најголеми бизнис лидери од регионов. Рифат Хисарчиклиоглу спомена дека Република Турција
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО и Република Македонија се земји во регионот кои имаат највисок раст.Тоа отвара простор за уште поголема соработка меѓу бизнис секторите на двете земји, потпомогнати од нивните Влади.Се отвараат и можности за поголеми странски директни инвестиции од Турција во земјава, за што помагаат и честите контакти на претставниците од двете земји.Кало пример, тој ја истакна минатогодишната навремена посета на македонскиот премиер и на неговите соработници на пет покраини во РрепубликаТурција. - Развојот на инфраструктурата и логистиката се многу битни фактори за раст на економијата. Пред регионот се значајни структурни реформи во кој требна да преовладуваат либерализацијата и внимателното трошење на јавните пари. - подвлече Рифат Хисарчиклиоглу, додавајќи дека конкурентноста и иновативноста се основата за економскиот раст и приближувањето на регионот кон Европската унија. Зоран Ставрески ја изрази безрезервната подршка на иницијативата конкурентноста да се стави на дневен ред и тоа на – подолг рок, како и подготвеноста на ова поле да се соработува со Стопанската комора на Македонија. Тој спомена дека не е битно колкав раст се постигнува во моментот, туку како да се направи стопанството, особено малите и средни претпријатија, да бидат поконкурентни и да остваруваат висок раст. - Потребен ни е здрав дијалог за да дојдеме до вистинските решенија.А, на конкуретноста влијаат многу фактори на кои и Владата на РМ веќе работи. Неопходно е подобрување н на инфраструктурата, а во тие рамки подобрувањето на транспортните коридори 8 и 10 се и наши приоритети. Привршуваат преговорите со меѓународните финансиски институции за финансирање на дел од Коридорот 8., како и на желелезничкото поврзување со Република Албанија. Нашата интенција е и зголемување на инвестициите во човечкиот фактор и во обезбедување на квалитетно образование. Оваа Влада останува посветена и на ценовната и трошковната конкурентност, обезбедувајќи им на компаниите најниски даноци. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, го најави потпишувањето на договорот за формирање на Македонско-турски деловен – совет, кој треба да работи и да придонесе кон поголема соработка на бизнис заедниците на двете земји и да ги зголеми директните инвестициите од Турција во Република Македонија и обратно. Договорт го потпишаа Бранко Азески и Рифат Хисарчиклиоглу. Стопанската комора на Македонија, свечено ги додели и наградите на успешни стопанственици и компании, членки на Комората. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
АКТУЕЛНО
НАГРАДИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА 1. Награди на Стопанската комора на Македонија за компании-членки на Комората, кои во 2014 година инвестирале во нови капацитети во земјата и во странство или во современа опрема за подигнување на конкурентноста, а притоа инвестицијата изнесувала над 1.000.000 евра: а)„Фени индустри“ – Кавадарци б) Групација „СОЛ“-Италија, за инвестициите во Република Македонија и в) Рудник „САСА“ ДОО - Македонска Каменица. 2. Награди на Стопанската комора на Македонија за долгогодишна коморска активност: а) Господин Доне Таневски, „Македонијатурист“ АД - Скопје и б) Господин Страшо Милковски, ГД „Гранит“ АД - Скопје. 3. Специјално признание за компанија со најголем број учесници на едукативни настани во Стопанската комора на Македонија во 2014 година: а) „Мепсо” АД - Скопје. НАГРАДА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА НАЈДОБАР ПАРТНЕР ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА 2014 ГОДИНА Награда на Стопанската комора на Македонија за најдобар партнер на Стопанската комора на Македонија од државните институции во 2014 година: а) Министерството за финансии на Република Македонија.
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
9
АКТУЕЛНО
„Фени индустри“ – Кавадарци ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА И ИЗВОЗОТ
„Фени индустри“ од Кавадарци, има инвестирано 10 милиони евра во нова опрема и механизација за осовременување на производството, со цел подигнување на конкурентноста и зголемување на извозот. Со вредноста на реализираниот извоз во 2014 година, компанијата е најголемиот нето-извозник во земјата. „Фени индустри“ - Кавадарци, компанија за производство на фероникел, е најголемиот металуршки и воедно најголемиот индустриски капацитет во Република Македонија. Од 2005 година наваму, „Фени индустри“ е во составот на „Кунико Ресурсиси“, компанија која е најголемиот производител на фероникел во Европа и четврта во светот. Во 2005 година „Фени индустри“ произведуваше само 5.000 тони фероникел на годишно ниво. Со континуираните капитални инвестиции и технички дополнувања, производството на „Фени индустри“ достигна над 22.000 тони фероникел годишно. Во моментот „Фени индустри“ вработува околу 1000 работници, но значителен е бројот и на индиректните вработувања. Со вредност на извозот од 265 милиони САД долари годишно „Фени индустри“ е најголемиот нето-извозник во државата. „Фени индустри“ ги има имплементирано највисоките стандарди во работењето, а за одбележување е дека се првата компанија во државата која аплицираше и ја доби А-интегрираната еколошка дозвола. Придонесот кон животната средина го потврдуваат и преку изборот на поволни суровини, гледано од еколошки аспект. Една од стратегиските цели на компанијата е преку инвестирање да се обезбеди иднината на компанијата. Во тој контекст, „Фени индустри“ има купено два рудника во Гватемала, а и натаму работат на проширување на сопственото портфолио, во смисла на рудни резерви. Инвестицијата од над 10 милиони евра во опрема, во подобрување на производниот процес од техничкотехнолошки аспект, е токму во насока на оваа стратегиска определба на „Фени индустри“.
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
АКТУЕЛНО
Групација „СОЛ“ од Италија инвестира во Република Македонија ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПОСТРОЈКА ЗА ТЕЧЕН АЗОТ И ЗАВРШУВАЊЕТО НА ЧЕТИРИТЕ МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ
Групацијата „СОЛ“ од Италија во Република Македонија делува преку 3 компании - членки на Стопанската комора на Македонија и тоа: Технички гасови „Скопје“ АД; „СОЛ СЕЕ“ и „СОЛ Хидропауер“ од Скопје, кои имаат инвестиција од 10,1 милион евра. Инвестициите се во основни средства, изградба на нова постројка (втечнувач за течен азот) и изградба на мали хидроцентрали за потребите на трите компании. Нивната главна активност е производство и трговија со технички и медицински гасови, додека другите активности вклучуваат пренос, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за гас и трговија со опрема и апарати за користење на гасови. Ова акционерско друштво има долга и успешна традиција во производството на технички и медицински гасови, почнувајќи од 1939 година. Технички гасови „Скопје“ - Скопје работи според стандардите ИСО 9001 и ИСО 14001, а ги задоволува и барањата на Европската директива 91/356/EEC, со што ги исполнува условите за производство и дистрибуција на медицински гасови во Европската унија. Прометот на годишно ниво на технички и медицински гасови на Технички гасови „Скопје“ АД и „СОЛ СЕЕ“ изнесува над 15 милиони евра. Најголем дел од производството се пласира во соседните земји Грција, Бугарија, Србија, како и во Романија и Италија. „ТГС“ го шири бизнисот во делот на обновливите извори на енергија. Компанијата „СОЛ Хидропауер“, врз база на добиени концесии изгради 4 мали хидроелектрани, кои го обезбедуваат производството на технички и медицински гасови со електрична енергија. Инвестициите во 2014 година, во износ од над 10 милиони евра во основни средства, во изградба на новата постројка (втечнувач на течен азот) и завршувањето на четирите мали хидроелектрани се основа за зголемено производство и развој на компаниите во состав на Групацијата „СОЛ“ од Република Италија.
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
11
АКТУЕЛНО
Рудници „САСА“ ДОО - Македонска Каменица ПОСТОЈАНО УСОВРШУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ЗАШТИТАТА ПРИ РАБОТА
Рудници „Саса“ ДОО - Македонска Каменица има реализирани капитални инвестиции во износ од над 8,5 милиони евра, вложувања во основни средства, машини и опрема. Рудници „САСА“ ДООЕЛ - Македонска Камeница е друштво за вадење и преработка на оловна и цинкова руда. Рударскиот комплекс се состои од две основни производствени единици: Рудник за подземна експлоатација на оловно-цинкова руда и Флотација-погон за преработка на руда и производство на концетрати на олово и цинк. Производствениот капацитет на САСА изнесува 770.000 тони преработена сува олово-цинкова руда на годишно ниво. Во 2006 година, по завршените инвестициони зафати (20 милиони евра) и други обемни активности, потполно да се рестартира и да се реконструира еден од поголемите рудници во Македонија, со технички потенцијал кој во последните години дозволува континуиран капацитет на преработка од над 750.000 тони сува руда. Рудник „Саса“ ДОО е значителен субјект за економијата во Република Македонија во целина, а особено за стабилен развој на источен плански регион од државата, што претставува една од основните мисии на компанијата, покрај рационално искористување на суровинската база и реализација на растечкиот потенцијал по пат на континуирани геолошки истражувања и одржување на висок квалитет на конечни производи кој одговара на сите светски стандарди. Рудникот работи според највисоките стандарди за менаџмент (ISO 9001), управување со мерки за заштита на животна средина (ISO 14001), управување со мерки за безбедност и заштита при работа (OHSAS 18001), како и со А-интегрирана еколошка дозвола. Во состав на рудникот функционира единствена меѓународна сертифицирана лабараторија за квалитет на концентрати на олово и цинк во земјава. Во согласност со стратегиските цели на оваа целосно извозно ориентирана компанија за постојано усовршување на производството, како и разработка и воведување на ефективни техничко-технолошки решенија и набавка на специјализирана опрема за заштита при работа, се и реализираните капитални инвестиции во основни средства и опрема во износ од над 8,5 милиони евра во текот на 2014 година.
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
АКТУЕЛНО
Доне Таневски, претседател на Управниот одбор на „Македонијатурист“ АД – Скопје ДОАЈЕН ВО УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ И ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ЗЕМЈАВА
Истакнат доајен во угостителската дејност, активен стопанственик и учесник во работата на Стопанската комора на Македонија на сите нивоа повеќе од 30 години. Во неколку мандати во изминатиот период го водел Здружението на угостителството и туризмот како претседател, а учествувал и во највисоките органи на Стопанската комора на Македонија - во Собранието и Управниот одбор. Со господинот Таневски се поврзуваат и почетоците на промотивните активности на македонскиот туризам во странство, еден од првите учесници во развојот на угостителството во Македонија, кој во своето угостителско портфолио ги има брендовите „Холидеј ИНН“ (Holiday Inn) и „Бест Вестерн“ (Best Western). „Македонијатурист“ АД - Скопје под раководство на Таневски како претседател на Управниот одбор на компанијата, повеќе децении е редовна членка на Стопанската комора на Македонија. И денеска, директно со свое вложување и индиректно преку претставници на хотелско-угостителскиот комплекс, е активен во работата на Комората на сите нивоа, со акцент на поддршка и унапредување на угостителско-туристичката дејност преку Здружението на угостителството и туризмот. „Македонијатурист“ АД - Скопје е на 37-то место на листата најпрофитабилни компании во Република Македонија за 2014 година согласно податоците од Централниот регистар на РМ и со тоа е најголемата компанија од дејноста угостителство и туризам во земјата.
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
13
АКТУЕЛНО
Страшо Милковски, генерален директор на ГД „Гранит” АД – Скопје ВГРАДЕН ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И ВО РАЗВОЈОТ И МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА
Господинот Страшо Милковски во 1994 година е избран за генерален директор на ГД „Гранит” АД - Скопје. Во овој период се одвиваше процесот на приватизација и трансформација во акционерско друштво, така што во 1996 година, ГД „Гранит” АД стана првата македонска градежна компанија каде доминантни сопственици станаа сите вработени. Менаџерските способности на господинот Страшо Милковски се` повеќе доаѓаат до израз во услови на намалени инвестициони работи во земјата, но и на странските пазари. Основната определба дека пазарот треба да се проширува се` повеќе на странските инвестициони пазари, се вршеше преку современиот начин на работа, компјутеризација, обновување на застарената опрема и механизација, како и проширување на претставничката мрежа. Заедничките напори на менаџерскиот тим на ГД „Граниит“ АД - Скопје, предводени од господинот Страшо Милковски, резултираа со учество и добивање на тендери кои се финансирани од ЕБРД, ЕИБ, Светската банка, како и со склучување договори за изведување инфраструктурни објекти со повеќе милионски вредности. Паралелно со ангажманите во компанијата, господинот Милковски активно е вклучен и во работењето на телата и органите на Стопанската комора на Македонија, така што во периодот 2000-2005 година е претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, исто така во три мандати е и член на Управниот одбор на Здружението, а во моментот ја врши и функцијата потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Забележителен е неговиот ангажман во Стопанската комора на Македонија преку претставување на македонското градежништво на заеднички средби со стопански делегации во други земји (Русија, Украина, Германија, во земјите од регионот и поранешните ју-републики), како и во нашата земја.
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
АКТУЕЛНО
„Мепсо“ АД – Скопје ПОСТОЈАНА ГРИЖА ЗА ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ
„МЕПСО“ (Македонски електропреносен систем оператор) е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на „Електростопанство на Македонија“. Основна дејност на „МЕПСО“ е непречен пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи и дистрибутивната мрежа на „ЕВН Македонија“. Двете клучни функции на „МЕПСО“ се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. „МЕПСО“ е одговорен за редовен пренос на електрична енергија од македонската граница до дистрибутивната мрежа на „ЕВН Македонија“. „МЕПСО“ го организира и диспечира транзитот на електрична енергија, а воедно се грижи за балансирање на електроенергетскиот систем. Во рамките на „МЕПСО“ функционира и Подружница - Оператор на пазарот на електрична енергија, лиценциран да го организира, евидентира и контролира тргувањето со моќност и со електрична енергија во земјава. Структурално „МЕПСО“ е организиран во дирекција, три подружници и три сектори. 1. Подружница ОЕПС – Оператор на електропреносен систем чија задача е да го управува системот и да обезбеди хармоничен однос меѓу потрошувачите и производителите на електрична енергија (домашно производство и увоз); 2. Подружница ОПМ – Оператор на преносна мрежа чија задача е да се грижи далноводите, трафостаниците и трансформаторите и другите постројки да бидат во беспрекорна состојба која овозможува редовeн и навремен ток на електричната енергија; 3. Подружница ОПЕЕ - Оператор на пазар на електрична енергија задолжена за организација на пазарот на електрична енергија во Република Македонија. За обезбедување на оптимален проток на енергија и за доверлива работа на електроенергетскиот систем АД „МЕПСО“ стратешки планира и спроведува инвестиции во својата електроенергетска мрежа со што постојано се зголемува и се подобрува доверливоста и оперативноста на електроенергесткиот систем. МЕПСО е компанија, чии вработени присуствуваа на најголем број едукативни настани во 2014 година, организирани од страна на Стопанската комора на Македонија. МЕПСО учествуваше со 26 учесници на 14 настани реализирани од страна на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија во 2014 година.
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
15
АКТУЕЛНО
Министерството за финансии на Република Македонија ПЕРМАНЕНТНО ПАРТНЕРСТВО СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА
Стопанската комора на Македонија, како најголем репрезент и застапник на интересите на стопанството ја цени за исклучително значајна соработката што ја остварува со Министерството за финансии при Владата на Република Македонија како носител на фискалната власт во државата. Министерството за финансии преку успешно управување со јавните финансии се стреми да постигне повисок економски раст и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Македонија. Министерството за финансии во своето работење е одговорно за обезбедување стабилна економија и повисок економски раст, како и обезбедување поддршка на економските субјекти во нивното деловно работење. Токму во овој сегмент и се гледа перманентното партнерство на бизнис-заедницата со Министерството за финансии. Токму оваа соработка ќе придонесе за унапредување на економијата, за пазарно ориентиран и конкурентен економски систем. Посебно треба да се нагласи соработката со Бирото за јавни набавки на Република Македонија преку организирање серија едукативни настани наменети за бизнис-заедницата, потоа перманентната и непосредна соработка со стопанствениците и др. Излегувајќи од рамките на конзервативна инертност, бирократизам и преголемо администрирање во вршењето на неговата основна функција и улога, Министерството за финансии при Владата на Република Македонија успеа да се наметне како вистински партнер на бизнисот. Натамошното унапредување на партнерството на Министерство за финансии со бизнис-заедницата, преку уште потесни форми и облици на заедничко делување и соработка и натаму останува како еден од главните приоритети и определби на Стопанската комора на Македонија.
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ФОКУСИРАНО Стопанската комора на Македонија го презеде претседавањето и беше домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балканските комори
ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА КОН ДОЛГОРОЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ВО РЕГИОНОТ
Стопанската комора на Македонија го презеде претседавањето и беше домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балканските комори што се одржа во Скопје (18.2.2015 година): Согласно еден од главните приоритети на Асоцијацијата на балкански комори за развој и соработката помеѓу бизнис заедниците од Балканот, беа иницирани предлози со кои ќе се поттикнат и поддржат активности насочени кон структурни промени во економиите на Балканските земји. Притоа, особено беше нагласена важноста на индустријата во насока на зголемување на националната конкурентност преку стабилен, одржлив и побрз економски раст, како и важноста на зајакнување на малите и средни претпријатија, како клучен дел од приватниот сектор. Имајќи ја во предвид иницијативата на Стопанската комора на Македонија 2015 година да се прогласи за година на конкурентноста во Македонија, на седницата беше уште еднаш нагласена потребата сите земји од регионот, кои се со различно ниво на економски развој, заеднички да работат на создавање на услови за подинамичен економски развој, како и на зголемување на националната конкурентност преку стабилен, одржлив и побрз економски раст. Претседателот на Стопанската комора на Макеоднија, Бранко Азески, нагласи дека приоритетна активност на Коморите е воспоставување континуиран дијалог со владите во секоја земја во дефинирањето на мерките на економската политика кои се однесуваат на поедноставување на условите за водење бизнис, поголема либерализација и создавање системски предуслови со цел приватниот сектор да биде доминантен двигател на развојот и во функција на остварување на поголема економска соработка меѓу економиите на АБК. Во таа смисла, Бранко Азески нагласи дека коморите треба да ги поттикнуваат активностите за поголема интернационализација на економиите и поголема меѓусебна соработка, како и при настап на трети пазари. Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, ја водеше дискусијата на тема „2015-Година
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
17
ФОКУСИРАНО на конкурентност во регионот“. Тој ја нагласи важноста на растот на микро конкурентноста, како главен предуслов за стабилен, брз и одржлив економски развој на економите, кој што е основа на нивниот раст. Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на турските индустриски комори и стоковни берзи го пренесе своето искуство за долгорочно зголемување на конкурентноста на регионот преку соработка помеѓу деловната заедница, владата и сите клучни чинители во општеството. Негова сугестија беше работа на унапредување на јавно-приватниот дијалог, што треба да биде основа за развој на стопанството и стремеж за сите Балкански земји. На седницата направен беше детален осврт на индикаторите на конкурентност на државите од Балканот, согласно податоците од Global competitiveness Report и World Economic Forum reports, и соодветното рангирање на државите од регионот согласно овие индикатори. Во рамките на тоа, беа анализирани причините за неконкурентноста на економиите на секоја од државите - членки на АБК и начините за нејзино подобрување . Сите членови на Асоцијацијата на Балканските комори кои присуствуваа на состанокот (Трговско-индустриската комора на Романија, Трговско-индустриската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Трговско-индустриската комора на Србија, Трговско-индустриската комора на Кипар, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Македонија) во своите излагања и во дискусијата која следеше, истакнаа дека конкурентноста е предуслов за поголем успех на компаниите на светските пазари, преку обезбедување на микро-конкурентноста на ниво на претпријатија и на поволната бизнис-клима која поттикнува воведување на нови производи и процеси и инвестиции. Беше направен осврт на потребата за поттикнување на регионалната конкурентност со зголемување на инвестициите во областа на земјоделството и на обновливите извори енергија и спроведување инфраструктурни проекти од интерес за регионот. Дебатирано беше и за улогата на коморите во напорите, а се зголеми конкурентноста со понуда на услуги на фирмите, политиките кои владите во секоја од државите треба да ги спроведуваат за унапредување и привлекување на странските инвестиции со цел да се зголеми конкурентноста на балканските земји, како и потребата заеднички, со здружени активности, интензивирано да работи на зголемување на конкурентноста на целиот регион. Асоцијацијата на Балканските комори на Макеоднија дискутиташе околу приоритетите за развој на економиите од регионот на АБК, од кои помеѓу другите, особено беа нагласени: • Јакнење на капацитетот на бизнис секторот преку инвестиции за модернизација и техничко надоградување на постоечките индустриски капацитети; • Поттикнување нови инвестиции во производството и извозно ориентирани активности; • Реализација и отпочнување на економските активности долж Коридорите 8 и 10 и активно вклучување на сите засегнати страни за успешна реализација на зацртаните цели; • Зголемување на продуктивноста и производството на производи со повисок степен на доработка; • Интензивирање на соработката на извозно ориентираните компании од земјите членки на АБК, како и со други држави; • Поттик за иновативни активности кај малите и средни компании; • Реформи во образованието согласно потребите на пазарот на труд и зголемена мобилност на работната сила; • Прилагодување на системите за стандардизација на производите и услугите; • Заедничка промоција на економските потенцијали на земјите членки на АБК; • Поддршка на развојот на постоечките и креирање на нови брендови. Татјана Штерјова
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ТРИБИНА
Регионална конференцијата „Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјитепотписнички на ЦЕФТАдоговорот“
ФЛЕКСИБИЛНОСТ, ОДРЖЛИВОСТ И ИНОВАТИВНОСТ, ТРАНСПАРЕТНОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Стопанската комора на Македонија, потпомогната од Унијата на германските трговскоиндустриски комори (ДИХК) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје организираше голема регионална конференцијата „Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјите-потписнички на ЦЕФТАдоговорот“ (17.2.2015 година). Според модераторот на настанот, Билјана Пеева - Ѓуриќ, централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, покрај остварувањето на основната цел – либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, создаде можност и за соработка во областа на јавните набавки, заради што и беше организирана оваа Конференција. На темата дебатираа претставниците на коморите од регионот, Унијата на германските трговско-индустриски комори, претставнците на ЕУ-делегацијата во Македонија, јавните претпријатија, институциите, општините и економските оператори, како и претставници на бизнис - заедницата од земјава. Според Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, континуиранни се заложбите на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјата за изградба на пазарно ориентирана системска регулатива која ќе соодветствува на реалните потреби на стопанските субјекти. Во тие рамки спаѓа и законската регулатива за јавните набавки, бидејќи средствата за јавни набавки за 2015 година, според наши пресметки ќе учествуваат со околу 10,5% во проектираниот износ на БДП, односно со околу 30% во вкупните расходи на Буџетот на РМ. Притоа, тој спомена неколку актуелни прашања и проблеми во спроведување на Законот за јавни набавки. Прво, тоа се однесува на неговите чести измени и дополнувања, а само минатата година тоа е направено четири патти. Формално правно, според Азески, Законот за јавни набавки овозможува лојална конкуренција и ја исклучува дискриминацијата во постапките на јавните набавки. Но, во реалноста, бизнис заедницата укажува на други состојби, а тоа го потврдуваат и сознанијата од мониторингот на јавните набавки. Доказ за тоа се малиот број понудувачи, околу 2 по јавен тендер, како и малиот број на жалби. - Комората посебно укажува на потребата и очекува од креаторите на економската политика да преземат активности за промена на постојното законско решение со кое при избор на најповолна понуда решавачки критериум ќе биде најниската цена, а се запоставува квалитетот, како и да се изменат законските одредби со кои се воспоставија многубројни административни и бирократски постапки на Советот за јавни набавки. – додаде Бранко Азески, - Во наредниот период од страна на сите субјекти треба да се работи на зголемување на транспарентноста
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
19
ТРИБИНА во јавните набавки и тоа планирањето на јавните постапки, спроведувањето на постапките на јавни набавки, избор на најповолен понудувач, извршување на јавната набавка по фази и евалуација на целиот процес. Стопанската комора на Македонија, како што беше истакнато, посветува посебно внимание на зголемувањето на знаењето на претставниците на своите членки за правилна примена на Законот за јавни набавки со подзаконските акти. Во периодот од 2011 до крајот на 2014 година, Комората има организирано 21 семинар, на кои учествувале 750 слушатели и тое не само од редот на своите членки, туку и од други заинтересирани субјекти за јавните набавки (договорни органи, економски оператори). Д-р Кристине Алхаузер, амбасадор на СР Германија во Република Македонија спомена дека волуменот на јавните набавки во нејзината земја е околу 360 милијарди евра, а во сите земји членки на Европската Унија околу 1500 милијарди евра годишно. Бројката за Германија го опфаќа волуменот на годишните набавки на сите јавни институции. Половината од сите јавни набавки се реализирани на локално ниво. Вкупниот износ од 360 милијарди евра претставува 13% од германскиот БДП. Овие бројки покажуваат дека јавните набавки играат многу важна улога при постигнување на неколку цели. Германија преку јавните набавки се стреми да ги оствари следните цели: одржливост, екологија и иновации. Таа нагласи дека светските емпириски податоци покажуваат дека одбирање на стоки и услуги само врз основа на најниска цена, не соодветствува на принципот „добиена вредност за потрошените пари“ - Ако сакаме во јавните набавки да поставуваме стандарди и да постигнеме висока основа на морал, сите заедно треба да работиме на тоа, корупцијата и валканите зделки да не станат практика во нашето деловно однесување. Сигурна сум дека ова не е ниту лесно, ниту брзо достижно, и дека на пазарот секогаш ќе има конкуренти кои ќе се обидуваат да ја добијат зделката на нефер начин. Сепак, уверена сум дека таквото однесување нема долг век и нема да има иднина. Зошто? Бидејќи корупцијата во јавните набавки предизвикува загуба кај сите нас како плаќачи на данок кога јавните фондови се користат на начин кој резултира во набавки на неоптимални добра и услуги, а тоа потоа создава потреба од уште средства во фондовите за да се корегира недостатокот на претходно набавените производи. – додаде Алхаузер. Затоа, Јаромир Левичек, раководител на Секторот за економски прашања, при Делегација на Европската унија во Република Македонија смета дека е важно земјата да воспостави систем за јавни набавки кој најлесно би се опишал како круг со стрелки кои покажуваат во три различни правци - слично на знакот за „Мерцедес“. -Овие стрелки посочуваат на три групи на цели. Прво, важно е да се добие најдобрата вредност за парите на даночните обврзници. Второ, треба да се задоволат барањата за транспарентност и усогласеност со регулативи, вклучително и правилата на Европската унија. Трето, треба да се внимава на различните државни политики, особено на економските и општествените политики, како и тие за заштита на животната средина. – објасни Левичек, додавајќи дека јавните набавки достигнуваат дои 11 отсто во националните БОП и до 30 отсто на ниво на ЕУ. Неговата порака е да почне имплементацијата на новите европски директиви кои треба да се трансформираат до нациопналните законодства во следните две години. Александар Аргировски, директор на Бирото за јавни набавки на РМ, го објасни системот на јавни набавки во земјава, споменувајчи дека тој е под постојан мониторинг на Европската унија, Светската банка и СИГМА и ЕБРД. -Бирото за јавни набавки е мостот меѓу јавниот и приватниот сектор.Неговата улога е да делува превентивно, да обезбеди што помал број на грешки во процесот и да влијае на транспаретноста. Во земјите во кои постојат вакви бироа се поедноставнои се обезбедува развојот на системот на јавните набавки. – подвлече Александар Аргировски.
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ТРИБИНА Едвард Шварц, долгогодишен експерт при партнерскиот проект меѓу ДИХК и стопанските комори од ЦЕФТА – земјите подвлече дека е донесен пакет за модернизација на европскиот систем на јавни набавки, а трите директиви треба да бидат транспортирани во германското законодаство до 18 април 2016 година. Промените се донесени за да се одговори на актуелните потреби на заедничкиот пазар и да се унифицираат постапките при јавните набавки.Главните цели се да се воспостават поедноставни и пофлексибилни постапки, одржливост и иновативност во целиот овој процес, транспаретност и и недискриминација во јавните набавки, посебно во однос на малите и средни претпријатија. Едвард Шварц посебно го пренесе искуството на Германските комори во процесот на јавните набавки: -Од пред една деценија во германските покраини почнаа да се формираат Агенции за за советодавна подршка на малите и средни претпријатија. Со тоа на малите и средни бизниси им се помага за учесто во постапките на јавните набавки. На пример, услугата на таквата Агенција во покраината Хесен, која е непрофитна организација, вклучува 10 индустриски и три занаетчиски комори. Во нив се сливаат сите податоци за јавните набавки, се прави постапка на сертификација, се организираат семинари и се остваруваат и низа други функции.И што е најбитно трошоците за малите и средни претпријатија за учество на тендерите се значително намалени. На Конференцијата искуствата на странските инвеститори во постапките на јавните набавки ги изнесе, Јуан Педро Јименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори, а законската и институционалната рамка и функционирањето на јавните набавки во одредени држави – членки на ЦЕФТА ги образложија нивни претставници. Саво Пејчиновски
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
21
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ЕДУКАЦИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
СОРАБОТКA Средба на претставници на Стопанската комора на Македонија и на Македонско-бугарската стопанска комора
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРООДНОСТА НА СТОКИТЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРЕЧКИ
Подобрување на инфраструктурата, воспоставување директни авио и железнички врски, зголемување и забрзување на проодноста на стоките на границите, олеснување на административно царинските процедури се прашања на кои треба да работат земјите во регионот за да се зголеми обемот на трговската размена.Ова беше истакнато во разговорите на претставници на Стопанската комора на Македонија и на Македонско-бугарската стопанска комора (17.2.2015 година). Домаќин на средбата беше Македонско-бугарската стопанска комора. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија истакна дека клучните насоки по кои треба да се движат земјите е зацврстување на балканската соработка. - Сметаме дека во услови кога излегуваме од кризата нашата размена која воглавно е сконцентрирана кон Германија треба да се врати на Балканот заради намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на нашите стоки. Ги детектиравме секторите во кои може да се направи тоа. За тоа ќе се разговара на 12 март во Бугарија, на 16 и 17 март во Србија, а минатата разговаравме во Хрватска по ова прашање, - додаде Бранко Азески. Инфраструктурно, рече. полека се заокружуваат работите, но проодноста е голем проблем. - И тука ќе се сконцентрираме во наредниот период како да го надминеме односно намалиме тоа непотребно задржување на границите и функционирањето во услови на различити системи, односно степени на соработка на земјите со Европската унија. Вие знаете дека на Коридорот 8 има четири држави и сите се со различен статус на степен на соработка со ЕУ. Ќе направиме се таа проодност да се забрза и да се зголеми, нагласи Бранко Азески. - Изградбата на коридорите, која се очекува да заврши меѓу 2018 и 2020 година, земјите треба да ја пречекаат адекватно подготвени, односно со зголемена проодност. И Цветан Симеонов, претседател на Бугарската стопанска комора, смета дека многу нешта треба да се направат во регионот бидејќи досегашните настојувања и активности не ги дале резултатите што се очекуваат. И за него, пред се, треба да се работи на прашањата на инфраструктурата. -Не е во ред меѓу двете земји да има авиоврска преку сите други соседни земји, а не директна, не е во ред да немаме железничка врска, а граничните пунктови да бидат со тесни патишта и двојни административни процедури. Ние ја поддржуваме иницијативата на Македонско-бугарската стопанска комора за се постигне единствено административна процедура на граничните премини и заеднички да се проверуваат стоките. Со тоа за половина би се намалило времето и парите за преминување на стоките, - нагласи Цветан Симеонов. Познато е, рече, дека административните бариери се најтешки, тоа е голем проблем и за бугарските фирми меѓу другите со коишто се соочуваат. Затоа, треба да им предложиме на владите да се размисли за ова прашање. Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски се согласува дека е неопходно да се создадат врски и да се овозможи побрза проодност. - Се трудиме во регионот да направиме една трансверзала да може Скопје како главен град на една од државите во регионот да има барем една директна врска со Софија ако не може во догледно време да се направи со Тирана, Приштина или Белград. На таков начин да се направи една проодност на стоките и услугите и да ја отвориме границата како едно заедничко добро на двете држави. Ова на регионот му е нужно потребно ако сакаме да зборуваме за зголемена размена на стоки, рече Темелковски.(МИА)
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
23
СОРАБОТКА Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија во периодот јануари-октомври 2014 година
(во САД $) долари
Вкупна размена 602.236.567,00
Извоз 274.716.731,00
Увоз 327.519.836,00
во периодот јануари-октомври 2013 година Вкупна размена 569.785.047,00
Извоз 269.252.962,00
Увоз 300.532.085,00
Салдо -45.838.245,00 (во САД $) долари
Салдо -24.607.070,00
Вкупната трговска размена во првите десет месеци од тековната 2014 година изнесува 602,2 милиони САД $, што претставува раст од 5,7% споредено со истиот период минатата 2013 година. Извозот изнесува 274 милиони САД $, што претставува зголемување од 2%, додека увозното салдо изнесува 327 милиони САД $, или зголемување од 9% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2014 година и од 2013 година, Бугарија била шести трговски партнер на Македонија.
Застапеност на производи во размената меѓу Република Македонија и Република Бугарија во периодот јануари-октомври 2014 година Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-октомври 2014 година, во структурата на извозот се застапени: • плоснати валани производи од железо или нелегиран челик – 142,6 милиони САД долари; • руди на олово, бакар, цинк и концентрати – 130,5 милиони САД долари; • тутун неизжилен – 18,7 милиони САД долари; • цевки и црева, крути – 10,8 милиони САД долари; • цевки и црева, незајакнати, со прибор – 9,9 милиони САД долари; • отпадоци и остатоци од бакар – 8 милиони САД долари; • друг зеленчук,свеж или разладен – 4,8 милиони САД долари; • женски блузи, кошули и кошули-блузи – 4,4 милиони САД долари; • рафиниран бакар – 4,3 милиони САД долари; • јаболки, свежи – 4,2 милиони САД долари • други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек – 3,5 милиони САД долари; • ткаенини (вклучувајки бесконечни ленти) решетки,мрежи и огради од железна или челична жица – 2,6 милиони САД долари; Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари- октомври 2014 година, во структурата на увозот се застапени: • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки – 83,2 милиони САД долари; • електрична енергија – 34,1 милиони САД долари; • сурово масло од сончоглед – 17,5милиони САД долари; • други отпадоци и остатоци од железо, неспомнати на друго место – 15,8САД долари; • шипки и прачки од железо и нелегиран челик – 9 милиони САД долари; • цинк нелегиран – 7,8 милиони САД долари; • производи за транспорт и пакување на стока од пластика, н.н; тапи, капаци и други затворачи, од пластика – 7,1 милиони САД долари; • пропан, течен – 5,3 милиони САД долари; • глазирани керамички плочки за поплочување или обложување; глазирани керамички коцки за мозаик – 4,2 милиони САД долари. • балони, шишиња, тегли, лонци, фиоли, ампули и други контејнери од стакло, за транспорт или пакување на стоки и други затворачи од стакло – 3,7 милиони САД долари; • портланд цемент - 3 милиони САД долари. • бутан, течен – 2,1 милиони САД долари
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
РЕАЛИЗАЦИЈА Активности во рамки на проектот Build up Skills за енергетска ефикасност на градежниот сектор во 2015 година
ПОЧНУВА ОБУКАТА НА 200 ТРЕНЕРИ И СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА 1000 ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ
Клучните активности за 2015 година на проектот Градење на капацитети на градежните работници – Обука за енергетска ефикасност влегуваат во конкретна реализација во рамки на предвидените на проектот Build up skills. Главните цели на проектот Градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор е да ја подготви и Република Македонија во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент на обука и едукација на работниците во градежниот сектор Тој е идентификуван како сектор кој најмногу може да придонесе во постигнување на параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор. Подготвени се материјали и модули за обука на кадар во градежниот сектор во делот на енергетската ефикасност во градби. Следната активност е да се обучат тренери кои понатаму ќе ги обучуваат градежните работници во Македонија. Повикот за обука на тренери, Стопанската комора на Македонија, како координатор на овој проект, ќе го објави на 5 март 2015 година во дневните гласила, на порталот на Стопанска комора на Македонија и на веб страната на проектот BUILD UP skills. – истакна Јадранка Аризанковска, проект менаџер на прес конференција во Стопанската комора на Македонија (16.2.2015 година). Со досегашните активности на BUILD UP skills во Македонија се идентификуваа приоритетните занимања во градежниот сектор и бројот на потребни обучени градежни работници во областа на енергетската ефикасност кој Македонија треба да го достигне до 2020 година, за да ја имплементира превземената законска обврска. Анализите во документите „Статус кво“ и „Патоказ“ покажаа дека на Македонија ќе и требаат најмалку 9.800 работници во градежниот сектор, а најприоритетни ќе бидат следените 5 занимања во градежниот сектор, за кои обука ќе се сапроведе до крајот на годинава: 1. обвивка на зграда; 2. застаклување; 3. кров; 4. електрична инсталација; 5. вентилација, ладење и греење. Овие 5 обуки кои се идентификувани како клучни од претходната анализа направена во градежниот сектор, ќе обезбеди нивно вклучување како приоритетни во националната карта во Македонија Целта е да се подобри состојбата на занимањата, односно да се добие стручно подготвен кадар во градежниот сектор за градење на енергетски ефикасни градби. Овие занимања понатаму ќе бидат дел од неформалното образование. – нагласи Ристо Иванов, координатор на проектот. Реализацијата на овие обуки влезе и во Оперативната програма на Владата на РМ за професионална обука во следната
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
25
РЕАЛИЗАЦИЈА
година. Тоа значи дека материјалите подготвени за обуките, сертифицираните тренери и неопходните пропратни документи ќе бидат на располагање на тренинг центрите во иднина за да ги имплементираат во континуитет овие обуки за градежни работници кои треба да градат објекти според критериумите за енергетска ефикасност. Во текот на годинава ќе бидат реализирани и други активности. Ќе биде спроведена обука на 200 обучени и сертифицирани обучувачи-тренери, по 40 за секое од 5-те занимања. Овие обуки ќе бидат соодветно подготвени за верификација од страна на Центарот за образование на возрасни. Процедурата за верификација ќе отпочне во текот на проектот. Илјада сертифицирани работници кои имаат претходно работно искуство во делот на енергетската ефикасност ќе дополагаат испити од новите модули за признавање на дипломата. Проектот ќе овозможи 1000 работници од 5-те приоритетни занимања да добијат СЕРТИФИКАТ за стекнато знаење и искуство во минатото од областа на енергетската ефикасност. Веќе е формирано и Сертификационо тело кое ке ја врши сертификацијата на градежните работници. За оваа активност предвидено е и активно вклучување на градежниот сектор кој ја има најголемата придобивка од овој проект. Педесет градежни работници на терен ќе бидат обучени за енергетска ефикасност во рамките на проектот во пилот фазата. Понатаму овие обуки ќе бидат дел од владината програма и ќе се одвиваат во континуитет. Новина е тоа што обучените тренери и градежни работници ќе можат да работат во Република Хрватска, согласно потпишаниот Меморандум на взаемно признавање на сертификатите, кој беше потпишан меѓу националните конзорциуми на Република Македонија и Република Хрватска. Конзорциумот за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информатички технологии, Центарот за образование на возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис и економија од Скопје. Втората фаза на оваа Европска иницијатива паралелно се спроведува во 20-тина земји на ЕУ (30 европски земји беа во првата фаза), а Република Македонија и Република Хрватска се единствени од регионот. Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, а го доби овој проект и тој ќе биде координиран од страна на Стопанската комора на Mакедонија.
Јадранка Аризанковска
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Прослава на значаен јубилеј на Пивара Скопје
ДЕВЕТ ДЕЦЕНИИ ПРЕДВОДНИК НА КОРПОРАТИВНАТА КУЛТУРА ВО ЗЕМЈАВА
Големиот број гости и пријатели на Пивара Скопје, на 17.2.2015 година, во Македонскиот народен театар, беа дел од временската машина која ги однесе на виртуелно патување низ 90 годишната историја, но и кон иднината на една од водечките македонски компании - Пивара Скопје, која е дел од глобалните семејства на Coca-Cola и Heineken. На автентичен, уметнички и атрактивен начин, „зачинет“ со прекрасниот мултимедијален настап на врвни уметници, на гостите им беше раскажана една од највозбудливите домашни деловни приказни која е длабоко врежана во животот на нашата заедница. -Секој што барем еден ден поминал во Пивара Скопје, разговарал со некој од нејзините луѓе кои се нарекуваат „Пиварци“, или имал прилика да се увери во квалитетот на нејзините брендови, е свесен за Пиварската автентична приказна за предводникот на прогресот во развојот на корпоративната култура во Македонија што прерасна во репер за успех и квалитет во домашната индустрија за производство на пијалаци, но и на севкупниот живот на зедницата. Тоа е огромно наследство за сите нас во Пивара Скопје, но и за сите генерации што ќе се грижат за нејзиниот развој во иднина, затоа што 90 години поминаа, а ние штотуку почнуваме, - порача генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, заблагодарувајќи им се на сите генерации вработени во Пивара Скопје кои го вградиле своето знаење, енергија и љубов во успехот на компанијата и нејзините брендови. Присутните на прославата се потсетија на почетоците на Пивара Скопје од пред девет децении, како најава за индустријализацијата на земјата, преку периодот на инвестициски процут во кој се воведени најсовремените стандарди за менаџмент и лидерство во сите бизнис сегменти во земјата, па сe до нејзиниот придонес и долготрајна, конзистентна поддршка на традиционалните вредности на заедницата, но и на новите, современи трендови на живеење. Токму во овој дел, актуелно е значењето на партнерството на Пивара Скопје со македонскиот репрезентативен ракомет кое континуирано трае веќе 34 години, како и за резултатите од Програмата за едукација и обука на Пивара Скопје низ која за 17 години поминаа над 3.300 млади перспективни луѓе од земјава, стекнувајќи сe со знаења и вештини кои им помогнаа да прераснат во следната Во конкуренција на полнилници од 28 земји од претприемничка и менаџерска елита во земјата. Приказната Европа во Кока кола групацијата за наследството на Пивара Скопје содржи и проекти НАГРАДА ЗА КВАЛИТЕТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ за одговорен однос кон пиењето, за воспоставување највисоки стандарди и вложувања во заштитата на ЗА ПИВАРА СКОПЈЕ екосистемот, како и во обезбедување безбедна и здрава работна средина. Тоа знаење несебично се споделува и со Во конкуренција на полнилници од 28 земји од Европа и младите кои се поттикнуваат да го практикуваат активниот пошироко, Пивара Скопје ја доби наградата за квалитет и одржлив и здрав животен стил кој подразбира балансирана исхрана развој за 2014-та година, што ја доделува Coca-Cola HBC. и редовни физички активности. На ваков начин, преку Пивара Скопје ја добива наградата втора година по ред својата конзистентна подршка на сето она што е значајно и таа се доделува за остварените резултати во квалитет, здравје за вработените, за потрошувачите, за соработниците, со и безбедност, заштита на животната средина и почитување на еден збор за сите во нашата заедница, Пивара Скопје уште најстрогите стандарди во деловните операции. еднаш потсети на својата големина и значење, најавувајќи Пивара Скопје е дел од Coca-Cola HBC корпорацијата што дека и во иднина ќе го темели и споделува својот успех врз ја сочинуваат компании од 28 земји кои годишно произведуваат над основа на потребите на сите сегменети од заедницата на 2,1 милјарда единечни пакувања од брендовите од портфолиото на која и припаѓа. (Пивара Скопје) Coca-Cola за пазар од вкупно 586 милиони потрошувачи. (МИА)
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
27
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ПОДДРШКА НА НОВИ БИЗНИС ПАРТНЕРСТВА ВО РЕГИОНОТ
ПроКредит Банка организираше бизнис средба во Приштина во Република Кососво
ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови ригионални бизнис можности и партнерства. Клиентите кои соработуваат со ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби помеѓу клиенти на ПроКредит банките во рамки на својата меѓународната групација. ПроКредит за бизнисите кои функционираат регионално нуди прилагодена услуга која ја олеснува работата со регионалните партнери и го поддржува отварањето на претсавништва на македоснки бизниси во регионот. Ваквите можности и финансиката услуга за поддршка на бизнисите беа дискутирани на регионалната средба во Приштина, помеѓу бизниси од Македонија, Албанија и Косово. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од Македонија, Албанија и Косова како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси од трите земји. Присуствуваа над 100 компании кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехрамбени производи како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на машини, пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери . -За овој настан и за сите бенефити кои ги црпиме од него, можам само да ја пофалам Прокредит банка . Поврзувањето е во интерес на развој на нашиот бизнис и ова е една добра можност за да се запознаеме, да почнеме да соработуваме и на крај да направиме конкретни резултати. Остварив неколку средби со компании заинтересирани за пласман на моите производи на пазарите во Косово и Албанија, а истовремено најдов луѓе кои можат да ми помогнат со нивни производи во мојот бизнис на малопрдажба во Македонија. Овој настан е доказ дека на Балканот има повеќе од доволно пазар, но под услов бизнисмените да знаат да го видат и искористат. - изјави Абедин Мурати Мољика, кој се занимава со големопродажба и малопродажба на прехрамбени призводи од Тетово. Претставници на Управните Одбори на трите банки изјавија дека ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство има посебно развиена услуга погодна за фирми кои извезуваат, се во постојана активна потрага по нови партнерства, имаат или планираат да отворат свои претавништва во регионот. ПроКредит може да им понуди многу побрзи и поефтини трансфери, регионално финансирање на сите свои претставништва од една банка и пристап до бизнис контакти. -Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финснсиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржи нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме. - нагласи Емилја Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка Македонија. Вакви регионални средби од различни индустрии кои имаат потенцијал за регионална соработка ќе следат помеѓу бизниси во кој работи ПроКредит Банка-Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија. (ПроКредит Банка)
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Комфи Ангел“ од Прилеп во финалето на престижните Европски бизнис награди
ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ СЕ ОДВИВА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА WWW. BUSINESSAWARDEUROPE.COM.
РСМ Интернационал, водечкиот спонзор и корпоративен шампион на Европските бизнис награди кои промовираат комерцијална извонредност и препознавање на брилијаност во претприемништвото, објави дека компанијата КомфиАнгел ДОО Прилеп е меѓу финалистите и добитниците на Ruban d’Honneur наградата за 2014/2015 година. Од вкупно 709 национални шампиони, судиите - европски бизнис и политички лидери, академици и претприемачи, одбраа 110 добитници на Ruban d’Honneur. Процесот на судење го вклучува и јавниот глас кој ќе одлучи кои се „шампионите на јавноста“ на овој натпревар. Јавното гласање се одвива на интернет страницата . Победниците од јавното гласање ќе бидат објавени на 3 март 2015 година. На доделувањето на Европските бизнис награди за 2014 година, кое се одржа во ноември 2014 година во Скопје во организација на ревизорското друштво Ценсум, член на РСМ Интернационал, Комфи-Ангел ДОО Прилеп беше прогласена за еден од десетте национални шампиони. Во следната фаза во која националните шампиони се натпреваруваа во нивната категорија со компании од цела Европа успеа да обезбеди место во финалната рунда која ќе резултира со 11 победници по категории кои ќе бидат објавени подоцна оваа година. Според извршниот директор на Европските бизнис награди Адриан Трип, „да се преживее во оваа економска клима е доволно тешко, а да се успее, иновира и шири на начин на кој тоа го направија годинашните добитници на Ruban D’Honneur наградата е извонредно“. (МИА)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Франција
ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМ СТОПАНСКИ ПОРАСТ
*Повеќе работа во неделите и конкуренција во досега заштитуваните професии - за овој концепт, кој треба да го динамизира стопанството решава францускиот парламент.
Целта е голема, но треба да биде постигната со повеќе мали чекори. „Законот Макрон“, план за стопански реформи наречен според неговиот творец, францускиот министер за стопанство Емануел Макрон, помина долг и тежок пат додека да биде поставен на гласање. Со денови за него се дискутираше во Националното собрание (парламентот, н.з.), имаше повеќе од 2800 амандмани за пакетот-закони. И партнерите во ЕУ долго чекаа на големата реформа во земјата чие стопанство е во застој. За разлика од радикалната реформа на пазарот на работна сила во Германија со таканаречените Харц-закони, „законот Макрон“ на содржи радикални промени за големи делови на општеството. Во Франција ќе си останат 35часовната работна недела, заштитата од отказ, како и минималната плата. Наместо тоа, владата, со повеќе од 100 поединечни мерки, сака со либерализација да даде мали поттици во бранши кои делумно и денес уживаат привилегии уште од времето на револуцијата. Нотари, адвокати, судски извршители и други претставници на досега заштитени професии во иднина ќе мораат да сметаат на поголема конкуренција. Ова отворање, како и проширувањето на работењето во недела, треба да му дадат нови импулси на летаргичното француското стопанство. Оти, и во третата година откако е Оланд претседател, Франција и натаму страда од голема невработеност. Еден левичар треба да спроведе либерални реформи Едно од возбудливите прашања во врска со реформата е со кое мнозинство ќе може 37-годишниот министер Макрон да добие во парламентот согласност за законот кој содржи повеќе од 200 членови, оти левото крило на владеачките француски социјалисти остро го критикуваа. Претседателот Оланд и владата преземаа голем ризик. Планови за разбивање на закоравениот пазар на работна сила има со години во фиоките на министерствата, но во минатото редовно доживуваа неуспех обидите за сопфатни социјални- и реформи на пазарот на работна сила. Жак
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
31
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ширак во 80-тите, Ален Жипе во 90-тите години на минатиот век и Доминик Вилпен на почетокот од овој милениум - намерите на тројцата конзервативци пропаднаа пред отпорот на демонстрантите. Дури и реформски настроениот претходник на Оланд, конзервативецот Никола Саркози, брзо ги стави во фиока препораките на една комисија која самиот ја формира. Седум години откако тој експертски извештај му беше предаден на Саркози, некои од тие предлози сега треба да добијат законска сила - и тоа не е случајно. Имено, актуелниот министер за Францускиот министер за економија, Емануел Макрон стопанство, социјалистот Макрон, тогаш работеше за претседателот на комисијата за реформи. Затоа изборот на Емануел Макрон за министер за стопанство лани летото, набљудувачите го оценија како сигнал за посмела реформска политика во Париз. Добри се шансите тој да ја постигне целта. Реформа според принципот на консензус Навистина, синдикатите и здруженијата на одредени професии искажаа голема критика, но досега изостана формирање масовен отпор во населението. Од една страна големиот број на поединечни мерки придонесе критичарите да се заплеткаат во борбата на многу фронтови, а од друга, владата не се осмели на радикални чекори и многу полага врз мерки за социјално порамнување. „Работењето во недела, на пример, отвора широки можности во неделите да се оди на работа, продавниците да бидат отворени, но од друга страна тоа ќе биде можно дури откако ќе бидат постигнати договори внатре во претпријатијата, при што и Советот на вработените има право на збор“, укажува Штефан Зајдендорф од Германско-францускиот институт во Лудвигсбург. Во подготвителната фаза и пратениците во парламентот имаа - и за француски околности - големо влијание врз законот, дури беше востановена и парламентарна комисија само за него. И натаму е голем притисокот да се дејствува Зајдендорф „законот Макрон“ го смеѕа за „голем чекор“, но не и „француска револуција“. Во Франција останаа многу области со „реформски градилишта“, констатира германскиот експерт: „И натаму е голем товарот на управата, Франција има и натаму комплексен даночен систем, кој би можел да биде поедноставен, а многу простор за дејствување има и кај пазарот на работна сила“. Можно е претседателот Оланд и премиерот Валс, кои со соодветните реакции на напдите во париз постигнаа зголемена доверба кај населението, засега да се откажат од натамошни големи проекти. Дотолку повеќе, што и по гласањето во парламентот за законот за вработување за владата работата продолжува. Многу членови од законот предвидуваат владата со уредба да го утврди начинот на спроведување, чие формулирање повторно би можело да распламти нов политички спор. „Во пакетот-мерки има доволно материјал за да се исполни преостанатиот дел од мандатот на Оламнд со дозаокружување и спроведување“, вели Штефан Зајдендорф, експерт за Франција. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
Штефан Зајдендорф од Германско-францускиот институт во Лудвигсбург
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена ПРЕ потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН
Вод АШЕТО Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој методРЕАЛНА на обука, ПОТРЕБА која вклучуваНА микс техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДАЛИпотреба. ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависностод Вашата
РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и Дозволете да придонесеме за светски компании.
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.
АКАДЕМИЈА ЗА П
-SALES
Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од Кр 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката се во тек.
дол вра доп пре Ов ком про учи
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци Најуспешните компании ширум свет • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за на обука, која вклучува микс од Тренинг и Обука • контролен ден продажба. Презентација од л За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
консултант кој ќе биде достапе насочува во реални услови во за
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.02.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар: ,,ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАTA НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ”
I. ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Општи одредби и дефиниции; - Предмет и цел. II. ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Геолошки истражувања; - Научни геолошки истражувања; - Проспекциски геолошки истражувања; - Договор за концесија за проспекциски геолошки истражувања; - Обврски на имателот на концесијата за проспекциски геолошки истражувања; - Едностран раскин на договорот за концесија за проспекциски геолошки истражувања; - Сопственост на резултати од проспекциски геолошки истражувања. III. ОСНОВНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Цел на основни геолошки истражувања; - Детални геолошки истражувања; - Концесија за детални геолошки истражувања; - Простор за вршење на детални геолошки истражувања; - Период на важност на концесијата за детални геолошки истражувања; - Иницијатива за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Постапка за доделување концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Одлука за започнување постапка за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Содржина на одлука за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Договор за концесија за детални геолошки истражувања; - Постапка за доделување концесија за вршење детални геолошки истражувања по истекот на рокот од договорот за концесија; - Обврски на имателот на концесијата за вршење на детални геолошки истражувања; - Проширување на концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Одлука за проширување концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Обврски на имателот на концесијата за вршење детални геолошки истражувања при проширување на концесијата; - Едностран раскин на договорот за концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Престанок на важење на концесијата за вршење детални геолошки истражувања; - Сопственост на резултати од детални геолошки истражувања. IV. ДОЗВОЛА ЗА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Постапка за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања; - Содржина на дозволата за вршење детални геолошки истражувања; - Обврски на имателот на дозволата за вршење детални геолошки истражувања; - Одземање дозвола за вршење детални геолошки истражувања; - Постапка за намалување на концесија за експлоатација. V. ИЗРАБОТКА НА ГЕОЛОШКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ИЗВЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Геолошка документација за вршење основни геолошки истражувања; - Геолошка документација за вршење детални геолошки истражувања; - Субјекти за изработка геолошка документација, изведување и надзор на геолошки истражувања. VI. ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Предмет на доделување концесија; - Простор за експлоатација на минерални суровини; - Период на важност на концесијата; - Начини за доделување концесија; - Доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за потребите за изградба на државни патишта; - Доделување концесија за екплоатација по пат на јавен повик; - Доделување концесија за експлоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице;
- Доделување концесија за експлоатација на песок и чакал кои не се наоѓаат на коритата и бреговите на површинските водни тела (водотеци, езера и акумулации) и собирен кварц; - Концесија за експлоатација на друг вид минерални суровини на ист простор и ограничувања за доделување концесија за експлоатација; - Одлука за доделување концесија за експлоатација; - Договор за концесија за експлоатација на минерални суровини; - Пренос на концесија за експлоатација; - Согласност во случај на статусни измени; - Согласност за пренос на удели или акции. VII. ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Рок за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација и рок за започнување со експлоатација; - Барање за издавање дозвола за експлоатација; - Одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација; - Содржина на дозволата за експлоатација на минерални суровини - Дозвола за изведување рударски работи според дополнителен рударски проект; - Престанок на важење на дозволата за изведување дополнителни рударски работи. VIII. СТРУЧНА ПОДГОТОВКА И РУДАРСКИ РАБОТИ - Рударски проекти IX. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА - Безбедност и здравје при вршење геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини X. НАДЗОР - Надзор над спроведувањето; - Инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон го врши Државниот инспекторат за техничка инспекција преку државни геолошки инспектори, државни рударски инспектори и државни инспектори за електрика во рударството и други инспекциски органи согласно со овластувањата утврдени со овој или со друг закон; - Надлежност и овластување; - Државен геолошки инспектор; - Државен рударски инспектор; - Државен инспектор за електрика во рударството; - Државен инспектор за животна средина; - Констатации и наоди. XI. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Предавачи: - Eјуп Љативи, раководител на Сектор за минерални суровини- Министерство за економија - Александра Митровска, советник во одделение за минерални суровини - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ,,ПОСТАВЕНОСТ И ОДГОВОРНОСТИ ОД (НЕ) ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА”
25 февруари 2015 година 10.00 - 15.00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат
Презентери на семинарот ќе бидат: - Адвокат Марина Блажевска– правно толкување на законот за БЗР и одговорности при непримена на минималните законски побарувања. - Ирина Паневска, стручно лице за безбедност при работа – системи за бзр во компанијата, сообразност на стандардите за БЗР со Законските побарувања-суштината и придобивките од воведување на BS OHSAS 18001:2007. - Менаџер од компанија со добри пракси во Македонија од компании си имплементирани стандарди за БЗР во организациите Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 и 27 февруари 2015 година (четврток и петок) од 10:00-16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Подготовка на компаниите за аплицирање за европските програми
„ХОРИЗОНТ 2020“ и „КОСМЕ 2014-2020“
Европската комисија за следниот седумгодишен период (20142020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите „КОСМЕ“ и „ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020. Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнис-организации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренингцентрите, консултантските организации.
Дводневната обука ќе се реализира на 26 и 27 февруари 2015 година (четврток и петок), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. Сите заинтересирани за учество на обуката, можат да се пријават најдоцна до 24.02.2015 година, со целосна претходна уплата на сумата. Котизацијата за учество на обуката за 1 лице изнесува 4.990 денари + ДДВ, а за секој нареден втор учесник од компанијачленка на Комората се одобрува дополнителен попуст од 50 %. Напомена: Со извршена регистрација и уплата до 24.02.2015 година, апликацијата се зема предвид како валидна за учество на дводневната обука.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„DETROP 2015“ ВО СОЛУН
Од 26.2.2015 до 1.3.2015 година Меѓународен саем во Република Грција
Организирана посета за македонските компании на 26 и 28.2.2015 година со обезбеден бесплатен превоз и бесплатни влезници за Саемот! Саемската манифестација „DETROP 2015“ на „Хелекспо“ во Солун се одржува од 26.2.2015 до 1.3. 2015 година. Стопанската комора на Македонија во соработка со Туристичката агенција „Арботравел“ и „Хелекспо“ - Солун, организираат посета на „DETROP 2015“ - Саем за храна и пијалаци, наменет за прехранбената индустрија, супермаркети, деликатесни продавници, ресторани, хотели, мотели, таверни, кафе-барови и останати угостителски објекти. Меѓународниот саем за храна и пијалаци „DETROP” искористувајќи ја својата динамика и 22-годишна експертиза во областа, од година во година се развива во насока на давање се` поголема понуда на своите посетители и излагачи. “Detrop Boutique Show” има за цел да им понуди на посетителите ексклузивен приказ на уникатени грчки и медитерански производи произведени во Грција, како и на автентични домашни производи, со практична примена во готварството. Настанот со својата понуда на одредени селектирани производи е насочен кон збогатување на познавањето на грчката и меѓународната гастрономија и угостителство. Оттука произлегува и основната тема на настанот којашто е комбинација на квалитет на традиционалните, од една страна и современите начини на подготовка и презентација на храната, од друга страна. Саемот ќе биде проследен со презентации и семинари за молекуларна гастрономија од истакнати готвачи од различни сектори, кои ќе покажат како секојдневно употребуваните суровини може да бидат трансформирани создавајќи исклучителни гурмански специјалитети, овозможувајќи им на излагачите и посетителите да разменат искуства и да бидат дел од овој деловен настан. Излагачите и посетителите на Саемот ќе имаат можност да воспостават бизнис-контакти со претставници од бизнис-секторот од Грција и од целиот Балкан, при што размената на искуства ќе им овозможи полесен начин на влез на нови пазари. Обезбедени се: - бесплатен превоз и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива административните трошоци кон организаторот - Комората (890,00 денари за членки по фирма, а 1.290 денари за нечленки на Комората по фирма). Напомена: Посетата на саемот ќе се реализира на два датума: -26 февруари 2015 година и на -28 февруари 2015 година. Ве молиме, во пријавниот лист го наведете датумот за којшто сте заинтересирани за посета на Саемот). За посета на Саемот можат да се пријават најмногу две лица од иста компанија кои не се во сродство. Ве молиме со пријавниот лист да ни доставите и скенирана копија од Вашите визит карта и пасош, како би можеле навремено да Ви обезбедиме посета на Саемот.
Задолжително пополнување на формулари/анкетни листови при посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.02.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Семинар: АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
„УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ И ТЕХНИКАТА НА ПОСТАПУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - ОСНОВА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И УРЕДБАТА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година)
ПРОГРАМА Закон за архивски материјал 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Предмет, цел и содржина на Законот за архивски материјал, електронски архивски и документарен материјал; 4. Јавен архивски и документарен материјал; 5. Приватен архивски и документарен материјал; 6. Надзор; 7. Прекршочни одредби. Уредба за канцелариско и архивско работење 1. Предмет, цел и содржина на Предлог-уредбата за канцелариско и архивско работење: • Цели и принципи на канцелариското и архивското работење; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Електронско канцелариско и архивско работење; 2. Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. - Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и - Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • Општи одредби; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал. - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • План на архивски знаци; • Листа на архивски материјал;
• Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. Предавачи: 1. Ацо Ангеловски, 20 години вршител на инспекциски надзор во делот на ахивското работење, Сектор за инспекциски надзор и заштита на архивската граѓа кај имателите – Одделение за вршење надзор и контрола кај имателите; 2. м-р Валентина Тодоровска, долгогодишно работно искуство во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГРАД НА ТУРИЗМОТ, ТРАНСПОРТОТ, ТРГОВИЈАТА И АКВАКУЛТУРАТА
На 4 март 2015 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се претстави регионот на Теспротија – Игуменица од Република Грција и ќе се одржат бизнис средби
Стопанската комора на Македонија во соработка со Канцеларијата за врски на Република Грција, на 4.3.2015 година пред македонската бизнис- заедница организира претставување на регионот на Теспротија – Игуменица, Грција, со цел воспоставување поблиска деловна соработка со овој регион. На овој настан ќе се даде акцент на туризмот, транспортот, трговијата и аквакултурата, и тоа преку презентирање на: • Регионот Теспротија, дел од регионот Епир - Оддел за туризам - приватно сместување и хотели; • Асоцијацијата на аквакултурата на Теспротија – Оддел за пакување на земјоделски производи и трговија; • Игуменица - главен град на Теспротија – можност за туристичка дестинација; • Пристаништето на Игуменица – презентација на нови услуги. По презентациите ќе бидат организирани билатерални средби со туристичките агенции, со лицата од приватните сместувачки капацитети и хотелите, со Асоцијацијата на аквакултурата на Теспротија и со претставниците на пристаништето во Игуменица. Почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Пријавување до 27.02.2015 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 11 и 12 март 2015 година, Софија, во Стопанската комора на Бугарија
Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија во посета на Стопанската комора на Бугарија
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ КОМПАНИИ
Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонскобугарската стопанска комора и Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, организира посета на Стопанската комора на Бугарија, на која ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и бугарски компании.
Компаниите ќе имаат можност да ги разгледаат и постојните потенцијали за деловна соработка преку реализирање проекти за заеднички производ со повисоки вредности и заеднички настап на компании од двете држави кои имаат компатибилни техничко-технолошки капацитети за учество на трети пазари.
При официјалната посета ќе се разговара за можностите на делување во интерес на бизнис заедниците од двете земји, а во врска со состојбите во инфраструктурата, намалување на трошоците за транспортните услуги, интензивирање на извозот во металниот и рударскиот сектор, и фармацевтската индустрија, што претставува клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и бугарските бизнисмени.
Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 26 февруари 2015 година, за да може Стопанската комора на Бугарија да обезбеди соодветни партнери за македонските компании.
Во работната програма на планираната посета, акцент ќе биде ставен на разгледувањето на можностите за унапредување на трговската соработка, преку формирање работни групи по сектори за искористување на поволностите што ги нудат двете економии, а коишто произлегуваат од членството на Р. Бугарија во ЕУ и нашето членство во ЦЕФТА, за дефинирање на заеднички цели и приоритети; поставување на приоритетни активности во работните агенди на двете комори, кои се од особен интерес за идни проекти за железничкото, патното и енергетското поврзување; како и програми за интензивирање на меѓуграничната соработка меѓу двете земји. Деловните средби ќе се одржат на 12 март 2015 година (четврток) од 09:30 часот до 14:30 часот, во просториите на Стопанската комора на Бугарија. Деловните средби се во насока на воспоставување директни бизнис релации со компании од повеќе дејности, особено од областа на: • градежништвото; • металната и електроиндустријата; • хемиската и фармацевтската индустрија; • текстилната; • прехранбената и преработувачката индустрија и • туризмот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КРАН МОНТАНА ФОРУМОТ, ВО МАРОКО
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија ве информира дека делегација од Република Македонија, предводена од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, ќе учествува на Кран Монтана Форумот, што ќе се одржи во Дакла, Мароко, во периодот од 12 до 14 март 2015 година. Кран Монтана Форумот ќе биде посветен пред се` на деловната соработка, со посебен фокус на Африка, со посебен осврт на: - природните ресурси; - енергетиката и обновливите извори на енергија; - земјоделството и прехранбените производи; - туризмот; - поморскиот транспорт, инфраструктура и др. Контакт: Блага Марковска Директорат за економска дипломатија Министерство за надворешни работи на Република Македонија Филип Втори 7, 1000 Скопје Тел: (02) 3110 333 Факс: (02) 3115 790 Мобилен: 078 45 80 45 Е-адреса: blaga.markovska@mfa.gov.mk Веб-странa: www.mfa.gov.mk Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Од 12 до 14 март 2015 година
БИЗНИС ИНФО
42
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 12 и 13 март 2015 година во Република Бугарија
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО СОФИЈА
Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Enterprise Europe Network, информираат дека ќе се одржат два годишни брокерски настана со претходно аранжирани деловни состаноци на 12 и 13 март 2015 година, во Интер Експро центар во Софија, Бугарија. 1. INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2015 ќе се одржи на 12 март 2015 година (четврток), од 10:30 - 18:00 часот. За регистрација, посетете ја веб-страната на овој деловен настан: http://www.b2match.eu/imm2015.
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве сектори: автоматизација, роботика, електроника и електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги, мехатроника, машиноградба; металургија, леење и алатки. 2. GO GREEN TO ENVIRONMENT 2015 ќе се одржи на 13 март 2015 година (петок), од 10:30 - 18:00 часот. За информации и регистрација, посетете ја веб-страната на овој настан: https://www.b2match.eu/g2e2015 .
Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве области: енергетска ефикасност; интелигентни згради, паметни градови и ИКТ, еколошки технологии и обновливи извори; управување со отпад, рециклирање, животна средина; третман на вода, воздух и вода за водоснабдување ефикасни технологии; системи за одведување на отпадните води и опрема за контрола и одржување на водните ресурси, женско претприемништво, услуги и др. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик е англиски. На учесниците кои ќе добијат листа на закажани состаноци и не ги посетуваат ќе им се наплаќа надоместок од 100 евра без ДДВ. Меѓународните деловни средби ќе се одржат во рамките на специјализирани меѓународни изложби во периодот од 11-13 март 2015 година.
Краен рок за пријавување е 20 февруари 2015 година. Доколку ќе се пријават повеќе македонски компании, Стопанската комора на Македонија ќе организира заеднички превоз и ќе обезбеди резервации за соодветно хотелско сместување. За таа цел, Ве молиме, за намерата за учество на деловните средби, да не` информирате најдоцна до 20 февруари 2015 година.
Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Тел. 32 44 090
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија во посета на Стопанската комора на Србија
ДЕЛОВНИ-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И СРПСКИ КОМПАНИИ
16-17 март 2015 година во Белград, Република Србија (Стопанска комора на Србија, сала 1)
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Србија, Стопанската комора на Македонија со бизнис-делегација, ќе ја посети Стопанската комора на Србија, при што ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и српски компании. Официјалната посета на бизнис-делегацијата е во насока на натамошно градење односи на економска поврзаност и кооперативност, врз основа на географската близина, комплементарноста на стопанствата, како и заемната зависност во поглед на сообраќајот, инфраструктурата, енергетиката, со цел елиминирање на административно-техничките и трговските бариери кои се јавуваат во соработката. Во работната програма на планираната посета, ќе биде ставен акцент на разгледување на можностите за унапредување на трговската соработка, елиминирање на трговските и нетарифните бариери, подобро користење на механизмите согласно ЦЕФТАДоговорот и заеднички настап на трети пазари. Деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Србија, на 17 март 2015 година (вторник) од 9:30 часот до 13:30 часот. Деловните средби се во насока на воспоставување директни бизнис релации со компании од повеќе дејности, особено од областа на: • градежништвото; • енергетиката; • металната индустрија; • земјоделието и прехранбената индустрија; • текстилната индустрија; • шпедицијата • транспортот и • туризмот. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 6 март 2015 година, за да може Стопанската комора на Србија да обезбеди соодветни партнери за македонските компании. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
44
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 12 и 13 март 2015 година во Република Бугарија
Во рамките на претстојната официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов на Република Албанија на 2 и 3 април годинава
МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИ БИЗНИС - ФОРУМ ВО ТИРАНА
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ве известува дека во рамките на претстојната официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов на Република Албанија, во периодот од 2 до 3 април 2015 година, ќе биде организиран и бизнис-форум. Присуството на македонски компании на бизнис-форумот, како дел од делегацијата на претседателот Иванов, ќе биде дополнителен поттик и можност за унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена на Република Македонија со Република Албанија. Доколку постои интерес за посета на бизнис-форумот, за деловни средби и разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу македонските и албанските компании, ве молиме да се обратите на долу наведените контакти, каде што ќе ви бидат дадени сите подетални информации. Ана Џепароска Директорат за економска дипломатија Министерство за надворешни работи на Република Македонија Ул. Филип Втори, бр. 7, 1000 Скопје Телефон: (02) 3110 333, л.131 Факс: (02) 3115 790 Е-адреса: ana.dzeparoska@mfa.gov.mk Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
46
БИЗНИС ИНФО
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Австрија нуди сигурносни системи за задржување и безбедносни бариери од готови излеани бетонски блокови, а бараат ипартнер кој ќе ги произведува нивните производи по лиценца и истите ќе ги продава во Република Македонија Валидност дo 22.04.2015 година
Италјанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на панел плочи (иверица, композитни панели) Валидност дo 24.04.2015 година
Компанија од Шри Ланка бараат дистрибутер во Република Македонија за плaсман на разни видови Компанија од Пакистан заинтересирана е да пронајде на чај застапник во Република Mакедонија за продажба на Валидност дo 24.04.2015 година хируршки, стоматолошки и маникир инструменти. Компанија од Австрија заинтересирани се да Валидност дo 22.04.2015 година пласираат филтри за третман на отпадни води во Полска компанија бара дистрибутер во Република Република Македонија Македонија за пласман на индустриски и транспортни Валидност дo 27.04.2015 година колички и вилушкари потребни за пренос на стока Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Валидност дo 22.04.2015 година Македонија за пласман на полиуретански производи, Грчка компанија бара дистрибутер во Република поточно полиетер полиоли за крута пена, еластична пена, пена со висока отпорност, еластомер пена и Македонија за пласман на соларни панели мешан полиетер. Валидност дo 24.04.2015 година Валидност дo 27.04.2015 година Италјанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на панел плочи (иверица, Компанија од Австрија заинтересирани се да пласираат филтри за третман на отпадни води во композитни панели) Република Македонија Валидност дo 24.04.2015 година Валидност дo 27.04.2015 година
четврток, 19 февруари 2015, Бр. 211
БИЗНИС ИНФО
47
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Австрија бара соработка со македонски компании за пласман на суровини и материјали за изградба на патишта и суровини и материјали за производство на бои и лакови а доколку овие производи се произведуваат во Република Македонија истите се заинтересирани да бидат нивни застапници во Европа Валидност дo 27.04.2015 година Компанија од Кина заинтересирана е да увезува дрвени палети од Република Македонија количина од 100000 парчиња и да бидат изработени по модел на нарачателот Валидност дo 27.04.2015 година
Компанија од Грција бара соработка со трговци на опрема против пожар за пласман на сандачиња за чување на црева за гасење на пожар Валидност дo 28.04.2015 година Компанија од Полска заинтересирана е да најде застапник за продажба на земјоделска механизација во Република Македонија Валидност дo 28.04.2015 година
Компанија од Австрија бара да остварат соработка со државни институции одговорни за рехабилитација и санација на патна инфраструктура, градежни компании специјализирани за нискоградба, како и фирми кои се занимаваат со проектирање, изведба, Полска компанија бара дистрибутер во Република надзор и контрола на патна инфраструктура за да им понудат систем за „импулсна„ компресија и Македонија за пласман на пумпи и компресори стабилизација на почвата Валидност дo 28.04.2015 година Валидност дo 28.04.2015 година Компанија од Турција баа дистрибутер во Република Македонија за пласман на алуминиумски системи за балконски огради, држачи за скали Валидност дo 28.04.2015 година Контакт:
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ламинат Валидност дo 28.04.2015 година
www.mchamber.mk
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088